Regulation amending the Regulation on identification and registration of pets
Made 2015-08-21 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за изменување и дополнување на правилникот за идентификација и регистрација на домашните миленици.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- marking/identification, data collection/reporting
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 1 од 11 20151534416 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 11 став (7) и член 12 став (3) од Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12 и 27/14), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ(1) Член 1 Во Правилникот за идентификација и регистрација на домашните миленици („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/13) во членот 1 во алинејата 3 точката и запирката на крајот од реченицата се заменуваат со сврзникот „и“. Во алинејата 4 зборовите „содржината на“ се заменуваат со зборовите „изгледот и“ и сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка. Алинејата 5 се брише. Член 2 Членот 2 се менува и гласи: „Одредбите на овој правилник се применуваат на домашните миленици од видовите куче, мачка и феретка (Mustela putorius furo).“ Член 3 По членот 2 се додаваат два нови члена 2-а и 2-б кои гласат: „Член 2-а Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: а) „пасош“ (документ за идентификација) е документ со кој јасно може да се идентификува домашниот миленик и кој содржи податоци кои го потврдуваат статусот на животното во однос на прописите од областа на идентификација и регистрација и здравствена заштита на домашните миленици, б) „микрочип (транспондер)“ е средство за идентификација со пасивна радио фреквенција само за читање. Член 2-б (1) Средства за идентификација на домашните миленици од член 2 на овој правилник се микрочип (транспондер) и пасош (документ за идентификација), како и ветеринарно здравствен сертификат за некомерцијален движење во Република Македонија на кучиња, мачки и феретки. (2) Микрочипот кој се аплицираат на домашните миленици треба да ги исполнува условите од членовите 4 и 6 на овој правилник. (3) Пасошот треба да ги исполнува условите од членот 5 на овој правилник.“ (*) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕУ) бр. 576/2013 на Европскиот Парламент и на Советот на 12 јуни 2013 година за некомерцијално движење на домашни миленици и ја поништува Регулатива (ЕЗ) бр. 998/2003 (CELEX бр. 32013R0576) и Регулативата (EЗ) бр. 577/2013 на комисијата за спроведување од 28-ми јуни 2013 година за моделот на документи за идентификација за некомерцијално движење на кучиња, мачки и ласици, за утврдување на списоци на територии и трети земји како и условите за образецот, изгледот и јазикот на декларациите кои докажуваат усогласеност со одредени услови предвидени во Регулатива (ЕУ) бр. 576/2013 на Европскиот парламент и на Советот (CELEX бр. 32013R0577). Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 2 од 11 Член 4 Во членот 4 се додава нов став (1) кој гласи: „(1) Идентификувањето на домашните миленици од видовите кучиња, мачки и феретки се врши со стандарден електронски систем за идентификација со пасивен радио фреквентен микрочип кој треба да е во согласност со барањата утврдени во МКС ISO Стандардот 11784 со примена на HDX или FDX-B технологијата.” Ставовите (1) и (2) стануваат ставови (2) и (3), Член 5 Во членот 5 ставот (2) се менува и гласи: „(2) Пасошот од ставот (1) на овој член се издава на образец со тврди корици.“ По ставот (2) се додаваат седум нови става (3), (4), (5), (6), (7), (8) и (9) кои гласат: „(3) Надворешната и внатрешната страна на предната и задната корица на пасошот е со димензии од 100 х 152 mm и треба да е во сина боја. На надворешната страна од предната корица во горниот дел стои грбот на Република Македонија, а под него текстот: „Република Македонија“ и „Пасош за домашни миленици“. На долниот дел од секоја страна со исклучок на надворешната страна на задната корица треба да стои ИСО кодот за Република Македонија „МК“ и единствениот број на пасошот. Текстот на пасошот треба да биде напишан на македонски и на анлглиски јазик. (4) Насловите на деловите од пасошот се испишуваат со римски броеви и содржат податоци за: сопственикот на животното, опис на животното, идентификација на животното, вакцинација на животното против беснило, извршени серолошки тестирања, третман на животното против ектопаразити, третман против ендопаразити, извршени други вакцинации на животното, извршени клинички испитувања врз животното, надлежниот орган за верификација и други податоци, доколку се потребни да се наведат во пасошот. (5) Покрај податоците од ставот (3) на овој член пасошот содржи и полиња за внесување на следните податоции: 1) местото на транспондерот или тетоважата, датумот на поставување или датумот на читање на транспондерот или тетоважата, како и алфанумеричкиот код кој е прикажан на транспондерот или тетоважата; 2) името, видот, расата, полот, бојата, датумот на раѓање посочен од сопственикот, како и сите видливи или препознатливи карактеристики или особини на домашниот миленик; 3) името и инфомациите за контакт на сопственикот; 4) името, информациите за контакт и потписот на овластениот ветеринар кој го врши издавањето или го пополнува документот за идентификација; 5) потписот на сопственикот; 6) детални податоци за вакцинацијата против беснило; 7) датумот на земање на примерок од крв за тестот за титрација на антитела против беснило; 8) исполнување на сите превентивни здравствени мерки во однос на болести или зарази, различни од беснило и 9) други релевантни информации во врска со здравствената состојба на миленикот. Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 3 од 11 (6) Пасошот треба да биде нумериран во дното на секоја страна при што на првата страна се внесува бројот на страната и вкупниот број на страни, секоја направена исправка треба да бидат заверени со потпис и факсимил од овластеното ветеринарно друштво кое го издало пасошот. (7) Изгледот и податоците на пасошот се дадени во Прилогот кој е составен дел на овој правилник. (8) Пасошот го издава овластениот ветеринар откако: 1) потврдил дека домашниот миленик е означен во согласност со член 4 од овој правилник; 2) ги пополнил прописно соодветните полиња во ветеринарно - здравствениот сертификат за некомерцијално движење во Република Македонија и 3) сопственикот го потпишал документот за идентификација. (9) Откако овластениот ветеринар потврдил дека миленикот е означен во согласност со член 4 од овој правилник, ги пополнува соодветните полиња на документот за идентификација со информациите наведени во став (5) точки 4), 6), 7) и 8) на овој член и на тој начин се потврдува исполнувањето на условите утврдени во член 4 став (1) точки 2) и 4) од Правилникот за начинот и постапката за транзит, начинот и постапката на проверките и прегледот на пратките во транзит и начинот и постапката за увоз на домашни миленици, и таму каде што е применливо исполнување на условите утврдени во член 4 став (1) точка 3) од Правилникот за начинот и постапката за транзит, начинот и постапката на проверките и прегледот на пратките во транзит и начинот и постапката за увоз на домашни миленици, освен во случајот на отстапувањето утврдено во член 6 од Правилникот за начинот и постапката за транзит, начинот и постапката на проверките и прегледот на пратките во транзит и начинот и постапката за увоз на домашни миленици.“ Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот дел од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-2329/3 Директор на 21 август 2015 година Скопје Агенција за храна и ветеринарство, м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 4 од 11 Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 5 од 11 Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 6 од 11 Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 7 од 11 Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 8 од 11 Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 9 од 11 Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 10 од 11 Службен весник на РМ, бр. 153 од 4.09.2015 година 11 од 11