Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Programme for the surveillance of avian influenza in poultry and wild birds

Made 2016-11-23 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Програма за надзор на авијарна инфлуенца кај живината и дивите птици.
Language
Macedonian
Kind
Other
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock, Wild species and ecosystems
Keywords
animal health, birds, pests/diseases, policy/planning, monitoring, risk assessment/management, inspection, poultry, wild fauna

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 1 од 12 20162234973 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 57 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), Владата на Република Македонија, на седница одржана на 23.11.2016 година, донесе ПРОГРАМА ЗА НАДЗОР НА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА КАЈ ЖИВИНАТА И ДИВИТЕ ПТИЦИ(*) Член 1 Предмет Со оваа програма се пропишува начинот и постапката за надзор на присуство на причинителот на авијарана инфлуенца која е предмет на планирање на итни мерки како и заради унапредување на здравствената состојба на животните. Член 2 Цел Цел на оваа програма е да се утврди присуството на вирусот на авијарна инфлуенца преку: 1) откривање присуство односно отсуство на инфекции на авијарна инфлуенца од поттипови H5 и H7 кај различни видови живина (кокошки, мисирки, бисерки, фазани, еребици и потполошки) и ноеви; 2) откривање на вирусот на НПАИ поттип H5 и H7 и ВПАИ кај водни птици (патки, гуски и диви патки за обновување на дивата популација); 3) проценка на ризици, по дивите птици во однос на било кој вид на инфлуенца вирус кој потекнува од птици и навремено откривање на ВПАИ поттип H5N1 кај диви птици заради заштита на живината и луѓето и 4) откривање на вирусот на авијарна инфлуенца во случај на пријавување на зголемена смртност кај диви птици особено кај водните птици со лабораториско испитување на доволен број на примероци од угинати птици или птици кои биле во контакт со угинатите птици во согласност со дијагностичкиот прирачник од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца(1). Член 3 Поими Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 123/15, 154/15 и 53/16) и прописите донесени врз основа на тој закон се применуваат и во оваа програма, освен доколку не се поинаку дефинирани со оваа програма. Член 4 Начин на спроведување на надзор и целни видови на птици (1) Надзорот од член 2 точка 1) од оваа програма е во согласност со насоките дадени во Прилог 2 кој е составен дел на оваа програма. () Со овaa програма се врши усогласување со Одлуката на Комисијата 2010/367/ЕЗ од 25 Јуни 2010 година за спроведување на програми за надгледување на птичји грип (авијарна инфлуенца) кај живина и диви птици од страна на земјите-членки, број 32010D0367. Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 2 од 12 (2) Активниот надзор на присуството на вирусот на авијарна инфлуенца се врши системски со земање на репрезентативен примерок за серолошкото испитување на живина од одгледувалиштата. (3) Активниот надзор со земање на репрезентативен примерок се спроведува на целата територија на Република Македонија и со него се опфатени следните целни видови на популации на птици: 1) комерцијални одгледувалишта на живина (кокошки, мисирки, бисерки, фазани, еребици, потполошки и ноеви), 2) некомерцијални одгледувалишта на живина (живина во дворовите и селските стопанства), 3) одгледувалишта на водни птици (дворови и селски стопанства) и 4) диви птици кои се присутни или мигрираат низ територијата на Република Македонија. (4) Активниот надзор со земање на репрезентативен примерок се врши дополнително на системите за рано откривање и пријавување на болести согласно членовите 49 и 50 од Законот за ветеринарно здравство, особено за одгледувалиштата на живина за кои се смета дека се подложени на повисок ризик од внесување на авијарна инфлуенца. (5) За потребите на системот за рано откривање на присуство на авијарна инфлуенца треба да се земат во предвид критериумите утврдени во Прилог 1, Дел 1 кој е составен дел на оваа програма, а во случај на ниско патогена авијарна инфлуенца дополнително треба да се земат во предвид информациите за опис и општи карактеристики на авијарна инфлуенца дадени во Прилог 1, Дел 2 на оваа програма. Член 5 Земање на репрезентативен примерок (1) Пресметувањето на репрезентативен примерок за надзор на авијарна инфлуенца се врши во зависност од видот на живината присутна на одгледувалиштето, согласно Прилог 2, дел 2, табели 1, 2, 3 и 4 на оваа програма. (2) За живината од член 4 став (3) точка 1) на оваа програма бројот на комерцијални одгледувалишта на живина кои се предмет на земање примероци се утврдува на начин кој гарантира откривање на најмалку едно заразено одгледувалиште ако преваленцата изнесува најмалку 5 % со 95 % на сигурност, односно најмалку 60 комерцијални одгледувалишта на живина годишно. (3) За живината од член 4 став (3) точка 2) на оваа програма, бројот на некомерцијални одгледувалишта на живина кои се предмет на земање примероци се утврдува на начин кој гарантира откривање на најмалку едно заразено одгледувалиште ако преваленцата изнесува најмалку 5 % со 95 % на сигурност, односно најмалку 420 одгледувалишта годишно. (4) За живината од член 4 став (3) точка 3) на оваа програма, бројот на живинарски фарми кои се предмет на земање примероци се утврдува на начин кој гарантира откривање на најмалку една заразена фарма ако преваленцата изнесува најмалку 5 % со 99 % на сигурност, односно најмалку 90 одгледувалишта годишно. (5) За дивите птици од член 4 став (3) точка 4) на оваа програма, земањето на мостри се врши од: 1) диви птици кои се заловени врз претходно направена анализа на ризик во рамките на пасивниот надзор кој се спроведува од страна на Агенцијата, 2) диви водни птици кои покажуваат клинички знаци на заболување или се најдени угинати, Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 3 од 12 3) миграторни водни птици за кои е докажано дека постои основан ризик дека се инфицирани или се носители на високо патогена авијарна инфлуенца, H5N1 -сој на вирусот, кои во рамките на оваа програма се утврдени како целни видови на диви птици за испитување и 4) диви птици на локалитети во непосредна близина на езера, реки и други водни базени, каде претходно се пронајдени мртви птици, а кои што се наоѓаат во непосредна близина на одгледувалишта на живина и каде што густината на одгледувалишта на живина е висока. (6) Листата на целни видови на диви птици е утврдена во Прилог 3 дел 1 кој е составен дел на оваа програма. (7) Листата на локалитети каде треба да се врши активниот надзор со земање на репрезентативен примерок од целните видови на диви птици е утврдена во Прилог 3, Дел 2 на оваа програма. (8) За живината од член 4 став (3) точки 1) и 2) од оваа програма бројот на птици од кои треба да се земат примероци во одгледувалиштата, е утврден на начин кој гарантира откривање на најмалку една серо - позитивна птица ако преваленцата е поголема или еднаква на 30 % со 95 % на сигурност, односно од 6 до 10 птици од одгледувалиште. Доколку одгледувалиштето има повеќе производни објекти во кои се одгледува живина, од секој производен објект се земаат од 6 до 10 птици. Во случај на присуство на повеќе јата на живина на одгледувалиштето, примероци се земаат од најмалку 5 птици по јато. Начинот на пресметување на репрезентативен примерок е даден во Прилог 2, дел 2, табела 3 на оваа програма. (9) За живината од член 4 став (3) точка 3) од оваа програма бројот на птиците од кои треба да се заемат примероци во одгледувалиштата е утврден на начин кој гарантира откривање на најмалку една серо - позитивна птица ако преваленцата е поголема или еднаква на 30 % со 95 % на сигурност, односно од 9 до 13 птици од одгледувалиште во зависност од бројната состојба на птиците (големината на популацијата) Начинот на пресметување на репрезентативен примерок е даден во Прилог 2, дел 2, табела 4 на оваа програма. (10) За дивите птици од член 4 став (3) точка 4) од оваа програма, бројот на птиците од кои треба да се заемат примероци, за секој локалитет треба да изнесува: 1) трупови од најмалку пет убиени, заловени птици, угинати птици или птици кои се во состојба на угинување и/или 2) најмалку 20 трахеални/орофарингиални брисови и 20 клоакални брисови (од секоја угината, убиена, заловена птица треба да се земат по два бриса еден трахеален/ орофарингиален и еден клоакален брис). (11) Земањето, пакувањето и транспортот на примероците до Националната референтна лабораторија, согласно став (2), (3) и (4) од оваа програма, се врши на начин утврден со Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца(1). Член 6 Земање на примероци за серолошко испитување (1) Временскиот период за земање на примероци треба да се совпадне со сезонскиот производствен циклус за секоја категорија и миграторните движења на дивите птици. Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 4 од 12 (2) За да се обезбеди поголема ефикасност и да се избегне непотребно влегување на луѓе во живинарските фарми, земањето на примероци, секогаш кога е можно, може да се комбинира со земање примероци за други цели (на пример во рамките на спроведување на Националниот план за мониторинг на салмонелоза). Земањето на примероци може да се врши и во кланица. (3) Шемата за серолошко испитување се дадени во Прилог 4 дел 1 кој е составен дел на оваа програма. Член 7 Земање на примероци за вирусолошко испитување (1) Вирусолошкото испитување на авијарна инфлуенца не треба да се користи како алтернатива на серолошкото испитување и треба да се врши како понатамошно испитување само заради потврдување на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца по добиен позитивен резултат од серолошките испитувања или кога земањето на примероци за серолошко испитување не е можно или е непрактично. (2) Шемата за вирусолошко испитување е дадена во Прилог 4 дел 2 на оваа програма. Член 8 Зачестеност на земање на примероци (1) Земањето на примероци од живина од одгледувалиштата од член 3 став (3), точки 1), 2) и 3) од оваа програма треба се врши најмалку еднаш годишно и во зависност од извршената процена на ризик. (2) Земањето на примероци од целните видови на диви птици од член 3 став (3), точка 4),од оваа програма треба се врши во текот на целата година. (3) Земањето на примероци во текот на една година се врши во период од 1 јануари до 31 декември во тековната година на спроведување на надзорот. (4) Земањето на примероци се врши согласно план за земање на примероци за тековната година на начин утврден од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната. Член 9 Лабораториски испитувања (1) Лабораториските испитувања на земените примероци ги врши Националната референтна лабораторија согласно Правилникот за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца(1) односно Прирачникот за дијагностички тестови и вакцини на Светската организација здравствена заштита на животните (ОИЕ). (2) Серолошките испитувања се вршат со методата ELISA или друга метода одобрена од страна на Светската организација за здравствена заштита на животните. (3) Вирусолошките испитувања се вршат со методата на ПЦР или друга метода одобрена од страна на Светската организација за здравствена заштита на животните. Член 10 Во случај на појава на вирусот на ниска или високо патогена авијарна инфлуенца треба да се применуваат мерките пропишани со Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца. Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 5 од 12 Член 11 Со денот на влегувањето во сила на оваа програма престанува да важи Програмата за сузбивање и искоренување на авијарната инфлуенца („Службен весник на Република Македонија“, бр.82/07). Член 12 Влегување во сила Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 42-8496/1 Заменик на претседателот 23 ноември 2016 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р. Прилог 1 Дел 1 Критериуми за рано откривање на присуство на авијарна инфлуенца Пад на внесување на вода и храна за 20%, во период од 24 часа. Пад на производство на јајца за 5% во текот на два последователни дена, Смртност повисока од 3% во текот на три последователни дена, Клинички знаци или пост - мортални лезии кои укажуваат на сомнеж на АИ. Дел 2 Опис и општи карактеристики на авијарна инфлуенца Инфлуенцата кај птиците ja предизвикуваат инфекции со вируси на семејството Orthomyxoviridae кои припаѓаат на родот на инфлуенца А вируси. Инфлуенца А вирусите се единствените познати orthomyxo-вируси кои предизвикуваат инфекции кај птиците. Докажано е дека многу видови птици се приемчиви на инфекција со инфлуенца А вируси; водните птици преставуваат основен резервоар на овие вируси и мнозинството на изолатите се со ниска патогеност (ниска вирулентност) за кокошките и мисирките. Високо патогените инфлуенца А вируси кои се појавуваат по природен пат и предизвикуваат акутна клиничка болест кај кокошки, мисирки и други птици кои се од економска значење, се поврзуваат единствено со H5 и H7 поттиповите. Повеќето вируси од поттип H5 и H7 кои се изолирани од птици, се со ниска патогеност за живината. Со оглед на фактот дека постои ризик H5 или H7 вирусот со ниска патогеност (H5/H7 ниско патогена авијарна инфлуенца [НПАИ]) со мутација да стане високо патоген, сите H5/H7 НПАИ вируси од живина вклучувајќи ги и дивите птици се пријавуваат во ОИЕ. Кодот за здравствена заштита на копнени животни на Светска здравствена организација ја дефинира "авијарната инфлуенца", како инфекција на живината предизвикана од страна на инфлуенца А вирус со висока патогеност (ВПАИ) како и од подтиповите H5 и H7 со ниска патогеност (H5/H7 НПАИ). За да се избегне забуна со научната употреба на "авијарната инфлуенца", се користат следниве термини ВПАИ, H5/H7 НПАИ и инфлуенца А што укажува на било кој вирус на инфлуенца од птиците кој е H1-H16. Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 6 од 12 Во зависност од видот, возраста и типот на птици, посебните карактеристики на засегнатиот сој на вирус, како и од факторите на животната средина, високо патогената болест, кај целосно приемчивите птици, може да се разликува почнувајќи од ненадејна смрт без очигледни клинички знаци, до покарактеристична болест со променливи клинички индикации кои вклучуваат респираторни знаци, како што се окуларен и назален исцедок, кашлање, кивање и отежнато дишење, отекување на синусите и/или главата, апатија, намалена вокализација, значително намалување на вносот на храна и вода, цијаноза на кожата која не е покриена со пердуви, подбрадок и кикиришка, некоординираност и знаци на нервоза и дијареја. Кај птици несилки, дополнителните клинички симптоми вклучуваат значителен пад на производството на јајца, кое вообичаено е придружено со зголемување на бројот на јајца со слаб квалитет. Високиот степен на морбидитет е придружен со висок степен и брза ескалација на необјаснива смртност, сепак, ниту еден од овие знаци не може да се смета како патогномоничен. Кај одредени видови домаќини како што е пекиншката патки, некои ВПАИ вируси може да не предизвикаат клиничка слика. Инфлуенца А вирусите со ниска патогеност, кои вообичаено предизвикуваат само умерена или се без клиничка манифестација, во одредени случаи може да предизвикаат збир на клинички симптоми, чија сериозност може да се изедначи со онаа на ВПАИ, особено доколку се појави влошување на инфекцијата и/или има влијание на неповолни услови на животната средина. Прилог 2 Дел 1 Начини за спроведување на надзор на авијарна инфлуенца (1) Начини за спроведување на надзор на авијарна инфлуенца се: 1) Активен надзор врз основа на ризик се спроведува кај целни видови на птици со ефикасно искористување на ресурси земајќи ги во предвид релевантните ризични патишта на внес на инфекцијата во јатото и начинот на земање на примероци од одгледувалишта на живина кои се идентификувани како одгледувалишта со поголем ризик од зараза со авијарна инфлуенца. Критериумите и факторите на ризик од став (2) на овој прилог не се детални даваат упатства како да се насочи надзорот и земањето на примероци од различни видови и производни категории на живина во различни системи на одгледување. Вреднувањето на критериумите е различно и зависи од индивидуалната здравствена состојба. 2) Активен надзор со земање на репрезентативен примерок се препорачува кога нема доволно податоци за да се направи проценка на ризик на патишта за внесување на болеста во јатата. Бројот на одгледувалишта кои треба да се вклучат во надзорот е даден во табелите во зависност од видот на живина. Земање на примероци за серолошко тестирање треба да биде распоредено на целата територија на земјата како примероците би се сметале за репрезентативни за целата територија. (2) Критериуми и фактори за спроведување на активен надзор врз основа на ризик 1) Критериуми и фактори на ризик за внесување на вирусот во одгледувалишта со живина како резултат на посредна или непосредна изложеност на дивите птици, на оние кои се идентификувани како целни видови на диви птици се: Местоположбата на живинарската фарма во близина на влажни области, бари, мочуришта, езера, реки или морски крајбрежја каде што можат да се собираат водени птици, Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 7 од 12 местоположба на живинарската фарма во области со голема густина на диви птици преселници, особено оние дефинирани како целни видови на диви птици за откривање на вирусот ВПАИ на поттипот H5N1, наведени во Дел 2 од овој прилог, местоположба на живинарската фарма во близина на области за одмор и за размножување на диви водени птици-преселници, особено кога овие области се поврзани преку движење на птиците со областите каде што е утврдено присуството на вирусот ВПАИ на поттипот H5N1 кај дивите птици или живината, живинарски фарми со екстензивно држење на живина или држење на живина на отворено, каде контакт со диви птици не може да се исклучи, ниско ниво на биосигурност на живинарската фарма, кое се однесува и на начинот на складирање на храната за животни и искористувањето на површинските води. 2) Критериуми и фактори на ризик кои се однесуваат на ширење на вирусот во живинарската фарма и меѓу живинарските фарми и последица од ширењето на авијарна инфлуенца од живина на живина и меѓу живинарски фарми се: присуство на повеќе од еден вид на живина на исто одгледувалиште, особено патки и гуски заедно со други видови на живина, видот на производство и видовите живина присутни на одгледувалиштето за кои податоците од надзор покажуваат зголемен степен на откривање на заразата со авијарна инфлуенца како на пример одгледувалиштата за одгледување на патки и живина за обновување на дивата популација (особено дивите патки), местоположба на одгледувалиштето во област со голема густина на одгледувалишта со живина, трговија, увоз и интензитет на движењата на живина, директни и индиректни вклучително и превозни средства, опрема и луѓе, присуство на различни старосни категории на живина на одгледувалиштето. (на пример кокошки-носилки). 3) Ризична популација односно целната група се одредува врз основа на бројот и изложеноста на фактори на ризик на одгледувалиштето со живина. 4) Агенцијата, во дефинирање на моделот на надзор, може да земе и други фактори на ризик кои ќе бидат идентификувани и оправдани. 5) Бројот на одгледувалишта на живина (ризична популација) од кои треба да се земат примероци е даден во Дел 2, табелите 1 и 2 од овој прилог. (3) Активен надзор со земање на репрезентативен примерок од став (2) точка 2 на овој дел се врши во зависност од видот на живината присутна на одгледувалиштето, а бројот на одгледувалишта на живина од кои ќе се земаат примероци се пресметува согласно податоците од Дел 2, табела 1 и 2 на овој прилог. Дел 2 Табели за пресметка на бројот на одгледувалишта на живина од кои се зема примерок за серолошко тестирање Табела 1: Број на одгледувалишта за секоја категорија на живинарски производи (освен фармите на патки, гуски и диви патки) кои се предмет на земање на примероци Вкупен број на одгледувалишта по производна категорија Број на одгледувалишта кои се предмет на земање на примероци До 34 Сите 35-50 35 51-80 42 81-250 53 > 250 60 Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 8 од 12 Табела 2: Број на одгледувалишта на патки, гуски и диви пајки кои се предмет на земање примероци Број на одгледувалишта на патки, гуски и диви пајки Број на одгледувалишта кои се предмет на земање на примероци До 46 Сите 47-60 47 61-100 59 101-350 80 > 350 90 Табела 3: Број на примероци кои се предмет на земање во зависност од големината на популацијата на одгледувалиште со 30% преваленца и 95% сигурност (освен водни птици) Големина на популација Број на примероци До 10 6 11-29 7 30-99 8 >100 9 Табела 4: Број на примероци кои се предмет на земање во зависност од големината на популацијата на одгледувалиште со 30% преваленца и 99% сигурност) за водни птици Големина на популација Број на примероци До 19 9 20-29 10 30-49 11 50-99 12 >100 13 Прилог 3 Целни видови на диви птици и локалитети за надзор Дел 1 Целни видови на диви птици 1. Врз основа на Закон за ловство диви птици кои се сметаат за дивеч и кои се предмет на надзорот се: дива гуска (Anser anser) белочелна гуска (Anser albifrons Scop) лисеста гуска (Anser erythropus L) гуска глоговница (Anser fabalis Lath) морска гуска (Branta Sp.) дива пајка или пајка глувара (Anas platyrhnchos L) берија или крѓа (Anas crecca L) пајка ластарка или калкурук (Anas acuta L) пајка пупчаница (Anas querquvedula L) Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 9 од 12 белоока њорка (Aythua nyruka Guld) црвеноглава њорка или албамаш (Authya ferina L) цуцулеста њорка (Aythya fuligula L) 2. Во случај на пасивен надзор кај дивеч покрај листата на видови диви птици наведена во точка 1 од овој дел може да бидат опфатени и следните видови на диви птици: жолтоклун лебед или лебед пејач (Cygnus cygnus L.); нем лебед (Cygnus olor-Gmel.); пајка-лажичарка (Anas clupeata L.); пајка свиркач (Anas penelope L.); сива пајка (Anas strepera L.); пајка превез (Netta rufina L.); бел штрк (Ciconia ciconia L.); пепелава чапја (Ardea cinerea L.); голем корморан (Phalacrocorax carbo L.); голем нуркач (Podiceps cristatus L.); мал нуркач (Tachybaptus rufficollis Pall.); обичен галеб (Larus ridibundus L.); сив сокол (Falco peregrinus Tunst.); ветрушка црнонокта (Falco tinnunculus L.); обичен глувчар (Buteo buteo L.); гаќест глувчар (Buteo lagopus Brunn.); голем ушест був (Bubo bubo L.) јастреб врапчар (Accipiter nisus L.); јастреб кокошкар (Accipiter gentilis L.); еја мочуришна (Circus aeruginosis L.); луња рѓеста (Milvus milvus L.); луња црна (Milvus migrans Bodd.); калуѓерка (Vanellus vanellus L.) страчка (pica pica). Дел 2 Локалитети за спроведување на надзор на целни видови на диви птици Охридско езеро, Преспанско езеро, Дојранско езеро, Моноспитовско блато, Бел Камен рибник, Букри рибник, Велешко езеро, Тиквешко езеро, Дебарско езеро, Катланово – Петровец Тек на реката Вардар (Велес, Неготино, Демир Капија, Скопје) Тек на реката Црна, Тек на река Црн Дрим, Други локалитети кои ловните друштва ќе ги посочат како локалитети на кои се собираат и престојуваат диви птици и кои се погодни за спроведување на надзорот, и Други локалитети определени со одлука на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 10 од 12 Прилог 4 Шеми за серолошко и вирусолошко испитување Дел 1 Серолошко испитување Серолошко испитување Невакцинирана популацја NP/М антитела ELISA, AGID + S Високи антитела H5, 7 антитела HIH1 – 4, 6, 8 – 16 Вирусолошки и епидемиолошки испитувања + S Авијарна инфлуенца Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 11 од 12 (1) Сите позитивни серолошки резултати треба да бидат потврдени од страна на националните лаборатории преку тест за спречување на хемаглутинација, користеј ќи одредени видови на вируси обезбедени од страна на референтната лабораторија на ЕУ: 1) за поттипот H5: а) почетен тест со користење на teal/England/7894/06 (H5N3); б) тестирање со користење на chicken/Scotland/59 (H5N1) на сите серопозитивни примероци за да се елиминираат N3 вкрстено реактивни антитела; 2) за поттипот H7:2 а) почетен тест со користење на turkey/England/647/77 (H7N7); б) тестирање со користење на African Starling/983/79 (H7N1) на сите серопозитив ни примероци за да се елиминираат N7 вкрстено реактивни антитела. (2) За сите позитивни серолошки резултати треба да се спроведе епидемиолошка истрага и да се земат дополнително примероци за вирусолошки испитувања. Службен весник на РМ, бр. 223 од 28.12.2016 година 12 од 12 (1) Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца е усогласен со Директивата на Советот 2005/94/ЕЗ од 20 Декември 2005 година за мерки на Заедницата за контрола на авијарна инфлуенца, број 32005L0045 и Одлука на Комисијата 2006/437/ЕЗ од 4 август 2006 година за одобрување на дијагностички прирачник за птичји грип како што е предвидено во Директивата на Советот 2005/94/ЕЗ, број 32006D0437. Дел 2 Вирусолошко испитување S S Тип А инфлуенца вирус Детекција на HA ген Вирусолошко испитување Детекција на нуклеинска киселина Тип А Специфична Детекција на Mатрикс ген Секвенца HA H5 H7 Ниска патогеност Авијарна инфлуенца вирус Висока патогеност Авијарна инфлуенца вирус

Programme for the surveillance of avian influenza in poultry and wild birds · Nelum