Programme for taking the professional exam for waste manager
Made 2016-02-25 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Програма за полагање стручен испит за управител со отпад.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Waste and hazardous substances
- Keywords
- education, waste management
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 1 од 6 20160421110 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 38- в став (2), од Законот за управување со отпадот („ Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15 и 192/15), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРОГРАМА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД 1. Со оваа програма се пропишуваат градивото, прописите и литературата според кои се полага испит за управител со отпад. 2. Програмата за полагање на испит за управител со отпад се состои од: Отпад и Животна средина. 3. Прописите и литературата во кои се содржани областите за полагање на испитот за управител со отпад се следниве: Отпад: Закони: Закон за управување со отпадот. Општи правила за постапување со отпадот: Правилник за општите правила за постапување со комуналниот и со другите видови неопасен отпад; Правилник за висината на трошоците кога инспекцискиот надзор е извршен на барање на правно или физичко лице и начинот на нивната наплата; Правилник за количеството на биоразградливи состојки во отпадот што смее да се депонира; Правилник за граничните вредности на емисии при горење и согорување на отпад и условите и начинот на работа на инсталациите за горење и согорување и Методологија за пресметување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпадот. Базелска конвенција: Закон за ратификација на Базелската конвенција; Закон за ратификација на амандманот на Базелската конвенција и Правилник за формата и содржината на обрасците за прекугранично пренесување на отпад. Видови отпад: Листа на видови отпад. Евиденција на отпад: Правилник за формата и содржината на дневникот за евиденција за постапување со отпад, формата и содржината на формуларите за идентификација и транспорт на отпадот и формата и содржината на обрасците за годишни извештаи за постапување со отпад и Правилник за содржината и начинот на водење, чување и одржување на евиденцијата во регистарот на отпад. Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 2 од 6 Интегрирана мрежа за отстранување на отпад: Правилник за начинот и условите за функционирање на интегрирана мрежа за отстранување на отпадот. Дозволи за управување со отпад: Правилник за формата и содржината на барањето, формата и содржината на дозволата за собирање и транспортирање на комунален и другите видови на неопасен отпад, како и минималните технички услови за вршење на дејноста собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад; Правилник за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за преработка, третман и/или складирање на отпад, формата и содржината на дозволата како и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање отпад; Правилник за формата и содржината на дозволата, барањето и регистарот за издадени дозволи за трговија со неопасен отпад, начинот и постапката за издавање на дозволата, начинот на водење на евиденцијата како и условите на начинот за вршење на дејноста трговија со неопасен отпад; Правилник за формата и содржината на барањето за добивање дозвола, како и формата и содржината на дозволата за оператор на депонија; Правилник за формата и содржината на барањето за добивање дозвола, како и формата и содржината на дозволата за вршење на дејност оператор на инсталација за горење или согорување на отпад; Правилник за формата и содржината на дозволата за собирање и за транспортирање на опасниот отпад и Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозвола, односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за собирање и за транспортирање на комуналниот и на другите видови неопасен отпад. Претоварни станици: Правилник за минималните технички услови во поглед на заштита на животната средина кои треба да ги исполнуваат претоварните станици, условите што треба да ги исполнуваат локациите на кои што се градат односно се поставуваат претоварните станици, како и роковите за чување на отпадот во претоварните станици според видовите на отпад. Постапување со посебни видови на отпад: Правилник за начинот на постапување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест ; Правилник за начинот и условите за постапување со ПХБ, начинот и условите што треба да ги исполнуваат инсталациите и објектите за отстранување и за деконтаминација на ПХБ, искористените ПХБ и начинот на означување на опремата која што содржи ПХБ; Правилник за начинот на постапување со медицински отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад; Правилник за постапките и начинот на собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла, начинот на водење евиденција и доставување на податоците; Правилник за поблиските услови за постапување со опасниот отпад и начинот на пакување и означување на опасниот отпад; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 3 од 6 Правилник за начинот на постапување со отпадот од титаниум диоксид, начинот на вршење мониторинг и формата, содржината и начинот на доставување податоци; Правилник за начинот на постапување со отпадните гуми, како и условите кои треба да ги исполнуваат правните и физички лица кои увезуваат употребувани гуми; Правилник за мерките за заштита на животната средина кои мораат да ги преземат производителите, сопствениците и субјектите кои постапуваат со искористени возила, нивните компоненти и материјали, целите и роковите за нивно постигнување и начинот и условите за складирање, формата и содржината на потврдата за преземање на возилото за уништување, формата и содржината на образецот за известување како и начинот на водење на евиденцијата; Правилник за начинот на водење како и формата и содржината на обрасците на базата на податоци за следење на повторната употреба и преработка на искористените возила и на целите кои треба да се постигнат со повторна употреба и преработка на искористените возила и Правилник за формата и содржината на барањето заради неиздавање на дозволата односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за трговија со неопасен отпад. Складирање на отпад: Правилник за начинот и условите за складирање на отпад, како и за условите кои треба да ги исполнуваат локациите на кои што се врши складирање на отпад. Депонии: Правилник за формата и содржината на барањето за основање на депонија за неопасен и инертен отпад; Правилник за начинот и постапката за работа, следење, работа и контрола на депонијата за време на работењето, како и следење и контрола на депонијата во фазата на затворање и натамошна грижа за депонијата по затворањето, како и начинот и условите за грижа за депониите откако тие ќе престанат да работат; Правилник за критериумите за прифаќање на отпадот во депониите од секоја класа, подготвителните постапки за прифаќање на отпадот, општи постапки за тестирање, земање мостри и прифаќање на отпадот; Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат депониите; Правилник за условите во поглед на техничките средства и опремата за вршење на дејноста отстранување на отпад, како и условите и начинот за обука и тренинг програма на вработените; Одлука за започнување на постапка за доделување на концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионална депонија за комунален цврст отпад во Полошкиот плански регион и Одлука за започнување на постапка за доделување на концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионална депонија за комунален цврст отпад во Југозападниот плански регион. Стратегија за управување со отпад: Стратегија за управување со отпад на Република Македонија (2008-2020) година. Планови за управување со отпад: Национален план за управување со отпадот (2009-2015) на Република Македонија и Правилник за содржината на регионалниот план за управување со отпад. Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 4 од 6 Управување со пакување и отпад од пакување: Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Подзаконски акти: Правилник за формата и содржината на образецот за водење на евиденција на правни лица кои постапуваат со отпад од пакување, производители и самостојни постапувачи со отпад од пакување, начинот на водење на евиденција како и формата и содржината на образецот на потврдата за регистрација на самостоен постапувач со отпад од пакување; Правилник за условите за пакувања со долг животен век и видовите на пакувања кои служат како показатели дека пакувањето е со долг животен век; Листа на илустративни примери на пакување; Правилник за начинот на нумерирање и кратенките на кои се заснова системот за идентификација и означувањето на материјалите од кои е произведено пакувањето, како и формата и содржината на ознаката за постапување со пакувањето; Правилник за формата и содржината на образецот на годишниот извештај за видот и количината на пакувањата што се пуштиле или увезле на пазар во РМ во претходната календарска година и за постапување со отпад од тие пакувања, формата и содржината на образецот на производствената спецификација, формата и содржината на образецот на евиденцијата за вкупното пакување кое е пуштено на пазар или увезено во РМ како и начинот на кој се води евиденцијата; Правилник за начинот и условите за надминување на нивоата на содржината на тешки метали во пакувањата, како и начинот на водење и содржината на евиденцијата и извештајот за постапување со отпад од пакување и Правилник за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за транспорт на стоки, начинот на пуштање и употреба на биоразградливите кеси за транспорт на стоки на пазар; Батерии и акумулатори: Закон за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори. Подзаконски акти: Правилник за формата и содржината на образецот на годишниот извештај за постапувањето со отпадните батерии и акумулатори и начинот на неговото доставување, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција за количините и видовите на батерии и акумулатори кои се пуштени на пазар во Република Македонија; Правилник за формата и содржината на обрасците на извештаите за количините на собраните отпадни батерии и акумулатори и за количините на превземени, третирани или рециклирани отпадни батерии и акумулатори, како и начинот на нивното подготвување и доставување; Правилник за формата, содржината и начинот на доставувањето на барањето за регистрација на производителите кои пуштаат на пазар или увезуваат во Република Македонија батерии и акумулатори, начинот на воспоставање на регистарскиот број, како и формата и содржината и начинот на водење на регистарот на производители кои пуштаат на пазар во Република Македонија батерии и акумулатори; Правилник за начинот на означување на батериите и акумулаторите и на батериските пакувања, формата и содржината на симболот за одделено собирање како и формата и содржината на хемискиот симбол за метали и Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 5 од 6 Правилник за начинот и постапката за водење, одржување и чување на евиденцијата за пресметаниот и уплатениот надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори како и формата и содржината на образецот за пресметка на уплатениот надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори. Управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема: Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема. Подзаконски акти: Правилник за формата и содржината на ознаката за обврската за одделно собирање на отпадната опрема; Правилник за формата и содржината на барањето за регистрација на производите кои пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија електрична и електронска опрема, формата и содржината на регистарот на производители кои пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија електрична и електронска опрема, начинот на неговото водење и одржување, како и формата и содржината на потврдата за упис во регистарот; Правилник за формата и содржината на барањето за регистрација на производите кои пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија електрична и електронска опрема, формата и содржината на регистарот на производители кои пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија електрична и електронска опрема, начинот на неговото водење и одржување, како и формата и содржината на потврдата за упис во регистарот; Листа на опремата на која не се однесуваат мерките за забрана и органичувања за пуштање на пазар во Република Македонија на електрична и електронска опрема како и максималните вредности за концентрација на опасни супстанции роковите до кои е дозволено присуство на одредени опасни супстанции во електричната и електронската опрема, нејзините сoставни делови и материјали; Правилник за минимални барања за одвоен третман на отпадната опрема, материјалите и деловите на отпадната опрема, како и минималните технички услови за складирање и третман на отпадната опрема која треба да ги исполнува инсталацијата за третман на отпадна опрема и Правилник за формата и содржината на образецот за евиденција за количините по категорија и вид на опрема која производителот ја пушта на пазар во Република Македонија. Животна средина: Закони: Закон за животна средина. Подзаконски акти: Упатства: Упатство за поблиски податоци потребни за издавање на дозвола на стоки кои се извезуваат-увезуваат под ознака Д4. Правилници: Правилник за постапката за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола; Службен весник на РМ, бр. 42 од 3.3.2016 година 6 од 6 Правилник за постапката за добивање А-интегрирана еколошка дозвола; Правилник за опасните супстанции, граничните вредности (прагови) за присуство на опасните супстанции и критериумите или својствата според кои супстанцијата се класифицира како опасна; Правилник за содржината на внатрешните и надворешните планови за вонредни состојби, како и начинот на нивното одобрување и Правилник за формата и содржината на поканата за наплата на глобата во мандатна постапка. 4. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 12 – 520/2 Министер за животна средина 25 февруари 2016 година и просторно планирање, Скопје Нурхан Изаири, с.р.