Order on the implementation of international standard for the conditions for determining areas with a low prevalence of harmful organisms no. 22
Made 2017-09-01 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за условите за утврдување на подрачја со ниска распространетост на штетен организам бр. 22.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Cultivated plants
- Keywords
- plant protection, pests/diseases, international trade, procedural matters, risk assessment/management, standards
- Categories
- *, agriculture
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/15, 45/14, 158/14, 149/15 и 59/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА УСЛОВИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПОДРАЧЈА СО НИСКА РАСПРОСТРАНЕТОСТ НА ШТЕТЕН ОРГАНИЗАМ БР. 22 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за условите за утврдување на подрачја со ниска распространетост на штетен организам бр. 22. Член 2 Во постапката за утврдување на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам, може да се примени меѓународниот стандард за условите за утврдување на подрачја со ниска распространетост на штетен организам бр. 22 кој е даден во Прилоги е составен дел на оваа наредба. Член 3 Оваа наредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.25-152/5 Министер за земјоделство, 1. септември. 2017. година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Николовски, ср. Прилог НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА УСЛОВИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПОДРАЧЈА СО НИСКА РАСПРОСТРАНЕТОСТ НА ШТЕТЕН ОРГАНИЗАМ БР. 22 Фитосанитарна мерка бр. 22 (2005) ОДОБРЕНО Овој стандард бил одобрен од Привремената Комисија за фитосанитарни мерки во април 2005 година. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги опишува условите и процедурите за утврдување на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам и истиот се однесува на регулирани штетни организми во одредено подрачје. Овој стандард има за цел да го олесни извозот, имајќи ги во предвид регулираните штетни организми на земјата увозник и вклучува идентификација, проверка, одржување и користење на подрачјата со ниска распространетост на штетни организми. ЛИТЕРАТУРА Спогодба за примена на санитарни и фитосанитарни мерки, 1994, Светска Трговска Организација, Женева; Утврдување на статусот на штетни организми во одредено подрачје, 1998, Г5РМ бр.8, ФАО Рим; Поимник на фитосанитарни термини, 2004, Г5РМ бр.5, ФАО Рим; Упатство за програмите за ерадикација на штетни организми, 1998, Г5РМ бр.9, ФАО, Рим; Упатства за општ надзор, 1997, 5РМ бр.6, ФАО, Рим; Упатство за известување при неусогласеност и итни мерки, 2001, ГоРМ бр.15, ФАО Рим; Меѓународна Конвенција за заштита на растенијата, 1997, ФАО Рим; Анализа на ризик за регулирани некарантински штетни организми, 2004, ГБРМ бр.21, ФАО Рим; Регулирани некарантински штетни организми: концепт и примена, 2002, (ОРМ бр.16, ФАО Рим; Услови за утврдување на подрачја слободни од штетни организми, 1996, ОРМ бр. 4, ФАО Рим; Услови за утврдување на места на производство слободни од штетни организми и производни простори слободни од штетни организми, 1999, Г5РМ бр.10, ФАО Рим; Примена на интегрирани мерки за систематски пристап при управување со ризик од штетни организми, 2002, ГоРМ бр.14, ФАО Рим; ДЕФИНИЦИИ Дефинициите на фитосанитарните термини кои се користат во овој стандард се дадени во меѓународниот стандард !5РМ бр. 5 „Поимник за фитосанитарни термини“. ПРЕГЛЕД НАУСЛОВИ Утврдувањето на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам претставува начин за управување со штетни организми, кој се користи за одржување или намалување на популацијата на штетни организми под определено ниво во дадено подрачје. Утврдувањето на овие подрачја обично се користи за олеснување на извозот или ограничување на влијанието на штетни организми во дадено подрачје. Прагот на ниска распространетост на штетен организам се определува врз основа на вкупната оперативна и економска изводливост на воспоставените програми за одржување на тоа ниво, како и целта заради која се утврдува подрачјето со ниска распространетост од штетен организам. Националната организација за заштита на растенијата (МРРО) треба да ги определи овие подрачја. Подрачјата со ниска распространетост на штетен организам може да се воспостават и одржуваат за сите регулирани штетни организми или само за оние штетни организми кои се регулирани кај земјата увозник. Општиот надзор за откривање на релевантните штетни организми треба да се спроведе според соодветни протоколи. Доколку е потребно се применуваат и дополнителни фитосанитарни процедури за воспоставување и одржување на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам. Откако ќе се воспостави подрачјето со ниска распространетост, истото треба да се одржува преку постојана примена на мерките користени за неговото воспоставување, како и водење на потребна документација и процедури за верификација. Во најголем број случаи потребен е оперативен службен план, во кој ќе се наведат потребните фитосанитарни процедури. Доколку постои промена во статусот на подрачјето со ниска распространетост на штетен организам, потребно е воведување на корективен акциски план. УСЛОВИ 1. Општа рамка 11. Концепт на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам Концептот за ваквите подрачја е пропишан со Меѓународната Конвенција за заштита на растенијата ПРРО) и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на Светската Трговска организација (И/ТО-59Р5). РРС во 1997 година ваквите подрачја ги дефинираше како „Подрачје, цела држава, дел од држава, сите делови или делови на држави, каде од страна на надлежните органи е утврдено постоење на низок степен на распространетост на одреден штетен организам, кој е предмет на мерки за ефективен надзор, контрола или уништување“ (член 1). Понатаму, членот П/.2. пропишува дека Националната организација за заштита на растенијата (МРРО) е одговорна за заштита на загрозените подрачја, како и за означување, одржување и надзор во подрачјата слободни од штетни организми и подрачјата со ниска распространетост на штетен организам. Членот 6, од Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на Светската Трговска организација (М/ТО-59Р5) се однесува на прилагодувањето кон регионалните услови, во подрачјата без штетни организми и во подрачјата со ниска распространетост на штетен организам. 1.2. Предности при користење на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам Користењето на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам ги има следните предности: нема потреба за третирање после берба на реколтата, доколку не е надминато предвиденото ниво на штетни организми; примена на биолошки методи на заштита за некои штетни организми, како резултат на нивното намалено присуство, со што се намалува примената на средства за заштита на растенијата; олеснување на пристап на пазарот за производи од подрачја кои претходно биле исклучени; контроли при движење на стоката, кои не се многу рестриктивни а може да се дозволат при движењето во: подрачја со ниска распространетост со штетен организам, до или низ подрачјата слободни од штетен организам, доколку пратката е ослободена од штетен организам; подрачје со ниска распространетост со штетен организам, во или низ друго подрачје со ист статус, доколку стоката има ист ризик од појава на штетен организам; 1.5. Разлика помеѓу подрачјата со ниска распространетост на штетен организам и подрачјата слободни од штетни организми Главната разлика помеѓу подрачјата со ниска распространетост на штетен организам и подрачјата слободни од штетни организми е дека одреден штетен организам е присутен под дадено ниво на популација во подрачјето со ниска распространетост на штетен организам, додека штетниот организам не е присутен во подрачјата слободни од штетни организми. Кога е утврдено присуството на одреден штетен организам во некое подрачје, изборот дали тоа подрачје ќе се смета со ниска распространетост на штетен организам или како подрачје слободно од штетни организми, ќе зависи од карактеристиките на дадениот штетен организам, неговата распространетост во загрозеното подрачје и факторите кои влијаат на неговата распространетост. Притоа значајна е целокупната оперативна и економска изводливост на програмата, како и целта за воспоставување на ваквите подрачја. 2. Општи услови 2.1. Општа рамка Воспоставувањето на подрачја со ниска распространетост на штетен организам е опција за управување со даден штетен организам, која се применува за одржување или намалување на популацијата под одредено ниво во определено подрачје. На тој начин се олеснува движењето на стока надвор од подрачјата каде е присутен штетниот организам, како што е внатрешното движење или извозот, но и за намалување или ограничување на влијанието на штетните организми во тоа подрачје. Подрачјата со ниска рапсространетост на штетен организам може да се воспостават за оние штетни организми кои имаат широк спектар на домаќини и услови во животната средина, земајќи ја во предвид биологијата на штетните организми и карактеристиките на подрачјето. Воспоставувањето на вакви подрачја е заради различни цели, а нивната големина и опис зависат од целта заради која се воспоставени. Во согласност со овој стандард, подрачјата со ниска распространетост на штетен организам може да бидат воспоставени од Националната организација за заштита на растенијата, кога постои: производно подрачје чиј што принос е наменет за извоз; подрачје во кое се применува програма за ерадикација или сузбивање на даден штетен организам; подрачје кое има улога на тампон зона околу подрачјето слободно од штетни организми, со цел истото да се заштити; подрачје кое се наоѓа во рамките на подрачјето слободно од штетен организам, а го изгубило својот статус и за истото е воспоставен итен акциски план; спроведување на службен надзор за регулирани некарантински штетни организми согласно Г5РМ бр.16 „ Регулирани некарантински штетни организми - концепт и примена“; производно подрачје кое се наоѓа во рамките на заразеното подрачје, чиј што принос е наменет за испорака во друго подрачје со ниска распространетост на штетен организам, но во истата земја. Доколку растителниот материјал потекнува од подрачје со ниска распространетост на штетен организам и истиот е наменет за извоз, потребно е во тоа подрачје спроведување на дополнителни фитосанитарни мерки. На овој начин, таквите подрачја ќе бидат дел од систематскиот пристап. Систематските пристапи се опфатени во меѓународниот фитосанитарен стандард !5РМ бр.14: „Примена на интегрирани мерки за систематски пристап при управување со ризик од штетни организми“. Ваквите системи се мошне ефикасни во намалување на ризикот од штетни организми до ниво кое е прифатливо за земјата увозник, така што ризикот од штетни организми може да се намали исто како кај растителниот материјал кој потекнува од подрачја слободни од штетни организми. 2.2. Оперативни планови Во повеќето случаи потребен е службен оперативен план кој ќе ги одредува потребните фитосанитарни процедури кои треба да се применат на национално ниво. Доколку се користат подрачја со ниска распространетост на штетен организам, тоа е со цел за да се олесни трговијата со други држави. Таквиот план има форма на специфичен работен план кој е дел од билатерален договор помеѓу Националните организации за заштита на растенијата на договорната страна увозник и договорната страна извозник. Ова може да биде општ услов на земјата увозник, кој е достапен по барање на другата договорна страна. Се препорачува одржување на комуникација помеѓу земјата извозник и земјата увозник уште пред да почне испорака на пратките, за да се осигури дека се исполнети условите кои ги поставила земјата увозник. 5. Посебни услови 51. Воспоставување на подрачја со ниска распространетост на штетен организам Ниската распространетост на одреден штетен организам се појавува природно или се воспоставува преку примена на фитосанитарни мерки, кои се насочени за сузбивање на штетни организми. 2.11. Одредување на посебни нивоа на штетни организми Посебните нивоа на релевантните штетни организми треба да ги утврди Националната организација за заштита на растенијата на земјата во која е воспоставено такво подрачје, со прецизност која ќе овозможи проценка дали податоците и протоколите за надзор се соодветни за утврдување и дали распространетоста на штетниот организам е под даденото ниво. Одредените нивоа на штетни организми може да се воспостават преку проценка на ризикот од штетни организми, како што е опишано во меѓународниот стандард !5РМ бр.11 „ Анализа на ризик за карантински штетни организми, вклучувајќи анализа на ризик на животната средина и живи модифицирани организми“, како и !5РМ бр.21 „ Анализа на ризик за регулирани некарантински штетни организми“. Доколку ваквите подрачја се наменети заради олеснување на извозот, посебните нивоа треба да бидат воспоставени заеднички со државата увозник. 3.12. Географски опис Националната организација за заштита на растенијата треба да ги утврди подрачјата со ниска распространетост на штетен организам преку изработка на соодветни мапи кои ги исцртуваат границите на тоа подрачје. При описот на подрачјето треба да се наведе: местото на производство, растенијата домаќини во близина на комерцијалните производни подрачја, како и природните граници и/или тампон зони кои го изолираат подрачјето. Добро е да се наведе големината и конфигурацијата на природните граници и тампон зоните кои придонесуваат за изолација или управување со даден штетен организам, кои претставуваат природна пречка за негово ширење. 5.1.5. Документирање и верификација Националната организација за заштита на растенијата треба да ги документира и потврди сите процедури кои се применуваат. Оваа процедура треба да вклучува: примена на документирани постапки (т.н. упатство за работа); спроведени постапки и нивна евиденција; ревизија на постапките и развој и спроведување на корегирани активности. 514. Фитосанитарни процедури ЗЈ АЈ. Спроведување на надзор Статусот на релевантните штетни организми во даденото подрачје и во тампон зоната треба да се одреди преку спроведување на надзор во согласност со |!5РМ бр.6 (Упатства за надзор) во определени временски периоди и фаза на осетливост, со што ќе се детектира присуството на штетниот организам со соодветен степен на веројатност. Надзорот треба да се спроведува според усвоените протоколи за секој штетен организам. Овие протколи треба да вклучуваат мерливост, доколку одреден штетен организам се одржувал во дадено подрачје (вид на стапица, број на стапици по единица хектар површина, прифатлив број на одделни штетни организми по стапица во текот на еден ден или недела, број на примероци по единица хектар површина кои треба да се испитаат, делови од растенија кои треба да се прегледаат и.т.н.) Податоците од надзорот треба да се собираат и документираат, со цел да се докаже дека одредена популација од штетен организам не го преминува наведеното ниво во било кое подрачје предложено како подрачје со ниска распространетост со штетни организми, како и било кои тампон зони, вклучувајќи надзор на одгледуваните и самоникнатите растенија или живеалишта каде што штетен организам е самото растение. Податоците за надзорот треба да бидат релевантни за животните циклуси на наведените штетни организми и статистички потврдени, поради детектирање и одредување на нивото на популацијата на штетните организми. При воспоставување на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам, течничките извештаи за откривање на дадените штетни организми и резултатите од надзорот треба да бидат евидентирани и сочувани доволен број на години, зависно од биологијата, репродуктивниот потенцијал и опсегот на домаќините за одреден штетен организам. Потребно е континуирано дополнување на таа евиденција со доставување на податоци што е можно повеќе години, пред да се воспостави подрачје со ниска распространетост на штетен организам. 5.1.4.2. Намалување на нивото на штетен организам и оддржување на негова ниска распространетост Во подрачјата кои се предложени како подрачја со ниска распространетост на штетен организам, фитосанитарните процедури треба да се документираат и применуваат за да се следи нивото на штетниот организам кај одгледуваните растенија, самоникнатите растенија или во живеалиштата каде одредено растение е штетен организам. Фитосанитарните процедури треба да бидат релевантни според биологијата и однесувањето на даден штетен организам. Следните примери се однесуваат за процедури кои се користат за постигнување на одредено ниво на даден штетен организам: отстранување на алтернативните домаќини, примена на средства за заштита на растенијата, ослободување на агенси за биолошка контрола, примена на техники со стапици за фаќање на штетни организми со висока „густина“. При воспоставување на подрачје со ниска распространетост на штетен организам, контролните активности треба да се спроведуваат континуирано, зависно од биологијата, репродуктивниот потенцијал и опсегот на домаќини за дадениот штетен организам. Потребно е континуирано дополнување на таа евиденција со доставување на податоци, што е можно повеќе години пред да се воспостави подрачјето со ниска распространетост на штетен организам. 5.1.4.5. Намалување на ризикот од внесување на штетни организми Во случаи кога се воспоставени подрачја со ниска распространетост на регулиран штетен организам, потребни се фитосанитарни мерки за намалување на ризикот од внесување на дадениот штетен организам во таквите подрачја, согласно 15РМ бр.20 „ Насоки за фитосанитарен регулаторен систем за увоз“. Овие мерки вклучуваат: регулирање на патеките и производите кои бараат контрола за одржување на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам. Притоа треба да се одредат сите можни патеки во рамките и надвор од таквото подрачје. Тоа се постигнува со обележување на сите точки на влез, барање за документирање, третирање, инспекциски преглед или земање на примерок пред внесување во таквото подрачје; проверка на документи и на фитосанитарниот статус на пратката, вклучувајќи идентификација на пресретнати видови на штетни организми и водење на евиденција за земање на примероци; потврда за примена и ефикасност од потребите третирања и документирање на сите останати фитосанитарни процедури. Подрачјето со ниска распространетост на штетен организам може да се воспостави за регулирани штетни организми во внатрешноста на земјата или за олеснување на извозот за регулирани штетни организми кај земјата увозник. Кога се вопоставува вакво подрачје за штетни организми кои не се регулирани во него, може да се применат и мерки за намалување на ризикот од нивно внесување. Таквите мерки не треба да ја ограничуваат трговијата со растенија и растителни производи во одредена земја или да ги дискриминираат увезените и домашните производи. ЗЈ АА. Корективен акциски план Националната организација за заштита на растенијата треба да располага со документиран план кој ќе се спроведе доколку во подрачјата со ниска распространетост на штетен организам се надмине дозволеното ниво или пак во тампон зоните (дел 3.3. опис на други случаи кога статусот во таквите подрачја се менува). Планот треба да содржи повремени прегледи за утврдување на подрачјата во кои е надминато предвиденото ниво на даден штетен организам, земање на примероци од производот, примена на средства за заштита на растенијата и/или други активности за сузбивање на штетните организми. Корективните активности треба да ги опфатат и сите потенцијални патеки. 2.15. Верификација на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам Националната организација за заштита на растенијата на земјата каде се воспоставени вакви подрачја треба да провери дали потребните мерки ги исполнуваат условите за тие подрачја. Со ова се потврдува дека целокупната документација и процедурите опишани во делот 2.1.3. се целосно спроведени. Доколку таквите подрачја се користат за извоз, Националната организација за заштита на растенијата на земјата увозник треба да го провери степенот на усогласеност. 2.2. Одржување на подрачја со ниска распространетост на штетен организам После воспоставување на ваквите подрачја, Националната организација за заштита на растенијата треба да ја ажурира соодветната документација, да направи проверка на процедурите и да продолжи со примена на фитосанитарните процедури, контрола на движењето и водењето на евиденција. Евиденцијата треба да содржи податоци за најмалку две претходни години или доволно долго за да се осигура поддршка на програмата. Доколку се врши извоз од ваквите подрачја, податоците од нив треба да бидат достапни на земјата увозник. Освен тоа, треба редовно и најмалку еднаш годишно да се ревидираат воспоставените процедури. 5.5. Промена на статусот во подрачје со ниска распространетост на штетен организам Главна причина која доведува до промена на статусот во овие подрачја е откривање на присуството на дадените штетни организми на ниво кое го надминува толерантното ниво на штетни организми во рамки на подрачјето. Други случаи во кои може да се промени статусот на штетни организми во подрачјата со ниска распротранетост на штетен организам е: кога се применува неуспешно повторување на контролирани процедури; кога се користи непотполна документација која го загрозува интегритетот на подрачјето; Промената на статусот треба да резултира со спроведување на план со корективни активности како што е наведено во делот 3.1.4.4. од овој стандард. Корективните активности треба да се применат што е можно поскоро штом се потврди дека дадениот штетен организам го надминува толерантното ниво во даденото подрачје. Во зависност од резултатите од преземените мерки, подрачјето со ниска распространетост на штетен организам се прифаќа како: подрачје со непроменет статус, доколку се преземени фитосанитарни активности (кои се дел од корективниот акционен план во случаи на откривање на даден штетен организам над толерантното ниво); подрачје во кое е неуспешна примената на контролни активности или се појавиле други недостатоци; редефинирано подрачје, за да се исклучи одреден дел од подрачјето во кое нивото на штетен организам го надминува толерантното ниво и каде што штетниот организам може да биде изолиран и идентификуван и подрачје во кое е изгубен статусот (суспендирано подрачје). Доколку подрачјето со ниска распространетост се користи за цели за извоз, земјата увозник може да бара таквите случаи и спроведени активности навремено да бидат пријавени. Дополнителните упатства се опишани во меѓународниот фитосанитарен стандард !5РМ бр.17 „ Известување за штетен организам“. Корективниот акционен план може да се донесе спогодбено помеѓу земјата увозник и земјата извозник. 34. Укинување и враќање на статусот на подрачјата со ниска распространетост на штетен организам Доколку ваквото подрачје се укине, треба да се спроведе истрага за да се утврди причината за неуспех. Корективните активности и по потреба заштитните мерки во подрачјето треба да се спроведат за да се спречи повторен неуспех и негово укинување. Укинувањето на одредено подрачје ќе остане на сила се додека не се докаже дека популацијата на даден штетен организам се наоѓа под толерантно ниво во одреден временски период или дека сите недостатоци се корегирани. Како и при почетното воспоставување на подрачје со ниска распространетост на штетен организам, минималниот временски период под толерантно ниво на штетниот организам за повторно воспоставување на статусот во истото подрачје зависи од биологијата на штетниот организам. Доколку е отстранета причината за неуспех и интегритетот на системот е потврден, подрачјето со ниска распространетост на штетен организам, истиот може повторно да се воспостави.