Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Order on the implementation of international standard for guidelines on lists of regulated harmful organisms no. 19

Made 2012-10 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за упатства за листи на регулирани штетни организми бр. 19.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
plant protection, classification/declassification, pests/diseases, standards
Categories
agriculture

Where to read it

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ број 29/05, 81/08, 20/09, 57/10,17/11 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА УПАТСТВА ЗА ЛИСТИ НА РЕГУЛИРАНИ ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ БР. 19 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за упатства за листите на регулирани штетни организми бр.19. Член 2 Во постапката за спроведување на упатства за листи на регулирани штетни организми, може да се примени меѓународниот стандард за упатства за листи на регулирани штетни организми бр.19 кој е даден во Прилоги е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-616/4 Министер за земјоделство, октомври 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје/Бупчо Димовски, ср. Прилог УПАТСТВА ЗА ЛИСТИ НА РЕГУЛИРАНИ ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ Фитосанитарна мерка бр. 19 (2003) ОДОБРЕНО Овој стандард е усвоен од времената Комисијата за фитосанитарни мерки во април 2005 година. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги опишува постапките за подготовка, ажурирање и достапност на листите на регулирани штетни организми. ЛИТЕРАТУРА Утврдување на статусот на штетни организми во подрачјето, 1998. Г5РМ бр. 8, ЕАО, Рим. Поимник на фитосанитарни термини, 2003. ОРМ бр. 5, ЕАО, Рим. Рамка за анализа на ризик на штетни организми, 1996. Г5РМ бр. 2, ЕАО, Рим. Упатство за фитосанитарен сертификат, 2001. ГоРМ бр. 12, ЕАО, Рим. Упатство за известување при неусогласеност и дејствување при итни случаи, 2001. Г5РМ бр. 15, ЕАО, Рим. Меѓународна организација за заштита на растенијата, 1997. ЕАО, Рим. Анализа на ризик на карантински штетни организми вклучувајќи анализа на ризик на животната средина и генетски модифицирани организми, 2005. Г5РМ бр. 11 Ќеч. 1, ЕАО, Рим. ДЕФИНИЦИИ Дефинициите на фитосанитарни термини употребени во овој стандард може да се најдат во |Г5РМ бр. 5 (Поимник на фитосанитарни термини). ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ Меѓународната конвенција за заштита на растенијата |РРС налага договорните страни, на најдобар можен начин, да ги утврдат, ажурираат и овозможат достапност на листите на регулирани штетни организми. Листите на регулирани штетни организми се утврдуваат од договорната страна увозник, при што би се навеле сите во моментот регулирани штетни организми, за кои може да се преземат фитосанитарни мерки. Посебните листи на регулираните штетни организми според производ се дел од овие листи. Посебните листи се обезбедуваат по барање на Националните организации за заштита на растенијата на договорната страна извозник, за да се наведат регулираните штетни организми за сертификација на одредени производи. Треба да се наведат карантинските штетни организми, вклучително и оние кои се предмет на привремени или итни мерки, како и некарантинските штетни организми. Потребните информации поврзани со листите го вклучуваат: научното име на штетниот организам, категоријата на штетни организми, производите, како и останати регулирани производи за штетните организми. Може да се обезбедат и дополнителни информации, како што се синоними и упатувања на податоците како и релевантното законодавство. Ажурирање на листите е потребно кога се додаваат или бришат штетни организми, кога се потребни дополнителни информации или при размена на информации. Листите треба да се достават до Секретаријатот на |РРС, до Регионалните организации за заштита на растенијата (ЕРРО), чиј член е договорната страна, како и на останатите договорни страни, по нивното барање. Ова може да се изведе по електронски пат и треба да биде на еден од официјалните јазици на ФАО. Исто така, условите треба да бидат конкретни. УСЛОВИ 1. Основа за листите на регулирани штетни организми Член УИ.2Год ГРРС (1997 год.) наведува: Договорните страни, на најдобар можен начин, ги подготвуваат и ги ажурираат листите на регулирани штетни организми, со употреба на научни имиња и истите се доставуваат до Секретарот, до регионалните организации за заштита на растенијата на кои тие се членови, како и до други договорни страни, по нивно барање. Затоа, договорните страни на !РРС имаат експлицитна обврска на најдобар начин да ги подготват и доставуват на располагање листите на регулирани штетни организми. Ова е тесно поврзано со другите одредби од член МИ во контекс на обезбедување на фитосанитарните услови, ограничувањето и забраните (У!2Б), како и во однос на обезбедувањето на образложение за фитосанитарните услови (УН.2о). Освен тоа, изјавата за сертификација на моделот за фитосанитарен сертификат како додаток на Конвенцијата, пропишува дека листите на регулирани штетни организми се неопходни во однос на: карантинските штетни организми наведени од договорната страна увозники фитосанитарните услови на договорната страна увозник, вклучувајќи ги и регулираните некарантински штетни организми. Достапноста на листите на регулирани штетни организми на договорните страни извозници им олеснува да издаваат правилно фитосанитарни сертификати. Во случаи кога листата на регулирани штетни организми не е приложена од страна на договорната страна увозник, договорната страна извозник може само да декларира за штетни организми за кои верува дека се од регулаторен интерес (види !5РМ бр. 12: Упатства за фитосанитарни сертификати, оддел 2.1). Оправданоста за регулирањето на штетните организми, одговара на одредбите од ГРРС, со кои се налага: штетните организми да ги исполнат критериумите, кои се дефинирани за карантински или некарантински регулирани штетни организми, како би можеле да бидат контролирани (Член 1 „регулиран штетен организам“); само регулираните штетни организми да бидат прифатливи за фитосанитарни мерки (Член М1.2); фитосанитарните мерки да бидат технички оправдани (Член МАБ) и РВА да обезбеди основа за техничка оправданост, (Член И - „технички оправдано"). 2. Цел на листите на регулирани штетни организми Договорната страна увозник ги подготвува и ажурира листите на регулирани штетни организми, со цел да олесни при спречувањето на внесување и/или ширење на штетни организми и преку подобрувањето на транспарентноста да ја олесни безбедната трговија. Овие листи ги идентификуваат штетните организми кои се утврдени од страна на договорната страна како регулирани карантински штетни организми или регулирани некарантински штетни организми. Посебната листа на регулирани штетни организми, која треба да биде составен дел на тие листи, треба да се обезбеди од договорната страна увозник, а на договорната страна извозник, како средство за известување на договорната страна извозник, во врска со оние штетни организми за кои е потребна проверка, тестирање или други посебни постапки за одредени увезени пратки, вклучително и фитосанитарната сертификација. Листите на регулирани штетни организми може да бидат корисни како основа за усогласување на фитосанитарните мерки, каде што неколку договорни страни со слични и заеднички фитосанитарни интереси, се согласуваат дека штетните организми треба да се регулираат од страна на група држави или одреден регион. Ова може да се регулира преку Регионалната организација за заштита на растенијата (ЕРРО). При проширување на листите на регулирани штетни организми, некои договорни страни идентификуваат нерегулирани штетни организми. Не постои обврска за наведување во листата на такви штетни организми. Договорните страни не треба да бараат фитосанитарни мерки за нерегулирани штетни организми (Член М!.2 на !РРС, 1997 година). Обезбедувањето на оваа информација, сепак, може да биде корисна (за олеснување на контролата). 5. Подготовка на листите на регулирани штетни организми Листите на регулирани штетни организми се подготвуваат и ажурираат од договорната страна увозник. Штетните организми кои треба да се наведат, се оние кои се утврдени од страна на Националната организација за заштита на растенијата, како што се налага со фитосанитарните мерки: карантински штетни организми, вклучително и штетни организми кои се предмет на привремени или итни мерки или регулирани некарантински штетни организми. Листата на регулирани штетни организми може да вклучи и штетни организми за кои се потребни мерки само во некои околности. 4. Информации за штетните организми наведени на листата 4.1 Потребни информации Потребните информации, поврзани со наведените штетни организми, вклучуваат: Име на штетниот организам - Научното име на штетниот организам се користи со цел да се наведе на листата на таксономско ниво, кое е оправдано со РВА (5РМ бр. 11 Рев. 1: Анализа на ризик од штетни организми во карантин вклучително и анализа на животната средина). Научното име треба да го вклучи и името на авторот (каде што е потребно) и да се надополни со заедничкиот термин за соодветната таксономска група (инсекти, мекотели, вируси, габи, нематоди и т.н.). Категории на регулирани штетни организми - Тие се карантински штетни организми кои не се присутни; карантински штетни организми кои се присутни, но не се широко распространети и се под службена контрола; или регулирани некарантински штетни организми. Листите на штетни организми трба да се направат со употреба на дадениве категории. Поврзаност со регулиран производ(и) - Производите домаќини или други производи се утврдени како регулирани за наведените штетни организми. Каде што кодови се користат за горенаведеното, договорната страна одговорна за листата треба да овозможи достапност на соодветните информации, со цел за правилно разбирање и употреба. 4.2 Дополнителни информации Информации кои можат да се обезбедат, се: синоними; упатување на релевантното законодавство, регулативи или услови; упатување на податоци за штетните организми или РВА и упатување на привремени или итни мерки. 44 Одговрностите на Националната организација за заштита на растенијата Националната организација за заштита на растенијата е одговорна за постапките за утврдување на листите на регулирани штетни организми и за подготвување на посебните листи на регулирани штетни организми. Информациите кои се користат за РВА и последователната листа може да потекнуваат од различни извори во рамките на или надвор од Националната организација за заштита на растенијата, вклучувајќи и други структури на договорната страна, други Национални организации за заштита на растенијата (особено кога Националната организација за заштита на растенијата на договорната страна- извозник, бара посебни листи во врска со сертификацијата), Регионалните организации за заштита на растенијата, научна академија, научни истражувачи и други извори. 5. Ажурирање на листите на регулирани штетни организми Договорната страна е одговорна за ажурирање на листите на штетни организми. Ова вклучува ажурирање на листите како и соодветна постапка за евиденција. Листите на регулирани штетни организми треба да се ажурираат кога се додаваат или бришат штетните организми од листата, кога категоријата на наведените штетни организми се менува, кога се додаваат или изменуваат информации за наведените штетни организми. Ова се некои од почестите причини за ажурирање на листите: измени на забрани, ограничувања или услови; промена во статусот на штетните организми (5РМ бр. 8: Одредување на статусот на штетниот организам во одредено подрачје); резултат на нови или ревидирани РКАИ промени во таксономијата. Ажурирањето на листите на штетни организми треба да се изврши веднаш по идентификуваните потреби за измени. Официјалните промени во адекватните механизми треба да се донесат што е можно побрзо. Неопходно е Националните организации за заштита на растенијата да водат соодветна евиденција при промените во листите на штетни организми во текот на времето (образложение за промената, датумот на промената), за упатување и за да се олесни одговорот на прашањата кои може да бидат поврзани со спорови. 6. Достапност на листите на регулирани штетни организми Листите треба да бидат вклучени во законодавство, регулативи, услови или управни акти. Договорните страни треба да создадат оперативни механизми за подготвување, ажурирање и достапност на листите. РРС донесува одредба за официјалната достапност на листите и за јазиците кои треба при тоа да се користат. 6.1 Службена достапност РРС одредува договорните страни да ги достават листите на регулирани штетни организми на располагање на Секретаријатот на |РРС и ЕРРО, на кои тие се членови. Исто така се должни да обезбедат вакви листи и на другите договорни страни, по нивното барање (Член УИ.2Т на ГРРС, 1997 година). Листите на регулирани штетни организми треба да бидат официјално достапни на Секретаријатот на !РРС. Ова може да се изврши во електронска или во писмена форма, вклучувајќи и интернет. Средствата преку кои листите на штетни организми се доставуваат на располагање на ЕРРО, се определуваат во рамки на секоја организација. 6.2 Барања за листи на регулирани штетни организми Националните организации за заштита на растенијата може да побараат листи на регулирани штетни организми или посебни листи на регулирани штетни организми од други Националните организации за заштита на растенијата. Во принцип, барањата треба да ги наведуваат што е можно попрецизно штетните организми, производите и околностите кои се од интерес за договорната страна. Барањата можат да бидат за: појаснување на регулаторниот статус за одредени штетни организми; спецификација на карантински штетни организми за целите на сертификацијата; добивање листи на регулирани штетни организми за одредени производи; информации за регулирани штетни организми, кои не се поврзани со некој посебен производ и ажурирање на претходно обезбедената листа/и на штетни организми. Листите на штетни организми обезбедени од страна на Националните организации за заштита на растенијата треба да бидат навремено обезбедени и да бидат со највисок приоритет за фитосанитарна сертификација или да биде олеснето движењето на пратките во трговијата. Копии од прописите може да се обезбедат кога листите на штетни организми вклучени во овие прописи се сметаат за соодветни. Барањата и одговорите за листите на штетни организми треба да се обезбедат преку официјалното контакт лице. Листите на штетни организми може да бидат обезбедени од страна на Секетаријатот на ГРРС, кога се достапни, но тоа информирање е неофицијално. 6.5 Формат и јазик Листите на регулирани штетни организми кои се ставени на располагање на Секретаријатот на ГРРС, како и одговорот на барањата од договорните страни, треба да се обезбедат на еден од петте официјални јазици на ФАО (според член Х.Х.Зс на |ГРРС, 1997 година). Листите на штетни организми може да се обезбедат по електронски пат или преку соодветно структуриран интернет портал, каде што договорната страна посочила дека ова е можно и соодветните организации можат да имаат ваков пристап и покажат подгот

Order on the implementation of international standard for guidelines on lists of regulated harmful organisms no. 19 · Nelum