Order on the implementation of international standard for guidelines during examination no. 23
Made 2011-07 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за насоки при преглед бр. 23.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Cultivated plants
- Keywords
- plant protection, hygiene/sanitary procedures, inspection, internal trade, international trade, pests/diseases, standards
- Categories
- *, agriculture
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ број 29/05, 81/08, 20/09, 57/10 и 17/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА НАСОКИ ПРИ ПРЕГЛЕД БР. 23 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за насоки при преглед бр. 25. Член 2 Во постапката за насоки при преглед може да се примени меѓународниот стандард за насоки при преглед бр. 23 кој е даден во Прилог ии е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 17-495/5 Министер за земјоделство, јули 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Прилог НАСОКИ ПРИ ПРЕГЛЕД Фитосанитарна мерка бр. 25 (2005) ОДОБРЕНО Овој стандард беше усвоен од страна на привремената комисија за фитосанитарни мерки во април 2005 година. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги опишува постапките за преглед на пратките на растенија, растителни производи и други објекти и предмети при увоз и извоз. Тој го утврдува упатството при преглед на пратката со фитосанитарните услови кои се базираат на визуелни прегледи, проверка на документи и проверка на идентитетот и интегритетот. ЛИТЕРАТУРА Систем за фитосертификација при извоз, 1997 година, !5РМ бр 7, ФАО, Рим. Речник на фитосанитарни термини, 2004 година, ГоРМ број 5, ФАО, Рим. Упатство за фитосанитарен увоз на регулаторен систем, 2004 година, Г5РМ бр 20, ФАО, Рим. Упатство за програми за уништување на штетни организми, 1998 година, Г5РМ бр 9, ФАО, Рим. Упатство за известување за неусогласеност и итна активност, 2001 г. ГОРМ број 15, ФАО, Рим. Упатство за листи на регулирани штетни организми, 2005. ГоРМ бр 19, ФАО, Рим. Упатство за фитосанитарни сертификати, 2001 година, Г5РМ број 12, ФАО, Рим. Меѓународна конвенција за заштита на растенијата, 1997 година, ФАО, Рим. Анализа на ризик на штетни организми за карантински штетни организми, вклучувајчи аначизи на еколошки ризици и генетски модифицирани организми, 2004. Г5РМ број 11, ФАО, Рим. Анализа на ризик на штетни организми за регулирани некарантински штетни организми, 2004. Г5РМ бр 21, ФАО, Рим. Фитосанитарни принципи за заштита на растенијата и примената на фитосанитарни мерки во меѓународната трговија, 1995 година, Г5РМ број 1, ФАО, Рим. Регулирани некарантински штетни организми: Концепт и примена, 2002 година, Г5РМ бр 16, ФАО, Рим. Употребата на вградени мерки во системи кои се достапни за управување со ризикот со штетни организми, 2002 година, Г5РМ број 14, ФАО, Рим. ДЕФИНИЦИИ Дефиниции за фитосанитарни термини користени во овој стандард можат да се најдат во /5РМ број 5 (Речник на фитосанитарни термини). ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ Фитосанитарниот инспектор има одговорност за преглед на пратки од растенија, растителни производи и други објекти и предмети кои се движат во меѓународен сообраќај со цел спречување на внесување и ширење на штетни организми (член .2с на !РРС, 1997). Фитосанитарниот инспектор ја утврдува усогласеноста на пратките со фитосанитарниот сертификат, врз основа на визуелен преглед за откривање на штетните организми. Резултатот од прегледот треба да му овозможи на фитосанитарниот инспектор да одлучи дали: да ја прифати пратката за внесување; да ја задржи пратката; да ја одбие пратката и по потреба да ја прати на понатамошна анализа. Фитосанитарниот инспектор треба да процени дали од пратките ќе се земаат примероци за анализа. Методологијата на земање примероци зависи од специфичноста на прегледот. УСЛОВИ 1. ОПШТИ УСЛОВИ Прегледот на пратки од растенија, растителни производи и други објекти и предмети кои се во меѓународна трговија како и прегледот на други регулирани производи со цел да се спречи внесување и ширење на штетни организми се одговорностите на фитосанитарниот инспектор (Член .2с на |!РРС, 1997). Пратките се состојат од еден или повеќе лота. Кога пратката се состои од повеќе лота, фитосанитарниот инспектор за да утврди усогласеност, треба да направи неколку посебни визуелни прегледи. Терминот „пратка“ при овој стандард се користи за индивидуалните лотови во пратката. 1.1. ЦЕЛ НА ПРЕГЛЕДОТ Целта на преглед на пратките е да се потврди усогласеноста со условите за увоз и извоз, кои се однесуваат на карантинските или некарантинските штетни организми. Тоа служи за да се потврди регуларноста и ефикасноста на останатите фитосанитарни мерки преземени претходно. Прегледот при извоз се користи поради сигурност, дека пратката ги исполнува дадените фитосанитарни услови на земјата-увозник за време на прегледот. Прегледот при извоз на пратката резултира со издавање на фитосанитарен сертификат со податоци за пратката. Прегледот при извоз се користи за да се потврди дека пратката одговара на одредените фитосанитарни услови на земјата увозник, при што се издава фитосанитарен сертификат. Прегледот при увоз се користи за да се потврди усогласеноста на пратката со фитосанитарниот сертификат за увоз. Исто така, со прегледот треба да се изврши откривање на штетни организми чиј ризик се уште не е утврден. Земање на примероци за лабораториски испитувања за утврдување на идентитетот на штетните организми треба да се спроведе според соодветна процедура. 1.2. УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЧНИ ПОСТАПКИ ПРИ ПРЕГЛЕД Кога не е возможен детален преглед на целата пратка, фитосанитарниот инспектор треба да зема примероци. Со вршење на преглед можно е откривање на штетни организми како и степенот на нивното присуство, и тоа се заснова на следните претпоставки: внесување на штетни организми со симптоми што се визуелно забележливи; оперативниот преглед да е практичени веројатност дека некои од штетните организми не можат да се препознаат. При визуелниот преглед постои веројатност одделни штетни организми да не бидат откриени, затоа што не можат 10096 визуелно да се откријат, поради што прегледот се базира на земање примероци од пратката или лотот. Кога прегледот се користи за процена на ризик, постои веројатност да не се открие штетниот организам, кој е присутен во пратката или лотот. Количината на примероци за анализа се базира врз основа на одредени специфични штетни организми поврзани со специфични пратки. Примероците потешко се утврдуваат во случаи кога прегледот на пратките е насочен кон неколку или повеќе штетни организми. 1.3. ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРЕГЛЕД Фитосанитарниот инспектор е одговорен за прегледот. Прегледите се самостојни или се под контрола на Фитосанитарната управа. (5.1. Г5РМ број 7: Систем за фитосертификација при извоз и делот 51 и 5.2 на ГБРМ бр 20: Упатства за фитосанитарен увоз на регулаторен систем, членовите М.2а, УМ В..2 и У.2а на РРС,1997). 1.4. УСЛОВИ НА ФИТОСАНИТАРНИТЕ ИНСПЕКТОРИ Како овластени службени лица или претставници од Фитосанитарната управа, фитосанитарните инспектори, треба да имаат: овластување и одговорност за непречено да ги извршуваат своите задачи и постапки; стручни квалификации и способности за откривање на штетни организми; знаење и способност за идентификација на штетни организми, растенија, растителни производи и други објекти и предмети; располагање со соодветни објекти, алати и опрема; писмени насоки (правилници, упатствата, листа на штетни организми и др.); познавање на легислативата и работата на другите земји и објективност и непристрасност. Фитосанитарниот инспектор е овластен да изврши увид на пратките заради: усогласување со одредени услови за увоз или извоз; утврдување на регулирани штетни организми и утврдување на штетни организми за кои се уште не е утврден фитосанитарен ризик. 1.5. ДРУГИ ОДГОВОРНОСТИ НА ФИТОСАНИТАРНИОТ ИНСПЕКТОР Одлуката за користење на прегледот како фитосанитарна мерка, вклучува одговорност за многу фактори, особено фитосанитарните услови на земјата-увозник, како и присуството на штетни организми. Други фактори кои го условуваат прегледот треба да содржат: мерки за подобрување, преземени од страна на земјата-извозник; други мерки кои може да се комбинираат со прегледот како мерка; вид на пратката и нејзина намена; место на производство; големина и состав на пратката; обем, зачестеност и време на испорака; потекло и доставувач; средства за превоз и пакување; достапни финансиски и технички ресурси, вклучувајќи и дијагностички можности; претходни постапки за преработка; земање карактеристични примероци кои се потребни за постигнување на целите на прегледот; штетни организми кои тешко се откриваат кај одредена пратка; искуство и резултатите од претходните контроли; привремен карактер на пратката (член УИ.2е на !РРС,1997) и ефикасност на контролната постапка. 1.6. ПРЕГЛЕД НА ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ И ПРОЦЕНА НА РИЗИКОТ Процената на ризик на штетни организми (РВА) ја дава основата за техничка оправданост на фитосанитарните услови за увоз. Процената на ризик на штетни организми обезбедува услови за промена на листите на штетните организми кои ги условуваат фитосанитарните меркии ги идентификуваат производите кои се предмет на прегледот со соодветна контрола. Ако за време на прегледот се откријат нови штетни организми, треба да се преземат итни соодветни активности. После тоа со процена на ризикот на штетни организми треба да се изврши оценување на овие штетни организми и давање на соодветни препораки за идни активности. Прегледот се користи како опција за управување со ризикот и основа за донесување на фитосанитарни одлуки. При тоа треба да се внимава на техничките и оперативните фактори, поврзани со одреден вид и степен на прегледот. Со таа проверка може да се откријат одредени регулирани штетни организми на очекуваното ниво и сигурност, во зависност од ризикот поврзан со нив (Ј5РМ број!1: Анализа на ризикот на штетни организми како карантински штетни организми, вклучувајќи анализа на ризик по животната средина и генетски модифицирани организми, 2004 и Г5РМ бр 21: анализа на ризикот на штетни организми за регулирани некарантински штетни организми). 2. ПОСЕБНИ УСЛОВИ Техничките услови за преглед вклучуваат три одделни компоненти кои треба да бидат спроведени, со цел да се обезбеди техничка коректност и оперативна практичност. Тие компоненти се: преглед на документи поврзани со пратката; потврдување на идентитетот и интегритетот на пратката и визуелна проверка на пратката од штетни организми и други фитосанитарни услови (да нема присуство на почва). Одредените начини на прегледи се разликуваат во зависност од намената (увоз, извоз или управување со ризик). 21.ПРЕГЛЕД НА ДОКУМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО ПРАТКАТА При увоз или извоз документите се прегледуваат за да се осигури дека тие се: комплетни; усогласени; точнии валидни и непроменети (1.4 од Г5РМ број 12: Упатства за фитосанитарни сертификати). Документи кои може да бидат поврзани со сертификацијата за увоз-извоз вклучуваат: фитосанитарен сертификат, фитосанитарен сертификат за ре-експорт; манифест (сметки и фактури); дозвола за увоз; документ за третирана и обележана пратка или други индикатори на третман (5РМ број 15: Упатства за регулирање на дрвен материјал за пакување во меѓународната трговија); потврда за потекло; теренски инспекциски извештаи; производител / евиденција на пакувањето; програмата за сертификација на документи (програма за сертификација на семенски компир, документација на слободна зона од штетни организми); записник за извршен преглед; комерцијални фактури и лабораториски извештаи. При увоз-извоз на пратки прво треба да се врши преглед на документите, а потоа се врши преглед на пратката. 2.2. ПОТВРДУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТ И ИНТЕГРИТЕТ НА ПРАТКАТА Потврдување на идентитетот и интегритетот на пратката е проверка на документите за да се потврди дека пратката е веродостојна на документот. При потврдување на идентитетот се потврдува дека видот на растенијата, растителните производи или видови е во согласност со издадениот фитосанитарен сертификат. Потврдувањето на интегритетот ја потврдува состојбата и количината на пратката содржана во издадениот фитосанитрен сертификат. При тоа треба физички преглед на пратката за потврдување на идентитетот и интегритетот, вклучувајќи и проверка на печатот, безбедносните услови, како и други релевантни физички аспекти на пратката за да се потврди фитосанитарната исправност. Зависно од степенот и природата на проблемот, ќе се преземат и соодветни мерки. 2.3. ВИЗУЕЛНО ИСПИТУВАЊЕ Визуелното испитување е откривање и проверка на присуство на штетни организми во согласност со фитосанитарните услови. 2.5.1. ШТЕТНИ ОРГАНИЗМИ Се зема еден примерок од пратките/ лотовите за утврдување на присутво на штетните организми и дали го надминуваат одреденото ниво. Способноста за да се открие присуството на регулирани штетни организми на адекватен начин со очекувано ниво на точност, условено е од практични и статистички согледувања (како веројатноста за откривање на штетни организми, нивен интензитет, степен на точност, големината на примерокот и зачестеност на преглед, (5РМ за земање на примероци-фаза на развој). Ако целта на прегледот е откривање на определени регулирани штетни организми за да се исполнат фитосанитарните услови за увоз, тогаш методот на земање мостри треба да се базира на веројатноста за откривање на штетни организми што ги задоволува соодветните фитосанитарни услови. Ако целта на прегледот е проверка на општата фитосанитарна состојба на пратката / лотот, како на пример во случај кога: не се идентификувани специфични регулирани штетни организми; не е идентификувано штетно ниво на специфични регулирани штетни организми и има неуспех на фитосанитарните мерки, целта е да се откријат штетни организми. Тогаш методот за земање примероци треба да се базира на транспарентни технички и оперативни критериуми и треба доследно да се применува (РМ бр 20: Упатства за фитосанитарен увоз на регулаторен систем). 2.3.2. УСОГЛАСЕНОСТ НА ФИТОСАНИТАРНИТЕ УСЛОВИ Прегледот треба да се користи за да се потврди усогласеноста со некои фитосанитарни услови. Тоа вклучува: третман; степен на обработка; незагаденост (лисја, растенија, почва); фаза на раст, сорта, боја, возраст, степен на зрелост и др.; отсуство на непожелни растенија, растителни производи и други објекти и предмети; пратка за пакување и транспортни барања; потекло на пратките/ лотови и место на влез. 2.4. МЕТОДИ НА ПРЕГЛЕД Методот на преглед треба да биде проектиран за да се откријат одредени штетни организми на регулирана пратка што се проверува или да се користи за општ фитосанитарен преглед на штетни организми за кој не е утврден фитосанитарен ризик. Фитосанитарниот инспектор визуелно прегледува еден примерок за откривање на штетни организми во примерокот кој ја претставува целата пратка. Доколку не се откријат други штетни организми прегледот треба да заврши. Дополнителни примероци треба да се земат, доколку Фитосанитарниот инспектор располага со дополнителни информации во врска со штетните организми на пратката (ако штетните организми не се приметуваат, но има знации симптоми). Фитосанитарниот инспектор треба да има расположива опрема и алат, кои треба да ги користи при постапката на преглед. Напоменуваме дека: кога постои причина, испитувањето на примерокот треба веднаш да се изврши, примерокот ја претставува пратката/ лотот; треба да се пратат и применуваат современите технички достигнувања; воспоставени се процедури за да се обезбеди независност, интегритет, следливост и безбедност на примероците за секоја пратка и резултатите од контролата се документираат. Процедурите на преглед треба да бидат во согласност со процена на ризик и доследно да се применуваат. 2.5. РЕЗУЛТАТИ ОД ПРЕГЛЕД Резултатот од прегледот на пратката, придонесува да се одлучи дали пратката одговара на фитосанитарните услови. Ако фитосанитарните услови се исполнети, пратките за извоз треба да бидат обезбедени со соодветни сертификати. Ако фитосанитарните услови не се исполнети, се преземаат натамошни дејствија. Овие активности се утврдуваат според природата на наодите (Акции за неусогласеност во детали се опишани во |Г5РМ бр 20 (Упатство за фитосанитарен увозен регулативен систем), оддел 5.1.6). Во случаи кога има присуство на штетни организми, нивни знаци или симптоми, треба да се направи идентификација или лабораториска анализа од страна на овластено стручно лице. Со тоа се одлучува дека се потребни итни мерки за пронајдените нови или претходно непознати штетни организми. Се прави систем за адекватно документирање и одржување на примероците кои требаат да обезбедат повратни информации за соодветните пратки. Во случаи на повторно непочитување на останатите активности, тогаш треба да се зголеми интензитетот и зачестеноста на прегледите за одредени пратки. Кога во пратките за увоз се откриени штетни организми, извештајот од фитосанитарниот инспектор треба да биде доволно јасен за да се овозможи потполна информација за непочитувањето (ОРМ број 13: Упатства за известување за неусогласеност и итни акција). 2.6. СИСТЕМ ЗА ПРЕГЛЕД НА ФИТОСАНИТАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА Фитосанитарната управа треба да спроведува периодични прегледи на увозните и извозните системи на фитосанитарната инспекција за да ја провери нивната функционалност И да се преземат соодветни мерки. Ревизиите треба да се спроведуваат со цел да се провери ефикасноста на системот за фитосанитарна инспекција. Дополнителна ревизија е дозволена. 2.7. ТРАНСПАРЕНТНОСТ Како дел од процесот на проверка, информациите во врска со процедурите за преглед на пратката треба да бидат документирани и достапни, по барање на засегнатите страни, поради транспарентност Џ5РМ број 1: Фитосанитарни принципи за заштита на растенијата и примената на фитосанитарни мерки во меѓународната трговија). Оваа информација може да биде дел од билатералните договори за покривање на фитосанитарните аспекти на трговијата со производи.