Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Order on the implementation of international standard for phytosanitary certificate guidelines no. 12

Made 2011-07 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Наредба за спроведување на меѓународниот стандард за насоки за фитосанитарен сертификат бр. 12.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
plant protection, certification, international trade, pests/diseases, procedural matters
Categories
*, agriculture

Where to read it

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69, алинеја 2 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ број 29/05, 81/08, 20/09, 57/10 и 17/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕ УНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА НАСОКИ ЗА ФИТОСАНИТАРЕН СЕРТИФИКАТ БР. 12 Член 1 Со оваа наредба се пропишува начинот на спроведување на меѓународниот стандард за насоки за фитосанитарен сертификат бр.12. Член 2 Во постапката за насоки за фитосанитарен сертификат може да се примени меѓународниот стандард за насоки за фитосанитарен сертификат бр.12 кој е даден во Прилог и е составен дел на оваа наредба. Член 5 Оваа наредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-474/4 Министер за земјоделство, јули 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Прилог НАСОКИ ЗА ФИТОСАНИТАРЕН СЕРТИФИКАТ Фитосанитарна мерка бр. 12 (2001) ОДОБРЕНО Овој стандард е усвоен од страна на привремената комисија за фитосанитарни мерки во април 2001 година. ВОВЕД ПРЕДМЕТ Овој стандард ги опишува принципите и насоките за припрема и издавање на фитосанитарен сертификат и фитосанитарен сертификат за ре-експорт. ЛИТЕРАТУРА Систем за сертификација при извоз 1997, РМ Број 7, ФАО, РИМ; Речник на фитосанитарни термини,1999, Г5РМ Број 5, ФАО, РИМ; Нов пречистен текст на |РРС, 1997, ФАО, РИМ; Барања за утврдување на места за производство слободни од штетни организми и производствени погони ослободени од штетни организми, 1999, Г5РМ Број 10, ФАО, РИМ; ДЕФИНИЦИИ Дефиниции за фитосанитарни термини користени во овој стандард можат да се најдат во /5РМ Број 5 (Речник на фитосанитарни термини). УСЛОВИ Овој стандард опишува принципи и упатства за да и помогне на Националната Организација за Заштита на Растенијата (МРРО) при изготвување и издавање на фитосанитарен сертификат и фитосанитарен сертификат за ре-експорт. УСЛОВИ ЗА ФИТОСАНИТАРЕН СЕРТИФИКАТ 1. Општи согледувања Член У. 2а од !РРС (1997) наведува дека: „Инспекција и други слични активности кои водат кон издавање на фитосанитарен сертификат треба да бидат извршени само од страна на или под овластување на официјалната национална организација за заштита на растенијата. Издавањето на фитосанитарни сертификати ќе се врши од страна на државни службеници кои се технички квалификувани и овластени од страна на официјалната национална организација за заштита на растенијата, тие дејствуваат во нејзино име и под нејзина контрола, со потребните знаења и информации, земјата увозник да го прифати фитосанитарниот сертификат, како сигурен документ“ (Да се види исто така РМ Бр. 7: Систем за сертификација при извоз). Член М. 3 гласи: „Секоја договорна страна се обврзува да не бара пратките на растенија или растителни производи или други регулирани делови увезени во своите територии да бидат придружени со фитосанитарен сертификат во согласност со утврдените модели во Анексот на оваа Конвенција. Сите барања за дополнителна декларација ќе бидат ограничени на оние кои се технички оправдани". Со усвојувањето на |РРС (1997), јасно е дека државните службеници кои се технички квалификувани и овластени од Националната организација за заштита на растенијата, вклучуваат и овластени лица од националната организација за заштита на растенијата. „Државни службеници“ во овој контекст значи вработени во државната администрација а не во приватниот сектор. „Вклучените овластени лица“ од Националната организација за заштита на растенијата, значи дека службениците можат но не мора да бидат директно вработен од страна на МРРО. 1.1. Цел на фитосанитарниот сертификат Фитосанитарните сертификати се издаваат за да се докаже дека пратките на растенија, растителни производи и други објекти и предмети ги исполнуваат определените фитосанитарни услови за увоз и се во согласност со декларираното на соодветниот модел на сертификат. Фитосанитарниот сертификат треба да биде издаден само за оваа цел. Сертификатот - модел дава стандарден текст и формат кои треба да се почитува при изготвување на официјалниот фитосанитарен сертификат. Ова е неопходно за полесно да се потврди валидноста на документите, да се лесно препознатливи и дека е внесена значајната информација. Земјата-увозник треба да бара фитосанитарен сертификат само за одредени производи наведени во Листа М дел Б. Овде се вклучени производите: растенија, расад, луковици, клубени, семе за сеење, овошје и зеленчук, режано цвеќе, гранчиња и житарици. Фитосанитарниот сертификат може да се користи за одредени растителни производи (дрво и памук) кои се преработени во производи каде и по нивната преработка постои опасност од внесување на одредени штетни организми. Фитосанитарниот сертификат може да се користи и за други производи, каде што фитосанитарните мерки се технички оправдани (празни контејнери, возила и организми). Земјите-увозници не треба да бараат фитосанитарен сертификат за растителни производи кои се преработени на таков начин така да нема опасност од внесување одредени штетни организми. Националните организации за заштита на растенијата треба билатерално да се договорат доколку постојат разлики меѓу ставовите на земјата-увозник и земјата-извозник во однос на оправданоста за барање на фитосанитарен сертификат. Промените кои се однесуваат на барањата на фитосанитарен сертификат треба да ги почитуваат принципите на транспарентност и недискриминација. 1.2. Начин на издавање Фитосанитарниот сертификат е оригинален документ издаден од страна на фитосанитарниот инспектор или под одредедени околности е заверена копија, која ја придружува пратката и се покажува на фитосанитарниот инспектор при пристигнување во земјата-увозник. Електронскиот сертификат може да се користи само под следниве услови: начинот на издавање и безбедноста се прифатливи од страна на земјите-увозници; дадената информација е во согласност со соодветниот модел; идентитетот на органот кој го издава треба да биде јасно утврдени целта на сертификацијата да е реализирана според !РРС. 1.3. Прилози Официјалните прилози на фитосанитарниот сертификат треба да бидат ограничени кога бараните информации за комплетирање на сертификатот го надминуваат достапниот простор на сертификатот(видете точка 2). Сите прилози кои содржат фитосанитарни информации треба да имаат фитосанитарен број на сертификатот и да бидат датирани, потпишани и печатирани исто како и фитосанитарниот сертификат. Фитосанитарниот сертификат треба да укаже, во соодветните делови, дека информацијата која припаѓа во тој дел е содржана во прилогот. Прилогот не треба да содржи информации кои не се потребни, иако има доволно простор на истиот. 1.4. Неприфатливи сертификати Земјите-увозници не треба да прифатат фитосанитарни сертификати за кои утврдиле дека не се валидни. Фитосанитарните инспектори кои ги издаваат, треба да бидат информирани за неприфатливите или сомнителните документи (види (5РМ Бр.13: Упатства за известување за неусогласеност и итни акции). Фитосанитарната инспекција на земјата-извозник е обврзана да преземе соодветни мерки за безбедност на фитосанитарниот систем, со цел да се осигури висок степен на сигурност при издавањето на фитосанитарниот сертификат. 1.44. Невалидни фитосанитарни сертификати Причините за неприфаќањето или барањето на „дополнителни информации за фитосанитарниот сертификат се: нечитливост; некомплетност; рокот на важење е поминат или не се поклопува; неовластено бришење или корекција; контрадикторни или недоследни информации; употребен текст кој не е во согласност со моделот на сертификатот; фитосертификација на забранети производи и незаверени копии. 1.4.2. Лажни сертификати Лажни сертификати се, оние кои: не се издадени од страна на фитосанитарната инспекција; се издадени во форми кои не се изработени од страна на Фитосанитарната управа; се издадени од страна на лица, организации или други субјекти кои не се овластени од Фитосанитарната управа и содржат погрешни или лажни информации. 1.5. Услови од страна на земјите-увозници во однос на подготовка и издавање на фитосанитарни сертификати Земјите-увозници поставуваат услови при подготвување и издавање на фитосанитарен сертификат. Тоа вклучува: Јазик - земјите можат да побараат сертификатот да биде пополнет на одреден јазик или на еден јазик од листата на јазиците. На земјите им се сугерира да користат еден јазик од официјалните јазици на ФАО. Рок на важење - земјите-увозници можат да го одредат дозволениот рок за негово издавање по прегледот и испраќањето на пратката од земјата на потекло и важноста на самиот сертификат. Комплетност - земјите можат да побараат фитосанитарниот сертификат да биде пополнет со внесување на печатни, ракописни или пак напишани читливи големи букви. Мерни единици - земјите можат да побараат описот на пратката и декларираната количина да бидат направени во одредени мерни единици. 2. Упатства и посебни принципи за припрема и издавање на фитосанитарен сертификат Фитосанитарниот сертификат и фитосанитарниот сертификат за реекспорт треба да содржат информации кои се однесуваат исклучиво само на фитосанитарните прашања. Тие не треба да вклучуваат изјави за веќе исполнети барања и да не вклучуваат референци кои се однесуваат на: здравјето човекот и животните, резидуи, радиоактивност или комерцијални информации. За да се спои фитосанитарниот сертификат со документите кои не се поврзани со фитосанитарниот сертификат (акредитиви, меници, СТЕ5 сертификат), може да се прикачи белешка на фитосанитарниот сертификат, која ќе го поврзе истиот со идентификацискиот број, симболот или бројот на релевантниот документ. Таквата белешка треба да биде прикачена само кога е неопходно и не треба да се смета како официјален дел на фитосанитарниот сертификат. Сите компоненти на фитосанитарниот сертификат и фитосанитарниот сертификат за реекспорт треба бидат комплетирани. Во просторот каде што нема ништо внесено, треба да се напише „ ништо“ или просторот да се прецрта, како би се спречило злоупотреба. 2.1. Начин на пополнување на фитосанитарен сертификат Пополнувањето на фитосанитарниот сертификат е објаснето подолу: Бр. Простор за идентификацискиот број на сертификатот. Тој е единствен број, поврзан со системот за идентификација, кој преку евидентирањето овозможува следење и контрола. Организација за заштита на растенијата на: Простор за името на официјалната организација и името на земјата која го издала сертификатот. Тука може да биде додадено и името на Националната организација за заштита на растенијата, ако не е дел од печатената форма. ДО: Организација/и за заштита на растенијата на: Простор за името на земјата увозник. Во случаи кога пратката транзитира низ земја која има посебни барања за транзит, вклучувајќи и потреба од фитосанитарен сертификат, можат да бидат внесени и имињата на двете земји-увозници, како и земјата на транзит. При тоа да се внимава дали се исполнети и соодветно означени прописите за увоз и/или транзит на секоја од земјите. Во случаи кога пратката е увезена и ре-експортирана во друга земја, имињата на двете земји увознички треба да бидат внесени, под услов да се исполнети прописите за увоз на двете земји. Дел |. Опис на пратката Имеи адреса на извозникот: Оваа информација го идентификува потеклото на пратката, за да се олесни следењето и контролата на земјата извозник од страна на фитосанитарниот инспектор. Името и адресата треба да бидат лоцирани во земјата извозник. Кога извозник е интернационална компанија со странска адреса, тогаш се користи името и адресата на локалниот агент-извозник или превозникот. Декларирано име и адреса на примачот: Ова е место заимеи адресаи треба дае доволно јасно за да се овозможи на фитосанитарниот инспектор на земјата увозник да го потврди идентитетот на примачот. Земјата-увозник може да побара адресата да биде точно лоцирана. Број и опис на пакетите: Овој дел треба да содржи доволно податоци кои ќе овозможат на фитосанитарниот инспектор на земјата увозник полесна идентификација на пратката, нејзините составни делови и да ја потврди нејзината големина, ако е неопходно. Броевите на контејнерите или вагоните се значајни при опис на пакетите и доколку ги има, треба да бидат внесени. Знаци за распознавање:. Знаците за распознавање треба да бидат наведени на ова место на фитосанитарниот сертификат или на печатираниот и потпишан прилог на сертификатот. Знаците за распознавање на кесите, картоните или контејнерите треба да се земат во предвид, само кога истите помагаат за идентификација на пратката. Каде што нема ништо да се пополни, треба да биде внесен терминот „ништо“ или линијата треба да биде прецртана, за да се избегне злоупотреба. Место на потекло:. Се однесува за местото каде што пратката го добила својот фитосанитарен статус, односно каде што била изложена на можни напади од штетни организми. Тоа е местото каде што производот е одгледуван. Ако производот се складира или преместува, неговиот фитосанитарен статус може да се промени, како последица од неговата нова локација. Во такви случаи новата локација може да се смета како место на потекло. Во одредени околности производот може да добие фитосанитарен статус од повеќе места. Во случаи кога се инволвирани штетни организми од едно или повеќе места, фитосанитарната инспекција треба да одлучи кое место односно места на потекло најточно ја опишуваат фактичката ситуација според која производот го добил фитосанитарниот статус и тогаш секое место треба да биде пријавено. При исклучителни случаи, при пратки со мешани семиња со повеќе од една земја на потекло, неопходно е да се укаже на тоа. Земјите можат да побараат лоцираност на „слободни зони“, односно места на производства ослободени од штетни организми и да бидат прецизно лоцирани тука. Во секој случај треба да биде назначена земјата на потекло. Пријавени средства за превоз: Треба да се користат термините: бродски, со авио-превоз, по копно, со железница, преку пошта или преку патник. Името на бродот, патничкиот број или бројот на авионскиот лет треба да бидат внесени доколку се познати. Пријавени места за влез: Ова е првата точка на пристигнување во земјата-увозник, истата треба да е наведена на листата од повеќе земји во делот „ ДО“. Местото на влез, во земјата која е последна дестинација, треба да биде внесено во листата само по потреба, кога пратката транзитира низ други земји. Местата на влез на земјата транзит и земјата која е последна дестинација треба да бидат наведени на листата на земји, во делот „ До“. Име на производот и пријавената количина: Информацијата треба да го опише производот (класа на производот: овошје, растенија наменати за садење и др.) и количината да биде точно изразена за да им овозможи на фитосанитарните инспектори на земјата увозник потврдување на пратката. Меѓународните кодови можат да се користат за полесна идентификација, а кога е потребно треба да се користат и меѓународно признатите единици и термини. Различни фитосанитарни барања можат да бидат применети при различни цели (за употреба или размножување) или состојбата на производот (во свежа или сува). Треба да биде прецизирана крајната намена на производот или состојбата. Записите не требаат да се однесуваат на трговските марки, големината или други комерцијални термини. Ботаничко име на растенијата: Тука треба да стои латинското име на родот по можност и видот на растението. Во одредени случаи кога не е возможно да се определи ботаничкиот опис на одредени производи, Националните организации за заштита на растенијата на земјите треба билатерално да се договорат за заедничко име. Во спротивно треба да се користи терминот „ Не е применливо“ или скратено „ Н/ П“. Изјава за потврдување: Се потврдува дека растенијата, растителните производи и други објекти и предмети биле прегледани или тестирани според соодветни пропишани процедури и се сметаат дека се слободни од карантински штетни организми прецизирани од страна на земјата увозник и се во согласност со моменталните фитосанитарни услови на земјата увозник, вклучувајќи ги и оние за регуларни некарантински штетни организми. Тие можат да се сметаат за слободни од други штетни организми: кога постојат одредени барања при увоз и се прецизирани карантинските штетни организми, фитосертификатот се користи за да ја потврди усогласеноста со прописите и барањата на земјата увозник; кога барањата на земјата увозник не се прецизирани и карантинските штетни организми не се одредени, земјата извозник може да потврди за било кој штетен организам дека е предмет на грижа и земјата извозник може да ја вклучи условната клаузула на нивниот фитосертификат или не. Соодветните процедури - се однесуваат на постапките кои се извршени од Фитосанитарната управа или фитосанитарниот инспектор за потребите на фитосанитарната сертификација. Истите треба да бидат во согласност со Меѓународните стандарди за фитосанитарни мерки. Процедурите ќе бидат прецизирани од страна на Националната организација за заштита на растенијата на земјата увозник, во случаи кога меѓународните фитосанитарни мерки не се применуваат. Слободни од карантински штетни организми - се однесува на отсуство на штетни организми изразено во бројки или количини кои можат да се детектираат при примена на фитосанитарните процедури. Наведеното, не треба да се прифати како апсолутно слободни во сите случаи, туку се смета дека карантинските штетни организми не се присутни врз основа на применетите процедури за нивно откривање и елиминирање. Во одредени случаи, фитосанитарните процедури можат да бидат несигурни или променливи и да вклучуваат веројатност дека штетните организми нема да бидат откриени и елиминирани. Оваа несигурност и променливост треба да биде земена во предвид при определување на соодветните процедури. Фитосанитарни услови - се официјално пропишани услови кои треба да бидат исполнети за да се спречи внесување и ширење на штетните организми. Фитосанитарните услови треба да бидат однапред наведени во законодавството, регулативите или на други места (дозволи за увоз, билатерални договори или аранжмани) на земјата увозник. Договорни страни - се државите членки на |РРС, вклучувајќи ги и членките на Времената Комисија за фитосанитарни мерки. Дел 1. Дополнителна изјава Дополнителна изјава треба да биде онаа информација која ја бара земјата увозника не е забележана на фитосертификатот и истата треба да биде кратка и концизна. Текстот на дополнителната изјава може да биде прецизиран во фитосанитарните прописи, увозните дозволи или билатералните договори. Дел |. Дезинфекција и дезинфекциско третирање Третирањата кои се наведени треба да бидат прифатливи за земјата увозник. Тие се изведуваат во земјата извозник или земјата каде што транзитира производот. Целта е исполнување на фитосанитарните услови на земјата увозник. Тука се вклучени девитализациските и семенските третмани. Печат на организацијата Официјалниот печат е знак за идентификација на органот што го издава, истиот може да биде испечатен или додаден од страна на овластеното лице, по комплетирање на неговата форма. Треба да се внимава печатот да не прикрие важни информации. Име на овластеното лице, дата и потпис Името на овластеното лице е внесено или рачно напишано со читливи големи букви. Датата да е внесена или рачно напишана со читливи големи букви. Кратенки можат да се користат само за да се прецизираат месеците, така да не доаѓа до забуна за денот, месецот и годината. Иако некои делови од фитосертификатот можат да бидат комплетирани однапред, датумот на издавањето треба да одговара со датумот на потпишувањето. Датумот на фитосертификатот не треба да биде внесен порано или подоцна или сертификатот да биде издаден по испорака на пратката, освен ако тоа не е претходно билатерално договорено. Националната организација за заштита на растенијата на земјата извозник е надлежна да ја потврди автентичноста на потписите на фитосанитарните инспектори, по потреба. Изјава за финансиски обврски Внесувањето на изјавата за финансиски обврски во фитосанитарниот сертификат не е задолжителна. 5. Посебни принципи и упатства за подготвување и издавање на фитосанитарен сертификат за реекспорт Содржината на фитосанитарниот сертификат за реекспорт е иста како и кај фитосанитарниот сертификат, освен во делот кој ја покрива сертификацијата. Во овој дел, Фитосанитарната управа укажува на означување во соодветните полиња, дали сертификатот е придружен со оригиналниот фитосанитарен сертификат или со неговата заверена копија, дали пратката била препакувана или не, дали контејнерите се оригинални или заменети и дали бил направен дополнителен преглед. Ако пратката е поделена и поделените пратки се извезуваат посебно, тогаш фитосанитарниот сертификат за реекспорт и заверената копија од оригиналниот сертификат ќе треба да ја придружуваат таквата пратка. 5.1. Услови за издавање на фитосанитарен сертификат за реекспорт Кога пратката е увезена а потоа извезена, фитосанитарниот инспектор треба да издаде фитосанитарен сертификат за реекспорт. Фитосанитарниот инспектор треба да издаде само сертификат за извоз на увезената пратка ако се исполнети прописите на земјата увозник. Сертификат за реекспорт може да се издаде и ако пратката била складирана, разделена, препакувана или комбинирана со други пратки, но под услов да не била во контакт со штетни организми. Оригиналниот фитосанитарен сертификат или неговата заверена копија треба да ја придружува пратката. 5.2. Услови за издавање на фитосанитарен сертификат за увезена пратка Фитосанитарниот инспектор треба да издаде фитосанитарен сертификат, а не фитосанитарен сертификат за ре-експорт доколку пратката: била изложена на напад и зараза од штетни организми; го изгубила својот интегритет или идентитет и била преработена, со што се променила нејзината природа. Ако фитосанитарниот инспектор процени за исполнување на условите на земјата увозник, тогаш земјата на потекло треба да биде внесена во фитосанитарниот сертификат. Во случај кога производот е одгледуван одредено време (еден вегетациски циклус) може да се смета дека производот ја променил земјата на потекло. 5.5. Транзит Доколку пратката не е увезена, туку транзитира низ земјата без да биде во контакт со штетни организми, фитосанитарниот инспектор не издава фитосанитарен сертификат или фитосанитарен сертификат за ре-експорт. Ако пратката била во контакт со штетни организми, фитосанитарниот инспектор треба да издаде фитосанитарен сертификат. Ако пратката била разделена, препакувана или помешана со други пратки, фитосанитарниот инспектор

Order on the implementation of international standard for phytosanitary certificate guidelines no. 12 · Nelum