Methodology for the content and manner of risk assessment and protection and rescue planning
Made 2006-06-19 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Методологија за содржината и начинот на проценување на опасностите и планирање на заштитата и спасувањето.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Other
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- General
- Keywords
- hazards, risk assessment/management, public health, animal health, policy/planning, early warning system, flood, local government, pests/diseases
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
1. Општите карактеристики на територијата или подрачјето опфаќаат: - географска положба и големина на територијата или подрачјето, - рељефот и пошуменоста, - основните карактеристики на земјиштето, - климатските услови, - хидрографската мрежа, - број и големината на населбите, - урбаната структура на населбите, - број и структура на населението вкупно и по населби, 1 - видот и количината на атмосферските врнежи, - стопанската развиеност, - патната мрежа по видовите на патишта и др. Во општите карактеристики на трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби се обработуваат: - дејноста и нејзиното влијание на можноста за предизвикување на природните непого- ди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, - влијанието на несреќите и непогодите во обавувањето на дејноста, - податоци за капацитетите на стопанските субјекти, - густината на изграденост на стопанските и други објекти и нивната карактеристика од важност за заштитата од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, - сообраќајната инфраструктура, - бројот на вработените. Општите карактеристики на територијата или подрачјето се обработуваат за секоја природна непогода, епидемија, епизотија, епифитотија и друга несреќа посебно.
2. Процената по мерките за заштита и спасување опфаќа: 2.1. Евакуација - процена на бројот на населението кое подлежи на евакуацијата, - определување на населени места во кои се врши евакуација и во кои се врши прифат на евакуирано население, нумерички показатели, - процена на потребата за уредување на реоните и објектите предвидени за прифат на евакуираното население, - утврдувањето на видот, и начинот на превоз, на населението предвидено за евакуаци- ја. - процена на потребите за ангажирање на органите на државната управа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби во евакуацијата и прифатот на населе- нието. 2.2. Засолнување на населението и материјалните добра - процена на потребите за засолнување (основна и дополнителна заштита), - број и состојба на постоечките засолништа, - проценување на степенот за заштита по реоните во однос на процените на видот и степенот на загрозеност, - согледување на можностите на постоечките засолништа, и можностите за прилагоду- вање на објектите за засолнување и заштита, - можните носители во реализацијата на мерката засолнување на населението и матери- јалните добра и друго. 2.3. Згрижување на настраданото и загрозеното население - процена на бројот на настраданото и загрозеното население од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, - утврдување на можностите за згрижување во објектите предвидени за сместување, ис- храна и лекување, - определување на носителите, условите и објектите за згрижување на загрозените и на- страданите, - згрижување на населението од карантински болести. 2.4. Радиолошка, хемиска и биолошка заштита - процена на можностите од радиолошко, хемиска и биолошка заштита на: населението, храната, водата, добитокот, објектите, материјално-техничките средства и површините, - проценување на степенот на обученост на населението, 2 - подготвеност на силите за заштита и спасување за реализацијата на мерките за ради- олошко, хемиска и биолошка заштита, - обезбеденост со средства за радиолошко, хемиска и биолошка заштита, за колективна и лична заштита, - процена на влијанието на одделни фактори и нивното значење во однос на организи- рањето и спроведувањето на радиолошко, хемиска и биолошка заштита, - можности за ангажирање на стручни, односно специјализирани органи и институции во радиолошко, хемиска и биолошка заштита, - процена на можности за спроведување на детекција и дозиметрија, - процена на можност за спроведување на деконтаминацијата, - можности за користење на месни и прирачни средства за радиолошко, хемиска и био- лошка заштита. 2.5. Заштита и спасување од урнатини - процена на загрозеноста на луѓето и објектите од уривање и затрупување, - организација на силите за спасување од урнатините, - оспособеност и опременост на републичките и просторните единици за заштита и спа- сување, - начин на организацијата и спроведување на мерките за заштита и спасување од урна- тини, - сеизмички карактеристики на територијата според зоните од сеизмичката карта, - интензитетот на можните земјотреси, - загрозеноста на населбите и градежните објекти во однос на проценетиот интензитет на земјотресите (тип на населба, вид на објекти и материјали, конструктивни системи на изградба и друго), - процена на последиците од евентуални земјотреси, според сеизмичките зони за стам- бените, јавните, индустриските и други објекти со нумерички податоци за бројот на нео- штетени, лесно оштетени, тешко оштетени и урнати објекти, - можен број на повредени и загинати по реоните во однос на бројот на жителите. 2.6. Заштита и спасување од поплави - преглед на водотеците, езерата и хидро акумулациите кои можат да бидат причина за предизвикување поплави, - хидрометеоролошките услови за прогласување непогода (водостој, врнежи, состојба со снегот, и сл), - функционалност и степен на изграденост на заштитата на водостопанските објекти со нумерички показатели (број, вид, димензии и сл.), - големина на загрозеното подрачје и степен на изграденост (површина, населеност, ин- дустрија, патна мрежа), - загрозени реони и подрачја од поплави и подземни води, - топографско-хидрографски карти со соодветен размер со податоци за заштитните во- достопански објекти, - начинот и организацијата на спроведувањето на мерките за заштита и спасување од вода и на вода, - оспособеност и опременост на единиците за заштита и спасување и специјализираните субјекти кај трговските друштва, јавните претпријатија, установи служби. 2.7. Заштита и спасување од пожари - процена на можностите за заштита и начините за гасењето на пожарите, - обученост и оспособеност на единиците за заштита и спасување и граѓаните, - опременост со средствата за гасење пожари, - процена на потребите за организирање на специјализирни противпожарни единици, - број и вид на огнозапаливи објекти (стамбени, индустриски, јавни и други), 3 - осетливост на објектите на пожари, - густина и изграденост на објектите по реони, - видот на објектите (материјал, катност, пожарна оптеретеност), - ширина и проодност на сообраќајниците, - видот и состојбата на инсталациите (електро-инсталации, гасоводи и др.), - начин на снабдувања со вода (број и распоред на хидрантите, цистерни и др.), - извори на топлина, шумски комплекси (видови шуми, уреденост, проодност, начин на експлоатација). 2.8. Заштита и спасување од неексплодирани убојни средства - процена на можната загрозеност од неексплодирани убојни средства, - начин, организација и средства за заштита од неексплодирани убојни средства, - реони за уништување на неексплодираните убојни средства, - преглед на трговски друштва кои се занимаваат со производство, превоз, складирање и промет на експлозивни материјали, и со употреба на лесно запаливи и експлозивни ма- терии, - состојбата со противпожарната и техничката заштита, - состојбата со складовите за сместување на лесно запаливите и експлозивни материи, - начин и правци на превоз на експлозивните материи, - загрозени реони и објекти во кои се работи со експлозив (загрозена зона, број на жите- ли, видот и конструкцијата на објектите и др.), - локација на пронајдените неексплодираните убојни средства, - вкупен број на неексплодирани убојни средства. 2.9. Прва медицинска помош - влијанието на можни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи.те природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и другите несреќи на хигиенско- епидемиолошката ситуација, - можните човечки загуби и нивната структура, - обем и структура на здравствената заштита, - задачите и условите за делување на здравствената заштита, - можностите на здравствените установи за прифат и пружање на прва медицинска по- мош, - потребите во кадрови и материјални средства, - потреба и начин на ангажирање на другите структури на општината, - број и структура на жителите, - нивото на хигиенско-здравствената култура на населението, - заразни болести кои како епидемија се јавувале на територијата и карактеристиките на тие болести, - хигиенски услови со посебен осврт на можноста за загадување на водата, - квалитетот на водата, - состојбата на хигиенско-епидемиолошката служба, - останати фактори кои можат да влијаат на функционирањето на здравствената зашти- та во случај на природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. 2.10. Заштита и спасување на животните и производи од животинско потекло - можности за контаминација на животните и производи од животинско потекло, - потреби и можности за заштита на животните и производи од животинско потекло, - организација на заштитата, - средства за заштита, - носители на стручни активности и дејности на планот за заштита и спасување на жи- вотните, на добиточниот фонд, добиточната храна и производите е од животинско потек- ло, 4 - бројност и структура на добиточниот фонд, - заразни болести кои можат да ги загрозат животните и добиточниот фонд, - број на ветеринарни станици, - преглед на состојбата на добиточниот фонд по населени места и подрачја, - начин на складирање и заштита на месото и другите производи од животинско потек- ло. 2.11. Заштита и спасување на растенијата и производи од растително потекло - можности за контаминација на растенијата и производите од растително потекло, - можности за заштита по видовите на земјоделските култури, - организација на заштитата и средстава за заштита, - носители на активностите во заштитата и спасувањето на растенијата и производите од раститално потекло, - вкупни површини на земјоделското и шумско земјишта во хектари, - видови на растителни култури, - складишни капацитети со видот и начинот на складирање на растенијата и производи- те од растително потекло, - организираност на службите за следење и прогнозирање на временските прилики, - снабденост со средства за заштита на растенијата и производите од растително потек- ло, - видови на растителни болести и растителни штетници кои најчесто ја загрозувааат те- риторијата. 2.12. Асанација на теренот - согледување на најважните активности во асанацијата на теренот, - утврдување на носителите на одделни активности, - потребите за материјални и други средства (сили и средства, откривање, идентифика- ција, прибирање и погребување на лешевите, можни реони за погребување, потребни си- ли и средства за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, реони за закопување на доби- токот и друго). 2.13. Заштита на животната средина и природата - преглед на можните извори на техничко-технолошки хаварии, - преглед на места за одлагање на отпад опасен за животната средина и природата, - потенцијално загрозени зони во животната средина и природата, - преглед на институции кои вршат контрола на техничко-технолошката опременост и исправност на загадувачите на животната средина и природата. 2.14. Заштита и спасување во рудниците - преглед на рудниците, - преглед на состојбата и материјално-техничките средства со кои располагаат рудни- ците, - процена на загрозеноста на луѓето од урнување, затрупување и излевање на хидроја- ловиштата, - оспособеност,организираност и опременост на силите за спасување од урнување, за- трупување и излевање на хидројаловиштата, - начин на организација и спроведување на мерките за заштита и спасување од урнува- ње, затрупување и излевање на хидројаловиштата.
3. Потреби и можности за организација и раководење со заштитата и спасувањето и ор- ганизирање на силите за заштита и спасување Во делот на процената кој се однесува на раководењето со заштитата и спасувањето, и обезбедувањето на единиците за заштита и спасување, се прикажува организационата структура на Главниот штаб, регионалните штабови, штабовите на единиците на локална- 5 та самоуправа и штабовите за заштита и спасување во трговските друштва, јавните прет- пријатија, установи и служби, опременоста со лична и заедничка опрема, можностите за раководење со заштитата и спасувањето во вонредни состојби, организацијата на врските и координацијата во раководењето и командувањето. Во однос на потребите и можностите за организација на единиците за заштита и спасу- вање се прикажува и бројот и структурата на единиците, бројот на обрзниците, нивната ос- пособеност и обученост, покриеност на територијата на општините со единиците по видови и намена, опременоста со материјално-технички и други средства, средствата за лична за- штита, и проценка на можната ангажираност. Посебно треба да се процени потребата за ор- ганизирање на здружени единици на ниво на општините и можностите за нивно ангажира- ње.
4. Оспособеност на субјектите за заштита и спасување во единиците на локалната самоу- права, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби Во овој дел од процената на опасностите треба да се анализира: - оспособеност на штабовите на единиците на локалната самоуправа и штабовите во тр- говските друштва, јавните претпријатија, установи и служби, - обученост и оспособеност на единиците за заштита и спасување, - можности на подготвеност и ангажирање на трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби, - можности за раководење и координација во услови на употребата заштитата и спасу- вањето, - материјални и други можности за понатамошно подигање на степенот на оспособе- ност, и други влијанија на подготвеноста на сите субјекти за реализација на мерките, за- дачите и активностите на заштитата и спасувањето.
5. Оспособеност на граѓаните Во овој дел од процената на опасностите треба да се анализира: - степенот на оспособеност на граѓаните за преземање на лична и заемна заштита и за спроведување на поединичните мерки за заштита и спасување, - оспособеност на граѓаните за користење на месните и прирачните средства за лична заштита и другите мерки за заштита и спасување, - наставните планови и програми, кадровските можности и други показатели од важ- ност за обучувањето и оспособувањето, - проценка на материјалните и други можности и опременост,
6. Заклучок Во заклучоците на процената на опасностите треба да се истакнат особено следните елементи: - степенот на организираност и подготвеност на силите за заштита и спасување, - оспособеност и опременост за реализација на личната и взаемна заштита и конкретни мерки во врска со тоа, - организираност и оспособеност на единиците за заштита и спасување како интервент- на сила во отстранување на последиците, - организираност и оспособеност на органите на државната управа, трговските друш- тва, јавните претпријатија, установи и служби кои се од посебно значење за заштитата и спасувањето, - можности за раководење со силите за заштита и спасување, - местата и подрачјата каде може реално да се очекуваат природните непогоди, епиде- мии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, 6 - интензитетот и големината на очекуваните природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, - бројот на можните и предизвикани жртви , - големината на материјалната штета, - објективните услови кои постојат за да се спречи несреќата и непогодата, - можноста на силите за заштита и спасување и средствата со кои се располага да се уб- лажат последиците и да се санира состојбата, и - потребата и неопходноста да се бара помош. III. ПЛАНИРАЊЕ НА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО
1. Планот за заштита и спасување од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифи- тотии и други несреќи ги содржи следните документи за: - Подготвеност на силите за заштита и спасување; - Мобилизација на силите за заштита и спасување, материјално-техничките средства и опрема и - Ангажирање на силите за заштита и спасување. Овие документи треба да бидат меѓусебно усогласени и да претставуваат единствена целина, а особено во поглед на постепеното или брзо активирање на системот за заштита и спасување и неговата употреба во случај на природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. Документите од Планот за заштита и спасување се изработуваат во вид на прегледи, шеми, графикони и соодветни упатства со кои се одредуваат задачите и постапките во реа- лизацијата на превентивните и оперативни мерки за заштита, изведувањето на акциите за заштита и спасување на населението и материјалните добра и отстранување на последици- те од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. 1.1. Подготвеност на силите за заштита и спасување Во документот за подготвеност на силите за заштита и спасување се внесуваат задачи- те и постапките со кои се обезбедува благовремено и потполно спроведување на мерките за заштита, и активирање на соодветните тимови и единици за заштита и спасување во од- нос на степенот на загрозеност од природната или друга несреќа. Во документот за подготвеност на силите за заштита и спасување,задачите и постапки- те мораат да бидат прецизно одредени по степените на загрозеност, извршителите на активностите, роковите за извршување и потребните средства за извршување на задачите. Документот за подготвеност на силите за заштита и спасување се разработува во три степени на загрозеност: Во првиот степен на загрозеност се планираат следните активности:
1. Ажурурање на сите документи од Планот за заштита и спасување,
2. Воведување на постојано дежурство во Дирекцијата за заштита и спасување и други- те надлежни органи за заштита и спасување,
3. Спроведување на мерки за безбедност,
4. Прекинување на годишните одмори на вработените во Дирекцијата за заштита и спа- сување и лицата распоредени во единиците и штабовите и давателите на материјално-тех- нички средства и опрема,
5. Ограничување на движењето на лицата распоредени во единиците и штабовите и да- вателите на материјално-техничките средства и опрема. Во вториот степен на загрозеност се планираат задачите, мерките и постапките со кои се постигнува повисоко ниво на подготвеност и се овозможува побрзо преминување на највисоко ниво на подготвеност. Мерките кои се планираат на овој степен се: 7
1. Целосна подготвеност на сите единици и штабови за заштита и спасување,
2. Проверка на подготвеноста на сите штабови и единици за извршувањето на задачите за заштита и спасување,
3. Проверка на подготовеноста и готовноста на сите субјекти за спроведување на мер- ките за заштита и спасување,
4. Уредување на објектите за заштита,
5. Спроведување на евакуацијата и дисперзија на стоковите фондови(залихи и резер- ви),
6. Активирање на силите за заштита и спасување во трговските друштва, јавните прет- пријатија, установи и службите од значење за заштитата и спасувањето. Во третиот степен на загрозеност се планираат мерките, задачите и постапките со кои се обезбедува целосна и потполна подготвеност за заштита и спасување и отстранување на последиците. За таа цел се планираат следните мерки:
1. Извршување на општа мобилизација на сите сили и средства за заштита и спасува- ње,
2. Преоѓање на сите носители и субјекти на планирањето на работа според Планот за заштита и спасување,
3.Ограничување на движењето на населението по место и време. Документот за подготвеност на силите за заштита и спасување содржи: - потсетник за документите за подготвеност, - содржина на мерките за подготвеност, - разработка на мерките за подготвеност, - извршители на мерките, - документи кои се користат при спроведување на мерките за подготвеност. Со документот за подготвеност на силите за заштита и спасување сите извршители тре- ба да бидат во потполност запознаени, оспособени и извежбани за негово извршување. 1.2. Мобилизација на силите за заштита и спасување, материјално-техничките средства и опрема Документот за мобилизација на силите за заштита и спасување,материјално-техничките средства и опрема содржи:
1. Упатство за извршување на мобилизацијата, со кое се регулираат задачите и постап- ките во случај на Наредба за мобилизација и начинот за извршување на мобилизацијата;
2. Список на куририте и преглед на превозните сретства кои се користат, за извршува- ње на транспорт на поканите и начинот на разнесувања на поканите на обврзниците на силите за заштита и спасување, и давателите на материјално техничките средства;
3. Список на обврзниците распоредени во тимовите за брз одговор, единиците и штабо- вите за заштита и спасување кои се мобилизираат;
4. Список на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби опремени и оспособени за заштита и спасување на кои им се доставува наредбата за извршување на мобилизацијата;
5. Персонален и материјален состав на штабовите и единиците за заштита и спасување и тимови за брз одговор;
6. Шемата на разместување на штабовите и единиците на мобилизациските места и ме- стата за нивно активирање;
7. Потсетник за извршување на мобилизацијата за командантите и началниците на шта- бовите, командирите на единиците, и куририте во системот за заштита и спасување;
8. Преглед на формациските материјално - технички средства и средствата од пописот, и начинот на прием на опремата и средствата;
9. Мерки за безбедност за време на извршувањето на мобилизацијата; 8
10. Начин на пополна и снабдување на штабовите и единиците за заштита спасување и тимовите за брз одговор, со обврзниците и материјално техничките средства за време на природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи;
11. Акт на надлежниот орган за именување на членови на штабот, односно соодветниот орган за раководење со заштитата и спасувањето во случај на природни непогоди, епиде- мии, епизоотии, епифитотии и други и несреќи. 1.3.Ангажирање на силите за заштита и спасување Документот за ангажирање на силите за заштита и спасување се состои од заеднички и посебни документи, со кои се врши процена, се планираат задачите и постапките по сите мерки, начинот на употреба на единиците и раководење и командувањето со силите за за- штита и спасување во целост. Заеднички документи се:
1. Процена на загрозеноста од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи;
2. План за заштита и спасување по мерките за заштита и спасување;
3. План за употреба на силите за заштита и спасување;
4. План за врски. Посебни документи се:
1. Преглед на силите за заштита и спасување (републички и просторни), единици- те,штабовите, тимовите за брз одговор;
2. Преглед на материјално- техничка опременост на силите за заштита и спасување;
3. Преглед на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби кои се ан- гажираат на задачите за заштита и спасување и нивната кадровска и материјално-техничка опременост;
4. Преглед на здруженија на граѓани, хуманитарни и невладини организации кои се ан- гажираат на задачите за заштита и спасување и нивната кадровска и материјално техничка опременост;
5. Преглед на состојбата во организираноста на самозаштитата;
6. Дневник за активностите во заштитата и спасувањето;
7. Работни карти за следење на состојбата. 1.3.1.Содржина и начин на изработка на заедничките документи 1.3.1.1. Изработка и содржина на Планот за заштита и спасување по мерките за заштита и спасување Планот по мерките за заштита и спасување опфаќа планирање и подготвување на активности за спроведување на мерките за заштита и спасување согласно прописите за за- штита и спасување. Мерките за заштита и спасување се остваруваат преку организирање на дејства и по- стапки од превентивен и оперативен карактер, кои се подготвуваат и спроведуваат соглас- но Законот за заштита и спасување од страна на органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и служ- бите кои ја предвидуваат, планираат и спроведуваат организацијата на мерките. Мерките за заштита и спасување се во функција на превенција (примена на вградените стандарди и нормативи при планирањето и уредувањето на просторот, спроведување на активности и постапки за навремено предупредувањее на населението за можни опасности, обезбедува- ње на материјална база за средства за лична и взаемна заштита и кадровски опремен и обучен потенцијал), како и во оперативна функција во системот за заштита и спасување (задолжително планирање, организирање и преземање на мерки, активности и постапки во случај на постоење на непосредна опасност, за време на траењето на опасноста и от- странувањето на последиците од опасноста). 9
1. План за евакуација Евакуацијата подразбира планско, организирано, контролирано и привремено преме- стување на населението и материјалните добра, од потенцијално загрозеното или веќе за- грозеното подрачје, на помалку загрозено или потполно безбедно подрачје. Со овој план неопходно е да се дефинираат силите и материјално-техничките средства како и начинот на употреба на истите при спроведувањето на мерката евакуација. Планот за евакуација содржи: - подсетник за употреба на Планот за евакуација за извршување на задачите од почеток на непосредната опасност до завршувањето на евакуацијата, - преглед список на одборот за евакуација (име ипрезиме, должност, адреса). - список на одборот за прифат на евакуираните (име и презиме, должност, адреса на живеење), - поименичен список на екипите за разведување, - преглед на единиците за одржување на редот, здравствените екипи и екипи на Црве- ниот крст на Република Македонија, - преглед на бројот на жителите кои се евакуираат по месните заедници и другите об- лици на месната самоуправа и вкупно за општината, реоните за собирање, - правците на движење и чувствителните објекти на нив и реоните за разместување, - организација на прифатот, сместувањето, исхраната и згрижувањето на евакуираното население, - преглед на материјални добра кои се евакураат, количините, кој и каде ги евакуира, - преглед на моторните возила со кои ќе се изврши евакуацијата по видови, обезбедува- ње, правците на движење и бројот на турите, - преглед на бројот на жителите кои се евакураат пеш, самостојно кај свои роднини, - распоред на населението во реоните на разместување, локација на поедини органи, здравствени установи, училишта и друго, - број на населението за кое се проценува дека ќе биде згрижено, - трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби кои учествуваат во згри- жувањето, (што обезбедуваат и во кои реони), - здравствени установи кои учествуваат во згрижувањето, со кои кадрови и во кои рео- ни, - социјални, хуманитарни и други организации кои учествуваат во згрижувањето и нив- ните задачи, - задача на единиците за одржување на редот во врска со згрижувањето на население- то. Планот се работи графички на карта со потребен табеларен преглед.
2. План за засолнување на населението, материјалните и културните добра Со овој план неопходно е да се опфатат сите капацитети на објектите за засолнување на населението, материјалните и културните добра, начинот на употреба, одржување и из- градба на нови засолништа и други заштитни објекти погодни за засолнување на населе- нието, материјалните и културните добра. Планот за засолнување на населението, материјалните и културните добра содржи: - потсетник за употребата на Планот за засолнување на населението, материјалните и културните добра, - преглед на превентивните и оперативни мерки за заштита со носителите, - шема за засолнување спрема видот, местото и капацитетот, - список на граѓаните по засолништа кои ќе ги користат и правци на движење кон за- солнишните објекти, 10 - основни определби за начинот на организирање и спроведување на засолнувањето на населението, материјалните и културните добра, - преглед на капацитетите на засолништата со дополнителна заштита, - преглед на потребите при засолнувањето на населението, материјалните и културните добра по место на работа и престој. - преглед на засолнишните капацитети со основната заштита, - преглед на потребите на луѓето, материјалните и културните добра по место на живее- ње, - преглед на силите и материјално-техничките средства кои ќе бидат вклучени во спро- ведување на мерката засолнување на населението, материјалните и културните добра, - план за одржување и градба на нови капацитети за засолнување на населението мате- ријалните и културните добра, - план за изворите на средствата за финансирање на одржувањето и изградбана нови капацитети за засолнување, Планот се изработува графички на карта, а покрај тоа се изработуваат и потребните та- беларни прегледи (преглед на раководителите на засолништа, преглед на потребниот алат за изработка и одржување на објектите за заштита, преглед на бројот на засолнишни ме- ста од основната и дополнителната заштита, преглед на заштитата на добиточниот фонд и др.).
3. План за згрижување на настраданото и загрозеното население Со планот за згрижување на настраданото и загрозеното населениесе опфаќаат сите ка- тегории на население кои поради природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи се евакуираат на безбедна територија. Со овој план се дефинираат силите и материјално-техничките средства како и начинот на нивна употреба при спроведувањето на мерката згрижување на настраданото и загрозе- ното население. Планот за згрижување на настраданото и загрозено население содржи: - потсетник за употреба на Планот за згрижување на настраданото и загрозено населе- ние, - организација на силите носители на згрижувањето на настраданото и загрозеното на- селение (кој, што, колку и во кој рок треба да направи за згрижувањето на настраданите и загрозените), - можниот број на настрадано и загрозено население, - начин на пронаоѓање на настраданото и загрозено население, - места на собирање, укажување на прва медицинска и друга помош и нега на настрада- ното и загрозено население, - преглед на бројот на жителите по категории кои треба да се згрижат, - преглед на силите за згрижување на населението, - снабдувачи со храна, вода, лекови, медицински установи, верски и хуманитарни орга- низации, транспортни организации и сл. - обезбедување на сместувањето и исхраната на настраданото и загрозено население. Планот се работи графички на карта со потребан табеларен преглед.
4. План за радиолошка, хемиска и биолошка заштита Радиолошката, хемиска и биолошка заштита се организира со цел за спречување, убла- жување или отстранување на последиците за населението, животинскиот и растителен свет во случај на дејство на радиолошки, хемиски и биолошки средства. План за радиолошка, хемиска и биолошка заштита содржи: - потсетник за употреба на Планот за радиолошка, хемиска и биолошка заштита, 11 - постапка на граѓаните, органите на државната управа, единиците на локалната самоу- права, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби на знакот “опасност од РХБ средства” , - преглед и начин на употреба на единиците за радиолошка, хемиска и биолошка за- штита, - преглед на средствата и реонот за деконтаминација на населението, материјалните и културните добра, - начин и постапка во спроведувањето на мерката за лична и колективна радиолошка, хемиска и биолошка заштита, - преглед на органите за радиолошка, хемиска и биолошка контрола на територијата, - преглед на лаборатории за обавување на соодветни радиолошки, хемиски и биолошки анализи, Планот се разработува на карта на територијата и се прикажуваат следните елементи: - места на набљудувачки станици, - локација на радиолошки, хемиски, биолошки метеоролошки станици, - локација на центарот за известување, - извидувачките патроли и правците на нивно радиолошко, хемиско и биолошко изви- дување, - реони на локација на единиците и правците на употреба, - локација на станиците за деконтаминација, - реонот за деконтаминација и единицата која го развива, - разместување на микробиолошките, хемиските и радиометриски лаборатории, - водоводните станици, бунари и места уредени со пристап за земање и црпење на вода, - преглед на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби, кои се ан- гажираат во радиолошката, хемиската и биолошката заштита, - преглед на единиците за заштита и спасување (општа намена и специјализирани) кои се ангажираат во радиолошката, хемиската и биолошката заштита, - преглед на магацините и складовите со сретствата за деконтаминација, - преглед на магацините и складовите со заштитни средства. Покрај графичкиот приказ, на истата карта се прикажуваат и потребните табеларни прегледи: преглед на средствата за радиолошката, хемиската и биолошката заштита и кон- трола и преглед на средствата од интерес за деконтаминацијата.
5. План за заштита и спасување од урнатини Со овој план неопходно е да се опфатат превентивните активности во постапката при донесувањето на просторните и урбанистички планови, градежно-техничките и други мер- ки, со кои би се намалило штетното влијание на природните и други несреќи, како што се земјотрес, одрон, лизгање на земјиштето, воздушни и артилериски удари и слично. Покрај превентивните мерки за заштита и спасување од урнатини се планираат и мерки за заштита од последиците на урнувањето, а тоа се: извидување на урнатините, пронаоѓа- ње на затрупани под урнатините, обезбедување на оштетените и поместени конструкции на зградите и објекти, извлекување на затрупаните вон зоната на урнатини и превзимање на мерки за прва медицинска помош, идентификување и погребување на погинатите, гасе- ње на евентуалните пожари, хигиенско епидемиолошката заштита, извлекување и обезбе- дување на материјалните добра од урнатите и оштетени објекти, регулирање на сообраќа- јот за време на интервенцијата, асанација на теренот, организацијата на прифат и помошта на настраданите. Планот за заштита и спасување од уранатини содржи: - потсетник за употребата на Планот за заштита и спасување од уранатини, - шема на населеното место со стамбените и други објекти за кои се проценува дека мо- жат да бидат урнатини или затрупани 12 - преглед на превентивните и оперативни мерки за заштита со носителите, - преглед на бројот на граѓаните кои живеат или работат во тие објекти, - преглед на силите кои ќе бидат ангажирани во спасување од урнатините и нивниот на- чин на употреба, - преглед на градежно-техничките и други материјално-технички средства кои ќе бидат употребени за спасување од уранатини, - места за депонирање на материјалот од урнатините, - правци на сообраќајниците и транспортот на урнатиот материјал, - преглед на екипите од прва помош кои ќе учествоваат во заштитата и спасувањето од урнатините. Планот за заштита и спасување од урнатини треба да биде представен на картата на те- риторијата, со графички приказ на сите наведени активности. Во зависност од големината на територијата и комплексноста на активностите можат да бидат користени една или по- веќе карти и планови на оптината-градот во соодветен размер. Сите активности треба да бидат разработени во облик на табеларен преглед, со утврдени- те задачи, извршителите на задачите, соработката при извршувањето на задачите, роковите за извршување и блиски напомени.
6. План за заштита и спасување од поплави Со овој план се опфаќаат мерките за заштита и спасување на луѓето и материјалните добра кои се загрозени од поплавите предизвикани од високите водостои на реките или езерата поради обилни врнежи, топење на снегот, хаварии на хидроелектраните и водоза- штитните објекти. Нивото на планирање на превентивните мерки подразбира: изградба, одржување и санирање на оштетените објекти за заштита од поплави, набљудување и из- видување на состојбата со водостојот, правовремена евакуација на населението и матери- јалните добра. Мерките за заштита и спасувања од поплави покрај превентивните активности подраз- бира и обезбедување превоз преку реките и езерата, испумпување на водата од поплавени- те објекти и извлекување на настраданите, како и снабдување на загрозеното население од поплавите. Планот за заштита и спасување од поплави содржи: - потсетник за употреба на планот за заштита и спасување од поплави, - организација и начин на употреба на силите за заштита и спасување и другите субје- кти кои се ангажираат во случај на поплава, - преглед на превентивните и оперативни мерки за заштита со носителите, - преглед и состојба со водозаштитните објекти на подрачјето на ризик од поплави, - преглед на подрачја потенцијално загрозени од поплави (подрачја околу реки, езера и акумулации), - преглед на бројот на загрозеното население од поплави, - преглед на материјалните добра кои подлежат на евакуација ово случај на поплава, - организација и начин на снабдување на населението во поплавените подрачја, - преглед на единиците за спасување со план за употреба на истите по реони, - преглед на материјалните средства, пловните средства и други помагала кои се анга- жираат во заштитата и спасувањето од поплавите. Документот за заштита од поплави графички се разработува на една или повеќе карти на територијата, со приказ на сите карактеристики и активности. Сите активности се раз- работуваат (на табеларни прегледи) поединечно, со назначени задачи, извршители, начи- нот на соработка и роковите за извршување.
7. План за заштита и спасување од пожари 13 Планот за заштита и спасување од пожари подразбира подготовки и спроведување пре- вентивни мерки за попречување на избивањето пожари како и подготовки и спроведување мерки за гасење на пожарите и санација на последиците од пожарите. Доброволните противпожарни здруженија ја планираат, подготвуваат и спроведуваат заштита од пожари во согласност со Законот за заштита и спасување и Законот за пожар- никарството. Планирањето на заштитата и спасувањето од пожари од страна на органите на државна- та управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавнте претпријати- ја,установи и служби подразбира: организирање и подготовка на силите за гасење на по- жарите, организирање на набљудувањето и известување за појавите на пожар, гасење и локализирање на пожарите, спасување на луѓето и материјалниите добра од објектите и подрачјата загрозени со пожари. Планот за заштита и спасување од пожари содржи: - потсетник за употреба на Планот за заштита и спасување од пожари, - организација на превентивните мерки за заштита од пожари во стамбени, деловни и други објекти, - преглед на потенцијалните зони на пожари (шумски површини, магацини и складови на стопанските, воени и други институции, запаливи објекти и слично), - преглед на единиците за заштита од пожари и противпожарните друштва со планот за употреба на истите по реони и објекти, - преглед на формациските и прирачни средства за гасење пожари кај трговските друш- тва, јавни претпријатија, установи и служби и куќните совети, - шеми на запаливите објекти, противпожарните правци и водни станици со упатство за употреба и приоритети. Планот за заштита од пожари се изработува на една или повеќе карти на територијата, карти на општина-градот и трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби и други органи и организации во соодветен размер. Карактеристиките и активностите се представуваат графички на карта, а се разработуваат во табеларни прегледи. Начинот на известување за пожарите, нивото на обученост и начинот на мобилизацијата на силите и средствата се разработуваат во табеларни прегледи.
8. План за заштита од неексплодирани убојни средства Заштитата од неексплодирани убојни средства подразбира: пронаоѓање, обележување, отстранување, дезактивирање и уништување на неексплодирани убојни средства. Отстранувањето, дезактивирањето и уништувањето можат да го работат само специја- лизирани организации и тимови. Планирањето на заштитата од неексплодирани убојни средства се врши од страна на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со специјализираните тимови за деми- нирање, а единиците на локалната самоуправа ги планираат мерките за обележување на опасните зони и начинот за санација и известување за опасностите. Планот за заштита и спасување од неексплодирани убојни средства содржи: - потсетник за употреба на Планот за заштита и спасување од неексплодирани убојни средства, - план за обележувања на опасни зони, - преглед на внесени опасни зони, - упатство за постапката и начинот за известување на граѓаните кои пронашле неексп- лодирани убојни средства, - карти со локации за уништување на неексплодирани убојни средства и правци на пре- возот, 14 - преглед на силите и средствата кои ќе извршуваат дезактивирање и уништување на неексплодираните убојни средства.
9. План за прва медицинска помош Првата медицинска помош подразбира благовремена интервенција на здравствените сили со стандардни и прирачни средства на лице место на повредените, ранетите и заболе- ните граѓани, кои во одреден момент се загрозени природните и други несреќи. Овој вид на заштита и спасување подразбира и транспорт на ранетите, повредените и заболените до најблиската здравствена установа како и обезбедување и планирање резерви на крв и крв- на плазма. Планот за прва медицинска помош содржи: - потсетник за употреба на Планот за прва медицинска помош, - здравствени установи кои се ангажираат на оваа задача, нивните локации, кадарот и средствата со кои се ангажираат, - преглед на собирните места за прифаќање на повредените, начинот и правците на нив- ната евакуација, - расположивите количини на лекови и друг санитетски материјал, и местата на нивна локација, - преглед на единиците за прва медицинска помош, нивната опременост и начин на употреба, - преглед на екипите за прва помош на Црвениот крст на Републока Македонија, нив- ните задачи во укажувањето на прва помош и давањето на нега на заболените лица, - транспортните средства кои можат да се издвојат за итна интервенциј и кој со нив рас- полага, - реоните, местата или објектите кои треба посебно да се уредат за оваа цел. Планот се изработува графички на карта со потребен табеларен преглед.
10. План за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло Заштитата и спасувањето на животините и производите од животинско потекло подраз- бира превентивна контрола на здравјето на животните, укажување прва ветеринарска по- мош на заболениот добиток, контрола на суровините, производите и отпадот од животин- ско потекло, контрола на исправноста на добиточната храна и вода, како и отстранување на лешеви од животни и отпадоци од анимално потекло. Планирањето на мерките за заштита и спасување на животните и производите од живо- тинско потекло се извршува од страна на органите на државната управа, единиците на ло- калната самоуправа како и од правните лица чија дејност е заштитата на животните и контрола на исправноста на производите од животинско потекло. Планот за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло со- држи: - потсетник за употреба на Планот за заштита на животните и производите од животин- ско потекло, - бројчан преглед на животните по видови кои би можеле да бидат загрозени од при- родните и други несреќи на одредена територија, - преглед на силите за заштита и спасување на животните, - преглед на институциите и поединци оспособени за контрола на здравјето на живот- ните и исправноста на суровините за производи од животинско потекло како и инспекци- ските служби за контрола на исправноста на производите од животинско потекло, - преглед на локации за згрижување на евакуираните животни со организацијата за при- фат и понатамошна заштита на животните, 15 - преглед на локации за одлагање и уништување на неупотребливите производи од жи- вотинско потекло како и лешевите на загинатите и умрени животни. Планот на мерки за заштита и спасување на животни и производи од животинско по- текло се изработува графички на карта на територијата и во табеларен преглед, во кој се внесуваат следните податоци: - локација на ветеринарни прифатилници, амбуланти и станици, - локациии на кланици од стационарен или полски тип, - реон за распоред на ветеринарните единиц, - фарми за говеда, свињи, овци и живина, - локации на ладилници и капацитети, - правци и реони за евакуација на добитокот, - предвидени места за закоп на загинатите и умрени животни како и за расипаните про- изводи. Од потребните табеларни прегледи, на картата се изработува прегледот на добиточни- от фонд во единиците на локалната самоуправа, ветеринарните установи, единиците за за- штита и спасување и материјалните средства.
11. План заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло Со овој план се предвидуваат превентивните мерки за заштита на растенијата и произ- водите од растително потекло од евентуални растителни болести,епифитотни штетници, плевели, радиолошки, хемиски и биолошки загадувања, и други несреќи (град, пожар, и сл.). Облиците за заштита на растенијата и производите од растително потекло се најнапред врзани за изборот на соодветни сорти, примена на агро-технички мерки и средства за за- штита на растенијата, правилно складирање, како и благовремено збирање на растителни- те плодови во случај на опасност од природни непогоди епидемии, епизоотии, епифито- тии и други несреќи. Планот за заштита и спасување на растенијата и производите од растително потекло со- држи: - потсетник за употребата на Планот за заштита и спасување на растенијата и произво- дите од растително потекло, - начин на спроведување на мерката за заштита и спасување на растенијата и произво- дите од растително потекло, - преглед на институциите кои се занимаваат со заштитата на растанијата и производи- те од растително потекло, - преглед на средствата за заштита на растенијата и начинот на нивно обезбедување - преглед на единиците за заштита и спасување кои се ангажираат. Планот се изработува на карта на територијата на единицата на локалната самоуправа и ги содржи следните податоци: - реоните на складирање на растителните производи, капацитети во тони и видот на производите кои ќе бидат складирани, - реоните на земјоделските површини, - реоните на шумските површини кои треба да се контролираат, - распоред на противградните лансери, - реоните и распоредот на силосите и ладилниците, - распоред на екипите за заштита на растенијата и производите од растително потекло. Покрај овие податоци, на картата во вид на табеларен преглед се прикажуваат земјодел- ските површини, механизацијата и објектите за заштита на растенијата растителните про- изводи. 16
12. План за асанација на теренот Асанацијата на теренот подразбира превземање санитарно-хигиенски и санитарно-тех- нички мерки на загрозеното подрачје со цел да се спречи ширењето на зарази и епидемии и на други подрачја. Оваа мерка опфаќа отстранување, идентификација и закоп на настра- даните од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, от- странување на лешеви од убиени, загинати и умрени животни, дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектите и терените и отстранување на отпадните и штетни материи кои го загрозуваат здравјето и животот на луѓето, животните и растителниот свет. Планирањето на оваа мерка се извршува од страна на органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа како и од правните лица кои во својата дејност ги обавуваат и овие услуги и имаат материјално-технички средства и стручно оспособени ли- ца за оваа работа. Планот за асанација на теренот содржи: - потсетник за употреба на Планот за асанација на теренот, - преглед на екипите за индентификација на загинатите лица, - места и начин на закопување на лешевите на луѓето, - собирни места за идентификација и судско-медицинска експертиза, - начин на транспортирање на лешевите од луѓето до собирните места и од собирните места до местата за закоп, - правците за транспорт на лешевите, - места и начин на закоп на лешевите на убиените,загинатите и умрените животни, - собирни места и други мерки околу закопувањето на лешевите од животните, - начин на транспорт и средства за транспорт на лешевите до местата за закоп или пре- работка. - мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, - начин и места за отстранување на отпадните и загадени материјали и вода, - привремен начин за снабдување со исправна вода за време на спроведувањето на сана- ционите мерки на водата и објекти за водоснабдување, - материјално обезбедување на единиците за асанација и начинот на нивното снабдува- ње за време на спроведувањето на асанацијата, - локација на силите за спроведување на асанацијата, - начин на соработка со другите единици за заштита и спасување, - начин на информирање на населението за сите опасности и обврски на кои треба се придржува додека се спроведува мерката асанација. Планот се изработува графички на карта со потребен табеларен приказ.
13. План за заштита животната средина и природата Планот за заштита на животната средина и природата е збир од превентивни мерки и постапки на органите на државната упртава, единиците на локалната самоуправа, тргов- ските друштва, јавните претпријатија, установите и служби со кои се попречуваат технич- ко-технолошките хаварии во индустријата, сообраќајот и другите области чии последици можат да го загрозат животот во животната средина и природните ресурси, контролата при испуштањето на токсичните материи од индустриските постројки, моторните возила, индивидуалните ложишта во домакинствата, контрола на одложувањето на сите видови отпад во животната средина и природата. Планот за заштита на животната средина и природата: - потсетник за уптребата на Планот за заштита на животната средина и природата , - преглед на институциите кои по позитивните прописи вршат контрола на техничко технолошката опременост и исправноста на загадувачите на животната средина и приро- дата, 17 - преглед на потенцијално загрозените зони на животната средина и природата, - преглед на здруженијата на граѓани кои се занимаваат со заштитата на животната сре- дина и природата, - програми за едукација на населението са цел за зачувување на животната средина и природата, - програми на акции за чистење на животната средина и природата. Планот се изработува графички на карта со потребен табеларен приказ.
14. План за заштита и спасување во рудниците Заштитата и спасување во рудниците е мерка за заштита и спасување која подразбира вклучување на силите во спасување на луѓето и материјални добра кои се загрозени во случај на рударски несреќи. Ова мерка за заштита подразбира превентивни мерки како што се изградба, одржување, опремање и користење на рудници во согласност со пропи- сите од областа на рударството. Покрај превентивните мерки, се планираат и мерки за спасување од урнатини, гасење пожари, расчистување на урнатините, прва медицинска помош, асанација на јамите и по- вршинските копови и сл. Планот за заштита и спасување во рудниците содржи: - потсетник за употреба на Планот за заштита и спасување во рудниците, - преглед на бројот на вработените во рудниците, - преглед на силите и материјално техничките средства за заштита и спасување во руд- ниците, - изводи од плановите за заштита од пожари, спасување од урнатини, прва медицинска помош, асанација на теренот и др. Планот се изработува графички на карта со потребен табеларен приказ. 1.3.1.2.План за употреба на силите за заштита и спасување Планот за употреба на силите за заштита и спасување се изработува на карти и шеми во соодветни размери, со потребни прегледи и текстуални образложенија. Со Планот за употреба на силите за заштита и спасување се одредуваат: реоните за при- фаќање и разместување на штабовите и единиците; правците на можната интервенција кон загрозените подрачја; задачите на единиците за заштита и спасување, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби; начинот на раководење со акциите; организацијата на врските; организација на поврзувањето на единиците за заштита и спа- сување со единиците на Армијата на Република Македонија и другите структури. Во Планот за употреба на силите за заштита и спасување се внесува распоредот и прав- ците за употреба на сите единици за заштита и спасување кои делуваат на теренот. Во Планот за употреба на единиците за заштита и спасување во единиците на локална самоуправа се внесуваат и распоредите и правците за употребата на просторните единици- те за заштита и спасување; распоредот на републичките единици за заштита и спасување и преглед на бројот на просторните единици за заштита и спасување. Во Планот за употреба на силите за заштита и спасување на Републиката се внесуваат сите единици за заштита и спасување, локаците на регионалните и општинските штабови, вкупниот број и можностите на републичките и просторните единици за заштита и спасу- вање по единиците на локалната самоуправа, и начинот на поврзување со другите органи на државната управа кои участвуваат во заштитата и спасувањето. 1.3.1.3. План за врски Планот за врски содржи: a) на ниво на Република Македонија: - преглед на телефонските броеви на членовите на Главниот штаб за заштита и спасува- ње со План за повикување; 18 - преглед на телефонските броеви на вработените во Дирекцијата за заштита и спасува- ње со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на членовите на Тимовите за брз одговор од разни специјалности при дирекцијата со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на командирите на републичките единиците за за- штита и спасување со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на раководителите на трговските друштва,јавни прет- пријатија,установи и служби од значење за заштитата и спасувањето од природни непого- ди, епидемии, епизоотии, епифитотии, и други несреќи; - шема на врски со Центарот за управување со кризи, Министерството за одбрана и дру- гите надлежни министерства; - шема на радио-релејните врски во Република Македонија; - шема на врските со организациите за одбрана, заштита и спасување во Организацијата на обединетите нации; - шема на врските со организациите за одбрана, заштита и спасување во Европската унија; - шема на врските со организациите за одбрана, заштита и спасување во НАТО пактот; - шема на врски со членките на организациите за одбрана, заштита и спасување на зем- јите од Југоисточна Европа; - шема на врски со соседните држави. б) На ниво на единици на локалната самоуправа: - преглед на телефонските броеви на членовите на регионалните штабови и штабови за заштита и спасување на единиците на локалната самоуправа со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на командирите на единиците за заштита и спасување со План за повикување; - преглед на телефонските броеви на раководителите на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од значение за заштитата и спасувањето од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии, и други несреќи; - шема на врските со Дирекцијата за заштита и спасување; - шема на врските со соседните единици на локалната самоуправа,; - шема на врските со регионалните центри при Центарот за управување со кризи; - шема на радио-релејните врски. 1.3.2.Содржина и разработка на работните документи
1.Прегледот на силите за заштита и спасување содржи: - преглед на единици за заштита и спасување по вид и број, местото на формирање, обученоста и опременоста со материјално технички средства и неопходни податоци за можностите; - преглед на тимовите за брз одговор по вид и број, местото на формирање, обученоста и опременоста со материјално технички средства; - преглед на штабовите за заштита и спасување по местата на организирање и нивната материјално техничка опременост.
2. Прегледот на материјално-техничка опременост на силите за заштита и спасување содржи број, вид и тип на формациските материјално-технички средства и предвидената опрема.
3. Прегледот на трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби кои се ан- гажираат на задачите за заштита и спасување ги содржи: вкупните кадровски и материјал- но технички можности, нивната локација и други важни податоци за нивно користење и употреба.
4. Прегледот на здруженија на гараѓани, хуманитарни и невладини организации кои се ангажираат на задачите за заштита и спасување ги содржи: вкупните кадровски и матери- 19 јално технички можности, нивната локација и други важни податоци за нивно користење и уптреба.
5. Прегледот за организираноста на самозаштитата содржи: бројчани податоци за граѓа- ните; преглед на лица кои завршиле обука за лична и взаемна помош; број на граѓани снабдени со минимум средства за лична заштита и преглед на снабденоста со средства за колективна заштита на деловните објекти на органите на државната управа,единиците на локалната самоуправа,трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби како и на стамбените згради.
6. Дневникот за заштита и спасување се води текстуално и шематски, со хронолошки ред, по место и време. Во дневникот се внесуваат податоци за видовите и интензитетот на природните и други несреќи, последиците и учесниците во изведувањето на интервенција- та во заштитата и спасувањато и други податоци од интерес.
7. Работните карти се документи во кои се внесуваат сите промени предизвикани од природните и други несреќи како и сите други податоци од интерес за заштитата и спасу- вањето. Членовите на штабовите за заштита и спасување водат лична работна карта во ко- ја внесуваат податоци и настани за работите во заштитата и спасувањето за кои се одго- ворни. Штабовите за заштита и спасување водат работна карта на својата територија во која внесуваат податоци од интерес за заштитата, спасувањето и отстранувањето на после- диците од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и другите несреќи. На работната карта претходно се внесуваат податоци за распоредот, и видот на силите и средствата за заштита и спасување и други потребни податоци. Содржината и обемот на заедничките и посебните документи, штабовите и другите надлежни органи за раководење со заштитата и спасувањето,ги прилагодуваат на своите потреби, согласно на бројот и видот на единиците за заштита и спасување и обемот на мерките кои се преземаат. Притоа, мора да се обезбеди содржината и обемот на докумен- тите да овозможува успешно делување на заштитата и спасувањето и успешно раководење со акциите за заштита и спасување, како и отстанување на последиците од природните не- погоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи. IV. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Оваа методологија влегува на сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Служ- бен весник на Република Македонија“. Бр. 19-2790/1 Претседател на Владата 19 јуни 2006 година на Република Македонија, Скопје д-р Владо Бучковски, с.р. 20