List of illustrative packaging examples
Made 2010-03-25 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Листа на илустративни примери на пакување.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Waste and hazardous substances
- Keywords
- classification/declassification, packaging/labelling, plastic, waste management
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
16 април 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНША Бр. 52 - Стр. 147 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ 956. Врз основа на член 31 став 4 од Законот за простор но и урбанистичко планирање („Службен весник на Ре публика Македонија" бр.51/05, 137/07 и 91/09) мини стерот за транспорт и врски донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРА ВИЛНИКОТ ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ Член 1 Во Правилникот за стандарди и нормативи за урба нистичко планирање („Службен весник на Република Македонија бр. 78/06, 140/07, 12/09 и 93/09") по членот 10 се додава нов член 10-а кој гласи: „Член 10-а 1) Во урбанистичките планови, во случаите кога градбата во градежната парцела е дел од периметрално градење на блок согласно член 40 став 1) точка 1 од овој правилник, на непарцелираното градежно земји ште за општа употреба од член 10 став 2) од овој пра вилник, може да се предвидат тремови во функција на тротоар a со цел заштита на пешаците од надворешни влијанија. 2) Тремот се означува со помошна градежна лини ја, која истовремено може да претставува и подземна градежна линија со која се уредува границата на граде ње на подземен паркинг. Минималното растојание по меѓу помошната градежна линија на тремот и ивицата на планираниот коловоз е 1,50 метри. 3) При фасадното обликување на градбата со трем не може да се користи првостепена и второстепена пла стика од член 36 став 4) од овој правилник, ниту пак негово доградување или затварање. Слободната широ чина на тремот не треба да биде помала од 3,50 метри, а слободната висина не помала од 4.50 метри. Нивото на пешачката површина на тротоарот во тремот треба да биде на исто ниво со сообраќајницата утврдено со нивелацискиот план. 4) Во подземниот паркинг треба да се обезбеди не пречено поставување и одржување на инфраструктур ните водови од страна на правните лица кои вршат ко мунални работи, односно стопанисуваат со комунални те инфраструктурни мрежи, како што се: водоводот и канализацијата, електричното напојување, топловодот, гасоводот, фикиснателефонија, и други". Член 2 Членот 20 се менува и гласи: „Градежна парцела задолжително се оформува во урбанистичките планови од член 7 точка 2) алинеја 2, 3 и 4 од Законот, како и во државнта урбанистичка план ска документација од член 50 и локалната урбанистич ка планска документација од член 50-а од Законот." Член 3 Во членот 46 во ставот 4 зборовите: „специјални градби" се заменуваат со зборовите: „ градби со намена Б, В и Г од член 28 од овој правилник ." Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија". Бр. 01-5619 13 април 2010 година Скопје Министер, Миле Јанакиески, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ 957. Врз основа на член 7 став (5) од Законот за управу вање со пакување и отпад од пакување („Службен вес ник на Република Македонија" бр. 161/09 ), министерот за животна средина и просторно планирање објавува Л И С Т A HA ИЛУСТРАТИВНИ ПРИМЕРИ ЗА ПАКУВАЊЕ 1. Co оваа листа се определуваат илустративни при мери за пакување. 2. За илустративни примери за предмети кои ќе се сметаат за пакување согласно член 5 точка 1 потточка г) алинеја 1 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување се сметаат: а) Предмети што се пакувања и тоа: кутии за слатки и фолија за завиткување ЦЦ-обвивка. б) Предемети што не се пакувања и тоа: саксии наменети за растението да остане во нив во текот на целиот негов живот; кутии за алати; вреќички за чај; слоеви восок околу сирењето и обвивки за колбаси. 3. За илустративни примери за предмети кои ќе се сметаат за пакување согласно член 5 точка 1 потточка г) алинеја 2 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување се сметаат: а) Предмети за пакување, доколку се дизајнирани и наменети за полнење на местото на продажба и тоа: хартиени или пластични ќеси; чинии и чаши за еднократна употреба; тенка пластична фолија; ќеси за сендвичи, и алуминиумска фолија. б) Предмети што не се пакувања и тоа: маталка, прибор за јадење за еднократна употреба. 4. За илустративни примери за предмети кои ќе се сметаат за пакување согласно член 5 точка 1 потточка г) алинеја 3 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување се сметааТ: Стр. 148 - Бр. 52 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 април 2010 а) Предмети што се пакувања и тоа: етикети што се директно обесени или закачени на еден производ. б) Дел од предмети што се пакувања и тоа: четкичка за маскара која претставува дел од затво рачот на садот; лепливи етикети прикачени на друг предмет од пакувањето; спојници; пластични обвивки, и направа за мерење на дозата, која претставува дел од затворачот на садот за детергенти". 5. Оваа листа се објавува во „Службен весник на Република Македонија ". Бр. 07-3485 Министер за животна средина 25 март 2010 година и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р. РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 958. Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, врз основа на член 19, алинеја 6 од Зако нот за енергетика („Службен весник на РМ" бр. 63/06, 36/07 и 106/08) и членовите 5 и 6 од Тарифниот систем за продажба на природен гас на тарифни потрошувачи („Службен весник на РМ" бр.94/2005 и 43/2010), поста пувајќи по Барањето на Акционерското друштво за промет со нафта и нафтени деривати Макпетрол Скопје, за промена на продажната цена на природен гас во вториот квартал од 2010 година, на седницата одржана на 13 април 2010 година, донесе О Д Л У К A ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРОДАЖНА ЦЕНА НА ПРИРОДЕН ГАС ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ ОД 2010 ГОДИНА Член 1 На Акционерското друштво за промет со нафта и нафтени деривати Макпетрол - Скопје, како вршител на енергетските дејности Трговија со природен гас и Снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за пренос на природен гас, продажната цена на природниот гас за вториот квартал од 2010 година, се утврдува да изнесува 20,2355 ден/nm 3 . Продажната цена на природниот гас од ставот 1 на овој член, ги содржи трошоците сврзани со набавката на природниот гас (набавната цена се состои од увозна цена на природниот гас со вклучени зависни трошоци) во износ од 20,1274 ден/nm 3 и цена за услугата сНабду вање на тарифните потрошувачи непосредно приклуче ни на системот за пренос на природен гас во износ од 0,1081 ден/nm 3 . Продажната цена на природниот гас од ставот 1 на овој член, не ја содржи цената за услугите пренос и управување со системот за пренос на природниот гас во износ од 1,3460 ден/nm 3 , а која се однесува за та рифните потрошувачи непосредно приклучен на систе мот за пренос на природен гас. Надоместокот кој што треба да го платат тарифните потрошувачи непосредно приклучени на системот за пренос на природен гас, во согласност со ставовите 1 и 3 на овој член, во вториот квартал од 2010 година во кој не е содржан данокот на додадена вредност изнесу ва 21,5815 ден/nm 3 . Данокот на додадена вредност за вкупниот надоме сток на цената на природниот гас за вториот квартал од 2010 година, утврден во ставот 4 на овој член, изнесува 3,8847 ден/nm 3 . Вкупниот надоместок кој што треба да го платат та рифните потрошувачи непосредно приклучени на си стемот за пренос на природен гас, во согласност со став 4 и 5 на овој член, во вториот квартал од 2010 го дина изнесува 25,4662 ден/nm 3 . Член 2 Продажната цена на природниот гас од членот 1 на оваа одлука е утврдена со примена на продажен курс на САД доларот од 45,7900 денари за еден САД долар, за месец март од претходниот квартал, согласно зак лучницата за купопродажба на девизи. Член 3 Жалбата изјавена против оваа одлука не го одлага нејзиното извршување. Член 4 Оваа одлука влегува во сила со денот на објавува њето во „Службен весник на Република Македонија". Уп1 - Број 08-7 13 април 2010 година Претседател, Скопје Димитар Џетров, с.р. www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.тк Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов. Телефон: +389-2-55 12 400. Телефакс: +389-2-55 12 401. Претплатата за 2010 година изнесува 9.200,00 денари. „Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје. ISSN 0354-1622 2010052