Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on water economies

Made 2003-12-29 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

research.laws.repealedOn

About this law

Original title
Закон за водостопанствата.
Language
Macedonian
Kind
Act
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Water
Keywords
water charges, financing, water rights, water supply, water users' associations, waterworks, offences/penalties, fees/royalties

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија, издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОДОСТОПАНСТВАТА Се прогласува Законот за водостопанствата, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 29 декември 2003 година. Бр. 07-6735/1 Претседател 29 декември 2003 година на Република Македонија, Скопје Борис Трајковски, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, д-р Љупчо Јордановски, с.р. З А К О Н ЗА ВОДОСТОПАНСТВАТА I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредуваат: основањето, организирањето, работењето, финансирањето, контролата и престанокот на работењето на водостопанствата. Член 2 Целите на овој закон се: обезбедување на економично стопанисување, користење, функционирање и одржува ње на хидросистемите, системите за наводнување и системите за одводнување (во ната мошниот текст: системи), преку водостопанствата како автономни јавно правни субјекти; дефинирање на обемот на услугите кои водостопанствата ги даваат на корисниците на вода; уредување на условите за пренесување на правото на користење на системите и објектите на водостопанствата и воспоставување на услови за нормално и успешно работење на водостопанствата и користење на нивните услуги од корисниците на вода. 1 www.pravdiko.com Член 3 Поимите употребени во овој закон, го имаат следново значење: "Водостопанството" е правен субјект sui generis, што е основано, работи и престанува да работи според одредбите на овој закон; "Подрачје на дејствување" е определено географско подрачје во чии граници водостопанството ја врши својата дејност; "Хидросистем" е целина од хидротехнички објекти со кои се уредува режимот на користењето на водите, што опфаќа една или повеќе брани со акумулации и/или/ зафати, канали за доведување и/или/ одведување на вода, вклучувајќи ги распределителните градби, прегради, преливи, пропусти, заштитни насипи, пумпни станици, и придружна инфраструктура-патишта, згради, и земјиштето под и во непосредна близина на хидротехничките објекти во обем потребен за користење и одржување на објектите; "Систем за наводнување" е целина од хидротехнички објекти со кои се зафаќа и доведува вода за наводнување на земјоделско и друго земјиште, што особено опфаќа зафати, пумпни станици и канали со придружна инфраструктура-патишта, згради, и земјиштето под и во непосредна близина на хидротехничките објекти во обем потребен за користење и одржување на објектите; "Систем за одводнување" е целина од хидротехнички објекти со кои се врши заштита и одводнување на земјоделско и друго земјиште, патишта и урбанизирани зони, што особено опфаќа, заштитни насипи, канали и пумпни станици со придружна инфраструктура-па тишта, згради и земјиштето под и во непосредна близина на хидротехничките објекти во обем потребен за користење и одржување на објектите; "Водна заедница" е правен субјект sui generis, основана во согласност со Законот за водните заедници; "Комунално претпријатие за водоснабдување" е јавно правно лице по Законот за локал ната самоуправа или секое друго лице или претпријатие, кое има законско право да рабо ти со систем за водоснабдување на град, село или населено место за дистрибуција на вода за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби) и технолошки по треби; "Точка на снабдување со вода", значи место на главниот канал, објект или цевка од каде водостопанството обезбедува и испорачува определена количина на вода или протек, од кој корисникот на вода може да црпи или да зафати вода за сопствени потреби; "Постојно водостопанско претпријатие" е постојно водостопанско претпријатие, друго правно лице или дел од претпријатие што врши водостопанска дејност, како и јавните претпријатија од областа на водостопанството кои се основани со одлуки на Владата на Република Македонија и мКорисник на водао е физичко или правно лице кое користи услуга за испорака на вода од водостопанството за: наводнување, консумирање од страна на човекот (пиење и други потреби), индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајќи го и производството на електрична енергија (во натамошниот текст: корисник). Член 4 Дејностите на водостопанството се дејности од јавен интерес. 2 www.pravdiko.com II. НАДЛЕЖНОСТ Член 5 Водостопанството е јавно правно лице, кое врши економично стопанисување, користење, функционирање, одржување и контрола на системите во целина, заради: снабдување со вода за наводнување; снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби) и технолошки потреби; снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајќи го и производството на електрична енергија и одводнување на земјиште. Член 6 Водостопанството ги снабдува со вода за наводнување: водните заедници и индивидуалните корисници (физички и правни лица), кои се вон територијата на водната заедница, а имаат можност и потреба од наводнување. Член 7 Водостопанството врши и одводнување за правни и физички лица, сопственици или ко рисници на земјоделско и друго земјиште, патишта и урбанизирани зони, доколку во рам ките на подрачјето на дејствувањето на водостопанството постои и систем за одводнува ње. Член 8 Ако водостопанството има единствена дејност одводнување и не врши снабдување со вода, истата ја извршува задолжително на подрачјето на дејствувањето, на сите површи ни и објекти кои имаат потреба од одводнување и припаѓаат во системот за одводнување. Член 9 Водостопанството, во рамките на подрачјето на дејствувањето може да врши снабдува ње со вода на комунално претпријатие за водоснабдување, на правни лица за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енер гија, само кога системот тоа го овозможува согласно со проектната-техничка документа ција. Член 10 Водостопанството може да произведува и продава електрична енергија само во случаите, кога хидроцентралата претставува дел на системот со кој стопанисува водостопанството, а во согласност со дозволата за користење на водата. Член 11 За остварување на своите надлежности, водостопанството во рамките на подрачјето на дејствувањето, може да врши: изградба, одржување, реконструкција и рехабилитација на хидротехничките објекти; 3 www.pravdiko.com монтирање, демонтирање, одржување, контрола и читање на мерни инструменти-во домери и геодетски и други снимања за потребите на системот. Член 12 Со цел да обезбеди ефикасна работа на системот, да заштити или обезбеди сигурност на објектите кои припаѓаат на системот, водостопанството може да: насочува водни тела во акумулацијата или во други објекти на системот; гради и одржува објекти за заштита и одбрана од поплави; гради и одржува објекти за спречување од ерозија; гради и одржува објекти за регулирање на реките и пороите и врши други работи во согласност со закон. Член 13 При вршење на својата дејност, водостопанството: обезбедува оптимални услуги за корисниците на вода; обезбедува подеднаков третман во давањето на услугите на сите корисници на вода; пресметува и наплаќа надоместоци за услугите кои ги обезбедува; презема мерки за рационално користење на водата, за намалување на загубите на вода на минимум; презема мерки за штедење на водата; совесно и одговорно управува со своите средства, работејќи со нив на внимателен и трошковно ефикасен начин; го одржува и обезбедува ефикасно и одржливо функционирањето и користењето на системот со кој стопанисува и ги спроведува прописите од областа на својата надлежност и општите и поединечните акти што ги донесува. Член 14 Водостопанството, набавките на стоки и услуги потребни за неговото работење ги врши во согласност со прописите за јавни набавки. Член 15 Заради реализирање на работите од членовите 11 и 12 на овој закон, водостопанството може да донесе решение со кое воспоставува времена службеност врз парцелите опфатени со работите. Против решението од ставот 1 на овој член, странката има право на жалба до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Жалбата изјавена против решението не го одлага извршувањето на решението. Член 16 Во случаите од членовите 11 и 12 на овој закон, кога постои итност или спречување на опасност од настапување на значителна штета на системот и/или/ парцелите што ги снабдува со вода или ги одводнува, водостопанството има право на пристап и користење на земјиштето во приватна сопственост или врз кое постои право на користење и без до 4 www.pravdiko.com несување на решение од членот 15 на овој закон, со тоа што во рок од 24 часа е должно да го извести министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 17 При воспоставување на времена службеност од членот 15 на овој закон, водостопанството одговара за штетата што сопственикот или корисникот на земјиштето ја претрпел, според одредбите на Законот за облигационите односи. По извршените работи водостопанството е должно земјиштето и објектите да ги врати во првобитна состојба. Член 18 Заради реализација за извршување на дејностите, водостопанството може да покрене постапка за експропријација на земјиштето согласно со прописите за експропријација. III. СТАТУСНИ ОДРЕДБИ Член 19 Називот на водостопанството ги содржи зборот "Водостопанство" и ознаката за географската локација на подрачјето на дејствувањето. Член 20 Секое водостопанство има регистрирано седиште кое се наоѓа во подрачјето на дејствувањето. Член 21 Водостопанството има статут кој содржи одредби за: назив /фирма/ ; адресата на седиштето ; печатот и штембилот; опис на подрачјето на дејствувањето кое е прикажано на карта, која претставува составен дел на статутот; опис на дејностите од негова надлежност што ќе ги врши; деловник за работа; организација и систематизација; број на членови, состав и надлежности на одборот на корисници на вода (во натамошниот текст: одбор); постапката за избор, суспензија и разрешување на членови во одборот; постапка за свикување седници на одборот и правилата за нивно водење; постапка за изборот, овластувањата, суспензијата и разрешувањето на директорот; начинот и постапката за одредување на висината на надоместоци за услугите кои ги обезбедува водостопанството и кои се наплатуваат од корисниците; протокол за сигурност на снабдувањето со вода во услови на виша сила; реорганизација, престанок и ликвидација на водостопанството и вршење на други работи предвидени со закон или прописи донесени врз основа на за кон. 5 www.pravdiko.com Член 22 Водостопанството донесува акти за начинот на работа и користење на системот со кој стопанисува кои ги опфаќаат постапките за: користење на водата што се испорачува; поднесување барање за испорачување на вода и постапување по него; известување на корисниците за одлуките кои ги донесува одборот и во случај на суши и слични ситуации кои го оневозможуваат редовното работење. На актите од ставот 1 на овој член согласност дава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. IV. ОРГАНИ И НИВНИ НАДЛЕЖНОСТИ Член 23 Водостопанството има одбор на корисници на вода составен од пет до 11 членови. Одборот е составен од членови избрани од претставници на: водните заедници од подрачјето на дејствувањето на водостопанството; комуналните претпријатија за водоснабдување од подрачјето на дејствувањето на водостопанството и корисниците на вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајќи го и производството на електрична енергија . Член 24 Во водостопанството кое стопанисува со систем за одводнување каде одводнувањето е главна дејност и кое не испорачува вода, одборот е составен од членови избрани од претставници на: лицата сопственици на земјоделско и друго земјиште во рамките на подрачјето на дејствувањето на водостопанството; лицата корисници на земјоделско земјиште и друго земјиште во државна сопственост во рамките на подрачјето на дејствувањето на водостопанството; единиците на локалната самоуправа и државните субјекти кои се сопственици или користат земјиште, или објекти кои имаат потреба од одводнување и припаѓаат во системот за одводнување. Член 25 Кога постојат повеќе категории на корисници на вода, што имаат право на места во од борот, бројот на местата за секоја категорија корисници се утврдува согласно со статутот а врз основа на правична застапеност на различните категории на корисници на вода во зависност од степенот на користење на системот со кој стопанисува водостопанството. Степенот на користење на системот се проценува врз основа на волуменот користена вода од страна на секоја категорија на корисници и податоците за наплата на надоместоците за услуга на таа категорија во последните три години, бројот на поединечните корисници вклучени во таа категорија и нивото на физичка припадност на системот на таа категорија корисници на вода. 6 www.pravdiko.com Член 26 Во однос на корисниците на вода за наводнување, подрачјето на дејствувањето ќе биде поделено на географски области кои содржат групирани територии на сегашните или идни водни заедници. Местата во одборот за оваа категорија на корисници на вода ќе бидат распределени за секоја таква област на правична основа со земање во предвид и на територијата која таа област ја покрива. Доколку бројот на водните заедници во географската област е помал од или еднаков на бројот на местата во одборот распределени за корисниците на вода за наводнување од таа географска област, секоја водна заедница ќе има право за назначување на еден претставник од таа географска област. Доколку бројот на водни заедници во рамките на географската област е поголем од бројот на местата во одборот распределени за корисници на вода за наводнување од таа географска област, претставниците во одборот ќе бидат избирани од и меѓу водните заед ници. Член 27 Секое комунално претпријатие за водоснабдување има право на назначување на свој претставник за најмалку едно место во одборот и било кое дополнително место кое може да им се додели во согласност со членот 25 на овој закон. Член 28 Доколку водостопанството испорачува вода за индустриска потреба таквиот корисник ќе има право на назначување свој претставник во одборот во однос на категоријата на корисник на вода во која тој е вклучен. Доколку водостопанството испорачува вода на два или повеќе корисника на вода за индустриски потреби, тие корисници ќе имаат право да назначат претставник во одборот во однос на нивното користење на вода во последните три години. Доколку бројот на корисниците на вода за индустриски потреби го преминува бројот на местата во одборот наменети за таа категорија на корисници на вода, претставниците во одборот ќе бидат избирани од и меѓу корисниците за индустриските потреби. Член 29 Кандидатот за член на одборот, треба да поседува: знаење и искуство од областа на водостопанството и познавање на проблемите во работењето на системот и нивното решавање. Член 30 Пред истекот на мандатот, одборот во постојниот состав, за идниот состав на одборот, ги проверува условите за застапеност по категории на корисниците на вода и го утврдува бројот на членовите на одборот по категории на корисници на вода согласно со статутот и одредбите на овој закон. Член 31 Мандатот на членовите на одборот, е четири години, со можност за повторен избор, но не повеќе од два мандата едно по друго. 7 www.pravdiko.com Член 32 За учество на седниците на одборот и вршење на тековната работа на одборот, члено вите на одборот добиваат надоместок за работата како и за покривање на патните трошо ци. Висината на надоместокот од ставот 1 на овој член ја определува одборот кои средства се обезбедуваат од средствата на буџетот на водостопанството. Член 33 Висината на надоместокот од членот 32 став 2 на овој закон што го добива претседавачот на одборот, може да биде поголем од надоместокот кој го добиваат другите членови на одборот, но не повеќе од 20%. Член 34 Членот на одборот е должен : совесно и одговорно да ја врши функцијата; да не го надредува интересот на субјектот што го именувал или избрал, над општиот интерес и да ги почитува општите и поединечните акти на водостопанството и да се грижи за нивното спроведување. Член 35 За последиците од своето работење, членот на одборот одговара согласно со одредбите на овој закон и актите на водостопанството. Член 36 Членот на одборот, не смее да ја користи својата функција во политички цели. Член 37 Доколку за време на седницата на одборот или на некое тело на одборот, се отвори расправа заради донесување одлука, од која член на одборот, негов работодавец, негов брачен другар, роднина по крв во права линија до било кој степен, во странична линија до трет степен, по сватовство до втор степен, би можеле да се стекнат со определена непосредна или посредна корист, без оглед дали таквата корист е од финансиска или друга природа, членот на одборот е должен веднаш и јавно да ја искаже поврзаноста, односно својот потенцијален интерес, пред отворање на расправата, односно донесувањето на одлуката. Член 38 Ако искажувањето на потенцијалниот интерес е направено во согласност со членот 37 на овој закон, тоа треба да се забележи во записникот од седницата, а членот не смее да учествува во натамошната расправа или во донесувањето одлуки на одборот или на некои од неговите тела, кои се во врска со предметното прашање. 8 www.pravdiko.com Член 39 Одредбите од членот 38 на овој закон не се однесуваат на донесувањето одлуки по следниве прашања: висина на надоместоците за услугите кои ги обезбедува водостопанството; распределба или прераспределба на водата меѓу различни корисници на вода за време на суша или недостаток на вода и работењето на водостопанството и квалитетот на услуги што им ги обезбедува на корисниците. Член 40 Премолчувањето на фактите од членот 37 на овој закон, доведува до ништовност на одлуката која е донесена поради таквото премолчување. Член 41 Одборот раководи со деловната активност на водостопанството, ја насочува и следи работата на директорот и неговиот тим во извршувањето на нивните обврски. Член 42 За секој корисник одделно, директорот на водостопанството, со решение ја утврдува висината и рокот за плаќање на надоместокот за услугата од членовите 77, 81 и 82 на овој закон. Против решението од ставот 1 на овој член, незадоволната страна има право на жалба до одборот. Правосилното решение има карактер на извршна исправа. Член 43 Одборот на корисници на вода: го именува и разрешува директорот; го одобрува назначувањето на раководителите на секторите избрани од директорот; ги донесува актите од членот 22 на овој закон; ја утврдува висината на надоместоците за услугите кои ги обезбедува водостопанството и кои се наплатуваат од корисниците; го одобрува годишниот буџет; го донесува работниот план; ги утврдува критериумите за успешност на водостопанството; - ги одобрува годишните сметки; го одобрува планот за кадровско екипирање и организациската структура ; донесува интерни прописи во врска со работата; врши континуирано следење и контрола на финансиската и оперативната работа; ги одобрува месечните и годишните програми за работа, како и програмите за иден развој од аспект на проектите, инвестиционите цели, функционирањето, одржувањето и интервенциите за поправка на објектите; предлага изменување и дополнување на статутот; му одредува на директорот одредени обврски; му ги пренесува потребните овластувања на директорот; подготвува оперативни планови; 9 www.pravdiko.com спроведува периодична контрола на кадровската екипираност и на состојбата на опре мата; склучува договори за набавка на услуги и стоки со надворешни правни и физички ли ца; издава одобренија за преземање на сите мерки коишто се неопходни за успешно извршување на дејноста; поднесува барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство според членот 73 на овој закон; ги планира, определува и спроведува мерките за распределба на вода во случај на утврдена виша сила; ги одобрува годишните планови и месечните распореди за испорака на вода; донесува деловник за работа и врши и други работи што со закон, прописи донесени врз основа на закон, статутот и други одлуки, не се ставени во надлежност на друг орган на водостопанството. Член 44 Членовите на одборот на првата конститутивна седница, од составот избираат еден претседавач и еден заменик-претседавач. Член 45 Претседавачот: ги свикува и претседава со седниците на одборот и врши работи што со статутот, деловникот или со одлука на одборот ќе му бидат ставени во надлежност. Член 46 За поуспешно извршување на своите надлежности, одборот може да основа една или повеќе комисии со посебни функции. Член 47 Одборот се состанува најмалку еднаш месечно. Во случај на потреба претседавачот има право да свикува и вонредни седници на одбо рот. Покрај претседавачот, право да бараат свикување на вонредна седница имаат и најмалку една третина од членството на одборот. По нивно писмено барање, претседавачот е должен да ја свика седницата во рок од осум дена од денот на приемот на барањето. Ако помине рокот од ставот 4 на овој член, предлагачот од ставот 3 има право во наредните осум дена да ја свика седницата. Член 48 За седницата се води записник што го потпишува претседавачот и записничарот. 10 www.pravdiko.com Член 49 Одборот може полноважно да одлучува доколку на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број на членови. Член 50 Одлуките за висината на надоместоците за услугите кои ги обезбедува водостопанството се донесуваат, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на членовите на одборот. Сите други одлуки одборот ги донесува со мнозинство на гласови од присутните членови на седницата на одборот. Член 51 Член на одборот се разрешува, ако: отсуствува на три последователни седници на одборот без одобрение на претседавачот, или вкупно шест седници во текот на една година; не се постапува согласно со членот 37 на овој закон; при јавна набавка за водостопанството, не декларирање, поврзаност со фирма учесничка со некое од лицата од членот 37 на овој закон; предизвика штета намерно или од крајно невнимание; во своето работење ги крши одредбите на овој закон; учествува во донесувањето на противзаконита одлука на одборот со која се предизвикува штета или се руши угледот на водостопанството и на било кој начин со своето однесување потешко го повредува законот, прописот или статутот. Член 52 Во случаите од членот 51 на овој закон, одборот писмено го известува лицето или лицата кои го назначиле или избрале членот на одборот за разрешување и избор или назначување нов член на одборот во рок од 30 дена од денот на одржувањето на седницата на одборот кога е констатирано исполнување на случај од членот 51 на овој закон. Доколку во предвидениот рок од ставот 1 на овој член, не биде избран или назначен нов член на одборот, одборот изгласува разрешување на тој член на одборот и негово то/нејзиното место останува слободно сИ додека не се избере или назначи нов член на од борот. Член 53 Одборот го именува директорот во својство на главен извршен орган на водостопанството, врз основа на јавен оглас. При донесувањето одлука за именување на директор, одборот ги зема предвид работното искуство, менаџерските способности и стручните квалификации на секој од пријавените кандидати. Член 54 Директорот му одговара на одборот за работата на водостопанството, во согласност со политиката и одлуките на одборот. Директорот е должен најмалку еднаш годишно да достави извештај за своето работење до одборот. 11 www.pravdiko.com Член 55 Директорот: го претставува водостопанството пред трети лица во согласност со статутот; склучува договори со трети лица од редовното работење во рамките на овластувањата со статут или посебна одлука на одборот; ја подготвува организационата структура на водостопанството и ја доставува на одобрување до одборот; подготвува годишни извештаи за одборот; подготвува извештаи за својата работа кои одборот му ги побарал; подготвува и доставува извештаи за годишни сметки; подготвува и доставува предлог на програма на активностите за наредната година; подготвува и доставува предлог на буџет; доставува предлог до одборот за распределба на вишокот средства во поглед на капиталните инвестиции и на другите резервни фондови; вработува и отпушта персонал и склучува поединечни договори за вработување во согласност со одредбите на законите и прописите донесени врз основа на закон за оваа област, овој закон и статутот ; ги исполнува обврските што му ги дава одборот и врши и други права и должности ставени во негова надлежност со закон, прописи донесени врз основа на закон, статут и други општи акти. Член 56 По барање на одборот, директорот: учествува на седниците на одборот; обезбедува информации, документација или предлози за функционирањето на водостопанството; и дава стручно мислење за работи што се во врска со функционирањето на водостопанството и системот кој го стопанисува, користи и одржува. Член 57 Директорот нема право на глас во одлучувањето на одборот. Член 58 Платата и другите надоместоци на директорот, ги утврдува одборот. Член 59 Засновање на работен однос, правата и обврските од работниот однос и престанокот на работниот однос на вработените во водостопанствата се врши согласно со одредбите на Законот за работните односи. Член 60 При засновање на работен однос со водостопанството, се определува пробна работа во траење до три месеца. Член 61 Раководителите на организационите единици ги назначува директорот по претходно прибавено одобрение од одборот. 12 www.pravdiko.com Член 62 Ако за работно место по јавен оглас или на друг начин, конкурира сродник на директорот: брачен другар, сродник по крв во права линија до било кој степен или во странична линија до трет степен, директорот се иззема од одлучувањето и одлуката за засновање на работен однос ја донесува одборот. V. ОДНОСИ СО КОРИСНИЦИТЕ Член 63 Водостопанството врши снабдување со вода врз основа на склучен договор. Член 64 Во случај кога водата е наменета за потреби на наводнувањето, таа ќе се испорачува врз основа на: долгорочни договори за снабдување со вода кои се склучуваат со водната заедница и годишни договори за снабдување со вода во сезона за наводнување кои се склучуваат со индивидуални корисници. Член 65 Водостопанството испорачува вода на комуналните претпријатија за водоснабдување и на корисниците на вода за индустриска потреба, вклучувајќи ја и испораката на вода за производство на електрична енергија, само врз основа на долгорочни договори за снабдување со вода. Член 66 Времетраењето на секој долгорочен договор за снабдување со вода, се определува на период од десет години, а по барање на заинтересираната странка овој период може да биде и пократок, но не пократок од пет години. Член 67 Договорите од членовите 64 и 65 на овој закон особено содржат податоци за: точките на снабдување со вода на главниот канал, објект или цевка до кои водостопанството врши снабдување со вода; намената и начинот на користење на водата; периодите за испорака на вода во текот на годината; висината на надоместокот за услугата и рокот за плаќање; условите кои се неопходни заради обезбедување на праведна и еднаква распределба на вода, а кои произлегуваат од капацитетот и физичките ограничувања на системот; мерките кои треба да се преземат со цел да се намалат штетните ефекти од дифузните извори на загадувањето, од салинизацијата и од презаситеност на почвата со вода; условите со кои се промовира рационалното користење на водата или кои се неопходни за имплементирање на законските обврски на водостопанството во поглед на користењето на водата; правата за снабдување со вода и протоколот за сигурност на снабдување со вода; обврските и ограничувањата на обврските; договорни казни за повреда на договорните обврски и други податоци кои се во согласност со одредбите на овој закон или други закони односно прописи донесени врз основа на закон. 13 www.pravdiko.com Член 68 Договорите од членот 64 став 1 алинеи 1 и 2 на овој закон, покрај податоците од членот 67 на овој закон содржат и податоци за: сезоната за наводнување; постапката за поднесување барање за испорачување на вода за време на сезоната на наводнувањето; максималната количина вода која може да ја побара корисникот за време на секоја сезона за наводнување и правото на ограничување на испораката на вода од страна на водостопанството. Член 69 Договорите од членот 65 на овој закон, покрај податоците од членот 67 на овој закон содржат и податоци за: количината на водата што треба да му се испорача на корисникот; правото на рестрикција во точно определени случаи и месечниот план на испорака на вода во случај на рестрикција. Член 70 Толкувањето на одредбите на договорот се врши според изјавата на страните во договорот, а ако таква нема, според Законот за облигационите односи. Водостопанството има право, во однос на договорите од членовите 64 и 65 на овој закон, да пресметува камата на ненавремено платените износи за надоместокот за услугата според законски утврдената затезна камата. Член 71 Склучениот договор за вода во текот на траењето може да се раскине предвреме или да се изменат неговите клаузули само по взаемна писмена согласност на двете страни. Водостопанството, има право да го раскине договорот и да го прекине снабдувањето со вода, во случај кога другата договорна страна доцни со исполнување на своите договорни обврски, подолго од 30 дена од денот на пристигнувањето на обврската, без оглед на обемот на неисполнетата обврска, како и во други случаи на еднострано раскинување на договорот согласно со Законот за облигационите односи. За едностраното раскинување на договорот од ставот 2 на овој член водостопанството писмено го известува корисникот во рок од три дена. Член 72 Доколу водостопанството не му испорачува вода на носителот на договорот согласно договорената динамика или на друг начин ги крши условите на договорот, одговара за надоместокот на штетата според Законот за облигационите односи. Член 73 Во случај на виша сила, ако дојде до намалување на водата наменета за корисниците, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на водостопанството или корисниците прогласува состојба на виша сила со одлука. 14 www.pravdiko.com Водостопанството е должно да ги извести сите корисници во рок од 15 дена од денот на донесување на одлуката од ставот 1 на овој член. Известувањето од ставот 2 на овој член се врши преку локалните средства за информирање и се истакнува на огласната табла на водостопанството. По прогласувањето на виша сила, водостопанството започнува со спроведување рестрикција во снабдувањето со вода, согласно со протоколот за сигурност на снабдување со вода во услови на виша сила. VI. МАТЕРИЈАЛНО И ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ Член 74 Извори на средства на водостопанството се: надоместоци за услуги за снабдување со вода; надоместоци за одводнување; кредити; донации и други извори. Член 75 На крајот на финансиската година, секој вишок на средства кој произлегува од средствата од надоместоците за услуги за снабдување со вода, надоместоци за одводнување или средства од други извори, се употребува за покривање на идните трошоци на водостопанството. Член 76 Водостопанството може за покривање на трошоците на тековното работење да се задолжува со: кредити од деловни банки и позајмици од правни и физички лица. Член 77 По долгорочните договори од членот 64 став 1 алинеја 1 и членот 65 на овој закон се плаќа: годишен надоместок и надоместок за испорачана количина на вода. Член 78 Годишниот надоместок од членот 77 став 1 алинеја 1 на овој закон е износ на трошоците за тековно годишно одржување на системот и се плаќа однапред до 31 декември секоја година, за наредната година или поинаку ако тоа е одредено во статутот на водостопанството или во неговите интерни акти. Надоместокот за испорачана количина на вода од членот 77 став 1 алинеја 2 на овој закон, е износ на трошоците за испорачаните количини на вода до корисниците, според волуменот на истата и се плаќа месечно по извршената испорака. 15 www.pravdiko.com Член 79 Распределувањето на обврската за годишниот надоместок, меѓу корисниците кои водата ја користат за наводнување и другите корисници што не ја користат за таа намена, а склучиле долгорочни договори, се врши според просечната волуменска количина на вода која му била испорачана на секој корисник во претходните три години. Распределувањето на обврската за годишниот надоместок меѓу корисниците на вода што ја користат за наводнување, а склучиле долгорочни договори, ќе се врши врз основа на бруто површината за која е обезбедена услугата. Член 80 Надоместокот за испорачана вода за корисниците со долгорочни договори кои водата не ја користат за наводнување, може да се пресметува по систем на премија. Премијата претставува начин на утврдување на надоместокот врз основа на повисокиот степен на сигурност за снабдување со вода, што го бара корисникот од ставот 1 на овој член. Премијата како начин на утврдување на надоместокот, мора да биде дефинирана во протоколот за сигурност на снабдувањето со вода кој е утврден со статутот на водостопанството и мора да е внесена во долгорочниот договор. Висината на премијата се утврдува со спогодба меѓу водостопанството и корисникот, но не може да биде помалку од четирикратниот износ во однос на надоместокот за испорачана количина на вода на корисниците што водата ја користат за наводнување. Член 81 По годишните договори од членот 64 став 1 алинеја 2 на овој закон, се плаќа надоместокот за користење на вода, кој може да биде поголем во однос на оној што го плаќаат корисниците на долгорочни договори како надоместок за испорачана вода, но не повеќе од трикратен износ. Член 82 Водостопанството, кое покрај испорачувањето на вода на корисниците има во својата дејност одводнување, наплатува надоместок и за одводнување од водните заедници и другите правни и физички лица, сопственици или корисници на земјоделско и друго земјиште, единиците на локална самоуправа и другите државни субјекти кои се сопственици или користат земјиште, или објекти и кои имаат потреба од одводнување, а припаѓаат во системот за одводнување со кој стопанисува водостопанството. Водостопанството на кое основна дејност му е стопанисување со систем за одводнување и кое не врши испорака на вода, утврдува и наплатува надоместок за одводнување од секое правно или физичко лице во рамките на подрачјето на дејствување на водостопанството: кое е сопственик или корисник на земјиште и кое има право на користење или закуп на државно земјиште. Член 83 Висината на надоместокот за одводнување од членот 82 на овој закон, се утврдува на следниот начин: се утврдува годишниот износ на трошоците за одржување на системот за одводнува ње ; се утврдува вкупната поврвнина на сите парцели /земјиштето/ што го покрива системот за одводнување; 16 www.pravdiko.com се утврдува процентот на учество на поврвнината на парцелата сопственост или во користење на правното или физичкото лице во вкупната поврвнина на замјиштето; утврдениот процент од алинејата 3 на овој член, се множи со годишниот износ на трошо ци и се утврдува износот што треба да го плати сопственикот односно корисникот на земји штето. Член 84 Секое водостопанство ги утврдува своите надоместоци за услугите врз основа на следниве основи: нема заемно субвенционирање на различни системи; се пресметува целосниот трошок на испорачаната вода до точката на снабдување; надоместокот за услуги за наводнување и одводнување да биде единствен и заснован врз исти критериуми за целиот систем, освен за деловите од системот каде постои значителна разлика во трошоците која влијае врз висината на надоместокот, како што е друг извор на вода или област која користи пумпи; во надоместоците за услуги се вклучуваат трошоци за одржување и работење на системот, резервни делови, замена на истрошените постројки и објекти и покривање на ризици од суша, поплава или случајна штета; при користење на иста инфраструктура од повеќе корисници, плаќањето на надоместокот за услуги да биде пропорционално на количините на вода по корисник; амортизацијата може да биде вклучена во надоместокот за услугата само за средства та кои се во сопственост на водостопанството и доколку реалниот трошок вклучува камата и поврат на главницата на кредит, каде овие дополнителни трошоци треба да бидат повратени во подеднаков однос од сите корисници. VII. ПОСТАПКА ЗА ОСНОВАЊЕ Член 85 Водостопанството се основа со одлука на Владата на Република Македонија, по предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 86 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да иницира постапка за основање ако: финансиското и друго работење на било кое од постојните водостопански претпријатија е такво, да укажува на потребата од подобрување на снабдувањето со вода, преку формирање на ново водостопанство; постои интерес за ефикасно управување со водите. Член 87 Започнувањето на постапка за основање водостопанство со кратка содржина на предлогот се објавува во дневен весник. Предлогот за основање содржи: опис на подрачјето на делување; идентификација на системот со кој ќе стопанисува, ќе го користи и ќе го одржува; детален попис на инфраструктура на системот и на основните средства кои треба да се пренесат на водостопанството ; 17 www.pravdiko.com идентификација на инфраструктурата и деловите на системот; идентификација на различните категории на корисници на вода кои ќе бидат снабдувани од водостопанството; предлог за доделување места на различни категории корисници на вода во одборот; нацрт-статут на водостопанството; нацрт-протокол за сигурност за снабдување со вода во кој се поставени релативните приоритети кои се даваат на различните корисници во случај на недостиг на вода и нацрт-буџет на водостопанството. Член 88 Резиме од Предлогот од членот 87 на овој закон се доставува на разгледување и мислења до: водните заедници; индустриските корисници на вода; комуналните претпријатија за водоснабдување; други корисници кои ќе се снабдуваат со вода или ќе користат услуги од водостопанството. Член 89 Примероци од Предлогот од членот 87 на овој закон се доставуваат на мислење до : Министерството за финансии; Министерството за локална самоуправа; единиците на локалната самоуправа на територијата на дејствувањето за која се основа водостопанството. Член 90 Субјектите од членовите 88 и 89 на овој закон, имаат право да достават свои забелешки во писмена форма во рок од 15 дена од денот на приемот на документацијата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 91 По истекот на рокот од членот 90 на овој закон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, земајќи ги предвид добиените мислења, го финализира предлогот за основање на водостопанството, статутот и составува предлог за времен избор-именува ње и мандат на членови на првиот одбор за предложеното водостопанство. Член 92 Предлогот од членот 91 на овој закон министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го доставува до Владата на Република Македонија. Член 93 Владата на Република Македонија по предлогот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучува за основање на водостопанството. 18 www.pravdiko.com Член 94 Владата на Република Македонија со одлуката за основање од членот 93 на овој закон: - го определува подрачјето на дејствувањето; го одобрува статутот; ја одобрува распределбата на местата во одборот; ги именува членовите на првиот одбор и времетраењето на нивниот мандат, но не подолго од три години; определува пренесување на основните средства согласно со членот 97 на овој закон и го определува датумот на распишувањето на првите редовни избори за членовите на одборот по истекот на мандатот на членовите на првиот одбор. Одлуката на Владата на Република Македонија се објавува во "Службениот весник на Република Македонија". Член 95 Во рок од 15 дена од денот на објавување на Одлуката од членот 94 на овој закон, претседавачот на одборот поднесува пријава за упис на водостопанството во регистарот на водостопанствата (во натамошниот текст: регистар), што го води основниот суд на чие подрачје се наоѓа седиштето на водостопанството. Регистарот на водостопанствата е јавен. Постапката за регистрација на водостопанствата се води според правилата за вонпроцесна постапка, ако со овој закон поинаку не е уредено. Образецот и начинот на водење на регистарот го пропишува министерот за правда. Со пријавата за упис во регистарот се поднесува: статутот на водостопанството и одлуката на Владата на Република Македонија за основање. Надлежниот суд е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на пријавата за упис да донесе решение со кое ќе одлучи за упис на водостопанството во регистарот. Заверен препис од решението за упис во регистарот основниот суд доставува до подносителот на пријавата. Ако судот утврди дека пријавата за упис во регистарот не е комплетна, ќе побара од подносителот во рок од 15 дена да ги отстрани недостатоците и да ја комплетира пријава та. Доколку подносителот не постапи по барањето на судот од ставот 8 на овој член, судот со решение ќе ја отфрли пријавата за упис во регистарот. Против решението на судот од ставот 6 на овој член, подносителот има право на жалба до апелациониот суд во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Заверен препис од решението за упис во регистарот, како и примерок од одлуката по жалба на решението на упис, надлежниот суд доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 96 Водостопанството стекнува својство на правно лице со денот на објавата на уписот во регистарот во "Службен весник на Република Македонија". Податоците запишани во регистарот се објавуваат во мСлужбен весник на Република Македонијао, на трошок на субјектот на уписот. 19 www.pravdiko.com Член 97 Владата на Република Македонија донесува одлука со која, го пренесува стопанисувањето, користењето и одржувањето на системот врз новооснованото водостопанство, во рок од 30 дена од денот на уписот во регистарот. Член 98 Врз основа на одлуката на Владата на Република Македонија од членот 97 на овој за кон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство склучува договор со водо стопанството за период што не може да биде пократок од десет ниту подолг од 30 години. Член 99 Договорот содржи: целосен опис на инфраструктурата врз основа на плановите и картите која му се пренесува на водостопанството заедно со придружните права на користење или пристап до теренот кој не претставува дел од системот; опис на состојбата на системот на денот на преносот; спецификација на обврските на водостопанството во врска со стопанисувањето, користењето и одржувањето на системот, со особен акцент на обврската за следење, контрола, одржување и спроведување поправки на неговите составни делови; спецификација на обврските на водостопанството за чување на записи од мерења, вклучувајќи ги записите за количествата на зафатената или исцрпена вода; правото на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да го кон тролира одржувањето и поправките на системот и правото за контролирање на работењето на водостопанството во однос на одржувањето и користењето на системот; спецификација на обврските на водостопанството кон трети лица, вклучувајќи ја и об врската за осигурување на системот; спецификација на постапките коишто задолжително треба да се следат доколку е потребно да се направат модификации на системот и опис на условите под кои може да дојде до раскинување на договорот, а за што е потребна одлука на Владата на Република Македонија. Член 100 По основањето на водната заедница која дејствува на подрачјето на дејствувањето на водостопанството, водната заедница поднесува барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за пренесување на користење и управување на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување од дел на системот, или цел мал систем на заедницата. По добивањето на барањето министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на членот 70 од Законот за водните заедници поднесува предлог до Владата на Република Македонија за донесување одлука за пренесување на користење и управување на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување од дел на системот, или цел мал систем на заедницата. Член 101 Водостопанството е должно да ги исполни сите законски услови и барања, а пред сИ, да ги прибави сите потребни дозволи, одобренија и други овластувања во врска со користењето на водните ресурси и заштитата на животната средина и природа, кои се однесуваат на стопанисување, користење и одржувањето на системот. 20 www.pravdiko.com VIII. ПОСЕБНИ ОБВРСКИ Член 102 Водостопанството : технички ја дефинира и ажурира картата на којашто е прикажано подрачјето на дејствувањето; ги евидентира сите составни делови на системот кои му се пренесени на користење ; - ги евидентира податоците за водата која се црпи од изворот; ги евидентира корисниците по вид на обезбедени услуги; ги евидентира решенијата за надоместокот за услуги, неплатените и платени обврски од корисниците на услугите; ги евидентира склучените, реализирани и нереализирани договори и трансакциите за нивна реализација; врши попис на основните средства; составува записници за контроли и снимања на состојбата на системот со кој стопанисува, во целина како и на делови од системот кои му се пренесени на користење и врши други работи ставени во негова надлежност со закон или прописи донесени врз основа на закон. Член 103 Водостопанството води сметки за средствата и трошоците и подготвува годишни сметки, согласно со Законот за сметководството на непрофитни организации. Член 104 Финансиското работење на водостопанството, заедно со годишните сметки се предмет на независна надворешна контрола од овластена ревизорска куќа. Член 105 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство врши стручен надзор на работењето на водостопанствата. Член 106 Во рамките на надзорот од членот 105 на овој закон, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има право да бара од одборот увид во документите од финансиска, материјална и друга природа и да укажува на противзаконитото работење и постапките кои го попречуваат редовното работење. Член 107 Ако по спроведениот увид, се утврди повреда на законските прописи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство писмено ќе го извести одборот за своите констатации од наодите на увидот и од него ќе побара писмен одговор во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето. Член 108 Доколку одборот не одговори на барањето од членот 107 на овој закон, или ако по приемот на одговорот, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство утврди 21 www.pravdiko.com дека водостопанството работело спротивно на одредбите на овој закон или други прописи, може да го разреши целиот одбор или некои негови членови, за кои смета дека се одговорни за пропустите. По донесувањето на одлуката за разрешување, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе свика состанок на лицата кои се странка во договорите склучени со водостопанството и ги известува за својата одлука. Член 109 Доколку дојде до разрешување на одборот, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе именува привремен менаџер, кој ќе ја врши функцијата на орган на управувањето наместо одборот, до избор на нов одбор. Член 110 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може по писмен пат да побара од водостопанството да му доставува информации и документација за користењето и одржувањето на системот со кој стопанисува. Член 111 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може надзорот на користењето и одржувањето на системот да го пренесе со писмено овластување, на едно или повеќе правни или физички лица, кои имаат соодветен стручен кадар или се со стручна подготовка од областа на водостопанството. Овластените лица од ставот 1 на овој член спроведуваат надзор на системот и по утврдените недостатоци во работењето, издаваат налози на водостопанството за преземање на дејствија за: правилно одржување на инфраструктурата; спречување на настапување на штети на инфраструктурата; спречување на настанување на штети на објекти од јавен интерес, што не се во состав на системот, или на објекти во сопственост на правни и физички лица и обезбедување на правилно користење на инфраструктурата од аспект на јавен инте рес. IX. ПРЕСТАНОК НА РАБОТАТА Член 112 Владата на Република Македонија по предлог на министерот за земјоделство, шумарс тво и водостопанство донесува одлука за престанување на работењето на водостопанство то, ако: водостопанството станало неликвидно и не е во состојба да ги изврши своите финансиски обврски; не го одржува системот во состојба да овозможува редовно снабдување со вода до корисниците; предизвика поголеми штети на корисниците поради несоодветно стопанисување со системот; ако системот поради виша сила или од други причини не може да ја врши функцијата за снабдување со вода поради која постои; 22 www.pravdiko.com одборот со мнозинство од три четвртини од вкупниот број на членови донесе одлука за престанок на работењето; Владата на Република Македонија, го раскине договорот за користење на системот врз основа на услови предвидени во тој договор и во други случаи предвидени со закон. Одлуката од ставот 1 на овој член се објавува во "Службен весник на Република Македонија". Владата на Република Македонија по иницијатива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поднесува предлог за спроведување на постапка за ликвидација на водостопанството до надлежниот регистарски суд. Со предлогот на Владата на Република Македонија за спроведување на постапката за ликвидација се дава и предлог за назначување на ликвидатор. Член 113 За отворањето и спроведување на постапката за ликвидација е надлежен регистарскиот суд во кој е извршен уписот на водостопанството. По предлогот за ликвидација, надлежниот суд определува ликвидационен совет составен од тројца судии за спроведување на постапката за ликвидација. По предлогот за спроведување на ликвидација, судот е должен да донесе решение за отворање на постапка за ликвидација во рок од осум дена по приемот на предлогот, без одржување на јавна расправа. Член 114 За отворање на постапката на ликвидација, доверителите се известуваат со оглас. Огласот се објавува во "Службен весник на Република Македонија", во еден од дневните весници, на огласната табла во судот и на огласната табла на водостопанството над кое се спроведува постапка за ликвидација, истиот ден кога е донесено решението за отворање на постапката за ликвидација. Огласот за отворање на постапката за ликвидација содржи: назив на судот што го донел решението за отворање на постапката за ликвидација; извод од решението за отворање на постапката за ликвидација; фирма, седиште и број на жиро-сметката на водостопанството над кое се спроведува постапката за ликвидација; име и адреса на ликвидаторот; повик до доверителите во рок од 30 дена да ги пријават своите побарувања; место, ден и час на рочиштето за испитување на побарувањата на доверителите и повик на должниците на водостопанството над кое се води постапка за ликвидација без одлагање да ги намират своите обврски. Член 115 Во ликвидационата маса на водостопанството над кое се води постапка за ликвидација не влегуваат инфраструктурните системи и придружните објекти кои се во функција на вршењето на дејноста определена со овој закон. 23 www.pravdiko.com Член 116 Решението за заклучување на постапката за ликвидација се доставува до регистарскиот суд заради бришење на водостопанството од соодветниот регистар. Член 117 Ако поинаку не е предвидено со овој закон, во постапката за ликвидација на водостопанството соодветно се применуваат одредбите од Законот за трговските друштва. Член 118 Системот пренесен со одлуката на Владата на Република Македонија од членот 97 на овој закон и договорот за користење од членот 99 на овој закон склучен со Министерство то за земјоделство, шумарство и водостопанство, се враќаат во владение на државата. X. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ Член 119 Со парична казна од 100.000 до 300.000 денари ќе се казни правно лице, кое: без склучен договор со водостопанството користи вода од системот; покрај постоење на правосилно решение или решение по кое жалбата не го задржува извршувањето ќе спречи овластено лице на водостопанството на пристап или користење на земјиштето за извршување на работите од членовите 11 и 12 на овој закон и постапи спротивно на процедурите определени со актите на водостопанството од членот 22 на овој закон. Член 120 Со парична казна од 30.000 до 100.000 денари ќе се казни физичко лице-корисник на вода, кој: без склучен договор со водостопанството користи вода од системот; покрај постоење на правосилно решение или решение по кое жалбата не го задржува извршувањето ќе го спречи овластеното лице на водостопанството на пристап или кори стење на земјиштето за извршување на работите од членовите 11 и 12 на овој закон и постапува спротивно на процедурите определени со актите на водостопанството од членот 22 на овој закон. Со парична казна од 50.000 до 100.000 денари ќе се казни член на одбор што нема да пријави конфликт на интереси од членот 37 на овој закон и ќе учествува во расправата и донесување на одлуката. Со парична казна од 50.000 до 100.000 денари ќе се казни секој од членовите на одборот кога одборот нема да постапи по барањето од членот 107 на овој закон. XI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 121 Прописот од членот 95 став 4 на овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. 24 www.pravdiko.com Член 122 Во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, Владата на Република Македонија ќе донесе одлука за основање на водостопанствата согласно со членот 94 од овој закон. Одлуката од ставот 1 на овој член особено содржи: бројот на водостопанствата, подрачјето на нивното дејствување, системите што им се пренесуваат на управување, делови од системи или мали системи што треба да се пренесат на водните заедници, бројот на вработени што ќе бидат преземени од постојните водостопански претпријатија и роковите за склучување договори за пренесување на системите по членот 99 од овој закон, односно крајниот рок за отпочнување со работа на новите водостопанства. Член 123 Основачкиот капитал на водостопанствата од членот 122 на овој закон е државниот имот на правните субјекти од членот 170 од Законот за водите ("Службен весник на Република Македонија" број 4/98 и 19/2000) и државниот имот со кој стопанисуваат јавните претпријатија од областа на водостопанството. Член 124 Водостопанствата можат врз основа на актите за организација и систематизација да преземаат вработени од јавните претпријатија од областа на водостопанството, постојните водостопански претпријатија, други правни лица и деловите од претпријатијата што вршат водостопанска дејност. На другите вработени во јавните претпријатија од областа на водостопанството, постојни те водостопански претпријатија, други правни лица и деловите од претпријатијата што вршат водостопанска дејност им престанува работниот однос со денот на престанувањето на работа та односно со денот на ликвидацијата, и ги остваруваат своите права согласно со Законот за работните односи и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Член 125 До отпочнување со работата на водостопанствата од членот 122 на овој закон, согласно со овој закон, дејноста од областа на водостопанството ја вршат постојните водостопански претпријатија. Член 126 Со денот на отпочнувањето со работа на водостопанствата и донесувањето на одлуката на Владата на Република Македонија за престанок со работа на постојните јавни претпријатија од областа на водостопанството, овие субјекти престануваат со работа. Постојните водостопански претпријатија, други правни лица и делови од претпријатијата што вршат водостопанска дејност престануваат со работа со денот на влегувањето во сила на овој закон. Во периодот по престанувањето со работата до денот на бришењето од соодветниот регистар, овие субјекти ги извршуваат само нужните работи за функционирање на хидросистемите и нивно одржување. Постапката за ликвидација на субјектите од ставот 2 на овој член се спроведува по предлог на Владата на Република Македонија и според одредбите од членовите 112 до 117 на овој закон. 25 www.pravdiko.com Член 127 Побарувањата на доверителите на јавните претпријатија од областа на водостопанството, постојните водостопански претпријатија, други правни лица и деловите од претпријатијата што вршат водостопанска дејност се намируваат од ликвидациониот имот. Член 128 Доколку во моментот на составување на предлогот за основање на водостопанството од членот 91 на овој закон, на подрачјето на дејствувањето на водостопанството нема формира но или бројот на водните заедници е недоволен, министерот за земјоделство, шумарство и во достопанство предлогот за времен избор-именување на лицата за членови во првиот одбор од претставници на корисниците на вода за наводнување го утврдува од и меѓу лицата предло жени од единиците на локалната самоуправа од географските области од членот 26 на овој за кон. По една година од формирањето на водостопанството, водните заедници во рамките на секоја географска област имаат право да изберат секоја по еден или повеќе претставници за членови во одборот за места определени за таа географска област кои членови ги заменуваат времено назначените членови од првиот одбор. Изборот ќе биде согласно со членот 26 на овој закон. Оваа постапка ќе биде повторувана секоја година до третата година од формирањето на водостопанството. Член 129 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија" . 26 www.pravdiko.com

Law on water economies · Nelum