Law on water communities
Made 2003 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за водните заедници.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Agricultural and rural development, Water
- Keywords
- drainage/land reclamation, irrigation, community management, cooperative/producer organization, water users' associations, water rights
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
1 Незваничен, консолидиран/пречистен текст ЗАКОН ЗА ВОДНИТЕ ЗАЕДНИЦИ „Сл. весник на Р Македонија“ број 51/03, 95/05, 113/07 и 136/11 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за основање, регистрација, работење, надзорот над работењето и престанокот на водните заедници. Член2 Под водна заедница, согласно со овој закон, се подразбира здружение на сопственици или корисници на земјоделско земјиште здружени заради користење, управување, одржување, изградба, реконструкција и доградба на малите системи за наводнување и/или одводнување и делничната и/или разводната мрежа на хидромелиоративните системи за наводнување и/или одводнување (во натамошниот текст инфраструктура за наводнување и одводнување) на територијата на заедницата утврдена врз основа на хидромелиоративна единица. Член 3 (1) Под хидромелиоративна единица, во смисла на овој закон, се подразбира определена површина на земјиште опфатена или која може да се опфати со инфраструктура за наводнување и/или одводнување и која претставува хидротехничка целина. (2) Хидромелиоративната единица е неделива, односно во рамките на една утврдена територија може да постои само една водна заедница (во натамошниот текст: заедница). (3) Во случајот кога хидромелиоративната единица е составена од повеќе помали хидротехнички целини чие функционирање во наводнувањето и/или одводнување може да биде и самостојно, во тој случај хидромелиоративната единица е делива и по иницијатива на корисниците на тие површини може да се основаат две или повеќе водни заедници. Член 4 (1) Заедницата има својство на правно лице и е непрофитна. (2) Заедницата може да отвори само една жиро – сметка во деловна банка по претходна согласност од Министерството за земјоделство, 2 шумарство и водостопанство - Управата за водостопанство (во натамошниот текст: Управа). Член 5 (1) Заедницата може да го врши следниве дејности: набавка на вода за наводнување од правните лица кои обезбедуваат вода за наводнување; распределба на водата за наводнување на членовите и нечленовите на заедницата во рамките на територијата на заедницата; одводнување; користење, управување и одржување на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување; доградба, реконструкција или подобрување на постојната инфраструктура со која управува заедницата; изградба на нови, мали системи за наводнување и/или одводнување на територијата на заедницата; набавка, користење, одржување и замена на опремата за наводнување и/или одводнување; утврдување на висината на надоместокот за наводнување и одводнување и неговата наплата согласно со членот 57 став (2) алинеја 2 и членот 61 став (2) алинеја 2 од овој закон и активности кои се неопходни за вршење на овие дејности. (2) Со вршењето на дејностите од ставот (1) на овој член заедницата го поддржува развојот на земјоделството преку давање на сигурни услуги за наводнување и/или одводнување и ги застапува интересите на крајните корисници во управувањето со водата за наводнување. (3) Дејностите на заедницата од ставот (1) на овој член се дејности од јавен интерес. (4) Заедницата може да испорача технолошка вода на правни и физички лица, врз основа на договор, доколку овие корисници можат да се снабдуваат со вода од системот со кој управува и го користи водната заедница, а по претходно добиена согласност од Управата за водостопанство. Член 6 (1) Сопствениците или корисниците на земјоделско земјиште на територијата на заедницата кои не се членови на заедницата имаат еднакви права во однос на користењето и распределбата на расположливите количества вода за наводнување како и членовите на заедницата. (2) Заедницата врз основа на договор ги регулира односите со сопствениците или корисниците на земјоделско земјиште на територијата на заедницата, 3 (3) Заедницата има право на пристап и користење на земјиштето на сопствениците или корисниците на земјоделско земјиште заради поправки и преправки на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување. (4) Пристапот и користењето се врши по претходно добиена согласност на сопственикот или корисникот на земјиштето, (5) Доколку сопственикот или корисникот се спротивстави, заедницата може да донесе решение и воспостави времена службеност врз земјиштето, со кое го определува обемот на службеноста, нејзиното времетраење и престанокот на истата. (6) Против решението од ставот (5) на овој член, сопственикот или корисникот може да изјави жалба до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 15 дена од денот на донесувањето на решението. (7) Изјавената жалба од ставот (6) на овој член не го одлага извршувањето на решението, ако со неизвршувањето на утврдените мерки ќе се предизвикаат последици кои тешко можат да се отстранат. (8) За штетата предизвикана со пристапот и користење на земјиштето врз основа на одредбите од ставовите (3), (4) и (5) на овој член заедницата одговара според Законот за облигациони односи. Член 7 (1) Членовите и нечленовите на заедницата се должни до управниот одбор на заедницата да ги пријават потребите за вода и земјоделски култури што ќе бидат засејувани на тоа земјиште најдоцна до 1 октомври во тековната за наредната година. (2) Заедницата е должна до правното лице кое испорачува вода за наводнување, заради изготвување на годишните планови за наводнување, да го пријави земјиштето и земјоделските култури што ќе бидат засејувани на тоа земјиште најдоцна до 30 октомври во тековната за наредната година. Член 8 (1) Заедницата, како единствен корисник, со договор ги регулира односите со правното лице кое испорачува вода за наводнување и/или кое ја прифаќа водата од одводнување од територијата на заедницата во согласност со закон. (2) Во договорот од ставот (1) на овој член заедницата ќе се смета како корисник на вода на кој ќе му биде прекинато испорачувањето на вода ако не платил за користење на водата, ако ги оштетил објектите или не ги извршил другите обврски утврдени со овој закон. 4 II. ОСНОВАЊЕ НА ВОДНА ЗАЕДНИЦА Член 9 (1) Заедница може да основаат физички и правни лица кои поседуваат повеќе од половината од земјоделското земјиште на територијата на заедницата и имаат интерес за вршење на дејностите од членот 5 на овој закон. (2) Заедница може да основаат и физички и правни лица сопственици или корисници на земјоделско земјиште, доколку за тоа се согласи сопственикот на земјиштето. (3) Името на заедницата мора да ги содржи зборовите: “водна заедница”. (4) Заедницата се основа на основачко собрание на кое се донесува акт за основање - статут. Член 10 (1) Заедницата се основа на доброволна основа, на иницијатива на два или повеќе сопственици или корисници на земјоделско земјиште кои формираат иницијативен одбор. (2) Иницијативниот одбор ги свикува сите сопственици или корисници на земјоделско земјиште во рамките на територијата на која може да се основа заедницата на прелиминарно собрание. Член 11 (1) На прелиминарното собрание се одобрува предлогот на иницијативниот одбор за територијата на која би се основала заедницата и инфраструктурата за наводнување и/или одводнување со која би управувала заедницата и се определуваат лица кои ќе го подготват предлогот на статутот и другите потребни документи за основање на заедницата по добивањето на мислењето од ставот (5) на овој член. (2) Иницијативниот одбор до Управата доставува информација за иницијативата за основање на заедницата и за одржаното прелиминарно собрание. (3) Кон информацијата од ставот (2) на овој член се приложуваат и прегледна карта на територијата на заедницата со инфраструктурата во размер 1:25.000, опис на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување во рамките на таа територија, можниот број на членови на заедницата од вкупниот број на сопственици или корисници на земјоделско земјиште и нивни писмени изјави дека се согласни да членуваат во заедницата. (4) Иницијативниот одбор од Управата може да бара стручна помош околу натамошните подготвителни дејствија за основање на заедницата. 5 (5) Управата е должна во рок од 15 дена од денот на приемот на информацијата од ставот (2) на овој член да даде мислење по иницијативата за основање на заедницата. Член 12 (1) Статутот на заедницата мора да содржи одредби за: името и седиштето на заедницата; опис на територијата на заедницата и инфраструктурата за наводнување и/или одводнување на таа територија, придружена со прегледна карта на територијата и инфраструктурата; дејностите кои заедницата ќе ги врши; условите и начинот на пристапување во членството на заедницата; органите на заедницата; постапката и начинот за свикување на собранието на заедницата; начинот на одлучување и бројот на присутните членови потребен за кворум на седниците на собранието; правото на глас на членовите на заедницата; постапката за избор на членовите на Управниот одбор и претседателот; овластувањата, постапката за одлучување и надлежностите на Управниот одбор и претседателот; условите и постапката за одговорноста и разрешување на претседателот и членовите на Управниот одбор и на претседавачот и членовите на одборот за контрола; ограничување на дејствијата на претседателот на Управниот одбор; постапката за изготвување на плановите за распределба на расположливите количества вода и координација на распоредот на наводнување; постапката за изготвување на програмата за користење и одржување на инфраструктурата и опремата за наводнување и/или одводнување со која управува заедницата; постапката за утврдување на висината и наплатата на надоместоците за трошоците за услугите кои ги дава заедницата на членовите и нечленовите; правото на членовите на заедницата да истапат од членството на заедницата и одредби за престанок на членството; постапката за разрешување на спорови меѓу заедницата и нејзините членови, како и меѓу членовите на заедницата; постапката за одобрување на финансискиот план и годишните сметки; постапката за измени и дополнувања на статутот на заедницата и престанокот на заедницата. (2) Со статутот на заедницата можат да се уредат и други прашања во согласност со овој закон. 6 Член 13 (1) Иницијативниот одбор свикува основачко собрание во рок од 15 дена од денот на добивањето на мислењето од ставот (5) на членот 11 од овој закон. (2) Иницијативниот одбор ги известува потенцијалните членови на заедницата за времето и местото каде што тие можат да остварат увид во предлогот на статутот на заедницата пред денот на одржувањето на основачкото собрание, како и за потребните документи кои потенцијалните членови на заедницата треба да ги приложат на основачкото собрание како доказ за сопственоста или правото на користење на земјоделското земјиште. Член 14 (1) Основачкото собрание го донесува статутот на заедницата со мнозинство гласови од потенцијалните членови на заедницата, под услов тие да поседуваат или користат повеќе од половината од земјоделското земјиште на територијата на заедницата. (2) Доколку статутот на заедницата не биде донесен, основачкото собрание се свикува повторно во рок од најмалку 20 дена. Член 15 На основачкото собрание се избираат претседател на собранието, претседател и членови на Управниот одбор и членови на другите органи на заедницата предвидени со овој закон и статутот на заедницата. Член 16 (1) Претседателот на Управниот одбор го доставува статутот на заедницата до Управата за одобрување во рок од осум дена од денот на донесувањето. (2) Управата одобрението на статутот го дава во рок од 15 дена од денот на приемот. (3) Ако Управата не го одобри статутот на заедницата, заедницата може да изјави жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од осум дена од денот на добивањето на решението со кое не се одобрува статутот. Член 16-a (1) Доколку Управата за водостопанство не го издаде одобрението, односно не донесе решение за одбивање на барањето за издавање на одобрението на статутот на водната заедница во рокот од членот 16 став (2) од овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата 7 на директорот на Управата за водостопанство заради донесување на одобрение на статутот од страна на Управата за водостопанство. (2) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Директорот на Управата за водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (1) на овој член до писарницата на Управата за водостопанство да донесе решение со кое барањето за издавање на одобрението на статутот на водната заедница е уважено или одбиено. Доколку директорот на Управата за водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Управата за водостопанство. (4) Кон барањето за донесување решение од ставот (1) на овој член, подносителот на барањето доставува и копија од барањето за издавање на одобрение на статутот. (5) Доколку директорот на Управата за водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши инспекциски надзор во Управата за водостопанство и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Управата за водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и за преземените мерки во истиот рок да го извести инспекторoт и да му достави примерок од актот со кој е одлучено по барањето. (8) Доколку директорот на Управата за водостопанство не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот на Управата за водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Доколку директорот на Управата за водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и 8 во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (6) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (5) на овој член или не поднел пријава согласно со ставот (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Управата за водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Во случајот од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случајот од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (16) Доколку директорот на Управата за водостопанство не одлучи во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна. Член 17 (1) Во рок од 15 дена од денот на добивањето на одобрение на статутот на заедницата од Управата, претседателот на Управниот одбор како овластено лице за застапување на заедницата поднесува пријава за упис 9 на заедницата во регистарот на други правни лица (во натамошниот текст: регистар), што го води Централниот регистар на Република Македонија. Член18 Со пријавата за упис во регистарот се поднесува: статутот на заедницата; актот од Управата со кој се одобрува статутот; записникот од основачкото собрание; одлука за изборот на претседателот на Управниот одбор како овластено лице за застапување на заедницата. Член 19 ИЗБРИШАН!!! Член 20 Заверен препис од решението за упис во регистарот, како и примерок од одлуката по жалбата на решението за упис, Централниот регистар на Република Македонија доставува до Управата. Член 21 (1) Во случај на измени и дополнувања на статутот на заедницата, овластеното лице е должно во рок од 30 дена од денот на донесувањето на измените и дополнувањата на статутот да поднесе пријава за упис на измените и дополнувањата. (2) Кон пријавата од ставот (1) на овој член се приложува записник од седницата на собранието на заедницата на која се донесени измените и дополнувањата на статутот, измените и дополнувањата на статутот и актот од Управата за одобрување на измените и дополнувањата. Член 22 Заедницата стекнува својство на правно лице со денот на објавувањето на уписот во регистарот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија. Член 23 ИЗБРИШАН!!! Член 24 ИЗБРИШАН!!! Член 25 (1) Во случај на припојување, односно спојување на заедница кон, односно со друга заедница се применуваат одредбите на овој закон што се однесуваат на основање на заедницата. (2) Одредбите на овој закон што се однесуваат на основање на заедницата се применуваат и во случај на постоење иницијатива за 10 издвојување од постојната водна заедница, а по претходно добиена согласност од Управата за водостопанство. III. ЧЛЕНСТВО Член 26 (1) Член на заедницата може да биде секое физичко или правно лице, сопственик или корисник на земјоделско земјиште на територијата на заедницата, кое ги користи услугите на заедницата. (2) Правното лице кое сака да биде член на заедницата должно е во писмена форма да ја извести заедницата за лицето кое е овластено да го застапува во сите работи во врска со работењето на заедницата. Член 27 Во случај кога определено земјоделско земјиште на територијата на заедницата се користи од два или повеќе сопственици или корисници на земјиштето, сопствениците или корисниците одлучуваат кој од нив ќе ги претставува како член на заедницата, за што писмено ја известуваат заедницата. Член 28 При промена на сопственикот или корисникот на земјоделското земјиште, новиот сопственик или корисник на земјиште може да стане член на заедницата само доколку сите обврски на претходниот член кон заедницата се намирени во целост. Член29 Заедницата може со статутот да определи да се ограничи временскиот рок за стапување во членството на заедницата само по завршувањето на сезоната за наводнување, освен во случај на наследување. Член 30 (1) Членот на заедницата има право: да учествува во активностите на заедницата под услов да ги има исполнето своите обврски спрема заедницата; да ги користи сите услуги обезбедени од страна на заедницата, под услов да ги има исполнето своите обврски спрема заедницата; да учествува во работата на седницата на собранието, да избира членови на органите на заедницата и да биде избран во нив; да ги компензира обврските спрема заедницата со услугите, трудот и средствата што ќе ги вложи за вршење на дејностите на заедницата и да остварува увид во работењето и во документацијата на заедницата. 11 (2) Членот на заедницата има и други права утврдени со овој закон и статутот на заедницата. Член 31 (1) Членот на заедницата е должен: да го почитува статутот и другите акти на заедницата; редовно да ги плаќа надоместоците за трошоците за услугите обезбедени од страна на заедницата, според условите, во роковите и во висина утврдена со статутот и одлуките на собранието; да ги извршува договорените работи со заедницата; да не ја оштетува инфраструктурата или опремата за наводнување и/или одводнување на заедницата, да го плати трошокот за поправка или замена на опремата на заедницата која била оштетена од негова страна и да ја надомести штетата предизвикана од него на имотот и средствата со кои располага или управува заедницата. (2) Членот на заедницата има и други должности утврдени со овој закон и статутот на заедницата. Член 32 (1) Членовите на заедницата имаат право да истапат од членството на заедницата. (2) Правото на доброволно истапување од членството на заедницата не може да се остварува: пред завршувањето на сезоната за наводнување и во случај кога членот ги нема намирено своите обврски спрема заедницата. Член 33 Членството во заедницата престанува во случај на: смрт; престанок или ликвидација на правното лице без правен наследник; пренос на правото на сопственост или престанок на правото на користење на земјоделското земјиште; доброволно истапување, исклучување и престанок на заедницата. IV. ОРГАНИ НА ВОДНАТА ЗАЕДНИЦА Член 34 (1) Органи на заедницата се: собрание; 12 управен одбор и одбор за контрола. (2) Со статутот на заедницата може да се предвиди формирање и на други органи на заедницата. Член 35 (1) Собранието е највисок орган на заедницата кој го сочинуваат сите членови на заедницата. (2) На седниците на собранието учествуваат сите членови на заедницата или нивни овластени претставници. (3) На седниците на собранието претседава претседателот на собранието. (4) Собранието може да работи и полноважно да одлучува ако на седницата присуствуваат најмалку 51% од вкупниот број на членовите на заедницата. (5) Собранието своите одлуки ги донесува со мнозинство од гласовите на присутните членови, освен во случаите кога поинаку е уредено со овој закон и со статутот на заедницата. (6) За седниците на собранието се води записник. Член 36 (1) Собранието се состанува најмалку двапати годишно. (2) По потреба и во согласност со статутот на заедницата, може да се свикаат вонредни седници на собранието од страна на управниот одбор, одборот за контрола, или по барање на најмалку една четвртина од членовите на заедницата. Член 37 Собранието ги врши следниве работи: одлучува за измените и дополнувањата на статутот на заедницата; ги избира и разрешува претседателот и членовите на управниот одбор, одборот за контрола и другите органи утврдени со статутот на заедницата; одлучува за промени на бројот и составот на органите на заедницата; одлучува за пристапувањето, истапувањето, исклучувањето од членство во заедницата и суспендирањето на правото на глас на членовите на заедницата; ги донесува годишната сметка, годишниот извештај и финансискиот план на заедницата по претходно добиено позитивно мислење од одборот за контрола: ги усвојува извештаите на управниот одбор и одборот за контрола; ја усвојува програмата за користење и одржување на инфраструктурата за наводнување и одводнување; го усвојува планот за потребите од вода за наводнување на заедницата 13 според видот на земјоделските култури што ќе бидат засејувани; го усвојува планот за распределба на расположливите количества вода и распоредот за наводнување; одлучува за висината на надоместокот за наводнување и одводнување; одлучува по жалби против одлуките на управниот одбор; одлучува за задолжување на заедницата; го усвојува инвестициониот план на заедницата; одлучува за овластувањата на претседателот на управниот одбор во работата со сметката на заедницата; одлучува за потребата од вработување или ангажирање на лица за вршење на дејностите на заедницата и за висината на нивната плата, односно надоместок; одлучува за спојувањето или припојувањето на заедницата кон друга заедница и за здружувањето со други заедници; одлучува за престанок на заедницата и врши други работи утврдени со овој закон и со статутот на заедницата. Член 38 (1) Со статутот на заедницата се утврдува колку гласа има секој член. Статутот може да утврди дека: секој член има еден глас; правото на глас е сразмерно на големината на земјиштето кое членот го поседува или користи, при што секој член има најмалку еден глас или друг вид на прераспределба на гласовите која ќе обезбеди заштита на интересите на секој член на заедницата. (2) Еден член не може да има повеќе од 10% од вкупниот број гласови. Член 39 (1) Доколку бројот на членови на заедницата надминува 200 или бројот на членовите на заедницата е толку голем што не е можно сите членови да гласаат на собранието, со статутот на заедницата може да се утврди воспоставување на репрезентативен систем. (2) Критериумите за групирање на членовите на заедницата и избор на нивни претставници во собранието се утврдуваат со статутот на заедницата. Член 40 Управниот одбор управува со работата на заедницата во согласност со овој закон, статутот и другите акти на заедницата. Член 41 (1) Управниот одбор се состои од најмалку пет члена од кои два члена и претседател избрани од редот на членовите на заедницата и два члена 14 кои што ги именува советот на единицата на локалната самоуправа што ја покрива заедницата. (2) Член на заедницата кој ги нема намирено своите обврски спрема заедницата или чие право на глас е суспендирано од страна на собранието на заедницата нема право да биде избран за член или претседател на управниот одбор. (3) За членови и претседател на управниот одбор не можат да бидат избрани лица кои се брачни другари, роднини по крв во права линија до било кој степен и во странична линија до втор степен. Член 42 Членовите и претседателот на управниот одбор се избираат од страна на собранието за период од три години. Член 43 Управниот одбор ги врши следниве работи: го обезбедува спроведувањето на одлуките на собранието; ги свикува седниците на собранието и го подготвува предлогот на материјалите и актите кои ги разгледува или усвојува собранието; предлага прашања за дневниот ред на седници на собранието; поднесува извештаи за своето работење до собранието; го подготвува годишниот извештај за работата на заедницата; го подготвува предлогот на финансискиот план и годишната сметка на заедницата; го подготвува предлогот на планот за потребите на заедницата од вода за наводнување според видот на земјоделските култури што ќе бидат засејувани; го подготвува предлогот на планот за распределба на расположливите количества вода и распоредот за наводнување; го подготвува предлогот за програмата за користење и одржување на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување; подготвува предлог за висината на надоместокот за наводнување и одводнување и врши и други работи утврдени во статутот на заедницата кои не се во исклучива надлежност на собранието. Член 44 (1) Управниот одбор одлучува за висината и рокот за наплата на пристигнатиот надоместок за наводнување и одводнување со решение. (2) Против решението од ставот (1) на овој член водокорисникот има право на жалба до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 15 (3) Конечната одлука на управниот одбор има карактер на извршна исправа. Член 45 (1) Управниот одбор се состанува најмалку еднаш месечно. Седниците на управниот одбор ги свикува претседателот по сопствена иницијатива или по барање на најмалку една третина од неговите членови. (2) Управниот одбор може да работи ако на седницата се присутни повеќе од половината од вкупниот број членови на управниот одбор. (3) Одлуките на управниот одбор се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од половината од вкупниот број членови на управниот одбор. (4) За седниците на управниот одбор се води записник. Член 46 (1) Собранието може да го разреши претседателот или член на управниот одбор пред истекот на неговиот мандат во случај на злоупотреба на овластувањата, некомпетентност, запоставување на должноста и други случаи утврдени со статутот на заедницата. (2) Собранието избира нов претседател или член на управниот одбор на истата седница на која е разрешен претходниот претседател или член на одборот. Член 47 За работата во управниот одбор на претседателот и членовите не им следува надомест. Член 48 Претседателот претседава со седниците на управниот одбор. Во случај кога на седницата на управниот одбор при гласањето за определено прашање се добие еднаков број гласови, за донесена се смета одлуката за која гласал претседателот на управниот одбор. Член 49 Претседателот на управниот одбор ги врши следниве работи: го организира спроведувањето на одлуките на собранието и управниот одбор; работи со сметката на заедницата согласно со овластувањата утврдени од собранието со одлука; вработува или ангажира лица за работните места кои се одобрени од собранието не одлучува за престанок на работниот однос; ја распределува работата и им дава упатство за работата на вработените во заедницата и ја застапува заедницата во правниот промет и односите со трети лица. 16 Член 50 (1) Одборот за контрола го следи работењето на управниот одбор и неговиот претседател и ги контролира сметките на заедницата. (2) Одборот за контрола задолжително ги прегледува годишните сметки и извештајот за работата на заедницата и по прегледувањето му дава мислење на управниот одбор. Собранието не може да ја донесе годишната сметка и годишниот извештај за работењето на заедницата, ако претходно не добие позитивно мислење од одборот за контрола. (3) Одборот за контрола има право да побара свикување на собранието на заедницата, со цел да го извести за повреда на законот или статутот од страна на управниот одбор или претседателот и има право на собранието да му предложи преземање мерки во согласност со овој закон и статутот на заедницата спрема членовите на заедницата кои не ги исполниле своите обврски. Член 51 (1) Одборот за контрола се состои од најмалку пет члена и тоа тројца избрани од собранието на заедницата од редот на членовите на заедницата и два члена кои што ги именува советот на единицата на локалната самоуправа за период од три години. (2) Членовите на одборот за контрола од своите редови избираат претседавач. (3) Член на одборот за контрола не може да биде претседателот на управниот одбор и член на управниот одбор на заедницата. За членство во одборот за контрола ќе се применуваат ставовите (2) и (3) од членот 41 на овој закон. (4) За работата во одборот за контрола на членовите на одборот не им следува надомест. Член 52 (1) Собранието може да разреши член на одборот за контрола пред истекот на неговиот мандат во случај на некомпетентност, незаинтересираност за работата, злоупотреба на овластувањата или други случаи утврдени со статутот на заедницата, во иста постапка како и при неговото именување. (2) Собранието избира нов член на Одборот за контрола на истата седница на која е разрешен членот на одборот за контрола. Член 53 (1) Одборот за контрола може да работи ако на седницата се присутни повеќе од половината од вкупниот број членови на одборот за контрола. (2) Одлуките на одборот за контрола се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од половината од вкупниот број членови на одборот за 17 контрола. (3) Одборот за контрола се свикува најмалку еднаш на три месеци. За седниците на одборот за контрола се води записник. Член 54 (1) Членовите на одборот за контрола за својата работа одговараат пред собранието на заедницата. (2) Одборот за контрола поднесува полугодишни и годишни извештаи за извршената контрола до собранието. (3) По потреба, одборот за контрола може да поднесува извештаи и за пократки рокови од роковите од ставот (2) на овој член. (4) времето на поднесување на извештаите до собранието се утврдува со статутот на заедницата. Член 55 Одговорноста на претседателот на управниот одбор, односно на членот на управниот одбор и на одборот за контрола се утврдува со статутот на заедницата. V. ЕВИДЕНЦИЈА НА ВОДНАТА ЗАЕДНИЦА Член 56 Заедницата води: регистар на членовите на заедницата, со опис на површината и локацијата на земјиштето на членот и името на сопственикот во случај кога корисникот на земјиштето е член на заедницата. Регистарот на членовите на заедницата се ажурира при секоја промена на членството; прегледна карта на територијата и инфраструктурата на заедницата; евиденција на инфраструктурата со која управува заедницата; евиденција на нечленовите на кои заедницата им обезбедува и дистрибуира вода; евиденција за количествата на вода обезбедени на членовите и нечленовите; евиденција на наплатените надоместоци и износите кои се должат; евиденција на записниците од седниците на собранието; евиденција на записниците од седниците на управниот одбор; евиденција на записниците од седниците на одборот за контрола и евиденција на средствата со кои располага или управува заедницата. 18 VI. ПРАВНИ ОДНОСИ МЕЃУ ВОДНАТА ЗАЕДНИЦА И НЕЈЗИНИТЕ ЧЛЕНОВИ Член 57 (1) Заедницата има право од членовите да: наплати надоместок за наводнување и одводнување и обезбеди средства за изградба на нови, мали системи за наводнување и/или одводнување или за реконструкција и доградба на постојната инфраструктура за наводнување и/или одводнување. (2) Заедницата ја формира висината на надоместокот за наводнување и одводнување, кој се состои од: дел што се плаќа кон правното лице кое испорачува вода за наводнување, во согласност со договор, и дел за покривање на трошоците за користење и одржување на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување. Член 58 (1) Со статутот на заедницата се уредува начинот и постапката за исклучување од членство на заедницата и суспендирање на правото на глас. (2) Одлуките за исклучување од членство или суспендирање на правото на глас ги донесува собранието на заедницата, на предлог на одборот за контрола или управниот одбор. Член 59 (1) Правото на глас на членот на заедницата може да биде суспендирано во случај кога членот ги нема намирено своите обврски кон заедницата во определен период утврден во статутот, (2) Суспензијата на правото на глас престанува по намирувањето на обврските кон заедницата од страна на членот. Член 60 Споровите меѓу членовите на заедницата, како и меѓу заедницата и членовите во врска со работата на заедницата се решаваат на начин утврден со статутот на заедницата. VII. ОДНОСИ МЕЃУ ВОДНАТА ЗАЕДНИЦА И НЕЧЛЕНОВИТЕ Член 61 (1) Собранието на заедницата одлучува за висината на надоместокот за наводнување и одводнување кој се наплаќа од нечленовите кои ги користат услугите што ги обезбедува заедницата. (2) Надоместокот кој го плаќаат нечленовите се состои од: цената за наводнување која се плаќа на правното лице кое испорачува 19 вода за наводнување, во согласност со Законот за водите; дел за покривање на трошоците за користење и одржување на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување и дел за покривање на трошоците за планираната изградба на нови, мали системи за наводнување и/или одводнување или за реконструкција и доградба на постојната инфраструктура за наводнување и/или одводнување. (3) Собранието на заедницата ја образложува својата одлука за утврдување на годишниот надоместок за наводнување и одводнување за нечленовите со изложување на пресметката за надоместок за наводнување и одводнување во одлуката. (4) Собранието ги заснова пресметките за утврдување на висината на надоместокот за нечленовите врз основа на барањата за вода од нечленовите кои тие и ги доставуваат на заедницата не подоцна од 30 септември во тековната за наредната година. (5) Заедницата има право од сите нечленови и во случај кога нечленот не ги користи услугите кои ги обезбедува заедницата, да го наплати делот од цената за наводнување кој служи за покривање на дел од трошоците кои не зависат од испорачаните количества вода, во согласност со Законот за водите и кој правното лице кое испорачува вода за наводнување го наплаќа од заедницата. VIII. НАДЗОР НАД РАБОТАТА НА ВОДНАТА ЗАЕДНИЦА Член 62 (1) Управата ја следи работата на заедницата, при што има право: да врши увид во целокупната документација на заедницата; да врши контрола на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување, со цел да се обезбеди стручна помош и совет за соодветно одржување на инфраструктурата; да побара од управниот одбор во рок од осум дена да свика седница на собранието, ако има финансиски неправилности во работењето на заедницата; по писмено барање на најмалку пет члена, да побара од управниот одбор во рок од осум дена да свика седница на собранието, ако констатира дека заедницата не работи во согласност со овој закон или статутот на заедницата; да ги запознае членовите на заедницата за своите наоди на седницата на собранието кога таа е свикана во согласност со алинеите 3 и 4 од овој став; да го разреши управниот одбор и да назначи привремен управник додека собранието не избере нов управен одбор, доколку управниот 20 одбор не свика седница на собранието во рокот утврден во алинеите 3 и 4 на овој став и да ги извести надлежните органи за констатираните неправилности во работењето на заедницата. (2) Против решението од ставот (1) алинеја 6 на овој член може да се изјави жалба до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 15 дена од денот на донесувањето на решението. Член 63 (1) За извршените работи од членот 62 на овој закон Управата составува записник. (2) При вршењето на работите од членот 62 на овој закон Управата има право од заедницата да бара информации и документација во врска со работењето на заедницата. Член 64 Управата води евиденција на регистрираните заедници во која се содржани и детални податоци за територијата на заедницата и инфраструктурата за наводнување и/или одводнување со која тие управуваат. Член 65 Управата, по барање на заедницата, дава мислење во случаите на изградба на нови, мали системи за наводнување и/или одводнување од страна на заедницата и реконструкција и доградба на постојната инфраструктура за наводнување и/или одводнување со која управува заедницата. IX. СРЕДСТВА НА ВОДНАТА ЗАЕДНИЦА Член 66 (1) Заедницата може да стекнува предмети, парични средства и имотни права. (2) Извори на средства на заедницата се: од вршење на дејностите од членот 5 на овој закон, средства од членовите, заеми и кредити, донации, подароци, средства одобрени по програми од надлежни државни институции и локалната самоуправа и други извори. 21 (3) Остварените средства, заедницата ги користи за дејностите утврдени во член 5 од овој закон. (4) Контролата на законското и наменското користење на средствата на заедницата се врши согласно со Законот за ревизија. Член 66-а Доколку водната заедница не располага со сопствени административни и други простории, просторни услови за работа, како канцелариски простор и простор за складирање на возила, резервни делови, мобилна водостопанска опрема и други неопходни движни ствари, на барање на водната заедница минимум просторни услови за овие намени може да обезбеди општината на чие подрачје е седиштето на водната заедница. Член 67 Средствата што заедницата ги стекнува се нејзина сопственост, освен оние изземени со овој закон. Член 68 (1) Доградената или реконструирана инфраструктура за наводнување и/или одводнување од страна на заедницата е во државна сопственост. (2) Вложувањата во новоизградени мали системи за наводнување и/или одводнување од страна на заедницата се уредува со договор склучен меѓу заедницата и Владата на Република Македонија. Член 69 Заедницата сметководството го води согласно со закон. X. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ И/ИЛИ ОДВОДНУВАЊЕ Член 70 (1) Владата на Република Македонија, по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесува одлука за пренесување на користење и управување на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување на заедницата. (2) Одлуката за пренесување на користењето и управувањето со инфраструктурата за наводнување и/или одводнување може да се укине само по донесување на одлука за отворање на постапка за стечај или ликвидација на заедницата. (3) На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на република Македонија донесува одлука за пренесување на користење и управување на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување на сојузот на водни заедници, како и на постројките и другите објекти кои се во функција на 22 инфраструктурата, а кои не се на територијата на одделни водни заедници коишто се здружиле во сојузот. На сојузот може да му се пренесат административни и други простории потребни за вршење на дејностите на сојузот доколку истите не се користат од одделна водна заедница. XI. ЗДРУЖУВАЊЕ НА ВОДНИТЕ ЗАЕДНИЦИ Член 71 Заради здружување на средствата, преземање и координација на дистрибуцијата на водата за наводнување меѓу заедниците и користење и одржување на инфраструктурата за наводнување и/или одводнување меѓу заедниците, две или повеќе заедници можат да формираат сојузи или други форми на здружување во согласност со одредбите на овој закон за основање на заедницата. XII. ПРЕСТАНОК НА ВОДНАТА ЗАЕДНИЦА Член 72 Заедницата престанува да постои: со одлука на собранието на заедницата за припојување или спојување со друга заедница и со исполнување на условите за стечај или ликвидација, или со исполнување на други услови утврдени со закон. Член 73 Инфраструктурата за наводнување и/или одводнување која е имот на Република Македонија, а е пренесена на користење и управување на заедницата, не може да биде предмет на стечајна или ликвидациона постапка. Член 74 (1) Заедницата го губи правниот субјективитет со бришењето од регистарот. (2) По бришењето на заедницата од регистарот, до основање на нова заедница, за остварување на водостопанската дејност од јавен интерес на територијата на заедницата ќе се грижи водостопанството кое ја снабдува со вода водната заедница или водостопанството кое со решение ќе го определи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 23 XIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 75 Прописот од членот 17 став (4) на овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 76 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Глава V – Здруженија на водокорисниците за наводнување и одводнување од Законот за водите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 4/98 и 19/2000). Член 77 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.