Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on waste management

Made 2021-09-15 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за управување со отпадот.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Waste and hazardous substances
Keywords
waste management, basic legislation, business/industry/corporations, classification/declassification, cleaning agents/detergents, effluent waste water/discharge, processing/handling, hazardous substances, hazardous waste, integrated management, internal trade, international trade, offences/penalties, organic waste, pollution control, protection of environment, public health, recycling/reuse, solid waste, transboundary movement of waste, waste disposal, waste domestic sources, waste non-domestic sources, waste prevention
Categories
*, energy

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ (1*) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој закон се уредуваат начелата и целите за управување со отпад, стратегиите, плановите и програмите за управување со отпадот, правата и обврските на правните и физичките лица во врска со управувањето со отпадот, начинот и условите под коишто може да се врши собирање, транспортирање, повторна употреба, третман, складирање, преработка и отстранување на отпадот, увозот, извозот и транзитот на отпадот, воспоставување на информативниот систем, како и финансирањето и надзорот над управувањето со отпадот. Член 2 Примена на законот Одредбите од овој закон се применуваат на сите видови отпад наведени во Листата на видови отпад од членот 15 од овој закон, освен на: 1) гасови што се испуштаат во атмосферата; 2) земјиште, вклучувајќи неископана контаминирана почва и земјиште под згради кои се трајно поврзани со истото; 3) неконтаминирани почви и други природни материјали ископани во текот на градежни активности, кога е сигурно дека материјалот ќе биде користен за целите на градежништвото во неговата природна состојба на локацијата од која е ископан; 4) радиоактивен отпад; 5) деактивираните експлозивни и распрскувачки средства и материи; 6) отпадните води, со исклучок на течниот отпад; 7) животински производи, вклучувајќи преработени производи опфатени со прописите за нуспроизводи од животинско потекло, освен оние кои се наменети за согорување, депонирање или употреба во постројки за биогас или компостирање; 8) трупови на животни кои се отстрануваат во согласност со прописите за нуспроизводи од животинско потекло; 9) отпадот што настанува како резултат на истражување, експлоатација, преработка и складирање на минералните суровини и работа на каменоломи согласно со прописите за минерални суровини; 10) седименти преместени во внатрешноста на површински води заради управување со водите и водните текови или за спречување на поплави или за ублажување на ефектите од поплави и суши или за мелиоризација на земјиштето, доколку се докаже дека седиментите не се опасни и 11) фекални материи, доколку не се опфатени со точка 7) на овој член, слама и други природни земјоделски или шумарски материјали кои не се опасни и се користат во земјоделството, шумарството или за производство на енергија од биомаса преку процеси или методи кои не го загрозуваат човековото здравје и не нанесуваат штета на животната средина. 1 * Со овој закон се врши усогласување со Директивата 2008/98/ЕС на Европскиот Парламент и на Советот од 19 Ноември 2008 за отпад и укинување на одредени директиви (CELEX бр. 32008L0098). Член 3 Целите на законот Целите на овој закон се да се обезбеди: 1) избегнување и во најголема можна мера, намалување на количеството на создадениот отпад; 2) искористување на употребливите состојки на отпадот; 3) одржлив развој, преку зачувување и заштеда на природните ресурси; 4) спречување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето во согласност со принципите на циркуларната економија; 5) отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина и 6) висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето. Член 4 Дејност од јавен интерес Управувањето со отпадот е дејност од јавен интерес, којшто се врши во согласност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Член 5 Примена на одредбите од законот (1) Во управувањето со отпадот се применува и Законот за животната средина, доколку поинаку не е уредено со овој закон. (2) На постапките утврдени со овој закон се применува Законот за општата управна постапка, доколку поинаку не е уредено со овој закон. Член 6 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. „Отпад“ е секоја супстанција, материја или предмет од категориите на отпад наведени во Листата на видови на отпад од членот 15 од овој закон, коишто создавачот или поседувачот ги исфрла, има намера да ги исфрли или од него се бара да ги исфрли; 2. „Опасен отпад“ е отпадот што согласно со своите карактеристики поседува едно или повеќе опасни својства кои можат да предизвикаат опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето согласно со членот 51 од овој закон; 3. „Неопасен отпад“ е отпадот што не поседува ниту едно од своjствата на опасниот отпад; 4. „Отпад од домаќинствата“ е отпад кој редовно се собира од домаќинствата, вклучувајќи го и отпадот што се остава на собирните места и собирните центри и одделно собраниот опасен отпад од домаќинствата, кабаст отпад, отпадот од градинарството и така натаму; 5. „Комунален отпад“ е отпадот од домаќинствата, како и друг отпад кој се создава во комерцијалниот и индустрискиот сектор кој поради неговите карактеристики, состав и количина е сличен со отпадот од домаќинствата; 6. „Изолиранa населбa“ е населбa со повеќе од 50 жители, но не повеќе од 500 и не повеќе од 5 жители на километар квадратен, која е оддалечена од најблиската урбана агломерација со најмалку 250 жители по километар квадратен, на не помалку од 50 км или каде што пристапот е отежнат во одреден временски период од годината поради хидрометеоролошките услови; 7. „Инертен отпад“ е отпадот што е отпорен и не подлежи на никакви значителни физички, хемиски или биолошки трансформации, не се раствора, не согорува и не реагира на друг физички или хемиски начин, не се биоразградува, а отпадот и неговиот исцедок не влијаат на друга материја со којашто доаѓаат во допир, на начин на кој може да ја загрозат животната средина, животот и здравјето на луѓето при што вкупното количество и содржина на загадувачките супстанции во отпадот и екотоксичноста на процедокот мора да биде незначителен за да не го загрозува квалитетот на површинските или подземни води; 8. „Комерцијален отпад“ е секој друг отпад кој се создава од правните и физичките лица при вршење на комерцијални, индустриски, трговски, услужни, административни и слични дејности и е сличен по природа или состав со отпадот од домаќинствата (дејноста трговија на големо и мало, угостителски услуги и барови, канцеларии и пазари, како и остатокот од услужниот сектор); 9. „Биоразградлив отпад“ е секој отпад што може да биде разграден со анаеробни (без присуство на кислород) или аеробни (со присуство на кислород) процеси на разградба, како што се отпадот од храна или градинарски отпад, како и хартија и картон; 10. „Био – отпад“ е биоразградлив градинарски отпад и отпад од паркови, храна и кујнски отпад од домаќинствата, ресторани, угостителски и малопродажни објекти и отпад којшто е споредлив со отпадот што се создава од преработувачките капацитети на храна, како и друг отпад со слични биоразградливи својства што е споредлив по природа, состав и количина; 11. „Градежен шут“ е отпад кој се создава при градење и рушење; 12. „Индустриски отпад“ е отпадот кој се создава во производствените процеси во индустријата и се разликува од комуналниот отпад според неговите карактеристики, состав и количество; 13. „Медицински отпад“ е отпадот што се создава во здравствените установи и ветеринарните установи и настанува како производ на употребени средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенцијата на болестите кај луѓето и кај животните; 14. „Полихлорирани бифенили“ се: полихлорирани бифенили (во натамошниот текст: ПХБ), полихлорирани терфенили (во натамошниот текст: ПХТ), монометилтетрахлородифенил метан, монометилдихлородифенил метан, монометилдибромодифенил метан, како и секоја смеса којашто содржи некоја од гореспоменатите супстанции, во вкупно количество од над 0,005 масени проценти; 15. „Опрема која содржи ПХБ“ е опрема којашто содржи или содржела ПХБ, на пример, трансформатори, кондензатори, контејнери и други садови коишто содржат остатоци од ПХБ, друга опрема што содржи или содржела ПХБ и што не била деконтаминирана, како и друг вид на опрема што може да содржи ПХБ која се третира како да содржи ПХБ, освен ако постои основа да се претпостави спротивното; 16. „Искористени ПХБ“ се сите ПХБ коишто создавачот или поседувачот ги исфрла, има намера да ги исфрли или од него се бара да ги исфрли; 17. „Отпаден титаниумдиоксид“ е секој остаток од производството, преработката и употребата на титаниумдиоксидот, што создавачот или поседувачот ги исфрла, има намера да ги исфрли или од него се бара да ги исфрли; 18. „Отпад од азбест“ се остатоци од производството, преработката и употребата на азбест, како и супстанциите, материјалите и производите коишто содржат азбест, а кои создавачот или поседувачот ги исфрла, има намера да ги исфрли или од него се бара да ги исфрли; 19. „Отпадни масла“ се прехранбени минерални, синтетички или индустриски масла, во течна или во полутечна состојба, кои станале непогодни за употребата за којашто првично биле наменети, а особено употребените масла за моторите со внатрешно согорување, маслата за менувачките кутии, како и маслата за турбини и хидрауличните масла вклучувајќи ги и масните остатоци од резервоарите, мешавини од вода и на масла и емулзии; 20. „Отпад од храна“ е отпад дефиниран согласно со прописите за храна; 21. „Создавач на отпад“ е правно или физичко лице коешто создава отпад како резултат на дејноста или активноста што ја врши (првичен создавач) и/или секое лице кое изведува операции на пред-преработка, мешање или некои други операции поради кои се менува карактерот или составот на првично создадениот отпад (секундарен создавач); 22. „Поседувач“ е правно и физичко лице кое има отпад во свое владение; 23. „Посредник е правно лице“ кое организира преработка и отстранување на отпадот, во име и за сметка на друг субјект, вклучувајќи ги и посредниците кои не го поседуваат отпадот; 24. „Трговец со отпад“ е правно лице кое во свое име и за своја сметка купува и последователно продава отпад и тогаш кога не е поседувач на отпадот; 25. „Посебни текови на отпад“ се посебните видови на отпад кои поседуваат соодветни карактеристики поради кои се пропишани посебни правила за управување пропишани со овој или посебен закон; 26. „Давател на услуга“ е правно лице кое е основано од или склучило договор на определено време со орган на централната или локалната власт за давање на јавна услуга за управување со отпад на одредено подрачје, на одредено или неодредено време; 27. „Оператор на регионален систем“ е правно лице кое врши услуга за управување со отпад во регионален систем кое може да е основано од или во кое мнозински удел на управување имаат општините, односно градот Скопје, односно да е основано или во кое мнозински удел на управување има Владата на Република Северна Македонија или пак ја врши услугата со договор склучен во постапка за давање под концесија за управување со регионалниот систем, согласно со прописите за концесии и јавно приватно партнерство; 28. „Управување со отпадот“ е дејност, односно активност што вклучува операции на собирање, транспортирање, складирање, преработка, повторна употреба, отстранување и промет на отпадот, вклучувајќи го и надзорот над овие операции, како и мерките за заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето за време на работата на објектите и на инсталациите за отстранување на отпадот, како и грижата за инсталациите по престанокот на нивната работа или за локациите каде отпадот е отстранет, вклучувајќи ги и активностите преземени од страна на посредник и трговец со отпад; 29. „Собирање на отпад“ е збир од организирани активности вклучувајќи ги постапките со кои се подготвува отпадот за селектирање и првично складирање заради негово транспортирање; 30. „Одделно собирање на отпадот“ (селекција) е собирање на одделно селектиран отпад според видот и карактеристиките на отпадот за да се олесни соодветниот третман; 31. „Собирно место“ е место каде што се лоцирани еден или повеќе садови кои служат за собирање и за селекција на отпад заради негово преземање со цел спроведување на активности за управување со отпадот или негово транспортирање до собирен центар; 32. „Собирен центар“ е објект или дел од објект каде комуналниот отпад се остава бесплатно од страна на домаќинствата, вклучувајќи го и отпадот наменет за рециклирање што се собира и складира привремено, кој поради големиот волумен или пак опасните карактеристики што ги поседува отпадот истиот не смее да биде исфрлен во канта или контејнери за отпад кои се поставени на собирните места; 33. „Собирач на отпад“ е правно лице кое поседува дозвола за собирање и транспортирање на отпад издадена согласно со одредбите од овој закон; 34. „Спречување на создавање на отпад“ се активности или мерки преземени пред одредена супстанца, материјал или производ да стане отпад, со што се намалува: количината на отпад, вклучително и преку повторната употреба на производите или продолжувањето на животниот век на производите, негативните влијанија на создадениот отпад врз животната средина и врз здравјето на луѓето или содржината на штетни материи во материјалите и производите; 35. „Повторна употреба на отпадот“ е секоја активност или мерка со која се обезбедува производите или деловите кои не се отпад повторно да бидат употребени за истата цел за којашто првобитно биле наменети; 36. „Подготовка за повторна употреба“ е секоја активност на проверка, чистење или поправка со која производи или делови на производи кои станале отпад, а кои се собрани од лица кои поседуваат соодветна дозвола за управување со отпад или преку системи за проширена одговорност на производителот воспоставени со прописите за управување со посебни текови на отпад, се подготвуваат за да можат повторно да се користат без дополнителна обработка; 37. „Третман на отпадот“ се активности на преработка или отстранување на отпад, вклучувајќи ги и подготвителните активности за преработката или отстранувањето на отпадот; 38. „Преработка на отпадот“ е секоја операција на која главен резултат е отпадот да служи како замена за материјали, кои инаку би биле користени за да се исполни одредена функција или отпадот што се подготвува да ја исполни таа функција, во инсталацијата или за друга економска намена; 39. „Рециклирање на отпадот“ е секоја активност со која отпадот се преработува во производи, материи или супстанции за првичната или другa намена. Рециклирањето на отпад вклучува и активности за преработка на органски материи, но исклучува активности на преработка на отпад заради добивање енергија или преработка во материи кои се наменети за користење како горива или како материјали за пополнување и насипување; 40. „Пополнување и насипување“ е секоја операција за преработка на отпад кога соодветниот отпад се користи за пополнување на ископини на земјата или за инженерски цели во уредување на пејзажот или изградба, наместо употреба на други не-отпадни материјали кои инаку би биле користени за таа цел; 41. „Складирање“ е времено и организирано чување на отпад во објекти коишто ги исполнуваат пропишаните услови за таа намена, по претходно добиена дозвола за складирање на отпад издадена согласно со одредбите од овој закон, за период пократок од три години, кога складираниот отпад е наменет за преработка или за период пократок од една година, кога отпадот е наменет за отстранување; 42. „Обновување на отпадни масла“ е секоја активност на рециклирање со која може да се создадат базни масла со рафинирање на отпадните масла, посебно со отстранување на нечистотии, производи на оксидација и адитиви содржани во овие масла; 43. „Управител со отпад“ е физичко лице кое поседува уверение и е одговорно за управување со отпадот согласно со членовите 47 и 48 од овој закон; 44. „Виш управител со отпад“ е физичко лице кое поседува сертификат за оператор согласно со членовите 47 и 49 од овој закон; 45. „Отстранување на отпадот“ е активност која не претставува преработка на отпадот, дури и тогаш кога со операцијата на отстранување на отпадот како секундарна последица произлегува искористување на супстанција, материја или енергија во согласност со членот 43 од овој закон; 46. „Депонирање“ е операција за отстранување на отпадот на депониите; 47. „Депонија“ е инсталација наменета за отстранување на отпадот, која може да биде површинска (над земјиштето) и подземна (во земјиштето) вклучувајќи ги и инсталациите наменети за отстранување на отпад од страна на создавач на отпад на местото на неговото создавање. За депонија не се смета инсталација каде отпадот се подготвува за преработка со цел негово транспортирање до инсталации за третман, преработка или отстранување. Депонијата ги вклучува и: внатрешните локации за отстранување на отпад каде што создавачот на отпад го отстранува сопствениот отпад на местото на создавање и определена локација којашто се користи постојано за времено складирање на отпадот (за повеќе од една година) со исклучок на локации за претоварни станици и локации за складирање на отпадот од членот 41 од овој закон; 48. „Најдобри достапни техники“ се техниките дефинирани со прописите за животна средина; 49. „Претоварна станица на отпад“ е локација или објект за времено складирање, подготовка и претовар на комунален отпад или комерцијален отпад кој е сличен по својата природа на комуналниот отпад, наменет за транспорт до други објекти или инсталации за складирање, преработка, третман или отстранување од членот 45 од овој закон; 50. „Инсталација за горење“ е неподвижна или подвижна техничка единица и опрема за термички третман на отпадот, со или без искористување на енергијата добиена при горењето, вклучувајќи го и горењето на отпадот по пат на оксидација, како и другите процеси за термички третман, како што се пиролиза, гасификација или плазма-процесите, со тоа што супстанциите добиени со третманот последователно изгоруваат. Инсталацијата ги вклучува и локацијата, сите линии за термички третман, објектите и постројките за прием, складирање и за пред третман на отпадот на локацијата, системите за дотур на отпад, гориво и воздух, котелот, постројките за третирање на отпадните гасови, за третирање и за складирање на отпадните води и остатоците од горењето, како и оџакот, уредите и системите за контрола, бележење и за мониторинг на условите за горење; 51. „Инсталација за согорување“ е секоја неподвижна или подвижна постројка чијашто главна намена е создавање енергија или производство на материјални производи, при што отпадот се користи како основно или дополнително гориво или отпадот термички се третира заради отстранување, вклучувајќи ги и локацијата, сите линии за термички третман, објектите и постројките за прием, складирање и пред третман на отпадот на локацијата, системите за дотур на отпад, гориво и воздух, котелот, постројките за третирање на отпадните гасови, за третирање и складирање на отпадните води и остатоците од согорувањето, како и оџакот, уредите и системите за контрола, бележење и за мониторинг на условите на согорување; 52. „Гориво добиено од преработен отпад“ е преостанат комунален отпад што е во согласност со спецификациите утврдени во писмениот договор помеѓу производителот на горивото и крајниот корисник кој поседува дозвола за третман на отпадот во инсталaција за горење или согорување како што се цементни и варни печки (Residual derivate fuel); 53. „Цврсто гориво добиено со преработка на отпад“ е цврсто гориво подготвено од неопасен отпад заради негова употреба за енергија во постројките за горење или согорување, кое е во согласност со класификацијата и барањата утврдени со европските стандарди (Solid recovered fuel); 54. „Орган за животна средина“ е органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно Министерството за животна средина и просторно планирање; 55. „Стручен орган“ е Управата за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: стручен орган) формиран согласно со Законот за животната средина; 56. „Проширена одговорност на производителот“ (во натамошниот текст: проширена одговорност) е збир на правила и постапки за производителите кои со вршењето на својата дејност и/или активност пласираат одделни производи на пазарот со чија употреба се создава отпад што припаѓа на посебните текови на отпад и со тоа дополнително ја оптоваруваат животната средина поради што имаат обврска да преземат дополнителни мерки согласно со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, како и во прописите за управување со посебните текови на отпад; 57. „Циркуларна економија“ подразбира одржување на вредноста на производите, материјалите и ресурсите, што е можно подолго со нивно враќање во производниот циклус на крајот од нивната употреба, минимизирајќи го создавањето на отпад; 58. „Праг на достапност на домаќинствата“ е горната граница изразена во проценти на финансиска достапност на услугата за управување со отпад пресметана на ниво на планските региони во Република Северна Македонија во која цената на услугата не го надминува одредениот процент од просекот на вкупниот приход по домаќинство во регионот во кој се обезбедува услугата и 59. „Увоз“ во смисла на овој закон е пуштање во слободен промет во Република Северна Македонија согласно со прописите за цaринска постапка. Член 7 Начело на заштита на животната средина при управувањето со отпадот При преземањето на одредени дејности и активности во врска со управувањето со отпадот, правните и физичките лица се должни да обезбедат висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето. Член 8 Начело на претпазливост Доколку, врз основа на современите научни и техничко-технолошки сознанија, се заклучи дека одредена активност или вршењето на одредена дејност при управувањето со отпадот би можеле да предизвикаат штетни последици по животната средина, животот и здравјето на луѓето, ќе се преземат соодветни мерки и активности за отстранување на опасноста, пред да се добијат научни докази дека штетните последици ќе настапат. Член 9 Начело на „загадувачот плаќа“ Создавачот или поседувачот на отпадот се должни да ги сносат сите трошоци настанати при управувањето со отпадот, вклучувајќи ги и трошоците за собирање, транспортирање, третман, преработка, складирање, повторна употреба, рециклирање, финално рециклирање, отстранување, депонирање, спречување на создавање на отпад, надзор и мониторинг на отпадот, како и трошоците за мерките за ремедијација и санација на штетата којашто е предизвикана од управувањето со отпадот или штетата којашто би била предизвикана со отпадот. Член 10 Начело на универзалност на услугите Универзалноста на услугите кои се однесуваат на управувањето со отпадот треба да биде обезбедена преку: 1) недискриминација; 2) одржливост на услугата; 3) квалитет и ефикасност; 4) транспарентност; 5) економски прифатлива цена која не го надминува прагот на достапност, односно можност на населението да ги плати услугите за управување со отпад и 6) целосно покривање на подрачјето на кое давателот ја извршува јавната услуга за управување со отпад, а вклучително и изолираните населби согласно со членот 6 став (1) точка 6) од овој закон. Член 11 Начело на блискост (1) Отпадот треба првенствено да биде собран и преработен на местото каде што е создаден. (2) Отпадот кој поради оправдани техничко-технолошки или економски причини не може да биде преработен на местото каде што е создаден, односно првично во регионот во кој е создаден, мора да биде пренесен за преработка или да биде отстранет во најблиското место определено за таа намена. (3) Регионалното управување со отпадот се остварува согласно со начелото на блискост преку донесување, развој и примена на стратешки и плански документи за управување со отпад, како и со донесување на одлуки од органите на централната и локалната власт, при тоа почитувајќи ги оцената на влијанието врз животната средина и прагот на финансиска достапност на цената на услугата за населението што е опфатено со регионалното управување. Член 12 Начело на одговорност на производителот Производителот, увозникот или правното лице кое пушта на пазарот на Република Северна Македонија одредени производи кои на крајот на нивниот животен век создаваат отпад, кој припаѓа на посебните текови на отпад согласно со овој закон како и согласно со прописите за посебните текови на отпад, и кој ја оптоварува животната средина, се одговорни за неговото управување согласно со закон. Член 13 Заеднички начела Органите на државната управа, општините, општините во град Скопје и градот Скопје и правните и физичките лица коишто управуваат со отпадот се должни при преземањето на мерките и активностите што се однесуваат на управувањето со отпадот да се раководат според начелата и одредбите од овој закон, како и според начелата наведени во Законот за животната средина. Член 14 Хиерархија при управувањето со отпадот (1) Заради постигнување на целите на заштита на животната средина и здравјето на луѓето при развојот на политиките за управување со отпадот, се применува хиерархија при управување со отпадот и тоа по следниот редослед и приоритет: спречување на создавање на отпад, подготовка на отпадот за повторна употреба, рециклирање на отпадот, други типови на преработка на отпадот, вклучувајќи ја преработката заради добивање на енергија и отстранување на отпадот. (2) Органите на државната управа, единиците на локална самоуправа и други лица кои вршат дејности и активности за заштита на животната средина заради почитување на хиерархијата при управување со отпадот од ставот (1) на овој член, се должни да преземаат мерки со кои ќе се овозможи постигнување на најдобри резултати за животната средина согласно со начелата за заштита на животната средина, начелото на претпазливост и начелото на одржливост, притоа водејќи сметка за заштита на ресурсите, техничката изводливост и економската одржливост, како и влијанието врз здравјето на луѓето, економските и социјалните политики. (3) Од воспоставената хиерархија за управување со отпад од ставот (1) на овој член може да се отстапи при управувањето со одредени видови на отпад само доколку тоа отстапување се темели на анализа на животниот циклус на вкупното влијание на тој посебен отпад врз животната средина при неговото создавање и управување, земајќи ги предвид принципите на претпазливост и одржливост на животната средина, техничката и економската изводливост, заштита на ресурсите, како и начелото на загадувачот плаќа. (4) Во случаите од ставот (3) на овој член, на барање на органот за животната средина или стручниот орган создавачот на отпад е должен да достави докази со кои потврдува дека се исполнети условите за отстапување согласно со ставот (3) на овој член. (5) Заради поттикнување на почитувањето на хиерархијата во управувањето со отпадот, а во насока на изедначување на условите на пазарот, согласно со одредбите од овој закон, може да се воведат посебни давачки кои ќе придонесат кон поголема примена на хиерархијата во управувањето со отпадот, односно ќе ги намалат исклучоците во нејзината примена. II. ВИДОВИ И КЛАСИФИКАЦИЈА НА ОТПАД Член 15 Листа на видови на отпад (1) Отпадот согласно со изворот на неговото создавање, неговите својства, односно карактеристики се класифицира по вид во Листата на видови на отпад и истата претставува збирна листа на видовите на отпад класифицирани во категории, во која секој вид на отпад се означува со посебна ознака. (2) Отпадот во Листата на видови отпад (во натамошниот текст: Листа на отпад) се класифицира во следниве категории: 01 Отпад кој настанува како резултат на истражување, рударство, експлоатација на камен, физички и хемиски третман на минерали; 02 Отпад од земјоделството, хортикултура, аквакултура, шумарство, ловство и рибарство, подготовка и производство на храна; 03 Отпад од производство на дрво и производство на панели и мебел, пулпа, хартија и картон; 04 Отпад од кожа, крзно и текстилна индустрија; 05 Отпад од рафинирање на нафта, пречистување на природен гас и пиролитички третман на јаглен; 06 Отпад од неоргански хемиски процеси; 07 Отпад од органски хемиски процеси; 08 Отпад од производство, формулација, набавка и употреба (MFSU) на премази (бои, лакови и стаклени емајли), лепила, заптивки и мастила за печатење; 09 Отпад од фотографска индустрија; 10 Oтпад од термички процеси; 11 Отпад од хемиски површински третман и обложување на метали и други материјали како и од хидрометалуршка обработка на обоени метали; 12 Отпад од обликување и физички и механички површински третман на метали и пластика; 13 Отпадни масла и отпад од течни горива (освен масла кои се користат во исхраната, 05 и 12); 14 Отпадни органски растворувачи, средства за ладење и горива (освен 07 и 08); 15 Отпад од пакување, абсорбенти, крпи за бришење, филтер материјали и заштитна облека која не е поинаку наведена; 16 Отпад што не е поинаку специфициран во Листата; 17 Отпад од градежништво и рушење (вклучувајќи ископана почва од контаминирани локации); 18 Отпад од здравствена заштита на луѓето или животните и или сродни истражувања (освен отпад од кујна и ресторан кој не произлегува од непосредна здравствена заштита); 19 Отпад од капацитети за управување со отпад, пречистителни станици за отпадни води надвор од локацијата и подготовка на вода наменета за консумирање од страна на човекот и вода за индустриска употреба; 20 Комунален отпад (отпад од домаќинствата и сличен комерцијален отпад, индустриски и административни дејности) вклучувајќи ги одделно собраните текови; (3) Во Листата на отпад се класифицира на посебен начин согласно со одредбите од овој закон и отпадот кој според неговите својства односно, карактеристики спаѓа во групата на опасен отпад без оглед на неговото потекло, при што, доколку е неопходно заради негова класификација како опасен отпад, се земаат предвид и граничните вредности на концентрациите на опасни супстанции и материи во отпадот кои имаат опасни својства. (4) Доколку отпадот кој согласно со Листата на отпад не е дефиниран како опасен, истиот ќе се смета за опасен само доколку со негово испитување се утврди дека поседува едно или повеќе опасни својства. (5) Се забранува разредување или мешање на опасниот отпад со друг отпад заради намалување на почетната концентрација на опасни супстанции, односно материи на ниво коешто е под граничните вредности за дефинирање на опасниот отпад заради негово класисфицирање како неопасен отпад. (6) Класификација на отпадот врз основа на неговите својства согласно со Листата на отпад ја врши создавачот, односно поседувачот на отпадот. (7) Создавачот, односно поседувачот на отпад кој врз основа на достапните податоци со кои располага не може да изврши класификација на отпадот, согласно со овој член е должен да ангажира акредитирано правно лице согласно со членoт 17 од овој закон, кое во негово име и за негова сметка ќе изврши класификација на отпадот. (8) Акредитираното правно лице од членот 17 врши испитување и оцена на карактеристиките односно својствата на отпадот и врши негова класификација согласно со Листата од ставот (1) на овој член. (9) Во Листата на отпад се определуваат категориите на отпад, начинот на означување на отпадот со шифри и начинот на неговото определување во определена категорија која ја пропишува министерот кој раководи со органот за животна средина (во натамошниот текст: министер). Член 16 Оцена на карактеристиките на отпад (1) Оцена на карактеристиките на отпадот од членот 15 став (7) од овој закон врши акредитирано правно лице за оцена на карактеристиките на отпадот, за чија метода е акредитирано согласно со членот 17 од овој закон. (2) Земањето примероци на отпад, како и испитувањето на неговите карактеристики се врши во согласност со релевантните национални и меѓународни стандарди и најдобри меѓународни и европски практики од областа на управување со отпадот. (3) Оценката на карактеристиките на отпадот се врши за сите видови на отпад, со исклучок на комуналниот отпад. (4) Доколку постои сомневање дека одреден отпад содржи опасни карактеристики или карактеристиките на истиот не се совпаѓаат со податоците во идентификациониот формулар од членот 50 став (4) од овој закон, поседувачот е должен веднаш да го извести стручниот орган. (5) Стручниот орган по добивањето на известувањето од ставот (4) на овој член е должен да изврши проверка на карактеристиките на отпад на сметка на поседувачот, од страна на акредитирано правно лице согласно со членот 17 од овој закон. (6) Акредитираното правно лице од ставот (1) на овој член, подготвува извештај за испитаните карактеристики, односно својства на отпадот и еден примерок од извештајот доставува до стручниот орган. Член 17 Услови за стекнување на акредитација за оцена на карактеристиките на отпадот (1) Оцена односно проверка на карактеристиките на отпад може да врши акредитирано правно лице кое поседува акредитација за вршење на оцена на својствата, односно карактеристиките на отпадот согласно со прописите за стандардизација. (2) Стандардите за акредитација за вршење на оцена на карактеристиките на отпадот кои треба да ги исполнува акредитираното правно лице ги утврдува министерот и истите се објавуваат на веб страницата на органот за животна средина. Член 18 Секундарна суровина (1) Супстанција, материја или производ кој е резултат од производствен процес, а чија примарна цел не е производство на таа супстанција, материја или производ, нема да се смета како отпад согласно со членот 6 став (1) точка 1 од овој закон, односно истите ќе се сметаат како секундарна суровина доколку ги исполнуваат следниве услови: натамошната употреба на супстанцијата, материјата или производот да е безбедна од аспект на животната средина, односно постојат гаранции дека супстанцијата, материјата или производот нема да бидат отстранети како отпад и дека истите нема да се складираат на неопределено време, супстанцијата, материјата или производот може да се користат директно, без дополнителна преработка, во вообичаени индустриски процеси, супстанцијата, материјата или производот е составен дел од производствениот процес и натамошната употреба на супстанцијата, материјата или производот е дозволена, односно супстанцијата, материјата или производот ги исполнува потребните барања и стандарди пропишани за нивна употреба во однос на квалитет, заштита на животната средина и здравјето на луѓето, како и дека нивната употреба нема да доведе до негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето. (2) За да може една супстанција, материја или производ да се смета како секундарна суровина, создавачот на отпад е должен до стручниот орган да поднесе барање за упис на супстанцијата, материјата или производот како и производствениот процес во кој се создава секундарната суровина во Регистарот за отпад од членот 100 од овој закон (во натамошниот текст: Регистарот), кое ги содржи следниве податоци: назив на секундарната суровина; за начинот на настанување, односно опис на производствениот процес од кој се создава секундарната суровина и за супстанцијата, материјата или производот за кој се бара упис во регистарот дека ги исполнува условите/спецификациите како другите слични по цел производи на пазарот. (3) Кон барањето од ставот (2) на овој член, создавачот на отпад доставува и: доказ за начинот на настанување, односно опис на производствениот процес од кој се создава секундарната суровина, техничка спецификација на супстанцијата, материјата или производот кој ќе се користи како секундарна суровина и други документи кои се или може да бидат потребни за да се докаже целта или карактеристиките на супстанцијата, материјата или производот за да се стават во Регистарот. (4) Стручниот орган е должен во рок од пет дена од денот на комплетирањето на барањето од ставот (2) на овој член со потребната документација од ставот (3) на овој член да го достави до работното тело за отпад од членот 20 од овој закон заради добивање на мислење. (5) Стручниот орган, врз основа на мислењето од членот 20 став (3) од овој закон е должен во рок од 60 дена од денот на приемот на барањето да донесе решение за секундарна суровина или да го одбие барањето од ставот (2) на овој член. (6) Против решението од ставот (5) на овој член, создавачот на отпад од ставот (2) на овој член може да поднесе жалба согласно со прописите за општа управна постапка. (7) Решението за секундарна суровина од ставот (5) на овој член особено содржи: назив на секундарната суровина, тарифен став за распределување на стоки согласно со Царинската тарифа, производствениот процес од каде произлегува супстанцијата, материјата или производот, условите кои треба да ги исполни супстанцијата, материјата или производот за истиот да се третира како секундарна суровина, со појаснување дека доколку супстанцијата, материјата или производот не се користи за предвидената употреба или не ги исполнува условите утврдени во Решението за секундарна суровина од ставот (5) на овој член, ќе се смета за отпад согласно со Законот за управување со отпад, моментот во производниот процес кога создадената супстанција, материја или производ престанува да биде отпад, односно од кога истата се смета за секундарна суровина согласно со намената утврдена во решението од ставот (5) на овој член и утврдување на начинот на известување до стручниот орган за видот, начинот на создавање и намената за користење на супстанцијата, материјата или предметот како секундарна суровина. (8) Доколку во производствениот процес се идентификуваат нови видови на секундарна суровина, различни од оние наведени во решението за секундарна суровина од ставот (5) на овој член, се започнува нова постапка за одредување на секундарна суровина. (9) Секундарната суровина определена со Решението за секундарна суровина од ставот (5) на овој член, задолжително се запишува во Регистарот што го води стручниот орган. (10) Во Регистарот покрај секундарната суровина се наведуваат и производствените процеси од кои истата се создава. (11) Создавачите на секундарни суровини од Регистарот се должни да водат евиденција и за истата да известуваат согласно со членот 50 од овој закон. (12) Стручниот орган за секоја секундарна суровина која е запишана во Регистарот го известува царинскиот орган, а царинскиот орган нема да дозволи извоз на секундарна суровина доколку истата не е запишана во Регистарот. (13) Подносителот на барањето од ставот (2) на овој член при поднесување на барањето е должен да плати надоместок во износ од 15.000 денари, на посебна сметка на органот за животната средина. Член 19 Укинување на статусот на отпад (1) Поедини видови на отпад (хартија, стакло, гуми, текстил, композитни материјали, метал и други) ќе престанат да бидат отпад согласно со членот 6 став (1) точка 1 од овој закон, доколку истите со постапка на преработка, вклучувајќи и рециклирање, ги исполнуваат следниве услови: супстанцијата, материјата или производот се користат за определена намена, за супстанцијата, материјата или производот постои побарувачка на пазарот, супстанцијата, материјата или производот ги исполнуваат техничките барања за намената и ги исполнуваат прописите и стандардите кои се однесуваат на производот и употребата на супстанцијата, материјата или производот нема да доведе до негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето. (2) Министерот ги пропишува техничките барања што треба да се исполнат: техничките барања што треба да се исполнат за поедините видови отпад за да не бидат повеќе отпад, во согласност со воспоставената практика и начинот на нивно пропишување во Европската Унија, техничките барања за поедините видови на отпад кои не се опфатени со алинејата 1 од овој став, односно за кои не е воспоставена практика и не е воспоставен начин на нивно пропишување во Европската Унија, граничните вредности за загадувачките супстанции и присутните материи во поедини видови отпад од алинеите 1 и 2 од овој став, притоа земајќи ги предвид можните негативни влијанија на истите врз животната средина и здравјето на луѓето и формата и содржината на барањето за укинување на статусот на отпад за поедини видови отпад, потребната документација како и начинот проверка на исполнетост на барањата од алинеите 1 и 2 од овој став. (3) Управувачот со отпад до стручниот орган поднесува барање за укинување на статусот за отпад. (4) Стручниот орган е должен во рок од пет дена од денот на комплетирањето на барањето од ставот (3) на овој член да го достави до работното тело за отпад од членот 20 од овој закон заради добивање на мислење од истото. (5) Стручниот орган, врз основа на мислењето од ставот (4) од овој закон и доколку се исполнети условите за укинување на статусот на отпад согласно со овој член, е должен во рок 60 дена од денот на приемот на барањето да донесе решение за укинување на статусот на отпад за поедини видови на отпад или да го одбие барањето. (6) Управувачот со отпад против решението од ставот (5) на овој член со кое се одбива барањето за укинување на статусот на отпад може да изјави жалба согласно со Законот за општа управна постапка. (7) Доколку за одреден вид на отпад не се пропишани услови што треба да се исполнат за да се укине неговиот статус на отпад, стручниот орган од случај до случај одлучува дали на поединиот вид отпад ќе му се укине статусот на отпад имајќи ги предвид условите од ставот (1) на овој член, притоа, водејќи сметка за праксата и искуството кое постои во Европската Унија. (8) Подносителот на барањето од ставот (3) на овој член при поднесување на барањето е должен да плати надоместок во износ од 15.000 денари, на посебна сметка на органот за животната средина. (9) Управувачот со отпадот за кој е укинат статусот на отпад се должни да водат евиденција и да известуваат согласно со членот 50 од овој закон. (10) Количините на отпад кои согласно со овој член престанале да бидат отпад може да се смета дека се подготвени за повторна употреба, рециклирање или преработка заради вклучување во вкупните количини на повторно употребен, рециклиран и преработен отпад согласно со утврдените цели за рециклирање, односно преработка на отпад. Член 20 Работно тело за отпад (1) За утврдување на статусот на секундарна суровина од членот 18 од овој закон и за престанување на статусот на поедини видови отпад од членот 19 од овој закон, министерот формира посебно работно тело за отпад составено од претставници на органите на државната управа, научни и образовни институции и организации, експерти од областа на управување со отпадот и претставници од бизнис секторот. (2) Работното тело за отпад може да има најмалку пет, а најмногу седум членови, со завршено високо образование од областа на природните и/или техничките науки и кои имаат работно искуство од најмалку десет години во областа на управување со отпадот. (3) Работното тело е должно во рок од 30 дена од денот на добивањето на барањата од членот 18 став (2) од овој закон и членот 19 став (3) од овој закон да достави мислење до стручниот орган за тоа дали една супстанција, материја или производ може да бидат запишани во Регистарот од членот 100 од овој закон, односно дали се исполнети условите за престанок на статусот на отпад на поедини видови на отпад. (4) Административните работи на работното тело ги врши стручниот орган. (5) За работата во работното тело, на членовите во работното тело од ставот (1) на овој член им следува надоместок чија висина се определува во зависност од бројот на поднесените барања согласно со членовите 18 и 19 од овој закон. (6) Составот, начинот на работа на работното тело и висината на надоместокот ги утврдува министерот. (7) Работното тело се финансира од надоместокот утврден во членот 18 став (13) и членот 19 став (8) од овој закон. III. СТРАТЕГИЈА, ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ Член 21 Планирање при управувањето со отпадот (1) Надлежните органи на државната управа на Република Северна Македонија, меѓуопштинските одбори за управување со отпад, општините и градот Скопје, како и правните и физичките лица кои управуваат со отпадот, во согласност со овој закон, се должни да донесуваат и да спроведуваат стратешки, плански и програмски документи за управување со отпадот на територијата на Република Северна Македонија, со цел да се обезбеди: заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето, анализа на состојбата во областа на отпадот на територијата на Република Северна Македонија, дефинирање на мерките за подобрување на животната средина со цел намалување на создавањето на отпадот, дефинирање на мерките за преработка, повторна употреба, рециклирање и отстранување на отпадот, спроведување на основните начела, хиерархијата во управување со отпадот, насоки за управување со отпадот согласно со одредбите од овој закон и другите прописи за управување со отпад, основање на регионални системи за управување со отпад со потребната инфраструктура за собирање, селектирање, складирање, преработка и отстранување на отпадот, постигнување на целите за управување со отпадот, утврдени во овој и во другите прописи за управување со отпад, непречено движење на отпадот заради негова преработка, рециклирање и третман, воспоставување на финансиски самоодржлив, универзален и достапен систем за обезбедување на услуги за собирање на отпадот кој е со квалитет кој ги задоволува минималните услови за управување со отпад, остварување на обврските поврзани со управувањето со отпадот, коишто Република Северна Македонија ги презела на меѓународно ниво и следење на спроведувањето на стратешките, планските и програмските документи и нивниот придонес кон исполнување на целите и посебните барања утврдени во прописите за управување со отпадот. (2) Во постапката за донесување на стратешките, планските и програмските документи согласно со одредбите од овој закон се врши стратешка оцена на влијанието врз животната средина, согласно со прописите за животна средина. Член 22 Стратегија за управување со отпадот (1) Владата на Република Северна Македонија, по предлог на министерот донесува Стратегија за управување со отпадот. (2) Со Стратегијата за управување со отпадот од ставот (1) на овој член се определува: а) генералната политика за управување со отпад на национално ниво; б) опис и оцена на постоечката состојба за управување со отпадот; в) националните краткорочни и долгорочни цели што треба да се постигнат во процесот на управување со отпадот; г) индикатори за успешност на политиката за управување со отпадот; д) насоки за управување со сите текови на отпадот; ѓ) мерки за реализација на политиката за управување со отпадот; е) критериуми врз основа на кои се определува капацитетот, односно локацијата за преработка и отстранување на отпадот; ж) процена на соодветноста на употребата на економски и други инструменти во справувањето со различните проблеми со отпадот, заради примената на хиерархијата на отпад и постигнувањето на целите во управувањето со отпадот; з) идентификување на активности и мерки со кои ќе се придонесе кон спречување на создавање на отпадот заради негово намалување, идентификување на соодветни специфични квалитативни или квантитативни индикатори за успехот на мерките за спречување на отпадот, со јасно дефинирана временска рамка за нивно постигнување и ѕ) активности за подигнување на свеста и обезбедување информации насочени кон општата јавност или целни групи на потрошувачи) и други прашања значајни за развојот на управувањето со отпадот. (3) Стратегијата за управување со отпад се донесува за период од 12 години, а истата се ревидира на најмалку шестата година од нејзиното спроведување. Член 23 План за управување со отпадот на Република Северна Македонија (1) За реализација на Стратегијата за управување со отпадот од членот 22 од овој закон, органот за животна средина, донесува План за управување со отпадот на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Планот). (2) Планот од ставот (1) на овој член се донесува за период од шест години и особено содржи: 1. опис на постоечката состојба за управување со отпадот во Република Северна Македонија; 2. националните цели кои треба да се постигнат во однос на подготовката за повторна употреба, рециклирање, преработка и отстранување на отпадот и временските рокови за нивно спроведување; 3. пристапи за управување со отпадот; 4. правна и институционална рамка за управување со отпадот; 5. обврски на органите на државната управа и единиците на локална самоуправа, вклучувајќи опис на распределба на одговорностите меѓу јавните и приватните учесници што го вршат управувањето со отпадот; 6. регионално планирање за управување со отпад и давање на услуги; 7. одржување на база на податоци за управување со отпадот; 8. мерки и активности за имплементација на хиерархијата за управување со отпадот; 9. мерки и активности за имплементација на проширена одговорност на производителите; 10. мерки за уредување на увоз, извоз и транзит на отпад; 11. мерки за ремедијација на нестандардните и нелегалните депонии и контаминирани подрачја; 12. начин на управување со разните типови на отпад (комуналниот, комерцијалниот, индустрискиот, градежен, опасен, медицински, посебните текови на отпад, како и управување со тињата од прочистителни станици за отпадни води); 13. мерки и активности за основање на депонии; 14. акциски план за управување со отпад; 15. индикатори за мониторинг на Планот и 16. содржината на програмите за управување со посебните текови на отпад и тоа: отпад од пакување, отпадна електрична и електронска опрема, отпадни батерии и акумулатори и други посебни текови на отпад. (3) Надлежен орган за спроведување на Планот е стручниот орган. (4) Следење на спроведувањето на Планот врши органот за животна средина. (5) Стручниот орган може да предложи измени и дополнувања на Планот на секои три години од неговото донесување, а органот за животна средина врши ревизија на Планот. (6) Стручниот орган подготвува извештај за спроведувањето на Планот на секои три години од неговото донесување. (7) Органот за животната средина извештајот од ставот (6) на овој член го доставува до Владата на Република Северна Македонија. Член 24 Регионални планови за управување со отпад (1) Советите на општините и советот на градот Скопје, на предлог на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад од членот 32 од овој закон, донесуваат Регионален план за управување со отпад за регионот (во натамошниот текст: Регионалниот план), со кој се уредуваат и усогласуваат заедничките цели во управувањето со отпадот на региoнално ниво. (2) Регионалниот план особено содржи: планирани технологии и методи за управување со отпадот, опис на постојните системи за управување со отпад и главните инсталации за отстранување и преработка, вклучувајќи ги инсталациите за постапување со посебните текови на отпад, процена на потребите за нови системи за собирање, затворање на постојните инсталации за отпад, дополнителна инфраструктура на инсталациите за отпад во согласност со членот 45 од овој закон и по потреба инвестиции поврзани со тоа, мерки за едукација и за подигање на јавната свест за управување со отпадот, целите што треба да се постигнат во процесот на управување со отпадот во однос на подготовката за повторна употреба, рециклирање, преработка и отстранување на отпадот како и временските рокови за нивно спроведување, мерки за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадот, процена на финансиските средства потребни за реализација на Регионалниот план, како и економски инструменти за воспоставување на регионалното управување со отпад, индикатори за следење на успешноста за реализација на регионалниот план и процена на бројот на изолираните населби и начин за нивно вклучување во системот за управување со отпад. (3) Регионалниот план се донесува за период од шест години. (4) Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад од членот 32 од овој закон може по потреба на секои три години да предложи изменување и дополнување на регионалниот план. (5) Регионалниот план пред да биде донесен од советите на општините, односно Советот на градот Скопје, се доставува на одобрување до органот за животна средина. (6) Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад од членот 32 од овој закон, на секои три години од почетокот на реализацијата на регионалниот план поднесува извештај за реализација на регионалниот план до советот на општината, односно советот на градот Скопје и до стручниот орган. (7) Поблиската содржина на регионалниот план ја пропишува министерот. Член 25 План за спречување на создавање на отпад (1) Органот за животна средина донесува План за спречување на создавање на отпад во кој се опишани мерките за спречување на создавање на отпад, како и начините на кои се оценува нивната применливост, вклучувајќи примери со кои се врши спречување на создавање на отпад, како и други соодветни мерки. (2) Во Планот за спречување на создавање на отпад се утврдуваат соодветни квантитативни и квалитативни национални цели за спречување на создавање на отпад, како и одделни индикатори, врз основа на кои ќе се следи и оценува напредокот во спроведувањето на мерките за спречување на создавањето на отпадот. (3) Националните цели за спречување на создавање на отпад треба да бидат утврдени на начин со кој економскиот развој и влијанието врз животната средина се меѓусебно зависни со количината на создадениот отпад, при што поголемиот економски развој треба да доведе до поголемо спречување на создавање отпад. (4) Планот од ставот (1) на овој член се донесува за период од шест години. (5) Органот за животна средина ја следи реализацијата на Планот од ставот (1) на овој член, а стручниот орган го спроведува. (6) Стручниот орган може да предложи измени и дополнувања на Планот на секои три години од неговото донесување, а органот за животна средина врши ревизија на Планот. Член 26 Национална стратегија за управување со тиња (1) Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот донесува долгорочна национална стратегија за управување со тиња. (2) Стратегијата од ставот (1) на овој член се донесува за период не пократок од десет години. (3) Стратегијата од ставот (1) на овој член особено содржи: опис и оцена на постоечката состојба за управување со тиња, правна и институционална рамка за управување со тиња, тековно и идно производство на тиња, националните краткорочни и долгорочни цели во управувањето со тињата, оцена на опциите за реупотреба, третмани и отстранување на тињата и нивен стратешки потенцијал, проектирано производство на третирана тиња во пречистителни станици, насоки и кодекс на добра практика за користење тиња во земјоделството и за други цели и и други прашања од значење за управување со тињата на национално ниво. (4) Националната стратегија за управување со тиња ќе се ревидира најмалку на петтата година од нејзиното спроведување. Член 27 Програми за управување со отпадот (1) Лицата кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад или повеќе од 100 тони неопасен отпад, донесуваат програми за управување со отпадот во согласност со Стратегијата за управување со отпадот, Планот, Планот за спречување на создавањето на отпад и регионалните планови за управување со отпад. (2) Програмата од ставот (1) на овој член се донесува за период од три години. (3) Програмата од ставот (1) на овој член особено содржи: 1) постојно ниво на создавање на отпад, по видови, количини и извори на создавање и предвидување на видот и на количеството отпад што се создава во наредните три години; 2) постојни и планирани технички, организациони и други мерки за избегнување и за намалување на создавањето на отпад и намалување на штетноста на отпадот; 3) податоци за постојни и планирани организационо-техничките капацитети на правните лица; 4) постојни и планирани технички, организациони и други мерки (вклучувајќи и инвестициони зафати) за управување со отпадот (селектирање, третман, преработка искористување на енергијата, складирање и отстранување); 5) временска рамка за спроведување на стандардите кои се однесуваат на составот и изработката на одделни производи и пакувања и нивната соодветност за повторна употреба или преработка вклучително и рециклирањето; 6) мерки за заштита од штетното влијание на отпадот по животната средина, животот и здравјето на луѓето; 7) воведување на меѓународни системи за заштита на животната средина (ISO 14000 и други); 8) планирани активности за едукација и за обука на кадарот што управува со отпадот и 9) други мерки од значење за реализација на програмата за управување со отпадот. (4) Стручниот орган, може од правните лица од ставот (1) на овој член да бара измени и дополнувања на нивните програми, кога ќе утврди дека тие се спротивни на Стратегијата, Планот, Планот за намалување на создавањето на отпад и Регионалниот план. Член 28 Обврски на општините и градот Скопје за управувањето со комуналниот и со другиот неопасен отпад (1) Градоначалникот на општините и градоначалникот на градот Скопје, во согласност со Планот и регионалниот план, е должен да: 1) се грижи за отпадот што се создава од домаќинствата, како и друг отпад кој се создава во комерцијалниот и индустрискиот сектор кој поради неговите карактеристики, состав и количина е сличен со отпадот од домаќинствата (комуналниот отпад) и од вршење на дејности и активности од подрачјето на општината; 2) обезбедува услови за селектирање и управување со посебните текови на отпадот кои се дел од системот за проширена одговорност на производителот; 3) се грижи за јавната чистота и за собирање и расчистување на напуштениот отпад; 4) предлага и донесува акти со кои ќе го регулира спречувањето, намалувањето, селектирањето, собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад и комерцијалниот отпад, како и презема мерки за реализација на донесените акти; 5) задолжително соработува со градоначалниците од другите општини и/или градот Скопје заради воспоставување и функционирање на регионалниот систем за управување со отпад, а во врска со управувањето со комуналниот и со комерцијалниот отпад; 6) реализира проекти и презема мерки за подобрување на општата состојба со управувањето со отпадот; 7) постапува во согласност со општите правила за управување со комуналниот и со другите видови отпад за кои согласно со закон се обврска на општините, односно на градот Скопје за управување и 8) соработува со управувачите со посебните текови на отпад во рамките на системот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпадот во согласност со прописите за проширена одговорност на производителите. (2) Со комерцијалниот отпад се постапува на ист начин како што се постапува со комуналниот отпад, освен доколку истиот е создаден од правни лица кои создаваат опасен отпад повеќе од 200 килограми, односно неопасен отпад повеќе од 100 тона годишно. Член 29 Известувања за спроведување на програмите за управување со отпадот (1) Лицата од членот 27 од овој закон се должни да поднесат годишен извештај за спроведувањето на своите програми до стручниот орган, најдоцна до 31 јануари во тековната година, за претходната година. (2) Врз основа на резултатите добиени од извештаите за спроведување на програмите за управување со отпад од членот 27 од овој закон, органот за животната средина може да изврши измени и дополнувања на планските документи кои ги донесува органот за животна средина. Член 30 Примена на стратешките и планските документи за управување со отпадот (1) Органите на државната управа, единиците на локална самоуправа, јавните установи, претпријатијата и организациите се должни да ги следат и соодветно да се грижат за примена и спроведување на мерките и целите воспоставени во стратешките, планските и програмските документи од овој закон за управување со отпад. (2) Правните и физичките лица кои создаваат или управуваат со отпад се должни мерките и активностите кои ги преземаат да се во согласност со целите и мерките во стратешките, планските и програмските документи од овој закон. IV. УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД НА РЕГИОНАЛНО НИВО Член 31 Управување со отпад на регионално ниво (1) За поттикнување и развој на управувањето со отпад на регионално ниво согласно со Планот, советите на општините и Советот на градот Скопје од соодветниот регион за управување со отпад донесуваат одлука за склучување на спогодба за здружување за воспоставување на систем за управување со отпад на регионално ниво (во натамошниот текст: регионален систем). (2) Со спогодбата од ставот (1) на овој член особено се уредуваат меѓусебните права и обврски на општините и градот Скопје во здружување за воспоставување и обезбедување на условите за функционирање на регионалниот систем од ставот (4) на овој член, како и други прашања од заеднички интерес за организација и спроведување на управувањето со отпадот на регионално ниво (во натамошниот текст: регионално управување). (3) Спогодбата од став (1) на овој член задолжително содржи: минимални количества на отпад отстапени на претоварна станица на општинско ниво или централен објект за отстранување на отпад на регионално ниво и други одредби кои го уредуваат можното учество на приватниот сектор во управувањето со регионалниот систем во зависност од регионалниот план. (4) Регионалниот систем се состои од централен објект за управување со отпад (регионална депонија за отпад), претоварни станици и други објекти и инсталации за управување со отпад. (5) По исклучок од ставот (1) на овој член, советот на општината и Советот на градот Скопје, можат да одлучат да се здружат кон друг регион за управување со отпад различен од регионот утврден со Планот, доколку тоа не ја попречува, односно не ја отежнува постапката на воспоставување или организирање и функционирање на регионалниот систем во соодветниот регион за управување со отпад, како и по претходно добиена согласност од министерот. (6) Општините и градот Скопје коишто се здружиле за воспоставување на регионално управување се должни да го известат органот за животна средина и да ги достават актите за воспоставеното здружување, во рок од 30 дена од денот на здружувањето. (7) Во случаите кога сите општини, односно градот Скопје кои припаѓаат во еден регион, нема да се здружат, односно нема да ја склучат спогодбата од ставот (1) на овој член во рокот кој е утврден со Планот, односно нема да го воспостават регионалниот систем во рок од две години од денот на донесувањето на спогодбата од ставот (1) на овој член, на предлог на министерот, Владата на Република Северна Македонија донесува одлука за воспоставување на систем за управување со отпад за определен регион. (8) Со одлуката од ставот (7) на овој член, Владата на Република Северна Македонија го определува регионот, како и општините и/или градот Скопје кои задолжително ќе влезат во регионалниот систем за управување со отпад, начинот на кој ќе го воспостави и финансира системот за управување со отпад на регионално ниво, начинот на управување со системот и временскиот период на управувањето, организациската поставеност, како и други прашања што се од значење за системот за управување со отпад на регионално ниво. Член 32 Меѓуопштински одбор за управување со отпад (1) За спроведување на регионалното управување, спроведување на регионалниот план од членот 24 од овој закон и реализација на спогодбата од членот 31 од овој закон, за секој регион за управување со отпад утврден во планот се формира меѓуопштински одбор за управување со отпад (во натамошниот текст: одбор). (2) Членови на одборот се градоначалниците на општините и градоначалникот на градот Скопје кои припаѓаат во регионот или други лица овластени од градоначалниците на општините и на градот Скопје. (3) Со одборот претседава претседавач избран од редот на членовите на одборот, за период од една година на принцип на ротација. (4) Одборот заседава на седници за чие одржување е потребно присуство од најмалку половина од членовите на одборот. (5) Одлуките на одборот се донесуваат со двотретинско мнозинство од присутните членови на седницата. Член 33 Надлежности на одборот Одборот ги врши следниве работи: 1) го утврдува нацртот на регионалниот план за управување со отпад; 2) врши надзор над активностите за спроведувањето на регионалниот план; 3) ги одобрува предлог - проектите за реализација на регионалниот план, како и други проекти од интерес за развој на регионалниот систем, освен во случаите кога Владата на Република Северна Македонија има донесено одлука согласно со членот 31 став (7) од овој закон; 4) предлага на советот на општините и Советот на градот Скопје донесување на одлуки за прашања кои се поврзани со дејностите и услугите за управување со отпадот кои се во нивна надлежност согласно со овој закон, Законот за концесии и јавно приватно партнерство, јавни набавки, како и други прашања поврзани за развој на регионалното управување и други прашања од нивна надлежност; 5) ја одобрува студијата за изводливост со која се воспоставува и организира регионалниот систем за управување со отпад; 6) го одобрува договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство, односно за давање под концесија за управување со регионалниот систем кога постапката е водена од страна на општините односно градот Скопје, освен во случаите кога Владата има донесено одлука согласно со членот 31 став (7) од овој закон; 7) го одобрува нацртот на годишниот извештај за реализација на регионалниот план; 8) ги координира активностите за спроведување на инвестициони проекти за поттикнување и развој на регионалното управување со комунален и друг вид на неопасен отпад финансирани од изворите наведени во членот 104 од овој закон; 9) врши избор на оператор на регионалниот систем и го предлага на советите на општините и градот Скопје за одлучување; 10) иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот систем за кои е неопходнa координација меѓу општините или градот Скопје, државни агенции и институции и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор и 11) врши и други работи од областа на управувањето со отпадот во соодветниот регионален систем, кои ќе му ги делегира советот на општината, oдносно Советот на градот Скопје. Член 34 Начин на работа на одборот (1) Начинот на работа на одборот се уредува со деловник. (2) Стручните административно-технички работи, планирање, водење на инвестициони проекти и работи од значење за регионалното управување, реализацијата на регионалниот план и развој на регионалниот систем, мониторинг над обемот и квалитетот на извршените услуги и други работи од значење за развојот на регионалното управување ги врши организационата единица за регионално управување со отпад основана во Центарот за развој на планскиот регион од членот 35 од овој закон. Член 35 Организациона единица за регионално управување со отпад Во рамките на Центарот за развој на секој плански регион во кој е склучена спогодба согласно со членот 31 од овој закон, се формира Организациона единица за регионално управување со отпад (во натамошниот текст: Организациона единица). Член 36 Надлежности на организациона единица за регионално управување со отпад Организационата единица во координација со општините од соодветниот регион ги врши следниве работи: 1) го изготвува регионалниот план за управување со отпад, вклучувајќи ги и годишните цели кои треба да се постигнат со управувањето со отпад на регионално ниво согласно со Планот од членот 23 од овој закон; 2) подготвува и предлага проекти и други активности за реализација на регионалниот план, како и други проекти од интерес за развој на регионалниот систем; 3) спроведува и управува со проекти и презема други активности поврзани со спроведувањето на регионалниот план и развој на регионалниот систем; 4) обезбедува договорни услуги и капацитети за управување со отпад во регионалниот систем; 5) подготвува и спроведува постапки за избор на оператор на регионалниот систем и предлага избор на оператор на регионалниот систем; 6) спроведува и управува со инвестициони проекти за поттикнување и развој на регионалното управување со комунален и друг вид на неопасен отпад, финансирани од изворите пропишани во членот 104 од овој закон; 7) го следи спроведувањето и подготвува извештај за реализацијата на регионалниот план; 8) подготвува годишен извештај за работа на Организационата единица; 9) подготвува годишна програма за работа на Организационата единица; 10) води база на податоци за управување со отпад на регионално ниво и обезбедува информации до заинтересираните страни за прашања поврзани со регионалниот систем, како и други активности на комуникација со јавноста; 11) подготвува предлог-одлуки за прашања кои се поврзани со дејностите и услугите на управување со отпадот од членот 33 точка (4) од овој закон, како и други прашања за развој на регионалното управување; 12) врши и други работи од областа на управувањето со отпадот во соодветниот регионален систем кои ќе му ги довери одборот и 13) го известува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и општините кои го основаат одборот на годишна основа за постигнатите цели, со препораки за подобрување на најдобрите практики и инвестициите во управувањето со отпад. V. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД Член 37 Правила за управување со отпадот (1) Управувањето со отпадот мора да се изведува со должно внимание и на начин со кој се избегнува: 1) загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето; 2) загадување на медиумите на животната средина над пропишаните граници согласно со прописите; 3) создавање бучава, непријатна миризба или зголемување на бројот на птици, инсекти и штетници; 4) уништување на природните услови за живот на животните и на растенијата; 5) уништување на заштитеното природно и културно наследство и 6) нагрдување и неуреденост на објектите и просторот во урбаните зони и во подрачјата надвор од урбаните зони. (2) Создавачот на отпад е должен да се грижи за отпадот што го создал сѐ до неговото крајно отстранување, односно до последната операција на управување со отпадот, без оглед дали тој управува директно со отпадот или го дал на управување на посредник, трговец со отпад или управувањето го доверил на трето лице кое управува со посебен тек на отпад во рамките на системот за проширена одговорност на производителот. (3) Создавачот на отпад е должен да се грижи за обезбедување на податоци за отпадот што го создава што ќе му овозможат да се увери дека е веројатно управувањето со неговиот отпад да се врши согласно со закон. (4) Се забранува горење или согорување на отпад на локации кои не се наменети за таа цел, како и користење на уреди и инсталации за кои не е издадена соодветна дозвола согласно закон или во кои горењето или согорувањето на отпадот може да ја загрози животната средина, животот и здравјето на луѓето. (5) Субјектите кои вршат дејности на управување со отпад, отпадот може да го откупуваат од физички и правни лица доколку истиот го стекнале во согласност со закон. (6) Забрането е оставање, фрлање и напуштање на отпадот на локации кои не се утврдени за таа намена, како и негово спалување или отстранување спротивно на прописите за управување со отпадот. Член 38 Управување со отпадот што се наоѓа на имот во приватна сопственост (1) Управувањето со отпадот што се наоѓа на приватен имот, а кој може да предизвика штета врз животната средина или здравјето на луѓето, е обврска на сопственикот или корисникот на имотот. (2) Доколку сопственикот или корисникот на имотот на кој се наоѓа отпадот не го отстрани или одбие да го отстрани отпадот на начин предвиден со овој закон, отпадот ќе го отстрани давателот на услугата, односно овластено лице за собирање и транспортирање на отпад, врз основа на правен акт за отстранување издаден од градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје или општините во градот Скопје, на трошок на сопственикот или корисникот на имотот. (3) Доколку отпадот е оставен на приватен имот без одобрение од сопственикот или корисникот на имотот, сопственикот или корисникот на имотот го информира градоначалникот на општините и општините во градот Скопје и градот Скопје, кој треба да преземе соодветни мерки за отстранување на отпадот, како и мерки согласно со закон против сторителот. (4) Доколку постојат сознанија дека на имот што е во приватна сопственост се врши складирање и собирање на отпад спротивно на одредбите од овој закон, овластениот инспектор за животна средина или државниот инспектор за животна средина има право да изврши инспекциски надзор во имотот што е во приватна сопственост согласно со овој закон. Член 39 Преработка на отпадот (1) Отпадот што содржи употребливи материи треба да се преработи, доколку е возможно натамошно искористување на неговите состојки и ако постојат соодветни технички и технолошки услови за тоа. (2) Преработката на отпадот мора да се врши без примена на процеси или методи кои ја загрозуваат животната средина, животот и здравјето на луѓето. (3) Доколку преработката на отпадот може да предизвика загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето или трошоците за преработка на отпадот се несразмерно големи и економски неисплатливи, отпадот може да се отстрани или да се извезе од Република Северна Македонија во држави каде што истиот може да се преработи или отстрани на начин кој е безбеден за животната средина, животот и здравјето на луѓето. (4) Обврската за задолжително преработување на отпадот од ставот (1) на овој член нема да се применува, доколку отстранувањето на отпадот предизвикува помало загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето отколку неговата преработка, при што треба да се има предвид: 1) искористувањето на природните ресурси; 2) енергијата којашто би била употребена за преработка или добиена од отпадот; 3) содржината на опасни материи во отпадот создаден по преработката и 4) емисијата на супстанции и енергија во медиумите на животната средина. (5) Заради подобрување и олеснување на процесот на преработка, отпадот треба да се собира одделно доколку е тоа технички, еколошки и економски изводливо и да не се меша со друг отпад или други материјали со поинакви својства и карактеристики. Член 40 Операции за преработка на отпадот (1) Отпадот се преработува со примена на една или повеќе од следниве операции: R1- користење како гориво за примарна намена или како некое друго средство за производство на енергија, R2 - регенерација/подобрување на својствата на растворувачите, R3 - рециклирање/подобрување на својствата на органските материи коишто не се користат како растворувачи (вклучувајќи ги тука и компостирањето и другите процеси на биолошка трансформација), R4 - рециклирање/подобрување на својствата на металите и на металните соединенија, R5 - рециклирање/подобрување на својствата на другите неоргански материјали, R6 - регенерација на киселините или на базите, R7 - преработка на состојките што се користат за намалување на загадувањето, R8 - преработка на состојките од катализаторите, R9 - прерафинирање на користена нафта и масла или други форми на повторно користење на нафта и масла, R10 - третирање на земјиштето, во полза на земјоделството и на животната средина, R11 - користење на отпадот добиен од некоја од операциите наведени во точките од R1 до R10 на овој став, R12- размена на отпадот заради подложување на некоја од операциите наведени во точките од R1 до R11 на овој став и R13- складирање на отпадот којшто треба да биде подложен на некоја од операциите наведени во точките од R1 до R12 на овој став (со исклучок на временото складирање, пред собирање, на местото каде што е создаден отпадот). (2) Операциите од ставот (1) на овој член, при увоз, извоз и транзит на отпад во пропратните документи се означуваат со латинична буква „R“ по која следи бројот на соодветната операција за преработка од ставот (1) на овој член. (3) Министерот поблиску го пропишува начинот на преработка на отпадот за добивање на енергија или користење на отпадот како некое друго средство за производство на енергија од ставот (1) од точка R1 на овој член. Член 41 Складирање на отпадот (1) Отпадот што може повторно да биде употребен, преработен или искористен како извор на енергија, може да се складира на посебни места предвидени за таа намена, доколку складирањето не предизвикува опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето. (2) Отпадот се складира на места кои се технички опремени за привремено складирање на отпадот, на локации на создавачот на отпадот, во местата за собирање, претоварни станици и други локации за собирање во согласност со овој закон. (3) Правните лица кои создаваат отпад можат отпадот привремено да го складираат на местото на неговото создавање, но најдолго една година сметано од денот на неговото создавање доколку отпадот е наменет за отстранување, односно најдолго до три години сметано од денот на неговото создавање доколку отпадот е наменет за третман и преработка. (4) Привременото складирање на отпадот од ставот (3) на овој член лицата го вршат на начин и на места кои ги исполнуваат минимално техничките услови во однос на заштитата на животната средина, животот и здравјето на луѓето. (5) Начинот на складирање на отпадот како и минимално техничките услови што треба да ги исполнуваат местата на коишто се врши складирањето на отпадот од ставот (4) на овој член, ги пропишува министерот. Член 42 Повторна употреба и рециклирање (1) Заради постигнување на високо ниво на користење на ресурсите и поттикнување на економски развој, правните и физичките лица преземаат мерки и активности во насока на постигнување на повторната употреба и рециклирање на отпадните материјали особено хартијата, металот, пластиката и стаклото. (2) Со цел постигнување на високо ниво на ефикасност на ресурсите и поттикнување на циркуларната економија, во Планот од членот 23 од овој закон, регионалните планови од членот 24 од овој закон и Планот за спречување на создавање на отпад од членот 25 од овој закон треба да бидат содржани мерките и целите за подготовка за повторна употреба, повторна употреба и рециклирање. Член 43 Отстранување на отпадот (1) Отпадот што не може повторно да се употреби, рециклира, преработи или да се искористи како извор на енергија, се отстранува со примена на посебни операции за отстранување, определени во согласност со членот 44 став (1) од овој закон. (2) Пред да се отстрани, отпадот треба да биде подложен на механички, физички, хемиски, термички или биолошки третман, со цел да се намали количеството на отпадот, неговиот волумен и негативните влијанија врз животната средина, животот и здравјето на луѓето. (3) Пред да се пристапи кон отстранување на отпадот, тој треба да биде селектиран и класифициран во согласност со Листата на видовите отпад од членот 15 од овој закон. (4) На отпадот што не може да се селектира и да се класифицира според Листата на видовите отпад, задолжително се прави оцена на неговите карактеристики согласно со членот 16 од овој закон, со цел да се утврди како ќе се постапува со истиот. (5) Отстранувањето на отпадот се врши во посебно определена инсталација најблиску до местото на настанување на отпадот која е наменета за отстранување на отпадот, и која поседува соодветна дозвола согласно со одредбите од овој закон. (6) Во Планот од членот 23 од овој закон се пропишани целите за намалување на депонирањето на комунален отпад како посебна операција за отстранување на отпадот. Член 44 Операции за отстранување на отпадот (1) Операции за отстранување на отпадот се: D 1 - депонирање - полагање во или над земјата (на пример, депонија итн.), D 2 - третман на земјиштето (на пример, биоразградување на течниот или кашест отпад во почвата итн.), D 3 - длабинско инјектирање (на пример, инјектирање на отпадот што може да се испумпува во бунари или во природни шуплини - пештери, јами итн.), D 4 - површинско каптирање (на пример, сместување на течниот или кашест отпад во јами, езерца или во лагуни итн.), D 5 - посебно конструирање депонија (на пример, сместување во обложени поединечни ќелии кои се затворени и изолирани една од друга и од животната средина итн.), D 6 - полагање во големи водни тела освен мориња/океани, D 7 - полагање во мориња/океани вклучувајќи вкопување во морско дно, D 8 - биолошки третман што не е дефиниран на друго место во овој закон, а од кој произлегуваат финални соединенија или смеси кои се отстрануваат со некоја од операциите наведени во точките од D1 до D12 на овој став, D 9 - физичко-хемиски третман што не е дефиниран на друго место во овој закон, а од кој произлегуваат финални соединенија или смеси кои се отстрануваат со некоја од операциите наведени во точките од D1 до D12 на овој став (на пример, испарување, сушење, калцинирање итн.), D 10 - горење на копно, во согласност со одредбите од овој закон и другите прописи кои се однесуваат на горење, D 11 - горење на море, D 12 - трајно складирање (на пример, поставување контејнери во рудник итн.), D 13 - мешање пред подложување на некоја од операциите наведени во точките од D1 до D12 на овој став, D 14 - препакување пред подложување на некоја од операциите наведени во точките од D1 до D12 на овој став и D 15 - складирање до извршување на некоја од операциите наведени во точките од D1 до D14 на овој став (со исклучок на временото складирање, пред собирање на местото на коешто е создаден отпадот). (2) Отстранувањето на отпадот со примена на операциите од ставот (1) од точките D1 до D12 на овој член ќе се смета за трајно решение при управувањето со отпадот по што не може да се примени ниту една друга операција за управување со отпадот. (3) Операциите од ставот (1) на овој член при увозот, извозот и транзитот на отпадот во пропратните документи се означуваат со латинична буква „D“ по која следи бројот на соодветната операција за отстранување од ставот (1) на овој член. Член 45 Интегрирана мрежа за управување со отпадот (1) Со цел да се овозможи најбезбедно и најекономично собирање, селектирање, преработка, како и отстранување на отпадот во инсталации кои се најблиску до местото на создавање на отпадот, како и користење на најсоодветни методи и технологии со кои се обезбедува високо ниво на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето, управувањето со комуналниот отпад се организира, во согласност со хиерархијата за управување со отпад, во интегрирана мрежа за управување со отпад. (2) Инсталациите наменети за отстранување на отпадот можат да бидат поврзани со претоварни станици, како и со друга инфраструктура за собирање, селектирање и преработка на отпад во интегрирана мрежа за управување со отпадот. (3) Интегрираната мрежа за управување со отпад може да биде организирана на ниво на еден или повеќе региони за управување со отпад. (4) Во интегрираната мрежа за управување со отпад која е организирана на ниво на еден или повеќе региони, може да се вклучи инсталација за отстранување на градежен шут. (5) Министерот ги пропишува начинот и поблиските услови на функционирање на интегрираната мрежа за управување со комуналниот отпад организирана на регионално ниво, односно на ниво на една или повеќе општини или градот Скопје, во согласност со Планот од членот 23 од овој закон. Член 46 Претоварни станици за отпад (1) Комуналниот отпад и комерцијалниот отпад кој е сличен по својата природа на комуналниот, наменети за складирање, преработка или за отстранување, може да бидат транспортирани од местото на создавање до претоварни станици, од каде се транспортираат до објектите и до инсталациите за складирање, преработка или за отстранување. (2) Претоварните станици се дел од интегрираната мрежа за управување со отпадот од членот 45 од овој закон. (3) Претоварните станици треба да бидат лоцирани на места што ќе обезбедат транспортирањето на отпадот да биде ефикасно и економично и да обезбедува самоодржливо функционирање на интегрираниот систем за управување со отпад, имајќи ги предвид начелата на универзалност на услугата и начелото на блискост, како и да бидат лоцирани на места и да работат на начин со кој ќе се овозможи најмало можно влијание врз животната средина, животот и здравјето на луѓето. (4) Министерот ги пропишува поблиските минимално технички услови од ставот (3) на овој член кои треба да ги исполнуваат претоварните станици во поглед на заштита на животната средина, поблиските услови што треба да ги исполнуваат локациите на коишто се градат односно се поставуваат претоварните станици, како и начинот и роковите за чување на отпадот во претоварните станици според видовите на отпад. Член 47 Стручен испит за управување со отпад (1) За безбедно и соодветно управување со отпадот, правните лица кои управуваат со отпад задолжително треба да ангажираат стручно оспособено лице за управување со отпад. (2) Стручно оспособено лице за управување со отпад е лице кое има положено стручен испит за проверка на потребното стручно знаење од областа на управување со отпадот и се стекнало со: Уверение за управител со отпад или Сертификат за виш управител со отпад. (3) Стручното оспособено лице полага стручен испит за управител или виш управител со отпад по претходно завршена обука за управител, односно виш управител со отпад. (4) За кандидат за полагање на стручниот испит може да се пријави само лице коe поседува потврда за завршена обука спроведена од овластено правно лице од страна на министерот. (5) Овластувањето од ставот (4) на овој член со кое се стекнува правното лице за да може да врши обука од ставот (4) на овој член се издава со важност од најмногу пет години и може да се даде на домашно или странско правно лице кое располага со: 1) простор опремен за одржување на обука; 2) технички капацитети за спроведување на обука; 3) курикулум наменет за обука и 4) минимум три лица ангажирани за спроведување на обуката со минимум десетгодишно искуство од областа на техничките и природните науки, а поврзано со управувањето со отпад. (6) Уверението односно сертификатот од ставот (2) на овој член се добива по претходно положен стручен испит, кој се полага пред комисија формирана од министерот, составена од петчлена и нивни заменици, кои имаат најмалку пет години работно искуство во областа на управувањето со отпадот или животната средина. (7) Тројца членови и нивните заменици во комисијата од ставот (6) на овој член се од органот за животната средина, а двајца членови и нивните заменици се избираат од редот на истакнати експерти од областа на управување со отпадот кои имаат најмалку пет години работно искуство во управување со отпад врз основа јавен оглас. (8) Комисијата од ставот (6) на овој член за својата работа донесува деловник. (9) На членовите во Комисијата од ставот (6) од овој член им следува надоместок чија висина се определува во зависност од бројот на кандидати кои се пријавиле за полагање на испитот. (10) Кандидатот за полагање на испит плаќа надоместок на посебна приходна сметка на органот за животна средина. (11) Висината на надоместокот од ставот (9) на овој член се определува врз основа на реалните трошоци направени за полагање на стручниот испит. (12) На лицето кое го положило стручниот испит органот за животната средина му издава уверение за управител со отпад, односно сертификат за виш управител со отпад. (13) Министерот донесува програма за полагање на стручен испит. (14) Министерот го пропишува начинот на полагање на стручниот испит, образецот на уверението и сертификатот, како и висината и начинот на плаќање на надоместокот за полагање на стручниот испит. (15) Органот за животна средина води Листа на експерти за управување со отпад во која се регистрираат стручно оспособените лица од ставот (2) на овој член како и овластени правни лица за спроведување на обука од ставот (5) на овој член. (16) Листата од ставот (15) на овој член се објавува на веб страницата на органот за животна средина и редовно се ажурира. Член 48 Управител со отпад (1) Лицата од членот 27 и членот 64 став (1) од овој закон се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител со отпад кој има овластување за управител за отпад. (2) Стручен испит за управител со отпад може да полага лице кои ги исполнува следниве услови: да има живеалиште во Република Северна Македонија, да има завршено најмалку VI степен вишо образование или високо образование со најмалку VII/1, односно диплома со најмалку 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност сè додека траат последиците од забраната и да има најмалку три години работно искуство по дипломирањето во управувањето со отпад или животната средина. (3) Управителот со отпад е одговорен за вршење на следниве активности: ја изработува и се грижи за спроведување на програмата за управување со отпадот на лицата, ја следи тековната состојба во управувањето со отпадот, презема активности и мерки за намалување на создадениот отпад, се грижи за спроведување и примена на постапките за управување со отпадот во согласност со овој закон или друг пропис, води евиденција и изготвува извештаи согласно со членот 50 од овој закон и прописите за управување со отпад, изготвува извештаи за несреќи или хаварии кои можат да настанат при управувањето со отпадот, го контролира создавањето на отпадот во технолошките процеси, ги информира одговорните органи, односно одговорните лица во правното лице за можното загрозувања на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и предлага конкретни решенија и ги контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и се отстранува, како и на секундарната суровина. Член 49 Виш управител со отпад (1) Правните лица кои управуваат со отпад и кои вршат дејности и активности од членовите 65, 71, 72 и 73 од овој закон, назначуваат најмалку еден - виш управител со отпад. (2) Виш управител со отпад може да биде лице кое поседува сертификат за виш управител со отпад, има положено стручен испит за виш управител со отпад. (3) Стручен испит за виш управител со отпад може да полага физичко лице кое: има завршено најмалку VI степен вишо образование или високо образование со најмалку VII/1, односно диплома со најмалку 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) или постдипломски студии, од областа на техничките науки, да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност сè додека траат последиците од забраната и да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето во управувањето со отпад и животната средина поврзано со работи и задачи поврзани со практично управување со отпад. (4) Вишиот управител со отпад при вршењето на својата работа е задолжително присутен на терен и е одговорен за управување со инсталацијата во текот на работното време. (5) Виш управител со отпад е должен да ги врши следниве активности: се грижи за техничкиот аспект на работење и вршење на дејноста, организација и управување со регионалниот систем/инсталацијата, се грижи за безбедно и непречено функционирање на регионалниот систем/инсталацијата, примена на техничка експертиза /знаење на техничката опрема и оперативните средства, врши технички надзор и увид на видот и количеството на отпадот што се управува во инсталацијата/регионалниот систем, подготвува оперативна програма за следење и контрола на работењето на регионалниот систем/инсталацијата дали е во согласност одредбите од овој закон и донесените прописи; е одговорен за подготовка на програми за стручно оспособување и образование за вработените во инсталацијата/регионалниот систем и е одговорен за изготвување и усвојување на планови и програми за избегнување и намалување на последиците од хаварии и и несреќи. (6) Правното лице од ставот (1) на овој член може да ангажира странско физичко лице за виш управител со отпад доколку истото ги исполнува условите за виш управител со отпад и поседува соодветни квалификации од земјата чиј државјанин е согласно со законот. Член 50 Обврска за водење евиденција и известување (1) Субјектите кои управуваат со отпадот согласно со одредбите од овој закон се должни да водат евиденција за: 1) видот, количеството и потеклото на отпадот со кој управуваат; 2) видот и количеството на привремено складираниот отпад; 3) видот и количеството на отпадот што му е предаден на собирачот и на транспортерот на отпад; 4) видот и количеството на отпадот што е искористен или преработен; 5) количеството и видот на отпадот што е предаден на други правни лица кои преработуваат отпад; 6) податоците за примената на операциите за преработка од членовите 39 и 40 од овој закон; 7) видот и количеството на отпадот што е наменет за отстранување согласно со членовите 43 и 44 од овој закон; 8) видот и количеството на отпадот што се преработува или се отстранува надвор од земјата; 9) податоци за почетната и за крајната дестинација на транспортирањето на отпадот; 10) видот и количеството на отпад кој е регистриран како секундарна суровина, односно отпадот кој престанал да биде отпад согласно со членовите18 и 19 од овој закон и 11) други податоци за управување со отпад. (2) Лицата од членот 27 од овој закон се должни да водат евиденција за: 1) видот, количеството и потеклото на отпадот кој го создаваат; 2) видот и количеството на привремено складираниот отпад; 3) видот и количеството на отпадот што му е предаден на собирачот и на транспортерот на отпад; 4) видот и количеството на отпадот што е искористен или преработен од самите создавачи; 5) видот и количеството на отпадот што е предаден на други лица кои преработуваат отпад, доколку преработувањето не е извршено од самиот создавач на отпад; 6) видот и количеството на отпадот што е отстранет; 7) видот и количеството на отпадот кој е извезен за преработка или отстранување во странство; 8) видот и количеството на отпад кој е регистриран како секундарна суровина односно отпадот кој престанал да биде отпад согласно со членовите 18 и 19 од овој закон и 9) други податоци за управување со отпад. (3) Евиденцијата од ставот (1) на овој член, лицата ја водат секојдневно во дневник. (4) Субјектите од ставовите (1) и (2) на овој член се должни, на лицето задолжено за транспорт на отпад при предавањето на отпадот за транспорт да му издадат идентификациони и транспортни формулари за отпадот. (5) При увоз, извоз или транзит на отпад, субјектите кои го вршат транспортот на отпад се должни, копија од обрасците од членот 96 ставови (7) и (8) од овој закон при влезот, излезот и транзитот на отпадот од/низ територијата на Република Северна Македонија да ги достават до органот надлежен за вршење на царинските работи. (6) Субјектите од ставовите (1) и (2) на овој член се должни формуларите од ставовите (4) и (5) на овој член да ги чуваат како составен дел на целокупната евиденција за управување со отпадот. (7) Субјектите од ставовите (1) и (2) на овој член се должни, еднаш годишно, податоците од евиденциите во вид на консолидиран извештај на пропишан образец да ги доставуваат до стручниот орган, најдоцна до 31 јануари во тековната за претходната година. (8) Субјектите од ставот (1) на овој член кои вршат дејност на собирање и транспортирање на комунален отпад се должни податоците од евиденциите од овој член да ги доставуваат и до организационите единици од членот 35 од овој закон, најдоцна до 31 јануари во тековната за претходната година. (9) Организационите единици од членот 35 од овој закон се должни податоците од ставот (7) на овој член, во вид на годишен консолидиран извештај подготвен на пропишан образец, да ги достават до стручниот орган, најдоцна до 31 март во тековната за претходната година. (10) Лицата од ставовите (1) и (2) на овој член се должни податоците од евиденцијата да ги чуваат најмалку пет години, освен операторите на регионален систем за управување со отпад кои имаат обврска податоците од евиденциите да ги чуваат пет години по завршувањето на рокот определен за работа на регионалниот систем, како и сè додека трае фазата на натамошна грижа по затворањето. (11) Министерот ја пропишува формата и содржината на образецот за водење евиденција од ставовите (1) и (2) на овој член, формата, содржината, како и начинот на водење на дневникот од ставот (3) на овој член, формата, содржината и начинот на управувањето со формуларите од ставот (4) на овој член, како и формата и содржината на образецот од ставовите (7) и (9) на овој член. VI. ПРАВИЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСЕН ОТПАД Член 51 Општи правила за управување со опасниот отпад (1) Управувањето со опасниот отпад се врши одвоено од другите видови отпад. (2) Се забранува истурање и фрлање на опасниот отпад во почвата, во водите, во садовите за собирање на друг вид на отпад, системи за собирање и одведување на урбани отпадни води, како и негово складирање и отстранување на места кои не се определени за таа намена. (3) Министерот ги пропишува својствата на опасниот отпад и поблиските правила за управување со опасниот отпад. Член 52 Забрана за мешање на опасен отпад (1) Се забранува мешање на опасниот отпад со други видови опасен отпад, како и мешање на опасниот отпад со други видови на отпад, супстанции или материи. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, стручниот орган, по писмено барање од создавачот или поседувачот на опасниот отпад, може да даде согласност за управување со опасен отпад со која се одобрува мешањето на опасниот отпад со други видови опасен отпад, како и мешање на опасниот отпад со други видови на отпад, со супстанции или со материи, доколку утврди дека: активноста на мешање се врши од субјект кој согласно со членот 64 од овој закон има добиена дозвола за вршење дејност управување со опасен отпад, со тоа ќе се подобри безбедноста при управувањето со опасниот отпад и дека мешањето не ги загрозува животната средина, животот и здравјето на луѓето и операциите на мешање на отпадот се вршат согласно со најдобрите достапни техники. Член 53 Управување со мешан отпад (1) Во случај кога опасниот отпад е мешан со други видови отпад, супстанции и материи, задолжително се известува стручниот орган. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член, мора да се пристапи најпрво кон издвојување на отпадот, доколку постапката на издвојување е технички изводлива и економски исплатлива и ја намалува опасноста по животната средина, животот и здравјето на луѓето и кога е неопходно за исполнување на правилата за управување со отпад од членот 37 од овој закон. (3) Управувањето со опасниот отпад и започнувањето на постапката од ставот (1) на овој член, се врши врз основа на добиена писмена согласност за управување со опасен отпад која ја издава стручниот орган по поднесено барање до стручниот орган. (4) Кон барањето за издавање на согласност од ставот (3) на овој член, барателот е должен да достави и извештај за извршена процена на карактеристиките на отпадот согласно со членот 16 од овој закон. (5) Кон барањето од ставот (3) на овој член особено се наведува видот на отпадот, причината за мешање на опасниот отпад и натамошното управување со опасниот отпад. (6) Министерот ги пропишува формата и содржината на барањето за управување со опасен отпад од ставот (3) на овој член, потребната документација, како и формата и содржината на согласноста за управување со опасен отпад од ставот (3) на овој член. Член 54 Задолжително пакување и означување на опасниот отпад (1) Опасниот отпад наменет за транспортирање, преработка, складирање и отстранување ќе се пакува и означува на начин со кој ќе се овозможи целосна заштита на животната средина и здравјето на луѓето. (2) Пакувањето на опасниот отпад ќе се врши во специјални контејнери дизајнирани согласно со видот на отпадот, на кој мора да стои ознаката „Опасен отпад“, да биде означено согласно со степенот на опасност на отпадот, да има ознака за мерките за безбедност, како и други ознаки со кои се обезбедува безбедно управување со опасниот отпад. (3) Се забранува транспорт на опасен отпад кој не е пакуван и означен во согласност со овој закон. (4) Министерот го пропишува начинот на пакување и означување на опасниот отпад. Член 55 Управување со опасен отпад од домаќинствата (1) Членовите 51, 52, 53 и 54 од овој закон, не се однесуваат за мешан опасен отпад создаден од домаќинствата. (2) Опасниот отпад од домаќинствата се собира одделно од другиот отпад што се создава од домаќинствата на собирно место каде се лоцирани садови кои служат за собирање на опасен отпад или во собирен центар. (3) Физичките лица се должни да го селектираат опасниот отпад и одвоено од останатиот отпад од домаќинствата да го остават на најблиското собирно место или собирен центар. (4) Давателот на услуга е должен да го собере и транспортира опасниот отпад од домаќинствата од собирното место или собирниот центар и да го предаде на операторот на регионалниот центар. (5) Операторите на регионалните центри за управување со отпад се должни да го селектираат и да го предадат собраниот опасен отпад од домаќинствата на правни лица кои поседуваат соодветни дозволи за вршење на дејност управување со отпад. Член 56 Управување со медицински отпад (1) Со медицинскиот отпад се управува согласно со одредбите за опасен отпад од овој закон и прописите од областа на управување со отпадот. (2) Медицинскиот отпад од објектите во кои се спроведува здравствена и ветеринарна заштита ги вклучува инфективниот, хемискиот, отпадот од лекови, како и цитостатици, остри предмети и друг вид на опасен отпад. (3) Отпад од лекови кој потекнува од домаќинствата не смее да се отстранува заедно со комуналниот отпад, туку се предава бесплатно во аптеките кои постапуваат согласно со прописите за лековите и медицинските средства. (4) Лицето или здравствената установа која создава или поседува отпад од ставовите (2) и (3) на овој член изготвува програма за управување со отпад и истата ја доставува на одобрување до стручниот орган. (5) Лицето или ветеринарната установа која создава или поседува отпад од ставовите (2) и (3) на овој член изготвуваат програма за управување со отпад и истата ја доставува на одобрување до стручниот орган. (6) Министерот во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на ветеринарното здравство го пропишува начинот на управување со медицински отпад, како и начинот на пакување и означување на медицински отпад. Член 57 Управување со титаниум диоксид (1) Се забранува отстранување на отпад од титаниум диоксид и отпад создаден при производство на титануиум диоксид, како и неговите преработки, во водните површини. (2) Лицата кои создаваат, произведуваат или преработуваат титаниум диоксид се должни до стручниот орган да достават податоци за отпадот од титаниум диоксид, кој е наменет за отстранување. (3) Податоците од ставот (2) на овој член се однесуваат на: 1) физичките, хемиските, биохемиските и биолошките својства на отпадот; 2) физичката состојба на отпадот; 3) токсичноста, физичката, хемиската и биолошката стабилност на отпадот; 4) акумулација и биотрансформација кај живите организми или седименти; 5) склоност на отпадот кон физички, хемиски и биохемиски трансформации и нивното однесување при допир со одреден медиум или со други органски и неоргански супстанции; 6) начинот на пакување и методите со кои ќе се заштити растурањето на отпадот и 7) мерките на претпазливост за заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето. (4) Создавачот, поседувачот и преработувачот на титаниум диоксид и на отпад од титаниум диоксид се должни да вршат мониторинг на почвата, водите и на воздухот на местата каде што се преработува, складира и се отстранува отпадот од титаниум диоксид, како и на околната зона којашто се смета за незагадена. (5) Лицата кои произведуваат титаниум диоксид се должни во извештаите кои ги доставуваат до стручниот орган да ги наведат и дополнителните информации за содржината на сулфатите и на хлоридите во отпадот, за секој произведен тон титаниум диоксид. (6) Доколку врз основа на податоците добиени од мониторингот се утврди дека опасните својства и ефектите од отстранувањето на отпадот од титаниум диоксид можат да предизвикаат штетни и долгорочни последици врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, министерот во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на економијата може да го забрани производството и преработката на титаниум диоксид, како и отстранувањето на отпадот од титаниумдиоксид. (7) Лицата кои произведуваат и преработуваат титаниум диоксид се должни да вршат дополнителни анализи на отпадот од титаниум диоксид и на неговите ефекти врз водите, почвата, воздухот, како и условите за мониторинг на депониите и на складиштата за отпад од титаниум диоксид. (8) Министерот го пропишува начинот на управување со отпадот од титаниум диоксид, начинот на вршење на мониторинг од ставот (4) на овој член како и формата, содржината и начинот на доставување на податоците од ставот (2) на овој член. Член 58 Правила за управување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест (1) Лицата кои управуваат со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест се должни да постапуваат внимателно и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита со кои се спречува ослободување на азбестни честици, влакна и азбестен прав во воздухот, како и спречување на излевањето на течности што содржат азбестни влакна. (2) Отпадот што содржи и ослободува азбестни честици, влакна или азбестен прав може да се складира и да се отстранува на места предвидени исклучиво за таа намена, како и да биде одделен од другите видови отпад, селектиран и соодветно спакуван на начинот пропишан во ставoт (3) од овој закон и согласно со одредбите на овој закон (3) Министерот ги пропишува начинот на управување со отпад од азбестот и со отпадот од производи кои содржат азбест. Член 59 Управување со ПХБ (1) Се забранува: 1) производството, увозот и прометот на ПХБ; 2) повторната употреба и преработката на отпадните ПХБ и 3) повторното полнење и дополнување на опремата со ПХБ. (2) Видот на опремата која може да содржи ПХБ се третира како да содржи ПХБ освен ако не постојат причини и податоци кои укажуваат на спротивното. (3) Лицата се должни да извршат попис на опремата од ставот (2) на овој член која ја поседуваат и да водат евиденција за истата, редовно да ја ажурираат и дополнуваат во согласност со одредбите на овој закон и со други прописи. (4) Лицата се должни согласно со овој закон и други прописи да изготват план за деконтаминација и/или отстранување на попишаната опрема и на ПХБ содржани во неа, како и шеми за собирање и за натамошно отстранување на опремата која не е предмет на попис. (5) Лицата се должни да ја означат опремата што содржи или содржела ПХБ којашто е предмет на попис, како и да го означи просторот или локацијата каде што е сместена таквата опрема согласно со овој закон и други прописи. (6) Министерот ги пропишува начинот и условите за управување со ПХБ, начинот и условите што треба да ги исполнуваат инсталациите и објектите за отстранување и за деконтаминација на ПХБ, искористените ПХБ и начинот на означување на опремата којашто содржи ПХБ како и начинот на означување на просторот или локацијата каде што е сместена таквата опрема. VII. УПРАВУВАЊЕ СО НЕОПАСЕН ОТПАД Член 60 Начин на остварување на јавната услуга од страна на општините и градот Скопје (1) Собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад, обезбедувањето на селекција на посебните текови на отпад, собирањето на напуштениот отпад, како и ракувањето и одржувањето на садовите за селекција и собирање на комунален отпад, собирните места и собирните центри, како и организирање на интегрираниот систем за управување со отпад на подрачјето на општината односно градот Скопје и од изолираните населби во членот 6 став (6) од овој закон, претставуваат јавни услуги од локално значење кои се спроведуваат согласно со принципот на универзалност на услугата. (2) На предлог на градоначалникот на општината и градот Скопје, советот на општините и Советот на градот Скопје може да основаат јавно претпријатие за собирање и транспортирање на комуналниот отпад. (3) Две или повеќе општини, како и општините и градот Скопје можат да основаат заедничко јавно претпријатие за вршење на дејноста од ставот (2) на овој член. (4) Собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад, за една или повеќе општини, градоначалникот на општината и градот Скопје можат да му го доверат на правни лица со склучување на договор, во постапка согласно со Законот за концесии и јавно приватно партнерство. (5) Собирањето и транспортирањето на селектираниот комунален отпад кој претставува дел од посебните текови на отпад се врши во согласност со прописите од областа на проширена одговорност на производителот. (6) Јавните претпријатија од ставовите (2) и (3) на овој член и правните лица од ставот (4) на овој член (во натамошниот текст: даватели на услуга), мора да поседуваат дозвола за управување со отпад, издадена во согласност со членот 64 од овој закон. Член 61 Обезбедување на примената на принципот на универзалност на услугата на локално ниво (1) Советот на општинaта или градот Скопје, на предлог на градоначалникот на општината или градот Скопје, врз основа на општите правила донесени согласно со членoвите 37 и 51 од овој закон, детално ќе ги пропишат условите, начинот и шемите за собирање и за транспортирање на комуналниот отпад во рамките на интегрираниот систем за управување со отпад на подрачјето на општината, односно градот Скопје и ќе ги вклучи изолираните населби од членот 6 став (1) точка 6) од овој закон. (2) Со прописот од ставот (1) на овој член ќе се пропише и: 1) подрачјето каде што ќе се спроведува универзалната услуга; 2) начините и фреквенцијата на собирање на комуналниот отпад во одделни населени места на подрачјето каде што се врши услугата; 3) видовите на стимулативни мерки; 4) техничките и другите барања кои се однесуваат на обезбедувањето на собирните места и центри за услугите за собирање и за транспортирање на комуналниот отпад, како и селекцијата на посебните текови на отпад и 5) други прашања што се од значење за спроведување на интегрираниот систем за управување со отпад. (3) Градоначалникот на општините или на градот Скопје е должен, покрај објавувањето во службените гласила на општините и на градот Скопје, да ги информира и на друг начин корисниците на услугите за донесените акти од ставот (1) на овој член. Член 62 Собирање и селектирање на комунален отпад (1) Давателите на услугите во соработка со постапувачите со посебните текови отпад во рамките на системот за проширена одговорност на производителот, се должни на местата определени од градоначалникот на општината или градот Скопје (собирни места) да постават садови за собирање и за селектирање на отпад со кои ќе се овозможи селектирање на отпадот пред неговото собирање, а особено одделно собирање на опасниот отпад создаден од домаќинствата. (2) Давателите на услугите се должни на местата определени од градоначалникот на општината или градот Скопје да ги организираат собирните центри од членот 6 став (1) точка 32) од овој закон. (3) При определување на бројот и локациите на собирните центри се зема предвид бројот на жителите во населеното место, при што се обезбедува најмалку еден собирен центар на 15.000 жители. (4) Градоначалникот на општините или градот Скопје се грижи за исполнување на обврската од ставот (1) на овој член. Член 63 Правила за управување со комуналниот и со другите видови неопасен отпад (1) Субјектите кои создаваат или поседуваат комерцијален отпад се должни да вршат селекција на отпадот на местото на неговото создавање во посебни садови различни од оние наменети за домаќинствата. (2) Создавачите на комерцијален отпад од ставот (1) на овој член се должни да склучат посебен договор за собирање и транспортирање на отпад со давателот на услугата или со лица кои поседуваат дозвола за управување со отпад како дел од постапувачите со посебните текови на отпадот во рамките на системот за проширена одговорност на производителот. (3) Домаќинствата се должни да вршат селекција на отпадот според видот и неговите карактеристики на местото на неговото создавање и да го одлагаат во посебните садови обезбедени од давателот на услугата и постапувачите со посебните текови на отпадот во рамките на системот за проширена одговорност на производителот. (4) Лицата кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат или поседуваат отпад повеќе од количините утврдени во членот 27 од овој закон, можат да склучат договор за собирање и транспортирање на неопасен отпад, со правни лица кои имаат дозвола за вршење на дејност на управување со отпад. (5) Министерот ги пропишува општите правила за управување со комуналниот и со другите видови неопасен отпад. VIII. ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД Член 64 Дејности за кои е потребно добивање на дозвола за управување со отпад (1) Субјектите кои управуваат со отпад се должни да поседуваат дозвола за управување со отпад доколку: 1) собираат и транспортираат отпад; 2) складираат отпад или 3) преработуваат или рециклираат отпад во стационарни или мобилни постројки. (2) Дозволата од ставот (1) на овој член ја издава стручниот орган врз основа на барање на посебен образец поднесено од страна на лицето кое управува со отпад. (3) Барањето од ставот (2) на овој член особено содржи: Назив и адреса на барателот, Видот на дејноста на управување со отпад за која бара добивање на дозвола, Видовите и количествата на отпад со кои ќе се управува, Доказ дека локацијата каде што ќе се врши дејноста е согласно со прописите за урбанистичко планирање и животна средина, Доказ за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на дејноста согласно прописот од ставот (12) на овој член, Начинот на вршењето на дејноста, Опис на безбедносните мерки и мерките на претпазливост кои се преземаат при вршењето на дејноста, Начинот на вршење на мониторинг и надзор над спроведувањето на дејноста, Начинот на грижа по затворањето односно престанувањето на вршењето на дејноста и Финансиска гаранција, односно осигурување во корист на органот за животна средина. (4) Субјектот од ставот (1) на овој член може да врши една или повеќе дејности за управување со отпад од ставот (1) на овој член само доколку ги исполнува условите пропишани за секоја дејност одделно. (5) Доколку субјектот ги исполнува условите за вршење на дејноста, стручниот орган ќе издаде дозвола за управување со отпад во која особено се наведува: минимално техничките барања во однос на потребната опрема, кадар и простор за вршење на дејноста видовите и количествата на отпад со кои ќе се управува, начинот на вршење на дејноста, безбедносни и превентивни мерки што треба да се преземат со цел влијанијата врз животната средина да се во согласност со прописите за животна средина и здравјето на луѓето, пропишаната висина и видот на гаранцијата односно осигурувањето со кои се обезбедува надоместок на штета врз животната средина од вршењето на дејноста, пропишаната висина и видот на гаранцијата со која се обезбедува грижа по затворањето односно престанувањето со вршењето на дејноста и други услови кои произлегуваат од спроведената оцена на влијанието врз животната средина согласно прописите за животна средина. (6) Субјектот од ставот (1) кој врши дејности од точките 2) и 3) на овој член е должен да постави видеонадзор на местото на прием на отпадот, како и на други места на локацијата или објектите преку кои ќе се забележува приемот, ракувањето, чувањето и испораката на отпадот. (7) Податоците од видеонадзорот од ставот (6) на овој член субјектот од ставот (1) на овој член е должен да ги чува најмалку три години. (8) Начинот, постапката и условите за добивање на дозвола за управување со посебен тек на отпад во режимот на проширена одговорност на производителите се уредува со прописите кои ги уредуваат посебните текови на отпад. (9) Дозволата за управување со отпад за дејностите од ставот (1) на овој член се издава за временски период од десет години (вклучувајќи ги и измените на дозволата во наведениот период). (10) Шест месеци пред истекот на рокот на дозволата од ставот (9) на овој член, субјектот кој поседува дозвола, поднесува барање за обнова на дозволата. (11) При обновување или пренос на дозволата од еден субјект на друг се применуваат одредбите кои важат за издавање на дозволата согласно со одредбите од овој закон. (12) Министерот поблиску ги пропишува барањата што треба да се исполнат од страна на субјектите за добивање на дозвола за управување со отпад за секоја дејностите од ставот (1) на овој член за секоја дејност одделно. (13) Министерот ја пропишува формата и содржината на образецот на барањето, како и начинот на доставување на барањето од ставот (2) на овој член. (14) Министерот ја пропишува формата и содржината на образецот на дозволата за вршење на дејност за управување со отпад од ставот (1) на овој член. (15) Министерот ги пропишува начинот на определување на висината на износот на финансиската гаранција и висината и видот на осигурувањето врз основа на видовите и количините на отпадот со кој управува субјектот од ставот (1) на овој член и видот на управувањето со отпадот, времетраењето, како и начинот на наплата на финансиската гаранција, односно осигурувањето согласно со ставовите (3) и (5) на овој член. Член 65 Дејност за управување со отпад за инсталации за кои е потребна интегрирана еколошка дозвола (1) Субјектот кој врши дејност за управување со отпад за која е потребно добивање на А-интегрирана еколошка дозвола согласно со прописите за животна средина, дозволата од членот 64 се издава како дел од постапката за издавање на интегрираната еколошка дозвола и истата е дел од интегрираната еколошка дозвола. (2) Во случајот од ставот (1) на овој член, органот што ја издава А-интегрираната еколошка дозвола е должен да утврди дали субјектот кој управува со отпад ги исполнува условите од членот 64 од овој закон пропишани за издавање на дозволата за вршење дејност управување со отпад. (3) Субјектот кој врши дејност за управување со отпад за која е потребно добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола, стручниот орган ја издава дозволата согласно со членот 64 од овој закон, а барањата пропишани во истата ќе се пропишат и како услови во Б-интегрирана еколошка дозвола. (4) Органот кој ја издава Б -интегрираната еколошка дозвола е должен да го информира стручниот орган дека условите од дозволата од членот 64 од овој закон се вградени во Б-интегрираната еколошка дозвола која се издава согласно со прописите за животна средина. Член 66 Одобрение за градење на инсталации за вршење на дејност за управување со отпад (1) Барањето за добивање одобрение за градба на инсталација за вршење на дејност за управување со отпад која се однесува на складирање, третман, преработка и за отстранување на отпадот, инвеститорот го доставува до органот надлежен за издавање на одобрението, согласно со прописите за градeње. (2) Одобрение за градба на инсталација за вршење на дејност за управување со отпад која се однесува на складирање, третман и преработка на отпадот нема да биде издадено доколку инвеститорот не добил решение за одобрување на студијата за оцена на влијанието на животната средина од стручниот орган, односно решение за одобрување на елаборат за заштита на животната средина на начин и во постапка утврдени со Законот за животната средина. (3) За изградба на инсталации за отстранување на отпад од членот 69 од овој закон пред започнување на спроведување на постапката за оцена на влијанието врз животната средина согласно прописите за животна средина, основачот од членовите 71, 72 и 73 од овој закон, задолжително подготвува студија за изводливост која ја доставува до стручниот орган на одобрување. (4) Студијата од ставот (3) од овој закон, задолжително содржи податоци за: утврдување дали изградбата на инсталацијата за отстранување на отпад е во согласност со стратешките и планските документи од областа на управувањето со отпадот пропишани согласно со одредбите од овој закон и прописите за просторно планирање и еколошка и економска оправданост на изградбата на инсталацијата и одржливоста на истата. (5) Одобрение за градба на инсталација за вршење на дејност за управување со отпад која се однесува на отстранување на отпадот нема да биде издадено доколку инвеститорот не добил одобрение на изготвената студија за изводливост и не добил решение за одобрување на студијата за оцена на влијанието на животната средина од стручниот орган, односно решение за одобрување на елаборат за заштита на животната средина на начин и во постапка утврдени со Законот за животната средина. Член 67 Постапка за издавање на дозвола за вршење на дејност управување со отпад (1) Стручниот орган е должен во рок од 15 дена од денот на добивањето на барањето од членот 64 став (3) од овој закон да го извести барателот доколку утврди недостатоци во истото, како и доколку му се потребни дополнителни податоци да определи рок, кој не може да биде пократок од осум дена, во кој рок барателот е должен да ги отстрани недостатоците или да ги достави бараните податоци. (2) Доколку на барателот му е потребно повеќе време од рокот утврден во ставот (1) на овој член, за тоа ќе го извести стручниот орган во рок од три дена од денот на приемот на известувањето од ставот (1) на овој член. (3) Стручниот орган е должен, пред издавање на дозволата за вршење на дејност на управување со отпад од членот 64 став (1) точки (2) и (3) од овој закон, односно службеното лице кое ја води постапката за издавање на дозволата во стручниот орган, да изврши увид на самото место со цел да утврди дали се исполнети барањата за добивање на дозволата за вршење на дејност за управување со отпад и да изготви записник за извршениот увид. (4) Стручниот орган е должен да ја издаде дозволата за вршење на дејноста за управување со отпад, односно да го одбие барањето за издавање на дозвола за управување со отпад, во рок од 30 дена од денот на добивање на комплетното барање, несметајќи го времето во кое се чекало добивање на дополнителни податоци, односно отстранување на недостатоците од ставот (1) на овој член. (5) Стручниот орган доколку утврди дека начинот на вршење на дејноста е неприфатлив од аспект на заштитата на животната средина, односно ако вршењето на дејноста е спротивно на прописите и стандардите за животна средина, како и стратешките и планските документи и проектите од областа на животната средина, ќе донесе решение со кое се одбива барањето за издавање на дозвола за управување со отпад. (6) Доколку дојде до промена на условите утврдени со дозволата, субјектот кој ја поседува дозволата е должен да поднесе барање за измена на дозволата. (7) Барањето за измена на дозволата се поднесува во рок од два месеца, од моментот на настанување на измените од ставот (6) на овој член. (8) Во постапката за измена на дозволата се применуваат одредбите од овој закон кои се однесуваат на постапката за издавање на дозволата. Член 68 Исклучоци кога не се издава дозволата (1) По исклучок од членот 64 од овој закон, не е потребна дозвола за вршење на дејност за управување со отпад за следните дејности: посредување со отпад (посредувачи), управување со секундарни суровини и преработка на отпад што настанал во сопствен производствен процес и кој може да се преработи во истиот производствен процес. (2) Субјектите од ставот (1) на овој член за вршење на дејностите од ставот (1) алинеја 1 на овој член, се должни да достават известување за регистрација до стручниот орган. (3) Стручниот орган по приемот на известувањето од ставот (2) на овој член во рок од 15 дена издава потврда за регистрација и го внесува лицето во регистарот од членот 100 од овој закон. IX. ДЕПОНИИ Член 69 Класи на депонии Според видот на отпадот што се отстранува, депониите се класифицираат на: 1) депонии за неопасен отпад; 2) депонии за инертен отпад и 3) депонии за опасен отпад. Член 70 Услови што треба да ги исполнува депонијата (1) Депонија од членот 69 од овој закон може да биде изградена и да биде ставена во употреба само доколку не предизвикува значителни негативни влијанија врз животната средина, како и не го загрозува здравјето на луѓето. (2) Заради спречување и намалување на штетните влијанија на отпадот што се отстранува во депонијата врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, министерот поблиску ги пропишува критериумите што треба да ги исполнува депонијата, а особено во однос на: 1) местоположбата, односно локацијата на депонијaта; 2) контролата на водите што влегуваат во депонијата; 3) контрола на исцедокот; 4) заштитата на почвата и на водата од загадување; 5) контролата на гасот што се создава од отпадот што е отстранет на депонијата (депониски гас); 6) намалувањето на влијанијата што произлегуваат од депонијата, преку контрола на емисијата на прашина, создавањето на миризба и бучава, контрола на сообраќај, контрола на разнесувањетo на материјали што произлегуваат од отпадот, како и контрола на настанување на пожари или создавање на аеросоли; 7) стабилноста на отпадот во депонијата и 8) физичкото обезбедување на депонијата и означување. Член 71 Основање на депонија за неопасен отпад (1) Депонија за неопасен отпад може да биде основана какo: регионална депонија за неопасен отпад и депонија за неопасен индустриски отпад. (2) Депонијата за неопасен отпад од ставот (1) на овој член може да биде основана од: домашно или странско правно лице согласно со Законот за концесии и јавно приватно партнерство и две или повеќе општини или градот Скопје кои основале јавно претпријатие заради основање на регионална депонија за неопасен отпад. (3) Советот на општините и советот на градот Скопје на предлог на градоначалникот на општините односно на градот Скопје, заради заштита на животната средина и здравјето на луѓето, како и заради управување со отпадот согласно со одредбите од овој закон, можат да донесат одлука со која основањето на регионална депонија за неопасен отпад со регионален систем за управување со отпад го отстапуваат на Владата на Република Северна Македонија. (4) Владата на Република Северна Македонија може да основа јавно претпријатие заради основање на регионална депонија за неопасен отпад во случаите од ставот (3) на овој член или кога општините или градот Скопје нема да воспостават регионален систем за управување со отпад во рокот утврден во членот 31 став (7) од овој закон. (5) Во случаите од ставот (4) на овој член, основањето на регионална депонија за неопасен отпад, Владата на Република Северна Македонијa може да го довери на домашно или странско правно лице согласно со Законот за концесии и јавно приватно партнерство. (6) Регионална депонија за неопасен отпад од ставот (1) алинеја 1 на овој член се основа заради постигнување на регионално управување со отпад согласно со членот 31 од овој закон и во согласност со Регионалниот план за управување со отпад. (7) Депонијата од ставот (1) алинеја 2 на овој член може да биде основана од правно лице создавач на неопасен индустриски отпад, кое поседува А-интегрирана еколошка дозвола, исклучиво заради отстранување на отпадот што се создава од неговата инсталација. (8) На депонијата од ставот (7) на овој член не смее да се прима и отстранува отпад од други правни лица создавачи на друг вид неопасен отпад. (9) По исклучок на ставот (8) на овој член, правното лице од ставот (7) на овој член може да врши отстранување на отпад што се создава од друга инсталација врз основа на издадена согласност која ја издава стручниот орган врз основа на начелата од членовите 8 и 11 од овој закон по поднесено барање од основачот на депонијата од ставот (7) на овој член. (10) Стручниот орган согласноста од ставот (9) од овој член ја издава или го одбива барањето од став (9) од овој закон во рок од 30 дена од денот на доставување на барањето за отстранување на отпадот што се создава од друга инсталација. (11) Барањето од ставот (9) на овој член задолжително содржи податоци за видот, количеството и потеклото на отпадот наменет за отстранување, како и техничките капацитети на депонијата од ставот (1) алинеја 2 на овој член. (12) Во прилог кон барањето од ставот (11) задолжително се доставува и договор за преземање на отпадот од правното лице кое го создало отпадот согласно со одредбите од овој закон. Член 72 Депонија за инертен отпад (1) Општината или градот Скопје можат да основаат јавно претпријатие заради основање на депонија за инертен отпад. (2) Основач на депонија за инертен отпад може да биде домашно или странско правно лице. (3) Барање за основање на депонија за инертен отпад од ставот (1) на овој член може да поднесе јавно претпријатие или правното лице од ставот (2) на овој член во согласност со членот 74 од овој закон. Член 73 Депонија за опасен отпад (1) Депонија за опасен отпад може да основа Владата на Република Северна Македонија. (2) Во случајот од ставот (1) на овој член, Владата на Република Северна Македонија може да основа јавно претпријатие за управување со депонија за опасен отпад. (3) Владата на Република Северна Македонија основањето и управувањето со депонија за опасен отпад може да го довери на домашно или странско правно лице во согласност со Законот за концесии и јавно приватно партнерство. (4) Барањето за основање на депонија од ставот (1) на овој член, се доставува од јавното претпријатие од ставот (2) на овој член или правното лице од ставот (3) на овој член во согласност со членот 74 од овој закон. (5) Депонија за опасен отпад може да основа правно лице создавач на опасен отпад кое согласно со прописите за животна средина поседува А-интегрирана еколошка дозвола во согласност со членот 74 од овој закон. (6) Барање за основање на депонијата за опасен отпад од ставот (5) на овој член до стручниот орган може да се достави исклучиво заради отстранување на отпадот што е создаден од инсталацијата. (7) На депонијата за опасен отпад од ставот (5) на овој член не може да се прима ниту да се отстранува опасен или друг вид на отпад создаден од други правни лица. (8) По исклучок на ставот (7) на овој член, основачот на депонијата од ставот (5) на овој член може да дозволи отстранување на отпад создаден од друга инсталација, врз основа на согласност за отстранување на опасен индустриски отпад издадена од стручниот орган, врз основа на начелата од членовите 8 и 11 од овој закон по поднесено барање од основачот на депонијата од став (5) на овој член. (9) Стручниот орган согласноста од ставот (8) на овој член, ја издава или го одбива барањето од ставот (6) на овој закон во рок од 30 дена од денот на доставување на барањето. (10) Барањето од ставот (6) на овој член задолжително содржи податоци за видот, количеството и потеклото на отпадот наменет за отстранување, како и техничките капацитети на депонијата. (11) Во прилог кон барањето од ставот (6) задолжително се доставува и договор за преземање на отпадот од правното лице кое го создало отпадот. Член 74 Барање за добивање на дозвола за депонија (1) Барањето за добивање на дозволата за депонија од членот 75 од овој закон особено содржи податоци за: 1) назив на основачот на депонијата и извод од регистрацијата на правното лице од Централниот регистар на Република Северна Македонија; 2) опфатот на подрачјeтo што ќе го опслужува депонијата и бројот на жители за кои ќе се обезбеди отстранување на отпад, за депонии од членот 71 став (1) алинеја 1 од овој закон; 3) видот на отпадот и количината на отпадот со кој ќе се постапува во депонијата и дали истиот соодветствува со класата и со капацитетот на депонијата; 4) технологијата што ќе се применува во управувањето со отпадот; 5) локацијата на депонијата, како и локациите на претоварните станици или други објекти и инсталации за управување со отпад кои се составен дел на регионалната депонија, доколку се предвидени, за депонии од членот 71 став (1) алинеја 1 од овој закон; 6) приказ на финансиски средства потребни за изградба и одржување на депонијата со наведување на изворот за финансирање; 7) опис на начинот на управување со депонијата, како и пропратна инфраструктура; 8) решение за одобрување на студија за оцена на влијание врз животната средина со кое се одобрува изградба на депонијата, односно решение за одобрување на елаборат за заштита на животната средина, донесено согласно со Законот за животна средина; 9) приказ на техничка способност за вршење на дејноста; 10) приказ на организационите и раководните капацитети кои овозможуваат совесно управување со депонијата; 11) приказ на соодветноста на капацитетот на депонијата со временскиот период за кој се бара дозволата; 12) видот и количеството на отпад што треба да биде отстранет на депонијата; 13) други податоци кои можат да послужат за утврдување на потребата од основање на депонијата. (2) Барањето од ставот (1) на овој член до стручниот орган се доставува во пишана или електронска форма на образец чија содржина и форма ја пропишува министерот. (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член се приложува и следнава документација: 1) програма за работење, мониторинг и за контрола на работењето на депонијата и дали таа е во согласност со одредбите на овој закон и со прописите донесени врз основа на овој закон; 2) соодветен квалификуван кадар во согласност со барањата во дозволата за отпад вклучувајќи најмалку три вработени лица со висока стручна подготовка од областа на техничките науки од кои минимум едно лице поседува уверение за управител со отпад и минимум едно лице поседува сертификат за виш управител со отпад согласно со одредбите на овој закон; 3) програми за постојано стручно и техничко усовршување на лицата вработени во депонијата; 4) планови и програми за избегнување и за намалување на последиците од хаварии; 5) износот на финансиската гаранција со која може да се покријат трошоците за реализација на обврските на депонијата за време на работењето, затворањето и натамошната грижа по затворањето на депонијата; 6) проект на депонијата кој е во согласност со плановите за управување со отпадот, донесени во согласност со овој закон и (4) Во случаите кога основач на депонија е јавно претпријатие кон барањето од ставот (1) на овој член се приложува и статутот на јавното претпријатие. (5) Стручниот орган може како услов за издавање на дозволата за депонија за неопасен отпад од членот 71 став (1) алинеја 1 да побара основачот да го прошири предложениот опфат на подрачјето од кое го собира отпадот, односно кон истото да приклучи и други општини, како и да ги прошири дејностите за управување со отпад, доколку на тој начин се придонесува кон поекономично и подобро управување со отпадот, во согласност со Планот за управување со отпадот на Република Северна Македонија и Регионалниот план за управување со отпад. (6) Министерот ја пропишува формата и содржината на образецот на барањето за издавање на дозволата за депонија од ставот (2) на овој член. Член 75 Дозвола за депонијата (1) За да може депонијата да се изгради и да започне со работа, основачот на депонијата треба да поседува дозвола за депонија. (2) Стручниот орган во рок од 60 дена од денот на добивањето на барањето од членот 74 од овој закон издава дозвола или донесува решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола. (3) Дозволата од ставот (1) на овој член особено содржи: назив на основачот, назив на операторот - управувачот на депонијата доколку е различно лице од основачот; опсегот - подрачјето што гo опфаќа депонијата (за депонии од член 71 став 1 алинеја 1 од овој закон), видот и количината на отпадот што ќе се отстранува на депонијата, видот на технологијата што ќе се користи во депонијата, висината и видот на гаранцијата за работа со депонијата, потребните организациони и раководни капацитети на депонијата, кадровска екипираност и обученоста на вработените, техничка опременост и средства за работа на депонијата, обврски за грижа по затворањето од членот 85 од овој закон, рок на важење на дозволата и начин на вршење на надзорот над дозволата и нејзино одземање. (4) Дозволата од ставот (3) се издава со времетраење од десет години, а барање за обнова на дозволата се поднесува најмалку шест месеци пред истекот на рокот. На обнова и пренос на дозволата за депонијата се применуваат одредбите од овој закон кои се однесуваат на издавање на дозволата. (5) За да може да започне со работа депонијата, основачот треба да обезбеди интегрирана еколошка дозвола согласно со прописите за животна средина. (6) Кога за депонијата е потребно издавање на А-интегрирана еколошка дозвола согласно со прописите за животна средина, дозволата од ставот (1) на овој член, се издава во постапката за издавање на интегрираната еколошка дозвола како нејзин составен дел. (7) Кога за депонија е потребно издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола, барателот до стручниот орган задолжително доставува барање за издавање на дозволата од ставот (1) на овој член согласно со одредбите од овој закон. (8) Органот надлежен за издавање на Б-интегрираната еколошка дозвола, обврските од дозволата за депонија од ставот (3) на овој член задолжително треба да ги пропише во Б-интегрираната еколошка дозвола и за тоа да го информира стручниот орган. (9) Пред депонијата да започне со депонирање на отпадот, стручниот орган мора да изврши увид на депонијата за да се осигури дека е во согласност со релевантните услови во дозволата за депонија. (10) Против решението од ставот (2) од овој закон, барателот може да поднесе жалба согласно со прописите за општа управна постапка. (11) Министерот ги пропишува условите во поглед на технички средства и опремата за вршење на дејноста депонирање на отпад, условите и начинот за обука и тренинг програмата за вработените. (12) Министерот ги пропишува формата и содржината на дозволата од ставот (2) на овој член. Член 76 Финансиска гаранција (1) Кога основачот на депонијата не е во состојба да ги покрие трошоците за работа, одржување, следење и контрола на депонијата во оперативната фаза и во фазата на затворањето и грижата по затворањето, трошоците ќе се покријат со: финансиска гаранција определена во договор склучен во постапка согласно со Законот за концесии и јавно приватно партнерство или финансиска гаранција приложена согласно со членот 74 став (3) точка 5) од овој закон. (2) Рокот за кој се склучува договорот од ставот (1) алинеја 1 на овој член во себе го опфаќа и времето потребно за изградба, работа и грижа за депонијата по нејзиното затворање. (3) Доколку договорот од ставот (1) алинеја 1 на овој член се раскине пред истекот на рокот од која било страна, средствата за покривање на трошоците согласно со договорот се обезбедуваат од финансиската гаранција. Член 77 Трошоци на основачот на депонија (1) Органот за животна средина на предлог на стручниот орган презема соодветни мерки за обезбедување на сите трошоци кои се вклучени во формирањето и во работењето на една депонија, вклучувајќи ги и трошоците на финансиската гаранција, како и проценетите трошоци за затворањето и за натамошната грижа за локацијата по нејзиното затворање, за период од најмалку 30 години, односно три години во случај на инертна депонија. (2) Трошоците од ставот (1) на овој член ги обезбедува основачот на депонијата, а ги одобрува стручниот орган, со цел да се осигура дека обврските, вклучувајќи ги и одредбите за грижа по затворањето, кои произлегуваат од дозволата се исполнети. (3) Оваа финансиска гаранција се однесува за временскиот период потребен за одржување и грижа на локацијата во согласност со членот 85 од овој закон. (4) За депониите за опасен и неопасен отпад, во пресметката на трошоците за затворање и грижа по затворањето задолжително се вклучуваат трошоците потребни за: мониторинг на животната средина, покривање на депонијата, одржување на покривањето, управување со исцедокот од депонијата, управување со депонискиот гас, управување со површинските води, безбедност (на пример порти и огради) и изработка на извештаи за локацијата (доколку не се вклучени во мониторингот). (5) За депонијата за инертен отпад, во пресметката на трошоците за затворање и грижа по затворањето, се вклучуваат трошоците за затворање и надоместок за: покривање на депонијата, мониторинг на животната средина, управување со површинските води, безбедност од неовластени лица и изработка на извештаи за локацијата, доколку не се вклучени во мониторингот. (6) Финансиската гаранција треба да биде доволна за да се покријат сите обврски од дозволата, обезбедени за време на траењето на дозволата, вклучувајќи ја и грижата по затворањето на депонијата. (7) Финансиската гаранција се состои исклучиво од одредена сума на парични средства. (8) Висината на финансиската гаранција може да се обезбеди како паушал или постепено во зависност од износот по тон на депониран отпад и да се уплатува на соодветна сметка отворена за таа намена на органот за животната средина. (9) Висината на финансиската гаранција ја предлага подносителот во барањето за добивање на дозвола од членот 74 од овој закон, со цел да обезбеди доказ дека се исполнети условите од ставот (1) на овој член. (10) Средствата од гаранцијата можат да се вратат на основачот по истекот на времетрањето на дозволата, но не пред завршување на периодот за грижа на депонијата по нејзиното затворање, по одлука на органот за животната средина. Член 78 Отпад кој не е прифатлив во депониите Во депониите за отпад е забрането депонирање на: 1) течен отпад; 2) отпад кој во условите на депонијата е: „корозивен“- ако се состои од супстанции и препарати кои можат при контакт да го уништат живото ткиво, „експлозивен“- ако се состои од супстанции и препарати кои можат да експлодираат под дејство на пламен или кои се почувствителни на температурни шокови или триење од динитробензенот, „запалив“ - ако се состои од течни супстанции и препарати со точка на палење еднаква на или поголема од 21°C и помала или еднаква на 55°C, „оксидирачки“- ако се состои од супстанции и препарати кои покажуваат високо егзотермички реакции кога се во контакт со други супстанции, особено со запаливи материи и „високо запалив“, ако се состои од: (а) течни супстанции и препарати со точка на палење под 21°C (вклучувајќи и екстремно запаливи течности); (б) супстанции и препарати кои можат да станат топли и конечно да се запалат при контакт со воздух на собна температура без примена на енергија; (в) цврсти супстанции и препарати кои лесно можат да запалат по краток контакт со извор на палење и кои продолжуваат да горат или да се консумираат по отстранувањето на изворот на палење; (г) гасовити супстанции и препарати кои се запаливи во воздух при нормален притисок или (д) супстанции и препарати кои, во контакт со вода или влажен воздух, развиваат високо запаливи гасови во опасни количини. 3) медицински и друг клинички отпад, што потекнува од медицински или од ветеринарни установи, кој е инфективен, односно се состои од супстанции кои содржат одржливи микроорганизми или нивни токсини за кои се знае или се верува дека предизвикуваат болест кај човекот или во други живи организми; 4) отпад настанат како резултат на научно-истражување, кој е нов или не може да биде идентификуван, а неговите својства можат да ја загрозат животната средина, животот и здравјето на луѓето; 5) цели искористени гуми, освен гумите искористени како машински материјал во инженерството и распарчени искористени гуми, со исклучок на велосипедските гуми и на авионските гуми; 6) отпад кој е мешан со други супстанции, со цел да ги исполни критериумите за прифаќање на отпадот во депониите и 7) отпад што содржи висок процент на биоразградливи состојки (како хартија, градинарски отпад и слично). Член 79 Отстранување на отпадот што не е прифатлив во депониите (1) Операциите за отстранување на отпадот треба да се применуваат соодветно, врз основа на видот и карактеристиките на отпадот што се отстранува со цел да се обезбеди заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето. (2) Отстранувањето на отпадот што не е прифатлив во депониите ќе се врши со соодветна примена на операциите наведени во членот 44 од овој закон. (3) Отстранувањето на отпадот што не е прифатлив во депониите согласно со членот 78 од овој закон, може да се врши по исклучок, само во одредени случаи во кои не постои друга можност за управување со соодветниот отпад и по претходно издадена согласност од стручниот орган. (4) Согласноста од ставот (3) се издава по доставено писмено барање со образложение за потребата од отстранување на отпадот од членот 78 од овој закон од страна на операторот на депонијата. (5) Министерот го пропишува количеството биоразградливи состојки во отпадот што смее да се депонира. Член 80 Прифаќање на отпадот во различни класи на депонии (1) Забрането е отстранување на отпадот во несоодветни класи на депонии, како и отстранување на отпадот што не бил подложен на третман. (2) Забрането е разредување на мешавина од отпад со цел да се исполнат критериумите за отпадот да биде прифатен на депонијата. (3) Депониите за инертен отпад ќе се користат само за депонирање на инертен отпад. (4) По исклучок, стручниот орган може да одобри инертниот отпад да се отстранува на депониите за неопасен отпад, доколку неговиот третман и преработка е технички неизводлив или економски неисплатлив. (5) Депонијата за неопасен отпад може да се користи за: 1) комунален отпад; 2) неопасен отпад од какво било потекло, кој ги исполнува критериумите за прифаќање отпад во депонија за неопасен отпад; и 3) стабилен, нереактивен опасен отпад (на пример стврднат, отпад претворен во згура), со карактеристики на исцедокот еднакви на оние на неопасниот отпад наведен во точката 2) на овој став, кои ги исполнуваат критериумите за прифаќање, под услов да не се депонираат во ќелии наменети за биоразградлив неопасен отпад и по добивање на согласност од стручниот орган. (6) Стабилен, нереактивен опасен отпад од ставот (5) точка 3) на овој член е опасен отпад чии карактеристики на исцедокот нема долгорочно и значително да влијаат и да предизвикаат промена на проектираните условите на депонијата или да претставува опасност за предизвикување на несреќи, заради промени предизвикани од: (a) разградување на самиот отпад (на пример со биоразградување); (б) под долгорочно влијание на временските услови (пример вода, воздух, температура, механички услови) или (в) под влијание на друг отпад (вклучувајќи отпадни производи како што е исцедокот или гасот). (7) Отпадот што на Листата на видовите отпад е наведен како опасен, се депонира исклучиво во депонија за опасен отпад. (8) Опасниот отпад кој по физичкиот и хемискиот третман не реагира со другите видови отпад може да се депонира во посебни делови на депониите за неопасен отпад, по претходно обезбедена согласност од стручниот орган. (9) Министерот ќе ги пропише критериумите за прифаќање на отпадот во депониите од секоја класа, подготвителните постапки за прифаќање на отпадот, општите постапки за тестирање, земање мостри и прифаќање на отпадот. Член 81 Тарифа за депонирање Тарифа за депонирање на отпадот ја определува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Регулаторна комисија) со Правилник за утврдување на тарифа на услуга за управување со комунален отпад. Член 82 Такса за депонирање на отпад (1) Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите може да пропише такса за депонирање на отпад заради постигнување на целите од хиерархијата на отпадот. (2) Таксата за депонирање се одредува по тон на отпад и истата може да биде различна за различните видови на депонии согласно со членот 69 од овој закон. (3) Висината на таксата за депонирање може да се ревидира на годишно ниво, и истата се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ најдоцна до ноември во тековната година за наредната година. (4) Таксата од ставот (1) од овој член, основачот на депонијата ќе ја уплаќа на посебна приходна сметка на органот за животната средина, а средствата ќе се користат за финансирање на активности за управување со отпад кои согласно со хиерхаријата на отпад од членот 14 од овој закон, се наоѓаат на повисока позиција од отстранувањето на отпадот. Член 83 Обврска за следење и за известување на надлежните органи (1) Основачот на депонијата, е должен да ги спроведува Плановите од членовите 23, 24 и 25 од овој закон, како и да врши мониторинг и контрола на влијанието на депонијата врз животната средина. (2) Основачот е должен веднаш писмено да го известува стручниот орган за сите значителни негативни влијанија врз животната средина, утврдени со примена на постапките за контрола и за следење. (3) Контрола на аналитичките постапки и на методите што ги применува основачот на депонијата при вршењето на анализите за физичко-хемиските својства на отпадот вршат акредитираните правни лица согласно со членот 17 од овој закон. (4) Министерот ги пропишува начинот и постапката за работа, следење и контрола на депонијата за време на работењето, како и следењето и контролата на депонијата во фазата на затворање и натамошна грижа за депонијата по затворањето. Член 84 Престанување со работа на депонијата (1) Депонијата или дел од неа престанува да работи: 1) со решение од стручниот орган, врз основа на поднесено барање за затворање на депонијата од страна на основачот и 2) со решение од стручниот орган, кога е утврдено дека натамошното работење на депонијата или дел од неа претставува опасност за животната средина, животот и здравјето на луѓето. (2) Решението од ставот (1) на овој член особено ги содржи активностите и мерките кои основачот на депонијата треба да ги преземе и временскиот рок за престанување со работа. (3) Стручниот орган врз основа на барањето од ставот (1) точка 1) на овој член може да го одбие барањето за затворање на депонијата доколку утврди дека не се исполнети условите за затворање на депонијата или дел од неа наведени во дозволата, односно претставува опасност за животната средина, животот и здравјето на луѓето. (4) Барањето од ставот (1) точка 1) на овој член содржи образложение зошто основачот на депонијата бара затворање на депонијата. (5) Стручниот орган може да не прифати целосно или делумно затворање на депонијата или да ја отповика во целост или во дел дозволата за основање и оперирање на депонијата, сé додека смета дека депонијата или релевантниот дел од неа може да предизвика опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето. Член 85 Затворање и грижа откако депонијата ќе престане да работи (1) Стручниот орган со решение го потврдува затворањето на депонијата кога се исполнети условите и роковите за затворање наведени во дозволата за депонија. (2) Депонијата или дел од неа се смета дека престанал да работи, само откако стручниот орган извршил последен увид на самото место, ги оценил сите извештаи поднесени од страна на основачот и му доставил решение за престанок со работа на депонијата или дел од неа. (3) По престанокот со работа на депонијата или дел од неа, основачот е одговорен за нејзиното одржување, за следењето и за контролата во фазата на натамошната грижа за депонијата, согласно со рокот определен во дозволата за депонија. (4) Основачот на депонијата е должен да ги следи и да ги анализира количеството и состојбата на гасот што се ослободува од депонијата и на исцедокот од депонијата, состојбата на подземните и на површинските води во близина на депонијата, како и да ја следи исполнетоста на условите и начините за затворање на депонијата согласно со ставот (6) на овој член и дозволата за депонија. (5) Основачот на депонијата е должен да го известува стручниот орган за сите значителни негативни влијанија врз животната средина, откриени со постапките за контрола и за следење. (6) Стручниот орган е должен, заради избегнување на можноста депонијата да претставува потенцијална опасност за животната средина, да врши процена на тековната состојба на депонијата од административен и технички аспект, како и степенот на полнење на депонијата, и да му дава упатства на основачот за преземање на корективни мерки, за што основачот го известува стручниот орган. (7) Надлежниот орган ќе ја врати финансиската гаранција на основачот на депонијата, во постепена исплата како што е договорено во условите на дозволата, со цел да се овозможи постапката за грижата по затворањето на депонијата да се спроведе за времетраењето на периодот за грижа по затворањето. (8) Министерот ги пропишува начинот и условите за грижа за депониите откако тие ќе престанат да работат. Член 86 Неисполнување на обврските од Операторот на регионалниот систем (1) Во случаите кога правното лице што оперира со регионалниот систем не ги исполнува целите утврдени во регионалниот план од членот 24 од овој закон во период подолг од шест месеци, а со тоа се нарушуваат целите за управување со отпадот утврдени со Планот за управување со отпад на Република Северна Македонија, како и не ги исполнува законски утврдените обврски во дозволата од членот 75, во период подолг од три месеци, министерот донесува решение за ставање под привремена принудна управа (секвестар) над регионалниот систем. (2) Решението од ставот (1) на овој член особено ги содржи: 1) причините заради кои операторот на регионалниот систем се става под привремена принудна управа; 2) правно лице кое ќе ја врши привремената принудна управа; 3) рокот во кој се врши привремената принудна управа и 4) условите на привремената принудна управа и начинот на работа. (3) Привремената принудна управа од ставот (1) на овој член може да ја врши правно лице овластено од органот за животна средина. (4) Лицето од ставот (3) на овој член одговара за актите и дејствијата преземени за времетраење на привремената принудна управа. (5) Против решението од ставот (1) на овој член правното лице што оперира со регионалниот систем, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението од ставот (1) од овој закон, има право да поднесе жалба согласно со прописите за општа управна постапка. (6) Жалбата не го одложува извршувањето на решението. (7) По истекот на рокот определен со решението од ставот (1) на овој член, органот за животна средина донесува решение со кое престанува решението од ставот (1) на овој член. (8) Правното лице од ставот (3) на како минимум треба да ги исполнува следниве услови: да ги поседува потребните организациони и раководни капацитети за вршење на дејноста отстранување на отпад, да има вработено најмалку еден виш управител, да поседува кадровска екипираност и обученост на вработените и техничка опременост и средства за работа на депонијата. (9) Министерот поблиску ги пропишува барањата од ставот (8) на овој член што треба да ги исполнува правното лице од ставот (3) на овој член, како и начинот на изборот на правното лице да врши принудна управа. (10) Органот за животна средина ги запишува во Централниот регистар на Република Северна Македонија решението од ставот (1) на овој член и решението од ставот (7) на овој член. X. ГОРЕЊЕ ИЛИ СОГОРУВАЊЕ НА ОТПАДОТ Член 87 Правила за горење и за согорување на отпадот (1) Отстранувањето на отпадот по пат на горење или согорување се врши во посебно конструирани инсталации, во зависност од видот на отпадот. (2) Инсталацијата за горење или согорување, вклучувајќи ги и сите подготвителни помошни и сервисни објекти, уредите и опремата кои се во функција на уредот и опремата за горење и за согорување, треба да бидат конструирани и да работат, така што, ќе се спречи да дојде до надминување на граничните вредности на загадувачките супстанции кои се испуштаат во воздухот, почвата и водите, испуштањето мириси и бучава, како и да се обезбеди заштита на животот и на здравјето на луѓето. (3) Доколку инсталацијата за горење или согорување не работи во согласност со условите пропишани во дозволата, вклучувајќи ги и граничните вредности на емисиите во воздухот, водата и во почвата, органот за животна средина/стручниот орган може да ја одземе дозволата за работа на постројката и да го забрани вршењето на дејноста. (4) Министерот ги пропишува граничните вредности за емисии на одредени супстанции во воздухот при горење или согорување на отпадот, граничните вредности за емисии при исфрлање отпадна вода од чистењето на издувните гасови, техниките, методите и динамиката за мерења и следење на емисиите на супстанциите во воздухот и водата што се создаваат при горење или согорување на отпад, како и начинот и временските рокови за постигнување на граничните вредности за емисии на супстанциите во воздухот и водата. Член 88 Избор на локација за градење на инсталација за горење или согорување При изборот на локацијата за изградба на инсталација за горење или согорување, особено ќе се води сметка за: 1) климатските карактеристики на подрачјето; 2) геолошките, хидролошките, хидрогеолошките, топографските, сеизмолошките и педолошките карактеристики на земјиштето; 3) струењето на ветрови околу подрачјето каде што треба да се изгради постројката и 4) близината до населено место, односно заштитено подрачје. Член 89 Дозволи за работа на инсталациите за горење или согорување на отпадот (1) Лицата кои управуваат со инсталациите за горење или согорување на отпадот (во натамошниот текст: оператор на инсталациите), се должни да поседуваат интегрирана еколошка дозвола за работење на постројката, издадена во согласност со Законот за животната средина. (2) При издавањето на интегрираната еколошка дозвола органот за животна средина/стручниот орган задолжително утврдува дали: 1) се исполнети минимално техничките барања во однос на потребната опрема, кадар и простор за вршење на дејноста; 2) видот и количеството на отпадот што треба да биде отстранет во инсталацијата за горење или согорување дали соодветствува со класата и со капацитетот на инсталацијата за горење или согорување; 3) висината и видот на гаранцијата со која се обезбедува надоместок на штета врз животната средина од вршењето на дејноста; 4) висината и видот на гаранцијата со која се обезбедува грижа по затворањето, односно престанувањето со вршењето на дејноста и 5) е изготвена програма за работење, мониторинг и контрола на работењето на инсталацијата за горење или согорување согласност со Законот за животната средина и 6) согорување или комбинирано согорување со обновување на енергијата така што таквото обновување на енергијата да се врши со високо ниво на енергетска ефикасност. (3) Министерот поблиску ги пропишува условите и начинот на работа на инсталациите за горење или согорување на отпадот, како и минималните технички барања и опрема за горење или согорување на отпадот. Член 90 Испорака и прием на отпадот за горење или согорување (1) Пред горењето или согорувањето на отпадот, операторот на инсталацијата е должен да изврши споредување на отпадот што го прима со податоците наведени во идентификациониот формулар, со земање примероци за увид заради утврдување на: 1) видот и количеството на отпадот што треба да биде подложен на горење или согорување; 2) карактеристиките на отпадот; 3) погодноста на отпадот за горење или за согорување; 4) отпадот со кој не смее да се меша, односно утврдување дали отпадот е мешан со друг отпад и 5) точноста на податоците од идентификациониот формулар, со земање примероци од отпадот. (2) Операторот на инсталацијата е должен да го одбие горењето или согорувањето на отпадот, доколку видот на отпадот несоодветствува на условите во интегрираната еколошка дозвола. (3) Операторот на инсталацијата е должен да ги чува примероците од извршениот увид од ставот (1) на овој член најмалку еден месец по горењето или согорувањето на отпадот. Член 91 Постапување со остатоците од горење и согорување (1) По горењето или согорувањето на отпадот, операторот на инсталацијата е должен: 1. да го минимизира количеството и штетноста на остатоците што произлегуваат од работење на инсталациите за горење или согорување на отпад; 2. да ги утврди карактеристиките на отпадот добиен со горење и согорување, вклучувајќи ги и фракциите на тешките метали; 3. да ја собере пепелта добиена како резултат на горењето и согорувањето во затворени садови и 4. да обезбеди сигурен транспорт на отпадот, добиен со горење и согорување, што не може да се преработи, до местото на неговото отстранување. (2) Онаму каде што е соодветно и технички изводливо остатоците од горењето и согорувањето се рециклираат директно во инсталацијата или надвор од неа во согласност со закон или други прописи. XI. УВОЗ, ИЗВОЗ И ТРАНЗИТ НА ОТПАД ПРЕКУ ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Член 92 Прекугранично движење на отпадот Прекуграничното движење на отпадот се состои од увоз на отпад што потекнува од странска држава на територијата на Република Северна Македонија, извоз на отпад од територијата на Република Северна Македонија во друга странска држава и транзит на отпадот преку територијата на Република Северна Македонија. Член 93 Увоз на отпад на територијата на Република Северна Македонија (1) Се забранува увоз на отпад на територијата на Република Северна Македонија, за складирање заради отстранување и за отстранување. (2) Се забранува увоз на отпад од постројките за управување со отпадот, постројките за обработка на отпадна вода и за подготовка на вода за пиење и вода за индустриска употреба на територијата на Република Северна Македонија, опфатен во Листата на видови на отпад од членот 15 став (2) од овој закон, со исклучок на отпадот од дробење на отпад што содржи метали (oтпад од железо и челик и отпад од обоени метали) и отпад од механичка обработка на отпад од хартија и картон, од пластика, гума, стакло. (3) Дозволен е увоз на отпад согласно со членот 96 од овој закон што може без да претставува опасност од загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето безбедно: 1) повторно да се употреби за истата намена и 2) да се преработи или рециклира. Член 94 Извоз и транзит на отпадот (1) Дозволено е да се извезува отпад согласно со членот 96 од овој закон што може да се преработи и отстрани без никаква опасност за животната средина, животот и здравјето на луѓето во земјата на увоз. (2) Дозволено е да транзитира отпадот низ Република Северна Македонија согласно со членот 96 од овој закон без никаква опасност за животната средина, животот и здравјето на луѓето во Република Северна Македонија и во земјата на увозот. Член 95 Увоз, извоз и транзит на опасен отпад преку територијата на Република Северна Македонија Увоз, извоз и транзит на опасен отпад во Република Северна Македонија се врши во согласност со Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад и на неговото складирање. Член 96 Дозволи и согласности за извоз, увоз и транзит на отпад (1) Извоз, увоз и транзит на пратки со отпад, согласно со видот и режимот на контрола на отпадот се врши врз основа на постапка на општи информации и издавање на согласност или врз основа на претходно писмено известување и издавање на дозвола, кои ги издава стручниот орган. (2) Предмет на постапката на претходно писмено известување и издавање на дозвола од ставот (1) на овој член се пратките со следниве видови на отпад: сите видови отпад, доколку пратките на отпад се наменети за негово отстранување (за извоз и транзит на отпад), видовите на отпад коишто се наменети за преработка, а кои се определени во жолтата листа, како и пратките од мешан комунален отпад собран од домаќинствата или од други производители, наменети за инсталациите за преработка или за отстранување. (3) Предмет на постапката на општи информации и издавање на согласност од ставот (1) на овој член се пратките на отпад со количини од над 25 килограми кој е наменет за преработка и тоа: 1. за видовите на отпад кои се определени во зелената листа; 2. за мешавини на два или повеќе видови на отпади од зелената листа, доколку составот на овие мешавини дозволува нивна преработка на начин погоден за зачувување на животната средина и 3. за пратките на отпад во количини до 25 килограми наменети исклучиво за лабораториска анализа за оценка на физички или хемиски карактеристики на отпадот или со цел да се одреди погодноста за негова преработка или отстранување. (4) Увоз на отпад може да се одобри само на правно лице кое отпадот го увезува заради преработка или рециклирање и за тоа поседува дозвола за управување со отпад согласно со членот 64 став (1) точка 3) од овој закон или има склучено договор за преработка или рециклирање на отпад со лице кое поседува дозвола за управување со отпад согласно со членот 64 став (1) точка 3) од овој закон или има интегрирана еколошка дозвола издадена согласно со Законот за животна средина кога отпадот го користи заради преработка или рециклирање согласно со интегрираната еколошка дозвола. (5) Дозволата од ставот (2) на овој член се издава по претходно доставено барање за увоз, односно извоз, односно транзит на отпад до стручниот орган, кое особено треба да содржи: 1) име, презиме и седиште на правното лице кое бара извоз, увоз или транзит на отпад; 2) образложение зошто се бара извоз или увоз на отпад; 3) податоци за потеклото на отпадот што се увезува или извезува; 4) податоци за количината и видот на отпадот што е предмет на дозволата согласно со Листата на видови на отпад; 5) податоци за тарифниот број на отпадот, начинот на транспорт и за начинот на пакување на отпадот и 6) информација за влезот, излезот и патната шема на превезувањето на отпадот. (6) Кон барањето од ставот (5) на овој член барателот е должен да приложи: 1) договор меѓу страните кои учествуваат во увозот, извозот или транзитот на отпадот (извозникот, увозникот или лицето коешто бара транзит на отпад); 2) доказ за поседување на дозвола за управување со отпад, односно поседување на интегрирана еколошка дозвола издадена согласно со Законот за животна средина (само при увоз); 3) договор меѓу увозникот и преработувачот, доколку тие се различни и 4) доказ за банкарска гаранција или соодветно осигурување во износ потребен за покривање на трошоците за транспорт, преработка и/или отстранување, вклучувајќи ги и потребните привремени операции и трошоци за складирање за времетрање од 90 дена. (7) За пратките на отпад од ставот (2) на овој член за кој се спроведува постапка на писмено известување барателот е должен на посебен образец да достави претходно писмено известување до стручниот орган преку органот за животната средина, како и до надлежниот орган во земјата на испраќање односно прифаќање, како и до земјите низ кои пратката на отпад транзитира. (8) За пратките на отпад од ставот (3) на овој член за кој се спроведува постапка на општи информации и издавање на согласност, барателот е должен на посебен образец да достави општи информации до стручниот орган. Образецот треба да ја придружува пратката во текот на целиот транспорт на пратката на отпад за која се однесува. (9) Стручниот орган има право да побара дополнителни податоци за пратките на отпад во однос на влијанието на отпадот врз животната средина, начинот и местото на неговото создавање, отстранување и преработка или за намената на отпадот, доколку оцени дека податоците наведени во писмено известување и дадените општи информации, како и во барањето за издавање на дозвола не се доволни за одобрување на извозот, увозот или транзитот. (10) Во случаите утврдени во ставот (4) на овој член, стручниот орган може да одобри преработка или рециклажа на отпад во инсталацијата за период и за количина за кои важи интегрираната еколошка дозвола, односно дозволата за управување со отпад. (11) Министерот ги пропишува начинот на одобрување на извозот, увозот и транзитот,видовите на отпад од ставот (1) на овој член согласно со режимот на контрола на отпадот-жолта и зелена листа, формата и содржината на обрасците од ставовите (7) и (8) од овој член и начинот на управување со истите, начинот на утврдувањето и начинот на активирање и пресметување на банкарската гаранција, односно соодветното осигурување, формата, содржината и начинот на кој се издава одобрението од ставот (10) на овој член, како и начинот на надзор над извозот, увозот и транзитот на отпадот. (12) Министерот ги пропишува формата и содржината на образецот на барањето и на дозволата за извоз и увоз на отпад. (13) Во постапките за писмено известување и постапките на општи информации кога ќе добие потврда за прием на известувањето од страна на надлежниот орган на трета држава за прифаќање на пратки на отпад за извоз или транзит во/низ Република Северна Македонија, стручниот орган должен е во рок од 30 дена да издаде согласност или приговор во писмена форма во однос на пратката на отпад и тоа како: 1. безусловна согласност; 2. условна согласност или 3. приговор во согласност. (14) Стручниот орган, во случај на транзит на пратки на отпад може да издаде согласност за пратката, доколку не добие условена согласност или приговор од надлежниот орган за транзит на друга држава, во рок од 30 дена од денот кога ја има доставено потврдата за прием на известувањето. (15) Согласностите, односно приговорот од ставот (13) на овој член се потврдуваат со ставање на соодветен печат, потпис, датум и пополнување на соодветно поле во образецот од ставот (7), односно став (8) на овој член. (16) Стручниот орган е должен да ја издаде дозволата за увоз односно извоз во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето од ставот (5) на овој член. (17) Против решението со коешто се одбива издавањето на дозволата за извоз или увоз, барателот има право да поднесе жалба согласно со прописите за општа управна постапка. (18) Стручниот орган не покасно од 31 јануари во тековната година изготвува Годишен извештај за видот и количината на отпад кој е увезен, извезен и транзитирал во/од/низ Република Северна Македонија за претходната година. (19) Извештајот од ставот (18) на овој член стручниот орган го објавува на јавноста преку својата веб-страница. (20) Доказот од ставот (6) точка 2) на овој член, овластеното службено лице на стручниот орган кое ја води постапката за издавање на дозволата го прибавува од службената евиденција од органот. Член 97 Заеднички одредби за извоз, увоз и транзит на отпад Доколку дозволата, односно согласноста за извоз, увоз и транзит на отпад се користи спротивно од намената за којашто е издадена, односно доколку се откријат значајни повреди и злоупотреби на истата, стручниот орган ќе ја поништи дозволата односно согласноста, на штета на правното лице на кое му е издадена, без право на надоместок за претрпена штета, материјална и нематеријална загуба. XII. ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ Член 98 Организација на информативниот систем (1) Органот за животната средина организира информативен систем за управување со отпадoт, како составен дел на севкупниот македонски информативен систем за животната средина (во натамошниот текст: информативен центар), преку воспоставување на мрежа за добивање податоци за управувањето со отпадот од министерствата, организациите, научно-истражувачките институции, правните и физичките лица кои управуваат со отпадот и други субјекти. (2) Организационите единици за регионално управување со отпад од членот 35 од овој закон се должни да го организираат информативниот систем на регионално ниво, со кој се обезбедува собирање и презентирање на податоци за општата состојба во врска со управувањето со неопасниот отпад, врз основа на податоците добиени од општините кои го сочинуваат регионот. (3) Организационите единици за регионално управување со отпад од ставот (2) на овој член се должни добиените податоци да ги обработат и да ги достават до стручниот орган, најдоцна до 31 март за претходната година. (4) Стручниот орган е должен комплетираните податоци од управувањето со отпадот, обработени, да ги доставува до органот за животната средина. (5) Органот за животната средина го организира функционирањето на информативниот систем, на начин со кој ќе се обезбеди брзо, точно и навремено собирање информации во врска со управувањето со отпадот и е должен да ги селектира, класифицира, обработува, ажурира и да ги чува во базата на податоци. (6) Органот за животната средина го организира информативниот систем, на тој начин што ќе се обезбеди: 1) достапност во секое време до информациите на странките во врска со управувањето со отпадот и заштитата на животната средина во Република Северна Македонија; 2) објавување на податоците, извештаите, мерките и активностите на органот за животна средина за подобрување на општата состојба во управувањето со отпадот и 3) транспарентност на податоците од областа на управувањето со отпадот. Член 99 Содржина на информативниот систем (1) Информативниот систем за управување со отпадот содржи: 1) податоци за видот и за количеството на отпадот од Регистарот за отпад од членот 100 од овој закон и Катастарот на создавачите на отпад од членот 101 од овој закон и 2) податоци од научните и од стручните организации и од правните лица кои ја следат состојбата со управувањето со отпадот и податоци од меѓународните институции за мониторинг на управувањето со отпадот. (2) Врз основа на податоците од ставот (1) на овој член органот за животната средина подготвува извештај за состојбата со управувањето со отпадот како дел од извештајот за состојбите на животната средина согласно со Законот за животната средина. Член 100 Регистар за отпадот (1) Стручниот орган воспоставува и води Регистар за отпад. (2) Регистарот од ставот (1) на овој член содржи податоци за: субјектите кои создаваат, собираат, транспортираат, преработуваат, складираат и отстрануваат отпад, секундарна суровина и производствените процеси од кои се создава секоја од секундарните суровини, како и податоци за управување со отпадот, издадени дозволи за управување со отпадот вклучувајќи ги и дозволите за увоз, извоз и транзит на отпад издадени согласно со одредбите од овој закон, (3) Податоците од ставот (2) на овој член содржат: 1) податоци за субјектот кој управува со отпадот (назив, адреса и седиште); 2) видот и количеството на отпадот што го управуваат; 3) информации за дозволите/согласностите на субјектите кои управуваат со отпад и 4) други потребни податоци. (4) Формата и содржината, како и начинот на водење, чување и одржување на Регистарот на отпадот ги пропишува министерот. (5) Дел од Регистарот за отпад се и регистрите кои се водат согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад и прописите за посебните текови на отпад. Член 101 Катастар на создавачите на отпад (1) Катастарот на создавачите на отпад е дел од Катастарот за животната средина што го воспоставува и го води органот за животна средина. (2) Во Катастарот на создавачите на отпад се запишуваат создавачите на неопасен и опасен отпад од членот 15 од овој закон, видовите и количествата отпад што го создаваат, како и начините за складирање, преработка, третман и отстранување ќе биде регистрирано во Катастарот на создавачи на отпад. (3) Организационата единица одржува катастар за територијата на регионот, во која се чуваат податоците за создавачите на неопасен отпад. (4) Начинот и постапката за чување, и одржување на податоците од ставот (1) на овој член во Катастарот на создавачите на отпад ги пропишува министерот. (5) Податоците од Катастарот од ставот (1) на овој член претставуваат составен дел на Информативниот систем за животна средина. Член 102 Обврска за објавување на податоците (1) Органот за животната средина, односно стручниот орган, организационата единица за регионално управување со отпад, градоначалникот на општината и градот Скопје и производителите од прописите за посебните текови на отпад, ја информираат јавноста за состојбата за управувањето со отпадот, за постигнатиот напредок, идните активности за подобрување на состојбата за управување со отпадот, како и за споредбени податоци за постојната со претходната состојба за управување со отпад. (2) Податоците од ставот (1) на овој член, органите од ставот (1) од овој член ги објавуваат на својата веб страница. Член 103 Достапност на информациите за управување со отпадот Органот за животната средина и стручниот орган се должни на заинтересираните субјекти да им обезбедат пристап до информациите во врска со управувањето со отпадот, во согласност со Законот за животната средина. XIII. ФИНАНСИРАЊЕ Член 104 Извори на финансирање (1) Спроведувањето на стратешките, планските и програмските документи на Република Северна Македонија за управување со отпадот се финансираат со средствата обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, кредити, донации, средства на субјектите кои управуваат со отпадот, надоместоци и другите извори на средства, утврдени со закон. (2) Спроведувањето на регионалните планови на општините и градот Скопје за управување со отпадот се финансираат со средства обезбедени од буџетите на организационите единици за регионално управување со отпад, општините и градот Скопје, кредити, донации, надоместоци, глобите од сторени прекршоци изречени на територијата на општините и градот Скопје и другите извори на средства, утврдени со закон. (3) Средствата за изградба и работа на објекти за складирање, преработка и отстранување на отпад се обезбедуваат од буџетите на општините и градот Скопје, од субјектите кои управуваат со отпад, од кредити, донации и други извори на средства, утврдени со закон. (4) Управување со посебните текови за отпад ќе се финансираа од надоместокот пропишан согласно со прописите за посебните текови на отпад и прописите за основање и работа на колективниот, односно самостојниот постапувач како дел од режимот за проширена одговорност. Член 105 Тарифа за утврдување на цената на услуга за управување со комунален отпад (1) За вршење на услугата за управување со комунален отпад, давателот на услуга има право на наплата на цена за обезбедената услуга за управување со комунален отпад. (2) Услугата за управување со комунален отпад од ставот (1) на овој член, опфаќа: услуга за собирање, транспортирање и селектирање на комунален отпад и услуга за третман на комунален отпад. (3) Висината на цената на услугата за управување со комунален отпад зависи од висината на тарифата на услугата за управување со комунален отпад, утврдена согласно со одредбите од овој закон. (4) Висината на тарифата на услугата за управување со комунален отпад (во натамошниот текст: тарифа за отпад) зависи од трошоците на давателот на услуга за да ја обезбеди услугата, вклучувајќи ги трошоците за услугите за поддршка, а која се пресметува согласно со Правилник за утврдување на тарифата на услугата за управување со комунален отпад (во натамошниот текст: Правилник за тарифа за отпад). (5) Во пресметувањето на тарифата за отпад од ставот (4) на овој член, се вклучуваат трошоците направени за услугата и на услугите за поддршка кои се засновани пред сé на: оперативни трошоци и трошоци за одржување, трошоци за капитални инвестиции. (6) Тарифата за отпад се определува врз основа на количеството и видот на отпадот и истата може да се утврдува според единица мерка и тоа денар по метар кубен, денар по квадратен метар за станбена, односно дворна површина или денар по килограм во согласност со Правилникот за тарифа за отпад. (7) Тарифата за отпад се определува за секој регион одделно на начин определен согласно со ставот (8) на овој член и податоците од Планот од членот 23 од овој закон. (8) Видовите и начинот на пресметка на тарифата за отпад, структурата на тарифите за секоја услуга за отпад посебно, видовите на трошоците кои се земаат предвид за пресметка на тарифата за отпад и потребните приходи за покривање на тие трошоци, како и нивните карактеристики и начинот на нивно прикажување за секој регион одделно, се определуваат со Правилник за тарифата за отпад кој го донесува Регулаторната комисија. (9) Во Правилникот за тарифи за отпад, се утврдува и начинот на пресметување и структурата на цената на услугата која се наплатува од крајниот корисник. (10) Во Правилникот за тарифи за отпад се утврдува и листата на главни индикатори за успешност, цели кои треба да ги исполни давателот на услугата во врска со обезбедување на услугата за управување со комунален отпад, одредници во врска со обезбедување на услугата, како и начинот, постапката, формата и содржината на обрасците на извештаите за известување на Регулаторната комисија од давателите на услуги за исполнување на за нив поставените цели и одредници во врска со обезбедување на услугата за управување со отпад. (11) Давателот на услуга кој врши собирање и транспортирање на комунален отпад е должен од крајниот корисник да ја наплати цената за услугата за управување со комунален отпад од ставот (3) на овој член, според тарифата за отпад чија висина е пресметана согласно со Правилникот за тарифа за отпад која е одобрена од страна на Регулаторната комисија и утврдена во решение за утврдување на тарифи за услуги за управување со комунален отпад или решение за регулаторна тарифа за услуга за управување со комунален отпад (во натамошниот текст: регулаторна тарифа). (12) Давателот на услуга кој врши собирање и транспортирање на отпад од ставот (10) на овој член е должен дел од средствата кои ги наплатува од крајниот корисник, а се наменети за отстранување на комунален отпад да ги уплати на давателот на услуга задолжен за отстранување на отпад. (13) Давателот на услуга кој врши собирање и транспортирање на отпад не смее да наплати цена за услуга за управување со комунален отпад од крајниот корисник во која тарифата за отпад не е одобрена од страна на Регулаторната комисија и утврдена во решението за утврдување на тарифи за отпад. Член 106 Финансирање на Регулаторната комисија (1) Работата на Регулаторната комисија за утврдување на тарифите за отпад ќе се финансира од наплата на: 1. посебен годишен надоместок кој го плаќаат давателите на услуга утврден како процент на зафаќање од годишниот приход на давателите на услуга остварен од давањето на услугите за управување со комунален отпад и 2. надоместоци од постапката за утврдување на тарифи за отпад, односно регулаторна тарифа за отпад. (2) Процентот на зафаќање од годишниот приход на давателите на услуги од ставот (1) точка 1 од овој член го утврдува Собранието на Република Северна Македонија со одлука, при што процентот не може да биде повисок од 0,1%. (3) Давателот на услуга е должен да го уплати надоместокот од ставот (2) на овој член на сметка на Регулаторната комисија на два еднакви дела и тоа првиот дел најдоцна до 30 април во тековната година врз основа на приходот остварен во последното шестмесечје од претходната година, а вториот дел најдоцна до 30 септември во тековната година врз основа на приходот остварен во првото шестмесечје од тековната година. (4) Надоместокот од постапката за утврдување на тарифите за отпад се определува за секој давател на услуга поединечно, врз основа на видот на услугите за кои се бара определување на тарифа за отпад, односно за кои се определува регулаторна тарифа за отпад и кој не може да изнесува помалку од 5.000 денари ниту повеќе од 50.000 денари, односно помалку од 60.000 денари, а ниту повеќе од 300.000 денари во случаите од членот 110 од овој закон кога се определува регулаторна тарифа за отпад. Член 107 Постапка за определување на тарифа за отпад (1) Тарифата за отпад се определува од страна на Регулаторната комисија за секој одделен давател на услуга врз основа на доставен План за тарифи за услуги за управување со комунален отпад (во натамошниот текст: План за тарифи за отпад) согласно со условите и постапката утврдени со овој закон и Правилникот за тарифа за отпад. (2) При утврдувањето на тарифата од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија ќе го земе предвид прагот на достапност на домаќинствата согласно со членот 6 точка 58 од овој закон во регионот во кој давателот ја обезбедува услугата. (3) Регулаторната комисија, најмалку еднаш на секои три години, во период на спроведување на интензивни инвестиции во инфраструктура за давање на услуга, ќе донесе препорака за праг на достапност на ниво на приход по домаќинство во Република Северна Македонија, а на секои седум години во период кога постојат помали инвестиции, а постојат повеќе оперативни инфраструктурни објекти за давање на услуга. (4) Давателот на услуга, со цел утврдување на тарифата за отпад што ја даваат на крајните корисници, а заради постигнување на целите од овој закон е должен да подготви барање за утврдување на тарифа за отпад со предлог тарифи и истото да го достави до Регулаторната комисија. (5) Кон барањето од ставот (4) на овој член, давателот на услуга доставува и: нацрт-План за тарифите за услуги за управување со комунален отпад (во натамошниот текст: Нацрт-План за тарифи за отпад и податоци и извештаи од Бизнис план кои се задолжителни за утврдување на тарифата за услуги за управување со комунален отпад (во тамошниот текст: Бизнис план за тарифи за отпад). (6) Барањето од ставот (4) на овој член и документацијата од овој член е должен да ги достави до Регулаторната комисија најдоцна во рок од девет месеци пред истекот на важноста на решението за утврдување на тарифата за отпад. (7) Подготовката на барањето од ставот (4) на овој член, видовите на документацијата која се приложува кон барањето и на нацрт-Планот за тарифи за отпад, како и доставувањето на податоците од ставот (5) алинеја 2 на овој член се врши согласно со Правилникот за тарифа за отпад. (8) Нацрт-Планот за тарифи за отпад се подготвува за период од три до шест години. (9) Доставувањето на барањето од ставот (3) на овој член заедно со нацрт-Планот за тарифи за отпад прилагодување и другите податоци се врши во писмена и електронска форма. (10) Заради подготовка на нацрт-Планот за тарифи за отпад, давателот на услуга е должен да направи реална процена на постојната инфраструктура која ја користи за давање на услугите и податоците од процената задолжително да ги прикаже како основа за пресметување на трошоците за капиталното одржување и за идните инвестиции. (11) Давателот на услуга е должен, кон нацрт-Планот за тарифи за отпад, да приложи податоци по главните индикатори за успешноста со предлог цели/таргети кои планира да ги исполни давателот на услуга, а во врска со обезбедување на услугата за управување со комунален отпад со реализацијата на Планот за тарифи за отпад. (12) Давателот на услуга е должен, за подготовка на барањето од ставот (3) на овој член и поднесоците кон барањето да користи точни и веродостојни податоци кои се во согласност со сметководствената и друга документација на давателот на услуга. (13) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член го утврдува Регулаторната комисија со донесувањето на Правилникот за тарифи за отпад. Член 108 Определување на тарифа за отпад (1) Регулаторната комисија го пропишува начинот и постапката за утврдување на тарифа за отпад, Планот за тарифа за отпад, како и за другите податоци кои се потребни од давателот на услуга. (2) Регулаторната комисија со актот од ставот (1) на овој член ги утврдува и критериумите за процена на барањето и поднесоците за утврдување на тарифите за отпад, начинот на подготовка на потребните документи за утврдување на тарифата, земајќи ги предвид капацитетите на давателот на услуга, роковите за постапување, постапката за преговарање, како и постапката и условите кога Регулаторната комисија е должна да донесе Регулаторна тарифа за отпад. (3) Регулаторната комисија е должна да донесе посебно упатство за подготовка на барањето за утврдување на тарифа за утврдување на услуга за управување со комунален отпад, поднесоците и на критериумите за оцена. (4) Регулаторната комисија ја утврдува тарифата за отпад одделно со Решение за утврдување на тарифа за утврдување на цената за управување со комунален отпад (во натамошниот текст: Решение за тарифа за отпад) кое го донесува на седница. (5) Регулаторната комисија ја утврдува тарифата за отпад врз основа на оцена на: 1. трошоците за обезбедување услуги и услуги за поддршка; 2. висината на предложената тарифа за услуга и цената на услуга што ќе се постигне со предложената тарифа и нејзината финансиска достапност за домаќинствата од подрачјето на кое се дава услугата и процентот на домаќинства за кои ќе биде надминат прагот на финансиска достапност; 3. планирани капитални инвестиции за подобрување и проширување на услугите; 4. ефикасноста на услугата споредена со индикаторите на успешност и 5. постигнувањето на вредностите на целите за клучните индикатори за следење на успешноста. (6) На седницата на која се донесува решението за утврдување на тарифите за услуги, Регулаторната комисија е должна да ги разгледа и забелешките кои се пристигнати од страна на давателот на услуга, односно основачот на давателот на услуга. (7) Доколку оцени дека доставените забелешки се од таков карактер што можат да влијаат значително на утврдување на висината на тарифите за отпад, Регулаторната комисија може да започне постапка за преговори со цел усогласување на висината на тарифите за отпад во рок од 15 дена од денот на прием на забелешките. (8) Постапката за преговори од ставот (7) на овој член треба да заврши во рок од 30 дена од денот на нивното започнување. (9) Во случај доколку преговорите немаат успех, Регулаторната комисија ќе донесе решение за започнување на постапка за утврдување на Регулаторна тарифа за услуги за управување со комунален отпад (во натамошниот текст: Регулаторна тарифа за отпад) согласно со членот 110 од овој закон. (10) Решението за тарифа за отпад од ставот (4) на овој член особено содржи: висина на тарифата за услугата што ја обезбедува давателот на услуга, минимум и максимум опсег изразен во проценти на утврдена вредност во рамките на кој е дозволено давателот на услуга да донесе одлука за утврдување на висина на тарифата на услуга; услови што треба да ги исполни давателот на услуга со повикување на прифатен План за тарифи за услуги за отпад и рок на важење на тарифите за услуги. (11) Во случај кога не е постигната согласност со давателот на услуга за висината на тарифата за услуга на отпад, Регулаторната комисија на седница донесува решение за отфрлање на барањето за утврдување на тарифи за услуга за отпад кое особено содржи: основите за отфрлање на барањето, промените кои се потребни да ги направи давателот на услуга за повторно поднесување на барањето и индикативна процена за тарифите кои Регулаторната комисија ги смета за соодветни. (12) Регулаторната комисија е должна решенијата од ставовите (10) и (11) на овој член да ги објави во „Службен весник на Република Северна Македонија” и на својата веб страница и истите да ги достави до давателот на услуга и до основачот на давателот на услуга, без одлагање. (13) Давателот на услуга е должен, без одлагање и не подоцна од 15 дена од денот на објавување на решението од ставот (12) на овој член, да го достави до органот на управување на давателот на услуга заради донесување одлука за утврдување на тарифи за отпад. (14) Органот на управување на давателот на услуга е должен да ја донесе одлуката од ставот (13) на овој член во рок 15 дена од денот на приемот на одлуката и истата да ја достави до градоначалникот на општината или на градот Скопје која е основач на давателот, заради давање согласност на одлуката во рок од осум дена од денот на нејзиното донесување. (15) Градоначалникот на општината или градоначалникот на град Скопје е должен во рок не подолг од 60 дена да започне постапка за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифата за отпад. (16) Во случаите од ставот (14) на овој член, кога решението се однесува на тарифа за отпад за која давател на услуга е правно лице кое не е основано од општината или градот Скопје, органот на управување на давателот на услуга е должен во рок не подолг од 60 дена да донесе одлука за утврдување на тарифата за отпад. (17) Доколку не е дадена согласност на одлуката за утврдување на тарифа за отпад во рок од 150 дена од денот на објавување на решението за утврдување на тарифата за отпад во „Службен весник на Република Северна Македонија”, Регулаторната комисија ќе донесе решение за започнување на постапка за донесување на Регулаторна тарифа за отпад. (18) Решенијата од ставовите (10), (11) и (17) на овој член се конечни и против нив не е дозволена жалба. (19) Против решението од ставовите (10), (11) и (17) на овој член давателот на услуга и градоначалникот на општината или градоначалникот на градот Скопје, односно органот на управување на правното лице, има право да поведе управен спор пред надлежниот суд. Член 109 Примена на тарифата за отпад (1) Органот на управување на давателот на услуга е должен во рок не подолг од 45 дена од денот на донесувањето на согласноста од членот 108 став (15) од овој закон и одлуката од член 108 ставот (16) од овој закон, да започне да ја применува одобрената тарифа за отпад од Советот на општината, односно на градот Скопје, односно од органот на управување на правното лице. (2) Во случаите кога Советот на општината, односно на градот Скопје, како и органот на управување на правното лице не донесат согласност на одлуката за утврдување на тарифата за отпад, органот на управување на давателот на услуга е должен да започне да го применува решението за утврдување на висината на Регулаторната тарифа за отпад од членот 110 став (6) од овој закон во рок не подолг од 45 дена од денот на донесувањето на истото. (3) Органот на управување на давателот на услуга е должен да ги усогласи своите одлуки со решенијата донесени од страна на Регулаторната комисија кои се релевантни за спроведување на утврдената тарифа за отпад. (4) Давателот на услуга е должен да ги почитува условите под кои е утврдена тарифата за комунален отпад, како и да ги исполнува целите поврзани со клучните индикатори за успешност во врска со обезбедувањето на услугата. (5) Давателот на услуга е должен еднаш годишно до Регулаторна Комисија да достави извештај за спроведување на тарифата за отпад, најдоцна во рок од еден месец по истекот на календарската година на која се однесува извештајот. (6) Формата и содржината на годишните извештаи од ставот (3) на овој член ги утврдува Регулаторна Комисија. Член 110 Утврдување на Регулаторна тарифа за отпад (1) Во случаите кога давателот на услуга не достави барање за утврдување на тарифи за отпад, како и во случаите кога не постапи по барањата на Регулаторната комисија за доставување на дополнителни податоци по барањето, Регулаторната комисија е должна во рок не подолг од 180 дена од денот на донесување на решението за започнување на постапка за утврдување на регулаторна тарифа за отпад, односно во рок не подолг од 180 дена од денот на истекот на рокот за доставување на барањето, да подготви Регулаторен план за тарифи за отпад за давателот на услугата врз основа на кој ќе може да донесе решение за утврдување на регулаторна тарифа за отпад. (2) Планот за тарифа за отпад, Регулаторната комисија го подготвува самостојно или со ангажирање на овластена ревизорска куќа од областа на економијата. (3) Давателот на услуга е должен, на Регулаторната комисија или на ревизорската куќа од ставот (2) на овој член да ги стави на располагање сите податоци и информации кои се потребни за подготовка на Планот за тарифа за отпад. (4) Регулаторната комисија може во постапката за подготовка на планот за тарифа за отпад, да побара извршување на надзорна ревизија или да побара вештачење за утврдување на трошоците за услугите за управување со отпад за давателот на услуги. (5) Трошоците за надзорната ревизија или вештачењето се на товар на давателот на услуга. (6) Регулаторна комисија, во рок не подолг од 90 дена од денот на изготвувањето на Планот за тарифа за отпад, донесува решение за утврдување на Регулаторна тарифа за отпад за давателот на услуга врз основа на оцената на податоците собрани во согласност со ставовите (2) и (3) на овој член на која соодветно се применуваат одредбите од членот 108 став (2) од овој закон. (7) Заради донесување на решение за утврдување на регулаторна тарифа за отпад, Регулаторната комисија може да започне постапка за преговори со давателот на услуга. (8) Решението за регулаторна тарифа за отпад особено содржи: висина на тарифата за отпад изразена во фиксен износ, условите што треба да ги исполни давателот на услуги и рок на важење на тарифите. (9) Регулаторната комисија е должна решението од ставот (6) на овој член да го објави во „Службен весник на Република Северна Македонија” и на својата веб-страница и истите да ги достави до давателот и до основачот на давателот, без одлагање. (10) Органот на управување на давателот на услуга е должен во рок не подолг од 45 дена од денот на донесувањето решението од ставот (6) на овој член, да започне да ја применува регулаторната тарифа за отпад. (11) Решението од ставот (6) на овој член е конечно и против истото не е дозволена жалба. Против решението давателот и градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје, односно органот на управување на правно лице, има право да поведе управен спор пред надлежниот суд. (12) Органот на управување на давателот на услуга е должен да ги усогласи своите одлуки кои се релевантни за спроведување на утврдената тарифа за отпад, со решението од ставот (6) на овој член. Член 111 Утврдување на Регулаторна тарифа за отпад во други случаи (1) Во случаите од членот 108 ставови (11) и (17) од овој закон, Регулаторната комисија е должна, во рок не подолг од 120 дена од денот на донесување на решение за започнување на постапка за утврдување на регулаторна тарифа за отпад, да донесе решение за утврдување на регулаторна тарифа за отпад. (2) Решението од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија го донесува врз основа на податоците со кои располага како и други податоци кои дополнително се доставени или добиени од давателот на услугата и соодветна примена на одредбите од членот 108 став (2) од овој закон. (3) Решението од ставот (1) на овој член особено содржи: висина на тарифата за отпад изразена во фиксен износ и услови што треба да ги примени давателот на услуга. Член 112 Измена на План за тарифа за отпад (1) Решението за утврдување на тарифа за отпад е задолжително и обврзувачко за давателот на услуга за периодот на кој се однесува. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, а во случаите од ставот (3) на овој член, давателот на услуга, со барање, може да покрене постапка за измена на решението за утврдување на тарифите за отпад пред истекот на периодот на кој се однесува решението за утврдување на тарифи за отпад. (3) Постапка за измена на тарифите за отпад може да се поведе доколку: настанала важна промена на околности што постоеле во времето на донесување на решението за утврдување на тарифите за отпад, а која доведува до потребата за прилагодување на тарифите, повисок јавен интерес и итни случаи и/или настанала важна промена во критериумите за оценка од членот 108 став (2) од овој закон. (4) Барањето од ставот (2) на овој член се доставува до Регулаторната комисија во писмена и електронска форма која го утврдува Регулаторната комисија. (5) Регулаторната комисија по барањето од ставот (2) на овој член одлучува со решение. (6) За донесување на решението од ставот (5) на овој член соодветно се применува постапка за утврдување на тарифите за отпад од членот 108 од овој закон. Член 113 Финансирање на програмите за управување со комуналниот отпад, регионалните планови за управување со отпад и организационите единици за регионално управување со отпадот (1) Давателите на услугите од членот 60 од овој закон, плаќаат надоместок за управување со комуналниот отпад во висина од 2% од цената која ја наплаќаат за извршената услуга на општината или градот Скопје. (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член се наплатува при наплатата на цената за извршената услуга и се прикажува одвоено во сметката за извршена услуга. (3) Средствата од надоместокот од ставот (1) на овој член се приход на буџетот на општините и градот Скопје и се уплатуваат на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка, најдоцна до 15 ден во тековниот месец за претходниот месец, а се користат за финансирање на реализирање на целите за управување со отпад утврдени во регионалните планови за управување со отпад, како и заради финансирање на организационите единици за регионално управување со отпад. (4) Општините и градот Скопје, 50% од надоместокот од овој член ќе го уплатат на Центрите за развој на планскиот регион за регионално управување со отпад најдоцна до последниот ден на тековниот месец. Член 114 Средства од наплата на изречените глоби (1) Средствата од наплатените глоби изречени од овластените инспектори на општините и на градот Скопје и на општините во градот Скопје се приходи на општините, општините во градот Скопје и на градот Скопје. (2) Средствата од наплатените глоби изречени од работникот на органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи се приходи на општините, општините во градот Скопје и на градот Скопје. XIV. НАДЗОР И НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ Член 115 Надлежни органи (1) Надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши органот за животна средина. (2) Инспекцискиот надзор над примената на овој закон и на прописите донесени врз основа на овој закон го врши Државниот инспекторат за животна средина. (3) За работите од надлежност на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје утврдени со овој закон инспекцискиот надзор над примената и спроведување на овој закон го вршат овластени инспектори за животна средина на општините, општините во градот Скопје и овластени инспектори за животна средина на градот Скопје. (4) Инспекциски надзор над примената на овој закон во делот на создавање, селектирање и пакување на медицински отпад врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина. (5) Инспекциски надзор над примената на овој закон во делот на управување со неопасен отпад врши Државниот комунален инспекторат. (6) Надзор над спроведување на прописите донесени од Регулаторната Комисија врши Регулаторната Комисија. (7) Надзор над спроведувањето на обврските од страна на субјектите кои транспортираат отпад во однос на обврската за поседување на транспортни и идентификациони формулари како и обрасците од членот 96 ставови (7) и (8) од овој закон, врши Царинскиот орган и органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешни работи. Член 116 Делокруг на Државниот инспекторат за животна средина (1) Во вршењето надзор од својот делокруг, државниот инспектор за животна средина (во натамошниот текст: инспектор за животна средина) врши увид и контрола: 1) дали акредитираното правно лице за оцена на карактеристиките на отпад постапува спротивно на членот 16 од овој закон; 2) дали акредитираното правно лице поседува соодветна акредитација согласно членот 17 од овој закон; 3) дали создавачот на отпад го користи отпадот како секундарна суровина согласно со членот 18 од овој закон; 4) дали создавачот/поседувачот на отпад кој престанал да биде отпад постапува согласно со членот 19 од овој закон; 5) дали субјектот на надзорот изработил програма за управување со отпад и дали постапиле согласно со членот 27 став (1) од овој закон; 6) дали субјектот на надзорот од членот 27 од овој закон доставил годишен извештај за спроведувањето на своите програми до надлежниот орган согласно со членот 29 од овој закон; 7) дали мерките и активностите на субјектот на надзорот што управува со отпад се во согласност со стратешки, плански и програмски документи од членот 30 од овој закон; 8) дали субјектот на надзорот кој управува со отпадот, управувањето со отпадот го врши согласно со членот 37 од овој закон; 9) дали субјектите кои управуваат со отпадот, отпадот го откупуваат согласно сo одредбите од овој закон (член 37 став (5) од овој закон); 10) дали субјектите кои вршат преработка на отпадот, истата ја вршат согласно со членот 39 од овој закон; 11) дали субјектите кои вршат преработка на отпадот, преработката ја вршат со користење на операции од членот 40 од овој закон; 12) дали отпадот се складира согласно со членот 41 од овој закон; 13) дали подготовката за повторна употреба, повторната употреба и рециклирање на отпадот се врши согласно мерките и активностите определени во стратешките документи од овој закон (член 42 од овој закон); 14) дали отстранувањето на отпадот се врши согласно со членот 43 од овој закон; 15) дали отстранувањето на отпадот се врши со операциите од членот 44 од овој закон; 16) дали со отпадот на претоварните станици се постапува согласно со членот 46 од овој закон; 17) дали субјектот кој управува со отпад има назначен управител за отпад и дали истиот поседува уверение за управител со отпад согласно со членовите 47 и 48 од овој закон; 18) дали субјектот кој управува со отпад има назначен виш управител за отпад и дали истиот поседува сертификат за виш управител за отпад согласно со членовите 47 и 49 од овој закон; 19) дали субјектот на надзорот кој управува со отпад води евиденција согласно со членот 50 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 20) дали субјектот на надзорот, на лицата задолжени за транспорт на отпад им издава идентификациони и транспортни формулари согласно со членот 50 став (4) од овој закон; 21) дали субјектите на надзорот постапуваат согласно со членот 50 став (5) од овој закон; 22) дали субјектот на надзорот формуларите од членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон, ги чува како составен дел од целокупната евиденција за управување со отпад (член 50 став (6) од овој закон; 23) дали субјектот на надзорот податоците од евиденцијата во вид на консолидиран извештај ги доставуваат до надлежните органи согласно со членот 50 ставови (7) и (8) од овој закон; 24) дали субјектот на надзорот податоците од евиденцијата ги чуваат согласно со членoт 50 став (10) од овој закон; 25) дали субјектот на надзорот кој создава/поседува опасен отпад управува со опасниот отпад согласно со членот 51 од овој закон; 26) дали создавачот/поседувачот на опасен отпад го меша со други видови на опасен отпад или со неопасен отпад спротивно на членот 52 од овој закон; 27) дали создавачот/поседувачот на опасен отпад кој го меша опасниот отпад со други видови на отпад, супстанции и материи го известил стручниот орган во согласност со членот 53 од овој закон; 28) дали создавачот/поседувачот го пакува и означува опасниот отпад согласно со членот 54 од овој закон; 29) дали давателот на услуга односно операторот на регионален центар за управување со отпад го собира и транспортира опасниот отпад од домаќинствата согласно со членот 55 став (4) од овој закон; 30) дали операторот на регионален центар за управување со отпад со собраниот опасен отпад од домаќинствата постапува согласно со членот 55 став (5) од овој закон; 31) дали со медицински отпад управува согласно со членот 56 од овој закон; 32) дали субјектот на надзорот управува со отпадот од титаниум диоксид согласно со членот 57 од овој закон; 33) дали субјектот на надзорот управува со отпадот од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест согласно со членот 58 од овој закон; 34) дали субјектот на надзорот управува со ПХБ согласно со членот 59 од овој закон; 35) дали субјектот на надзорот кој управува со отпад поседува дозвола за вршење на дејностите за управување со отпад од членот 64 од овој закон; 36) дали субјектот на надзорот кој поседува дозвола од членот 64 ги исполнува условите пропишани во дозволата за управување со отпад; 37) дали инвеститорот доставил студија за изводливост согласно со членот 66 став (3) од овој закон; 38) дали субјектот на надзорот поднел барање за измена на дозвола за управување со отпад поради променети услови и во рокот предвиден согласно со членот 67 ставови (6) и (7) од овој закон; 39) дали субјектот на надзорот кој врши активности, односно дејности од членот 68 став (1) алинеја 1 од овој закон доставил известување за регистрација согласно со членот 68 став (2) од овој закон; 40) дали субјектот на надзорот отстранува отпад согласно со членот 71 од овој закон; 41) дали субјектот на надзорот отстранува отпад спротивно на членот 73 од овој закон; 42) дали основачот на депонија поседува соодветна дозвола за депонија согласно со членот 75 од овој закон; 43) дали субјектот на надзорот кој поседува дозвола за депонија ги исполнува условите пропишани во дозволата (член 75 од овој закон); 44) дали субјектот на надзорот во депониите за отпад отстранува отпад спротивно на членот 78 од овој закон; 45) дали субјектот на надзорот отпадот којшто не е прифатлив во депониите го отстранува во согласност со членот 79 од овој закон; 46) дали субјектот на надзор води сметка за количеството биоразградливи состојки во отпадот што смее да го депонира согласно со членот 79 став (5) од овој закон. 47) дали субјектот на надзорот отстранувањето на отпадот го врши во соодветни класи на депонии, како и дали отстранувањето на отпадот се врши согласно со членот 80 од овој закон; 48) не ја уплаќа таксата за депонирање на отпад воспоставена согласно со членот 82 од овој закон; 49) дали основачот на депонија кој поседува дозвола за депонија врши мониторинг и контрола на работата на депонијата и нејзиното влијание врз животната средина согласно членот 83 од овој закон; 50) дали основачот на депонијата во однос на престанувањето со работа на депонијата постапува согласно со членот 84 од овој закон; 51) дали основачот на депонијата, по престанок со работа на депонијата, односно нејзиното затворање ја одржува и се грижи за депонијата согласно со условите во дозволата и согласно со членот 85 од овој закон; 52) дали инсталацијата за горење или согорување работи во согласност со правилата за горење и согорување на отпадот и условите во дозволата согласно со членовите 87 и 88 од овој закон); 53) дали субјектот на надзорот кој управува со инсталација за горење или согорување поседува и работи согласно со соодветната дозвола за горење или согорување на отпад (член 89 од овој закон); 54) дали операторот на инсталацијата за горење или согорување при приемот на отпадот постапува согласно членот 90 од овој закон; 55) дали операторот на инсталацијата за горење или согорување со остатоците од горење или согорување постапува согласно со членот 91 од овој закон; 56) дали субјектот на надзорот врши увоз на отпад спротивно на членот 93 од овој закон; 57) дали извозот, увозот и транзитот на отпад се врши на начин и во постапка пропишана согласно со членот 96 од овој закон; 58) да врши увид и контрола дали дозволата, односно согласноста за извоз, увоз и транзит на отпад се користи спротивно на намената за која е издадена (член 97 од овој закон); 59) дали субјектите на надзорот кои управуваат со отпад ги преземаат мерките и активностите согласно со одредбите од овој закон и 60) врши и други работи во негова надлежност утврдени со овој закон. Член 117 Донесување на решенија на државниот инспектор за животна средина (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот за животна средина со решение: 1) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот, доколку оцената на карактеристиките на отпадот се врши спротивно на членот 16 од овој закон; 2) ќе ја забрани или ограничи работата на акредитираното правно лице доколку не поседува соодветна акредитација согласно со членот 17 од овој закон; 3) ќе забрани употребата на секундарна суровина спротивно на членот 18 од овој закон; 4) ќе забрани употребата на отпадот кој престанал да биде отпад спротивно на членот 19 од овој закон; 5) ќе го задолжи субјектот на надзорот да изработи програма за управување со отпад согласно со членот 27 од овој закон; 6) ќе го задолжи субјектот на надзорот да достави годишен извештај за спроведување на програмите од членот 29 од овој закон; 7) ќе го задолжи субјектот на надзорот да преземе мерки и активности во согласност со стратешки, плански и програмски документи од членот 30 од овој закон; 8) ќе го задолжи субјектот на надзорот да преземе активности и да се грижи за отпадот согласно со членот 37 од овој закон; 9) ќе го заплени отпадот затекнат кај субјектот на надзор спротивно на членот 37 став (5) од овој закон; 10) ќе ја забрани или ограничи работата на субјектот на надзорот доколку преработката на отпад се врши спротивно на членовите 39 и 40 од овој закон; 11) ќе ја забрани или ограничи работата на субјектот на надзорот доколку складирањето на отпадот се врши спротивно на членот 41 од овој закон; 12) ќе ја забрани или ограничи работата на субјектот на надзорот доколку утврди дека локацијата на која ќе се врши складирање, рециклирање, третман или преработка на отпад не ги исполнува условите од овој закон; 13) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку врши отстранување на отпадот спротивно на членовите 43 и 44 од овој закон; 14) ќе го задолжи субјектот на надзорот да постапи согласно со членот 46 од овој закон; 15) ќе го задолжи субјектот на надзорот, да ангажираат управител за отпад, односно виш управител за отпад согласно со членовите 47, 48 и 49 од овој закон; 16) ќе го задолжи субјектот на надзорот, управителот со отпад или вишиот управител со отпад кој не поседува уверение, односно сертификат за положен стручен испит да обезбеди уверение, односно сертификат согласно со членовите 47, 48 и 49 од овој закон; 17) ќе го задолжи субјектот на надзорот, податоците од евиденцијата за отпад да ги води, чува и постапува согласно со членот 50 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 18) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку не постапува согласно со членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон; 19) ќе го задолжи субјектот на надзорот формуларите од членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон да ги достави до надлежниот орган; 20) ќе го задолжи субјектот на надзорот со формуларите од членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон, да постапува согласно со членот 50 став (6) од овој закон; 21) ќе го задолжи субјектот на надзорот податоците од евиденцијата во вид на консолидиран извештај да ги достави до надлежните органи (член 50 ставови (7) и (8) од овој закон); 22) ќе го задолжи субјектот на надзорот со податоците од евиденцијата да постапува согласно со членот 50 став (10) од овој закон; 23) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку управувањето со опасниот отпад го врши спротивно на членот 51 од овој закон; 24) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот, доколку опасниот отпад се меша со други видови опасен отпад и со други видови неопасен отпад спротивно на членот 52 од овој закон; 25) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку опасниот отпад го меша со други видови на отпад, супстанции и материи без да го извести стручниот орган и постапува спротивно на членот 53 од овој закон; 26) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку опасниот отпад за транспортирање, преработка, складирање и отстранување не го пакува и означува согласно со членот 54 од овој закон; 27) ќе го задолжи давателот на услуга односно операторот на регионален центар за управување со отпад со собраниот опасен отпад од домаќинствата да постапува согласно со членот 55 ставови (4) и (5) од овој закон; 28) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку со медицинскиот отпад управува спротивно на членот 56 од овој закон; 29) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку со отпадот од титаниум диоксид управува спротивно на членот 57 од овој закон; 30) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку со отпадот од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест управува спротивно на членот 58 од овој закон; 31) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку со ПХБ управува спротивно на членот 59 од овој закон; 32) ќе ја забрани работата на субјектот на надзорот кој управува со отпад без соодветна дозвола за управување со отпад согласно со овој закон; 33) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот кој не ги исполнува условите пропишани во дозволата; 34) ќе го задолжи инвеститорот да достави студија за изводливост од членот 66 став (3) од овој закон; 35) ќе го задолжи субјектот на надзорот да поднесе барање за измена на дозволата за управување со отпад согласно со членот 67 ставови (6) и (7) од овој закон; 36) ќе го задолжи субјектот на надзорот да достави барање за регистрација согласно со членот 68 од овој закон; 37) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот, доколку нема склучено договор со субјекти кои поседуваат соодветна дозвола за управување со отпад; 38) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку постапува спротивно на членот 71 од овој закон; 39) ќе ја ограничи или работата на субјектот на надзорот доколку постапува спротивно на членот 73 од овој закон; 40) ќе ја забрани работата на субјектот на надзорот, доколку врши депонирање на отпад без поседување на соодветна дозвола за депонија (член 75 од овој закон); 41) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот кој не ги исполнува условите пропишани во дозволата за депонија (член 75 од овој закон); 42) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку на депониите за отпад отстранува отпад спротивно на членот 78 од овој закон; 43) ќе го задолжи субјектот на надзорот да ги исполни барањата во однос на биоразградлив отпад согласно со членот 79 став (5) од овој закон; 44) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот, доколку врши отстранување на отпад неприфатлив на депонијата согласно со членот 79 од овој закон; 45) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот ако отстранувањето на отпадот го врши во несоодветни класи на депонии, како и отстранувањето на отпадот го врши спротивно на членот 80 од овој закон; 46) ќе го задолжи субјектот на надзорот да ја уплати таксата за депонирање од членот 82 од овој закон; 47) ќе го задолжи субјектот на надзорот да врши мониторинг и контрола на работата на депонијата согласно со членот 83 од овој закон; 48) ќе го задолжи основачот на депонијата да постапи согласно со членот 84 од овој закон; 49) ќе го задолжи основачот на депонијата по нејзиното престанување со работа, односно нејзиното затворање да се грижи и да ја одржува согласно со условите во дозволата и членот 85 од овој закон; 50) ќе ја забрани работата на инсталацијата за горење или согорување доколку постапува спротивно на членовите 87 и 88 од овој закон; 51) ќе ја забрани работата на инсталацијата за горење или согорување доколку постапува спротивно на дозволата и одредбите од членот 89 од овој закон; 52) ќе ја забрани работата на инсталацијата за горење или согорување доколку дејноста ја врши без соодветна дозвола (член 89 од овој закон); 53) ќе ја забрани работата на инсталацијата за горење или согорување доколку при приемот на отпадот постапува спротивно на членот 90 од овој закон; 54) ќе ја забрани работата на инсталацијата за горење или согорување доколку со остатоците од горење или согорување постапува спротивно на членот 91 од овој закон; 55) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот ако увозот на отпадот го врши спротивно на членот 93 од овој закон; 56) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку врши увоз, извоз или транзит на отпад спротивно на членот 96 од овој закон; 57) ќе го заплени отпадот со кој е вршен увоз, извоз или транзит на отпад за кој не е обезбедено дозвола, односно согласност согласно со одредбите од овој закон; 58) ќе го задолжи субјектот на надзорот да преземе мерки и активности согласно со одредбите од овој закон, со цел отстранување на констатирани недостатоци; 59) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот, доколку не постапува со отпадот согласно со одредбите на овој закон; 60) ќе забрани привремено или трајно вршење на сите дејствија спротивни на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на одредбите од овој закон или други стратешки определби во управувањето со отпадот согласно со стратешките и планските документи за управување со отпадот, како и ќе нареди враќање во поранешна состојба. (2) Ако при вршење на инспекциски надзор, инспекторот за животна средина утврди дека субјектите на надзорот коишто управуваат со отпад не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди, препораки и други општи акти, со записник ќе ги констатира утврдените неисправности и неправилности и во решението ќе го определи рокот во кој треба да се отстранат. (3) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на инспекторот за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, инспекторот за животна средина ќе поведе прекршочна постапка, пред надлежен прекршочен орган, како и ќе започне постапка за одземање на добиените дозволи, согласности и овластувања. (4) Во случај кога ќе се утврди постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, инспекторот ќе издаде усна наредба за итно и неодложно отстранување на утврдените недостатоци кои записнички ги констатира во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и ќе ги извести и другите надлежни инспектори или други државни органи за утврдените неправилности и ќе побара нивна интервенција. (5) Ако констатираните неисправности и неправилности од ставот (4) на овој член, претставуваат опасност за загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, инспекторот веднаш ќе ја забрани работата на инсталацијата, објектот, постројката, уредот, како и употреба на средствата и опремата за вршење на дејноста. (6) Во случаите од ставот (4) на овој член, инспекторот донесува писмено решение во рок од 48 часа од издавањето на усната наредба. (7) За вршењето на работите од ставот (1) на овој член инспекторот за животна средина има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина. (8) Против решението на државниот инспектор за животна средина може да се изјави жалба согласно со прописите за инспекциски надзор. Член 118 Делокруг на овластен инспектор за животна средина (1) Во вршењето на надзор од својот делокруг, овластениот инспектор за животна средина на општината и овластениот инспектор на градот Скопје (во натамошниот текст: овластен инспектор за животна средина) врши увид и контрола: 1) дали акредитираното правно лице за оцена на карактеристиките на отпад постапува спротивно на членот 16 од овој закон; 2) дали акредитираното правно лице поседува соодветна акредитација согласно со членот 17 од овој закон; 3) дали субјектот на надзорот користи суровина согласно со членот 18 од овој закон; 4) дали субјектот на надзорот постапува согласно со членот 19 од овој закон; 5) дали субјектот на надзорот од членот 27 од на овој закон изработил програми за управување со отпад и дали постапиле согласно со членот 27 од овој закон; 6) дали субјектот на надзорот од членот 27 од овој закон доставил годишен извештај за спроведување на програмата до надлежниот орган согласно со членот 29 од овој закон; 7) дали мерките и активностите на субјектот на надзорот кој управува со отпад се во согласност со стратешки, плански и програмски документи од членот 30 од овој закон; 8) дали субјектот на надзорот управува со отпадот согласно членот 37 од овој закон; 9) дали субјектите кои управуваат со отпадот, отпадот го откупуваат согласно со одредбите од овој закон (член 37 став (5) од овој закон); 10) дали субјектот на надзорот остава, фрла и напушта отпад на локации кои не се утврдени за таа намена, како и гори или отстранува отпад спротивно на прописите за управување со отпад (член 37 став (6) од овој закон); 11) дали сопственикот или корисникот на имотот управува со отпадот на неговиот имот согласно со членот 38 од овој закон; 12) да го задолжи сопственикот, односно корисникот на имотот да го отстрани отпадот кој е собран или складиран на имотот спротивно на одредбите од овој закон (член 38 став (4) од овој закон); 13) дали отпадот се складира согласно со членот 41 од овој закон; 14) дали субјектот на надзорот, кои вршат преработка на отпадот, преработката ја вршат согласно со членот 39 од овој закон и со користење на операции за преработка од членот 40 од овој закон; 15) дали субјектот на надзорот отпадот го отстранува на начин определен во членот 43 и со користење на операции од членот 44 од овој закон; 16) дали субјектот на надзорот има назначено управител со отпад, односно виш управител со отпад, како и дали истите поседуваат соодветно уверение, односно сертификат (членови 47, 48 и 49 од овој закон); 17) дали субјектот на надзорот води евиденција согласно со членот 50 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 18) дали субјектот на надзорот на лицата задолжени за транспорт на отпад им издава идентификациони и транспортни формулари согласно со членот 50 став (4) од овој закон; 19) дали субјектите на надзорот постапуваат согласно со членот 50 став (5) од овој закон; 20) дали субјектот на надзорот формуларите од членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон ги чува како составен дел од целокупната евиденција за управување со отпад (член 50 став (6) од овој закон); 21) дали субјектот на надзорот податоците од евиденцијата во вид на консолидиран извештај ги доставуваат до надлежните органи согласно со членот 50 ставови (7) и (8) од овој закон; 22) дали субјектот на надзорот податоците од евиденцијата ги чува согласно со членот 50 ставо (10) од овој закон; 23) дали давателот на јавна услуга постапува со опасниот отпад согласно со членот 55 од овој закон; 24) дали давателот на услуга поставил садови за собирање и за селектирање на отпад (член 62 став (1) од овој закон); 25) дали давателот на услуга организирал собирни центри согласно со членот 62 став (2) од овој закон; 26) дали субјектот на надзорот со комуналниот и комерцијалниот отпад постапува согласно со членот 63 од овој закон; 27) дали субјектите на надзорот кои создаваат комерцијален отпад вршат селекција на отпадот на местото на негово создавање согласно со членот 63 став (1) од овој закон; 28) дали создавачите на комерцијален отпад поседуваат посебен договор за собирање и транспортирање на отпад согласно членот 63 став (2) од овој закон; 29) дали субјектот на надзорот поседува соодветна дозвола за управување со отпад издадена согласно со членот 64 од овој закон; 30) дали субјектот на надзорот управувањето со отпадот го врши согласно со условите во дозволата (член 64 од овој закон); 31) дали субјектите на надзорот кои управуваат со отпад своите активности и дејности ги вршат согласно со актот врз основа на кој се врши дејноста и активноста како и законските прописи од областа на управување со отпад и 32) како и утврдува и други состојби во негова надлежност согласно со одредбите на овој и друг закон. (3) Во случај кога е утврдено постоење на отпад на приватен имот согласно со ставот (1) точка 11) на овој член, овластениот инспектор за животна средина е должен веднаш да го извести градоначалникот на општината и градот Скопје. (4) За дејствијата од ставот (1) точките 10), 11), 12), 24), 25), 26), 27), 28) и 32) на овој член, надзор вршат и овластените инспектори за животна средина на општините во градот Скопје. Член 119 Донесување на решенија на овластениот инспектор за животна средина (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, овластениот инспектор за животна средина со решение: 1) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот, доколку оцената на карактеристиките на отпадот се врши спротивно на членот 16 од овој закон; 2) ќе ја забрани или ограничи работата на акредитираното правно лице доколку не поседува соодветна акредитација согласно со членот 17 од овој закон; 3) ќе забрани употребата на отпадот на секундарна суровина спротивно на членот 18 од овој закон; 4) ќе забрани употребата на отпадот кој престанал да биде отпад спротивно на членот 19 од овој закон; 5) ќе го задолжи субјектот на надзорот да изработи програма за управување со отпад согласно со членот 27 од овој закон; 6) ќе го задолжи субјектот на надзорот да достави годишен извештај за спроведување на програмите од членот 29 од овој закон; 7) ќе го задолжи субјектот на надзорот да преземе мерки и активности во согласност со стратешки, плански и програмски документи од членот 30 од овој закон; 8) ќе го задолжи субјектот на надзорот да преземе активности и да се грижи за отпадот согласно со членот 37 од овој закон; 9) ќе го заплени отпадот затекнат кај субјектот на надзор спротивно на членот 37 став (5) од овој закон; 10) ќе ги забрани сите активности на оставање, фрлање, напуштање, како и горење или согорување на отпад на места кои не се за таа намена и кои се спротивни на одредбите од овој закон (член 37 став (6) од овој закон); 11) ќе забрани користење на уреди и инсталации кои не поседуваат соодветна дозвола издадена согласно со одредбите од овој закон; 12) ќе го задолжи сопственикот, односно корисникот на имотот да постапи согласно со одредбите на членот 38 од овој закон; 13) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот, доколку со отпадот не се постапува согласно со членовите 39 и 40 од овој закон; 14) ќе ја забрани работата на субјектот на надзорот, доколку врши складирање на отпад на места кои не се предвидени за таа намена (член 41 од овој закон); 15) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку врши отстранување на отпадот спротивно на членовите 43 и 44 од овој закон; 16) ќе го задолжи субјектот на надзорот да назначи управител со отпад односно виш управител со отпад согласно со членовите 47, 48 и 49 од овој закон; 17) ќе го задолжи субјектот на надзорот, управителот со отпад или вишиот управител со отпад кој не поседува уверение, односно сертификат за положен стручен испит да обезбеди уверение, односно сертификат согласно со членовите 47, 48 и 49 од овој закон; 18) ќе го задолжи субјектот на надзорот, доколку податоците од евиденцијата за отпад се водат, се чуваат и се постапува со нив на начин спротивно на членот 50 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 19) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот доколку постапува спротивно на членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон; 20) ќе го задолжи субјектот на надзорот формуларите од членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон да ги достави до надлежниот орган; 21) ќе го задолжи субјектот на надзорот со формуларите од членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон да постапува согласно со членот 50 став (6) од овој закон; 22) ќе го задолжи субјектот на надзорот податоците од евиденцијата во вид на консолидиран извештај да ги достави до надлежните органи (член 50 ставови (7) и (8)); 23) ќе го задолжи субјектот на надзорот со податоците од евиденцијата да постапува согласно со членот 50 став (10) од овој закон; 24) ќе го задолжи давателот на јавна услуга со опасниот отпад да постапува согласно со членот 55 од овој закон; 25) ќе го задолжи давателот на услуга да постави садови за собирање и селектирање на отпад (член 62 став (1) од овој закон); 26) ќе го задолжи давателот на услуга да организира собирни центри согласно со одредбите од овој закон (член 62 став (2) од овој закон); 27) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот, доколку не постапува со отпадот согласно со овој закон; 28) ќе ја ограничи и забрани работата на субјектот на надзорот, доколку собирањето и транспортирањето на отпадот се врши спротивно на одредбите од овој закон; 29) ќе го задолжи создавачот/поседувачот на комерцијален отпад селекцијата, собирањето и транспортот на отпадот да ја врши согласно со членот 63 став (1) од овој закон; 30) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектите на надзорот кои создаваат или поседуваат комерцијален отпад, доколку немаат склучено договор со давателот на услугата за собирање и транспортирање на комунален отпад (член 63 став (2) од овој закон); 31) ќе ги задолжи субјектите на надзорот да постапуваат согласно со одредбите од членот 63 од овој закон; 32) ќе ја забрани работата на субјектот на надзорот кој управува со отпад без соодветна дозвола за управување со отпад согласно овој закон; 33) ќе ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот кој не ги исполнува условите пропишани во дозволата; 34) ќе го задолжи субјектот на надзорот да преземе мерки и активности за отстранување на констатирани недостатоци согласно со одредбите од овој закон; 35) забранува продолжување на активности и дејности кои се спротивни на одредбите од овој закон и каде што е потребно отстранување на истите и 36) да ги запре привремено или трајно сите дејствија спротивни на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на овој закон или други стратешки определби во управувањето со отпадот согласно со стратешките и планските документи за управување со отпадот, како и да нареди враќање во поранешна состојба. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор овластениот инспектор за животна средина утврди дека субјектите на надзорот коишто управуваат со отпад не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди, препораки и други општи акти, со записник ќе ги констатира утврдените неисправности и неправилности и во решението ќе го определи рокот во кој треба да се отстранат. (3) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на овластениот инспектор за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, овластениот инспектор за животна средина ќе поведе прекршочна постапка пред надлежен прекршочен орган, како и ќе започне постапка за одземање на добиените дозволи, согласности и овластувања. (4) Во случај кога ќе се утврди постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, инспекторот ќе издаде усна наредба за итно и неодложно отстранување на утврдените недостатоци кои записнички ги констатира во соработка со Државниот санитарно и здравствен инспекторат, како и ќе го извести Државниот инспекторат за животна средина, како и другите надлежни инспектори или други државни органи за утврдените неправилности и ќе побара нивна интервенција. (5) Ако констатираните неисправности и неправилности од ставот (4) на овој член, претставуваат опасност за загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, инспекторот веднаш ќе ја забрани работата на инсталацијата, објектот, постројката, уредот, како и употреба на средствата и опремата за вршење на дејноста. (6) Во случаите од ставот (4) на овој член, инспекторот донесува писмено решение во рок од 48 часа од издавањето на усната наредба. (7) За вршењето на работите од ставот (1) на овој член, инспекторот за животна средина има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина. (8) Против решението на овластениот инспектор за животна средина може да се изјави жалба согласно со прописите за инспекциски надзор. Член 120 Делокруг на државниот санитарен и здравствен инспектор (1) Во вршењето надзор од својот делокруг, државниот санитарен и здравствен инспектор има право да врши увид и надзор дали субјектите кои управуваат со медицински отпад го собираат, селектираат и пакуваат медицинскиот отпад согласно со одредбите на овој закон. (2) Државниот санитарен и здравствен инспектор вршењето на инспекциски надзор од ставот (1) на овој член, го вршат согласно со прописите за санитарна и здравствена инспекција и овој закон. Член 121 Делокруг на државниот комунален инспектор (1) Во вршењето надзор од својот делокруг, комуналниот инспектор врши увид и контрола: 1) дали сопственикот, односно корисникот на имотот управуваат со отпадот на начин спротивен на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон (член 38 од овој закон); 2) дали давателот на јавна услуга постапува со опасниот отпад согласно со членот 55 од овој закон; 3) дали давателот на услуга на местата определени од градоначалникот поставиле садови за собирање и селектирање на отпад (член 62 став (1) од овој закон); 4) дали отпадот од домаќинствата се собира одделно од друг отпад и на места определени за собирање на опасен отпад од домаќинствата (член 62 од овој закон); 5) дали физичките лица го оставаат опасниот отпад одвоено од останатиот отпад за домаќинствата согласно со членот 63 став (3) од овој закон; 6) дали субјектот на надзорот комуналниот отпад го остава на места определени за собирање и селектирање согласно со членот 62 од овој закон; 7) дали давателите на услуги согласно со членот 62 став (1) од овој закон поставиле садови за собирање и селектирање на комуналниот отпад од членот 62 став (3) од овој закон и 8) дали создавачите на комерцијален отпад имаат склучено договор за собирање и транспортирање на отпад со давателот на услугата согласно со членот 63 став (2) од овој закон; (2) Државниот комунален инспектор вршењето на инспекцискиот надзор од ставот (1) на овој член, го вршат согласно со прописите за комунални дејности и овој закон. Член 122 Надлежност на Регулаторна Комисија за следење на спроведувањето на тарифите за отпад (1) Регулаторната Комисија е надлежна за следење на спроведувањето на решението за утврдување на тарифите за отпад и регулаторните тарифи за отпад од овој закон. (2) При спроведувањето на надзорот од ставот (1) од овој член, Регулаторната комисија од давателот на услуга за потребите на надзорот може да побара податоци и информации за спроведување на плановите и решенијата за утврдување на тарифа за отпад. (3) Регулаторна Комисија има право во секое време, со најава или без најава да врши увид кај давателот на услуга со цел да утврди дали: давателот на услуга поднел барање за утврдување на тарифа согласно со членот 107 став (4) од овој закон, податоците кои ги доставил давателот на услуга согласно со одредбите од овој закон се веродостојни и точни и согласни со сметководствената евиденција и друга документација на давателот на услуга (член 107 став (12) од овој закон), одлуката на давателот од членот 108 став (14) и согласноста од членот 108 став (15) од овој закон е во согласност со решението за утврдување на тарифи за отпад донесени од страна на Регулаторната комисија, градоначалникот на општината или градот Скопје ја доставил одлуката од членот 108 став (15) од овој закон до Советот на општината за добивање на согласност, давателот на услуга ги усогласил своите одлуки со одлуките донесени од страна на Регулаторната комисија (член 109 став (3) од овој закон), давателот ги почитува условите под кои е утврдена тарифата за отпад и ги исполнува целите поврзани со клучните индикатори за успешност во врска со обезбедувањето на услуга за управување со комунален отпад (член 109 став (4) од овој закон), давателот на услуга ја започнал примената на одобрената тарифа за отпад (член 109 став (1) од овој закон). (4) При вршење на увидот, давателот на услуга е должен на Регулаторната комисија да и обезбеди пристап во сопствените простории, да им ја достави на увид целокупната документација потребна за вршење на увидот од ставот (1) на овој член. (5) За извршениот увид, Регулаторната комисија составува записник кој го доставува до давателот на услуга. (6) Врз основа на записникот од ставот (5) на овој член, Регулаторната комисија има право да покрене барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен прекршочен орган (7) Во случај кога давателот на услуга не го наплаќа надоместокот од членот 106 став (2) од овој закон, Регулаторната комисија има право да му укаже на давателот на услуга за обврската и за правните последици и да го задолжи во определен рок, кој не може да биде подолг од 90 дена да го изврши плаќањето. (8) Во случај кога давателот не постапи согласно со укажувањето од ставот (5) на овој член, Регулаторната комисија е должна да покрене постапка за присилна наплата на надоместокот од членот 106 став (2) од овој закон, согласно со прописите за извршување. Член 123 Надзор над формуларите за отпад (1) Работник на органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешни работи има право и обврска да застане возило кое врши транспорт на отпад и да изврши увид дали возилото е соодветно означено согласно со закон, како и дали ги поседува потребните документи согласно со членот 50 од овој закон. (2) Царинскиот орган има право и обврска да врши увид и контрола дали лицата кои транспортираат отпад ги поседуваат транспортните и идентификационите формулари и ги доставуваат/известуваат согласно со членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон како и дали опасниот отпад што се транспортира е означен и пакуван согласно одредбите на овој закон (член 54 став (4) од овој закон). (3) При вршењето на инспекциски надзор од ставот (1) на овој член, надзорот се врши согласно со прописите за внатрешни работи и овој закон. (4) При вршењето на инспекциски надзор од ставот (2) на овој член, надзорот се врши согласно со прописите за царинските прописи и овој закон. Член 124 Примена на одредби од други закони во инспекцискиот надзор Во постапката при вршење на инспекциски надзор се применуваат одредбите на прописите за инспекцискиот надзор и прописите за животната средина, доколку со овој закон поинаку не е уредено. Член 125 Одговорност на службените лица (1) Службените лица во органот за животна средина, вклучувајќи ги и органите во состав, како и службените лица во органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје се должни, како одговорни лица, навремено и ефикасно да ги преземаат сите неопходни мерки и постапки за спроведување на овој закон. (2) Доколку при спроведувањето на мерките и постапките утврдени во овој закон, се утврдат прекршувања од страна на правно или физичко лице направени со дејствие или несторување или пропуштање на должен надзор над друго лице кое било овластено да постапува во името на правното лице, како и изнесување на неточни и лажни податоци и документи, службените лица се должни да покренат иницијатива или барање за покренување на прекршочна постапка согласно со одредбите од овој закон. (3) Правните и физичките лица за кои се предвидени права и обврски утврдени со овој закон, доколку утврдат постоење на прекршување или пречекорување на овластувањата од страна на службените лица од ставот (1) на овој член, направени со дејствија или несторувања, се должни за тоа да го известат министерот кој раководи со органот за животна средина, односно градоначалникот на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје. (4) Во случај на утврдување на прекршувања на надлежностите на службените лица од ставот (1) на овој член министерот кој раководи со органот за животна средина, односно градоначалникот на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје е должен да покрене постапка за утврдување на одговорноста на службеното лице согласно со овој или друг закон. Член 126 Други надлежности (1) Инспекторот за животна средина и овластениот инспектор за животна средина се должни да поднесат прекршочна пријава до надлежните прекршочни органи за поведување на прекршочна постапка, доколку при вршењето на надзорот утврдат основа за истата. (2) Инспекторот за животна средина и овластениот инспектор за животна средина се должни да го известат органот за животна средина кога по инспекцискиот надзор ќе утврди дека правното или физичкото лице коешто управува со отпад со сторување или несторување направило важни повреди на условите и обврските од дозволата или акредитацијата. (3) Ако инспекторот не поднесе пријава за покренување на прекршочна постапка согласно со ставот (1) од овој член, ќе се смета дека сторил потешка повреда на работното место. Член 127 Опомена (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот за животна средина утврди дека е сторена неправилност од членовите 27 и 29 од овој закон за прв пат, е должен со записник да ги констатира утврдените неправилности и со решение да изрече опомена и да определи рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите утврдени со записникот согласно Законот за инспекциски надзор. (2) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор овластениот инспектор утврди дека е сторена неправилност од членовите 27 и 29 од овој закон за прв пат, е должен со записник да ги констатира утврдените неправилности и со решение да изрече опомена и да определи рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите утврдени со записникот согласно со Законот за инспекциски надзор. (3) Државниот инспекторат за животна средина води единствена евиденција за изречени опомени. (4) Формата и содржината на евиденцијата на изречените опомени ја утврдува министерот кој раководи со органот за животната средина. Член 128 Надзор на законитоста на работата на органите на општината и органите за регионално управување со отпад (1) Надзорот над законитоста на работата на организационата единица, органите на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје се заснова на начелото на законитост, одговорност и самостојност во остварувањето на нивните надлежности. (2) Надзорот од ставот (1) на овој член го врши органот за животната средина. (3) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член, органот за животната средина, ги врши следниве задачи: ја следи работата на органите на општината, општините во градот Скопје и на градот Скопје и презема мерки, активности и поднесува иницијативи за остварување на надлежностите на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје што се однесуваат на изготвувањето, донесувањето и спроведувањето на плановите, програмите и другите акти, ја следи работата дали советите на општините и советот на градот Скопје, на предлог на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад од членот 32 од овој закон, донесуваат Регионален план за управување со отпад за регионот од членот 24 на овој закон, ја следи работата на организационата единица во координација со општините од соодветниот регион дали постапува согласно со членот 36 од овој закон, ја следи работата на органите на општината и на градот Скопје и презема мерки, активности и поднесува иницијативи за остварување на надлежностите на општината и градот Скопје согласно со обврските на општината и градот Скопје за управување со комуналниот и со другиот неопасен отпад, оценува дали органите на општината и на градот Скопје изготвувањето, донесувањето и спроведувањето на плановите и програмите, како и доставувањето на извештаите за нивно спроведување го извршуваат согласно со постапките утврдени со овој закон, оценува дали градоначалникот на општините и на градот Скопје ги следат и соодветно се грижат за примена на стратешките и планските документи за управување со отпадот, ја следи работата на органите на општината и на градот Скопје за воспоставување на регионален систем за управување со отпад согласно со одредбите од овој закон, ја следи работата на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад дали ги спроведува обврските за управување со отпадот согласно со одредбите на овој закон, ја следи работата на организационата единица дали ги спроведува обврските за управување со отпадот согласно со одредбите од овој закон; оценува дали градоначалникот на општините и на градот Скопје донеле акти за одржување на јавната чистота и постапува со напуштениот отпад на јавните и сообраќајните површини во урбаните средини и во неурбанизираниот простор на своето подрачје и го следи начинот на нивното спроведување, оценува дали градоначалниците на општините и градот Скопје ги определиле местата за собирање и селектирање на комуналниот отпад, како и го следи начинот на нивното спроведување; го оценува спроведувањето на принципот на универзалност на услугите, оценува дали општините и градот Скопје донеле правила за управување со комуналниот отпад и со другите видови неопасен отпад и го следи нивното спроведување, оценува дали градоначалникот на општините и градот Скопје ги определиле местата за собирање, третман и отстранување на инертен отпад и го следи начинот на нивното спроведување; оценува дали организационата единица, општините и градот Скопје воспоставиле информативен систем за управувањето со неопасниот отпад и дали податоците од информативниот систем ги обработиле и доставиле до стручниот орган, оценува дали организационата единица и градот Скопје воспоставиле Катастар на создавачи на отпад и го следи начинот на неговото водење, оценува дали организационата единица, општините и градот Скопје ги објавиле податоците за управување со отпад, укажува на органите на општината и градот Скопје на пречекорувања на нивните надлежности утврдени со овој закон и предлагаат соодветни мерки за надминување на таа состојба, укажува на определени материјални и процедурални недостатоци во работата на организационата единица, органите на општината и на градот Скопје, со кои би можеле да го оневозможат остварувањето на правото на јавноста за пристап до информации и учество во донесувањето на одлуките и други права и обврски утврдени со овој или друг закон, дава препораки за доследно спроведување на надлежностите на општината и градот Скопје за работи кои треба да ги вршат согласно со овој закон, на барање на органите на општината и на градот Скопје, го следи навременото донесување на планските документи и други акти од страна на организационата единица, општините и градот Скопје, поднесува иницијативи и предлози да организационата единица, органите на општината и на градот Скопје, доколку констатираат неспроведување на овој закон, како резултат на судир на надлежностите меѓу ни,; ја следи законитоста на решенијата што градоначалникот ги донесува во управни работи, како обврските и интересите на правните и физички лица согласно со овој закон, дава мислења и стручна помош на барање на организационата единица, органите на општината и на градот Скопје по предлог планските документи и други акти што произлегуваат од овој закон, го следи остварувањето на претходниот надзор над акти за кој согласно со овој закон е надлежен да го донесува, го следи остварувањето на јавноста во работата на организационата единица, органите на општината и на градот Скопје во остварувањето на надлежностите утврдени со овој закон од аспект на редовно, навремено, вистинито и потполно известување на граѓаните, следи дали општината и градот Скопје и организационата единица постапуваат согласно одредбите од овој закон кои се однесуваат на финансирање на истите и навремено ги известува организационата единица, органите на општината и на градот Скопје за констатираните состојби во нивната работа и за преземените мерки при вршењето на надзорот. Член 129 Одземање на извршување на надлежности (1) Доколку и покрај укажувањата и преземените мерки и активности, организационата единица за регионално управување со отпад, органите на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје не го обезбедат извршувањето на работите за кои тие се надлежни согласно со овој закон, им се одзема надлежноста за извршувањето на работите. (2) Вршењето на работите од ставот (1) на овој член, ги презема органот за животната средина, најмногу до една година од денот на нивното преземање, во име и за сметка на организационата единица за регионално управување со отпад, општината и градот Скопје. (3) За преземање на работите од ставот (1) на овој член, се известува органот на државната управа надлежен за работите од областа на локалната самоуправа и органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите. (4) Органот за животната средина, вршењето на работите од ставот (1) на овој член ги врши во име и за сметка на организационата единица за регионално управување со отпад, општините и на градот Скопје. XV. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 130 Прекршочни санкции од прва категорија (1) Глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 88.000 до 98.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на субјектот, доколку: 1) не изработи програма за управување со отпад и не ја достави до надлежните органи (член 27 од овој закон); 2) не достави годишен извештај за спроведување на програмите за управување со отпад (член 29 од овој закон); 3) постапува спротивно на правилата за управување со отпадот од членот 37 од овој закон; 4) не назначи управител со отпад, односно виш управител со отпад согласно со членовите 48 и 49 од овој закон; 5) назначи лице за управител со отпад или виш управител кое не поседува соодветно уверение односно сертификат (членови 48 и 49 од овој закон); 6) не води соодветна евиденција за управување со отпад согласно со членот 50 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 7) податоците од евиденциите во вид на консолидиран извештај не ги доставуваат до надлежните органи (член 50 ставови (7), (8) и (9) од овој закон); 8) податоците од евиденцијата не ги чуваат согласно со членот 50 став (10) од овој закон; 9) давателите на услуги не постават садови за собирање и селектирање на отпад и одделно собирање на опасниот отпад од домаќинствата (член 62 став (1) од овој закон); 10) давателите на услуги не организираат собирни центри согласно со членот 62 став (2) од овој закон; 11) не вршат селекција на комерцијалниот отпад на местото на неговото создавање во посебни садови согласно со членот 63 став (1) од овој закон; 12) не склучат договор за собирање и транспортирање на отпад согласно со членот 63 став (2) од овој закон и 13) не доставил известување за регистрација (член 68 став (1) алинеја 1 од овој закон. (2) На одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за микро трговец, 1.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, 3.000 евра во денарска противвредност за среден трговец и 5.000 евра во денарска противвредност за голем трговец. (3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, надлежен прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. (5) На одговорното лице од ставот (2) на овој член, надлежен прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (6) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од ставовите (1) и (2) на овој член е надлежниот суд, додека надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од ставот (3) на овој член е Прекршочната комисија формирана согласно со Законот за животна средина (во натамошниот текст: Прекршочна комисија). Член 131 Прекршок од втора категорија (1) Глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 25.000 до 28.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на субјектот, доколку: 1) се врши преработка на отпадот спротивно на членовите 39 и 40 од овој закон; 2) отпадот се складира надвор од местата определени за таа намена и спротивно на членот 41 од овој закон; 3) се врши отстранување на отпад спротивно на членовите 43 и 44 од овој закон; 4) со транспортните и идентификациони формулари не постапува согласно со членот 50 став (4) од овој закон; 5) при извоз, увоз и транзит на отпад, правното лице кое врши транспорт на отпад не достави копија од формуларите од членот 96 ставови (7) и (8) од овој закон до органот надлежен за вршење на царински работи (член 50 став (5) од овој закон); 6) формуларите од членот 50 ставови (4) и (5) од овој закон не ги чува како составен дел од целокупната евиденција за управување со отпад (член 50 став (6) од овој закон) и 7) не постапуваат согласно со општите и посебните правила за управување со комунален и со други видови неопасен отпад (член 63 став (5) од овој закон). (2) На одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член ќе му се изрече глоба во износ до 700 евра во денарска противвредност за микро трговци, 1.500 евра во денарска противвредност за мали трговци, 4.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и 7.000 евра во денарска противвредност за големи трговци. (3) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, надлежниот прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. (4) На одговорното лице од ставот (2) на овој член, надлежниот прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (5) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од овој член е надлежниот суд. Член 132 Прекршоци од трета категорија (1) Глоба во износ од 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 36.000 до 40.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 110.000 до 120.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 180.000 до 200.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на субјектот, доколку: 1) оцената на видовите и карактеристиките на отпад се врши спротивно на членот 16 од овој закон; 2) проверка на карактеристиките на отпад врши лице кое не поседува акредитација за оцена на карактеристиките на отпадот (член 17 од овој закон); 3) постапува спротивно на одредбите од членот 18 од овој закон; 4) постапува спротивно на одредбите од членот 19 од овој закон; 5) не ги почитува општите правила за управување со опасен отпад (член 51 од овој закон); 6) го меша опасниот отпад со други видови на опасен отпад и/или го меша со друг вид на отпад, супстанции и/или материи спротивно на членот 52 од овој закон; 7) управува со мешаниот опасен отпад спротивно на членот 53 од овој закон; 8) се пакува и означува опасен отпад спротивно на членот 54 од овој закон; 9) опасниот отпад од домаќинството не се собира согласно со членот 55 од овој закон; 10) со медицинскиот отпад се постапува спротивно на одредбите од членот 56 од овој закон; 11) со отпадот од титаниум диоксидот се постапува спротивно на одредбите од членот 57 од овој закон; 12) со отпадот од азбест и со производи кои содржат азбест се постапува спротивно на одредбите од членот 58 од овој закон); 13) со ПХБ се постапува спротивно на одредбите од овој закон (член 59 од овој закон); 14) врши дејности за управување со отпад без соодветна дозвола (член 64 од овој закон); 15) не ги исполнува условите во дозволата (член 64 од овој закон); 16) не доставил студија за изводливост согласно со членот 66 став (3) од овој закон; 17) не доставил барање за измена на дозволата за управување со отпад поради променети услови и во рокот предвиден согласно со членот 67 ставови (6) и (7) од овој закон; 18) на депонија за неопасен индустриски отпад отстранува отпад спротивно на членот 71 ставови (8) и (9) од овој закон; 19) на депонијата за опасен отпад се отстранува отпад спротивно на членот 72 ставови (7) и (8) од овој закон; 20) не поседува дозвола за депонија (член 75 од овој закон); 21) не ги исполнува условите во дозволата за депонија согласно со членот 75 од овој закон; 22) на депонија депонира отпад спротивно на членот 78 од овој закон; 23) отстранува отпад што не е прифатлив во депонија спротивно на членот 79 од овој закон; 24) прифаќа отпад што не соодветствува со класата на депонијата (член 80 од овој закон); 25) не уплаќа такса за депонирање на отпад (член 82 од овој закон); 26) не врши мониторинг и контрола на работата на депонијата согласно со членот 83 од овој закон; 27) депонијата престане со работа спротивно на членот 84 од овој закон; 28) не се грижи за депонијата по нејзиното престанување со работа согласно со членот 85 од овој закон; 29) не ги исполнува обврските од членот 86 став (1) од овој закон; 30) инсталацијата за горење или согорување работи спротивно на условите во дозволата и членот 87 од овој закон; 31) инсталацијата за горење или согорување не ги исполнува условите во дозволата согласно со членот 89 од овој закон; 32) операторот на инсталацијата за горење или согорување при приемот на отпадот не постапува согласно со членот 90 од овој закон; 33) операторот на инсталацијата за горење или согорување со остатоците од горење и согорување постапува спротивно на членот 91 од овој закон; 34) врши увоз на отпад спротивно на членот 93 од овој закон; 35) врши извоз, увоз, транзит на отпад спротивно на членот 96 од овој закон и 36) врши активности спротивно на издадената дозвола односно согласности издадени согласно со членот 97 од овој закон. (2) На одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, 2.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, 6.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и 10.000 евра во денарска противвредност за големи трговци. (3) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, надлежен прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. (4) На одговорното лице од ставот (2) на овој член, надлежен прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (5) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од овој член е надлежниот суд. Член 133 Прекршоци за тарифа за отпад (1) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 26.000 до 29.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 43.000 до 48.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на давател на услуга, доколку: нема доставено барање за утврдување на тарифа за отпад до Регулаторна комисија согласно со членот 107 став (4) од овој закон, не е донесена одлуката за утврдување на тарифа во рок од 15 дена согласно со членот 108 став (14) од овој закон, одлуката за утврдување на тарифа од членот 108 став (14) од овој закон не е доставена во рок од осум дена од нејзиното донесување до градоначалникот на општината или градот Скопје (член 108 став (14) од овој закон), примената на одобрената тарифа за отпад, односно одобрената регулаторна тарифа за отпад не започнала да се применува во рок од 45 дена согласно со членот 109 став (1) од овој закон и членот 110 став (10) од овој закон, не ги усогласил одлуките со решенијата донесени од страна на Регулаторната комисија (член 109 став (3) од овој закон). (2) Глоба во износ од 6.000 до 7.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 13.000 до 14.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 37.000 до 41.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 62.000 до 69.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на давател на услуга, доколку: податоците приложени кон барањето не се точни и веродостојни и не се во согласност со сметководствената евиденција и другата документација на давателот на услуга (член 107 став (12) од овој закон, не ги почитува условите под кои е утврдена тарифата за отпад (член 109 став (4) од овој закон) и не и обезбедил пристап во сопствените простории за вршење на увид на Регулаторна комисија и не ја достави на увид целокупната документација потребна за вршење на увидот (член 122 став (4) од овој закон). (3) Глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 88.000 до 98.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на давател на услуга, доколку: наплаќа цена за отпад во која тарифата за отпад не е одобрена од страна на Регулаторната комисија (член 105 став (12) од овој закон) и не започнал со примена на одобрената тарифа за отпад во период подолг од шест месеци од денот кога требал да започне со примена на одобрената тарифа за отпад (член 109 став (2) и член 109 став (10) од овој закон). (4) На одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставоvi (1), (2) и (3) na овој член ќе му се изрече глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за микро трговец, 1.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, 3.000 евра во денарска противвредност за среден трговец и 5.000 евра во денарска противвредност за голем трговец. (5) Надлежен прекршочен орган за прекршоците од овој член е надлежниот суд. Член 134 Прекршочни санкции за физички лица (1) Глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок доколку остава, фрла и/или напушта секаков вид на отпад (отпадни масла, градежен шут, отпадни гуми и друг вид на отпад) во природата или на патишта (член 37 став (6) од овој закон). (2) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок доколку отстранува (спалува и/или закопува) секаков вид на отпад (отпадни гуми, отпадни масла и друг вид на отпад) во природата и/или патиштата (член 37 став (6) од овој закон). (3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за дејствијата од ставовите (1) и (2) на овој член доколку истите се оставени, фрлени или напуштени покрај водни тела или во водни тела (реки, езера, бари, мочуришта и слично). (4) Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице доколку не врши селекција и не го одлага отпадот во посебните садови за таа намена согласно со членот 63 став (3) од овој закон. (5) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочни санкции од овој член е Прекршочната комисија. Член 135 Прекршочни санкции за службени лица (1) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на службеното лице доколку не ги објави податоците за управување со отпад (член 102 од овој закон). (2) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на градоначалникот доколку: постапува во спротивност со членот 28 став (1) од овој закон, не постапи во согласност со членот 38 став (3) од овој закон, не ги предложи условите, начинот и шемите за собирање и транспортирање на комуналниот отпад во согласност со членот 61 став (1) од овој закон и не определи собирни места и собирни центри согласно со членот 62 од овој закон. (3) Надлежен орган за изрекување на прекршочни санкции од овој член е надлежниот суд. Член 136 Постапка за порамнување и спогодување (1) За прекршоците утврдени во членот 130 од овој закон надлежните инспектори се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (2) За прекршоците утврдени членовите 131 и 132 од овој закон, надлежните инспектори се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за спогодување согласно со Законот за животна средина и Законот за прекршоците. (3) Министерот кој раководи со органот за животната средина ја пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог. Член 137 Водење на прекршочната постапка Прекршочната постапка се води согласно со прописите за прекршоци и прописите за животната средина и Законот за прекршоците. XVI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 138 Донесување на плански и програмски документи за управување со отпад (1) Регионалните планови за управување со отпад од членот 24 од овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Планот за спречување за создавање на отпадот од членот 25 од овој закон ќе се донесе во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. (3) Програмите за управување со отпад од членот 27 од овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот навлегувањето во сила на овој закон. (4) Планот за управување со отпад на Република Северна Македонија 2021 – 2031 донесен согласно со Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 71/2004, 107/2007 102/2008, 143/2008, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 31/20), ќе продолжи да важи до истекот на неговиот рок или до донесувањето на Планот од член 23 од овој закон. (5) Регионалните планови од ставот (1) на овој член кои се донесени до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе продолжат да важат до истекот на нивниот рок, или до донесување на регионални планови за управување со отпад од членот 24 од овој закон. Член 139 Затворање на постоечки нестандардни депонии и воспоставување на регионална депонија за неопасен отпад (1) Органот за животната средина, градоначалниците на општините и градоначалникот на градот Скопје ќе ги преземат сите неопходни мерки за затворање на постоечките нестандардни локации за отстранување на отпад идентификувани во Планот за управување со отпад на Република Северна Македонија 2021 – 2031, кои не поседуваат дозвола за вршење на дејноста за отстранување на отпад согласно со одредбите од овој закон. (2) Организационата единица од членот 35 од овој закон, градоначалниците на општините и градоначалникот на град Скопје во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон се должни да ги затворат и рекултивираат постоечките нестандардни локации за отстранување на отпад од ставот (1) од овој закон. (3) По исклучок од ставот (1) на овој член, до основањето на регионалните депонии од членот 71 став (1) од овој закон, општините и градот Скопје преку давателот на услугата од членот 6 став (1) точка 25 од овој закон, отстранувањето на комуналниот отпад го вршат на идентификуваните нестандардни локации за отстранување на отпад на нивната територија или во друга најблиска општина, која е идентификувана како локација со помал или среден ризик согласно со Планот за управување со отпад на Република Северна Македонија 2021 – 2031. (4) Идентификуваните локации за отстранување на отпад со висок ризик согласно со Планот за управување со отпад на Република Северна Македонија 2021 – 2031 не смеат да се користат од страна на општините и градот Скопје за отстранување на отпад. (5) До основањето на регионалните депонии од членот 71 став (1) од овој закон, градоначалниците на општините и градоначалникот на градот Скопје ќе ги преземат сите неопходни мерки за најбезбедно работење на постоечките нестандардни локации за отстранување на отпад идентификувани во Планот за управување со отпад на Република Северна Македонија 2021 – 2031. (6) Градоначалникот на општината и градот Скопје управува со начинот на работа и постапување со постоечките нестандардни локации за отстранување на отпад од ставот (3) на овој член, се до воспоставување на регионална депонија за отстранување на отпад на нивниот регион. (7) Доколку регионалното управување со отпад не се воспостави за период до десет години од моментот на влегувањето во сила на овој закон, општините и градот Скопје отстранувањето на отпадот ќе го вршат во најблиската воспоставена регионална депонија согласно со одредбите на овој закон. (8) Организационата единица од членот 35 од овој закон, градоначалникот на општините и градоначалникот на град Скопје во рок од три години од престанувањето на употребата на нестандардните локации за отстранување на отпад се должни да ги затворат и рекултивираат постоечките нестандардни локации за отстранување на отпад од ставот (3) од овој закон. Член 140 Усогласување на работењето на правните лица кои управуваат со отпад и управителите за отпад (1) Правните и физичките лица кои ги вршат дејностите на управување со отпад се должни да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон, во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Правните и физичките лица кои се обврзани да поседуваат дозвола за управување со отпад, се должни да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон, во рок од една година од денот на неговото влегувањето во сила на овој закон. (3) Започнатите постапки до денот на влегувањето во сила на овој ќе завршат според одредбите на Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 71/2004, 107/2007, 102/2008, 143/2008, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 31/20). Член 141 Собирање и селектирање на комунален отпад и тарифи за отпад (1) Градоначалникот на општината и градот Скопје согласно со членот 62 од овој закон е должен во рок од шест месеци, од денот на влегувањето во сила на овој закон да определи места за собирање и селектирање на комунален отпад. (2) Давателите на услугите се должни во рок од шест месеци по назначувањето на местата за собирање и селектирање на комунален отпад определени од градоначалникот на општината и градот Скопје од ставот (1) на овој член да постават садови за собирање и за селектирање на отпад согласно со членот 62 од овој закон. (3) Правните и физичките лица кои поседуваат ПХБ, искористени ПХБ и опрема која содржи или содржела ПХБ се должни да ги пријават количеството, потеклото, природата и содржината на ПХБ, искористените ПХБ и опремата која содржи или содржела ПХБ, до стручниот орган, во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 142 Воспоставување на регионален систем (1) Советот на општината и Советот на градот Скопје во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон се должни да донесат одлука за склучување на спогодба за воспоставување на регионален систем од членот 31 став (1) од овој закон. (2) За секој регион, меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад од членот 32 од овој закон, ќе се формира во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (3) Првата конститутивна седница на одборот од членот 32 од овој закон ја свикува градоначалникот на општината со најголем број жители во регионот за управување со отпад, во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (4) Организационата единица од членот 35 од овој закон ќе се воспостави во рок од шест месеци од денот на склучувањето на спогодбите за воспоставување на регионален систем. (5) Спогодбите за воспоставување на регионален систем од членот 31 став (1) од овој закон донесени пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да важат. (6) Меѓуопштинските одбори за управување со отпад од членот 32 од овој закон кои се формирани пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да работат согласно со одредбите на овој закон. (7) Организационите единици од членот 35 од овој закон, воспоставени пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да работат согласно со одредбите на овој закон. Член 143 Спроведување на испит за управување со отпад (1) Првиот испит за управител за отпад, односно виш управител со отпад од членовите 48 и 49 од овој закон ќе се одржи во рок од најмногу 16 месеци од денот на овластувањето на правното лице од членот 47 став (5) од овој закон. (2) Комисијата од членот 47 став (6) од овој закон, ќе се формира во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (3) Министерот ќе овласти правно лице од членот 47 став (5) од овој закон во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. (4) Управителите со отпад кои положиле испит за управител со отпад согласно со Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 71/2004, 107/2007, 102/2008, 143/2008, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 31/20), во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон се должни да достават барање за регистрација во Листата од членот 47 став (15) од овој закон. Член 144 Тарифа за отпад (1) Подзаконските прописи кои произлегуваат од Глава XIII. „Финансирање“ од овој закон, а кои се однесуваат на утврдување на тарифата за отпад ќе се донесат најдоцна до 31 декември 2022 година. (2) Давателите на услуга за собирање и транспортирање на отпад барањата за утврдување на тарифата за отпад од членот 107 став (4) од овој закон ќе започнат да ги поднесуваат од 1 август 2023 година, а најдоцна до 31 декември 2023 година. (3) Одредбите од Глава XIII. „Финансирање“ кои се однесуваат на плаќање на тарифата за отпад ќе започнат да се применуваат од 1 јуни 2024 година. Член 145 Донесување на прописи (1) Поблиските прописи за спроведување на овој закон ќе се донесат во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До денот на влегувањето во сила на поблиските прописи од ставот (1) на овој член ќе се применуваат постојните прописи. Член 146 Примена на одредбите за видови и класификација на отпад Одредбите од членовите 17, 18, 19 и 20 од овој закон ќе започнат да се применуваат со денот на влегувањето во сила на прописите од членот 17 став (2), членот 18 став (16), членот 19 став (2) и членот 20 став (6) од овој закон. Член 147 Такса за депонии Одредбите од членот 82 и членот 132 став (1) точка 25) од овој закон кои се однесуваат на воспоставувањето на такса за депонирање на отпад ќе започнат да се применуваат со денот на влегувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија. Член 148 (1) Одредбите од членовите 81, 105, 106, 107, 108, 109, 110, 111, 112 и 122 од овој закон кои се однесуваат на надлежноста на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе започнат да се применуваат во рок од седум месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Одредбите од постојните закони кои ги уредуваат прашањата во врска со надлежноста на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги што се уредени со овој закон треба да се усогласат со одредбите на овој закон во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 149 Престанување на важноста (1) Со денот на започнувањето на примената на овој закон престанува да важи Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија” број 68/2004, 71/2004, 107/2007, 102/2008, 143/2008, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 31/20). (2) Со денот на започнувањето на примената на Правилникот за утврдување на тарифа за отпад од членот 107 од овој закон престанува да важи Методологијата за пресметување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпад („Службен весник на Република Македонија“ број 30/13). Член 150 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Law on waste management · Nelum