Law on State Agriculture Inspectorate
Made 2009-02-12 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Законот за државниот инспекторат за земјоделство.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Agricultural and rural development
- Keywords
- agricultural development, agricultural land, inspection, institution, offences/penalties, legal proceedings/administrative proceedings, governance
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
ЗАКОН ЗА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО („Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/09, 53/11, 164/15, 45/14, 55/15, 88/15, 149/15, 39/16, 172/16 и 85/18) . ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредуваат начелата, организацијата, надлежноста, овластувањата и постапката на инспекцискиот надзор од страна на инспекторите во Државниот инспекторат за земјоделство. Цел на Законот Член 2 Со овој закон се обезбедува организирано и ефикасно вршење на инспекциски надзор во областа на земјоделството, руралниот развој, рибарството и аквакултурата, на територијата на Република Македонија. Организација Член 5 Работите на инспекциски надзор од областа на земјоделството, руралниот развој, рибарството и аквакултурата, ги врши Државниот инспекторат за земјоделство (во натамошниот текст: Инспекторатот), како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Министерството). Државниот инспекторат за земјоделство е со својство на правно лице, има сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно со закон и одлучува за правата и обврските од работен однос. Во меѓународен правен промет инспекторатот ќе го користи називот Фкаќе АдисиКкигиа! |порескогаќе (5А!). Постапки Член 4 Во постапката на инспекцискиот надзор се применува Законот за општа управна постапкаи Законот за инспекцискиот надзор, ако со овој закон или друг закон од областа на земјоделството, руралниот развој, рибарството и аквакултурата, поинаку не е уредено. 1. НАЧЕЛА Начело на транспарентности јавност Член 5 При вршење на работите Инспекторатот ги почитува начелата на транспарентност и јавност во согласност со закон. На барање на заинтересираните правни и физички лица Инспекторатот е должен да ги достави сите неопходни информации кои би можеле да им бидат од корист, а кои се однесуваат на општата безбедност на крајните корисници и ризикот по животот и здравјето на луѓето и животните, освен информациите за кои со закон не е дозволен пристап. Начело на доверливост Член 6 Инспекторатот е должен да ги чува доверливо добиените податоци и информации, кои се достапни при извршување на работите од негова надлежност на начин и под услови утврдени со закон и друг пропис. При постоење на сериозен ризик по животот и здравјето на луѓето, животните и растенијата, директорот на Инспекторатот ги објавува информациите утврдени со инспекцискиот надзор до степен нужен за да се докаже потребата од преземени мерки согласно со закон. Начело на претпазливост и пропорционалност Член 7 Инспекторите треба да ги извршуваат должностите до степен неопходен за ефективно извршување на инспекциските контроли, притоа не мешајќи се во активностите на физичките И правните лица. Во случаите кога ќе се утврди дека прописот не е применет или неправилно е применет, секогаш кога тоа е можно и оправдано, ќе им се даде можност на контролираните субјекти да ги отстранат недостатоците, притоа почитувајќи го принципот на претпазливост и пропорционалност. Ш. ОРГАНИЗАЦИЈА Член 8 Инспекторатот работите од својата надлежност ги извршува преку: директорот на Инспекторатот (во натомошниот текст: директор), шдржавните инспектори за земјоделство и државните фитосанитарни инспектори (во натамошен текст: инспектори), стручната служба во Инспекторатот И рибочувари на државни риболовни води (во натамошниот текст: рибочувари). Член 9 Со работата на Инспекторатот раководи и управува директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија. Директорот изготвува предлог на годишна програма за работа на инспекторатот и истата ја доставува до Инспекцискиот совет најдоцна до 50 септември во тековната година за следната година. Директорот ја донесува годишната програма за работа на инспекторатот во рок од седум дена од денот на приемот на согласноста од Инспекцискиот совет, односно најдоцна до 10 декември во тековната година доколку Инспекцискиот совет не ја разгледа и не достави согласност, односно забелешки во рокот утврден со закон. Врз основа на донесената годишна програма за работа на инспекторатот, директорот подготвува квартални планови за работа на секој инспектор, кои збирно ги доставува на разгледување до Инспекцискиот совет најдоцна две недели пред почетокот на наредниот календарски квартал и тоа до 15 декември за првиот квартал од следната година, до 15 март за вториот квартал, до 15 јуни за третиот квартал, односно до 15 септември за четвртиот квартал во тековната година. Во кварталните планови за работа за секој инспектор директорот задолжително го внесува бројот на планирани надзори во наредните три месеци, како и степенот на сложеност на секој од надзорите. Врз основа на кварталните планови за секој инспектор директорот подготвува месечен план за работа, кој план содржи и распоред на надзори по датуми и по субјекти на надзор. Директорот најдоцна две недели од почетокот на тековниот календарски квартал за претходниот до Инспекцискиот совет збирно доставува квартални извештаи за работата на секој инспектор и тоа до 15 јануари за четвртиот квартал од претходната година, до 15 април за првиот квартал, до 15 јули за вториот квартал, односно до 15 октомври за третиот квартал во тековната година. Директорот најдоцна до 1 март во тековната година до Инспекцискиот совет доставува годишен извештај за работата на инспекторатот за претходната. Член 9-а За именување на директор се објавува јавен оглас во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 209 од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. Мандатот на директорот трае четири години. За директор на Инспекторатот може да биде именувано лице кое: 1) е државјанин на Република Македонија; 2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 5) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен М!1/1 степен образование; 4) има минимум пет години работно искуство; 5) има еден од следниве меѓународно признати сертификати за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ (ТОЕЕЕ!) - најмалку 74 бода, ИЕЛТС(Е То) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ(НЕО (Сатрпаде Епдион: Геда!) - најмалку Б2 (В2) ниво, ФЦЕ (ЕСЕ) (Сатрпдде Епдион: Его) - положен, БУЛАТС(ВЏАТ5) - најмалку 60 бода или АПТИС(АРТЏ) - најмалку ниво Б2 (В2). Член 10 Инспектор може да биде лице кое: едржавјанин на Република Македонија, еполнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен УИ/1 степен од областа на земјоделските науки, што се докажува со уверение, има пет години работно искуство во струката, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува потврда за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекторатот. Инспекторот има право и должност стручно да се оспособува за извршување на своите работи и работни задачи во согласност со годишната програма за специјализирана обука на инспекцискиот надзор. Во својата работа инспекторот треба да е ефикасен, совесен, одговорен и непристрасен при вршење на службените работи и задачи. При вршење на инспекцискиот надзор, инспекторот носи униформа со амблем, опрема за работа и опрема за заштита при работа. Кројот на униформата, изгледот на амблемот, опремата за работа и опремата за заштита при работа ги пропишува директорот. М. НАДЛЕЖНОСТ Член 11 Инспекторатот врши инспекциски надзор над примената на законите од областа на земјоделството, руралниот развој, рибарството и аквакултурата и на поблиските прописи донесени врз основа на законите од овие области. Инспекторатот врши и инспекциски надзор согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност. Инспекторатот во својата надлежност е овластен да врши инспекциски надзор преку контроли и прегледи на: 1) земјоделското земјиште, земјоделски посеви и насади; 2) производство и промет на производи за заштитата на растенија; 5) производство и промет на семенски и саден материјал; 4) производство и промет на ѓубриња; 5) производство и промет на квалитет на храна за животни; б) евиденција на приплоден и друг добиток, преглед на земјоделскиот имот, на објекти и опрема при држење на добитокот, врши преглед на исхраната, утврдува земјоделска инфраструктура, врши надзор на држењето на пчели и пчеларски ред за испаша, водење на матични книги и обележувања, го утврдува исполнувањето на критериумите за производство, потекло на добитокот и надзор на прометот на добитокот и приплодниот материјал, како и надзор над работата на одобрените институции и одгледувалишта на пчелни матици; 7) производство, промет и улов на риби; 8) генетски модифицирани организми; 9) радионуклиди во храна за животни, растенија и семенски материјал; 10) производство и промет на афион; 1) производство и промет на органски производи; 12) производство и промет на вино; 15) производство и промет на тутун; 14) производство и промет на цвеќе и декоративни растенија; 15) пасишта; 16) правни и физички лица за добивање на финансиска поддршка во земјоделството; 17) настанати полски штети; 18) опремата и простории каде што се врши преработка и доработка на земјоделски производи; 19) земјоделска механизација, техника и транспортни средства; 20) процесите на преработка и доработка во сите фази, се до финалниот производ; 21) зоните чувствителни на нитрати и наводнување и одводнување; 22) спроведување на препораките за добра земјоделска пракса; 25) просториите за чување и одржување на земјоделските производи и 24) деловни простории, книги, исправи, материјали во електронска форма, документација која се води и чува во електронски медии, а на барање да се изработат во писмена форма која мора веродостојно да ја потврдува електронската форма, службени регистри и други јавни бази на податоци и друга документација преку која се остварува увид во извршувањето на законите и поблиските прописи. Член 12 Инспекторатот покрај работите од членот 11 од овој закон е овластен да врши инспекциски надзор на правни и физички лица преку контрола на квалитетот и прегледи на пратките од увоз, извоз, производство, откуп, промет на земјоделски производи, семе и саден материјал, цвеќе и декоративни растенија, производи за заштита на растенија, вино и производи од вино и грозје, енолошки средства, јаки алкохолни пијалаци, ѓубриња, тутун и тутунски производи, органски производи, гмо, храна за животни, приплоден добиток, сперма од добиток, јајце клетки, ембриони. Инспекторатот врши и фитосанитарна контрола на пратки од растенија, растителни производи и други објекти и предмети и производи за заштита на растенијата како и утврдување за исполнување на условите за издавање на фитосанитарен сертификат, фитосанитарен сертификат за реекспорт и пасош за растенијата. Покрај работите од ставовите Ти 2 на овој член, Инспекторатот постапува по барања од правни и физички лица за проверување и утврдување на исполнување на условите за увоз на одделни земјоделски производи, за прозводство и откуп на земјоделски производи и тутун, како и за утврдување на исполнување на условите за регистрација на откупни пунктови, винарски визби, рибници, пломбирање на мрежи. За извршените контроли на квалитет од ставот 1 на овој член, Инспекторатот издава уверение за квалитет-сертификат. Правните и физички лица од ставовите Ти 2 на овој член, се должни да поднесат барање до Инспекторатот и во истото да дадат точни податоци со комплетна документација за потребната контрола. Контролите на квалитет на пратки од увоз се вршат на место на истовар, а за пратки за внатрешен промет и за извоз се вршат на местото на утовар. Местото на истовар, односно утовар, мора да биде наведено во транспортниот документ. Правните и физичките лица не смеат да пуштат во промет пратки од увоз без уверение за квалитет-сертификат, додека за пратките за извоз и внатрешен промет уверение за квалитет сертификат се издава на нивно барање. Царинската управа нема да дозволи, спроведе увозна постапка, доколку претходно не е поднесено барање за издавање на уверение за квалитет-сертификат од правно или физичко лице-трговец поединец. Формата, содржината и начинот за издавање на уверението за квалитет-сертификат и образецот на барањето ги пропишува министерот на предлог на директорот. За извршените работи од ставовите 1, 2 и 3 на овој член се наплатува надоместок. Висината на надоместокот за вршење на работите од ставовите 1, 2 и 5 на овој член се утврдува врз основа на реалните трошоци направени од страна на Инспекторатот при спроведување на постапките при вршење на инспекцискиот надзор и истите се сопствени приходи. Висината на надоместокот од ставот 10 на овој член на предлог на директорот ја пропишува министерот на кој согласност дава Владата на Република Македонија. Член 12-а Инспекторот е должен во рок од три работни дена од денот на добиените резултати да издаде уверение за квалитет-сертификат. Член 12-6 Рибочуварите ги чуваат државните риболовни води кои не се дадени на концесија за риби од бесправен риболов и риболовни кражби. При контролата рибочуварот има право од лицата кои ловат риба од брег и од пловен објект, како и од лицата кои се наоѓаат во непосредна близина на риболовната вода: да побара документ за лична идентификација, да врши преглед на средствата со кои лицето дошло до риболовната вода, да побара легитимација и дозвола за вршење риболов согласно со Законот за рибарство и аквакултура и да ги одземе привремено риболовните средства и уловената риба доколку утврди неправилности. При чувањето рибочуварот составува записник и доколку констатира неправилност привремено ги одзема риболовните средства и риба за што издава потврда за привремено одземени риболовни средства и риба, а одземените риболовни средства и риба со целокупната документација ги доставува до инспектор. Ум. ОВЛАСТУВАЊЕ Член 15 Овластувањето за вршење на инспекциски надзор, инспекторот го докажува со службена легитимација со амблем. Со легитимацијата со амблем се утврдува службеното својство на инспекторот и при инспекцискиот надзор е должен да ја покаже. Формата и содржината на образецот на службената легитимација со амблемот, како и начинот на издавање и одземање на службената легитимација од ставот 1 на овој член ја пропишува министерот. Овластувањето за чување на државните риболовни води кои не се дадени на концесија за риби рибочуварот го докажува со легитимација. Формата и содржината на легитимацијата на рибочуварот како и начинот на издавање и одземање на истата ги пропишува министерот. Член 14 Во случај кога е утврдено дека има основ за постоење на кривично дело, инспекторот е должен да поднесе пријава за покренување на кривична постапка. МЕ. ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Член 15 Инспекторот работите од својата надлежност ги врши самостојно и презема мерки, врз основа и во рамките утврдени со овој закон и други закони, кои му се во делокругот на работење, како и поблиските прописи донесени врз основа на овие закони. При вршење на инспекциски надзор, инспекторот е овластен да врши надзор на органи во состав на Министерството, јавните претпријатија, јавни научни и образовни установи, агроберзи, агенции, трговски друштва, правни лица, здруженија на граѓани и физички лица (во натамошниот текст: субјекти), кои вршат дејност од областа на земјоделството, руралниот развој, рибарството и аквакултурата. Член 15-а Во согласност со закон, заради отстранување на утврдените неправилности, инспекторот има право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; 2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекторот; 5) привремено да му забрани вршење на дејност, професија или должност; 4) привремено да му одземе предмети и средства со кои е сторено кривичното дело или прекршокот во согласност со закон; 5) да му поднесе барање за поведување прекршочна постапка и 6) да му поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка. Заради отстранување на утврдените недостатоци инспекторот може да врши и други овластувања и одговорности во согласност со овој или друг закон. Член 16 Ако инспекторот утврди дека постои основ за преземање на дејствија од друг надлежен орган е должен, без одлагање, да го извести тој орган. Член 17 При извршување на инспекцискиот надзор, секој инспектор користи службен печат со број, соодветен на бројот на неговата легитимација од членот 13 на овој закон. Формата и содржината на печатот, како и начинот на издавање и одземање на печатот од ставот 1 на овој член, ја пропишува министерот. Член 18 е избришан. Член 19 е избришан. Член 20 Ако инспекторот при вршење на инспекцискиот надзор утврди дека законот или друг пропис не е применет или е неправилно применет од страна на правното или физичкото лице, е должен да донесе решение со кое ќе се нареди да се отстранат неправилности во определен рок. Правното или физичкото лице од ставот 1 на овој член е должно да ги отстрани неправилностите утврдени со решение во определен рок. Решението од ставот 1 на овој член има сила на извршна исправа. Правното или физичкото лице е должно писмено да го извести инспекторот за отстранетите неправилности, наредени со решение. Инспекторот може да донесе и решение со кое ќе забрани вршење на дејност и да преземе мерки за запечатување на објект, опрема или просторија во која се врши дејноста, како последна мерка по утврдување дека нема други мерки, за заштита на животот, здравјето на луѓето, животните, растенијата од сериозен ризик и од обезбедување на докази. Запечатувањето се врши со жиг на инспекторот и лента со натпис “ЗАТВОРЕНО ОД ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО“. Жигот и лентата ќе бидат отстранети, без одлагање, по завршување на инспекцискиот надзор, откако сите ризици се отстранети и доказите се обезбедени. Во случај кога е потребно инспекторот може да врши пломбирање на предмети, средства, производи, растенија со оловни пломби и се запечатуваат со клешти за пломбирање кои имаат број. Во случаите од ставот 8 на овој член правното или физичкото лице е должно да овозможи пломбирање на објектот, опремата или просторијата. Пломбите од ставот 8 на овој член можат да бидат отстранети, сменети или уништени само од страна на инспекторот кој ги поставил истите. При контролата, доколку е потребно, инспекторот користи стоп таблица. Формата, содржината и начинот на употреба на стоп таблицата ја пропишува министерот. Формата, содржината на жигот и лентата ги пропишува министерот. Член 21 Против решението на инспекторот од членот 20 став (1) од овој закон може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. По жалба против одлуките на инспекторот во Инспекторатот одлучува Државна комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението на инспекторот не го одлага извршувањето на решението. Член 22 Во случај ако инспекторот се посомнева во декларираниот квалитет на производите, зема потребен број на примероци на пропишан начин и ги доставува на овластената установа за анализа, која е должна истите да ги испита и резултатот да го достави до инспекторатот во рок од пет дена од денот на приемот на примерокот. При земање на примероците инспекторот составува записник каде што детално ја наведува причината за земање на истите. Инспекторот за утврдување на декларираниот квалитет на производите, на граничните премини и царинските терминали, може да земе потребен број на примероци. За резултатите од извршената анализа, инспекторот е должен веднаш писмено да го извести правното или физичкото лице од кое се земени примероците. Ако правното или физичко лице не е задоволно од резултатите на анализата, може да побара да се изврши супер анализа, во рок од осум дена од денот на приемот на резултатите. Доколку резултатите на супер анализата и анализата се различни, се зема резултатот на супер анализата. Трошоците за анализа или супер анализа, како и трошоците за транспорт и уништување, ги поднесува увозникот или извозникот. Земените примероци се запечатуваат со клешти за пломбирање, со оловни пломби кои имаат број. Пломбите од ставот 8 на овој член можат да бидат отстранети, сменети или уништени, само од страна на инспекторот кој ги поставил истите. Привремено одземање на предмети Член 22-а Инспекторот може во рамките на вршењето на инспекцискиот надзор, привремено да одземе документи, материјали, средства и други предмети кои можат да послужат како доказ во соодветната постапка. Привремено одземените предмети од ставот 1 на овој член се задржуваат до донесувањето на правосилна одлука во постапката. Инспекторот е должен привремено да одземе предмети, согласно со законите од областа на земјоделството и други закони кои се тесно поврзани со оваа проблематика, а се однесуваат за потешките прекршоци и кривични дела. Обезбедување услови за привремено одземање на предмети Член 22-6 Надлежната инспекциска служба е должна да обезбеди услови за чување на привремено одземените предмети на инспекциски надзор до нивното предавање на органот надлежен за водење на соодветната постапка, согласно со Законот за управување со конфискуван имот, имот на корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. Член 25 Ако одземените предмети, производи, растенија и риби се со неутврден квалитет и подложен на брзо расипување или пропаѓање инспекторот со решение ќе нареди нивно уништување. Кога одземените предмети, производи, растенија и риби се од непознати или познати лица Инспекторатот може да ги продаде или уништи комисиски. Комисијата ја формира директор. Средствата добиени од продажба се приход на Буџетот на инспекторатот. Формата и содржината на образецот на потврдата за привремено одземени предмети, средства, производи, растенија и риби, како и цената на одземените предмети, средства, производи, растенија и риби, кои се предмет на продажба, ги пропишува министерот. Член 24 При вршењето на инспекцискиот надзор, доколку инспекторот има потреба од трошоци кои се неопходни за откривање на сторителите на прекршоци, како и за транспорт на предмети, средства, производи, растенија, риби и друго, кои претставуваат предмет за сторен прекршок или кривично дело, истите се на товар на инспекторатот. Инспекторот за оправданоста и висината на трошоците од ставот 1 на овој член, потребно е претходно да добие одобрение од директорот. Итна постапка Член 24-а Постапката по барањата и пријавите на инспекторите е итна. Надлежниот орган е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на поднесувањето да ги земе на разгледување барањата на инспекторите, доколку не е определен пократок рок со овој или друг закон. Соработка на инспекциските служби во вршење на заеднички надзор Член 24-6 Заради вршење на заедничкиот надзор Инспекторатот е должен да: 1) ги усогласи програмите и плановите за работа; 2) го планира заедничкото вршење на надзорот и 5) разменува искуства и да ги усогласува ставовите за начинот и методите на работа и други прашања. Заради вршење на заедничкиот надзор инспекторатите, организационите единици во рамките на другите органи на државната управа и единиците на локалната самоуправа и градот Скопје одржуваат заеднички состаноци, консултации, советувања и други облици на меѓусебна соработка. Заедничкиот надзор согласно со ставовите Ти 2 на овој член ќе се врши со: 1) Државниот пазарен инспекторат; 2) Државниот инспекторат за животна средина; 5) Агенција за храна и ветеринарство и 4) по потреба и со други државни органи и институции. Член 24-В Субјектите од членот 15 од овој закон кои подлежат на контрола од Инспекторатот се должни телефонскиот и бесплатниот телефонски број на Инспекторатот за пријавување на неправилности да го истакнат на видно место на влезот на објектот. МИ. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА, ПОСТАПКА ЗА ПОРАМНУВАЊЕ И ПОСРЕДУВАЊЕ Член 25 За одделни прекршоци кога тоа е определено со закон, инспекторот води постапка за порамнување и постапка за спогодување, согласно Законот за прекршоците. Доколку прекршителот не постапи по одредбите од ставот 1 на овој член инспекторот поведува прекршочна постапка, во рок и постапка, определена со закон. Член 26 Министерот може да формира прекршочна комисија која ќе биде надлежна за водење на прекршочна постапка, за прекршоци од одделни области и за одделни подрачја од Република Македонија, во согласност со надлежноста на апелационите судови определена со Законот за судовите. Прекршочната комисија (во натамошниот текст: Комисијата) е составена од три члена и нивни заменици од кои: еден дипломиран правник со пет години работно искуство во струката, со положен правосуден испит од редовите на вработените во Министерството; еден дипломиран земјоделски инжинер, со три години работно искуство во струката од редовите на вработените во Министерството и еден дипломиран земјоделски инжинер со пет години работно искуство во струката од редовите на вработените во Инспекторатот. Мандатот на членовите на Комисијата за одлучување за прекршоци трае три години, со право на реизбор на членовите. Претседател на Комисијата треба да биде лице со завршен правен факултет и положен правосуден испит. Комисијата донесува деловник за својата работа. Против одлуката на прекршочната комисија може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во втор степен од областа за инспекциски надзор и прекршочната постапка, согласно Законот за прекршоците. Против одлуката за прекршок што ја донела Државна комисија за одлучување во втор степен од областа за инспекциски надзор и прекршочната постапка, може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд, согласно Законот за прекршоците. Член 27 Комисијата има право да изведува докази и собира податоци кои се неопходни за утврдување на прекршокот, како и да врши други работи и презема дејствија утврдени со овој закон, Законот за прекршоците или со друг закон. Членовите на Комисијата се самостојни и независни во работата на Комисијата и одлучуваат самостојно и по слободна оцена на доказите во рамките на овластувањата утврдени со закон. Комисијата одлучува со мнозинство гласови од вкупен број членови. Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот, во согласност со министерот за правда. Со актот од ставот 4 на овој член се пропишува и начинот на пристап до информациите кои се содржани во евиденцијата. Глобата која ја плаќа сторителот на прекршокот, согласно со Законот за прекршоците, го уплатува на соодветна сметка во рамките на трезорска сметка и истиот е приход на Буџетот на Република Македонија. Член 28 Претседател и член на Комисија може да се разреши: со истекот на рокот со кој е именуван за член, по негово барање, со исполнување на услови за пензија согласно со закон, ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело, (Се укинува со Одлука на Уставен суд на Република Македонија објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 127/10) ако се утврди трајна неспособност за работа, ако се утврди прекршување на прописите за водење на прекршочна постапка со правосилна одлука и ако не ги исполнува обврските кои произлегуваат од работењето во Комисијата. Предлог за разрешување на претседател и член на Комисијата за случаите од ставот 1 алинеи 5 и 7 на овој член поднесува директорот до министерот. Член 29 е избришан. Член 50 е избришан. Член 51 е избришан. Член 32 е избришан. МИ. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 53 Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) дава неточни податоци увезува и пушта во промет пратки без издадено уверение за квалитет сертификат (член 12 став 5и 7); 2) при вршење на инспекциски надзор на инспекторот не му овозможува непречен пристап на простории, објекти, опрема, превозни средства, имот и друго, како и не му ја дава потребната документација и дава невистинити податоци и информации, спротивно на членот 18 став 1 од овој закон; 5) не постапува по решението на инспекторот, спротивно на членот 20 став 2 од овој закон; 4) не му дозволува на инспекторот да изврши пломбирање, ставање на жиг и поставување на лента, спротивно на членот 20 став 6 од овој закони 5) не изготвува извештај за испитување на примероците и, по завршување на испитувањето, не го достави извештајот до инспекторот во рок од пет дена, спротивно на членот 22 став 1 од овој закон. Глоба во износ од 409 од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. За прекршокот од ставот 1 на овој член, освен глоба на правното лице ќе му се изречеи прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од шест месеца до една година. Покрај глобата за прекршоците од ставот 1 на овој член може да се изрече посебна прекршочна мерка, одземање на предмети, средства, производи, растенија, риби и друго што се употребени за извршување на прекршокот, како и конфискација на имот и имотна корист прибавени со прекршокот. Член 53-а Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако спротивно на членот 20 став 4 од овој закон писмено не го извести инспекторот за отстранетите неправилности, наредени со решение. Глоба во износ од 20“о од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. Член 55-6 Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако по прва опомена не го истакне телефонскиот број на Инспекторатот (член 24-В). Глоба во износ од 2075 од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. Член 553-В Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на инспекторот ако не издаде уверение за квалитет-сертификат во предвиден рок (член 12-а). Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на Директорот за прекршокот од ставот 1 на овој член. Член 54 Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на физичко лице за сторен прекршок од членот 53 на овој закон. Покрај глобата од ставот 1 на овој член може да се изрече посебна прекршочна мерка одземање на предмети, средства, производи, растенија, риби и друго што се употребени за извршување на прекршокот, како и конфискација на имот и имотна корист прибавени со прекршокот. Член 54-а Глоба во износ од 200 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на физичко лице за прекршок од членот 23-а на овој закон. Член 24-6 Прекршочна постапка се води и се изрекува прекршочна санкција за прекршоците предвидени со овој закон пред надлежниот суд. Член 54-В Одмерувањето на висината на глобите на правните лица се врши согласно одредбите на Законот за прекршоците. (Х. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 55 Со денот на влегувањето во сила на овој закон државните фитосанитарни инспектори продолжуваат со работа во Државниот инспекторат за земјоделство. Член 26 Поблиските прописи, предвидени со овој закон, ќе се донесат во рок од осум месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. До денот на влегувањето во сила на прописите од ставот 1 на овој член продолжуваат да се применуваат прописите кои биле донесени врз основа на Законот кој престанува да важи со влегувањето во сила на овој закон. Член 57 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за земјоделската инспекција (“Службен весник на Република Македонија“ број 38/2004 и 89/2008). Член 58 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. ВАЖЕЧКИ ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ ОД НОВЕЛИТЕ НА ЗАКОНОТ . „Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/11 Член 14 Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и10 на овој закон ќе отпочнат да се применуваат со отпочнување на примената на Законот за инспекцискиот надзор. 1. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 45/14 Член 2 Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство именуван до денот на започнувањето на примената на овој закон продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е именуван. 1. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 33/15 Член 2 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", а ќе отпочне да се применува од денот на отпочнувањето на примената на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност („Службен весник на Република Македонија" број 199/14). МУ. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/16 Член 5 Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. Мм. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 85/18 Член 5 Одредбите од членот -а став 3 точка 5) од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на Република Македонија“ број 20/2009, 53/11, 164/13, 45/14, 55/15, 88/15,149/15, 59/16 и 172/16) и одредбите од членот 1 од овој закон со кој членот -а став 5 точка 5) се дополнува со нова алинеја 6, нема да се применуваат од денот на влегувањето во сила на овој закон до 1 септември 2018 година. Член 4 Директорот кој е именуван во периодот од денот на влегувањето во сила на овој закон до 1 септември 2018 година, е должен да го исполни условот за познавање на странски јазик најдоцна во рок од една година од денот на неговото именување. На директорот кој нема да го исполни условот за познавање на странски јазик во рокот утврден во ставот 1 на овој член му престанува мандатот.