Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on seed material, planting material and material for propagation, recognition, approval and protection of variety

Made 2000-05-24 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, признавање, одобрување и заштита на сорта.
Language
Macedonian
Kind
Act
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
plant production, plant protection, plant variety, seeds/planting material, inspection, internal trade, international trade, certification, classification/declassification, offences/penalties, crops, processing/handling, basic legislation
Categories
*, agriculture

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ, САДЕН МАТЕРИЈАЛ И МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ, ПРИЗНАВАЊЕ, ОДОБРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА СОРТА 1. Се прогласува Законот за семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, признавање, одобрување и заштита на сорта, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 мај 2000 година. Бр. 07-2028/1 Претседател 11 мај 2000 година на Република Македонија, Скопје Борис Трајковски, с.р. Потпретседател на Собранието на Република Македонија, Илјаз Халими, с.р. З А К О Н ЗА СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ, САДЕН МАТЕРИЈАЛ И МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ, ПРИЗНАВАЊЕ, ОДОБРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА СОРТА I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредува производството, доработката, прометот и извозот и увозот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување од растително потекло, како и признавањето, одобрувањето и заштитата на сортата со исклучок на се менскиот материјал и садниот материјал од шумски растенија. Член 2 Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Семенски материјал е материјал кој е наменет за производство на растенија, кои се размножуваат генеративно; 2. Саден материјал од луковици и кртоли е материјал што е наменет за производство на растенија добиен од луковици и кртоли; 3. Саден материјал е материјал што е наменет за производство на растенија од винова лоза и овошки, кој се размножува вегетативно и генеративно; 4. Материјал за размножување се растенија и делови од растенија од градинарски растенија (зеленчук), овошни растенија, лоза и украсни растенија, што се наменети за производство на растенија или посебно за одгледување добиен во инвитро систем; 5. Предосновен семенски материјал е материјал од претходен степен од било која генерација од родителските компоненти и основното семе, а претставува најмала 1 количина на семе која одгледувачот ја користи за одржување на сортата и за производство на основното семе; 6. Основен семенски материјал е материјал кој е произведен од одржувачот, согласно со прифатениот метод за одржување на сортата, внесена во листата на сорти или под чија контрола и упатство е добиен и признат како основен семенски материјал, наменет за про изводство на сертифициран семенски материјал; 7. Сертифициран семенски материјал е материјал кој е добиен непосредно од основниот семенски материјал или од семенски материјал од претходен степен кој ги исполнува условите утврдени за сертифициран семенски материјал; 8. Сертифициран семенски материјал прва генерација е материјал кој е добиен од сертифициран семенски материјал и ги исполнува условите утврдени за сертифициран семенски материјал прва генерација; 9. Стандарден семенски материјал е материјал кој е застапен само кај градинарските растенија, одобрени или внесени сорти во листа на сорти, што одговараат на условите утврдени за стандарден семенски материјал; 10. Трговски семенски материјал е материјал на одредени видови растенија, освен зеленчуковите видови што одговара на видот и е одобрен како трговски семенски материјал во посебни услови; 11. Предосновен саден материјал е материјал од претходен степен од било која генерација од родителските компоненти и основниот саден материјал кој претставува најмала количина која одгледувачот ја користи за одржување на сортата и за производство на основниот саден материјал; 12. Основен саден материјал е материјал кој е произведен од одржувачот, согласно со прифатениот метод за одржување на сортата, внесена во листата на сорти или под чија контрола и упатство е добиен и признат како основен саден материјал, наменет за произ водство на сертифициран саден материјал; 13. Сертифициран саден материјал е материјал кој е добиен од основен саден материјал (матични растенија) кој ги исполнува условите утврдени за сертифициран саден материјал; 14. Сертифициран материјал за размножување е материјал кој е добиен од основен материјал за размножување кој ги исполнува условите утврдени за сертифициран саден материјал за размножување; 15. Стандарден саден материјал е материјал од одобрени сорти винова лоза, овошни растенија и украсни растенија кои одговараат на утврдените услови за стандарден саден материјал; 16. Стандарден материјал за размножување е материјал од одобрени сорти винова лоза, овошни растенија и украсни растенија кои одговараат на утврдените услови за стандарден материјал за размножување; 17. Трговски саден материјал е материјал на одредени видови што одговара на видот и е одобрен како трговски саден материјал; 18. Трговски материјал за размножување е материјал на одредени видови што одговара на видот и е одобрен како трговски материјал за размножување; 19. Мешавина на семенски материјал е материјал на одредени видови, сорти или категории во меѓусебни мешавини; 20. Вид (Species) е целокупност на индивидуи со исто потекло видови растенија, збирки и поделби на видо-вите растенија; 21. Наследни компоненти се родителски форми, сорти и линии одгледувани за создавање на други сорти; 22. Сорта е група растенија-индивидуи карактеристични по некоја важна стопанска особина; 2 23. Линија-клон е потомство од едно самооплодено растение; 24. Род е повеќе блиски видови растенија групирани според важни заеднички карактеристики; 25. Автор е создавач и одржувач на сортата; 26. Сопственик на сорта е правно и физичко лице кое ја создало сортата; 27. Одржувач е автор-создавач, правно и физичко лице овластено од авторот и сопственикот и правно и физичко лице определено со лиценца за одгледување на сортата; 28. Производство е процес на добивање на категорија на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, под стручна и здравствена контрола од овластени правни лица; 29. Доработка е процес на сушење, пречистување, сортирање, гланцирање, дробење, грушење, обеззаразување, пакување, пломбирање, сертифицирање, сместување и чување на семето; 30. Пуштање во промет е понуда, чување на залихи за издавање и секој вид, давање на други правни лица на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување; 31. Увоз и извоз е пуштање во промет на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување во и од Република Македонија; 32. Листа на сорти е листа на одобрени и заштитени сорти; 33. Листа на видови растенија е листа на одобрени видови растенија; 34. Земја-членка е земја-членка на Европската унија; 35. Членка на меѓународното здружение е држава, која е член на Меѓународното здружение за заштита и одгледување на растенијата и 36. Меѓународни договори се билатерални и мултилатерални договори, како и прописи на Европската унија кон кои пристапила или ги склучила Република Македонија. Член 3 Заради вршење на работите со контролата на производството, доработката, прометот, увозот и извозот кај семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување, како и признавањето, одобрувањето и заштита на сортата се оснива Управа за семе и саден материјал ( во натамошниот текст: Управа) во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. II. ПРОИЗВОДСТВО, ДОРАБОТКА, ПРОМЕТ, УВОЗ И ИЗВОЗ НА СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ, САДЕН МАТЕРИЈАЛ И МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ Член 4 Во производство, доработка и промет може да се пушти семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување од растително потекло, ако е во листа на сорти од следниве категории: 1. Предосновен семенски материјал; 2. Основен семенски материјал; 3. Сертифициран семенски материјал; 4. Сертифициран семенски материјал прва генерација; 5. Стандарден семенски материјал; 6. Трговски семенски материјал; 7. Предосновен саден материјал; 8. Основен саден материјал; 9. Сертифициран саден материјал; 10. Сертифициран материјал за размножување; 3 11. Стандарден саден материјал; 12. Стандарден материјал за размножување; 13. Трговски саден материјал; 14. Трговски материјал за размножување и 15. Мешавина на семенски материјал. Категориите основен семенски материјал; сертифициран семенски материјал; сертифициран семенски материјал прва генерација; стандарден семенски материјал; сертифициран материјал за размножување; основен саден материјал; сертифициран саден материјал; стандарден саден материјал и стандарден материјал за размножување подлежат на испитувања и постконтрола на сортата и материјалот во текот на вегетација и во лабораторија, а категориите трговски семенски материјал, трговски саден материјал, трговски материјал за размножување и мешавина семенски материјал подлежат на контрола по потреба. Постконтролата во текот на вегетација ја врши Комисија за постконтрола формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Комисијата ја утврдува состојбата со предлог за одобрување или одбивање на посевот доставен до Управата. Пос тконтролата во лабораторија ја врши правно лице овластено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Начинот за вршење на испитувањата и постконтролата, како и висината и начинот на плаќањето на трошоците за таа намена ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 1. Производство на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување Член 5 Производство на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување може да врши трговско друштво кое ги исполнува следниве услови: 1. Да има вработено најмалку едно стручно лице со завршен Земјоделски факултет од соодветна област со работно искуство најмалку три години во производство на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување и 2. Да има обезбедено површини, објекти, опрема, соодветна лабораторија и стручна контрола. Производство на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување може да врши и физичко лице со завршен Земјоделски факултет од соодветната област со работно искуство од најмалку три години во производство на семенски материјал, садниот материјал и материјалот за размножување и да ги исполнува условите од став 1 точка 2. на овој член. Производителите од ставовите 1 и 2 на овој член се запишуваат во Регистарот на производители што се води во Управата. Член 6 За производство може да се употреби семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување ако ги исполнува следниве услови: 1. Сортата да е призната согласно со член 52 од овој закон; 2. Сортата да е објавена согласно со член 57 од овој закон; 3. Сортата да не е со изминат рок на важење согласно со член 54 од овој закон; 4. Сортата да е со потребната чистота, ртливост и здравствена состојба; 5. Да се одредени комбинациите на калемите и подлогите кај калемената винова лоза и овошките; 4 6. Да се одредени видовите кај кои основниот семенски материјал треба да се добие од признат предосновен семенски материјал; 7. Да се одредени видовите кај кои од сертифициран семенски материјал од прва генерација може да се добие сертифициран семенски материјал од втора генерација; 8. Да се одредени методите за одобрување на производството на семенски материјал; саден материјал и материјалот за размножување и за земање проби; 9. Да е обезбеден саден материјал од основен или сертифициран саден материјал за производство на саден материјал на луковици и клубени; 10. Да се одредени видовите и методите за оплеменување на материјалот за размножување и земање проби и 11. Да се намирени трошоците сврзани со одобрувањето и заштитата на сортата. Условите од став 1 точки 4, 5, 6, 7, 8 и 10 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 7 Семенски материјал и саден материјал, освен саден материјал добиен од луковици и кртоли, произведен во странство, може да биде одобрен за производство од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство без контрола на посевот во полски услови ако е: 1. основен семенски материјал и саден материјал кој е добиен од предосновен семенски материјал и предосновен саден материјал и 2. сертифициран семенски материјал и сертифициран саден материјал. Член 8 Ако снабдувањето со сертифициран семенски материјал и сертифициран саден материјал, не е обезбедено во Република Македонија или од земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да одобри производство на стандарден семенски материјал и стандарден саден материјал за стопански цели со определена чистота, ртливост, здравствена состојба и сортна чистота во зависност од видовите култури. Член 9 Производителот на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување води евиденција за: 1. масата и бројот на парчињата, како и потеклото на семенскиот материјал, садниот материјал, материјалот за размножување употребен за производство; 2. масата и бројот на парчињата за издадениот семенски материјал, садниот материјал и материјалот за размножување; 3. масата и бројот на парчињата од семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување кој е употребен за сопствено производство и 4. другата количина на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување која е одбиена или вратена назад. Евиденцијата од став 1 на овој член се води во посебна книга. Формата и содржината на книгата од став 2 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Податоците од евиденцијата се чуваат три години од денот на нивното внесување во книгата на евиденција. Член 10 5 Производителот е должен да го пријави производството на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, до Управата и до овластеното правно лице за вршење на стручни прегледи и тоа за: 1) семенскиот материјал еден месец после сеидбата и 2) садниот материјал и материјалот за размножување најдоцна до 30 април во тековната година. Производителот е должен да достави извештај до Управата за произведените количини на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување по видови и сорти. Пријавувањето на производството од став 1 на овој член се врши со посебен образец, чија форма и содржина ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и го определува рокот за доставување на извештајот од став 2 на овој член. Член 11 Заради заштита на потрошувачот, при појава на отстапувања на пропишаните својства на сортата се врши дополнителна контрола на квалитетот и идентитетот на сортата на семенскиот материјал, садниот материјал и на материјалот за размножување од одобрена та сорта, земајќи ги предвид и биолошките особини, дали: 1) одговараат на утврдените својства наведени во решението за одобрување на сортата и другите важни ознаки и 2) здравствената состојба е исправна. Ако со дополнителната контрола од став 1 на овој член се потврди дека семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување не се идентични на сортата и видот, тогаш министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може на произ водителот да му го забрани тоа производство до потврдување на квалитетот и идентитетот. Квалитетот и идентитетот на сортата ја утврдува Комисија за дополнителна контрола формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Комисијата од став 3 на овој член врши дополнителна контрола на квалитетот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување, заради утврдување на идентитетот на сортата согласно со одредбите на Меѓународната организација за постконтролни тестови за испитување на идентитетот и чистотата на вариететот (OESD) и Меѓународната организација за квалитетните својства на семето (ISTA). Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја определува висината на трошоците за утврдување на квалитетот и идентитетот на сортата. Средствата по оваа основа ќе се користат за намените предвидени во Програмата од член 86 став 3 на овој за кон. Средствата ќе се уплатуваат на посебна сметка - сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 12 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може по исклучок да одобри за производство и доработка на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување кој не ги исполнува условите од член 6 став 1 точки 1 до 5 на овој закон во случај на елементарни непогоди, недостиг на пазарот од семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување кој ги исполнува пропишаните услови или во други случаи утврдени со меѓународни договори кој Република Македонија ги има склучено или им пристапила. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може по исклучок да одобри производство на трговски семенски материјал, трговски саден материјал и трговски 6 материјал за размножување во случај на губење на видот како последица од елементарни непогоди. Трговскиот семенски материјал, трговскиот саден материјал и трговскиот материјал за размножување треба да одговора на видот со пропишаните услови. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува квалитетните својства во однос на чистотата, ртливоста, здравствената состојба и формата на видовите на трговскиот семенски материјал и трговскиот саден материјал кој треба да биде пуштен во производство и промет. 2. Доработка на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување Член 13 Доработка на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување може да врши трговско друштво кое ги исполнува следниве услови: 1. Да има вработено најмалку едно стручно лице за доработка на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, со завршен Земјоделски факултет од соодветна област со работно искуство најмалку три години во доработка на семето и 2. Да има обезбедено соодветни објекти, опрема и стручна контрола. Доработувачите од став 1 на овој член се запишуваат во Регистарот на доработувачи што се води во Управата. Член 14 За доработка може да се употреби семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување ако ги исполнува условите од член 6 став 1 точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој закон. Член 15 Стручна контрола на производството на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување и доработка може да врши стручно лице овластено за одобрување на семенски посеви, посеви со луковици и кртоли, лозови и овошни насади. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува акт за овластувањето од став 1 на овој член. Актот за овластување од став 2 на овој член се објавува во"Службен весник на Република Македонија". Стручното лице од став 1 на овој член треба да е со завршен Земјоделски факултет од соодветната област со работно искуство најмалку 5 години во производство и доработка на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, Одобрувањето на посевот од став 1 на овој член се врши со издавање на апробационо уверение од страна на стручното лице. Трошоците за извршување на стручната контрола од став 1 на овој член ги поднесуваат носителите на производството и доработката. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја определува висината и начинот на плаќање на трошоците за вршење на стручната контрола на производството и доработката одделно по видови култури. Член 16 Испитување на квалитетните својства на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување и идентитетот на сортата може да врши правно лице овластено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ги исполнува следниве услови: 7 1. Да има вработено најмалку едно стручно лице за вршење на лабораториски анализи со завршен Земјоделски факултет од соодветна област со работно искуство најмалку три години во струката и 2. Да има обезбедено соодветна лабораторија со потребна опрема за квалитетно вршење на анализите. Извршените испитувања за идентитетот на сортата може да се потврдат од овластена служба од друга земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор или од земја со која нема склучено меѓународен договор, според меѓународните договори што ја обврзуваат Република Македонија. 3. Промет на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување Член 17 Промет на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување може да врши трговско друштво кое ги исполнува следниве услови: 1. Да има вработено најмалку едно стручно лице за вршење промет со завршен Земјоделски факултет од соодветна област со работно искуство од најмалку три години и 2. Да има обезбедено соодветен магацински простор за сместување на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување. Трговското друштво од став 1 на овој член се запишува во Регистарот на прометници што се води во Управата. Член 18 Семенскиот материјал и садниот материјал може да се пушти во промет ако ги исполнува следниве услови: 1. Да е одобрен како основен семенски материјал, основен саден материјал, сертифициран семенски материјал, сертифициран саден материјал и стандарден саден материјал; 2. Да е одобрен согласно со член 8 на овој закон, како стандарден семенски материјал и истиот да одговара на пропишаните услови за стандарден семенски материјал; 3. Да е одобрен согласно со член 12 став 1 и член 21 став 4 на овој закон како трговски семенски материјал и трговски саден материјал за стопански цели, да е идентичен на формата да се извршени анализи за способноста за 'ртењето на семето, како и здравствена состојба од овластено правно лице; 4. Да е дозволен увоз согласно со член 23 и член 28 став 1 на овој закон; 5. Да има договор или согласност од авторот за размножување како предосновен семенски материјал од некоја дозволена сорта и истиот да е даден на земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор; 6. Ако не е заштитена, а припаѓа на некоја сорта или група растенија што се означени и опишани и ако не постои причина која ја поништува ознаката според член 51 став 1 од овој закон и ги исполнува условите утврдени во член 6 од овој закон; 7. Да е доработен и прописно пакуван согласно со член 29 од овој закон и 8. Да е оригинално пакуван од производителот или доработувачот. Член 19 Трговското друштво кое семенскиот материјал и садниот материјал прво го пушта во промет или повторно го пакува и пушта во промет, потребно е да води евиденција за тежината и бројот на парчињата и потеклото. Евиденцијата од став 1 на овој член се води во посебна книга. 8 Формата и содржината на книгата од став 2 на овој член и начинот на водење на евиденцијата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Податоците од евиденцијата се чуваат три години од денот на нивното внесување во книгата на евиденција. Член 20 Материјалот за размножување може да се пушти во промет ако ги исполнува следниве услови: 1. Да е одобрен како материјал за размножување; 2. Ако не е заштитен како материјал за размножување од овошни растенија, лозја и украсни растенија, а припаѓа на некоја сорта или група на растенија што се означени и доволно точно опишани и ако не постои причина која ја поништува ознаката според член 49 став 1 на овој закон и која одговара на условите утврдени според член 6 став 1 на овој закон; 3. Да припаѓа на некоја сорта како материјал за размножување на зеленчук, која е призната согласно со член 52 од овој закон или е внесена во листа на сорти во некоја земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор и 4. Ако е прописно пакуван согласно со член 30 и член 32 од овој закон. Материјалот за размножување може да биде пуштен во промет се додека одговара на условите за стандарден материјал или ако не одговара на тие услови, а се користи за научни и изложбени цели. Член 21 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да дозволи семенски материјал од различни видови, сорти или категории, да се увезе и пушти во промет во меѓусебна мешавина, како и во мешавина со сорти и видови кои не подлежат на условите за семенски материјал, доколку има потреба од нив во земјата само за стопански цели. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за заштита на потрошувачот може да одобри одреден материјал за размножување да се пушти во промет ако се достави ознаката и описот според условите утврдени во член 20 став 1 точка 2 на овој закон. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство заради заштита на потрошувачот, може по исклучок да одобри одреден материјал за размножување да биде пуштен во промет кој не ги исполнува условите од став 2 на овој член во случај на елементарни непогоди и недостиг на пазарот од материјал за размножување кој ги исполнува пропишаните услови или во други случаи утврдени со меѓународни договори. Ако снабдувањето со сертифициран семенски материјал не е обезбедено, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да дозволи пуштање во промет трговски семенски материјал од одредени видови и количини за стопански цели. Трговски, семенски и саден материјал мора да биде идентичен на формата кај видовите кај кои пуштањето во промет на семенскиот материјал и садниот материјал е условено со одредени форми. Заради обезбедување на семенски материјал од одредени видови култури за одреден временски период, а најмногу до една година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да одобри увоз на сертифициран семенски материјал од одредена сорта, ако е во рок на важење согласно со член 52 и ако издаденото решение според член 56 на овој закон е истоветно со одобрувањето во земјата извозник. 4. Увоз и извоз на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување 9 Член 22 Увоз и извоз на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување може да врши трговско друштво кое ги исполнува следниве услови: 1. Да има вработено најмалку едно стручно лице со најмалку завршен Земјоделски факултет од соодветна област со работно искуство од најмалку три години и 2. Да има обезбедено соодветен магацински простор за сместување на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување. Трговското друштво од став 1 на овој член се запишува во Регистарот на увозници и извозници што се води во Управата. Член 23 Увоз и извоз на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување може да се врши од категориите на основен семенски материјал, сертифициран семенски материјал, стандарден семенски материјал и стандарден саден материјал ако: 1) сортата е одобрена и нејзиното одобрување не е оспорено; 2) е во рок на важење утврден со член 52 од овој закон; 3) не подлежи на ограничувања за ставање во промет освен ако Република Македонија е овластена да го забрани пуштањето во промет семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување од оваа сорта согласно со меѓународните договори и 4) сортата е наменета за одгледување, за истражување, за изложување, за признавање и за одобрување за воведување нова сорта. Увоз на стандарден семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, како и нивно пуштање во промет може да биде одобрен согласно со член 8 од овој закон. Увоз се одобрува ако семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување одговараат на условите утврдени во член 6 став 1 точка 4 на овој закон. Ако семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување е одобрен во земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор, тогаш семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување треба да одговараат на најниско утврдените услови пропишани во таа земја и на европските стандарди. Член 24 Заради заштита на потрошувачот при прометот, увозот и извозот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување потребно е да се обезбеди сертификат за: 1) квалитет според условите пропишани од Меѓународната организација за квалитетните својства на семето (ISTA); 2) идентитет според условите пропишани од Меѓународната организација за постконтролни тестови за испитување на идентитетот и чистотата на вариететот (OECD) и 3) здравствена исправност според условите пропишани во Меѓународната конвенција за заштита на растенијата (IPPC). Член 25 Заради заштита и одржување на квалитетот на домашното производство на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да го забрани или ограничи увозот на семенскиот мате ријал, саден материјал и материјал за размножување од одредени сорти кои се признати во Република Македонија. Член 26 10 Условите пропишани во член 23 став 1 и член 25 на овој закон не се применуваат врз семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување кој: 1) се наоѓа под царински надзор; 2) е наменет за сеење, садење или расадување во полињата во граничното подрачје на Република Македонија од оваа страна на границата, а со која се стопанисува од другата страна на границата на Република Македонија и 3) се наоѓаат во официјални испитувања за признавање на сортата во Република Македонија. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да дозволи увоз на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување што не одговара на пропишаните услови од член 23 на овој закон ако истиот: 1) е наменет за размножување врз основа на договор за размножување, а произведениот семенски материјал треба да биде извезен; 2) врз основа на договор за размножување со земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор според член 18 став 1 точка 5 од овој закон кој е размножен во странство; 3) е одобрен согласно со член 7 од овој закон; 4) е наменет за доработка и пакување за повторен извоз или пуштен во промет како стандарден семенски материјал, трговски семенски материјал, трговски саден материјал и трговски материјал за размножување доколку пуштањето во промет на истиот е одобрено според член 8, член 12 став 1 и член 21 став 5 од овој закон; 5) како семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување е наменет за реекспорт и 6) е наменет за одгледување, истражување, изложување и испитување за службени цели. Член 27 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може доколку е потребно за спроведување на меѓународните договори да пропише, семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување наменет за извоз надвор од земјите членки, да се одржува одделно од друг семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување и истиот соодветно да се означи, како и да ги определи потребните податоци и видот на означувањето. 5. Означување и пакување на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување Член 28 Семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување, со исклучок на трговскиот семенски материјал и трговскиот саден материјал, може да биде пуштен во промет, само ако има ознака на сортата која мора да биде лесно препознатлива и јасно чи тлива. Означувањето и пакувањето на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување го врши производителот или доработувачот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување. Член 29 Семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување може да биде увезен или пуштен во промет само во пакување или во садови доколку ги исполнува условите утврдени во член 18 став 1 на овој закон. 11 Кај садниот материјал и материјалот за размножување снопчињата и садовите се изедначени со пакувањето. Врз пакувањето или врз садовите треба да се наведат: 1. Видот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување; 2. Ознаката на сортата; 3. Категорија на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување и 4. Кај основниот семенски материјал, сертифицираниот семенски материјал, сертифицираниот семенски материјал прва генерација, стандардниот семенски материјал и стандардниот саден материјал бројот на решението за одобрување, а кај трговскиот семенски материјал и трговскиот саден материјал бројот на одобрението за увоз. Член 30 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство заради заштита на потрошувачот и за уредување на прометот на семенскиот материјал и садниот материјал, ќе ги пропише: 1. Видот на означувањето, на пакувањето или видот на садовите, нивното затворање и осигурување на затворањето; 2. Потребните податоци кај одреден семенски материјал и саден материјал, на, или во пакувањата, или садовите да се наведат додатни податоци особено за производителот или правното лице што врши промет, потеклото, времето и видот на производството, размножувањето и третирањето, времето на земање проби и затворањето, својствата, сор тирањето, составот, целта на употребата, тежината и бројот на парчињата и 3. Начинот на пакувањето на семенскиот материјал и садниот материјал од одредени сорти или категории при што да се користи само не употребуван материјал за пакување или посебно третирани садови. Заради олеснување на прометот со семенски материјал и саден материјал и за заштита на потрошувачот, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да дозволи исклучоци во врска со пакувањето и означувањето предвидено во член 29 на овој закон доколку има недостиг на пазарот од одреден вид на семенски материјал и саден материјал. Член 31 Садниот материјал и материјалот за размножување може да биде увезен или пуштен во промет само ако е врзан во снопчиња, спакуван во одреден материјал за пакување или садови и да биде означен. Член 32 Семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување не смее да биде пуштен во промет со ознака, податок или пакување што може да доведе во заблуда, особено за својствата, потеклото, квалитетот и третирањето. Реколтен материјал не смее да се пушти во промет како семенски материјал и саден материјал или материјал за размножување со ознака, податок или форма што може да биде употреблив како семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување. Член 33 Од денот на купувањето на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување важи гаранцијата за автентичноста на видот на некоја сорта за време од една година за семенскиот материјал и садниот материјал кај едногодишните култури и за 12 време од три години за садниот материјал и материјалот за размножување кај повеќе годишните култури. Член 34 Правното лице што го пушта во промет, доработува и пакува семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување, треба во рок од еден месец пред пуштање во промет, да го пријави во Управата: 1. Сопственото производство од основен семенски материјал, сертифициран семенски материјал и сертифициран семенски материјал прва генерација и стандарден семенски материјал, стандарден саден материјал и стандарден материјал за размножување и 2. Семенскиот материјал и садниот материјал што го издава на крајниот потрошувач. Правното лице од став 1 на овој член води евиденција за влезот и излезот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување по тежина и број на парчиња и истата со пропратна документација да ја чува шест години, а за материјалот за размножување, треба да води евиденција за потеклото, производството, за чување на остатокот од материјалот за размножување и за извршените испитувања. Евиденцијата од став 2 на овој член се води во книга за евиденција, чија содржина и форма ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 35 Заради обезбедување сигурност во производството на семенскиот материјал и одржува њето на растителните видови, чии зрна може да се користат освен за семе и за други намени, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство дава согласност. Видовите растенија од став 1 на овој член се: тврда пченица - Triticium durum, сончоглед - Helianthus Annuus, кикиритки - Arachis hypoge, сусам - Sesamum indicum, афион - Papaver Somniferum и тиква - Cucurbita pepo. III. ПРИЗНАВАЊЕ, ОДОБРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА СОРТА 1. Постапка за признавање и одобрување на сорта Член 36 Барање за признавање и одобрување на сорта поднесува сопственикот и авторот. Кога сортата е создадена од повеќе автори, право за поднесување за признавање и одобрување на сортата имаат сите создавачи. Во случај еден или повеќе од создавачите на сортата да се откажат во постапката за признавање и одобрување на сортата, другите создавачи го остваруваат тоа право. Право за поднесување барање за признавање и одобрување на сорта, создадена во државни, научни и други институции, има институцијата со авторот, во рок од три месеци од завршување на испитувањето по барање на авторот. Во спротивно правото за призна вање и одобрување на сортата преминува на авторот. Кога сортата е создадена врз основа на договор меѓу правното лице и авторот, правото за поднесување барање за признавање и одобрување припаѓа на лицето определено со договорот. 13 Барањата за признавање и одобрување на сорта од ставовите 1, 2, 3 и 4 на овој член се поднесуваат до Управата. Право за поднесување на барање за признавање и одобрување на сорта имаат и сопственици и автори на сорта од други земји преку овластени застапници во Република Македонија. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува елементите кои треба да се содржани во барањето. Член 37 Барањето се отфрла ако барателот: 1) не ја доставил потребната количина семе или материјал за размножување и пропишаните документи со сите потребни податоци; 2) не дал ознака за сортата; 3) не ги уплатил утврдените трошоци за испитување на сортата и 4) пријавил веќе пријавена, односно призната или одобрена сорта. Член 38 Управата го објавува на огласна табла, барањето за признавање и одобрување на сортата со наведување на видот, ознаката или привремената ознака, како и името и адресата на барателот, одгледувачот и на застапникот во постапката. Член 39 Заради утврдување на особините на сортата наведени во член 44 на овој закон, истата се става во испитување во рок од една до пет години зависно од видот на културата. Листата на видови растенија со определено време на испитување ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 40 За признавање и одобрување на сорта, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство формира комисии составени од стручни лица од областа на генетиката и селекцијата на растенијата по група на култури и тоа: 1. Комисија за полјоделски и градинарски растенија; 2. Комисија за овоштарски растенија и винова лоза и 3. Комисија за холтикултурни растенија. Комисиите од став 1 точки 1, 2 и 3 на овој член се надлежни за разгледување и давање предлози: 1) по барањата за признавање и одобрување на сортата; 2) по барањата за продолжување на признавањето и одобрувањето на сортата; 3) за враќање и отповикување на признавањето и одобрувањето на сортата или на сорта регистрирна во листата на сорти во однос на ознаката и рокот на важењето; 4) по барање за измена на ознака и давање ознака; 5) за вршење контрола на поставените опити во текот на вегетација и 6) за извештаите од извршените испитувања со предлог за признавање, одобрување или одбивање на сорта. Управата ги доставува до комисиите од став 1 на овој член, за признавање и одобрување на сорта белезите на секој вид кои се сметаат важни за разликување на сортите. Белезите потребно е да се уочливи и точно опишани. Член 41 14 Ако сортата ги исполнува условите за одобрување на барањето за признавање и одобрување на сорта, Управата врши полски, лабораториски и други испитувања. До Управата подносителот на барањето е должен во рок од еден месец пред сеидбата и садењето да достави семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, како и сите пропишани документи и извештаи. Управата може да дава информации од резултатите по признавањето на сортата на надлежните органи во земјата и странство заради меѓусебно информирање. За признавање и одобрување на сорта подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето до Управата доставува: 1) ознака на сортата ако тој има наведено привремена ознака и 2) нова ознака на сортата ако наведената ознака не може да се прифати. Ако подносителот на барањето за признавање и одобрување на сорта не ги исполни условите од став 4 на овој член барањето се одбива со решение. Против решението од став 5 на овој член може да се достави жалба до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 42 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја определува постапката за признавање и одобрување на сортата, вклучувајќи го и изборот на препознавање на важните белези, утврдување на испитувањето, проверка и надгледување на сортите во те кот на вегетацијата. Член 43 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја определува висината, начинот и временските рокови на плаќање на трошоците на постапката за признавање и одобрување на сортата, како и трошоците за контрола на сортата при што се земаат пред вид значењето на сортата и нејзината стопанска вредност. Член 44 Сортата може да биде одобрена за испитување, за признавање и одобрување ако ги исполнува следниве услови: 1) да е различна; 2) да е хомогена; 3) да е постојана; 4) да има вредност на земјоделска култура и 5) да е означена со ознака на сорта, со која може да се регистрира. Сорти од овошни растенија и украсни растенија, можат да бидат одобрени за испитувања само ако поседуваат додатни квалитети, што дополнително се утврдуваат според став 1 точки 1, 2, 3 и 5 на овој член, во текот на одгледувањето и употребата. Условот од став 1 точка 4 на овој член сортата да има вредност на земјоделска култура, се определува според Меѓународната конвенција за заштита на растенијата (UPOV). Кај садниот материјал и материјалот за размножување наместо условот, вредноста на земјоделска култура, се земаат предвид физиолошките белези како својства што треба да се испитаат во однос на условите на одгледувањето и целта на употребата, кои според меѓународните договори се услов за промет на садниот материјал и материјалот за размножување. Член 45 Сортата е различна кога нејзините растенија, најмалку по еден важен белег, се разликуваат од растенијата на која и да било друга сорта, која е: 15 1) призната, одобрена или е барано нејзино одобрување и 2) регистрирана во листа на сорти во земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор. Член 46 Сортата е хомогена кога нејзините растенија независно од малите отстапувања се идентични по своите основни белези, а земајќи ги предвид особеностите на ге неративното и вегетативното размножување во определувањето на поважните белези за препознавање. Член 47 Сортата е постојана кога останува непроменета, по своите основни препознатливи белези после секое размножување или ако за создадената сорта авторот определил посебен циклус на размножување, а притоа да не дојде до промена на утврдените белези на сортата. Член 48 Сортата има земјоделска вредност кога во вреднувањето на сите нејзини особини, според одобрените споредбени сорти, дава можност да се очекува јасно подобрување во одгледувањето на растенијата и вреднувањето на добиените резултати од реколтата. Вредноста на земјоделската култура не се однесува за: 1) одделни видови градинарски растенија, овошни и украсни растенија; 2) сорти од треви кои не се наменети за користење како фуражно растение; 3) сорти кои исклучително се наменети за употреба како наследни компоненти и за научно-истражувачка работа; 4) други сорти што се наведени во точките 1, 2 и 3 од овој став на овој член ако тие ги исполниле условите за вредноста на земјоделската култура во земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор и се внесени во листата на сорти, а подно сителот на барањето бара сортата да се одобри без испитување на вредноста на земјоделската култура и 5) сорти чиј семенски материјал не е наменет за одгледување во земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор. Одобрението за една таква сорта, може да биде откажано, ако одгледувањето го загрозува здравјето на човекот, животните и растенијата. Член 49 Сортата треба да има сортово означување кое е поврзано со нејзиниот род или вид за нејзино идентификување. Ознаката може да биде од еден или два збора или комбинација од зборови, букви и бројки, но не и повеќе од четири зборови, букви или бројки. Ознаката на сортата ќе се прифати ако: 1) се разликува од секое друго означување на сортата кое се користи во Република Македонија за тој или поблизок на неа вид, како и од означувањето на слична сорта во земјите со кои Република Македонија има склучено меѓународен договор, а посебно по истекнување на рокот на времетраењето на сортата; 2) не доведува до заблуда, нема нејаснотии во однос на потеклото, особините, вредноста на сортата или за личноста на авторот; 3) има знаци на различност; 4) ознаката е погодна за означување и нема јазични недоразбирања; 5) не се состои исклучително од бројки; 16 6) не е земено име на лице без негова согласност, како и име или кратенка на некоја странска земја без одобрение на надлежниот орган на таа земја и 7) сортата не е призната, одобрена или регистрирана во некоја листа на сорти во земја со која Репбулика Македонија има склучено договор или нема склучено таков договор. Во тој случај може да се регистрира само ознаката што е внесена или регистрирана. Управата може да бара од одгледувачот во текот на еден месец да даде нова ознака на сортата, во спротивно службено ќе се утврди ознаката на сортата. По барање на одржувачот или на некое трето лице, Управата може да утврди ознака за некоја сорта кога подносителот на барањето ќе ја документира оправданоста на неговото барање. 2. Престанок на важењето и поништување на одобрението на сортата Член 50 Одобрението на сорта престанува да важи: 1) со откажување на регистрираниот одржувач; 2) со поништување на ознаката; 3) ако сортата не е различна, не е хомогена, не е постојана и нема вредност на земјоделска култура; 4) ако го загрозува здравјето на луѓето, животните и растенијата; 5) по одобрувањето на сортата или со продолжување на важење, одржувачот не ги исплатил трошоците за продолжување на одобрението; 6) ако одржувачот не ја исполнил обврската за одржување на сортата спорeд член 48 став 1 од овој закон и 7) ако одржувачот не даде нова ознака на сортата. Член 51 Одобрението на некоја незаштитена сорта во однос на ознаката може да се поништи ако: 1) означувањето доведува во заблуда, има нејаснотии за потеклото, особините, вредноста на сортата и личност на авторот; 2) на одржувачот преку правосилна одлука му е забранета употребата на ознаката на сортата и 3) на лице овластено за употреба на ознака на сорта согласно член 28 став 1 на овој закон со правосилна одлука му е забранета употребата на ознаката на сортата. За незаштитена сорта Управата може да даде привремена ознака се додека трае постапката за заштита на сортата. Во спротивно привремената ознака се поништува. Член 52 Врз основа на извршените испитувања на сортата и потврдување на добиените резултати, по предлог на Комисијата за признавање и одобрување на новата сорта, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение. Против решението од став 1 на овој член може да се изјави жалба до Владата на Република Македонија - Комисија за решавање на управни работи во втор степен од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и ветеринарството. Важноста на решението за признавање и одобрување на нова сорта кај нивските растенија трае десет години, а кај виновата лоза и овошните растенија 20 години. По правосилноста на решението за признавање и одобрување на нова сорта авторот, одржувачот или застапникот на сортата е должен да достави мостри од семенски 17 материјал, саден материјал и материјал за размножување за чување во Национална ген банка со што ќе се обезбеди трајно чување и целосна заштита на растителните видови. Член 53 Секој регистриран одржувач може сортата да ја одржува според пропишаните услови за систематско одгледување заради одржување во земји со кои Република Македонија има склучено меѓународен договор и во земји со кои нема склучено меѓународен договор, ако за тоа се обезбедени услови за одржување согласно со овој закон. Одржувачот при одгледувањето на сортата за одржување е потребно да води евиденција за материјалот што е употребен за создавање на сортата и за применетите методи. Евиденцијата од став 2 на овој член се чува шест години. Ако одгледувањето за одржување на некоја сорта го има преземено друг регистиран одржувач, тогаш тој ќе биде регистриран како одржувач без повторно испитување на сортата. Член 54 Одобрението на сортата може да се продолжи по барање на одржувачот, или ако се повеќе одгледувачи на еден од тие одржувачи, но најмногу за десет години, а кај виновата лоза и овошки најмногу 20 години. Продолжувањето на сортата е оправдано ако истата се уште е препознатлива, хомогена, постојана и ако економското значење на сортата го оправдува тоа. Барањето за продолжување на рокот на важење на одборението треба да се поднесе до Управата најдоцна две години пред истекот на времетраењето на одобрената сорта. Ако барањето за продолжување на рокот биде одбиено, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да одобри пуштање во промет семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување од сортата, да утврди крајни рокови, но нај доцна до 30 јуни од третата година по истекот на рокот на одобрението. По исклучок на став 1 од овој член министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може, согласно со меѓународен договор, поинаку да го утврди траењето на одобрението на сортата кај виновата лоза и овоштарските растенија. Член 55 По истекот на рокот за важење на одобрението на сортата утврдена во член 52 на овој закон, истата подлежи на проверка од овластено правно лице од член 15 на овој закон. По извршените испитувања на сортата и потврдување на идентитетот на сортата, по предлог на Комисијата за признавање и одобрување на сорти, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за продолжување на рокот на важење на сортата. Член 56 Издадените решенија во Република Македонија за признавање и одобрување на сортата од семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување се полноважни со решенијата за признавање и одобрување што биле издадени: 1) во земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор и 2) во земја со која Република Македонија нема склучено договор, врз основа на реципроцитет доколку се запазени стандардите кои ја обврзуваат Република Македонија. 3. Листа на сорти Член 57 18 Кога сортата е призната или одобрена се запишува во Регистарот на сорти кој се води во Управата и врз основа на него изготвува листа на сорти за нови признати и одобрени сорти која се објавува во "Службен весник на Република Македонија". Во листата на признати и одобрени сорти од став 1 на овој член се внесува: 1) видот и ознаката на сортата, 2) името и адресата на одржувачот односно одржувачите и на застапникот во постапката и 3) времето на признавање и одобрување на новата сорта. Ако регистрираната ознака на сортата во улога на заштита на сортата биде заменета со друга или биде дадена заштита за некоја одобрена сорта под некоја друга ознака согласно со член 49 став 3 од овој закон, тогаш таа ознака на сортата треба да се регистрира во лис тата на сорти. Утврдените одлики за препознавање на важните белези може да бидат заменети за потребите на земјата, доколку е потребно, описот на сортата да се спореди со описот на друга сорта. Промените на лица како одржувачи или застапници во постапката ќе се регистрираат кога истите ќе бидат докажани. Регистрираниот одржувач во постапката останува со правата и обврските до регистрирањето на промените. Член 58 Полските испитувања за сорта предвидени во член 41 став 1 на овој закон потребни за признавање или одобрување на новата сорта се споредуваат со стандардна сорта потврдена од Комисијата за признавање и одобрување на нова сорта. За стандардните сорти од став 1 на овој член се земаат признати или одобрени сорти кои се одликуваат од другите сорти по своите високо квалитетни и квантитетни особини. За оваа намена се изготвува листа на стандардни сорти која се објавува во "Службен вес ник на Република Македонија". Во листата на стандардни сорти од став 2 на овој член се внесува видот и ознаката на сортата и карактеристичните особини кои ја издвојуваат стандардната сорта од другите признати и одобрени сорти. Член 59 Дозволен е јавен увид во: 1) листата на сорти, барањето за одобрување на сорти или за регистрирањето како натамошен одржувач на сортата и 2) одобрението за испитување на некоја сорта и за проверка на продолжувањето на одобрувањето на сортата. Кај сорти создадени со вкрстување на одредени компоненти, податоците за родителските компоненти по барање на авторот може да не се достапни на јавноста, се до одобрувањето на сортата. Член 60 Во производството, пуштање во промет, доработка и извоз увоз ќе се стават видови растенија што се внесени во листата на видови растенија. Во листата на видови растенија може да се внесат видовите кои се потребни за реализирање на производство, доработка, промет, извоз, увоз и за заштита на потрошувачот. Некој вид може да биде исклучен од листата на видови растенија ако повеќе не е потребен за заштита на потрошувачот. 4. Постапка за заштита на сорта 19 Член 61 За заштита на призната и одобрена сорта, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство формира Комисија за заштита на призната и одобрена сорта составена од стручни лица од областа на генетиката и селекцијата на растенијата и правник. Комисијата од став 1 на овој член за заштита на сортата е надлежна за разгледување и давање предлози: 1) по барањата за заштита на сортата; 2) за поништување на заштитата на сортата во однос на ознаката на сортата; 3) за одземањето и отповикувањето на давањето заштитата на сортата; 4) за вршење контрола на поставените опити во тек на вегетацијата и 5) по извештаите од извршените испитувања со предлог за заштита или одбивање на сорта. Член 62 За заштитена сорта министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по предлог на Комисијата за заштита на сорта донесува решение (сертификат). Сертификатот ја потврдува заштитата на сортата и правата на авторот. Формата, содржината и начинот на издавање на сертификатот ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 63 Правото за заштина на сортата може да се одземе доколку: 1) ознаката е регистирана; 2) означувањето доведува до заблуда; 3) спротивното право се докаже за веродостојно и сопственикот на заштитата на сортата е согласен да даде друга ознака на сортата и 4) на сопственикот на заштитената сорта со правосилна одлука му е одземено правото на употреба на ознака на сортата. Сопственикот кој бара заштита на сорта е должен во рок од 15 дена од поднесувањето на барањето да даде ознака на сортата. По истекот на рокот Управата може да даде привремена ознака се додека трае постапката за заштита на сортата. По завршувањето на постапката ознаката се поништува. Заштитена сорта може да се регистрира само ако е означена. Член 64 Правото на заштита на сортата престанува да важи кога: 1) завршува определениот рок согласно со член 80 од овој закон; 2) сопственикот на заштитената сорта писмено ќе се откаже од заштитата; 3) сортата не е различна, не е нова, не е хомогена и не е постојана; 4) подносителот не ги исполнил обврските во поглед на дополнителната контрола за натамошното постоење на сортата; 5) авторот не е во можност да достави во рок од три месеци до Управата, барање за продолжување на заштита на сортата идентичен семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување од кое е создадена сортата и пропишани документи за постап ката на заштита на сорта; 6) авторот нема да дозволи на институцијата за одржување на сорта да земе мостра за чување на сортата и 7) нема да се платат редовните годишни трошоци од член 66 на овој закон. 20 Сертификатот кој престанал да важи поради неплатените годишни трошоци, може да важи најмногу шест месци, но не повеќе од завршувањето на производната реколта. Во тој случај, трошоците ќе бидат 100% зголемени за периодот на продолжувањето на сер тификатот. Член 65 Постапката за заштита на сортата, вклучувајќи го и изборот на препознавање на важните белези, утврдувањето на испитувањето, проверката, надгледувањето на сортите и дополнителна контрола за натамошното постоење на заштитената сорта ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 66 Трошоците за признавање на заштитена сорта ги сноси подносителот на барањето. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја определува висината, начинот и временските рокови на плаќање на трошоците на постапката за заштита на сортата, како и трошоците за контрола на сортата при што се земаат предвид значењето на сортата и нејзината стопанска вредност. Член 67 Заштита на сорта се врши ако сортата: 1) ги исполнува условите според членовите 45, 46, 47, 49 и 69 од овој закон; 2) е одобрена и 3) е нова. Член 68 Сортата се смета за нова, доколку до денот на поднесувањето на барање за заштита на сортата, не била пуштена во промет од одржувачот или со дозвола на одржувачот од други на трети лица со цел да се експлоатира сортата во следниве временски рокови и тоа: 1) во земјата една година и 2) во странство четири години за секој растителен вид и шест години за лозата (Vitis) и сите видови овошни растенија. Барањето од став 1 на овој член се поднесува до Управата. Член 69 Барање за заштита на сорта поднесува сопственикот, авторот, лице овластено од него или негов правен следбеник. Ако сортата е создадена од повеќе автори, сите поднесуваат заедничко барање. Во случај еден или повеќе од создавачите на сортата да се откажат од барањето за заштита на сортата другите создавачи можат да го остварат правото. За одобрување на сорта се зема за полноправно, поднесеното барање за заштита, освен ако е познато дека подносителот нема право на заштита на сортата. Ако некој без право поднел барање за заштита на сортата, тогаш авторот може да бара да му биде пренесено правото за добивање на заштита на сортата. Член 70 Подносителот на барањето за заштита на сорта е потребно да наведе дека сортата е нова и не е одржувана од други лица. Доколку не располага со такви податоци, подносителот треба да наведе како сортата доспеала до него. Подносителот на барањето треба да ја наведе ознаката на сортата или привремената ознака. 21 Член 71 Ако сортата според ознаката ги исполнува условите за добивање на заштитена сорта, Управата врши полски и други испитувања. Полските испитувања траат една година. Управата нема да врши испитувања предвидени во став 1 на овој член, ако има резултати добиени во земјата од признавање и одобрување на сортата. Управата нема да врши испитувања предвидени во став 1 на овој член, ако бидат доставени резултати од официјални институции од земји членки на Меѓународното здружение за заштита на растенијата. Управата може полски или други потребни испитувања да дозволи да се извршат во други стручни институции во земјата или во странство и да се земат за веродостојни добиените резултати. До Управата подносителот на барањето е должен во рок од еден месец пред сеидбата и садењето да ги достави мострите од семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување и сите потребни документи и извештаи. За заштита на сортите подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето до Управата доставува: 1. Решение за призната или одобрена сорта; 2. Ознака на сортата ако тој има наведено привремена ознака и 3. Нова ознака на сортата, ако наведената ознака не може да се прифати. Член 72 Ако подносителот на барањето за заштита на сорта не ги исполни условите предвидени во член 71 од овој закон, барањето се одбива со решение кое го донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Против решението од став 1 на овој член може да се достави жалба до Владата на Република Македонија - Комисија за решавање на управни работи во втор степен од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и ветеринарството. Ако заштитата на сортата е неоснована, тогаш авторот може да бара од носителот на заштитата на сортата да му ја пренесе заштитата на сортата. Член 73 Сопственикот и авторот има ексклузивно право заштитената сорта да ја: 1) произведува; 2) размножува; 3) пушта во промет; и 4) извезува. Правото од став 1 на овој член се однесува за семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување. Член 74 Без согласност на сопственикот и авторот заштитената сорта може да се користи за: 1) работи кои се без трговска цел; 2) експериментални опити и 3) наследна компонента во создавањето на нова сорта. Работите од став 1 точка 1 на овој член се однесуваат за соспствено производство, со употреба на семенски материјал од претходната реколта (втора генерација) за одреден број на видови култури и сорти. Видовите култури и сорти кои немаат трговска цел ги определува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 22 Член 75 Правото на заштита на сортата, правото на доделување на заштита на сорта и заштитата на сортата може да се пренесуваат целосно и делумно преку договор за лиценца и присилна лиценца. Член 76 Во согласност со сопственикот и авторот на заштитената сорта, правото за заштита на сорта може да се пренесе на друго лице со договор за лиценца. Ако се работи за нова сорта создадена од повеќе автори, тогаш правото за заштита на сортата на друго лице може да се пренесе со договор за лиценца со согласност на сите автори. Со договорот за лиценца може да се определи ексклузивно, не ексклузивно, целосно или ограничено право на заштита на сорта. Договорот за лиценца треба да биде во писмена форма и да е запишан во соодветен регистар за лиценци во Управата. Договорот за лиценца кој не е запишан во регистарот нема правно дејство. Содржината на регистарот од став 4 на овој член ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 77 Ако сопственикот и авторот на заштитена сорта, самиот или преку договор за лиценца, не ја користи или недоволно ја користи сортата, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство правото на користење на заштитата на сортата може со решение за присилна лиценца да го даде на друго лице ако: 1) сортата не била користена во рок од пет години од поднесувањето на барањето за издавање на сетрификат или три години од издавањето на сертификатот, а сортата е од посебно стопанско значење и 2) сортата не била искористена според потребите на стопанството во Република Македонија во роковите предвидени во точка 1 од овој став. Ако носителот на сортата докаже дека не бил во состојба да го изврши тоа од оправдани причини во тој случај не му се одзема тоа право. Носителот на присилната лиценца треба да докаже дека е во состојба да ја користи сортата во рамките на условите предвидени во решението за присилната лиценца. Присилната лиценца може да биде, еднократна и не може правото да се префрли на трето лице. Присилната лиценца може да се прекине ако носителот на тоа право, во рок од една година од издавањето на лиценцата не ги обезбедил условите за користење на сортата. Присилната лиценца ќе се прекине, ако во рок од две години од издавањето носителот на правото од присилната лиценца не започнал да ја користи сортата. Носителот на правото за заштита на сорта може да побара продолжување или измена на условите за издавање на присилна лиценца од став 2 на овој член по истекот на една година, ако условите за издавање на решението за присилна лиценца во меѓувреме се измениле. Ако присилната лиценца за производство и пуштање во промет на некоја сорта биде дадена, носителот на заштитата на сортата, со цел за остварување на авторското право, може од Управата да ги бара следниве податоци: 1) Кој е производителот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување на заштитената сорта; 2) На колкава површина ќе се размножува и 23 3) Која количина или број на парчиња по партии ќе се пушти во промет. Член 78 На сопственикот и авторот на заштитената сорта за дадена лиценца од член 75 на овој закон им припаѓа надомест. Висината на надоместот од став 1 на овој член, ја утврдуваат спогодбено сопственикот и авторот на сортата со корисникот на кој му е дадена лиценцата. Член 79 Сопственикот и авторот имаат право да изберат земја со која Република Македонија има склучено меѓународен договор, во која ќе поднесе барање за пријавување за заштита на својата сорта. Лица кои ги исполнуваат условите за поднесување на барање за заштита на сортата можат да бидат: 1. Граѓани на Република Македонија и правни лица со место на живеење и седиште во Република Македонија; 2. Правни лица на земја со која Република Македонија има склучено договор, со седиште во земјата или надвор од неа преку овластени застапници од Република Македонија и 3. Правни и физички лица од државата на која тие и припаѓаат или во која имаат место на живеење или седиште, ако имаат обезбеден реципроцитет со Република Македонија. Член 80 Одобрението за заштита на сорта кај нивски растенија трае до 25 години, а кај виновата лоза, хмељот, компирот и овоштарските растенија до 30 години. Член 81 Семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување на заштитена сорта, освен за приватни цели, може да се пушти во промет само ако е дадена ознака на сортата и истата на пакувањето и другите писмени документи е јасна и читливо внесена, без оглед што рокот на заштитата на сортата е истечен. Означувањето на заштитена сорта или на некоја сорта за која е дадено право на одгледување во друга држава членка на меѓународното задружение, или сорта означена со привремена ознака, не смее да се употреби за друга сорта. Член 82 Производство, пуштање во промет и одржување на сортата заштитена со сертификат, без согласност на носителот на правото на заштита на сортата е забрането. Лице кое пушта во промет или одржува сорта заштитена со сертификат, произведена од други лица кои извршиле повреда на сертификатот, а со цел да ја користи сортата, е забрането. Носителот на сертификатот на сортата и носителот на лиценцата со ексклузивно право за заштита, може своето право да го оствари и преку надлежниот суд. Носителот на присилната лиценца од член 77 на овој закон, може да пријави во земјата каде што е заштитена сортата повреда на правото што произлегува од сертификатот, ако носителот на сертификатот сам не го отстапил правото во рок од шест месеци од до бивањето покана од страна на носителот на лиценцата. Секој носител на лиценцата може да учествува во постапката за повреда на правото што произлегува од сертификатот, кога пријавата е предадена на носителот на сертификатот. 24 Истото се однесува и за носителот на сертификатот, кога пријавата е предадена од но сителот на лиценцата согласно со ставовите 3 и 4 од овој член. Пријава за повреда на правото на заштита на сорта може да поднесе и авторот пред издавање на сертификатот, а по претходно заверување на барањето. Член 83 Доколку бесправно е произведен или пуштен во промет семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување, во тој случај авторот има право да бара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство истиот да биде уништен и информиран за потеклото на материјалот. Авторот од став 1 на овој член во согласност со регистрираниот производител може да склучи договор за бесправно произведениот или пуштен во промет семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување. Доколку не се склучи договор од став 2 на овој член, авторот има право да покрене постапка пред надлежен суд. Лицето кое ја направило повредата, е должно да даде податоци на авторот за името и адресата на производителот и другите претходни сопственици на материјалот, купувачите, како и за количините на произведениот и испорачаниот материјал. Член 84 Правата во случај на повреда на правото за заштита на сорта одредена со овој закон застаруваат по три години од моментот кога носителот на правото дознал дека му е направена повреда. Член 85 Сортата заштитена со сертификат се запишува во Регистарот на заштитени сорти кој се води во Управата и врз основа на него се изготвува листа на заштитени сорти која се објавува во "Службен весник на Република Македонија". Листата од став 1 на овој член содржи: 1) вид и ознака на сортата; 2) име и адреса на одржувачот, односно одржувачите и на застапникот во постапката и 3) време на заштита на новата сорта. Ако регистрираната ознака на сортата во улога на заштита на сортата биде заменета со друга или биде дадена заштита за некоја одобрена сорта под некоја друга ознака согласно со член 49 став 3 од овој закон, тогаш таа ознака на сортата треба да се регистрира во листата на сорти. Ознаката за утврдените одлики за препознавање на важните белези на сортата може да биде заменета со друга, за потребите на земјата, доколку, описот на пријавената сорта се совпаѓа со описот на друга сорта. Промената на одржувачот или застапникот во постапката ќе се регистрира кога истата ќе биде докажана. Регистрираниот одржувач во постапката останува со правата и обврските до регистрирањето на промените. Член 86 Управата од член 3 на овој закон ги организира работите за контрола на производството, доработката, прометот и увозот и извозот, испитувањето на новите сорти за признавање, одобрување и за заштита на сортата и тоа: 1. Води регистри на правни лица за производство, доработка, промет и увоз и извоз на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување; 25 2. Врши контрола на производството со семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување во текот на вегетацијата со овластување на стручни лица, согласно со одредбите на "ISТA" (Меѓународна организација за квалитетните својства на семето) со седиште во Цирих - Швајцарија; 3. Врши контрола над извршената стручна контрола на производството од страна на стручното лице од член 15 на овој закон; 4. Врши поттикнување на производството на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување; 5. Врши контрола на доработката, прометот, увозот и извозот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување; 6. Води регистри за признати, одобрени и заштитени сорти; 7. Ја организира и контролира работата на правните лица кај кои ќе се изведуваат испитувањата во полски услови за признавање, одобрување и заштита на новите сорти и лабораториските анализи; 8. Го контролира одржувањето на признатите, одобрените и заштитените сорти согласно со одредбите на "UPOV" (Меѓународна унија за заштита на новите сорти растенија) со седиште во Женева - Швајцарија; 9. Врши контрола на постапката за испитување за потврдување на идентитетот на сортата согласно со одредбите на "OESD" (Меѓународна организација за постконтролни тестови за испитување на идентитетот и чистотата на вариететот) со седиште во Париз Франција; 10. Начинот на чување, одржување, евидентирање и трајно конзервирање на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување во Националната ген банка, Управата ќе го врши согласно со одредбите на "FAO" (Организација за храна и земјо делство) со седиште во Рим - Италија; 11. Врши контрола на прометот увозот и извозот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување; 12. Врши други активности во врска со производството, доработката, прометот, увозот и извозот, признавањето, одобрувањето и заштитата на сортата. За работите од став 1 точка 7. на овој член Управата ги одредува правните лица каде што ќе се вршат полските и лабораториските испитувања. За работите од став 1 точки, 2, 3, 4, 9 и 10 на овој член, Владата на Република Македонија донесува Програма за семе и саден материјал. IV. НАДЗОР Член 87 Надзор над применувањето на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на истиот, врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Инспекциски надзор врши Републичкиот инспекторат за земјоделство преку земјоделските инспектори. Инспекторите од став 1 на овој член во вршењето на инспекцискиот надзор можат да влезат и вршат надзор на површините, деловните простории, магацините, транспортните средства за вршење превоз на семенскиот материјал, садниот материјал, материјалот за размножување, реколтниот материјал, на уверенијата, сертификатот и други деловни документи. Правните лица, односно физичките лица се должни да му овозможат непречено вршење надзор на надлежниот инспектор. Член 88 26 Ако при вршењето на надзорот надлежниот инспектор утврди дека производството, доработката и прометот не се во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на истиот, со решение ќе нареди во определен рок да се усогласи ра ботењето според пропишаните услови на овој закон. Доколку во одредениот рок не се усогласи производството, доработката и прометот, според пропишаните услови инспекторот ќе забрани вршење на наведените дејности согласно со член 93 став 3 и член 94 став 3 на овој закон до донесување на правосилна од лука од судот. Ако при вршењето на инспекциски надзор, надлежниот испектор утврди дека семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување, што е пуштен во промет, не е во сортна листа, не е со пропишаниот квалитет, не е во исправна здравствена состојба, не е соодветно пакуван и означен, со решение ќе го забрани прометот и ќе го задолжи правното лице, односно физичкото лице во определен рок да ги отстрани недостатоците. Доколку во рокот од став 3 на овој член не се отстранат недостатоците или ако постои опасност од настанување на значителна материјална штета, надлежниот инспектор со решение привремено ќе го одземе семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување. Ако при вршењето на прегледот на семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување од увоз инспекторот од граничниот премин утврди дека пратката не е пропратена со пропишаните сертификати, не е во листа на сорти или нема согласност за увоз, не е соодветно пакуван и означен или оцени дека не одговара на пропишаните квалитетни својства и здравствена состојба со решение, ќе го задолжи увозникот во одреден рок да го отстрани недостатокот или да ја врати пратката назад. Доколку во определениот рок од став 5 на овој член не се отстранат недостатоците или не се врати пратката назад, инспекторот од граничниот премин во присуство на службено лице од царинската служба со решението ќе ја одземе или уништи пратката. Против решенијата од ставовите 1 до 6 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Жалбата изјавена против решението на ставовите од 1 до 6 на овој член не го одлага неговото извршување во случај ако може да настане материјална штета која не може да се надомести. Член 89 За потврдување на квалитетните својства, здравствената исправност и правата, надлежните инспектори можат да земаат мостри за анализа. Трошоците за земањето и испитувањето на мострите ги поднесува правното лице кое произведува, доработува или пушта во промет семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување, доколку по испитувањето, се утврди неправилност на страна на тоа лице. Член 90 Органите на царинската служба се должни да ја пријават секоја пратка од семенскиот материјал, садниот материјал и материјалот за размножување, за преглед на инспекторот од граничниот премин. Органите на царинската служба не можат да отпочнат царинска постапка или да ги упатат на друга царинарница, пратките од став 1 на овој член без согласност на инспекторот за заштита од граничниот премин. 27 Член 91 Надлежните органи за внатрешни работи и органите на царинската служба, во согласност со своите надлежности, спречуваат недозволен премин, односно превоз на семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување надвор од посебните гранични премини определени од Владата на Република Македонија. Пратките од член 23 на овој закон, кои доаѓаат на територијата на Република Македонија, надвор од определениот граничен премин, органите од став 1 на овој член ги задржуваат и за тоа ја известуваат надлежната инспекција од граничен премин или ги упа туваат на определен граничен премин. V. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ Член 92 Со парична казна од 100.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице ако: 1) произведува или доработува семенски материјал, саден материјал или материјал за размножување, а не ги исполнува условите според член 5 став 1 точки 1 и 2 и член 13 од овој закон и 2) произведува, пушта во промет или одржува заштитена сорта со сертификат без согласност на носителот на правата, на заштитата на сортата (член 82). Со парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член и одговорното лице на правното лице. Покрај паричната казна од став 1 точка 1 на овој член, на правното лице ќе му се изрече и мерка на безбедност забрана на вршење на дејност во траење од шест месеци до пет години. На одговорното лице во правно лице за дејствија од став 1 на овој член ќе му се изрече мерка на безбедност забрана за вршење на должност во траење од три месеци до една година. Со парична казна од 20.000 до 30.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 точка 1 на овој член и физичко лице. Член 93 Со парична казна од 80.000 до 250.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице ако: 1) произведува семенски материјал, саден материјал или материјал за размножување, а не ги исполнува условите (член 6); 2) врши одобрување и испитување на квалитетот на семенскиот, садниот материјал и материјалот за размножување, без одобрение, односно испитувањето не се врши според пропишаниот метод (членови 15 и 16); 3) произведува стандарден семенски материјал и саден материјал без дозвола и ако не ги исполнува условите од член 8 на овој закон; 4) пушта во промет семенски или саден материјал за стопански цели кој не ги исполнува условите од член 18 на овој закон; 5) пушта во промет материјал за размножување кој не ги исполнува условите од член 20 на овој закон; 6) пушта во промет трговски саден материјал, без дозвола односно не ги исполнува условите од член 21 на овој закон и 7) врши увоз на семенски и саден материјал и материјал за размножување кој не ги исполнува условите од член 23 на овој закон. Со парична казна од 20.000 до 40.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член и одговорното лице во правното лице. 28 Покрај паричната казна од став 1 на овој член на правното лице може да му се изрече и мерка на безбедност забрана на вршење дејност од три месеци до пет години. На одговорното лице во правното лице за дејствија од став 1 на овој член ќе му се изрече мерка на безбедност забрана за вршење на должност во траење од три месеци до една година. Со парична казна од 10.000 до 30.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 точки 1, 2, 3 на овој член и физичко лице. Член 94 Со парична казна од 50.000 до 200.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице ако: 1) не го пријави производството, доработката и прометот во рок од еден месец и не води евиденција (член 9, член 10, член 34); 2) не ги исполнува условите за пуштање во промет семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување (член 20); 3) увезе или пушти во промет семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување кој не е означен и не е пакован (членови 28, 31 и 32); 4) не ја чува пропратната документација (членови 9 и 34) и 5) на надлежниот инспектор не му овозможи надзор во работата (член 87). Со парична казна од 10.000 до 30.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член и одговорното лице во правното лице. Со парична казна од 10.000 до 20.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 точки 1, 5 и 6 на овој член и физичко лице. Член 95 Покрај паричната казна за прекршок од член 92, член 93 и член 94 на овој закон, ќе се изрече и мерка на безбедност одземање на предметите што се употребени за извршување на прекршокот или се прибавени, односно настанале со извршување на прекршокот и на материјалната корист прибавена со извршувањето на прекршокот. Член 96 Со парична казна до 10.000 денари што се наплатува на самото место, ќе се казни за прекршок физичко лице ако пушти во промет семенски материјал, саден материјал и материјал за размножување. VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 97 Постојните претпријатија и други правни лица што се регистрирани или овластени за производство, доработка, за вршење стручни прегледи во време на вегетација и за испитување на квалитетни својства на семенски материјал и саден материјал, должни се во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење со одредбите на овој закон. Доколку субјектите од став 1 на овој член не го усогласат своето работење со одредбите на овој закон ќе се бришат од соодветниот регистар што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 98 Поблиските прописи од овој закон министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги донесе во рок од 12 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. 29 30 До донесувањето на поблиските прописи од став 1 на овој член ќе се применуваат поблиските прописи што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон. Со денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да важат објавените списоци за признати домашни, одобрени странски и за одомаќени сорти. Член 99 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат: 1. Законот за семе ("Службен весник на СРМ" бр. 18/73, 51/88, 20/90 и "Службен весник на Република Македонија" број 32/91 и 83/92); 2. Законот за саден материјал ("Службен весник на СРМ" број 10/73, 51/88, 20/90 и "Службен весник на Република Македонија" број 32/91 и 83/93) и 3. Законот за признавање на ново создадените, одобрување да се воведат во производство странски и заштита на сорти земјоделски и шумски растенија ("Службен лист на СФРЈ" број 38/80 и 82/90). Член 100 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

Law on seed material, planting material and material for propagation, recognition, approval and protection of variety · Nelum