Law on sanitary and health inspection
Made 2006-05-31 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за санитарната и здравствената инспекција.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment, Food and nutrition
- Keywords
- inspection, public health, offences/penalties, hazardous substances, hygiene/sanitary procedures, food safety and quality
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА САНИТАРНАТА И ЗДРАВСТВЕНАТА ИНСПЕКЦИЈА Се прогласува Законот за санитарната и здравствената инспекција, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 31 мај 2006 година. Бр. 07-2219/1 31 мај 2006 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, д-р Љупчо Јордановски, с.р. З А К О Н Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, с.р. ЗА САНИТАРНАТА И ЗДРАВСТВЕНАТА ИНСПЕКЦИЈА I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредуваат надлежноста и организацијата на санитарната и здравствената инспекција, назначувањето на санитарните и здравствените инспектори, овластувањата и постапката за вршење на инспекцискиот надзор. Член 2 Санитарната и здравствената инспекција опфаќа инспекциски надзор над спроведувањето на законите и другите прописи донесени врз основа на законите од областа на санитарно хигиенската, епидемиолошката и здравствената заштита на населението, здравственото осигурување и евиденциите во областа на здравството. Инспекцискиот надзор ги опфаќа просторот, објектите, просториите, уредите и опремата, дејностите и лицата кои вршат здравствена дејност, како и лицата кои на кој било начин можат штетно да влијаат врз здравјето на луѓето. II. НАДЛЕЖНОСТ Член 3 Работите на санитарната и здравствената инспекција ги врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат (во натамошниот текст: Инспекторатот), како орган во состав на Министерството за здравство. 1 www.pravdiko.com Член 4 Во областа на санитарно-хигиенската и епидемиолошката заштита, Инспекторатот врши надзор особено над: 1) спроведувањето на општите и посебните мерки за спречување на појавата, раното откривање, спречувањето на ширењето и сузбивањето на заразните болести и на инфекциите, а по епидемиолошка индикација - кога постои опасност од причинител на инфекција на заразни болести и во објектите за производство и промет на храна; 2) здравствена исправност на предметите за општа употреба во производството и про метот и тоа: детски играчки, средства за одржување на чистотата, средства за одржување на лична хигиена, за нега и разубавување на лицето и телото и амбалажата за тие средства и определени предмети што при употреба доаѓаат во непосреден допир со кожа и слузни ца; 3) исполнување на условите за вршење на дејност согласно со посебни прописи во објекти од надлежност на санитарната и здравствената инспекција; 4) изворите на нејонизирачко зрачење; 5) производство и промет на опојните дроги, отровите и прекурзорите распоредени согласно со прописите во групата на отрови; 6) спроведувањето на мерките за заштита од штетни материи и влијанија врз здравјето на луѓето; 7) санитарно-хигиенските услови во објектите, просторот, просториите, уредите и опремата на лицата кои вршат здравствена дејност и дејности во областа на образованието, културата, социјалната заштита, спортот и рекреацијата, јавниот превоз, угостителството, туризмот, трговијата и другите стопански гранки; 8) лицата кои на работните места со својата здравствена состојба можат да го загрозат здравјето на населението, а по епидемиолошки индикации - кога постои опасност од при чинител на инфекција на заразни болести и во објектите за производство и промет на хра на; 9) ексхумацијата и преносот на умрените лица на територијата на Република Македонија и преку нејзините граници; 10) лицата, стоките и превозните средства на граничните премини, а во врска со заштитата на здравјето на населението од внесувањето и ширењето на заразните болести, како и над увозот на предметите за општа употреба и опасните материи; 11) инфраструктурните и другите објекти во случај на елементарни непогоди и други вонредни услови; 12) создавањето, селектирањето, пакувањето и одлагањето на медицинскиот отпад и 13) заштитата од штетните дејствија на пушењето на тутун и другите производи од ту тун. Инспекторатот дава согласности и мислења во постапката за издавање на одобренија за градба, како и други согласности и мислења на барање од надлежен орган утврдени со закон или друг пропис донесени врз основа на закон. Инспекторатот врши и други работи што се во негова надлежност согласно закон. Член 5 Во областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, Инспекторатот врши надзор особено над: 1) остварувањето на правата од здравствената заштита; 2) остварувањето на правата од здравственото осигурување; 2 www.pravdiko.com 3) вршењето на здравствена дејност согласно со одобрение донесено од надлежен ор ган; 4) вршењето на дополнителната дејност согласно со потпишаните договори; 5) придржувањето на условите во текот на работењето во поглед на просторот, опремата и кадарот за вршење на определени зравствени дејности согласно со прописите од здравствената заштита; 6) распоредот, почетокот и завршувањето на работното време во здравствените устано ви; 7) извршувањето и содржината на систематските и превентивните здравствени прегле ди; 8) евиденциите во областа на здравството и 9) општите акти на здравствените установи особено на: организацијата и начинот на укажувањето на итна медицинска помош, начинот на користењето и одржувањето на медицинската опрема, нега на болните и домашно лекување, приемот на корисниците при укажувањето на примарна, специјалистичко-консулта тивна здравствена заштита и болничка здравствена заштита, начинот на спроведувањето на внатрешниот надзор над стручната работа на здравствените работници и соработници и видот и користењето на работна облека. Член 6 Во вршењето на инспекцискиот надзор Инспекторатот може да побара стручно мислење од заводите за здравствена заштита и други стручни установи и правни лица, ако за утврдување на битни факти или околности е потребно стручно мислење. Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, санитарните и здравствените инспектори утврдат потреба можат до министерот за здравство да иницираат постапка за стручен над зор над стручната работа на здравствената установа, согласно со Законот за здравствената заштита. III. ОРГАНИЗАЦИЈА Член 7 Со работата на Инспекторатот раководи директор кој го именува и разрешува на предлог на министерот за здравство, Владата на Република Македонија. Во отсуство на директорот го заменува раководен државен службеник од Инспекторатот кој тој ќе го определи. За директор може да биде именувано лице кое покрај општите услови пропишани со прописите за државни службеници, има високо образование - медицински факултет, положен стручен испит, со најмалку пет години работно искуство во струката. Член 8 Инспекцискиот надзор во рамките на надлежноста на Инспекторатот го вршат државни санитарни и здравствени инспектори (во натамошниот текст: инспектори). Инспектор може да биде лице кое ги исполнува општите услови утврдени со Законот за државните службеници, има високо образование - медицински факултет, положен стручен испит и најмалку една година работно искуство во струката. 3 www.pravdiko.com Инспекторите ги назначува министерот за здравство во согласност со одредбите од Законот за државните службеници. Член 9 Директорот на Инспекторатот донесува годишна програма за работа на Инспекторатот и го организира нејзиното спроведување. Директорот изготвува годишен извештај за работата на Инспекторатот и го доставува до министерот за здравство и Владата на Република Македонија, најдоцна до крајот на јануари во тековната година. По потреба во тековната година подготвува вонредни извештаи за одделни области или определени состојби. Извештајот за работа е достапен за јавноста. Член 10 Директорот на Инспекторатот, односно раководниот државен службеник од членот 7 став 1 на овој закон е должен да: ја организира и координира работата на Инспекторатот, врши увид над работата на инспекторите, ја усогласува работата на инспекторите и дава задолжителни инструкции за работа на инспекторите, стручна помош и друго. Член 11 Организационата поставеност на Инспекторатот поблиску се уредува со актот за организација на Министерството за здравство. Називот на работните места, описот на работните задачи и условите што треба да ги исполнат инспекторите за да ги вршат утврдените работни задачи, како и бројот на извршителите, се утврдуваат со актот за систематизацијата на работните места, што го донесува министерот за здравство. Член 12 Овластувањето за вршење на инспекциски надзор, инспекторот го потврдува со службена легитимација. Формата и содржината на образецот на службената легитимацијата од ставот 1 на овој член, начинот на нејзиното издавање и одземање го пропишува министерот за здравство. Службената легитимација на инспекторот ја издава министерот за здравство. Член 13 Министерството за здравство, по предлог на директорот, се грижи за унапредувањето на работата и стручното усовршување на инспекторите, иницира и организира одржување на стручни и советодавни обуки заради единствена примена на законите и другите прописи кои ги спроведува Инспекторатот и ја поттикнува меѓусебната соработка со другите органи на државната управа за прашања од заеднички интерес. Член 14 Правните и физичките лица кои вршат самостојна дејност или професија, должни се да овозможат непречено вршење на инспекцискиот надзор и на барање на инспекторот да даваат вистинити и точни податоци, информации, мостри и други материјали, без надоместок, како и да овозможат привремено одземање на документацијата или други предмети кои можат да послужат како доказ во судската постапка. 4 www.pravdiko.com IV. ОВЛАСТУВАЊА И ОДГОВОРНОСТИ Член 15 Во вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот е овластен да ги прегледа сите работни и помошни простории, односно простори, документација, пропишаната евиденција, опремата како и предметите за работа коишто подлежат на инспекциски надзор, да побара изјава од одговорните вработени, изјави од сведоци, мостри за анализи, брисеви, а по потреба можат да користат услуги на други стручни правни лица. Член 16 Инспекторот го врши инспекцискиот надзор без претходна најава, но пред почетокот на вршењето на самиот надзор е должен да го извести одговорното лице за вршењето на инспекцискиот надзор и да се легитимира. Член 17 Инспекторите во вршењето на инспекцискиот надзор се овластени да: 1) забранат користење на работни и јавни простории, уреди и опрема до отстранување на санитарно-хигиенските недостатоци што влијаат штетно врз животот и здравјето на луѓето; 2) забранат употреба на јавни објекти кои работат без претходна согласност или одобрение за работа од надлежниот орган; 3) наредат отстранување на недостатоци, односно неправилности во согласност со законите и другите прописи со кои се уредува заштитата на здравјето на луѓето; 4) наредат спроведување на санитарно-хигиенските мерки заради спречување и сузбивање на заразни болести; 5) наредат отстранување од работа на лица кои со својата здравствена состојба можат да го загрозат животот и здравјето на луѓето; 6) забранат собирање на граѓани во јавни објекти или на јавни места ако постои опасност од ширење на заразна болест; 7) забранат дејност во објект кој претставува непосредна опасност за ширење на заразни болести и епидемија; 8) наредат отстранување на недостатоци, односно неправилности при спроведување на дезинфекција и стерилизација во здравствени или други установи; 9) забранат употреба на површински води и јавни базени (спортско- рекреативни, здравствени , козметички базени и слично), ако не се преземени потребните мерки за безбедно користење; 10) наредат отстранување на недостатоци во технолошкиот процес кои доведуваат до производство на здравствено неисправни предмети за општа употреба; 11) забранат работа на уреди и објекти што испуштаат штетни материи или на друг на чин штетно влијаат врз здравјето и животот на граѓаните; 12) забранат вршење на здравствена дејност ако се врши спротивно на прописите за здравствена заштита и 13) преземаат и други мерки за кои се овластени со закон и други прописи. Член 18 Ако инспекторот во текот на вршењето на инспекцискиот надзор утврди повреда на закон или друг пропис над чија примена врши надзор друг орган на државната управа, го известува надлежниот орган на државната управа. 5 www.pravdiko.com Член 19 Инспекторот е одговорен, ако: 1) при вршење на инспекцискиот надзор со решение не нареди преземање на мерки и дејства кои по законот бил должен да ги преземе; 2) ги пречекори своите законски овластувања; 3) ја злоупотреби службената должност; 4) не поднесе пријава, односно не ги извести надлежните органи за утврдените недостатоци и 5) не се легитимира пред почнувањето на вршењето на инспекцискиот надзор. Постапката за утврдување на дициплинска одговорност на инспектор се води согласно со Законот за државните службеници. Член 20 Инспекторот е должен во текот и по престанокот на неговото работење, да ги чува сите податоци што ги дознал при вршењето на инспекцискиот надзор,а претставуваат класифицирани информации со соодветен степен на тајност определен со закон. Одредбите од ставот 1 на овој член важат и за стручните установи и правните лица од кои е побарано стручно мислење. V. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ВРШЕЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Член 21 Инспекцискиот надзор инспекторот го врши преку: редовен инспекциски надзор, вонреден инспекциски надзор и контролен инспекциски надзор. Член 22 Редовниот инспекциски надзор опфаќа надзор над спроведување на законите и другите прописи од областа на санитарно-хигиенската, епидемиолошката, здравствената заштита, здравственото осигурување и евиденциите од областа на здравството од страна на правните и физичките лица кои се должни да ги применуваат овие прописи. Член 23 Вонредниот инспекциски надзор се врши врз основа на иницијативи, претставки и предлози поднесени од државни органи, правни и физички лица, како и во случај на опасност и појава на епидемии и други околности по оцена на Инспекторатот. Член 24 Контролен инспекциски надзор се врши по истекот на рокот определен во решението донесено од инспекторот. Член 25 За извршениот инспекциски надзор, добиените податоци и констатираната фактичка состојба, инспекторот е должен да состави записник. 6 www.pravdiko.com Доколку инспекторот утврди дека не се применуваат законите, прописите и други акти, донесува решение со кое се наредува извршување на определени мерки во одреден рок кој го определува инспекторот. Инспекторот е должен да с достави примерок од записникот и решението на странката кај која е извршен инспекцискиот надзор. Член 26 Во вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторите постапуваат според одредбите од Законот за општата управна постапка, освен кога е тоа поинаку определено со овој закон. Член 27 Во случаи кога ќе утврдат постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на граѓаните, инспекторите издаваат усна наредба за итно и неодложно отстранување на недостатоци, која се констатира со записник. Во случаите од ставот 1 на овој член, инспекторите донесуваат решение во рок од 48 часа од издавањето на усната наредба. Член 28 Против решението на инспекторот може да се поднесе жалба до министерот за здравство во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението. Министерот за здравство најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата, ќе донесе решение по жалбата. Жалбата од ставот 1 на овој член не го одлага извршувањето на решението. Член 29 Ако инспекторот при вршењето на инспекцискиот надзор утврди дека со повреда на за кон или друг пропис е сторен прекршок или кривично дело е должен без одлагање да под несе барање за поведување на прекршочна постапка, односно пријава за кривично дело. Надлежниот орган пред кој се поведува постапката од ставот 1 на овој член, должен е да го извести инспекторот за текот и исходот на постапката. Ако при вршењето инспекциски надзор инспекторот утврди прекршок за кој со посебен закон е предвидена мандатна казна, изрекува мандатна казна на самото место на прекршокот. Член 30 Трошоците на инспекцискиот надзор во постапките поведени по барање на странка согласно со закон, паѓаат на товар на странката. Основни критериуми за утврдување на висината на трошоците во постапката се реалните трошоци направени при спроведувањето на постапката при вршењето на инспекцискиот надзор. Начинот на пресметување и висината на трошоците во постапките од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот . 7 www.pravdiko.com VI. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ Член 31 Со парична казна од 50.000 до 250.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице, ако: 1) оневозможи непречено вршење на инспекцискиот надзор и на барање на инспекторот не дава вистинити и точни податоци, информации, мостри и други материјали, без надоместок или оневозможи привремено одземање на документацијата или други предмети кои можат да послужат како доказ во судската постапка (член 14) и 2) не постапи по усна наредба издадена од инспектор за итно и неодложно отстранување на недостатоци при постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на граѓаните (член 27 став 1). За прекршокот од ставот 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 10.000 до 50.000 денари и физичко лице кое врши самостојна дејност или професија . За прекршокот од ставот 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 10.000 до 50.000 денари и одговорното лице во правното лице. VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 32 Министерот за здравство во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе ги донесе прописите чие донесување е утврдено со овој закон. До денот на донесувањето на прописите од ставот 1 на овој член ќе продолжат да се применуваат подзаконските прописи што биле во сила пред влегувањето во сила на овој закон, доколку не се во несогласност со овој закон. Член 33 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за санитар ната и здравствената инспекција (“Службен весник на Република Македонија” број 19/95). Член 34 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. 8 www.pravdiko.com