Law on protection and welfare of animals
Made 2007-09-06 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за заштита и благосостојба на животните.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal health, animal welfare, inspection, offences/penalties, slaughtering, transport/storage
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
„Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 1 од 36 Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ Се прогласува Законот за заштита и благосостојба на животните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 6 септември 2007 година. Бр. 07-3850/1 Претседател 6 септември 2007 година на Република Македонија, Скопје Бранко Црвенковски, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Љубиша Георгиевски, с.р. ЗAКОН ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ ГЛАВА I ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет Со овој закон се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на одредени видови животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита на животните при фармско држење, заштита и благосостојба на животните за време на транспортот, колењето или убивањето, заштита на кучиња, домашни миленици, животни во зоолошки градини и заштита на животните кои се користат во експериментални или други научни цели. Член 2 Цели Целта на овој закон е да се обезбеди: животните да бидат третирани на начин кој најдобро одговара на нивните потреби, секој кој се грижи за животните да ја штити нивната благосостојба, колку што дозволуваат околностите, животните неоправдано да не бидат изложени на болка, патење, физичка повреда или страв и ефикасен надзор и контрола во спроведувањето на овој закон. Член 3 Дефиниции (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство, се применуваат и во овој закон, доколку со овој закон поинаку не се дефинирани. (2) Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење: „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 2 од 36 1. „Благосостојба” е физичка и социјална состојба на животните што се постигнува со исполнување на условите утврдени со овој закон за засегнатите видови животни вклучувајќи, но не ограничувајќи се на сместувањето, животната средина, исхраната, медицинската нега и социјалниот контакт; 2. “Теле” е говедо на возраст до шест месеца; 3. “Говеда” се сите животни кои припаѓаат на родот говеда (диви или домашни); 4. “Несилки” се кокошки од видот Gallus gallus кои ја имаат достигнато зрелоста за несење и се чуваат за производство на јајца кои не се наменети за ведење; 5. “Гнездо” е одвоен простор за несење на јајцата, за една кокошка или група на кокошки (групни гнезда), при што составните делови на подот не вклучуваат мрежа од жица која може да дојде во контакт со птиците; 6. “Ѓубриште” е кој било дроблив материјал кој им овозможува на несилките да ги задоволат нивните етолошки потреби; 7. “Употреблива површина” е површина која е широка најмалку 30 см со пад на подот кој не надминува 14% и со висина од најмалку 45 см. Под употребливи површини не се подразбираат површините наменети за гнездење; 8. “Свиња” е животно од видот свињи, од која било возраст, чувани за одгледување или товење; 9. “Нерез” е свиња од машки род, по достигнување на полова зрелост, наменет за размножување; 10. “Назимка” е свиња од женски род, по достигнување на полова зрелост и пред прасење; 11. “Маторица” е свиња од женски род по првото прасење; 12. “Опрасена маторица” е свиња од женски род меѓу перинаталниот период до одбивање на прасињата; 13. “Спрасна маторица” е маторица во период меѓу одбивањето на прасињата и перинаталниот период; 14. “Прасе” е свиња во периодот од раѓањето до одбивањето; 15. “Одбиено прасе” е свиња во периодот од одбивање до возраст од десет недели; 16. “Свиња за одгледување” е свиња на возраст од десет недели до нејзиното колење или парење; 17. “Овци” се сите животни од видот овци, освен овци помлади од шест месеца, кои се сметаат за јагниња; 18. “Кози” се сите животни од видот кози, освен кози на возраст под шест месеца, кои се сметаат за јариња; 19. “Осакатување” е постапка која се спроведува за цели поинакви од терапевтските и резултира со оштетување или загуби на чуствителни делови од телото или нарушување на интегритетот на коскената структура, предизвикувајќи значителна болка и истоштеност; 20. “Батериски кафезен систем” е поставеност на кафезите за живина, во еден или повеќе редови, на едно ниво, или катови, сместени во објект, каде што кафезот е затворен простор за една или неколку птици; 21. “Надзорник” е лице кое е директно одговорно за благосостојбата на животните и ги придружува истите за време на патувањето; 22. “Контејнер” е секоја корпа, кутија, сандак или друга цврста структура која може да се користи за транспорт на животни, а која не е транспортно средство; 23. “Контролен пункт” е место каде што патувањето на животните се прекинува за да се одморат, нахранат и напојат; 24. “Патување” е целокупниот процес на превоз од местото на поаѓање до местото на крајното одредиште, вклучувајќи го секој растовар, сместување и утовар кои се вршат за време на патувањето меѓу почетната и крајната дестинација; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 3 од 36 25. “Средства за пренос на животни” се превозни средства кои се користат или се наменети за пренесување на домашни коњи и домашни животни од видовите: говеда, овци, кози и свињи, а се различни од возилата на тркала од превозните средства кои ги пренесуваат животните во подвижни контејнери; 26. “Долго патување” е патување кое трае подолго од 8 часа, почнувајќи од моментот кога е натоварено првото животно од пратката; 27. “Систем за навигација” е сателитска инфраструктура која обезбедува глобално, континуирано, прецизно, гарантирано темпирање на времето и позиционирање или технологија која обезбедува услуги кои се еквивалентни за целите на овој закон; 28. “Организатор” е: а) превозник кој има поддоговор со најмалку еден или повеќе превозници за дел од патувањето; б) физичко или правно лице кое има договор со повеќе од еден превозник за патувањето или в) лицето кое го потпишува патниот дневник; 29. “Место на поаѓање” е место на кое животното за прв пат е натоварено на превозното средство и притоа било сместено таму барем 48 часа пред времето на поаѓање. Собирните центри кои се одобрени во согласност со Законот за ветеринарно здравство можат да се сметаат како место за поаѓање, доколку се исполнети следниве услови: а) оддалеченоста меѓу првото место на утовар и собирниот центар е помало од 100 км или б) животните се сместени на доволна количина постелка, неврзани, доколку е возможно и напоени најмалку 6 часа пред времето за поаѓање од собирниот центар; 30. “Место на дестинација” е место на кое животното е истоварено од превозното средство и е: а) сместено е најмалку 48 часа пред времето на повторно тргнување или б) заклано; 31. “Место за одмор или трансфер” е секое место на застанување за време на патувањето кое не е место на дестинација, вклучувајќи го и местото каде што животните го менуваат превозното средство без разлика дали се растовараат или не; 32. “Регистриран коњ” е секој коњ идентификуван со документи за идентификација издадени од овластена институција надлежна за одгледување на коњи или од кој било друг надлежен орган во државата од која потекнува животното, кој води матична книга или регистар за таа раса на животни, или која било друга меѓународна организација или организација која е одговорна за коњите наменети за натпревари и трки; 33. “Превоз” е движење на животно изведено со едно или повеќе превозни средства и други сродни операции, вклучувајќи натовар, растовар, трансфер и одмор сé до завршување на растоварот на животните на местото на дестинација; 34. “Нескротен коњ” е коњ кој не може да биде врзан или воден со поводник без причинување на вознемиреност, болка или патење кои можат да се избегнат; 35. “Возило” е превозно средство на тркала, кое се придвижува или влече; 36. “Место за трансфер” е место каде што превозот е прекинат за да се пренесат животните од едно во друго превозно средство; 37. “Период за одмор” е дел од патувањето кога животните не се поместуваат со превозното средство; 38. “Меѓународен превоз” е секое движење од една во друга држава со исклучок на патувања пократки од 50 км и движење меѓу земјите членки на ЕУ; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 4 од 36 39. “Лице одговорно за превоз на животните” е лице со целосна контрола над организирањето, спроведувањето и завршувањето на целото патување, без оглед на должностите кои се утврдени со поддоговор со други заинтересирани страни за време на превозот. Тоа лице најчесто е лице кое планира, склучува договори и ги дефинира условите кои треба да ги исполнуваат другите заинтерсирани страни; 40. “Лице одговорно за благосостојбата на животните” е лице кое е директно одговорно за грижата за животните за време на превозот. Таквото лице може да биде придружникот или возачот на возилото доколку тие ја имаат истата улога; 41. “Кланица” е секоја просторија наменета за комерцијално колење на животните вклучувајќи ги постројките за пренос или сместување во кланично депо; 42. “Пренос” е растовар или возење на животните од платформата за растовар, лежиштата или боксовите во кланиците до просториите или местото каде што треба да се заколат; 43. “Кланично депо” е чување на животните во лежишта, боксови, покриени места или други површини кои ги користат кланиците со цел да им ја овозможат на животните потребната нега (вода, храна и одмор) пред нивното колење; 44. “Фиксирање” е која било постапка врз животното со која се ограничува движењето на животното, со цел да се спроведе ефикасно зашеметување или убивање; 45. “Зашеметување” е секој процес кој при примена врз животното, предизвикува моментално губење на свеста што трае до смртта; 46. “Убивање” е кој било процес кој предизвикува смрт на животното; 47. “Колење” е предизвикување на смрт на животното со искрварување; 48. “Експериментални животни” се животни кои се користат или кои ќе се користат за експерименти; 49. “Животни кои се одгледуваат” се животни посебно одгледувани во објекти одобрени или регистрирани од надлежниот орган, само за употреба во експерименти; 50. “Постапка - експеримент” е секое експериментално или друго користење во научни цели на животните, што може да предизвика болка, страдање, истоштување или трајна повреда, вклучувајќи ја секоја активност која може да доведе до раѓање на животно под тие услови, но со исклучок на најмалку болните методи, прифатени во современата пракса (тоа е “хуман” метод), за убивање или обележување на животното. Постапката започнува со подготовка на животното за употреба и завршува кога нема да се спроведуваат натамошни набљудувања за целите на таа процедура. Елиминирањето на болката, страдањето, истоштеноста или трајната повреда со успешно користење на анестезија или аналгезија или друг метод не подразбира употреба на животното надвор од целите на оваа дефиниција; 51. “Одговорно лице” е лице кое надлежниот орган го смета за квалификувано за извршување на определени работи опишани во овој закон; 52. “Објект” е штала или подвижен објект, градба, група на градби или други простории, вклучувајќи ги и местата кои не се целосно затворени или покриени; 53. “Институции за размножување” се објектите и постројките каде што се вршат активности за размножување на животните за нивна употреба во експерименти; 54. “Институции за снабдување” се објектите и постројките каде што се вршат активности различни од активностите кои се вршат во институциите за размножување, од каде што животните се набавуваат за нивна употреба во експерименти; 55. “Институција корисник” е кој било објект, постројки, опрема и активностите за употреба на животните во постапки и експерименти; 56. “Правилно анестезирани” е одземање на сензитивноста користејќи метод на анестезија (локална или општа), ефективен како при примена на добра ветеринарна пракса; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 5 од 36 57. “Хуман метод на убивање” е убивање на животното со минимално физичко и психичко страдање соодветно на видот; 58. “Наменето за користење” е одгледување и чување со цел за продавање, отстранување или употреба за експериментални или други научни процедури; 59. “Простор за чување” е простор каде што животните вообичаено се чуваат при одгледувањето, држењето или за време на спроведувањето на експериментот; 60. “Кафез” е перманентно фиксиран или подвижен контејнер кој е ограден со цврсти ѕидови и најмалку од една страна со прегради или жица, или доколку е соодветно само со мрежи, во кои едно или повеќе животни се чуваат или превезуваат. Во зависност од густината на животните и големината на контејнерот, слободата на движење на животните е релативно ограничена; 61. “Бокс” е затворен простор со ѕидови, прегради, жици и друго во кое се чуваат едно или повеќе животни. Во зависност од големината на местото и густината на животните, слободата на движењето на животните е вообичаено помалку ограничена отколку во кафезите; 62. “Испуст” е ограден простор, на пример, со огради, ѕидови, прегради или жица и најчесто се наоѓа надвор од објектите во кои животните се чуваат во кафези или лежишта и можат слободно да се движат во одредени временски периоди во согласност со нивните етолошки и физиолошки потреби заради вежбање и 63. “Лежиште” е мал простор заграден од три страни, каде што странично има прегради, а на предната страна се наоѓа хранилка каде што едно или две животни се чуваат врзани. Член 4 Општи одредби за постапување со животните Во секоја ситуација и под секакви околности, секој треба да дејствува на хуман и грижлив начин кон животните. Забрането е предизвикување на болка, патење или повреди, сурово и нехумано однесување и убивање на животните во спротивност со одредбите од овој закон. ГЛАВА II ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ Оддел I Општи одредби за заштита на животните Член 5 Општи услови за нега на животните (1) Сопствениците и/или одгледувачите на животни се должни да: 1) преземат соодветни мерки за да обезбедат благосостојба на животните кои се под нивна грижа и на истите да не им се предизвикува никаква непотребна болка, страдање или повреда; 2) обезбедат услови под кои животните, со исклучок на риби, влекачи или амфибии се одгледуваат или чуваат, земајќи ги предвид видот и степенот на развој, прилагодувањето и припитомувањето и нивните физиолошки и етолошки потреби, во согласност со одредбите од овој закон и утврденото искуство и научното знаење; 3) обезбедат тие, или лицата кои се грижат за животните се соодветно теоретски и практично подготвени и имаат познавања да: „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 6 од 36 а) препознаат дали животните се во добра здравствена состојба или не; б) ги препознаат значителните промени во однесувањето и в) проценат дали околината е соодветна за здравјето и благосостојбата на животните; 4) обезбедат животните кои се чуваат на начин во кој нивната благосостојба зависи од честата посета на човекот да бидат прегледани најмалку еднаш дневно. Животните во други системи за чување треба да се прегледуваат во интервали доволни да се избегне секое страдање и 5) обезедат соодветна ветеринарно медицинска грижа за животните. (2) Хируршките интервенции ќе се изведуваат само доколку за тоа постојат медицински или одгледувачки услови, со соодветна употреба на целосна или локална анестезија и на начин со кој ќе се избегне предизвикување непотребна болка или страдање на животното. (3) Забрането е поттикнување на агресивност на животните против други животни освен при дресурата на кучиња. (4) Забрането е поттикнување, организирање и одржување на борби меѓу животните за какви било намени. (5) Забрането е присилување на животните на работа која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност. Член 6 Општи услови кои се однесуваат на живеалиштата, објектите и опремата (1) Сместувањето на животните треба да биде на начин на кој ќе се избегне штетното влијание на надворешните фактори на животната средина, како што се бучавата, вибрацијата и атмосферското загадување. (2) Формата, конструкцијата и одржувањето на живеалиштата, објектите и опремата за животните мораат да бидат такви за да може да се одржуваат на лесен и хигиенски начин и да ја ограничат опасноста од појава на болести или трауматски повреди на животните како и да обезбедат соодветни безбедносни услови. (3) Животните кои не се чуваат во објекти треба да бидат соодветно заштитени од неповолните временски услови, грабливци и од ризик по нивното здравје. (4) Опремата која се користи и која може да има влијание на здравјето и благосостојбата на животните треба да се прегледува најмалку еднаш дневно. Доколку се откријат недостатоци, истите треба веднаш да бидат отстранети или доколку тоа е невозможно, да се превземат соодветни чекори за да се заштити здравјето и благосостојбата на животните. (5) Слободата на движење на животните, имајќи го предвид видот и во согласност со утврденото искуство и научно знаење, не смее да биде ограничена на начин кој ќе предизвика непотребно страдање или повреда. Доколку животното е постојано или редовно врзано или затворено, мора да му се обезбеди доволен простор за движење соодветен на неговите физиолошки и етолошки потреби во согласност со утврденото искуство и научно знаење. Член 7 Општи услови кои се однесуват на хранење, одгледување, размножување, нега и користење на животните (1) На животните треба секојдневно да им се обезбеди вода за напојување со соодветен квалитет и соодветна, хранлива, хигиенска и избалансирана добиточна храна во согласност со нивната старост и вид заради одржување на здравјето и физиолошките потреби. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 7 од 36 (2) Забрането е хранење и напојување на животните на начин и со храна или течност која содржи супстанции кои ќе предизвикаат непотребно страдање или повреди. (3) Сопственикот и/или одгледувачот се должни да обезбедат: 1) сите животни да имаат пристап до добиточната храна во интервали соодветни на нивните физиолошки потреби; 2) сите животни да имаат пристап до соодветни поила за вода или да се во можност да ги задоволат нивните потреби за течности на друг начин; 3) опремата за хранење и напојување да биде обликувана, конструирана и позиционирана на начин да се минимализира контаминацијата на храната и водата и да се избегнат штетните ефекти од натпреварување меѓу животните и 4) ниту една друга супстанција, со исклучок на оние кои се дадени за терапевтски или профилактични цели или за цели на зоотехнички третман, не смее да се примени на животното освен доколку не е докажано со научни студии за благосостојба на животните или со утврдено искуство дека ефектот од таа супстанција не е штетен по здравјето или благосостојбата на животните. (4) Забрането е одгледување на животни за фармски цели, освен доколку врз основа на нивниот генотип или фенотип може разумно да се очекува дека тие можат да се чуваат без штетни ефекти по нивното здравје и благосостојба. (5) Забрането е природно или вештачко размножување или процедури за размножување кои предизвикуваат или можат да предизвикаат страдање или повреда на животните. Со оваа одредба не се исклучува употребата на одредени процедури кои можат да предизвикаат минимално или моментално страдање, повреда или кои можат да наметнат интервенции кои би можеле да предизвикаат повреда со трајни последици, доколку истите се одобрени согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. (6) Програмите за размножување покрај здравствената заштита и производството задолжително треба да содржат и критериуми за подобрување на благосостојбата на животните. За таа цел треба да биде поддржано одржувањето и развојот на расите на животни кај кои ќе се ограничат или намалат проблемите во однос на благосостојбата. (7) Во случај кога животните очигледно не се во добра здравствена состојба, или покажуваат неповолни промени во однесувањето, сопственикот и/или одгледувачот без одлагање ќе преземе мерки да ја утврди и отстрани причината. Доколку мерките преземени од сопственикот и/или одгледувачот не покажуваат ефекти, веднаш треба да се консултира доктор по ветеринарна медицина и доколку е неопходно, да се побара стручен совет од други стручни лица. Болните и повредени животни треба да се сместат во лежишта кои обезбедуваат соодветна удобност и надзор и доколку е потребно и безбедност и им дозволуваат да останат во визуелен контакт со другите животни. Доколку е неопходно, болните или повредени животни треба да бидат изолирани од другите животни. (8) Со гравидните животни мора да се постапува со посебна грижа за да се избегне стресот и повредите кои би резултирале со предвремено породување, да имаат на располагање доволно добиточна храна и вода за напојување, за да се одржи нивното здравје и телесна кондиција, како и да се обезбеди развој на здрав подмладок. (9) Осакатување на животните е забрането. Заради избегнување на неповолни дејствија од околината или начинот на држење, треба да се преземат други корективни мерки, за соодветен начин и процедури на држење, прилагодување на животната средина или избор на соодветни видови и родови на животни. Употребата на инструментите за електрични шокови е забранета. (10) Животните кои се чуваат за фармски цели не смеат да се користат при одвивање на јавни манифестации или демонстрации доколку таквата употреба веројатно ќе биде штетна по нивното здравје и благосостојба. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 8 од 36 (11) Забрането е нанесување болки, повреди или предизвикување на страдање на животните. Оддел II Посебни одредби за заштита на животните кои се чуваат за фармски цели Член 8 Посебни одредби за заштита на говедата (1) При држење на говеда од видот Bos Taurus and Bubalus bubalus кои се чуваат за производство на месо, млеко, кожа, или кои било други фармски цели треба да се применуваат одредбите од овој член. (2) При држењето на телиња треба да се применува следново: 1) телињата сместени во штали треба да се прегледуваат од сопственикот или од лицето кое е одговорно за животните најмалку двапати дневно, а телињата држени надвор треба да бидат прегледани најмалку еднаш дневно; 2) телињата не треба да бидат врзани, со исклучок на групно сместени телиња кои можат да бидат врзани во период кој не е подолг од 1 час за време на хранење со млеко или замена за млеко. Доколку телињата се врзуваат, тоа не треба да предизвикува повреди, треба да биде соодветно прилагодено и редовно надгледувано. Врзувањето треба да биде вршено на начин со кој ќе се избегне опасноста од гушење или нанесување повреди и ќе овозможи движење на телето; 3) на телињата не треба да им се ставаат корпи; 4) телињата треба да се хранат најмалку два пати дневно. Доколку телињата се сместени во групи и не се хранат ad libitum или се хранат со помош на автоматски систем за хранење, секое теле мора да има пристап до храната во исто време со другите животни во групата и 5) секое теле треба да прими колострум што е можно побрзо по неговото раѓање, но не подоцна од првите шест часа од животот. (3) При држењето на бикови за размножување или товење треба да се применува следново: 1) биковите не треба да се држат индивидуално или во групи во која нема да има повеќе од 20 животни. На биковите треба да им се обезбеди соодветна средина за да им се овозможи социјална интеракција. Биковите не треба да бидат приклучувани на групи кои се веќе формирани ниту една група да се приклучува на друга група. Групното држење на рогати бикови или ставање на рогати и обезрожени бикови заедно треба да се избегнува; 2) во случај на појава на воспаление на врвот на опашот или абнормално однесување на биковите треба да се извршат корективни мерки во однос на начинот на држење на животните, смалување на бројот на животни во групата, избегнување на монотона средина, збогатување на исхраната со крмни растенија, подобрување на квалитетот на подот и климатските и хигиенските услови и 3) доколку биковите се врзани, грбните каиши или ланци мора да бидат прилагодени на начин да се избегне секоја непотребна болка или истоштување на животното. Употреба на жица под напон за избегнување на меѓусебното заскокнување на биковите е забрането. (4) При држењето на крави и јуници треба да се применува следново: 1) при слободно сместување, бројот на животните кои се сместени не треба да го премине бројот на индивидуалните лежишта кои се на располагање, а доколку добиточната храна не се дава ad libitum, бројот на места за јадење. Формата и димензиите на ходниците и на зоната за движење треба да бидат такви за да се избегне непотребно туркање меѓу животните; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 9 од 36 2) должината на лежиштата треба да овозможи стоење и лежење на цврст под. Индивидуалните лежишта и стојалишта треба да ги овозможат специфичните движења на животните при легнување и станување; 3) животните не треба да се држат на целосно решеткаста површина. Лежиштето треба да биде покриено со слама или друга погодна простирка со цел да се обезбеди удобност и да се намали опасноста од повреди; 4) користењето на остри рабови, шилести направи и направи за нанесување елекрични шокови со цел за контрола на однесувањето на животните е забрането. Доколку е неопходно, овие направи можат да се користат само за оградување и доколку истите се соодветно прегледани. Тие треба да бидат приспособени за секое поедино животно и вклучени за времето на прилагодување и не смеат да се користат во време пред породување; 5) на животните треба да им се овозможи излегување од шталите кога е тоа можно, а особено во летно време по можност секој ден; 6) техниката и опремата за молзење треба да се изведува, односно одржува на начин да се избегнат повреди на вимето; 7) опашот на животните не треба да биде постојано врзан; 8) за време на редовните проверки, треба да се обрати внимание на вимето и гениталиите. За време на последниот месец од бременоста, животните треба повнимателно да се посматраат на евентуална појава на знаци на абнормалност; 9) пред и за време на телењето животните треба да бидат сместени во одвоени јасли со цврст под и со простирка; 10) сопственикот и/или одгледувачот треба да имаат искуство и способност за помагање при телење при што посебно внимание ќе се обрати на хигиената. На кравата треба да í се овозможи да го излиже телето веднаш по раѓањето; 11) доколку постои сомнеж за тешкотии при телењето треба да се побара помош од доктор по ветеринарна медицина уште во раната фаза на телењето; 12) користењето механичка помош при телење, освен рачно користење на ланци и јажиња е забрането. Опремата за механичка помош при телење може да се користи во исклучителни ситуации од доктор по ветеринарна медицина или под негов надзор и само доколку телето може лесно да се ослободи од нив; 13) операции на царски рез може да врши само доктор по ветеринарна медицина, и тоа само при индикации во интерес на индивидуални животни, а не како рутинска мерка и 14) за да се намалат тешкотиите при телење, посебно на јуници, при осеменувањето или припуштањето, треба да се земе предвид видот, големината, староста и претходните записи за родителите. (5) При промени во фенотипот и генотипот на говедата треба да се применува следново: 1) забранети се интервенции кои резултираат со губење на значително количество на ткиво, или модификација на структурата на коските кај говедата. Забранети се и следниве интервенции кај говедата: а) модификација или отсекување на јазикот; б) обезрожување со други средства, освен со хируршко отстранување на роговите и в) кратење на опашките; 2) по исклучок од точката 1 на овој став, во одредени случаи се дозволени интервенции: а) за медицинско ветеринарни цели; б) извршени само во интерес на животните или кога е неопходно за заштита на луѓето кои се во близок контакт со животните, под услови поставени во точките 3 и 4 од овој став, и тоа: „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 10 од 36 уништување или отстранување на зоната за создавање на рогови во рана фаза за да се избегне обезрожувањето, обезрожување извршено со хируршко отстранување на роговите и ставање на носни алки на бикови и крави и в) онаму каде што е можно, следните процедури треба да се избегнуваат, но можат да бидат спроведени во согласност со точката 3 или 4 од овој став под следниве услови: кастрација на бикови и бикови-телиња, по можност со хируршко отстранување на тестисите, но не со методи кои предизвикуваат непотребна или продолжена болка и исцрпеност, ојаловување на крави за товење и засекување или перфорирање на ушите на животните доколку е пропишано или дозволено со закон; 3) постапките кои ќе предизвикаат, или е веројатно дека ќе предизвикаат значителна болка кај животните, треба да се извршуваат со користење на општа или локална анестезија од доктор по ветеринарна медицина. Овие постапки вклучуваат ојаловување, обезрожување со хируршки средства или топлотна каутеризација на животни постари од четири недели, кастрација и вазектомија и 4) постапките за кои не е потребна анестезија треба да бидат изведени од квалификувани лица на начин со кој ќе се избегне непотребна или продолжена болка или истоштување на животните и во согласност со условите од точката 2 на овој став. Овие постапки вклучуваат: а) уништување или отстранување на зоната за создавање на рогови кај животни кои не се постари од четири недели: со хемиска каутеризација или со топлотна каутеризација под услов тоа да е направено со инструмент кој барем за десет секунди произведува доволно топлина; б) ставање на носни алки на бикови и крави и в) засекување или перфорирање на ушите на животните. (6) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува поблиските услови и начинот на заштита на говедата. Член 9 Посебни одредби за заштита на овци и кози (1) При држење или одгледување на овци од видот Ovis aries и кози од видот Capra hircus кои се чуваат за производство на месо, млеко, кожа, волна, влакна или кои било други фармски цели, треба да се применуваат одредбите од овој член. (2) Видот и бројот на овците треба да зависи од погодноста на природната средина и веројатната достапност на доволно храна во текот на годината. (3) Овците доколку е можно, не треба да се чувааат поединечно. (4) Секое јагне/јаре треба да прими клострум, колку што е можно побрзо по раѓањето, но не подоцна од првите 4 часа од животот. (5) Возрасните животни кои се чуваат за производство на влакна и волна мора да се стрижат барем еднаш годишно. Стрижењето мора да биде извршено од компетентно лице на начин кој предизвикува најмала можна повреда или болка на животното. Инструментите за стрижење треба да бидат соодветни спрема големината и староста на животното и редовно да се чистат и одржуваат. Пред и за време на стрижењето со животните треба да се постапува внимателно за да се избегнат повредите. Сите рани од стрижење мора веднаш соодветно да се третираат. Истрижените животни не треба да се изложат на неповолни временски влијанија кои непотребно ќе му наштетат на животното, освен во случаи кога тие можат да се заштитат на некој друг начин. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 11 од 36 (6) При промени во фенотипот и генотипот треба се применува следново: 1) забранети се интервенции кои резултираат со губење на значително количество на ткиво, или модификација на структурата на коските, како и интервенции кои ќе резултираат со значителна болка или стрес. Забранети се и следниве интервенции: а) ампутација или други операции на пенисот; б) отстранување на роговите; в) ампутација на опашот; г) хируршко отстранување на кожата околу опашката и д) стругање и кратење на забите; 2) по исклучок од точката 1 на овој став, во одредени случаи можат да се спроведат следниве интервенции: а) изведување на интервенции исклучиво заради ветеринарно здравствени цели заради ослободување и превенција на болка или патење; б) изведување на следните интервенции и под следниве услови: кратење на опашките со хируршки методи или со хемостатски клешти, а притоа должината на опашот да биде доволна да го покрие анусот кај машките и анусот и вулвата кај женските животни, кастрација со хируршки методи или со хемостатски клешти, обезрожување, вазектомија и обележување на животните со ушни маркици или со тетовирање, идентификација со всадување на електронска направа или маркирање на роговите и в) доколку е дозволено со закон, кастрација и сечење на опашките со гумени прстени алки, засекување или пункција на ушите и 3) сечење на опашките и кастрацијата, особено со користење на гумени прстени алки, треба да се применува само доколку тоа е неопходно и да се изведе со хируршки зафат со употреба на анестезија или хемостатски клешти. Обезрожување, вазектомија, операции на царски рез или која било друга лапаратомија може да се изврши само од доктор по ветеринарна медицина со користење на анестезија. Другите процедури во кои животното ќе трпи болка, или е веројатно дека ќе трпи болка можат да бидат извршени само со користење на анестезија од страна на доктор по ветеринарна медицина. (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува поблиските услови и начинот на заштита на овците и козите. Член 10 Посебни одредби за заштита на свињите (1) При држење на свињи од видот Sus scrofa или негови хибриди кои се чуваат за производство на месо, кожа, влакна/четињи или кои било други фармски цели треба да се применуваат одредбите од овој член. (2) При држењето на свињи од сите категории треба да се применува следново: 1) сместувањето на свињите треба да овозможи исполнување на нивниве физиолошки и етолошки потреби; 2) свињите треба да се држат во постојани групи со што е можно помало мешање. Доколку мешањето е неизбежно, тоа треба да биде внимателно надгледувано и 3) кога свињите се преместуваат од еден систем за одгледување во друг, тие треба внимателно да се надгледуваат за да се осигура дека се прилагодиле на новиот систем. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 12 од 36 (3) Доколку нерезите се чуваат во група со други нерези или маторици, потребно е да се преземат мерки за да се спречат претерани борби, посебно за време на хранењето. Доколку се јават знаци на јаки борби потребно е веднаш да се испита причината и да се преземат соодветни корективни мерки. (4) При држењето на маторици и назимки треба да се применувa следново: 1) доколку маториците се држат во група, групите треба да бидат што е можно постабилни и да се преземат мерки да се спречи претерана агресија преку ставање на располагање на доволно храна, дополнителен простор, визуелни бариери за криење од агресорите и хранилки за непречено хранење. Доколку се јават знаци на јаки борби потребно е веднаш да се испита причината и да се преземат соодветни корективни мерки; 2) држењето при осеменувањето или припуштањето, кога животните се држат во индивидуални боксови, треба да биде сведено на минимум, но не подолго од четири недели. По исклучок од оваа одредба, групно сместени засушени маторици и назимки можат да бидат индивидуално сместени во следниве случаи: а) маторици и назимки одгледани во држалишта со помалку од десет маторици; б) агресивни животни и в) лекување на болни и повредени животни; 3) во неделата пред очекуваното време за прасење на маториците и назимките треба да им се стави на располагање доволна количина на постелка, освен доколку тоа не е технички изводливо за системот за изѓубрување кој се користи во објектот; 4) сместувањето на маториците и назимките треба да им овозможи исполнување на физиолошките и етолошките потреби на маториците и прасињата пред, за време и после породување соодветно да ги заштити прасињата од повреда или убивање од маторицата и да овозможи правилно прасење со или без помош и 5) пред прасењето и за време на цицањето, треба да се овозможи слободно држење на маториците. (5) При држењето на прасињата треба да се примени следново: 1) доколку е потребно, посебните потреби на младите прасиња во однос на микроклимата треба да се исполнат со обезбедување на доволна количина на постелка под која можат да се вовлечат, дополнително греење на просторот за лежење или со задоволување на нивните потреби на друг начин кој нема да биде штетен за маторицата; 2) прасињата не смеат да се одбијат од маторицата пред возраст од 28 дена, освен во случаи кога нивната или здравствена состојба и благосостојба на маторицата не се во прашање. Прасињата можат да се одбијат од цицање и одвојат од маториците најмногу седум дена порано, доколку се преместат во специјализирани боксови кои се испразнети и потполно исчистени и дезинфицирани пред внесувањето на нова група и 3) кога прасењето се врши во посебни боксови, прасињата мора да имаат доволно простор за да можат да цицаат без тешкотии. (6) При држењето на одбиени прасиња и прасиња за одгледување треба да се примени следново: 1) доколку одбиените прасиња или прасињата за одгледување се држат во групи потребно е да се преземат мерки за да се спречат борбите кои го преминуваат нормалното однесување. Доколку се јават знаци на јаки борби потребно е веднаш да се испита причината и да се преземат соодветни корективни мерки; 2) загрозените животни или поединечните агресивни животни треба да се држат одвоено од групата и 3) употребата на средства за смирување со цел да се овозможи мешање треба да се ограничи на исклучителни околности и само после советување со доктор по ветеринарна медицина. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 13 од 36 (7) Интервенциите, освен оние за терапевтски или дијагностички цели, или за идентификација на свињите согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство кои доведуваат до оштетување или до губење на сензитивен дел на телото, или до промена на структурата на коските, се забранети освен: 1) доколку другите мерки за спречување на страдањето на свињите не се доволни: а) делумно еднообразно смалување на должината на секачите кај прасињата за време на првите седум дена од животот со минимално изложување на чуствителната зона резултирајќи со мазна површина на секачот заради заштита на вимето на маторицата, б) скратување на очњаците на нерезите кога тоа е неопходно за да се спречи повредување на други животни или од безбедносни причини за луѓето и в) скратување на опашката на прасињата не повеќе од половина за време на првите седум дена од животoт. Доколку скратувањето на опашката се применува после седмиот ден од животот, тоа треба да се изврши само под анестезија и дополнителна продолжена аналгезија. Овие процедури ќе се спроведат само во случај кога тие се неопходни за спречување на голема болка кај свињите при гризење на опашките; 2) кастрација на мажјаци со старост до седум дена без повреда на ткивото. Кастрација на свињи со старост над седум дена треба да се врши под анестезија и продолжена аналгезија согласно со закон; 3) само доколку е неопходно и во согласност со закон, ставање на носна алка на возрасни свињи при држење на свињите на отворено; 4) интервенциите од овој став треба да бидат спроведени од доктор по ветеринарна медицина или од квалификувано лице согласно со закон и 5) обележување на животните со ставање на ушни маркици, засекување или тетовирање, идентификација со имплантација на електронски направи, треба да биде извршено од компетентно лице во согласност со закон. (8) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува поблиските услови и начинот на заштита на свињите. Член 11 Посебни одредби за заштита на кокошки несилки (1) При чување на кокошки несилки треба да се применуваат одредбите од овој член. Одредбите од овој член не се однесуваат на: 1) објекти во кои се држат помалку од 350 несилки и 2) објекти за размножување и одгледување на родителски јата. (2) Во зависност од начинот на кој се држат кокошките несилки, сопственикот и/или одгледувачот на кокошките несилки покрај општите услови утврдени со овој закон треба да ги применува и посебните услови за следниве системи: 1) алтернативен систем; 2) основен кафезен систем и 3) подобрен кафезен систем. (3) Објектите за сместување на кокошките несилки треба да ги исполнуваат следниве услови: 1) објектот треба да има доволно осветлување да овозможи несилките јасно меѓусебно да се гледаат, да ја гледаат нивната околина и да покажуваат нормално ниво на активност; 2) доколку објектот се осветлува со природна светлина таа треба да биде рамномерно дистрибуирана во објектот; 3) изметот треба да се отстранува што е можно почесто, а угинатите кокошки мора да се отстрануваат секој ден; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 14 од 36 4) кафезите треба да бидат соодветно конструирани за да се спречи излегување на кокошките; 5) доколку сместувањето на кокошките несилки е на повеќе спратови треба да се има на располагање опрема за непречено надгледување и отстранување на кокошките; 6) формата и димензиите на вратите на кафезите треба да овозможат отстранување на возрасна кокошка без нанесување на непотребно страдање или повреда и 7) со цел да се превенира колвањето на пердувите и канибализмот, надлежниот орган може да дозволи кубење на грбот на пилиња помали од десет дена наменети за несење кое ќе го извршат квалификувани лица. (4) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува поблиските услови и начинот на заштита на кокошките несилки. Член 12 Регистрирање на објекти во кои се чуваат животни (1) Надлежниот орган воспоставува и води регистар на објектите во кој се чуваат животни за фармски цели, кој редовно се ажурира. (2) Регистрирањето на објектите од ставот (1) на овој член се врши врз основа на информации обезбедени од лицето одговорно за објектот, проверени и потврдени со преглед извршен на лице место од надлежниот орган. (3) При регистрацијата и доделувањето на регистрациониот број, надлежниот орган треба да обезбеди дека: 1) регистрацијата е извршена согласно со одредбите од законодавството од ветеринарната област, а особено Законот за идентификација и регистрација на животните и 2) во случај на објекти во кои се чуваат кокошки несилки, регистарскиот број ќе овозможи следење на јајцата наменети за ставање во промет за човечка употреба. (4) По потреба, регистарот на објекти може да биде достапен и на други органи, со цел за следење на животните и производите од животинско потекло пуштени во промет. (5) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува формата и содржината на регистарот, информациите потребни за регистрација на објектите и начинот на регистрација. Оддел III Заштита на животни кои се чуваат за вршење на експерименти и во зоолошки градини Член 13 Намена и користење на животни во експериментални цели (1) Животните можат да се користат во експериментални цели заради исполнување на една од следниве намени: 1) развој, производство и тестирање на квалитет, ефикасност и безбедност на лековите, храната и другите супстанции или производи, доколку се наменети за: а) превенција, дијагноза, лекување на болести или други нарушувања и влијанија кај човекот, животните или растенијата и б) процена, откривање, регулирање или модификација на физичката кондиција кај човекот, животните или растенијата и 2) заштита на животната средина во интерес на здравјето и благосостојбата на човекот или животните. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 15 од 36 (2) Забрането е вршење експерименти со животински видови кои се сметаат за загрозени, освен доколку експериментот има за цел: 1) истражување заради зачувување на видот кој е во прашање или 2) основни биомедицински истражувања за чие изведување исклучиво е неопходно користењето на тие видови животни. (3) Научното истражување со цел за развој на методи со кои можат да се обезбедат информации исти како во експериментите од ставот (2) на овој член, треба да се поттикнува. Член 14 Сместување на животни за експериментални цели (1) Во поглед на грижата и сместувањето на животните наменети за експериментални цели треба да се примени следново: 1) експерименталните животни треба да бидат сместени, така што ќе бидат задоволени нивните физиолошки потреби во однос на околината, минималната слобода на движење, храна, вода и нега; 2) секое намалување на условите за држење на едно експериментално животно кои се неопходни за задоволување на неговите физиолошки и етолошки потреби треба биде сведено на најможен минимум; 3) благосостојбата и здравствената состојба на експерименталните животни треба да бидат под надзор на квалификувано лице, со цел да се спречи болка, непотребно страдање, истоштеност или трајна повреда на животните; 4) треба да бидат преземени сите неопходни подготовки со цел да се обезбеди навремено откривање и елиминирање на можни недостатоци во поглед на грижата и сместувањето на животните и 5) амбиенталните услови во кои експерименталните животни се одгледуваат, чуваат или користат треба секојдневно да се контролираат. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува условите од ставот (1) на овој член. Член 15 Услови за изведување на експерименти (1) Забрането е изведување експерименти на животни од членот 13 на овој закон, доколку за постигнување на таа цел на располагање постои друг научно задоволителен метод за кој не е потребна употреба на животни. (2) За изведување на експериментот, ќе се изберат соодветни видови на животни и по потреба изборот да се објасни на надлежниот орган. Изборот на постапките треба да се врши со употреба на минимален број на животни, предизвикување на најмала болка, страдање, истоштеност или трајна повреда на животните, при што сепак ќе се обезбедат задоволителни резултати од експериментот. (3) Експериментите со животни можат да се изведуваат само со примена на општа или локална анестезија или аналгезија или со други методи наменети за соодветно отстранување на болката, страдањето, истоштеноста или трајната повреда кои можат да настанат во текот на постапката, освен во случај кога: 1) болката предизвикана со експериментот е помала отколку влошувањето на благосостојбата на животните предизвикана од користењето на анестезија или аналгезија или 2) користењето на анестезија или аналгезија го оневозможува добивањето на соодветни резултати од експериментот. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 16 од 36 Во таков случај, треба да бидат преземени соодветни мерки од надлежниот орган, со цел да се обезбеди дека такви експерименти се изведуваат само по потреба. (4) Доколку со експериментот животното ќе трпи или е веројатно дека ќе трпи јака болка која веројатно ќе трае, експериментот мора да биде посебно пријавен и оправдан и посебно одобрен од страна на надлежниот орган. (5) Надлежниот орган издава одобрение за изведување на експериментот, по претходно поднесено барање од страна на изведувачот, во кое се објаснети целите, оправданоста, начинот на неговото изведување и одговорното лице. Надлежниот орган нема да издаде одобрение за извршување на непотребни експерименти. (6) Доколку надлежниот орган утврди дека експериментот не се изведува во согласност со одобрението ќе преземе мерки за забрана за изведување на тој експеримент. (7) За време на изведувањето на експериментот, врз животните треба да се применуваат одредбите од членот 14 на овој закон, освен во случаи кога овие одредби се во спротивност со целта на експериментот. (8) По завршувањето на експериментот ќе се одлучи дали животното ќе се остави да живее или ќе се убие на хуман начин. Животно нема да биде оставено да живее дури и во случаи кога тоа е вратено во нормална здравствена состојба, кога е веројатно дека тоа ќе продолжи да живее во постојана болка или патење. (9) Одлуката од ставот (8) на овој член ја донесува доктор по ветеринарна медицина, или лице кое во согласност со членот 16 од овој закон, е одговорно за вршење на експериментот. (10) Доколку по завршувањето на експериментот: 1) животното се остави во живот, истото треба да биде соодветно здравствено заштитено под надзор на доктор по ветеринарна медицина, или друго одговорно лице и треба да се држи под услови утврдени со членот 14 од овој закон и 2) животното биде еутаназирано или не можат да се исполнат условите од членот 14 на овој закон, тоа треба да биде извршено што е можно побрзо со хуман метод. (11) Животно кое веќе било користено во експеримент кој предизвикува јака или постојана болка или страдање, без оглед на тоа дали се користела анестезија или аналгезија, не смее да се користи во други експерименти, освен доколку тоа е вратено во добра здравствена состојба и благосостојба и: 1) во следниот експеримент, животното е изложено од почеток до крај на општа анестезија која се одржува сé додека не се убие животното или 2) во следниот експеримент се вршат само помали интервенции. Член 16 Овластување на одговорни лица ангажирани во експериментите Експериментите со животни од членот 13 на овој закон, можат да ги изведуваат само одговорни лица определени од надлежниот орган, или лица под директен надзор на одговорните лица за изведување на експериментот, во согласност со одобрението од членот 15 став (5) на овој закон. Член 17 Институции за одгледување и институции за снабдување со експериментални животни (1) Институциите за одгледување и снабдување со експериментални животни треба да ги исполнуваат условите од членот 14 на овој закон и да бидат регистрирани од надлежниот орган, освен во исклучителни случаи во согласност со членот 18 став (5) од овој закон. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 17 од 36 (2) Со регистрацијата од ставот (1) на овој член ќе се назначи и одговорното лице, кое треба да биде квалификувано за да обезбеди грижа соодветна за видовите на животни кои се одгледуваат или чуваат во институцијата. (3) Институциите за одгледување и снабдување со експериментални животни се должни да водат и чуваат евиденција најмалку три години и на барање на надлежниот орган да ја достават на увид. Евиденцијата ги содржи најмалку следниве податоци: 1) за животни кои се одгледани во институцијата, бројот и видот на животните кои се изнесуваат, датумот на изнесување, името и адресата на институцијата каде што се испратени и 2) бројот и видот на животните кои се внесуваат и изнесуваат од институцијата, датумот на овие движења, името и адресата на институцијата од кои животните биле примени или во кои се испратени. (4) Кучињата и мачките родени во институциите за одгледување и снабдување со експериментални животни треба да бидат индивидуално и трајно обележани пред одбивањето, додека кучињата и мачките кои се внесени по одбивањето, ќе бидат обележани веднаш по внесувањето, на начин кој предизвикува најмалку болка. Доколку кучињата или мачките се префрлаат од една во друга институција пред одбивање, а без можност за претходно обележување, за нив се чува целосна евиденција со податоци за мајката, додека истите не се обележат. (5) Во евиденцијата на институцијата се чуваат податоци за идентитетот и потеклото на кучињата или мачките. (6) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на регистарот и начинот и постапката на регистрацијата, техничките услови, начинот на водење евиденција и начинот на вршење на надзор на институциите за одгледување или снабдување со експериментални животни. Член 18 Услови кои се применуваат во институциите корисници (1) Институциите корисници кои вршат експерименти со животни треба да ги исполнуваат условите од членот 14 на овој закон и да бидат регистрирани од надлежниот орган. (2) Постројките и опремата кои се користат во институциите корисници кои вршат експерименти со животни треба да бидат конструирани за соодветни видови на животни и да овозможат ефикасно функционирање на начин кој ќе обезбеди користење на минимален број на животни, без предизвикување на непотребна болка или страдање. (3) Институциите корисници кои вршат експерименти со животни треба да ги обезбедат следниве дополнителни услови: 1) да назначат лица кои се одговорни за грижа на животните и функционирање на опремата; 2) да имаат доволен број на обучен персонал; 3) да обезбедат ветеринарно здравствена заштита и 4) да обезбедат доктор по ветеринарна медицина или друго квалификувано лице за давање совети во однос на благосостојбата на животните. (4) Забрането е користење на животни скитници во експериментални цели. (5) Институциите корисници кои вршат експерименти со животни можат да користат само животни набавени од регистрирани институции за одгледување или снабдување, освен во општи или посебни случаи одобрени од надлежниот орган. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 18 од 36 (6) Во посебни случаи одобрени од страна на надлежниот орган, експериментите можат да бидат изведени и надвор од институцијата. (7) Институциите кои вршат експерименти со животни задолжително водат евиденција и на барање од надлежниот орган ќе ја достават на увид. Евиденција содржи податоци најмалку за: датумот и институцијата од која пристигнале животните, видот и бројот на животни, како и податоците пропишани со членот 21 од овој закон. (8) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на регистарот, начинот на регистрација, техничките услови, начинот на водење евиденција и начинот на вршење на надзор на институциите корисници. Член 19 Видови животни кои можат да се користат во експерименти (1) За вршење на експерименти, дозволено е користење на следниве видови животни: глушец - Mus musculus, стаорец - Rattus norvegicus, заморче - Cavia porcellus, златен хрчак - Mesocricerus auratus, зајак - Oryctolagus cuniculus, куче - Canis familiaris, мачка - Felis catus и препелица - Coturnix coturnix. (2) Надлежниот орган може да го прошири списокот на животни од ставот (1) на овој член со други видови, особено од редот на примати, доколку постојат услови за доволно снабдување со животни одгледувани за таа намена. (3) Општиот исклучок направен од ставот (2) на овој член, не се однесува на кучиња и мачки скитници. Член 20 Користење на експериментални животни во образовни цели и обука (1) Експериментите кои се спроведуваат за образовни цели и обука, или дополнително стручно усовршување, вклучувајќи ја грижата за животните кои се користат или ќе се користат во експерименти, треба да бидат пријавени кај надлежниот орган. Овие експерименти ќе се вршат од страна на овластено и квалификувано лице, или под негов надзор, во согласност со условите пропишани со овој закон. (2) Забрането е вршење експерименти во областа на образованието, обуката, или стручното усовршување за цели различни од оние наведени во ставот (1) од овој член. (3) Изведувањето на експериментите од ставот (1) на овој член ќе биде ограничено само на оние кои се неопходни за целите на образованието или обуката и доколку целите не можат да бидат постигнатати со слични аудиовизуелни или други соодветни методи. (4) Лицата кои ги спроведуваат или учестуваат во спроведувањето на експериментите, лицата кои се грижат за животните кои се користат во експериментите, како и лицата кои го спроведуваат надзорот треба да имаат соодветно образование и обука. Член 21 Статистички податоци (1) Надлежниот орган прибира статистички податоци за користењето на животните во експерименти и доколку е дозволено со закон ќе овозможи достапност до јавноста. (2) Податоците од ставот (1) на овој член се однесуваат на: „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 19 од 36 1) бројот и видови на животни кои се користат во експерименти; 2) бројот на животни по категории кои се користени во експерименти во медицината, индустријата, образованието и обуката; 3) бројот на животни по категории кои се користени во експерименти за заштита на здравјето на човекот и заштита на животната средина и 4) бројот на животни по категории кои се користени во експерименти пропишани со закон. Член 22 Посебни одредби за заштита и благосостојба на животните чувани во зоолошки градини (1) Покрај одредбите пропишани во членовите 5, 6 и 7 од овој закон, за животни кои се чуваат во зоолошки градини се применува и следново: 1) сместувањето на животните во живеалишта треба да биде во согласност со нивната природна средина и однесување; 2) на животните треба да им се обезбеди можноста да се размножуваат; 3) благосостојбата и здравствената состојба на животните во зоолошките градини треба да биде следена од страна на квалификувано лице со цел да се спречи болка или страдање кое може да се избегне, истоштеност, стрес или трајна повреда и 4) секоја зоолошка градина се обврзува да организира ветеринарно здравствена заштита на животните. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува условите под кои животните се чуваат во зоолошките градини, како и начинот на кој се постапува со нив. Оддел IV Заштита и чување на домашни миленици Член 23 Домашни миленици (1) При чување домашни миленици, покрај одредбите пропишани во членовите 5, 6 и 7 од овој закон се применуваaт и следните одредби. (2) Никој не смее да напушти домашен миленик. (3) Забранети се следниве интервенции врз животните: 1) хируршки интервенции за модифицирање на изгледот на животните; 2) скратување на опашката и потсекување на ушите; 3) сечење на петтиот прст; 4) девокализација и 5) отсекување на канџи и обеззабување. (4) Домашните миленици може да се користат за рекламирање, изложби, спортски натпревари и слични настани, доколку организаторот ги исполнил општите одредби од членовите 5, 6 и 7 на овој закон и доколку здравјето и благосостојбата на животните не се доведени во прашање. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 20 од 36 Член 24 Регистрирани кучиња (1) Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата. (2) Регистрираните кучиња кога се на јавно место треба да бидат врзани, со исклучок на ловечки кучиња за време на лов и овчарски кучиња кои придружуваат стадо. (3) Временскиот период и постапките од ставот (1) на овој член се пропишани во Годишната наредба согласно со Законот за ветеринарно здравство. (4) Сопствениците на кучиња се должни во рок од осум дена да ја известат ветеринарната амбуланта, клиника и болница од ставот (1) на овој член за секоја набавка, отуѓување, губење и пцовисување, со исклучок на набавката на млади животни на возраст до четири месеца. Член 25 Нерегистрирани кучиња (1) Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, се надлежни да вршат собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Во овие објекти треба да се обезбеди елементарна заштита на животните од непогодни временски услови и да се обезбеди нивно ефикасно затворање. (2) Заловувањето на кучињата скитници се врши од квалификувани лица на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање. (3) Во прифатилиштата ќе се обезбеди спроведување на соодветни мерки и персонал со цел за ефикасна заштита на животните, редовно хранење и напојување и доколку е неопходно лекување на животните. (4) Прифатилиштата водат евиденција која содржи пропишани податоци за прифатените животни и ќе биде достапна на увид од страна на надлежниот орган. (5) За контрола на популацијата на кучињата скитници, општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје може да примени една од следниве методи: 1) кучињата привремено сместени во прифатилиштата ќе се држат доволно време да се исцрпат сите можности за посвојување. Во случај кога посвојувањето е невозможно, или кога кучињата очигледно патат или се болни и можат да претставуваат сериозна опасност за здравјето на животните или луѓето, тие ќе бидат убиени со средства на хумана еутаназија извршена од доктори по ветеринарна медицина и 2) кучињата привремено сместени во прифатилиштата можат да бидат кастрирани, односно ојаловени, здравствено третирани, превентивно заштитени согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство и повторно вратени во реонот од каде што биле заловени. Во таков случај, кучињата скитници ќе бидат соодветно трајно и видливо обележани на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање. (6) Интервенциите од овој член може да ги врши само доктор по ветеринарна медицина. (7) Трошоците кои настануваат од примената на одредбите од овој член се на товар на сопствениците на кучињата, а во случај на кучиња скитници на товар на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 21 од 36 (8) Во случај на појава на заразна болест која може да се пренесе со кучињата, односно доколку постои опасност од појава на ваква болест, надлежниот орган може да нареди неприменување на одредбите од ставот (5) точка 2 на овој член и да нареди убивање на кучињата скитници. (9) Објектите за сместување - прифатилишта, водат евиденција која содржи пропишани податоци за прифатените животни, која е достапна на увид од страна на надлежниот орган. (10) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува техничките услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постапките за еутаназија, начинот на водење на едвиденција и начинот на вршење на надзор. Член 26 Регистрација и надзор на објектите за сместување и чување на животни скитници (1) Надлежниот орган воспоставува систем за регистрација на објектите за сместување во кој се чуваат кучиња скитници, кој редовно се ажурира. (2) Регистрирањето на објектите од ставот (1) на овој член ќе биде направено врз основа на информации обезбедени од лицето одговорно за објектот, проверени и потврдени со преглед извршен на лице место од надлежниот орган. (3) Објектите - прифатилишта за чување на кучиња скитници треба да бидат редовно проверувани и надгледувани од страна на надлежниот орган и доколку пропишаните услови не се исполнети, ќе преземе соодветни мерки, вклучувајќи времено повлекување или одземање на регистрацијата. (4) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја пропишува формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација, како и информациите потребни за регистрација. ГЛАВА III ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕВОЗ Оддел I Општи услови за превоз на животни Член 27 Општи услови за превоз на животните (1) За време на превозот на животни, треба да бидат исполнети следниве услови: 1) сите неопходни подготовки да се направени однапред, со цел да се намали времетраењето на патувањето и да се задоволат потребите на животните за време на патувањето; 2) животните да бидат подготвени за патување; 3) средствата за превоз треба да бидат соодветно конструирани, одржувани и управувани, на начин да се избегне повреда, страдање, како и да се осигура нивната безбедност; 4) просторот за натовар и истовар да е соодветно конструиран и одржуван, на начин да се избегне повреда и страдање, како и да се осигура нивната безбедност; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 22 од 36 5) персоналот кој постапува со животните да е соодветно обучен за оваа цел и да ги извршува своите обврски без употреба на сила или кој било друг метод со кој се предизвикува непотребно страв, болка, страдање или повреда на животните; 6) превозот до местото на истовар да се извршува без застој, така што условите за благосостојба на животните редовно се проверувани и соодветно одржувани; 7) за животните да е обезбедена доволна подна површина и висина, соодветна на нивната големина и намена на превозот и 8) животните да се понудуваат со вода, храна и одмор во соодветни интервали и со соодветен квалитет и квантитет според нивниот вид и големина. (2) Не е дозволено превезување или принуда на животни на превоз кој може да предизвика нивна повреда или претерано страдање. Оддел II Општи услови за учесниците вклучени во превозот на животни Член 28 Документ за превоз (1) За време на превозот, животните мора да бидат придружувани со документ за превоз кој ги содржи следниве податоци: 1) потекло и сопственост на животните; 2) место на поаѓање; 3) дата и време на поаѓање; 4) предвидено место на дестинација и 5) очекувано времетраење на предвиденото патување. (2) Документот за превоз е достапен на надлежниот орган на негово барање. (3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ја пропишува формата и содржината на документот за превоз. Член 29 Обврски за планирање на превозот на животни (1) Договор или поддоговор за превоз на животни може да се склучи само со овластен превозник. (2) Превозникот е должен да назначи лице одговорно за превозот и да обезбеди дека информациите за планирање, спроведување и довршување на патувањето под негов надзор се достапни во секое време. (3) Организаторите на превозот на животни за секое патување треба да осигурат дека: 1) благосостојбата на животните не е загрозена поради недоволна координација на различни делови од патувањето, земајќи ги предвид и временските услови и 2) лицето одговорно за обезбедување на информациите за планирање, спроведување и довршување на патувањето е достапно на надлежниот орган во секое време. (4) За долги патувања на домашни коњи и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи, освен регистрирани коњи, превозниците и организаторите на превозот треба да пополнат патен дневник за целото патување, во согласност со одредбите од овој закон. (5) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ја пропишува формата и содржината и начинот на водење на патниот дневник. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 23 од 36 Член 30 Превозници (1) Превозници на животни треба да се: 1) регистрирани на начин кој ќе овозможи надлежниот орган брзо да ги идентификува во случај на несогласување со барањата на овој закон и 2) одобрени согласно со членот 35 од овој закон кој се однесува на предвиденото времетраење на превозот, издадено под следниве услови: а) превозниците да го доверуваат превозот на животни на персонал кој стекнал соодветна обука согласно со одредбите од овој закон и б) надлежниот орган времено ќе го повлече или ќе го укине одобрението кога ќе утврди дека превозникот сериозно или повеќе пати ги повредува одредбите од овој закон. (2) Превозниците од ставот (1) на овој член треба да ги исполнуваат следниве услови: 1) да бидат одобрени од надлежен орган за превоз на животни. Одобрението задолжително треба да ги придружува животните за време на превозот и истото на барање на надлежниот орган да биде достапно за увид; 2) задолжително да го известат надлежниот орган за сите промени во однос на информациите и документите наведени во членот 28 став (1) од овој закон или за долгите патувања во членот 29 од овој закон, во рок од 15 работни денови од датумот кога се случиле промените; 3) превозот на животни да се врши во согласност со одредбите од овој закон; 4) постапувањето со животните е доверено на персонал кој е обучен согласно со одредбите од овој закон; 5) нема да управуваат или да бидат помошници во превозот на домашни коњи и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи или живина, освен регистрирани коњи, доколку не поседуваат сертификат за квалификуваност издаден согласно со членот 37 од овој закон и има одобрение за вршење на работите согласно со ставот (1) од овој член; 6) да обезбедат надзорници да ја пратат секоја пратка со животни, освен во случаи кога: а) животните се превезуваат во контејнери кои се обезбедени и соодветно вентилирани, а кога е неопходно, содржат доволно храна и вода во диспензери кои не можат да се превртуваат за време на патувањето двапати подолго од предвиденото време на патување и б) возачот ја врши функцијата на надзорник; 7) да обезбеди одобрение за превозното средство, издадено во согласност со членот 38 од овој закон, наменет за надлежниот орган на местото на дестинација и 8) при долги патувања на домашни коњи и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи, освен регистрирани коњи, да користат навигационен систем и да ги чуваат записите добиени од овој систем најмалку три години и кои ќе бидат достапни за увид на надлежниот орган. (3) Одредбите од ставот (2) точки 1, 2, 4 и 5 на овој член не се однесуваат на лица кои превезуваат животни до максимално растојание од 65 километри сметано од местото на поаѓање до местото на дестинација. (4) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува условите од ставот (1) точка 1 на овој член. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 24 од 36 Член 31 Првичен преглед и одобрување на средствата за превоз (1) Превозот на животни за долги патувања не може да се врши доколку средствата за превоз не се прегледани и одобрени согласно со членот 38 од овој закон. (2) Одредбите од ставот (1) на овој член се однесуваат и на превозни средства приколки и контејнери кои се користат за превоз на домашни коњи и домашни животни од видовите: говеда, овци, кози и свињи. Член 32 Одговорно лице за чување на животни (1) Одговорните лица за чување на животни ќе обезбедат дека на местото на испраќање, претовар или дестинација, животните се подготвени за превоз, натовар, истовар и дека со нив се постапува согласно со одредбите од овој закон. (2) Одговорните лица за чување на животни треба да ги прегледаат сите животни кои пристигнуваат на местото на транзит или на местото на пристигнување и да утврдат дали животните биле изложени на долг пат. Во случај на долги патувања за домашни коњи и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи, освен регистрирани коњи, одговорните лица за чување на животни треба да ги исполнуваат барањата од патниот дневник. (3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува условите од ставот (1) на овој член. Член 33 Собирни центри Операторите во собирните центри одобрени согласно со Законот за ветеринарно здравство, покрај условите пропишани во членот 32 од овој закон, треба: 1) да го доверат постапувањето со животните само на персонал кој поминал обука за соодветните технички правила; 2) редовно да ги информираат лицата присутни во собирните центри за нивните должности и обврски согласно со овој закон и 3) во случај на неисполнување на одредбите од овој закон од страна на кое било лице во собирниот центар и без исклучок на мерките преземени од надлежниот орган, да ги спроведат сите неопходни активности за отстранување на утврдените неусогласувања, како и да го спречат нивното повторување. Член 34 Општи услови и одобрување на контролни пунктови (1) Надлежниот орган одобрува и издава регистарски број на секој контролен пункт. Одобрувањето може да биде ограничено во однос на видот, категоријата или здравствениот статус на животните. Собирните центри можат да бидат одобрени и како контролни пунктови под следниве дополнителни услови: 1) употребата на ваквиот објект да е исклучиво ограничена за таа цел за времетраење на одредениот период и 2) не се користат за промет со животни кои се предмет на уредување со овој закон. (2) За добивање на одобрение од ставот (1) на овој член, контролните пунктови мора да ги исполнуваат следниве услови: „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 25 од 36 1) да се лоцирани во област која не е предмет на забрани или ограничувања согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство; 2) да се под контрола на официјален ветеринар кој ќе потврди дека се исполнети одредбите од овој закон; 3) да функционираат согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство во поглед на здравствената заштита на животните, движењето и заштитата на животните за време на колење и 4) да бидат прегледани најмалку два пати годишно, со цел да се потврди дека условите за одобрување и понатаму се исполнети. (3) Контролните пунктови треба да се користат само за прием, хранење, напојување, одмор, сместување, нега и испраќање на животни кои се на поминување. (4) Во исто време на контролниот пункт можат да бидат присутни само животни од ист вид и со еднаков здравствен статус, за кои контролните пунктови се регистрирани. (5) Физичкото или правното лице кое раководи со контролниот пункт е должно да: 1) дозволи присуство само на животни кои се придружени со сертификат и идентификувани согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. За таа цел физичкото или правното лице ќе ја провери документацијата за здравствената состојба и другата придружна документација за животните и по случаен избор ги проверува идентификационите ознаки кај одреден број на животни; 2) обезбеди дека животните во контролниот пункт се чувани во истите групи, како што се пристигнати и дека животните од секоја пратка се сместени во целосно одвоени објекти, во согласност со инструкциите на официјалниот ветеринар за да се спречи каков било контакт кој може да го загрози здравствениот статус на животните; 3) обезбеди доволни количини на храна и вода за напојување на животните кои престојуваат во контролниот пункт, и истите се хранети и напојувани во интервали соодветни на нивните физиолошки потреби; 4) обезбеди соодветна нега на животните кои престојуваат во контролниот пункт и доколку е потребно, да ги преземе неопходните чекори за да ја обезбеди нивната благосостојбата и здравствената заштита; 5) повика доктор по ветеринарна медицина со цел: а) соодветно да ги третира животните кои се болни или повредени и б) доколку е неопходно, животните да се заколат, убијат или еутаназираат, согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство; 6) персоналот кој работи во контролниот пункт да е соодветно обучен и квалификуван од страна на институција надлежна за спроведување обука, или има соодветно практично искуство кое го квалификува да постапува и доколку е неопходно да даде соодветна нега на животните; 7) води евиденција и да чува податоци кои се однесуваат на пристигнати пратки, во период од најмалку три години, кои на барање на надлежниот орган се доставуваат на увид; 8) ги применува здравствените и хигиенските мерки во согласност со одредбите на овој закон и инструкциите од надлежниот орган и 9) веднаш да го информира надлежниот орган за воочените неправилности. (6) Официјалниот ветеринар или докторот по ветеринарна медицина назначен за оваа цел од страна на надлежниот орган, треба да потврди во патниот дневник дека животните се способни да продолжат со патувањето, пред тие да го напуштат контролниот пункт. Трошоците за ветеринарниот преглед се на товар на операторот. (7) Доколку неправилностите утврдени при прегледот на лице место негативно влијаат на здравјето и благосостојбата на животните, надлежниот орган времено го повлекува или одзема одобрението за контролниот пункт. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 26 од 36 (8) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува условите за добивање на одобрението од овој член. Оддел III Обврски и одговорности на надлежниот орган Член 35 Одобрение за превозници (1) Надлежниот орган на превозниците кои не вршат превоз на животни за долги патувања издава одобрение, со важност до пет години под следниве услови: 1) да се регистрирани во Република Македонија, или во случај на превозници од друга држава, да имаат свое претставништво во Република Македонија; 2) да имаат доволен и квалификуван персонал, опрема и пропишани постапки за работа со цел за усогласување со одредбите од овој закон и 3) да не им е изречена прекршочна санкција или мерка за сериозни нарушувања на одредбите од овој закон во период од најмалку три години од датумот на поднесувањето на барањето. Оваа одредба нема да важи доколку барателите му докажат на надлежниот орган дека ги преземале сите неопходни мерки за да се избегнат натамошни нарушувања. (2) Надлежниот орган издава одобрение за превозниците кои вршат превоз на животни за долги патувања, со важност од пет години под следниве услови доколку: 1) се исполнети одредбите од ставот (1) точка 1 на овој член и 2) се приложени следниве документи: а) валиден сертификат за квалификуваност на возачот, односно надзорникот согласно со членот 37 од овој закон; б) одобрение за превозното средство согласно со членот 38 од овој закон; в) пропишани постапки за работата, вклучувајќи и навигационен систем кој им овозможува на превозниците следење и евидентирање на движењето на патните возила под нивна одговорност и контактирање со возачите во кој било момент за време на долгото патување и г) планови за преземање на итни мерки во случај на вонредни ситуации. (3) Одобрението од ставот (2) на овој член важи и за вршење на транспортот од ставот (1) на овој член. (4) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува условите и постапката за одобрување на превозниците од овој член. Член 36 Прегледи во врска со патувањето (1) При долги патувања на домашни коњи и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи, надлежниот орган на местото на поаѓање треба: 1) да изврши прегледи со што ќе потврди дека: а) превозниците наведени во патниот дневник ги имаат соодветните одобренија од членот 35 на овој закон и б) патниот дневник поднесен од организаторот ги содржи потребните податоци согласно со овој закон и одговара на фактичката состојба; 2) доколку при прегледот од точката 1 на овој став се утврдат неправилности, надлежниот орган ќе нареди преземање на мерки со цел за усогласување со одредбите од овој закон; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 27 од 36 3) доколку при прегледот од точката 1 на овој став не се утврдат неправилности, надлежниот орган ќе го завери патниот дневник и 4) во најкус можен рок ќе испрати податоци за предвиденото долго патување до надлежниот орган на местото на дестинацијата, или до контролниот пункт, преку соодветен систем за размена на информации. (2) По исклучок од ставот (1) точка 3 на овој член, заверувањето на патниот дневник не е задолжително за превозници кои користат навигационен систем од членот 30 на овој закон. (3) Надлежниот орган во кој било дел од долгото патување врши прегледи со цел да потврди дека пријавеното време на патување е во согласност со фактичката состојба и ограничувањата во однос на времето за патување и одмор, а патувањето е во согласност со овој закон. (4) Прегледот за исполнетост на условите за долги патувања се врши пред натоварот, во рамките на здравствениот преглед на животните. (5) Доколку местото на дестинација е кланица, прегледот за исполнетост на условите за долги патувања од ставот (3) на овој член, може да се изврши во рамките на прегледите на производите од животинско потекло наменети за човечка исхрана. (6) Податоците за движењето на средствата за патен сообраќај добиени преку навигациониот систем, можат да се користат и за вршење на прегледи. Член 37 Обука на персонал и сертификат за квалификација (1) Надлежниот орган изготвува програма и спроведува обука на: 1) вработените, особено за работењето на навигациониот систем и соодветните записи и 2) возачите и надзорниците на средствата за патен сообраќај кои превезуваат домашни коњи, домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи или живина, со посебна нагласка на исполнување на условите за превоз, натовар, истовар, постапување и грижа за животните. (2) Согласно со спроведената обука од ставот (1) точка 2 на овој член, надлежниот орган издава сертификат за квалификација за возачите и надзорниците на средствата за патен сообраќај, кој може да биде ограничен на посебни видови или групи на видови животни со рок на важност од пет години. (3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува начинот за спроведување на обуката на вработените, возачите и надзорниците од ставот (1) на овој член, како и начинот на издавање, содржината и формата на сертификатот од ставот (2) на овој член. Член 38 Постапка за одобрување на средствата за патен сообраќај (1) Надлежниот орган издава одобрение на средствата за патен сообраќај кои се користат за долги патувања, под услов истите да: 1) не се предмет на барање поднесено до или одобрено од друг надлежен орган од друга држава и 2) се прегледани од надлежниот орган, при што е утврдено дека одговараат на условите за техничките правила кои се однесуваат на дизајнот, конструкцијата и одржувањето на средствата за патен сообраќај наменети за долги патувања. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 28 од 36 (2) Одобрението се издава за период од пет години и истото ќе престане да важи доколку средствата за превоз се модифицираат или ремонтираат на начин кој негативно ќе влијае на благосостојбата на животните. (3) Надлежниот орган води регистар на издадени одобренија за средствата за патен сообраќај кои се користат за долги патувања, во електронска база на податоци или на друг соодветен начин, кој ќе овозможи нивно брзо идентификување во случај на неисполнување на одредбите од овој закон. (4) Кај средствата за патен сообраќај, надлежниот орган може да дозволи исклучок од одредбите на овој член за патувања кои не надминуваат 12 часа до местото на дестинација. Кај свињите, времето на превозот може да изнесува најдолго до 24 часа, при што задолжително треба да има постојан пристап до вода за напојување. (5) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува условите, начинот на издавање, формата и содржината на одобрението од ставот (1) на овој член. Член 39 Контроли на граничен премин (1) Прегледот на животните од страна на официјалниот ветеринар на граничен премин е задолжителен, при што официјалниот ветеринар проверува дали животните се превезени согласно со одредбите од овој закон, особено: 1) дали превозниците приложиле заверена копија од одобрението од членот 35 став (2) на овој закон; 2) дали возачите и надзорниците на средствата за патен сообраќај за домашни коњи и домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи или живина, приложиле сертификат за квалификација од членот 37 на овој закон; 3) дали животните се способни да го продолжат патувањето; 4) дали средствата за транспорт се одобрени во согласност со членот 38 од овој закон и 5) дали при извоз, превозниците обезбедиле доказ дека патувањето од местото на поаѓање до првото место на истовар во земјата на крајна дестинација е во согласност со меѓународните договори кои се на сила во другите држави на кои се однесува. (2) Во случај на долги патувања за домашни коњи и домашни животни од видовите; говеда, овци, кози и свињи, официјалниот ветеринар на граничниот премин треба да изврши преглед на патниот дневник и да потврди дали условите пропишани во истиот се во согласност со наведените временски ограничувања. Евиденцијата од овие прегледи и прегледите наведени во ставот (1) од овој член се чуваат од страна на надлежниот орган најмалку три години од датумот на прегледот, вклучувајќи и копија од соодветната документација. (3) Кога надлежниот орган смета дека животните не се способни да го продолжат и да го завршат патувањето, може да нареди животните да бидат истоварени, напоени, нахранети и оставени да одмораат. Член 40 Застој за време на превоз (1) Во случај на непредвидени околности, надлежниот орган ги презема сите неопходни мерки за да го спречи или намали на минимум застојот на превозот, или страдањето на животните. Надлежниот орган обезбедува дека се преземени сите мерки на местото на трансферот или на граничниот премин, со цел да се даде предност на превозот на животни. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 29 од 36 (2) Не е дозволено непотребно задржување на пратка на животни за време на превоз, освен во случаи кога тоа е неопходно за благосостојбата, за здравствена заштита на животните и јавното ветеринарно здравство. Застој меѓу натоварот и поаѓањето треба да биде сведен на минимум. Доколку за време на превозот, пратката со животни треба да биде задржана подолго од 2 часа, надлежниот орган треба да преземе мерки со цел да се обезбедат соодветни услови за грижа на животните и кога е неопходно нивно хранење, напојување, истовар и сместување. Член 41 Итни мерки (1) Кога надлежниот орган утврди дека одредбите од овој закон не се почитуваат, ќе нареди лицето одговорно за животните да ги преземе сите неопходни мерки потребни да ја заштити благосостојбата на животните. Овие мерки не смеат да предизвикаат непотребно или дополнително страдање на животните и мора да бидат пропорционални со утврдениот ризик. Трошоците за спроведените мерки се на товар на лицето одговорно за животните. (2) Во зависност од околностите, итните мерки можат да бидат: 1) замена на возачот или надзорникот; 2) привремена поправка на средствата за превоз, со цел за превенција на можноста за непосредна повреда на животните; 3) претовар и префрлување на пратката или делови од неа во други средства за превоз; 4) враќање на животните до местото на испраќање по најкус пат или продолжување до местото на дестинација по најкус пат, во зависност од користа за благосостојба на животните и 5) истовар на животните, соодветно сместување и нега, сé до решавање на проблемот. (3) Во случај кога не постојат други средства за заштита на благосостојбата на животните, истите ќе бидат заклани или еутаназирани на хуман начин. (4) Во случај кога е неопходно да се превезуваат животните под итни околности, надлежниот орган ќе издаде писмено одобрение за превоз на животните со кое се идентификуваат животните и се дефинираат посебните услови под кои истите можат да бидат превезени. Ова одобрение задолжително ги придружува животните. (5) Доколку лицето кое е одговорно за животните не може да се контактира, или не успее да ги исполни инструкциите, надлежниот орган веднаш ќе договори извршување на неопходни мерки. (6) За одлуките донесени од надлежниот орган и причините за тие одлуки, превозникот или негов претставник ќе биде известен во најкус можен рок. Доколку е потребно, надлежниот орган ќе обезбеди помош на превозникот со цел за имплементирање на потребните итни мерки. Член 42 Исклучок по однос на превозот Одредбите од членовите 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40 и 41 на овој закон, не се применуваат во следниве случаи: 1) превоз на животни кој не е во комерцијални цели и превоз до и од ветеринарни амбуланти, клиники и болници, по препорака на доктор по ветеринарна медицина и 2) без оглед на членот 27 став (1), како и членот 41 од овој закон е дозволен: „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 30 од 36 а) превоз кој го извршуваат сопствениците на животни, со превозни средства кои во однос на географските околности бараат превоз за сезонско патување за одредени типови на животни и б) превозот кој го извршуваат сопствениците на животни, со превозни средства на растојание помало од 50 километри од одгледувалиштето. ГЛАВА IV ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА КОЛЕЊЕ И УБИВАЊЕ Оддел I Општи услови за заштита и благосостојба на животните за време на колење и убивање Член 43 Општи одредби (1) Одредбите за заштита и благосостојба на животните за време на колење или убивање се применуваат при пренос, сместување во кланично депо, фиксирање, зашеметување, колење и убивање на животните одгледувани и чувани за производство на месо, кожа, крзно или други производи, како и на методите на убивање на животни заради контрола на болести. (2) Одредбите од ставот (1) на овој член нема да се применуваат при: 1) технички и научни експерименти поврзани со постапките од ставот (1) на овој член, извршени под надзор на надлежниот орган; 2) животни кои се убиени во културни или спортски настани и 3) убивање на диви животни за време на лов со средства и начин согласно со закон. (3) Животните треба да бидат поштедени од секое вознемирување кое може да се избегне, болка или страдање за време на пренос, сместување во кланично депо, фиксирање, зашеметување, колење или убивање. Оддел II Услови кои се однесуваат на животните заклани или убиени во кланиците Член 44 Постапување со животните (1) Без исклучок на другите прописи од областа на ветеринарното здравство, конструкцијата, капацитетите, опремата на кланиците и нивното функционирање, треба да ги поштеди животните од секое вознемирување кое може да се избегне, болка и страдање. (2) Копитарите, преживарите, свињите, зајаците и живината кои се донесени во кланицата за колење треба да бидат пренесени и доколку е неопходно сместени во кланичното депо, фиксирани, зашеметени пред колењето или веднаш убиени и искрварени во согласност со одредбите на овој закон. (3) По исклучок од ставот (1) на овој член, условите за зашеметување пред колење нема да се применуваат во случај кога животните се колат со посебни методи на колење, потребни при одредени религиозни церемонии, а се претходно пријавени и одобрени од надлежниот орган. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 31 од 36 (4) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску го пропишува начинот на постапување со животните од овој член. Член 45 Опрема и персонал (1) Инструментите, опремата за фиксирање и другата опрема и инсталации кои се користат за зашеметување или убивање на животните мора да бидат дизајнирани, конструирани, одржувани и користени на начин да се постигне брзо и ефикасно зашеметување или убивање во согласност со одредбите на овој закон. Со цел да дозволи зашеметување или убивање на животните, надлежниот орган врши проверка дали инструментите, опремата за фиксирање и другата опрема која се користи за зашеметување или колење се во согласност со пропишаните правила. (2) Резервна опрема и инструменти мора да се чуваат на местото за колење во случаи на откажување на постојната и истите задолжително се одржуваат во исправна состојба и редовно се прегледуваат. (3) Не е дозволено ангажирање на лица во прометот, сместувањето во кланично депо, фиксирањето, зашеметувањето, колењето или убивањето на животните, кои немаат знаење и вештини неопходни за извршување на задачите на хуман и ефикасен начин и во согласност со одредбите од овој закон. Член 46 Инспекција и контрола Инспекциите и контролите во кланиците се спроведуваат од страна на надлежниот орган, кој треба цело време да има слободен пристап во сите делови на кланицата, со цел да констатира исполнување на условите пропишани со овој закон. Овие инспекции и контроли можат да се спроведуваат иствремено со контролите спроведени за други цели. Оддел III Услови кои се однесуваат на животните заклани или убиени надвор од кланиците Член 47 Постапки со животните (1) При колење на животните надвор од кланиците, се применуваат одредбите од членот 44 ставови (2) и (3) на овој закон. (2) Надлежниот орган може да одобри исклучок во однос на живината, зајаците, свињите, овците и козите заклани или убиени надвор од кланиците од страна на нивниот сопственик и за лична употреба, при што колењето или убивањето на животните е во согласност со членот 43 од овој закон, а свињите, овците и козите биле претходно зашеметени. (3) При колењето и убивањето на животни заради контрола на болест, убивањето и кога е можно колењето на животните ќе биде направено под услови и со методи со кои се спречува секоја опасност за ширење на болеста. (4) Одредбите од ставовите (1) и (3) на овој член нема да се применуваат во случај на животно кое мора да биде убиено веднаш поради вонредни причини (елементарни непогоди, епидемии и слично). „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 32 од 36 (5) Повредените или заболените животни мора да бидат заклани или убиени на лице место. Надлежниот орган може да одобри превоз на овие животни заради колење или убивање, доколку превозот не предизвикува натамошно страдање на животните. (6) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува начинот на постапување со животните од овој член. ГЛАВА V НАДЗОР Оддел I Надлежност за спроведување на овој закон Член 48 Надзор (1) Надзорот на спроведувањето на одредбите од овој закон и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон го врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) Инспекциски надзор за спроведување на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Управата за ветеринарство преку официјални и овластени ветеринари. Член 49 Права и должности за вршење на инспекција (1) Официјалните и овластени ветеринари при вршењето на нивните должности имаат право на слободен пристап до приватните и јавните имоти, објекти, одгледувалишта, живеалишта, институции и превозни средства, како и до евиденцијата и документите, вклучително и електронските бази на податоци. (2) Лицата одговорни за објектите и превозните средства кои се предмет на ветеринарна инспекција од ставот (1) на овој член, се должни да ги достават на увид бараните информации на надлежниот орган. (3) Доколку надлежниот орган утврди дека правните и физичките лица и превозните средства од ставот (1) на овој член не се во согласност со одредбите на овој закон, ќе донесе решение со кое ќе нареди: 1) преземање на мерки за усогласување со одредбите од овој закон; 2) засилена контрола на истите и 3) во случај на сериозно или повторно непочитување и без исклучок на другите изречени санкции, времено повлекување или одземање на одобрението. Член 50 Жалби Правните и физичките лица врз кои е изречена мерка со решение од страна на надлежниот орган од членот 49 став (3) на овој закон, имаат право на жалба до министерот во рок од 15 дена од денот на добивањето на решението. Жалбата не го одлага извршувањето на решението. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 33 од 36 ГЛАВА VI ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 51 Прекршоци (1) Глоба во износ од 10.000 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) поттикнува агресивност на животните против други животни (член 5 став (3)); 2) поттикнува, организира и одржува борби меѓу животните за какви било намени (член 5 став (4)) и 3) присилува животни на работа која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност (член 5 став (5)). (2) Глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече за прекршок од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот (1) на овој член. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член освен глоба, на правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка, одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во траење од 20 до 30 дена. (5) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од 10 до 15 дена. (6) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка, одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од 10 до 15 дена. Член 52 (1) Глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) не ги исполнува обврските кон своите животни во однос на грижа, обезбедување на услови за задоволување на нивни физиолошки и етолошки потреби и услови на држење (член 5 став (1)); 2) не применува добра ветеринарна пракса при обезбедување на ветеринарна медицинска грижа, изведување на хируршки операции за кои не постои медицинска индикација и не употребува соодветна целосна или локална анестезија (член 5 став (2)); 3) не ги исполнува општите услови кои се однесуваат на живеалиштата, објектите и опремата каде што се сместени животните и нивното влијание на здравјето, благосостојбата, физиолошките и етиолошките потреби на животните (член 6); 4) не ги исполнува општите услови кои се однесуваат на хранењето, одгледувањето, размножувањето, негата и користењето на животните и влијанието по здравјето, благосостојбата, физиолошките и етиолошките потреби на животните (член 7); 5) врши одгледување и снабдува со експериментални животни во објекти кои не се регистрирани од надлежен орган или нивното работење е во спротивност на условите под кои е регистриран објектот (член 17 став (1)); 6) врши експерименти со животни во објекти кои не се регистрирани од надлежен орган или нивното работење е во спротивност на условите под кои е регистриран објектот (член 18 став (1)); „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 34 од 36 7) користи животни скитници од домашни видови во експериментални цели (член 18 став (4)); 8) изведува експерименти надвор од објекти во кои вршат експерименти со животни без одобрение од страна на Надлежниот орган (член 18 став (6)); 9) користи други видови на животни во извршување на експерименти (член 19 став (1)); 10) не ги исполнува општите услови за време на превоз на животните (член 27 став (1)); 11) не пополнува патен дневник (член 29 став (4)); 12) не е регистриран (член 30 став (1) тока 1) и не ги исполнува условите за транспорт (член 30 став (2)); 13) врши транспорт на животни со средства за транспорт кои не се прегледани и одобрени (член 31 ставови (1) и (2)); 14) не постапува со животните соодветно, не врши преглед и не ги исполнува барањата од патниот дневник (член 32 ставови (1) и (2)); 15) не постапува според условите кои се однесуваат на операторите во собирните центри (член 33), 16) не ги исполнува условите за одобрување на контролни пунктови (член 34 став (2)); 17) сместува животни со различен здравствен статус (член 34 став (4)); 18) не ги поштедува животните од вознемирување кое може да се избегне, болка или страдање за време на пренос, сместување во кланично депо, фиксирање, зашеметување, колење или убивање (член 43 став (3)); 19) употреба на конструкција, капацитет и опрема кои функционираат така што нанесуваат болка и страдање на животните ( член 44 став (1)); 20) животните донесени во кланица за колење не се фиксирани, зашеметени пред колење, веднаш убиени и искрварени (член 44 став (2)) и 21) не користи и нема инструменти, опрема за фиксирање, опрема и инсталации за зашеметување и убивање на животните за да се постигне брзо и ефикасно зашеметување и убивање (член 45 став (1)). (2) Глоба во износ од 1.000 до 3.500 евра во денарска противвредност на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече за прекршок од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 500 до 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот (1) точки 1, 3, 4, 8, 9, 10, 17, 18, 20 и 21 на овој член. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка, одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во траење од 20 до 30 дена. (5) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од 10 до 15 дена. (6) За прекршокот од ставот (1) точки 1, 3, 4, 8, 9,10, 17,18, 20 и 21 на овој член, освен глоба на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка, одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од 10 до15 дена. Член 53 (1) Глоба во износ од 1.500 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) врши чување на животни за фармски цели во објекти кои не се регистрирани од надлежен орган или нивно работење е во спротивност на условите под кои е регистриран објектот (член 12 став (1)); „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 35 од 36 2) не ги исполнува условите за сместување на животните за експериментални цели (член 14); 3) изведува експерименти без посебна дозвола од надлежен орган (член 15 став (5)); 4) не пријавува експерименти на надлежниот орган и извршува експерименти лице кое не е овластено (член 20 став (1)); 5) не ги исполнува условите за чување на животни во зоолошки градини (член 22); 6) не ги придружува животните за време на превозот со документи за превоз (член 28 став (1)); 7) не назначува лице одговорно за превоз, кое ќе обезбедува информации за планирање, спроведување и довршување на патувањето (член 29 ставови (2) и (3) точка 2); 8) не го координира патувањето и ја загрозува благосостојбата на животните (член 29 став (3) точка 1); 9) колат животни наменети за религиозни церемонии кои не се пријавени и одобрени (член 42 став (3)) и 10) ангажира лица кои немаат знаење и вештини за извршување на задачи на хуман и ефикасен начин (член 43 став (3)). (2) Глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршок од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот (1) точки 1, 3, 4, 6 и 10 на овој член. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член освен глоба, на правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка, одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во траење од 20 до 30 дена. (5) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице лице ќе му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од 10 до 15 дена. (6) За прекршокот од ставот (1) точки 1, 3, 4, 6 и 10 на овој член, освен глоба, на физичкото лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка, одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од 10 до15 дена. Член 54 (1) Глоба во износ од 200 до 1.800 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на правно лице, во случај да: 1) не води и чува евиденција (член 17 став (3)); 2) не води и чува евиденција (член 18 став (7)) и 3) не доставува на увид барана документација (член 26 став (2)). (2) Глоба во износ од 150 до 800 евра во денарска противвредност на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече за прекршок од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 15 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот (1) на овој член. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 36 од 36 ГЛАВА VII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 55 Преоден период Правните и физичките лица кои вршат дејност која е предмет на уредување на овој закон се должни своето работење да го усогласат со одредбите од овој закон во рок од три години од денот на примената на овој закон. Член 56 (1) Правните и физичките лица кои вршат активности во врска со чување кокошки несилки се должни да го усогласат своето работење со членот 11 од овој закон во рок од шест години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Новоизградените, односно објектите кои се ставаат во употреба за чување кокошки несилки со денот на отпочнување со примена на овој закон треба да бидат во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (3) Основните кафезни системи кои биле во употреба до денот на примената на овој закон треба да ги исполнат условите пропишани со овој закон. Изградба на нови основни кафезни системи не е дозволено по денот на започнувањето со примената на овој закон. (4) Во период од шест години од денот на започнувањето на примената на овој закон сите објекти со основни кафезни системи треба да се исфрлат од употреба. Член 57 (1) Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До донесувањето на прописите од ставот (1) на овој член ќе се применуваат постојните прописи. (3) Надлежниот орган ќе воспостави систем за регистрација на објекти од членовите 12 и 26 на овој закон, во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 58 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 jануари 2008 година.