Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on prohibition and prevention performance of unregistered activities

Made 2014-12-29 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Agricultural and rural development, Environment
Keywords
authorization/permit, inspection, offences/penalties

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 199 од 30.12.2014 година 1 од 7 20141996124 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ Се прогласува Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 29 декември 2014 година. Бр. 07 – 4878/1 Претседател 29 декември 2014 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ЗАБРАНА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредува што се смета за вршење на нерегистрирана дејност, исклучоците за тоа што не се смета за вршење на нерегистрирана дејност, соучесниците во вршењето на нерегистрирана дејност, надлежните органи за постапување при спречување и заштита од појавата на нерегистрирана дејност, инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон, управните мерки за заштита, како и прекршочните одредби. Член 2 Одредбите од овој закон нема да се применуваат на вршење на нерегистрирани дејности кои се санкционирани со закони кои ја регулираат областа на даноците. Член 3 Одредбите од овој закон се однесуваат и на правни и на физички лица кои имаат седиште или престојувалиште надвор од територијата на Република Македонија, а својата дејност ја вршат на територијата на Република Македонија преку подружница. Значење на изразите употребени во овој закон Член 4 Одделните изрази употребени во овој закон го имаат следното значење: Службен весник на РМ, бр. 199 од 30.12.2014 година 2 од 7 „Правно лице’’ во смисла на овој закон е задруга, установа и друго лице со правен субјективитет кое врши дејност; „Физичко лице’’ во смисла на овој закон е физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност, лице кое врши услуги или слободни занимања и друго физичко лице кое врши дејност; „Работа за сопствени потреби’’ е активност која непосредно ја извршуваат одговорните лица или вработените во правното лице или физичкото лице кое врши регистрирана дејност заради одржување, поправка или подобрување на работните простории кои се во сопственост или под закуп ги користи правното или физичкото лице, како и отстранување и спречување на дефекти на подвижни предмети кои се во сопственост или кои под закуп ги користи правното или физичкото лице. Како работа за сопствени потреби на физичко лице ќе се смета и градба наменета за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 во сопственост на физичкото лице; ,,Семејна помош’’ е активност која непосредно ја врши физичкото лице во корист и за интерес на лицето со кое е во роднинска врска или однос на старателство, како и на лицето со кое живее во заедничко домаќинство, без оглед на тоа дали се во роднинска врска или старателство; ,,Регистар на други правни лица” е регистарот кој го води Централниот регистар на Република Македонија, согласно Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица; ,,Соседска помош’’ е вршење на работа помеѓу соседите кога помеѓу нив постои близина на живеење до 300 метри во урбаната средина, односно во рамките на исто населено место во руралната средина, без склучен договор за работа, односно работата се врши без паричен надоместок или друга материјална корист, истата не се врши редовно, не се врши од страна на правни или физички лица регистрирани за таа дејност и работата не се врши како одговор на објавен оглас. II. ВРШЕЊЕ НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ Член 5 Се забранува вршење на нерегистрирана дејност на правни и физички лица утврдена со овој закон. Член 6 (1) За нерегистрирана дејност во смисла на овој закон се смета: вршење на дејност од страна на правно лице која не е запишана во посебните регистри утврдени со закон, освен трговскиот регистар; вршење на дејност од страна на правно лице без да поседува законски пропишан акт/и за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност издаден/и од надлежен орган согласно закон; вршење на дејност од страна на физичко лице која не е регистрирана кај надлежен орган; вршење на дејност од страна на физичко лице без да поседува законски пропишан акт/и со кој ги исполнува условите за вршење на регистрирана дејност издаден/и од надлежен орган согласно закон и кога правното или физичкото лице врши дејност спротивно на забраната на вршење дејност изречена од надлежен орган. (2) Согласно ставот (1) на овој член, нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност вршењето на други активности кои што се потребни за извршување на дејноста која е запишана во трговскиот или друг со закон предвиден регистар или вообичаено се извршуваат заедно со регистрираната дејност. Службен весник на РМ, бр. 199 од 30.12.2014 година 3 од 7 (3) Согласно ставот (1) на овој член, нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност повременото вршење на активност за која со закон е исклучена обврската за регистрација на дејноста кај надлежен орган. (4) Согласно ставот (1) на овој член, нема да се сметаат за вршење на нерегистрирана дејност следните активности: работа за сопствени потреби, семејна помош, соседска помош, продажба на лични користени предмети, работа која се врши без финансиски надоместок или друга материјална корист и ако работата не се извршува редовно, како и објавувањето, изведувањето и презентирањето на творештвото на уметниците. (5) Согласно ставот (1) на овој член, нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност, дејноста која ја вршат физички лица преку продажни места на организирани зелени пазари, кои се запишани во регистарот на Управата за јавни приходи и се оданочуваат паушално за дејноста што ја вршат. (6) Согласно ставот (1) на овој член нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност и извршувањето на нужна работа за спречување на несреќи или отстранување на последици од природни и други несреќи. (7) Согласно ставот (1) на овој член нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност и услуга извршена за потребите во домаќинството. (8) Согласно ставот (1) на овој член нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност и вршење на работи кои се надвор од дејност на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа, а за кои работодавачот склучува договор со определено лице. Член 7 (1) Правното или физичкото лице кое овозможува вршење на нерегистрирана дејност согласно членовите 6 и 8 од овој закон се смета за соучесник во вршењето на нерегистрираната дејност. (2) За соучесник во вршењето на нерегистрираната дејност ќе се смета и физичко или правно лице кое нарачува или посредува во вршење на нерегистрирана дејност, ако физичкото или правното лице знаело или можело да знае дека станува збор за вршење на нерегистрирана дејност. III. ОГЛАСУВАЊЕ Член 8 (1) При нарачувањето на оглас, нарачателот е должен да наведе податоци за идентификација: тековна состојба од Централен регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица. (2) Се забранува објавувањето на оглас доколку нарачателот на огласот не достави податоци за идентификација согласно со ставот (1) на овој член. (3) Субјектот кој го врши огласувањето има обврска за чување на податоците за идентификација во рок од една година од објавување на огласот. (4) Субјектот кој го врши огласувањето има обврска на барање на органите на надзор да им дозволи да извршат увид во податоците за идентификација на нарачателот на огласот. (5) Ако огласувачот не постапи согласно овој член се смета за соучесник. (6) Одредбите од овој член не се однесуваат на продажба на лични користени предмети од страна на физички лица преку огласување. Службен весник на РМ, бр. 199 од 30.12.2014 година 4 од 7 IV. ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Член 9 (1) Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон ќе вршат органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа и тоа Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, овластен градежен инспектор и овластен урбанистички инспектор при Единиците на локалната самоуправа, Државен комунален инспекторат, Државен инспекторат за транспорт, Државен инспекторат за техничка инспекција, Државен инспекторат за земјоделство, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Државен просветен инспекторат, Државен управен инспекторат, Државен испекторат за локална самоуправа, Државен инспекторат за животна средина, овластените инспектори за животна средина на општините, овластените инспектори за животна средина на општините во Градот Скопје и овластените инспектори за животна средина на Градот Скопје, секој во однос на одредбите од овој закон за прашањата за кои тие се надлежни согласно закон. (2) Ако при инспекцискиот надзор се утврди повреда која е предвидена како прекршок согласно овој закон, овластениот подносител ќе поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд. (3) Органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од ставот (1) на овој член водат евиденција за прекршоците утврдени со овој закон и за констатираните состојби и исходот од постапката доставуваат податоци до Инспекцискиот совет. V. УПРАВНИ МЕРКИ Член 10 (1) Кога при спроведување на инспекцискиот надзор од членот 9 од овој закон, надлежниот инспектор на лице место констатира дека правното или физичкото лице врши нерегистрирана дејност, составува записник за утврдената фактичка состојба и донесува решение за забрана на вршење на нерегистрираната дејност до денот на регистрацијата кај надлежниот државен орган, во кое се утврдува рокот за регистрација кој не може да биде подолг од 30 дена. (2) Доколку правното или физичкото лице неовластено го отстрани запечатувањето на работните простории или простории од деловен карактер, инсталациите, уредите и другата опрема за работа или опрема која е наменета за работа или за друг погоден начин, соодветно ќе се применуваат одредбите од Кривичниот законик кои се однесуваат на симнување на службен печат или знак. (3) Решението од ставот (1) на овој член се извршува без одлагање по извршениот инспекциски надзор со запечатување на работните простории или простории од деловен карактер, инсталациите, уредите и другата опрема за работа или опрема која е наменета за работа или за друг погоден начин. Кога околностите на случајот тоа го бараат, запечатувањето на работните простории или просториите од деловен карактер по исклучок може да се спроведе најдоцна во рок од три дена од денот кога е извршен инспекцискиот надзор односно од денот кога е издадено решението. (4) Инспекциските служби во органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа надлежни за работите на инспекциски надзор се должни да соработуваат и разменуваат податоци со Министерството за финансии - Управата за јавни приходи заради утврдување и пресметување на даночните обврски на субјектите кои вршат нерегистрирана дејност. Службен весник на РМ, бр. 199 од 30.12.2014 година 5 од 7 (5) Министерството за финансии - Управата за јавни приходи во вршење на работите од својата надлежност во даночна постапка кај нерегистрирани даночни обврзници е должна за истото да достави известување до органите на државната управа надлежни за работите на инспекциски надзор. (6) Против решението од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението. Жалбата не го одложува извршувањето на решението. (7) Жалбата од ставот (6) на овој член се изјавува до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. VI. ПОРАМНУВАЊЕ Член 11 За прекршоците утврдени во овој закон, надлежниот инспектор е должен на сторителот на прекршокот, пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка да му предложи постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците. VII. ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ Член 12 (1) Ако при инспекцискиот надзор се утврди повреда на членовите 6, 7 и 8 од овој закон на сторителот на прекршокот – правно или физичко лице привремено ќе му се одземат предметите, опремата и средствата со кој е направен прекршокот или настанале како резултат на сторување на прекршокот. (2) За одземените предмети, опрема и средства инспекцискиот орган на сопственикот му издава потврда за привремено одземените предмети, опрема и средства и е должен да му ги предаде на надлежниот суд за понатамошно постапување. VIII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 13 (1) Глоба во износ од 10.000 до 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач-правно лице ако: врши дејност која не е запишана во другите посебни регистри утврдени со закон, освен трговскиот регистар (член 6 став (1) алинеја 1 од овој закон); нема со закон пропишан акт за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност (член 6 став (1) алинеја 2 од овој закон) и врши дејност спротивно на забраната на вршење дејност (член 6 став (1) алинеја 5 од овој закон ). (2) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице. (3) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на работодавач- физичко лице. Член 14 Глоба во износ од 3.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице ако : врши дејност која не е регистрирана кај надлежен орган (член 6 став (1) алинеја 3 од овој закон) Службен весник на РМ, бр. 199 од 30.12.2014 година 6 од 7 врши дејност за која нема со закон пропишан акт за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност (член 6 став (1) алинеја 4 од овој закон) врши дејност спротивно на забраната на вршење дејност (член 6 став (1) алинеја 5 од овој закон ). Член 15 (1) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот на работодавач-правно лице ако: на друг како соучесник овозможува извршување на нерегистрирана дејност (член 7 став (1) од овој закон). (2) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност од одмерената глоба за прекршокот од став (1) од овој член ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице. (3) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на работодавач- физичко лице. (4) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член нa физичко лице. Член 16 (1) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот на работодавачот правно лице ако: е соучесник во вршење на нерегистрирана дејности (член 7 став (2) од овој закон); при нарачувањето на огласот правното лице како нарачателот не наведе податоци за идентификација: тековна состојба од Централен регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица (член 8 став (1) од овој закон); објавил оглас без да нарачателот на огласот достави за тековната состојба од Централниот регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица (член 8 став (2) од овој закон); субјектот кој го врши огласувањето не ги чува податоците за идентификација во рок од една година од објавување на огласот (член 8 став (3) од овој закон) и субјектот кој го врши огласувањето на барање на органите на надзор не дозволи на органите на надзор да извршат увид во податоците за идентификација на нарачателот на огласот (член 8 став (4) од овој закон). (2) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност од одмерената глоба за прекршокот од ставот (1) на овој член ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице. (3) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на работодавач- физичко лице. (4) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член нa физичко лице. Член 17 За прекршоците утврдени во членовите 13, 14, 15 и 16 од овој закон, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежниот суд. Службен весник на РМ, бр. 199 од 30.12.2014 година 7 од 7 IX. ПРЕОДНА И ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 18 (1) Одредбата од член 10 став (7) од овој закон ќе отпочне да се применува од денот на отпочнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 130/14). (2) До отпочнувањето на примената за Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 130/14), жалбата против решение за забрана на вршење на нерегистрираната дејност се изјавува до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен. Член 19 Законите со кои е уредена надлежноста на органите од членот 9 од овој закон во врска со нерегистрираната дејност ќе се усогласат со одредбите на овој закон до денот на отпочнувањето на примената на овој закон. Член 20 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Македонија’’, а ќе отпочне да се применува во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Law on prohibition and prevention performance of unregistered activities · Nelum