Law on organic farming
Made 2004-03-22 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за органско земјоделско производство.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Agricultural and rural development, Livestock, Food and nutrition, Cultivated plants
- Keywords
- ecological production/organic production, consumer protection, farming, agricultural development, animal feed/feedstuffs, animal production, packaging/labelling, inspection, offences/penalties, food safety and quality, sustainable use
- Categories
- agriculture
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ЗАКОН ЗА ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО Скопје, 22 Март 2004 година ЗАКОН ЗА ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО И. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредува производството, подготовката, маркетингот, етикетирањето и контролата на органските земјоделски производи кај кои се користени методите за органско производство. Одредбите на овој закон се применуваат и на прехрамбените производи и производи наменети за исхрана на животните кај кои се применуваат методите за органско производство. Член 2 Цели на овој закон е да се обезбеди : заштита на органското производство преку воспоставување на подобра рамнотежа меѓу понудата и побарувачката на земјоделски производи; зголемување на природната плодност на почвата со примена на методи за минимзирање на сите форми на загадување на почвата, водата и воздухот; заштита на биодиверзитетот со планирано користење на природните ресурси; заштита на потрошувачите од заблуди со обезбедување на етикета која јасно сугерира на начинот и методите за добивање на органски производ; дека во сите фази на производството и прометот на органските производи е обезбедена стручна контрола и инспекција; и транзиционен период на конверзија на производството од ковенционален во органски. Член 3 Начела на овој закон се : обезбедување производство на храна со потврдена вредност ; заштита на потрошувачите ; заштита на природните ресурси од загадување ; одржлив социјално економски рурален развој ; добивање производи со потврден квалитет, конкурентни на странскиот пазар ; и превенција од употреба на штетни заштитни средства во растителното и анималното производство ; Член 4 Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следното значење: "органско производство" се работни постапки на органско земјоделско стопанство, кои го опфаќаат производството и пакувањето, вклучувајки го и етикетирањето на органскиот земјоделски производ односно органскиот прехрамбен производ. -"конвенционално производство" се состојки за исхрана/материјали за исхрана кои не може да се декларираат и означат во согласност со овој закон и прописите донесени врз овој закон; 2 "производна единица/имот/фарма за органско производство"е единица, имот или фарма која ѓи исполнува условите предвидени со овој закон. "органски производ" е производ кој ги исполнува условите за органско растително и сточарско производство предвидени со овој закон. "период на конверзија" - е преоден временски период кој е неопходен за исполнување на критериумите за органско производство, согласно пропишаните стандарди; "преодни состојки за исхрана/материјали за исхрана" се состојки за исхрана/материјали за исхрана кои ги исполнуваат правилата за производство според овој закон, освен вопериодот на конверзија. "хранителни материи"- се одобрени материи за исхрана од растително и животинско потекло кои се додаваат на производот за подобрување на вкусот или изгледот на производот "состојки"- се супстанции, вклучувајки ги и адитивите кои се користат при подготовка на производите наведени во член 5 на овој закон, и сеуште се присутни во крајниот производ во непроменета форма. "технички пропис" - е пропис што ги определува техничките барања директно или со повикување или вклучување на содржината на стандард, техничка спецификација или правила (код) на добра пракса. "стандарди" - е документ подготвен со концензус и усвоен од страна на признаено тело, со кој, заради заедничка и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определени активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување најповолен степен на уредност во определено подрачје. "етикетирање" - е секој збор, податок, заштитен жиг, трговско име, слика или симбол на секое пакување, документ, известување, етикета, картон или кованица кои се во придружба или пак се однесуваат на производот од член 5 на овој закон; "подготовка" - се операции за зачувување и/или преработка на земјоделски производи, вклучително и колење и сечење на производи од добиток, како и пакување и/или измени на етикетирањето во врска со презентирањето на методот за органско производство на свежи, конзервирани и/или преработени производи. "маркетинг" - е чување или изложување за продажба, понуда за продажба, продавање, испорака или пласирање на пазарот во било која друга форма, "производи за заштита на растенијата" - се производи кои содржат некои активни супстанци. "сертификат" - е документ издаден во согласност со правилата на сертификациониот систем, со кој се обезбедува доверба дека определен процес, производ или услуга е во сообразност со определен стандард или процес. "стручна контрола" − е тело за оценка на сообразноста кое врши оцена на сообразноста "акредитација" - е стручна постапка со која националното тело за акредитацијаутврдува дали одделен субјект ги исполнува условите за вршење определени дејности во областа на оценување на сообразноста. "сточарство" - е производство на домашни или одомаќени животни, вклучително и инсекти и водни видови одгледани во свежа вода, освен производите од ловот и риболовот. 3 Член 5 Методите за органско производство согласно овој закон се применуваат на: а) непреработени земјоделски растителни и животински производи кои подлежат на примена на посебните постапки на стручната контрола која се врши согласно член 10 на овој закон; б) преработени земјоделски растителни и животински производи, производи наменети за исхрана на луѓето подготвени базирано на една или повеќе состојки од растително и/или животинско потекло; в) хранителни материи или комбинирани хранителни состојки кои не се опфатени во точките а) и б) на овој член. Член 6 Работите на органско земјоделско производство предвидени со овој закон се вршат во согласност со европските и меѓународните стандарди за органско производство. Член 7 За поттикнување и развој на органското производство Владата на Република Македонија донесува годишна програма. Програмата се донесува најдоцна до 31 декември во тековната година за наредната година. Со програмата се утврдуваат мерките за поддршка на производителите на органски производи и за развој на органското производство како и обемот на средствата за нивно извршување. Средства за финансирање на програмата од став 1 на овој член се обезбедуваат од : Буџетот на Република Македонија, донации, кредити и други приходи Член 8 Заради поттикнување, развој, унапредување и координација на органско производство, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство формира советодавно координативна комисија. Комисијата од став 1 на овој член ја сочинуваат 2 преставника од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и по 1 преставник од Министерството за здравство, Министерство за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија- Биро за метрологија, Институт за стандардизација, Институт за акредитација, од стручно научни установи и невладини асоцијации. Комисијата од став 1 на овој член донесува деловник за работа. За работата на членовите на комисијата од став 1 следува надомест. Висината на надоместокот го утврдува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 4 Комисијата од став 1 на овој член еднаш годишно доставува извештај за својата работа до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. ИИ. ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ Член 9 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за животна средина и просторно планирање, министерот за здравство и министерот за економија, донесува поблиски прописи со кои се пропишуваат техничките барања за условите и начинот на органско производство, во зависност од природната плодност на почвата, видот на растенијата и животните, нивната меѓусебна поврзаност како и сочувување на нивната биолошка разновидност. Со прописите од став 1 на овој член ќе се пропишат особено техничките барања за : органско растително производство, сточарство, како и задолижителен период на конверзија, дозволени материи за подобрување на плодноста на почвата и нејзината биолошка активност, производи кои можат да се користат како ѓубрива, производи за заштита на растенијата против болести, зарази и штетници, дозволени заштитни материи од неорганско потекло; дозволени материи за преработка на производи, дозволени материи за амбалажирање и чување на органските производи, и други барања. Член 10 На органското производство, преработка и промет, задолжително се врши стручна контрола од страна на овластено домашно или странско правно лице ако : е регистрирано за вршење стручна контрола, а за странските правни лица и да има постојано седиште или преставништво во Република Македонија. има вработено најмалку три лица со високо образование и со најмалку две години искуство во областа на органското производство, соодветни простории и опрема. е акредитирано од соодветна институција за акредитација. Овластувањето од став 1 од овој член се дава врз основа на предходно спроведен јавен конкурс од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Начинот, постапката и методологијата за вршење на стручната контрола на органското производство поблиску ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 5 Член 11 Овластените правни лица од член 10 на овој закон се запишуваат во регистер кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Формата, содржината и начинот на водење на регистерот од став 1 од овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го избрише од регистерот правното лице за кое ќе утврди дека престанало да ги исполнува условите предвидени во член 10 на овој закон, и ако го повтори прекршокот од член 27 точка 4 и 5 на овој закон. Против решението од став 3 на овој член може да се поднесе жалба до Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање во управни работи од областа на земјоделството. Жалбата не го одлага извршувањето на решението. Запишувањето и бришењето на правните лица од регистерот од став 1 на овој член се објавува во "Службен весник на Република Македонија". член 12 Составот на органскиот производ го утврдува стручна научна установа или друго правно лице кои имаат акредитирана лабораторија, соодветен кадар, опрема и простории, овластена од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Установите и другите правни лица кои вршат работи од став 1 на овој член се запишуваат во регистар кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Формата, содржината и начинот на водење на регистарот од став 2 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 13 Правните и физичките лица кои произведуваат, преработуваат и ставаат во промет органски производи се запишуваат во регистер кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Формата, содржината и начинот на водење на регистерот од став 1 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 14 Правните и физички лица од член 13 на овој закон и овластеното правното лице од член 10 на овој закон склучуваат договор за вршење на стручна контрола. Правното лице кое врши стручна контрола води и чува евиденција на производителите односно преработувачите, и врз основа на податоците од 6 евиденцијата издава сертификат дека производот ги исполнува условите за органско производство и преработка. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги определува податоците и ги пропишува начинот и постапката за водење на евиденцијата од став 1 на овој член. Член 15 Правните и физичките лица од член 13 од овој закон се должни да водат и ја чуваат евиденцијата за своето производство на органски производи. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги определува податоците и го пропишува начинот и постапката за водење на евиденцијата од став 1 од овој член. ИИИ. ПРОМЕТ НА ОРГАНСКИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ Член 16 Производот кој ги исполнува условите за органско производство, се става во промет со оригинален сертификат издаден согласно член 14 став 2 на овој закон. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ја пропишува формата и содржината на сертификатот од став 1 на овој член, како и начинот на неговото издавање и одземање. Член 17 Увезените производи етикетирани како еколошки, биолошки или органски можат да се стават во промет, само ако за нив има доказ: 1. дека е извршена контрола и сертификација на увезениот производ од компететнтен орган; 2. дека количината на производот е добиена во органски систем на производство, кој што бил предмет на контрола за органско производство. 3. за содржината, количината и датумот на првиот транспорт на производот од надлежниот орган за контрола. Доказот од став 1 на овој член треба да биде во оригинал и да го прати производот; Член 18 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува годишна листа на прифатени и официјално назначени тела за сертификација на органски производи на Европската Унија или во трети земји. Листата од став 1 на овој член се објавува во "Службен весник на Република Македонија". член 19 7 Етикетата "органско" може да ја користи само производител кој применува технологија на производство согласно методите за органско производство утврдени со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Етикетата од ставот 1 на овој член означува начин на производство а не сугерира на квалитетот. Етикетата од ставот 1 на овој член се нанесува на производот на место определено само од овластеното правно лице кое врши стручна контрола. Етикетата од ставот 1 на овој член се однесува на типот на производството, конверзијата и органскиот производ. Формата, содржината и бојата на етикетата од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за животна средина и просторно планирање. Член 20 Пакувањето на органските производи се врши со материјали одобрени за употреба согласно прописите од член 9 на овој закон. Член 21 Превозот и складирањето на огранските производите мора да биде одобрен од овластеното правно лице кое врши стручна контрола. Член 22 Продажбата на органските производи се врши: на самото место на производство односно на производната единица на точно назначено место; во продавница, на издвоени и јасно означени места одвоени од другите производи. на специјално одредени пазари за свежи производи и преработки, каде нема мешање со други производители кои не се регистрирани за органско производство и не го применуваат во целост овој систем. ИВ. НАДЗОР Член 23 Надзор над применувањето на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на истиот, врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Инспекциски надзор врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство (во понатамошниот текст инспектори). Инспекциски надзор се врши на: површините, капацитетите за преработка, деловните простории, магацините, транспортните средства при вршење превоз на органски производи, на евиденцијата што ја водат физичките и правните лица за своето органско производство, и на местата определени во член 22 на овој закон. 8 Правните и физичките лица, се должни да овозможат на инспекторите вршење на инспекцискиот надзор. Член 24 Ако при вршењето на надзорот инспекторот утврди дека органските производи не се произведуваат или се ставаат во промет спротивно на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на истиот, со решение ќе нареди во определен рок да се усогласи работењето според пропишаните услови на овој закон. Доколку во определениот рок не се усогласи производството и прометот според пропишаните услови, инспекторот со решение привремено ќе го забрани нивното производство односно промет до донесување на правосилната одлука од судот. Ако при вршењето на инспекциски надзор, инспекторот утврди дека органскиот производ што е пуштен во промет не е произведен според условите и начинот на органското производство, не е пропратен со сертификат односно етикета, не е соодветно пакуван, превезуван и продаван, со решение ќе го забрани прометот и ќе го задолжи правното лице, односно физичкото лице во определен рок да ги отстрани недостатоците. Ако при вршењето на прегледот на органскиот производ од увоз инспекторот од граничниот премин, утврди дека пратката не е пропратена со пропишаните сертификати, со решение, ќе го задолжи увозникот во одреден рок да го отстрани недостатокот. Против решенијата од став 1, 2, и 3 на овој член може да се поднесе жалба во рок од 15 дена а против решението од став 4 на овој член, во рок од осум дена од денот на приемот на решението до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Жалбата поднесена против решението од став 1, 2, 3 и 4 на овој член не го одлага неговото извршување, освен во случаите кога постои основано сомнение дека може да настане материјална штета која не може да се надомести. Член 25 Заради потврдување дека производот е органски, инспекторите можат да земаат мостри за анализа. Трошоците за земањето и испитувањето на мострите ги поднесува правното лице кое произведува, става во промет или увезува органски производи доколку се утврдат неправилности на страна на тоа лице. Член 26 Органите на царинската служба се должни да ја пријават секоја пратка на производи означени со етикета како органски, биолошки или еколошки, за преглед на инспекторот за ветерина и инспекторот за заштита на растенијата на граничниот премин. 9 Органите на царинската служба не можат да отпочнат царинска постапка или да ги упатат на друга царинарница, пратките од став 1 на овој член без писмена согласност на нспекторот за ветерина и инспекторот за заштита на растенијата на граничниот премин. В. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ Член 27 Со парична казна од 100.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице ако: 1. произведува производи од органско производство во смисла на овој закон, а не е регистриран во регистар на производители (член 13 став 1); 2. не се придржува на прописите за периодот на конверзија (член 9) 3. произведува органски производи без склучен договор за стручна контрола (член 14 став 1 и 2); 4. става во промет производи од органското производство без оригинален сертификат (член 16, став 1). 5. врши увоз на производи од органско производство без потребните докази од член 17 на овој закон, и 6. пакува, превезува и продава органски производи спротивно на условите предвидени со член 20,21 и 22 од овој закон. Со парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член и одговорното лице во правното лице. Со парична казна од 20.000 до 30.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 точка 1, 2, 3, 4 и 6 на овој член и физичко лице. Член 28 Со парична казна од 100.000 до 250.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице, ако не се придржува на условите и начинот за органско растително и сточарско производство, дозволени материи за подобрување на плодноста на почвата, заштитни материи од неорганско потекло, дозволени материи за преработка на производи и дозволени материи за амбалажирање (член 9). Со парична казна од 20.000 до 40.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член и одговорното лице во правното лице. Со парична казна од 20.000 до 40.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 и физичко лице. Член 29 Покрај паричната казна за прекршок од член 27 и 28 на овој закон, ќе се изрече и мерка на безбедност одземање на предметите што се употребени за извршување на прекршокот или се прибавени, односно настанале со извршување на прекршокот и на материјалната корист прибавена со извршувањето на прекршокот. ВИ. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 10 Член 30 Поблиските прописи од овој закон министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги донесе во рок од најмногу една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 31 До донесувањето на прописите од член 9 на овој закон, како период на конверзија ќе се смета и периодот пред влегување во сила на овој закон доколку производителот може да докаже дека произведувал на начин пропишан со овој закон. Член 32 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". 11