Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on Nature Protection

Made 2004-04-10 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Language
Macedonian
Kind
Act
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Wild species and ecosystems
Keywords
framework law, trade in species, international trade, biodiversity, ecosystem conservation, protection of habitats, management/conservation, wild fauna, wild flora, endangered species, ex-situ conservation, protected area, genetic resources, hunting/capture, captive wild animals, monitoring, stock enhancement/repopulation, institution, policy/planning, authorization/permit, offences/penalties, liability/compensation, protection of species, cultural heritage, governance
Categories
*

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. 1. Природа е целокупната биосфера, вклучувајќи ги: компонентите на биолошката разновидност, живеалиштата, геолошките формации, минералите и фосилите, како и другите физичко- географски појави на Земјата;

  2. 2. Биолошка разновидност е севкупност на живите организми како составен дел на екосистемите, а го вклучува разнообразието внатре во видовите, меѓу видовите, како и разнообразието на екосистемите;

  3. 3. Компоненти на биолошка разновидност се видовите на растенија, габи и животни со нивните живеалишта, нивниот генетски материјал и екосистемите;

  4. 4. Пределска разновидност е просторна структурираност на природните и антропогените пределни составни делови (биолошки, геолошки, геоморфолошки и културни карактеристики);

  5. 5. Предел е област (топографски дефинирана територија) која ја доживува населението и чии карактеристики се резултат на акцијата и интеракцијата на природните и/или човековите фактори, или зона која локалното население и посетителите ја доживуваат според визуелните карактеристики што се резултат на природни или културни фактори. Пределот ги рефлектира промените кои се случиле и/или се случуваат како резулатат на природни сили или човекови активности во кои се опфатени културните и природните компоненти заедно;

  6. 6. Пределски типови се меѓу себе блиски предели што се обединуваат заради сличните релјефни, хидролошки и климатско- вегетациски карактеристики;

  7. 7. Традиционални карактеристики на пределот се антропогено модифицираните природни карактеристики на пределот настанати како резултат на некогашниот традиционален начин на искористување на земјиштето; процесите што се одвиваат во овие предели се блиски до природните;

  8. 8. Природно наследство се делови на природата и локалитети кои се состојат од геолошки, физичко- географски или биолошки формации или група на такви формации, кои имаат исклучителна вредност од естетска, конзервациска или научна гледна точка. Природно наследство може да биде: заштитено подрачје, строго заштитен или заштитен див вид, карактеристични минерали и фосили, спелеолошки објекти или природна реткост;

  9. 9. Статус на природно наследство е посебен статус на заштита кој подразбира преземање на посебни мерки и активности за заштита на карактеристиките поради кои се стекнува статусот и се доделува согласно со одредбите на овој закон;

  10. 10. План за управување со заштитеното подрачје е плански документ во кој субјектот задолжен за работите на управување со заштитеното подрачје ги планира мерките и активностите за заштита на природното наследство;

  11. 11. Заштита на природата е трајно зачување на природните ресурси, генофондот и природните услови на животот кои се од егзистенцијално значење за опстанокот на човекот и за задоволување на неговите економски, здравствени, рекреативни, научни и културни потреби;

  12. 12. Ex-situ заштита е зачувување на компонентите на биолошката разновидност надвор од нивните природни наоѓалишта во зоолошки градини, аквариуми, ботанички градини, дендрариуми итн. и, исто така, зачувување на геолошките појави надвор од природните наоѓалишта, главно минерали/стени и фосили во музејски или приватни збирки;

  13. 13. In-situ заштита е зачувување на природните еко- системи и живеалишта, како и одржување и ревитализација на видовите способни за опстанок во нивната природна средина, а во случај на култивирани растенија и домашни животни во средината во која што ги развиле своите специфични својства; зачувување на геолошките појави е заштита на местото на настанување или наоѓалиштето на минералите/стените и фосилите;

  14. 14. Живеалиште е карактеристична средина каде што одреден вид може да се сретне во рамките на своето природно распространување. Се состои и од нежива средина како почвен тип, клима и друго и од жива средина како видови коишто живеат со дадениот вид и можат да имаат важна функција во животниот циклус на тој вид;

  15. 15. Тип живеалиште е конкретно живеалиште, определено со специфичниот состав на видови, во кое се населени конкретни видови, а се однесува на природни живеалишта; одделен тип живеалиште не е определен од локалитетот;

  16. 16. Состојба на зачуваност на природното живеалиште е збир од фактори што дејствуваат на природното живеалиште и на неговите типични видови кои би можеле да влијаат на неговата долгорочна природна распространетост, структурата и неговите функции, како и на долгорочниот опстанок на типичните видови. Состојбата на зачуваност на едно природно живеалиште е поволна кога: - природното распространување на дадениот тип живеалиште и подрачјата што ги опфаќа во рамките на тоа распространување се стабилни или се зголемуваат, - се одликува со специфична структура и специфични функции што се неопходни за неговото долгорочно одржување и кога е реално (веројатно) дека специфичната структура и функции ќе продолжат да постојат и во догледна иднина и - состојбата на зачуваност на неговите карактеристични видови е поволна;

  17. 17. Загрозен тип живеалиште е живеалиште што не се наоѓа во поволна состојба, или му се заканува опасност од исчезнување;

  18. 18. Екосистем е просторно, помалку или повеќе, ограничен динамичен комплекс на биоценозата и неживата средина што заемно влијаат еден на друг како функционална целина;

  19. 19. Биоценоза е функционален збир на сите популации на организми вклучувајќи микроорганизми, растенија и животни што населуваат определен биотоп;

  20. 20. Биотоп е неживиот дел од екосистемот и неговите карактеристики и процеси како почва, карпи, вода, воздух, клима, релјеф и друго;

  21. 21. Хабитуални карактеристики се надворешните (морфолошки) карактеристики на примерок од одреден вид;

  22. 22. Плавени рамнини се рамнини што периодично, но редовно се поплавуваат и се карактеризираат со специфична вегетација и богата биолошка разновидност;

  23. 23. Природно богатство е секој изворен составен дел на природата, како растенија, габи, животни, минерали, фосили, вода, почва итн.;

  24. 24. Природен ресурс е секој составен дел на природата кој човекот го искористува за остварување на економски цели, во смисла на овој закон, тоа е природно богатство;

  25. 25. Природна рамнотежа е состојба на меѓусебно урамнотежени односи и влијанија на живите организми меѓу себе и со биотопот;

  26. 26. Див вид подразбира вид или подвид растение, габа или животно кој не настанал под влијание на човекот како последица на одгледување;

  27. 27. Автохтон вид е вид што природно се среќава во одреден екосистем на одредено подрачје;

  28. 28. Алохтон вид е туѓ, неизворен вид во одреден екосистем на одредено подрачје, туку, таму е намерно или ненамерно интродуциран, најчесто од страна на човекот;

  29. 29. Популација е збир на просторно и временски поврзани единки од ист вид коишто непречено можат да се вкрстуваат;

  30. 30. Истребен вид (EX) е оној вид за кој постојат историски податоци за неговото постоење, но со интензивни истражувања во соодветните живеалишта не се најдени живи примероци или други живи форми на видот;

  31. 31. Вид истребен во природата (EW) е оној вид за кој е познато дека опстојува само како култивиран, одгледан во заробеништво или натурализирана популација надвор од познатиот ареал на распространување на видот, а со интензивни истражувања во соодветните живеалишта (во соодветно време) не се најдени живи примероци или други живи форми на видот; 31-а. Критично загрозен вид (CR) e вид кој ги исполнува меѓународно прифатените критериуми за класификација во оваа категорија и врз основа на нив се смета дека се соочува со екстремно висок ризик од исчезнување во природата;

  32. 32. Загрозен вид (EN) е вид кој ги исполнува меѓународно прифатените критериуми за класификација во оваа категорија и врз основа на нив се смета дека се соочува со многу висок ризик од исчезнување во природата;

  33. 33. Ранлив/чувствителен вид (VU) е вид кој ги исполнува меѓународно прифатените критериуми за класификација во оваа категорија и врз основа на нив се смета дека се соочува со висок ризик од исчезнување во природата; 33-а. Близу засегнат вид (NT) е вид кој не ги исполнува критериумите за критично загрозен, загрозен и ранлив/ чувствитиелен вид, но е близу до исполнување на истите или веројатно ќе ги исполни во блиска иднина; 33-б. Најмалку засегнат вид (LC) е вид кој не ги исполнува критериумите за критично загрозен, загрозен, ранлив/ чувствитиелен и близу засегнат вид. Во оваа категорија се вбројуваат широкораспространетите и бројните видови; 33-в. Без доволно податоци (DD) кога за видот не постојат доволно податоци, за да се направи директна или индиректна процена на ризикот од исчезнување;

  34. 34. Ендемит подразбира вид или подвид чие распространување е ограничено на одредено подрачје;

  35. 35. Стеноендемит подразбира вид или подвид чие распространување е ограничено на многу тесно подрачје (врв на планина, клисура итн.);

  36. 36. Редок вид е вид застапен на помалку од пет локалитети во Република Северна Македонија, обично со мали површини, во рамките на неговиот поширок ареал;

  37. 37. Реликтен вид е вид којшто се задржал на одредено подрачје (најчесто рефугиум) од некоја поранешна геолошка епоха (период), во која бил далеку пораспространет и покарактеристичен;

  38. 38. Мониторинг е мерење, следење, оцена и контрола на состојбата на природата, односно компонентите на биолошката и пределската разнообразност;

  39. 39. Деградација на почвата е секакво дејство или влијание врз почвата што го намалува нејзиниот квалитет, односно нејзините производни потенцијали;

  40. 40. Деградирање на природата е состојба на природата, кога со човекова активност се променети природните процеси во толкава мера што е нарушена природната рамнотежа, намалена е биолошката разновидност или се уништени природните богатства;

  41. 41. Нарушувања во природата се сите дејства или влијанија врз природата што предизвикуваат промени на структурата на елементите на природата, како и на процесите што се одвиваат во неа;

  42. 42. Животни услови се условите во животната средина (сите еколошки фактори) во одредено живеалиште/екосистем;

  43. 43. Интродукција е населување на некој алохтон вид или подвид на подрачје (екосистем/живеалиште) на коешто постојат приближно еднакви еколошки услови како во неговото природно живеалиште. Не се смета за интродукција одгледувањето на алохтони видови во контролирани услови кои оневозможуваат внесување во природата;

  44. 44. Реинтродукција е повторно населување на некој автохтон вид или подвид на подрачје (екосистем/живеалиште) од коешто бил порано исчезнат, а во екосистемот се уште постојат приближно еднакви еколошки услови како и пред исчезнувањето;

  45. 45. Генетска разновидност е разновидноста на гените меѓу единките, популациите, видовите и вишите таксономски категории;

  46. 46. Еколошки коридор е еколошка врска или систем на еколошки врски кои овозможуваат движење на видовите од еден до друг локалитет/живеалиште;

  47. 47. Минерал е природно хомогено тело во кристализирана или аморфна форма со постојан хемиски состав кој може да се изрази со хемиска формула. Минералите, во смисла на овој закон, не се минерални суровини;

  48. 48. Фосил претставува остаток од животинско или растително потекло или воопшто траги од живот од поранешните геолошки времиња кои се сочувани во карпите и

  49. 49. Органот надлежен за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата е орган кој ги врши стручните работи на мониторинг, водење на евиденции од областа на заштитата на природата, како и други стручни работи и се основа со закон.

  50. 50. Зачувување на природата е секоја постапка која се врши заради одржување и подобрување на состојбата на зачувувањето на биолошката и пределската разновидност, вклучувајќи и преземање на мерки за спречување и ублажување на дејствувањата на факторите кои непосредно ги загрозуваат видовите и живеалиштата, обично по пат на забрани и ограничувања;

  51. 51. Ревалоризација е стручно и научно проценување на вредностите на природното наследство во функција на потврдување, проширување, зајакнување или намалување на досегот и дејството на заштита, вклучувајќи го изземањето или престанувањето на заштитата;

  52. 52. Живеалиште на видот е средина дефинирана со специфични абиотички и биотички фактори на кои е изложен видот во секоја фаза од неговиот биолошки циклус;

  53. 53. Природни вредности се карактеристики на природното наследство кои имаат научни, естетски, здравствени, воспитно-образовни, туристичко-рекреативни и други значења, поради кои природното наследство го стекнало статусот и било ставено под заштита на државата;

  54. 54. Состојба на зачуваност на видот е збир од фактори што дејствуваат врз предметниот вид кои влијаат на долгорочната распространетост и изобилството на неговите популации. Состојбата на зачуваност на видот се смета за поволна кога: - податоците за динамиката на популацијата на предметниот вид укажуваат дека тој се одржува на долгорочна основа како компонента способна за живот на своите природни живеалишта, - природниот опсег на видот не е намален и веројатно нема да се намали во догледна иднина и - постои, а веројатно ќе продолжи да постои, доволно големо живеалиште за одржување на неговите популации на долгорочна основа;

  55. 55. Инвазивен вид е вид кој се вселува и надвладува во одреден екосистем на штета на друг вид често како резултат на манипулација со животната средина;

  56. 56. Примерок е секое живо или мртво самоникнато растение и габа или диво животно, некои нивни делови, развојни облици, или од нив добиени препознатливи производи, односно деривати;

  57. 57. Засегнат вид е вид во чиј природен ареал се уште постојат доволен број единки, но поради намалување на нивната бројност (густината на популацијата) тој е вклучен во една од трите категории: загрозен вид од истребување, загрозен или ранлив вид;

  58. 58. Спелеолошки објекти се природно формирани празнини подолги од пет метри во кои може да влезе човек, а димензиите на влезот се помали од длабочината или од должината на објектот (пештери, понори, пропасти и друго);

  59. 59. Природна реткост се делови на живата и неживата природа кои како објекти на природата, поради своите научни, естетски, здравствени и други значења, културна, воспитно-образовни и туристичко-рекреативна функција се под посебна заштита на државата и

  60. 60. Заштитено подрачје е географско подрачје со точно дефинирани граници кое има статус признаен и утврден со закон или друг правен акт и е прогласено за заштитено подрачје заради остварување на долгорочна заштита и управување преку преземање на правни и други мерки, а со цел за постигнување на целите на зачувување на природата, продолжување на функциите на екосистемот и со него поврзаните културни вредности;

  61. 61. Екосистемски услуги се услугите кои заради природните карактеристики на едно подрачје се обезбедени и се достапни на сите субјекти, под кои особени се подразбираат следниве групи на услуги: а) поддржувачки услуги кои се неопходни за продукција на сите други екосистемски услуги вклучително и формирање на почва, фотосинтеза , примарна продукција, кружење на хранливи материи и кружење на вода; б) снабдувачки услуги се производи кои се добиваат од екосистеми, вклучително и храна, целулозни влакна, гориво, генетски ресурси, природни лекови и зачини, суровини за фармацевтската и биохемиската индустрија и водата за пиење; в) регулирачки услуги се сите придобивки добиени од регулирањето на екосистемските процеси вклучително и регулирање на квалитетот на воздухот, прочистување на водата, регулирање на климата, регулирање и заштита од природни опасности (поплави, ерозија, наноси и свлечишта), контрола на штетници и заразни болести и опрашување и г) културолошки услуги се нематеријални придобивки од екосистеми - културни, интелектуални и духовни придобивки (преку духовно збогатување, осознавање, инспирација и отсликување), рекреативниот туризам и естетските вредности, на начин на кој се води сметка за вредностите на пределите;

  62. 62. Плаќање на екосистемски услуги е операционализација на начелото корисникот плаќа и подразбира плаќање на надоместоци или други плаќања утврдени преку доброволно преговарање заради постигнување на обврзувачки договор од корисниците на екосистемските услуги од една страна и субјектите кои управуваат со заштитеното подрачје од друга страна, со цел за одржување, заштита и управување со екосистемите на територијата на заштитеното подрачје од страна на субјектите кои управуваат со заштитеното подрачје и

  63. 63. Корисници на екосистемски услуги се правни или физички лица кои вршат дејност или активност за користење на природните ресурси надвор од подрачјето на заштитеното подрачје и кои заради екосистемските услуги со кои заштитеното подрачје обезбедува одржување на рамнотежата на екосистемите, а со тоа и можност за одржливо вршење на нивните дејности или активности, уживаат предност во однос на други правни или физички лица кои не ги користат природните ресурси надвор од подрачјето на заштитеното подрачје и немаат корист од екосистемските услуги на заштитеното подрачје. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Начела на заштита на природата Член 7 Заштитата на природата се темели на:

  64. 1. Начело на висок степен на заштита - секој е должен при преземањето на активности или вршењето на дејности да обезбеди висок степен на заштита на биолошката и пределската разновидност и природното наследство, како и зачувувањето на општополезната улога на природата;

  65. 2. Начело на интегрираност - мерките и активностите за заштита на природата се интегрираат во сите развојни стратешки, плански и програмски документи, плановите за уредување и користење на просторот, како и во плановите за управување и користење на природното богатство;

  66. 3. Начело на одржлив развој - заради задоволување на потребите за заштита на природата, како и социјалните и економските потреби на сегашните генерации, без притоа да се загрозат правата на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби, необновливите природни богатства мора да се користат рационално, додека обновливите одржливо;

  67. 4. Начело на претпазливост - доколку врз основа на современи научни и техничко- технолошки сознанија се заклучи дека одредена активност или вршење на дејност би предизвикала штетни последици за природата ќе се преземат потребните мерки и активности и пред да се добијат научни докази дека штетните последици би можеле да настанат;

  68. 5. Начело на превенција - право и обврска на правните и физичките лица е да преземаат мерки и активности за заштита на природата пред да настанат штетните последици;

  69. 6. Начело корисникот плаќа - корисникот на природата е должен да ги надомести трошоците за одржување на природната рамнотежа при користењето на природата и за уживањето на природното наследство, како и за санација на деградацијата на природата која настанува со користењето на природата и уживањето на природното наследство;

  70. 7. Начело на учество на јавноста - јавноста има право на слободен пристап до информациите за состојбата на природата, право на навремено известување за настанатите штети во природата и преземените активности за отстранување на штетите, како и право на учество во одлучувањето во врска со заштитата на природата и

  71. 8. Начело на соработка надлежните органи на државата и на единиците на локалната самоуправа и другите организации и институции при вршењето на работите од нивна надлежност се должни да постапуваат во согласност со начелата, целите, мерките и активностите за заштита на природата и притоа остваруваат целосна меѓусебна и меѓународна соработка. II. ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА II.1. Општи мерки Ограничување на правото на сопственост и други права кои произлегуваат од него заради заштита на природата Член 8 Заради спроведување на предвидените мерки и активности за заштита на природата, сопственикот или корисникот на земјиштето е должен да дозволи непречен премин на други лица и друга употреба на неговото земјиште во согласност со одредбите на овој и друг закон. Ограничување на заштитата на природата Член 9 (1) Одредбите на овој закон кои се однесуваат на заштита на природата нема да се применуваат во следниве случаи: 1) отстранување на директна закана за животот и здравјето на луѓето; 2) спасување на луѓето и имотот или 3) спроведување на итни мерки поврзани со одбраната на Република Северна Македонија. (2) Одредбите на ставот (1) од овој член се применуваат само за времетраењето, на состојбата. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Општа забрана за движење со моторни возила во природата Член 10 (1) Забрането е движење со моторни возила во природата освен во населени места и на сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење, заради спречување на деградација на природата․ (2) Забраната од ставот (1) на овој член не се применува во случаи на: извршување на земјоделски, шумско- стопански, научни, стручни, конзервациски или други дозволени дејности, кога е тоа во согласност со овој закон․ (3) Забраната за движење на сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење во заштитените подрачја се уредува со одлука за режим на движење која ја донесуваат субјектите задолжени за управување со заштитеното подрачје․ << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Ограничување на промена на користењето на земјиштето Член 11 Заради заштита на природата, промена на користењето на земјиштето се дозволува под услови утврдени со овој и друг закон. Забрана на користење на природата Член 12 Забрането е користење на природата на начин кој предизвикува: 1) оштетување или уништување на биолошката и пределската разновидност; 2) деградација на почвата и губење на нејзината плодност; 3) оштетување на површинските или подземните геоморфолошки вредности; 4) загадување и промена на режимот на водата и 5) загадување на воздухот. Забрана на употреба на средства за заштита на растенијата заради заштита на природата Член 13 Заради заштита на живеалиштата и загрозените, ретките, ендемските и реликтните видови министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата може да му предложи на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството да забрани употреба на одделни средства за заштита на растенијата на определено подрачје. Ограничување или забрана за искористување на природен ресурс Член 14 (1) Во случај на загрозеност на поволната состојба на зачуваност на некој вид или тип на живеалиште, поради несоодветното користење на природниот ресурс министерот, кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата, ќе го ограничи или целосно ќе го забрани користењето на природниот ресурс, додека трае состојбата на загрозеност. (2) За ограничувањето или забраната од ставот (1) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата ќе го извести министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за стопанисувањето со природниот ресурс чие користење е ограничено или забрането. II.1.1. Оцена на влијанието врз природата од определени стратегии, планови и програми Оцена на влијанието врз природата од определени стратегии, планови и програми Член 15 (1) При подготвување на развојни стратешки, плански и програмски документи од страна на органите на државната власт или советите на општините, советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје, кои би можеле да имаат значителни ефекти врз природата, потребно е да се изврши оцена на влијанијата на мерките и активностите предвидени со овие стратегии, програми или планови што би можеле да го имаат врз природата. (2) Оценување на влијанијата врз природата од ставот (1) на овој член се врши во согласност со одредбите на овој и друг закон. Уредување и користење на просторот и оцена на влијанието врз природата Член 16 (1) Уредувањето и користењето на просторот во заштитените подрачја се спроведува во согласност со Просторниот план на Република Северна Македонија, просторните и урбанистичките планови утврдени со закон, режимот на заштита утврден во актот за прогласување на заштитеното подрачје и националната еколошка мрежа и Планот за управување со заштитеното подрачје. (2) Документите за уредување и користење на просторот при нивното донесување подлежат на постапка за оцена на влијанието врз природата и содржат мерки и услови за заштита на природата пропишани со овој закон. (3) Заради заштита на природата, документите за уредување и користење на просторот покрај другото треба да содржат: 1) прегледна карта на заштитени подрачја, живеалишта на строго заштитени или заштитени видови, наоѓалишта на карактеристични минерали и фосили и спелеолошки објекти кои имаат статус на природно наследство и еколошки значајните подрачја со нивните карактеристики и оцена на состојбата; 2) прегледна карта на објекти за кои се очекува да им биде доделен статус на природно наследство, како и начин на постапување при откривањето и доделувањето на статусот и 3) физичко географски карактеристики, местоположба во ГИС формат или во електронска форма (растер) преклопен со топографска карта. (4) Документите од ставот (2) на овој член кои опфаќаат заштитени подрачја се донесуваат по претходно добиена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Планови за управување со заштитени подрачја и оцена на влијанието врз природата од определени стратегии, планови и програми Член 17 (1) За плановите за управување со заштитени подрачја се спроведува постапка за оцена на влијанието врз природата во согласност со Законот за животната средина. (2) Годишните програми кои се донесуваат заради спроведување на плановите за управување со заштитените подрачја подлежат на постапка за оцена на влијанието врз природата, во случај кога програмата отстапува од планот за управување со заштитеното подрачје, во согласност со законот за животна средина. II.1.2. Оцена на влијанието врз природата од одредени јавни и приватни проекти Оцена на влијанието врз природата Член 18 (1) За планираните активности во природата, кои при нивното спроведување, самостојно или во содејство со други активности можат да ја нарушат природната рамнотежа се утврдува влијанието врз природата согласно со одредбите на овој и друг закон. (2) Постапката за оцена на влијанието врз природата за планираните активности во природата се спроведува со цел да се избегне или да се сведе на најмала мера деградацијата на природата. (3) Како деградација на природата од ставот (2) на овој член се сметаат особено: истребување и проретчување на видови; менување на карактерот и составот на биоценозите; нарушување во функционирањето на екосистемите; конзервирање, кршење, оштетување, уништување, сечење, откорнување, насипување, експлоатација на камен, песок, чакал, земја и минерални суровини, загадување на воздухот, почвата и водата и други слични дејствија, како и интродукција на туѓи видови во природата на територијата на Република Северна Македонија. (4) За планирани активности во природата за кои не се спроведува постапка за оцена на влијанието врз животната средина, правните или физичките лица кои вршат дејност или активности се должни да изготват елаборат за заштита на животната средина со цел да се оцени влијанието на дејностите или активностите врз животната средина, пред да започнат со спроведувањето на проектот и истиот да го достават до органот надлежен за одобрување на спроведувањето на проектот, согласно со Законот за животната средина. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> II.1.3. Компензаторни мерки Компензаторни мерки Член 19 (1) Во зависност од предвиденото или предизвиканото деградирање на природата, како и од можноста за негово надоместување се одредуваат компензаторни мерки. (2) Компензаторни мерки се активности со кои се надоместува или ублажува деградацијата на природата. (3) При изборот на компензаторните мерки предност има надоместувањето со ново подрачје (компензаторно подрачје) кое има исти или слични карактеристики како и деградираното подрачје за кое се спроведува постапка на компензација, а со кое се обезбедува поврзаност и целовитост на екосистемите. (4) Видови на компензаторни мерки од ставот (1) на овој член, се: 1) утврдување на компензаторно подрачје, кое има исти или слични карактеристики како и деградираното подрачје; 2) утврдување на друго подрачје значајно за зачувување на биолошката и пределската разновидност, односно за заштита на природното богатство и 3) плаќање на паричен надомест во висина на проценетата и/или предизвиканата штета врз природата. (5) Правните и физички лица за надоместување на деградирањето на природата од страна на правно или физичко лице поднесуваат барање до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (6) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата е должен да донесе решение со кое се определуваат видот на компензаторните мерки, како и начинот на кои ќе се преземат истите односно решение за одбивање на барањето во рок од 90 од денот приемот на барањето од ставот (5) на овој член.. (7) Жалба против решението од ставот (6) на овој член, се поднесува до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> II.2. Заштита на биолошката разновидност II.2.1. Видови II.2.1.1. Општи мерки Видови и подвидови Член 20 Видовите и подвидовите на растенија, габи или животни ги сочинуваат: 1) живи и мртви примероци на самоникнати растенија, габи и животни; 2) нивни развојни облици; 3) нивни делови и 4) од нив добиени лесно препознатливи производи. Забранети активности Член 21 Забрането е: 1) истребување на автохтон див вид; 2) намалување на популациите на дивите видови, уништување на нивните живеалишта или менување на нивните животни услови во обем кој би предизвикал загрозеност; 3) намерно вознемирување на дивите животни, особено во текот на размножувањето, растењето или презимувањето, или нивно заробување, повредување или отстрел; 4) намерно отстранување на растенијата и габите од нивните живеалишта, намалување на нивната популација, или нивно уништување на кој било начин; 5) намерно оштетување или уништување на живеалиштата на дивите видови и 6) користење на неселективни средства за собирање и лов на диви видови. Заштита и зачувување на диви видови Член 21-а (1) Поволна состојба на зачуваност на дивите видови се обезбедува преку заштита на нивните живеалишта и мерки за заштита за одделни видови согласно со одредбите од овој закон. (2) Јавни патишта, улици или градби кои поминуваат преку познати преселни (миграциски) патишта на диви видови животни, се градат на начин со кој ќе се овозможи сигурно преминување на дивите видови животни. (3) Изградените премини со кои се осигурува сигурно и непречено преминување на дивите животински видови, уживаат заштита како природни вредности. (4) Мерките на заштита, начините на градење и одржување на премините од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата во согласност со органот кој раководи со работите од областа на транспортот. (5) Електричните водови, техничките компоненти на водовите и ветерниците за производство на електрична енергија се изведуваат на начин со кој не се загрозуваат птиците и лилј аците од струен удар и механички повреди и/или убивања. (6) Одредбите од ставот (5) на овој член не се однесуваат на горните водови на железниците. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> Интеграција на мерки за заштита на природата во плановите за стопанисување со природните ресурси Член 22 Ако користењето на растенијата, габите и животните се спроведува врз основа на планови за стопанисување со природните ресурси, одржливото стопанисување со дивите видови се обезбедува на тој начин што плановите содржат мерки за заштита на карактеристиките на екосистемот и биогеографските карактеристики на видот или бројноста и густината на популацијата кои се важни за одржување на поволниот статус на зачуваност на видот. Собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивни делови Член 23 (1) Собирањето на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивни делови се врши врз основа на дозвола за собирање на засегнати и заштитени видови која ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето и уплатен надоместок за собирање. (2) Барањето од ставот (1) на овој член особено содржи: 1) назив и количина на заштитените видови растенија, габи и животни и нивни делови кои ќе се соберат; 2) подрачје од кое ќе се врши собирањето; 3) временски период во кој ќе се врши собирањето; 4) алатки или други средства кои ќе се употребуваат при собирањето; 5) целта и намената на собраните видови растенија, габи и животни и нивни делови; 6) возраст и големина на заштитените видови растенија, габи и животни и нивни делови што ќе се собираат и 7) мерки кои ќе се преземат од страна на барателот со цел одржување на популацијата на заштитените видови растенија, габи и животни. (3) Обврзник за плаќање на надоместокот од ставот (1) на овој член е правното или физичкото лице на чие име е издадена дозволата. (4) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член, врз основа на прописот донесен согласно со ставот (9) на овој член, со решение ја утврдува органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата, во рок утврден во ставот (1) на овој член. (5) Отстрелот на диви животни се врши врз основа на претходно добиена дозвола од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на ловството, а врз основа на претходно прибавено мислење од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (6) Собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивните делови на земјоделско или шумско земјиште кое е во приватна сопственост може да се врши само со одобрение од сопственикот на тоа земјиште или шума и врз основа на дозволата од ставот (1) на овој член. (7) Собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови на шумско земјиште или шума која е во државна сопственост се врши во согласност со овој закон и прописите кои се однесуваат на шумите. (8) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги пропишува формата и содржината на барањето, како и формата и содржината и начинот и постапката на издавање на дозволата за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивни делови. (9) Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштитата на природата ја пропишува висината на надоместокот за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивни делови. (10) Определувањето на висината на надоместокот од ставот (6) на овој член се врши врз основа на видот кој се собира, целта за која се собира и комерцијалната вредност на видот. (11) Врз основа на извештаите од ставот (12) на овој член и сопствените податоци, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата е должен секоја година на крајот од март во тековната година, да изготви извештај за претходната година, за издадените дозволи за собирање од ставот (1) на овој член и за собраните количини на засегнати диви видови растенија, габи и животни и нивни делови. (12) Лицата кои добиле дозвола за собирање од ставот (1) на овој член заради комерцијални цели се должни секоја година на крајот од јануари во тековната година да поднесат извештај за продадените или извезените количини за претходната година. (13) Собирање на засегнати и заштитени видови растенија, габи, животни и нивни делови на територијата на заштитено подрачје е забрането доколку со планот за управување на заштитеното подрачје поинаку не е предвидено. (14) Доколку со планот за управување со заштитено подрачје не е забрането собирање на засегнати и заштитени видови растенија, габи, животни и нивните делови тогаш органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштитата на природата ја издава дозволата за собирање од ставот (1) на овој член во согласност со овој закон. (15) Собирање на засегнати и заштитени диви видови од природните живеалишта заради вештачко одгледување (на плантажи, расадници и други облици на одгледување), правните и физичките лица можат да вршат по добивање на дозвола за собирање од ставот (1) на овој член. (16) Надоместокот од ставот (4) на овој член е приход на Буџетот на Република Северна Македонија и се уплаќа на посебна сметка во рамките на трезорската сметка. (17) Формата и содржината на образецот на извештајот за собрани и извезени количини за претходната година од ставот (12) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (18) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштита на природата, донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола од ставот (1) на овој член, подносителот на барањето има право да изјави жалба во рок од 15 дена по истекот на рокот од ставот (1) на овој член до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> Услови за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивни делови Член 23-а (1) При собирањето на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови особено се води сметка видовите да се собираат во оптимална фаза на нивниот развој, при собирањето да не се оштетуваат подземните и репродуктивните органи, да се собираат во количини кои не ја загрозуваат бројноста на популацијата на видовите на подрачјето на кое се собираат, да се води сметка собирањето да се врши од подрачја кај кои степенот на загаденост е на оптимално ниво, како и да се води сметка да се преземаат други мерки и/или собирањето да се врши со средства кои не ја загрозуваат состојбата на дивите видови. (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштитата на природата ги пропишува поблиските услови за начинот и времето на собирање, количината и целите на собирање и употреба, типовите на подрачја од кои можат да се собираат засегнатите и заштитените диви видови растенија, габи, животни и нивни делови, како и пропишува трајни и привремени забрани за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови. (3) Вкупната количина на засегнатите и заштитените диви видови растенија, габи, животни и нивни делови кои се собираат во комерцијални цели се утврдува врз основа на претходна оцена на состојбата на видовите и мислење добиено од научни и стручни организации за густината на популацијата на засегнатите видови во природните живеалишта секоја година. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Спроведување на научни истражувања во природата Член 24 (1) Научните истражувања во природата во Република Северна Македонија се спроведуваат врз основа на дозвола која ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето. (2) За спроведување на научно истражување во природата, на територијата на заштитено подрачје, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ја издава дозволата од ставoт (1) на овој член, во соработка со субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје. (3) Барањето од став (1) на овој член особено содржи: 1) целта и намената на на истражувањето; 2) назив на видовите растенија, габи и/или животни кои ќе бидат опфатени со научните истражувања; 3) подрачје на кое кое ќе се врши научното истражување; 4) назив на субјектот кој ќе го врши научното истражување; 5) податоци за тимот кои ќе бидат вклучени во научното истражување; 6) опрема која ќе се користи во научното истражување и 7) мерки кои ќе се преземат од страна на барателот со цел заштита на природата. (4) Спроведувањето на научно истражување во природата на територијата на заштитено подрачје се врши по претходна најава до субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје. (5) Формата и содржината на барањето за издавање на дозвола, постапката за нејзино издавање, како и формата и содржината на образецот на дозволата од ставот (1) на овој член, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (6) За резултатите од спроведените истражувања од ставот (1) на овој член, физичките и правните лица, го известуваат органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во рок од 60 дена од денот на завршувањето на истражувањето. (7) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштита на природата, донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола од ставот (1) на овој член, подносителот на барањето има право да изјави жалба во рок од 15 дена по приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> II.2.1.2. Интродукција и реинтродукција Интродукција на видови во природата Член 25 (1) Забранета е интродукцијата на видови во природата на територијата на Република Северна Македонија. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, доколку интродукцијата е заснована на научно истражување и е прифатлива од аспект на заштитата на природата и одржливото користење, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата по претходно прибавена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството, шумарството, ловството и рибарството и органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на културата и туризмот, можат да издадат дозвола за извршување на интродукцијата. (3) Дозволата од ставот (2) на овој член се издава по претходно спроведена постапка за оцена на влијанието врз природата од одредени јавни и приватни проекти од страна на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, согласно со Законот за животната средина. (4) Формата и содржината на образецот на кој се издава дозволата од ставот (2) на овој член, како и дозволата од членот 27 став (1) на овој закон ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (5) Трошоците за изработка на студијата за оцена на влијанието на интродукцијата паѓаат на товар на физичкото или правното лице кое побарало дозвола за интродукција. (6) Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, утврден во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството, шумарството, ловството и рибарството и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на културата и туризмот, ги пропишува видовите,постапката, целите на интродукција, критериумите и начинот на кој е дозволена интродукција согласно со ставот (2) од овој член. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> Спречување на ненамерна и намерна интродукција Член 26 (1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството, шумарството, ловството и рибарството ќе ги пропише мерките за спречување на ненамерна интродукција на алохтони видови на територијата на Република Северна Македонија и за превентивна заштита при одредени активности. (2) Ако дојде до намерна интродукција на алохтони видови на територијата на Република Северна Македонија, или ако постои основано сомнение дека ќе дојде до таква интродукција, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ќе нареди преземање на мерки и активности за уништување на интродуцираните видови и/или спречување на интродукција на нови видови. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Реинтродукција на видови во природата Член 27 (1) Реинтродукцијата на видови во природата на територијата на Република Северна Македонија може да се врши врз основа на дозвола која ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата по претходно прибавена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството, шумарството, ловството и рибарството и органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на културата и туризмот. (2) Дозволата за реинтродукција на диви видови се издава по претходно спроведена постапка за оцена на влијанието врз природата од страна на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, согласно со Законот за животната средина. (3) Трошоците за изработка на студијата за оцена на влијанието врз природата паѓаат на товар на физичкото или правното лице кое побарало дозвола за реинтродукција. (4) Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштитата на природата, во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, ги пропишува формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член, како и потребната документација што треба да се приложи кон барањето. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> ДЕЈУРЕ ЗАБЕЛЕШКА: Претходно зборовите (министерот кој раководи со) се избришани од ставот 1 па упатството е конфузно дали треба во оваа консолидација да стои и тој текст. II.2.1.3. Заштита на меѓународно заштитени диви видови Заштита на меѓународно заштитени диви видови Член 28 Поволната состојба на видовите животни, габи и растенија заштитени врз основа на меѓународни договори ратификувани од Република Северна Македонија, се обезбедува преку спроведување на заштитата на природните живеалишта и мерките за заштита на одделни видови согласно со одредбите на овој закон. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> II.2.1.4. Промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни Промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови Член 29 (1) Промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови заштитени врз основа на меѓународни договори ратификувани од Република Северна Македониј а, се врши на начин, под услови и по постапка определени со овој закон и во согласност со ратификуваните меѓународни договори (2) Промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови претставува секој увоз во Република Северна Македонија, извоз, транзит и/или повторен извоз што произлегува од увозот, користењето, движењето и преносот на сопственоста во Република Северна Македонија и во државата во која се извезува видот. (3) Промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови опфаќа промет со живи или мртви примероци, некој нивен дел или дериват, како и производ добиен со преработка на засегнат и заштитен див вид. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Дозвола, односно сертификат за промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови Член 30 (1) Промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови се врши само по претходна дозвола за промет или сертификат за увоз и/или извоз и/или транзит и/или повторен извоз (во натамошниот текст: дозвола или сертификат) издадена од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (2) Формата и содржината на образецот за барање за издавање на дозволата и сертификатот од ставот (1) на овој член, видот, формата и содржината на образецот на дозволата и на сертификатот, како и потребната документација која се приложува кон барањето, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (3) Владата на Република Северна Македонија на предлог од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ја пропишува листата на меѓународно засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови усогласена со меѓународниот договор ратификуван од Република Северна Македонија чиј промет се регулира со сертификат за промет од ставот (1) на овој член. (4) Владата на Република Северна Македонија на предлог од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштитата на природата, заради заштита на биолошката разновидност на подрачјето на Европа, утврдува листа на дивите видови растенија, габи, животни и нивни делови кои се прогласени за засегнати и/или заштитени на ниво на Европската унија или во други европски земји чиј промет се регулира со дозволата од ставот (1) на овој член. (5) Владата на Република Северна Македонија на предлог од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштитата на природата, заради заштита на биолошката разновидност во Република Северна Македонија утврдува листа на дивите видови растенија, габи, животни и нивни делови чиј промет се регулира со дозволата од ставот (1) на овој член. (6) Владата на Република Северна Македонија на предлог на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги пропишува начинот, потребните документи и постапката за издавање на дозволата, односно сертификатот, како и видот на дозволата и сертификатот од ставот (1) на овој член кој се употребува при прометот. (7) Владата на Република Северна Македонија со актот донесен врз основа на ставот (6) од овој член ги определува граничните премини преку кои може да се врши прометот со засегнати и заштитени диви видови растенија и животни. (8) Дозволата или сертификатот од ставот (1) на овој член се издава во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето. (9) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштитата на природата го одбие барањето за издавање на дозволата од ставот (1) на овој член, подносителот има право да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен во рок од 15 дена од приемот на решението. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> Член 30-а Членот 30-а се брише. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> Постапка за издавање на дозвола односно сертификат за промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови Член 31 (1) Забрането е вршење на увоз/извоз/транзит и/или повторен извоз (во натамошниот текст: промет) во/низ/од Република Северна Македонија на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови без дозвола или сертификат на начин и во постапка утврдена согласно со членот 30 од овој закон. (2) Надлежниот орган за вршење на царински работи е должен да утврди дали прометот со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови се врши врз основа на издадена дозвола или сертификат. (3) Доколку царинскиот орган утврди дека прометот се врши без потребна дозвола или сертификат и/или други документи пропишани со овој закон, или пак се сомнева во точноста на податоците во дозволата, односно сертификатот или другите документи, е должен да ја одземе и/или заплени пратката со видови се до завршување на постапката. . (4) Во случаите од ставот (3) на овој член царинскиот орган издава потврда и е должен за тоа веднаш да го извести органот надлежен за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата и Државниот инспекторат за животна средина на начин утврден со актот донесен врз основа на ставот (8) од овој член, а одземената, односно запленетата пратка со примероците да ја предаде на чување на: - овластени депозитари на конфискувани видови, - научни и стручни организации и/или - да ја остави на чување на царинскиот декларант или примателот, односно испраќачот со забрана за располагање. (5) Во случаите од ставот (4) на овој член органот надлежен за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата одлучува за привремено или трајно згрижување на одземените, односно запленетите примероци согласно со меѓународните ратификувани договори и позитивните прописи во Република Северна Македонија. (6) Кога видовите се одземени или запленети настанатите трошоци поврзани со храна, сместување, превоз, враќање и други трошоци поврзани со постапката на одземање или запленување е должен да ги намири царинскиот декларант или примателот. Доколку не е утврден царински декларант или примател, трошоците е должен да ги намири испраќачот, превозникот или нарачувачот. (7) Органот надлежен за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата води список на овластени депозитари на конфискувани видови при недозволена трговија. (8) Владата на Република Северна Македонија на предлог на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата поблиску го уредува начинот на постапување при промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови од страна на царинските органи, другите надлежни органи и служби на граничните премини и научните и стручните установи, како и на овластените депозитари на конфискуваните примероци при недозволен промет. (9) Како овластен депозитар од ставот (4) на овој член може да биде правно и физичко лице кое има обезбедено простор за чување на примерокот и вработено најмалку едно лице со висока стручна спрема од областа на ветеринарните и биолошките науки. (10) Поблиските условите кои треба да ги исполнуваат овластените депозитари на одземени или запленети примероци ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на природата во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на ветеринарните работи. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Исклучоци Член 31-а (1) Не е дозволен промет, односно купување, понуда заради купување, стекнување заради комерцијални намени, прикажување во јавноста во комерцијални цели, користење заради комерцијална добивка и продажба и чување заради продажба на примероци од строго заштитени видови. (2) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата може, врз основа на испитување на секој случај поединечно, да направи исклучок од ставот (1) на овој член, доколку примероците: 1) биле стекнати или внесени во државата пред да почнат да важат одредбите од Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора или друг ратификуван меѓународен договор; 2) се обработени примероци што биле стекнати пред повеќе од 50 години; 3) се внесени во Република Северна Македонија во согласност со овој закон и прописите кои произлегуваат од него и се користат за цели кои не го загрозуваат нивниот опстанок; 4) се примероци од животински видови родени и одгледани во заробеништво или вештачки размножени примероци од растителни видови или делови или деривати од вакви примероци; 5) се потребни поради напредок на науката или за суштински биомедицински намени, во случај кога е докажано дека предметниот вид е единствениот вид што е погоден за тие намени и кога не постојат примероци од видот родени и одгледувани во заробеништво; 6) се наменети за одгледување или за размножување, со што ќе се зголемат придобивките за зачувување на засегнатиот вид; 7) имаат истражувачки или образовни намени чијашто цел е заштита или зачувувањето на видовите или 8) потекнуваат од држава и се земени од дивината во согласност со важечкото законодавство во таа држава. (3) По исклучок, може да се врши промет со примероци од строго заштитени видови растенија вештачки размножени и животни одгледани во заробеништво, од страна на научните институции, зоолошките и ботаничките градини, исклучиво за научно-истражувачки цели. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Надоместоци Член 31-б (1) Владата на Република Северна Македонија на предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштитата на природата ги пропишува видовите и висината на трошоците за издавање на дозволите и сертификатот од членот 30 став (1) на овој закон со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови, како и начинот на водење на евиденција на направените трошоци од страна на субјектите од членот 31 став (4) на овој закон и начинот на нивната наплата. (2) Трошоците од ставот (1) на овој член се определуваат врз основа на реалните трошоци кои ги сноси органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата кои настануваат како резултат на постапката за издавање на дозволи, односно сертификати за промет, вклучувај ќи ги и трошоците што ги имаат царинските органи, другите надлежни органи и служби на граничните премини и овластените научни и стручни установи, како и трошоците на овластените депозитари на конфискуваните видови при недозволен промет. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> II.2.1.5. Чување и одгледување на диви животински видови Услови за чување и одгледување на диви животински видови во заробеништво Член 32 (1) Забрането е чување и одгледување на диви животински видови во несоодветни услови во заробеништво. (2) Владата на Република Северна Македонија ги пропишува условите за чување на диви животински видови во заробеништво. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Чување и одгледување на диви животински видови во заробеништво заради јавно изложување Член 33 (1) Правно или физичко лице може да чува и одгледува во заробеништво автохтони и алохтони диви животински видови со цел нивно јавно изложување за научни, едукативни или комерцијални цели, во зоолошки градини, аквариуми, терариуми или слични објекти врз основа на дозвола која ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето. (2) Правно и физчко лице лице може да чува и одгледува во заробеништво автохтони и алохтони диви животински видови со цел нивно јавно изложување за научни, едукативни или комерцијални цели, во зоолошки градини, аквариуми, терариуми или слични објекти, доколку поседува соодветен простор, опрема и кадар за чување и одгледување. (3) Барањето ставот (1) на овој член особено содржи: 1) опис на условите во поглед на просторот и опремата за сместување и чување на животинските водови; 2) опис на просторот во кој ќе се чуваат животните во изолација во случај на болест или заради други потреби; 3) видот и начинот на исхрана на животните; 4) начинот на водење евиденција за животните; 5) опис на кадарот и нивното знаење и искуство во чување и одгледување на животни; 6) начинот на одржување на објектите за сместување на животните и 7) ветеринарната и друга заштита на животните. (4) Дозволата од ставoт (1) на овој член, се издава по претходно спроведен увид од страна на органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на заштита на природата. (5) Пред издавањето на дозволата од ставот (1) на овој член, овластеното службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на заштита на природата е должно да побара мислење од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на ветеринарните работи во рок од пет дена од денот на добивањето на барањето. (6) Овластеното службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на ветеринарните работи е должно мислењето од ставот (5) на овој член да го достави до органот надлежен за вршење на стручни работи од областа на заштита на природата во рок од седум дена од денот на приемот на барањето за мислење од ставот (5) на овој член. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги пропишува формата и содржината на образецот на барањето и дозволата од ставот (1) на овој член и начинот на издавање на дозволата за чување диви животински видови во заробеништво. (8) Доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозволата од ставот (1) од овој член, подносителот на барањето има право да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. (9) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за врешење на работите од областа на заштита на природата поблиску ги пропишува условите во однос на простор, опрема и кадар кои треба да ги исполнат субјектите за чување и одгледување во заробеништво на автохтони и алохтони диви животински видови. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> II.2.1.6. Посебна заштита на дивите видови Црвена листа и црвена книга Член 34 (1) Дивите растителни, габни и животински видови се распоредуваат по следнава категоризација на нивната засегнатост: 1) истребени видови (EX); 2) видови истребени во природата (EW); 3) критично загрозени видови (CR); 4) загрозени видови (EN); 5) чувствителни видови (VU); 6) близу засегнати (NT); 7) најмалку засегнати (LC) и 8) без доволно податоци (DD). (2) Засегнати видови се видовите од ставот (1) точки 3, 4 и 5 на овој член. (3) Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежeн за вршење на работите од областа на заштитата на природата, а по претходно прибавено мислење од Националниот совет за заштита на природата, донесува црвена листа на диви видови според категоризацијата од ставoт (1) на овој член. (4) За прикажување на описите, распространувањето, заканите и другите карактеристики на видовите од црвената листа, како и мерките за подобрување на состојбата на истите, се изработува црвена книга. (5) Црвената листа и црвената книга ги воспоставува, одржува и ажурира надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата во согласност со резултатите од спроведените научни анализи. (6) Воспоставување на црвената листа се врши преку изработка на засебни листи за секоја поединечна таксономска група од растенија, габи и животни, согласно со програмата од членот 162 на овој закон. (7) Ажурирањето на црвената листа се врши на секои десет години, а по потреба и порано. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Строго заштитени диви видови и заштитени диви видови Член 35 (1) Дивите видови можат да бидат прогласени за строго заштитени диви видови и заштитени диви видови. (2) Прогласените строго заштитени и заштитени диви видови се стекнуваат со статус на природно наследство. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, врз основа на научна анализа и обврските кои произлегуваат од меѓународните договори ратификувани од Република Северна Македонија, вклучувајќи ги и заштитените видови на ниво на Европска унија а по претходно прибавено мислење од Националниот совет за заштита на природата ги донесува листите на строго заштитените диви видови и заштитените диви видови. (4) Листите на строго заштитени и заштитени диви видови се ажурираат најдоцна во рок од шест месеци по изготвувањето на листата за одделна таксономска група согласно со членот 34 став (6) на овој закон. (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, во согласност со постапката пропишана врз основа на ставот (3) од овој член, може да ја укине заштитата на одреден див вид или може да пренесе одреден вид од една во друга категорија на заштита. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Привремена заштита на засегнатите диви видови Член 36 (1) Дивите видови од членот 35 став (1) на овој закон, за кои се води постапка за нивно прогласување за строго заштитени и заштитени диви видови се ставаат под привремена заштита. (2) Актот за ставање под привремена заштита на засегнатите диви видови го донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (3) Привремената заштита трае до прогласувањето на засегнатите диви видови за строго заштитени и заштитени диви видови или најмногу шест месеца од денот на донесувањето на актот за ставање под привремена заштита. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Строго заштитени диви видови Строго заштитен див вид Член 37 (1) Строго заштитен див вид е: 1) див вид на кој му се заканува исчезнување на територијата на Република Северна Македонија; 2) стеноендемски вид и 3) див вид за кој режимот на заштита е пропишан со меѓународни договори ратификувани од Република Северна Македонија вклучувајќи ги и заштитените видови на ниво на Европската унија и 4) видови кои се чувствителни на специфичните промени во нивното живеалиште. (2) Одреден див вид може да биде строго заштитен на целата територија на Република Северна Македонија или на одредени локалитети. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Забранети активности за строго заштитени диви видови Член 38 (1) Забрането е уништување, собирање, сеча или копачење на строго заштитените растенија и габи. (2) Забрането е постапување со строго заштитените животни, кое се однесува на: 1) нивно намерно заробување, чување и отстрел; 2) намерно оштетување или уништување на нивните развојни облици, гнезда, легла, како и нивните живеалишта или делови од живеалишта; 3) нивно намерно вознемирување, особено во времето на размножувањето, одгледување на малечките, миграција, презимување, ако таквото вознемирување го загрозува нивниот натамошен опстанок; 4) намерно уништување или земање на јајца од природата и чување на глуви јајца и 5) прикривање, чување, одгледување, продавање, купување и отуѓување или на кој било начин прибавување и препарирање. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Спроведување на забранети активности за строго заштитени диви видови Член 39 (1) По исклучок од членот 38 од овој закон, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата може со посебен акт да дозволи извршување на активности утврдени во членoт 38 од овој закон, заради: 1) заштита на растенијата, габите и животните; 2) спречување на значителни штети на посевите, сточниот фонд, шумите, рибниците, водите и другите облици на сопственост; 3) заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, како и друг повисок јавен интерес и 4) образование, научно истражување и нужно размножување. (2) Актот од ставот (1) на овој член се објавува во Службен весник на Република Северна Македонија. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Дозволени активности за строго заштитени диви животински видови Член 40 (1) Дозволено е да се отстранат од природата и да се предадат на овластени правни или физички лица: 1) пронајдени мртви примероци од строго заштитени диви животински видови и 2) примероци од строго заштитени диви животински видови кои се болни или повредени, така што да не се способни да преживеат самостојно во природата. (2) Пронаоѓачот е должен веднаш да го пријави пронаоѓањето на мртви, болни и повредени единки од строго заштитени диви животински видови на надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата. (3) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, врз основа на пријавата од пронаоѓачот е должен во рок од седум дена од денот на приемот на пријавата да донесе решение за натамошното постапување со пронајдените единки на строго заштитени видови од ставoт (2) на овој член кое се објавува на веб страницата на органот. (4) Жалба против решението од ставот (3) на овој член, засегнатата јавност односно пронаоѓачот поднесува до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на решението од ставот (3) на овој член на веб страницата на органот на државната управа надлежен за вршење на работите на заштита на природата. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> Заштитени диви видови Заштитен див вид Член 41 Заштитени диви видови се: 1) автохтони диви видови кои се засегнати или ретки на национално или меѓународно ниво, но не им се заканува изумирање на територијата на Република Северна Македонија; 2) диви видови кои не се засегнати на национално или меѓународно ниво, но поради нивниот изглед лесно можат да се заменат со некој засегнат див вид и 3) диви видови за кои соодветниот начин на заштита е предвиден со меѓународните договори ратификувани од Република Северна Македонија, вклучувајќи ги и заштитените видови на ниво на Европската унија. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Користење на заштитен див вид Член 42 (1) Користењето на заштитените диви видови се врши на начин и во обем кој нема да ја доведе во опасност поволната состојба на нивната зачуваност. (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во согласност со министерот надлежен за вршење на работите од областа на шумарството, ловството и рибарството ги пропишува мерките и активностите за заштита и начинот и обемот на користење на заштитените диви видови во согласност со одредбите на овој или друг закон. (3) Мерките и активностите определени во прописот од ставот (2) на овој член,се во согласност со одредбите за заштита на миграторните видови диви животни утврдени со меѓународни договори ратификувани од Република Северна Македонија. (4) Врз основа на податоците од евиденцијата која ја води надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата во согласност со овој закон, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата може да го забрани или ограничи користењето на определен заштитен див вид. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Неселективни средства за заробување или отстрел на заштитени диви животински видови Член 43 (1) Забранета е употребата на неселективни средства за заробување или отстрел на заштитени диви животински видови, како и на средства кои можат да предизвикаат локално исчезнување или сериозно вознемирување на популациите на тие видови, потоа средства забранети согласно со меѓународните договори ратификувани од Република Северна Македонија, а особено: 1) стапици, јамки (примки), лепаци и куки; 2) живи животни, ослепени или осакатени животни кои се користат како мамки; 3) електрични убиствени или зашеметувачки направи; 4) вештачки светлечки тела; 5) леќи и други заслепувачки направи; 6) аудионаправи (магнетофони, касетофони и друго) кои емитуваат звуци на довикувања, болка или јавување; 7) направи за осветлување на целта; 8) оптички нишани за ноќен лов со можност за електронско зумирање; 9) експлозиви; 10) отрови и зашеметувачки средства, како и отровни и зашеметувачки мамки; 11) полуавтоматско или автоматско оружје со магацин кој може да содржи повеќе од две парчиња муниција и самострел; 12) летала; 13) моторни возила во движење; 14) висечки, хоризонтални, исфрлувачки и други типови мрежи и 15) други средства утврдени со меѓународни договори ратификувани од Република Северна Македонија. (2) Под сериозно вознемирување се подразбираат активности кои негативно влијаат врз дивите видови во периодот на размножување, преселба и зимување. Негативното влијание се согледува преку намалување на успехот на размножување и значителни промени во однесувањето и користењето на местата за одмор, мрестење, гнездење, митарење, преселба и зимување. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> II.2.1.7. Генетска разнообразност Земање на генетски и биолошки материјал од природата Член 44 (1) Земањето на генетски и биолошки материјал од природата заради негова употреба не смее да го загрозува опстанокот на живеалиштата или видовите популации во нивните живеалишта. (2) Генетски материјал е дел од растение, габа и животно или микроорганизам кој содржи наследни информации. (3) Биолошки материјал се микроорганизми, вируси, клеточни култури и култури на ткиво. (4) Владата на Република Северна Македонија по предлог на министерот надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, ги пропишува условите, начинот и постапката за земањето и користењето на генетски и биолошки материјал од природата. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Генбанки Член 45 (1) Заради зачувување на видовите или нивниот генетски материјал се установуваат генбанки, сочинети од контролираните или култивираните популации или делови од габи, животни или растенија, особено семе, спории, репродуктивни клетки и друг биолошки материјал. (2) Генбанки можат да основаат и да водат акредитирани правни лица во согласност со закон. II.2.1.8. Генетски модифицирани организми Генетски модифицирани организми Член 46 (1) Генетски модифициран организам е организам, со исклучок на човечките суштества, во кој генетскиот материјал е модифициран на начин што не се јавува во природата - со спарување и/или со природно реструктуирање. (2) Заради спречување на негативното влијание на генетски модифицираните организми врз зачувувањето и одржливото користење на биолошката разновидност, здравјето на луѓето и животната средина, се спроведуваат мерки и активности утврдени со закон. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> II.2.2. Живеалишта и екосистеми Остварување на заштитата на живеалиштата и екосистемите Член 47 (1) Заштитата на екосистемите и живеалиштата се остварува преку спроведување на мерки и активности за заштита на природата, одржливото користење на природните богатства и планирањето и уредувањето на просторот. (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги утврдува типовите живелишта, вклучувајќи го видот и степенот на нивната загрозеност и значајност која е утврдена согласно приписите на Република Северна Македонија, меѓународните договори ратификувани согласно со Уставот на Република Северна Македонија, прописите на Европската унија и одлуките на Советот на Европа, како и начинот на нивното означување. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Член 47-а Заштитата, одржувањето и повторното воспоставување на биотопите и на живеалиштата се остварува преку: - прогласување на заштитени подрачја, - одржување и управување во согласност со еколошките потреби на живеалиштата, во и надвор од заштитените подрачја, - повторно воспоставување на уништените биотопи и - преземање на мерки за создавање на биотопи. << Консолидација: Влегува во сила на 31.01.2013 >> Поволна состојба на зачуваност Член 48 (1) Заштитата на екосистемите се обезбедува со заштита на типовите живеалишта во поволна состојба на зачуваност. (2) Типот на живеалиште е во поволна состојба на зачуваност, ако: 1) територијата на која е распространето и површината која ја покрива се стабилни или се зголемуваат; 2) постојат, односно во догледна иднина ќе се создаде специфична структура и функции потребни за неговиот долгорочен опстанок и 3) загарантирана е поволната состојба на неговите видови. Следење на состојбата на типовите живеалишт Член 49 (1) Надлежниот орган за вршење на стручни работи во областа на заштитата на природата е должен типовите живеалишта да ги документира, односно да ги означи на карта на живеалишта, како и да ја процени и следи нивната состојба на загрозеност и значајност. (2) Типовите живеалишта се загрозени ако не се во поволна состој ба на зачуваност или им се заканува исчезнување. (3) Подрачјата со загрозени и значајни типови на живеалишта се еколошки значајни подрачја, во смисла на овој закон. (4) Начинот на изготвувањето, одржувањето и означувањето на картата од ставот (1) на овој член, начинот за определување на степеност на загрозеност, начинот на вршење на процената на состојбата и загрозеноста на типовите живеалишта, како и типови живеалишта за чиешто зачувување е неопходно одредување на посебни подрачја за зачувување, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштитата на природата. (5) Следењето на состојбата на загрозеноста на живеалиштата надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата може да го довери на акредитирани правни лица согласно со членот 148 од овој закон. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Мерки за зачувување на типовите живеалишта во поволна состојба на зачуваност Член 50 (1) Мерките за зачувување на типовите живеалишта во поволна состојба на зачуваност ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата по претходно прибавено мислење од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството, шумарството, ловството и рибарството. (2) Мерките за зачувување на типовите живеалишта во поволна состојба на зачуваност се вклучуваат во изработката на просторните и урбанистичките планови. (3) Физичките и правните лица кои вршат дејности на подрачјето на распространување на типовите живеалишта се должни да ги спроведуваат пропишаните мерки од ставот (1) на овој член. Еколошки значајно подрачје Член 51 (1) Еколошки значајно подрачје е подрачје кое во голема мера придонесува за заштитата и зачувувањето на биолошката разновидност во Република Северна Македонија. (2) Еколошки значајни подрачја особено се: 1) подрачја со типови живеалишта кои се карактеризираат со особена биолошка разновидност и/или се добро зачувани; 2) подрачја на живеалишта со засегнати или ендемични видови; 3) подрачја со типови живеалишта кои значително придонесуваат за зачувувањето на природната рамнотежа; 4) подрачја со типови живеалишта кои се загрозени или значајни за Република Северна Македонија, како и на меѓународно и на ниво на Европската унија; 5) подрачја на зачувани шумски целини; 6) подрачја на живеалишта на видови кои се заштитени врз основа на меѓународни договори ратификувани согласно со Уставот на Република Северна Македонија, вклучувајќи ги и заштитените видови на ниво на Европската унија; 7) подрачја кои опфаќаат патишта и одморалишта на миграторни видови; 8) подрачја кои придонесуваат за генетската поврзаност на популациите на одредени видови, односно еколошки коридори или 9) подрачја кои на поинаков начин придонесуваат за зачувувањето на биолошката разновидност. (3) Еколошки значајните подрачја се дел од националната еколошка мрежа. (4) Подрачјата кои по својот број и големина најдобро одговараат за заштита на засегнати и заштитени видови на птици утврдени согласно со членот 35 став (3) на овој закон, имајќи ги предвид загрозените видови, видовите кои се чувствителни на специфичните промени во нивното живеалиште, видовите кои се сметаат за ретки, поради малите популации или ограничената локална распространетост и другите видови кои бараат особено внимание поради специфичната природа на нивното живеалиште, ќе бидат определени како посебни заштитени подрачја за птици. (5) Како посебни заштитени подрачја за птици ќе бидат определени и подрачјата каде што редовно се појавуваат миграторни птици кои не се пропишани со листите од членот 35 став (3) на овој закон, доколку таквите подрачја се значајни за гнездење, митарење или презимување на миграторните птици или пак претставуваат попатно место за одмор при миграција, при што ќе се земат предвид водните живеалишта, нивната заштита, а особено водните живеалишта од меѓународно значење. (6) Процените за определување на посебно заштитени подрачја за птици ќе се прави врз основа на движењата и варијациите во нивоата на популацијата. (7) Како посебни подрачја за зачувување на природните живеалишта и дивите видови растенија габи и животни ќе бидат определени подрачјата со типови живеалишта кои се загрозени или значајни на ниво на Европската унија и подрачја на живеалишта на видови кои се заштитени на ниво на Европската унија. (8) Еколошко значајните подрачја се утврдуваат во рамките на заштитените подрачја со актот за прогласување на заштитеното подрачје, или со акт на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата кога тие се наоѓаат надвор од заштитено подрачје. (9) Во еколошки значајните подрачја не е дозволено преземање активности кои можат да доведат до нивно уништување или значајно или трајно оштетување, како и загуба на видовите и/или живеалиштата заради кои подрачјето е идентификувано како еколошки значајно. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Еколошки значајно подрачје за Европската унија - Натура 2000 Член 52 (1) Еколошки значајно подрачје за Европската унија - Натура 2000 е она подрачје кое е значајно за зачувување на дивите видови птици и други диви видови растенија и животни и нивните живеалишта, како и типовите живеалишта кои се прогласени за засегнати и/или заштитени на ниво на Европската унија. Во европската кохерентна еколошка мрежа Натура 2000 задолжително влегуваат посебните заштитени подрачја за птици и посебните подрачја за зачувување на природните живеалишта и дивите видови растенија габи и животни. (2) Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата го утврдува предлогот на еколошките значајни подрачја за Европската унија - Натура 2000 и целите за зачувување, начинот на нивното управување на територијата на Република Северна Македонија, мониторинг и други правила неопходни за нивна заштита, согласно со одредбите на овој закон. (3) Со начинот на управувањето со еколошки значајните подрачја за Европската унија - Натура 2000 утврдени со актот од ставoт (2) на овој член, се обезбедува зачувување и подобрување на карактеристиките значајни за зачувување на поволната состојба на типот на живеалиште или на дивиот вид. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Национална еколошка мрежа Член 53 (1) Заради зачувување, одржување или обновување до поволна состојба на зачуваност на еколошки значајните подрачја се воспоставува национална еколошка мрежа. (2) Еколошка мрежа претставува систем на меѓусебно поврзани или просторно блиски еколошки значајни подрачја, поврзани со природни или вештачки коридори, кои со урамнотежена биогеографска распореденост значително придонесуваат за заштитата на природната рамнотежа и биолошката разновидност. (3) Во состав на националната еколошката мрежа влегуваат еколошки значајните подрачја, системот на еколошките коридори, системот на заштитени подрачја и подрачја предложени за заштита и еколошки значајните подрачја за Европската унија - Натура 2000. (4) Владата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, а по претходно добиено мислење од Националниот совет за заштита на природата ја донесува националната еколошката мрежа, како и мерки за заштита на подрачјата од еколошката мрежа. (5) При изработка на планските документи за организација, уредување, користење изаштита на просторот во Република Северна Македонија задолжително се зема предвиднационалната еколошката мрежа од ставот (4) на овој член. (6) Еколошките значајни подрачја за Европската унија - Натура 2000 од членот 9 наовој закон, ќе бидат дел од Националната еколошка мрежа од ставот (4) на овој член, понивното усогласување со Европската комисија. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Шумски живеалишта и екосистеми Член 54 (1) Забрането е стопанисување со шумските екосистеми во заштитените подрачја. (2) Зачувувањето на биолошката разновидност во шумските живеалишта и екосистеми се спроведува со заштита на шумите во рамките на заштитените подрачја, како и прекупланот за управување со заштитеното подрачје и посебна Програма за управување нашумските живеалишта и екосистеми во заштитените подрачја. (3) Зачувувањето и заштитата на шумските живеалишта и екосистеми во заштитенитеподрачја се обезбедува според принципите на одржлив развој, зачувување и одржување наприродниот состав на видовите и нивна природна обнова, како и обезбедување иодржување на екосистемските услуги и на условите за поволна состојба на зачуваност навидовите и живеалиштата. (4) Управувањето со шумските живеалишта и екосистеми во рамките на заштитенитеподрачја се врши согласно со Програма за управување со шумските живеалишта иекосистеми во заштитените подрачја, која е дел од Планот за управување со заштитенотоподрачје. (5) Пошумувањето во заштитените подрачја се врши со автохтони видови на дрвја, коиго обезбедуваат и одржуваат природниот состав на екосистемот и неговите услуги иобезбедуваат услови за поволна состојба на зачуваност на видовите и живеалиштата. (6) Пошумувањето на нешумски површини се спроведува само ако со тоа не сезагрозуваат ретките и загрозени типови на живеалишта на начин кој е уреден со Планот зауправување со заштитеното подрачје и Програма за управување со шумските живеалиштаи екосистеми во заштитените подрачја. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење наработата од областа на заштитата на природата ја утврдува содржината на Програмата зауправување со шумските живеалишта и екосистеми во заштитени подрачја, начинот нанејзиното донесување и одобрување, начинот на реализација и надзор. (8) Програмата од ставот (7) на овој член се изработува во рок од две години од денотна прогласувањето на заштитеното подрачје. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Води и водни живеалишта и екосистеми Член 55 (1) Водите и водните живеалишта, во смисла на овој закон, претставуваат природно богатство и се зачувуваат во нивната природна состојба. (2) Водните живеалишта ги вклучуваат езерата, акумулациите, барите, мочуриштата и други водни површини, како и извори, потоци, реки и други водотеци со крајбрежниот појас кој не е помал од 10 метра од бреговата линија утврдена при постоење на највисок водостој. Биолошки минимум на водни живеалишта Член 56 (1) Заради заштита на опстанокот на природното богатство и зачувувањето на биолошката и пределската разновидност во водните живеалишта е забрането преградување на водотеците на начин кој придонесува за деградирање на живеалиштето, намалување на количеството на вода под биолошкиот минимум, исушување, затрупување на изворите, мочуриштата и другите водни живеалишта. (2) Биолошки минимум на водни живеалишта претставува најмала количина на површинска вода која мора да се обезбеди во текот на целата година, освен во случаите кога природниот проток е понизок од одредениот биолошки минимум, која овозможува зачувување на природната рамнотежа на водните живеалишта и својствата на водотеците што ги определуваат карактеристики на пределските типови и не ја намалуваат состојбата на еколошките параметри на површинската вода. (3) Количеството на вода во водните живеалишта од ставот (2) на овој член, потребно за опстанокот на дивите видови чиешто живеалиште е, како и за зачувувањето на биолошката и пределската разновидност, се утврдува според методологија усвоена согласно со Законот за водите. Спречување на загадување на водни живеалишта Член 57 (1) Заради заштита на биолошката и пределската разновидност во водните живеалишта се преземаат мерки и активности за спречување на загадувањето на водните живеалишта и водите кои се влеваат во водните живеалишта, согласно со одредбите на овој или друг закон. (2) Надлежните органи кои во рамките на својот делокруг утврден со закон, како и физичките и правните лица кои вршат стопанска или друга дејност, се должни да обезбедат прочистување на комуналните и индустриските отпадни води кои се влеваат во водите на водните живеалишта. Забрана на изградба на објекти или стопанисување со крајбрежјето на водните живеалишта Член 58 Забранета е изградбата на објекти или стопанисување со природните богатства крај природните извори, покрај брегот на природните водотеци, крајбрежјето на природните или вештачките езера, како и плавените рамнини на водотеците, освен ако тоа не е уредено со закон или друг пропис или е определено во планската документација. Ограничување на риболов или друга употреба на водни живеалишта Член 59 Заради заштитата на одредени строго заштитени видови или типови водни живеалишта министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата може, по претходно прибавена согласност од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на рибарството, привремено или трајно да ги ограничи за риболов или друга употреба, деловите на водните живеалишта. Живеалишта и екосистеми на пасишта Член 60 (1) Заради заштита на биолошката и пределската разновидност со пасиштата и тревните површини се стопанисува преку нивно користење на традиционален начин. (2) Начинот на користење и заштита на значајните или загрозени типови живеалишта на пасишта го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството и шумарството. Меѓни живеалишта и екосистеми Член 61 (1) Заради заштита на биолошката и пределската разновидност на обработливите површини се заштитуваат значајните меѓни живеалишта на начин пропишан со овој закон. (2) При арондација треба да се зачуваат постојните или да се создаваат нови живеалишта од ставот (1) на овој член, да се планира нивниот распоред и големина на начин со што се обезбедуваат значајните вредности на живеалиштата за биолошката и пределската разновидност. Високопланински живеалишта и екосистеми Член 62 (1) Заради заштита на биолошката и пределската разновидност на високопланинските живеалишта и екосистеми се забранува каква било антропогена активност освен онаа поврзана со традиционалното сточарство, како и екотуризам во согласност со принципите на одржлив развој. (2) Се забранува изградба на објекти, освен оние кои се потребни за развој на туризмот во рамките на туристичката развојна зона, спроведување на традиционалното сточарство, преградување или прокопување доводни или одводни канали, како и интродукција на алохтони видови на/во глацијалните високопланински езера. (3) Се забранува експлоатација на карпи и минерали од карпестите високопланински живеалишта. << Консолидација: Влегува во сила на 31.01.2013 >> Живеалишта и екосистеми во урбано подрачје Член 63 Заради заштита на биолошката и пределската разновидност на урбано подрачје, со изработката на урбанистичките планови, во зависност од видот на планот, се обезбедува меѓусебна поврзаност на истите типови живеалишта, зачувување на постојните и создавање на зелени површини, дрвореди, водотеци и стагнантни водни тела, како и други живеалишта, со давање предност на автохтоните видови и живеалишта. Живеалишта и екосистеми во спелеолошки објекти Член 64 Спелеолошките објекти кои претставуваат живеалишта на ендемични видови можат да стекнат статус на природно наследство. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> II.3.Заштитени подрачја Систем на заштитени подрачја Член 65 (1) Системот на заштитени подрачја се состои од заштитени подрачја и подрачја предложени за заштита. (2) Системот на заштитени подрачје се воспоставува заради заштита на биолошката разновидност во рамките на природните живеалишта, процесите кои се случуваат воприродата, како и абиотичките карактеристики и пределската разновидност. (3) Со прогласувањето на подрачјето за заштитено тоа се стекнува со статус наприродно наследство. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> II.3.1. Категории заштитени подрачја Категоризација на заштитени подрачја Член 66 (1) Категориите на заштитени подрачја, во смисла на овој закон, се: 1) категорија I: - I-a cтрог природен резерват и - I-б подрачје на дивина; 2) категорија II - национален парк; 3) категорија III - cпоменик на природата; 4) категорија IV - парк на природата; 5) категорија V - заштитен предел и 6) категорија VI - повеќенаменско подрачје. (2) Заштитените подрачја од ставот (1) на овој член опфаќаат природни живеалишта, екосистеми, геолошки и физичко- географски формации кои се карактеристични на територијата на Република Северна Македонија. (3) Со прогласувањето на нови заштитени подрачја пред се треба да се воспостави репрезентативно покривање на типовите живеалишта и екосистеми кои опстојуваат на територијата на Република Северна Македонија. (4) Спомениците на културата во рамките на заштитените подрачја уживаат заштита соодветна на нивниот статус во согласност со закон. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Прекугранично поврзување на заштитени подрачја Член 67 (1) Категориите на заштитени подрачја од членот 66 на овој закон, можат прекугранично да се поврзуваат со заштитени подрачја на териториите на соседните држави на Република Северна Македонија. (2) Плановите за управување со заштитени подрачја од ставот (1) на овој член ги донесуваат спогодбено субјектите надлежни за управување со заштитените подрачја на двете држави. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> II.3.1.1. Категорија I - строг природен резерват и подрачје на дивина Категорија I-а - строг природен резерват Член 68 (1) Строг природен резерват е подрачје кое поради своите значајни или карактеристични екосистеми, геолошки или физичко- географски карактеристики и/или видови, стекнува статус на природно наследство, првенствено заради спроведување на научни истражувања или мониторинг на заштитата. (2) Пространоста на подрачјето на кое се протега строгиот природен резерват обезбедува интегритет и остварување на целите поради кои го стекнало статусот на природно наследство. (3) Зачувувањето на биолошката разновидност во рамките на строгиот природен резерват се постигнува преку заштита без какво било свесно влијание врз природните процеси во живеалиштето или популациите на видовите. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> План за управување со строг природен резерват Член 69 Субјектот задолжен за управување со строгиот природен резерват изработува план зa управување со строгиот природен резерват. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Начин на управување со строг природен резерват Член 70 Со строгиот природен резерват се управува на начин со кој се обезбедува: 1) зачувување на живеалиштата, екосистемите и видовите во природна состојба; 2) одржување на генетските ресурси во динамична и еволутивна состојба; 3) одржување на природно воспоставените еколошки процеси; 4) заштита на структурните пределски карактеристики; 5) заштита на автентичната природа заради научни студии, мониторинг или образовни цели; 6) намалување на нарушувањата во природата преку грижливо планирање и спроведување на научни истражувања и други дозволени активности и 7) ограничување на пристапот на јавноста. Забранети активности во строг природен резерват Член 71 (1) Забрането е во строгиот природен резерват преземањето на други активности, освен: 1) заштита и контрола во строгиот природен резерват; 2) студиски посети во функција на остварување на научно истражување; 3) движење на луѓе по утврдени патеки и на утврдени места во рамките на подрачјето во образовни цели и 4) собирање на семе и семенски материјал, диви растенија, габи и животни заради научни истражувања, како и заради обновување на популациите на друго подрачје, на начин и во период кои нема да предизвикаат нарушување на екосистемот. (2) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата издава дозвола за спроведувањето на активностите од ставот (1) точки 2, 3 и 4 на овој член. (3) Формата и содржината на образецот на дозволата за спроведување на активностите од ставoт (1) точки 2, 3 и 4 на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> Категорија I-б - подрачје на дивина Член 71-а (1) Подрачје на дивина е вообичаено големо неизменето или малку изменето подрачје кое ги има задржано своите природни карактеристики, каде што нема трајна или значителна урбанизација, а се прогласува заради долгорочна заштита на еколошкиот интегритет на природните карактеристики на подрачјето и можноста идните генерации да ја уживаат користа од постоењето на такво подрачје. (2) Во подрачјето на дивина се обезбедува интегритет и остварување на целите поради кои подрачјето било прогласено. (3) Подрачјето на дивина може да се прогласи како самостојно заштитено подрачје, или како дел од друго заштитено подрачје од иста или пониска категорија. (4) Во случај кога подрачјето на дивина се прогласува како дел од друго заштитено подрачје од пониска категорија, управувањето и заштитата на подрачјето ќе се врши согласно со одредбите на овој закон кои се однесуваат на заштита и управување со подрачје на дивина. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> План за управување со подрачје на дивина Член 71-б Субјектот задолжен за управување со подрачјето на дивина изработува план за управување со подрачјето на дивина. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Начин на управување со подрачје на дивина Член 71-в Со подрачјето на дивина се управува на начин со кој се обезбедува: 1) зачувување на живеалиштата, екосистемите и видовите во природна состојба; 2) одржување на генетските ресурси во динамична и еволутивна состојба; 3) одржување на природно воспоставените еколошки процеси; 4) заштита на структурните пределски карактеристики; 5) ограничен и уреден пристап на јавноста; 6) задржување на начинот на живот на локалното население, во нивниот обем и распространетост, кој се заснова на одржливо користење на природата и 7) спроведување на воспитно-образовни и научно-истражувачки активности без притоа да се има влијание врз природните карактеристики на подрачјето на дивина. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> Забранети активности во подрачје на дивина Член 71-г (1) Забрането е во подрачјето на дивина преземање на други активности, освен: 1) заштита и контрола во подрачјето на дивина; 2) студиски посети во функција на остварување на научно истражување и движење на луѓе по утврдени патеки, односно на утврдени локации во научно- истражувачки цели; 3) интеракција на локалното население со природата во рамките на заштитеното подрачје и искористување во дозволен обем на плодовите на природата и 4) собирање на семе и семенски материјал, диви растенија, габи и животни заради научни истражувања, како и заради обновување на популациите на друго подрачје, на начин и во период кои нема да предизвикаат нарушување на екосистемот, како и заради користење при интеракција на локалното население со природата. (2) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата издава дозвола за спроведување на активностите од ставoт (1) точки 2 и 4 на овој член. (3) Формата и содржината на образецот на дозволата за спроведување на активностите од став oт (1) точки 2 и 4 на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> II.3.1.2. Национален парк Категорија II - национален парк Член 72 (1) Националниот парк е просторно природно подрачје на копно или вода кое опфаќа еден или повеќе сочувани или незначително изменети екосистеми, со особени повеќекратни природни вредности, кое се воспоставува заради заштита на еколошките процеси, како и на видовите и екосистемските карактеристики комплементарни на подрачјето. (2) Прогласувањето и заштитата на националниот парк обезбедува основа за зачувување на изворното природно и културно богатство. (3) Националниот парк има еколошка, научно-истражувачка, културна, воспитно- образовна и туристичко-рекреативна намена. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> План за управување со национален парк Член 73 (1) Јавната установа - Национален парк донесува план за управување со националниот парк, по претходна согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (2) Во планот за управување со националниот парк се пропишани посебните мерки и активности за заштита на карактеристичните природни вредности и изворната состојба во која тие се наоѓаат, поради која се стекнува со статус на природно наследство, како и дел кој се однесува на планирање и управување со просторот на националниот парк. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> Начин на управување со национален парк Член 74 Со националниот парк се управува интегрално на целата територија на начин со кој се обезбедува: 1) заштита на природните подрачја од национално и меѓународно значење за културни, научни, воспитно- образовни и туристичко- рекреативни цели; 2) стабилност на еколошките процеси и разновидноста преку трајно зачувување на репрезентативните физичко- географски региони, биоценози, генетски ресурси и видови во автентична состојба; 3) создавање на услови за развој на туризмот во согласност со принципот на одржлив развој и 4) остварување на културни, научни, образовни и рекреативни цели, кое во исто време ја одржува природната состојба на подрачјето. Забранети активности во национален парк Член 75 (1) Забрането е спроведување на активности со кои се загрозува изворноста на природата во националниот парк, како и палење на огин на територијата на националниот парк, освен на посебно утврдени места дефинирани со планот за управување на националниот парк. (2) Во националниот парк може да се вршат туристичко- рекреативни дејности, како и одржливо користење на природните ресурси на начин кој не го загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа, согласно со одредбите на овој закон. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> II.3.1.3. Споменик на природата Категорија III споменик на природата Член 76 (1) Споменик на природата е дел на природата со една или повеќе природни карактеристики и специфични, загрозени или ретки обележја, својства или форми и има посебна научна, културна, воспитно- образовна, духовна,естетска и/или туристичка вредност и функција. (2) Споменици на природата се: езера, реки, клисури, водопади, извори, пештери, формации на карпи, геолошки профили, минерали и кристали, фосили, ретки или автохтони дрвја и грмушки кои се одликуваат со голема старост и специфични хабитуални карактеристики, како и ограничени мали подрачја на ендемски и ретки животински или растителни заедници значајни по својата научна вредност. (3) Во спомениците на природата и во нивната непосредна близина не се дозволени активности кои ги загрозуваат нивните обележја и вредностите, заради кои се прогласени за споменици на природата. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> План за управување со споменик на природата Член 77 (1) Субјектот кој согласно со актот за прогласување е задолжен за управувањето со споменикот на природата, донесува план за управување со споменикот на природата во кој се утврдени посебните мерки и активности за заштита. (2) Мерките и активностите за заштита на спомениците на природата, формата и содржината на образецот на дозволата за спроведување на посебните мерки и активности за заштита и обнова на споменикот на природата, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (3) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во врска со актот од ставот (2) на овој член издава дозвола за спроведување на посебните мерки и активности за заштита и обнова на споменикот на природата. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> Начин на управување со споменик на природата Член 78 Со споменикот на природата се управува на начин со кој се обезбедува: 1) трајно зачувување и заштита на природните карактеристики и специфичните, загрозените или ретките обележја, својства или форми; 2) услови за спроведување на научни истражувања и воспитно- образовни активности поврзани со нивните природни карактеристики и 3) спречување на активности кои негативно влијаат врз неговите природни карактеристики. II.3.1.4. Парк на природата Категорија IV парк на природата Член 79 (1) Парк на природата е подрачје кое поседува еден или повеќе изворни, ретки и карактеристични компоненти на природата (растителни, габни и животински видови и заедници, релјефни форми, хидролошки вредности и друго). (2) Паркот на природата може да биде ботанички, зоолошки, геолошки, геоморфолошки и хидролошки. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> План за управување со паркот на природата Член 80 За управување со паркот на природата, субјектот кој согласно со актот за прогласување е задолжен за управувањето со споменикот на природата изработува план за управување со паркот на природата. Начин на управување со паркот на природата Член 81 Со паркот на природата се управува на начин со кој се обезбедува: 1) одржување на условите потребни за заштита на значајните видови, популации и заедници или физичко- географските карактеристики; 2) олеснето спроведување на научни истражувања и следење на состојбите како примарни активности поврзани со одржливото користење на ресурсите; 3) определување на посебни места во рамките на паркот на природата заради спроведување на воспитно- образовни активности за карактеристиките на подрачјето и управувањето со дивите видови и 4) елиминирање и спречување на експлоатација и деградација на природата во подрачјето прогласено за парк на природата. Забранети активности во паркот на природата Член 82 Забрането е преземање дејствија, на несоодветно искористување на земјиштето во паркот на природата, како и активности со несоодветен карактер и интензитет, кои можат да ги нарушат својствата заради кои подрачјето се прогласува за парк на природата. Мерки и активности за заштита на паркот на природата Член 83 (1) Субјектот задолжен за вршењето на работите на управување, согласно со актот за прогласување, во рамките на планот за управување со паркот на природата, утврдува мерки и активности за заштита на значајните видови,популации и заедници или физичко- географските карактеристики поради кои подрачјето стекнува статус на природно наследство. (2) Мерките и активностите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. II.3.1.5. Заштитен предел Категорија V заштитен предел Член 84 (1) Заштитен предел е подрачје каде што интеракцијата на луѓето со природата во текот на времето создала предел со значителни еколошки, биолошки, културни и други вредности, географски особености и има рекреативно, историско и научно значење. (2) Заштитата на пределот ќе се врши преку преземање на активности за зачувување и одржување на значајните или карактеристичните особини на пределот произлезени од неговата природна конфигурациј а и/или од типот на човековата активност. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> План за управување со заштитен предел Член 85 За управување со заштитениот предел, субјектот кој согласно со актот за прогласување е задолжен за вршење на работите на управувањето изработува план за управување со заштитениот предел. Начин на управување со заштитениот предел Член 86 Со заштитениот предел се управува на начин со кој се обезбедува: 1) одржување на хармоничната интеракција на природата и културата преку заштитата на пределот и продолжувањето на традиционалниот начин за користење на земјиштето, градба и општествени и културни манифестации; 2) поддршка на начинот на живот и економските активности кои се хармонизирани со природата и заштитата на социјалната и културната основа на заедниците кои живеат на тоа подрачје; 3) одржување на разновидноста на пределот и живеалиштата, како и на видовите и екосистемите; 4) спречување на активности за искористување на земјиштето кое не соодветствува на заштитата по својот обем, интензитет или карактер и 5) организирање на јавни посети, туристичко- рекреативни активности, како и воспитно- образовни и научно- истражувачки активности согласно со степенот на заштита, а во врска со постојните карактеристики на подрачјето. Заштита на заштитени подрачја од други категории во заштитениот предел Член 87 Заштитените подрачја од друга категорија кои се наоѓаат во рамките на подрачјето прогласено за заштитен предел уживаат заштита согласно со категоријата за која се прогласени. II.3.1.6. Повеќенаменско подрачје Категорија VI повеќенаменско подрачје Член 88 (1) Повеќенаменското подрачје е подрачје кое вообичаено се распространува на релативно голема територија на копно и/или вода, кое е богато со води, шуми или ливади и може да биде искористено за лов, риболов или туризам, или за размножување на диви животни. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, повеќенаменското подрачје како заштитено подрачје, во смисла на овој закон, е подрачје богато со води, шуми и ливади, а кое е од исклучително значење за потребите на одбраната. (3) Повеќенаменското подрачје може да биде антропогено изменето, како и да опфаќа населби. (4) Повеќенаменското подрачје не мора да опфаќа еколошки значајни подрачја или други вредности од национален интерес. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> Воспоставување на повеќенаменско подрачје Член 89 (1) Повеќенаменското подрачје се воспоставува во согласност со потребите на заштитата на природата и спроведување на економски активности и користење на природното богатство, а особено заради обезбедување целовитост на еколошката мрежа, како еколошки коридор. (2) Со цел да се обезбеди трајно и одржливо користење на природното богатство, во рамките на повеќенаменското подрачје, може да се дозволи заштита и зонирање во разумна мера. (3) Остварувањето на активностите на одбраната во повеќенаменското подрачје од членот 88 став (2) на овој закон, се врши на начин кој обезбедува заштита на природата, спроведување на економските активности и користење на природното богатство. План за управување со повеќенаменското подрачје Член 90 За управување со повеќенаменското подрачје, план за управување со повеќенаменското подрачје изготвува субјектот кој согласно со актот за прогласување е задолжен за вршење на работите на управувањето. II 3.1.6-а. Природни реткости Прогласување на природни реткости Член 90-а (1) Поради нивните научни, естетски, здравствени и други значења, културна, воспитно-образовна и туристичко- рекреативна функција, делови од природата, се под посебна заштита на државата како природни реткости. (2) Како природни реткости можат да бидат прогласени одредени ретки, загрозени и ендемични, растителни и животински видови, нивни делови и заедници, релјефни форми, геолошки профили, палеонтолошки и спелеолошки објекти. (3) Ретки, загрозени и ендемични растителни и животински видови или нивните делови и заедници, се тие на коишто им е загрозен опстанокот, поради природни причини и човековата активност или се ретки заради нивното распространување. (4) Релјефни форми, геолошки профили, палеонтолошки и спелеолошки објекти, можат да бидат прогласени за природна реткост доколку нивната површина е помала од 100 хектари. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> Заштита и управување со природната реткост Член 90-б Заради заштита на природната реткост органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во актот за прогласување на природната реткост го пропишува начинот на заштита и управување на природната реткост. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> II 3.1.7. Стекнување меѓународен статус на заштита Стекнување на меѓународен статус на заштита Член 91 (1) Заштитеното подрачје или природна реткост може да биде номинирано за стекнување на меѓународно признат статус на природно наследство согласно со меѓународните договори ратификувани од Република Северна Македонија. (2) Одлука за номинација, во смисла на ставот (1) на овој член, донесува Владата на Република Северна Македонија по предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, а по претходно прибавено мислење на Националниот совет за заштита на природата. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> II.3.2. Постапка за прогласување на заштитено подрачје Начин на прогласување на заштитено подрачје Член 92 (1) Строгите природни резервати, подрачјата на дивина, националните паркови, спомениците на природата и парковите на природата се прогласуваат за заштитено подрачје со закон. (2) Заштитените предели и повеќенаменските подрачја за заштитени подрачја ги прогласува Владата на Република Северна Македонија. (3) Природните реткости ги прогласува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (4) Со прогласувањето на заштитеното подрачје односно природната реткост истото стекнува статус на природно наследство. (5) Заради утврдување на реалната состојба и обезбедување на стручна основа за изработка на актот за прогласување на заштитено подрачје се изработува Студија за валоризација или ревалоризација на заштитеното подрачјето. (6) Содржината на студијата ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (7) Актот за прогласување на заштитеното подрачје, односно природна реткост содржи: назив на заштитеното подрачје или природната реткост, категорија на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја, картографски приказ со граници на заштитеното подрачје и границите на зоните од членот 93 на овој закон кои постојат во рамките на заштитеното подрачје, типови на зони во заштитеното подрачје, режим на заштита, субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување. (8) Ако се изгубат обележјата заради кои е прогласено заштитеното подрачје односно природната реткост, надлежниот орган за вршење на стручни работи во областа на заштитата на природата е должен да поведе постапка за престанок на заштитата. (9) Престанување на заштитата се врши на ист начин и во постапка како што бил донесен актот за прогласување на заштитата. (10) Актот за прогласување и актот за престанување на заштитата се доставуваат до надлежниот орган заради забележување во земјишните книги. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Дејуре Забелешка: Во ставот (5) кој станува став (7) зборовите: вцртани граници на распространување на заштитеното подрачје ги нема. Зонирање на заштитено подрачје Член 93 (1) Со актот за прогласување на заштитеното подрачје од членот 92 на овој закон, а заради потребите на вршењето на дејноста на заштита и управување, можат да се установат особено следниве зони: 1) зона за строга заштита; 2) зона за активно управување; 3) зона за одржливо користење и 4) заштитен појас. (2) Со актот за прогласување на природната реткост од членот 92 на овој закон, а заради потребите на вршењето на дејноста на заштита и управување со природната реткост, можат по потреба да се установат зоните од ставот (1) на овој член, а особено заштитен појас околу природната реткост. (3) Активностите и дејностите кои можат да се вршат во зоните кои се установуваат согласно со ставовите (1) и (2) на овој член, се определуваат со актот за прогласување за заштитено подрачје и природна реткост од членот 92 на овој закон и планот за управување со заштитеното подрачје и природната реткост. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> Поднесување на предлог за прогласување на заштитено подрачје Член 94 (1) Предлог за прогласување на строг природен резерват, подрачје на дивина, национален парк, споменик на природата, парк на природата, заштитен предел, повеќенаменско подрачје и природна реткост можат да дадат органите на државната управа, советот на општината, советот на опшината од градот Скопје и Советот на градот Скопје на чие подрачје се наоѓаат истите, како и други научни установи, други органи, организации, институциии и здруженија на граѓани. (2) Предлог за прогласување на парк на природата, заштитен предел, повеќенаменско подрачје за заштитено подрачје, природна реткост, покрај овластените предлагачи од ставот (1) на овој член, можат да дадат и физички и правни лица. (3) Предлозите од ставовите (1) и (2) на овој член, се доставуваат до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и покрај другото содржат: основа за поднесување на предлогот, картографски приказ, како и стручна студија за валоризација или ревалоризација на подрачјето. (4) По исклучок од ставот (3) на овој член за природна реткост предлозите од ставовите (1) и (2) на овој член содржат основ за поднесување на предлогот, картографски приказ кога е можно и елаборат за валоризација или ревалоризација на природната реткост кој особено содржи опис на природната реткост, опис на вредноста на природната реткост за која се предлага заштита на природната реткост, како и предлог на мерки за заштита и за унапредување на природната реткост. << Консолидација: Влегува во сила на 19.05.2012 >> Прифатливост на предлогот за прогласување на заштитено подрачје Член 95 (1) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата по разгледувањето на предлогот за прогласување заштитено подрачје и мислењето од Националниот совет за заштита на природата и предлага на Владата на Република Северна Македонија донесување на одлука за прифатливоста на предлогот и за натамошната постапка за прогласување на заштитеното подрачје. (2) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата по одлуката на Владата на Република Северна Македонија ја спроведува јавната расправа по предлогот. (3) Јавната расправа се спроведува на подрачјето на општината на чијашто територија се наоѓа заштитеното подрачје. (4) Учесниците во јавната расправа, во рок од десет работни дена по одржувањето на јавната расправа, можат да достават свои забелешки по предлогот за прогласување на заштитено подрачје до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата. (5) За спроведената јавна расправа се изработува извештај. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Одлучување по конечниот предлог за прогласување на заштитено подрачје Член 96 (1) По завршената јавна расправа по предлогот, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата го изработува конечниот предлог за прогласување на заштитено подрачје и го доставува до Владата на Република Северна Македонија. (2) Конечниот предлог за прогласување на заштитено подрачје особено содржи извештај од завршената јавна расправа и акт за прогласување за заштитено подрачје. (3) Владата на Република Северна Македонија го разгледува и усвојува предлогот за прогласување на заштитено подрачје и одлучува за прогласувањето, односно за натамошното постапување по предлогот. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Привремена заштита Член 97 (1) Деловите на природата за кои се води постапка за нивно прогласување за заштитено подрачје, се ставаат под привремена заштита. (2) Решение за привремена заштита на деловите на природата од ставот (3) на овој член, го донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (3) Привремената заштита трае една година од денот кога е донесено решението од ставот (2) на овој член, или најдоцна до донесувањето на актот за прогласување на заштитено подрачје. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> II.3.3. Планови за управување со заштитени подрачја Донесување на планови за управување со заштитени подрачја Член 98 (1) Заради остварување на заштитата на заштитените подрачја, субјектите надлежни за вршењето на активностите на управување и заштита донесуваат планови за управување и годишни програми за заштита на природата. (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ја пропишува содржината на плановите за управување со заштитените подрачја и годишните програми за заштита на природата. (3) Плановите за управување со заштитените подрачја треба да се во согласност со Просторниот план на Република Северна Македонија и одредбите на овој закон и да ги содржат сите пропишани мерки и активности за заштита на природата, а особено: 1) изготвување на преглед на заштитеното подрачје и еколошки значајните подрачја во него, со нивните карактеристики и оцена на состојбата; 2) заштитни мерки и развојни насоки за заштитеното подрачје и еколошки значајните подрачја; 3) мерки за заштита на биолошката разновидност, особено мерки за зачувување на природните живеалишта; 4) мерки за управување со шумските живеалишта и екосистеми во заштитените подрачја; 5) мерки за управување со просторот; 6) мерки за заштита на карактеристичните предели; 7) утврдување на систем на мерки и активности за заштита од пожари и други природни катастрофи и 8) изготвување на картографски приказ на природните живеалишта. (4) Плановите за управување со заштитените подрачја од ставот (1) на овој член, ги донесува субјектот задолжен за вршењето на работите на управување и заштита, согласно со актот за прогласување, по претходно прибавена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (5) До донесување на планот за управување субјектот кој управува со заштитеното подрачје подготвува годишна програма за заштита на природата во рок од три месеци од денот на прогласувањето на подрачјето за заштитено. (6) Годишната програма за заштита на природата се донесува по претходно добиена согласност од надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата. (7) Субјектот кој управува со заштитеното подрачје подготвува годишен извештај за спроведување на планот за управување од ставот (1) на овој член и го доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата најдоцна до 31 јануари во тековната година со податоци од претходната година. (8) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ја пропишува содржината на годишниот извештај. (9) На делот на плановите за управување од ставот (1) на овој член, со кој се уредува системот на мерки и активности за заштита од пожари и други природни катастрофи, согласност дава надлежниот орган на државната управа определен со закон. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Важност на плановите за управување со заштитени подрачја Член 99 (1) Плановите за управување со заштитените подрачја се донесуваат за период од десет години, а најдоцна во рок од две години од денот на прогласувањето на заштитено подрачје. (2) Субјектите кои, согласно со одредбите на овој закон и актите за прогласување, се задолжени за вршење на работите на управувањето со заштитените подрачја, вршат оцена на резултатите постигнати со примената на планот за управување по истекот на петтата година од спроведувањето на планот за управување со заштитеното подрачје и по потреба се врши ревизија на ист начин како што е донесен планот. (3) Субјектите од ставот (2) на овој член, се должни да отпочнат со изготвување на нови планови за управување со заштитените подрачја, најдоцна една година пред истекот на рокот за кој се донесени. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Хармонизирање на плановите за управување со мерките и активностите за заштита Член 100 Плановите за управување со заштитените подрачја треба да се усогласени со целите, мерките и активностите за заштита и управување со заштитените подрачја утврдени со овој закон, актот за прогласување на заштитено подрачје, меѓународните стандарди и меѓународните договори ратификувани од Република Северна Македонија, како и просторно планската документација. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Постапка за донесување на плановите за управување со заштитените подрачја Член 101 (1) Во постапката за донесувањето на плановите за управување со заштитеното подрачје, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и субјектите кои управуваат со заштитеното подрачје се должни да организираат јавна расправа. (2) Мислењата, предлозите и препораките изнесени на јавната расправа се земаат предвид при изготвувањето на плановите за управување со заштитено подрачје. Контрола врз спроведувањето на плановите за управување со заштитените подрачја Член 102 Контрола врз спроведувањето на плановите за управување со заштитени подрачја врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. II.3.3-а Одржливо користење на природни ресурси Член 102-а (1) Користењето на природните ресурси во заштитеното подрачје се врши на одржлив начин кој нема да го загрози опстанокот на истите, заради нивно уживање и користење од идните генерации. (2) Со природните ресурси во заштитеното подрачје управува го користи и субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје. (3) Користењето на природните ресурси се врши во согласност со одредбите на овој закон, планот за управување со заштитеното подрачје и годишната програма за заштита на природата. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> II.3.4. Режим на заштита Просторни планови за заштитени подрачја Член 103 (1) Заради уредување и користење на просторот на категориите заштитени подрачја по потреба се донесува просторен план. За категоријата национален парк, обврзно се донесува просторен план. (2) Просторниот план на заштитено подрачје, во согласност со одредбите на овој закон, содржи: 1) текстуален дел: -големина, граници и местоположба на паркот; -состојба на природната средина; -состојба на постојната просторна уреденост, организацијата и заштитата; -цели и задачи за просторен развој; -просторна разместеност на населението, населбите и туристичките локалитети; -просторна разместеност на инфраструктурни системи и -насоки и мерки за спроведување на планот и 2) графички дел: -релјеф и геоморфолошки форми; -педолошка карта; -вегетациска карта; -хидрографија; -постојна просторна организација и -опременост и изграденост на просторот. Зона за строга заштита Член 104 (1) Зона за строга заштита претставува дел од заштитеното подрачје со највисок интерес за заштитата, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите, или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики. (2) Во зоната за строга заштита може да се разграничат: 1) изворно природни простори, без никаква интервенција на човекот и 2) простори со ограничена интервенција, каде што традиционалниот начин на стопанисување (управување) е се уште присутен и служи за одржување на природните вредности на зоната. (3) Во зоната за строга заштита се дозволени научноистражувачки активности, доколку тие не се во спротивност со примарните цели на заштита на подрачјето. (4) Заради одржување на карактеристиките на зоната за строга заштита субјектот кој управува со заштитеното подрачје е должен да обезбеди постојан мониторинг. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Зона за активно управување Член 105 (1) Зоната за активно управување претставува зона од висок интерес за заштита, во која се потребни поголеми управувачки интервенции со цел реставрација, ревитализација или рехабилитација на живеалиштата, екосистемите и другите елементи од пределот. (2) Во зоната за активно управување може да се вршат активности на управување кои се однесуваат на: 1) манипулирање со живеалишта и 2) манипулирање со видови. (3) Во зоната за активно управување се дозволени активности од економски карактер кои немаат негативно влијание на примарната цел на заштита, како екотуризам или традиционално екстензивно земјоделство. (4) Успешното управување со оваа зона, како и нејзиното натамошно трајно одржување, може да доведе до стекнување карактеристики на зоната за строга заштита. Зона за одржливо користење Член 106 (1) Зоната за одржливо користење претставува значителен дел од заштитеното подрачје кој не поседува високи вредности за заштитата, каде што се наоѓаат инфраструктурни објекти, објекти на културното наследство, типови на шумски насади коишто не се карактеристични за подрачјето, како и населени места со околното земјоделско земјиште. (2) Долготрајното преземање на интервенции и мерки, може да доведе до стекнување карактеристики на зоната за активно управување. Заштитен појас Член 107 (1) Заштитниот појас по правило е површина надвор од заштитеното подрачје и има улога да ги заштити, онаму каде што има потреба, зоните од членовите 104, 105 и 106 на овој закон од заканите што потекнуваат надвор од заштитеното подрачје. (2) При вршењето на стопански дејности во рамките на заштитниот појас задолжително се применуваат мерките за заштита утврдени со овој закон. (3) Заштитен појас по потреба се воспоставува и во рамките на заштитеното подрачје меѓу зоните чиј режим на заштита и управување меѓусебно се исклучува. (4) Субјектот кој управува со заштитеното подрачје е должен да се грижи и да презема соодветни мерки во заштитниот појас со цел да се намалат заканите за заштитеното подрачје. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> II.3.5. Спроведување на мерките на заштита Непосредна заштита на заштитените подрачја Член 108 (1) Непосредната заштита на заштитените подрачја ја спроведува чуварска служба основана или определена од субјектите кои, согласно со одредбите на овој закон и актите за прогласување, се задолжени за вршење на работите на управувањето со заштитените подрачја. (2) Чуварската служба во заштитените подрачја ја сочинуваат чувари во заштитени подрачја кои ги назначува органот кој раководи со субјектот кој управува со заштитеното подрачје. (3) За чувар на заштитено подрачје може да се назначи лице кое има средна стручна подготовка, во постапка и на начин пропишани од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите во областа на внатрешните работи. (4) По назначувањето за чувар на заштитено подрачје лицето полага стручен испит. Стручниот испит чуварот во заштитеното подрачје го полага согласно со програмата која ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (5) Начинот и постапката на полагањето на стручниот испит од ставот (4) на овој член го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (6) Стручниот испит се полага пред тричлена комисија составена од двајца претставници од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и еден претставник од субјектот задолжен за вршење на работите на управувањето со заштитеното подрачје согласно со актот за прогласување. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Службена униформа, опрема и оружје на чуварската служба Член 109 (1) Припадниците на чуварската служба при вршењето на службената должност носат службена униформа, опрема, оружје и палка за застанување, а својот идентитет го докажуваат со службена легитимација. (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата го пропишува изгледот и видот на службената униформа, нејзината трајност и начинот на користење - носење на опремата што треба да ја носат чуварите и содржината и формата на службената легитимација, како и начинот на издавањето и одземањето на легитимацијата. (3) Начинот на користење и чување на огнено оружје кое го поседуваат припадниците на чуварската служба го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи во согласност со одредбите на овој и друг закон. (4) Службената легитимација се користи само при вршењето на законските надлежности на чувар во заштитено подрачје. (5) Чуварот не смее да ја дава на користење на други лица службената легитимација. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Остварување на непосредна заштита Член 110 Непосредната заштита на заштитеното подрачје чуварската служба ја врши особено преку: 1) планирање, организирање и спроведување на поучни прошетки низ заштитено подрачје; 2) еколошка обука за посетителите на заштитеното подрачје и локалното население; 3) набљудување и следење на состојбата на растителните, габните и животинските видови, како и другите вредности на заштитеното подрачје; 4) соработка со водачите на научно- истражувачки и други дозволени проекти во заштитеното подрачје; 5) соработка со сопствениците и уживателите на правото на користење на недвижности во заштитеното подрачје заради заштита на природата; 6) надзор врз спроведувањето на дозволените активности во заштитеното подрачје и 7) грижа за одржувањето на инфраструктурните објекти во заштитеното подрачје. Овластувања на чуварската служба при вршење на непосредна заштита Член 111 При спроведувањето на заштитата припадниците на чуварските служби, меѓу другото, вршат: 1) заштита на живеалиштата и видовите од незаконска употреба и незаконски активности; 2) следење на спроведувањето на одредбите за управувањето со заштитеното подрачје од актот за прогласување, како и од плановите за управување; 3) контрола на сите дозволи за користење, други активности и движење во рамките на границите на заштитеното подрачје; 4) следење на спроведувањето на мерките за заштита од пожари и други природни катастрофи во рамките на границите на заштитеното подрачје; 5) следење на загадување со разни видови отпад на водите и почвата; 6) контрола на транспортот на дрва, шумски, земјоделски и друга производи во рамките на границите на заштитеното подрачје; 7) придружување на групи посетители, обезбедување на информации, како и укажување на помош на посетителите; 8) учество во активности поврзани со ревитализација на живеалиштата и дивите видови и 9) вршат и други активности во согласност со актот за прогласување, со овој или друг закон. Овластување на чуварската служба при вршење на службена должност Член 112 (1) Во вршењето на службена должност припадниците на чуварската служба имаат право и должност меѓу другото: 1) да побараат лична карта или друга јавна исправа заради утврдување на идентитетот на лицата; 2) да прегледаат багаж, како и превозно средство; 3) привремено да го ограничат движењето на одредено подрачје; 4) да наплатат мандатна казна; 5) привремено да одземат противправно присвоен дел од живиот или неживиот свет, кои припаѓаат на заштитеното подрачје, како и средствата со кои е извршено присвојувањето; 6) да побараат воспоставување на претходна состојба, односно да наредат спречување и отстранување на штетните последици и 7) да поднесат прекршочна и кривична пријава. (2) Средствата кои се наплаќаат како казна од ставот (1) точка 4 на овој член, се приход на буџетот. II.3.6. Ограничувања во правниот промет и ограничување на правото на сопственост Должности на сопственикот, односно корисникот кон заштитеното Подрачје Член 113 (1) Носителот на правото на користење, односно сопственикот на имот во заштитено подрачје, е должен природното наследство да го чува, да се грижи за неговото одржување и навреме да ги презема пропишаните техничко- заштитни и други мерки потребни за заштита и одржување, во согласност со актот за прогласување на заштитеното подачје, планот за управување, како и во согласност со одредбите на овој закон. (2) Носителот на правото на користење, односно сопственикот на имот во заштитено подрачје, е должен да побара согласност за сите инвестициони активности на користење, односно уживање на имотот во заштитеното подрачје од субјектот задолжен за вршење на работите на управувањето со заштитеното подрачје. (3) Правата и обврските на носителот на правото на користење, односно сопственикот на имот во заштитеното подрачје се утврдуваат со актот за прогласување, како и со планот за управување со заштитеното подрачје. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Надомест за ограничување на користењето Член 114 Ако користењето на природното богатство во заштитеното подрачје на одреден начин е ограничено или забрането, сопственикот или корисникот има право на надомест за ограничувањето на користењето во согласност со прописите за надомест на штета. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Овозможување мониторинг на природата Член 115 Носителот на правото на користење, односно сопственикот на имот во заштитеното подрачје е должен да овозможи мониторинг, истражување и проучување на природното богатство во заштитеното подрачје за научни цели на лицето кoe за тоа има добиено претходна дозвола за научни истражувања од членот 24 од овој закон од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> Експропријација на приватен имот заради заштита на природата Член 116 Заради спроведување на заштитата на природното наследство или дел од заштитено подрачје кое се наоѓа на имотот на приватен сопственик може да се спроведе постапка за експропријација во согласност со закон. II.4. Заштита на пределот Заштита на пределска разновидност Член 117 (1) Активностите во природата се планираат и се изведуваат на начин кој ќе обезбеди заштита на пределската разновидност и карактеристичните обележја на пределот во најголема можна мера. (2) Користењето на природното богатство и планирањето и уредувањето на просторот треба да обезбеди зачувување на карактеристичните обележја на пределот, како и одржувањето на биолошките, геолошките и културните вредности кои го одредуваат неговото значење и естетското доживување. (3) Заштитата на пределот се обезбедува и преку заштитата на живеалиштата и екосистемите во согласност со одредбите на овој закон. (4) При планирање на намената на земјиштето, заради подобрување на еколошката кохерентност на мрежата Натура 2000, кога тоа е потребно треба да се земат предвид карактеристиките на пределите кои се од голема важност за дивата флора и фауна. (5) Како потребни карактеристики на пределот ќе се сметаат оние кои овозможуваат поврзаност на земјиштето, како што се реките со нивните брегови или традиционалните системи за означување на границите на теренот, поради нивната функција како еколошки коридори за премини или за застанување, преселба, ширење и за генетска размена на дивите видови, флора и фауна. << Консолидација: Влегува во сила на 31.01.2013 >> Пределски типови Член 118 (1) Пределите согласно со своите карактеристики и вредности се класификуваат во пределски типови. (2) Пределските типови се класификуваат според особените и карактеристичните обележја кои ја изразуваат разновидноста на културното и природното наследство. (3) Пределските типови ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. Следење на состојбата на пределските типови Член 119 (1) Пределските типови се проучуваат, нивните својства, чувствителност и загрозеност се анализира и следи, а промените на особените и карактеристичните обележја се регистрираат. (2) Под особени и карактеристични обележја на пределот се подразбираат деловите на природата карактеристични за одредени пределски типови или антропогените компоненти на пределот кои имаат природна, историска, културна, научна или естетска вредност. (3) Следењето на состојбата на особените и карактеристичните обележја на пределот врши надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата. << Консолидација: Влегува во сила на 20.03.2010 >> Вреднување на пределските типови Член 120 (1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги вреднува пределските типови, земајќи ги предвид и посебните вредности кои им ги припишува населението, како и други заинтересирани физички и правни лица. (2) Особено вредните предели, како и мерките за заштита на пределските типови ги утврдува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во соработка со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството и шумарството и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на културата и туризмот. (3) Особено вредните предели можат да бидат прогласени за заштитени подрачја со што се стекнуваат со статус на природно наследство согласно со одредбите на овој закон. (4) Пределските типови, како и мерките од ставот (2) на овој член, се имплементираат во документите за просторно уредување, односно во планот за справување со заштитеното подрачје кое опфаќа определен предел. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> Намалување на штетните последици на пределот Член 121 (1) Истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини и други активности кои можат да предизвикаат промени на пределот се вршат на начин кој обезбедува заштита на пределските вредности на просторот во најголема можна мера. (2) Штетните последици на пределот, предизвикани со истражување и експлоатација на минералните суровини, се отстрануваат со санација на ископот, односно уредување на целокупното експлоатациско поле и враќање на пределот во природна состојба. Заштита на спелеолошки објекти Член 122 (1) Заради заштита на подземните форми, пештерската флора и фауна, археолошките и палеонтолошките наоди во спелеолошките објекти, спелеолошките објекти можат да бидат прогласени за заштитени подрачја. (2) Спелеолошките објекти се запишуваат во катастарот на заштитени подрачја. (3) За спелеолошките објекти во катастарот се запишуваат следниве податоци: 1) податоци за богатството на подземните форми и биолошките карактеристики; 2) катастарска ознака; 3) податоци за сопственикот, односно управувачот; 4) вреднување од гледиште на заштитата на природата; 5) утврдување на состојбата и загрозеноста; 6) заштитното надземно подрачје, како и ограничувањата кои се однесуваат на тие подрачја и 7) други карактеристики и податоци од значење за заштита на спелеолошкиот објект (опис на објектот, морфолошки тип, настанување, хидролошки одлики, хидрогеолошка функција, пристап до објектот, фотографска документација, основна литература и друго). (4) Откривањето на секој нов спелеолошки објект и делови на веќе откриен спелеолошки објект се пријавува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата во рок од 15 дена. (5) За натамошно постапување со откриените спелеолошки објекти органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата издава решение во рок од 30 дена од денот на пријавувањето на откриениот спелеолошки објект кое се објавува на веб страницата на органот. (6) Жалба против решението од ставот (5) на овој член, засегнатата јавност односно откривачот на спелеолошкиот објект поднесува до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на решението од ставот (5) на овој член на веб страницата на органот на државната управа надлежен за вршење на работите на заштита на природата.. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> Услови и мерки за заштита на спелеолошки објекти Член 123 (1) Забрането е оштетување, уништување и изнесување на пештерски украси, подземниот жив свет, палеонтолошки и археолошки наоди од спелеолошките објекти. (2) По исклучок на ставoт (1) од овој член, заради спроведување на научно истражување, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата може да дозволи изнесување на подземен жив свет, палеонтолошки и археолошки наоди од спелеолошките објекти врз основа на дозвола издадена согласно со членот 24 од овој закон. (3) Дозволата за изнесување на подземен жив свет, палеонтолошки и археолошки наоди од спелеолошките објекти е дел од дозволата за спроведување на научно истражување во природата на Република Северна Македонија од членот 24 став (6) на овој закон. (4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги пропишува мерките и активностите за заштита на спелеолошките објекти. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Спроведување на заштитата на спелеолошките објекти Член 124 (1) Заради спроведување на заштитата на спелеолошките објекти или нивните делови органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата издава дозволи за: 1) користење или уредување на спелеолошки објект или негов дел; 2) затворање на влезот или некој дел од пештерата, како и за изградба, обнова или санација на какви било подземни објекти; 3) спроведување на истражувања, изведување на експерименти или собирање на растенија, габи и животни во спелеолошкиот објект или негов дел; 4) снимање филмови или фотографирање со електронска опрема во спелеолошкиот објект и 5) сите други активности кои на кој било начин влијаат врз темелните карактеристики, услови и природната флора и фауна во спелеолошкиот објект или неговото надземно заштитно подрачје. (2) Решението со кое се дава дозволата од ставот (1) на овој член, ги содржи и условите и мерките за заштита. (3) Со спелеолошкиот објект кој се наоѓа во заштитено" подрачје управува субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје, во согласност со одредбите на овој закон. (4) За спелеолошкиот објект кој не е посебно заштитен или се наоѓа надвор од заштитено подрачје, управувањето заради посетување и разгледување може да се врши од овластено правно или физичко лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата избран врз основа на јавен конкурс. (5) Како овластен за управување со спелеолошки објект може да биде определено правно и физичко лице кое има искуство во заштита и истражување на спелеолошки објекти од најмалку пет години и располага со кадар кој има завршено висока стручна спрема од областа на геолошките и географските науки. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> Користење на спелеолошки објекти Член 125 (1) Користењето на спелеолошките објекти за дозволени цели се спроведува по издадена дозвола од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (2) Дозволата се издава врз основа на претходно доставена програма за посетување и разгледување на спелеолошкиот објект, која ги содржи мерките за заштита на спелеолошкиот објект, условите за разгледување и мерките за заштита на посетителите. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> Ограничување на правото на сопственост врз спелеолошки објекти Член 126 (1) Забрането е сопственикот или корисникот со земјиштето на кое се наоѓа спелеолошки објект да го загрози или оштети спелеолошкиот објект, да го затвори влезот и да го попречува неговото користење на дозволен начин. (2) Сопственикот или корисникот со земјиштето на кое се наоѓа спелеолошки објект е должен да дозволи пристап и разгледување на објектот во дозволени цели. (3) Сопственикот на спелеолошкиот објект има право на надомест поради ограничувањата во користењето на спелеолошкиот објект сразмерно на изгубената добивка. Износот на надоместот се утврдува спогодбено, а во случај на спор одлучува надлежен суд. Надоместот се исплаќа од буџетот на Република Северна Македонија. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> II.5. Минерали и фосили II.5.1. Општи мерки Општа заштита на минерали и фосили Член 127 (1) Минералите и фосилите се сопственост на Република Северна Македонија. (2) Се забранува уништувањето на минералите и фосилите, како и оштетувањето на нивните наоѓалишта. (3) При вршење на дејности или изградба на објекти од јавен интерес, вршителот на работите е должен на свој трошок да ги преземе сите потребни мерки и активности за заштита на наоѓалиштето на минерали и фосили. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> II 5.2. Заштитени минерали и фосили Минерали и фосили како природно наследство Член 128 (1) Минералите и фосилите кои се значајни поради својата реткост, исклучителна/големина, изглед или вонредното и универзалното образовно и научно значење, стекнуваат статус на природно наследство. (2) Минералите и фосилите кои имаат статус на природно наследство ги утврдува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. Заштита на минерали и фосили Член 129 (1) Минералите и фосилите кои стекнале статус на природно наследство се чуваат на местото на наоѓањето, а наоѓалиштето се прогласува за заштитено подрачје. (2) Ако минералите и фосилите не можат да бидат заштитени на местото на наоѓалиштето се даваат на чување на институција која ќе обезбеди нивна стручна заштита и ќе овозможи нивна употреба во научни и воспитно- образовни цели, како и во целите на заштитата на природата. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги пропишува начинот и содржината на стручната заштита на минералите и фосилите, како и начинот на истражувањето на наоѓалиштето и начинот на заштита на наоѓалиштето, во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на науката и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на економијата и трудот. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> Спроведување на заштита на минерали и фосили Член 130 (1) Забрането е земање од природата минерали и фосили кои стекнале статус на природно наследство или се наоѓаат во заштитени подрачја. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, органот на државната управа надлежно за вршење на работите од областа на заштитата на природата може да дозволи земање од природата на минерали и фосили кои имаат статус на природно наследство, или се наоѓаат во заштитено подрачје, во функција на научно и стручно истражување, образование и јавно изложување. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> II.5.3. Пронаоѓање на минерали и фосили и истражување на наоѓалишта Истражување на наоѓалиште на минерали и фосили Член 131 (1) Минералите и фосилите од членот 128 став (1) на овој закон, пронаоѓачот е должен да ги пријави кај надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата во рок од осум дена од пронаоѓањето. (2) Надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата е должен веднаш да го извести органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата за извршената пријава на минералите и фосилите од членот 128 став (1) на овој закон. (3) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата одлучува за натамошното истражување на наоѓалиштето на минерали и фосили најдоцна во рок од 30 дена од денот на пријавувањето на наоѓалиштето. Со решението за спроведување на истражување на наоѓалиштето се пропишуваат и мерките за неговата времена заштита. (4) Ако органот на државната управа надлежно за вршење на работите од областа на заштитата на природата не донесе решение за истражување во рокот од ставот (2) на овој член се смета дека истражување и заштита на наоѓалиштето не се потребни. (5) Ако органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата поинаку не одреди пронаоѓачот не може на местото на наоѓалиштето да врши активности кои би можеле да доведат до уништување или оштетување на наодот. (6) Сопственикот на земјиштето на кое е пронајден минерал или фосил или физичкото или правното лице кое ги изведува работите во текот на кои е пронајден,се должни да овозможат истражување на наоѓалиштето во согласност со решението на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (7) Истражувањето на наоѓалиштето го спроведува овластено физичко или правно лице, врз основа на дозволата од органот на државната управа надлежен за вршење на работата од областа на заштитата на природата, на начин и во постапка пропишани со актот од членот 129 став (3) на овој закон. (8) Ако постои веројатност за натамошни наоѓања на минерали или фосили, по завршувањето на одобрените истражувачки работи органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, врз основа на спроведен надзор, одлучува за продолжување на работите. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> Дозвола за истражување на наоѓалиште на минерали и фосили Член 132 (1) Ако правното или физичкото лице има намера да истражува наоѓалиште на минерали или фосили, е должно да побара дозвола од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, најдоцна 30 дена пред почетокот на планираното истражување. (2) Дозволата од ставот (1) од овој член се издава согласно со член 24 од овој закон. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> Член 132-а Членот 132-а се брише. << Консолидација: Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 39/2016) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). >> III. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА III.1. Надлежности од областа на заштитата на природата Орган на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата Член 133 Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, во согласност со одредбите на овој закон ги врши работите што се однесуваат на: водење и креирање на политиката на заштита на природата, заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство; управување со биолошката и пределската разновидност и природното наследство и контрола и надзор врз спроведувањето на одредбите на овој закон. Надлежен орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата Член 134 Надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата, во согласност со одредбите на овој закон ги врши работите што се однесуваат на: водење катастар на заштитени подрачја, регистар на природно наследство и евиденција за промет и други активности сo заштитените видови, мониторинг на состојбите во природата и врши други работи во согласност со одредбите на овој закон. III.2. Управување со заштитени подрачја Управување со заштитени подрачја Член 135 (1) Управувањето и заштитата на заштитените подрачја го вршат субјекти задолжени за управување под услов и на начин утврдени со актот за прогласување и овој закон. (2) Управувањето, надзорот и заштитата на националните паркови го вршат јавни установи - Национален парк согласно со одредбите на овој закон и актот за прогласување на националниот парк. (3) Доколку спомениците на природа и парковите на природата се помали од 100 ха можат да се групираат и согласно со актот за прогласување, да бидат управувани од еден субјект за управување, или пак да бидат управувани од субјектот кој управува со поголемо соседно подрачје. (4) Доколку постои преклопување на териториите на заштитените подрачја со различна категорија на заштита, со актот за прогласување може да се утврди истите да бидат управувани од еден субјект за управување. (5) Управувањето и заштитата со повеќенаменското подрачје од членoт 88 став (2) на овој закон, го врши јавно претпријатие основано од Владата на Република Северна Македонија, согласно со закон. (6) Надзорот врз управувањето и заштитата на заштитените подрачја го врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Субјект кој управува со заштитено подрачје Член 135-а (1) Субјектот којшто ќе управува со заштитеното подрачје треба да располага со човечки, административни, просторни, технички и финансиски ресурси. (2) Критериумите, односно минималните услови што треба да ги исполнува субјектот за управување со заштитено подрачје во поглед на бројот и екипираноста со човечки ресурси и техничка опременост, потребни за ефикасно управување со заштитеното подрачје, ги утврдува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата за секоја категорија на заштитени подрачја од членот 66 став (1) на овој закон. (3) Субјектите задолжени за управување со заштитеното подрачје, управуваат интегрално со целото заштитеното подрачје. Заради остварување на интегралното управување субјектите задолжени за управување со заштитеното подрачје склучуваат спогодби за регулирање на меѓусебните права и обврски со субјектите кои вршат дејност или активност во заштитеното подрачје, на кои согласност дава Владата на Република Северна Македонија. (4) Заради ефикасно управување со заштитеното подрачје субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје во рок од три месеци од неговото назначување формира: - совет на засегнати страни и - научен совет, како консултативни тела на субјектот. (5) Научен совет се формира за сите категории на заштитени подрачја освен за заштитени подрачја со површина помала од 100 ха и заштитени подрачја од категоријата VI од членот 66 став (1) на овој закон. (6) Советот на засегнати страни го сочинуваат претставници на: 1) единиците на локалната самоуправа и урбаните и месни заедници чија територија како целина или како дел се преклопува со територијата на заштитеното подрачје; 2) локални здруженија на граѓани од областа на заштитата на животната средина и природата; 3) подрачни единици на органите на државната управа, државни јавни претпријатија и установи кои вршат дејности и активности на територијата на заштитеното подрачје; 4) локални јавни претпријатија и установи кои вршат дејности и активности на територијата на заштитеното подрачје и 5) други правни лица кои вршат дејности и активности за користење на природните ресурси на територијата на заштитеното подрачје. (7) Научниот совет го сочинуваат претставници на државни и локални установи, како и други правни лица регистрирани за вршење на научноистражувачка дејност од областа на биолошката и геолошката разновидност, како и лица кои самостојно вршат научноистражувачка дејност од областа на биолошката и геолошката разновидност. (8) Советот на засегнати страни дава мислења и предлози по однос на предлогот на планот за управување со заштитеното подрачје, предлогот за ревизија на планот за управување со заштитеното подрачје и спроведувањето на одделните програми од планот за управување со заштитеното подрачје од аспект на интересите на засегнатите страни. (9) Научниот совет дава мислења и предлози по однос на предлогот на планот за управување со заштитеното подрачје, предлогот за ревизија на планот за управување со заштитеното подрачје и спроведувањето на одделните програми од планот за управување со заштитеното подрачје од научен аспект. (10) Членовите на Советот на засегнати страни и членовите на Научниот совет имаат мандат од пет години. (11) Субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје е должен да ги свика советите најмалку еднаш годишно. (12) Советите од ставот (9) на овој член донесуваат деловник за својата работа кој се одобрува од страна на органот кој управува со субјектот за управување со заштитеното подрачје. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> III.2.1. Управување со национални паркови Јавна установа - Национален парк Член 136 (1) Заради вршење на работите на управување и заштита на националниот парк, Владата на Република Северна Македонија основа јавна установа - Национален парк. (2) Со актот за основање на јавната установа особено се уредува: 1) начинот на вршење на дејноста од јавен интерес, меѓусебните права и обврски на Владата на Република Северна Македонија и јавната установа - Национален парк; 2) правата кои ги има јавната установа; 3) условите под кои се обезбедува континуитет во вршењето на дејноста од јавен интерес; 4) условите за квалитетно вршење на дејноста од јавен интерес; 5) условите за извршување на сите предвидени обврски без оглед на можното настанување и влијание на кои било непредвидливи околности и состојби; 6) видот на корисниците и подрачјето на кое се врши дејноста; 7) условите под кои основачот може еднострано да ги измени условите по основањето поради остварување и заштита на јавниот интерес и 8) другите посебни услови и обврски кои јавната установа е должна да ги исполнува заради вршењето на дејноста од јавен интерес. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Управување со јавна установа - Национален парк Член 137 (1) Управувањето со јавната установа Национален парк се врши врз принципите на стручност и компетентност, во согласност со закон. (2) Органи на јавната установа - Национален парк се: управен одбор, работоводен орган, стручен колегијален орган и одбор за контрола на материјално- финансиско работење. Управен одбор на јавна установа - Национален парк Член 138 (1) Орган на управување на јавната установа - Национален парк е управниот одбор, кој го сочинуваат пет члена, двајца претставници од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, претставник на општините на чие подрачје се наоѓа националниот парк и двајца претставници на стручниот орган. (2) Членовите на управниот одбор ги именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија. (3) Составот, начинот на избор на членовите на управниот одбор, неговата надлежност и начинот на одлучување се уредуваат со статутот на јавната установа - Национален парк. (4) Функцијата член на управниот одбор на јавната установа - Национален парк или работоводен орган е неспоива со вршење на друга јавна функција (5) Членовите на управниот одбор за својата работа примаат надомест на дневни и патни трошоци за учество во работата на управниот одбор. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Надлежности на управниот одбор Член 139 (1) Управниот одбор на национален парк ги врши следниве работи: 1) донесува статут на јавната установа - Национален парк; 2) донесува план за управување со националниот парк, како и други акти на установата и го следи нивното извршување; 3) од редот на своите членови избира претседател; 4) предлага на Владата на Република Северна Македонија разрешување на работоводниот орган; 5) ја утврдува висината на надоместоците пропишани со членот 141-а на овој закон; 6) го утврдува финансискиот план и донесува завршна сметка и 7) врши и други работи утврдени со закон, актот за основање и со статутот на јавната установа - Национален парк. (2) На статутот на јавната установа Национален парк од ставот (1) точка 1 и на висината на надоместоците од ставот (1) точка 5 на овој член, согласност дава Владата на Република Северна Македонија. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Директор на јавна установа - Национален парк Член 140 (1) Со јавната установа - Национален парк раководи работоводен орган директор. (2) Директорот на јавната установа - Национален парк од ставот (1) на овој член го организира и раководи процесот на трудот и го води работењето на јавната установа - Национален парк, донесува одлуки, ја претставува и застапува јавната установа - Национален парк спрема трети лица и е одговорен за законитоста на работата на националниот парк. Постапка за именување на директор Член 141 (1) Со јавната установа национален парк раководи директор кој го именува и го разрешува Владата на Република Северна Македонија. (2) Јавниот оглас за вработување се објавува во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Северна Македонија од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. (3) За својата работа и за работата на јавната установа национален парк, директорот одговара пред Владата на Република Северна Македонија. (4) Мандатот на директорот трае четири години. (5) За директор може да биде именувано лицe коe ги исполнува следниве услови, и тоа: 1) е државјанин на Република Северна Македонија; 2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана на вршење на професија, дејност или должност. 3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 4) има минимум пет години работно искуство; 5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: - ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, - БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или - АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2); 6) поднесе подготвена програма за раководење со установата. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Финансирање на јавната установа - Национален парк Член 141-а Јавната установа - Национален парк се финансира од: 1) надоместок за влез и посета на национален парк; 2) надоместок за паркирање во национален парк; 3) надоместок за посета на посебни објекти во национален парк; 4) надоместок за собирање на диви видови растенија габи и животни и нивни делови и одржливо користење на природните ресурси (управување со шумските живеалишта и екосистеми во национални паркови и слично); 5) надоместок за престој во национален парк; 6) средства стекнати за вршење на активности согласно со членовите 105 и 106 од овој закон; 7) надоместок за вршење на дејност или активност во национален парк; 8) надоместок за пловидба во национален парк; 9) надоместок за употреба на лого на национален парк на производи и услуги за комерцијална употреба; 10) надоместок од екосистемски услуги; 11) Буџетот на Република Северна Македонија; 12) буџети на единиците на локалната самоуправа на чие подрачје се наоѓа заштитеното подрачје и 13) други извори (донации, грантови, кредити, обновливи кредити, подароци, легати и друго). << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Одбор за контрола на материјално- финансиското работење на јавната установа - Национален парк Член 142 (1) Заради вршење на контролата на материјално- финансиското работење на јавната установа - Национален парк се формира Одбор за контрола на материјално- финансиското работење составен од претседател и три члена. (2) Претседателот и членовите на Одборот од ставот (1) на овој член, ги именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија. (3) За претседател и членови на Одборот од ставот (1) на овој член, може да се именуваат лица кои не се во работен однос во јавната установа Национален парк и кои имаат високо образование и поседуваат знаења и искуство од областа на финансиското и сметководственото работење. (4) Претседателот и членовите на Одборот од ставот (1) на овој член, за својата работа примаат надомест на дневни и патни трошоци за учество во работата на Одборот. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Стручен колегијален орган на јавната установа -Национален парк Член 143 (1) Јавната установа - Национален парк има стручен колегијален орган (во натамошниот текст: стручен орган). (2) Составот, начинот на организирањето и надлежноста на стручниот орган се утврдуваат со статутот на јавната установа - Национален парк. (3) Стручниот орган ги врши следниве работи: 1) одговорен е за стручната работа на јавната установа Национален парк; 2) одлучува за стручните прашања во рамките на овластувањата утврдени со закон, статутот и другите акти на јавната установа - Национален парк; 3) утврдува стручни основи за програмата за работа и нејзиниот развој; 4) му дава мислење и предлози на работоводниот орган во поглед на организацијата на работата и условите за работа и развој на дејноста; 5) предлага претставници во органот на управување на јавната установа Национален парк според принципите на стручност и компетентност; 6) организира и обезбедува спроведување на програми за обука на чуварската служба за справување со пожари и други природни катастрофи и 7) врши други работи утврдени со закон и статутот на јавната установа - Национален парк. Член 143-а (1) Вработените во јавна установа национален парк имаат статус на административни службеници и помошно-технички персонал. (2) Административните службеници од ставот (1) на овој член се вработените во стручната служба кои вршат работи од административна природа и истите правата и обврските од работен однос ги остваруваат согласно со Законот за административните службеници. (3) Помошно-техничкиот персонал од ставот (1) на овој член се вработените кои вршат работи на обезбедување, одржување, вршење на превоз, работа во кујна или хотелско - угостителски објекти, како и други помошни и технички работи и истите правата и обврските од работен однос ги остваруваат согласно со Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-б Членот 143-б се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-в Членот 143-в се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-г Членот 143-г се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-д Членот 143-д се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-ѓ Членот 143-ѓ се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-е Членот 143-е се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-ж Членот 143-ж се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-з Членот 143-з се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-ѕ Членот 143-ѕ се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-и Членот 143-и се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-ј Членот 143-ј се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-к Членот 143-к се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-л Членот 143-л се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-љ Членот 143-љ се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-м Членот 143-м се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-н Членот 143-н се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-њ Членот 143-њ се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-о Членот 143-о се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Член 143-п Членот 143-п се брише. << Консолидација: Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон (ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА слв. 41/2014) ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). >> Облици на заедничко вршење на одделни работи Член 144 (1) Заради остварување на рационално вршење на дејноста, јавните установи Национален парк со согласност на Владата на Република Северна Македонија можат да организираат различни облици на заедничко вршење на одделни работи или остварување на институционална или друг вид работа и соработка. (2) Работите што ги извршува обликот кој го организираат јавните установи -Национален парк се утврдуваат со спогодбата за поврзување. (3) Обликот кој го организираат јавните установи Национален парк има својство на правно лице, ако со спогодбата за поврзување поинаку не е определено. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> III.3. Национален совет за заштита на природата Основање и состав на Националниот совет за заштита на природата Член 145 (1) Заради следење, остварување и унапредување на заштитата на природата и користењето на природното богатство се основа Национален совет за заштита на природата како советодавно тело на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (2) Националниот совет за заштита на природата е составен од претседател и осум члена, кои ги именува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата по функција е претседател на Националниот совет за заштита на природата. (4) Во Националниот совет за заштита на природата се именуваат членови согласно со следнава структура: 1) еден претставник од здружението на општини; 2) двајца претставници од Македонската академија на науките и уметностите; 3) тројца претставници од редот на истакнати научни и стручни работници во областа на заштитата на природата од Република Северна Македонија и 4) двајца претставници од здруженијата на граѓани кои се активни во областа на заштитата на природата. (5) Членовите на Националниот совет за заштита на природата се именуваат за период од четири години и може повторно да бидат именувани. (6) Националниот совет за заштита на природата донесува деловник за својата работа. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Надлежности на Националниот совет за заштита на природата Член 146 Националниот совет за заштита на природата ги разгледува и дава мислење по следните прашања , и тоа за: 1) Законот за заштита на природата и актите со кои се врши прогласување на заштитени подрачја; 2) донесувањето на листата на загрозени видови (црвена листа) и мерките за подобрување на состојбата на загрозените видови (црвена книга); 3) прогласувањето на строго заштитените и заштитените диви видови; 4) донесување на стратешките документи во однос на заштита на природата; 5) утврдувањето на националната еколошка мрежа; 6) прифатливоста на предлогот за прогласување на заштитено подрачје; 7) донесувањето на Националната стратегија за заштита на природата и 8) за други работи во согласност со овој закон. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Вршење на административни работи за Советот Член 147 Административните работи на Националниот совет за заштита на природата ги врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. III.4. Вршење на научни и стручни работи за заштита на природата и мониторинг на состојбата на природата Услови за доделување на вршење научни и стручни работи за заштита на природата и мониторинг на состојбата на природата Член 148 (1) Вршењето на научните и стручните работи за заштита на природата и мониторинг на состојбата на природата, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата може да ги довери на акредитирани правни лица. (2) Акредитираните правни лица од ставот (1) на овој член, треба да имаат вработено или ангажирано најмалку пет лица со високо образование, од кои барем еден со научен степен доктор на науки, со следниве звања: дипломиран биолог,дипломиран биолог- еколог,дипломиран географ, дипломиран геолог, дипломиран шумарски инженер, дипломиран инженер агроном, доктор по ветеринарна медицина. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги пропишува условите во поглед на опремата и деловните простории, кои треба да ги исполнуваат акредитираните правни лица. IV. ПОДАТОЦИ ОД ЕВИДЕНЦИИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА IV.1. Катастар на заштитени подрачја Евиденција на заштита на природата Член 149 (1) Заштитените подрачја, привремено заштитените делови од природата за кои се води постапка за прогласување за заштитени подрачја, природното наследство, како што се спелеолошките објекти и карактеристичните минерали и фосили, дивите видови и степенот на нивна заштита и природните реткости се запишуваат во Евиденцијата за заштита на природата. (2) Евиденцијата од ставoт (1) на овој член ја води надлежниот орган за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (3) Евиденцијата за заштита на природата како јавна книга се состои од: 1) катастар на заштитени подрачја и 2) регистар на природно наследство. (4) Секое заштитено подрачје, привремено заштитениот дел од природата за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје, како и природното наследство се запишуваат во Евиденцијата под единствен регистарски број. (5) Надлежниот орган за вршење на работите од областа на заштитата на природата при уписот на податоците во Евиденцијата за заштита на природата може да одлучи одредени податоци од истата да бидат тајни заради остварување на целите на заштитата на природата. (6) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги пропишува податоците кои се запишуваат во Евиденцијата за заштита на природата, составот и формата на водење на податоците од ставот (3) на овој член, начинот и рокот на упишување на податоците во Евиденцијата, начинот на определувањето и водење на регистарскиот број, начинот на водење и формата и содржината на обрасците на кои се води евиденцијата, начинот на чување и архивирање на евиденцијата, како и начинот и можностите за користење на податоците од евиденцијата. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата го утврдува надоместокот за користење и издавање на изводи од евиденциите за заштита на природата кој се определува врз основа на реалните трошоци што ги сноси органот заради користење и издавање на изводите од евиденциите за заштита на природата. (8) Надоместокот за користење и издавање на изводи од евиденциите за заштита на природата определена со прописот од ставот (7) на овој член, треба да биде разумна и да не ги надминува реалните трошоци направени заради користење и издавање на изводите од евиденциите за заштита на природата. (9) Податоците од евиденциите за заштита на природата се дел од Информативниот систем за животна средина. (10) Средсвата од ставот (7) на овој член се приход на Буџетот на Република Северна Македонија. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> IV 1. Катастар на заштитени подрачја Катастар на заштитени подрачја Член 149-а (1) Заштитените подрачја и деловите на природата под привремена заштита се запишуваат во катастар на заштитени подрачја. Во катастарот се запишува секоја промена кај заштитеното подрачје, како и укинувањето на заштитата. (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, со актот од членот 149 став (6) на овој закон, ги пропишува податоците кои се запишуваат во катастарот на заштитените подрачја, начинот на воспоставување и водење на податоците, како и формата и содржината на образецот на катастарот на заштитените подрачја. (3) Со актот од ставoт (2) на овој член се утврдуваат и начинот и можностите за користење на податоците од катастарот. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> IV.2. Регистар на природно наследство Регистар на природно наследство Член 150 (1) Строго заштитените и заштитените диви видови, фосилите и карактеристичните минерали и природните реткости се запишуваат во регистарот на природно наследство. (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата со актот од членот 149 став (6) на овој закон ги пропишува податоците кои се запишуваат во регистарот на природно наследство, начинот на водење и формата и содржината на образецот на регистарот на природно наследство. (3) Податоците од регистарот на природно наследство се дел од Информативниот систем за животна средина. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Упис во регистарот Член 151 (1) Податоците за примероците и збирките на зоолошките градини, ботаничките градини, научните и другите слични установи се запишуваат во регистарот на природно наследство како целини, според книгата на инвентарот на тие предмети, односно збирки врз основа на пријавата што до надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштита на природата ја поднесува соодветната установа. (2) Во регистарот на природно наследство се запишува стекнувањето и промената на статусот на природно наследство. (3) Укинувањето на статусот на природно наследство предизвикува бришење на видот од регистарот. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> IV.3. Евиденција на промет и други активности со заштитените видови Евиденција на промет и други активности со заштитените видови Член 152 (1) За заштитените видови се води евиденција за прометот и другите активности со заштитените видови. (2) Евиденцијата од ставот (1) на овој член ја води надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата со посебен пропис ги пропишува податоците кои се запишуваат во евиденцијата на промет и други активности со заштитени видови, начинот на водење и формата на образецот на евиденцијата на промет и други активности со заштитени видови. (4) Со актот од ставот (3) на овој член се утврдуваат и можностите за користење на податоците од евиденцијата. (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ја утврдува тарифата за користење и издавање на изводи од евиденцијата на промет и други активности со заштитени видови. (6) Податоците од евиденцијата на промет и други активности со заштитени видови се дел од Информативниот систем за биолошка разновидност како дел од Информативниот систем за животна средина. (7) Средствата од надоместокот од ставот (5) на овој член се приход на Буџетот на Република Северна Македонија. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> IV.4. Национален информативен систем за биолошка разновидност Воспоставување на национален информативен систем за биолошка разновидност Член 153 (1) Национален информативниот систем за биолошка разновидност го воспоставува органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата со цел да се зајакне управувањето и донесувањето одлуки за заштита на биолошката разновидност преку примена на соодветни информатички технологии. (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата ги пропишува начинот и постапката за воспоставување и одржување на националниот информативен систем за биолошка разновидност, вклучително и техничките и функционалните барања на системот, размената на податоци и пристапот до податоците. (3) Националниот информативен систем за биолошка разновидност е составен дел од Информативниот систем за животна средина. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> V. МОНИТОРИНГ Мониторинг на состојбата на природата Член 154 (1) Надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата ја следи и го организира мониторингот на состојбата на природата согласно со методологија за мониторинг на состојбата на природата. (2) Методологијата за мониторинг на состојбата на природата ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата на предлог од надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата. (3) Мониторинг на заштитата на природата можат да вршат и акредитирани правни лица кои ги исполнуваат условите пропишани со одредбите на овој закон. (4) Мониторингот на состојбата на природата се спроведува преку: 1) мерење, следење, оцена и контрола на состојбата на видовите, нивните живеалишта, типовите на живеалишта, еколошки значајните подрачја, екосистемите, како и пределските типови; 2) мерење, следење, оцена и контрола на промената на геолошките вредности (појави на свлечишта, ерозија, нови извори и слично), што опфаќа и изработка на посебни геолошки карти како основа за спроведување на натамошни истражувања и следења и 3) следење на состојбата со природното наследство. (5) Податоците од мониторингот се јавни, освен за случаите утврдени со закон. Пристап до информации во врска со заштитата на природата и пристап до правдата во врска со пристапот до информации за заштитата на природата Член 155 Пристапот до информации во врска со заштитата на природата и пристапот до правдата во врска со пристапот до информации за заштита на природата се обезбедува согласно со Законот за животната средина. Учество на јавноста во одлучувањето за прашања од областа на заштитата на природата Член 156 (1) Се обезбедува учество на јавноста во изготвувањето на прописите и документите кои произлегуваат од одредбите на овој закон, а особено за: актите за прогласување заштитено подрачје, просторно планската документација за заштитено подрачје, плановите за управување со заштитено подрачје, плановите и проектите за користење на природното богатство кои имаат влијание врз природата. (2) Јавноста се известува со јавен оглас или поединечно известување до заинтересираните субјекти за актот или дејноста кои можат да влијаат на состојбата на природата. (3) Известувањето на јавноста е задолжително во случаите пропишани со овој закон. Воспитно- образовни активности за заштита на природата Член 157 (1) Република Северна Македонија е должна да обезбеди поволни услови за спроведување на воспитно- образовни активности за заштитата на природата, на сите нивоа на воспитно- образовниот систем. (2) Воспитно- образовните активности за заштита на природата се спроведуваат и преку вршењето на дејности на ех- situ заштита, како што се музејската дејност,дејностите на зоолошките градини, ботаничките градини, дендролошките градини, аквариумите и други институции. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Активности за информирање на јавноста за заштита на природата Член 158 (1) Органите, институциите, установите и организациите надлежни за вршење на управните, стручните и другите работи од областа на заштитата на природата,согласно со одредбите на овој и друг закон, се должни да ја информираат јавноста за заштитата на природата и нејзиното зачувување преку медиуми, предавања и издавачка дејност, како и да ја известат јавноста за постоење на природно наследство и можноста за негово посетување со цел воспитување, разгледување и рекреација. (2) Јавните установи - Национален парк, како и институциите кои вршат музејска, воспитно- образовна и научна и стручна дејност, се должни да оспособуваат кадри за вршење на работите предвидени во ставот (1) на овој член. VI. НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Донесување на Национална стратегија за заштита на природата Член 159 (1) Владата на Република Северна Македонија, на предлог од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, а по претходно прибавено мислење од Националниот совет за заштита на природата донесува Национална стратегија за заштита на природата. (2) Националната стратегија за заштита на природата се донесува за период од десет години и содржи долгорочни основи на политиката на заштитата на природата. (3) Националната стратегија за заштита на природа,та се донесува во постапка која обезбедува учество на јавноста во одлучувањето. (4) Стратегиите за заштита и користење на природното богатство и природното наследство се усогласуваат со Националната стратегија за заштита на природата. (5) Средства за изработка на Националната стратегија за заштита на природата се обезбедуваат од буџетот на Република Северна Македонија. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Спроведување на Националната стратегија за заштита на природата Член 160 (1) Во рамките на Националната стратегија за заштита на природата, а заради нејзина целосна имплементација, се донесуваат петгодишни планови и едногодишни програми за реализација на овие планови за заштита на природата. (2) Петгодишните планови за заштита на природата ги донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата, во постапка која обезбедува учество на јавноста, а по претходно прибавено мислење на Националниот совет за заштита на природата. (3) Едногодишните програми за заштита на природата ги носи надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на заштитата на природата, во постапка која обезбедува учество на јавноста, а по претходно прибавена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. VII. ФИНАНСИРАЊЕ Средства за заштита на природата Член 161 Средства за заштитата на природата се обезбедуваат од: 1) Буџетот на Република Северна Македонија; 2) буџетите на единиците на локалната самоуправа на чие подрачје се наоѓа заштитеното подрачје; 3) надоместок за влез и посета на заштитено подрачје; 4) надоместок за паркирање во заштитеното подрачје; 5) надоместок за посета на посебни објекти во заштитеното подрачје; 6) надоместок за собирање на диви видови растенија габи и животни и нивни делови и одржливо користење на природните ресурси (управување со шумските живеалишта и екосистеми во заштитениео подрачја и слично); 7) надоместок за престој во заштитено подрачје; 8) средства стекнати со вршење на активности согласно со членовите 105 и 106 од овој закон; 9) надоместок за вршење на дејност или активност во заштитено подрачје; 10) надоместок за употреба на лого на заштитено подрачје на производи и услуги за комерцијална употреба; 11) надоместок за пловидба во заштитено подрачје; 12) надоместок од екосистемски услуги и 13) други извори (донации, грантови, кредити, обновливи кредити, подароци, легати и другo). << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Средства од буџетот на Република Северна Македонија Член 162 (1) Во Буџетот на Република Северна Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа се обезбедуваат средства за заштита на природата. (2) На предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, Владата на Република Северна Македонија донесува годишна програма за заштита на природата. (3) Средствата од ставoт (1) на овој член се користат за реализација на целите определени во Националната стратегија за заштита на природата, за изработка и спроведување на плановите и програмите за заштита на природата, плановите за правување со заштитените подрачја, изработка и ажурирање на црвената листа на диви видови и црвената книга, како и други планови и програми кои се донесуваат врз основа на овој закон. (4) Мерките и активностите утврдени во програмата од ставот (2) на овој член ги спроведуваат органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и субјектите за управување со заштитените подрачја. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Обврзници за плаќање на надоместоци Член 163 (1) Обврзници за плаќање на надоместокот за влез и посета на заштитено подрачје се сите правни и физички лица кои заради спроведување на јавна посета,научно- истражувачки, воспитно- образовни и туристичко- рекреативни активности влегуваат во заштитеното подрачје. (2) Обврзници за плаќање на надоместокот за паркирање во заштитеното подрачје се сите правни и физички лица кои заради спроведување на јавна посета,научно- истражувачки,воспитно- образовни и туристичко- рекреативни активности,влегуваат во заштитеното подрачје, како и лицата кои заради вршењето на своите работи минуваат преку заштитеното подрачје. (3) Обврзници за плаќање на надоместокот за посета на посебни објекти во заштитеното подрачје се сите правни и физички лица кои заради спроведување на јавна посета, научно- истражувачки, воспитно- образовни и туристичко- рекреативни активности влегуваат во посебните објекти во заштитеното подрачје. (4) Обврзници за плаќање на надоместок за собирање на диви видови растенија габи и животни и нивни делови и одржливо користење на природните ресурси се сите физички и правни субјекти кои ги користат природните ресурси во заштитеното подрачје. (5) Обврзници за плаќање на надоместокот за престој во заштитено подрачје се физичките лица кои престојуваат во заштитено подрачје. (6) Обврзници за плаќање на надоместок за вршење на дејност или активности во заштитено подрачје се физичките и правните субјекти кои вршат дејности или активности на територијата на заштитеното подрачје. (7) Обврзници за плаќање на надоместок за употреба на лого на заштитено подрачје се сите физички и правни лица кои го користат логото на заштитеното подрачје на производи и услуги за комерцијална употреба. (8) Обврзници за плаќање на екосистемските услуги се правните и физичките лица кои се корисници на екосистемските услуги на заштитеното подрачје. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Обврска за плаќање на надоместоци Член 164 (1) Обврската за плаќање на надоместокот за влез и посета на заштитено подрачје настанува при влегувањето на територијата на заштитеното подрачје. (2) Обврската за плаќање на надоместокот за паркирање во заштитеното подрачје настанува при влегувањето на територијата на заштитеното подрачје. (3) Обврската за плаќање на надоместокот за посета на посебни објекти во заштитеното подрачје настанува при влегувањето во посебниот објект на територијата на заштитеното подрачје. (4) Обврската за плаќање на надоместок за одржливо користење на природните ресурси настанува со денот на издавањето на дозвола за собирање на диви видови растенија габи и животни и нивни делови, односно издавањето на документ за користењето на природните ресурси. (5) Обврската за плаќање на надоместокот за престој во заштитено подрачје настанува со денот на пријавувањето на престојот кај лицето кое врши угостителска дејност на сместување во заштитеното подрачје, а ќе се плаќа секој петнаесетти ден во месецот, од страна на физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност на сместување на територијата на заштитеното подрачје. (6) Обврската за плаќање на надоместокот за вршење на дејност или активности во заштитено подрачје настанува со денот на склучувањето на спогодбите за регулирање на меѓусебните права и обврски со субјектите кои вршат дејност или активност согласно со членот 135-а на овој закон. (7) Обврската за плаќање на надоместокот за пловидба во заштитеното подрачје настанува со денот на издавањето на дозволата за пловидба. (8) Обврската за плаќање на надоместок за употреба на лого на заштитено подрачје на производи и услуги за комерцијална употреба настанува со денот на издавање на согласност од страна на субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје на претходно доставено документирано барање од страна на правно лице. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Надомест за извршени екосистемски услуги Член 164-а (1) Плаќањето на екосистемските услуги се уредува преку преговори и се врши врз основа на постигнат договор. (2) Субјектот кој управува со заштитеното подрачје склучува договори за наплата на надоместок за извршени екосистемски услуги со сите вршители на дејност кои имаат корист од екосистемските услуги, уживаат предност од заштитата и управувањето на природата во заштитеното подрачје, односно користи од заштитата на природата. (3) Наплатата на средствата од надоместокот за извршени екосистемски услуги ја врши субјектот кој управува со заштитеното подрачје, согласно со договорот од ставот (1) на овој член. (4) Субјектите кои управуваат со заштитеното подрачје се должни да се грижат за обезбедување на соодветната екосистемска услуга на континуирана основа и истата да ја генерираат на специфично ниво утврдено со договорот од ставот (1) на овој член. (5) Обезбедувањето на екосистемската услуга е предмет на континуиран мониторинг од страна на корисникот или корисниците на екосистемските услуги кои доброволно пристапиле кон склучување на договорот од ставот (1) на овој член. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Намена на средствата од надоместоците Член 165 Средствата од надоместоците од членoт 161 точки 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13 нa овој закон, се приход на субјектите задолжени за управување со заштитеното подрачје, а се користат за вршењето на работите на заштита и управување со природата во заштитеното подрачје во кое се наплатени. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Определување на висината на надоместоците Член 166 (1) Надоместоците од членто 161 точки 3, 4, 5,7 и 8 нa овој закон ги определува органот кој управува со субјектот што управува со заштитеното подрачје, врз основа на претходна согласност од Владата на Република Северна Македонија по предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (2) Надоместокот од членот 161 точка 9 нa овој закон се утврдува во спогодбите за регулирање на меѓусебните права и обврски со субјектите кои вршат дејност или активност на територијата на заштитеното подрачје од членот 163 став (6) на овој закон, врз основа на претходна согласност од Владата на Република Северна Македонија по предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (3) Надоместокот од членот 161 точка 10 нa овој закон се утврдува во договорот склучен меѓу субјектот кој управува со заштитеното подрачје и корисникот на логото на заштитеното подрачје, кој ги определува органот кој управува со субјектот што управува со заштитеното подрачје, врз основа на претходна согласност од Владата на Република Северна Македонија по предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. (4) Висината на надоместокот од ставови (2) и (3) на овој член се утврдува врз основа на обемот на активностите што се вршат во заштитените подрачја и големината на просторот кој го опфаќаат субјектот при вршењето на дејност; големината на приходот што го остварува субјектот што произлегува директно од дејноста што ја врши во заштитеното подрачје, проценетото негативно влијание од вршењето на дејноста врз природата во заштитеното подрачје, обемот и висината на трошоците на активностите кои ги презема субјектот во заштитеното подрачје заради одржување и заштита на природата, како и придонесот што го има заштитеното подрачје во обемот на врешењето на дејноста на субјектот. (5) Владата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата, ги пропишува критериумите од ставот (4) на овој член.. (6) Надоместокот од членот 161 точка 12 нa овој закон се утврдува во договорот склучен согласно со членот 164-а од овој закон. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Овластени лица за наплата Член 167 Наплатата на средствата од надоместоците од членот 161 став (1) точки 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 на овој закон ја вршат субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> VIII.НАДЗОР VIII.1. Надзор над примената Надзор над примената Член 168 Надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата. VIII.2. Инспекциски надзор Државни инспектори за заштита на природата Член 169 (1) Инспекциски надзор над примената на овој закон и на прописите донесени врз основа на овој закон го врши Државниот инспекторат за животна средина, преку државни инспектори за заштита на природата (во натамошниот текст: државни инспектори). (2) Државните инспектори при преземање на активности за вршење на инспекцискиот надзор можат да побараат соработка од претставници на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Лица кои можат да бидат назначени за инспектори Член 170 Членот 170 се брише. << Консолидација: Влегува во сила на 29.04.2022 >> Права и должности на инспекторите Член 171 Државните инспектори имаат право и должност, при вршење на инспекцискиот надзор во согласност со одредбите на овој закон, да врши преглед на природното наследство, како и друго природно богатство кое ужива заштита во согласност со овој закон, соодветната документација, работните списи, работните простории и простори и опремата. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Надлежности на инспекторите Член 172 Во вршење на надзор над примената на мерките за заштита на природата, во согласност со одредбите на овој закон, државните инспектори се овластени да утврдат: 1) состојба на зачуваност на природата; 2) користење и употреба на природното наследство и природното богатство; 3) примена на условите и мерките за заштита на природата утврдени со овој закон, како и со другите прописи донесени врз основа на овој закон; 4) спроведување на просторните и урбанистичките планови и плановите за користење на природното богатство во делот кој се однесува на мерките и условите за заштита на природата; 5) спроведување на плановите за управување и програмите за заштита, зачувување и користење на природното богатство; 6) изведување на активности кои можат да предизвикаат промени и оштетувања на природното наследство или природното богатство; 7) спроведување на непосредна заштита, зачувување и користење на природното богатство; 8) спроведување на мерки за заштита на заштитените растителни, габни и животински видови и друго природно богатство; 9) извоз, увоз и транзит на растенија, габи и животни кои се ограничени или забранети со овој закон; 10) интродукција и реинтродукција на диви видови во природата; 11) информирање на јавноста за состојбата на зачуваност на природата; 12) спроведување на програмата за управување со шумските екосистеми; 13) примена на условите за чување на диви животински видови во заробеништво и 14) примена на другите пропишани услови и мерки за заштита на природата утврдени со овој закон и врз основа на него донесените прописи. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Овластувања на инспекторите Член 173 (1) Во вршењето на работите согласно со одредбите на овој закон, државните инспектори се овластени да: 1) забранат собирање на заштитени растителни и габни видови и нивни делови; 2) забранат растерување, заробување, чување, отстрел и препарирање на заштитени животни и нивни развојни облици; 3) наплатат мандатна казна; 4) забранат отстранување на гнезда и легла на заштитените диви видови; 5) забранат интродукција и реинтродукција; 6) забранат промет со природно богатство; 7) забранат промет со примероци на растителни, габни или животински видови заштитени врз основа на меѓународни договори ратификувани од Република Северна Македонија; 8) забранат увоз, извоз и транзит на природно богатство; 9) забранат научни истражувања во заштитени подрачја; 10) забранат научни истражувања врз одредени заштитени видови и 11) одземат примероци на растителни, габни или животински видови, нивни делови и производи добиени со преработка на некој вид кои се предмет на кривично дело или прекршок. (2) Државните инспектори привремено ќе одземат опрема, уреди, производи и апарати кои биле користени во извршувањето на кривичните дела или прекршоците. (3) За одземените примероци од ставот (1) точка 11 и предмети од ставот (2) на овој член инспекторот за животна средина издава потврда за привремено одземање на примероците, односно предметите. (4) За одземените примероци државните инспектори се должни да се грижат и да обезбедат услови за чување согласно со видот на примероците. (5) Одземањето на предметите и постапувањето со истите се врши во согласност со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Постапка за едукација Член 173-а Членот 173-а се брише. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Извештаи Член 173-б Членот 173-б се брише. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Постапка за вршење на инспекциски надзор Член 174 Државните инспектори постапката на инспекциски надзор ја водат во согласност со одредбите на Законот за животната средина и Законот за инспекцискиот надзор. << Консолидација: Влегува во сила на 16.04.2011 >> Постапка по жалба Член 174-а (1) Жалба против решението на државниот инспектор може да се изјави во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. (2) Жалбата против решението од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето на решението. << Консолидација: Влегува во сила на 11.01.2025 >> IX.КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ IX.1. Кривични дела против природата Истребување на автохтон див вид Член 175 Членот 175 се брише. << Консолидација: Влегува во сила на 13.02.2014 >> Интродукција на диви видови во природата Член 176 Членот 176 се брише. << Консолидација: Влегува во сила на 13.02.2014 >> Реинтродукција на диви видови во природата Член 177 Членот 177 се брише. << Консолидација: Влегува во сила на 13.02.2014 >> Незаконско земање и користење на генетски и биолошки материјал Член 178 Членот 178 се брише. << Консолидација: Влегува во сила на 13.02.2014 >> Недозволено оштетување и уништување на спелеолошки објекти Член 179 Членот 179 се брише. << Консолидација: Влегува во сила на 13.02.2014 >> Оштетување или уништување на наоѓалиште на минерали и фосили Член 180 Членот 180 се брише. << Консолидација: Влегува во сила на 13.02.2014 >> IX.2. Прекршочни одредби Прекршочни санкции за правните и за физичките лица Член 181 (1) Глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 88.000 до 98.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе се изрече за прекршок на правно лице доколку: 1) не дозволи непречен премин на други лица и друга употреба на земјиштето кое го има во сопственост, заради спроведување на предвидените мерки и активности за заштита на природата (член 8); 2) организира движење со моторни возила или се движи со моторни возила во природата, освен во населени места и сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење (член 10); 3) недозволено изврши промена на користењето на земјиштето спротивно на одредбите од овој или друг закон и со тоа предизвика штета во природата (член 11); 4) спроведува научно истражување во природата на подрачјето на национален парк без претходна најава (член 24); 5) не го извести органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата за добиените резултати од спроведеното истражување (член 24); 6) користи неселективни средства за заробување или отстрел на заштитени диви животни, како и средства кои можат да предизвикаат локално исчезнување или сериозно вознемирување на популациите (член 43); 7) недозволено организира студиски посети во функција на остварување на научно истражување (член 71 став (1) точка 2); 8) недозволено организира движење на луѓе надвор од утврдените патеки во недозволени цели во подрачјето на строгиот природен резерват (член 71 став (1) точка 3); 9) запали оган во подрачјето на строгиот природен резерват (член 71 став (1) точка 4); 10) недозволено собира семе и семенски материјал, диви растенија, габи и животни заради научни истражувања (член 71 став (1) точка 5); 11) недозволено собира семе и семенски материјал, диви растенија, габи и животни заради обновување на популациите на друго подрачје (член 71 став (1) точка 5); 12) недозволено собира семе и семенски материјал, диви растенија, габи и животни заради обновување на популациите на друго подрачје на начин и во период кои можат да предизвикаат нарушување на екосистемот (член 71 став (1) точка 5); 13) презема активности со кои се загрозува изворноста на природата во националниот парк (член 75 став (1)); 14) врши туристичко-рекреативни дејности, како и екстензивно земјоделство и рибарство на начин со кој се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа (член 75 став (2)); 15) презема активности кои ги загрозуваат обележјата и вредностите, заради кои определено подрачје е прогласено за споменик на природата (член 76); 16) презема активности на несоодветно искористување на земјиштето во паркот на природата (член 81); 17) постапува спротивна на одредбите од членот 82 на овој закон; 18) не го чува, односно не се грижи за природното наследство кое се наоѓа на имот кој е во негова сопственост (член 113); 19) не овозможи спроведување на дозволено истражување, проучување или мониторинг на природното наследство кое се наоѓа на имот кој е во негова сопственост (член 115); 20) организира снимање филмови или фотографирање, односно снима филмови или фотографира со електронска опрема во спелеолошки објект, без дозвола (член 124 став (1) точка 4); 21) недозволено користи или уредува спелеолошки објект или негов дел (член 124 став (1) точка 1); 22) недозволено затвори влез или некој дел од пештера (член 124 став (1) точка 2); 23) недозволено врши изградба, обнова или санација на какви било подземни објекти (член 124 став (1) точка 2); 24) спроведува недозволени истражувања или изведува експерименти во спелеолошки објекти (член 124 став (1) точка 3); 25) недозволено собира растенија, габи или животни од спелеолошки објекти или негов дел (член 124 став (1) точка 3); 26) презема активности кои на кој било начин можат да влијаат врз темелните карактеристики, условите и природната флора и фауна во спелеолошкиот објект или неговото надземно заштитно подрачје (член 124 став (1) точка 5); 27) не дозволи пристап и разгледување на спелеолошкиот објект кој се наоѓа на имот кој е во негова сопственост, за дозволени цели (член 126) и 28) презема активности кои можат да доведат до уништување или значајно или трајно оштетување, како и загуба на видовите и/или живеалиштата заради кои подрачјето е идентификувано како еколошки значајно подрачје ( член 53 став (5)). (2) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговецот поединец за дејствијата од ставoт (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за микро трговци, 1.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, 3.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и 5.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставoт (1) на овој член. (6) Надлежен орган за изрекување на прекршочните санкции од овој член е надлежниот суд.. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Прекршочни санкции за правните и за физичките лица Член 182 (1) Глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 25.000 до 28.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице доколку: 1) презема активности за користење на природата на начин кој предизвикува оштетување или уништување на биолошката разновидност (член 12 точка 1); 2) презема активности за користење на природата на начин кој предизвикува деградација на почвата и губење на нејзината плодност (член 12 точка 2); 3) презема активности за користење на природата на начин кој доведува до оштетување на површинските или подземните геоморфолошки формации (член 12 точка 3); 4) користи забранети средства за заштита на растенијата (член 13); 5) презема активности за користење на природните ресурси чие користење е ограничено или забрането (член 14); 6) презема активности за користење на природните ресурси во обем кој не соодветствува на ограничувањето пропишано од министерот за животна средина и просторно планирање (член 14); 7) преземе активности во природата, а за кој е должен да изработи елаборат за оцена на прифатливоста за природата согласно со членовите 18 став (2) и 18-а, како и не го достави на одобрување на надлежниот орган; 8) преземе активности во природата без претходно добиено одобрение за прифатливост на проектот или не постапува согласно со елаборатот (член 18-а став (2)); 9) недозволено собира засегнати и заштитени видови растенија, габи и животни (член 23); 10) недозволено врши заробување и отстрел на животни (член 23); 11) не поднесе извештај за продадени или извезени количини во рокот определен во членот 23 од овој закон; 12) засегнатите и заштитени видови растенија, габи и животни и нивни делови се собираат спротивно на условите пропишани во членот 23-а од овој закон и прописите кои произлегуваат од него; 13) врши промет без претходна дозвола, односно сертификат за промет (член 30); 14) користи примероци кои ги внел во прометот за поинаква цел од онаа која била наведена во дозволата (член 31); 15) чува автохтони диви животински видови во несодветни услови во заробеништво (член 32); 16) чува автохтони и алохтони диви видови во заробеништво без довола (член 33); 17) постапува спротивно на забраната од членот 38 став (1) на овој закон; 18) не пријави пронаоѓање на мртви, болни и повредени единки од строго заштитени диви видови животни во органот на државната управа надлежен за вршење на работита од областа на заштитата на природата (член 40); 19) користи неселективни средства за заробување или отстрел на заштитени диви животински видови, како и средства кои можат да предизвикаат локално исчезнување или сериозно вознемирување на популациите (член 43); 20) презема активности за изградба на објекти покрај природните извори, покрај брегот на природните водотеци, крајбрежјето на природните и вештачките езера, како и плавените рамнини на водотеците спротивно на одредбите од овој закон (член 58); 21) презема активности за стопанисување со пасишта и тревни површини кое не е на традиционален начин (член 60); 22) постапува спротивно на одредбите од членот 71 на овој закон; 23) запали оган во подрачјето на националниот парк на места кои не се утврдени како места за палење оган во планот за управување со националниот парк (член 75 став (1)); 24) постапува спротивно на одредбите од членот 76 на овој закон; 25) не овозможи спроведување на дозволено истражување, проучување или мониторинг на природното наследство кое се наоѓа на имот кој е во негова сопственост (член 115); 26) недозволено затвори влез или некој дел од пештера (член 124 став (1) точка 2); 27) недозволено врши изградба, обнова или санација на какви било подземни објекти (член 124 став (1) точка 2); 28) спроведува недозволени истражувања или изведува експерименти во спелеолошки објекти (член 124 став (1) точка 3); 29) недозволено собира растенија, габи или животни од спелеолошки објекти или негов дел (член 124 став (1) точка 3); 30) презема активности кои на кој било начин можат да влијаат врз темелните карактеристики, условите и природната флора и фауна во спелеолошкиот објект или неговото надземно заштитно подрачје (член 124 став (1) точка 5); 31) не пријави пронаоѓање на минерали и фосили кои имаат стекнато статус на природно наследство (член 131) и 32) стопанисува со шумските екосистеми спротивно на Програма за управување на шумските живеалишта и екосистеми во заштитените подрачја (член 54 став 1)). (2) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговецот поединец за дејствијата од ставoт (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност за микро трговци, 1.500 евра во денарска противвредност за мали трговци, 4.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и 7.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) Глоба во износ од 450 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставoт (1) на овој член. (5) Надлежен орган за изрекување на прекршочните санкции од овој член е надлежниот суд. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Прекршочни санкции за правните и за физичките лица Член 183 (1) Глоба во износ од 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 36.000 до 40.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 110.000 до 120.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 180.000 од 200.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице доколку: 1) не преземе активности за спроведување на утврдените компензаторни мерки (член 19); 2) недозволено спроведува научно истражување во природата на територијата на Република Северна Македонија (член 24); 3) внесува во прометот примероци со лажна, фалсификувана или неважечка дозвола (член 30); 4) превезува живи примероци спротивно на одредбите од членот 31 на овој закон; 5) овластениот депозитар на конфискувани видови постапува спротивно на позитивните прописи и меѓународно ратификувани договори од Република Северна Македонија со одземените, односно запленетите видови имајќи ги предвид меѓународните ратификувани договори и позитивните прописи (член 31); 6) чува алохтони диви животински видови кои можат да предизвикаат опасност по животот и здравјето на луѓето (член 32); 7) постапува спротивно на забраната од членот 38 став (2) на овој закон; 8) користи заштитени диви видови на начин и во обем кој ја доведува во опасност поволната состојба на нивната зачуваност (член 42); 9) преградува водотеци или го намалува количеството на вода под биолошкиот минимум или ги исушува или затрупува изворите, мочуриштата и другите водни живеалишта (член 56); 10) презема активности за користењето на природните богатства покрај природните извори, покрај брегот на природните водотеци, крајбрежјето на природните и вештачките езера, како и плавените рамнини на водотеците спротивно на одредбите од овој закон (член 58); 11) врши риболов или друга употреба на делови од водните живеалишта спротивно на пропишаното привремено или трајно ограничување (член 59); 12) при арондација уништи или оштети меѓни живеалишта (член 61); 13) не го чува, односно не се грижи за природното наследство кое се наоѓа на имот кој е во негова сопственост (член 113); 14) при спроведување на истражување и експлоатација на минералните суровини или при спроведување на други активности кои можат да предизвикаат промени на пределот не ги отстрани или намали во најголема можна мера штетните последици на пределот (член 121); 15) недозволено користи или уредува спелеолошки објект или негов дел (член 124 став (1) точка 1); 16) преземе активности за затворање на влезот, попречување на користењето или други активности кои можат да го загрозат или оштетат спелеолошкиот објект кој се наоѓа на имот во приватна сопственост (член 126 став (1)); 17) при вршење на дејности или изградба од јавен интерес не ги преземе сите потребни мерки и активности за заштита на наоѓалиште на минерали и фосили (член 127 став (2)) и 18) недозволено зема од природата минерали или фосили кои стекнале статус на природно наследство или се наоѓаат во заштитено подрачје (член 130). (2) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговецот поединец за дејствијата од ставoт (1) на овој член. (3) На одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, 2.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, 6.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и 10.000 евра во денарска противвредност за големи трговци за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) Глоба во износ од 1000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставoт (1) на овој член. (5) Надлежен орган за изрекување на прекршочните санкции од овој член е надлежниот суд. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Прекршочни санкции за физички лица Член 183-а (1) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице доколку: 1) остава, фрла и/или напушта отпад во заштитено подрачје; 2) пали огин во заштитени подрачј а и 3) фрла отпушоци од цигари во заштитено подрачје. (2) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице доколку: 1) се движи надвор од патеката за посетители или на места забранети за посетители; 2) непримерно се однесува во заштитеното подрачје и притоа не постапува по укажувањата на чуварската служба во заштитеното подрачје и 3) создава бучава или на друг начин ги вознемирува заштитените диви животниски видови. (3) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице доколку: 1) не се легитимира на барање на чуварската служба основана или определена од субјектите кои ги вршат работите на управување со заштитеното подрачје и 2) сече дрва или кине или на друг начин уништува загрозени и строго заштитени видови растенија во заштитено подрачје. (4) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице доколку: 1) не ја извести чуварската служба основана или определена од субјектите кои ги вршат работите на управување со заштитеното подрачје за забележано загрозување на одредени видови или за недозволени активности кои се спроведуваат на заштитеното подрачје. (5) Надлежен орган за изрекување на прекршочните санкции од ставовите (1) и (2) од овој член е Прекршочната комисија формирана согласно со Законот за животната средина, додека надлежен орган за изрекување на прекршочните санкции од ставовите (3) и (4) од овој член е надлежниот суд. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Постапка за порамнување и спогодување Член 183-б (1) За прекршоците утврдени во членовите 181, 182 и 183 a од овој закон, државните инспектори се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог пред да поднесат барање за прекршочна постапка. (2) Кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на постапка за порамнување, државниот инспектор во записникот забележува дека издава прекршочен платен налог. (3) За прекршоците утврдени во членот 183 од овој закон, државните инспектори можат на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за спогодување пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (4) Постапките за порамнување и спогодување се водат согласно со одредбите од Законот за животната средина и Законот за прекршоците. (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ја пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Водење на прекршочната постапка Член 183-в Постапката пред прекршочниот орган се води согласно со одредбите на Законот за животната средина. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Член 183-г Одмерувањето на висината на глобата за правното лице односно за трговецот поединец се врши согласно Законот за прекршоци. << Консолидација: Влегува во сила на 26.08.2015 >> Прекршочни санкции за овластено службено лице Член 183-д (1) Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата ако не одлучи по барањата во роковите утврдени во членовите 19 став (6), 23 став (1), 24 став (1), 30 став (8), 33 став (1), 40 став (3 ) и 122 став ( 5) од овој закон. (2) Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на заштита на природата ако не побара мислење по службена должност во рокот утврден во членот 33 став (5) од овој закон. (3) Глоба во износ од 50 евра во денарска проттивредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на ветеринарните работи доколку во рокот утврден во членот 33 став (6) од овој закон не го достави бараното мислење. (4) За прекршоците од ставовите (1), (2) и (3) од овој член прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> X. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 184 (1) Заштитените подрачја заштитени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, како природни реткости, продолжуваат да ја уживаат заштитата на заштитени подрачја согласно со одредбите на овој закон. (2) За решенијата за ставање под привремена заштита кои се донесени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, рокот од членот 97 на овој закон,почнува да тече од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 185 (1) Установите за заштитата на природата чие основање е предвидено со овој закон ќе се основаат најдоцна во рок од шест месеца од денот на отпочнувањето на примената на овој закон. (2) Со основањето на установите од ставот (1) на овој член и нивниот упис во регистарот, постојните организации на здружен труд Управа на "национален парк" престанува со работа и се бришат од соодветниот" регистар. (3) Со денот на уписот во регистарот и со отпочнувањето со работа на установите, според овој закон, новооснованите установи ги преземаат средствата и опремата, а вработените од постојните субјекти ги преземаат согласно со актите за внатрешна организација и систематизација на работите и задачите. (4) Јавното претпријатие од членот 135 став (5) на овој закон, ќе се основа во рок од еден месец од денот на отпочнувањето на примената на овој закон. Член 186 (1) Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон Управата за национални паркови и ловишта се брише од регистарот и престанува со работа. Средствата, просториите и опремата на Управата за националните паркови и ловишта ги презема органот на државната управа надлежен за вршење на работите во областа на заштитата на природата, а вработените согласно со актите за внатрешна организација и систематизација на работите и задачите. (2) Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон надлежностите кои се однесуваат на управување и стопанисување со ловиштата ќе продолжи да ги врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството, шумарството, ловството и рибарството. (3) Средствата, просториите и опремата на управата на шумскиот резерват Јасен како ООЗТ на Управата за национални паркови и ловишта ги презема јавното претпријатие од членот 135 став (5) на овој закон, а вработените согласно со актите за внатрешна систематизација и организација на јавното претпријатие. Член 187 (1) Во рок од шест години од денот на отпочнувањето на примената на овој закон, надлежниот орган за вршење на стручни работи за заштитата на природата ќе изврши ревалоризација на заштитените подрачја, заштитени пред денот на отпочнувањето на примената на овој закон и ќе изготви нови акти за прогласување во согласност со одредбите отпочнувањето на примената на овој закон. (2) До донесувањето на плановите за управување, субјектите задолжени за вршење на работите на управувањето со заштитените подрачја, донесуваат акти,кои ги содржат основите на планот за управување, за привремено регулирање на управувањето. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Член 188 (1) Донесувањето на прописите предвидени со овој закон ќе се изврши најдоцна во рок од три година од денот на отпочнувањето на примената на овој закон. (2) До донесувањето на прописите предвидени со овој закон ќе се применуваат постојните прописи. (3) Листата на загрозени видови (црвена листа) и мерките за подобрување на состојбата на загрозените видови (црвена книга) од членот 36 на овој закон ќе се донесат во рок од три години од денот на отпочнувањето на примената на овој закон. (4) Националната стратегија за заштита на природата од членот 159 на овој закон ќе се донесе во рок од пет години од денот на отпочнувањето на примената на овој закон. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Член 189 (1) Стратегиите, програмите и плановите кои се однесуваат на развојот на одделни сектори на стопанските и општествените дејности ќе се усогласат со одредбите на овој закон најдоцна во рок од три години од денот на отпочнувањето на примената на овој закон. (2) Во рокот утврден во ставот (1) на овој член, со одредбите на овој закон ќе се усогласи и Просторниот план на Република Северна Македонија и посебните просторни планови. << Консолидација: Влегува во сила на 14.07.2021 >> Член 190 (1) Во рок од една година од денот на отпочнувањето на примената на овој закон, сите субјекти кои вршат дејност во заштитено подрачје со дозвола, ќе се усогласат со одредбите на овој закон и ќе ги склучат спогодбите за регулирање на меѓусебните права и обврски од членот 135 став (4) на овој закон, со субјектот кој согласно со одредбите на овој закон и актот за прогласување е задолжен за вршење на работите на управување со заштитеното подрачје. (2) На субјектите од ставот (1) на овој член, кои вршат дејност на територијата на заштитеното подрачје кои нема да се усогласат со одредбите на овој закон ќе им биде одземена дозволата за вршење на дејноста. (3) Електричните столбови и техничките компоненти кои се изградени пред влегувањето на сила на овој закон и кои во висок степен ги загрозуваат птиците и лилјаците, во рок од пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон се должни да спроведат нужни мерки за заштита на птиците и лилјаците од струен удар. << Консолидација: Влегува во сила на 12.07.2007 >> Член 191 Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон престануваат да "важат Законот за заштита на природните реткости ("Службен весник на Република Македонија" број 41/73, 42/76, 10/90 и 62/93) и Законот за заштита на националните паркови ("Службен весник на Република Македонија" број 33/80, 10/90 и 62/93). Член 192 Законот за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро ќе престане да важи во рокот утврден со членот 187 став (2) на овој закон, а најдоцна со донесувањето на актот за нивно прогласување како заштитени подрачја. Член 193 (1) Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон престануваат да важат одредбите од членовите 4, 11, 12, 15, 16, 17 и 55 на Законот за ловство. (2) Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон престануваат да важат одредбите од членовите 34, 40 и 44 на Законот за рибарство. (3) Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, одредбата на членот 15 став (1) во делот што се однесува на националните паркови и одредбата на ставот (2) од Законот за шумите, престануваат да важат. Член 194 Οвοј закοн влегува вο сила οсмиοт ден οд денοт на οбјавувањетο вο Службен весник на Република Македοнија, а ќе се применува οд денοт на кοнституирањетο на сοветите на οпштините и на градοт Скοпје и избοрοт на градοначалниците на οпштините и градοначалникοт на градοт Скοпје пο спрοведувањетο на првите наредни лοкални избοри сοгласнο сο Закοнοт за "лοкалните избοри ("Службен весник на Република Македοнија" брοј 46/96," 12/2003, 35/2004, 52/2004 и 60/2004). ОДРЕДБИ поврзани со ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА ШТО НЕ ВЛЕГУВААТ во консолидираниот текст матски додаден Автоматски додаден ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 14/2006 Член 4 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 84/2007 Член 51 Автоматски додаден Автом Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 35/2010 Член 33 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 47/2011 Автоматски додаден Член 53 Во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон на сите чувари во заштитените подрачја ќе им биде издадена службена легитимација, a службената униформа во рок од една година. Чуварите кои до денот на влегувањето во сила на овој закон работат помалку од две години како чувари во заштитено подрачје, се должни во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон за го положат стручниот испит. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Автоматски додаден Сл.В. 47/2011 Член 54 Чуварите кои до денот на влегувањето во сила на овој закон работат како чувари во заштитените подрачја подолго од две години ќе се смета дека го положиле испитот од членот 108 на овој закон за што ќе им се издаде соодветна исправа согласно со актот донесен врз основа на членот 108 став (5) од овој закон. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Автоматски додаден Сл.В. 47/2011 Член 55 Поблиските прописи на овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Прописите од членот 173-а на овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Автоматски додаден ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 47/2011 Член 56 Постојните субјекти кои управуваат со строг природен резерват се должни да донесат план за управување со строгиот природен резерват во рок од една година од денот на влегувањето во сила во овој закон. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 47/2011 Автоматски додаден Член 57 Започнатите постапки за прогласување на заштитените подрачја до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се завршат согласно со одредбите на Законот за заштита на природата (Службен весник на Република Македонија број 67/2004, 14/2006, 84/2007 и 35/10). Започнатите постапки за инспекциски надзор до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се завршат согласно со одредбите на Законот за заштита на природата (Службен весник на Република Македонија број 67/2004, 14/2006, 84/2007 и 35/10). нАвтоматски додаден ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 47/2011 Член 58 Одредбите од членот 50 на овој закон ќе започнет да се применуваат со започнувањето на примената на Законот за инспекцискиот надзор. Автоматски додаден Автоматски додаденА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 47/2011 Член 59 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за заштита на природата. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 47/2011 Член 60 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 148/2011 Автоматски додаден Член 6 Подзаконските акти од членовите 3, 4 и 5 од овој закон министерот ќе ги донесе во рок 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. По донесувањето на подзаконските акти од членовите 3 и 5 од овој закон истите веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавуваат на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Автоматски додаден Сл.В. 148/2011 Член 7 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, освен одредбите од членот 2 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат со започнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Автоматски додаден Сл.В. 59/2012 Член 4 Статутот и актот за систематизација на работите и задачите на јавната установа - национален парк ќе се усогласат со одредбите на овој закон во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Актот од членот 143-г став (3) од овој закон ќе се донесе во рок од пет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Автоматски додаден ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 59/2012 Член 5 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 13/2013 Член 4 Автоматски додаден Субјектите кои вршат дејност, односно активност во заштитеното подрачје, а кои до денот на влегувањето во сила на овој закон, не ги склучиле спогодбите од членот 135-а став (3) од Законот за заштита на природата (Службен весник на Република Македонија број 67/2004, 14/2006, 84/2007, 35/2007, 47/11, 148/11 и 59/12) (во натамошниот текст: Законот), се должни во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги склучат спогодбите за регулирање на меѓусебните права и обврски со субјектот, кој согласно со одредбите од Законот и актот за прогласување е задолжен за вршење на работите на управување со заштитеното подрачје. Субјектот кој согласно со одредбите од Законот и актот за прогласување е задолжен за вршење на работите на управување со заштитеното подрачје, за субјектите кои вршат дејност, односно активност во заштитеното подрачје кои нема да се усогласат во рокот утврден во ставот 1 на овој член, по службена должност поднесува барање за одземање на дозволата до надлежниот орган кој ја издал дозволата за вршење на соодветната дејност, односно активност. Автоматски додаден Автоматски додаден Автоматски додаден Автоматски додаден Автоматски додаден ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 13/2013 Член 5 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за заштита на природата. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 13/2013 Член 6 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 163/2013 Член 3 Подзаконскиот пропис од овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 163/2013 Член 4 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе започне да се применува од 1 мај 2014 година. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 41/2014 Член 5 Директорот на јавната установа национален парк именуван до денот на започнувањето на примената на членот 1 од овој закон, продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е именуван. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 41/2014 Автоматски додаден Член 6 Одредбите на членот 1 од овој закон ќе започнат да се применуваат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, освен одредбите кои се однесуваат на условот за познавање на странски јазик кои ќе започнат да се применуваат по две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. Одредбите на членовите 3 и 4 од овој закон ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македониjа број 27/14) и Законот за административните службеници (Службен весник на Република Македонија број 27/14). ки додаден Автоматски додаден ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 41/2014 Член 7 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за заштита на природата. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 41/2014 Автоматски додаден Автоматски додаден Автоматски додаден Автоматски додаден Автоматски додаден Автоматск Член 8 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 146/2015 Член 8 Подзаконските акти утврден во овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 146/2015 Член 9 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 39/2016 Член 27 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за заштита на природата. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 39/2016 Член 28 Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 39/2016 Член 29 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Автоматски додаден Сл.В. 39/2016 Член 30 Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 13, 14 ,15 ,16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23 и 26 од овој закон ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Автоматски додаден Сл.В. 39/2016 Член 31 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе започне да се применува со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15). ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 63/2016 ки додаден Член 2 Автоматски додаден Автоматск Во Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата (Службен весник на Република Македонија број 39/16), во членот 31 запирката се заменува со точка, а зборовите: а ќе започне да се применува со денот на започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Македонија број 124/15), се бришат. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 63/2016 Член 3 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Автоматски додаден Сл.В. 113/2018 Член 4 Директорот кој е именуван во периодот од денот на влегувањето во сила на овој закон до 1 септември 2018 година, е должен да го исполни условот за познавање на англиски јазик најдоцна во рок од една година од денот на неговото именување. На директорот кој нема да го исполни условот за познавање на англиски јазик во рокот утврден во ставот 1 на овој член му престанува мандатот. Автоматски додаден Автоматски додаден Автоматски додаден Автоматски додаден ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 113/2018 Член 5 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 151/2021 Член 10 Низ целиот текст на законот зборовите: "Република Македонија" се заменуваат со зборовите: "Република Северна Македонија". ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 151/2021 Член 11 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Северна Македонија". ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА Сл.В. 3/2025 Член 14 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Северна Македонија".

Law on Nature Protection · Nelum