Law on mountain trails
Made 2014-02-14 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за планински патеки.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment
- Keywords
- mountain area, classification/declassification, monitoring, sustainable development, offences/penalties
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 1 од 18 20140381087 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЛАНИНСКИ ПАТЕКИ Се прогласува Законот за планински патеки, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 19 февруари 2014 година. Бр. 07 – 1059/1 Претседател 19 февруари 2014 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ПЛАНИНСКИ ПАТЕКИ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување (1) Со овој закон се утврдуваат условите и начинот на уредување на планинските патеки, нивното одржување, класификација, категоризација, користење, како и други прашања поврзани со користење на планинските патеки. (2) За уредувањето, означувањето и одржувањето на планинските патеки, како и за нивното безбедно користење, покрај одредбите од овој закон, се применуваат и прописите од областа на патниот сообраќај, шумите, пасиштата, планирање и уредување на просторот, изградба на објекти и заштита на животната средина и природата. Член 2 (1) На постапките утврдени во овој закон се применуваат одредбите од Законот за општа управна постапка освен ако поинаку не е определено со овој закон. (2) На постапките за спроведување на инспекциски надзор соодветно се применуваат одредбите од Законот за инспекциски надзор, доколку со овој закон поинаку не е уредено. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 2 од 18 Член 3 Дефиниции Одредени изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. „Планинска патека“ е појас земја на ридест или планински простор кој може да се протега и низ подрачјето на национални паркови и други категории на заштитени подрачја, a кој е првенствено наменета за движење на луѓето за туристички, рекреациони и спортски потреби; 2. „Домаќин на планинската патека“ (во натамошниот текст: домаќин) е планинарски или велосипедски спортски клуб кој е регистриран согласно со Законот за спорт и е зачленет во Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (во натамошниот текст: ФПСМ), или во Велосипедската федерација на Македонија (во натамошниот текст: ВФМ), како и друго правно лице формирано согласно со Законот за здруженија и фондации кое најмалку три години врши активности кои се однесуваат на уредување, обележување, одржување, користење, водење корисници на планински патеки и чување на планинските патеки под услови утврдени со овој закон (во натамошниот текст: други субјекти); 3. „Корисник на планинските патеки“ (во натамошниот текст: корисник) е физичко лице кое патеката ја користи за пешачење, планинарење, спорт, рекреација, трчање, планински велосипедизам и други активности согласно со утврдената намена на планинската патека согласно со овој закон; 4. „Одржување“ е обезбедување на потребни услови планинските патеки и трансверзалите да бидат проодни и уредени, како и тековно одржување на нивната инфраструктура и 5. „Книги за запишување и печат“ е книга за евиденција која се поставува во заштитна кутија на контролните точки на планинската патека и која содржи назив на планинската патека, назив на контролната точка и нејзината висина, како и простор за запишување на време и датум на присуство, во која корисникот на патеката го забележува своето присуство на контролната точка во книгата, а со печатот кој содржи најмалку податоци од кои може да се види називот на контролната точка и нејзината висина, корисникот го потврдува поминувањето на контролната точка во својата евиденција на поминати контролни точки. II. ПЛАНИНСКИ ПАТЕКИ Член 4 Структура на планинските патеки Планинската патека ја сочинуваат следниве делови: 1) почеток на планинска патека (портал) е почетниот дел на трасата на патеката на кој е поставена табла која го означува почетокот на патеката и на која постојат податоци за должината на патеката нејзиното протегање, тежината на патеката, времето потребно за нејзино поминување, назив на домаќинот на патеката со телефон за контакт во случај на потребна помош, податоци за инфраструктурата на патеката, како и други податоци кои можат да му користат на корисникот; 2) траса на планинска патека (итинерер) е појас на земја низ кој поминува корисникот на патеката, на која можат да бидат поставени контролни точки со ознаки за тоа и на која може да биде поставена инфраструктура на планинската патека; Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 3 од 18 3) крајна точка на планинската патека (цел) е крајниот дел на трасата на патеката на кој е поставена табла која го означува крајот на патеката и на која постојат податоци за должината на патеката нејзиното протегање, тежината на патеката, времето потребно за нејзино поминување, назив на домаќинот на патеката со телефон за контакт во случај на потребна помош, како и други податоци кои можат да му користат на корисникот и 4) инфраструктура на планинската патека e сигнализација, туристички информативни панели и табли, уредени видиковци, место за одмор, училници на отворено место, места за поставување на шатори, печат и книга за запишување, природни и вештачки засолништа, премини на водни токови, уредени објекти за вода (чешми, бунари, извори итн.), заштитна опрема (сајли, скали и друго) и други соодветни елементи за користење на патеката. Член 5 Мрежа на планински патеки (1) Планинските патеки се организираат како Национална мрежа на планински патеки и локални мрежи на планински патеки. (2) Во Националната мрежа на планински патеки влегуваат патеките чијашто траса поминува низ подрачјата на повеќе општини и преминуваат низ заштитетни подрачја прогласени согласно со Законот за заштита на природата. (3) Во локалните мрежи на планински патеки влегуваат патеките чијашто траса поминува низ подрачјето на една општина и кои се од локално значење. (4) Начинот за определување на планинските патеки ги утврдува министерот кој раководи со органот надлежен за работите од областа на заштитата на природата (во натамошниот текст: министерот) врз основа на предлог на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија (во натамошниот текст: АППТРМ), а по претходно извршена консултација со ФПСМ, ВФМ и другите субјекти. (5) Во Националната мрежа на планински патеки влегува и трансверзалата која е посебна планинска патека поврзана во целина која има определени контролни точки на кои се поставени кутии со книги за запишување на корисникот на патеката и печати со кои корисникот го потврдува поминувањето на контролните точки (во натамошниот текст: печати и книги за запишување). Трансверзала може да биди и меѓународна пешачка патека која минува преку територијата на Република Македонија во случај кога има контролни точки. Член 6 Утврдување на мрежа на планински патеки (1) Националната мрежа на планинските патеки и локалните мрежи на планински патеки ги утврдува Владата на Република Македонија на предлог од министерот. (2) Предлогот на Националната мрежа на планински патеки го подготвува АППТРМ. (3) АППТРМ е должна во рок од пет дена од кога го изработила предлогот на Националната мрежа на планински патеки на својата веб страница во траење од најмалку 45 дена да постави објава за подготвување на националната мрежа со барање за доставување на мислење по предлогот од страна на заинтересираните правни и физички лица, како и определи рок кој не може да биде пократок од 30 дена, во кој рок може да се доставуваат мислења по предлогот. (4) АППТРМ е должна во рок од пет дена од кога го изработила предлогот на Националната мрежа на планински патеки да го достави на мислење до ФПСМ, ВФМ, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 4 од 18 природата, органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, јавните установи на националните паркови во Република Македонија, Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Јавното претпријатие за пасишта, градоначалникот на општината преку чие подрачје минуваат планинските патеки, како и на домаќините на планинските патеки со барање да достават мислење во рок од 15 дена од денот на добивањето на предлогот. (5) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и заштита на природата (во натамошниот текст: органот за заштита на природата) е должен од денот на добивањето на предлогот на националната мрежа на планински патеки да го постави на својата веб страница во траење од најмалку 30 дена, со барање до правните и физички лица за доставување на мислење до АППТРМ. (6) Во рок од 30 дена по истекот на рокот од ставот (3) на овој член, АППТРМ е должна соодветно да ги вгради добиените мислења, како и да го достави конечниот предлог на националната мрежа на планински патеки, заедно со добиените мислења до органот за заштита на природата. (7) Органот за заштита на природата е должен во рок од 30 дена од денот на добивањето на предлогот од ставот (6) на овој член предлогот на националната мрежа на планински патеки да ја достави до Владата на Република Македонија. (8) Владата на Република Македонија со одлука ја утврдува Националната мрежа на планински патеки. (9) Предлогот за локалната мрежа на планински патеки го подготвува градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје, кој е должен во рок од пет дена од неговото изготвување да го објави на веб страницата на општината и градот Скопје во траење од најмалку 30 дена, со барање за доставување на мислење по предлогот од страна на заинтересираните правни и физички лица, како и да определи рок, кој не може да биде пократок од 20 дена, во кој рок може да се доставуват мислења по предлогот. (10) Во рок од 30 дена по истекот на рокот од ставот (8) на овој член градоначалникот е должен соодветно да ги вгради добиените мислења, како и да го достави конечниот предлог на локалната мрежа на планински патеки, заедно со добиените мислења до органот за заштита на природата и АППТРМ. (11) АППТРМ е должна во рок од десет дена од добивањето на предлогот на локалната мрежа за планински патеки да достави свое мислење до органот за заштита на природата. (12) Органот за заштита на природата е должен во рок од 30 дена од денот на добивањето на предлогот од ставот (9) на овој член предлогот на локалната мрежа на планински патеки да ја достави до Владата на Република Македонија. (13) Владата на Република Македонија со одлука ја утврдува локалната мрежа на планински патеки. (14) Просторниот приказ на Националната мрежа на планински патеки и на локалната мрежа на планински патеки АППТРМ е должна да го објавува на својата веб страница како и на веб страницата на органот за заштита на природата. (15) Просторниот приказ од ставот (14) на овој член претставува карта со графички приказ на теренот во форма на скица или шема со основните контури на трасата, на релјефот и на топонимите, во кој посебно се означуваат планинските патеки кои претставуваат трансверзали. (16) Просторниот приказ на локалната мрежа на планински патеки градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје се должни да го објават на веб страницата на општината, односно градот Скопје. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 5 од 18 Член 7 Регистар на планински патеки (1) АППТРМ води единствен Регистар на планински патеки. (2) Регистарот на планински патеки се води за планинските патеки кои се веќе вклучени во Националната или локалната мрежа на планински патеки, како и на планинските патеки кои се предложени да бидат дел од Националната или локалната мрежа на планински патеки. (3) Регистарот на планински патеки кои се дел од Националната или локалната мрежа на планински патеки се води согласно со податоци кои се дадени во просторниот приказ на планинските патеки кој е објавен на веб страницата на АППТРМ, односно на веб страницата на општината и градот Скопје. (4) Во Регистарот на планински патеки, планинските патеки кои се предложени да бидат дел од Националната или локалната мрежа на планински патеки се запишуваат со податоци кои се доставени при поднесувањето на предлогот за внесување во Националната или локалната мрежа. (5) Формата и содржината, како и начинот на водење на Регистарот на планински патеки ги пропишува министерот на предлог од АППТРМ. Член 8 Воспоставување на планинска патека (1) Секој има право да достави предлог за воспоставување на планинска патека. (2) Предлогот за воспоставување на планинска патека се доставува до АППТРМ во кој се наведуваат описот на патеката, нејзиното географско простирање и категоризација согласно со намената, како и преглед на туристичкиот интерес на пределот низ кој поминува патеката. (3) За секоја планинска патека АППТРМ самостојно или преку домаќинот е должен да изработи елаборат за воспоставување на планинската патека. (4) Елаборатот од ставот (3) на овој член особено содржи: опис на патеката, географско простирање со должина на патеката, категоризација на патеката согласно со намената и тежината, опис на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнатите габи на земјиштето преку кое минува планинската патека, преглед на туристичкиот интерес на пределот низ кој поминува патеката, трошоци за уредување и одржување на планинската патеки, мапа на планинската патека со просторен приказ и други податоци што се значајни за планинската патека. (5) Формата и содржината на елаборатот за воспоставување на планинска патека (во натамошниот текст: елаборат) ги утврдува министерот на предлог на АППТРМ. (6) По добивањето на елаборатот АППТРМ е должна во рок од 30 дена од денот на добивањето на елаборатот да го разгледа истиот и да даде свое мислење за исполнување на условите за воспоставување на планинска патека, кои заедно со елаборатот ги доставува на мислење до органот за заштита на природата и органот надлежен за работите од областа на земјоделството и шумарството кога патеката е дел од Националната мрежа за планински патеки, односно до градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје кога патеката е дел од локалната мрежа на планински патеки. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 6 од 18 (7) Органот надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството и шумарството, како и градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје се должни да се произнесат со свое мислење во рок од 15 дена од денот на приемот на елаборатот од ставот (6) на овој член до АППТРМ и до органот за заштита на природата. (8) Врз основа на мислењата од ставовите (6) и (7) на овој член министерот донесува решение со кое го одобрува или одбива елаборатот. Незадоволната страна има право на жалба до Државната комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен (во натамошниот текст: Државната комисија). (9) Врз основа на решението од ставот (8) на овој член, кое е конечно во управна постапка, АППТРМ е должна во рок од 30 дена да ја впише патеката во Регистарот на планински патеки, како и да ја впише во просторниот приказ на Националната или локалната мрежа на планински патеки. Член 9 Уредување на планинските патеки (1) Уредувањето на планинските патеки опфаќа одредување на нивната проодна траса, поставување на соодветна сигнализација што ја сочинуваат маркации, патокази и други ознаки наменети за ориентирање и информирање на корисниците, уредување на газечката површина на патеката со посипување на патеките со природен материјал и нивно зацврстување, поставување на соодветна заштитна опрема на опасни места заради нивно безбедно користење, поставување на друга соодветна опрема со цел за обезбедување на подобро користење на патеката (клупи за одмор, видикивци и слично), како и одржување на планинските патеки и на нивната инфраструктура. (2) Планинските патеки кои се дел од Националната мрежа на планински патеки ги уредува АППТРМ, согласно со овој закон. (3) Планинските патеки кои се дел од локалната мрежа на планински патеки ги уредува општината и градот Скопје, согласно со овој закон. (4) За активности на уредување на патеките на подрачјата на националните паркови и другите категории на заштитени подрачја неопходна е согласност од јавните установи на националните паркови и на субјетите кои управуваат со заштитените подрачја, во согласност со воспоставениот режим на заштита (зонирање) на заштитените подрачја. Член 10 Означување на планинската патека (1) Планинска патека се означува со стандардизирана туристичка сигнализација, со маркација и со ознаки наменети за информирање и за ориентирање на корисниците, а може да биде опремена и со кутии со книги за запишување и печати, како и на одредени места со заштитна опрема клупи, настрешници и друг инвентар. (2) Начинот на сигнализација и макрација, формата и содржината на сигнализација и маркација на планинските патеки ги пропишува министерот на предлог на АППТРМ согласно со меѓународните стандарди за маркација и сигнализација на планински патеки. Член 11 Одржување на планинските патеки (1) Одржувањето на планинските патеки кои се дел од Националната мрежа на планински патеки АППТРМ може да го довери на домаќин. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 7 од 18 (2) Локалните мрежи на планински патеки кои се протегаат надвор од подрачјето на националните паркови и другите заштитени подрачја, ги одржуваат градоначалникот на општината и на градот Скопје преку избраниот домаќин. (3) Изборот на домаќин на планинска патека се врши преку јавен оглас кој за Националната мрежа за планински патеки го објавува АППТРМ во најмалку два дневни весника кои се дистрибуираат на целата територија на Република Македонија. Рокот за доставување на понуди по јавниот оглас не може да биде пократок од 30 дена. (4) Огласот од ставот (3) на овој член особено содржи назив, должина и намена на планинската патека, подрачјето низ кое се простира, потребната документација што треба да се достави за пријавување, критериуми за избор на најдобра понуда, должината на времето за кое се бара домаќин, како и местото и рокот до кој може да биде доставена пријавата за избор на домаќин. (5) Како потребна документација од ставот (4) на овој член се потврда за регистрација на правното лице, програма за одржување на планинската патека, средства кои се потребни за одржувањето, како и податоци за кадровската и техничката екипираност на правното лице. (6) Изборот на домаќин за патека која припаѓа во Националната мрежа на планински патеки се врши од страна на комисија формирана од министерот која е составена до пет члена и тоа три члена од органот за заштита на природата и два члена од АППТРМ. (7) Изборот на домаќин на планинска патека се врши преку јавен оглас кој за локалната мрежа за планински патеки го објавува градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје согласно со ставовите (3), (4) и (5) на овој член. (8) Изборот на домаќин за патека која припаѓа во локалната мрежа на планински патеки се врши од страна на комисија формирана од страна на градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје која е составена до пет члена и тоа четири члена од општината, односно градот Скопје и еден члена од АППТРМ. (9) Како домаќин може да биде избран планинарски или велосипедски спортски клуб кој е регистриран согласно со Законот за спорт и е зачленет во ФПСМ или во ВФМ, како и друго правно лице формирано согласно со Законот за здруженија и фондации, кои најмалку три години вршат активности кои се однесуваат на уредување, обележување, одржување, користење, водење корисници на планински патеки и чување на планинските патеки, како и да имаат соодветна кадровска и техничка опременост. (10) Изборот на домаќин се врши врз основа на должината на времето во кое домаќинот вршел активности од ставот (6) на овој член, квалитетот на програмата за одржување, висината на средствата кои се бараат за одржување на патеката, како и кадровската и техничката опременост на домаќинот. (11) При изборот на домаќин за одржување на планинските патеки во рамките на Националната мрежа на планински патеки кои се протегаат на подрачјето на националните паркови комисијата од ставот (6) на овој член е должна да изврши консултација со Јавната установа на националните паркови во Република Македонија, а доколку се работи за друга категорија на заштитени подрачја, со субјектот кој е задолжен за управување со тоа подрачје, како и со согласност на корисниците и сопствениците на шумите и пасиштата. (12) Врз основа на предлог на комисијата министерот, односно градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје донесуваат решение за избор на домаќин. (13) Против решението од ставот (12) на овој член незадоволната страна има право на жалба до Државната комисија. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 8 од 18 Член 12 (1) Со избраниот домаќин АППТРМ склучува договор за одржување на планинската патека која припаѓа во Националната мрежа на планински патеки кој не може да биде пократок од пет години ниту подолг од десет години. (2) Со избраниот домаќин градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје склучуваат договор за одржување на планинската патека која припаѓа во локалната мрежа на планински патеки кој не може да биде пократок од пет години ниту подолг од десет години. (3) Во договорот од ставовите (1) и (2) на овој член особено се уредува времетраењето на договорот, висината на средствата и начинот на исплата на средствата за одржување на патеката, начинот на спроведувањето на програмата за одржување, условите за раскинување на договорот, како и други прашања кои се од значење за уредување на меѓусебните односи на договорните страни. (4) Во случај кога АППТРМ и градоначалникот на општината и градот Скопје не склучиле договор за одржување на планинските патеки со избран домаќин, одржувањето на Националната мрежа на планински патеки го врши АППТРМ, а одржувањето на локалните мрежи на планински патеки го врши градоначалникот на општината и на градот Скопје. Член 13 (1) Домаќинот е должен да ја одржува планинската патека во договорениот период, на начин да не се менуваат релјефните карактеристики на подрачјето, да не се влошуваат водните, шумските и земјоделските особини на земјиштето и да не ја загрозува постојната состојба на околината, согласно со овој закон, како и обврските утврдени во договорот со кој е избран за домаќин. (2) Домаќинот е должен да ја одржува планинската патека на начин кој најмалку ќе обезбеди јасна и недвосмислена сигнализација и маркација на патеката, ќе овозможи безбедно користење на патеката од корисниците, како и ќе ги презентира културните и природните богатства кои постојат на подрачјата низ кои се простира планинската патека. (3) Министерот го пропишува начинот на одржување на планинската патека на предлог на АППТРМ, а по претходно мислење од ФПСМ, ВФМ и други субјекти. (4) АППТРМ пред доставување на предлогот од ставот (3) на овој член е должна истиот да го достави на мислење до ФПСМ, ВФМ и други субјекти кои се должни во рок од десет дена да достават мислење до АППТРМ. (5) Доколку во рокот од ставот (4) на овој член ФПСМ, ВФМ и други субјекти не достават мислење ќе се смета дека се согласиле со предлогот. Член 14 Класификација на планинските патеки според нивната намена (1) Планинските патеки се користат исклучиво во согласност со утврдените намени. (2) Според намената планинските патеки можат да се класифицираат во планинарски патеки, велосипедски патеки, пешачки патеки, трим патеки и патеки за посебни намени. (3) Планинарска патека е уредена патека во планина чие користење бара физичка спремност и обученост на корисниците, но не и користење на посебна помошна опрема што се користи за алпинизам. (4) Велосипедска патека е патека која е уредена и наменета за користење со употреба на велосипед. (5) Пешачка патека е патека во природа за чие користење, според карактеристиките на теренот, не е потребна посебна физичка подготвеност и обученост на корисникот. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 9 од 18 (6) Патеки за посебна намена се рекреативни, еколошки, едукативни, атлетски, спелеолошки и истражувачки. (7) Патеките на планинските патеки согласно со нивната намена можат да се преклопуваат, односно да имаат повеќе намени. (8) Преклопување на велосипедска патека со друга планинска патека не е дозволено, освен во случај кога планинската патека е доволно широка да обезбедува безбедно разминување на пешаците и велосипедистите. (9) Во случај на преклопување на патеките уредувањето и одржувањето на истите ќе биде направено на начин што ќе ги исполнува највисоките услови за безбедност согласно со намената на патеката која носи поголем ризик за корисникот, односно условите кои го обезбедуваат на високиот безбедносен стандард за патеката. Член 15 (1) Министерот на предлог на АППТРМ ја утврдува намената и претежната намена на планинските патеки од составот на Националната мрежа на планински патеки. (2) Со цел за утврдување на намената на планинските патеки од составот на Националната мрежа на планински патеки АППТРМ е должна на својата веб страница да објави јавен повик со кој во рок кој не може да биде пократок од 30 дена, ќе ги повикува заинтересираните страни и домаќините да се изјаснат за намената на планинските патеки. (3) Јавниот повик од ставот (2) на овој член АППТРМ е должна да го објави во најмалку два весника кои излегуваат на целата територија на Република Македонија. (4) АППТРМ пред објавувањето на јавниот повик е должна истиот да го достави на мислење до ФПСМ, ВФМ и други субјекти, како и до јавните установи национални паркови, субјектите кои управуваат со заштитено подрачје, Јавното претпријатие Македонски шуми и Јавното претпријатие за пасишата, доколку планинските патеки поминуваат низ подрачја со кои овие правни лица управуваат, кои се должни во рок од десет дена да достават мислење до АППТРМ. (5) Доколку во рокот од ставот (4) на овој член ФПСМ, ВФМ и други субјекти не достават мислење ќе се смета дека се согласиле со јавниот повик. (6) Градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје ги утврдуваат намената и претежната намена на патеките кои ја сочинуваат локалната мрежа на планински патеки и ги доставуваат на мислење до ФПСМ, ВСМ и други субјекти, како и на јавните установи национални паркови, субјектите кои управуваат со заштитено подрачје, Јавното претпријатие Македонски шуми и Јавното претпријатие за пасишта, доколку планинските патеки поминуваат низ подрачја со кои овие правни лица управуваат, на начин како што е определен со прописот донесен врз основа на ставот (1) на овој член, кои се должни во рок од десет дена да достават мислење до градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје. (7) Доколку во рокот од ставот (6) на овој член ФПСМ, ВФМ и други субјекти не достават мислење ќе се смета дека се согласиле со намената на планинската патека. (8) Утврдување на намената на планинските патеки се врши така што не треба да се загрозува животната средина, биолошката разновидност (растителни и животински видови и самоникнати габи), пределската разновидност и безбедноста на корисниците. Член 16 Категоризација на планинските патеки според тежината (1) Според тежината планинските патеки можат да бидат категоризирани како лесни, средно тешки и тешки, освен патеките за посебна намена кои според тежината секогаш се лесни. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 10 од 18 (2) Тежината на планинските патеки се определува според големината на ризикот за корисниците, потребната опрема за користење на патеката и потребното знаење и вештина на корисниците за користење на патеката. (3) Издавачот на информативниот материјал е должен во информативниот материјал, во техничката документација за планинските патеки, во туристичките водичи, како и поставувачот на туристичко-информативните табли и карти на кои се означени планинските патеки, да ја означат и категоријата на планинските патеки според тежината согласно со овој закон. (4) Категоризацијата на планинските патеки, во рамките на Националната и локалните мрежи на планински патеки според тежината, ја врши АППТРМ согласно со критериумите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член. Член 17 Користење на планинските патеки (1) Планинската патека може да се користи за лични потреби, за спортски потреби, за туристички и рекреативни цели и може да претставува дел од туристичките содржини и понуди на одредено подрачје. (2) Корисниците планинските патеки ги користат на сопствена одговорност. (3) Корисниците планинските патеки се должни да ги користат така што не треба да го загрозуваат својот, или животот на другите, на каков било начин да го ограничуваат пристапот на планинските патеки, да ги оштетуваат, отстрануваат или уништуваат маркациите, таблите за насочување, информативните табли и другата опрема. (4) Корисниците планинските патеки се должни да ги користат на начини што не ги оштетуваат флората, природните живеалишта, растителните и животинските видови, самоникнатите габи и земјиштето преку кое минуваат планинските патеки. (5) Никој не може да попречи друг во користењето на планинска патека, освен во случај кога корисникот на очигледен начин го загрозува сопствениот или животот на друго лице, или ги оштетува флората, природните живеалишта, растителните и животинските видови, самоникнатите габи и земјиштето преку кое минуваат планинските патеки. Член 18 Информативен материјал (1) Издавачот на информативниот материјал е должен во информативниот материјал за планинските патеки, во техничката документација за планинските патеки и туристичките водичи, како и поставувачот на туристички - информативни табли и карти на кои се означени планинските патеки, да наведе предупредување дека корисниците планинските патеки ги користат на сопствена одговорност. (2) Предупредувањето од ставот (1) на овој член мора да биде напишано на македонски јазик, на јазиците што се користат на подрачјето на општината и на градот Скопје и најмалку на два други јазика што се во службена употреба во Европската унија. (3) Во информативниот материјал за планинските патеки, во планинските и туристички водичи и на туристичките информативни табли и карти, на кои се означени планинските патеки, мора да биде означена и нивната категорија според намената. Член 19 Поставување на препреки, односно огради (1) На планинските патеки е забрането поставување на препреки/огради. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 11 од 18 (2) По исклучок од ставот (1) на овој член на планинските патеки можат да се поставуваат огради заради безбедност на корисниците, кои мора да бидат изработени главно од природен материјал и да се вклопуваат во околината. (3) Ограда може да биде поставена само долж планинската патека која мора да биде видливо обележена. (4) Обележувањето на оградата на планинската патека е должен да го изврши домаќинот на планинската патека. Член 20 Привремено и трајно затворање на планински патеки (1) Домаќинот, односно кога не е избран домаќин АППТРМ за планинската патека која е дел од Националната мрежа и градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје за планинска патека која е дел од Националната мрежа, е должен привремено, делумно или во целост да ја затвори планинската патека ако поради промена таа станала опасна за корисниците, поради пожар или заштита од пожар, или оштетувањето на заштитната опрема е такво што планинската патека не може да се користи, или пак е потребно да се извршат поголеми работи за нејзино одржување. (2) Во случај на затворање на планинската патека од ставот (1) на овој член забраната ќе трае се до отстранувањето на причините за нејзиното затворање. (3) Домаќинот е должен за привременото затворање на планинската патека, во рок од 48 часа од затворањето, за тоа да го извести АППТРМ, или градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје, со поставување знак за забрана за користење на планинската патека. (4) Доколку не е можно да се отстрани опасноста на планинската патека која е привремено затворена домаќинот ќе го извести АППТРМ или градоначалникот на општината и на градот Скопје за потребата од трајно затворање на планинската патека. (5) Во случаи кога поради прекумерно или неправилно користење на планинската патека дојде до загрозување на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнатите габи на земјиштето преку кое минува планинската патека, домаќинот е должен за тоа да го извести органот за заштита на природата и може таа патека привремено да ја затвори се до добивање на мислење од органот за заштита на природата. (6) Врз основа на мислењето од ставот (5) на овој член домаќинот согласно со утврдените влијанија на патеката врз биолошката разновидност е должен да изврши санација на штетата или да предложи нејзино трајно затворање до АППТРМ. (7) За трајното затворање на планинската патека од ставовите (4) и (5) на овој член АППТРМ, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје и доставува предлог за нејзино бришење од Регистарот на планински патеки и од просторниот приказ до АППТРМ. (8) АППТРМ, односно градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје, е должна преку средствата за јавно информирање навремено да ја извести јавноста за поставување на привремена забрана, или трајно затворање на планинската патека. (9) Планинската патека која е трајно затворена се брише од Регистарот на планински патеки. Член 21 Известување (1) Домаќинот е должен најмалку еднаш годишно, најдоцна до март во тековната година, да достави извештај за претходната година до АППТРМ за состојбата на планинските патеки и за инфраструктурата за која е одговорен, за трошоците на Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 12 од 18 извршената работа на патеките, за процената за вкупниот број на корисници/посетители во тековната година и за други податоци значајни за одржување и означување на планинските патеки кои ги уредува и ги одржува. (2) Врз основа на извештајот од ставот (1) на овој член АППТРМ е должна до јуни да достави годишен извештај за работењето на домаќинот до органот за заштита на природата, кој е должен до септември да го достави на разгледување и усвојување до Владата на Република Македонија. Член 22 Финансирање на уредување, означување и одржување и водење на Регистарот на планински патеки (1) За уредување, одржување и означување на планинските патеки домаќинот има право на надоместок на трошоците во согласност со договорот од членот 12 од овој закон. (2) Заради спроведување на активности за уредување и одржување на Националната мрежа на планински патеки и водење на Регистарот на планински патеки АППТРМ подготвува предлог на годишна програма за планински патеки (во натамошниот текст: предлог на програма). (3) Предлогот на програмата од ставот (2) на овој член АППТРМ во рок од десет дена го доставува на мислење до сите домаќини, заради добивање на мислење. (4) Субјектите од ставот (3) на овој член се должни во рок од десет дена да достават мислење до АППТРМ кои најдоцна до септември во тековната година предлогот на програмата за наредната година го доставува до органот за заштита на природата кој во рок од десет дена го доставува до Владата на Република Македонија. (5) Владата на Република Македонија ја донесува годишната програма за планински патеки најдоцна до 31 јануари во тековната година за наредната година. (6) Уредувањето и одржувањето на Националната мрежа на планински патеки, водењето на Регистарот за планински патеки и другите активности утврдени со овој закон ќе се финансираат од Буџетот на Република Македонија, Програмата за рурален развој, со донации и од други извори согласно со закон. (7) Финансирањето на уредувањето и на одржувањето на локалната мрежа на планински патеки се врши од буџетот на општината, односно градот Скопје, со донации и од други извори согласно со закон. Член 23 (1) Контрола на уреденоста и одржувањето на планинските патеки во рамките на Националната и локалната мрежа на планински патеки врши АППТРМ во соработка со органот за заштита на природата, органот надлежен за работите од областа на шумарството, градоначалниците на општините и градот Скопје, националните паркови, другите субјекти за управување со заштитени подрачја, како и корисниците и сопствениците на шумите и пасиштата. (2) Најмалку еднаш на две години АППТРМ заедно со претставник на органот за заштита на природата, врши контрола на спроведувањето на договорот за одржување на планинската патека. (3) Врз основа на спроведената контрола од ставот (2) на овој член органот за заштита на природата изготвува записник и донесува решение, доколку се утврди дека домаќинот не се придружува кон спроведување на договорот за одржување на планинската патека и определува рок кој не може да биде пократок од 30 дена ниту подолг од 120 дена, во кој рок домаќинот треба да ги отстрани утврдените недостатоци. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 13 од 18 (4) На решението од ставот (3) на овој член незадоволната страна има право на жалба до Државната комисијата. (5) По истекот на рокот утврден во решението од ставот (3) на овој член АППТРМ, заедно со претставник на органот за заштита на природата, врши контрола со цел да утврди дали се отстранети утврдените недостатоци. (6) Доколку со контролата од ставот (5) на овој член се констатира дека домаќинот не ги отстранил недостатоците, органот за заштита на природата изготвува записник и донесува решение за започнување на постапка за раскинување на договорот за одржување на планинската патека, кое се доставува со АППТРМ и до домаќинот. (7) Врз основа на доставеното решение од ставот (6) на овој член АППТРМ е должна во рок од 15 дена од денот на добивањето на решението е должна да започне постапка за раскинување на договорот за одржување на планинска патека која припаѓа на Националната мрежа на планински патеки и да го раскине договорот најдоцна во рок од 30 дена од денот на започнувањето на постапката. (8) Против решението од ставот (6) на овој член незадоволната страна има право на жалба до Државната комисијата. (9) Кога се врши контрола на планинска патека која припаѓа на локалната мрежа на планински патеки, во контролата од ставовите (2) и (5) на овој член учествува и лице претставник од општината и градот Скопје и на чие подрачје се наоѓа планинската патека. (10) Врз основа на доставеното решение од ставот (6) на овој член градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје се должни во рок од 15 дена од денот на добивањето на решението да започнат постапка за раскинување на договорот за одржување на планинска патека која припаѓа на локалната мрежа на планински патеки и да го раскине договорот најдоцна во рок од 30 дена од денот на започнувањето на постапката. (11) Во рок од 30 дена од раскинувањето на договорот за одржување на планинска патека во конечна управна или судска постапка АППТРМ, односно градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје се должни да започнат постапка за избор на нов домаќин за планинската патека. III. НАДЗОР Член 24 (1) Надзор над спроведувањето на овој закон врши органот за заштита на природата преку Државниот инспекторат за природа, согласно со своите надлежности утврдени со закон. (2) Надзор над спроведувањето на овој закон во шумски и планински подрачја врши и органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството преку Државниот инспекторат за шумарство, согласно со своите надлежности утврдени со закон. (3) Надзор над спроведувањето на овој закон врши градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје преку овластените инспектори за животна средина и локалните комунални инспектори. (4) Надзор на спроведување на овој закон на подрачјата на државните пасишта врши земјоделскиот инспектор, согласно со своите надлежности утврдени со закон. (5) Надзор на спроведување на овој закон во подрачјата на националните паркови и другите категории на заштитени подрачја врши чуварот во заштитеното подрачје. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 14 од 18 Член 25 Делокруг на надзор на инспекторите (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг државниот инспектор за природа има право: 1) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во рамките на заштитените подрачја се уредува и одржува согласно со овој закон; 2) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во рамките на заштитените подрачја се користи согласно со овој закон и 3) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во рамките на заштитените подрачја е означена согласно со овој закон. (2) Во вршењето на надзорот од својот делокруг државниот инспектор за шумарство има право: 1) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во шумски и планински подрачја се уредува и одржува согласно со овој закон; 2) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во шумски и планински подрачја се користи согласно со овој закон и 3) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во шумски и планински подрачја е означена согласно со овој закон. (3) Во вршењето на надзорот од својот делокруг земјоделскиот инспектор има право: 1) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во подрачјето на државните пасишта се уредува и одржува согласно со овој закон; 2) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во подрачјето на државните пасишта се користи согласно со овој закон и 3) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во подрачјето на државните пасишта е означена согласно со овој закон. (4) Во вршењето на надзорот од својот делокруг овластениот инспектор за животна средина во рамките има право: 1) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека во рамките на подрачјето на општината, односно градот Скопје се користи согласно со овој закон. (5) При вршењето на инспекцискиот надзор инспекторите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член со решение: 1) ќе го задолжи домаќинот да ги отстрани недостатоците и ќе определи мерки и рок за нивна реализација; 2) ќе го задолжи корисникот да ги отстрани недостатоците и ќе определи мерки и рок за нивна реализација и 3) ќе ја задолжи АППТРМ да ги отстрани недостатоците и ќе определи мерки и рок за нивна реализација. (6) При вршењето на надзорот овластениот инспектор за животна средина со решение: 1) ќе го задолжи корисникот да ги отстрани недостатоците и ќе определи мерки и рок за нивна реализација. (7) За вршењето на работите од ставот (1) на овој член државниот инспектор за природа има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина и Законот за заштита на природата. (8) За вршењето на работите од ставот (2) на овој член државниот инспектор за шумарство има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за шумите и Законот за шумарска и ловна инспекција. (9) За вршењето на работите од ставот (3) на овој член земјоделскиот инспектор има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за пасишта. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 15 од 18 (10) За вршењето на работите од ставот (4) на овој член овластениот инспектор за животна средина има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина. Член 26 (1) Жалба против решението на инспекторите од членот 24 од овој закон може да се изјави во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисијата. (2) Доколку субјектите на надзорот не постапат согласно со решението од членот 24 ставови (5) и (6) од овој закон и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, инспекторите од членот 24 од овој закон ќе поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен орган. Член 27 Чувар во заштитеното подрачје (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг чуварот во заштитеното подрачје (во натамошниот текст: чувар) има право: 1) да врши увид и контрола и да утврди дали планинарската патека се користи согласно со овој закон. (2) При вршењето на надзорот чуварот со решение: 1) ќе го задолжи корисникот да ги отстрани недостатоците и ќе определи мерки и рок за нивна реализација и 2) ќе го острани корисникот од планинарската патека кога преставува закана за луѓето или за флората и фауната на националниот парк односно, заштитеното подарчје. (3) Доколку субјектот на надзорот од ставот (1) на овој член не постапи согласно со решението на чуварот и не ги отстрани причините за настанатата состојба утврдени со решението, чуварот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен орган. (4) Ако сторителот за прекршоците од овој член го признае делото што му се става на товар чуварот веднаш ќе му издаде покана за наплата на глоба. (5) Се смета дека сторителот на прекршокот со потписот на приемот на поканата за наплата на глобата се согласува да ја плати глобата. (6) Сторителот е должен да ја плати глобата утврдена според овој член во рок од осум дена од приемот на поканата за наплата на глоба на сметката означенa во поканата за наплата на глоба. Сторителот кој ќе ја плати глобата во тој рок ќе плати само половина од изречената глоба. Поуката за тоа право е дел од правната поука на платниот налог. (7) За вршењето на работите од ставот (1) на овој член чуварот има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за заштита на природата. IV. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 28 (1) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице за прекршок, ако: 1) не ја одржува планинската патека во договорениот период и на начин да не се менуваат релјефните карактеристики на подрачјето и да не се влошуваат водните, шумските и земјоделските особини на земјиштето и не ја загрозува постојната состојба на околината, согласно со овој закон (член 13 став (1)); Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 16 од 18 2) не ја одржува планинската патека на начин кој најмалку ќе обезбеди јасна и недвосмислена сигнализација и маркација на патеката, ќе овозможи безбедно користење на патеката од корисниците, како и ќе ги презентира културните и природните богатства кои постојат на подрачјата низ кои се простира планинската патека (член 13 став (2)); 3) во информативниот материјал, во техничката документација за планинските патеки, во водичите и на туристичко-информативните табли и карти на кои се означени планинските патеки не ја означи категоријата на планинските патеки според тежината (член 16 став (3)); 4) ја користи планинската патека спротивно на членот 17 од овој закон; 5) во информативниот материјал за планинските патеки, во планинарските и во туристичките водичи и на туристичките информативни табли и карти на кои се означени планинските патеки не назначи предупредување дека корисниците ги користат планинските патеки на сопствена одговорност (член 18 став (1)); 6) предупредувањето дека корисниците планинските патеки ги користат на сопствена одговорност не го напишале на македонски јазик и на јазиците што се користат на подрачјето на општината и на градот Скопје и најмалку на два други јазика во службена употреба во Европската унија (член 18 став (2)); 7) во информативниот материјал за планинските патеки, во планинарските и туристичките водичи, на туристичките информативни табли и карти на кои се означени планинските патеки не ја означи нивната категорија според намената (член 18 став (3)); 8) на планинските патеки постави препреки или огради спротивно на членот 19 од овој закон; 9) постави огради кои не се видливо означени (член 19 став (3)); 10) како домаќин на патеката на одредено време, делумно или во целост, не ја затвори планинската патека ако станува опасна за корисниците поради промена во природата или оштетување на заштитната опрема така што истата не може да се користи или е потребно да се извршат поголеми поправки при одржувањето (член 20 став (1)); 11) како домаќин на патеката, преку АППТРМ, а во исклучителни случаи директно, за привременото затворање на патеката не го извести надлежниот орган и корисниците на патеката со поставување забрана за користење на патеката (член 20 став (3)) и 12) како домаќин на патеката, најмалку еднаш годишно, не го извести АППТРМ за состојбата на планинската патека и за инфраструктурата за која е одговорен, како и за трошоците на работата на патеките и не достави уредна процена на целокупниот број на корисници/посетители во тековната година, како и други значајни податоци за одржување и означување на планинските патеки во негова надлежност (член 21 став (1)). (2) Со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе се казни и одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (3) Доколку сторителот не ја плати глобата од ставовите (1) и (2) на овој член, инспекторот е должен да покрене прекршочна постапка пред надлежниот орган. Член 29 (1) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе се казни за прекршок физичко лице кое: 1) ја користи планинската патека спротивно на членот 17 од овој закон и 2) на планинските патеки поставува препреки или огради (член 19 став (1)). (2) Доколку сторителот не ја плати глобата од ставот (1) на овој член инспекторот е должен да покрене прекршочна постапка пред надлежниот орган. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 17 од 18 Член 30 Постапка за порамнување (1) За прекршоците утврдени во членот 28 од овој закон инспекторите се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (2) Во случаите во кои е постигната согласност за порамнувањето, глобата на сторителот може да биде намалена најмногу за една половина од максимум пропишаната глоба за прекршокот. (3) Постапките за порамнување се водат согласно со одредбите од Законот за животната средина. Член 31 Водење на прекршочна постапка (1) За прекршоците утврдени во членовите 28 и 29 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Комисијата за одлучување по прекршоци во областа на животната средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: Прекршочната комисија). (2) Постапката пред Прекршочната комисија се води согласно со одредбите од Законот за животната средина. V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 32 Елаборати за воспоставување на планинска патека АППТРМ е должна во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон да изработи елаборати за воспоставување на планинска патека за сите планински патеки кои постојат и се користат во Република Македонија до денот на влегувањето во сила на овој закон, а за кои не е поднесен елаборат од страна на домаќин. Член 33 Национална мрежа и локална мрежа на планински патеки (1) Националната мрежа на планински патеки ќе се воспостави најдоцна до 31 декември 2015 година. (2) Градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје предлозите за локалната мрежа на планински патеки се должни да ги достават до органот за заштита на природата најдоцна до 31 мај 2015 година. (3) Локалната мрежа на планински патеки ќе се воспостави најдоцна до 31 декември 2015 година. Член 34 Подзаконски акти Подзаконските прописи утврдени во овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Службен весник на РМ, бр. 38 од 24.02.2014 година 18 од 18 Член 35 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.