Law on management of batteries and accumulators and waste batteries and accumulators
Made 2010 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Waste and hazardous substances
- Keywords
- hazardous waste, processing/handling, protection of environment, public health, recycling/reuse, data collection/reporting, waste management
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%… 1/57 ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ И ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ 1 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнува батериите и акумулаторите при нивното производство и пуштање на пазар во Република Македонија и постапувањето со отпадните батерии и акумулатори што ги опфаќа обврските и одговорностите на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на батериите и акумулаторите, ограничувањето на употребата на батерии и акумулатори кои содржат опасни супстанции, правилата за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпадните батерии и акумулатори, како и други услови за постапување со отпадните батерии и акумулатори, известувањето и економските инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпадните батерии и акумулатори. Член 2 Супсидијарна примена на други закони (1) На прашањата кои се поврзани со правилата за управување и постапување со опасен отпад, ќе се применуваат одредбите од Законот за управување со отпад, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (2) За регулирање на прашањата во врска со: пристап до информации кои се однесуваат на животната средина, учество на јавноста во донесувањето на одлуките, оцена на влијанието од определени стратегии, планови и програми врз животната средина, оцена на влијанијата од определени проекти врз животната средина, се применуваат одредбите од Законот за животната средина, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (3) На постапките утврдени со овој закон се применува Законот за општата управна постапка доколку со овој закон поинаку не е уредено. Член 3 Цели на Законот (1) Основа на цел на овој закон е намалување на најмало можно ниво 167/2010167/2010 36/2011 61/2011 61/2011 67/2011 112/2011 118/2011 3/2012 3/2012 3/2012 33/2012 35/2012 110/2012 Поврзани прописи 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%… 2/57 на негативното влијание на батериите и акумулаторите и на отпадните батерии и акумулатори на животната средина, со што се придонесува за заштита, зачувување и за унапредување на состојбата со животната средина. (2) Посебна цел на законот е заштита на човековото здравје и на животната средина преку подобрување на еколошките карактеристики на батериите и акумулаторите за време на нивниот севкупен животен циклус и спречување на употреба на опасни супстанции и ограничување на нивната содржина во батериите и акумулаторите во случаи кога не постојат соодветни алтернативи. (3) Имајќи го предвид влијанието на транспортот врз животната средина, овој закон има за цел да постигне висок степен на одделно собирање на отпадни батерии и акумулатори и да го намали во најголема можна мера отстранувањето на отпадните батерии и акумулатори како дел од комуналниот отпад со цел да се постигне високо ниво на нивна преработка. (4) Покрај целите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, во согласност со начелото на одржлив развој со овој закон се постигнуваат и следниве цели: намалување на количината на отпадни батерии и акумулатори кои се отстрануваат на депонија, постигнување на високо ниво на собирање на отпадните батерии и акумулатори, постигнување на високо ниво на рециклирање и други видови на преработка на отпадните батерии и акумулатори, обезбедување на услови за воспоставување на системи за постапување (враќање, собирање, преработка и рециклирање) на отпадните батерии и акумулатори, обезбедување на услови за воспоставување и развој на пазар на преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори и обезбедување на еднаква положба на пазарот меѓу домашните и странските правни и физички лица како и да се избегнат и отстранат трговските бариери кои можат да го нарушат пазарот. Член 4 Примена на Законот (1) Одредбите од овој закон се применуваат на батерии и акумулатори, без разлика на нивната форма, зафатнина, тежина, материјалот од кој се составени или намена за користење. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член одредбите на овој закон не се применуваат на батериите и акумулаторите кои се користат во: опремата која е наменета за користење во одбрана, оружје, муниција и воен материјал, со исклучок на производи кои не се наменети за конкретни воени цели и опрема наменета за испраќање во вселената. (3) Во постапувањето со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори покрај одредбите на овој закон соодветно ќе се применуваат и одредбите на прописите кои го уредуваат управувањето со искористени возила и отпадот од електрична и електронска опрема. (4) Сите мерки, стандарди и цели кои се утврдени со овој закон се применуваат како минимални барања коишто треба да се исполнат при управувањето со батериите и акумулаторите. (5) Доколку со друг закон се утврдени построги мерки и стандарди на животната средина, при управувањето со батериите и акумулаторите се применуваат построгите мерки и стандарди со цел за заштита на животната средина и постигнување на целите на животната средина. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%… 3/57 Член 5 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. „Батерија или акумулатор" е секој извор на електрична енергија создадена со директно претворање на хемиска енергија, кој содржи една или повеќе примарни батериски ќелии (кои не можат повторно да се полнат), или содржи една или повеќе секундарни батериски ќелии (кои можат повторно да се полнат); 2. „Батериско пакување" е секој комплет батерии или акумулатори кои се меѓусебно поврзани и/или затворени во вид на капсула во надворешна обвивка сочинувајќи целосна единица која не е наменета за разделување или за отворање од страна на крајниот корисник; 3. „Преносни батерија или акумулатор" е секоја батерија, батерија во форма на копче, батериско пакување или акумулатор кои: а) се запечатени; б) можат да се носат во рака и в) не се индустриски батерии, ниту индустриски акумулатори ниту пак, автомобилски батерии или акумулатори; 4. „Батерија во форма на копче" е секоја мала кружна преносна батерија или акумулатор, чиј пречник е поголем од нејзината висина и која се користи за посебни намени како, на пример, за апарати за слушање, часовници, мала пренослива опрема и за резервна енергија; 5. „Автомобилска батерија или акумулатор" е секоја батерија или акумулатор која се користи како уред за стартување и осветлување на автомобилот; 6. „Индустриска батерија или индустриски акумулатор" е секоја батерија или акумулатор исклучително наменет за индустриско или за професионално користење, или се користи во кој било вид електрично возило; 7. „Отпадна батерија или акумулатор" е секоја батерија или акумулатор кои се опфатени и се сметаат за отпад со дефиницијата за отпад согласно со Законот за управување со отпад; 8. „Рециклирање" е секоја повторна преработка на отпадни батерии и акумулатори и нивни материјали во производствен процес наменети за иста или за друга цел, исклучувајќи ја енергетската преработка; 9. „Отстранување" е секоја операција која може да се примени во согласност со одредбите на Законот за управување со отпад; 10. „Преработка" е која било активност која се врши врз отпадните батерии и акумулатори по нивното предавање во постројка за сортирање, подготовка за рециклирање или подготовка за отстранување; 11. „Уред" е која било електрична или електронска опрема, која целосно или делумно се напојува со батерии или акумулатори, или е конструирана да може да се напојува; 12. „Економски оператор" е правно или физичко лице кое може при вршењето на својата дејност при управувањето со батерии и акумулатори да биде производител, трговец, поседувач, собирач, или правно или физичко лице кој врши рециклирање или преработка на отпадни батерии и акумулатори. Економски оператори поврзани со управувањето на отпадните батерии и акумулатори се: а) „производител" е правно или физичко лице, кое пушта на пазар, за прв пат во Република Македонија, батерии или акумулатори, вклучувајќи и такви кои се вградени во уреди или во возила, како своја дејност, без оглед на продажната техника која се користи, вклучувајќи и продажба со далечинско комуницирање (пат на телефон, стандардно писмо, емеил, телешопинг, брошура, каталог итн.), како производител се смета и правното или физичко лице кое увезува батерии и акумулатори за своја потреба без посредник; б) „трговец" е правно или физичко лице кое обезбедува снабдување на батерии и акумулатори за краен корисник, како своја дејност; в) „поседувач„ е правно или физичко лице кое со вршењето на својата 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%… 4/57 дејност постојано или привремено создава и/или поседува отпадни батерии и акумулатори (како на пример трговец, сервиси, сервиси за возила, механичарски работилнци, сервиси на електрична и електронска опрема и слично). Како поседувач, во смисла на овој закон, не се сметаат граѓаните или домаќинствата; г) „краен корисник" е потрошувач кој како правно или физичко лице, поради крајна употреба или користење на друг производ, при вршењето на својата дејност, користи батерии и акумулатори и на тој начин по нивното истрошување создава отпадни батерии и акумулатори во своите простории и/или во уредите кои тој ги има во владение. Како краен корисник ќе се смета поседувачот или трговецот кој заради свои потреби увезол батерии и акумулатори без посредник; д) „мал производител" е правно или физичко лице кое пушта на пазар во Република Македонија батерии и акумулатори во количини не поголеми од оние утврдени во членот 20 од овој закон; ѓ) „колективен постапувач со отпадни батерии и акумулатори“ е правно лице основано од производители со цел за исполнување на обврските од членот 18 од овој закон, кое има добиено дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори согласно со членот 22 од овој закон, и кое реализираната добивка ја користи за исполнување на обврските од членот 18 од овој закон и е) „самостоен постапувач со отпадни батерии и акумулатори" е правно или физичко лице кое има добиено дозвола за самостојно постапување со отпадни батерии и акумулатори согласно со членот 23 од овој закон; 13. „Пуштање на пазарот" е снабдување или ставање на располагање батерии и акумулатори, било со плаќање или бесплатно, на трето лице, вклучувајќи го и увозот на батерии и акумулатори; 14. „Безжичен електричен алат" е кој било рачен уред, кој е напојуван од батерија или од акумулатор и е наменет за одржување, за градежни или градинарски активности; 15. „Национална цел за собирање" е во дадена календарска година, процент кој се добива со делење на тежината на отпадните преносни батерии и акумулатори собрани во согласност со овој закон или со одредбите од друг закон кои се однесуваат на собирање на електрична и електронска опрема во таа календарска година, со просечната тежина на преносните батерии и акумулатори, кои производителот директно им ги продава на крајните корисници или ги испорачува на трети лица, со цел тие да им ги продадат на крајните корисници за време на таа календарска година и на претходните две календарски години; 16. „Собирно место" е место во објект, просторија или на отворено каде што е поставен соодветен сад за собирање на отпадните батерии и акумулатори со цел истите да бидат преземени заради собирање, селектирање, преработка или рециклирање на истите; 17. „Управување со отпадни батерии и акумулатори" е збир на активности, мерки и одлуки наменети за постигнување на националните цели за собирање на отпадни батерии и акумулатори, а се преземени во согласност со овој закон и со прописите кои го регулираат управувањето и постапувањето со отпадот; 18. „Доброволен договор" е формален договор кој има извршни клаузули склучен меѓу, органите на централната и локалната власт од една страна и организациите кои застапуваат одредени интереси на економските оператори, групи на економски оператори и поединечни економски оператори, од друга страна, со цел да се постигнат целите од овој закон утврдени во членот 3 и националните цели од членот 35 на овој закон, кој е отворен за пристапување на сите правни и физички лица кои сакаат да ги исполнат условите утврдени во договорот. Доброволниот договор е достапен до јавноста согласно со овој и друг закон; 19. „Орган за вршење на стручни работи од областа на животната средина" е Управата за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање; 20. „Системи за итни случаи" се системи кои се користат во случај каде што има потреба од резервно напојување со извор на енергија во 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%… 5/57 болници, на аеродроми, во возови или во авиони, во системите за тревожење вклучувајќи го и осветлувањето, како и во други случаи каде што за вршењето на дејноста е неопходно постојано напојување со енергија (на пример наплатни терминали, инвалидски колички, електрични врати и слично) и 21. „Друго независно правно лице" е правно лице регистрирано за вршење на стручни, технички и консултантски услуги од областа на економијата и животната средина. Член 6 Начела (1) Во согласност со целите за долгорочна заштита и одржливо користење на природните ресурси и заштита и унапредување на медиумите и областите на животната средина, управувањето со батерии и акумулатори се заснова на следниве начела: 1) начело на одговорност на производителот според кое производителот е одговорен за преземање на мерки за управување со батериите и акумулаторите со цел да се елиминира и/или намали до крајна можна мера негативното влијание врз медиумите и областите на животната средина кое настанува како резултат на отпадните батерии и акумулатори создаден од неговата дејност, вклучувајќи и создавање на услови за остварување на висок степен на нивно собирање од крајните корисници и нивна преработка и 2) начело на процена на животниот циклус на производот според кое производителот на батерии и акумулатори е должен да изврши процена на животниот циклус на батеријата и акумулаторот на начин со кој ќе се овозможи зголемување на еколошките остварувања на батеријата и акумулаторот, исклучување или намалување на присуството на опасни супстанции во батериите и акумулаторите согласно со научнотехничките достигнувања и да ги дизајнира на начин што ќе придонесе кон намалување на отпадот што настанува од отпадните батерии и акумулатори со цел за спречување на негативните влијанија врз медиумите и областите на животната средина. (2) Во управувањето со батериите и акумулаторите, покрај начелата утврдени во ставот (1) на овој член, соодветно се применуваат и начелата утврдени во Законот за животната средина и Законот за управување со отпад. II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 7 Барања за олеснување на остранувањето (1) Производителите се должни да ги дизајнираат уредите на начин кој ќе овозможи крајниот корисник лесно да ги отстрани отпадните батерии и акумулатори. (2) Со уредите во кои се вградени батерии и акумулатори производителите се должни да приложат упатство кое го покажува начинот на безбедно отстранување на отпадните батерии и акумулатори и, ако е потребно, го информираат крајниот корисник за видот на вградените батерии и акумулатори. (3) Производителите не се должни да го приложат упаството од ставот (2) на овој член во случај кога заради безбедносни, оперативни или медицински причини или заради обезбедување на целосност на податоци, е неопходно постојано снабдувањето со енергија и постојана поврзаност на уредот со батеријата или акумулаторот. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%… 6/57 Член 8 Забрани за присуство на тешки метали (1) Се забранува пуштање на пазар во Република Македонија на: а) сите батерии или акумулатори, без оглед на тоа дали се вградени во уреди, кои содржат повеќе од 0,0005 % жива според тежината и б) преносни батерии или акумулатори, вклучувајќи ги и оние кои се вградени во уреди, кои содржат повеќе од 0,002 % кадмиум според тежината. (2) По исклучок на ставот (1) од овој член батериите во форма на копче можат да содржат жива не повеќе од 2% според тежина. (3) Забраната на ставот (1) од овој член не се применува на преносните батерии и акумулатори наменети за употреба во: а) системи за итни случаи и системи за тревожење, вклучувајќи и осветлување во итни случаи; б) медицинска опрема или в) безжични електрични алати. Член 9 Депонирање и согорување (1) Забрането е отстранување на отпадните индустриски и автомобилски батерии и акумулатори на депонии. (2) Забрането е согорување на отпадни индустриски и автомобилски батерии и акумулатори. (3) Остатоците од кои било батерии и акумулатори кои поминале низ операции на преработка или рециклирање согласно со овој закони и операциите за преработка и рециклирање утврдени во Законот за управување со отпад можат да се отстранат на депонии или да се отстранат со постапка на горење или согорување . III. ОБВРСКИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ Член 10 Означување (1) Производителот е должен сите батерии и акумулатори, како и батериските пакувања кои ги пушта на пазар во Република Македонија соодветно да ги означи со посебен симбол за одделно собирање на отпадните батерии и акумулатори, како и да го означи капацитетот на истите. (2) Производителот е должен, батериите, акумулаторите и батериите во форма на копче, кои содржат повеќе од 0,0005% жива, повеќе од 0,002% кадмиум или повеќе од 0,004% олово, да ги означи и со хемискиот симбол за односниот метал: Hg, Cd или Pb. (3) Производителот е должен ознаките од ставовите (1) и (2) на овој член да бидат јасно видливи, читливи и прикажани на неизбришлив начин. (4) Начинот на означување, на батериите и акумулаторите и на батериските пакувања, како формата и содржината на симболите од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на економијата. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%… 7/57 (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на економијата, врз основа на посебно барање од производителот, може да одобри исклучоци од означувањето на батериите и акумулаторите од ставовите (1) и (2) на овој член, доколку не е можно од технички причини да се отпечати на истите или во случај кога батериите и акумулаторите се пуштаат на пазар за единствена намена чие отстранување подлежи на посебни правила за отстранување поврзани со намената. (6) Кога е тоа неопходно заради изедначување на условите за пуштање на пазар на батерии и акумулатори, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина по консултација со производителите, може да пропише и посебни начини за означување на капацитетот на батериите и акумулаторите и методологии за утврдување на капацитетот. Член 11 Пуштање на пазар (1) Батерија или акумулатор може да се пушти на пазар под услов да ги исполнува основните барања утврдени во овој закон кои се однесуваат на составот на батериите и акумулаторите, начинот на нивното означување и воспоставените системи за постапување со отпадните батерии и акумулатори, вклучувајќи ја и погодноста за нивна преработка, односно рециклирање. (2) Не може да се забрани пуштање на пазар во Република Македонија на батерии и акумулатори доколку ги исполнуваат условите од ставот (1) на овој член. (3) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина преку органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на животната средина (во натамошниот текст: стручниот орган) и државниот пазарен инспекторат е должен да ги преземе сите потребни мерки со цел да обезбеди батериите или акумулаторите кои не ги исполнуваат барањата утврдени во овој закон да не се пуштаат на пазарот во Република Македонија или да се повлечат од него. Член 12 Регистрација на производителите (1) Производителите кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија батерии и акумулатори се должни да се регистрираат за тоа во во органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на животната средина (во натамошниот текст: стручниот орган). (2) Регистрацијата се врши со доставување на барање за регистрација, од страна на производителот, до стручниот орган, во пишана или електронска форма, кое ги содржи следниве податоци: 1) називот на производителот и трговските марки (доколку ги има) кои производителот ги користи при вршење на својата дејност; 2) адреса на производителот: поштенски број и седиште, улица и број, веб адреса, телефонски број, како и лице за контакт, број на факс и електронска пошта, доколку постои; 3) назив и ознака на видот на батерии и акумулатори што ги пушта на пазарот: преносни батерии и акумулатори, индустриски батерии и акумулатори или автомобилски батерии и акумулатори со доказ за содржина на супстанциите од членот 10 став (2) на овој закон; 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%… 8/57 4) информации за начинот на кој производителот ги исполнува или ќе ги исполни обврските што произлегуваат од овој закон (индивидуално или колективно постапување) со опис на системот; 5) единствен број на деловниот субјект и даночен број; 6) регистрација на производителот; 7) изјава во која наведува дека приложените информации за регистрација се вистинити и 8) вид на производите во кои се вградени батерии и акумулатори. (3) Врз основа на барањето од ставот (1) на овој член стручниот орган е должен во рок од седум дена од денот на доставување на барањата да му достави на производителот потврда за упис во регистарот од ставот (4) на овој член и регистарски број за пуштање на пазар во Република Македонија на батерии и акумулатори (во натамошниот текст: регистарски број). (4) Стручниот орган води регистар на производителите кои пуштаат на пазар во Република Македонија батерии и акумулатори. (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина ги пропишува формата, содржината и начинот на доставувањето на барањето за регистрација од ставот (2) на овој член, начинот на воспоставување на регистарскиот број, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на производители кои пуштаат на пазар во Република Македонија батерии и акумулатори од ставот (4) на овој член. (6) Стручниот орган е должен примерок од потврдата за упис на производителот од ставот (3) на овој член да достави и до органот на државната управа за вршење на работите од областа на царината (во натамошниот текст: царински орган). (7) Во случај на промена на податоците доставени при регистрацијата од ставот (2) на овој член, производителот е должен во рок од 30 дена од денот на настанувањето на промената, да достави барања за промена за регистрацијата согласно со ставот (2) на овој член. Во барањето се доставуваат информации само за оние податоци кои се променети. (8) Во случај кога производителот ќе престане да ја врши дејноста пуштање на пазар во Република Македонија батерии и акумулатори е должен во рок од 30 дена од денот на престанокот да достави барање за бришење од регистарот од ставот (4) на овој член до стручниот орган. Бришењето од регистарот на производители се врши и на предлог на инспектор доколку се утврди дека не ги исполнува барањата од овој закон. (9) Стручниот орган е должен во рок од осум дена од денот на доставувањето на барањето од ставот (8) на овој член да му достави потврда на производителот за бришење од регистарот од ставот (4) на овој член. (10) Стручниот орган е должен примерок од бришењето од регистарот на производите да достави и до царинскиот орган. (11) Стручниот орган е должен на својата веб страница да го објавува и редовно да го ажурира регистарот од ставот (4) на овој член. Член 13 Забрана за увоз на батерии и акумулатори Царинскиот орган нема да дозволи увоз на батерии и акумулатори без производителот да ја приложи потврдата за регистрација и регистрационен број од членот 12 став (3) на овој закон. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7%… 9/57 IV. ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАДНИТЕ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ Член 14 Забрани за оставање Забрането е отпадните батерии и акумулатори да се оставаат или предаваат на места означени за собирање и селектирање на комунален отпад од домаќинствата или на друг вид отпад. Член 15 Обврски за крајните корисници (1) Секој е должен отпадните батерии и акумулатори да ги чува, собира и да ги остава одвоено од комуналниот отпад и од другите видови на отпад. (2) Крајните корисници се должни отпадните преносни батерии и акумулатори што ги создаваат да ги оставаат на места определени за таа намена, или да ги предадат на правни лица или физички лица кои поседуваат дозволи за постапување со отпад, согласно со прописите за управување со отпад. (3) Крајниот корисник е должен отпадните автомобилски батерии и акумулатори што ги создава да ги предаде на продавачот од кои ги купил, или на поседувачот кој извршил сервисна услуга за крајниот корисник или да ги предаде на правни или физички лица кои поседуваат дозволи за постапување со отпад, согласно со прописите за управување со отпад. (4) Крајниот корисник е должен отпадните индустриски батерии или акумулатори да ги предаде на производителот од кој ги набавил или на правни или физички лица кои поседуваат дозволи за постапување со отпад, согласно со прописите за управување со отпад со кој производителот има склучено договор за собирање и постапување. (5) Отпадните батерии и акумулатори се собираат одвоено според видот на начин кој ќе го олесни нивниот натамошен третман и/или рециклирање. (6) Преносните отпадни батерии и акумулатори се оставаат и собираат одделно од другите видови на отпадни батерии и акумулатори во посебно означени садови за собирање. Член 16 Обврски за примање и враќање (1) Ниту еден поседувач и трговец не смее да го одбие предавањето на преносливи отпадни батерии и акумулатори од страна на крајниот корисник, ниту да бара за возврат на тоа купување на нови батерии и/ или акумулатори или да наплаќа надоместок за враќањето. (2) Производителот на индустриски и автомобилски батерии и акумулатори, како и трети лица кои работат во негово име, вклучително и поседувачот кој работи со индустриски и автомобилски батерии и акумулатори на производителот, е должен бесплатно да ги земе назад отпадните индустриски и автомобилски батерии и акумулатори од крајните корисници, без оглед на нивниот хемиски состав и потекло. (3) По исклучок на ставот (2) на овој член може да се утврди друг начин на враќање на отпадни индустриски и автомобилски батерии и 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 10/57 акумулатори само доколку таквиот начин е утврден во договорот за купопродажба на истите склучен меѓу производителот, поседувачот и/ или трговецот со крајниот корисник и доколку не е спротивен со одредбите на овој закон. Член 17 Обврски на поседувачот и трговецот (1) Поседувачот е должен да постави соодветни садови, на собирни места во својата деловна просторија или во непосредна близина, за собирање на преносливите отпадни батерии и акумулатори што тој ги користел во вршењето на својата дејности или ги користеле неговите клиенти кои заради дејноста што ја врши поседувачот ги отстранува отпадните батерии и акумулатори, односно да обезбеди простор за оставање на отпадните индустриски и автомобилски батерии и акумулатори. (2) Трговецот е должен да постави соодветни садови на собирни места за собирање на преносливи отпадни батерии и акумулатори во својот продажен простор кои по големина и волумен одговараат на просечните количини на батерии и акумулатори што ги продава годишно. (3) Трговецот е должен да ги преземе отпадните батерии и акумулатори кои ги има во својата продажна програма без надоместок или обврска за купување од крајниот корисник, без оглед кој е произведувачот на истите вклучувајќи ги и отпадните батерии и акумулатори кои се составни делови на уредите кои се продаваат или сервисираат. (4) Поседувачот и трговецот се должни на видно место да постават известување на кое ќе бидат наведени информации за крајниот корисник за начинот на собирање на отпадните батерии и акумулатори на собирните места во рамките на својот деловен простор. (5) Поседувачот и трговецот се должни собраните отпадни батерии и акумулатори да ги предадат на производителот или од него овластено лице за собирање на отпадни батерии и акумулатори согласно со овој закон. (6) За собирните места, како и за собраните отпадни преносливи батерии и акумулатори во рамките на својот простор, поседувачот и трговецот не треба да поседуваат дозвола за собирање на опасен отпад согласно со Законот за управување со отпад. (7) Со собраните индустриски и автомобилски батерии и акумулатори поседувачот треба да постапува во согласност со правилата за постапување со опасен отпад утврдени со Законот за управување со отпад. (8) Трговецот кој врши продажба на батериите и акумулаторите вклучувајќи и батерии и акумулатори кои се вградени во електрична и електронска опрема е должен батериите и акумулаторите што ги продава да обезбеди: батериите и акумулаторите да имаат ознака во согласност со членот 10 од овој закон, дека истите се увезени од страна на производител кој има потврда и регистрационен број согласно со членот 12 на овој закон, писмена изјава од правното лице од кое ја купува стоката дека има склучено договор со колективен постапувач од членот 22 на овој закон или дека тоа правно лице е самостоен постапувач од членот 23 на овој закон или писмена изјава дека батериите и акумулаторите произлегуваат од правно лице кој е мал производител согласно со членот 20 од овој закон. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 11/57 Член 18 Обврски за производителот (1) Производителот на батерии и акумулатори е должен, на свој трошок, самостојно или преку колективниот постапувач со отпадни батерии и акумулатори од членот 22 на овој закон да обезбеди собирање, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори од крајниот корисник независно од нивниот хемиски состав, потекло или датумот кога за прв пат се пуштени на пазар во Република Македонија. (2) Обврската од ставот (1) на овој член производителот е должен да ја оствари преку собирање и преработка и/или рециклирање на отпадните батерии и акумулатори кои прв пат ги пуштил на пазарот во Република Македонија со: редовно преземање на отпадните батерии и акумулатори од собирните места, исполнување на националните цели за собирање на преносливи отпадни батерии и акумулатори од членот 35 на овој закон, односно исполнување на количините за собирање утврдени согласно со членот 40 став (1) точка 4 од овој закон, за автомобилските и индустриските отпадни батерии и акумулатори и обезбедување нивен третман и рециклирање со цел за исполнување на степенот на ефикасност на рециклирањето од членот 26 став (3) на овој закон. (3) Производителот, кој истовремено е и краен корисник, е должен на свој трошок да обезбеди исполнување на обврските од ставот (1) на овој член, преку собирање, третман и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори кои ги произвел или увезол во Република Македонија. (4) Обврските од ставот (1) на овој член не се применуваат за батериите и акумулаторите кои се извезуваат. (5) Производителот е должен, на своја сметка, да ја информира јавноста за: можните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од супстанциите кои се користат во батериите и акумулаторите, потребата да не се врши предавање на отпадните батерии и акумулатори во комуналниот отпад и да се собираат одделно со цел да се овозможи нивна преработка и рециклирање, програмите за собирање и рециклирање на отпадни батерии и акумулатори кои постојат, придонесот на граѓаните во рециклирањето на отпадните батерии и акумулатори и значењето на симболот од членот 10 на овој закон со кој се означени батериите и акумулаторите и симболите за хемиските елементи Hg, Cd и Pb. (6) Производителот е должен, на своја сметка, да ја информира јавноста и за спроведување на кампањи за јавно информирање за собирање, третман и за рециклирање на сите отпадни преносливи батерии и акумулатори. (7) Трошоците за собирање, третман и рециклирање што ги сноси производителот од ставот (1) на овој член не смее да ги прикажува одвоено при продажбата на батериите и акумулаторите. (8) Трошоците за собирање, третман и рециклирање што ги сноси производителот од ставот (1) на овој член не смеат да се дуплираат во однос на истите трошоци што се прават при постапувањето со искористените возила и отпадната електронска и електрична опрема. (9) Обврската од ставот (1) на овој член не се однесува на малите 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 12/57 производители од членот 20 на овој закон. Член 19 Обврска за собирање (1) Заради остварување на обврските од членот 18 на овој член, производителот е должен на свој трошок да обезбеди собирање на отпадните батерии и акумулатори од садовите на поседувачот и трговецот во рок од 48 часа од моментот кога поседувачот или трговецот побарал да ги предаде собраните отпадни батерии и акумулатори. (2) За исполнување на обврската од ставот (1) на овој член производителот е должен на свој трошок за поседувачот или трговецот да обезбеди соодветни садови за собирање на отпадни батерии и акумулатори кои ќе бидат поставени, согласно со членот 18 од овој закон, на собирни места во просториите на поседувачот или трговецот на кои производителот им продава батерии и акумулатори. (3) Обврската од ставот (2) на овој член, производителот може да ја остварува самостојно доколку поседува дозвола од членот 22 на овој закон, со или без посредство на трети лица, кои поседуваат дозвола за собирање на опасен отпад добиена во согласност со Законот за управување со отпад и/или друга соодветна дозвола согласно со закон. (4) Обврската од ставот (2) на овој член, производителот може да ја остварува преку колективниот постапувач со отпадни батерии и акумулатори од членот 22 на овој закон, со посредство на трети лица, кои поседуваат дозвола за собирање на опасен отпад добиена во согласност со Законот за управување со отпад и/или друга соодветна дозвола согласно со закон. Член 20 Ослободување мал производител (1) Обврската од членовите 18 и 19 на овој закон се однесува само на оној производител, кој пуштил годишно на пазар или увезол во Република Македонија повеќе од следниве количини батерии и акумулатори: 50 кг преносливи батерии, 10 кг батерии во форма на копче, 100 кг автомобилски акумулатор и/или едно парче индустриски батерии или акумулатори. (2) Количините од ставот (1) на овој член се засметуваат како една вредност без оглед на типот на батеријата или акумулаторот, потеклото или вредноста. (3) Производителот од ставот (1) на овој член е должен да се регистрира согласно со членот 12 од овој закон, како и да води евиденција согласно со членот 30 од овој закон. (4) Во постапката за регистрација од членот 12 на овој закон, малиот производител е должен да побара добивање на решение со кое ќе биде утврден како мал производител, притоа наведувајќи ја количината на батерии и акумулатори која за прв пат има намера да ја пушти на пазарот во Република Македонија. (5) Решението од ставот (4) на овој член го издава стручниот орган заедно со потврдата за регистрација од членот 12 став (3) на овој закон. (6) Стручниот орган е должен во регистарот од членот 12 став (4) на 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 13/57 овој закон одвоено да ги прикажува производителите за кои издал решение за мал производител и да ги објавува и ажурира во согласност со членот 12 став (4) од овој закон. Член 21 Колективно постапување со отпадни батерии и акумулатори (1) Исполнувањето на обврските од членот 18 на овој закон, како и исполнувањето на националните цели од членот 35 на овој закон, односно собирање на количините утврдени согласно со членот 40 став (1) точка 4 од овој закон, производителот, може да ги остварува самостојно или со склучување на посебен договор за преземање на обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори со правно лице кое во согласност со овој закон е овластено за постапување со отпадни батерии и акумулатори во нивно име и за нивна сметка (во натамошниот текст: колективен постапувач). (2) Колективниот постапувач е должен да обезбеди спроведување на обврските во име и за сметка на производителот од членовите 18 и 19 на овој закон. (3) За спроведување на обврските од ставот (2) на овој член, колективниот постапувач е должен да обезбеди дозвола во согласност со членот 22 од овој закон. (4) Вршењето на работите од ставот (2) на овој член колективниот постапувач не може да ги извршува самостојно и е должен да ги довери на трети лица кои се регистрирани за вршење на тие работи и поседуваат соодветни дозволи согласно со овој закон и/или со Законот за управување со отпад и Законот за животната средина. (5) Производителот од ставот (1) на овој член е должен, на колективниот постапувач со кој склучил договор за спроведување на обврските од членовите 18 и 19 на овој закон, да му плати соодветна цена за услугата поврзана со спроведување на обврските за постапување со отпадните батерии и акумулатори сразмерно на количината на батериите и акумулаторите што производителот ги пушта за прв пат на пазарот во Република Македонија. (6) Вршењето на работите од ставот (2) на овој член колективниот постапувач може да ги врши како една дејност или заедно со дејноста за постапување со отпадна електрична и електронска опрема или со дејноста за постапување со искористени возила, доколку за тоа поседува дозвола согласно со закон. (7) Правни и физички лица кои, во име и за сметка на колективниот постапувач или на самостојниот постапувач од членот 23 на овој закон, вршат дејност за собирање, транспортирање и/или времено складирање на отпадни батерии и акумулатори треба да поседуваат дозвола за собирање и транспортирање на отпад добиена во согласност со прописите за управување со отпад. (8) По исклучок од ставот (7) на овој член за собирање на отпадни батерии и акумулатори на собирните места кај поседувачите и трговците каде што се врши продажба на батерии и акумулатори, доколку се дел од системот за постапување со отпадни батерии и акумулатори на колективниот постапувач или на самостојниот постапувач од членот 23 на овој закон, немаат обврска да поседуваат дозвола за времено собирање и складирање на отпад во согласност со прописите за управување со отпад. Член 22 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 14/57 Колективен постапувач (1) Колективниот постапувач може да постапува со отпадните батерии и акумулатори за сметка на производителите, доколку има обезбедено договори за преземање на обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори со производители кои заедно пуштаат на пазар во Република Македонија најмалку 15%, но не повеќе од 51% од преносните батерии и акумулатори и/или најмалку 5% од индустриските и/или автомобилските батерии и акумулатори во текот на една календарска година и да поседува дозвола од ставот (2) на овој член. (2) Колективниот постапувач е должен да поседува дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина врз основа на писмено барање кое особено содржи: 1) име/назив и седиштето на колективното правно лице; 2) листа на посредувачи и трговци со кои има склучено договори за собирање на отпадни батерии и акумулатори; 3) временски период за кој се бара дозволата; 4) статут на колективното правното лице; 5) список со назив, адреса, дејност, регистарски број од членот 12 на овој закон, број на деловниот субјект и даночен број на производителите во чие име и за чија сметка ќе постапува со отпадните батерии и акумулатори; 6) доказ дека, во моментот на поднесувањето на барањето, има склучено договори за преземање на обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори од правни и физички лица кои се регистрирани согласно со членот 12 од овој закон и кои заедно пуштаат на пазар или увезуваат во Република Македонија најмалку 5% од количините на батерии и акумулатори согласно со видовите за кои бараат дозволата во претходната година и начинот на кој планира во рок од една година, од денот на добивањето на дозволата, да го исполни условот од ставот (1) на овој член; 7) доказ дека има склучено најмалку еден договор со правно лице за преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори кое поседува дозвола за тоа согласно со Законот за управување со отпад и интегрирана еколошка дозвола согласно со Законот за животната средина или на нив еквивалентна дозвола кога правното лице за преработка и рециклирање е во странство и 8) програма за постапување со отпадни батерии и акумулатори од членот 24 на овој закон. (3) Покрај документите од ставот (2) на овој член, а во зависност од видот на отпадните батерии и акумулатори, стручниот орган може по потреба да побара барателот да достави и други дополнителни податоци согласно со овој и друг закон. (4) Доколку дојде до промена на податоците доставени со барањето од ставот (2) на овој член, колективниот постапувач е должен да го извести стручниот орган најдоцна во рок од два месеца од моментот на настанување на промената. (5) Дозволата од ставот (2) на овој член се издава за период од најмногу пет години. (6) Дозволата од ставот (2) на овој член ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина врз основа на предлог од стручниот орган. (7) Дозволата од ставот (2) на овој член може да се издаде за постапување со повеќе видови батерии и акумулатори или за само одделни видови согласно со доставеното барање. (8) Колективниот постапувач на производителите со кои има склучено 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 15/57 договор за преземање на обврска за постапување со отпадни батерии и акумулатори е должно да издаде потврда за ослободување од плаќањето на надоместокот утврден во членот 39 од овој закон. (9) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го одбие барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член, поднoсителот има право да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (10) Формата и содржината на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 22а (1) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не ја издаде дозволата за постапување со отпадни батерии и акумулатори, односно не донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозволата од членот 22 став (2) од овој закон во рок од 60 дена, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина да донесе решение со кое се дава согласност за издавање на дозволата од членот 22 став (2) од овој закон. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член подносителот на барањето поднесува копија од барањето од членот 22 став (2) од овој закон за издавање на дозволата. (4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесување на барањето од ставот (1) на овој член до писарницата да донесе решение со кое барањето за издавање на дозволата од членот 22 став (2) од овој закон е уважено или одбиено. (5) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не го донесе решението во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши инспекциски надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторoт за донесениот акт. Кон 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 16/57 известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (8) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (5) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (6) и (7) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (8) и (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Во случајот од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случајот на ставот (13) од овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (16) Доколку министерот не одлучи во рокот од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 17/57 Член 23 Самостојно постапување со отпадни батерии и акумулатори (1) Производителите обврските од членот 18 на овој закон можат да ги остваруваат самостојно, доколку за тоа имаат обезбедено дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори и поседуваат потврда дека се регистрирани кај стручниот орган како производители кои самостојно обезбедуваат постапување со отпадните батерии и акумулатори што ги пушта за прв пат на пазарот во Република Македонија. (2) Дозволата од ставот (1) на овој член се добива согласно со одредбите од членовите 22 и 24 на овој закон. (3) Врз основа на добиената дозвола, стручниот орган издава потврда дека производителот е регистриран како производител кој самостојно обезбедува постапување со отпадните батерии и акумулатори (во натамошниот текст: самостоен постапувач). (4) Самостојниот постапувач е должен да ги спроведе сите обврски кои согласно со овој закон се припишани како должност за колективниот постапувач и за производителот. (5) Самостојниот постапувач е должен да ги доставува извештаите од членот 30 на овој закон. (6) Формата и содржината на потврдата од ставот (3) на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите во областа на животната средина. (7) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го одбие барањето за издавање на дозволата од ставот (2) на овој член, подносителот има право да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 23а (1) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не ја издаде дозволата за постапување со отпадни батерии и акумулатори, односно не донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозволата од членот 23 став (1) од овој закон во рок од 60 дена, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина да донесе решение со кое се дава согласност за издавање на дозволата од членот 23 став (1) од овој закон. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член подносителот на барањето поднесува копија од барањето од членот 23 став (1) од овој закон за издавање на дозволата. (4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (1) на 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 18/57 овој член до писарницата да донесе решение со кое барањето за издавање на дозволата од членот 23 став (1) од овој закон е уважено или одбиено. (5) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не го донесе решението во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши инспекциски надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторoт за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (8) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (5) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (6) и (7) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (8) и (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 19/57 (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Во случајот од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случајот од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (16) Доколку министерот не одлучи во рокот од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна. Член 24 Програма за постапување со отпадни батерии и акумулатори (1) Програмата за постапување со отпадни батерии и акумулатори (во натамошниот текст: програма) содржи: а) план за собирање на отпадни батерии и акумулатори кој ги содржи следниве податоци: видот на отпадните батерии и акумулатори за кои колективниот постапувач обезбедува собирање и постапување (во натамошниот текст: систем за постапување), начинот на остварувањето на националните цели од членот 35 на овој закон и исполнување на количините од членот 40 став (1) точка 4 на овој закон, начин и обем на собирање на отпадните батерии и акумулатори од крајните корисници, начин и обем на редовно собирање на отпадните батерии и акумулатори од поседувачите и трговците, начин и обем на обезбедување на поседувачите и трговците со соодветни садови за собирање на отпадни батерии и акумулатори кои ќе бидат поставени на собирните места во согласност со членот 19 од овој закон, број и локации на собирните места и центри кои се вклучени во системот и назив на правните или физичките лица кои управуваат со нив, како и преглед дека собирните места се поставени и распоредени согласно густината на населението во согласност со членот 25 ставови (11) и (12) од овој закон, земајќи ги предвид зелените пазари и другите посебно организирани пазари, начин и обем на преземање на отпадните батерии и акумулатори од општините, општините во градот Скопје и од градот Скопје во согласност со членот 29 од овој закон, вкупна годишна количина на батерии и акумулатори кои за прв пат во Република Македонија ќе ги пуштат производителите во чие име и за чија сметка колективниот постапувач ги презема обврските за постапување со отпадни батерии и акумулатори, количина на собраните отпадни батерии и акумулатори кои се наменети за преработка и рециклирање и докази дека функционирањето на системот е финансиски одржлив, финансиски план за развој и доказ за почетните вложувања во 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 20/57 системот; б) план за третман, преработка и рециклирање кој ги содржи следниве податоци: видот и капацитетот на средствата и опремата, кои ги поседуваат правните лица за времено складирање, третман, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори со кои колективниот постапувач има склучено договори, докази дека правните лица за преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори користат најдобри достапни техники за преработка и рециклирање кои редовно се надградуваат и развиваат, и обезбедуваат заштита на здравјето на луѓето и животната средина, мерки со кои се обезбедува дека сите батерии и акумулатори што произлегуваат од електрична и електронска опрема се преработуваат и рециклираат во услови во кои се обезбедува заштита на здравјето на луѓето и животната средина и начинот на отстранување на отпадните батерии и акумулатори кои биле подложени на преработка и рециклирање и в) план за спроведување на кампања за подигнување на јавната свест за постапување со отпадни батерии и акумулатори, кој ги содржи следниве податоци: спроведување на најмалку една годишна кампања за подигнување на јавната свест за постапување со отпадни батерии и акумулатори, мерки за обезбедување на информации за граѓаните и предвиден начин и мерки за известување на јавноста и крајните корисници во согласност со членот 18 ставови (5) и (6) од овој закон. (2) Програмата од ставот (1) на овој член се изработува за период од пет години. Член 25 Системи за постапување (1) При воспоставувањето на системот за постапување и подготвувањето на програмата од членот 24 на овој закон, самостојниот постапувач и колективниот постапувач се должни да ги обезбедат следниве услови: а) да им овозможи на крајните корисници да ги исфрлаат преносните отпадни батерии или акумулатори на пристапни собирни места во нивна близина, имајќи ја предвид густината на населението; б) да ги обврзе поседувачите и трговците кои вршат снабдување со преносните батерии или акумулатори бесплатно да ги земат назад отпадните преносни батерии или акумулатори, со склучување на договори и в) да не наметнува никаков трошок за крајните корисници кога тие оставаат отпадни преносливи батерии или акумулатори ниту, пак, да создаваат каква било обврска за купување нови батерии или акумулатори. (2) Обезбедувањето на условите од ставот (1) на овој член, самостојниот постапувач и колективниот постапувач може да ги врши заедно со воспоставените системи за постапување со отпадна електронска и електрична опрема или искористени возила. (3) Кога самостојниот постапувач и колективниот постапувач во својот систем се грижат за собирање на отпадни индустриски батерии и акумулатори должни се во програмата од членот 24 на овој закон да обезбедат мерки поседувачот или трговецот да не одбиваат да ги земаат назад бесплатно отпадните индустриски батерии и акумулатори од крајните корисници, без оглед на нивниот хемиски состав и потекло, освен доколку постојат посебни договори со корисниците, собирањето на отпадните индустриски батерии и акумулатори да се врши на друг начин за покривање на трошоците. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 21/57 (4) Самостојниот постапувач и колективниот постапувач кој во својот систем се грижат за собирање на отпадни автомобилски батерии и акумулатори се должни во програмата посебно да ги посочат активностите што ќе ги преземат за собирање на отпадни автомобилски батерии и акумулатори од поседувачите и крајните корисници или од достапните собирни места во нивна близина, места на продажба, или други достапни места каде се создава овој вид на отпад доколку собирањето на отпадните батерии и акумулатори не го организирал заедно со системот за постапување со искористени возила. (5) Во случаите од ставот (4) на овој член самостојниот постапувач и колективниот постапувач се должни во програмата да обезбедат мерки со кои прифаќањето на отпадни автомобилски батерии и акумулатори од лични, некомерцијални возила, да не подлежат на никаков трошок за крајните корисници кога тие ги оставаат отпадните батерии или акумулатори ниту, пак, да им создава каква било обврска за купување нови батерии или акумулатори. (6) Колективниот постапувач е должен програмата да ја изработува во соработка со производителите за чии батерии и акумулатори се вклучени во системот, како и во соработка со производителите да се грижи програмата да се одржува и да биде оперативна. (7) Собирањето, третманот, рециклирањето и отстранувањето на отпадните батерии и акумулатори, самостојниот постапувач и колективниот постапувач може да ги довери само на правни и физички лица кои поседуваат соодветни дозволи за постапување со отпад согласно со Законот за управување со отпад и/или Законот за животната средина, и тоа да го вршат на начин и во услови утврдени со закон и во објекти и капацитет кои ги исполнуваат законски пропишаните услови. (8) Собирањето на индустриските отпадни батерии и акумулатори од ставот (4) на овој член, колективниот постапувач е должен да го довери на вршење на друго правно лице или физичко лице кое поседува дозвола за собирање на опасен отпад согласно со Законот за управување со отпад. (9) По исклучок од ставот (7) на овој член колективниот постапувач може со здружување со производителите кои се вклучени во системот да учествува во активности поврзани со отпадните батерии и акумулатори кои се однесуваат исклучиво на нивно собирање и сортирање и подготовка за натамошно постапување на отпадните батерии и акумулатори под услови утврдени со Законот за управување со отпад. (10) При определување на бројот и локациите на собирните места и центри за собирање на отпадни преносни батерии и акумулатори се зема предвид бројот на жителите во населеното место, при што се обезбедува најмалку едно собирно место или центар на 1.000 жители. (11) При определување на бројот и локациите на собирните места и центри за собирање на отпадни автомобилски батерии и акумулатори се зема предвид бројот на жителите во населеното место, при што се обезбедува најмалку едно собирно место или центар на 5.000 жители. (12) Собирните места и центри од ставовите (10) и (11) на овој член ги вклучуваат и собирните места лоцирани кај поседувачите и трговците. Член 26 Третман и рециклирање (1) Третман на собраните отпадни батерии и акумулатори најмалку опфаќа отстранување на сите течности и киселини. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 22/57 (2) Третманот, како и складирањето, вклучувајќи го и временото складирање во инсталациите за третман може да се врши исклучиво на места со непропустливи површини и соодветна водоотпорна покривка или во соодветни контејнери. (3) Рециклирањето на отпадните батерии и акумулатори треба да се направи на таков начин со кој ќе се постигне: а) рециклирање на 65% од просечната тежина на оловнокиселинските батерии и акумулатори, вклучувајќи и рециклирање на содржината на олово до највисок технички можен степен, притоа одбегнувајќи прекумерни трошоци; б) рециклирање на 75% од просечната тежина на никелкадмиумските батерии и акумулатори, вклучувајќи и рециклирање на содржината на кадмиум до највисок технички можен степен, притоа одбегнувајќи прекумерни трошоци и в) рециклирање на 50% од просечната тежина на други отпадни батерии и акумулатори. (4) Доколку батериите или акумулаторите се собираат заедно со отпад од електрична и електронска опрема, отпадните батерии и акумулатори се одвојуваат од собраниот отпад од електрична и електронска опрема. (5) Колективниот постапувач и самостојниот постапувач се должни заедно со извештаите од членот 30 на овој закон да доставуваат и извештај за степенот на ефикасноста на рециклирањето што се постигнува во секоја календарска година од ставот (3) на овој член. (6) Со цел за постигнување на поголема ефикасност на рециклирањето на отпадните батерии и акумулатори, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина на предлог на стручниот орган согласно со научно техничкиот напредок, може да донесе упатства кои се однесуваат на воведување на посебни правила во однос на пресметката, која е јавно достапна, на степенот на ефикасноста на рециклирањето кои се усогласени со најдобрите достапни техники. (7) Стручниот орган е должен при донесувањето на упатството од ставот (6) на овој член да изврши консултација со релевантните заинтересирани страни, особено производителите, собирачите, вршителите на рециклирање, деловните субјекти во процесот на преработката, еколошките организации, организациите на потрошувачи и здруженијата на вработени лица. (8) Во случај на извоз на отпадни батерии и акумулатори кои не можат да се преработат или рециклираат во Република Македонија колективниот постапувач и самостојниот постапувач можат да го извршат во согласност со прописите за извоз на опасен отпад. (9) Во случаите од ставот (8) на овој член правното лице и самостојниот постапувач се должни да докажат дека преработката и рециклирањето на отпадните батерии и акумулатори во странство е извршена во согласност со ставовите (1), (2) и (3) на овој член со заверени обрасци за прекуграничниот промет со отпад согласно со прописите за увоз и извоз на отпад и за тоа да достават извештај согласно со ставот (5) на овој член. (10) Собраните преносливи батерии и акумулатори кои содржат кадмиум, жива или олово, правното лице и самостојниот постапувач можат да ги отстранат на депонии или во подземни складишта, доколку не може да се најде соодветен пазар за нивно крајно користење, или ако таквото отстранување претставува дел од програмата за фазно ослободување од тешки метали која била подложена на процена на еколошките, економските и социјалните влијанија и која покажува дека можноста за ослободување на отпадните батерии и акумулатори на овој начин има предност во однос на рециклирањето. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 23/57 (11) За извршување на работите од ставот (10) на овој член колективниот постапувач и самостојниот постапувач се должни да поднесат барање за одобрување на отстранувањето до стручниот орган. Член 27 Обврски за постапување (1) Колективниот постапувач, односно самостојниот постапувач е должен да обезбеди собирните места и центри да бидат уредени на начин којшто ќе овозможи крајните корисници да ги оставаат отпадните батерии и акумулатори, како и да обезбеди редовно преземање на собраните отпадни батерии и акумулатори во рок од 48 часа од моментот на добивањето известување од поседувачот или трговецот дека садовите и местата за собирање на отпадни батерии и акумулатори се наполнети. (2) Колективниот постапувач, односно самостојниот постапувач е должен во својот систем за постапување да обезбеди поставување на постери или други информативни алатки со кои ќе ја информира јавноста и крајните корисници за работите од членот 18 став (5) на овој закон. (3) Колективниот постапувач, односно самостојниот постапувач во соработка со општините, градот Скопје и општините во градот Скопје е должен на соодветни места да ја известува јавноста за адресите на собирните места и центри кои постојат во подрачјето на таа општина, градот Скопје или општина во градот Скопје коишто се вклучени во системот, односно каде што се врши собирање на отпадните батерии и акумулатори. Член 28 Обврска за вклучување во систем за постапување (1) Поседувачот и трговецот кој поседува или врши продажба на батерии и акумулатори е должен да се вклучи во системот за постапување со отпадни батерии и акумулатори со спроведување на мерки и активности што се содржани во програмата од членот 24 на овој закон кои се поврзани со: обезбедување на простор за поставување на садови за собирање на преносните отпадни батерии и акумулатори или за оставање на индустриските и автомобилските отпадни батерии и акумулатори, поставување на известувања во кои се содржани информациите од членот 18 став (5) на овој закон и информациите од членот 27 став (3) на овој закон и спроведување на обврските од членовите 16 и 17 на овој закон и другите обврски кои се однесуваат на поседувачот и трговецот утврдени со овој закон. (2) Обврската од ставот (1) алинеја 1 на овој член не се однесува на трговците кои продаваат стока во зелените пазари или на други посебно организирани пазари. Во овој случај обврската од ставот (1) алинеја 1 на овој член е должен да ја исполни раководителот на зелените пазари или на другите посебно организирани пазари. (3) Поседувачот и трговецот, веднаш штом ќе увидат дека е наполнет садот со отпадни батерии и акумулатори поставен на собирното место, односно е исполнет просторот наменет за оставање на истите, е должен да го извести колективниот постапувач или самостојниот постапувач, или од нив овластено трето лице, со цел да дојде и да ги преземе собраните отпадни батерии и акумулатори. (4) Колективниот постапувач со отпад не може да го оневозможи 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 24/57 вклучувањето во системот и со тоа спроведувањето на програмата од членот 24 на овој закон на производител кој врши увоз на батерии и акумулатори во Република Македонија, ниту пак да бара исполнување од производителот други услови кои можат да претставуваат трговски бариери или нарушување на пазарната конкуренција, доколку производителот ги исполнува условите кои важат и за домашните производители што се вклучени во истиот систем. Член 29 Обврски на градоначалникот (1) Градоначалникот на општината, на општината во градот Скопје и во градот Скопје, е должен да: определи места за поставување на садови за одвоено собирање на отпадни батерии и акумулатори на подрачјето на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје и организира системи за собирање и времено складирање на отпадни преносливи батерии и акумулатори и нивно предавање за третман, преработка и/или рециклирање. (2) Работите од ставот (1) на овој член градоначалникот на општината, на општината во градот Скопје и во градот Скопје ја врши во соработка со колективниот постапувач и/или самостојниот постапувач со кои може да организира одделно собирање на отпадните батерии и акумулатори на подрачјето на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје преку воспоставување на собирни места и центри и обезбедување на редовно собирање на отпадните батерии и акумулатори од собирните места и центри. (3) Собирните места и центри од ставот (2) на овој член можат да бидат поставени во просториите на поседувачите или трговците, во просториите на научнообразовните установи кои постојат на подрачјето на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје, на зелените пазари или други посебно организирани пазари, на јавните површини или на други соодветни места каде што се очекува крајните корисници да остават отпадни батерии и акумулатори имајќи ја предвид густината на населението. (4) Обврските од ставот (1) на овој член градоначалникот може да ги оствари врз основа на склучен договор со колективното правно лице и/или со самостојниот постапувач. (5) Со договорот од ставот (4) на овој член особено се регулираат меѓусебните права и обврски на договорните страни, условите и начинот на воведување на одделното собирање на отпадните батерии и акумулатори, начинот на финансирање и покривање на трошоците, начинот на информирање на јавноста и крајните корисници, како и други прашања од заеднички интерес. (6) Во Програмите за управување со отпад и актите на општините, општините во градот Скопје и на градот Скопје со кои се регулира прашањето за постапување со отпад утврдени согласно со Законот за управување со отпад, задолжително се земаат предвид и целите за собирање на отпадни батерии и акумулатори од членот 35 на овој закон. (7) Собирните места поставени во основните и средните училишта треба да се исклучиво наменети за собирање на преносни батерии и акумулатори. Член 30 Обврски за доставување на извештаи (1) Колективниот постапувач е должен најдоцна до 31 март во 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 25/57 тековната година до стручниот орган да достави годишен извештај за постапувањето со отпадните батерии и акумулатори од страна на производителите во чие име и за чија сметка е одговорно за правилното постапување со отпадните батерии и акумулатори, за претходната година кој особено содржи податоци: 1) за количината, видот, составот и големината на батериите и акумулаторите што се пуштени на пазар во Република Македонија; 2) за количината, видот, составот и големината на отпадните батерии и акумулатори кои се собрани; 3) за количини, видот, составот и големината на отпадни батерии или акумулатори кои се предадени за третман или рециклирање; 4) за количината, видот, составот и големината на отпадните батерии и акумулатори кои се третирани или рециклирани, вклучително и оние што се извезени заради третман или рециклирање; 5) количини и процент на остварување на собирање на отпадните батерии и акумулатори во однос на количините што ги пуштил на пазар во Република Македонија во претходната година и 6) количини и процент на остварување на националните цели од членот 35 на овој закон. (2) Самостојниот постапувач е должен годишниот извештај од ставот (1) на овој член да го доставува за отпадните батерии и акумулатори коишто самиот ги пуштил на пазар за прв пат во Република Македонија. (3) Известувањето се врши на начин утврден согласно со членот 31 од овој закон. (4) Годишниот извештај од ставот (2) на овој член пред доставувањето до стручниот орган задолжително се потврдува од друго независно правно лице регистрирано за вршење на соодветна дејност. (5) Стручниот орган е должен да го одобри годишниот извештај од ставот (2) на овој член во рок од 60 дена од денот на приемот. (6) Производителот е должен да води евиденција за количините и видовите на батерии и акумулатори кои ги пуштил на пазар во Република Македонија во текот на една календарска година во пишана и електронска форма на посебен образец и за тоа да го известува: 1) колективниот постапувач во случај кога постапувањето со отпадни батерии и акумулатори го доверил на истото; 2) стручниот орган кога е регистриран како самостоен постапувач; 3) стручниот орган кога е мал производител и/или 4) стручниот орган кога не обезбедува постапување со отпадните батерии и акумулатори за што го плаќа надоместокот од членот 39 на овој закон. (7) Пресметувањето на количината на батерии и акумулатори што се пуштени на пазар во Република Македонија се врши преку еднократно собирање на тежината на батериите и акумулаторите, не сметајќи ги батериите и акумулаторите што се извезени од Република Македонија. (8) Формата и содржината на образецот на годишниот извештај од ставот (1) на овој член и начинот на неговото доставување, како и формата и содржината на образецот од ставот (6) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (9) Известувањето од ставот (6) на овој член се доставува најдоцна до 31 март во тековната година. Член 31 Доставување извештаи (1) Правното и физичкото лице кои за колективниот постапувач или за 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 26/57 самостојниот постапувач вршат собирање на отпадни батерии и акумулатори се должни да подготвуваат и доставуваат извештаи за количините на собраните отпадни батерии и акумулатори на посебен образец. (2) Правното и физичкото лице кои за колективниот постапувач или за самостојниот постапувач вршат третман и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори се должни да подготвуваат и доставуваат извештај за количините на преземени, третирани или рециклирани отпадни батерии и акумулатори на посебен образец. (3) Формата и содржината на обрасците од ставовите (1) и (2) на овој член, како и начинот на нивното подготвување и доставување ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите во областа на животната средина. (4) Правното и физичкото лице кое врши преработка на отпадни батерии и акумулатори е должно да подготвува и да доставува извештај за степенот на ефикасноста за рециклирањето на отпадните батерии и акумулатори кој се постигнува во секоја календарска година, како и за тоа дали е исполнет степенот на ефикасноста на рециклирање согласно со членот 26 став (3) од овој закон. (5) Извештајот од ставот (4) на овој член се доставува до стручниот орган. (6) Составен дел на обрасците од ставовите (1) и (2) на овој член се и формуларите за постапување со отпадот во согласност со прописите за управување со отпад, како и обрасците за прекуграничниот промет со отпад согласно со членот 25 став (9) на овој закон. (7) Лицата кои управуваат со собирните места и центри и места за времено складирање на отпадни батерии и акумулатори немаат обврска за доставување на податоците од ставовите (1) и (2) на овој член, доколку истите не вршат собирање, третман или рециклирање на отпадните батерии и акумулатори. (8) Рокот за доставување на обрасците од ставовите (1) и (2) на овој член се уредува со договорот склучен меѓу колективниот постапувач или самостојниот постапувач и правното или физичкото лице за вршење на работите за собирање, третман или рециклирање на отпадни батерии и акумулатори, на начин кој ќе овозможи почитување на обврските за доставување на извештаи на колективниот постапувач или самостојниот постапувач утврдени со овој закон. Член 32 Одземање на дозволите и бришење од регистарот (1) Стручниот орган ќе започне постапка за одземање на дозволата од членот 22 на овој закон и/или потврдата од членот 23 на овој закон на колективниот постапувач, односно на самостојниот постапувач доколку со извештај од спроведен надзор се констатира дека: не обезбедува постапување со отпадните батерии и акумулатори во согласност со овој или друг закон, не достави годишен извештај согласно со членот 30 од овој закон, не ги исполни националните цели согласно со членот 35 од овој закон редоследно во две години или за две години во период од три години и не обезбеди собирање на автомобилски батерии и акумулатори во количините утврдени согласно со членот 40 став (1) точка 4 од овој закон. (2) Стручниот орган ќе започне постапка за одземање на дозволата, односно потврдата доколку со инспекциски надзор извршен од државен инспектор за животна средина се докаже дека колективниот 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 27/57 постапувач или самостојниот постапувач собирањето, третманот и отстранувањето на отпадот од батерии и акумулатори го вршат спротивно на овој закон и прописите за управување со отпад. (3) Стручниот орган ќе започне постапка за бришење на производителот од регистарот на производители од членот 12 став (4) на овој закон, доколку со извештај од спроведен надзор се констатира дека производителот кој не обезбедил постапување со отпадни батерии и акумулатори, го нема платено надоместокот од членот 39 на овој закон за батериите и акумулаторите кои ги пуштил на пазарот во текот на една година. (4) Стручниот орган ќе започне постапка за бришење на производителот од регистарот на производители од членот 12 став (4) на овој закон, доколку со извештај за спроведениот надзор се констатира дека производителот кој е регистриран како мал производител ги надминал количините за батериите и акумулаторите кои ги пуштил на пазарот во текот на една година утврдени со членот 20 став (1) од овој закон. Член 33 Обврски на производителот, поседувачот и/или трговецот како крајните корисници (1) Производителот, поседувачот и/или трговецот кој за вршење на дејност или активност, сам увезува батерии и акумулатори и за тоа нема претходен посредувач или доставувач во Република Македонија, и со тоа истовремено е и краен корисник, е должен за отпадните батерии и акумулатори кои тој ги создава, да обезбеди постапување со истите на следниов начин: да склучи договор со колективен постапувач од членот 22 на овој закон кој во негово име и за негова сметка ќе обезбеди собирање на отпадните батерии и акумулатори или самостојно да постапува со отпадните батерии и акумулатори и обезбеди нивно собирање, преработка и рециклирање во согласност со членот 23 од овој закон. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, производителот, поседувачот и/или трговецот кој за вршење на својата дејност или активност, сам увезува индустриски и автомобилски батерии и акумулатори и за тоа нема претходен посредувач или доставувач во Република Македонија, и со тоа истовремено е и краен корисник, е должен за отпадните индустриски и автомобилски батерии и акумулатори кои тој ги создава, да безбеди договор за преземање на истите со правно лице кое има соодветна дозвола согласно со Законот за управување со отпад. Член 34 Исклучоци од постапувањето (1) Малиот производител не е должен да склучи договор со колективен постапувач од членот 22 на овој закон или да обезбеди дозвола во согласност со членот 23 од овој закон, доколку количината на батериите и акумулаторите што ги пуштил на пазар или ги увезува како краен корисник, не ги надминува количините на годишно ниво утврдени во членот 20 став (1) од овој закон. (2) Исклучокот од ставот (1) на овој член, не го ослободува малиот производител од спроведување на другите обврски утврдени во овој закон за постапување со батериите и акумулаторите и отпадните батерии и акумулатори. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 28/57 V. НАЦИОНАЛНИ ЦЕЛИ ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ Член 35 Национални цели за собирање (1) На територијата на Република Македонија, следните количества на преносни отпадни батерии и акумулатори треба да се соберат во следниов временски рок до крајот на: а) 2016 година, минимум 25% од тежината на преносните батерии и акумулатори што се пуштени на пазарот на територијата на Република Македонија и б) 2020 година, минимум 45% од тежината на преносните батерии и акумулатори што се пуштени на пазарот на територијата на Република Македонија. (2) Извезените количества на преносни батерии и акумулатори од територијата на Република Македонија нема да се засметуваат во количините од ставот (1) на овој член. (3) Количината на отпадни преносливи батерии и акумулатори која секој одделен производител е должен да ја собере во тековната година заради постигнување на целите од ставот (1) на овој член треба да е еднаква на делот кој одговара на неговата годишна количина на батерии и акумулатори коишто ги пуштил на пазар во Република Македонија, во однос на количината за која се одговорни сите производители кои пуштиле на пазарот во Република Македонија батерии и акумулатори. (4) Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина може да утврди проценти за собирање на преносни батерии и акумулатори за секоја година посебно заради постепено постигнување на целите од ставот (1) на овој член, претходно усогласени со економските оператори. (5) Целите од ставот (1) на овој член Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина може да ги ревидира по потреба, а најмалку еднаш на три години, во согласност со програмата од членот 36 на овој закон. (6) Во количините од ставот (1) на овој член се засметуваат и преносните батерии и акумулатори коишто се вградени во уреди или во електронската и електричната опрема. (7) Стручниот орган ја следи реализацијата на стапките на собирање на годишно ниво врз основа на податоците добиено согласно со членовите 30 и 31 од овој закон. (8) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите во областа на животната средина го пропишува начинот на следење и пресметка на реализацијата на стапките за собирање на отпадни батерии и акумулатори, како и формата и содржината на образецот за следење и пресметка. Член 36 Програма за управување со отпадни батерии и акумулатори (1) За постигнување на националните цели утврдени во член 35 од овој закон и исполнување на количините од членот 40 став (1) точка 4 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 29/57 на овој закон, на предлог на стручниот орган, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина донесува Програма за управување со отпадни батерии и акумулатори (во натамошниот текст: Програмата). (2) Програмата се донесува за период од најмалку пет години и особено содржи: опис и оцена на постојната состојба во управувањето со отпадните батерии и акумулатори, опис на субјектите кои постапуваат со отпадните батерии и акумулатори, количина и вид на батериите и акумулаторите кои се пуштаат на пазарот во Република Македонија, како и идни предвидувања и тренд на развој во наредниот петгодишен период, мерки за поттикнување на собирањето на отпадните батерии и акумулатори, мерки за поттикнување на истражувањето и подобрувањата во поглед на севкупните еколошки карактеристики на батериите и акумулаторите за време на нивниот севкупен животен циклус, мерки за развојот и маркетингот на батерии и акумулатори кои содржат помали количества опасни супстанции, или кои содржат помалку загадувачки супстанции, особено како замена за живата, кадмиумот и оловото, мерки со цел за помагање на развој на нови технологии за рециклирање, третман и преработка и поттикнување на истражувањето на еколошки и рентабилни методи за рециклирање на сите видови батерии и акумулатори, мерки за поддржување на капацитетите за третман и преработка со цел за воведување на сертифицирана програма за еколошко управување кои се однесуваат на шемите за управување со животната средина и за ревизија (EMAS), мерки за спречување на создавањето на отпадните батерии и акумулатори, мерки за поттикнување на степенот на собирање на отпадните батерии и акумулатори, мерки за подобрување на состојбата на пазарот за третман, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори, мерки за намалување на присуството на опасни супстанции во батериите и акумулаторите, економски мерки, мерки за едукација и спроведување на кампања за подигање на јавната свест за постапување со отпадните батерии и акумулатори, преглед на законската регулатива за управување со отпадните батерии и акумулатори и мерки за нејзино подобрување, насоки за идниот развој на управувањето со отпадните батерии и акумулатори, цели на количества на отпадните батерии и акумулатори кои треба да се соберат, третираат и/или преработат во наредниот период и други прашања кои се од значење за управувањето со батериите и акумулаторите. (3) Програмата се изработува со учество на субјектите кои постапуваат со отпадните батерии и акумулатори, органите на државната и локалната власт, невладините организации и други јавни и научни установи и институции. Член 37 Доброволно договарање (1) Економските оператори можат да пристапат кон склучување на доброволен договор со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина преку кој ќе ги регулираат меѓусебните обврски и права заради спроведување на програмата за постапување со отпадни 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 30/57 батерии и акумулатори од членот 24 на овој закон, информирање на крајните корисници за постапувањето со отпадните батерии и акумулатори, постигнување на поголеми цели од оние утврдени во членот 35 од овој закон, постигнување на поголеми количини од оние утврдени во членот 40 став (1) точка 4 од овој закон и/или постигнување на целите од членот 2 на овој закон. (2) Договорот од ставот (1) на овој член задолжително ги уредува следниве прашања: рок на важност, цели и рок за нивно постигнување, начин на следење на реализацијата на целите и роковите утврдени во договорот, обврски и права на економските оператори и на надлежните органи на државната власт, услови и начини за следење на исполнување на обврските утврдени во договорот, мерки, начинот на преземањето на мерките и пеналите кои можат да се применат во случај на неисполнување на обврските утврдени во договорот и услови и начин на раскинување на обврските и начинот на надоместување на загубите. (3) Договорот од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија". (4) Договорот од ставот (1) на овој член, како и начинот и резултатите од неговото спроведување се достапни на јавноста. Член 38 База на податоци и информативен систем (1) Стручниот орган е должен да воспостави и води база на податоци за батериите и акумулаторите што се пуштаат на пазар во Република Македонија. (2) Базата се води врз основа на податоците од извештаите доставени во согласност со членовите 30 и 31 на овој закон и особено ги содржи следниве податоци за: 1) количината и видот на батериите и акумулаторите што се пуштени на пазар во Република Македонија; 2) количината и видот на отпадните батерии и акумулатори кои се собрани; 3) количината и видот на отпадните батерии и акумулатори кои се третирани, преработени или рециклирани; 4) количини и процент на остварување на националните цели од членот 35 на овој закон и количините од членот 40 став (1) точка 4 на овој закон и 5) вкупен преглед на постапувањето со отпадните батерии и акумулатори. (3) Врз основа на податоците од ставот (2) на овој член стручниот орган најдоцна до 30 мај во тековната година објавува извештај во кој се опишува состојбата со управувањето со батериите и акумулаторите што се пуштаат на пазар во Република Македонија во последните три години. (4) Заедно со извештајот од ставот (3) на овој член стручниот орган објавува податоци за реализација на програмата од членот 36 на овој закон, како и податоци за постојните системи за постапување со отпадни батерии и акумулатори. (5) Во извештајот од ставот (3) на овој член стручниот орган доставува податоци за сите мерки кои се преземени со цел да се намали влијанието врз животната средина батериите и акумулаторите, особено 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 31/57 за мерките кои се однесуваат на: а) развој, вклучувајќи доброволни мерки кои ги преземаат производителите, со цел намалување на количествата тешки метали и други опасни супстанции содржани во батериите и акумулаторите; 6) нови техники на рециклирање и третман; в) учество на економските оператори во програми за управување со животната средина; г) истражување во наведените области и д) промовирање на намалувањето на отпадот. (6) Податоците собрани врз основа на овој член се обработуваат и валидираат од страна на Македонскиот информативен центар за животна средина во Информативен систем за отпадни батерии и акумулатори, кој е составен дел на Информативниот систем за животна средина. (7) Обработените и валидираните податоци од ставот (6) на овој член се доставуваат до надлежните тела и органи на Европската комисија и истите се достапни на јавноста. Член 39 Економски инструменти (1) Производителот кој за прв пат пушта на пазарот во Република Македонија батерии и акумулатори, како и производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува во Република Македонија батерии и акумулатори, е должен да плати надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори (во натамошниот текст: надоместок). (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член изнесува: вид на производот износ 1) преносни батерии и акумулатори 120,00 ден/кг 2) оловни автомобилски и индустриски батерии и акумулатори 0,9 ден/ кг 3) други неоловни индустриски и автомобилски батерии и акумулатори 8,5 ден/кг (3) Надоместокот се пресметува врз основа на нето тежина на батериите и акумулаторите. (4) Обврската за пресметување на надоместокот настанува во моментот кога за прв пат производителот пушта во Република Македонија батерии и акумулатори. (5) Обврската за пресметување на надоместокот за производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува во Република Македонија батерии и акумулатори, со чие користење создава отпадни батерии и акумулатори, настанува во моментот кога го започнал користењето на истите. (6) Производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува батерии и акумулатори е должен да го плати надоместокот од ставот (2) на овој член на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка на секој 15 ден во тековниот месец за сите пресметани надоместоци од претходниот месец. (7) Надоместокот не се плаќа доколку батериите и акумулаторите се извезуваат. (8) Во случајот од ставот (7) на овој член, производителот и производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува батерии и акумулатори, е должен да обезбеди извозна царинска декларација како доказ дека количината на батериите и акумулаторите, за која не е пресметан надоместокот од ставот (2) на 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 32/57 овој член, е извезена од Република Македонија. (9) Во случај на извоз на батерии и акумулатори на кои се наплатува надоместок определен со овој член, за кои претходно е уплатен надоместок од ставот (2) на овој член, производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува батерии и акумулатори, имаат право на враќање на уплатениот надоместок за извезената количина врз основа на решение издадено од стручниот орган. (10) Против решението од ставот (9) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (11) Средствата од надоместокот од ставот (2) на овој член се приход на Буџетот на Република Македонија. (12) Владата на Република Македонија, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на финансиите, ги пропишува начинот, постапката и потребната документација за враќање на надоместокот во случаите од ставот (9) на овој член. Член 39а Обврска за начинот на пресметување, уплатување, како и за водење на евиденција за пресметаниот и уплатениот надоместок (1) Производителот кој пушта на пазар батерии и акумуалтори и производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува батерии и акумулатори (во натамошниот текс: обврзникот) е должен надоместокот од членот 39 став (2) од овој закон навремено и правилно да го пресметува и уплатува како и да води, одржува и чува уредна и точна евиденција за пресметаниот и уплатен надоместок. (2) Врз основа на евиденцијата од ставот (1) на овој член, обврзникот составува и на секои три месеци доставува до стручниот орган пресметка за уплатениот надоместок на посебен образец. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина во согласност со министерот за финасии го пропишува начинот и постапката за водење, одржување и чување на евиденцијата од ставот (1) на овој член, како и формата и содржината на образецот од ставот (2) на овој член. Член 40 Ослободување од плаќање на надоместокот (1) Од плаќање на надоместокот од членот 39 став (2) на овој закон се ослободени: 1) производителот и производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува батерии и акумулатори склучил договор за преземање на обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори со правно лице кое има обезбедено дозвола согласно со членот 22 став (8) од овој закон; 2) производителот и производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува батерии и акумулатори има обезбедено потврда дека производителот е регистриран како самостоен постапувач согласно со членот 23 став (3) од овој закон; 3) производителот кој е определен како мал производител согласно со 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 33/57 членот 20 од овој закон и 4) производителот и производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува автомобилски батерии и акумулатори не обезбеди, како самостоен постапувач или преку колективен постапувач, собирање на најмалку 80% од годишната количина на автомобилски батерии и акумулатори што ги пуштил на пазарот во Република Македонија. (2) Производителот и производителот, поседувачот и трговецот кој како краен корисник увезува батерии и акумулатори од ставот (1) точка 1 на овој член се ослободени од плаќање на надоместокот од членот 39 став (2) на овој закон, доколку поседува потврда од членот 22 став (8) на овој закон. (3) Формата и содржината на образецот на потврдата од ставот (2) на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) По исклучок од ставот (1) на овој член, надоместокот од членот 39 став (2) на овој закон, колективниот постапувач или самостојниот постапувач го плаќаат во двоен износ, доколку: 1) колективниот постапувач или самостојниот постапувач не поднесе извештај согласно со членот 30 од овој закон; 2) стручниот орган не го одобри извештајот согласно со членот 30 став (5) од овој закон, заради неисполнување на националните цели утврдени во членот 35 од овој закон или не е обезбедено собирање на автомобилски батерии и акумулатори во количини утврдени согласно со членот 40 став (1) точка 4 од овој закон. Во овој случај надоместокот се плаќа само за разликата меѓу националните цели утврдени согласно со членот 35 од овој закон, односно количините утврдени согласно со членот 40 став (1) точка 4 од овој закон и постигнатите цели, односно количини согласно со годишниот извештај и/или наодот на стручниот орган и 3) е доставен неточен годишен извештај согласно со членот 30 од овој закон во однос на видот и количината на батерии и акумулатори што ги пуштил на пазар во Република Македонија или ги увезол како краен корисник. (5) За случаите од ставот (4) на овој член стручниот орган донесува решение. (6) Против решението од ставот (5) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (7) Во случаите од ставот (4) на овој член, двојниот надоместок се пресметува според висината на надоместокот, утврден во членот 39 став (2) од овој закон, сразмерно на уделот на видот и количината на батериите и акумулаторите коишто се пуштени на пазар во Република Македонија. Член 41 Користење на надоместокот и Програма за финансирање (1) Средствата собрани од надоместокот од членот 39 став (2) на овој закон се користат за спроведување на мерки и активности што се утврдени во Програмата за управување со отпадни батерии и акумулатори од членот 36 на овој закон. (2) Финансирањето и реализацијата на мерките и активностите од ставот (1) на овој член се врши врз основа на годишна програма за финансирање што стручниот орган ја подготвува врз основа на 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 34/57 Програмата од членот 36 на овој закон. (3) Годишната програма за финансирање ја донесува Владата на Република Македонија на предлог од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Доделувањето на средствата од програмата од ставот (3) на овој член, се врши по пат на јавен конкурс. (5) По исклучок од ставот (2) на овој член дел од средствата од програмата од ставот (3) на овој член, може да се доделат и со одлука на Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, доколку средствата се наменети за исполнување на обврските кои се утврдени во доброволните договори од членот 37 на овој закон. Член 42 Јавен конкурс (1) Јавниот конкурс од членот 41 став (4) на овој член се спроведува од комисија формирана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Комисијата од ставот (1) на овој член е составена од пет члена од кои: еден е претставник од стручниот орган, еден е претставник од колективниот постапувач од членот 22 на овој закон, еден е претставник од самостоен постапувач од членот 23 на овој закон; еден претставник од трговците кои вршат продажба на батерии и акумулатори во Република Македонија и еден претставник од правните лица кои вршат собирање, третман и/ или преработка на отпадните батерии и акумулатори. (3) Јавниот конкурс од членот 41 став (4) на овој закон се објавува во „Службен весник на Република Македонија" и во најмалку два дневни весници кои излегуваат на целата територија на Република Македонија во траење од 30 дена. (4) Комисијата од ставот (2) на овој член е должна да донесе одлука за распоредување на средствата во рок од 30 дена од денот на истекувањето на рокот од ставот (4) на овој член. (5) Резултатите од конкурсот се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија". Член 42а (1) Доколку Комисијата од членот 42 став (1) од овој закон по објавениот јавен конкурс и рокот утврден во членот 42 став (4) од овој закон не донесе одлука за распоредување на средствата, односно не донесе акт за не вршење избор, учесникот на јавниот конкурс има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина да донесе одлука за распоредување на средствата по објавениот јавен конкурс од членот 42 став (4) од овој закон. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 35/57 (2) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член учесникот на јавниот конкурс поднесува копија од барањето за распоредување на средства по пат на јавен конкурс. (4) Министерот кој раководи со органот на државнтата управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (1) на овој член да донесе одлука со која барањето за распоредување на средства по пат на јавен конкурс е уважено или одбиено. (5) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не ја донесе одлуката во рокот од ставот (4) на овој член, учесникот на јавниот конкурс може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши инспекциски надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира учесникот на јавниот конкурс за утврдената состојба при извршениот надзор. (7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторoт за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (8) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (5) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 36/57 постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (6) и (7) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (8) и (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Во случајот од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случајот од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (16) Доколку министерот не одлучи во рокот од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна. VI. НАДЗОР Член 43 (1) Надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (2) Инспекциски надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, врши Државниот инспекторат за животна средина. (3) Надзор над извештаите поднесени согласно со членовите 30 и 31 од овој закон врши стручниот орган. (4) За работите од надлежност на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје утврдени со овој закон, инспекциски надзор над примената и спроведувањето на овој закон го вршат овластените инспектори за животна средина на општините, овластените инспектори за животна средина на општините во градот Скопје и овластените инспектори за животна средина на градот Скопје. (5) Инспекциски надзор над примената и спроведувањето на овој закон во однос на означувањето на батериите и акумулаторите и поседувањето на садови за собирање на отпадни батерии и акумулатори кај трговците, како и во однос на известување на потрошувачите врши Државниот пазарен инспекторат. (6) Инспекциски надзор над примената на овој закон во делот на 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 37/57 незаконското постапување со отпадните батерии и акумулатори од страна на граѓаните и негово оставање или предавање како комунален отпад вршат комуналните инспектори и овластените инспектори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Член 43а Надзор на пресметан и уплатен надоместок (1) Надзор на пресметаниот и уплатениот надоместок, ослободување од плаќање на надоместокот, како и за почитување на роковите за уплатување на надоместоците врши Државниот инспекторат за животна средина, преку државните инспектори за животна средина. (2) За извршениот надзор од ставот (1) на овој член државниот инспектор за животна средина донесува решение. (3) Против решението од ставот (2) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (4) Во случај кога со решението од ставот (2) на овој член, кое е конечно во управна постапка, е утврдено враќање на платениот надоместок, државниот инспектор за животна средина е должен решението да го достави до Министерството за финансии заради негова реализација. (5) Во случај кога со решението од ставот (2) на овој член, кое е конечно во управна постапка, е утврдено дека обрзникот треба да плати надоместок, државниот инспектор за животна средина е должен решението да го достави до обврзникот. Член 44 (1) Државниот инспектор, односно овластениот инспектор, односно другиот орган на државната управа што го извршил инспекцискиот надзор е должен да води евиденција за надзорите и увидите извршени на правните и физичките лица за кои изготвува квартален извештај и истиот го објавува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно на веб страницата на општината, односно градот Скопје, односно на веб страницата на другиот орган на државната управа кој го извршил инспекцискиот надзор согласно со Законот за животната средина. (2) Државните инспектори за животна средина, овластените инспектори за животна средина на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, државните пазарни инспектори, комуналните инспектори на општините, општините во градот Скопје и на градот Скопје при преземањето на активности за вршење на инспекциски надзор над примената на овој закон, можат да побараат соработка од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи. Член 44а Постапување по пријава од физичко или правно лице (1) Државните инспектори за животна средина, овластените инспектори за животна средина на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, комуналиите инспектори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и државните пазарни инспектори, се должни во рок од седум дена да постапат по иницијатива или пријава за поведување на инспекциска постапка. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 38/57 (2) Во случаите од ставот (1) на овој член државните инспектори за животна средина, овластените инспектори за животна средина на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, комуналиите инспектори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и државните пазарни инспектори, се должни да го известат подносителот на иницијативата или пријавата за поведување на инспекциска постапка во рок од седум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. Член 45 Делокруг на надзор на државниот инспектор за животна средина (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг државниот инспектор за животна средина, има право да: 1) врши увид и контрола и да утврди дали батериите и акумулаторите имаат присуство на тешки метали спротивно на членот 8 од овој закон; 2) врши увид и контрола и да утврди дали со отпадните батерии и акумулатори се постапува спротивно на членот 9 од овој закон; 3) врши увид и контрола и да утврди дали правните или физичките лица кои пуштаат батерии и акумулатори на пазарот во Република Македонија се регистрирани во согласност со членот 12 од овој закон; 4) врши увид и контрола и да утврди дали правните или физичките лица ги оставаат отпадните батерии и акумулатори на места означени за таа намена (член 14); 5) врши увид и контрола и да утврди дали правните или физичките лица како крајни корисници отпадните батерии и акумулатори ги собираат и чуваат одвоено (член 15 ставови (1) и (2)); 6) врши увид и контрола и да утврди дали поседувачот и трговецот ги прима преносливите отпадни батерии и акумулатори предадени од страна на крајните корисници во согласност со членот 16 од овој закон; 7) врши увид и контрола и да утврди дали поседувачот има поставени садови за собирање на отпадните батерии и акумулатори и известување за начинот на собирање на отпадните батерии и акумулатори (член 17 ставови (1) и (4)); 8) врши увид и контрола и да утврди дали поседувачот и трговецот ги предаваат собраните батерии и акумулатори на лица овластени за собирање (член 17 став (5)); 9) врши увид и контрола и да утврди дали производителот ги исполнил обврските што произлегуваат од членот 18 на овој закон; 10) врши увид и контрола и да утврди дали производителите обезбедуваат собирање на отпадните батерии и акумулатори во согласност со членот 19 од овој закон; 11) изврши увид и контрола и да утврди дали се исполнети условите за ослободување (член 20); 12) изврши увид и контрола и да утврди дали производителот самостојно или преку колективно лице постапува со батериите и акумулаторите (член 21 став (1)); 13) изврши увид и контрола и да утврди дали колективниот постапувач поседува дозвола согласно со членот 22 од овој закон; 14) изврши увид и контрола и да утврди дали производителот кој самостојно постапува со отпадните батерии и акумулатори поседува дозвола согласно со членот 23 од овој закон; 15) изврши увид и контрола и да утврди дали собирањето на индустриските отпадни батерии и акумулатори е доверено на правно или физичко лице кое поседува дозвола за собирање на опасен отпад согласно со Законот за управување со отпад (член 25 став (8)); 16) изврши увид и контрола и да утврди дали бројот на локациите на собирните места и центри за собирање на отпадни преносни батерии и акумулатори одговараат на условот од поставување на едно собирно место или центар на 1.000 еквивалент жители (член 25 став (10)); 17) изврши увид и контрола и да утврди дали бројот и локациите на собирните места и центри за собирање на отпадни автомобилски 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 39/57 батерии и акумулатори одговара на условот од поставување на најмалку едно собирно место или центар на 5.000 еквивалент жители (член 25 став (11)); 18) изврши увид и контрола и да утврди дали третманот и рециклирањето на отпадните батерии и акумулатори се врши согласно со членот 26 од овој закон; 19) изврши увид и контрола и да утврди дали е доставен извештај за степенот на ефикасноста на рециклирањето што се постигнува во секоја календарска година (член 26 став (5)); 20) изврши увид и контрола и да утврди дали се исполнуваат обврските за постапување согласно со членот 27 од овој закон; 21) изврши увид и контрола и да утврди дали поседувачот и трговецот, кој поседува или врши продажба на батерии и акумулатори има поставено садови за собирање на отпадните батерии и акумулатори, има поставено известувања во кои се содржани информации за постапувањето и ги спроведуваат своите обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори (член 28); 22) врши увид и контрола и да утврди дали се доставуваат извештаи согласно со членовите 30 и 31 од овој закон; 23) врши увид и контрола и да утврди дали производителот, поседувачот и/или трговецот кој за вршење на својата дејност или активност, сам увезува батерии и акумулатори и за тоа нема претходен посредувач или доставувач во Република Македонија постапува согласно со членот 33 од овој закон; 24) врши увид и контрола и да утврди дали документите и податоците со кои се тврди дека се исполнети национални цели од членот 35 на овој закон се веродостојни; 25) врши увид и контрола и да утврди дали се исполнуваат обврските што произлегуваат од доброволните договори (член 37) и 26) врши увид и контрола и да утврди дали се исполнуваат обврските и условите за постапување со отпадни батерии и акумулатори што се утврдени во овој закон. (2) Ако државниот инспектор за животна средина при вршењето на инспекцискиот надзор утврди дека: 1) собирањето на индустриските отпадни батерии и акумулатори е доверено на правно или физичко лице кое не поседува дозвола за собирање на опасен отпад согласно со Законот за управување со отпад (член 25 став (8)), привремено ќе ги одземе батериите и акумулаторите кои се собрани. (3) За извршеното одземање на батериите и акумулаторите од ставот (2) на овој член државниот инспектор за животна средина издава потврда. (4) На барање на државниот инспекторат за животна средина во вршењето на инспекцискиот надзор може да учествува и државен службеник вработен во стручниот орган. (5) Државниот инспектор за животна средина е должен да изврши инспекциски надзор кога тоа го побарал стручниот орган. Член 46 Донесување на решенија на државниот инспектор за животна средина (1) При вршењето на инспекцискиот надзор на правните и физички лица, инспекторот за животна средина, со решение ќе: 1) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена доколку батериите и акумулаторите имаат тешки метали спротивно на она што е утврдено во членот 8 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена во кој треба да ги отстрани последиците и за тоа ќе го извести државниот пазарен инспекторат (член 8); 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 40/57 2) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 120 дена доколку со отпадните батерии и акумулатори се постапува спротивно на членот 9 од овој закон; 3) ги задолжи да се регистрираат согласно со членот 12 од овој закон; 4) ги задолжи отпадните батерии и акумулатори да ги отстават на места означени за таа намена и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена да ги отстранат утврдените недостатоци (член 14); 5) ги задолжи отпадните батерии и акумулатори да ги собираат и чуваат одвоено и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена да ги отстранат утврдените недостатоци (член 15); 6) ги задолжи да постапуваат согласно со членот 16 од овој закон; 7) ги задолжи да ги исполнат условите од членот 17 на овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена да ги отстранат утврдените недостатоци; 8) ги задолжи да ги исполнат обврските од членовите 18 и 19 на овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена да ги отстранат утврдените недостатоци; 9) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку немаат склучено договор за преземање на обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори со колективен постапувач или самиот не постапува со нив како самостоен постапувач (член 21); 10) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку колективниот постапувач не поседува дозвола од членот 22 став (2) на овој закон; 11) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку самостојниот постапувач не поседува дозвола од членот 23 на овој закон; 12) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку немаат изработено програма согласно со членот 24 од овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 60 дена да ја изработат програмата; 13) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку не се исполнети условите и не се спроведуваат условите предвидени во програмата од членот 24 на овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 60 дена да ги отстранат недостатоците; 14) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку собирањето на индустриските отпадни батерии и акумулатори го врши правно или физичко лице кое не поседува дозвола за собирање на опасен отпад согласно со Законот за управување со отпад (член 25 став (8)); 15) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку бројот и локациите на собирните места и центри не се во согласност со членот 25 ставови (10) и (11) од овој закон и ќе ги задолжи во рок кој не може да биде подолг од 60 дена да ги отстранат недостатоците; 16) ги задолжи третманот и рециклирањето да се одвива согласно со членот 26 од овој закон; 17) ги задолжи да ги исполнуваат обврските од членот 27 на овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 90 дена да ги отстранат недостатоците; 18) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 15 дена, доколку не се исполнети обврските од членот 28 на овој закон; 19) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 90 дена, доколку не се доставени извештаите од членовите 30 и 31 на овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 90 дена да ги отстранат недостатоците; 20) предложи започнување на постапка за одземање на дозволата од членот 22 и потврдата од членот 23 на овој закон и ќе предложи започнување на постапка за бришење од регистарот од членот 12 на овој закон, доколку утврди дека се исполнети условите од членот 32 на овој закон; 21) ги задолжи да ги исполнуваат обврските од членот 33 на овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 90 дена да ги 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 41/57 отстранат недостатоците; 22) ги задолжи да преземат мерки за постапување со отпадните батерии и акумулатори доколку не се постигнати националните цели од членот 35 на овој закон; 23) ги задолжи да преземат мерки за исполнување на обврските утврдени во доброволниот договор (член 37) и 24) ги задолжи да преземат мерки за исполнување на условите и обврските утврдени во овој закон. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, државниот инспектор за животна средина утврди дека субјектите коишто управуваат со отпадните батерии и акумулатори не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди, препораки и други општи акти, со записник ќе ги констатира утврдените неисправности и неправилности и во решението ќе го определи рокот во кој треба да се отстранат. (3) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на државните инспектори за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состој ба утврдени со решението, државниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен орган. (4) Жалба против решението на државниот инспектор за животна средина, може да се изјави во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (5) За вршењето на работите од ставот (1) на овој член државниот инспектор за животна средина има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина и Законот за управување со отпад. Член 47 Делокруг на надзор на овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и градот Скопје и на комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и градот Скопје и комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје, имаат право: 1) да вршат увид и контрола и да утврдат дали отпадните батерии и акумулатори се оставаат на места кои не се означени за таа намена (членови 14 и 15) и 2) да вршат увид и да утврдат дали колективниот постапувач и/или самостојниот постапувач го организира одделното собирање на отпадните батерии и акумулатори на подрачјето на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје преку воспоставување на собирни места и центри и обезбедуваат редовно собирање на отпадните батерии и акумулатори од собирните места и центри согласно со склучените договори (член 29). Член 48 Донесување на решенија на овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и градот Скопје и на комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 42/57 (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, овластените инспектори за животна средина на општините, на општините во градот Скопје и градот Скопје и комуналните инспектори на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје (во натамошниот текст: овластен инспектор), правните и физички лица, со решение ќе: 1) ги задолжи отпадните батерии и акумулатори да ги остави на места означени за таа намена и ќе им определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена во кој треба да ги отстранат последиците (членови 14 и 15) и 2) ги задолжи да преземат мерки со цел за исполнување на обврските утврдени во договорот и ќе им определи рок кој не може да биде подолг од 90 дена во кој треба да ги отстранат последиците (член 29). (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, овластениот инспектор утврди дека субјектите коишто управуваат со отпадните батерии и акумулатори не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди, препораки и други општи акти, со записник ќе ги констатира утврдените неисправности и неправилности и во решението ќе го определи рокот во кој треба да се отстранат. (3) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на овластените инспектори и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, овластениот инспектор ќе поднесе Барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен орган. (4) Жалба против решението на овластениот инспектор за животна средина на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и комуналните инспектори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, може да се изјави во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (5) За вршењето на работите од ставот (1) на овој член овластениот инспектор има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина и Законот за управување со отпад. Член 49 Делокруг на надзор на државниот пазарен инспектор (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг државниот пазарен инспектор, има право да: 1) врши увид и контрола и да утврди дали се доставува упатство согласно со членот 7 став (2) од овој закон; 2) врши увид и контрола и да утврди дали батериите и акумулаторите што се пуштени на пазар се означени согласно со членот 10 од овој закон; 3) врши увид и контрола и да утврди дали батериите и акумулаторите што се пуштени на пазарот во Република Македонија ги исполнуваат условите утврдени во овој закон кои се однесуваат на составот на батериите и акумулаторите и начинот на нивното означување (член 11); 4) врши увид и контрола и да утврди дали батериите и акумулаторите што се пуштени на пазарот од Република Македонија потекнуваат од правни лица кои се регистрирани за тоа согласно со членот 12 од овој закон; 5) врши увид и контрола и да утврди дали трговецот ги прима преносливите отпадни батерии и акумулатори предадени од страна на крајните корисници во согласност со членот 16 од овој закон; 6) врши увид и контрола и да утврди дали трговецот има поставено соодветни садови на собирни точки за собирање на отпадни батерии и акумулатори (член 17 став (2)) и 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 43/57 7) врши увид и контрола и да утврди дали трговецот поставува известување на кое ќе бидат наведени информации за крајниот корисник за начинот на собирање на отпадните батерии и акумулатори на собирните точки во рамките на својот деловен простор (член 17 став (4)). (2) Ако државниот пазарен инспектор при вршењето на инспекцискиот надзор утврди дека: 1) батериите и акумулаторите не се означени согласно со членот 10 од овој закон; 2) батериите и акумулаторите што се пуштени на пазарот во Република Македонија не ги исполнуваат условите утврдени во овој закон кои се однесуваат на составот на батериите и акумулаторите и начинот на нивното означување (член 11) и 3) батериите и акумулаторите што се пуштени на пазарот од Република Македонија потекнуваат од правни лица кои не се регистрирани за тоа согласно со членот 12 од овој закон, привремено ќе ги одземе батериите и акумулаторите со кои се врши трговија. (3) За извршеното одземање на батериите и акумулаторите од ставот (2) на овој член државниот пазарен инспектор издава потврда. (4) За одземените предмети од ставот (2) точка 3 на овој член Државниот пазарен инспекторат постапува согласно со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапкa. (4) Во вршењето на работите од ставовите (1) и (2) на овој член државниот пазарен инспектор има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за пазарен инспекторат, Законот за животната средина и Законот за управување со отпад. 2 Член 50 Донесување на решенија на државниот пазарен инспектор (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, државниот пазарен инспектор, правните и физички лица со решение ќе: 1) ги задолжи да приложат упатство согласно со членот 7 став (2) од овој член; 2) ги задолжи да ги повлечат од пазар батериите и акумулаторите кои имаат присуство на тешки метали спротивно на членот 8 од овој закон; 3) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 15 дена, доколку батериите и акумулаторите што се пуштени на пазар не се означени согласно со членот 10 од овој закон и ќе ги задолжи во рок од 15 дена да ги отстранат последиците; 4) ги задолжи да ги повлечат од пазар батериите и акумулаторите кои не се означени согласно со членот 10 од овој закон; 5) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 15 дена, доколку батериите и акумулаторите што се пуштени на пазар не ги исполнуваат условите од членот 11 на овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 15 дена да ги отстранат последиците; 6) ја ограничи и/или забрани работата во рок од најмногу 30 дена, доколку утврди дека батериите и акумулаторите што се пуштени на пазарот од Република Македонија потекнуваат од правни лица кои се регистрирани за тоа согласно со членот 12 од овој закон и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 15 дена да ги отстранат последиците; 7) ги задолжи да ги спроведуваат обврските од членот 16 на овој закон; 8) ги задолжи да постават соодветни садови на собирни точки за собирање на отпадни батерии и акумулатори (член 17 став (2)) и 9) ги задолжи да постават известување на кое ќе бидат наведени 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 44/57 информации за крајниот корисник за начинот на собирање на отпадните батерии и акумулатори на собирните точки во рамките на својот деловен простор (член 17 став (4)). (2) Жалба против решението на државниот пазарен инспектор може да се изјави во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 51 Примена на одредби од други закони во инспекцискиот надзор Државните инспектори за животна средина, овластените инспектори за животна средина, комуналните инспектори на општините, инспекцискиот надзор во областа на управување со батерии и акумулатори и отпад од батерии и акумулатори го спроведуваат во согласност со одредбите од овој закон, Законот за управување со отпад, Законот за инспекцискиот надзор и Законот за животната средина. Член 52 Постапка за едукација (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за животна средина, односно друг орган кој го извршил инспекцискиот надзор утврди дека е сторена неправилност од членовите 53, 53 став (1) точки 2, 6, 7 и 8, 58 став (1) точки 1, 2, 3, 4, 5 и 7 и 59 на овој закон е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во определен рок и со истовремено врачување на поканата за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за животна средина, односно друг орган на државната управа кој го извршил инспекцискиот надзор во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку државниот инспектор за животна средина, односно друг орган на државната управа кој го извршил инспекцискиот надзор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку државниот инспектор за животна средина, односно друг орган на државната управа кој го извршил инспекцискиот надзор при 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 45/57 спроведувањето на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред Прекршочна комисија. (9) Државниот инспекторат за животна средина, односно друг орган на државната управа кој што извршил инспекциски надзор води единствена евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. VII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 53 Прекршочни санкции за производителите (1) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не постапува во согласност со членот 8 од овој закон; 2) не се регистрира кога за прв пат пушта на пазар или увезува како краен корисник во Република Македонија батерии и акумулатори (член 12 став (1)) и 3) не ја информира јавноста согласно со членот 18 став (5) од овој закон. (2) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. Член 54 (1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не ги дизајнира уредите на начин кој ќе овозможи крајниот корисник лесно да ги отстрани отпадните батерии и акумулатори (член 7 став (1)); 2) не приложи упатство согласно со членот 7 став (2) од овој закон; 3) не ги означува батериите, акумулаторите, како и батериските пакувања кои ги пушта на пазар во Република Македонија согласно со членот 10 став (1) од овој закон; 4) не ги означува и со хемиски симбол батериите, акумулаторите и батериите во форма на копче кои содржат повеќе од 0,0005% жива, повеќе од 0,002% кадмиум и повеќе од 0,004% олово согласно со членот 10 став (2) од овој закон; 5) ознаките од членот 10 ставови (1) и (2) на овој закон не се јасно видливи, читливи и прикажани на неизбришлив начин (член 10 став (3)); 6) не постапува во согласност со членот 16 став (2) од овој закон; 7) не обезбеди собирање на отпадните батерии и акумулатори кои му ги продал на поседувачот или трговецот, а кои тие ги собрале во рок од 48 часа од моментот кога поседувачот или трговецот побарал да ги предаде собраните отпадни батерии и акумулатори (член 19 став (1)); 8) не обезбедил соодветни садови за собирање на отпадни батерии и акумулатори (член 19 став (2)); 9) собирањето на индустриски и автомобилски батерии и акумулатори го доверил на трето лице кое не поседува дозвола за собирање на опасен отпад добиена во согласност со Законот за управување со отпад (член 19 став (4)) и 10) не води евиденција согласно со членот 30 став (6) од овој закон. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 46/57 (2) Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) точки 9 и 10 на овој член, Комисијата за одлучување по прекршоци во областа на животната средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: Прекршочна комисија) може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејноста од која произлегува прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. (5) На одговорното лице во правното лице од ставот (2) и на физичкото лице од ставот (3) на овој член, Прекршочната комисија може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена. Член 55 (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не обезбеди собирање, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори од крајниот корисник независно од нивниот хемиски состав, потекло или датумот кога за прв пат се пуштени на пазар во Република Македонија (член 18 став (1)); 2) не поседува дозвола согласно со членот 23 од овој закон, ниту пак има склучено договор за преземање на обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори со колективен постапувач (член 21 став (1)) и 3) не ги исполни обврските што се утврдени во доброволните договори (член 37). (2) Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на производителот кој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, Прекршочната комисија може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. (5) На одговорното лице во правното лице од ставот (2) и на физичкото лице од ставот (3) на овој член, Прекршочната комисија може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена. Член 56 Прекршочни санкции за мал производител (1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на мал производител кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не води евиденција согласно со членот 30 од овој закон (член 20 став (3)). (2) Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 47/57 изрече на одговорното лице во правното лице за дејствието од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на малиот производител кој е физичко лице за дејствието од ставот (1) на овој член. Член 57 (1) Глоба во износ од 3.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на малиот производител кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) доставил лажни податоци и водел лажна евиденција со цел да се прикаже како мал производител и да биде изземен од обврската согласно со членот 34 од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствието од ставот (4) на овој член. (3) Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на малиот производител кој е физичко лице за дејствието од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, Прекршочната комисија може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. (5) На одговорното лице во правното лице од ставот (2) и на физичкото лице од ставот (3) на овој член, Прекршочната комисија може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена. Член 58 Прекршочни санкции за поседувачите и трговците (1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на поседувачот или трговецот кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) одбие да ги прими преносливите отпадни батерии и акумулатори од страна на крајниот корисник, или за тоа бара за возврат купување на нови батерии и/или акумулатори или наплаќа надоместок за враќањето (член 16 став (1)); 2) поседувачот кој работи со индустриски и автомобилски батерии и акумулатори на производителот одбие бесплатно да ги земе назад отпадните индустриски и автомобилски батерии и акумулатори од крајните корисници, без оглед на нивниот хемиски состав и потекло (член 16 став (2)); 3) не постави соодветни садови согласно со членот 17 ставови (1) и (2) од овој закон; 4) не ги преземе преносливите отпадни батерии и акумулатори кои ги има во својата продажна програма без надоместок или за тоа бара за возврат купување од крајниот корисник, без оглед на произведувачот, вклучувајќи ги и отпадните батерии и акумулатори кои се составни делови на уредите кои се продаваат или сервисираат (член 17 став (3)); 5) не постави известување на видно место на кое ќе бидат наведени информации за крајниот корисник за начинот на собирање на отпадните батерии и акумулатори на собирните места во рамките на својот деловен простор (член 17 став (4)); 6) собраните отпадни батерии и акумулатори не ги предаде на лице овластено за собирање на отпадни батерии и акумулатори (член 17 став (5)); 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 48/57 7) кога е наполнет садот со отпадни батерии и акумулатори не го извести колективниот постапувач или самостојниот постапувач со цел да дојде и да ги преземе собраните отпадни батерии и акумулатори (член 28 став (3)) и 8) не постапува во согласност со членот 33 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 900 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на поседувачот и трговецот кој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. Член 59 Прекршочни санкции за крајниот корисник (1) Глоба во износ од 1000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на крајниот корисник, како економски оператор, кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) ги остава или ги предава отпадните батерии и акумулатори на места означени за собирање и селектирање на комунален отпад од домаќинствата или на друг вид отпад (член 14); 2) не постапува со отпадните батерии и акумулатори во согласност со членот 15 став (1) од овој закон и 3) отпадните батерии и акумулатори што ги создава не ги остави на места определени за таа намена или не ги предава на правни или физички лица кои поседуваат дозволи за постапување со отпад (член 15 став (4)). (2) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на крајниот корисник како економски оператор кој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. Член 60 Прекршочни санкции за физички лица (1) Глоба во износ од 60 евра во денарска противвредност на самото место ќе му се изрече на физичко лице кое не е економски оператор за дејствија за прекршок, доколку: 1) ги остава или ги предава отпадните батерии и акумулатори на места означени за собирање и селектирање на комунален отпад од домаќинствата или на друг вид отпад (член 14); 2) не ги чува одвоено, собира и остава одвоено отпадните батерии и акумулатори од комуналниот отпад и другите видови на отпад (член 15 став (1)); 3) отпадните батерии и акумулатори што ги создава не ги остави на места определени за таа намена или не ги предава на правни или физички лица кои поседуваат дозволи за постапување со отпад (член 15 став (3)); 4) не ги предава отпадните индустриски батерии и акумулатори на производителот од кој ги набавил или на колективниот постапувач за постапување со отпадни батерии и акумулатори (член 15 став (4)) и 5) не ги собира одвоено според видот во посебно означени садови (член 15 став (6)). (2) За прекршоците од овој член државните инспектори за животна средина, овластените инспектори за животна средина, комуналните инспектори на општината, на општината во градот Скопје и на градот 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 49/57 Скопје, глобата од ставот (1) на овој член ќе ја изречат со врачување на покана за наплата на глоба која сторителот е должен да ја плати во рок од осум дена. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина ја пропишува формата и содржината на поканата за наплата на глобата од ставот (2) на овој член. Член 61 Прекршочни санкции за самостојниот постапувач (1) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не постапува во согласност со членот 21 став (2) од овој закон; 2) вршењето на работите не го доверил на трети лица (член 21 став (4)); 3) нема обезбедено договори за преземање на обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори со производители согласно со членот 22 став (1) од овој закон; 4) не го известил стручниот орган за настанатите промени (член 22 став (4)); 5) на производителите со кои има склучено договор за преземање на обврска за постапување со отпадни батерии и акумулатори не им издава потврда за ослободување од плаќањето на надоместокот од членот 39 на овој закон (член 22 став (8)); 6) не ги обезбедил условите пропишани во членот 25 став (1) од овој закон; 7) во програмата нема обезбедено мерки за поседувачот или трговецот да не одбиваат да ги земаат назад бесплатно отпадните индустриски батерии и акумулатори од крајните корисници, без оглед на нивниот хемиски состав и потекло (член 25 став (3)); 8) не презема активности за собирање на отпадни автомобилски батерии и акумулатори од поседувачите и крајните корисници или од достапните собирни места во нивна близина, места на продажба, или други достапни места каде се создава овој вид на отпад доколку собирањето на отпадните батерии и акумулатори не го организирал заедно со системот за постапување со искористени возила (член 25 став (4)); 9) не обезбеди мерки со кои прифаќањето на отпадни автомобилски батерии и акумулатори од лични, некомерцијални возила, да не подлежи на никаков трошок за крајните корисници кога тие ги оставаат отпадните батерии или акумулатори ниту, пак, да им создава каква било обврска за купување нови батерии или акумулатори (член 25 став (5)); 10) собирањето, третманот, рециклирањето и отстранувањето на отпадните батерии и акумулатори, не ги довери само на правни и физички лица кои поседуваат соодветни дозволи за постапување со отпад согласно со Законот за управување со отпад и/или Законот за животната средина (член 25 став (7)); 11) собирањето на индустриските отпадни батерии и акумулатори не го довери да го врши друго правно лице или физичко лице кое поседува дозвола за собирање на опасен отпад согласно со Законот за управување со отпад (член 25 став (8)); 12) нема обезбедено едно собирно место или центар на 1.000 еквивалент жители за отпадни преносни батерии и акумулатори (член 25 став (10)); 13) нема обезбедено едно собирно место или центар на 5.000 еквивалент жители за отпадни автомобилски батерии и акумулатори (член 25 став (11)); 14) не презел мерки со кои обезбедува третманот на собраните отпадни батерии и акумулатори да се врши согласно со членот 26 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 50/57 15) заедно со извештаите од членот 30 на овој закон, не достави и извештај за степенот на ефикасноста на рециклирањето што се постигнува во секоја календарска година (член 26 став (5)): 16) не постапува согласно со членот 26 став (11) од овој закон; 17) не обезбеди собирните места да бидат уредени на таков начин којшто ќе овозможи крајните корисници да ги оставаат отпадните батерии и акумулатори, како и не обезбеди редовно преземање на собраните отпадни батерии и акумулатори во рок од 48 часа од моментот на добивање известување од поседувачот или трговецот дека садовите за собирање на отпадни батерии и акумулатори се наполнети (член 27 став (1)); 18) во својот систем не обезбеди поставување на постери или други информативни алатки со кои ќе ја информира јавноста и крајните корисници за постапувањето со отпадните батерии и акумулатори (член 27 став (2)); 19) не постапува во согласност со членот 27 став (3) од овој закон и 20) не постапува во согласност со членот 30 став (1) од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во самостојниот постапувач со отпадни батерии и акумулатори за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач со отпадни батерии и акумулатори кој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) точки 2, 3, 11 и 12 на овој член, надлежниот суд може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку шест месеци до најмногу пет години. (5) На одговорното лице во правното лице од ставот (2) и на физичкото лице од ставот (3) на овој член, надлежниот суд може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку една година до најмногу пет години. Член 62 (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не ги спроведе сите обврски кои согласно со овој закон се припишани како должност за колективниот постапувач и за производителот (член 23 став (4)); 2) не ги достави извештаите во согласност од членот 30 на овој закон (член 23 став (5)); 3) заедно со извештаите од членот 30 на овој закон, не достави и извештај за степенот на ефикасноста на рециклирањето што се постигнува во секоја календарска година од членот 26 став (3) на овој закон (член 26 став (5)); 4) не постапува согласно со членот 26 став (9) од овој закон; 5) не постапува согласно со членот 26 став (11) од овој закон; 6) не обезбеди собирните места да бидат уредени на таков начин којшто ќе овозможи крајните корисници да ги оставаат отпадните батерии и акумулатори, како и да обезбеди редовно преземање на собраните отпадни батерии и акумулатори во рок од 48 часа од моментот на добивање известување од поседувачот или трговецот дека садовите за собирање на отпадни батерии и акумулатори се наполнети (член 27 став (1)) и 7) годишниот извештај од членот 30 став (1) на овој закон не го доставува за отпадните батерии и акумулатори кои што самиот ги пуштил на пазар за прв пат во Република Македонија (член 30 став (2)). 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 51/57 (2) Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. Член 63 (1) Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач со отпадни батерии и акумулатори кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не ги исполни обврските утврдени во доброволните договори (член 37). (2) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствието од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е физичко лице за прекршок за дејствието од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, надлежниот суд може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку шест месеци до најмногу пет години. (5) На одговорното лице во правното лице од ставот (2) и на физичкото лице од ставот (3) на овој член, надлежниот суд може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку една година до најмногу пет години. Член 64 (1) Глоба во износ од 15.000 до 25.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е правно лице за прекршок, доколку: 1) не достави годишен извештај согласно со членот 31 од овој закон; 2) не поседува дозвола согласно со членот 23 ставови (1) и (2) од овој закон и 3) достави извештаи со неточни податоци со цел да се утврди дека се постигнати целите од членот 35 на овој закон; (2) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самостојниот постапувач кој е физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, надлежниот суд може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку шест месеци до најмногу пет години. (5) На одговорното лице во правното лице од ставот (2) и на физичкото лице од ставот (3) на овој член, надлежниот суд може да им изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку една година до најмногу пет години. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 52/57 Член 65 Прекршочни санкции за колективниот постапувач (1) Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на колективниот постапувач за прекршок, доколку: 1) не постапува во согласност со членот 21 став (2) од овој закон; 2) вршењето на работите не го доверил на трети лица (член 21 став (4)); 3) нема обезбедено договори за преземање на обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори со производители согласно со членот 22 став (1) од овој закон; 4) не го известил стручниот орган за настанатите промени (член 22 став (4)); 5) на производителите со кои има склучено договор за преземање на обврска за постапување со отпадни батерии и акумулатори не им издава потврда за ослободување од плаќањето на надоместокот од членот 39 на овој закон (член 22 став (8)); 6) не ги обезбедил условите пропишани со членот 25 став (1) од овој закон; 7) во програмата нема обезбедено мерки за поседувачот или трговецот да не одбиваат да ги земаат назад бесплатно отпадните индустриски батерии и акумулатори од крајните корисници, без оглед на нивниот хемиски состав и потекло (член 25 став (3)); 8) не презема активностите за собирање на отпадни автомобилски батерии и акумулатори од поседувачите и крајните корисници или од достапните собирни места во нивна близина, места на продажба, или други достапни места каде што се создава овој вид на отпад, доколку собирањето на отпадните батерии и акумулатори не го организирал заедно со системот за постапување со искористени возила (член 25 став (4)); 9) не обезбеди мерки со кои прифаќањето на отпадни автомобилски батерии и акумулатори од лични, некомерцијални возила, да не подлежи на никаков трошок за крајните корисници кога тие ги оставаат отпадните батерии или акумулатори ниту, пак, да им создава каква било обврска за купување нови батерии или акумулатори (член 25 став (5)); 10) собирањето, третманот, рециклирањето и отстранувањето на отпадните батерии и акумулатори, не ги довери само на правни и физички лица кои поседуваат соодветни дозволи за постапување со отпад согласно со Законот за управување со отпад и/или Законот за животната средина (член 25 став (7)); 11) собирањето на индустриските отпадни батерии и акумулатори не го довери да го врши друго правно лице или физичко лице кое поседува дозвола за собирање на опасен отпад согласно со Законот за управување со отпад (член 25 став (8)); 12) нема обезбедено едно собирно место или центар на 1.000 еквивалент жители за отпадни преносни батерии и акумулатори (член 25 став (10)); 13) нема обезбедено едно собирно место или центар на 5.000 еквивалент жители за отпадни автомобилски батерии и акумулатори (член 25 став (11)); 14) не презел мерки со кои обезбедува третманот на собраните отпадни батерии и акумулатори да се врши согласно со членот 26 ставови (1), (2) и (3) од овој закон; 15) заедно со извештаите од членот 30 на овој закон, не достави и извештај за степенот на ефикасноста на рециклирањето што се постигнува во секоја календарска година (член 26 став (5)); 16) не постапува согласно со членот 26 став (11) од овој закон; 17) не обезбеди собирните места да бидат уредени на таков начин којшто ќе овозможи крајните корисници да ги оставаат отпадните батерии и акумулатори, како и не обезбеди редовно преземање на собраните отпадни батерии и акумулатори во рок од 48 часа од моментот на добивање известување од поседувачот или трговецот дека садовите за собирање на отпадни батерии и акумулатори се наполнети 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 53/57 (член 27 став (1)); 18) во својот систем не обезбеди поставување на постери или други информативни алатки со кои ќе ја информира јавноста и крајните корисници за постапувањето со отпадните батерии и акумулатори (член 27 став (2)); 19) не постапува во согласност со членот 27 став (3) од овој закон и 20) не постапува во согласност со членот 30 став (1) од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во колективниот постапувач за дејствијата од ставот (1) на овој член. Член 66 (1) Глоба во износ од 20.000 до 35.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на колективниот постапувач за прекршок, доколку: 1) не достави годишен извештај согласно со членот 31 од овој закон; 2) не поседува дозвола согласно со членот 22 став (1) од овој закон; 3) достави извештаи со неточни податоци со цел да се утврди дека се постигнати целите од членот 35 на овој закон и 4) не ги исполни обврските утврдени во доброволните договори (член 37). (2) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во колективниот постапувач за дејствијата од ставот (3) на овој член. (3) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, надлежниот суд може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност од која произлегува прекршокот во траење од најмалку шест месеци до најмногу пет години. (4) На одговорното лице во колективниот постапувач од ставот (2) на овој член, надлежниот суд може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста од која произлегува сторувањето на прекршокот во траење од најмалку една година до најмногу пет години. Член 67 Прекршочни санкции за правно лице кое не е економски оператор (1) Глоба во износ од 2000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице кое не е економски оператор, доколку: 1) отстранува отпадни батерии и акумулатори на депонии (член 9 став (1)); 2) согорува отпадни индустриски и автомобилски батерии и акумулатори (член 9 став (2)); 3) отпадните батерии и акумулатори се оставаат или предаваат на места означени за собирање и селектирање на комунален отпад од домаќинствата или на друг вид отпад (член 14); 4) со отпадните батерии и акумулатори не постапува согласно со членот 15 став (2) од овој закон; 5) отпадните батерии или акумулатори не ги предаде на производителот од кој ги набавил или на колективниот постапувач за постапување со отпадни батерии и акумулатори од членот 22 на овој закон (член 15 став (4)); 6) правното и физичкото лице кое за колективниот постапувач или за самостојниот постапувач врши собирање на отпадни батерии и акумулатори и не подготвува и доставува извештаи за количините на собраните отпадни батерии и акумулатори на посебен образец (член 31 став (1)); 7) правното и физичкото лице кое за колективниот постапувач или за 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 54/57 самостојниот постапувач врши преработка на отпадните батерии и акумулатори не да подготвува и доставува извештај за количините на преземени и преработени или рециклирани отпадни батерии и акумулатори на посебен образец (член 31 став (3)) и 8) правното и физичкото лице кое врши третман на отпадни батерии и акумулатори не подготвува и не доставува извештај за степенот на ефикасноста за рециклирањето на отпадните батерии и акумулатори кој се постигнува во секоја календарска година, како и за тоа дали е исполнета ефикасноста на рециклирање согласно со членот 26 на овој закон (член 31 став (4)). (2) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. Член 68 Постапка за порамнување и посредување (1) За прекршоците утврдени во членовите 52, 53, 54, 55, 56, 57, 58 и 66 од овој закон, органите за инспекциски надзор од членот 43 на овој закон се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (2) За прекршоците утврдени во членовите 60, 61, 62, 63, 64 и 65 од овој закон, органите за инспекциски надзор од членот 43 на овој закон на сторителот на прекршокот ќе му предложат постапка за посредување пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (3) Во случаите во кои е постигната согласност за порамнувањето, глобата на сторителот може да биде намалена најмногу за една половина од максимум пропишаната глоба за прекршокот. (4) Постапките за порамнување и посредување се водат согласно со одредбите од Законот за животната средина и Законот за прекршоците. Член 69 Водење на прекршочната постапка (1) За прекршоците утврдени во членовите 53, 54, 55, 56, 57, 58, 59, 60 и 67 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Прекршочната комисија. (2) Постапката пред прекршочната комисија се води согласно со одредбите на Законот за животната средина. (3) За прекршоците утврдени во членовите 61, 62, 63, 64, 65 и 66 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежниот суд. VIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 70 Рокови за спроведување (1) Постојните производители кои пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија батерии и акумулатори согласно со членот 12 од овој закон се должни да се регистрираат најдоцна до 31 декември 2011 година. 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 55/57 (2) Производителот евиденцијата од членот 30 став (6) на овој закон е должен да започне да ја води од 1 јануари 2011 година. (3) Првото известување од членот 30 став (6) на овој закон за видот и количините на батериите и акумулаторите коишто производителот што ги пуштил на пазар и што го увезол во Република Македонија во текот на една година е должен да го достави најдоцна до 31 март 2012 година. (4) Обврските за означување на батериите и акумулаторите од членот 10 на овој закон ќе се применуваат од 1 јануари 2012 година. (5) Забраната за увоз на батерии и акумулатори од членот 13 на овој закон започнува да се применува од 1 јануари 2012 година. (6) Обврската од членот 17 на овој закон за поставување на садови и обезбедување простор за оставање на отпадните батерии и акумулатори, како и за поставување на известувања за поседувачот и трговците во урбани средини ќе започне да се применува од 1 јануари 2015 година, односно за поседувачот и трговците во рурални средини од 1 јануари 2017 година. (7) Обврските за постигнување на степен на ефикасноста на рециклирањето од членот 25 став (3) на овој закон ќе се постигне најдоцна до декември 2016 година. (8) Програмата за управување со отпадни батерии и акумулатори од членот 36 на овој закон ќе се донесе најдоцна до 31 декември 2011 година. (9) Првиот извештај од членот 38 став (3) на овој закон се објавува најдоцна до 30 мај 2013 година. (10) Производителите согласно со обврските од членот 18 на овој закон должни се да се здружат преку основање на, и/или склучување на договор со колективен постапувач за постапување со отпадни батерии и акумулатори или да се регистрираат како самостојни постапувачи со отпад од батерии и акумулатори најдоцна до 31 декември 2011. Член 71 Одложена примена Одредбите од членот 38 став (7) на овој закон ќе започнат да се применуваат со денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Член 72 Донесување на поблиските прописи Поблиските прописи за извршување на овој закон ќе се донесат најдоцна до 31 ноември 2011 година. Член 73 Примена на надоместоците и постигнување на националните цели (1) Надоместокот од членот 39 на овој закон ќе започне да се применува од 1 јануари 2012 година. (2) За 2013 година ќе се смета дека се постигнати националните цели од членот 35 на овој закон, доколку се соберат преносни отпадни батерии и акумулатори во количина од 5 % од тежината на преносните 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 56/57 батериите и акумулаторите што се пуштени на пазарот на територијата на Република Македонија од тековната година. (3) За 2014 година ќе се смета дека се постигнати националните цели од членот 35 на овој закон, доколку се соберат отпадни батерии и акумулатори во количина од 12,5 % на батериите и акумулаторите што се пуштени на пазарот на територијата на Република Македонија од тековната година. (4) За 2015 година ќе се смета дека се постигнати националните цели од членот 35 на овој закон, доколку се соберат отпадни батерии и акумулатори во количина од 20 % на батериите и акумулаторите што се пуштени на пазарот на територијата на Република Македонија. Член 74 Престанување на важење Со денот на започнување на примената на овој закон, престануваат да важат одредбите од членовите 6 став (1) точки 13 и 14, 70 и 130 став (1) точка 22 од Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија" бр. 68/2004, 71/2004, 107/2007,102/2008 и 143/2008). Член 75 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", а ќе започне да се применува од 1 јануари 2011 година. ОДРЕДБИ ОД ДРУГИ ЗАКОНИ Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Службен весник на Република Македонија“ бр. 47/2011): Член 7 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, a ќе започне да се применува со започнувањето на примената на Законот за инспекцискиот надзор. Закон за дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/2011): Член 6 Подзаконските акти од членовите 1, 2, 4 и 5 од овој закон се донесуваат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. По донесувањето на подзаконските акти од членовите 1, 2, 4 и 5 од овој закон истите веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавуваат на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Закон за дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Службен весник на Република Македонија“ бр. 148/2011): Член 7 1/29/2015 Law https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLawcleared.jsp?uuid=59744ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD+%D0%B7… 57/57 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, освен одредбите од членовите 1 и 3 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат со започнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/2012): Член 6 Прописот од членот 39 а став (3) утврден во членот 3 од овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Закон за изменување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Службен весник на Република Македонија“ бр. 163/2013): Член 4 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува од 1 мај 2014 година. Услови за користење | Заштита на приватноста | | Сите права задржани