Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on management of additional waste flows

Made 2021-09-17 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за управување со дополнителни текови на отпад.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Waste and hazardous substances
Keywords
waste management, solid waste, waste disposal, waste non-domestic sources, waste prevention, recycling/reuse, offences/penalties, protection of environment, public health

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. (*) Со овој закон се врши усогласување со Директивата на Европскиот Парламент и на Советот од 18 септември 2000 година (2000/53/ЕЗ) за отпадни возила (CELEX број 32000L053) ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД (*)1 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето преку спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила, што треба да се исполнат при производството на текстил, гуми, масла и возила и собирање, повторна употреба, третман, преработка и отстранување на отпадот кој се создава од нив во тек на нивниот животен век, како и другите прашања поврзани со постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила од страна на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во постапките на производство и постапувањето со истите. Член 2 Супсидијарна примена на другите закони (1) По прашањата кои се однесуваат на правилата и начинот на управување со отпадот од текстил, гуми, масла и возила кои не се регулирани со овој закон, соодветно ќе се применуваат одредбите на Законот за управување со отпадот. (2) За регулирање на прашањата во врска со пристап до информации кои се однесуваат на животната средина, учеството на јавноста во донесување на одлуки и оцена на влијанието од определени стратегии, планови и програми врз животната средина доколку со овој закон не е поинаку уредено, соодветно ќе се применуваат одредбите на Законот за животната средина. (3) За регулирање на прашањата во врска со текстилот, гумите, маслата и возилата и отпадот од текстил, гуми, масла и возила и организирање на производителите во самостојни постапувачи или колективни постапувачи за спроведување на проширена одговорност на производителот за управувањето со отпадот од текстил, гуми, масла и возила соодветно ќе се применуваат одредбите на Законот за проширена одговорност на производителот во управување со посебните текови на отпад. (4) На постапките утврдени со овој закон се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (5) Одредбите од овој закон не ja исклучуваат примената на одредбите од прописите за квалитет на воздух, заштита од бучава во животната средина и возила во делот на примената на прописите за стандардите на сигурност, регистрација на моторните возила, емисии во воздухот, заштита на почвата и водата, безбедност и здравје при работа како и за хигиена и санитарна заштита и прописите за хемикалии. (6) Сите мерки, стандарди и цели кои се утврдени со овој закон се применуваат како минимални барања кои треба да се исполнат при управувањето со производите од текстил, гуми, масла и возила и отпадот кој се создава во тек на нивниот животен век. (7) Доколку со друг закон се утврдени построги мерки и стандарди на животната средина, при управувањето со производите од текстилот, гумите, маслата и возилата или отпадот кој се создава од нив во тек на нивниот животен век, се применуваат построгите мерки и стандарди со цел за заштита на животната средина и постигнување на целите на животната средина. Член 3 Цели на Законот (1) Основни цели на овој закон се: 1) намалување на негативното влијание од текстилот, гумите, маслата и возилата и отпадот од текстил, гуми, масла и возила, врз животната средина и врз здравјето на луѓето; 2) унапредување на стандардите за заштита на животната средина од страна на економските оператори во текот на целиот животен циклус на производите, а особено при собирање, третман, повторната употреба, преработката и отстранувањето на отпадот од текстил, гуми, масла и возила. (2) Покрај основните цели од ставот (1) на овој член, во согласност со начелата од членот (4) од овој закон, треба да се постигнат и следниве посебни цели: спречување на создавање на отпад од текстил, гуми, масла и возила, намалување на количеството на отпад од текстил, гуми, масла и возила, намалување и ограничување на употребата на опасни супстанции во текстилот, гумите, маслата и возилата, високо ниво на повторна употреба, рециклирање и други видови на преработка на отпадот од текстилот, гумите, маслата и возилата како и намалување на отстранувањето на отпад од текстил, гуми, масла и возила, поволни услови за воспоставување и развој на пазарот за повторна употреба, рециклирање и други начини на преработка на текстил, гуми, масла и возила, еднаква положба и конкурентност на пазарот на сите субјекти и избегнување и отстранување на трговските бариери кои можат да го нарушат пазарот со текстил, гуми, масла и возила, користење на најдобри достапни техники за третман, преработка и рециклирање и подобрување на мерките за заштита на животната средина, кои треба да ги исполнат економските оператори кои се вклучени во животниот циклус на текстилот, маслата, гумите и возилата, а посебно на операторите вклучени во системот за собирањето и третманот на отпадниот текстил, масла, гуми и возила. Член 4 Начела на Законот (1) Во согласност со целите за долгорочна заштита на животната средина и постигнување на циркуларна економија, управувањето со текстил, гуми, масла и возила и отпадот од истите се заснова на следниве начела: 1) „начело на одговорност на производителот” - производителот, кој при вршење на својата дејност создава и придонесува кон создавање на отпад од текстил, гуми, масла и возила е одговорен за преземање на мерки за управување со тој отпад, со цел да се елиминира и намали негативното влијание врз животната средина, вклучувајќи и висок степен на одделно собирање, повторна употреба, рециклирање и друг начин на преработка на отпад од текстил, гуми, масла и возила и 2) „начело на процена на животниот циклус на производот” - производителот на текстил, гуми, масла и возила е должен да изврши процена на животниот циклус на производот на начин со кој ќе се подобрат еколошките перформанси на производот, ќе се исклучи или намали присуството на опасни супстанции во производот согласно со научно-техничките достигнувања, ќе се дизајнира на начин што ќе придонесе кон намалување на создавање на отпад од производите, со цел да се спречат негативните влијанија врз животната средина. (2) Во управувањето со производите и отпадот од истите, покрај начелата од ставот (1) на овој член, соодветно се применуваат и начелата утврдени со Законот за животната средина, Законот за управување со отпадот и Законот за проширена одговорност на производителите во управување со посебните текови на отпад. Член 5 Примена на Законот (1) Одредбите на овој закон се применуваат на следниве производи: 1) текстил; 2) гуми; 3) масла; 4) возила, заедно со нивните вградени делови и материјали, како и вградените резервни и заменски делови, независно дали се вградуваат во возилото при техничка проверка, сервисирање или поправка, дали деловите се обезбедени од оригиналниот производител или од некој друг производител; 5) употребуваните производи од точките 1), 2), 3) и 4) од овој став пуштени на пазарот во Република Северна Македонија и 6) отпад од производите од точките 1), 2), 3) и 4) на овој член. (2) Министерот кој раководи со органот за животна средина (во натамошниот текст: министерот) ја пропишува Листата на видовите на производи од ставот (1) на овој член. Член 6 Исклучоци на примена на Законот (1) Одредбите од овој закон не се применуваат на: 1) облека која се користи за медицински или ортопедски намени; 2) употребуван текстил кој се собира од хуманитарни организации во организирани акции за да биде користен како донација; 3) чевли; 4) авионски гуми; 5) гуми за велосипеди; 6) масла за ложење; 7) масла од растително или животинско потекло со биолошка разградливост на производот од најмалку 60%, потврденo од акредитирана лабораторија согласно со закон и 8) „олдтајмери” - возила од историско значење, возила со колекционерска вредност или возила наменети за музеи, кои се одржувани цели или во делови, на начин прифатлив за животната средина и истите не се сметаат за отпадни возила согласно со овој закон. (2) Oдредбите од членовите 30, 35 и 37 од овој закон се применуваат на следниве видови на возила: 1) возила изработени во мали серии; 2) моторизирани трицикли и 3) возила за специјални намени, (на кои не се применува одредбата од членот 30 став (2) од овој закон). Член 7 Дефиниции (1) Одделни изрази употребени во овој закон, го имаат следново значење: 1) „Текстил” е производ изработен од влакна од какво било потекло (природни, вештачки, синтетски), по каква било технолошка постапка во конфекционирани производи, вклучително кожа и крзно, кои се користат како облека и текстилни предмети во домаќинството; 2) „Употребуван текстил” е текстил кој според општата перцепција може да се смета како нов текстил или се користи како употребуван, за намената за која е произведен и не се смета за отпаден текстил; 3) „Отпаден текстил” е отпад, кој крајниот корисник го исфрла, има намера да го исфрли или од него се бара да го исфрли; 4) „Повторна употреба на текстил” е секоја активност со која се обезбедува повторно користење на парчето текстил во неговата целосна форма на територија на Република Северна Македонија или негов извоз како цело парче за повторна употреба во согласност со прописите за управување со отпад; 5) „Гума” е пневматик за автомобил, мотор, комбе, камион, автобус, трактор, мотоцикл и велосипед, земјоделска работна машина, градежни и други работни машини, и други видови возила согласно со Законот за возила; 6) „Отпадна гума” е гума чијашто употребна функција завршила и која крајниот корисник ја исфрла, има намера да ја исфрли или од него се бара да ја исфрли со исклучок на отпадот и остатоци од преработка на употребувани гуми со кои се постапува согласно со прописите за управување со отпад; 7) „Протектирање на отпадни гуми” е процес на рециклирање на отпадни гуми за нивно протектирање, при што надворешниот слој на гумата се заменува со нов слој со што, протектираните гуми се користат за истата намена за којашто биле произведени и истите не се сметаат за отпад (во натамошниот текст: протектирани отпадни гуми); 8) „Масла” се минерални, синтетички или индустриски масла, во течна или во полутечна состојба, маслата за менувачките кутии, како и маслата за турбини и хидрауличните масла; 9) „Отпаднo маслo” е масло кое крајниот корисник го исфрла, има намера да го исфрли или од него се бара да го исфрли. Отпадните масла се сметаат за какви било полу-течни или користени течни производи целосно или делумно составени од минерално или синтетичко масло, вклучувајќи ги и мрсните остатоци од резервоари, смеси од масло и вода и емулзии; 10) „Преработка на отпадни масла” е кој било метод со кој се произведуваат базни масла од отпадни масла со примена на рафинериски процеси и со кои, особено, се отстрануваат загадувачите, производите на оксидација и адитивите содржани во овие масла; 11) „Обновување на отпадни масла” е секоја активност на рециклирање со која може да се создадат базни масла со рафинирање на отпадните масла, посебно со отстранување на нечистотии, производи на оксидација и адитиви содржани во овие масла; 12) „Производител” е секое правно лице или физичко лице кое без оглед на начинот на кој врши продажба, вклучувајќи ја и продажбата со помош на комуникација на далечина која е уредена со прописите за заштита на потрошувачите: произведува производи од членот 5 став (1) од овој закон и за прв пат ги пушта на пазарот во Република Северна Македонија или на професионална основа, заради вршење на својата дејност, увезува во Република Северна Македонија и прв пат ги пушта на пазарот производите од членот 5 став (1) од овој закон, како краен корисник, за свои потреби, увезува производи од членот 5 став (1) од овој закон без посредник, на професионална основа увезува употребувани производи од членот 5 став (1) од овој закон и за прв пат ги пушта на пазарот во Република Северна Македонија, е основано во друга земја и продава со помош на комуникација на далечина директно на крајните корисници во Република Северна Македонија производи од членот 5 став (1) од овој закон и протектира отпадни гуми и ги пушта на пазарот во Република Северна Македонија. Производителот на возила не се смета за производител на гуми и масла, за гуми и масла кои се вградени во возилото, согласно со овој закон. 13) „Мал производител” е правно или физичко лице кое пушта на пазарот во Република Северна Македонија, производи наведени во членот 5 став (1) од овој закон, вклучувајќи го и производителот кој како краен корисник увезува производи во количество не поголемо од тоа кое е утврдено во членот 20 став (1) од овој закон, во текот на една календарска година; 14) „Трговец” е секое правно или физичко лице кое во синџирот на снабдување ги прави текстилот, гумите, маслата и возилата достапни на пазарот во Република Северна Македонија. Трговец, може во исто време да биде и производител согласно со точката 12) на овој член; 15) „Краен корисник” е физичко или правно лице кое заради сопствени потреби, а не за продажба, се стекнува со производи од членот 5 став (1) од овој закон, кои по искористувањето настануваат отпадни производи; 16) „Краен корисник на возило” е физичко или правно лице, кое како последен сопственик на возилото е запишан во регистарот на регистрирани возила во согласност со прописите за регистрација на возила и, кој го отфрла, има намера да го отфрли или од него се бара да го отфрли возилото како отпад, кој настанал како резултат на сопствената активност, или со регистрираната дејноста; 17) „Пуштање на пазарот” е снабдување или ставање на располагање секаков производ на пазарот во Република Северна Македонија преку производство или увоз на производ наменет за употреба за прв пат на пазарот на Рeпублика Северна Македонија; 18) „Спречување на создавање на отпад” се мерки за намалување на количеството и штетноста на отпадните производи и отпадните возила, нивните материјали и супстанции, како и намалување на нивното штетно влијание врз животната средина; 19) „Возило” е: секое моторно возило од категорија М1 (возила за превоз на патници со најмногу осум седишта, при што не е вклучено седиштето на возачот) во согласност со прописите за возила, секое моторно возило од категорија N1 (возила за превоз на стоки со најголема маса од 3,5 тони) во согласност прописите за возила и моторни возила со три тркала во согласност прописите за возила, со исклучок на моторни трицикли. 20) „Отпадно возило” е возило чијашто употребна функција престанала и кое крајниот корисник го исфрла, има намера да го исфрли или од него се бара да го исфрли вклучувајќи ги и сите негови составни делови и материјали кои во моментот на исфрлање претставуваат дел од отпадно возило; 21) „Маса на празно возило” е масата на возилото наведена во сообраќајната дозвола по одземање на масата на признаената содржина на резервоарот со исполнетост од 90% и по одземање на масата на возачот (75 кг) и се користи при пресметка на целите за повторна употреба и преработка на отпадни возила; 22) „Третман на отпадно возило” е секоја активност по предавање на отпадното возило во инсталација за вадење на опасните супстанции, расклопување, сечење, дробење, преработка или подготовка за отстранување на издробениот отпад и секоја друга операција извршена заради преработка и/или отстранување на отпадно возило и неговите делови; 23) „Повторна употреба на отпадно возило” е секоја операција во која деловите од отпадното возило се употребуваат за иста цел за која претходно биле наменети; 24) „Дробилка” е секоја опрема која се употребува за дробење на отпадни возила на делови или ситни парчиња, вклучително и за добивање на метален отпад кој може директно повторно да се употреби; 25) „Информации за расклопување” се информациите, кои се неопходни за правилен третман на отпадните возила, кој нема да биде штетен за животната средина. Производителите на возила како и на делови и материјали кои се користат во возилата ги прават достапни овие информации на инсталациите за третман, во форма на прирачници или преку електронски медиуми (пр. компакт-диск, on-line сервиси); 26) „Економски оператори” се правни или физички лица, односно сите производители кои пуштаат на пазар возила, трговци, оператори на инсталации за третман на возила, (вклучително расклопување, сечење и дробење на возила), а и други оператори за третман на отпадни возила, вклучително и нивни делови и материјали; 27) „Собирач на отпадни возила” е правно или физичко лице кое собира, времено чува и складира отпадни возила согласно со овој закон и кое поседува соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпад. Собирач може да биде и правно лице, односно оператор кој управува со инсталација за третман на отпадни возила и кое презема, собира и времено чува и складира отпадни возила; 28) „Оператор на инсталација за третман на отпадни возила” (во натамошниот текст: оператор на инсталација) е правно лице, кое согласно со Законот за управување со отпад, има соодветна дозвола за третман и преработка на отпадни возила, вклучувајќи и третман на деловите и материјалите во возилото; 29) „Инсталација за третман на отпадни возила” може да биде и одвоена инсталација, во која се вршат операции за вадење на опасните супстанции од отпадното возило, расклопување на отпадното возило, сечење, дробење, преработка или подготовка за отстранување на издробениот отпад, како и секоја друга операција извршена заради преработка и/или отстранување на отпадното возило и неговите делови; 30) „Собирач на отпадни производи” е правно или физичко лице кое собира, времено чува и складира отпадни производи согласно со овој закон и кој поседува соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпад. Собирачот може да биде и правно лице, оператор кој управува со инсталација за повторна употреба и преработка на отпадни производи и кој презема, собира и времено чува и складира отпадни производи; 31) „Оператор на инсталација за преработка” е правно лице кое спроведува активности за повторна употреба, третман, рециклирање и други видови на преработка на отпадни производи и кое поседува соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпад; 32) „Место за преземање” е место во објект или простор во објект или друго место што го користи тровецот, производителот или во негово име трето лице, преку самостоен или колективен постапувач уреден за повратен прием на отпаден текстил или отпадни гуми заради нивно преземање и транспортирање до собирно место или инсталации за преработка повторна употреба и рециклирање; 33) „Собирно место за отпаден текстил” е место уредено за собирање, времено чување и складирање како и сортирање на отпадниот текстил заради негово предавање во инсталација за преработка, повторна употреба или рециклирање; 34) „Собирно место за отпадни гуми” е место уредено за собирање, времено чување и складирање на отпадни гуми заради нивно предавање во инсталација за преработка; 35) „Место за собирање на отпадни масла” е место каде се лоцирани еден или повеќе садови на местото за собирање на отпадните масла (автомеханичарски сервиси при промена на масла, или работилници за поправка на машини и опрема и слични работилници како резултат на работата на машините и опремата како и посебните делови на местата на кои се вршат активности со отпадни масла), кое служи за собирање на отпадните масла и нивно предавање на собирач или оператор во инсталација за преработка на отпадни масла; 36) „Собирно место за отпадни масла” е објект или дел од објект уреден со потребна опрема за собирање, времено чување и складирање, како и сортирање на собраните отпадни масла и нивно предавање во инсталација за рециклирање и преработка; 37) „Собирно место за отпадни возила” е објект или дел од објект уреден за примање и времено чување и складирање на отпадните возила, пред нивно предавање во инсталацијата за третман на отпадните возила; 38) „Собирен центар” е објект или дел од објект, оргaнизиран од единиците на локалната самоуправа за собирање на одделни фракции на комунален отпад и други текови на отпад, каде отпадните производи од домаќинствата, можат бесплатно да се оставаат; 39) „Отпадни производи” се отпаден текстил, отпадни гуми и отпадни масла; 40) „Заостанати отпадни производи” се одговорност за животната средина која е предизвикана со создавање на отпадни производи и отпадни возила кои биле пуштени на пазарот пред 1 јануари 2020 година; 41) „Овластен застапник” на производителот на возила може да биде физичко или правно лице, со седиште во Република Северна Македонија, кој е овластен од страна на производителот во писмена форма да го застапува пред органите надлежни за оценување на сообразност на возилата и кој делува во име на производителот како и е овластен да презема мерки во негово име согласно со одредбите од овој закон. Податоците за овластениот застапник се запишуваат во Регистaрот на хомологизирани моторни возила во согласност со прописите за возила, како и во Регистaрот на производители од членот 19 од овој закон; 42) „Опасна материја” е секоја супстанција која се смета за опасна согласно со прописите за хемикалии; 43) „Идентификациони и транспортни формулари” се придружни документи кои се предаваат на лицата кои вршат собирање и транспорт и предавање на отпадот, согласно со прописите за управување со отпад; 44) „Стручен орган” е Управата за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: стручен орган) формиран согласно со Законот за животната средина; 45) „Орган за животна средина” е органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно Министерството за животна средина и просторно планирање; 46) „Поседувач” е правно или физичко лице кое со вршењето на својата регистрирана дејност привремено создава или поседува отпаден текстил, отпадни гуми и отпадни масла (како на пример автомеханичарски сервиси при промена на масла и гуми поправка на возила, или работилници за поправка на машини и опрема и други места каде се создава отпаден текстил). Како поседувач, во смисла на овој закон не се сметаат граѓаните или домаќинствата; 47) „Самостоен постапувач со отпадни производи” е правно лице, производител, кое поседува дозвола за самостојно исполнување на обврските за управување со отпаден текстил или отпадни гуми или отпадни возила или отпадни масла, согласно со овој закон и кој дозволата ја добил, согласно со прописите за проширена одговорност на производителот во управување со посебни текови на отпадот (во натамошниот текст: самостоен постапувач); 48) „Колективен постапувач со отпадни производи” e правно лице кое е основан и поседува дозвола за колективен постапувач за управување со отпадни гуми, отпадни масла, отпадни возила и отпаден текстил, согласно со прописите за проширена одговорност на производителот (во натамошниот текст: колективен постапувач); 49) „Доброволен договор” е формален договор кој има извршни клаузули склучен меѓу организациите кои застапуваат одредени интереси на економски оператори и групи на економски оператори опфатени со овој закон од една страна и органот за животна средина или Владата на Република Северна Македонија од друга страна, со цел да се постигнат повисоки цели од целите пропишани во овој закон, кој е отворен за пристапување за сите правни и физички лица кои сакаат да ги исполнат условите утврдени во договорот. (2) За потребите на овој закон, соодветно ќе се применуваат дефинициите од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, а кои се однесуваат на изразите за проширена одговорност на производителот, колективен постапувач и самостоен постапувач. (3) За потребите на овој закон, соодветно ќе се применуваат дефинициите од Законот за управување со отпадот за изразите употребени во овој закон, а кои се однесуваат на отпад, опасен отпад, управување со отпад, собирање, одделно собирање, складирање, превенција, повторна употреба, третман, преработка, подготовка за повторна употреба, рециклирање, отстранување и увоз. Член 8 Забрани Се забранува: 1) горење на отпаден текстил, отпадни гуми и отпадни масла на локации или инсталации што не се наменети за таа цел, вклучително и природа и јавни површини; 2) оставање, фрлање или напуштање на отпадни гуми и текстил во природа и на јавни површини; 3) истурање или фрлање на отпадни масла и остатоци од нивна преработка покрај/во површински и подземни води, во канализација и во почва; 4) мешање на отпадни масла со масла кои имаат различни физички, хемиски или опасни својства, со други видови отпад, супстанции или материјали со што се спречува или отежнува преработката на отпадните масла; 5) оставање на отпадно возило во природа и јавни површини, како и расклопување и изведба на други зафати на отпадното возило, надвор од инсталации за наменети за таа цел. II. ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ Член 9 Дизајнирање на производите (1) Производителот на материјали и делови за возила, е должен да ги дизајнира и произведува истите на начин со кој се постигнува: 1) намалување на создавање на отпадни возила и отпадни делови и материјали за возилата; 2) олеснето расклопување и одделување на составните делови, повторна употреба, рециклирање и други видови на преработка на отпадните производи и отпадни возила, онаму каде е применливо, вклучувајќи ги и неговите составни делови и материјали и 3) ограничување на употреба на опасни супстанции за да се спречи нивното испуштање во животната средина, со цел да се олесни рециклирањето и да се избегне потребата од отстранување на опасен отпад. (2) Производителот на возила, заедно со производителот на материјали и опрема за возила, треба да ја зголемат употребата на рециклиран материјал во производството на возилата и други производи, за да се развијат што е можно повеќе пазарите за рециклирани материјали. (3) Производителот не смее со посебен дизајн или со производни процеси да спречи повторна употреба на производот или неговите составни делови, освен доколку дизајнот или производните процеси донесуваат значителна предност за заштита на животната средина или за безбедно користење на производот. Член 10 Забрана за користење на опасни супстанции во возилата (1) Се забранува пуштање на пазарот во Република Северна Македонија материјали и делови за возилата кои содржат олово (Pb), жива (Hg), кадмиум (Cd) и шествалентен хром ( Cr+6). (2) Листата на материјали или делови кои се изземаат од забраната од ставот (1) на овој член, максимално дозволените концентрации на опасните супстанции во материјалите и деловите кои се изземени од забраната, роковите за важноста на изземањата како и деловите кои треба да бидат означени ги пропишува министерот кој раководи со органот за животна средина. (3) Материјалите и составните делови од ставот (2) на овој член мора да бидат јасно означени со ознаки дека содржат опасни супстанции кои мора да се одвојат пред третманот. Член 11 Стандарди за кодирање на материјали и делови на возила Производителот, заедно со производителите на делови и материјали за возила, е должен да користи меѓународни и европски стандарди за кодирање на материјалите и деловите за да се олесни препознавањето на материјалите и деловите кои се погодни повторно да се употребат или преработат. Член 12 Информации за расклопување на возила (1) Производителот на возила е должен да подготви информација за расклопување на возилото за секој нов тип на возило во рок од шест месеци од денот на неговото пуштање на пазарот. (2) Во информацијата од ставот (1) на овој член, мора да бидат наведени податоци за составните делови и материјали кои се користени, како и местата на сите опасни супстанции во возилото, со што ќе се олесни постигнувањето на целите за повторна употреба и преработка од членот 30 став (2) на овој закон. (3) Производителот на возила и производителот на делови кои се користат во возилата е должен, на барање на операторот на инсталацијата за третман, да ги стави на располагање потребните информации за расклопување, складирање и тестирање на деловите кои можат повторно да се употребуваат, освен доколку тие податоци претставуваат индустриска тајна и се поврзани со правата на интелектуална сопственост. Член 13 Обврски за информирање на производителот на возила (1) Производителот кој пушта на пазарот нови возила е должен во соработка со релевантните економски оператори во печатен или електронски облик да објави информации за: 1) дизајнот на возилото и неговите делови во поглед на можностите за преработка и рециклирање; 2) третман на отпадни возила кој не е штетен за животната средина, посебно при отстранувањето на сите течности и расклопувањето; 3) развојот и оптимизацијата на постапките за повторна употреба, рециклирање и преработка на отпадни возила и нивните делови и 4) напредокот кој е постигнат кај операциите за преработка и рециклирање со цел да се намали отпадот што се отстранува и да се зголеми степенот на преработка и рециклирање. (2) Производителот е должен да овозможи информациите од ставот (1) на овој член: 1) да бидат достапни за идните купувачи на возила од неговата трговска марка и 2) да бидат во промотивната литература, која се користи при пуштање на пазар на ново возило. (3) Обврската на овој член, производителот не смее да ја пренесе на друго лице. Член 14 Информации за крајните корисници (1) Производителот е должен да ги информира крајните корисници на производите од членот 5 став (1) од овој закон за: забраната за оставање на отпадните производи и делови и материјали од отпадните возила како неселектиран комунален отпад и обврската на крајниот корисник за одделно собирање на отпадните производи и делови и материјали од отпадните возила, воспоставените системи за повратен прием и собирање на отпадните производи, во случај на одбивање на преземањето на отпадните производи за најблиското место за нивно предавање, начинот како може да придонесат за повторна употреба, рециклирање и другите начини за преработка, можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина како резултат на присуството на опасни супстанции во отпадните производи и делови и материјали од отпадните возила и прописите за управување со отпадните производи и отпадните возила. (2) Информациите од ставот (1) на овој член се објавуваат на веб-страницата на производителот, на местото на продажба, во печатени или во онлајн рекламни материјали, на веб страните за онлајн продажба кои ги користи производителот, на едноставен, видлив и јасно достапен начин или преку јавни кампањи за подигање на јавната свест. (3) Производителот е должен на соодветен начин да ги информира сите дистрибутери во ланецот на испорака на производите, а посебно трговецот кој продава, односно испорачува производи на крајниот корисник, за начинот на преземање на отпадот од производите од крајните корисници. (4) Информацијата од ставот (3) на овој член, треба да е составен дел на пропратната документација при испораката на производите . (5) Обврските на производителот кои произлегуваат на овој член не можат да се пренесат на друго правно лице. Член 15 Повратен прием на отпаден текстил и отпадни гуми (1) Производителот е должен да преземе мерки со кои ќе обезбеди и организира систем за повратен прием и собирање на отпаден текстил и отпадни гуми од трговецот, кои настанале од производите кои ги пушта на пазарот во Република Северна Македонија. (2) Производителот е должен да соработува со трговецот во чии простории се достапни производи кои тој ги пушта на пазарот заради преземање на мерки за обезбедување на повратен прием и собирање од крајните корисници на отпаден текстил и отпадни гуми, како и да обезбеди нивно одделно собирање повторна употреба, преработка и рециклирање, самостојно или преку колективен постапувач. (3) Трговецот е должен, при продажба на текстил на крајниот корисник, да го прими назад отпадниот текстил бесплатно, доколку крајниот корисник сака да го врати и доколку спаѓа во производите од членот 5 став (1) од овој закон исто како продадениот текстил, а бројот на парчиња од отпадниот текстил е барем еднаков со бројот на парчиња од продадениот текстил (систем еден на еден). (4) Трговецот е должен, при продажба на гуми на крајниот корисник, да ги прими назад отпадните гуми бесплатно, доколку крајниот корисник сака да ги врати и доколку истите припаѓаат на производите од членот 5 став (1) од овој закон, а бројот на парчиња од отпадните гуми е еднаков со барем бројот на парчиња од продадените гуми (систем еден на еден). (5) Трговецот може да одбие повратен прием на отпадниот текстил или отпадните гуми од крајниот корисник на местото за преземање во малопродажната продавница доколку отпадниот производ е толку оштетен или загаден што може да ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето, но е должен да го извести крајниот корисник за местата каде може да ги предаде. (6) За преземениот отпаден текстил или отпадни гуми, трговецот води евиденција, согласно со прописите за управување со отпад. (7) Отпадниот текстил и отпадните гуми кои се преземени од трговецот се засметуваат во националните цели за собирање од членот 17 од овој закон. (8) Трговецот самостојно или во договор со производителот може да преземе најразлични активности со цел охрабрување на крајниот корисник да ги враќа отпадните производи преку нудење попуст на цените за купување на нови производи или со други поттикнувачки мерки. (9) Трговецот од ставот (1) на овој член од производителот од кој го набавува производот и за кој има намера да продава производи треба да поседува писмена изјава дека е самостоен постапувач или дека има склучено договор со колективен постапувач за управување со отпадните производи, односно дека го плаќа надоместокот од членот 23 од овој закон. (10) Трговецот на возила и масла нема обврска за повратен прием на отпадни возила и отпадни масла на продажните места. Член 16 Преземање на отпаден текстил и отпадни гуми од трговец (1) Трговецот може, во договор со производителот, да овозможи повратниот прием на отпаден текстил и отпадни гуми да се врши на места кои ги обезбедува производителот, самостојно или преку колективен постапувач. Расположливоста на таквите места за нивно преземање не влијае врз обврските на трговецот од членот 15 од овој закон. (2) Трговецот на текстил или гуми, кој има малопродажна продавница со површина од 400 m2 или повеќе, е должен да организира место за преземање на отпадниот текстил и обезбеди садови за одвоено собирање во продажниот простор или во негова непосредна близина, за отпадни гуми или отпаден текстил, како и јасно да истакне знаци за неговата местоположба, без обврска за купување на нов производ. (3) Трговецот е должен собраниот отпаден текстил или отпадни гуми, без да ги модифицира, да ги предаде со идентификациони и транспортни формулари на собирач или оператор на инсталација за преработка кој претставува дел од системот на самостоен или колективен постапувач. (4) Трговецот за исполнување на обврските од ставовите (1) и (2) на овој член и членот 15 од овој закон, склучува договор со самостоен или колективен постапувач во времетраење од најмалку една календарска година во кој се уредуваат меѓусебните права и обврски за предавање и преземање на отпаден текстил или отпадни гуми. (5) Трговецот не треба да поседува дозвола за местата за повратен прием или за собраниот отпаден текстил и отпадни гуми од крајните корисници во своите деловни простории, во согласност со прописите за управување со отпад. Член 17 Национални цели за собирање (1) Националните цели на Република Северна Македонија за собирање, на отпадни производи и отпадни возила од количеството на производите и возилата пуштени на пазарот во претходната година се: за 2025 година: отпаден текстил - 15%, отпадни гуми - 40%, отпадни масла - 15%, отпадни возила 15%, за 2026 година: отпаден текстил - 20%, отпадни гуми - 45%, отпадни масла - 20%, отпадни возила 20%, за 2027 година: отпаден текстил - 25%, отпадни гуми - 50%, отпадни масла - 25%, отпадни возила 25%, за 2028 година: отпаден текстил - 30%, отпадни гуми - 55% отпадни масла - 30%, отпадни возила 30%, за 2029 година: отпаден текстил - 35%, отпадни гуми - 60%, отпадни масла - 35%, отпадни возила 35%, за 2030 година: отпаден текстил - 40%, отпадни гуми - 65%, отпадни масла - 40%, отпадни возила 40%, за 2031 година: отпаден текстил - 45%, отпадни гуми - 70%, отпадни масла - 45%, отпадни возила 45%. (2) Количество на производи и возила од ставот (1) на овој член, што се пуштени на пазарот во Република Северна Македонија во предходната години од страна на сите производители, заради одредување на количеството за собирање на отпадни производи и отпадни возила, се утврдува од страна на стручниот орган согласно со прописите за проширена одговорност за управување со посебни текови на отпад. (3) Количеството на отпадни производи изразено во килограми за отпаден текстил, отпадно масло и отпадни гуми и во парче за отпадни возила што секој производител е должен да го собере во дадена година, е најмалку еднакво на процентот од ставот (1) на овој член врз основа на годишното количество на производи и возила пуштени на пазарот во Република Северна Македонија во претходната година од страна на производителот. (4) Производителот е должен своите годишни цели за собирање на отпаден текстил и отпадни масла во килограми и отпадни гуми и отпадни возила во парче за дадената година, да ги утврдува секоја година до 31 март во согласност со ставот (3) на овој член. (5) Органот за животна средина, целите од ставот (1) на овој член може да ги ревидира согласно со состојбите на пазарот во согласност со планските документи усвоени согласно со прописите за управување со отпад. Член 18 Национални цели за повторна употреба, рециклирање и други видови преработка (1) Од 1 јануари 2031 година производителот е должен за одделно собраните отпадни производи согласно со членот 17 став (1) од овој закон, да ги постигне најмалку следниве нациoнални цели за повторна употреба, рециклирање и преработка за отпаден текстил, отпадни гуми и отпадни масла и тоа: 1) отпаден текстил - 98% повторна употреба и преработка; 2) отпадни гуми - 98% преработка и 3) отпадни масла - 70% преработка и 30% согорување. (2) Заради постепено постигнување на целите од ставот (1) на овој член, министерот кој раководи со органот за животна средина утврдува годишни цели за повторна употреба, рециклирање и преработка за период од три години во согласност со планските документи усвоени согласно со прописите за управување со отпад, најдоцна до 15 декември во тековната година за наредната година и ги објавува на интернет страницата на органот за животна средина. (3) Целите од ставот (1) на овој член, се минимални годишни барања и се пресметуваат врз основа на видот на производ, имајќи ги предвид минималните цели за собирање од членот 17 од овој закон. (4) Производителот е должен секоја година до 31 март, да ги утврдува своите годишни цели за повторна употреба, рециклирање и преработка според отпаден производ изразени во килограми за отпадни гуми за тековната година. (5) Начинот на пресметување на целите за собирање од членот 17 од овој закон како и начинот на пресметување на целите за преработка ставот (1) на овој член, ги пропишува министерот кој раководи со органот за животна средина. (6) При пресметување на целите од ставот (1) на овој член, се зема предвид и количеството собрани отпадни производи кои се извезени од Република Северна Македонија, само доколку извозникот има докази дека преработката, односно рециклирањето биле извршени без никаква опасност за животната средина, животот и здравјето на луѓето,согласно со закон. (7) За пресметување на целите од ставот (1) на овој член, операторот на инсталацијата за преработка води евиденција за количеството на собраните отпадни производи кои влегуваат во инсталацијата за преработка како и за начинот на управување со истите на посебен образец. (8) Евиденцијата од ставот (7) на овој член, се води поединечно за отпадните производи за производителот, односно колективен или самостоен постапувач, со кои има склучено договор за вршење на работите за повторна употреба, рециклирање и други видови на преработка и отстранување. (9) Врз основа на податоците од евиденцијата од ставот (7) на овој член, операторот на инсталацијата од ставот (7) на овој член подготвува и доставува извештај, до самостојниот или до колективниот постапувач на посебен образец. (10) Отпадните производи се извезуваат согласно со прописите за управување со отпад. (11) Извозникот е должен да достави извештај за количеството на извезените отпадни производи до самостоен постапувач или до колективен постапувач за кои ги врши работите за извоз на посебен образец. (12) Формата и содржината на евиденцијата и образецот од ставот (7) на овој член, начинот на водење на евиденцијата како и формата и содржината на обрасците од ставовите (9) и (11) на овој член, ги пропишува министерот кој раководи со органот за животна средина. (13) Составен дел на извештајот од ставовите (9) и (11) на овој член се и идентификационите и транспортните формулари согласно со прописите за управување со отпадот (14) Рокот и начинот за доставување на извештаите од ставовите (9) и (11) на овој член, се уредува со договор склучен меѓу колективниот постапувач или самостојниот постапувач со отпадни производи и операторот на инсталацијата за управување со отпадните производи, како и договорот со извозникот, кој ќе овозможи почитување на обврските за доставување на извештаи од самостојниот постапувач или колективниот постапувач утврдени со овој закон и прописите за проширена одговорност на производителот кој управува со посебните текови на отпад. (15) Oрганот за животна средина, целите од ставот (1) на овој член може да ги ревидира согласно со состојбите на пазарот, во согласност со планските документи усвоени согласно со прописите за управување со отпад. Член 19 Регистар на производители Производителот кој за прв пат како краен корисник се стекнува со гуми, масла, текстил и возила во Република Северна Македонија, се регистрира во Регистарот на производители кој го води стручниот орган на начин и постапка утврдени со прописите за проширена одговорност на производителот кој управува со посебните текови на отпад. Член 20 Обврски на малите производители (1) Мал производител е производителот кој на пазарот во Република Северна Македонија, годишно пушта производи во количини исти или помали од: текстил 10 кг или помалку, гуми 100 кг или помалку, масла 100 кг или помалку или три возила. (2) Производителот од ставот (1) на овој член е должен да се регистрира во согласност со членот 19 од овој закон, како и да води евиденција и да доставува извештај согласно со членот 54 од овој закон. (3) Производителот од ставот (1) на овој член, до 15 јануари секоја година, поднесува барање до стручниот орган за добивање на решение за мал производител во кое се наведува и количеството на производ или производи кое производителот има намера да ги пушти на пазарот во Република Северна Македонија во тековната година. (4) Стручниот орган во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето од ставот (3) на овој член, утврдува дали производителот ги исполнува условите за мал производител и му издава решение за мал производител. (5) Стручниот орган во Регистарот согласно со прописите за проширена одговорност на производителот одделно води евиденција за производителите на производите за кои издал решение за мал производител. (6) Малиот производител од ставот (1) на овој член, не е должен да обезбеди управување со отпадните производи и отпадните возила доколку количината на производи пуштени на пазарот во Република Северна Македонија не ги надминува количините на годишно ниво утврдени во ставот (1) на овој член, но е должен да го плати годишниот паушален надоместок од членот 21 став (2) од овој закон. Член 21 Обврска на производителот за финансирање на управувањето со отпадни производи и отпадни возила (1) Производителот е должен да обезбеди целосна покриеност на трошоците за следниве активности: повратен прием на отпаден текстил и отпадни гуми, одделно собирање, времено чување и складирање на отпадни производи и отпадни возила за количествата на минималните цели за собирање од членот 17 од овој закон, транспортот, третманот, преработката и повторната употреба или рециклирањето и отстранувањето на остатокот од преработката на отпадните производи за количествата најмалку на минималните цели за одделно собраните отпадни производи, согласно со членот 18 од овој закон и членот 30 став (2) од овој закон, за отпадни возила, трошоци за јавна комуникација и размена на информации, проширена одговорност на производителот, инвестирање во инфраструктура за одделно собирање согласно со прописите за проширена одговорност на производителот, трошоци за финансиска гаранција и исполнување на други обврски што се утврдени за производителот со одредбите од овој закон. (2) Исклучок од ставот (1) на овој член е малиот производител од членот 20 од овој закон кој е должен на посебна сметка на органот за животната средина да уплати паушален надоместок во износ од 6.000 МКД на годишно ниво најдоцна до 15 февруари во тековната година. (3) Првиот надоместок од ставот (2) на овој член, малиот производител го плаќа при регистрацијата од членот 19 од овој закон. (4) Трошоците што ги сноси производителот за управување со отпадните производи и отпадни возила од ставот (1) на овој член, не се прикажуваат одделно при продажбата на нови производи. (5) Трошоците за управување со заостанатите отпадни производи и отпадни возила од членот 7 точка 40) од овој закон пропорционално ги покриваат сите производители во однос на годишната количина на производ што секој производител го пуштил на пазарот во Република Северна Македонија. Член 22 Овластен застапник (1) Производителот кој не е регистриран во Република Северна Македонија, а кој пушта производи од членот 5 став (1) од овој закон, преку комуникација од далечина (е трговија), обврските кои произлегуваат од овој закон ги извршува преку назначување на овластен застапник во согласност со начинот и постапката утврдени со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. (2) Преку назначувањето на овластениот застапник, обврските кои произлегуваат од овој закон за производителот од ставот (1) на овој член, за производите кои се пуштаат на пазарот на Република Северна Македонија, целосно се пренесени на овластениот застапник. Член 23 Надоместок (1) Производителот кој пушта на пазарот во Република Северна Македонија производи од членот 5 став (1) од овој закон, е должен да плати надоместок за управување со отпадни производи и отпадни возила (во натамошниот текст: надоместок). (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член, изнесува: 1) 150 мкд/кг за масла; 2) сите видови гyми – 10 мкд/кг; 3) 10 000 мкд/парче за возила и 4) за текстил: 1 мкд/парче за сите видови детска облека, 1,5 мкд/парче за облека од големина S, 2,5 мкд/парче за облека од големина M/L, 3,5 мкд/парче за облека од големина XL и поголема; 1,5 мкд/парче за метража која не е поголема од 20 cm во која било димензија; 2,5 мкд/парче за метража која не е поголема од 20 cm – 1 метар во која било димензија; 3,5 мкд/парче за метража која е поголема од 1 метар во која било димензија и 5,0 мкд/м2 за теписи, килими. (3) Надоместокот се пресметува врз основа на нето - тежината за масла во килограми, по единица парче за производ во случајот на возила и за секој вид гуми и текстил во килограми, кои се пуштени на пазарот, за што се подготвува квартална пресметка на посебен образец, дури и кога производителот не пуштил производи на пазарот во текот на тој квартал. (4) Надоместокот од ставот (2) точка 3) на овој член, ги опфаќа сите делови кои се вградени во возилото во времето на продажбата, вклучувајќи ги и производите согласно со прописите за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, прописите за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, како и обврските кои се однесуваат на маслата согласно со овој закон и за овие делови производителот не плаќа одделен надоместок утврден во истите. (5) Обврската за пресметување на надоместокот за производителот настанува од моментот кога производите од ставот (1) на овој член, соодветно, за прв пат ги пушта на пазарот на Република Северна Македонија. (6) Обврската за пресметување на надоместокот за производителот кој како краен корисник увезува во Република Северна Македонија, производи со чиешто користење се создаваат отпадни производи и отпадни возила, настанува во моментот кога започнува нивното користење, односно употреба. (7) Производителот е должен да го плати утврдениот надоместок од ставот (2) на овој член, секој 15 ден од тековниот квартал за сите пресметани надоместоци за претходниот квартал. (8) Средствата од надоместокот од ставот (2) на овој член, се приход на органот за животната средина и се уплаќаат на посебна уплатна сметка. (9) Надоместокот не се плаќа доколку производот се извезува или уништува во тековната година, за што производителот доставува доказ. (10) Во случајот од ставот (9) на овој член, производителот е должен да обезбеди извозна електронска царинска декларација како доказ дека количеството на производи за кои не е пресметан надоместокот се извезени надвор од земјата или да обезбеди документ од кој е видливо дека производите се уништени. (11) Во случаите кога е платен надоместокот за извоз или уништување на производите, производителот, има право на поврат на платениот надоместок за извезената или уништената количина на производи доколку истата повторно се извезе во рок од пет години од датумот на плаќањето на надоместокот. (12) За поврат на надоместокот од ставот (11) на овој член, производителот до стручниот орган на посебен образец поднесува барање за поврат на надоместокот заедно со кварталната пресметка од ставот (3) на овој член за наредниот квартал, во кој ќе се наведат причините за поврат на надоместокот. (13) Поврат на надоместокот се врши со решение на стручниот орган по испитување на доставената документација и проверка дали се исполнети условите за враќање на исплатениот надоместок во согласност со ставот (12) на овој член. (14) Решението на стручниот орган од ставот (13) на овој член се донесува најдоцна во рок од 60 дена по приемот на барањето за поврат на надоместокот од ставот (12) на овој член. (15) Против решението од ставот (13) на овој член може да се поднесе жалба согласно со прописите за општа управна постапка. (16) По правосилноста на решението од ставот (13) на овој член, органот за животна средина врши поврат на надоместокот. (17) Министерот кој раководи со органот за животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на финансиите, ја пропишува формата и содржината на образецот од ставот (3) на овој член, начинот и потребната документација за поврат на надоместокот како и формата и содржината на образецот од ставот (12) на овој член. Член 24 Обврска за начинот на пресметување, уплатување како и за водење на евиденција за пресметаниот и уплатениот надоместок (1) Производителот од членот 23 од овој закон (во натамошниот текст: обврзник) согласно со одрeдбите од овој закон е должен навремено и правилно да го пресметува и уплатува надоместокот, како и да води, одржува и чува уредна и точна евиденција за пресметаниот и уплатен надоместок. (2) Врз основа на евиденцијата од ставот (1) на овој член, обврзникот составува и на секои три месеци доставува до стручниот орган пресметка за уплатениот надоместок на посебен образец, дури и кога производителот не пуштил производи на пазарот во текот на тој квартал. (3) Стручниот орган е должен да изврши проверка на пресметките за уплатениот надоместок од став (2) на овој член и доколку утврди несоодветно плаќање на надоместокот, му доставува на обврзникот решение со точната пресметка на надоместокот. (4) Против решението од ставот (3) на овој член може да се поднесе жалба согласно со прописите за општа управна постапка. (5) Министерот кој раководи со органот за животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на финансиите го пропишува начинот за водење, одржување и чување на евиденцијата од ставот (1) на овој член, како и формата и содржината на образецот од ставот (2) на овој член. Член 25 Ослободување од плаќање на надоместокот Од плаќање на надоместокот од членот 23 став (1) од овој закон се ослободени следниве субјекти: 1) производителот кој склучил договор за преземање на обврски за постапување со отпадни производи и отпадни возила со колективен постапувач, кој поседува дозвола согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад; 2) производителот кој поседува дозвола како самостоен постапувач согласно со прописите за проширена одговорност на производителот во управување со посебни текови на отпад и 3) производителот определен како мал производител согласно со членот 20 од овој закон. Член 26 Користење на надоместокот Средствата собрани од надоместокот од членот 23 од овој закон, се користат за финансирање и спроведување на мерки и активности за управување со отпад утврдени со планските и стратешките документи од областа на отпадот, а кои се насочени кон постигнување на целите на овој закон на начин и постапка пропишана согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Член 27 Финансиска гаранција (1) Производителот е должен да обезбеди финансиска гаранција за покривање на трошоците за одделно собирање, повторна употреба, третман, преработка, рециклирање и отстранување на целокупното количество на отпадни производи и отпадни возила. (2) Финансиската гаранција се обезбедува за секоја календарска година, согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Член 28 Увоз на производи и употребувани производи (1) Царинскиот орган нема да дозволи увоз на производи од членот 5 од овој закон, без производителот да достави потврда за регистрација и регистрациски број добиени согласно со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. (2) Доколку производителот увезува употребувани производи од членот 5 од овој закон во Република Северна Македонија, на увозот на употребувани производи се применуваат одредбите од овој закон, како да станува збор за увоз на нови производи. Член 29 Преземање на обврските на производителот (1) Производителот е должен на свој трошок да обезбеди исполнување на обврските и целите од овој закон, преку повратен прием и преземање, одделено собирање, повторна употреба, трeтман рециклирање и преработка на отпадните производи и отпадни возила кои се создаваат од пуштањето на производите од членот 5 од овој закон на пазарот во Република Северна Македонија. (2) За исполнување на обврската од ставот (1) на овој член, производителот може да воспостави и/или да се приклучи кон систем, кој ќе обезбеди: редовно преземање и одделно собирање на отпадни производи и отпадни возила од крајните корисници и други места согласно со овој закон, како дел од системот за управување со отпадни производи и отпадни возила и повторна употреба, третман, рециклирање и преработка на собраните отпадни производи и отпадни возила. (3) Производителот исполнувањето на обврските од ставовите (1) и (2) на овој член, може да ги остварува самостојно, со добивање на дозвола за самостоен постапувач согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад или со склучување на договор за преземање на обврските за управување со отпадни производи и отпадни возила со колективен постапувач кој е основан и поседува дозвола согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад кој управува со отпадни производи или отпадни возила. III. ПОСЕБНИ ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДНИ ВОЗИЛА Член 30 Национални цели за повторна употреба и преработка на отпадни возила (1) Националните цели за повторна употреба и преработка на сите собрани отпадни возила се следниве: до 1 јануари 2027 година, за сите собрани отпадни возила, повторната употреба и преработката на годишно ниво да се зголемат за најмалку 75% од просечната маса на празно возило, а повторната употреба и рециклирањето да се зголемат за најмалку 70% од просечната маса на празно возило; до 1 јануари 2031 година за сите собрани отпадни возила, повторната употреба и преработка, на годишно ниво, да се зголемат за најмалку 95% од просечната маса на празно возило, а повторната употреба и рециклирањето да се зголемат за најмалку 85% од просечната маса по празно возило. (2) При исполнување на целите од ставот (1) на овој член повторната употреба има предност пред преработката на деловите кои не можат да бидат повторно употребени. Рециклирањето доколку е еколошки исплатливо, има предност пред другите видови преработка при што постајано се води сметка за исполнетост на барањата во однос на безбедноста на производите и барањата за заштита на животната средина, како што се емисиите во воздухот, водите и почвата, контрола на бучавата и миризбата, како и заштита на природата и културното наследствo. (3) Oрганот за животна средина, целите од ставот (2) на овој член може да ги ревидира согласно со состојбите на пазарот, во согласност со планските документи усвоени согласно со прописите за управување со отпад. Член 31 Обврски на производителот (1) За остварување на целите од член 30 ставот (2) од овој закон, производителот на возила, согласно со начелото на одговорност на производителот, е должен да обезбеди и организира систем за собирање на отпадни возила и доколку е технички изводливо на нивните делови и материјали, без оглед на нивниот оригинален производител, доколку крајниот корисник е подготвен да го предаде отпадното возило, како и да обезбеди преземање на мерки кои ги опфаќаат постапките за собирање и времено складирање, транспорт, третман, како и отстранување на настанатиот отпад по третманот на отпадното возило. (2) Производителот секоја година до 31 март, ги утврдуваат своите годишни цели за повторна употреба, рециклирање и преработка изразени во килограми за тековната година, врз основа на минималните цели за собирање на отпадни возила од членот 17 од овој закон. (3) За производителот на возила не се применуваат одредбите од прописите за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, прописите за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, како и обврските пропишани согласно со одредбите на овој закон кои се однесуваат на управувањето со отпадни масла и отпадни гуми. (4) Остварувањето на обврските од ставот (1) на овој член производителот ги остварува согласно со овој закон и прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Член 32 Утврдување и пресметка на националните цели за преработка и повторна употреба на отпадни возила (1) Утврдувањето на исполнувањето на целите од членот 30 став (2) од овој закон, се врши на годишно ниво, врз основа на просечната маса по празно возило кое се предава во инсталација за третман. (2) Министерот кој раководи со органот за животна средина го пропишува начинот на следење на националните цели за преработка и повторна употреба на отпадните возила. Член 33 Преземање и предавање на отпадни возила од крајни корисници (1) Крајниот корисник може да го предаде отпадното возило на собирач на отпадни возила во собирно место или во инсталација за третман. (2) Предавањето на отпадното возило е бесплатно, дури и кога возилото нема никаква или има негативна пазарна вредност. (3) Трошоците за предавањето на отпадното возило во целост или делумно ги покрива производителот. (4) По исклучок од ставот (2) на овој член, преземањето на отпадното возило ќе биде наплатено ако отпадното возило: не ги содржи битните делови на возилото, особено погонскиот механизам и шасијата, не го содржи катализаторот и електронските делови за управување со функциите на возилото или содржи друг вид отпад освен составните делови и материјали на возилото. Член 34 Потврда за преземање на отпадното возило за уништување (1) Операторот на инсталацијата за третман за секое примено отпадно возило издава потврда за преземање на отпадното возило за уништување, со која се потврдува преземањето на отпадното возило и се гарантира дека тоа возило ќе биде третирано и преработено согласно со одредбите од овој закон. (2) Потврдата од ставот (1) на овој член може да ја издава и собирачот на отпадни возила од името на операторот за инсталацијата за третман врз основа на склучен договор за предавањето на отпадните возила во инсталацијата за третман. (3) Операторот од ставот (1) на овој член и собирачот од ставот (2) на овој член се должни да водат електронска евиденција за издадените потврди и издадените потврди да ги внесат во евиденцијата истовремено кога ја издаваат потврдата. (4) На крајниот корисник потврдата од ставовите (1) и (2) на овој член му се издава бесплатно. (5) Формата и содржината на потврдата од ставот (1) на овој член, ја пропишува министерот кој раководи со органот за животна средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите за внатрешни работи. (6) Стручниот орган води електронска евиденција за ажурирање на податоците од потврдите за секое собирно место и/или инсталација за третман. (7) Увид во информативниот дел на електронската евиденција од ставот (6) на овој член може да имаат и самостојните, односно колективните постапувачи. (8) За напуштените регистрирани моторни возила потврдата од ставот (1) на овој член ја издава само операторот на инсталацијата за третман, пополнувајќи ги податоците за возилото што се познати. (9) Крајниот корисник е должен во рок од 30 дена од денот на издавањето на потврдата од ставот (2) на овој член, од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешни работи да побара бришење од евиденција на регистрираното возило. Член 35 Собирање на отпадни возила (1) Собирачот на отпадни возила е должен на ниво на плански регион согласно со прописите за рамномерен регионален развој, да обезбеди најмалку едно собирно место за управување со отпад согласно со Законот за управување со отпад, достапно за преземање на отпадните возила кое е поврзано со јавен пат и ги исполнува условите пропишани во членот 37 став (9) од овој закон. (2) Собирачот на отпадни возила е должен да ја утврди поединечната маса на секое отпадно возило кое го презема, како и масата на деловите и материјалите настанати од возилото кое го собира и тие податоците да ги внесе во евиденцијата од членот 36 од овој закон. (3) Доколку собирачот на отпадни возила склучил договор со самостоен постапувач или со колективен постапувач согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, е должен собраните отпадни возила да ги предаде во инсталација за третман, придружени со идентификациони и транспортни формулари, која е дел од систем на колективен или самостоен постапувач. Член 36 Водење евиденција и известување на собирач на отпадни возила (1) Собирачот на отпадни возила е должен да води евиденција за собраните отпадни возила и тоа за следниве податоци: број на собрани отпадни возила и вкупна маса изразена во килограми, за секое собирно место посебно, број на отпадни возила и вкупна маса изразена во килограми, предадени во инсталација за третман, за секоја инсталација посебно и масата на деловите и материјалите, масата на деловите и материјалите настанати од возилото кое го собира и издадените потврди за уништување на отпадните возила, доколку издава такви потврди согласно со членот 34 од овој закон. (2) Собирачот на отпадни возила, евиденцијата од ставот (1) на овој член, ја води на начин пропишан во прописите за управување со отпад. (3) Во евиденцијата од ставот (1) на овој член, собирачот на отпадни возила, е должен посебно да ги евидентира деловите и материјалите собрани во систем на колективен или самостоен постапувач, за секој самостоен постапувач или за секој колективен постапувач. (4) Начинот и рокот за доставување на податоците од ставот (3) на овој член заедно со идентификациони и транспортни формулари како и други прашања од заеднички интерес, се уредуваат со договорот склучен помеѓу производителот, односно самостојниот постапувач односно договорот со колективен постапувач и собирачот на отпадни возила, кој ќе овозможи почитување на обврските од овој закон и прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. (5) Собирачот на отпадни возила е должен да воспостави електронска база на податоците од ставовите (1) и (3) на овој член. Член 37 Третман на отпадни возила (1) Складирањето, дури и кога е времено како и третманот на отпадните возила се спроведува според хиерархијата за управување со отпадот согласно со Законот за управување со отпад. (2) Операторот на инсталација за третман на отпадни возила, при третман и складирање постапува согласно со информациите на производителот за нивно расклопување и можностите за повторна употреба. (3) Отпадните возила се расклопуваат пред да се предадат за третман во натамошните фази, за да се намали негативното влијание врз животната средина. (4) При расколопување од ставот (3) на овој член, селективното извлекување на опасните материи и делови треба да се изведе веднаш штом расклопувањето тоа го овозможи за да не го контаминираат отпадот од подоцнежната фаза на дробење на отпадни возило. Со извлечените опасни материи се постапува согласно со прописите за управување со отпад. (5) Деловите или материјалите на отпадното возило добиени при расклопувањето, кои се означени или идентификувани на друг начин, исто така се извлекуваат пред понатамошниот третман на искористеното возило. (6) Третманот со операциите на расклопување и складирање на издвоените материјали и делови од ставот (5) на овој член, се извршуваат на начин со кој ќе се даде предност на повторна употреба во однос на преработка. (7) Третманот на отпадните возила се врши на начин што овозможува нивните составни делови да можат повторно да се употребат или да се преработат доколку не можат повторно да се употребат. (8) Отпадот и остатоците од отпадните возила, добиени по третманот, односно оние кои не можат да се поправат за повторна употреба или да се рециклираат, се отстрануваат на начин утврден согласно со прописите за управување со отпад. (9) Министерот кој раководи со органот за животна средина ги пропишува минималните технички услови на местата за складирање и местата за третман на отпадни возила, начинот на третман на отпадни возила како и начинот на складирање на деловите од отпадните возила. Член 38 Водење на евиденција и известување за повторна употреба, рециклирање и други видови преработка на отпадни возила (1) За следење на исполнување на националните цели од членот 30 од овој закон, операторот на инсталација за третман е должен да води евиденција за сите фази на третман на отпадното возило. (2) Евиденцијата од ставот (1) на овој член се однесува на податоците за отпадни возила, делови и материјали собрани од систем на колективен постапувач или самостоен постапувач, за секој самостоен постапувач или колективен постапувач поодделно. (3) Во случаите кога операторот на инсталацијата за третман нема договор со колективен или самостоен постапувач известува согласно со прописите за управување со отпад. (4) Врз основа на податоците од евиденцијата од ставот (1) на овој член, операторот на инсталацијата подготвува и доставува извештај на посебен образец до самостојниот постапувач или до колективниот постапувач. (5) Доколку, отпадните возила се извезуваат, тогаш нивното количеството се зема предвид при пресметување на националните цели од членот 30 од овој закон, доколку извозникот има докази дека преработката или рециклирањето биле извршени на начин и под услови што не и штетат на животната средина, согласно со закон. (6) Извозникот кој ги врши работите за извоз, до самостојниот постапувач или колективниот постапувач е должен на посебен образец да доставува извештај за извезеното количество на отпадни возила. (7) Начинот на водење и содржината на евиденцијата од ставот (1) на овој член, како и формата и содржината на обрасците од ставовите (4) и (6) на овој член, ги пропишува министерот кој раководи со органот за животна средина. (8) Составен дел на извештаите од ставовите (4) и (6) на овој член се и идентификационите и транспортни формулари, односно формуларите за прекугранично движење на отпадот согласно со прописите за управување со отпадот. (9) Рокот и начинот за доставување на извештајот од ставовите (4) и (6) на овој член, се уредува со договор склучен меѓу колективниот или самостојниот постапувач на отпадни возила и операторот на инсталацијата за третман, односно извозникот, кој ќе овозможи почитување на обврските согласно со овој закон и прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Член 39 Дозвола за третман на отпадни возила (1) Третман на отпадните возила се врши во посебна инсталација за третман, која ги исполнува условите за третман на отпадните возила согласно со членот 37 став (9) од овој закон и за која е издадена соодветна дозвола за управување со отпад согласно со Законот за управување со отпад. (2) Операторот на инсталацијата од ставот (1) на овој член треба да води електронска евиденција согласно со членовите 34 став (3) и 38 од овој закон. (3) При избор на инсталација за третман, се дава предност на инсталација која е вклучена во сертифицирани системи за заштита на животната средина. (4) Третманот на отпадни возила се врши со примена на најдобри достапни техники. Член 40 Обврски кои се однесуваат на напуштени или отпадните возила Општината, општините во градот Скопје и градот Скопје на чијашто територија се наоѓа напуштено возило или отпадно возило е одговорна за организирање на собирањето и третманот на напуштеното возило или отпадното возило, вклучувајќи ја и испораката до собирно место или инсталацијата за третман согласно со закон. IV. ПОСЕБНИ ОБВРСКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДНИ ГУМИ, ОТПАДНИ МАСЛА И ОТПАДЕН ТЕКСТИЛ Член 41 Обврски на производителот и собирање на отпадни гуми (1) Производителот е должен да обезбеди и да организира систем за собирање на отпадни гуми. (2) Производителот во системот од ставот (1) на овој член треба да обезбеди одделно собирање и времено чување и складирање, транспорт, преработка и рециклирање на отпадните гуми. (3) Собирањето, временото чување и складирањето се вршат од страна на собирач на отпадни производи, кој треба да има минимум едно собирно место поврзано со јавен пат. (4) Собирното место од ставот (3) на овој член, може да бидe и дел од инсталација каде се врши рециклирање или преработка на отпадни гуми. (5) Собирачот на отпадни производи кој собира отпадни гуми за колективен постапувач или за самостоен постапувач, согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, ги предава истите во инсталација за рециклирање и преработка, која е дел од систем на самостојниот, односно колективниот постапувач без надоместок, со идентификациони и транспортни формулари согласно со прописите за управување со отпад. (6) Министерот кој раководи со органот за животна средина, ги пропишува минималните технички услови на собирните места за отпадни гуми како и начинот на нивно одделно собирање и складирање. Член 42 Обврски на поседувач во управување со отпадни гуми (1) Правните и физичките лица, кои при вршење на својата регистрирана дејност поседуваат отпадни гуми се должни истите да ги собираат и чуваат одвоено од мешан комунален и друг вид на отпад, како и да ги предадат на собирач на отпадни производи или во инсталација за рециклирање или преработка на отпад. (2) Правните и физички лица, од ставот (1) на овој член можат да се приклучат кон систем на самостоен или колективен постапувач со отпадни гуми. (3) Правните и физичките лица од ставот (1) на овој член, кои се приклучени кон систем на самостоен или колективен постапувач, се должни да обезбедат посебно место за собирање и редовно преземање од собирач или инсталација за рециклирање и преработка која е дел од системот на колективен или самостоен постапувач со идентификациони и транспортни формулари согласно со прописите за управување со отпад. (4) Правните и физичките лице кои се приклучени кон систем на самостоен или колективен постапувач од ставот (3) на овој член, како и за собраните отпадни гуми не треба да поседуваат дозвола согласно со прописите за управување со отпад. (5) Колективниот или самостојниот постапувач и субјектите од ставот (1) на овој член, меѓусебните права и обврски ги уредуваат со склучување на договор. Член 43 Преработка на отпадни гуми (1) Преработката на отпадните гуми го опфаќа процесот на рециклирање, протектирање, преработка и операции на енергетска преработка. (2) Преработката на отпадни гуми од ставот (1) на овој член се засметува во националните цели за преработка од членот 18 од овој закон. (3) Дробењето на отпадните гуми од кои делови не е добиен финален производ не се засметува во националните цели за преработка од членот 18 oд овој закон. Член 44 Заштита на здравјето на луѓето и животната средина при управување со отпадни масла За заштитата на здравјето на луѓето и животната средина, при управувањето со отпадни масла мора да се преземаат сите неопходни мерки за да се осигури дека управувањето со отпадни масла се спроведува така што не го загрозува здравјето на луѓето и животната средина, а особено без штетно влијание и ризик врз медиумите и областите на животната средина согласно со прописите за заштита на животната средина. Член 45 Обврски на производителот на масла (1) Производителот на масла е должен да обезбеди и организира систем за собирање на отпадни масла. (2) Производителот на масла во системот од ставот (1) на овој член е должен да обезбеди одделно собирање на отпадните масла по видови, освен кога и со примена на најдобрите техники и практики одделното собирање е технички неизводливо. Член 46 Собирање на отпадни масла и обврски на собирачот (1) Собирањето на отпадни производи опфаќа активности на собирање од местото за собирање на отпадни масла до собирното место за времено чување, складирање, сортирање, како и други постапки за подготовка за транспорт и предавање во инсталација за преработка. (2) Собирачот на отпадни производи треба да има минимум едно собирно место за отпадни масла поврзано со јавен пат. (3) Собирното место од ставот (2) на овој член, може да биде и дел од инсталација за преработка. (4) Собирачот на отпадни производи кој собира отпадни масла за колективен или самостоен постапувач, согласно со прописите за проширена одговорност за управување со посебните текови на отпад, ги предава отпадните масла со идентификациони и транспортни формулари согласно со прописите за управување со отпад во инсталација за преработка којашто претставува дел од системот на колективен или самостоен постапувач. (5) Собирните места за отпадни масла и подрачјата кои тие ги покриваат се евидентираат во листа која ја води стручниот орган и ја објавува на веб-страницата на органот за животна средина и истата ја ажурира најмалку еднаш годишно. Член 47 Преработка на отпадни масла (1) При преработката со отпадните масла: се дава приоритет на обновувањето или друг вид на преработка која овозможува заштита на животната средина, не се мешаат меѓусебно со отпадните масла со различни карактеристики, како и отпадните масла со други видови отпад или супстанции, доколку таквото мешање го спречува нивното обновување или друг вид на преработка при тоа водејќи сметка за заштитата на животната средина. (2) Забранет е извоз на отпадни масла за исполнување на барањата од ставот (1) на овој член. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член, отпадните масла можат да се извезуваат заради нивно обновување или друг вид на преработка, доколку во Република Северна Македонија не постојат соодветни инсталации за обновување или друг вид на преработка, согласно со членот 44 од овој закон. (4) Преработката на отпадните масла од ставот (1) на овој член се врши со примена на најдобри достапни техники. (5) Постапката за увоз и извоз на отпадни масла се спроведува согласно со прописите за управување со отпад. Член 48 Обврски на поседувачот во управувањето со отпадни масла (1) Правните и физички лица, кои при вршење на својата регистрирана дејност поседуваат отпадни масла, се должни собраното отпадно масло да го предадат во собирно место за отпадни масла или во инсталација за преработка на отпадни масла, кои имаат соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпад. (2) Правните и физички лица од ставот (1) на овој член можат да се приклучат кон систем на колективен или самостоен постапувач. (3) Правните и физички лица од ставот (1) на овој член, кои се приклучиле кон систем на колективен или самостоен постапувач, собраните отпадни масла ги предаваат на собирач или во инсталација за преработка на отпадни масла кои претставуваат дел од колективен или самостоен постапувач со идентификациони и транспортни формулари согласно со прописите за управување со отпад. (4) Колективниот или самостојниот постапувач и субјектите од ставот (1) на овој член, меѓусебните права и обврски ги уредуваат со склучување на договор за приклучување. (5) Правните и физичките лица, зависно од количеството на отпадно масло кое го создаваат покрај евиденцијата која ја водат согласно со прописите за управување со отпад, водат и посебна евиденција за секоја пратка на отпадно масло на посебен образец и истите ги доставуваат до стручниот орган. (6) Начинот на собирање и складирање на отпадните масла од членот 46 од овој закон, начинот на транспортирање и преработка на отпадните масла од членот 47 од овој закон, како и формата и содржината на образецот за евиденцијата од ставот (5) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот за животна средина. Член 49 Обврски на производителот во управување со отпаден текстил (1) Производителот на текстил е должен да обезбеди и да организира систем за одделно собирање и времено чување, складирање, транспорт, повторна употреба и преработка на отпаден текстил. (2) Производителот на текстил е должен да обезбеди систем за бесплатно преземање и собирање на отпадниот текстил, во собирно место за отпаден текстил, на времени локации определени од единиците на локалната самоуправа и во продажни места за производите кои ги пушта на пазар во Република Северна Македонија. (3) Собирачот на отпадни производи, кој собира отпаден текстил за колективен или самостоен постапувач, собраниот отпаден текстил е должен да го предаде во инсталација за преработка, која е дел од систем на колективен или самостоен постапувач со идентификациони и транспортни формулари согласно со прописите за управување со отпад. (4) При сортирањето и преработката на отпадниот текстил се дава приоритет на повторната употреба. (5) Отпадниот текстил кој на собирното место е селектиран како несоодветен за повторна употреба може да се ситни или обработува на друг начин за да се подготви за рециклирање. (6) Ситнењето на употребуваниот или отпадниот текстил од кој не е добиен финален производ не се засметува во националните целите за преработка од членот 18 oд овој закон. Член 50 Обврски на поседувач во управување со отпаден текстил (1) Правните и физички лица, доколку при вршење на својата регистрирана дејност поседуваат отпаден текстил се должни истиот да го собираат и чуваат одвоено од комунален или друг вид на отпад, како и да го предадат на собирач на отпадни производи или во инсталација за преработка на отпаден текстил, која има соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпад. (2) Правните и физички лица од ставот (1) на овој член можат да се приклучат кон систем на самостоен или колективен постапувач со отпаден текстил. (3) Доколку правните и физички лица се приклучат кон систем на самостоен или колективен постапувач, тогаш се должни одделно собраниот отпаден текстил да го предадат на собирач или инсталација за преработка кои се дел од системот на самостоен или колективен постапувач со идентификациони или транспортни формулари со прописите за управување со отпад. (4) Колективниот или самостојниот постапувач и субјектите од ставот (1) на овој член, меѓусебните права и обврски ги уредуваат со склучување на договор за приклучување. (5) Правните и физичките лице кои се приклучени кон систем на самостоен или колективен постапувач од ставот (2) на овој член, како и за собраниот отпаден текстил не треба да се поседува дозвола согласно со прописите за управување со отпад. Член 51 Водење евиденција и известување (1) Собирачот на отпадни производи е должен во евиденцијата која ја води согласно со прописите за управување со отпад, посебно да води и евиденција за колективен или самостоен постапувач за кои собира отпадни производи, со податоци за: вкупниот број на собрани отпадни гуми, отпадни масла и отпаден текстил изразено во килограми, вклучувајќи ги и местата за одделно собирање, местата за преземање и собирните центри, вкупното количество отпадни гуми, отпадни масла и отпаден текстил изразено во килограми, предадени во секоја инсталација за повторна употреба и преработка. (2) Доколку, собирачот, собира отпадни производи за повеќе самостојни и колективни постапувачи, податоците од евиденцијата е должен да ги чува одвоено, за секој самостоен постапувач или колективен постапувач. (3) Начинот и рокот за доставување на податоците од ставовите (1) и (2) на овој член, заедно со идентификационите и транспортни формулари како и други прашање од заеднички интерес, се уредуваат со договорот склучен меѓу самостојниот постапувач односно колективниот постапувач и собирачот, кој ќе овозможи почитување на обврските од овој закон и прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад. V. OБВРСКИ НА ДРУГИ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ Член 52 Обврски на градоначалникот (1) Градоначалникот е должен да организира собирање на отпаден текстил и отпадни гуми, да определи и организира собирни местa за одделно собирање на отпаден текстил и отпадни гуми во собирни центри на целата територија на општината, општините во Скопје и градот Скопје, каде крајните корисници ќе можат бесплатно да ги оставаат отпадниот текстил и отпадните гуми. (2) При определување на места и локации на собирните центри треба да се земе предвид бројот на жителите во населеното место, при што треба да се обезбеди најмалку еден собирен центар на ниво на општина, односно најмалку по еден собирен центар за 30.000 жители. (3) Собирните центри од ставот (2) на овој член ги вклучуваат и постојните места и локации за прием на одделно собрани фракции на комунален отпад, доколку овие места ги исполнуваат условите утврдени со овој или друг закон. (4) Собирањето на отпадните производи од ставот (1) на овој член во собирните центри, колективниот постапувач и/или самостојниот постапувач можат да го кофинансираат целосно или делумно, а истото ќе се врши согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Колективниот постапувач и/или самостојниот постапувач треба да соработуваат со овластениот давателот на услуга за собирање на отпадната опрема од домаќинствата на регионално или општинско ниво. (5) Отпадниот текстил и отпадните гуми собрани на определените места од ставот (1) на овој член се предаваат на инсталација за преработка на отпаден текстил или отпадна гума која е дел од системот на самостојниот, односно колективниот постапувач, врз основа на склучен договор со градоначалникот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, односно организационата единица за регионално управување со отпад формирана согласно со Законот за управување со отпад. (6) Договорот од ставот (5) на овој член се склучува за период од најмалку една година. (7) Организационите единици за регионално управување со отпад од ставот (5) на овој член и општините, општините во градот Скопје и градот Скопје се должни да ја информираат јавноста за адресите на собирните центри на територијата на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје вклучени во системот за управување со отпадниот текстил и отпадните гуми и за локациите на собирните места. Член 53 Обврски на крајни корисници (1) Крајниот корисник, кој создава отпадни гуми е должен да ги собира и чува истите одвоено од мешан комунален отпад или друг вид на отпад и да ги предаде на трговец, на собирач на отпадни производи или во друго место за преземање и собирање, определено на локално, односно регионално ниво. (2) Крајниот корисник од ставот (1) на овој член, отпадните гуми до 200 килограми/годишно може да ги предаде бесплатно во собирен центар како одвоено собрани фракции на комунален отпад. (3) Крајниот корисник кој создава отпадно масло е должен да го собира и чува одвоено од мешан комунален отпад или друг вид на отпад и да го предаде на собирач на отпадни производи во собирно место или инсталација за рециклирање заради негово обновување и преработка кои имаат соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпад. (4) Крајниот корисник, кој создава отпаден текстил е должен создадениот отпаден текстил да го собира и чува одвоено од мешан комунален отпад или друг вид на отпад и да го предаде на трговец, собирач на отпадни производи или во собирен центар или други локации и места определени за преземање и собирање на отпаден текстил на локално односно регионално ниво. VI. ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА, ИЗВЕСТУВАЊЕ, БАЗА НА ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ Член 54 Водење евиденција, собирање на податоци и известување за управување со отпаден текстил, отпадни гуми, отпадни масла и отпадни возила (1) Производителот е должен да води месечна евиденција на посебен образец за количеството на текстил, односно за количеството на масла, односно количеството на гуми изразено во килограми, кои за прв пат ги пуштил на пазарот во Република Северна Македонија во текот на една календарска година. (2) Производителот е должен да води месечна евиденција на посебен образец, за бројот на возила и нивната вкупна маса изразена во килограми, кои за прв пат ги пуштил на пазарот во Република Северна Македонија во текот на една календарска година. (3) Врз основа на податоците од ставовите (1) и (2) на овој член, производителот е должен до 31 март во тековната година да изготви годишен извештај на посебен образец за количество на производите пуштени на пазарот во Република Северна Македонија за претходната година и истиот да го достави до: 1. стручниот орган, во случај кога производителот не е дел од колективен постапувач односно не е самостоен постапувач за што плаќа надоместок од членот 23 став (2) од овој закон; 2. стручниот орган, во случај кога е мал производител од членот 20 од овој закон. (4) Самостојниот постапувач и колективниот постапувач согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад, годишниот извештај за управување со отпадни производи и отпадни возила од ставот (3) на овој член го доставуваат на посебен образец до стручниот орган. (5) Формата и содржината на образецот од ставовите (1) и (2) на овој член како и формата и содржината на образците од ставовите (3) и (4) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот за животна средина. (6) Податоците од ставовите (3) и (4) на овој член се чуваат најмалку за период од седум години и се дел од електронската база на податоци на колективниот или самостојниот постапувач согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. (7) Во годишниот извештај од ставот (4) на овој член се наведуваат и други податоци согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Член 55 База на податоци и информативен систем Врз основа на податоците од членот 54 од овој закон и податоците од Регистарот од членот 19 од овој закон, стручниот орган воспоставува и води електронска база на податоци за остварување на проширената одговорност на производителите на текстил, гуми, масла и возила што се пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија согласно со прописите за проширена одговорност на производител за управување со управување со посебните текови на отпад. Член 56 Доброволно договарање Организации кои застапуваат одредени интереси на економските оператори и групите на економски оператори опфатени со овој закон, можат да пристапат кон склучување на доброволен договор со органот за животната средина или Владата на Република Северна Македонија преку кој ќе ги регулираат меѓусебните права и обврски за да се постигнат повисоки национални цели за собирање од членот 17 од овој закон, како и повисок степен на рециклирање, преработка и повторна употреба и за воведување на сертифицирани системи за управување со животната средина на начин како што е утврдено во прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад. VII. НАДЗОР И НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ Член 57 Надлежни органи (1) Надзор над примената на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши органот за животна средина. (2) Инспекцискиот надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, го врши Државниот инспекторат за животна средина, преку државните инспектори за животна средина. (3) Инспекцискиот надзор над примената и спроведувањето на овој закон во делот на обврските од овој закон кои произлегуваа за трговците за повратен прием на отпаден текстил и отпадни гуми, обврските во однос на управување со отпадни гуми и отпаден текстил на крајни корисници и поседувачи, во делот на забраните за горење на отпаден текстил, отпадни гуми и отпадни масла, исфрлање на искористено возило во природа, расклопување и изведба на други зафати на отпадните возила надвор од инсталации за третман, преработка и отстранување, вршат овластените инспектори за животна средина на општините, општините на градот Скопје и градот Скопје. (4) Инспекцискиот надзор над примената и спроведувањето на овој закон во делот на управувањето со отпадните производи вклучувајќи и делови и материјали од отпадните возила од страна на правните и физичките лица, оставање и предавање на отпаден текстил и отпадни гуми како дел од неселектиран комунален отпад, односно мешан со други видови отпад и оставање, фрлање или напуштање на отпадни гуми во природа и на јавни површини, вршат комуналните инспектори на општините и општините во градот Скопје и градот Скопје. (5) Инспекцискиот надзор над примената и спроведувањето на овој закон во делот на забрана и ограничување на употреба на опасни супстанции во возилата, стандарди за кодирање на материјали и делови на возила, како и информации за крајните корисници, го врши Државниот пазарен инспекторат, преку државните пазарни инспектори. (6) Надзор над евиденцијата и извештаите од членот 54 од овој закон, врши стручниот орган. Член 58 Делокруг на надзор на државниот инспектор за животна средина (1) Во вршењето надзор од својот делокруг, државниот инспектор за животна средина над субјектот на надзорот врши увид и контрола: 1) дали субјектот на надзорот меша отпадни масла со масла кои имаат различни физички, хемиски или опасни својства, со други видови отпад, супстанции или материјали со што се спречува или отежнува преработката на отпадните масла (член 8 точка 4 од овој закон); 2) дали деловите и материјалите за возилата се произведуваат и дизајнираат согласно со барaњата утврдени во членот 9 од овој закон; 3) дали производителот на возила или на составни делови на возилото подготвува информации во пропишаниот рок и содржина и истите ги става на располагање на барање на операторот на инсталацијата за третман (член 12 од овој закон); 4) дали производителот презема мерки за да обезбеди и организира систем за повратен прием и собирање со отпаден текстил и отпадни гуми кај трговецот согласно со обврските од членот 15 ставовите (1) и (2) од овој закон; 5) дали производителот презема мерки за обезбедување и реализација на националните цели од членот 17 став (1) од овој закон, а кои се однесуваат на собирањето на отпадни производи и отпадни возила; 6) дали се утврдени годишните цели за собирање на отпадни производи и отпадни возила во определениот рок (член 17 став (4) од овој закон); 7) дали производителот презема мерки за обезбедување и реализација на националните цели за повторна употреба, рециклирање и други видови преработка на отпадни производи од членот 18 став (1) од овој закон; 8) дали се утврдени годишните цели за повторна употреба, рециклирање и други видови преработка во определениот рок (член 18 став (4) од овој закон); 9) дали операторот на инсталацијата за преработка на отпадни производи води евиденција и доставува извештаи на начин и во пропишаната форма и содржина согласно со членот 18 ставови (7), (8) и (9) од овој закон; 10) дали субјектот на надзорот односно извозникот кој извезува отпадни производи доставува извештаи на пропишан начин согласно со членот 18 став (11) од овој закон; 11) дали производителот е регистриран кај стручниот орган (член 19 од овој закон); 12) дали малиот производител се регистрирал и води евиденција и известува согласно со членот 20 став (2) од овој закон; 13) дали производителот доставува точни податоци за да се утврди како мал производител (член 20 став (3) од овој закон); 14) дали производителот обезбедува целосна покриеност на трошоците за финасирање на управувањето со отпадни производи и отпадни возила согласно со членот 21 став (1) од овој закон; 15) дали малиот производителот, уплатил паушален надоместок согласно со членот 21 став (2) од овој закон; 16) дали производителот, со трошоците за постапување со отпадни производи и отпадни возила постапува спротивно на барањата од членот 21 став (4) од овој закон; 17) дали производителот ги исполнува обврските од членот 21 став (5) од овој закон; 18) дали производителот кој не е регистриран во Република Северна Македонија и пушта производи на пазар преку комуникација од далечина (е-трговија) има назначен овластен застапник (член 22 од овој закон); 19) дали производителот согласно со овој закон е обврзан да плаќа надоместок и дали го платил надоместокот согласно со членот 23 од овој закон; 20) дали производителот има обезбедено дозвола за самостоен постапувач со отпадни производи и отпадни возила или има склучено договор за преземање на неговите обврските за управување со отпадни производи и отпадни возила со колективен постапувач, согласно со членот 29 од овој закон; 21) дали производителот има обезбедено и организирано систем кој ќе ги опфатат постапките за собирање и складирање, транспорт, третман на отпадните возила (член 31 став (1) од овој закон); 22) дали производителот утврдува цели за повторна употреба, рециклирање и преработка на отпадни возила, во пропишаниот рок (член 31 став (2) од овој закон); 23) дали отпадните возила бесплатно се преземаат од крајните корисници кои сакаат да ги предадат (член 33 став (2) од овој закон); 24) дали преземањето на отпадните возила се наплатува спротивно на условите од членот 33 став (4) од овој закон; 25) дали операторот на инсталација за третман или собирачот на отпадни возила издава потврда при преземање на отпадното возило како и дали податоците од потврдата ги внесува во електронската евиденција што ја води стручниот орган (член 34 ставови (1), (2) и (3) од овој закон); 26) дали собирачот на отпадни возила или операторот на инсталацијата за третман има воведено електронска евиденција за издадените потврди (член 34 став (3) од овој закон); 27) дали крајниот корисник по предавањето на отпадното возило на собирно место или инсталација за третман, истотото го одјавил, односно побарал бришење од евиденција кај надлежен орган (член 34 став (9) од овој закон); 28) дали собирачот на отпадни возила ја утврдува поединeчната маса на преземеното возило, како и масата на деловите и материјалите и ја внесува во евиденција согласно со барањата од членот 35 став (2) од овој закон; 29) дали собирачот на отпадни возила, ги предава на пропишан начин согласно со членот 35 став (3) од овој закон; 30) дали евиденцијата се води согласно со членот 36 ставови (1) и (3) од овој закон; 31) дали собирачот на отпадни возила вовел и одржува база на податоци согласно со членот 36 став (5) од овој закон; 32) дали третманот на отпадните возила се врши на начин согласно со условите и барањата од членот 37 од овој закон; 33) дали, операторот на инсталацијата за третман на отпадни возила води евиденција и доставува извештаи на начин и во пропишаната форма, како и ги чува податоците во пропишаниот рок согласно со членот 38 ставови (1), (2) и (4) од овој закон; 34) дали извозникот на отпадните возила, доставува извештаи на пропишан начин согласно со членот 38 став (7) од овој закон; 35) дали операторот на инсталацијата за третман поседува дозвола и дали ги исполнува условите од дозволата согласно со членот 39 став (1) од овој закон; 36) дали операторот на инсталацијата за третман води евиденција согласно со членот 39 став (2) од овој закон; 37) дали производителот има обезбедено и организирано систем за собирање и преработка на отпадни гуми (член 41 ставови (1) и (2) од овој закон); 38) дали производителот има обезбедено и организира систем за одделно собирање и преработка на отпадни масла согласно со членот 45 од овој закон; 39) дали собирачот на отпадни масла постапува со собраните отпадни масла согласно со барањата на членот 46 став (4) од овој закон; 40) дали субјектот на надзорот кој врши преработка на отпадни масла ги исполнуваат условите и барањата утврдени во членот 47 ставови (1) и (4) од овој закон; 41) дали субјектот на надзорот кој поседува отпадни масла постапува со отпадното масло, согласно со барањата од членот 48 ставот (1) од овој закон; 42) дали субјектот на надзорот кој е поседувач на отпадно масло, кој се приклучил кон самостоен или колективен постапувач го предава отпадното масло на пропишан начин (член 48 став (3) од овој закон); 43) дали субјектот на надзорот води евиденција и дали податоците од евиденцијата ги доставува до стручниот орган (член 48 став (5) од овој закон); 44) дали производителот има обезбедено и организирано систем за одделно собирање и управување со отпаден текстил согласно со членот 49 ставови (1) и (2) од овој закон; 45) дали собирачот на отпадни производи го предава отпадниот текстил на начин согласно со членот 49 став (3) од овој закон; 46) дали собирачот води евиденција за отпадни производи на пропишан начин, согласно со членот 51 ставови (1) и (2) од овој закон; 47) дали крајниот корисник кој создава отпадно масло постапува со отпадното масло и го предава отпадното масло согласно со барањата од членот 53 став (3) од овој закон; 48) дали производителот води евиденцијата за видот и количеството на производи пуштени на пазарот (член 54 ставови (1) и (2) од овој закон); 49) дали производителот, односно самостојниот или колективниот постапувач доставуваат годишен извештај до стручниот орган во определениот рок за видот и количеството на производи пуштена на пазар согласно со членот 54 ставови (3) и (4) од овој закон; 50) дали податоците од извештаите се чуваат, најмалку за претходните седум години согласно со членот 54 став (6) од овој закон и 51) врши и други работи во негова надлежност утврдени со овој закон. (2) На барање на државниот инспектор за животна средина во вршењето на инспекцискиот надзор може да учествува и надлежен државен службеник вработен во стручниот орган. (3) Државниот инспектор за животна средина е должен да изврши инспекциски надзор, кога тоа ќе го побара стручниот орган без одлагање. Член 59 Донесување на решенија на инспектор за животна средина (1) При вршење на инспекцискиот надзор, државниот инспектор за животна средина со решение: 1) ќе го задолжи субјектот на надзорот да запре со активности на мешање на маслото со други масла, материјали супстанции и друг отпад (член 8 точка 4 од овој закон); 2) ќе го задолжи производителот да презема мерки со кои ќе ги исполни барањата утврдени во членот 9 од овој закон; 3) ќе го задолжи производителот на барање на операторот на инсталацијата за третман да ги достави потребните информации за расклопување, складирање и тестирање на деловите од возилото кои можат повторно да се употребат (член 12 од овој закон); 4) ќе го задолжи производителот да преземи мерки за да организира и обезбеди систем за повратен прием и собирање на отпаден текстил и отпадни гуми кај трговците и исполнување на обврските утврдени во членот 15 ставови (1) и (2) од овој закон; 5) ќе го задолжи производителот да презема мерки за обезбедување и реализација на националните цели од членот 17 став (1) од овој закон, а кои се однесуваат на собирањето на отпадни производи и отпадни возила; 6) ќе го задолжи производителот да ги утврди годишните цели за собирање на отпадни производи и отпадни возила во определениот рок (член 17 став (4) од овој закон); 7) ќе го задолжи производителот да презема мерки за обезбедување и реализација на националните цели за повторна употреба, рециклирање и други видови преработка на отпадни производи од членот 18 став (1) од овој закон; 8) ќе го задолжи производителот да ги утврди годишните цели за повторна употреба, рециклирање и други видови преработка, според видот на производ во килограми или парче во определениот рок (член 18 став (4) од овој закон); 9) ќе го задолжи операторот на инсталацијата за преработка на отпадни производи да води евиденција и доставува извештаи на начин и во пропишаната содржина и форма согласно со членот 18 ставови (7), (8) и (9) од овој закон; 10) ќе го задолжи субјектот на надзорот односно извозникот кој извезува отпадни производи да достави извештаи на пропишан начин согласно со членот 18 став (11) од овој закон; 11) ќе ги задолжи производителите да се регистрираат согласно со членoт 19 од овој закон; 12) ќе го задолжи малиот производител да се регистрира и води евиденција согласно со членот 20 став (2) од овој закон; 13) ќе го задолжи малиот производителот да доставува точни податоци до стручниот орган врз основа на кои се утврдува како мал производител (член 20 став (3) од овој закон); 14) ќе го задолжи производителот да обезбедува целосна покриеност на трошоците за финансирање на системот за управувањето со отпадни производи и отпадни возила согласно со членот 21 став (1) од овој закон; 15) ќе го задолжи малиот производителот да уплати паушален надоместок согласно со членот 21 став (2) од овој закон; 16) ќе го задолжи производителот, за трошоците за управување отпадни производи и отпадни возила, да постапува согласно со барањата од членот 21 став (4) од овој закон; 17) ќе го задолжи производителот да ги покрива трошоците за управување со заостанати отпадни производи и отпадни возила на начин согласно со членот 21 став (5) од овој закон; 18) ќе ги задолжи производителите кои не се регистриран во Република Северна Македонија и кои пуштаат производи на пазар преку комуникација од далечина (е-трговија), да назначат овластен застапник (член 22 од овој закон); 19) ќе го задолжи производителот да плати надоместок согласно со членот 23 од овој закон; 20) ќе го задолжи производителот да обезбеди дозвола за самостоен постапувач со отпадни производи и отпадни возила или да склучено договор за преземање на неговите обврските за управување со отпадни производи и отпадни возила, согласно со членот 29 од овој закон; 21) ќе го задолжи производителот да преземи мерки со кои ќе организира и обезбеди систем кој ќе ги опфатат постапките за собирање и складирање, транспорт, третман на отпадните возила и нивните делови (член 31 став (1) од овој закон); 22) ќе го задолжи производителот да ги утврдува цели за повторна употреба, рециклирање и преработка на отпадни возила, во пропишаниот рок (член 31 став (2) од овој закон); 23) ќе го задолжи собирачот на отпадни возила или операторот на инсталацијата за третман, бесплатно да ги презема отпадните возила од крајните корисници кои сакаат да ги предадат (член 33 став (2) од овој закон); 24) ќе задолжи собирачот на отпадни возила или операторот на инсталацијата за третман да постапува согласно со условите утврдени во членот 33 став (4) од овој закон; 25) ќе го задолжи операторот на инсталација за третман или собирачот на отпадни возила, да издава потврда при преземање на отпадното возило како и податоците од потврдата да ги внесува во електронската евиденција што ја води стручниот орган (член 34 ставови (1), (2) и (3) од овој закон); 26) ќе ги задолжи собирачот на отпадни возила или операторот на инсталацијата за третман да воведи електронска евиденција за издадените потврди (член 34 став (3) од овој закон); 27) ќе го задолжи крајниот корисник по предавањето на отпадното возило на собирно место или инсталација за третман, истото да го одјави, односно да побара бришење од евиденција кај надлежен орган (член 34 став (9) од овој закон); 28) ќе го задолжи собирачот на отпадни возила да постапува согласно со барањата од членот 35 став (2) од овој закон; 29) ќе го задолжи собирачот на отпадни возила да постапува со собраните отпадни возила согласно со барањата од членот 35 став (3) од овој закон; 30) ќе го задолжи собирачот на отпадни возила да води евиденција на пропишан начин согласно со членот 36 ставовите (1) и (3) од овој закон; 31) ќе го задолжи собирачот на отпадни возила да воведе и да одржува база на податоци согласно со членот 36 став (5) од овој закон; 32) ќе го задолжи субјектот на надзорот кој вршат третман на отпадни возила да ги врши на начин согласно со условите и барањата утврдени во членот 37 од овој закон; 33) ќе го задолжи субјектот на надзорот, оператор на инсталацијата за третман, да води евиденција како и да доставува извештаи на начин и во пропишаната форма, согласно со членот 38 ставови (1), (2) и (4) од овој закон; 34) ќе го задолжи извозникот на отпадните возила, делови и материјали да доставува извештаи на пропишан начин согласно со членот 38 став (7) од овој закон; 35) ќе го задолжи операторот на инсталација за третман на отпадните возила, да обезбеди дозвола и да преземе потребни мерки за да ги исполни условите од дозволата (член 39 став (1) од овој закон); 36) ќе го задолжи операторот на инсталацијата за третман на отпадни возила да води евиденција согласно со членот 39 став (2) од овој закон; 37) ќе го задолжи производителот да преземи мерки со кои ќе се обезбеди и ќе организира систем за собирање отпадни гуми (член 41 ставови (1) и (2) од овој закон); 38) ќе го задолжи производителот да преземи мерки за да обезбеди и организира систем за одделно собирање и пеработка на отпадни масла согласно со членот 45 од овој закон; 39) ќе го задолжи собирачот на отпадни масла да постапува со собраните отпадни масла согласно со барањата од членот 46 став (4) од овој закон; 40) ќе го задолжи субјектот на надзорот кој врши преработка на отпадни масла да ги исполни условите и барањата од членот 47 ставови (1) и (4) од овој закон; 41) ќе го задолжи субјектот на надзорот кој поседува отпадни масла да постапува со отпадните масла согласно со барањата од членот 48 ставот (1) од овој закон; 42) ќе го задолжи субјектот на надзорот да го предаде отпадното масло на пропишан начин (член 48 став (3) од овој закон); 43) ќе го задолжи субјектот на надзорот зависно од количините на отпадно масло кое го создава да води евиденција и податоците да ги доставува до стручниот орган (член 48 став (5) од овој закон); 44) ќе го задолжи производителот да преземи мерки и да обезбеди и организира систем за одделно собирањето и преработката на отпаден текстил согласно со членот 49 ставовите (1) и (2) од овој закон; 45) ќе го задолжи собирачот да го предава собраниот отпаден текстил на начин утврден во членот 49 став (3) од овој закон; 46) ќе го задолжи собирачот да води евиденција на пропишан начин, согласно со членот 51 ставови (1) и (2) од овој закон; 47) ќе го задолжи крајниот корисник кој создава отпадно масло да постапува со отпадното масло, согласно со барањата од членот 53 став (3) од овој закон; 48) ќе го задолжи производителот да води евиденцијата за видот и количеството на производи пуштени на пазарот (член 54 ставови (1) и (2) од овој закон); 49) ќе го задолжи производителот, односно самостојниот или колективниот постапувач да доставува годишен извештај до стручниот орган во определениот рок за видот и количеството на производи пуштена на пазар согласно со членот 54 ставови (3) и (4) од овој закон; 50) ќе го задолжи податоците од извештаите да се чуваат, најмалку за претходните седум години согласно со членот 54 став (6) од овој закон и 51) ќе го задолжи субјектот на надзорот да преземе други мерки и активности согласно со барањата од одредбите од овој закон. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за животна средина утврди дека субјектите на надзор не се придржуваат кон барањата од овој закон, со записник ќе ги констатира утврдените неправилности и во решение ќе ги определи соодветните мерки и активности кои треба да ги преземе за надминување на настанатата ситуација како и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстрани причините за настанатата состојба. (3) При вршењето на инспекцискиот надзор, државниот инспектор за животна средина на субјектите на надзорот ќе им одреди привремена забрана за вршење на дејност која не може да биде подолга од 15 дена, за неправилностите утврдени од ставот (1) точки 1), 9), 19) и 33) на овој член. (4) Против решението на државниот инспектор за животна средина може да се изјави жалба согласно со прописите за инспекциски надзор. (5) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на државниот инспектор за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, државниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот прекршочен орган. (6) Во случај кога ќе се утврди постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, инспекторот ќе издаде усна наредба за итно и неодложно отстранување на утврдените неисправности и неправилности кои во записник ги констатира во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и ќе ги извести и другите надлежни инспектори или други државни органи за утврдените неправилности и ќе побара нивна интервенција. (7) Ако констатираните неисправности и неправилности од ставот (6) на овој член, претставуваат опасност за загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, инспекторот веднаш ќе ја забрани работата на инсталацијата, објектот, постројката, уредот, како и употреба на средствата и опремата за вршење на дејноста. (8) Во случаите од ставот (6) на овој член, инспекторот донесува писмено решение во рок од 48 часа од издавањето на усната наредба. (9) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член, државниот инспектор за животна средина има право за преземање и на други мерки утврдени со прописите за животната средина, прописите за управување со отпад и прописите за инспекциски надзор. Член 61 Донесување на решенија на овластените инспектори за животна средина на општините, општините на градот Скопје и градот Скопје и комуналните инспектори на општините, општините на градот Скопје и градот Скопје (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, овластените инспектори за животна средина на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со решение: 1) ќе го задолжи субјектот на надзорот да ги запре своите активности со кои врши горење на отпаден текстил, отпадни гуми и отпадни масла на локации и/или инсталации што не се наменети за таа цел, да ги предаде на локации односно во инсталации за таа цел (член 8 точка 1) од овој закон); 2) ќе го задолжи субјектот на надзорот да ги запре своите активности со кои ги истура или фрла отпадните масла во води или почва и остатоци од нивната преработка и да ги предаде на локации или места определени согласно со овој закон (членот 8 точка 3) од овој закон); 3) ќе го задолжи субјектот на надзорот да ги запре активности со кои отпадните возила, се оставаат, во природа или се расклопуваат надвор од инсталации за третман, преработка и отстранување и да ги предаде на локации, односно во инсталации за таа цел (член 8 точка 5) од овој закон); 4) ќе го задолжи трговецот да ги преземе отпадниот текстил или отпадните гуми од крајниот корисник, кој сака да ги врати, по систем еден на еден (член 15 ставови (3) и (4) од овој закон); 5) ќе го задолжи трговецот да презема отпаден текстил и отпадни гуми кога не е спротивно на условите од членот 15 став (5) од овој закон и крајниот корисник да ги информира за местата за предавање на отпадниот текстил и отпадни гуми; 6) ќе го задолжи трговецот за преземениот отпаден текстил и преземените отпадни гуми да води евиденција, согласно со прописите за управување со отпад (член 15 став (6) од овој закон); 7) ќе го задолжи трговецот да обезбеди достапен простор и садови за одделно собирање на отпаден текстил или отпадни гуми, со јасно видливи знаци за неговата местоположба, без обврска за купување на сличен производ (членот 16 став (2) од овој закон); 8) ќе го задолжи трговецот собраниот отпаден текстил и собраните отпадни гуми да ги предаде согласно со барањата од членот 16 став (3) од овој закон заедно со идентификациони и транспортни формулари; 9) ќе го задолжи собирачот со собраните отпадни гуми да постапува согласно со членот 41 став (5) од овој закон; 10) ќе го задолжи субјектот на надзорот како поседувач на отпадни гуми да постапуваат согласно со барањата утврдени со членот 42 став (1) од овој закон; 11) ќе го задолжи субјектот на надзорот, кое со вршење на регистрираната дејност поседува отпадни гуми и кое се приклучило кон систем за собирање на самостоен или колективен постапувач да ги собира и чува отпадните гуми одвоено од мешан комунален отпад и да ги предава согласно со барањата од членот 42 став (3) од овој закон; 12) ќе го задолжи субјектот на надзорот кој поседува отпаден текстил да постапи согласно со барањата од членот 50 став (1) од овој закон; 13) ќе го задолжи субјектот на надзорот кој со вршење на регистрираната дејност поседува отпаден текстил и кој се приклучил кон систем за собирање на самостоен или колективен постапувач да ги собира и предава собраниот отпаден текстил согласно со барањата од членот 50 став (3) од овој закон и 14) да го задолжи субјектот на надзорот да преземе други активности и мерки согласно со барањата од одредбите на овој закон. (2) Во вршењето на надзорот од својот делокруг комуналните инспектори на општините, општините на градот Скопје и градот Скопје со решение: 1) ќе го задолжи субјектот на надзорот да постапува со отпадни гуми да ги предава на начин согласно со барањата од овој закон (член 8 точка 2) од овој закон); 2) ќе го задолжи крајниот корисник, да постапува со отпадните гуми согласно со барањата од членот 53 ставови (1) и (2) од овој закон; 3) ќе го задолжи крајниот корисник да постапуваат со отпаден текстил согласно со барањата од членот 53 став (4) од овој закон. (3) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторите од ставовите (1) и (2) на овој член утврдуваат дека субјектите на надзор не се придржуваат кон барањата од овој закон, со записник ќе ги констатира утврдените неправилности и во решение ќе ги определи соодветните мерки и активности кои треба да ги презема за надминување на настанатата ситуација како и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстрани причините за настанатата состојба. (4) Против решението на инспекторите може да се изјави жалба согласно со прописите за инспекциски надзор. (5) Доколку субјектите од ставовите (1) и (2) на овој член, не постапат согласно со со решението на инспекторот и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, инспекторот ќе поднесе барање со поведување на прекршочна постапка до надлежен прекршочен орган. (6) Во случај кога ќе се утврди постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, инспекторот ќе издаде усна наредба за итно и неодложно отстранување на утврдените недостатоци кои во записник ќе ги констатира во соработка со Државниот санитарно-здравствен инспекторат, како и ќе ги извести и другите надлежни инспектори или други државни органи за утврдените неправилности и ќе побара нивна интервенција. (7) Ако констатираните неисправности и неправилности од ставот (6) на овој член, претставуваат опасност за загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, инспекторот веднаш ќе ја забрани работата на инсталацијата, објектот, постројката, уредот, како и употреба на средствата и опремата за вршење на дејноста. (8) Во случаите од ставот (6) на овој член, инспекторот донесува писмено решение во рок од 48 часа од издавањето на усната наредба. (9) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член инспекторите имаaт право преземање и на други мерки утврдени со прописите за животната средина и прописите за инспекциски надзор односно прописите за комунални дејности и јавна чистота во ситуациите од ставот (2) на овој член. Член 62 Делокруг на надзор на стручниот орган (1) Во вршењето на надзор согласно со членот 54 од овој закон, стручниот орган врши увид и контрола на податоците и документите кои се основа за водење на евиденцијата и подготовка на извештаите. (2) Во вршењето на надзорот над пресметаниот и уплатен надоместок од членовите 23, 24 и 25 од овој закон, стручниот орган врши увид и контрола: 1) дали производителот кој е обврзан да плаќа надоместок за управување со отпадни производи и отпадни возила, го пресметува и плаќа надоместокот во определениот рок, како и дали ги исполнува условите за поврат на платениот надоместок (член 23 од овој закон); 2) дали надоместокот за управување со отпадни производи и отпадни возила се пресметува и уплатува навремено и правилно и дали ја одржува и чува уредна и точна евиденцијата за пресметаниот и уплатениот надоместок (член 24 од овој закон) и 3) дали производителите ги исполнуваат условите за ослободување од плаќањето на надоместок од членот 25 од овој закон. (3) За спроведениот надзор и контрола од ставовите (1) и (2) на овој член, службеното лице на стручниот орган составува записник кој го доставува до субјектот на надзорот. (4) Ако при вршењето на надзорот, органот од ставовите (1) и (2) на овој член утврди дека субјектите на надзор не се придржуваат кон барањата од овој закон, со решение ќе ги определи соодветните мерки и активности кои треба да ги преземат за надминување на настанатата ситуација како и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат причините за настанатата состојба. (5) Против решението од ставот (4) на овој член може да се изјави жалба согласно со прописите за општа управна постапка. (6) Доколку субјектите од ставовите (1) и (2) на овој член, не постапат согласно со решението на стручниот орган и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, стручниот орган ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен прекршочен орган. Член 63 Делокруг на надзор на државниот пазарен инспектор (1) Во вршењето надзор од својот делокруг, државниот пазарен инспектор над субјектот на надзорот врши увид и контрола: 1) дали деловите и материјалите за возилата што се пуштаат на пазар ги исполнуваат барањата кои се однесуваат на нивото на концентрација на опасни супстанции и дали јасно е означено присуство на опасните супстанции (членот 10 од овој закон); 2) дали делови и материјали за возилата што се пуштаат на пазар се означен согласно со пропишаните стандарди за кодирање (член 11 од овој закон); 3) дали производителот на возила во информациите што ги објавува за идните купувачите на возила од неговата марка, содржат податоци за дизајнот на возилото и неговите делови, можностите за преработка и рециклирање како и други информации значајни за заштита на животната средина (член 13 од овој закон); 4) дали производителот ги информира крајните корисници, со потребните информации и на соодветен начин согласно со членот 14 ставови (1) и (2) од овој закон); 5) дали производителот на производите од членот 5 од овој закон на соодветен начин ги информира дистрибутерите и трговците со потребните податоци согласно со членот 14 ставови (3) и (4) од овој закон; 6) дали трговецот за производот кој го продава поседува писмена изјава од производителот од кој го набавува производот дека е самостоен постапувач или дека има склучено договор со колективен постапувач за управување со отпадниот производот, односно дека го плаќа надоместокот од членот 23 од овој закон (член 15 став (9) од овој закон); (2) Во вршењето на работите од ставот (1) на овој член државниот пазарен инспектор има право на преземање и на други мерки утврдени со прописите за Државниот пазарен инспекторат, прописите за инспекциски надзор, прописите за безбедност на производи и за заштита на потрошувачите. Член 64 Донесување на решенија на пазарен инспектор (1) При вршење на инспекцискиот надзор, државниот пазарен инспектор со решение: 1) ќе го задолжи производителот или трговецот да ги повлече од пазарот деловите и материјалите за возилата кои не ги исполнуваат барањата од членот 10 од овој закон; 2) ќе го задолжи производителот да ги означува производите согласно со членот 11 од овој закон; 3) ќе го задолжи производителот на возилата коишто ги пуштаат на пазарот за идните купувачи на возила да ги обезбеди информации со пропишана содржина согласно со барањата од членот 13 од овој закон; 4) ќе го задолжи производителот да ги информира крајните корисници, со информации со пропишаната содржина на соодветен начин согласно со членот 14 ставови (1) и (2) од овој закон); 5) ќе го задолжи производителот на производите од членот 5 од овој закон на соодветен начин да ги информира дистрибутерите и трговците со потребите податоци и на соодветен начин согласно со членот 14 ставови (3) и (4) од овој закон; 6) ќе го задолжи трговецот да обезбеди писмена изјава согласно со членот 15 став (9) од овој закон; (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, државниот пазарен инспектор утврди дека субјектите на надзор не се придржуваат кон барањата од овој закон, со записник ќе ги констатира утврдените неправилности и во решението ќе ги определи соодветните мерки и активности кои треба да ги презема за надминување на настанатата ситуација како и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстрани причините за настанатата состојба. (3) Против решението на пазарниот инспектор може да се изјави жалба согласно со прописите за инспекциски надзор. (4) Доколку субјектите од ставот (1) на овој член не постапат согласно со решението на државниот пазарен инспектор и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, тогаш инспектор ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен прекршочен орган. (5) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член државниот пазарен инспектор има право за преземање и на други мерки утврдени со прописите за државен пазарен инспекторат, прописите за безбедност на производи, прописите за заштита на потрошувачите и прописите за инспекциски надзор. Член 65 Примена на одредби од други закони во инспекцискиот надзор Во постапката при вршење на инспекциски надзор која се спроведува во согласност со овој закон се применуваат одредбите на прописите за инспекцискиот надзор, прописите за животната средина, прописите за управување со отпадот и прописите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад доколку со овој закон поинаку не е уредено. Член 66 Опомена Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за животна средина, односно државниот пазарен инспектор утврди дека е сторена неправилност од членовите 14 од овој закон за прв пат, со записник ќе ги констатира утврдената неправилност со решение ќе изрече опомена и ќе определи рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите утврдени со записник. VIII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 67 Прекршочни санкции од прва категорија (1) Глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 88.000 до 98.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку: 1) гори отпаден текстил, отпадни гуми и отпадни масла на локации и/или инсталации, што не се наменети за таа цел, вклучително во природа и јавни површини (член 8 точка 1) од овој закон); 2) отфрла или напушта отпадни гуми во природа или на јавни површини (член 8 точка 2) од овој закон); 3) истура отпадни масла и остатоци од нивна преработка покрај/во површински и подземни води, канализација или во почва (член 8 точка 3) од овој закон); 4) меша отпадни масла со различни својства или со друг отпад, супстанции и материјали (член 8 точка 4) од овој закон); 5) остава отпадно возило во природа или го расклопува и изведува и друг зафати надвор од локација или инсталација наменета за таа цел (член 8 точка 5) од овој закон); 6) не подготвува информации во пропишана содржина и рок и не ги става на располагање на операторот на инсталацијата за третман на негово барање (член 12 од овој закон); 7) информациите што се објавуваат за идните купувачите на возила не содржат податоци за дизајнот на возилото и неговите делови, можностите за преработка и рециклирање како и други информации значајни за заштита на животната средина (член 13 од овој закон); 8) не објавува и не ги прави достапни информации за крајни корисници на текстил, гуми, масла и возила, за начинот и можностите за управување со отпадните производи од нивна страна (член 14 ставови (1) и (2) од овој закон); 9) не ги информира дистрибутерите и трговците на кои се испорачуваат текстил, за гуми, масла, и возила за начинот на преземање кога ќе станат отпадните производи од крајните корисници (член 14 ставови (3) и (4) од овој закон); 10) одбива бесплатно да презема отпадни гуми или отпаден текстил од крајниот корисник, при продажба на нови производи, по систем еден на еден (членот 15 ставови (3) и (4) од овој закон); 11) одбива преземање на отпаден текстил или отпадни гуми спротивно на условите од членот 15 став (5) од овој закон; 12) не води евиденција за преземениот отпаден текстил и отпадни гуми (член 15 став (6) од овој закон); 13) не поседува писмена изјава согласно со барањата од членот 15 став (9) од овој закон; 14) не обезбедува простор и соодветни садови за собирање на отпаден текстил продажниот простор или садови во негова непосредна близина за отпадни гуми и отпаден текстил со јасно истакнати знаци за неговата метоположба (членот 16 став (2) од овој закон); 15) не го предава собраниот отпаден текстил или отпадни гуми на начин утврден во членот 16 став (3) од овој закон; 16) не доставува извештај за количество на извезени отпадни производи (член 18 став (11) од овој закон); 17) не се регистрира како мал производител, не води евиденција и не доставува извештаи согласно со членот 20 став (2) од овој закон; 18) не доставува точни податоци до стручниот орган за да се утврди како мал производител (член 20 став (3) од овој закон); 19) не го уплаќа паушалниот надоместок на годишно ниво (член 21 став (2) од овој закон); 20) трошоците за управување со отпадни производи и отпадни возила ги прикажува спротивно на барањата утврдени во членот 21 став (4) од овој закон; 21) производителот кој не е регистриран во Република Северна Македонија не постапува согласно со членот 22 став (2) од овој закон; 22) не доставува пресметка за уплатениот надоместок до стручниот орган согласно со членот 24 став (2) од овој закон); 23) одбива бесплатно преземање на отпадни возила (член 33 став (2) од овој закон); 24) преземањето на отпадното возило го наплаќа спротивно на условите од членот 33 став (4) од овој закон; 25) не се издава потврдата за преземање на отпадното возило за уништување и податоците од потврдата не се внесуваат во евиденцијата на стручниот орган (член 34 ставови (1), (2) и (3) од овој закон); 26) не е воведена електронска евиденција за издадените потврди за уништување на отпадно возило (член 34 став (3) од овој закон); 27) не ја утврдува поединечната маса на секое преземено отпадно возило, деловите и материјалите настанати од отпадното возилото (член 35 став (2) од овој закон); 28) не ги предава собраните отпадни возила на начин утврден во членот 35 став (3) од овој закон; 29) не води евиденција на начин утврден во членот 36 ставови (1) и (3) од овој закон; 30) не ги предава собраните отпадни гуми на начин утврден со членот 41 став (5) од овој закон; 31) не ги собира, чува и предава отпадните гуми согласно со барањата од членот 42 став (1) од овој закон; 32) не организира посебно место за собирање на отпадните гуми и не обезбедува нивно редовно собирање и преземање, согласно со барањата утврдени со членот 42 став (3) од овој закон; 33) не ги предава собраните отпадни масла на начин утврден во членот 46 став (4) од овој закон; 34) не ги собира и предава отпадните масла на начин утврден во членот 48 став (1) од овој закон; 35) не го предава собраното отпадно масло на начин согласно со членот 48 став (3) од овој закон; 36) не води евиденција и не ги доставува податоци од евиденцијата (член 48 став (5) од овој закон); 37) не го предава собраниот отпаден текстил согласно со членот 49 став (3) од овој закон; 38) не го собира и предава отпадниот текстил на пропишан начин (член 50 став (1) од овој закон); 39) не го собира и не го предава собраниот отпаден текстил согласно со барањата од членот 50 став (3) од овој закон; 40) не води евиденција за собраните отпадни производи на начин утврден со членот 51 ставови (1) и (2) од овој закон; 41) не ги предава собраните отпадни гуми согласно со членот 53 ставовите (1) и (2) од овој закон; 42) не го собира и предава отпадното масло согласно со членот 53 став (3) од овој закон; 43) не го предава собраниот отпаден текстил на пропишан начин согласно со членот 53 став (4) од овој закон; 44) не се чуваат податоците од извештаите согласно со пропишаниот рок (член 54 став (6) од овој закон). (2) На одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член, ќе му се изрече глоба за сторен прекршок во износ од 500 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 1.000 евра за мали трговци, од 3.000 евра за средни трговци и од 5.000 евра во денарска противвредност за големи трговци. (3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, надлежен прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. (5) На одговорното лице од ставот (1) на овој член, надлежен прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (6) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од ставовите (1) и (2) на овој член е надлежниот суд, а надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од ставот (3) на овој член е Прекршочната комисија формирана согласно со Законот за животна средина (во натамошниот текст: Прекршочна комисија). Член 68 Прекршочни санкции од втора категорија (1) Глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 25.000 до 28.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку: 1) произведува материјали и делови за возила, кои не ги исполнуваат барањата во однос на производството и дизајнирањето на производите утврдени во членот 9 од овој закон; 2) произведува и пушта на пазар, материјали и делови за возила вклучително и кабли и резервни делови кои не ги исполнуваат барањата за состав на опасни супстанции согласно со членот 10 од овој закон; 3) не користи стандарди за кодирање на материјали и делови на возила, за да се олесни препознавањето и погодноста за повторна употреба или преработка (член 11 од овој закон); 4) не обезбедува систем за повратен прием и собирање на отпаден текстил и отпадни гуми кај трговецот (член 15 ставови (1) и (2) од овој закон); 5) не ги утврдува годишните цели за собирање на отпади производи и отпадни возила, во определениот рок (член 17 став (4) од овој закон); 6) не ги утврдува годишните цели за повторна употреба, рециклирање и други видови на преработка во определен рок (член 18 став (4) од овој закон); 7) не води евиденција и не доставува извештаи во пропишаната содржина и форма согласно со членот 18 ставови (7), (8) и (9) од овој закон; 8) достави неточни податоци со цел да се покаже како мал производител (член 20 став (3)); 9) не го финансира целосниот систем за управување со отпадни производи и отпадни возила согласно со членот 21 став (1) од овој закон; 10) не обезбедува финасирање на трошоците за управување со заостанати отпадни производи и отпадни возила (член 21 став (5) од овој закон); 11) не овластил застапник во писмена форма согласно со пропишаните услови во член 22 од овој закон; 12) намерно прикажува неточни податоци заради ослободување и поврат на надоместокот за управување со отпадни производи и отпадни возила (член 23 ставови (9) и (10) од овој закон); 13) надоместокот за управување со отпадни производи и отпадни возила не го пресметува и уплатува навремено и правилно и не ја одржува, чува уредена и точна евиденцијата за пресметаниот и уплатениот надоместок (член 24 став (1) од овој закон); 14) не обезбеди дозвола за самостоен постапувач или не е склучен договор со колективен постапувач за управување со отпадни производи и отпадни возила (членот 29 од овој закон); 15) нема обезбедено и организирано систем за одделно собирање и управување на отпадни возила од крајни корисници (член 31 став (1) од овој закон); 16) не ги утврдува годишните цели за повторна употреба, рециклирање и преработка на отпадни возила во пропишаниот рок (член 31 став (2) од овој закон); 17) нема воспоставено база на податоци од евиденцијата и известувањето согласно со членот 36 став (5) од овој закон; 18) не постапува согласно со условите и барањата за третман на отпадни возила (член 37 од овој закон); 19) не се води евиденција и не се доставуваат извештаи на начин утврден во членот 38 ставови (1), (2) и (4) од овој закон; 20) не се поседува дозвола за третман на отпадни возила и не се исполнуваат условите од дозволата (член 39 став (1) од овој закон); 21) не води електронска евиденцијата согласно со членот 39 став (2) од овој закон; 22) нема обезбедено и организирано систем за собирање и преработка на отпадни гуми (член 41 ставови (1) и (2) од овој закон); 23) нема обезбедено и организирано систем за собирање и управување со отпадни масла (член 45); 24) не организира и не обезбедува систем за собирање и преработка на отпаден текстил (член 49 ставови (1) и (2) од овој закон); 25) не води евиденција за видот и количеството на отпадни производи и отпадни возила пуштени на пазарот (член 54 ставови (1) и (2) од овој закон); 26) не доставува годишен извештај до стручниот орган за количеството на отпадни производи и отпадни возила пуштени на пазарот во пропишаниот рок (член 54 став (3) од овој закон); 27) доставува извештаи со неточни податоци согласно со членот 54 од овој закон. (2) На одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 1.500 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 4.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 7.000 евра во денарска противвредност за големи трговци. (3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, надлежен прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. (5) На одговорното лице од ставот (2) на овој член, надлежен прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (6) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции на овој член е надлежниот суд. Член 69 Прекршочни санкции од трета категорија (1) Глоба во износ 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 36.000 до 40.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 110.000 до 120.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 180.000 до 200.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку: 1) не обезбедува реализација на национални цели за собирање, согласно со членот 17 став (1) од овој закон; 2) не обезбедува реализација на национални цели за повторна употреба, рециклирање и други видови на преработка на отпадни производи (член 18 став (1) од овој закон); 3) не плаќа надоместок за управување со отпадни производи и отпадни возила во определениот рок согласно со членот 23 од овој закон; 4) не обезбедува реализација на национални цели за повторна употреба и преработка на отпадни возила (член 30 од овој закон); 5) преработува отпадни возила без дозвола, како и не ги исполнува условите од дозволата (член 39 став (1) од овој закон); 6) врши преработка на отпадни масла спротивно на условите и барањата од членот 47 од овој закон. (2) На одговорното лице во правното лице, за дејствијата од ставот (1) на овој член, ќе му се изрече глоба за сторен прекршок во износ од 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 2.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 6.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 10.000 евра во денарска противвредност за големи трговци. (3) Глоба во износ од 750 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот на овој член, надлежниот прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. (5) На одговорното лице од ставот (3) на овој член, надлежниот прекршочен орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (6) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции на овој член е надлежниот суд. Член 70 Постапка за порамнување и спогодување (1) За прекршоците утврдени во членот 67 од овој закон, надлежните инспектори од членот 57 на овој закон се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (2) За прекршоците утврдени во членовите 68 и 69 од овој закон, надлежните инспектори се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за спогодување пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (3) Постапките за порамнување и спогодување се водат согласно со одредбите од Законот за прекршоците и Законот за животната средина. (4) Министерот кој раководи со органот за животна средина ја пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот (1) на овој член. Член 71 Водење на прекршочна постапка Постапката пред Прекршочната комисија се води согласно со одредбите на Законот за прекршоците и Законот за животната средина. IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 72 Рокови за спроведување (1) Производителот е должен да започне да ја води евиденцијата за количеството на производи пуштени на пазарот во Република Северна Македонија од членот 54 ставови (1) и (2) од овој закон од 1 јануари 2024 година. (2) Првиот годишен извештај на производителот од членот 54 став (3) од овој закон е должен да го достави до стручниот орган најдоцна до 31 јануари 2024 година. (3) Електронската евиденција од членот 34 став (6) од овој закон ќе се воспостави најдоцна до 31 декември 2023 година. (4) Производителите согласно со обврските од членот 29 од овој закон, се должни да се здружат преку основање и/или склучување на договор со колективен постапувач или да обезбедат дозвола за самостојни постапувачи најдоцна до 31 декември 2023 година. (5) Одредбите од член 23, член 24, член 67 став (1) точка 22), член 68 став (1) точка 12 и 13) и член 69 став (1) точка 3) од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2024 година. Член 73 Усогласување на работењето на правните лица кои управуваат со опрема и отпадна опрема Правните и физичките лица од членот 34 ставови (1) и (2) од овој закон до воспоставувањето на електронската евиденција од член 34 став (6) од овој закон, ќе продолжат да постапуваат согласно со постојниот подзаконски пропис за управување со возила во делот на издавањето на потврдата за уништување. Член 74 Донесување на подзаконски прописи (1) Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До денот на влегувањето во сила на подзаконските прописи од ставот (1) на овој член ќе се применуваат постојните подзаконски прописи, донесени согласно со Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија” број 68/2004, 71/2004, 107/2007, 102/2008, 143/2008, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 31/20). Член 75 Престанување на важење Со денот на започнувањето на примената на членот 23 од овој закон престануваат да важат одредбите од членот 179 ставови (1), (4) и (8) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18). Член 76 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе започне да се применува од 1 јануари 2023 година.

Law on management of additional waste flows · Nelum