Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on livestock

Made 2008-01 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за cточарството.
Language
Macedonian
Kind
Act
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock
Keywords
animal production, animal welfare, ranching/captive breeding, cattle, inspection, animal health, genetic resources, swine, sheep/goats, equine-animals, poultry, apiculture/sericulture, offences/penalties, birds

Where to read it

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. ЗАКОН ЗА СТОЧАРСТВОТО („Службен весник на Република Македонија" бр. 7/08, 116/10, 23/15, 149/15 и 59/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 122/21) . ОПШТИ ОДРЕДБИ (Содржина на Законот) Член 1 Овој закон ги определува целите на сточарството, условите и начинот на држење на добитокот, одржливото сточарство, начините на одгледување на добитокот, програмите за одгледување, промената и заштитата на особините на домашните животни, преносот на селекциските достигнувања во одгледувањето, заштитата на генетската варијабилност, генетските резерви и автохтоните видови, стручните задачи и јавните услуги на подрачјето на сточарството, како и ген банки во сточарството, признатите организации во сточарството, образовната и истражувачката работа во сточарството, производството и прометот со приплоден материјал, начини на обезбедување на средства за спроведување на одгледувачките програми, како и надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон. (Предмет на Законот) Член 2 Одредбите од овој закон се однесуваат на држење и одгледување на домашните животни, и тоа: копитари, говеда, биволи, свињи, овци, кози, живина, медоносни пчели (во натамошниот текст: пчели), како и на други видови животни кои се стопанско корисни (во натамошниот текст: добиток). (Цели на Законот) Член 5 Целта на овој закон е уредување на сточарството заради обезбедување на квалитетен приплоден материјал, производство на квалитетни производи од анимално потекло, заштита на биолошката разновидност во сточарството и ген банките на добитокот, како и обезбедување на негово непречено држење и одгледување преку: подобрување, односно одржување на особините на добитокот, заштита на разновидноста на геномите и автохтоните раси и/или линии, заштита на земјоделско земјиште при негово искористување од аспект на сточарството, задоволително производство на квалитетни производи од анимално потекло, благосостојба на добитокот, спроведување на принципите за одржливо сточарство, обезбедување на биолошката разновидност во сточарството, спречување на негативните последици од размножувањето во сродство, спроведување на зоохигиенски и етолошки нормативи, спроведување на нормативите за заштита на околината и просторот, остварување на правата и обврските на држателите и одгледувачите, како и на признатите организации во сточарството, организирање и обезбедување на јавни услуги, изведување на стручни задачи во сточарството, користење на резултатите од стручната, советодавната, истражувачката и образовната работа во областа на сточарството, обележување и регистрација на добитокот заради одгледувачки цели, користење на информатички системи во сточарството, уредување на прометот со приплоден материјал и обезбедување на безбедноста на луѓето при држењето и одгледувањето. (Поими) Член 4 Поимите употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Автохтони раси се раси на добиток кои настанале на подрачјето на Република Северна Македонија; 2. Анимална биотехнологија ги означува сите дозволени биотехнолошки методи, односно постапки при одгледувањето на добитокот; 5. Арско ѓубре е животински измет, урина и кали истото се користи како шталско ѓубриво и течно ѓубриво; 4. Биолошка разновидност во сточарството е дел од биолошката разновидност во земјоделството која се однесува на сточарството и сточарското производството; 5. Биолошки тестови се сите постапки за утврдување на ефектите на одредени гени. Биолошките тестови се изведуваат согласно со прописите и програмата за одгледување; 6. Вкрстување на виши организми е парење на генетско различни индивидуи од спротивен пол; 7. Генетска варијабилност е разновидност на геномите; 8. Генетска вредност на животното е вредноста на генотипот на животното; 9. Генетска резерва е минимален број на животни од двата пола, дози на животинско семе, јајце клетки или ембриони, кои мора да бидат во резерва согласно со одгледувачката програма и за обезбедување на заштита на генетската разновидност за одделна раса, какои обезбедување на размножувањето на добитокот во вонредни услови; 10. Генетски напредок е напредок на популацијата кој е резултат на подобрувањето на генетската основа; 11. Геном е збир на сите гени во клетката; 12. Генска банка е контролирано одгледување на добиток, односно чување на приплоден материјал со цел да се заштити биолошката разновидност на добитокот; 15. Генски тест е утврдување на присуството на одреден ген кај животните; 14. Добра сточарска пракса е држење на добиток на начин кој овозможува благосостојба на добитокот и со почитување на природната состојба на земјоделскиот простор, која обезбедува зачувување на плодноста на почвата согласно со начелата за одржлив развој, а исто така, овозможува и производство на безбедни анимални производи; 15. Домашни животни се животни кои човекот ги чува за стопанска корист, кои живеат под негова заштита и грижа, редовно се размножуваат и не се слободно пуштени во природата; 16. Држател на добиток е лице кое се грижи за добитокот; 17. Држење добиток подразбира грижа, односно сместување, исхрана, напојување, чистење и нега на добитокот, како и усогласување на условите за неговото одгледување, согласно со прописите; 18. Еколошки норматив е дозволеното оптоварување на животната средина при држење на добиток; 19. Еколошки процеси и системи се природни меѓусебни односи на организмите и околината во којашто живеат; 20. Етолошки нормативи се нормативи кој на добитокот му го обезбедуваат оној минимум кој се уште овозможува карактеристично однесување за видот, како и негова благосостојба; 21. Земјоделски имот опфаќа земјоделски земјишта, добиток, повеќегодишни насади, шуми, земјоделска и шумска механизација и опрема, објекти и други средства за производство, кои се употребуваат за вршење на земјоделска дејност; 22. Зоохигиенски нормативи ги определуваат минималните услови за држење на добиток; 25. Испаша на пчели е организирано искористување на капацитетот на дефинираните реони со медоносна флора според правилата за редот на испаша; 24. Јавна услуга е збир на стручни задачи и активности од спроведувањето на ЗОПОД, спроведувањето на Програмата за заштита на биолошката разновидност и водењето на Катастарот на пчелна паша и прогноза на медењето во пчеларството; 25. Контролен тест е избран начин на мерење и споредба на одделни својства од различни раси, линии или крстоски на одделни видови добиток; 26. Линија е група на домашни животни кои имаат една или повеќе заеднички својства, според кои се разликуваат од другите домашни животни од иста раса или од одделен хибрид; 27. Матична книга е секоја книга, датотека, електронски медиум или друг пишан документ во кој се запишани сите приплодни грла, односно список на приплоден добиток, кои со одгледувачките програми исполнуваат одредени услови и се избрани за размножување; 28. Мелез е животно добиено со парење меѓу различни раси; 29. Мешано животинско семе е соединето семе од два или повеќе приплодници од ист вид; 50. Наследство е целосната генетска информација која ја имаат плодните грла во популацијата; 51. Одгледување на добиток опфаќа грижа, зафати и постапки за нивно генетско искористување кои не се посебно уредени со други прописи; 57. Одгледувач е правно лице кое се занимава со одгледување на приплоден добиток и по правило е нивен сопственик; 53. Одгледувачка програма се методите и мерките за одгледување на приплоден добиток од одреден вид и раса; 54. Парење во сродство е парење на добиток кој има познат заеднички предок; 55. Популација е група на добиток од ист вид кој може да се размножува непречено и е вклучен во одгледувачките програми; 56. Приплоден материјал се приплодни грла, јајца за лежење, семе од животни, јајце клетки и ембриони; 57. Приплодна вредност е дел од генетската вредност на добитокот која се пренесува на потомците; 58. Приплодно грло е оценета и избрана единка која ги исполнува пропишаните услови од одобрената одгледувачка програма; 59. Провиниенца е трговско име за приплодна живина која е одгледувана во затворено јатои е вршена селекција за најмалку пет генерации. Крајниот резултат од вкрстувањето го има истото име; 40. Програма за селекција е начинот на тестирање, оцена, одбирање и план за користење на оценетите, одбраните и признатите приплодни грла за постигнување на целите на одгледувањето; 41. Производи од анимално потекло се месо, млеко, јајца, мед, матичен млеч и други производи од анимално потекло; 42. Промет со добиток и приплоден материјал е увоз, извоз, транзит и продажба, односно секој вид на отстапување на трето лице; 43, Пчелно семејство е рој од пчели на восочно саќе во пчелно живеалиште (кошница, трмка и друго) кое се состои од една матица, пчели работнички во текот на целата година и трутови во текот на производната сезона; 44. Раса е фенотипски или географски подвид на домашни животни, за која е карактеристична фреквенцијата на гените која ги одделува од другите животни од ист вид; 45. Сопственик на добиток е правно или физичко лице кое е имател на добиток и/или се грижи за нив; 46. Стручни задачи се одредени задачи кои произлегуваат од спроведувањето на ЗОПОД, спроведувањето на Програмата за заштита на биолошката разновидност и водењето на Катастарот на пчелна паша и прогноза на медењето во пчеларството во зависност од предвидените активности по години; 47. Тестирање на добиток е пропишан начин за мерење на одделни својства на добитокот; 48. Тестна станица е одобрена институција за мерење на својствата на добитокот за потребите на одгледувачките програми и за потребите на контролните тестови, како и за одгледување на приплодни машки грла; 49. Технологии и начини на држење се технолошко-технички постапки во држењето на добиток; 50. Трансгени домашни животни се животни кај кои трајно е променет нивниот геном со додавање, одземање или замена на генетски материјал (одреден гени, ДНК елементи); 51. Увоз на добиток е секој внес на приплоден материјал на царинското подрачје на Република Северна Македонија, освен внесување заради транзит и привремен увоз на приплоден добиток за натпреварување и изложби; 52. Условно грло (УГ) е пропишана единица за споредување меѓу видовите и категориите на добиток; 53. Харемско парење е слободно парење на едно или повеќе приплодни машки грла со група од приплодни женски грла; 54. Хетерозис означува зголемување на растот, плодноста, животната сила (вигор) и други својства на потомците на генетски различни родители; 55. Хибрид е животно добиено со парење на чисти раси и/или линии на приплоден добиток; 56. Центар за осеменување е правно лице кое произведува, врши промет и организира соодветни форми за изведување на осеменување и/или одгледува приплодни грла и 57. Фармска книга е пропишан документ за сите податоци кои ги води држателот/сопственикот на добиток. 1. ДРЖЕЊЕ НА ДОБИТОК (Начин и технологии на држење) Член 5 Држењето на добиток се изведува на начин со кој се постигнуваат целите од членот 5 на овој закон. Добитокот мора да се држи согласно со прописите и принципите на добрата сточарска пракса како дел на добрата земјоделска пракса. При држењето на добитокот се дозволени само технологии и начини кои ги исполнуваат етолошките нормативи и се во согласност со начелата кои ги уредуваат должностите на луѓето кон природата, пред се во смсла на траен развој на сите облици на живеење. (Благосостојба на добитокот) Член 6 Добитокот треба да се држи, храни и одгледува на начин кој ги задоволува неговите биолошки потреби, телесни функции и однесување, да не се пречекорува неговата способност за прилагодување и со него да се постапува согласно со прописите кои ја уредуваат оваа материја. Исхраната, негата и сместувањето на добитокот треба да се соодветни на физиолошките, етолошките и другите потреби на добитокот. По исклучок од ставот 2 на овој член присилна исхрана на добитокот е дозволена во случаи за нивно преживување, здравствени причини и истражувачки цели. Транспортот, колењето и усмртувањето на добитокот мора да се изведуваат согласно со прописите кои ја уредуваат оваа материја. За држење на посебни видови приплоден добиток, а заради зачувување на квалитетот на истите министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: министерот) може да пропише посебни критериуми. (Држење во заштитени подрачја и дислоцирање) Член 7 Кога со посебен пропис се заштитува подрачјето на кое се наоѓаат земјоделски земјишта, наменети за сточарство, е потребно пред заштитувањето на ова подрачје да се добие мислење од министерот. Кога со пропис со кој се заштитува одредено подрачје кое го опфаќа обемот или условите за држење на добитокот, сопственикот на добитокот има право на надоместок, при што за загуба и/или намалување на доходот од недвижнина се зема предвид и загубата и/или намалувањето на доходот. Надоместокот од ставот 2 на овој член го обезбедува субјектот кој е задолжен за спроведување на прописот со кој се заштитува одредено подрачје. Кога заради јавен интерес е нужно преселување на земјоделското стопанство земјоделскиот имот од постојната локација на нова локација, предлагачот мора да обезбеди средства за таквата мерка. (Држење на добитокот) Член 8 При држењето, одгледувањето, транспортот и другите постапки со добитокот е потребно да се обезбеди таков начин на однесување кој најмногу им одговара на одделните видови и категории на добиток и да се спречи или отстрани неправилноста или недостатокот во начинот на нивното држење и одгледување кои можат негативно да влијаат врз благосостојбата и здравјето на добитокот. За болниот, повредениот и изнемоштениот добиток држателот на добитокот е должен да обезбеди посебна нега и соодветна грижа, а во случаите кога е потребно да обезбеди и одделен простор за одделни намени. При држењето на добитокот се забранети однесувања кои би можеле да му нанесат болки, страдање или повреди на добитокот. (Непречено држење) Член 9 Сопственикот, односно држателот добитокот може непречено да го сместува на земјоделски површини и во објекти за држење, кои се негова сопственост или пак ги има изнајмено или закупено, а во случај на одгледување пчели и на необработливите земјоделски земјишта, доколку држењето го извршува согласно со прописите. Никој не смее со противправно однесување да му пречи на сопственикот, односно држателот на добиток при изведувањето на непреченото држење, доколку држателот истото го изведува според прописите. (Земјоделска инфраструктура) Член 10 За изведување на држењето е потребно обезбедување на соодветна земјоделска инфраструктура (огради, пристапи до земјоделските земјишта и земјоделските имоти, земјоделски објекти, на планини и слично). Држателите на добиток согласно со овој закон и другите прописи, можат да постават и употребуваат потребна земјоделска инфраструктура која му обезбедува непречено држење на добитокот. (Обученост на држателот на добиток) Член 11 Држателот на одделни видови на добиток е должен да има соодветна обука за држење и постапување со добитокот, исхраната на добитокот, добиточните производи и постапката со арското ѓубре. Степенот и видот на обученоста зависат од барањата на работата при држењето на добитокот. Начинот на вршење на обуката од ставот 1 на овој член, во зависност од видот на добитокот, го пропишува министерот. (Зоотехнички работи) Член 12 Сопственикот/држателот на добиток согласно со прописите кои ја уредуваат материјата од областа на ветеринарното здравство, може самиот на сопствената фарма да ги изведува следниве работи, и тоа: прва помош (троакирање, сондирање, запирање на крварење, санирање на рани, помош при породување), кастрација на прасиња, помлади од една недела, давање на препарати со железо против анемија на прасиња орално, сечење на опашките кај прасиња и јагниња до четвртиот ден од раѓањето, обезрожување на млади категории на добиток, брусење на забите кај прасињата на првиот ден од раѓањето, грижа и нега за чапунки, копитата и одржување на хигиената на добитокот, припуст, проверка на бременоста со помош на апарат, користење и давање на дозволени фармаколошки средства кои не се поврзани со издавање на рецепт, дезинфекција и дезинсекција на сточарските објекти со дозволени средства, нега и стрижење на влакната, како и на волната, одредување на пол на еднодневни пилиња, како и сечење на крила и клунови на пилињата и сечење на крилата на матиците и други пчеларски работи. Сопственикот/држателот на добиток мора да биде обучен за изведување на зоотехничките работи од ставот 1 на овој член на организирани форми на обука согласно со членот 75 од овој закон. (Арско ѓубре и ѓубрење) Член 15 Арско ѓубре и компост согласно со прописите кои ја уредуваат оваа материја и добрата земјоделска пракса, се користат за ѓубрење на земјоделските земјишта на начин кој обезбедува снабдување на растенијата со хранливи материи и зачувување на плодноста на почвата. Арското ѓубре и компостот во овој случај не се сметаат за отпадоци. Со арското ѓубре, кое нема да се употреби за ѓубрење согласно со ставот 1 на овој член, се постапува согласно со прописите кои ја уредуваат оваа материја. (Катастар на пчелните пасишта, ред за испаша и програма за прогноза медењето) Член 14 Катастарот на пчелните пасишта е база на податоци за определување на капацитет на дефинирани реони со медоносна флора. Катастарот се води како јавна услуга за стручни задачи во сточарството на подрачјето на следењето и прогнозата на медењето во пчеларството. Пчеларскиот ред за испаша ги определува правилата за организиран превоз до пчелните пасишта, одредени со катастарот за период од пет години. Испаша на пчелите е дозволена само врз основа на потврдениот пчеларски ред за испаша и на начин кој го определува пчеларскиот ред за испаша. Пчеларскиот ред за испаша го предлагаат признатите организации на пчеларите. Доколку на одделно пчелно пасиште има повеќе признати организации на пчелари, истите мора да приложат заеднички предлог за пчеларски ред на испаша на тоа пасиште. Доколку на одредено подрачје нема призната организација на пчелари или доколку истата не предлага ред за испаша, истиот го предлагаат повисоките форми на организирање. Признатата организација на пчеларите го води и управува пчелното пасиште на подрачјето на дејствување. Повикот за доставување на предлозите за пчеларскиот ред за испаша признатите организации на пчеларите се објавува јавно. Признатите пчеларски организации подготвуваат програма за следење и прогноза на медењето во пчеларството. Програмата пред се содржи: подрачје на дејствување, начин на собирање на податоците и критериуми и начин на известување на корисниците. Подеталните критериуми за катастарот на пчелните пасишта, пчеларскиот ред за испаша и програмата за прогноза на медењето во пчеларството ги пропишува министерот. 11. ОДРЖЛИВО СТОЧАРСТВО (Конвенционално и одржливо сточарство) Член 15 Конвенционалното сточарство претставува начин за држење и одгледување на добиток, кои дозволуваат користење на дозволени системи за држење. Одржливото сточарство е полезна земјоделска дејност за животната средина која може да се изведува на земјоделските имоти и не го нарушува одржливото растително производство. Одржливото сточарство се изведува особено како: интегрирано сточарство - одгледување на добиток на земјоделски имот или на подрачје со цел да се постигне максимално кружење на материите на имотот или на подрачјето, така што внесот на материите да не смее да го пречекори изнесувањето, органско сточарство - одгледување на добиток, кое се изведува претежно според природни методи и постапки кои се уредени со прописи кои ја уредуваат оваа материја и биолошко динамично сточарство - држење на добиток со почитување на органското сточарство и истото кореспондира со барањата на биодинамичкото земјоделство, со почитување на природните законитости при одгледувањето на добитокот. МУ. ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДОБИТОК И ОДГЛЕДУВАЧКИ ПРОГРАМИ (Заедничка основна програма за одгледување на добиток) Член 16 За спроведувањето на целите на овој закон Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Министерството), носи заедничка основна програма за одгледување добиток (во натамошниот текст: ЗОПОД) за период од десет години. ЗОПОД особено содржи: одгледувачки цели, правци за одгледување на одделни видови, раси, хибриди и провиниенции на добиток, одгледувачки методи и начин на реализација, начин на објавување и достапност на резултати и средства за непрекинато спроведување на програмата. (Обезбедување на спроведување на ЗОПОД) Член 17 Средствата од членот 16 став 2 алинеја 5 на овој закон наменети за непрекинато спроведување на активностите од ЗОПОД се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија. ЗОПОД се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија, а резултатите од реализацијата се јавни и достапни. (Програми за одгледување на одделни видови и раси на добиток) Член 18 Врз основа на членот 16 став 2 алинеја 2 од овој закон се изработуваат програми за одгледување на одделни видови и раси на добиток за период од пет години (во натамошниот текст: одгледувачки програми). За секој вид, односно раса на добиток може да има една или повеќе одгледувачки програми. Одгледувачките програми ги реализираат активностите дефинирани согласно со ЗОПОД, а особено содржат: цели на одгледувањето, големина на популацијата, методи на одгледување, програми за селекција, развојни, истражувачки и стручни задачи за потребите на зголемувањето на ефикасноста при спроведувањето на програмата, мерки за унапредување на одгледување на добиток и за обезбедување на ширењето на генетскиот напредок што ќе влијаат на подобрување на квалитетот на производи од животинско потекло, годишни програми за користење на одделни машки приплодни грла и начинот на објавувањето на добиените резултати и - зоотехнички стандарди. Зоотехничките стандарди од ставот 5 алинеја 8 на овој член се однесуваат на критериумите за промет со приплоден материјал, условите, постапката и начинот на водење на матични книги и регистри, содржината на зоотехничките документи, критериумите за прифаќање на животните за приплод, методите за следење на карактеристиките и оценување на генетската вредност, како и критериумите за признавање на организациите на одгледувачи. (Одобрување на одгледувачки програми) Член 19 Министерството ги одобрува одгледувачките програми по претходно поднесено барање до Министерството, ако со нив: соодветно се унапредува сточарството согласно со одредбите на овој закон и со нејзиното спроведување да се постигнат целите на одгледувањето, се обезбедува контрола на производноста или работна способност и други карактеристики на добитокот, се остварува генетски напредок на популацијата за која се однесуваат (спроведуваат), се потврдува дека популацијата на приплодните грла на која се спроведува е доволно голема, се обезбедени избрани методи и начини за проверка на потеклото на приплодниот добиток, приплодните животни, кои се вклучени во програмата, се обележани на пропишаниот начин така што да биде можно да се утврди нивното потекло, се осигурани стручни, технички и организациони предуслови за спроведување на одгледувачката програма, е вклучен соодветен стручен тим за спроведување на одгледувачката програма, е осигурано стручно водење на сета пропишана одгледувачка документација, се обезбедени генетски резерви, се осигурува генетска варијабилност и биолошка разновидност, се осигурани услови за спречување на парење во сродство, освен во случаи ако поинаку нее предвидено со истатаи е обезбеден систем за внатрешна контрола над клучните работи во изведувањето на одгледувачката програма и програмата за селекција. Барањето за одобрување на одгледувачките програми се поднесува до Министерството од страна на правни лица регистрирани согласно со прописите кои ја уредуваат оваа материја. Со одобрувањето на одгледувачките програми соодветно се признаваат и правните лица како одгледувачи на добиток (во натамошниот текст: признати организации на одгледувачи). За признатите организации на одгледувачи Министерството води регистар. Одгледувачките програми кои ги обезбедуваат активностите предвидени во членот 18 од овој закон ги одобрува Министерството по претходно добиено мислење од Советот од членот 57 на овој закон. На предлог на советот од членот 57 на овој закон одделни одгледувачки програми и/или нивни делови претставуваат задачи на јавни услуги согласно со членот 62 од овој закон. Формата, содржината и начинот на водење на регистарот од ставот 5 на овој член ги пропишува министерот. Формата и содржината на образецот на барањето за одобрување на одгледувачки програми од ставовите Ти 2 на овој член ги пропишува министерот. (Програма за селекција) Член 20 Програмата за селекција го определува начинот на тестирање, оценување, рангирање, одбирање на добитокот, како и планот за користење на приплодниот добиток за постигнување на целите на одгледувањето. Селекциската програма е задолжителен составен дел на одгледувачката програма. Методите за прогноза на приплодната вредност и оценувањето на приплодниот добиток се задолжителни составни делови на програмата за селекција. По одобрувањето на одгледувачката програма, доколку е потребна промена или употреба на нови методи за прогноза на приплодната вредност и оценување на приплодниот добиток, одлучува министерот врз основа на мислење на Советот од членот 57 на овој закон. (Зоотехнички документи) Член 21 Зоотехнички документи се пропишани документи и обрасци за приплодниот материјал, кои ги издава призната организација на одгледувачи, согласно со одобрена одгледувачка програма во својот делокруг и територија на работа. Формата, содржината на зоотехничките документи, како и начинот на пополнување на обрасците за издавање на зоотехничките документи ги пропишува министерот. (Матична книга) Член 22 Признатата организација на одгледувачи за секој одделен вид и раса води матична книга во која се запишува секое приплодно грло кое ги исполнува пропишаните критериуми. Матичната книга во однос на потеклотои својствата на добитокот е поделена на главнии дополнителни делови. Формата и содржината на матичната книга, како и критериумите кои треба да ги исполнува приплодниот добитокот за воведување во матичната книга ги пропишува министерот. (Приплоден добиток) Член 25 Како приплоден добиток се определуваат и употребуваат приплодни грла кои во времето на полова зрелост се способни за размножување и исполнуваат посебни критериуми за одделни видови, раси и хибриди, кои согласно со одгледувачката програма се наменети за размножување. По исклучок од ставот 1 на овој член како приплоден добиток се определува и употребува и друг добиток, доколку истиот е потребен за тестирање или заради зачувување на расата, линијата, како и заради други основани причини. За отстапување од пропишаните критериуми за приплоден добиток од ставот 1 на овој член одлучува министерот по претходно мислење добиено од Советот од членот 57 на овој закон. Посебните критериуми од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот. (Потекло и промет на приплоден добиток) Член 24 За секое приплодно грло или друг приплоден материјал мора да биде познато потеклото. Секое приплодно грло наменето за промет мора да е придружено со соодветен зоотехнички и ветеринарно-здравствен документ. Потеклото на приплодниот добиток може да биде потполно или делумно. За потполно потекло се смета потеклото за кое се познати две или повеќе генерации на предци. За делумно потекло се смета потеклото за кое не може да се обезбеди познавање на предците во потполност. Минималниот удел на познатото потекло во таков случај го определува одгледувачката програма. (Обележување на приплоден добиток) Член 25 За реализација на целите на ЗОПОД и поединечните одгледувачки програми може да се врши дополнително обележување и водење на евиденција на добитокот доколку начинот на идентификација и регистрација на животните согласно со прописите кои ја уредуваат оваа област не соодветствуваат на потребите на овој закон. Дополнителното обележување од ставот 1 на овој член го вршат признатите организации на одгледувачи. Начинот на обележувањето на одделни видови на добиток од ставот 1 на овој член, како и формата, содржината и начинот на водењето на евиденција на обрасците се составен дел на одгледувачките програми. (Класи на приплодни грла) Член 26 Заради споредување на приплодниот материјал наменет за промет, како и за други потреби при одгледувањето добиток секое приплодно грло мора да биде оценето и распоредено во соодветна класа. Приплодните грла од ставот 1 на овој член се воведуваат во матичната книга. Постапките и начините за распоредување на добитокот во класи се определени во одгледувачките програми. (Признавање на нови раси, линии провиниенции и хибриди на добиток) Член 27 Признавање на нови раси, линии провиниенции и хибриди на добиток, кои настануваат на територијата на Република Северна Македонија со примена на меѓународно признати и усвоени научни методи, го одобрува министерот на предлог на Советот од членот 57 на овој закон. (Компаративно проверување на новите раси, провиниенции, линии и увезени животни за приплод) Член 28 За вклучување на нови раси, линии, провиниенции и хибриди на приплоден добиток од увоз во одобрената одгледувачка програма мора да се изврши компаративно проверување на одредени својства на приплодниот добитокот согласно со истата. (Семе од добиток) Член 29 Семе од добиток (во натамошниот текст: семе) се употребува и се пушта во промет ако ги исполнува особено следниве критериуми: е добиено и/или чувано во одобрените институции од членот 73 став 2 алинеи 2и 3 на овој закон, е добиено од машки приплодни грла согласно со членот 25 на овој закон, е означено и за него се води евиденција, е придружено со соодветна зоотехничка документација согласно со членот 21 од овој закон, соодветствува со пропишаните критериуми за квалитет и здравствена исправност и исполнува други пропишани зоотехнички критериуми. Кај одделни видови на добиток е дозволено и користење на мешано семе од ист вид на добиток. Видовите на добиток и начинот на употреба на мешаното семе од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот. Критериумите од ставот 1 на овој член поблиску ги пропишува министерот. Јајце клетки и ембриони) Член 50 Јајце клетките и ембрионите е дозволено да се употребуваат ако ги исполнуваат особено следниве критериуми: се добиени и чувани на пропишан начин во одобрена институција за собирање, добивање и пресадување на ембриони, потекнуваат од приплодни женски грла кои ги исполнуваат условите за добивање на јајце клетки и ембриони, согласно со одгледувачката програма, се означени на пропишан начин, а доколку се работи за женски приплодни грла во кои е пресаден ембрионот ознаките се наоѓаат во приемниот лист на грлото а истиот мора да биде означен согласно со прописите, да се придружени со соодветна зоотехничка документација согласно со членот 21 од овој закон И да соодветствуваат со пропишаните критериуми за квалитет и здравствена исправност. Одредбите од овој член не се однесуваат на јајцата за лежење од живина и пчелите. Критериумите од ставот 1 на овој член поблиску ги пропишува министерот. (Манипулација во наследниот материјал и трансгени животни) Член 51 Манипулацијата во наследниот материјал на добитокот со методите на генетската технологија е дозволен само за истражувачки цели во затворени, за вакви истражувања опремени објекти со претходно добиена дозвола за изведување на вакви истражувања, која ја издава министерот доколку овој закон и актите донесени врз основа на овој закон поинаку не определуваат. Комерцијалната употреба на трансгенетски добиток е дозволена само под услови и постапка согласно со прописите кои ја уредуваат оваа област. (Биолошки и генетски тестови) Член 22 Биолошките и генетските тестови се користат за собирање на информации како поткрепа за одлуките при селекција, за зачувување на автохтоните раси, како и во програмите за обезбедување на биолошката разновидност на добитокот. Генетските тестови се изведуваат според начелата на добрата лабораториска пракса во лаборатории. Биолошките и генетските тестови мора да обезбедуваат меѓународна споредливост на методите и добиените резултати. (Тестирање) Член 353 Тестирање на својствата на добитокот се врши на земјоделски имот и/или во одобрени институции - станици за тестирање. Тестирање на својствата на добитокот на земјоделски имот се врши за сопствени потреби. Тестирање на својствата на добитокот за потребите на одгледувачките програми и тестирања за други потреби врши одобрена институција која исполнува критериуми во поглед на објектите, опремата и кадрите. Станица за тестирање на добиток со решение ја одобрува Министерството за период од пет години по претходно поднесено барање до Министерството. Постапките и начинот на тестирање кај одделни видови на добиток, како и компаративните тестови се изведуваат согласно со одгледувачката програма на пропишан начин и истите мора да обезбедат меѓународна споредливост. Обработката на податоците, мерењата и тестирањата, како и пресметката и објавувањето на резултатите го врши одобрената станица за тестирање или признаена организација на одгледувачи согласно со одгледувачката програма. Доколку обработката на податоците, мерењата и тестирањата, како и пресметката и објавувањето на резултатите го врши призната организација на одгледувачи согласно со одгледувачка програма името на стручниот работник одговорен за пресметка и објавување на резултатите мора да биде наведено во актот за признавање на организација на одгледувачи. Министерството води регистар на станиците за тестирање и врши стручна контрола над нивното функционирање. Критериумите во поглед на објектите, опремата и кадрите од ставот 3 на овој член, постапките и начините на тестирање кај одделни видови на добиток од ставот 5 на овој член, како и формата и содржината и начинот на водење на регистарот од ставот 8 на овој член ги пропишува министерот. Формата и содржината на барањето од ставот 4 на овој член ги пропишува министерот. У. ПРЕНОС НА ДОСТИГНУВАЊАТА НА СЕЛЕКЦИЈАТА ВО ОДГЛЕДУВАЊЕТО НА ДОБИТОК (Ширење на генетскиот напредок) Член 54 Министерството и признатите организации на одгледувачи мора редовно да го следат ширењето на генетскиот напредок во популацијата на добитокот. Ширењето на генетскиот напредок се поттикнува со финансирање и кофинансирање на одгледувањето на приплодни машки грла и програми за генетско подобрување на популацијата, како и со финансирање и кофинансирање на стручните задачи со кои се поддржува одржувањето и подобрувањето на генетскиот квалитет на приплодните грла во Република Северна Македонија согласно со ЗОПОД. (Унапредување на генетската вредност) Член 55 Унапредувањето на генетската вредност на добитокот се врши согласно со одгледувачките програми. Методите за прогнозирање на генетската вредност мора да бидат научно прифатени и во согласност со важечките зоотехнички методи. Постојаното прогнозирање на генетската вредност се користи при распоредувањето на приплодните грла во квалитативни класи. Мерењата на својствата и постапките за прогнозирање на генетската вредност мора да бидат споредливи со постапките и методите кои ги определуваат меѓународните организации со кои соработува Република Северна Македонија. Методите и постапките за мерење на својствата и прогнозирање на генетската вредност ги пропишува министерот. (Оценување и одбирање на приплоден добиток) Член 26 Користењето на приплодниот добиток е дозволено со претходно оценет и избран приплоден добиток, а за машките приплодни грла мора да се водат зоотехнички документи согласно со одгледувачката програма. Оценување, рангирање, одбирање и признавање на приплодните грла се врши како јавна услуга во сточарството. (Тестирање на производните својства и оцена на генетската вредност) Член 57 Тестирање на производните својства и оцената на генетската вредност на приплодните грла врши одобрената институција од членот 533 на овој закон. Тестирањето на производните својства и прогнозата на генетската вредност изведени во други држави се признати во Република Северна Македонија доколку резултатите од овие тестирања и оцените се добиени со најмалку еднаков степен на прецизност и меѓусебно се споредливи. (Размножување на добиток) Член 58 Размножувањето на добиток согласно со овој закон може да се изведува вештачки со осеменување или ембриотрансфер или природно со припуштање, односно парење. За размножувањето на добиток, без разлика на начинот, се води евиденција и се издава зоотехничкиот документ од членот 21 на овој закон. (Размножување вон сродство) Член 59 Одгледувачките програми мора да обезбедат размножување кое го почитува најголемиот дозволен коефициент на сродство определен со програмата за селекција, да обезбедат спречување на намалувањето на виталноста на добитокот, способноста за преживување, плодноста и другите својства на добитокот во наредните генерации како последица на парењето во сродство. По исклучок од ставот 1 на овој член министерот може да одобри парење во сродство за истражувачки цели, како и во исклучителни случаи (загрозеност на расата, појава на болест и слично) по претходно мислење на Советот од членот 57 на овој закон. (Промет со приплоден добиток) Член 40 Добитокот кој се става во промет како приплоден добиток, кој се изложува на манифестации (изложби, саеми, оценувања, лицитации, и слично), кој е наменет за натпреварување (трки со коњи и слично) или се става во промет на друг начин, мора да биде обележан на пропишан начин и да е придружен со соодветен зоотехнички документ. Начинот на ставање во промет на приплодниот добиток наменет за натпреварувањето од ставот 1 на овој член го пропишува министерот. (Производство на семе) Член А1 Производство на семе според овој закон се изведува како стручна задача во сточарството. Производство на семе наменето за промет врши одобрена институција од членот 75 став 2 алинеја 2 на овој закон, која одгледува потребен број машки приплодни грла за добивање и промет со семе за потребите на една или повеќе одобрени одгледувачки програми и исполнува одредени критериуми во поглед на просторот, кадрите и опремата во зависност од видовите и расите на добиток. Одобрената институција може да има само машки приплодни грла кои се одбрани согласно со одгледувачките програми, имаат зоотехнички документи за признавање на машкото приплодно грло и има познато потекло. Одобрената институција е должна да води пропишана документација за машките приплодни грла, за добивањето на семе и евиденција за прометот со семе од сопствено производство и годишно да го известува Министерството. Подеталните критериуми во однос на приплодниот добиток, просторот, кадрите и опремата од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот. (Производство и промет на пчелни матици) Член 42 Производство на пчелни матици, според овој закон, се изведува како стручна задача во сточарството. Производство на пчелни матици наменети за промет врши одобрената институција од членот 73 став 2 алинеја 4 на овој закон согласно со одгледувачката програма на овој вид приплоден материјал и доколку ги исполнува особено следниве критериуми: има вработено едно лице со високо образование од областа на биотехнологија И има објекти за чување на опрема. Начинот на одгледувањето и прометот на пчелните матици од ставот 2 на овој член, преместувањето на пчелите и пчелниот приплоден материјал, како и големината на заштитениот појас околу одобреното одгледувалиште на пчелни матици ги пропишува министерот. (Постапка за одобрување на институции и одгледувалишта на пчелни матици) Член 45 Институција за производство на семе и одгледувалиште на пчелни матици со решение ги одобрува министерството на претходно поднесено барање до Министерството. Во решението за одобрување се определува делокругот на работа и територијата на работење на истите. Решението се издава за период од пет години. За одобрените институции за осеменување и за одобрените одгледувалишта за пчелни матици се водат регистри во Министерството. Формата, содржината и начинот на водењето на регистрите од ставот 5 на овој член ги пропишува министерот. Формата и содржината на образецот на барањето од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот. (Вршење на осеменување) Член ДА Осеменување на приплоден добиток може да вршат одобрени институции од членот 75 став 2 алинеи 2 и 5 на овој закон и други правни лица, кои ги исполнуваат општите критериуми согласно со прописите што ја уредуваат областа и: употребуваат семе, кое ги исполнува сите критериуми од членот 29 на овој закон, ги извршуваат програмите за осеменување согласно со одгледувачките програми и програмите за селекција, пополнуваат, водат и доставуваат документација за видот, квалитетот и испораката на добиеното семе, постигнуваат минимални резултати на осеменувањето и ги користат и посредуваат со податоците кои се водат во пропишаните бази на податоци. Согласно со ставот 1 алинеи Ти 3 од овој член осеменување се врши и на добиток кој не е опфатен со одобрените одгледувачки програми. Осеменување може да вршати физички лица ако ги исполнуваат условите од членот 45 на овој закон. (Физички лица кои вршат осеменување) Член 45 Физичките лица кои вршат осеменување мораат да бидат стручно квалификувани и да го вршат осеменувањето согласно со членот 44 став 1 на овој закон. Физичките лица од ставот 1 на овој член треба да бидат доктори по ветеринарна медицина согласно прописите кои ја уредуваат оваа материја, лица кои се вработени или работат кај држателот или одгледувачот и кои се стручно квалификувани. Физичките лица од ставот 2 на овој член можат да вршат осеменување само на сопствениот добиток. Вршители на осменувањето од ставот 2 на овој член освен докторите по ветеринарна медицина, мора да поседуваат потврда за стручна квалификуваност за изведување на осеменувањето. Стручната квалификуваност за изведување на осеменувањето од ставот 4 на овој член, физичките лица ја добиваат на организирани форми на обука согласно со членот 75 од овој закон. Содржината на образецот на потврдата од ставот 4 на овој член ја пропишува министерот. (Исклучоци) Член 46 Одредбите на членовите 44 и 45 од овој закон не се применуваат за живина, пчели и куникули. (Место за парење) Член 47 Место за парење е земјоделски имот и одобрена институција од членот 73 став 2 алинеја 6 на овој закон кој има соодветни објекти и опрема за одделни видови приплоден добиток на кој се одгледуваат машки приплодни грла и со нив се врши парење на добитокот. За место за парење не се смета земјоделскиот имот на кој се изведува парење пред се на добиток кој е запишан во регистарот на земјоделскиот имот и на кој се изведува харемско парење на пасишта, иако добитокот е од различни земјоделски имоти. Објектите и опремата на местото за парење од ставот 1 на овој член во зависност од видот на добитокот, како и определувањето на подрачјето на дејствување на местата за парење ги пропишува министерот. (Промет со семе) Член 48 Промет со семе вршат одобрените институции од членот 73 став 2 алинеи 2и 5 на овој закон. По исклучок од ставот 1 на овој член промет на семе можат да вршат и други правни лица кои ги исполнуваат особено следниве критериуми: поседуваат опрема за транспорт на семе, располагаат со соодветен објекти располагаат со соодветен простор и опрема за чување и одржување на семето. Правни лица од ставот 2 на овој член за вршење на промет со семе со решение ги одобрува Министерството на претходно поднесено барање до Министерството. Поблиските критериуми за вршење на промет со семе од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот. Формата и содржината на барањето од ставот 3 на овој член ги пропишува министерот. (Осеменување на земјоделски имот) Член 49 Држателите и одгледувачите на добиток под услови кои ги определува овој закон, можат да вршат осеменување само на оној добиток кој е регистриран на тој земјоделски имот. На оддалечени и планински подрачја, каде што осеменувањето е отежнато од оправдани причини, може да се врши осеменување и на добиток кој не е запишан во регистерот на земјоделскиот имот. Вршењето на осеменувањето на добитокот од ставовите Ти2 на овој член не се смета за дејност на осеменување. Министерот согласно со одгледувачките програми од членот 18 на овој закон објавува листа на подрачјата од ставот 2 на овој член. (Добивање и пресадување на јајце клетки и ембриони) Член 50 Добивање и пресадување на ембриони (ембриотрансфер) може да врши одобрена институција, доколку ги исполнува критериумите во поглед на објектите, просториите, опремата и кадрите согласно со прописите што ја уредуваат областа. Институциите за добивање и пресадување на ембриони со решение ги одобрува Министерството за период од пет години на претходно поднесено барање до Министерството. За одобрените институции за добивање и пресадување на јајце клетки и ембриони се водат регистри во Министерството. Формата, содржината и начинот на водењето на регистрите од ставот 5 на овој член ги пропишува министерот. Формата и содржината на барањето од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот. (Увоз и извоз) Член 51 Од зоотехнички причини не смее да се забрани и ограничи увоз или извоз на приплоден материјал, доколку се исполнети сите пропишани критериуми. Приплодниот добиток од увоз мора да ги исполнува следниве критериуми: да е запишан во матична книга или во регистарот на приплоден добиток издаден од организација на одгледувачи на добиток, која е призната од државата извозничка, дае означен на пропишан начини да е придружен со пропишаната зоотехничка документација. Увезеното семе мора да ги исполнува следниве критериуми: да потекнува од машки приплодни грла запишани во матична книга или во регистарот на хибридни грла и провиниенции, кој го води призната форма на одгледувачи на добиток од државата извозничка, да потекнува од машки приплодни грла со оценета одгледувачка вредност, да го придружува соодветна зоотехничка документација, дае добиено во центар за производство на семе, кој е одобрен од страна на надлежен орган во државата каде што се наоѓа центарот за производство на семеи семето мора да биде означено на прописен начин. По исклучок на одредбите од ставот 5 на овој член во согласност со одобрената одгледувачка програма во ограничени количини кои се потребни исклучиво за тестирање, може да се увезе семе од машки приплодни грла кои се уште не се тестирани и кои немаат оцена на приплодна вредност. Увезените јајце клетки и ембриони мора да ги исполнуваат следниве критериуми: да потекнуваат од приплодни грла кои се запишани во матична книга или во регистарот на хибридни грла и провиниенции кои ги води призната организација за одгледување на добиток од државата извозничка, да ги придружува пропишана зоотехничка документација, да бидат означени на соодветен начини да бидат добиени во установа која има дозвола за добивање и промет со ембриони од страна на соодветен орган на државата извозничка. Приплодниот материјал при увозот мора да биде придружен и со соодветен доказ за неговата здравствена исправност согласно со одредбите од Законот за ветеринарното здравство. Приплодниот материјал при извозот мора да биде придружуван со пропишаните соодветни зоотехнички документи, согласно со овој закон. Министерот може да пропише дополнителни зоотехнички критериуми во поглед на производните својства, одгледувачката вредност и други стопански особини за увоз на приплодниот материјал. МЕ. ЗАЧУВУВАЊЕ НА ГЕНЕТСКАТА ВАРИЈАБИЛНОСТ И ГЕНЕТСКИТЕ РЕЗЕРВИ НА ДОБИТОКОТ (Зачувување на генетската варијабилност) Член 52 Република Северна Македонија ги обезбедува и одржува генетските резерви за одделни видови, раси и линии на добиток во форма на минимален број на добиток, семенски дози, јајце клетки или ембриони. Заради зачувување на расите, односно линиите, како и заради обезбедување на задоволително производство на анимални производи, одгледувачките програми мора да обезбедуваат генетска варијабилност на добитокот. Министерот го пропишува обемот на генетските резерви, како и начинот и постапката на обезбедување и одржување на резервите од ставот 1 на овој член. Средствата за остварување на целите од овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија. (Биолошка разновидност во сточарството) Член 53 Биолошката разновидност во сточарството ја составуваат сите раси на добиток во Република Северна Македонија. Заштитата на биолошката разновидност во сточарството се изведува како јавна услуга во сточарството согласно со програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството. Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството ја опфаќа оцената на состојбата и ги определува целите и насоките за: зачувување на сите автохтони раси/линии на добиток кои се одгледуваат на територијата на Република Северна Македонија, со посебен акцент на автохтоните раси/линии во автохтона средина, зачувување на расите на добиток надвор од средината во која настанале (ех 5ѓќи зачувување), односно во средината каде што настанале ((п 5Ќи зачувување) за секоја раса/линија на добиток, основање и функционирање на ген банки во сточарството, исполнување на меѓународни обврски, воспитување и обука на подрачјето на зачувувањето на биолошката разновидност во сточарството, подигање на јавната свест за значењето на зачувувањето на биолошката разновидност во сточарството и поврзување со другите програми во областа на земјоделството. При природни или други несреќи, кои го загрозуваат зачувувањето на приплодниот материјал, кој е потребен за минимално обезбедување на размножувањето на добитокот или доколку во поголема мера е загрозена биолошката разновидност на добитокот во Република Северна Македонија, министерот има право да им наложи на признатите организации на одгледувачи, на држателите и одгледувачите на добиток, на вршителите на јавни услуги, како и на другите одобрени правни и физички лица од овој закон посебни стручни и други задачи, со кои ќе се спречи таквата загрозеност. Програмата од ставот 2 на овој член ги определува и предвидува финансиските средства за изведување на заштитата на биолошката разновидност во сточарството, како што се: средства за изведување на стручни задачи, непосредни исплати и друга поддршка за држателите и одгледувачите на добиток, како и за физичките и правните лица кои изведуваат заштита на генетските резерви во сточарството. Програмата од ставот 2 на овој член за период од седум години ја носи Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот. Средствата потребни за реализирање на активностите од ставот 2 на овој член се обезбедуваат од програмите на Министерството. (Автохтони раси) Член 54 Автохтоните раси и/или линии се под посебен режим на заштита. Автохтоните раси и/или линии според видовите на добиток се: говеда буша, овци каракачанска, овчеполска и шарпланинска, кози балканска коза, кокошка - домашна кокошка, бивол - домашен бивол, коњ - домашен коњ, магаре - домашно магаре, куче - овчарско куче шарпланинец, свињи локална примитивна и пчели пчела (Арѓ5 те!Ќега таседописа). Признавањето на нови автохтони раси и/или линии се врши по претходно доставено барање до Министерството. Кон барањето од ставот 5 на овој член задолжително се приложува стручен елаборат кој на трошок на подносителот го подготвува изведувачот на јавната услуга спроведување на програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството. Автохтоните раси и/или линии се запишуваат во регистерот на автохтони раси, кој го води Министерството. Името и автохтоната раса и/или линија, Република Северна Македонија согласно со ратификуваните меѓународни договори и спогодби и меѓународно ги осигурува. Начинот на одгледувањето и прометот на автохтоните раси и/или линии од ставовите 2и 3 на овој член, формата и содржината на барањето од ставот 3 на овој член, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот од ставот 5 на овој член ги пропишува министерот. (Следење и анализирање на биолошката разновидност во сточарството) Член 55 Мониторинг на биолошката разновидност во сточарството е систематско следење и анализирање на состојбата на биолошката разновидност и се врши како јавна услуга во рамките на спроведувањето на програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството. Начинот на изведувањето и мониторингот на биолошката разновидност во сточарството го пропишува министерот. МИ. НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ, ПРИЗНАТИ ОРГАНИЗАЦИИ НА ОДГЛЕДУВАЧИ, ОДОБРЕНИ ИНСТИТУЦИИ И ВРШИТЕЛИ НА ЈАВНИ УСЛУГИ ВО СТОЧАРСТВОТО (Надлежни органи) Член 56 Министерството ги врши следниве работи: води постапки за одобрување на одгледувачките програми и признавање на организациите во сточарството, врши стручен надзор, пропишува критериуми за признавање на организациите во сточарството според овој закон, ги објавува признатите и одобрените организации во сточарството, со наведување на делокругот и територијата на нивното работење, одлучува за жалбите по управните постапки, води бази на податоци согласно со одредбите на овој закон, обезбедува поврзаност и пристап до бази на податоци според одредбите на овој закон и согласно со важечките прописи и врши и други работи утврдени со овој закон. (Совет за сточарство) Член 57 Советот за сточарство (Совет) е стручно советодавно тело на министерот во областа на сточарството. Советот дава стручни совети и мислења во областа на сточарството, и тоа за: поднесоците за потврдување на одгледувачки програми, годишниот извештај за работа по однос на одгледувачките програми, промените односно воведувањето на нови методи за оцена на одгледувачка вредност и оценување на приплодниот добиток, прописи кои се носат врз основа на овој закон, предлозите за долгорочни развојни програми од областа на сточарството, предлозите за поважните мерки на земјоделската политика кои ја уредуваат областа на сточарството, предлозите за признавање на автохтоните раси, елементите за определување на цените на услугите и за обемот на услугите согласно со овој закони други стручни совети и мислења од областа на сточарството. (Состав на Советот) Член 58 Советот за сточарство е составен од следниве членови: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - областа на сточарство - два члена, Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје - два члена, Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје - еден член, Факултетот за биотехнички науки - Битола - еден член, Институтот за сточарство - Скопје - два члена и признатите организации на одгледувачи - еден член. Членовите на советот ги предлагаат установите и организациите од ставот 1 на овиј член, а ги именува Министерството со решение за период од четири години со можност за повторно именување. Министерот ја свикува конститутивната седница, на која именуваните членови избираат председател и негов заменик од членовите на Советот. Советот донесува деловник за работа, со кој се определува начинот на работа на Советот за сточарство. Средствата за надоместок на работата на членовите на Советот се обезбедуваат од програмите на Министерството. (Вршители на јавни услуги) Член 59 Задачите кои како јавни услуги се изведуваат во областа на сточарството согласно со овој закон ги вршат ги вршат јавни установи утврдени со закон, признати организации на одгледувачи и одобрени институции од областа на сточарството кои мора да се овластени и кои ги исполнуваат следниве услови: поседуваат или користат соодветен простор, соодветна техничка опремености соодветна кадровската екипираност. Поблиските услови од ставот 1 на овој член за одделна јавна услуга поблиску ги пропишува министерот. (Овластување) Член 60 Овластување за вршење на јавни услуги од овој закон на субјектите од членот 59 став 1 од овој закон се врши врз основа на решение кое го донесува Министерството по претходно поднесено барање до Министерството. За давање на овластувањето од ставот 1 на овој член субјектите треба да ги исполнуваат условите за вршење на јавната услуга од членот 59 ставови Ти 2 од овој закон. Министерството во рок од 40 дена од денот на поднесувањето на барањето за издавање на овластувањето од ставот 1 на овој член донесува решение со кое одлучува по барањето за издавање на решение за овластувањето. Службеното лице од Министерството кое ја води постапката за издавање на овластување за вршење на јавни услуги по службена должност ги прибавува доказите за исполнување на условите од членот 59 ставови Ти 2 од овој закон, во рок од три работни дена од денот на поднесувањето на барањето. Овластено службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставот 4 на овој член да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето. Одземање на овластување Член 60-а Доколку овластениот субјект престане да исполнува некој од условите предвидени со членот 59 од овој закон или не ги извршува стручните задачи како јавни услуги предвидени во членот 62 од овој закон, Министерството донесува решение за одземање на овластувањето. Против решението од ставот 1 на овој член може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен. Јавен конкурс Член 60-6 За извршување на стручните задачи кои како јавни услуги се предвидени во членот 62 од овој закон Министерството распишува јавен конкурс. На јавниот конкурс можат да се јават овластените субјекти од членот 59 став 1 од овој закон. Јавниот конкурс особено содржи податоци за: 1) видот на јавната услуга; 2) почеток и времетраење; 5) критериуми за избор; 4) максимална цена за извршување на јавната услуга; 5) временски рок за извршување на јавната услуга; б) контакт лице за обезбедување на информации во врска со содржината на јавниот конкурс; 7) начин и рок за доставување на пријавите; 8) дата, место и време на отворање на пријавите на конкурсот и 9) начин на информирање на кандидатите за извршениот избор. Постапката на отворање и оценување на понудите ја спроведува Комисија која е составена од пет члена од редовите на вработените во Министерството. Комисијата од ставот 4 на овој член ја формира министерот. Овластените претставници на понудувачите можат да бидат присутни на отворањето на пријавите. Изборот по јавниот конкурс се врши во зависност од техничката и кадровската опременост на учесниците, како и од висината на понудената цена за вршење на услугите предмет на јавниот конкурс. Понудите кои ќе бидат поднесени по утврдениот рок нема да бидат разгледувани. Врз основа на спроведениот јавен конкурс од ставот 1 на овој член, а по предлог на Комисијата од ставот 4 на овој член, Министерството донесува решение за избор на овластен субјект за вршење на одделна јавна услуга. Против решението од ставот 9 на овој член, подносителот на барањето има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Критериумите од ставот 7 на овој член поблиску се определуваат со јавниот конкурс. Договор Член 60-Вв Субјектите кои се стекнале со решение за вршење на јавни услуги склучуваат договори со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорот од ставот 1 на овој член се склучува во писмена форма и особено содржи податоци за: 1) давателот на услугите и стручните лица кои ја извршуваат услугата; 2) услугите кои се извршуваат; 5) начинот и условите за спроведување на услугите утврдени со договорот; 4) правата, обврските и одговорностите на давателот на услугите; 5) времето и начинот на извршувањето на услугите; б) почетокот и времетраењето на услугите; 7) изворите на финансирање; 8) контролата на вршењето на услугите; 9) престанокот на важењето на договорот; 10) причините за раскинување на договорот и 11) периодот за раскинување на договорот. (Одговорност за изведување на јавните услуги) Член 61 Вршителот на јавната услуга од членот 59 на овој закон е одговорен за штетата која на непосредните корисници на услугите или другите лица ќе им ја нанесе лицето кое директно ги изведува задачите од јавната услуга при вршењето или во врска со вршењето на задачите. (Задачи) Член 62 Покрај стручните задачи во сточарството, уредени со законот кој го уредува земјоделството, како јавни услуги во сточарството се и следниве задачи: спроведување на мерки и активности од ЗОПОД, развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД, спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството, водење на катастарот на пчелна пашаи прогноза на медењето во пчеларството. (Стручен надзор на вршење на јавни услуги) Член 63 Стручниот надзор над извршувањето на јавните услуги од членот 62 на овој закон го врши Министерството. По исклучок од ставот 1 на овој член Министерството може да овласти други правни или физички лица, кои се стручно оспособени, да вршат стручен надзор над одделни јавни услуги од членот 62 на овој закон. Потребната стручна оспособеност од ставот 2 на овој член поблиску ќе ја пропише министерот. За овластување на правни или физички лица од ставот 2 на овој член, Министерството објавува јавен конкурс. Врз основа на објавениот конкурс и извршениот избор министерот склучува договор за вршење стручен надзор. (Известување) Член 64 Вршителот на јавна услуга од членот 59 на овој закон на одгледувачот мора да му ги соопштува резултатите од тестирањата на неговиот приплоден добиток во обем, рок и на начин, согласно со одгледувачката програма. (Програма) Член 65 Врз основа на ЗОПОД министерот донесува годишна програма за извршување на јавни услуги утврдена со овој закон. Со програмата од ставот 1 на овој член се одредува: видот и обемот на услугите, начинот и динамиката на извршување на услугите и обемот и начинот на финансирање, односно кофинансирање на одделни услуги. (Финансирање на јавните услуги) Член 66 Јавните услуги од областа на сточарството се финансираат од: Буџетот на Република Северна Македонија, делумно или целосно од корисникот на услугата и други извори. Вршителите на јавните услуги мораат да ги наменат средствата од Буџетот на Република Северна Македонија само за вршење на таа јавна услуга. (Трошоци и плаќања за јавните услуги) Член 67 Корисниците на јавните услуги ја плаќаат јавната услуга во обем и на начин утврден во програмата од членот 65 на овој закон. (Субјекти во сточарството) Член 68 Субјекти во сточарството според овој закон се: признати организации на одгледувачи, одобрени институции и овластени субјекти. Признатите организации од ставот 1 алинеја 1 на овој член можат да се здружуваат во сојузи други форми на здружување согласно со важечките прописи. Министерот еднаш годишно објавува список на субјектите од ставот 1 на овој член во “Службен весник на Република Северна Македонија“. (Признати организации на одгледувачи) Член 69 Признатите организации на одгледувачи се запишуваат во регистарот од членот 19 на овој закон и изведуваат одгледувачки програми. Министерството ја признава организацијата за одгледување за период од пет години по претходно доставено барање до Министерството, доколку ги исполнува особено следниве услови да: има правен организациски облик, кој овозможува самостојно настапување во правниот промет, покаже исполнување на пропишаните организациони, кадровски и технички услови за изведување на одгледувачката програма или склучено договор со овластена институција согласно со овој закон (вршител на јавни услуги), има програма за одгледување добиток, обезбедува контрола и регистрирање на потеклото, располага со минимален потребен број кој овозможуваа спроведување на одгледувачката програма, обезбедува користење на податоци потребни за изведување на одгледувачката програма, гиима усвоено сите стручни правила за определување на особините на расите кои се опфатени со матичната книга или со регистарот на хибридни животни и провиниенции за определување на целите на одгледувањето, за идентификација и регистрација на добитокот, за системот за користење на одгледувачки податоци, со кои може да се оцени добитокот и ги почитува правилата за обезбедување на начелата на недискриминација. Барањето за признавање на организацијата покрај основните податоци треба да содржи и докази за исполнување на условите од ставот 2 на овој член. Исполнувањето на пропишаните услови од ставот 2 алинеја 2 на овој член, признатата организација на одгледувачи може да го изведува самата или пак може да склучи договор за изведување на одделни стручни работи кои се потребни за изведување на одгледувачката програма, со одобрена институција според овој закон. Условите од ставот 2 на овој член за признавање на организациите на одгледувачи по одделни видови на добиток и формата и содржината на барањето од ставот 5 на овој член поблиску ќе ги пропише министерот. (Престанок на признавањето) Член 70 Статусот на признатите организации на одгледувачи престанува да важи, доколку признатата организација на одгледувачи: престанала да исполнува некој од пропишаните критериуми, не ја спроведува одгледувачката програма и со истекот на рокот на признавање. Пред да издаде решение за престанок на признавањето, Министерството мора да и определи соодветен рок за отстранување на утврдената неправилност. Доколку неправилноста не се отстрани во определениот рок, Министерството носи решение за престанок на признавањето. Против решението од ставот 5 на овој член, подносителот на барањето има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (Начело за недискриминација) Член 71 Признатите организации на одгледувачи мора да го обезбедат начелото на недискриминација така што: секој држател, кој одгледува добиток од определена раса и кој е подготвен да учествува во изведувањето на одгледувачката програма според правилата за функционирање на организациите на одгледувачи, има право да стане член на овие организации, односно може да соработува со нив при спроведувањето на одгледувачката програма и приплодните грла што ги исполнуваат критериумите за упис се запишува во матичната книга на барање на секој член на организациите на одгледувачи. (Стручна контрола над спроведувањето на одобрените одгледувачки програми) Член 72 Најдоцна во првите три месеца од календарската година организацијата на одгледувачи до Министерството мора да испрати извештај за изведувањето на одгледувачка програма во изминатата календарска година. Стручна контрола над изведувањето на потврдената одгледувачка програма се врши како јавна услуга. При вршењето на стручната контрола вршителот на услугите може да бара од признатите организации на одгледувачи секакви појаснувања и податоци, потребни за извршување на својата задача и има право на увид во документацијата и документите на организацијата, кои се однесуваат на програмата за одгледување и водење на матичната книга. (Одобрени институции) Член 75 Одобрени институции се правни или физички лица кои исполнуваат одредени критериуми во однос на: просториите, опрематаи кадровска екипираност. Одобрена институција со решение ја одобрува Министерството за период од пет години по претходно поднесено барање до Министерството. Формата и содржината на барањето од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот. Институции кои можат да бидат одобрени според пропишаните постапки во овој закон се: станици за тестирање, центар за производство на семе, станица за осеменување, одгледувалишта на пчелни матици, институции за собирање, добивање и пресадување на ембриони и места за парење. (Престанок на важноста на одобрувањето) Член 74 Статусот на одобрената институција престанува да важи доколку институцијата: повеќе не ги исполнува пропишаните критериуми, со утврдените неправилности во работењето не обезбедува изведување на работите, за кои истата била одобрена и по истекот на рокот за кој била одобрена. Пред да издаде решение за престанок на одобрувањето, Министерството мора да и определи соодветен рок за отстранување на утврдената неправилност. Доколку неправилноста не се отстрани во определениот рок, министерот донесува решение за престанок на одобрувањето. Против решението од ставот 3 на овој член, подносителот на барањето има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. МИ. ОБРАЗОВНА И ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА СТОЧАРСТВОТО (Образование и обука) Член 75 Образование и обука за потребите на сточарството изведуваат: средни земјоделски училишта, високи земјоделски школи, научни и/или образовни институции од областа на земјоделството и ветеринарното здравство и советодавна служба за земјоделство. Практичната настава може да се изведува и во рамките на признатите организации на одгледувачи. Програмите за образование и обука за потребите на сточарството ги одобрува министерот по претходно мислење на Советот од членот 57 на овој закон. (Изведувачи на стручни задачи) Член 76 Физички лица кои изведуваат стручни задачи според овој закон (контролори, селекционери, натконтролори, оценувачи на добиток и слично), се должни да имаат знаење од подрачјето на сточарството и да положат испит на знаење. Физички лица кои вршат најсложени стручни задачи од овој закон (водење на изведувањето на одгледувачки програми, предвидување на вредноста и оцена на приплодниот добиток, постапки за тестирање) мора да имаат високо универзитетско образование од областа на сточарството. Физичките лица од ставовите Ј и 2 на овој член имаат право и должност постојано стручно да се усовршуваат и да полагаат проверка на знаењето на секои пет години. Програмите и изведувачите на програмите за стручно усовршување ги потврдува министерот. Правните лица кои вршат тестирање на знаењето, односно проверка на знаењето, мора да водат евиденција на лицата кои ги положиле таквите тестирања, односно проверки. Задолжителните содржини на испитот, како и начинот и постапката за проверка на знаењето ги пропишува министерот. (Истражувачка работа) Член 77 Министерството согласно со националните програми за земјоделство и рурален развој самостојно или во соработка со надлежните министерства ги финансира, односно кофинансира истражувачките проекти и истражувачката инфраструктура пред се на подрачјето на сточарството кои ги дополнуваат сознанијата на подрачјата на наследувањето, селекцијата, репродукцијата, растот и развојот на добитокот, генетските технологии, економиката во сточарството, зачувување и подобрување на особините на добитокот, исхраната, објектите и опремата за одгледување, зоохигиената и етологијата на добитокот, заштитата на добитокот, постапувањето со добитокот екологијата при држење на добитокот, технологиите и квалитетот на анимални производи, информатиката во сточарството и анималната биотехнологија. За истражувањата од ставот 1 на овој член се изведува јавен конкурс. Истражувањата можат да ги водат истражувачи кои ги исполнуваат критериумите согласно со прописите, кои ја уредуваат истражувачката дејност. Преносот на резултатите од истражувањето во пракса покрај истражувачите од ставот 2 на овој член го прават и советодавната служба за земјоделство и изведувачите на стручните задачи во сточарството. (Х. НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА (Награди и признанија) Член 78 Наградите и признанијата во областа на сточарството (во натамошниот текст: награди и признанија) се доделуваат за највисоки достигнувања кои значајно придонесуваат за развојот на струката, односно за развојот на подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување добиток. Награда, односно признание можат да добијат правни и физички лица од областа на сточарството. Видовите признанија, подеталните критериуми за доделување на наградите и признанијата, како и постапката за нивно доделување ја пропишува министерот. Средствата за наградите и признанијата се обезбедуваат од програмите на Министерството. Х. НАДЗОР (Надзор) Член 79 Надзор над спроведување на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Министерството. Инспекциски надзор над спроведување на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државни инспектори за земјоделство. Надзор над спроведување на здравствената заштита и благосостојба на добиток врши Управата за ветеринарство. (Инспекциски надзор) Член 80 При вршење на надзорот државниот инспектор за земјоделство ги врши следниве работи: преглед на земјоделскиот имот, објекти и опрема при држењето на добитокот, ја утврдува усогласеноста на држењето, исхраната и одгледувањето на добитокот и објектите и опремата со пропишаните начини и технологии на држење, ја утврдува земјоделската инфраструктура, надзор над држењето на пчелите изведувањето на пчеларскиот ред за испаша, водењето на катастерот на пчелна паша, спроведувањето на програмите на признатите пчеларски организации, надзор над искористувањето на средствата за реализација од ЗОПОД, надзор над спроведувањето на одобрените одгледувачки програми и исполнувањето на критериумите, надзор над спроведувањето на програмите за селекција и преглед на соодветната зоотехничка документација, водењето на матичните книгии обележувањето, го утврдува исполнувањето на критериумите за производство, потеклото на добитокот и врши надзор на прометот со добиток и приплоден материјал, како и надзор над работата на одобрените институции и одгледувалиштата на пчелни матици, надзор над изведувањето на постапките за оценувањеи одбирање на приплодниот добиток за признавање на машките приплодни грла, надзор над изведувањето на размножувањето на добитокот, утврдува дали изведувачите на јавните услуги според овој закон ги исполнуваат пропишаните критериумии надзор над изведувањето на задачите на јавните услуги. Постапка за едукација Член 80-а За прекршоците предвидени во членот 84 од овој закон, инспекторот со решение изрекува опомена и определува рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите и недостатоците, утврдени со записник. Решението од ставот 1 на овој член, се донесува веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на изготвувањето на записникот. Инспекторот е должен да води евиденција за изречените опомени. Формата и содржината на евиденцијата за изречените опомени ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 80-6 е избришан. (Инспекциски мерки) Член 81 Покрај мерките утврдени со посебните прописи, државниот инспектор за земјоделство може да: одреди усогласување на држењето и одгледувањето на добитокот со пропишаните услови, одреди мерки за спроведување на одобрениот ред за пчелна испаша, одреди отстранување на одредени неправилности при спроведувањето на одобрените одгледувачки програми, одреди рок за обележување на животните, одреди рок за отстранување на неправилности при водење на матичните книги и соодветната зоотехничка документација, одреди мерки за отстранување на дискриминаторските однесувања на признатата организација на одгледувачи и одреди отстранување на неправилностите при вршење на јавните услуги. Х. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ (Глоба) Член 82 Глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице микро трговец и мал трговец, во износ од 250 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице среден трговец и во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице голем трговец, ако: 1) држењето на добиток е спротивно на целите на овој закон (член 5); 2) држи добиток на начин кој не обезбедува негова благосостојба (член б); 5) доколку не обезбеди услови, нега и грижа за болниот и повредениот и изнемоштениот добиток и му нанесува болки, страдања или повреди на добитокот (член 8); 4) не обезбеди соодветна земјоделска инфраструктура (член 10); 5) држи добиток без соодветна обука за држење и постапување со добитокот (член 11); б) изведува, а не е обучен за изведување зоотехнички работи (член 12); 7) ги напасува пчелите спротивно на пчеларскиот ред за испаша (член 14); 8) одгледува добиток спротивно на одгледувачките програми и програмите за селекција (членови 19 и 20); 9) не води и издава зоотехнички документи (член 21); 10) не води матични книги (член 22); 1) одгледува и употребува приплоден добиток за размножување спротивно признатата одгледувачка програма (член 23); 12) приплодното грло наменето за промет не е придружено со соодветни документи (член 24 став 2); 15) одгледува, употребува и пушта приплодни грла во промет кои не се оценети и распоредени во соодветна класа (членови 26 и 26); 14) не врши компаративно проверување на одредени својства на приплодниот добиток (член 28); 15) употребува и пушта во промет семе, јајце клетки и ембриони спротивно на пропишаните критериуми (членови 29 и 50); 16) не води пропишана документација и не го известува Министерството (член А1 став 4); 17) врши производство и промет со семе и пчелни матици, а не е одобрена институција (членови 41, 42 и 48) 18) става во промет пчелни матици, а не е одобрена институција (член 42); 19) врши осеменување, а не е одобрена институција (член 44); 20) врши парење спротивно на членот 47 од овој закон; 21) врши осеменување спротивно на членот 49 од овој закон; 22) врши увоз и извоз со приплоден материјал спротивно на пропишаните критериуми (член 51); 23) добива и пресадува ембриони, а не ги исполнува критериумите (член 54); 24) не ги извршува задачите доделени како јавна услуга во областа на сточарството (членови 59 и 62); 25) не ги обезбедува начелата за недискриминација (член 71) и 26) не доставува извештај за изведувањето на потврдената одгледувачка програма (член 72 став 1). Глоба во износ од 15 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. На одговорното лице во правното лице покрај глобата од ставот 2 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење должност во траење до 30 дена. Член 83 е избришан. Член ВА Глоба во износ од 15 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: 1) држењето на добиток е спротивно на целите на овој закон (член 5); 2) држи добиток без соодветна обука за држење и постапување со добитокот (член 11); 5) изведува, а не е обучен за изведување зоотехнички работи (член 12); 4) ги напасува пчелите спротивно на пчеларскиот ред за испаша (член 14); 5) одгледува и употребува приплоден добиток за размножување спротивно на признатата одгледувачка програма (член 23); 6) става приплодни грла во промет кои не се оценети и распоредени во соодветна класа (членови 26 и 26); 7) врши осеменување, а нема потврда за стручна квалификуваност (член 45); 8) врши парење спротивно на членот 47 од овој закони 9) врши осеменување спротивно на членот 49 од овој закон. Член 84-а Глоба во висина од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластено службено лице од Министерството ако не ги побара доказите по службена должност во рокот утврден во членот 60 став 4 од овој закон. Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите ако не ги достави бараните докази во рокот утврден во членот 60 став 5 од овој закон. За прекршоците од ставовите Ти 2 на овој член прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд. Член 85 Глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: 1) држи добиток на начин кој не обезбедува негова благосостојба (член 6); 2) доколку не обезбеди услови, нега и грижа за болниот, повредениот и изнемоштениот добиток и му нанесува болки, страдања или повреди на добитокот (член 8); 5) не обезбеди соодветна земјоделска инфраструктура (член 10); 4) не води зоотехнички документи (член 21) и 5) приплодното грло наменето за промет не е придружено со соодветен зоотехнички документ (член 24 став 2). Постапка за издавање на прекршочен платен налог Член 85-а Пред поднесување на барање за прекршочна постапка за прекршоци предвидени во овој закон, инспекторот води постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог согласно со Законот за прекршоците. Инспекторот е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на покренатите постапки. Во евиденцијата од ставот 2 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следниве податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. Личните податоци од ставот 4 на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. Формата и содржината на прекршочниот платен налог ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 86 За прекршоците утврдени со членовите 82, 84 и 85 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува прекршочна комисија формирана согласно со Законот за Државниот инспекторат за земјоделство. Член 86-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно Законот за прекршоците. ХИ. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 87 Националната одгледувачка програма за сточарство продолжува да важи до донесувањето на ЗОПОД од членот 16 на овој закон. Член 88 Се смета дека сопственикот/ држателот на добиток има соодветна обука за држење согласно со членовите Пи 12 на овој закон доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон држел добиток. Член 89 Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. До влегувањето во сила на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат прописите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 90 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за сточарство (“Службен весник на Република Македонија" број 61/97), освен одредбите од членовите 34, 55, 36, 57, 58, 59, 40, АТ и 45. Член 91 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. ОДРЕДБИ ВО ПРИМЕНА ОД ПРЕТХОДЕН ЗАКОН |. Закон за сточарството (“Службен весник на Република Македонија" број 61/97) Член 24 Производство на концентрирана добиточна храна (крмна смеска), наменета за промет може да врши правно лице ако ги исполнува следниве услови: располага со објекти и опрема кои обезбедуваат нормален технолошки процес на производство и со опрема за контрола на квалитетот; има обезбедено простории за чување на суровини и на готов производ; има вработено најмалку едно стручно лице со завршен М!/1 степен стручна подготовка Земјоделски факултет сточарска насока кое ќе го води процесот на производството; има обезбедено стручна контрола на квалитетот на добиточната храна во процесот на производството, се до пуштање во промет. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ќе ги пропише условите од став | алинеи Ти 2 на овој член. Член 55 Концентрираната добиточна храна што се става во промет мора да има пропишана декларација на амбалажата и на придружниот книговодствен документ, во која се внесени основните податоци за квалитетот и количеството. Храната од став 1 на овој член мора да одговара на декларираните податоци. Член 26 Правните лица кои произведуваат кабеста добиточна храна наменета за промет, се должни да вршат контрола на квалитетот во процесот на производството до пуштањето во промет. Член 57 Во промет се става добиточна храна која по однос на составот и квалитетот ги исполнува пропишаните услови. Условите во поглед на составот и квалитетот на добиточната храна ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за стопанство. Член 58 Увезената добиточна храна наменета за промет, по однос на составот и квалитетот, мора да ги исполнува условите од член 57 на овој закон. Член 59 Употребата на добиточна храна која го загрозува здравјето на добитокот или која, преку производите од добитокот може да го загрози здравјето на луѓето, не е дозволена во исхраната на добитокот. Член 40 Заради утврдување на декларираниот квалитет на добиточната храна што се става во промет може да се врши анализа, односно суперанализа. Анализа, односно суперанализа на добиточната храна вршат правни лица овластени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Правните лица од став 2 на овој член за да бидат овластени треба да ги исполнуваат следниве услови: за вршење анализа да имаат вработено најмалку две лица со МИ/1 степен стручна подготовка, од кои, едно со Земјоделски факултет сточарска насока и едно со Природно математички факултет-биохемиско-физиолошка насока; за вршење супер анализа да имаат вработено најмалку две лица од кои, едно со М!1/2 степен стручна подготовка Земјоделски факултет сточарска насока и едно со М!1/1 степен стручна подготовка Природно математички факултет биохемиско физиолошка насока и имаат хемиска лабораторија со соодветна потребна опрема. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ќе ја пропише потребната опрема од став 3 алинеја 5 од овој член. Член А1 Инспекторот е должен за резултатите од анализата која се врши по негово барање да го извести производителот или прометната организација од кого е земена пробата (мострата) на добиточна храна. Ако производителот што ја произведува храната или прометната организација што ја пласира храната не е задоволна со резултатите од анализата, може да побара суперанализа во рок од осум дена од денот на известувањето за резултатите од анализата, и тоа на иста мостра (трета вреќичка) која е депонирана кај инспекторот. Ако резултатот од суперанализата не е истоветен, односно значително отстапува во однос на оној од анализата, се признава резултатот од суперанализата. Трошоците од анализата, односно суперанализата, паѓаат на товар на производителот или на прометната организација за добиточна храна, доколку добиените резултати отстапуваат од декларацијата. Во случај кога резултатите од анализата, односно суперанализата одговараат на декларацијата, трошоците се на товар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 45 Земјоделскиот инспектор на граничните премини, покрај општите овластувања што ги има според посебните прописи за земјоделска инспекција, има право да врши надзор над увозот и извозот на: 1. Добиток; 2. Семе, оплодени јајцеклетки и ембрионии 5. Добиточна храна и компоненти за добиточна храна. Земјоделскиот инспектор ќе забрани увоз или извоз ако пратката не ги исполнува пропишаните услови од овој закон. Надзор над увозот и извозот на добитокот и производите од став 1 на овој член се врши на гранични премини определени од Владата на Република Македонија.

Law on livestock · Nelum