Law on inspections
Made 2010-04-13 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Законот за за инспекциски надзор.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment
- Keywords
- inspection, education, legal proceedings/administrative proceedings, offences/penalties
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
База на закони www.pravdiko.mk 1 | С т р а н и ц а ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР (Објавено во Сл. Весник на РМ, бр.50 од 13.04.2010 година) Содржина I. ОПШТИ ОДРЕДБИ ........................................................................................................................... 2 II. ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР ..................................................................... 2 III. ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ .............................................................................................................. 5 IV. СТАТУС НА ИНСПЕКТОРИТЕ ......................................................................................................... 7 V. ПРАВА, ОБВРСКИ И ОВЛАСТУВАЊА НА ИНСПЕКТОРИТЕ ......................................................... 10 VI. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СУБЈЕКТОТ НА НАДЗОРОТ .................................................................... 12 VII. ПОСТАПКА НА ВРШЕЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ............................................................. 14 VIII. ПОСЕБНИ ДЕЈСТВИЈА ВО ИНСПЕКЦИСКАТА ПОСТАПКА ........................................................ 18 IX. ОДНОСИ НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ И НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ ............................................ 22 Х.ТРОШОЦИ ОД ИНСПЕКЦИСКАТА ПОСТАПКА ............................................................................. 22 XI. ЗАЕДНИЧКО ВРШЕЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР .................................................................. 22 XII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ ........................................................................................................... 23 XIII. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ И НАДЗОР .............................................................................. 24 XIV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ ............................................................................................ 24 База на закони www.pravdiko.mk 2 | С т р а н и ц а I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Предмет на Законот Член 1 (1) Со овој закон се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, организацијата на инспекциските служби, координацијата на инспекциските служби, правата и должностите на инспекторите, правата и должностите на субјектите на надзорот, постапката за вршење на инспекциски надзор и други прашања кои се однесуваат на инспекцискиот надзор. (2) Одредбите на овој закон се однесуваат на инспекторите во инспекциските служби кои се организирани како органи во состав на министерствата (во натамошниот текст: инспекторати), или како организациони единици во рамките на другите органи на државната управа и единиците на локалната самоуправа и градот Скопје. Значење на изрази употребени во овој закон Член 2 Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Инспекциски служби се инспекторатите, организационите единици во рамките на другите органи на државната управа и организационите единици во рамките на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје кои имаат инспекциски надлежности; 2. Инспекциски надзор е надзор над примената на законите и прописите донесени врз основа на закон во работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, јавните претпријатија, трговските друштва, установите и правните и физичките лица над кои се врши надзор, како и изрекување на инспекциски мерки и санкции со цел за отстранување на утврдените неправилности; 3. Инспекциска постапка е посебен вид на постапка уредена со овој закон, со Законот за општата управна постапка или со друг закон која го регулира постапувањето на инспекторите при вршењето на инспекцискиот надзор; 4. Инспекциски акти се сите оние акти и дејствија коишто инспекторите ги донесуваат и преземаат во инспекциската постапка; 5. Инспектор е службено лице со посебни овластувања и одговорности утврдени со закон кое врши инспекциски надзор; 6. Субјект на надзорот се државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, јавните претпријатија, трговските друштва, установите, фондациите и здруженијата на граѓани, правните и физичките лица над кои се врши надзор и 7. Инспекциски мерки се управните мерките и санкции предвидени со овој и со друг закон кои ги изрекуваат инспекторите при инспекцискиот надзор заради отстранување на утврдените неправилности. II. ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР База на закони www.pravdiko.mk 3 | С т р а н и ц а Начело на законитост Член 3 Во вршење на инспекцискиот надзор, инспекторот е должен да постапува согласно со Уставот, законите, ратификуваните меѓународни договори и други прописи донесени врз основа на закон. Заштита на јавниот интерес Член 4 (1) Инспекторот го врши инспекцискиот надзор со цел за остварување и за заштита на јавниот интерес, како и интересот на физичките и правните лица кога тоа е во согласност со јавниот интерес. (2) Постапката на инспекциски надзор започнува и се води по службена должност. (3) Секој може да поднесе иницијатива за поведување на постапка за инспекциски надзор. Начело на еднаквост, непристрасност и објективност Член 5 (1) Инспекторот во вршењето на инспекцискиот надзор е должен да обезбеди еднаква, законита, непристрасна и објективна примена на законите и другите прописи. (2) Инспекторот во вршењето на инспекцискиот надзор е должен работите да ги врши совесно, стручно, ефикасно, уредно, навремено и непристрасно. Начело на материјална вистина Член 6 (1) Инспекторот, по службена должност, ја утврдува фактичката состојба и изведува докази во постапката на инспекцискиот надзор. (2) Субјектот на надзорот, во текот на постапката на инспекцискиот надзор, може да предлага и да поднесува докази кои се од значење за утврдување на целосната фактичка состојба. Начело на сослушување на субјектите на надзорот Член 7 Пред преземањето на инспекциските мерки за отстранување на недостатоците утврдени кај субјектите на надзорот, инспекторот е должен да им даде можност на База на закони www.pravdiko.mk 4 | С т р а н и ц а субјектите на надзорот да се изјаснат за фактите и околностите кои се утврдуваат при инспекцискиот надзор. Начело на самостојност Член 8 (1) Инспекторот е самостоен при вршењето на инспекцискиот надзор и одлучувањето за дејствијата кои треба да се преземат при вршењето на надзорот, како и за мерките кои ќе бидат изречени по извршениот надзор. (2) Инспекторот врши инспекциски надзор согласно со месечниот план или по писмена наредба на министерот, директорот и функционерот кој раководи со органот на државната управа, односно градоначалникот. (3) Поради обемот или сложеноста инспекциски надзор може да вршат повеќе инспектори. (4) При вршењето на надзор од повеќе инспектори се составува еден записник и се донесува еден инспекциски акт кој се потпишува од сите инспектори кои учествувале во надзорот. Начело на јавност Член 9 (1) Инспекцискиот надзор е јавен. (2) Инспекциските служби во рамките на своите овластувања, утврдени со закон, редовно ја информираат јавноста за својата работа. (3) Инспекциските служби се должни да ја информираат јавноста за утврдените состојби и неправилностите кај субјектите на надзорот при вршење на инспекцискиот надзор, како и за преземените инспекциски мерки доколку тоа е потребно заради заштита на животот и здравјето на луѓето или имотот или заради потешки нарушувања на јавниот интерес. Начело на пропорционалност Член 10 (1) При вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот ги презема само оние инспекциски мерки согласно со закон, кои се неопходни за отстранување на утврдените недостатоци при извршениот надзор, при што особено се внимава да не се попречува ефикасното функционирање на субјектот на надзорот. (2) При определувањето на инспекциските мерки и рокот за отстранување на утврдените недостатоци инспекторот се раководи од тежината на недостатокот, База на закони www.pravdiko.mk 5 | С т р а н и ц а штетните последици предизвикани кон јавниот интерес или интересот на трети лица, како и времето кое е потребно субјектот на надзорот да ги отстрани утврдените недостатоците. Начело на превенција Член 11 При вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот првенствено врши превентивна функција, а изрекува инспекциски мерки и санкции тогаш кога со превентивната функција не може да се обезбеди целта на надзорот. Начело на субсидијарност Член 12 (1) Во постапката на инспекцискиот надзор се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка, доколку со овој или друг закон поинаку не е уредено. (2) Одредени прашања во врска со инспекцискиот надзор може да се уредуваат со посебни закони. III. ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ Организација на инспекциските служби Член 13 (1) Инспекторот работите на инспекцискиот надзор ги врши во рамките на инспекциските служби, кои се формирани за одделни управни области. (2) Инспекциските служби се организираат како инспекторати, или како организациони единици во рамките на другите органи на државната управа, или во рамките на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје. Раководење на инспекциските органи Член 14 (1) Со инспекторат раководи директор на инспекторатот (во натамошниот текст: директор), кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија, во согласност со закон. (2) Со инспекциските служби организирани како организациони единици во рамките на другите органи на државната управа, или во рамките на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје раководи службеник чие звање одговара на организациониот облик на инспекциската служба утврдено со закон. Права и должности на функционерот кој раководи со инспекторатот База на закони www.pravdiko.mk 6 | С т р а н и ц а Член 15 (1) Директорот донесува годишна програма за работа на инспекторатот и подготвува месечни планови за работа на инспекторатот. (2) Директорот доставува годишен извештај до Владата на Република Македонија за работата на инспекторатот во претходната година, најдоцна до 31 март во тековната година. (3) За инспекциските служби организирани како организациони единици во рамките на другите органи на државната управа, или во рамките на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, функционерот на органот на државната управа, односно градоначалникот ги има правата и обврските од ставовите (1) и (2) на овој член. Инспекциски совет Член 16 (1) Заради меѓусебна координација и поголема ефикасност на инспекциските служби се формира Инспекциски совет како постојано меѓуресорско тело. (2) Владата на Република Македонија го определува координаторот на Инспекцискиот совет. (3) Членови на Инспекцискиот совет се директорите на инспекторатите и функционерите на органите на државната управа кои имаат инспекциски надлежности. (4) За одредени прашања од својата надлежност Инспекцискиот совет во својата работа може да вклучи и претставници од другите инспекциски служби и од единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, претставници на научната и стручната јавност и претставници на здруженијата и фондациите. (5) Делокругот на работа на Инспекцискиот совет е координирање на работата на инспекциските служби, разгледување на прашања во врска со работењето на инспекциските служби и стручното оспособување и усовршување на инспекторите, како и примената на законите и другите прописи кои се однесуваат на инспекцискиот надзор. (6) Инспекцискиот совет за својата работа донесува деловник. (7) Инспекцискиот совет за својата работа ја известува Владата на Република Македонија два пати годишно и по потреба. (8) Заради остварување на функцијата на координација, Инспекцискиот совет може да бара од инспекциските служби да му доставуваат периодични информации и извештаи за својата работа. База на закони www.pravdiko.mk 7 | С т р а н и ц а (9) Годишниот извештај од членот 15 став (2) на овој закон директорот го доставува и до Инспекцискиот совет. (10) Стручно-административните работи за Инспекцискиот совет ги врши Државниот управен инспекторат - орган во состав на Министерството за правда. Инспекциска евиденција и статистика Член 17 (1) Инспекциските служби за вршењето на инспекцискиот надзор задолжително водат посебна евиденција за податоците што се однесуваат на инспекциската постапка (во натамошниот текст: инспекциска евиденција). (2) Инспекциските служби за податоците кои се однесуваат на инспекциската статистика се должни да достават извештаи на секои шест месеци до Инспекцискиот совет. (3) Формата, содржината и начинот на водење на инспекциската евиденција од ставот (1) на овој закон, како и содржината на инспекциската статистика од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот за правда. IV. СТАТУС НА ИНСПЕКТОРИТЕ Услови за вршење на должноста инспектор Член 18 (1) Инспектор може да биде лице кое ги исполнува општите услови утврдени со Законот за државните службеници или со друг закон и посебните услови утврдени со закон и со актот за систематизација на работните места во инспекциската служба. (2) Инспекторот е должен да положи стручен испит за инспектор во рок од една година, но не пред истекот на шест месеци од денот на засновањето на работниот однос. (3) Доколку инспекторот не го положи испитот од ставот (2) на овој член во рок од три месеци од денот на полагањето на испитот има право на повторно полагање на истиот. (4) На инспекторот кој при повторното полагање нема да го положи испитот од ставот (2) на овој член, работниот однос му престанува. (5) Инспекторот има право и должност стручно да се оспособува за извршување на своите работи и работни задачи во согласност со годишната програма за специјализирана обука во областа на инспекцискиот надзор. (6) Годишната програма за специјализирана обука во областа на инспекцискиот надзор по предлог на директорот на инспекторатот ја донесува министерот, односно База на закони www.pravdiko.mk 8 | С т р а н и ц а функционерот кој раководи со органот на државната управа, односно градоначалникот, најдоцна до 31 декември во тековната година, а за наредната година. (7) Инспекторот кој при вршењето на работите е изложен на висок ризик по неговиот живот и здравје има право на додаток на плата, во зависност од видот на ризикот, во висина од 10% до 30% од износот на основната плата и додатокот на плата за звање. (8) Работните места од ставот (7) на овој член ги утврдува Агенцијата за државни службеници. (9) Висината на износот од ставот (7) на овој член го утврдува Владата на Република Македонија. Стручен испит за инспектор Член 19 (1) Стручниот испит се спроведува заради оценување на потребното стручно знаење за вршење на работите и работните задачи на инспектор. (2) Стручниот испит се спроведува преку полагање на испит согласно со програмата за стручен испит за инспектор, што по предлог на директорот на инспекторатот ја донесува министерот, односно функционерот кој раководи со органот на државната управа, односно градоначалникот. (3) Со испитот се утврдува дали инспекторот поседува стручни знаења за самостојно извршување на инспекцискиот надзор. (4) Стручниот испит се состои од писмен и уснен дел согласно со програмата од ставот (2) на овој член. (5) Стручниот испит се спроведува два пати во текот на една календарска година. (6) Начинот на полагањето на стручниот испит го пропишува министерот за правда. Комисија за полагање на стручен испит и проверка на знаењето за инспектор Член 20 (1) За спроведување на стручниот испит и испитот за проверка на знаењето за инспектор, министерот за правда формира комисија за полагање на стручен испит и проверка на знаењето за инспектор (во натамошниот текст: комисија) за секоја соодветна област на инспекцискиот надзор, по предлог на директорот или функционерот кој раководи со органот на државната управа. (2) Комисијата од ставот (1) на овој член е составена од претседател и четири члена. База на закони www.pravdiko.mk 9 | С т р а н и ц а (3) Претседателот и двајца членови на комисијата се избираат од редот на раководните државни службеници од инспекциската служба од соодветната област, еден член од Агенцијата за државни службеници и еден член од Министерството за правда. (4) Комисијата по спроведувањето на стручниот испит и испитот за проверка на знаењето за инспектор во рок од пет дена јавно ги објавува резултатите. (5) Министерството за правда на инспекторот кој го положил стручниот испитот, односно испитот за проверка на знаењето за инспектор му издава уверение за положен стручен испит, односно уверение за положен испит за проверка на знаењето за инспектор. (6) Образецот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит, односно за положен испит за проверка на знаењето за инспектор ги пропишува министерот за правда. Испит за проверка на знаењето за инспектор Член 21 (1) Заради проверка на знаењето, континуираното следење на состојбата во законодавството, како и на квалитетот и стручноста при вршењето на инспекцискиот надзор на секоја четврта година од денот на издавањето на уверението за положен стручен испит за инспектор, инспекторот полага испит за проверка на знаењето за инспектор. (2) Испитот за проверка на знаењето за инспектор се спроведува преку полагање на испит согласно со програмата за испит за проверка на знаење за инспектор, што по предлог на директорот ја донесува министерот, односно функционерот кој раководи со органот на државната управа, односно градоначалникот. (3) Начинот на полагањето на испитот за проверка на знаењето за инспектор го пропишува министерот за правда. (4) Испитот од ставот (1) на овој член се спроведува пред комисијата од членот 20 став (1) на овој закон. (5) Доколку инспекторот не го положи испитот од ставот (1) на овој член во рок од три месеци од денот на полагањето на испитот има право на повторно полагање на истиот. (6) Инспекторот кој при повторното полагање нема да го положи испитот од ставот (1) на овој член може да се распореди да врши други работни задачи кои одговараат на неговата стручна подготовка. (7) Доколку согласно со актот за систематизација на работните места инспекторот не може да биде распореден да врши други работни задачи кои одговараат на неговата стручна подготовка, работниот однос му престанува. База на закони www.pravdiko.mk 10 | С т р а н и ц а Статус на инспекторот Член 22 (1) Инспекторот е со звање: помлад инспектор, инспектор, виш инспектор, главен инспектор и генерален инспектор. (2) Помлад инспектор може да биде службеник кој ги исполнува условите за звањето соработник од Законот за државните службеници. (3) Инспектор може да биде службеник кој ги исполнува условите за звањето советник од Законот за државните службеници. (4) Виш инспектор може да биде службеник кој ги исполнува условите за звањето раководител на одделение од Законот за државните службеници. (5) Главен инспектор може да биде службеник кој ги исполнува условите за звањето раководител на сектор од Законот за државните службеници. (6) Генерален инспектор може да биде службеник кој ги исполнува условите за звањето државен советник од Законот за државните службеници. V. ПРАВА, ОБВРСКИ И ОВЛАСТУВАЊА НА ИНСПЕКТОРИТЕ Обврски на инспекторот Член 23 При вршењето на инспекцискиот надзор, во согласност со закон, инспекторот има обврска: 1) да постапува по иницијативи за поведување на инспекциска постапка и за тоа да го извести подносителот на иницијативата; 2) да го известува одговорното лице на субјектот на надзорот за почетокот на вршењето на инспекцискиот надзор, освен ако со закон поинаку не е утврдено или ако со таквото известување ќе се намали ефикасноста на надзорот, или заради заштита на јавниот интерес, животот и здравјето на луѓето и имотот, 3) да се легитимира пред субјектот на надзорот, односно пред одговорното или друго овластено лице на субјектот на надзорот; 4) да состави записник за извршениот инспекциски надзор; 5) да ја чува тајноста на класифицираните податоци; 6) да постапува законито, навремено и во согласност со Етичкиот кодекс на државните службеници и Етичкиот кодекс на инспекциската служба и 7) да го извести одговорното лице на субјектот на надзорот за законскиот основ за вршење на надзор. База на закони www.pravdiko.mk 11 | С т р а н и ц а Овластувања на инспекторот Член 24 (1) При вршење на инспекцискиот надзор инспекторот е овластен: 1) да проверува општи и поединечни акти, фајлови, документи, докази и информации во обем според предметот на инспекцискиот надзор, како и да побара од субјектот на надзорот или неговите овластени вработени да подготват потребни копии и документи изработени на странски јазик да бидат преведени на македонски јазик и неговото кирилско писмо и да бидат заверени од овластен судски преведувач; 2) да врши надзор во деловните простории и други објекти што не се користат како живеалиште, над превозни средства и производи; 3) да проверува идентификациски документи на лица поради потврдување на нивниот идентитет во согласност со закон; 4) да бара од субјектот на надзорот или од неговите вработени писмено или усно објаснување во врска со прашања од делокругот на инспекцискиот надзор; 5) да бара од субјектот на надзорот или неговите вработени да ги достават податоците за нивните добавувачи со кои располагаат; 6) да бара стручно мислење кога е тоа потребно за инспекцискиот надзор; 7) да зема примероци без надоместок за натамошни тестови или проверки во случаи определени со закон или друг пропис; 8) да ги контролира активностите на субјектот на надзорот при продажба на производи или давање услуги; 9) да обезбеди звучни и видео записи кои можат да бидат искористени во инспекцискиот надзор; 10) да врши попис на затекнатите стоки во деловниот објект и 11) да обезбеди други потребни докази. (2) Ако e оправдано е потребно да се одземат или привремено да се чуваат производите, досиејата или документите, инспекторот во согласност со закон може да: 1) побара од субјектот на надзорот или од лице вработено кај него, кое има овластување за тоа, да отвори и дозволи пристап во која било просторија, затворен сад, машина или средства и 2) побара од кое било лице кое има овластување за тоа, да обезбеди пристап до кое било досие, вклучително и компјутерско досие, простории, затворен сад или машина. (3) Идентичноста на копијата со оригиналот на фајловите, документите, доказите и информациите ја потврдува субјектот на надзорот со свој печат и потпис или неговиот вработен со потпис. (4) Инспекторот е овластен да покрене и води постапка за порамнување, посредување, медијација и прекршочна постапка во согласност со закон. Права и обврски за отстранување на неправилностите Член 25 База на закони www.pravdiko.mk 12 | С т р а н и ц а (1) Во согласност со закон, заради отстранување на утврдените неправилности, инспекторот има право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; 2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекторот; 3) привремено да му забрани вршење на дејност, професија или должност; 4) привремено да му одземе предмети и средства со кои е сторено кривично дело или прекршокот, во согласност со закон; 5) да му поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и 6) да му поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка. (2) Заради отстранување на утврдените недостатоци инспекторот може да врши и други овластувања и одговорности во согласност со закон. Известување на надлежниот орган Член 26 (1) Ако во вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот утврди неправилности за чие отстранување не е надлежен, записнички ги констатира и го известува надлежниот орган. (2) Инспекторот по извршениот инспекциски надзор може да се консултира со субјектот на надзорот за поефикасно отстранување на утврдените неправилности. VI. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СУБЈЕКТОТ НА НАДЗОРОТ Општа обврска на субјектот на надзорот Член 27 Субјектот на надзорот е должен да постапи по барањето, односно наредбата на инспекторот. Обврска на субјектот на надзорот во постапката на инспекцискиот надзор Член 28 (1) Субјектот на надзорот е должен на инспекторот да му овозможи непречено вршење на инспекцискиот надзор, да стави на увид исправи и податоци кои се потребни за вршење на надзорот. (2) Субјектот на надзорот е должен на инспекторот да му ги обезбеди условите неопходни за непречена работа и утврдување на фактичката состојба. База на закони www.pravdiko.mk 13 | С т р а н и ц а (3) Субјектот на надзорот е должен на инспекторот да му овозможи во определениот рок пристап до просториите, производите, документите или кое било друго средство кое е предмет на инспекцискиот надзор. (4) Субјектот на надзорот кај кој се врши инспекцискиот надзор е должен по писмено барање на инспекторот да го прекине работењето за време на инспекцискиот надзор, доколку инспекторот на друг начин не може да го изврши надзорот и да ја утврди фактичката состојба. (5) Инспекторот може од субјектот на надзорот да побара да изврши некоја активност во инспекциската постапка поради целосно утврдување на фактичката состојба и да определи рок за извршување на таа активност. (6) Субјектот на надзорот е должен по писмено барање на инспекторот, во рокот определен со барањето, на инспекторот да му достави или подготви точни и целосни податоци, извештаи, материјали или други документи кои се неопходни за извршување на инспекцискиот надзор. Права на субјектот на надзорот во постапката на инспекциски надзор Член 29 (1) Субјектот на надзорот има право да дава изјави на записник и забелешки во однос на законитоста на постапката на инспекцискиот надзор, односот на инспекторот или точноста на утврдената фактичка состојба, со образложение за причините за тоа. (2) Субјектот на надзорот има право да одбие да го потпише записникот, ако не се согласува со фактите кои се наведени во записникот или ако му е оневозможено правото од ставот (1) на овој член. (3) Одбивањето да се потпише записникот не го спречува натамошното водење на постапката на инспекцискиот надзор. Одговорни лица во постапката на вршење на надзорот Член 30 (1) За непречено вршење на инспекцискиот надзор и за извршување на изречените мерки одговара субјектот на надзорот и одговорното лице во субјектот на надзорот. (2) Субјектот на надзорот, односно одговорното лице во субјектот на надзорот е должно веднаш по истекот на рокот определен за извршување на инспекциската мерка, а најдоцна во рок од три дена писмено да го извести инспекторот дали се извршени наредените инспекциски мерки. Обврски за другите лица Член 31 База на закони www.pravdiko.mk 14 | С т р а н и ц а (1) Лицето кое не е субјект на надзорот во постапката на вршење на инспекциски надзор е должно да овозможи вршење на инспекциска проверка кога постои основано сомневање дека во неговите простории и објекти се врши дејност или се наоѓаат предмети кои се во врска со инспекцискиот надзор. (2) Ако лицето од ставот (1) на овој член не дозволи вршење на инспекциска проверка, кон него ќе се применуваат овластувањата кои инспекторот ги има како кон субјектот на надзорот. VII. ПОСТАПКА НА ВРШЕЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Видови на инспекциски надзор Член 32 (1) Ако со закон поинаку не е уредено, инспекцискиот надзор инспекторот го врши преку: редовен инспекциски надзор, вонреден инспекциски надзор и контролен инспекциски надзор. (2) Редовниот инспекциски надзор е најавен надзор кој се врши врз основа на програмата за работа на инспекциската служба и опфаќа надзор над спроведувањето на законите и прописите донесени врз основа на законите. (3) Вонредниот инспекциски надзор е ненајавен надзор и се врши врз основа на иницијатива поднесена од државни органи, физички или правни лица, како и во случај на сомневање на инспекторот (по службена должност). (4) Контролен инспекциски надзор се врши по истекот на рокот определен во инспекцискиот акт донесен од страна на инспекторот, при што инспекторот при утврдување на фактичката состојба ќе констатира дека субјектот на надзорот: постапил по инспекцискиот акт во целост, делумно постапил по инспекцискиот акт или не постапил по инспекцискиот акт. (5) Непостапувањето, односно делумното постапување по инспекцискиот акт претставува основа за примена на инспекциските мерки во согласност со закон. Вршење на надзор без присуство на субјектите на надзорот Член 33 (1) Ако инспекторот на денот на кој го најавил инспекцискиот надзор, не го затече одговорното лице кај субјектот на надзорот или физичкото лице кај кое е потребно да се изврши инспекцискиот надзор, инспекторот на местото на надзорот ќе му остави покана во определено време да биде присутен заради вршење на надзорот. База на закони www.pravdiko.mk 15 | С т р а н и ц а (2) Подоцнежното оштетување, уништување или отстранување на поканата не влијае на уредноста на доставувањето. (3) Ако лицето од ставот (1) на овој член не се јави на поканата, инспекторот ќе изврши надзор во присуство на службено или друго лице. Попречување на инспекторот Член 34 (1) Инспекторот ќе го предупреди или ќе го отстрани лицето кое го попречува вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Ако инспекторот процени дека инспекцискиот надзор не може да се изврши ни со преземање на мерките од ставот (1) на овој член, ќе побара асистенција од орган на државната управа под услови и во постапка утврдена со закон. Соработка со орган на државната управа или правно лице Член 35 (1) Инспекторотот при вршењето на инспекцискиот надзор има право од орган на државната управа или правно лице кое води регистар да побара податок, како и асистенција од орган на државната управа заради спроведување на инспекцискиот надзор. (2) Субјектите од ставот (1) на овој член се должни да соработуваат со инспекторот. Соработка со другите институции Член 36 Инспекторот може, во рамките на инспекциската постапка, да побара мислење и соработка од стручни институции, доколку тоа е потребно за правилно утврдување и процена на фактичката состојба. Записник Член 37 (1) За извршениот инспекциски надзор, инспекторот по правило составува записник на местото на вршење на инспекцискиот надзор. (2) Инспекторот и субјектот на надзорот го потпишуваат записникот по завршувањето на инспекцискиот надзор. На субјектот на надзорот му се предава примерок од записникот. База на закони www.pravdiko.mk 16 | С т р а н и ц а (3) По исклучок од ставот (1) на овој член, кога поради обемот и сложеноста на инспекцискиот надзор, неговата природа и околности не е можно да се состави записник во текот на инспекцискиот надзор, записникот се составува во службените простории на инспекциската служба во рок од три дена од денот на надзорот со образложение за причините за тоа. (4) Примерок од записникот од ставот (3) на овој член му се доставува на потпишување до субјектот на надзорот. Доколку субјетот на надзорот во рок од осум дена од денот на приемот на записникот не се произнесе во однос на доставениот записник или не го врати потпишан на инспекторот, се смета дека субјектот на надзорот е согласен со записникот од извршениот инспекциски надзор. (5) Ако субјектот на надзорот одбие да го потпише записникот, инспекторот ќе ги наведе причините за одбивањето. (6) Во записникот се внесува назив на инспекциската служба која го врши надзорот, местото, денот и часот кога се врши надзорот, предметот на надзорот, имињата на инспекторите, на присутните лица и на нивните застапници и полномошници. (7) Записникот мора да биде составен јасно и разбирливо. (8) Записникот треба да содржи приказ на утврдената фактичка состојба при инспекцискиот надзор. (9) Формата и задолжителните елементи на записникот од извршениот инспекциски надзор ги пропишува министерот за правда. Констатирање на фактите во текот на постапката Член 38 Во записникот за извршениот инспекциски надзор се констатираат забелешките, изјавите и други релевантни факти и околности. Инспекциски надзор кај непознати субјекти Член 39 (1) Во случаите кога инспекторот не може да утврди кој е субјектот на надзорот во постапката, инспекторот на местото на надзорот ќе остави покана до непознат субјект на надзорот во определен ден и час да биде присутен на вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Ако непознатиот субјект на надзорот не се јави на поканата од ставот (1) на овој член, инспекцискиот надзор ќе се изврши без присуство на субјектот на надзорот во присуство на службено или друго лице. Заклучок и решение База на закони www.pravdiko.mk 17 | С т р а н и ц а Член 40 (1) Во постапката на инспекцискиот надзор инспекторот донесува заклучок и решение. (2) Формата и задолжителните елементи на заклучокот и решението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за правда. Заклучок Член 41 (1) Со заклучок се решава за прашањата на постапката што ќе се појават во текот на инспекцискиот надзор. (2) Писмен заклучок се донесува само во случаите кога на заклучокот е дозволена жалба. (3) Заклучокот од ставот (2) на овој член не се донесува ако субјектот на надзорот се откаже од правото на жалба на записник. (4) Ако при инспекцискиот надзор не се утврдени недостатоци или утврдените недостатоци се отстранети во текот на инспекцискиот надзор, односно до донесувањето на заклучокот од ставот (2) на овој член, инспекторот за тоа задолжително донесува заклучок за прекинување на постапката. (5) Против заклучокот од ставот (4) на овој член незадоволната странка има право на жалба или друг вид правна заштита во согласност со закон. Решение Член 42 (1) Ако инспекторот при вршењето на инспекцискиот надзор утврди дека е повреден закон или друг пропис, со записник ги констатира утврдените неправилности и со решение го определува рокот во кој треба да се отстрани недостатокот. (2) Ако со закон е предвидено дека за утврдената неправилност може да се определи инспекциска мерка, инспекторот е должен со решението да ја определи таа мерка. (3) Инспекторот решението од ставовите (1) и (2) на овој член, врз основа на фактите утврдени со надзорот, ќе го донесе без одлагање, а најдоцна во рок од осум дена од завршувањето на надзорот, ако со закон не е определен пократок рок. (4) По исклучок од ставот (1) на овој член, инспекторот може да изрече инспекциски мерки со усно решение на записник, кога ќе оцени дека тоа е неопходно за отстранување на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, имотот од поголема вредност или кога е во прашање заштита на друг вид на јавен интерес. База на закони www.pravdiko.mk 18 | С т р а н и ц а (5) Во случајот од ставот (4) на овој член инспекторот е должен во рок од три дена од денот на изрекување на усното решение да донесе писмено решение. Правно средство Член 43 (1) Против решението на инспекторот може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението ако со закон не е предвиден пократок рок. (2) По жалба против одлуките на инспекторот во инспекторат одлучува посебна комисија при министерството составена од три члена кои ги именува министерот. (3) По жалба против одлуките на инспекторот во организациона единица организирана како инспекциска служба во органите на државната управа и единиците на локална самоуправа и градот Скопје одлучува посебна комисија од три члена именувани од министерот, функционерот на органот на државната управа, односно градоначалникот. (4) Комисиите од ставовите (2) и (3) на овој член одлуката по жалба ќе ја донесат во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата. Објавување на инспекциски акти Член 44 Инспекциските служби ги објавуваат инспекциските акти на нивната веб локација во рок од три дена од денот на донесувањето на актите од членот 40 на овој закон, согласно со прописите за заштита на личните податоци. Службена легитимација Член 45 (1) Инспекторот има службена легитимација со која го докажува своето својство, идентитет и овластувања. (2) Формата и содржината на обрасците на легитимацијата, изгледот на знакот на предлог на директорот, ги пропишува министерот кој раководи со министерството во чиј состав е инспекторатот, а за инспекторот од организационата единица организирана како инспекциска служба ги пропишува функционерот кој раководи со органот на државната управа, односно градоначалникот. VIII. ПОСЕБНИ ДЕЈСТВИЈА ВО ИНСПЕКЦИСКАТА ПОСТАПКА Земање примерок Член 46 База на закони www.pravdiko.mk 19 | С т р а н и ц а Во согласност со закон инспекторот може да зема примерок, доколку во постапката на инспекцискиот надзор е потребно да се утврди дали производите во производството или во продажбата одговараат на пропишаниот состав, односно квалитет. Постапка за земање на примерок Член 47 При земањето на примерок инспекторот е должен: 1) во исти услови и во исто време да земе најмногу три примероци во количина потребна за испитување (за прва анализа, за втора анализа по барање на субјектот на надзорот и за супер анализа); 2) да состави записник за земањето на примерок; 3) примероците да ги запечати и прописно да ги означи; 4) да го достави без одлагање примерокот за првата анализа до институција стручна за вештачење, а вториот и третиот примерок да ги чува во соодветни услови; 5) да го извести писмено и без одлагање субјектот на надзорот за резултатите од анализата; 6) да го достави без одлагање вториот примерок на анализа до друга стручна институција по барање на субјектот на надзорот и 7) да го утврди со посебен заклучок износот на трошоците што настанале во текот на постапката во врска со анализата на примероците, во случај кога примерокот не соодветствува со пропишаните стандарди. Претпоставка за согласност Член 48 Ако субјектот на надзорот при земањето на примерокот за анализа не бара истовремено земање на примерок за втора анализа, не може да ги оспорува резултатите од добиената анализа. Оспорување на резултатите од анализата Член 49 (1) Субјектот на надзорот може да ги оспорува резултатите од анализата на првиот примерок со барање за вршење на анализа на вториот примерок (земен во исто време и на ист начин), во рок од три дена од денот на доставувањето на резултатите од анализата на првиот примерок. (2) Се претпоставува дека субјектот на надзорот е согласен со резултатите од анализата на првиот примерок, доколку барањето од ставот (1) на овој член не го достави во пропишаниот рок. (3) Ако резултатите од анализата на вториот примерок не се во согласност со резултатите од анализата на првиот примерок, за правно валидна ќе се смета анализата на вториот примерок. База на закони www.pravdiko.mk 20 | С т р а н и ц а (4) Анализата на вториот примерок не може да и се довери на стручната институција која ја извршила анализата на првиот примерок. Супер анализа Член 50 (1) Ако инспекторот не се согласува со резултатите од анализата на вториот примерок, може во рок од три дена од приемот на овие резултати да бара вршење на супер анализа, освен ако резултатите од анализата на првиот и вториот примерок се исти. (2) Супер анализата не може да ја врши стручна институција која ги вршела претходните анализи, освен ако нема други институции за вршење на тие анализи и ако инспекторот и субјектот на надзорот се согласат анализата да се довери на една од институциите која веќе вршела анализа. Трошоци од анализата Член 51 (1) Трошоците од анализата ќе ги сноси субјектот на надзорот, ако се утврди дека земените примероци не одговараат на пропишаните стандарди. (2) Трошоците од анализата ќе ги сноси надлежната инспекциска служба, ако се утврди дека примероците одговараат на пропишаните стандарди. Привремено одземање на предмети заради обезбедување на докази Член 52 (1) Инспекторот може во рамките на вршењето на инспекцискиот надзор, привремено да одземе документи, стока и други предмети кои можат да послужат како доказ во соодветната постапка. (2) Одземањето на предметите од ставот (1) на овој член трае до донесувањето на правосилна одлука во постапката. Задолжително одземање на предмети Член 53 Инспекторот е должен привремено да одземе предмети, кога е пропишано нивното задолжително одземање, кога со нив е сторен прекршок или кривично дело или ако тоа е потребно заради спречување на потешки последици, во согласност со закон. Задолжително издавање на потврда за привремено одземени предмети и списи Член 54 База на закони www.pravdiko.mk 21 | С т р а н и ц а (1) Инспекторот му издава потврда на субјектот на надзорот од кого привремено се одземаат предмети и списи. (2) Потврдата од ставот (2) на овој член содржи податоци за името и презимето, односно називот на субјектот на надзорот, времето и местото на одземање на предметите и списите, правниот основ за одземање на предметите и списите, точно назначување на одземените предмети и списи по вид, количество, потпис од одговорното лице на субјектот на надзорот и други податоци потребни за идентификација на одземените предмети и списи и потпис, име и презиме на инспекторот. Обврска за предавање на одземените предмети на надлежните органи Член 55 (1) Привремено одземените предмети или стока, со соодветно барање за поведување на постапка, инспекторот ги предава на надлежниот судски, прекршочен или друг орган. (2) Барањето за поведување на постапка од ставот (1) на овој член инспекторот го поднесува во рок од 48 часа од часот на привременото одземање. (3) Надлежниот судски, прекршочен и друг орган е должен, во случаите од ставот (1) на овој член, да одлучи по итна постапка. Обезбедување на услови за привремено одземање на предмети Член 56 (1) Надлежната инспекциска служба е должна да обезбеди услови за чување на привремено одземените предмети или жива стока до нивното предавање на органот надлежен за водење на соодветната постапка, доколку со закон поинаку не е утврдено. (2) Органот надлежен за водење на прекршочна или кривична постапка со одземените предмети постапува во согласност со закон. Привремена забрана за вршење на дејност Член 57 (1) Кога инспекцискиот орган ќе утврди неправилности од поголем обем или неправилности со кои се загрозува животот или здравјето на луѓето или на животната средина и во други случаи определени со закон, инспекторот привремено ќе забрани вршење на дејност со запечатување на просториите, објектите, градилиштата, опремата, средствата за работа и други средства, до отстранување на неправилностите. База на закони www.pravdiko.mk 22 | С т р а н и ц а (2) Во случаите од ставот (1) на овој член инспекторот ќе им наложи на правните лица кои вршат јавни услуги (снабдување со вода, електрична енергија и слично) да прекинат со испораката, односно со давањето соодветни услови на субјектот на надзорот неопходни за извршување на неговата дејност. (3) Правното лице од ставот (2) на овој член е должно да постапи по наредбата на инспекторот. IX. ОДНОСИ НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ И НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ Итна постапка Член 58 (1) Постапката по барањата и пријавите на инспекторите е итна. (2) Надлежниот орган е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на поднесувањето да ги земе во разгледување барањата и пријавите на инспекторите, доколку не е определен пократок рок со овој или друг закон. Должност за известување за резултатите од постапката Член 59 Органот до кој е поднесена кривична пријава, барање за поведување на прекршочна постапка или барање за поведување на друга соодветна постапка е должен за резултатите од постапката да ја извести надлежната инспекциска служба. Х.ТРОШОЦИ ОД ИНСПЕКЦИСКАТА ПОСТАПКА Трошоци на постапката Член 60 (1) Трошоците од инспекциската постапка која е завршена без изрекување на инспекциска мерка ги сноси инспекциската служба, доколку со закон поинаку не е определено. (2) Трошоците од инспекциската постапка која е завршена со изрекување на инспекциска мерка ги сноси субјектот на надзорот, доколку со закон поинаку не е определено. (3) За трошоците на постапката кои се познати во моментот на донесувањето на решението се одлучува во самото решение, а доколку трошоците не се познати во овој момент се одлучува со посебен заклучок. XI. ЗАЕДНИЧКО ВРШЕЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Координиран инспекциски надзор од повеќе инспекциски служби База на закони www.pravdiko.mk 23 | С т р а н и ц а Член 61 (1) Инспекцискиот надзор може да се врши истовремено од страна на повеќе инспекциски служби. (2) Заеднички инспекциски надзор се врши задолжително: 1) ако тоа е неопходно за отстранување на непосредна опасност по животот или здравјето на луѓето или имотот од поголема вредност; 2) ако тоа е неопходно за преземање на итни мерки кои не трпат одлагање; 3) ако тоа е неопходно заради сложеноста на надзорот или значењето за отстранување на недостатоците; 4) ако тоа е неопходно за контрола на објекти од посебно значење за туризмот, трговијата, угостителството, сообраќајот и друго, заради земање на примерок од стока и други предмети чија контрола е во надлежност на повеќе инспекции; 5) ако се оцени дека надзорот на тој начин може да се изврши побрзо и со помалку трошоци и губење на време на субјектот на надзорот и инспекторите; 6) ако тоа е неопходно за разгледување на наводи во иницијатива или поплака, а тоа е во надлежност на два или повеќе органи на државната управата и 7) во други случаи утврдени со закон. Соработка на инспекциските служби во вршење на заеднички надзор Член 62 Заради вршење на заеднички надзор инспекциските служби се должни особено: 1) да ги усогласат програмите и плановите за работа и да го планираат заедничкото вршење на надзорот; 2) да разменуваат искуства и да ги усогласуваат ставовите за начинот и методите на работа и други прашања; 3) да одржуваат заеднички состаноци, консултации, советувања и други облици на меѓусебна соработка и 4) да ги известуваат другите државни органи за спроведувањето на прописите од нивната надлежност за кои ќе дознаат во вршењето на надзорот. XII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 63 (1) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) не постапи по барањето, односно наредбата на инспекторот (член 27); 2) на инспекторот не му овозможи непречено вршење на надзорот (членот 28 став (1)); 3) на инспекторот не му овозможи во определениот рок пристап до просториите, производите, документите или кое било друго средство кое е предмет на инспекцискиот надзор (член 28 ставот (3)) или База на закони www.pravdiko.mk 24 | С т р а н и ц а 4) на инспекторот во определениот рок со барањето не му достави или подготви точни и целосни податоци, извештаи, материјали или други документи кои се неопходни за извршување на инспекцискиот надзор (член 28 став (6)). (2) Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршоците од ставот (1) на овој член. Член 64 За прекршоците од членот 63 на овој закон, пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, инспекторот е должен на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците. XIII. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ И НАДЗОР Спроведување на Законот и надзор Член 65 (1) За спроведување на овој закон се грижи органот на управата надлежен за работите на државната управа. (2) Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон, како и на прописите донесени врз основа на него, врши Државниот управен инспекторат. XIV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Конституирање на Инспекцискиот совет Член 66 Инспекцискиот совет ќе започне со работа во рок од 30 дена од денот на започнувањето со примената на овој закон. Примена на Законот за започнати постапки Член 67 Инспекциските постапки започнати пред денот на започнувањето со примената на овој закон, ќе се завршат според прописите кои важеле пред денот на започнувањето со примената на овој закон. Испит за проверка на знаењето за инспектор за инспекторите кои засновале работен однос до денот на започнувањето со примената на Законот База на закони www.pravdiko.mk 25 | С т р а н и ц а Член 68 Инспекторите кои засновале редовен работен однос пред денот на започнувањето со примената на овој закон, испитот за проверка на знаењето за инспектор од членот 21 на овој закон ќе го полагаат секоја четврта година сметано од денот на започнувањето со примената на овој закон. Усогласување на законите Член 69 Законите со кои е уредена надлежноста на органите од членот 1 став (2) на овој закон ќе се усогласат со одредбите на овој закон до денот на започнувањето со примената на овој закон. Усогласување на актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работните места Член 70 Органите од членот 1 став (2) на овој закон актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работните места да ги усогласат со одредбите на овој закон до денот на започнувањето на примената на овој закон. Донесување на подзаконските акти Член 71 Органите од членот 1 став (2) на овој закон се должни подзаконските акти предвидени со овој закон да ги донесат до денот на започнувањето со примената на овој закон. Влегување во сила Член 72 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", а ќе започне да се применува од 1 јануари 2011 година.