Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on implementation of the Spatial Plan of the Republic of Macedonia

Made 2004 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за спроведување на Просторниот план на Република Македонија.
Language
Macedonian
Kind
Act
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Land and soil
Keywords
land-use planning, policy/planning, procedural matters, protected area, sustainable development

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ЗАКОН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРНИОТ ПЛАН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА “Сл.весник на Р Македонија” бр.39/04 од 18.06.2004 година Член 1 Со овој закон се уредуваат условите, начините и динамиката на спроведувањето на Просторниот план на Република Македонија (во натамошниот текст: Просторен план), правата и одговорностите на субјектите во спроведувањето на Просторниот план, финансирањето и надзорот над спроведувањето на Просторниот план. Член 2 Просторниот план, како највисок, долгорочен и интегрален документ, има трајна вредност. Член З Владата на Република Македонија, на предлог на министерството надлежно за работите на просторното планирање, донесува Програма за спроведување на Просторниот план (во натамошниот текст: Програма). Со Програмата од ставот 1 на овој член се одредуваат мерките и активностите од значење за спроведување на Просторниот план, приоритетните активности,организационата структура и органите надлежни за спроведување на Просторниот план, содржината и степенот на обработка на податоците и финансиските средства потребни за спроведување на предвидените активности. Програмата од ставот 1 на овој член се донесува за период од најмалку две години. Член 4 Спроведувањето на Просторниот план го обезбедува министерството надлежно за работите на просторното планирање. Просторниот план се спроведува со изготвување и донесување на просторни планови на региони, просторни планови на подрачја од посебен интерес и просторни планови на општините и градот Скопје, како и со урбанистички планови и друга документација за планирање и уредување на просторот, предвидена со закон. За изготвување и донесување на плановите од ставот 2 на овој член, министерството надлежно за работите на просторното планирање, издава услови за планирање на просторот. Условите за планирање на просторот од ставот 3 на овој член содржат општи и посебни одредби, насоки и решенија од планската документација од повисоко ниво и графички прилог кој претставува извод од планот. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 Член 5 Заради континуирано следење на состојбите во просторот и спроведување на Просторниот план, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, јавните служби, организациите, претпријатијата, установите, институциите и другите правни лица, се должни да изготвуваат годишни извештаи за состојбите и промените во просторот, од својата област и истите да ги доставуваат до министерството надлежно за работите на просторното планирање. Постапката и начинот на изготвување, содржината на извештаите од ставот 1 на овој член, како и роковите за доставување, ги пропишува министерот надлежен за работите на просторното планирање. Член 6 Министерството надлежно за работите на просторното планирање, воспоставува база на податоци, потребни за следење на спроведувањето на Просторниот план и организира Просторно информативен систем. Министерството надлежно за работите на просторното планирање го уредува начинот, постапката и роковите за информирање за прашањата поврзани со спроведувањето на Просторниот план. Член 7 Владата на Република Македонија, на предлог на министерството надлежно за работите на просторното планирање, до Собранието на Република Македонија доставува Годишен извештај за спроведување на Просторниот план. Член 8 Право на непосреден увид и користење на податоците од Просторниот план, имаат правни и физички лица, на начин и по постапка што ги пропишува министерот надлежен за работите на просторното планирање. Член 9 Министерството надлежно за работите на просторното планирање, го поттикнува и насочува кадровското оспособување во стручните организации и институции на кои им се доверени стручните работи од областа на просторното планирање и во органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа и организациите во чија надлежност е спроведувањето на Просторниот план. Член 10 Со Просторниот план задолжително се усогласуваат: Стратегијата за економски развој на државата, Водостопанската основа, Општиот план за стопанисување со шумите, Општата ловостопанска основа, Стратегијата за развој на енергетиката и другите основи, развојни програми и планови на дејност од јавен интерес. Усогласувањето со Просторниот план се врши и за сите зафати и интервенции во просторот за кои не постои друга планска документација. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 За извршеното усогласување, министерството надлежно за работите на просторното планирање, издава Просторна согласност. Формата и содржината на Просторната согласност ја пропишува министерот надлежен за работите на просторното планирање. Член 11 Во процесот на постојаното следење на спроведувањето на Просторниот план, Владата на Република Македонија, на предлог на министерството надлежно за работите на просторното планирање, предлага измени и дополнувања на Просторниот план. Член 12 Просторниот план, студиите, анализите и другата документациона основа за изготвување на планот, се чуваат во министерството надлежно за работите на просторното планирање. Член 13 Финансиски средства за спроведување на Просторниот план се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа, донации и други извори на финансирање, согласно со Програмата за спроведување на Просторниот план. Член 14 Надзор над спроведувањето на овој закон и над прописите донесени врз основа на овој закон, врши министерството надлежно за работите на просторното планирање. Во вршењето на надзорот министерството надлежно за работите на просторното планирање особено го координира изработувањето на другите просторни планови, урбанистичките планови и другата документација за планирање и уредување на просторот и соработува со другите релевантни субјекти од областа на просторното планирање и заштитата на животната средина и природата и со субјектите кои вршат одделни стручни работи во спроведување на Просторниот план. Член 15 Со парична казна од 10.000 до 50.000 денари, ќе се казни за прекршок, одговорно лице во субјектите од член 5 на овој закон, ако во определениот рок не ги достави бараните податоци, информации, извештаи и друга документација со која располага и која е потребна за следење на спроведувањето на Просторниот план. Член 16 Општините и градот Скопје, кои имаат донесено просторни планови, согласно со закон, се должни во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон, да извршат усогласување со Просторниот план. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 4 Единиците на локалната самоуправа, кои немаат донесено, просторни планови, се должни во рок од три години, од денот на влегувањето во сила на овој закон, да отпочнат постапка за донесување просторни планови на општините. Член 17 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

Law on implementation of the Spatial Plan of the Republic of Macedonia · Nelum