Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on firefighting

Made 2004-09-16 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за пожарникарството.
Language
Macedonian
Kind
Act
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Environment, Forestry
Keywords
environmental security, public health, offences/penalties, fire management, hazards

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 168 од 21.11.2017 година 20171683170 ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/16), Законодавно правната комисија на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го утврди Пречистениот текст на Законот за пожарникарството. Пречистениот текст на Законот за пожарникарството ги опфаќа: Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004), Законот за изменување на Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2007), Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/13), Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/14), Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр.193/15) и Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/16), во кои е означено времето на нивното влегување во сила и примена. Број 11-1806/3 Претседател на 16 ноември 2017 година Законодавно-правната комисија Скопје на Собранието на Република Македонија, Соња Мираковска, с.р. ЗАКОН ЗА ПОЖАРНИКАРСТВОТО ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредува формирањето, организирањето и дејствувањето на противпожарните единици, доброволните противпожарни здруженија, гаснењето на пожарите, како и условите за производство, ставање во употреба и одржување на уредите, опремата и средствата за гаснење на пожари. Член 2 (1) Пожарникарството е работа чие трајно и непречено извршување го обезбедува Република Македонија (во натамошниот текст: Републиката) и општините и градот Скопје, односно општините во градот Скопје во согласност со закон. (2) Пожарникарството е работа од стручен и хуманитарен карактер од јавен интерес. Член 3 Пожарникарството е дел од единствениот систем за заштита и спасување во Републиката. Член 4 (1) Со цел поттикнување на превентивните мерки за заштита од пожари, како редовна, традиционална манифестација се воведува „Месец за заштита од пожари“, која се одржува секоја година, во текот на месец мај. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 2 од 27 (2) Заради негување на традициите на пожарникарството и одбележување на денот на формирањето на првата противпожарна единица во нашата земја, „20 Мај“ се прогласува за Ден на пожарникарството во Република Македонија и истиот традиционално се одбележува. II. ПРОТИВПОЖАРНИ ЕДИНИЦИ Член 5 (1) Заради гаснење на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии, укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации, како и извршување на други работи при несреќи и непогоди, се формираат противпожарни единици. (2) Противпожарните единици од ставот 1 на овој член, можат да вршат и определени непрофитабилни услуги заради подобрување на нивната техничка опременост и услови за работа, кои не смеат да го оневозможуваат или попречуваат извршувањето на функциите од ставот 1 на овој член. (3) Територијални противпожарни единици формираат Градот Скопје и општините: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово, Штип, Ресен, Кавадарци, Валандово, Дебар, Берово, Виница, Делчево, Крива Паланка, Кратово, Струга, Кичево, Крушево, Македонски Брод, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип, Демир Хисар и Неготино. (4) Противпожарните единици од ставот (3) на овој член ќe ги покриваат следните општини: Битола за општините Новаци и Могила; Велес за општините Градско и Чашка; Гевгелија за општините Богданци и Дојран; Гостивар за општината Врапчиште и делот Маврово од општината Маврово - Ростуше; Кочани за општините Зрновци и Чешиново; Кумaново за општините Липково и Старо Нагоричане; Охрид за општината Дебарца; Прилеп за општините Долнени и Кривогаштани; Струмица за општините Босилово, Василево и Ново Село; Тетово за општините Брвеница, Јегуновце, Теарце, Боговиње и Желино; Штип за општината Карбинци; Кавадарци за општината Росоман; Дебар за општината Центар Жупа и делот Ростуше од општината Маврово - Ростуше; Берово за општината Пехчево; Делчево за општината Македонска Каменица; Крива Паланка за општината Ранковце; општината Струга за општината Вевчани; општината Македонски Брод за општината Пласница; општината Радовиш за општината Конче; општината Свети Николе за општината Лозово, општината Неготино за општината Демир Капија и градот Скопје за општините Петровец, Илинден, Арачиново, Чучер - Сандево, Сопиште, Студеничани и Зелениково. (5) Заради оперативно делување при гаснењето на големи пожари на целата територија на Република Македонија, територијалните противпожарни единици на градот Скопје и општините: Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар, ќе дејствуваат и како противпожарни единици на Република Македонија. Член 6 (1) Минималниот број на професионални пожарникари во противпожарните единици од членот 5 ставови (3) и (4) од овој закон, треба да изнесува: во општините до 10.000 жители - девет професионални пожарникари, во општините од 10.000 до 15.000 жители - 13 професионални пожарникари, во општините од 15.000 до 24.000 жители - 17 професионални пожарникари и во општините со над 24 000 жители - еден професионален пожарникар на 1.500 жители. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 3 од 27 (2) Покрај критериумите од ставот (1) на овој член, бројот на професионални пожарникари зависи и од големината на подрачјето кое го покрива противпожарната единица, степенот на загрозеноста од пожари, видот на објектите што се заштитуваат, бројот и големината на противпожарните единици во правните лица и бројот и големината на доброволните противпожарни единици. (3) Утврдениот број на професионални пожарникари на противпожарните единици според критериумите од ставот (1) на овој член, а кои покрај својата општина ги покриваат и соседните општини кои не формирале противпожарни единици, се зголемува соодветно на бројот на нивните жители. (4) Општината која согласно со овој закон нема формирано противпожарна единица, задолжително учествува во финансирањето на противпожарната единица која го покрива нејзиното подрачје. (5) За висината на учеството од ставот (4) на овој член општините склучуваат меѓусебен договор, а износот не може да биде помал од финансиските трошоци за зголемениот број на пожарникари утврден согласно со ставот (3) на овој член. (6) За секое ангажирање на дополнителен број на професионални пожарникари над постојниот, по денот на влегувањето во сила на овој закон, општините се должни да обезбедат средства од сопствениот буџет. Член 7 (1) Заради гаснење на пожари во шуми и други отворени простори, во услови на зголемена опасност од настанување на вакви пожари, на барање од Дирекцијата за заштита и спасување (во натамошниот текст: Дирекцијата), општините ангажираат сезонски пожарникари, кои дејствуваат во состав на единиците од членот 5 на овој закон. Приоритет при ангажирањето на сезонски пожарникари имаат пожарникарите на доброволните противпожарни единици и друштва во кои членувале најмалку две години. (2) Пред почетокот на ангажманот, пожарникарите од ставот (1) на овој член, се должни да завршат обука, согласно со посебна Програма која ја донесува директорот на Дирекцијата. (3) Обуката на сезонските пожарникари согласно со ставот (2) на овој член, се спроведува во општината од која се ангажирани сезонските пожарникари. (4)Трошоците за ангажирањето на сезонските пожарникари паѓаат на товар на општината од која тие се ангажирани. (5) Обуката на сезонските пожарникари ја спроведува Центарот за обука на Дирекцијата. (6) Директорот на Дирекцијата ќе донесе поблиски прописи за начинот на спроведување на обуката на сезонските пожарникари согласно со ставот (2) на овој член. Член 8 (1) Противпожарните единици од членот 5 на овој закон, се организирани и опремени со соодветна техничка опрема и средства за гаснење на пожари, како и за извршување на другите задачи во рамките на нивната надлежност. (2) Директорот на Дирекцијата поблиску ги пропишува правилата за вршење на службата начинот на изведување на настава и обука, преглед и одржување на техничката опрема, како и минималните критериуми за сместување, техничката опрема и средствата за гаснење на пожари со кои треба да располагаат противпожарните единици од членот 5 на овој закон. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 4 од 27 Член 9 (1) Територијалните противпожарни единици од членот 5 од овој закон се во состав на организационата единица надлежна за заштитата и спасувањето во единицата на локалната самоуправа во која се формирани. (2) Противпожарните единици од членот 5 на овој закон, имаат формациска организација, а работниците имаат чинови. (3) Директорот на Дирекцијата ги пропишува формациите, чиновите, како и обележјата на чиновите во противпожарните единици од членот 5 на овој закон. Член 10 (1) Работниците на противпожарните единици од членот 5 на овој закон носат униформа. (2) При вршењето на работите, работниците од ставот (1) на овој член носат и заштитна опрема. (3) Директорот на Дирекцијата ќе го пропише видот и изгледот на униформата, видот на заштитната опрема и начинот на проверка и испитување на нејзината исправност. Член 11 (1) За пополнување на работно место во територијалните противпожарни единици преку вработување, единицата на локалната самоуправа е должна да објави јавен оглас. (2) Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. (3) Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот. (4) По комплетирањето на доказите, Комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите. (5) Доколку Комисијата се сомнева во веродостојноста на кој било од доказите, истата е должна да достави барање за дополнителни проверки кај органот, односно институцијата која го издала доказот, кој е должен во рок од 10 дена да и одговори. (6) Доколку при проверката се утврди дека доказот е лажен, Комисијата ја отфрла пријавата и го известува Министерството за информатичко општество и администрација, кое води Регистар на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор. (7) Кандидатот кој доставил лажни докази за исполнување на условите не може да се вработи во јавниот сектор во период од десет години од денот на известувањето од ставот (6) на овој член. (8) Кандидатите за вработување треба да бидат здравствено и психофизички способни, утврдено од овластена здравствена установа согласно со закон, а доколку се вработуваат во противпожарните единици со помалку од 30 вработени треба да имаат и положено возачки испит од Ц категорија. (9) Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа. (10) По спроведената постапка на селекција, за секое различно работно место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција. (11) Од ранг-листата од ставот (10) на овој член се избираат онолку кандидати со припадност на заедница согласно со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 5 од 27 (12) Доколку на ранг-листата од ставот (10) на овој член нема доволно кандидати, јавниот оглас во тековната година може да се повторува се додека работните места не се пополнат, при што во натамошните повторувања се избираат најдобро рангираните кандидати без оглед на нивната припадност на заедница. (13) Комисијата за селекција на ранг листата на кандидати му ја доставува на градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена. (14) Вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето. Член 11-а (1) Професионалните пожарникари вработени во територијалните противпожарни единици имаат статус на овластени службени лица во областа на безбедноста. (2) Професионалните пожарникари се службени лица на кои поради работа на особено тешки и по здравјето штетни работни места согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, така што секои 12 месеци ефективна работа се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување. Член 11- б (1) Класификацијата на работните места на професионалните пожарникари вработени во територијалните противпожарни единици се врши согласно со: одговорноста, целите, видот и сложеноста на работите и работните задачи на работното место, потребните стручни квалификации, работното искуство, општите и посебните работни компетенции и други критериуми од значење за работното место. (2) Општите работни компетенции се: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон засегнати страни и раководење. (3) Секоја компетенција е опишана со назив, дефиниција, нивоа (основно, средно и напредно) и индикатори за секое ниво. (4) Видот и нивото на општата работна компетенција која е пропишана за работното место зависи од категоријата на која и припаѓа работното место. (5) За работните места од Категориите А и Б се применуваат сите осум општи работни компетенции, и тоа за категоријата А на напредно ниво, а за категоријата Б на средно ниво. (6) За работните места од категоријата В се применуваат пет општи работни компетенции на основно ниво, и тоа: учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнати страни. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 6 од 27 (7) Посебните работни компетенции и другите критериуми од ставот (1) на овој член, во актите за систематизација на работните места, се утврдуваат како посебни услови за работното место. (8) Согласно со критериумите од ставот (1) на овој член, работните места на професионалните пожарникари вработени во територијалните противпожарни единици, се класифицираат во три категории, и тоа: Категорија А – Високо раководни пожарникари спасители, Категорија Б – Раководни пожарникари спасители, Категорија В – Професионални пожарникари спасители. (9) Во рамките на категоријата А се утврдуваат следниве нивоа на работни места на високо раководни пожарникари, и тоа: Ниво А1 - командант на бригада, Ниво А2 - заменик командант на бригада, Ниво А3 - помошник командант на бригада, Ниво А4 - командир на територијална противпожарна единица, Ниво А5 - заменик командир на територијална противпожарна единица. (10) Високо раководни пожарникари–спасители од категоријата А треба да ги исполнат следниве посебни услови за работното место: а) стручни квалификации за сите нивоа-ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен; б) работно искуство, и тоа: за нивоата А1 и А2 најмалку шест години работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Македонија како работен стаж или за нивоата А3, А4 и А5 најмалку пет години работно искуство во струката евидентирано во Агенциja за вработување на Република Македонија како работен стаж и в) посебни работни компетенции за сите нивоа, познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), и тоа: преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1 (B1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3,5 - 4,5 поени, ПЕТ, БЕК П,БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат. (11) Во рамките на категоријата Б се утврдуваат следниве нивоа на работни места на раководни пожарникари спасители, и тоа: Ниво Б1 - командир на чета, Ниво Б2 - заменик командир на чета, Ниво Б3 - командир на вод, Ниво Б4 - командир на одделение. (12) Раководните пожарникари–спасители од категоријата Б треба да ги исполнат следниве посебни услови за работното место: а) стручни квалификации, и тоа: за нивоата Б1 и Б2 ниво на квалификациите VI/А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степени, за нивоата Б3 и Б4 ниво на квалификациите квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и б) работно искуство, и тоа: Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 7 од 27 за нивоата Б1 и Б2 најмалку четири години работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Македонија како работен стаж или за нивоата Б3 и Б4 најмалку три години работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Македонија како работен стаж. (13) Во рамките на категоријата В се утврдуваат следниве нивоа на работни места на професионални пожарникари спасители, и тоа: Ниво В1 - пожарникар спасител - инструктор, Ниво В2 - пожарникар спасител - водач на група, Ниво В3 - пожарникар спасител - техничар и Ниво В4 - пожарникар спасител. (14) Професионалните пожарникари - спасители од категоријата В треба да ги исполнат следниве посебни услови за работното место: а) стручни квалификации и тоа: за сите нивоа од категорија В ниво на квалификациите квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и б) работно искуство и тоа: за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Македонија како работен стаж, за нивото В2 најмалку две години работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Македонија како работен стаж, за нивото В3 најмалку една години работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработување на Република Македонија како работен стаж или за нивото В4 со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциjaта за вработувањена Република Македонија како работен стаж. Член 11-в За приправниците за професионални пожарникари се применуваат прописите за работните односи и колективниот договор. Член 11-г (1) Професионалниот пожарникар е должен по наредба на непосредно претпоставениот, работите и задачите да ги извршува и подолго од полното работно време, ако е тоа нужно заради нивно успешно и навремено извршување. (2) На професионалниот пожарникар за работата подолга од полното работно време му припаѓа паричен надоместок или слободни денови, согласно со прописите за работни однос и колективните договори. Член 11-д Професионалниот пожарникар за кој со одлука на здравствената комисија ќе се утврди дека е неспособен за вршење на работите заради нарушена психофизичка или општа здравствена способност која настапила како последица од повреда при работа или професионална болест, се распоредува на работно место кое одговара на видот и степенот на неговото образование и здравствената состојба. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 8 од 27 Член 11-ѓ (1) Пожарникарот кој ќе го загуби животот при вршењето или во врска со вршењето на работата ќе се погребе на трошок на општината во чија противпожарна единица бил ангажиран. (2) На семејството на пожарникарот од ставот (1) на овој член му припаѓа еднократен надоместок во висина на вкупниот износ од остварените плати во последните 12 месеци. Член 11-е (1) Пожарникарот може да се упати на работа во странство за извршување на оперативна работна задача врз основа на меѓународните договори за соработка ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија. (2) Во согласност со меѓународните договoри за соработка ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија пожарникарот може да биде упатен во странство на обука или да учествува во меѓународни активности за гаснење на пожар, врз основа на одлука на Владата на Република Македонија. Член 11-ж Во случај професионалниот пожарникар вон работното време да се затекне на место каде што има пожар, е должен да ги преземе неопходните мерки според околностите на пожарот, заради заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните. Член 11-з Ако против пожарникарот се води кривична, прекршочна или друга постапка заради употреба на присилба или заради други интервенции во врска со вршење на службата, како и заради учество во сообраќајна незгода со моторно возило или незгода причинета со друг вид на средство при вршење на службата, по негово барање општината му обезбедува бесплатна правна помош во врска со водењето на постапката. Член 11-ѕ (1) Професионалниот пожарникар не смее да носи или да истакнува партиски симболи во просториите и службените возила, партиски да се организира или да дејствува во единицата. (2) Професионалниот пожарникар не смее во униформа на единицата да присуствува на партиски активности и манифестации, освен ако е на извршување на службена задача. Член 11-и Пред донесувањето на прописите кои согласно со овој закон ги донесува директорот на Дирекцијата, а се однесуваат на правата и обврските на пожарникарите и на работата на територијалните противпожарни единци задолжително се консултира Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Член 11-ј (1) Градоначалникот на единицата на локалната самоуправа ја пропишува постапката за управување со ефектот на вработените во територијалната противпожарна единица преку континуирано следење и оценување и предлагање на мерки за подобрување. (2) Оценката за учинокот е мерка за придонесот на вработениот за ефикасно и ефективно функционирање на институцијата која се мери преку квалитетот, динамиката, почитувањето на роковите, нивото на исполнување на работните цели и задачи, сервисната ориентација, професионалноста и однесувањето на вработениот. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 9 од 27 (3) Оценката од ставот (2) на овој член е основ за зголемување или намалување на платата на вработениот, утврдување на парична или друг вид материјална или нематеријална награда, унапредување или распоредување на работно место на пониско ниво. (4) Годишната оцена на професионалниот пожарникар вработен во територијалните противпожарни единици може да биде: „А“ доколку има вредност од 4,51 до 5,00, „Б“ доколку има вредност од 3,51 до 4,50, „В“ доколку има вредност од 2,51 до 3,50, „Г“доколку има вредност од 1,51 до 2,50 и „Д“ доколку има вредност од 1,00 до 1,50. (5) Оценувањето врз основа на вреднувањето на придонесот на вработениот од ставот (2) на овој член го врши непосредно претпоставениот, а оценувањето на професионалниот пожарникар кој е со највисок чин во територијалната противпожарна единица го врши раководителот на организационата единица надлежна за заштита и спасување во единицата на локална самоуправа. Член 11-к (1) Постапката на унапредување има за цел да им овозможи на вработените во територијалните единици кариерно напредување, односно преминување од пониски, на повисоки работни места. (2) Унапредувањето се врши во транспарентна постапка, со објавување на интерен оглас, врз основа на професионалните квалитети и квалификации на работникот, неговите работни способности, завршените обуки во текот на работниот однос и начинот на извршување на работните обврски, независно од полот, расата, бојата на кожата, политичкото и верското уверување и националната припадност. (3) Вработениот може да биде унапреден на друго работно место, доколку ги исполнува следниве услови: работното место на кое се унапредува е слободно, во целост ги исполнува условите утврдени во актот за систематизација на работните места за работното место на кое се врши унапредувањето, бил оценет со оценка А или Б на оценувањето во годината пред унапредувањето согласно со членот 11-ј од овој закон, ги исполнува работните компетенции предвидени за работното место на кое се унапредува, е распореден на ниво непосредно пониско од нивото на кое се унапредува, поминале најмалку две години од неговото последно унапредување и во последната година не бил казнуван поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон. (4) Начинот на спроведување на селекција при унапредување на вработените во територијалните единици го пропишува градоначалникот. Член 12 (1) Стручното оспособување за пожарникари од членовите 5 и 14 од овој закон се врши во Центарот за обука на Дирекцијата според Програма за стручно оспособување на пожарникари. (2) По завршувањето на обуката од ставот (1) на овој член, учесниците полагаат стручен испит пред комисија формирана од директорот на Дирекцијата, составена од три члена, со високо образование од областа на тематските содржини од програмата за обука. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 10 од 27 (3) На учесниците кои успешно го завршиле стручното оспособување од ставот (1) на овој член, Дирекцијата им издава уверение. (4) Директорот на Дирекцијата ја донесува програмата од ставот (1) на овој член и ги пропишува формата и содржината на образецот на уверението од ставот (3) на овој член. (5) Во противпожарните единици од членот 5 на овој закон, лицата кои раководат со акциите за гаснење на пожари, се должни во рок од три месеци, сметано од денот на стекнување на тоа својство, да положат стручен испит за раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот, согласно со Програмата за оспособување на раководител на акција за гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот, пред Комисија формирана од директорот на Дирекцијата. (6) Програмата за оспособување на раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот, како и составот на Комисијата за полагање на стручен испит за раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на лица и имот, ги пропишува директорот на Дирекцијата. Член 13 Поради видот и природата на работите што ги извршуваат, износот на платата на професионалните пожарникари во противпожарните единици од членот 5 на овој закон е поголема за 20% од платата на другите вработени со соодветна стручна подготовка за работни места во општинската администрација. Член 14 (1) Противпожарни единици за сопствени или заеднички потреби формираат правните лица кои произведуваат: а) смоли и експлозиви, складираат, произведуваат и манипулираат со запални течности и гасови и б) имаат над 500 вработени во: хемиската индустрија, црната и белата металургија, металопреработувачката индустрија, производството на пластични маси и предива, текстилната индустрија, дрвно-преработувачката индустрија, индустријата за хартија и индустриите со зголемена опасност од појава на пожари, експлозии или други техничко-технолошки несреќи. (2) Владата на предлог од директорот на Дирекцијата, по претходно прибавено мислење од општините ги определува правните лица кои се должни да формираат професионални противпожарни единици, како и видовите, големините и седиштето на единиците. (3) Правните лица во кои се основани единиците од ставот (1) на овој член, со посебен акт ја утврдуваат минималната техничка опрема и средствата за гаснење на пожари. (4) Дирекцијата дава мислење по актот од ставот (3) на овој член. Член 15 (1) Пожарникарите на професионалните противпожарни единици во правните лица носат униформа и ознаки на униформата. (2) При вршењето на работите, пожарникарите од ставот (1) на овој член носат заштитна опрема. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 11 од 27 (3) Видот и изгледот на униформата, ознаките на униформата, како и заштитната опрема на пожарникарите на професионалните противпожарни единици ги утврдува правното лице, со свој акт. (4) Униформата и ознаките на униформата на пожарникарите во професионалните противпожарни единици во правните лица, треба видливо да се разликуваат од униформата на пожарникарите на противпожарните единици од членот 5 на овој закон. Член 16 (1) Со противпожарните единици од членот 14 став (1) на овој закон, раководат лица кои имаат завршено најмалку средно образование - противпожарен техничар. (2) Во единиците од членот 14 став (1) на овој закон, може да се прими на работа лице кое покрај општите услови за вработување ги исполнува и следниве посебни услови: да е здравствено и психофизички способно за вршење на пожарникарски работи да има завршено средно образование - техничка насока IV степен и да има уверение за стручно оспособување за пожарникар. Член 17 Пожарникарите на противпожарните единици од членовите 5 и 14 став (1) на овој закон, се осигуруваат од ризик на смрт, повреда или инвалидност настанати при вршењето на работите. Член 18 Пожарникарите на противпожарните единици од членовите 5 и 14 став (1) на овој закон, задолжително на секои поминати 18 месеци на работа се упатуваат и извршуваат контролен лекарски преглед. Член 19 Дирекцијата укажува стручна помош во работата на противпожарните единици од членовите 5 и 14 став (1) на овој закон. Член 20 (1) Пожарникарите на противпожарните единици од членот 5 на овој закон, можат да организираат штрајк, на начин определен со прописите за штрајк, под услов да се обезбеди неопходниот број на пожарникари за интервенција во случај на пожар. (2) Пожарникарите од ставот (1) на овој член, за време на одржување на штрајкот не смеат да употребуваат пожарникарска заштитна и спасувачка опрема, како и знаци за алармирање и предупредување. (3) Ако за време на одржување на штрајкот настане пожар или друга несреќа, професионалните пожарникари се должни штрајкот веднаш да го прекинат. Штрајкот може да продолжи откако пожарот ќе се изгасне или ќе се отстранат последиците од несреќата. III. ДОБРОВОЛНИ ПРОТИВПОЖАРНИ ЗДРУЖЕНИЈА Член 21 (1) Заради организирано учество на граѓаните во заштитата од пожари и други непогоди, во согласност со закон и други прописи, во општините можат да се формираат доброволни противпожарни друштва, кои претставуваат дел од единствениот систем на заштита од пожари. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 12 од 27 (2) Друштвата од ставот (1) на овој член, можат да се здружуваат во општински противпожарни сојузи и во Противпожарниот сојуз на Република Македонија. (3) Општините, градот Скопје односно општините во градот Скопје во согласност со закон, обезбедуваат простор и финансиски средства за тековна активност на доброволните противпожарни друштва и општинскиот противпожарен сојуз на своето подрачје. Член 22 (1) Заради учество во гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот, доброволните противпожарни друштва можат да формираат доброволни противпожарни единици. (2) Единиците од ставот (1) на овој член треба да имаат најмалку десет оперативни пожарникари. (3) Доброволните противпожарни единици, заради гаснење на пожари имаат противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и лична заштитна опрема. (4) Пожарникарите на доброволните противпожарни единици имаат униформа и ознаки на униформата. (5) Противпожарниот сојуз на Република Македонија, по претходно прибавено мислење од Дирекцијата, со посебен акт ги утврдува видовите и минималните количини на противпожарната опрема на доброволните противпожарни единици, нивната лична заштитна опрема, како и видот и изгледот на униформата и ознаките на униформата. Член 23 (1) Оперативен пожарникар во доброволна противпожарна единица може да биде лице кое: е на возраст меѓу 18 и 65 години (мажи), односно до 55 години (жени); е здравствено и психофизички способно за извршување на пожарникарски работи и има завршено курс за доброволен пожарникар. (2) Курсот за доброволен пожарникар се спроведува преку Противпожарниот сојуз на Република Македонија. (3) Програмата за спроведување на курсот за доброволен пожарникар ја донесува Противпожарниот сојуз на Република Македонија, по претходно прибавено мислење од Дирекцијата. Член 24 (1) Во доброволните противпожарни единици можат да се вработуваат професионални пожарникари. (2) За пожарникарите од ставот (1) на овој член се применуваат одредбите од членот 16 на овој закон. Член 25 Заради учество во гаснење на пожари, работодавецот е должен да ги ослободи од работа пожарникарите на противпожарните единици од членот 22 на овој закон. Член 26 (1) Доброволните пожарникари кои се во работен однос, а кои учествуваат во гаснење пожари за време на работното време, имаат право на надомест на плата не помал од платата предвидена за нивната редовна работа, кој не треба да биде помал од просечната месечна плата по работник во Републиката, објавена во Државниот завод за статистика за месецот за кој биле ангажирани. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 13 од 27 (2) Работодавецот има обврска за исплаќање на надоместот од ставот (1) на овој член, за што трошоците се рефундираат од буџетот на општината на чие подрачје е гасен пожарот. (3) Доброволните пожарникари кои не се во работен однос, како и доброволните пожарникари ангажирани надвор од работното време, имаат право на надомест кој сразмерно на нивното време на ангажирање во гаснење на пожарот, не треба да биде помал од просечната плата во Републиката, а паѓа на товар на општината на чие подрачје е гасен пожарот. (4) Работодавците можат на своите работници - доброволни пожарникари, да им даваат определени финансиски погодности како стимул за нивното членување и активност во доброволните противпожарни единици. (5) Пожарникарите на противпожарните единици од член 22 на овој закон, имаат право на платено отсуство од работа во траење од еден работен ден, за секои пет дена ефективно поминати на гаснење на пожар во нивната противпожарна единица, за што средствата паѓаат на товар на општината. Член 27 Доброволен пожарникар заради учество во гаснење на пожари со противпожарната единица во која е ангажиран, не може да биде отпуштен од работа, распореден на друго работно место или оштетен на друг начин. Член 28 (1) Доброволен пожарникар кој за време на гаснењето на пожар ќе се повреди или разболе, а таа повреда или болест настапи непосредно или како исклучителна последица од гаснење на пожарот, е осигуран согласно со прописите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и за повреди на работниците за време на работа. (2) Времето и местото на настанувањето на повредата го потврдува раководителот на интервенцијата на пожарот при чие гаснење се повредил пожарникарот, а повредата се пријавува на надлежниот орган. (3) Ако пожарникарот од ставот (1) на овој член, за време на гаснењето на пожарот го изгуби животот, членовите на неговото семејство имаат право на надомест на трошоците за погреб и други права од пензиското осигурување, при што трошоците за нивно остварување паѓаат на товар на општината на чие подрачје е гасен пожарот. IV. ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ Член 29 (1) Секој граѓанин кој ќе забележи непосредна опасност од настанување на пожари или ќе забележи пожар, должен е да ја отстрани опасноста, односно да го изгасне пожарот, ако тоа може да го стори без опасност за себе или за друго лице. (2) Доколку граѓанинот не може сам да ја отстрани опасноста, односно да го изгасне пожарот, должен е веднаш да ја извести најблиската противпожарна единица или полициската станица и да побара помош од граѓаните во непосредната околина. Член 30 Во отстранување на непосредната опасност за настанувањето на пожар, гаснење на пожарот, спасување на луѓето и имотот и отстранување на последиците од пожар, должни се да учествуваат граѓаните, државните органи и правните лица со своите работници, алат, превозни, технички и други средства, на начин пропишан со закон и други прописи донесени врз основа на закон. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 14 од 27 Член 31 За укажување на медицинска помош на повредените лица во пожарот се формира медицинска екипа. Советот на општината го определува одговорното лице за медицинската екипа и неговиот заменик и времетраењето на мандатот. Член 32 (1) Противпожарната единица е должна да презема мерки за гаснење на пожарот, односно отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар, веднаш по дознавањето за настанатиот пожар или опасност за настанување на пожар. (2) Кога противпожарната единица не може сама да го изгасне пожарот, лицето кое раководи со гаснењето на пожарот ќе побара помош од најблиските противпожарни единици. (3) Територијалните противпожарни единици од членот 5 став (5) на овој закон, се должни да учествуваат во гаснење на пожари и спасување на животот на луѓето и имотот загрозени од пожари и други несреќи на целата територија на Република Македонија, како и да даваат помош кога тоа е побарано при гаснење на пожари во други држави. (4) Дирекцијата го координира учеството на единиците од ставот (3) на овој член во гаснењето на пожарите настанати вон нивното оперативно подрачје, како и во случаите на давање помош при гаснење на пожари во други држави. (5) Противпожарната единица од која се бара помош е должна таа помош да ја даде, обезбедувајќи претходно услови за заштита од пожари на своето подрачје. Член 33 (1) Кога во гаснењето на пожарот учествуваат две или повеќе противпожарни единици, со гаснењето на пожарот раководи одговорното лице со највисок чин. (2) Кога во гаснењето на пожарот учествуваат две или повеќе противпожарни единици, а одговорните лица се со ист чин, со гаснењето на пожарот раководи одговорното лице на противпожарната единица која прва почнала да го гасне пожарот. (3) Во правните лица кои имаат противпожарна единица согласно со членот 14 став (1) на овој закон, со гаснењето на пожарот раководи командирот на таа противпожарна единица. (4) Кога при гаснењето на пожарот учествува професионална противпожарна единица и доброволна противпожарна единица, со гаснењето на пожарот раководи одговорното лице на професионалната противпожарна единица, независно која единица прва започнала со гаснење на пожарот. Член 34 (1) Со гаснењето на пожари во шуми и на други отворени простори, за чие гаснење се доволни силите на противпожарните единици на чие подрачје настанал пожарот, како и граѓаните кои се вклучени во гаснењето на пожарот, раководи одговорното лице на таа противпожарна единица. (2) Кога во гаснењето на пожари во шуми и на други отворени простори покрај силите од ставот (1) на овој член се вклучени и вработените во правното лице кое стопанисува со опожарените површини, со гаснењето на пожарот раководи одговорното лице на противпожарната единица во соработка со одговорното лицето од правното лице. (3) Кога во гаснењето на пожар се ангажираат силите за заштита и спасување, со гаснењето на пожарот раководи Штабот на силите за заштита и спасување. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 15 од 27 Член 35 (1) Заради успешно гаснење на пожарот и заштита на животот и здравјето на граѓаните и имотот, ако е тоа неопходно и на друг начин невозможно, лицето кое раководи со акцијата за гаснење на пожари има право и должност на местото на пожарот да презема мерки, а особено: да повика припадници на полицијата со цел да се забрани пристап на местото на пожарот на повикани лица, како и да се забрани сообраќајот во околината; да повика медицинска екипа со соодветна опрема и превозно средство за да им се обезбеди и укаже медицинска помош на повредените лица во пожарот; да нареди евакуација на лицата и имотот кои се загрозени од пожарот, отстранување на материјалите кои би можеле да бидат зафатени од пожарот и уривање на објектот што би можел да го пренесе пожарот врз други објекти, како и да преземе мерки за обезбедување, да нареди прекин на доведување електрична енергија, гас и запаливи течности; да нареди да се користат извори на вода кои им припаѓаат на граѓани, правни лица и државни органи, ако на друг начин не може да се обезбеди потребното количество вода за гаснење на пожарот; да ограничи делумно или целосно доведување на вода на други потрошувачи, заради обезбедување потребно количество вода за гаснење на пожарот; присилно да отвори заклучен објект или просторија заради гаснење на пожарот и спасување на животот на луѓето и имотот; да нареди користење на возилата на граѓани, правни лица и државни органи, заради превезување на повредени лица и имот загрозени од пожарот, како и за дотур на техничка опрема и средства за гаснење на пожарот; да употреби средства за врски на граѓани, правни лица и државни органи; да нареди сечење на дрвја во шума заради правење безбедносни пресеки за спречување на ширење на пожарот и да нареди спалување на опасна материја, ако не постои друг начин за отстранување на опасноста. (2) Преземањето на мерките од ставот (1) на овој член може да трае за времето што е нужно потребно за отстранување на опасноста, односно гаснење на пожарот. (3) Раководителот на акцијата за гаснење на пожарот е должен да ги преземе сите потребни мерки со цел да се оневозможи повторното настанување на пожарот, како и мерките за зачувување на трагите и предметите кои можат да послужат како материјал за утврдување на причините за пожарот. Член 35-а Професионалните пожарникари во територијалните противпожарни единици се овластени за: собирање информации и податоци за настанатиот пожар, пренасочување, насочување или ограничување на движењето на лица и превозни средства на определен простор на кој се случил пожарот, експлозијата или природната непогода и друга несреќа, до пристигнувањето на припадниците на полицијата и предупредување на граѓаните за опасноста од пожар, експлозија и друга опасност, како и потребата од евакуирање. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 16 од 27 Член 36 Во објектите на дипломатските или конзуларните претставништва, противпожарните единици од членот 5 на овој закон можат да влезат заради гаснење на пожар, само по барање на шефот на мисијата или лице овластено од него. Член 37 Лицето, односно штабот кој раководи со гаснењето на пожарот може да ги ангажира граѓаните кои се затекнале на местото на пожарот, вработените во правните лица, во случај на пожар настанат на нивни објекти, да учествуваат во гаснењето на пожарот, како и да стават на располагање свои средства неопходни за спроведување на акцијата за гаснење на пожар, доколку ангажираните противпожарни единици не се во состојба да го сторат тоа. Член 38 (1) Заради примена на овластувањата од членовите 35, 35-а и 37 од овој закон професионалните пожарникари од територијалните противпожарни единици имаат службени легитимации. (2) Легитимациите од ставот (1) од овој член ги издава градоначалникот на единицата на локалната самоуправа која ја формирала територијалната противпожарна единица во која се вработени професионалните пожарникари. (3) Дирекцијата води посебна евиденција за издадените легитимации од ставот (1) на овој член. (4) Формата и содржината на образецот на легитимацијата, начинот на нејзиното издавање и начинот на водењето на евиденција за издадените легитимации од ставот (1) на овој член, го пропишува директорот на Дирекцијата. Член 39 (1) Градоначалникот на општината на чие подрачје настанал пожар од поголем обем, согласно со Планот за заштита и спасување, може преку јавен повик да ги повика граѓаните постари од 18 години да учествуваат во акцијата за гаснење на пожар. (2) Градоначалникот на општината, во случаите наведени во ставот (1) на овој член може да им нареди на граѓаните и правните лица да ги стават на располагање своите средства, опрема и вработени потребни во спроведувањето на акцијата за гаснење на пожар, согласно со Планот за заштита и спасување. Член 40 (1) Граѓаните кои учествувале во гаснење на пожари согласно со членот 39 став (1) на овој закон, ги имаат правата утврдени во членовите 26, 27 и 28 од овој закон, кои им припаѓаат на доброволните пожарникари за учество во гаснење на пожари. (2) Трошоците од ставот (1) на овој член паѓаат на товар на општината на чие подрачје е настанат пожарот. Член 41 (1) Пожарникарите и граѓаните кои учествуваат во акција за гаснење на пожар подолго од четири часа, имаат право на исхрана на сметка на општината на чие подрачје се гасне пожарот. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член, општината може да побара рефундирање на потрошените средства од сопственикот на опожарениот имот. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 17 од 27 Член 42 Трошоците за интервенцијата за гаснење на пожарот, општината може да ги наплати од: предизвикувачот на пожарот, во случај кога пожарот е предизвикан намерно или од крајно невнимание; физичкото или правното лице кое не ги применило пропишаните мерки за заштита од пожари, како и пропишаните мерки при превоз, складирање и други дејствија поврзани со опасни материи; правното лице кое не организирало противпожарна стража согласно со закон и лицето кое намерно или без причина ја алармирало противпожарната единица. Член 43 (1) Противпожарните единици се должни да водат посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани, според единствена методологија и во рок од десет дена писмено да ја известат Дирекцијата и општината која ги формирала противпожарните единици. (2) Државните органи, правни лица и лицата кои самостојно вршат дејност се должни да водат евиденции и најдоцна во рок од пет дена да ја известат Дирекцијата и територијалната противпожарна единица на нивното подрачје за настанатите пожари во нивните објекти и предизвиканите последици од истите. (3) Директорот на Дирекцијата ќе донесе поблиски прописи за формата на обрасците, начинот на водење на евиденциите на настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење на пожари и други настани. V. УРЕДИ, ОПРЕМА И СРЕДСТВА ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИ Член 44 (1) Производство на уреди, опрема и средства за гаснење на пожари, како и други заштитни уреди и инсталации се врши согласно со прописите за стандардизација. (2) Уредите, опремата, средствата и инсталациите од ставот (1) на овој член кои се увезуваат, можат да се користат само ако за истите е обезбеден сертификат согласно со прописите за стандардизација, акредитација и оцена на сообразност. (3) За производство на уредите, опремата и средствата за гаснење на пожари од ставот (1) на овој член, забрането е да се употребуваат супстанци кои штетно влијаат врз животната средина и озонската обвивка. (4) Министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со директорот на Дирекцијата, ќе ја пропише листата на супстанци, како и начинот и критериумите за користење, складирање, испуштање и уништување на супстанците што се користат за заштита од пожари, а кои ја загрозуваат животната средина и озонската обвивка. Член 45 (1) Одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси, може да врши правно лице регистрирано за вршење на таква дејност, кое располага со соодветна техничка опрема за работа и има вработено најмалку две лица од кои едното има завршено минимум вишо образование од техничка насока, а другото има завршено минимум средно образование од техничка насока. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 18 од 27 (2) Правното лице кое ги врши работите од ставот (1) на овој член треба да има овластување од Дирекцијата. (3) Правното лице ги покрива трошоците за добивање на овластувањето во износ од 100 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија, на денот на уплатата, кои се уплаќаат на сметката на Буџетот на Република Македонија. (4) Одржувањето, сервисирањето и испитувањето на инсталациите од став 1 на овој член, правните лица се должни да го вршат согласно со техничките нормативи, стандарди и упатства на производителот, а најмалку еднаш годишно. (5) Правните субјекти во кои се врши одржување, сервисирање и испитување на инсталациите од ставот (1) на овој член, се должни да водат посебна евиденција за извршеното одржување, сервисирање односно испитување на инсталациите од ставот (1) на овој член. (6) За извршеното сервисирање, односно испитување на инсталациите од ставот (1) на овој член, сопственикот односно корисникот на објектот прибавува потврда од правниот субјект кој го извршил сервисирањето, односно испитувањето. (7) На правното лице од ставот (1) на овој член времено за шест месеци или трајно, ќе му се одземе овластувањето ако работите не ги врши согласно со техничките нормативи, стандарди и упатства или ако престане да ги исполнува кадровските и техничките услови за вршење на таа дејност. (8) Директорот на Дирекцијата ќе донесе прописи за утврдување на поблиските критериуми кои треба да ги исполнуваат правните лица од ставот (1) на овој член што се однесуваат на техничката опрема. (9) Времено одземање на овластувањето на правното лице се врши во следниве случаи, ако: не ја извести Дирекцијата во рок од десет дена за настанатата промена на исполнетоста на условите и критериумите врз основа на кои го има добиено овластувањето, во текот на работата настанале промени поради кои повеќе не ги исполнува условите и критериумите потребни за добивање на овластувањето или работите за кои го има овластувањето ги врши спротивно на ставот (3) на овој член. (10) Трајно одземање на овластувањето на правното лице се врши ако и по истекот на временото одземање на овластувањето, правното лице не ги отстрани недостатоците констатирани со решението за времено одземање на овластувањето. Правното лице на кое трајно му е одземено овластувањето нема право да се регистрира за вршење на дејност од ставот (1) на овој член. (11) Директорот на Дирекцијата на предлог на инспекторот за заштита и спасување донесува решение за одземање на овластувањето од ставот (2) на овој член. (12) Инспекторите за заштита и спасување најмалку еднаш годишно вршат инспекциски надзор над работата на правните субјекти кои имаат добиено овластување за вршење на работи од став (1) на овој член. Член 46 (1) Одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати се врши согласно со техничките нормативи, стандарди и упатства на производителот, најмалку еднаш годишно, а противпожарните апарати изложени на надворешни атмосферски влијанија и влијанија на агресивни технолошки средини, најмалку еднаш во период од шест месеца. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 19 од 27 (2) Правните субјекти во кои се врши одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати, се должни да водат посебна евиденција за извршеното одржување, испитување, односно сервисирање на противпожарните апарати. (3) Сервисен преглед и контролно испитување на апаратите согласно со ставот (1) на овој член, можат да вршат правни лица кои имаат вработено најмалку две стручни лица со завршено минимум средно образование од техничка насока и кои располагаат со соодветна опрема и простор за работа. (4) За вршење на работите од ставот (1) на овој член, правните лица треба да имаат овластување од Дирекцијата. (5) Директорот на Дирекцијата ќе донесе прописи за поблиско определување на изборот на видовите и на количините на противпожарните апарати со кои треба да располагаат правните лица и граѓаните, како и за утврдување на критериумите што треба да ги исполнуваат правните лица од ставот (3) на овој член, кои се однесуваат на техничката опрема и просторот за работа. (6) Работниците кои вршат сервисен преглед и контролно испитување на апаратите за гаснење на пожари, мора да имаат положено стручен испит согласно со Програмата за полагање на стручен испит што ја донесува Дирекцијата. (7) Стручниот испит се полага пред Комисија образувана од директорот на Дирекцијата, составена од три члена, од кои два од Дирекцијата кои работат на работи на заштита од пожари, како и еден надворешен член со завршено минимум вишо образование од техничка насока и работно искуство од минимум пет години исклучиво на работи на заштита од пожари. (8) Директорот на Дирекцијата ќе донесе поблиски прописи за начинот на полагање на стручниот испит на работниците кои вршат сервисен преглед и контролно испитување на апаратите за гаснење на пожари. Член 47 Овластените правни лица кои ги вршат работите од членот 46 став (1) на овој закон, како и правните лица од членот 45 став (1) на овој закон, се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“. Член 48 (1) Противпожарните единици се должни да вршат периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која тие располагаат. Проверката ја врши комисија од три члена која ја формира градоначалникот на општината, составена од еден претставник од општината и двајца претставници од противпожарната единица. (2) Директорот на Дирекцијата ќе донесе поблиски прописи за начинот, постапката и роковите во кои треба да се изврши испитување на противпожарната опрема од ставот (1) на овој член, како и начинот на работата на комисијата од ставот (1) на овој член. VI. ФИНАНСИРАЊЕ Член 49 (1) Средствата за финансирање на противпожарните единици и организацијата на гаснењето на пожарите се обезбедуваат од: Буџетот на Република Македонија; буџетот на општината и буџетот на градот Скопје; 12% од наплатените премии за осигурување на имот од пожар; Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 20 од 27 2% од наплатените премии за осигурување на моторните возила (Каско) и осигурување од одговорност од употреба на моторните возила; средствата од наплатени парични казни за сторени прекршоци од областа на заштитата од пожари и експлозии; доброволни прилози и други средства од осигурителните друштва, фондации, правни и физички лица, наменети за унапредување на заштитата од пожари и приходи од сопствени извори за извршени услуги согласно со членот 5 став (2) на овој закон. (2) Средствата од ставот 1 алинеја 3 на овој член се приход на Дирекцијата и се уплатуваат еднаш месечно. (3) Средствата кои се обезбедуваат согласно со ставот (1) алинеја 4 на овој член, се приход на буџетот на општината и се уплатуваат еднаш месечно. (4) Средствата од ставот (1) алинеа 5, 6 и 7 на овој член се приход на буџетот на општината. Член 50 (1) Средствата од членот 49 став (1) алинеја 1 на овој закон се обезбедуваат за финансирање на платите и надоместоците на вработените во противпожарните единици од членот 5 на овој закон, согласно со законот со кој се уредува финансирањето на единиците на локалната самоуправа, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (2) Средствата од членот 49 став (1) алинеја 3 на овој закон се уплатуваат на посебна сметка во Дирекцијата, со утврдена намена за набавка на противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари за противпожарните единици од членот 5 став (5) на овој закон и за потребите на авионите за гаснење на пожари на Дирекцијата (сервисирање, годишен преглед, осигурување, набавка на резервни делови, гориво и други потреби), чија висина не надминува 60% од вкупниот износ на наплатени средства, а останатите 40% за набавка на противпожарна опрема и средста за гаснење на пожарите за потребите на територијалните противпожарни единици и за плаќање на акциза и ДДВ за нафта и нафтени деривати која би се користела во случај на природни непогоди. (3) Дирекцијата формира Комисија за одобрување на набавка на противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари за противпожарните единици од членот 5 став (5) на овој закон (во натамошниот текст: Комисија). (4) Комисијата од ставот (3) на овој член е составена од по два претставника од Дирекцијата и Здружението на единиците на локалната самоуправа и еден претставник од Министерството за финансии. (5) Претседател на Комисијата е претставник од Дирекцијата. (6) Комисијата има задача врз основа на јасни и транспарентни критериуми да ги утврди потребите и приоритетите за набавка на противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари за противпожарните единици од членот 5 став (5) на овој закон, да го следи извршувањето на постапката за набавка и до Дирекцијата да поднесе предлог за распределба на противпожарната опрема и средства за гаснење на пожари по општини. (7) На предлог на Дирекцијата, Владата донесува одлука за распоредување на набавената противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари на општините. (8) Директорот на Дирекцијата, на предлог на Комисијата од ставот (3) на овој член, одлучува и за отстапување на користена противпожарна опрема од противпожарна единица на која и е доделена нова противпожарна опрема на друга противпожарна единица. Противпожарната опрема која се отстапува треба да биде од ист вид, односно за иста намена со новата противпожарна опрема. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 21 од 27 Член 51 (1) Средствата од членот 49 став (1) алинеи 2, 4, 5, 6 и 7 на овој закон, се наменети за: финансирање на тековните оперативни активности и набавка на противпожарна опрема на територијалните противпожарни единици од членот 5 ставови (3) и (4) на овој закон; учество во финансирање на противпожарната единица која го покрива нејзиното подрачје, а која согласно со одредбите на овој закон не формира противпожарна единица, во висина сразмерно на бројот на жителите на таа општина; финансирање на програмски активности на доброволните противпожарни друштва и нивните здруженија на подрачјето на општината и финансирање на ангажманот и потребите на сезонските пожарникари, доброволните пожарникари и граѓаните кои учествуваат во акции на гаснење на пожар, согласно со одредбите на овој закон. Член 52 (1) Противпожарниот сојуз на Република Македонија се финансира од средствата од членот 49 став (1) алинеја 3 на овој закон кои се приход на Дирекцијата, во висина од 10%, согласно со годишната програма на активности која ја одобрува Дирекцијата. (2) Противпожарниот сојуз на Република Македонија е должен да издвои најмалку 60% од финансиските средства од ставот (1) на овој член за финансирање на работата на противпожарните сојузи на општините и за опремување на доброволните противпожарни друштва и доброволните противпожарни единици. (3) Противпожарниот сојуз на Република Македонија средствата од ставот (2) на овој член ги уплатува на сметка на противпожарните сојузи на општините најдоцна седум дена од пристигнатата уплата на неговата сметка, во процент сразмерно на бројот на противпожарните сојузи на општините. VII. НАДЗОР НАД РАБОТАТА НА ПРОТИВПОЖАРНИТЕ ЕДИНИЦИ, ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕ И ОДРЖУВАЊЕТО НА ПРОТИВПОЖАРНАТА ОПРЕМА Член 53 (1) Надзорот над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Дирекцијата. (2) Инспекцискиот надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го вршат инспектори за заштита и спасување. (3) Надзорот и инспекцискиот надзор се врши согласно со Законот за заштита и спасување и Законот за инспекциски надзор. VIII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 54 (1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице,ако: не формира професионални противпожарни единици, согласно со одредбите на членот 14 став (2) на овој закон; не ја почитува одредбата од членот 30 на овој закон; за заштита од пожари користи супстанции кои ја загрозуваат животната средина и озонската обвивка, спротивно на начинот утврден во посебниот пропис од членот 44 став (4) на овој закон; Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 22 од 27 не е регистрирано за вршење на дејност, согласно со членот 45 став (1) на овој закон; нема овластување согласно со членот 45 став (2) на овој закон, не ги исполнува условите од членот 46 став (3) на овој закон и нема овластување од Дирекцијата согласно со членот 46 став (4) на овој закон, не формира противпожарна единица согласно со членот 14 став (1) од овој закон, не постапи согласно со членот 49 став (1) алинеи 3 и 4 од овој закон, не постапи согласно со членот 51 став (1) алинеја 3 од овој закон и не постапи согласно со членот 52 ставови (2) и (3) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршоците од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице. (3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на единицата на локалната самоуправа, доколку не ја почитува одредбата од членот 6 став (5) од овој закон. Член 55 (1) Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: не ја почитува одредбата од членот 18 на овој закон; не постапи согласно со одредбата од членот 25 на овој закон; не постапи согласно со одредбата од членот 26 став (2) на овој закон; не ги стави на располагање своите средства, опрема и вработени потребни за спроведување на акцијата за гаснење на пожар, согласно со членот 39 став (2) на овој закон; не постапи согласно со одредбата од членот 43 став (2) на овој закон; не постапи согласно со одредбата од членот 45 ставови (3) и (4) на овој закон; не постапи согласно со одредбата од членот 46 став (2) на овој закон; не постапи согласно со членот 7 став (1) од овој закон, не постапи согласно со членот 17 од овој закон, користи уреди, опрема и средства за гасење на пожари спротивно на членот 44 став (2) од овој закон, не постапи согласно со членот 45 став (4) од овој закон, не постапи согласно со членот 45 став (5) од овој закон, не ги исполнува условите согласно со членот 46 став (3) од овој закон, нема овластување согласно со членот 46 став (4) од овој закон и нема положено стручен испит согласно со членот 46 став (6) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршоците од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице. Член 56 (1) Глоба во износ од 550 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице за спроведување на штрајкот согласно со прописите за штрајк, ако не постапи согласно со одредбата од членот 20 на овој закон. (2) Глоба во износ од 550 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице на Противпожарната единица од членот 5 на овој закон, ако не постапи согласно со одредбата од членот 32 ставови (1), (2), (3) и (5) на овој закон. (3) Глоба во износ од 550 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице на Противпожарната единица од членот (5) на овој закон, ако не постапи согласно со одредбата од членот 43 став (1) на овој закон. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 23 од 27 (4) Глоба во износ од 550 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лицето кое раководи со акцијата за гаснење на пожарот, ако не постапи согласно со одредбата од членот 35 на овој закон. (5) Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице на единицата на локалната самоуправа ако постапи спротивно на членот 11 ставови (1) и (2) од овој закон. (6) Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во правното лице ако постапи спротивно на членот 27 од овој закон. Член 57 (1) Глоба во износ од 550 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: не заврши обука согласно со одредбата од членот 7 став (2) на овој закон; не положи стручен испит за раководител на акција за гаснење на пожар, согласно со одредбата од членот 12 став (2) на овој закон; не постапи согласно со одредбата од членот 29 на овој закон, доколку се работи за лица постари од 18 години; не постапи согласно со одредбата од членот 30 на овој закон; не постапи согласно со одредбата од членот 35 на овој закон; не ги стави на располагање своите средства и опрема потребни за спроведување на акцијата за заштита од пожар, согласно со членот 39 став (2) на овој закон и не постапи согласно со одредбата на членот 43 став (2) на овој закон. Член 57-а (1) За прекршоците утврдени во членовите 54, 55, 56 и 57 од овој закон прекршочната постапка се води согласно со Законот за заштита и спасување. (2) Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно со Законот за прекршоците. IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 58 (член 58 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004) Правните лица од членот 45 на овој закон, кои до денот на влегувањето во сила на овој закон вршат одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси, се должни да прибават овластување од Дирекцијата во рок од шест месеца од денот на донесувањето на подзаконските прописи кои произлегуваат од одредбите на овој закон. Член 59 (член 59 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004) Правните лица од членот 46 на овој закон, кои до денот на влегувањето во сила на овој закон вршат одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати, се должни да прибават овластување од Дирекцијата во рок од шест месеца од денот на донесувањето на подзаконските прописи кои произлегуваат од одредбите на овој закон. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 24 од 27 Член 60 (член 60 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004) Сервисен преглед и контролно испитување на апарати можат да вршат и правните лица кои до денот на влегувањето во сила на овој закон имаат вработено минимум две лица со средно образование од техничка насока и работно искуство од најмалку две години во областа на одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати. Член 61 (член 61 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004) (1) Објектите во кои се сместени, како и објектите кои ги користат противпожарните единици од членот 5 став (3) на овој закон, не можат да се делат и истите се пренесуваат во сопственост без надомест на општините во чија надлежност се пренесуваат овие единици, во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон, на градот Скопје и општините: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово, Штип, Кавадарци, Кичево, Валандово, Дебар, Берово, Виница, Делчево, Крива Паланка, Кратово, Ресен, Струга, Крушево, Македонски Брод, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип, Демир Хисар и Неготино. (2) Противпожарните единици од членот 5 став (4) на овој закон, ќе се формираат најдоцна во рок од 24 месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. (3) Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член се применуваат и врз целокупната опрема со која располагаат противпожарните единици од членот 5 став (3) на овој закон, на денот на официјалното пренесување на надлежноста. (4) Деловите од објектите од ставови (1) и (2) на овој член, кои до денот на пренесувањето на надлежноста ги користи Министерството за внатрешни работи за други намени, продолжуваат да се користат од страна на ова Министерство, врз основа на договор со општината, со покривање на тековните трошоци кои настануваат во врска со нивното користење. (5) По истекот на 30 дена од денот на пренесувањето на објектите и опремата на општините согласно со делбен биланс, соодветно се применуваат одредбите од членот 50 на овој закон. Член 62 (член 62 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004) (1) Противпожарните единици од членот 5 став (3) на овој закон, на денот на нивното пренесување во надлежност на градот Скопје и општините согласно со членот 61 на овој закон, продолжуваат да функционираат како противпожарни единици во градот Скопје и општините од членот 5 став (3) на овој закон. (2) Вработените во противпожарните единици од членот 5 став (3) на овој закон, се преземаат од страна на градот Скопје и општините, согласно со законот со кој се уредува финансирањето на единиците на локалната самоуправа на денот на конституирањето на советите на општините и на градот Скопје и изборот на градоначалниците на општините и градоначалникот на градот Скопје во спроведувањето на првите наредни локални избори согласно со Законот за локалните избори („Службен весник на Република Македонија“ број 46/96, 12/2003, 35/2004, 52/2004 и 60/2004). Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 25 од 27 (3) Пожарникарите во противпожарните единици од членот 5 став (3) на овој закон, кои на денот на нивното пренесување во надлежност на градот Скопје и општините, не го исполнуваат условот согласно со членот 11 став (2) алинеи 2 и 3 на овој закон, должни се да го исполнат овој услов најдоцна во рок од две години, сметано од денот на официјалното пренесување на противпожарната единица во надлежност на градот Скопје и општините, согласно со членот 61 на овој закон. (4) Административно-техничките работи и книговодствените евиденции на противпожарните единици од членот 5 ставови (3) и (4) на овој закон, се преземаат и извршуваат од страна на општинската администрација, согласно со роковите од ставот (2) на овој член и членот 61 став (1) на овој закон. Член 63 (член 63 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004) Обврската за полагање на стручен испит на лицата кои раководат со акциите за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот од членот 12 став (2) на овој закон, не се однесува на лицата кои до денот на влегувањето во сила на овој закон се стекнале со статус на раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот. Член 64 (член 64 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004) За спроведување на процесот на пренесување на надлежноста на противпожарните единици врз основа на делбен биланс, согласно со одредбите на овој закон, ќе се формира посебна Комисија од Владата, составена од по три претставника на Министерството за внатрешни работи, Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, како и три претставника од градот Скопје, односно општината во чија надлежност се пренесува противпожарната единица. Член 65 (член 65 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004) Подзаконските прописи кои произлегуваат од одредбите на овој закон, ќе се донесат во рок од 12 месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 66 (член 66 од Законот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004) Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за заштита од пожари („Службен весник на Република Македонија“ број 43/86, 37/87, 51/88, 36/90 и 12/93), во делот на одредбите кои се однесуваат на противпожарни единици, противпожарни друштва и сојузи, гаснење на пожари, совети за заштита од пожари, финансирање, казнени одредби и преодни и завршни одредби. Член 67 (Член 24 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството „Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/13) Работниците на противпожарните единици кои засновале работен однос до денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да работат на работните места во звањата на кои се распоредени пред денот на влегувањето во сила на овој закон. Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 26 од 27 Член 68 (Член 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството „Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/13) До започнувањето на примената на одредбите од членот 5 став 1 со кој се менува членот 11 став (2) алинеја 2 и одредбата од членот 9 став 2 со кој се менува членот 16 став (2) алинеја 2, како пожарникар може да се вработи лице кое има завршено средно образование и има уверение за завршено стручно оспособување за пожарникар согласно со членот 7 од овој закон. Лицето од ставот 1 на овој член е должен да се стекне со соодветно образование најдоцна две години од денот на започнувањето на примената на одредбата од членот 5 став 1 со кој се менува членот 11 став (2) алинеја 2 и одредбата од членот 9 став 2 со кој се менува членот 16 став (2) алинеја 2, во спротивно му престанува работниот однос. Член 69 (Член 26 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството „Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/13) Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесaт во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон. Член 70 (Член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството „Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/13) Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, освен одредбата од членот 5 став 1 со кој се менува членот 11 став (2) алинеја 2 и одредбата од членот 9 став 2 со кој се менува членот 16 став 2 алинеја 2, кои ќе започнат да се применуваат од 1 септември 2017 година, а одредбата од членот 8 со кој се менува членот 14 став (1) ќе започне да се применува од 1 јануари 2017 година. Член 71 (Член 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството „Службен весник на Репбулика Македонија“ бр. 39/16) (1) Актите за организација и систематизација на работните места, согласно со овој закон, единиците на локалната самоуправа ќе ги донесат во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (3) Постојните подзаконски акти ќе се усогласат со овој закон во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 72 (Член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството „Службен весник на Репбулика Македонија“ бр. 39/16) (1) Вработените кои до денот на започнување со примена на овој закон, се распоредени на работни места за кои не го исполнуваат посебниот услов за стручни квалификации во однос на видот и степенот на образованието за нивото на работно место на кое се Службен весник на РМ, бр. од 168 од 21.11.2017 година 27 од 27 распоредени, а кој е утврден во овој закон или актите за систематизација, се должни да го исполнат условот во рок од седум години од денот на започнување со примена на овој закон. (2) Вработените кои нема да го исполнат посебниот услов во рокот утврден во ставот (1) на овој член, најдоцна до 1 март 2024 година ќе бидат распоредени на работни места за кои го исполнуваат условот. (3) Ставовите (1) и (2) на овој член не важат за вработените кои ќе остварат право на пензија во рок од десет години од денот на започнувањето со примена на овој закон. (4) Вработениот во територијалната противпожарна единица кој засновал работен однос заклучно со денот на започнувањето со примената на овој закон треба да достави докази за познавање на странски јазици соодветни на нивото на неговото работно место на кое бил распореден на денот на започнување со примена на овој закон, во рок од една година од денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Член 73 (Член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството „Службен весник на Репбулика Македонија“ бр. 39/16) Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, освен членот 6 од овој закон кој ќе започне да се применува од 1 јануари 2017 година.

Law on firefighting · Nelum