Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on extended liability of the manufacturer for management of special waste flows

Made 2021-09-16 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Waste and hazardous substances
Keywords
processing/handling, hazardous waste, internal trade, liability/compensation, offences/penalties, protection of environment, recycling/reuse, waste management, waste non-domestic sources

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. ЗАКОН ЗА ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД (*) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој закон се уредува видот на одговорноста на производителите по завршувањето на фазата на консумирање на производите што ги пуштиле на пазарот во Република Северна Македонија и начинот на нејзиното остварување заради собирање, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад што ги создале производителите со пуштањето на своите производи на пазар, условите, постапката и начинот на организирање заради остварување на проширената одговорност, условите и начинот на финансирање на мерките заради исполнување на проширената одговорност на производителот, правата и обврските на општините и другите субјекти кои имаат удел во постапувањето со посебните текови на отпад, како и други прашања што се од важност за навремено и целосно остварување на проширената одговорност на производителите. Член 2 Примена на законот (1) Oдредбите на овој закон се однесуваат на правните лица кои вршат дејности или активности со кои се врши пласирање на одделни производи на пазарот во Република Северна Македонија, со чија употреба се создава отпад што припаѓа на посебните текови на отпад и поради тоа имаат обврска да преземат дополнителни мерки на одговорност, како и да применуваат посебни правила на управување со посебните текови на отпад, со што ја остваруваат својата проширена одговорност како производители заради обезбедување на максимална количина на собирање, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад и постигнување на националните цели на Република Северна Македонија за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебен тек на отпад пропишани со прописите за управување со посебните текови на отпад. (2) Одредбите на овој закон се однесуваат и на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје заради обезбедување учество во остварувањето на националните цели од ставот (1) на овој член, како и на сите правни и физички лица кои вршат дејност на собирање, транспортирање и складирање на отпадни производи и посебен тек на отпад коишто се дел од системот за проширена одговорност на колективен, односно самостоен постапувач, воспоставен заради остварување на националните цели. (*) Со овој закон се врши усогласување со Директивата 2008/98/ЕС на Европскиот Парламент и на Советот од 19 Ноември 2008 за отпад и укинување на одредени директиви (CELEX бр.32008L0098). Член 3 Цел на законот Основни цели на овој закон се: обезбедување на еднакви услови за работа на производителите кои пласираат одделни производи на пазарот со чија употреба се создава отпад што припаѓа на посебните текови на отпад со цел да го реализираат својот удел во спроведувањето на проширената одговорност на производителот и во постигнувањето на националните цели, обезбедување на собирање на максимални количини на посебен тек на отпад и обезбедување на повторна употреба и најсовремена преработка и рециклирање на посебните текови на отпад, со цел постигнување на националните цели за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање утврдени во прописите за посебните текови на отпад (во натамошниот текст: национални цели), како и постигнување на високо ниво на заштита на животната средина и здравјето на луѓето, согласно со принципот на одржливост, спречување на влијанието врз животната средина од производите и посебните текови на отпад создадени со и по нивната употреба во најголема можна мера, преку обезбедување на висок степен на заштита на животната средина и здравјето на луѓето од една страна и обезбедување на непречено функционирање на внатрешниот пазар преку спречување на создавање на пречки во слободната размена на производи или нарушување на конкурентноста на внатрешниот пазар обезбедена согласно со домашното и меѓународното законодавство, од друга страна, обезбедување на еднакви услови за работа на колективните, односно самостојните постапувачи, кои управуваат со посебните текови на отпад преку утврдување на единствени правила и постапки за нивно формирање и работење, oбезбедување на транспарентност во работењето на производителите, односно колективните и самостојните постапувачи со посебните текови на отпад, oбезбедување точни и ревидирани податоци за количините на производи што се пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија и за отпадот што се создава со нивната употреба, како и обезбедување на нивна достапност со цел да се овозможи професионална средина за работа со соодветен надзор, обезбедување на точни и ревидирани податоци за количината на собраниот, преработениот и рециклиран посебен тек на отпад и со тоа подобри услуги поврзани со управувањето со посебните текови на отпад и зголемување на процентот на нивното собирање, преработка и рециклирање што ќе резултира во подобрување на потенцијалот за развој на секторот за управување со отпадот и информирање на јавноста и подигнување на јавната свест за производите и видот на отпад што се создава со нивната употреба, за начинот на кој може граѓаните да се вклучат во управувањето со посебните текови на отпад, како и за влијанието на отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето. Член 4 Супсидијарна примена на други закони (1) За сите прашања кои се однесуваат на начинот на постапување со отпадот, а кои не се уредени со овој закон, ќе се применува Законот за управување со отпадот. (2) За прашањата кои се однесуваат на дефинициите, обврските на производителите, обврските во однос на транспортот, собирањето и третманот на отпад, известувањето и водењето на евиденција, а кои не се посебно уредени со овој закон, ќе се применуваат Законот за управување со отпадот и прописите за посебните текови на отпад. (3) За регулирање на прашањата во врска со пристап до информации кои се однесуваат на животната средина, учество на јавноста во донесување на одлуките и оцена на влијанието од определени стратегии, планови и програми врз животната средина се применуваат одредбите од Законот за животната средина, доколку со овој закон не е поинаку уредено. (4) На постапките утврдени со овој закон се применуваат одредбите од Законот за општа управна постапка, доколку со овој закон не е поинаку уредено. Член 5 Дефиниции (1) Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. „Проширена одговорност на производителот“ (во натамошниот текст: проширена одговорност) е збир на правила и постапки за производителите кои со вршењето на својата дејност или активност пласираат одделни производи на пазарот со чија употреба се создава отпад што припаѓа на посебните текови на отпад и со тоа дополнително ја оптоваруваат животната средина поради што имаат обврска да финансираат и преземат дополнителни мерки на грижа за производите по завршувањето на фазата консумирање, како и мерки на управување, кои особено се однесуваат на воспоставување и организирање на систем за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад создаден од неговите производи. 2. „Колективен постапувач“ е правно лице, основано од најмалку два производители, кое поседува дозвола за колективен постапувач за управување со посебен тек на отпад издадена од стручниот орган согласно со одредбите од овој закон, како и прописот кој го уредува управувањето со тој тек на отпад и кое во име на производителите, кои се членови или основачи на колективниот постапувач, за определен надоместок, ги презема нивните обврски за проширена одговорност кои се однесуваат на управување со посебните текови на отпад. Колективниот постапувач во своето работење при управувањето со посебните текови на отпад ги применува одредбите од овој закон, како и одредбите од прописите за управување со отпад и прописите за посебните текови на отпад. 3. „Самостоен постапувач“ е производител кој самостојно ги извршува обврските за проширена одговорност кои се однесуваат на управување со посебните текови на отпад врз основа на дозвола издадена од стручниот орган согласно со одредбите од овој закон, како и одредбите од прописите за управување со отпадот и прописот кој го уредува управувањето со текот на отпад што тој го создава; 4. „Надоместок за посебен тек на отпад“ е надоместокот што производителот му го плаќа на колективниот постапувач за услугите што ги врши во спроведувањето на обврските за проширената одговорност на производителот кои се однесуваат на управување со посебните текови на отпад со што производителот станува договорен производител и член на колективниот постапувач; 5. „Производител“ е лице коe врши дејности или активности со кои за првпат пушта одделни производи на пазарот во Република Северна Македонија или увезува како краен корисник стоки, со чија употреба се создаваат отпадни производи што припаѓаат на посебните текови на отпад и поради тоа, во споредба со другите правни лица кои пуштаат производи на пазарот, има обврска да преземе дополнителни мерки на одговорност, како и да применува посебни правила на управување со посебните текови на отпад за да создаде услови за обезбедување на максимална количина на собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад согласно со својот удел на пазарот, кои се уредени со овој закон и со прописите за посебните текови на отпад; 6. „Договорен производител“ е производителот кој има договор со колективен постапувач, кој во негово име и за негова сметка, ги презема и спроведува обврските за проширена одговорност кои се однесуваат на управување со посебните текови на отпад. Договорниот производител не е целосно ослободен од спроведувањето на обврските за проширена одговорност согласно со овој закон и прописите за посебните текови на отпад; 7. „Посебен тек на отпад“ е вкупното количество на отпад кој припаѓа на една група којшто настанува со употреба на одделни видови на производи што се пуштени на пазарот во Република Северна Македонија, за кое е одговорен производителот согласно со својот удел во вкупното количество од тој вид пласирани производи на пазарот во Република Северна Македонија. За секоја група на отпад согласно со видот се применуваат посебни правила за постапување утврдени со овој закон, како и со прописите кои го уредуваат управувањето со посебните текови на отпад. При постапувањето со текот на отпад се применуваат општите правила за постапување со отпад утврдени со прописите за управување со отпадот. Како тек на отпад може да се јави отпад од пакување, отпадна електрична и електронска опрема, отпадни бактерии и акумулатори, искористени возила, отпадни масла, отпад од текстил и други текови на отпад утврдени согласно со прописите за дополнителните текови на отпад; 8. „Вид на посебен отпад“ е отпад што припаѓа на иста група на тек на отпад што настанал од отпадните производи и кој има посебна цел за управување со отпад којашто се однесува на собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање утврдена во прописите за посебните текови на отпад; 9. „Посебна цел за управување со отпад“ е одделна количина за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебен тек на отпад, со одреден квалитет на преработка и рециклирање што е утврдена во прописите за посебните текови на отпад, посебно за секоја група и вид на тек на отпад, која треба да ја постигнат производителите преку колективните односно самостојните постапувачи заради исполнување на својот удел во постигнувањето на националните цели на Република Северна Македонија; 10. „Национални цели“ се утврдени количини во прописите за посебните текови на отпад за собирање, повторна упoтреба, преработка и рециклирање на посебен тек на отпад, со одреден квалитет на преработка и рециклирање кои треба да бидат постигнати заради исполнување на обврските на Република Северна Македонија кои придонесуваат во глобалните напори за заштита на животната средина и одржливиот развој, како и во исполнување на својот удел во утврдените цели на Европската Унија прифатени со ратификувани меѓународни договори или спогодби (во натамошниот текст: Национални цели); 11. „Производ“ е направа, предмет или материја, кој може да биде во тврда, течна или гасовита форма и кој има одредени карактеристики и функции кои можат да задоволат одредена потреба поради што се употребува од крајните корисници, и со чија употреба се создава отпад кој припаѓа на еден или повеќе посебни текови на отпад утврдени со прописите за посебните текови на отпад, како и со прописите за управување со отпад; 12. „Управување со посебен тек на отпад“ е дејност на колективен и самостоен постапувач што вклучува збир на активности на водење на евиденција за количините на производите што се пуштаат на пазарот и на отпадот што се создава од нивната употреба за кој е одговорен, како и организација на операции за собирање, транспортирање, складирање, повторна употреба, преработка, рециклирање и отстранување на посебен тек на отпад, вклучувајќи и обврска за грижа дека овие операции се спроведуваат согласно со прописите од областа на управување со отпадот, вклучително и спроведување на активности за информирање и подигнување на јавната свест за постапувањето со посебниот тек на отпад; 13. „Надоместок за управување со посебен тек на отпад“ е финансиски износ, кој е утврден во прописите за посебните текови на отпад за одделен вид на тек на отпад, што е должен да го плати производителот тогаш кога одлучил исполнувањето на проширената одговорност на производителот за управување со посебен тек на отпад да ја оствари со плаќање на надоместокот, по чие плаќање се ослободува единствено од обврската за вклучување во колективен постапувач или постапување како самостоен постапувач, но не и од обврската за водење евиденција и известување, како што е утврдена во овој закон и во прописите за посебните текови на отпад; 14. „Отпадни производи“ се производи што се пуштени на пазарот и кои се употребени од најмалку еден корисник кој ги отфрла или има намера да ги отфрли или од него се бара по употребата да ги отфрли, кои се уште може да имаат иста или друга намена или употребна вредност, а за кои има посебни правила за постапување согласно со прописите за посебните текови на отпад; 15. „Стручен орган“ е органот формиран согласно со членот 161 од Законот за животната средина; 16. „Орган за животна средина“ е органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно Министерството за животна средина и просторно планирање; 17. „Доброволен договор“ е формален договор кој има извршни клаузули склучен меѓу организациите кои застапуваат одредени интереси на економски оператори и групи на економски оператори опфатени со овој закон од една страна и органот за животна средина или Владата на Република Северна Македонија од друга страна, со цел да се постигнат повисоки цели од целите пропишани во овој закон, кој е отворен за пристапување за сите правни и физички лица кои сакаат да ги исполнат условите утврдени во договорот. (2) За потребите на овој закон, соодветно се применуваат дефинициите од Законот за управување со отпадот за изразите кои се однесуваат на отпад, управување со отпад, собирање, одделно собирање (селектирање), спречување, повторна употреба, преработка, обновување, рециклирање, отстранување и увоз на отпад. (3) За потребите на овој закон, соодветно се применуваат дефинициите од прописите за управување со посебните текови на отпад, доколку не се поинаку уредени во овој закон. Член 6 Начела (1) Во согласност со целите за долгорочна заштита и одржливо користење на природните ресурси и заштита и унапредување на медиумите и областите на животната средина, управувањето со посебните текови на отпад се заснова на следните начела: 1) „нaчело на проширена одговорност на производителот“ - одржлив пристап во креирање и спроведување на политика на животната средина со кој производителот кој пушта на пазарот одредени производи со кои ја оптоварува животната средина е одговорен за целиот животен циклус на производот од фазата на неговото создавање, преку фазата на консумирање на производот од страна на потрошувачот до управување со отпадот кој настанува како резултат на консумирањето односно употребата на тој производ; 2) „начело загадувачот плаќа во проширената одговорност“ - производителот е должен да ги сноси сите трошоци за остварување на проширената одговорност; 3) „начело на предвидливост“ - при проширената одговорност се земаат предвид достапните техники и економската изводливост, како и севкупните влијанија врз животната средина, здравјето на луѓето и социјалниот развој, овозможувајќи при тоа непречено функционирање на внатрешниот пазар, како и спречување на создавање на пречки во трговијата или пак нарушување или ограничување на конкурентноста; 4) „начело на спречување на нелојална зелена конкуренција“ - преку постапките за јавни набавки органите на државната и локалната власт осигураат набавка на производи од производител кој ги спроведува обврските за проширена одговорност на производителот; 5) „начело на крајна одговорност на производителот“ - финансиска одговорност на производителот за остварување на проширената одговорност без оглед дали истата ја остварува преку самостоен или колективен постапувач, односно финансиска одговорност на производителот доколку колективниот или самостојниот постапувач не успеал да ги исполни своите обврски; 6) „начело на претпазливост“ - доколку, врз основа на современите научни и техничко­технолошки сознанија, се заклучи дека одредена активност или вршењето на одредена дејност при управувањето со производите би предизвикале штетни последици за животната средина, животот и за здравјето на луѓето, се преземаат соодветни мерки и активности за отстранување на опасноста, пред да се добијат научни докази дека би можело да дојде до штетни последици. (2) Во управувањето со посебните текови на отпад, покрај начелата утврдени во ставот (1) на овој член, соодветно се применуваат и начелата утврдени во Законот за животната средина, Законот за управување со отпад и прописите за посебните текови на отпад. II. ОПШТИ ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ Член 7 Должна грижа за отпадот што се создава (1) Производителот е должен да се грижи за отпадот што се создава од производот што го пушта на пазарот и тоа почнувајќи од моментот на дизајнирање на производот, потоа видот на суровините и материјалите што се употребуваат, особено за количината од истите што може да се искористи и за количината што останува по производството, дали остатокот може повторно да се искористи, преработи и на кој начин да се отстрани. (2) Производителот мора да се грижи за отпадот што се создава по употребата на производот, преку воспоставување на самостоен систем или со вклучување во систем на колективен постапувач за управување со посебни текови на отпад и притоа особено следи дали овие системи ги исполнуваат своите обврски согласно со позитивните законски прописи. Член 8 Одговорност за постигнување научни достигнувања Производителот е должен, преку сопствени вложувања, самостојно или здружено, да учествува во научни истражувања кои имаат за цел реализација на достигнувања со кои се обезбедува подобро искористување на суровините и материјалите што се користат во производите, подобро дизајнирање заради зголемување на потенцијалот на производот повторно да се употреби целосно или некои негови компоненти, подобро расклопување и искористување на отпадот што се создава по неговата употреба, како и споделување на достигнувањата со заинтересираните страни без или со надоместок којшто не ги надминува трошоците на истражувањето согласно со закон. Член 9 Обврска за воспоставување, организирање и водење систем за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебен тек на отпад (1) Производителот е должен на свој трошок да воспостави и организира систем со кој ќе обезбеди одделно собирање на отпадните производи, како и одделно собирање на отпадот што се создава од производите, со цел повторна употреба, преработка и рециклирање на посебниот тек на отпад. (2) Производителот е должен системот од ставoт (1) на овој член да го воспостави и организира на подрачјата на секоја општина во Република Северна Македонија каде што врши продажба на своите производи, овозможувајќи им притоа на потрошувачите најмалку едно место за одделно собирање на отпадните производи на производителот, како и на отпадот што се создава од производите, заради повторна употреба, преработка и рециклирање на посебниот тек на отпад во согласност со овој закон и во согласност со условите утврдени во прописите за посебните текови на отпад. (3) Обврските од ставот (1) на овој член, производителот може да ги оствари самостојно или преку здружување со други производители, согласно со овој закон, како и согласно со прописите што го уредуваат постапувањето со посебните текови на отпад. Член 10 Обврска за соработка со трговците кои пласираат производ по чија употреба се создава отпад Производителот е должен да соработува со трговецот во чии простории се пласираат производите кои тој ги пуштил на пазарот заради преземање на заеднички мерки кои имаат за цел да поттикнат собирање на отпадни производи од крајните потрошувачи, како и да обезбедат опрема за одделно собирање на отпадот што се создава од отпадните производи, заради нивна повторна употреба, преработка или рециклирање на посебниот тек на отпад и со тоа постигнување на националните цели од членот 13 од овој закон. Член 11 Обврска за соработка со општините и регионалните системи за управување со отпад заради собирање, повторна употреба преработка и рециклирање на посебниот тек на отпад Заради постигнување на националните цели од членот 13 од овој закон, производителот самостојно или преку колективниот постапувач е должен, да соработува со општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје и регионалните системи за управување со отпад заради преземање на заеднички мерки кои имаат за цел поттикнување на одделно собирање на отпадните производи, како и да воспостават собирни центри и друга инфраструктура за одделно собирање на отпадни производи и посебни текови на отпад заради повторна употреба, преработка и рециклирање на посебниот тек на отпад. Член 12 Одговорност за подигнување на јавната свест (1) Производителот е должен да ја информира јавноста за можностите на производот повторно да се употребува целосно или некои негови компоненти, за начинот на расклопување на производот и за искористување на отпадот што се создава по неговата употреба, како и за влијанието што создадениот отпад од производот го има врз животната средина и здравјето на луѓето врз основа на научни сознанија, како и согласно со начелото на претпазливост. (2) Производителот е должен, самостојно или преку колективниот постапувач, на соодветен начин да ја информира јавноста за можноста да се вклучи во управувањето со посебните текови на отпад заради постигнување на националните цели за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад утврдени во прописите за посебните текови на отпад. Член 13 Обврска на производителот за постигнување на националните цели за собирање, повторно употреба, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад (1) Секој производител е должен да учествува во постигнувањето на националните цели за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад во тековната година со количина која е најмалку еднаква на неговиот удел во вкупната количина на производите што се пуштени на пазарот во Република Северна Македонија во претходната година кои припаѓаат на ист вид или категоријата на производи утврдени во прописите за посебните текови на отпад. (2) Вкупната количина на производи што се пуштени на пазарот во Република Северна Македонија заради одредување на минималната количина од ставот (1) на овој член се утврдува од страна на стручниот орган согласно со членот 31 став (1) од овој закон и се објавува на начин утврден во членот 40 став (4) од овој закон. (3) Министерот кој раководи со органот за животна средина (во натамошниот текст: министерот) ја пропишува Методологијата за пресметување на вкупната количина на производи што се пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија во претходната година за секоја одделна група и вид на посебен тек на отпад, во согласност со прописот за посебниот тек на отпад, а врз основа на податоци за реални количини на отпад во претходните години. Член 14 Регистрација на производителите и Регистар на производители за проширена одговорност (1) Производителите кои пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници производи во Република Северна Македонија, со чија употреба се создава отпад кој припаѓа на некој од посебните текови на отпад утврдени со законите за посебните текови на отпад се должни да се регистрираат кај стручниот орган во рок од 15 дена од денот на почетокот на дејноста. (2) Регистрацијата се врши со поднесување на барање за регистрација од страна на производителот, до стручниот орган преку електронско аплицирање на посебна интернет страница. (3) Стручниот орган, врз основа на добиените податоци наведени во барањето од ставот (2) на овој член води Регистар на производители со проширена одговорност кои пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија, производи со чија употреба се создава отпад кој припаѓа на посебен тек на отпад (во натамошниот текст: Регистар на производители со проширена одговорност). (4) Регистарот на производители со проширена одговорност се води електронски според видот и категоријата на производот, видот на отпадот за секој тек на отпад одделно што се создава од отпадниот производ, а кои се утврдени во прописите за посебните текови на отпад, како и според видот на производителот по обем. (5) Врз основа на барањето од ставот (2) на овој член, со доставување на точни податоци, преку интернет страницата автоматски се добива регистрациски број и потврда за регистрација на производителот во Регистарот на производители со проширена одговорност. (6) Во случај на промена на податоците доставени при регистрацијата од ставот (2) на овој член, производителот најдоцна во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената, е должен да го информира стручниот орган и електронски да поднесе барање за промена на податоците во кое се внесуваат само променетите податоци. (7) Производителите кои престанале со вршење на дејноста со која се врши пуштање производи на пазар или увезуваат како крајни корисници производи од чија употреба се создаваат посебни текови на отпад согласно со прописите за посебните текови на отпад, должни се во рок од 30 дена од денот на престанокот на вршење на дејноста, да поднесат електронско барање преку интернет страницата до стручниот орган за бришење од Регистарот на производители со проширена одговорност. (8) Стручниот орган е должен да провери дали производителот ги има исполнето своите обврски за проширена одговорност и во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето од ставот (7) на овој член, да издаде потврда за бришење на производителот од Регистарот на производители за проширена одговорност. (9) Потврдата од ставот (8) на овој член се издава со датум на денот кога е поднесено барањето од ставот (7) на овој член. (10) Доколку стручниот орган не ја издаде потврдата во рокот определен од ставот (8) на овој член, подносителот има право да изјави жалба согласно со прописите за општа управна постапка. (11) Стручниот орган е должен да води евиденција за избришаните субјекти од Регистарот на производители со проширена одговорност за период од најмалку седум години по бришењето. (12) За производителот престануваат сите обврски што произлегуваат од прописите за проширена одговорност од датумот наведен во ставот (8) на овој член. (13) Министерот кој раководи со органот за животна средина ги пропишува формата и содржината на барањата од ставовите (2) и (7) на овој член, формата и содржината на Регистарот за производители со проширена одговорност од ставот (3) на овој член, начинот на чување и одржување на регистарот, како и формата и содржината на потврдата од ставови (5) и (8) на овој член и тоа за секој производ и тек на отпад кои се утврдени со прописите за посебните текови на отпад. (14) Стручниот орган е должен редовно да го ажурира и води Регистарот на производители со проширена одговрност на својата веб-страница, како и да обезбеди редовно функционирање на електронското пријавување на производителите. Член 15 Производители регистрирани во странство (1) Производителот кој не е регистриран во Република Северна Македонија и кој преку комуникација од далечина (е-трговија) пушта на пазарот во Република Северна Македонија производи определени со прописите за посебните текови на отпад, обврските кои произлегуваат од овој закон и од прописите за посебните текови на отпад ги извршува преку назначување на овластен застапник, кој е должен да се регистрира како производител согласно со членот 14 од овој закон. (2) Овластениот застапник може да биде правно или физичко лице кое има седиште и кое врши дејност во Република Северна Македонија и кое добило писмено овластување од производителот од ставот (1) на овој член дека е негов овластен застапник. (3) Преку назначувањето на овластениот застапник, обврските кои произлегуваат од овој закон за производителот од ставот (1) на овој член, за производите коишто се пуштаат на пазарот во територијата на Република Северна Македонија, целосно се пренесуваат на овластениот застапник. Член 16 Водење евиденција и израмнување на податоци (1) Заради обезбедување на редовно ажурирање на податоците за видот и количината на производите што се пуштени на пазарот во Република Северна Македонија, а се определени согласно со прописите за посебните текови на отпад, за видот и количината на отпадот што се создава за секој тек одделно, како и за утврдување на степенот на исполнување на националните цели, се воспоставува систем преку посебно тело за балансирана одговорност на производителите согласно со ставот (2) од овој член, со цел водење, валидизирање и израмнување на податоците за управување со посебните текови на отпад. (2) Начинот на воспоставување, организација, управување и работа на телото од ставот (1) на овој член се уредува со посебен закон. III. ПОСЕБНИ ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛOT Член 17 Обврска за финансирање на проширената одговорност на производителот (1) Заради заштита на животната средина и здравјето на луѓето, како и заради постигнување на националните цели уредени со прописите за посебните текови на отпад, за производите што ги пуштил на пазарот на територијата на Република Северна Македонија, производителот е должен да обезбеди финансирање на трошоците за остварување на проширената одговорност на производителот за следните активности: повратен прием на употребениот производ (отпаден производ), повратен прием на отпадот што настанува со употребата на производот, како на пример пакување, расипан дел и слично, повторна употреба на отпадниот производ или негов дел, одделно собирање, времено чување на отпадниот производ и на отпадот што настанува со употребата на производот, најмалку за количината што соодвествува на сопствениот удел во постигнување на националните цели, транспорт, третман, повторна употреба, преработка, рециклирање и отстранување на остатокот од преработката на отпадот што настанува со употребата на производот најмалку за количината на сопствениот удел во постигнување на национални цели, трошоци за комуникација со јавноста поврзани со информирање за начинот на постапување со отпадот што настанува со употребата на производот, трошоците поврзани со финансиската гаранција, трошоци за инвестирање во инфраструктура за собирање на отпадот што настанува со употребата на производот за да се обезбеди селекција на секој посебен вид на отпад за кој производителот има обврски за управување со посебен тек на отпад, редовно преземање на отпадниот производ и отпадот што настанува со употребата на производот од трговецот, односно од местото на достава на нов производ, како и од местото кое согласно со договорот за соработка е определено од општината, редовно преземање на отпадниот производ и отпадот што настанува со употребата на производот од домаќинствата, како и од овластени собирачи согласно со прописите за посебните текови на отпад и исполнување на други обврски што се утврдени за производителот во прописите за посебните текови на отпад. (2) Трошоците за постапување со отпадниот производ и отпадот што настанува со употребата на производот, производителот не смее да ги прикажува одделно при продажбата на производот. (3) Производителот е одговорен за спроведување на обврските од ставот (1) на овој член и тогаш кога има склучено договор за остварување на проширената одговорност со колективен или самостоен постапувач согласно со овој закон, поради што има должност да се грижи за работата на колективниот односно самостојниот постапувач, како и да бара податоци за да се осигура дека колективниот односно самостојниот постапувач ги остварува обврските што се утврдени со овој закон, прописите за управување со отпад и прописите за посебните текови на отпад. (4) Обврските од ставовите (1) и (2) на овој член детално се уредуваат со прописите за посебните текови на отпад, како и со членот 18 од овој закон. Член 18 Остварување на проширената одговорност (1) Обврските за проширена одговорност од членот 17 од овој закон производителот може да ги оствари преку: плаќање надоместок за управување со посебен тек на отпад на начин и во висина како што е утврден во прописите за посебните текови на отпад или воспоставување на самостоен систем за управување со посебен тек на отпад, кога таа можност е утврдена во прописот за постапување со тој посебен тек на отпад или вклучување во систем на колективен постапувач за управување со посебен тек на отпад. (2) Исполнувањето на проширената одговорност со плаќање на надоместокот од ставот (1) алинеја 1 на овој член се врши согласно одредбите од прописот што го уредува постапувањето со посебниот тек на отпад за кој е одговорен производителот и истото не ги исклучува обврските за водење на евиденција и известување согласно со овој закон и прописот за посебниот тек на отпад. (3) Исполнувањето на проширената одговорност од ставот (1) на овој член се врши согласно со одредбите од овој закон и прописот за посебниот тек на отпад за кој производителот е одговорен. (4) За исполнувањето на обврската од ставот (1) на овој член за производителите се издава потврда за исполнување на проширената одговорност за управување со посебен тек на отпад. (5) Во случаите од ставот (1) алинеи 1 и 2 на овој член, потврдата од ставот (4) на овој член ја издава стручниот орган, најдоцна до 20 февруари во тековната година, со податоци за претходната година. (6) Во случаите од ставот (1), алинеја 3 на овој член, потврдата од ставот (4) од овој член ја издава колективниот постапувач кој во име на производителот ја остварува проширената одговорност на овој член, најдоцна до 20 февруари во тековната година, со податоци за претходната година. (7) Потврдата од ставот (4) на овој член особено содржи податоци за видот и количината на производите што се пуштени на пазар за предметната година за кои постои обврска за преземање на проширена одговорност согласно контата од сметководствената евиденција на материјални средства, видот и количината на посебните текови на отпад што се создава со употребата на тие производи, износот на надоместокот што е платен согласно со ставот (1) алинеја 1 на овој член, односно износот на надоместокот што е платен на колективниот постапувач согласно со ставот (1) алинеја 3 на овој член. (8) Министерот ја пропишува формата и содржината, како и начинот на доставување на потврдата од ставовите (5) и (6) на овој член. (9) Сметководителите кои ги составуваат годишните завршни сметки на производителите се должни да ја проверат веродостојноста на податоците наведени во потврдите од ставот (6) на овој член. (10) Колективниот односно самостојниот постапувач е должен да ги евидентира и чува потврдите од ставот (6) на овој член заедно со податоците од годишниот извештај од членот 36 од овој закон. (11) Органите на државната и локалната власт нема да склучат јавна набавка со производител без да ја достави потврдата од ставот (4) на овој член и докаже дека, најмалку за тековната година, ги спровел во целост обврските за проширена одговорност согласно овој закон, како и прописите за управување со посебните текови на отпад. Член 19 Финансиска гаранција од производителот (1) Колективниот, односно самостојниот постапувач за договорниот производител со кој има склучено договор за преземање на обврските за управување со посебен тек на отпад обезбедува финансиска гаранција со цел обезбедување на спроведувањето на проширената одговорност утврдена со овој закон и постигнување на националните цели утврдени со прописите за посебните текови за отпад. (2) Финансиската гаранција се обезбедува на начин како што е утврдено во членот 28 од овој закон. IV. ОСНОВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ОДНОСНО САМОСТОЈНИОТ ПОСТАПУВАЧ Член 20 Преземање на обврските на одговорност на производителот (1) За исполнување на обврските за проширена одговорност, производителот што одлучил дека нема да го плати надоместокот од членот 18 став (1) алинеја 1 од овој закон, е должен обврските на проширената одговорност од членот 17 од овој закон и прописите за посебните текови на отпад (во натамошниот текст: обврски на проширена одговорност), да ги оствари самостојно или со склучување на договор со правно лице колективен постапувач за преземање на обврските за управување со посебен тек на отпад, кое e основано и поседува дозвола за управување со посебен тек на отпад добиена согласно со овој закон и прописот за посебниот тек на отпад (во натамошниот текст: колективен постапувач). (2) Во договорот од ставот (1) на овој член се вклучуваат сите обврски на производителот што произлегуваат од проширената одговорност утврдени во овој закон, како и во прописите за посебните текови на отпад, освен оние за кои е самостојно одговорен производителот. (3) Колективниот постапувач за посебниот тек на отпад обезбедува постапување со посебниот тек на отпад во име и за сметка на производителите кои се негови основачи, како и оние со кои склучил договор од ставот (1) на овој член, со што истите стануваат членови на колективниот постапувач, односно договорни производители. (4) Кога тоа е посебно утврдено во прописите за посебните текови на отпад, производителот може да биде ослободен од обврската од ставот (1) на овој член кога станува збор за мал производител на начин како што е утврдено во прописот за тој посебен вид на отпад. (5) Кога тоа е посебно утврдено во прописите за посебните тековите на отпад, производителот своите обврски за проширена одговорност е должен да ги остварува исклучиво со склучување на договор со колективен постапувач, освен доколку не одлучи да го плаќа надоместокот од членот 18 став (1) алинеја 1 од овој закон. Член 21 Воспоставување на колективен и самостоен постапувач (1) Производителот може да ги оствари обврските на проширена одговорност со склучување на договор со само еден колективен постапувач за преземање на обврски за управување со посебен тек на отпад, кој има дозвола за колективен постапувач за управување со посебен тек на отпад издадена од страна на стручниот орган во согласност со овој закон, како и прописот за посебниот тек на отпад. Производителот е должен да го склучи договорот и тогаш кога тој е основач на колективниот постапувач. (2) Производителот може обврските на проширена одговорност, со сопствени средства, да ги оствари самостојно само доколку има обезбедено дозвола за самостоен постапувач за управување со посебен тек на отпад (во натамошниот текст: самостоен постапувач) издадена од стручниот орган во согласност со овој закон, како и прописот за посебниот тек на отпад. (3) За исполнување на обврските на проширена одговорност производителот во случаите од ставот (1) на овој член е должен да му плаќа на колективниот постапувач надоместок за извршената услуга на начин и во висина како што е утврдено во договорот за преземање на обврски за управување со посебен тек на отпад и во овој закон. (4) Колективниот односно самостојниот постапувач не може да започне со извршување на каква било активност на управување со посебен тек на отпад без претходно да ја добие дозволата од ставот (1) односно од ставот (2) на овој член. (5) Колективниот односно самостојниот постапувач, освен дозволата од ставот (1) односно од ставот (2) на овој член, не смее да биде носител на друга дозвола за управување со отпад која произлегува од прописот за управување со отпад. (6) Колективниот односно самостојниот постапувач кој поседува дозвола за постапување со отпад од електрична и електронска опрема односно искористени возила, може истовремено да биде носител и на дозвола за управување со отпад од батерии и акумулатори. (7) Колективниот односно самостојниот постапувач исполнувањето на обврските за управување со посебните текови на отпад за кој е одговорен не може да ги врши самостојно и истите е должен да ги довери на други правни лица кои поседуваат важечки дозволи за управување со отпад согласно со прописите за управување со отпад. (8) Договорите меѓу колективниот односно самостојниот постапувач и правните лица за постапување со отпад од ставот (7) на овој член се склучуваат за најмалку една фискална година, во кои задолжително се наведуваат меѓусебните права и обврски, како и количината и видот на отпад за кој се постапува. Член 22 Барање за добивање на дозвола за колективен односно самостоен постапувач (1) Колективниот постапувач односно самостојниот постапувач, дозволата за управување со посебен тек на отпад ја добива врз основа на барање за издавање на дозвола кое се поднесува до стручниот орган. (2) Барањето од ставот (1) на овој член особено содржи: 1) податоци за назив и седиште на правното лице барател – колективниот, односно самостојниот постапувач; 2) податоци за посебниот тек на отпад за кој се бара дозволата; 3) податоци за електронскиот систем за обработка, доставување и водење на податоци во согласност со обврските за управување со посебен тек на отпад и податоци за начинот на одржување на системот од членот 43 од овој закон и 4) податоци за вкупната количина на производи кои се пуштени на пазарот за претходната година од страна на договорните производители, односно од страна на самостојниот производител. (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член колективниот постапувач односно самостојниот постапувач приложува: 1) акт за основање и статут на колективниот постапувач (доколку е колективен постапувач); 2) потврда од Централниот регистар на Република Северна Македонија за регистрација на правното лице колективен, односно самостоен постапувач, како и потврда за тековната состојба; 3) потврда од Управа за јавни приходи дека за колективниот, односно производителите основачи на колективниот, односно самостојниот постапувач не е покрената постапка за ликвидација или стечај; 4) доказ за обезбедена финансиска гаранција согласно со членот 28 од овој закон; 5) список на производители со кои колективниот постапувач има склучено договор дека во нивно име и за нивна сметка ќе постапува со посебниот тек на отпад (во натамошниот текст: договорни производители), во кој се наведени податоци за: називот и седиштето на производителот, дејноста на производителот, како и количина и вид на производи кои договорните производители ги пуштиле на пазарот на Република Северна Македонија за претходната година (доколку е колективен постапувач); 6) програма за остварување на проширената одговорност на производителот за посебниот тек на отпад од членот 30 од овој закон; 7) примерок од стандардниот договор за општите услови кој го склучува колективниот постапувач со договорениот производител (доколку е колективен постапувач); 8) изјава од управителите на основачите на колективниот постапувач дека се производители согласно со одредбите на овој закон, како и дека не вршат дејност на управување со отпад самостојно, ниту се основачи или ко-основачи на друго правно лице кое врши дејност на управување со отпад, освен ако е во согласност со членот 21 став (6) од овој закон (доколку е колективен постапувач); 9) список на правни лица, кои имаат дозволи за управување со отпад согласно со прописите за управување со отпад, со кои колективниот односно самостојниот постапувач има склучено договори за извршување на обврските за управување со отпад, кој задолжително содржи податоци за: назив и седиште на правното лице, број на договор склучен со колективниот односно самостојниот постапувач, вид и број на дозвола за управување со отпад согласно со прописите за управување со отпад на правното лице, опис на предметот на договорот со колективниот, односно самостојниот постапувач; како и податоци за вкупниот капацитет на секое правно лице за собирање, преработка и рециклирање на отпад согласно со дозволата за управување со отпад и договорениот капацитет со колективниот односно самостојниот постапувач; 10) доказ за процентот на пресметаниот удел на колективниот односно самостојниот постапувач во вкупната количина на пуштени производи на пазарот за претходната година, согласно со ставот (5) на овој член (доколку е колективен постапувач). (4) Колективниот постапувач во моментот на поднесувањето на барањето е должен да обезбеди договори со кои, врз основа на списокот на производители од ставот (3) точка 5) на овој член, ќе докаже дека презема обврски за управување со посебен тек на отпад со производители кои претставуваат минимум 10% од вкупната количина на производи пуштена на пазарот во Република Северна Македонија од кои се создава посебен тек на отпад. (5) Податоците за вкупната количина на производи пуштена на пазарот во Република Северна Македонија за посебните текови на отпад и нивните видови ги објавува стручниот орган согласно со членот 40 став (4) од овој закон, а пресметана согласно со методологијата од членот 13 став (3) од овој закон. (6) Доколку не е поинаку уредено со прописот за посебниот тек на отпад, формата, содржината и образецот на барањето за издавање на дозволата од ставот (1) на овој член, начинот на доставување, како и потребната документација која се приложува кон барањето ги пропишува министерот. (7) Кон барањето може да се бара доставување и на други податоци или документација утврдени со прописот за посебниот тек на отпад. Член 23 Дозвола за управување со посебен тек на отпад за колективен постапувач или самостоен постапувач (1) Стручниот орган во рок од 30 дена од денот на комплетирањето на барањето за издавање на дозвола од членот 22 од овој закон, е должен да донесе решение за издавање на Дозвола за колективен постапувач или за самостоен постапувач (во натамошниот текст: Дозвола за тек на отпад) односно решение со кое го одбива барањето за издавање на дозволата. (2) Колективниот односно самостојниот постапувач кој, согласно прописот за посебниот тек на отпад, може да врши активности за управување за повеќе од еден тек на отпад, е должен да обезбеди посебни дозволи за секој одделен тек на отпад, при што исполнувањето на условите за добивање на Дозволата за тек на отпад не можат се пресметуваат кумулативно, односно е должен да ги исполни условите за секоја дозвола пооделно. (3) Дозволата за тек на отпад од ставот (1) на овој член задолжително ги содржи следните податоци: 1) назив и седиште на правното лице колективен постапувач, односно самостоен постапувач; 2) назив на посебниот тек на отпад за кој се издава дозволата; 3) вкупната количина на производи кои се пуштени на пазарот за претходната година од страна на договорните производители односно производителот и 4) процентот на пресметаниот удел на колективниот постапувач, односно самостојниот постапувач, во вкупната количина на пуштени производи на пазарот за претходната година. (4) Во дозволата за колективен постапувач од ставот (1) на овој член се наведуваат и називот и седиштето на основачите на колективниот постапувач, како и рокот до кога колективниот постапувач треба да го исполни условот од членот 39 став (1) од овој закон доколку не е исполнет. (5) Дозволата од ставот (1) на овој член може да се одземе од странa на стручниот орган доколку не се одобрени последователно два годишни извештаи од членот 33 од овој закон. (6) Програмата од членот 30 од овој закон за проширена одговорност на производителот за посебниот тек на отпад за колективниот односно самостојниот постапувач, која се изготвува на секои пет години се доставува кон барањето за дозволата од ставот (1) на овој член. (7) Формата и содржината на образецот на дозволата за тек на отпад од ставот (1) од овој член, за секој посебен тек на отпад, како и начинот на издавањето ги пропишува министерот. Член 24 Колективен постапувач (1) Колективниот постапувач е непрофитно правно лице, основано од најмалку двајца производители, чија цел е спроведување на активности за управување со посебен тек на отпад заради остварување на проширена одговорност на производителите кои се негови членови. (2) Основачи на колективен постапувач можат да бидат само производители кои пуштаат на пазарот производи за кои колективниот постапувач има дозвола за вршење на обврските за управување со посебен тек на отпад. (3) Обврските за управување со посебен тек на отпад на договорниот производител, колективниот постапувач ги презема врз основа на склучен договор со договорниот производител со кој се прифаќаат општите услови за работа на колективниот постапувач за период од најмалку една фискална година. (4) Во договорот од ставoт (3) на овој член се утврдува и надоместокот кој договорниот постапувач го плаќа на колективниот постапувач согласно со членот 21 став (3) од овој закон. (5) Остварената добивка од своето работење, колективниот постапувач не смее да ја распредели како приход на основачите на колективниот постапувач, туку е должен истата исклучиво да ја користи за извршување на обврските за управување со посебен тек на отпад согласно со одредбите на овој закон и прописите за посебните текови на отпад. (6) Колективниот постапувач не смее да гарантира ниту да презема обврски за намирување на долг или исполнување на обврски на производител или на трето лице. (7) Колективниот постапувач не може да биде сопственик над отпадот со кој се обврзал да постапува во име и за сметка на договорните производители. (8) Колективниот постапувач престанува да ја извршува својата дејност доколку: 1) е донесена одлука од основачите за престанување со работа на колективниот постапувач и е спроведено негово бришење од Централен регистар на Република Северна Македонија или 2) настанал стечај или ликвидација или 3) му е одземена дозволата согласно со членот 45 од овој закон. (9) Во случаите од ставот (8) на овој член, колективниот постапувач е должен до стручниот орган да поднесе барање за бришење од Регистарот од членот 44 од овој закон во рок од 30 дена од денот на донесувањето на одлуката од ставот (8) точка 1) на овој член односно од денот на започнувањето на постапката за стечај односно ликвидација од ставот (8) точка 2) на овој член. (10) Во случаите од ставот (8) точка 3) од овој член стручниот орган е должен да го избрише колективниот постапувач од регистарот од членот 44 од овој закон во рок од 15 дена од правосилноста на решението за одземање на дозволата за тек на отпад. (11) Во случаите на престанок со работа, имотот на колективниот постапувач што останува по намирување на сите доспеани обврски, е сопственост на Република Северна Македонија. Член 25 Одговорност и обврска за грижа на производителот за работата на Колективниот постапувач (1) Договорните производители, без оглед дали се основачи или само членови на колективниот постапувач, се должни да ја следат работата на колективниот постапувач за тоа дали истиот постапува согласно позитивните законски прописи, да се грижат колективниот постапувач да ги исполнува во целост своите обврски во согласност со овој закон и прописите за посебните текови на отпад за исполнување на проширената одговорност на производителот, како и да бараат извештаи за неговата работа. (2) Во случај кога договорниот производител ќе дознае самостојно или преку допрен глас од трето лице, дека колективниот постапувач не ги спроведува своите обврски, должен е да ги извести за своите наоди со образложение органите на управување на колективниот постапувач за обврската за почитување на законските прописи, како и да го извести стручниот орган и другите соодветни надлежни органи во случај кога колективниот постапувач нема да се произнесе по известувањето и не ги исполнува обврските согласно со закон. (3) Неисполнувањето на обврските на колективниот постапувач за проширена одговорност, како и неможноста истиот да ги исполни, не ги ослободува договорните производители од обврската за проширена одговорност. (4) Во случај кога колективниот постапувач не ги исполнил своите обврски и поради тоа настанала штета за договорниот производител или за трето лице, истите може да бараат надоместок на претрпената штета од имотот на колективниот постапувач согласно со ставот (8) од овој член. (5) Во случај кога имотот не е доволен да се исполнат сите обврски на колективниот постапувач, договорните производители солидарно се одговорни со сопствени средства или дејствија да ги исполнат обврските на колективниот постапувач сразмерно на својот удел во плаќањето на надоместокот на колективниот постапувач од членот 38 од овој закон за последната година за која колективниот постапувач има поднесено годишен извештај согласно со членот 36 од овој закон. (6) Во случаите од ставот (5) на овој член кога се однесува на колективен постапувач за кој е започната постапка на стечај и ликвидација, финансиските обврски најпрво се подмируваат од имотот на колективниот постапувач, по што преостанатите обврски ги преземаат договорните постапувачи согласно со ставот (8) на овој член. (7) Договорниот производител, согласно со ставот (5) на овој член е одговорен и за плаќање на санкции за колективниот постапувач кои се изречени во паричен износ, а кои не можат да бидат подмирени согласно со ставот (6) на овој член. (8) Постапката за подмирување на обврските на колективниот постапувач од договорните производители се врши согласно со општите прописи за надомест на штета и облигациони односи. Член 26 Самостоен постапувач (1) Самостојниот постапувач самостојно, со сопствени средства преку основање на посебно непрофитно правно лице, ги презема обврските кои произлегуваат од овој закон и од законите за посебните текови на отпад врз основа на дозволата за тек на отпад издадена од стручниот орган согласно со членот 22 од овој закон. (2) Самостојниот постапувач не смее да има како основач друг производител ниту смее да преземе обврски за управување со отпад од друг производител или за друг тек на отпад од оној што е наведен во неговата дозвола за тек на отпад. (3) Услугите на самостојниот постапувач не може да ги користи ниеден друг производител заради остварување на проширената одговорност на производителот. (4) Самостојниот постапувач секоја остварена добивка од постапувањето со посебниот тек на отпад не смее да ја распредели како сопствен приход, односно приход за производителот основач и е должен истата исклучиво да ја користи за поефикасно извршување на обврските за управување со посебен тек на отпад согласно со одредбите на овој закон, прописите за посебните текови на отпад и прописите за управување со отпад. (5) Самостојниот постапувач не смее да врши дејствија кои имаат за цел намалување на приходот од постапувањето со отпадот заради остварување на друга странична добивка која не произлегува од постапувањето со отпадот или има за цел остварување на предност, за себе или за производителот кој го основал, која може да ја наруши конкуренцијата на пазарот. (6) Самостојниот постапувач престанува да ја извршува својата дејност доколку: 1) неговиот основач престане да биде производител и поднесе барање за бришење од Регистарот од членот 14 од овој закон согласно со посебниот пропис за тек на отпад; 2) неговиот основач донесе одлука за престанување со работа на самостојниот постапувач и негово бришење од Централен регистар на Република Северна Македонија; 3) настанал стечај или ликвидација на основачот и 4) му е одземена дозволата согласно со членот 45 од овој закон. (7) Во случаите од ставот (6) на овој член, самостојниот постапувач е должен до стручниот орган да поднесе барање за бришење од Регистарот од членот 44 од овој закон во рок од 30 дена од денот на кога се случиле настаните од ставот (6) точки 1) и 2) од овој член односно денот на започнувањето на постапката за стечај односно ликвидација од ставот (6) точка 3) од овој член. (8) Во случаите од ставот (6) точка 4) стручниот орган е должен да го избрише самостојниот постапувач од регистарот од членот 44 од овој закон во рок од 15 дена од правосилноста на решението за одземање на дозволата за тек на отпад. (9) Во случаите на престанок со работа, имотот на самостојниот постапувач што останува по намирување на сите доспеани обврски, е сопственост на Република Северна Македонија. Член 27 Одговорност и обврска за производителот кој е основач на самостојниот постапувач (1) Производителот кој е основач на самостојниот постапувач е должен да ја следи неговата работа, односно дали истиот постапува согласно со позитивните законски прописи, дали се грижи за исполнување во целост за обврските на производителот за проширена одговорност во согласност со овој закон и прописите за посебните текови на отпад, како и да бара извештаи за неговата работа. (2) Во случај кога производителот ќе утврди самостојно или преку допрен глас од трето лице, дека самостојниот постапувач не ги спроведува обврските, е должен да го извести за своите наоди со образложение самостојниот постапувач, како и да го извести стручниот орган и другите надлежни органи во случај кога самостојниот постапувач нема да се произнесе по известувањето и не ги исполни обврските согласно со закон. (3) Неисполнувањето на обврските на самостојниот постапувач за проширена одговорност, како и неможноста истиот да ги исполни, не го ослободува производителот од обврската за проширена одговорност. (4) Во случај кога самостојниот постапувач не ги исполнил своите обврски и поради тоа настанала штета за производителот или за трето лице, може да бара надоместок на претрпената штета од имотот на самостојниот постапувач согласно со ставот (6) од овој член. (5) Во случај кога имотот не е доволен да се исполнат сите обврски на самостојниот постапувач, производителот е одговорен со сопствени средства или дејствија да ги исполни обврските на самостојниот постапувач. (6) Во случаите од ставот (5) на овој член кога се однесува на самостоен постапувач за кој е започната постапка на стечај и ликвидација, финансиските обврски најпрво се подмируваат од имотот на самостојниот постапувач, по што преостанатите обврски ги презема производителот согласно со ставот (8) на овој член. (7) Производителот, согласно со ставот (5) на овој член е одговорен и за плаќање на санкции за самостојниот постапувач кои се изречени во паричен износ, а кои не можат да бидат подмирени согласно со ставот (5) на овој член. (8) Постапката за подмирување на обврските на самостојниот постапувач од производителот се врши согласно со општите прописи за надомест на штета и облигациони односи. Член 28 Обврска на обезбедување на финансиска гаранција (1) Доколку не е поинаку утврдено во прописот за посебниот тек на отпад, колективниот, односно самостојниот постапувач, е должен да обезбеди финансиска гаранција за да го гарантира исполнувањето на својот удел во постигнувањето на националните цели утврдени со прописите за посебните текови на отпад. (2) Финансиска гаранција се издава во корист на органот за животна средина и може да биде: 1) банкарска гаранција, банкарски депозит или друг вид на банкарски производ, или 2) средства депонирани на депозитна сметка во банка или кредитна институција. (3) Висината на финансиската гаранција за колективниот постапувач се пресметува во износ од 3% од планираниот приход во Програмата од членот 30 од овој закон за првата година на работа, односно од остварениот приход од годината за која се поднесува Годишниот извештај согласно со членот 36 од овој закон. (4) Висината на финансиската гаранција за самостојниот постапувач се пресметува во износ од 5% од износот кој е планиран за покривање на трошоците за управување со посебниот тек на отпадот за првата година на работа на самостојниот постапувач утврден во Програмата од членот 30 од овој закон, односно од вкупниот износ на средства од прописот за посебниот тек на отпад кој производителот го инвестирал за годината за која се поднесува годишниот извештај согласно со членот 36 од овој закон. (5) Финансиската гаранција се пресметува за една фискална година и истата за наредната година се доставува до стручниот орган заедно со годишниот извештај од членот 36 од овој закон до 31 март за претходната година. (6) Финансиска гаранција се обезбедува со важност од 30 јуни од тековната до 30 јуни во наредната година. (7) Колективниот односно самостојниот постапувач може да располага со финансиската гаранција откако стручниот орган ќе го одобри годишниот извештај согласно со членот 36 од овој закон. (8) Стручниот орган е должен да донесе решение за активирање и реализирање на финансиската гаранција доколку колективниот односно самостојниот постапувач за најмалку 5% или повеќе не ги исполни националните цели утврдени во прописите за посебните текови на отпад. (9) Финансиската гаранција се наплатува во троен износ од процентот на неисполнетост на националните цели односно финансиската гаранција се исплатува во целост кога националните цели не се исполнети за 30% или повеќе. (10) Средствата од финансиската гаранција се приход на органот за животна средина и се уплатуваат на соодветна посебна уплатна сметка, а се користат за реализација на Програмата од членот 48 од овој закон. V. ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ЗА РАБОТА НА КОЛЕКТИВНИОТ И САМОСТОЈНИОТ ПОСТАПУВАЧ Член 29 Правила за управување со посебните текови на отпад за колективниот и самостојниот постапувач (1) Колективниот и самостојниот постапувач се должни преземањето и транспортирањето на собраните отпадни производи и посебни текови на отпад, од собирните центри или друга инфраструктура во општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, како и од други места, да го доверат само на правнo лице коe има важечка дозвола за транспортирање на отпад издадена согласно прописите за управување со отпад, со кои имаат склучено договор за транспортирање на отпад. (2) Колективниот и самостојниот постапувач се должни да обезбедат правното лице кое врши транспортирање од ставот (1) на овој член, или собирање и складирање на преземените отпадни производи и посебните текови на отпад да ги предаде исклучиво на правно лице кое врши собирање и складирање на отпад и поседува дозвола за складирање на отпад согласно со Законот за управување со отпад или на правно или физичко лице кое има дозвола за преработка и рециклирање на отпад со кое колективниот односно самостојниот постапувач има договор за собирање и складирање, односно преработка и рециклирање. (3) Правното лице кои врши собирање и складирање или транспортирање од ставот (2) на овој член, може да го даде отпадот на преработка или рециклирање во земјата исклучиво на правно лице кое има дозвола за преработка или рециклирање на отпадот издадена согласно Законот за управување со отпад и кое има склучено договор со колективниот односно самостојниот постапувач за преработка и рециклирање. (4) Правното лице кои врши собирање и складирање или транспортирање од ставот (2) на овој член, може да го даде отпадот на друго правно лице што врши собирање и складирање на отпад кое поседува дозвола за складирање согласно со Законот за управување со отпадот, при што е должно да ја наведе количината на отпад што ја има евидентирано дека припаѓа на одделен колективен, односно самостоен постапувач и е должно за тоа да го извести колективниот односно самостојниот постапувач, како и да му ги достави транспортните и идентификациони формулари согласно со Законот за управување со отпадот. (5) Правното лице од ставот (4) на овој член кое примило отпад од друго правно лице што врши собирање и складирање не смее, количината за која е известен дека е евидентирана кај колективен или самостоен постапувач, да ја евидентира како нова количина кај ист или друг колективен или самостоен постапувач. (6) Во случај кога субјектот што врши собирање и складирање на отпадни производи од ставовите (2) и (4) на овој член, има намера самостојно да го преработи или рециклира или да го даде на трето лице за преработка или рециклирање што ќе се врши со извоз во странство, е должно за тоа да го извести колективниот односно самостојниот постапувач, како и да му достави податоци за количината на отпад што се извезува заедно со транспортните и идентификационите формулари согласно со Законот за управување со отпадот. (7) Во случаите од ставовите (1), (2), (3), (4) и (6) на овој член, правните лица кои вршат транспортирање, собирање и складирање на отпадот се должни една копија од транспортните и идентификациони формулари што се издаваат согласно со Законот за управување со отпадот да му достават на колективниот односно самостојниот постапувач за секој посебен пренос на отпад. (8) Во случај кога субјектите од ставовите (4) и (6) на овој член, постапуваат со отпад кој потекнува од повеќе колективни, односно самостојни постапувачи, се должни одделно количината на отпад што потекнува од секој колективен односно самостоен постапувач да ја евиденираат и разграничат, како и да спречат дупло евидентирање на иста количина на отпад. (9) Во случај кога правните лица што вршат собирање и складирање на отпад, имаат отпад кој не е собран од системите на колективен односно самостоен постапувач, може, во согласност со условите утврдени во договор со колективниот односно самостојниот постапувач, со или без надоместок, количина од отпадот да ја евидентира како отпад кој влегува во количините на отпад за кој постапува одделен колективен односно самостоен постапувач. (10) Правните лица што вршат собирање и складирање на отпад се должни, согласно со прописите за управување со отпад, да водат евиденција за количината на отпад што потекнува од системите за управување со посебен тек на отпад која припаѓа на секој колективен односно самостоен постапувач одделно, како и за количините на отпад кои ги евидентираат согласно со ставот (9) на овој член кон количините на колективен или самостоен постапувач. (11) Правните лица што вршат собирање и складирање на отпад во секој момент се должни да имаат докази и податоци за потеклото и количините на текови на отпад со кои постапуваат и не смеат да дозволат иста количина на отпад да биде евидентирана кај повеќе од еден колективен односно самостоен постапувач. (12) Согласно со евиденцијата од ставот (10) на овој член, правните лица од ставот (2) на овој член, најдоцна до 31 јануари во тековната година, до секој колективен односно самостоен постапувач поднесуваат извештај за количината и видот на текот на отпад со кои постапиле, а која ја евидентирале како количина за одделен колективен односно самостоен постапувач. (13) Колективниот односно самостојниот постапувач е должен изборот на правното или физичкото лице со кое склучил договор за собирање, транпортирање, складирање, рециклирање и преработка на отпад од ставовите (2), (4) и (6) на овој член да го врши на транспарентен начин, почитувајќи ги правилата на конкурентност и заштита на пазарот. Начинот и постапката на изборот колективниот односно самостојниот постапувач е должен да ги објави на својата веб-страница. Член 30 Програма за проширена одговорност на производителот за посебен тек на отпад (1) За постигнување на националните цели утврдени во прописите за посебните текови на отпад колективниот односно самостојниот постапувач изработува Програма за остварување на проширената одговорност на производителот за посебниот тек на отпад (во натамошниот текст: Програма за проширена одговорност). (2) Програмата за проширена одговорност се поднесува кон барањето за добивање на дозвола од членот 22 од овој закон до стручниот орган на одобрување. (3) Програмата за проширена одговорност се донесува за период од пет години и особено содржи: опис и оцена на постојната состојба во управувањето со текот на отпадот за кој постапува колективниот односно самостојниот постапувач, опис на субјектите кои постапуваат со текот на отпадот и видот на отпад и количините со кои ќе постапува колективниот односно самостојниот постапувач, план за информирање и подигнување на јавната свест за влијанието на отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, како и за вклучување на јавноста во управувањето со посебните текови на отпад, планиран приход на колективниот постапувач на годишно ниво за првата година на работа и очекуваниот тренд на развој за наредните пет години, односно планираниот износ на Самостојниот постапувач за покривање на трошоците за управување со посебниот тек на отпад на годишно ниво за првата година на работа и за очекуваниот тренд на развој за наредните пет години, идни предвидувања и тренд на развој на колективниот односно самостојниот постапувач, мерки за превенција на создавањето на отпад и мерки за поттикнување на собирањето, селектирањето, повторната употреба, преработката, рециклирањето и други форми на обновување, преработка и отстранување на текот и видот на отпад, мерки за подобрување на состојбата на пазарот за обновување, преработка и рециклирање на отпадот, економски мерки, мерки за едукација и спроведување на кампања за подигање на јавната свест за постапување со отпад, преглед на законската регулатива за управување со отпадот и мерки за нејзино подобрување, насоки за идниот развој на управувањето со текот на отпадот, целите на количества за посебниот тек на отпад, како и за видот на отпад кои планира да се соберат, преработат и рециклираат во периодот на важноста на дозволата, целите на количества на отпадни производи што планира повторно да се употребат, планираниот удел на Колективниот односно самостојниот постапувач во вкупното количество на производи кои се пуштени на пазарот и планираниот тренд за развој, вклучително и планираниот удел во постигнување на националните цели утврдени во прописите за посебните текови на отпад и други прашања кои се од значење за управувањето со текот и видот на отпад. (4) Во програмата за проширена одговорност можат да се предвидат и други работи кои се утврдени во прописите за посебните текови на отпад. (5) Два месеци пред истекот на рокот за кој е донесена Програмата од ставот (3) на овој член, колективниот односно самостојниот постапувач доставува нова Програма за проширена одговорност до стручниот орган на одобрување. Член 31 Постигнување на националните цели за управување со отпад од страна на колективниот и самостојниот постапувач (1) Колективниот односно самостојниот постапувач треба да ги постигне како минимум, националните цели за собирање, преработка и рециклирање за секој посебен тек и вид на отпад утврдени во прописите за посебните текови на отпад пропорционално на неговиот уделот во вкупното количество на производи што се пуштени на пазарот на Република Северна Македонија во предметната година. (2) Колективниот односно самостојниот постапувач не смее да ја пренесува одговорноста за постигнување на националните цели од ставот (1) на овој член на трети лица. (3) Колективниот постапувач, врз основа на месечните извештаи што се доставуваат од договорните производители и сопствената евиденција, до стручниот орган доставува квартален извештај за производите пуштени на пазарот на Република Северна Македонија од договорните производители според посебниот тек на отпад и вид на отпад, до 30 ден во наредниот месец од завршувањето на секој квартал. (4) Колективниот односно самостојниот постапувач најдоцна до 31 март во тековната година, согласно со членот 36 од овој закон, му доставува на стручниот орган годишен извештај за својата работа за претходната година, во кој, меѓу другото, се наведуваат податоците за количини на отпадот со кој постапил и степенот на постигнување на националите цели утврдени во посебните текови на отпад. (5) Стручниот орган врз основа на доставениот годишен извештај утврдува дали Колективниот односно самостојниот постапувач ги исполнил националните цели за управување со соодветниот тек на отпад пропорционално на неговиот удел на производи пуштени на пазарот на Република Северна Македонија. (6) Доколку самостојниот постапувач не ги исполни националните цели за управување со посебните текови на отпад утврдени во прописите за посебните текови на отпад за 5% пропорционално на неговиот удел или помалку, самостојниот постапувач е должен во двоен износ, за разликата која била неопходна за да се постигне целта, да го плати надоместокот за управување со отпад утврден во законите за посебните тековите на отпад. (7) Доколку колективниот постапувач не ги исполни националните цели за управување со посебните текови на отпад утврдени во прописите за посебните текови на отпад за 5% пропорционално на неговиот удел или помалку, колективниот постапувач е должен во двоен износ, за разликата која била неопходна за да се постигнат целите, да го плати надоместокот што договорните производители би требало да го уплатат за производите пуштени на пазарот. Кога колективниот постапувач има различна цена за надоместокот за ист производ, согласно со членот 39 став (4) од овој закон, како основа на пресметката на надоместокот од овој став се утврдува највисоката цена. (8) Висината на надоместокот што треба да го плати колективниот односно самостојниот постапувач во случаите од ставовите (6) и (7) на овој член на стручниот орган се пресметува за секој одделен вид на отпад кој припаѓа во посебниот тек на отпад и тоа на следниот начин: N = 2 x A x B x (C/D) денари Каде што: N - Висината на надоместокот за управување со посебен тек на отпад кој треба да се плати согласно со ставот (6) односно ставот (7) на овој член; А - мерна единица на отпад (тежина или број) утврдена за секој одделен вид на отпад кој припаѓа во ист посебен тек на отпад кој е утврден во прописот за тој посебен тек на отпад; В - висината на надоместокот утврдена за секој одделен вид на отпад кој припаѓа во ист посебен тек на отпад кој е утврден во прописот за посебниот тек на отпад за самостојниот постапувач односно согласно со ставот (7) на овој член е утврден во ценовникот на колективниот постапувач за тој посебен тек на отпад; C - процентот за кој колективниот односно самостојниот постапувач не ги исполнил условите со својот удел на пазарот во дадената година и D - процентот на постигната цел за управување со посебен тек на отпад од страна на колективниот односно самостојниот постапувач во дадената година. (9) За пресметаниот надоместок од ставот (8) на овој член стручниот орган донесува решение. (10) Доколку колективниот односно самостојниот постапувач во две последователни години не ги постигне националните цели утврдени во прописите за посебните текови на отпад за повеќе од 5% пропоционално на неговиот удел на производи пуштени на пазарот на Република Северна Македонија, стручниот орган започнува постапка за донесување на решение за одземање на дозволата согласно членот 45 од овој закон. (11) Против решението од ставовите (9) и (10) на овој член колективниот односно самостојниот постапувач има право да изјави жалба согласно со прописите за општа управна постапка. (12) Доколку посебно не е уредено со прописот за посебниот тек на отпад, формата и содржината на кварталниот извештај од ставот (3) на овој член, како и формата и содржината на годишниот извештај за исполнување на годишните цели од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот. Член 32 Уплата на пресметан надоместок за неисполнување на националните цели Пресметаниот надоместок од членот 31 став (8) од овој закон е приход на органот за животна средина кој се уплаќа на посебна уплатна сметка и се користи за реализација на Програмата од членот 47 од овој закон. Член 33 Пресметување на уделот на колективниот и самостојниот постапувач (1) Уделот на секој колективен односно самостоен постапувач во вкупното количество на пуштени производи на пазарот во Република Северна Македонија се пресметува како процент од вкупно количество на вид на отпад кој припаѓа на посебен тек на отпад што се создава од производите што се пуштени на пазар од страна на договорните производители односно самостојниот производител. (2) Учеството во исполнувањето на националните цели за секој колективен односно самостоен постапувач се пресметува како процент на остварените количини на собран, повторно употребен, преработен и рециклиран посебен тек на отпад од страна на колективниот односно самостојниот постапувач во однос на вкупно остварените количини на собран, повторно употребен, преработен и рециклиран ист посебен тек на отпад. (3) Колективниот постапувач е должен да ги информира договорните производители за постигнувањето на националните цели за управување со отпад, како и за активностите што ги презел и реализирал во текот на претходната година. Член 34 Известување на самостојниот постапувач Производителот кој е самостоен постапувач е должен до стручниот орган да достави квартален извештај за количеството на производи и количеството и видот на отпад од посебниот тек на отпад пуштени на пазарот во Република Северна Македонија до 30 - тиот ден од месецот по завршувањето на секој претходен квартал. Член 35 Доброволно договарање (1) Колективните постапувачи заедно со министерството или Владата, како и со организациите кои ги застапуваат интересите на економските оператори кои постапуваат со отпад, можат да склучат доброволен договор заради постигнување на повисоки цели од утврдените национални цели за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад утврдени во прописите за посебните текови на отпад , како и да воведат одредени сертифицирани системи на управување, во кои ќе бидат наведени посебните обврски на секоја договорна страна, целите кои треба да се постигнат и во кои временски рокови, како и начинот на следење на исполнувањето на договорот. (2) Договорот од ставот (1) на овој член задолжително ги уредува следниве прашања: 1) рок на важност; 2) цели и рок, начин на финансирање и следење на реализацијата на целите; 3) начинот на подготвувањето и објавувањето на извештаите за реализацијата на договорот; 4) обврски и права на договорните страни; 5) мерки и начин на преземањето на мерките и казните кои може да се изречат во случај на неисполнување на обврските утврдени во договорот и 6) услови и начин на раскинување на обврските и начинот на надоместување на загубите. (3) Договорот од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“. (4) Договорот од ставот (1) на овој член, како и начинот и резултатите од неговото спроведување се достапни на јавноста. Член 36 Годишен извештај (1) Колективниот постапувач е должен да води евиденција за своето работење и за тоа да достави годишен извештај согласно со овој закон, како и согласно со прописот за посебниот тек за отпад, до стручниот орган, кој особено содржи: 1) ажуриран список на договорни производители; 2) список на договорни правни лица за управување со отпад со кои има склучено договор заради исполнување на својата обврска за управување со посебен тек на отпад; 3) вкупниот износ на наплатен надоместок за управување со посебен тек на отпад од договорните производители; 4) податоци за ненаплатен надоместок за управување со тек на отпад од договорените производители, со назив и седиште на тие договорни производители; 5) типот и видот на производите за кој колективниот постапувач постапува и за посебниот тек на отпад; 6) збирната и по вид разграничена количина на пуштени производи на пазар; 7) податоци за исполнување на националните годишни цели за управување со посебните текови на отпад утврдени во прописите за посебните текови на отпад; 8) количината и видот на посебниот отпад и посебниот тек на отпад кој е повторно употребен, преработен, рециклиран или на друг начин преработен; 9) извештај за финансиското работење и начинот на користење на платениот надоместок од страна на договорните производители; 10) извештај за спроведените активности за информирање на јавноста и подигнување на јавната свест; 11) воспоставена инфраструктура за собирање на отпадните производи и посебниот тек на отпад, разграничена по вид и според распространетоста по општини односно градот Скопје и 12) други работи кои се утврдени во прописот за посебниот тек на отпад. (2) Самостојниот постапувач е должен да достави годишен извештај за својата работа до стручниот орган кој особено содржи податоци од ставот (1) точки 5), 6), 7), 8), 10), 11) и 12) на овој член, како и податоци за износот на средства и нивната распределба што е потрошен за извршување на обврските за управување со посебниот тек на отпад. (3) Колективниот односно самостојниот постапувач е должен со годишниот извештај да приложи и извештај за ревизија на финансиските и материјалните податоци дадени во извештајот. (4) Стручниот орган во рок од 60 дена од денот на приемот на годишниот извештај донесува решение со кое го одобрува или одбива годишниот извештај. (5) Стручниот орган може доколку смета дека е потребно пред издавањето на решението од ставот (4) на овој член да изврши увид во колективниот односно самостојниот постапувач, како и кај договорните производителите заради проверка на податоците наведени во годишниот извештај. (6) Во решението од ставот (4) на овој член со кое се одбива годишниот извештај, задолжително се наведуваат причините за одбивање. (7) Против решението од ставот (4) на овој член со кое се одбива годишниот извештај, колективниот односно самостојниот постапувач има право да изјави жалба согласно прописите за општа управна постапка. (8) Годишните извештаи како и податоците содржани во истите се чуваат од страна на колективните односно самостојните постапувачи најмалку седум години. (9) Годишните извештаи се доставуваат на начин и во форма утврдена во прописите за посебните текови на отпад. Член 37 Ревизија на годишниот извештај (1) Ревизијата ги опфаќа финансиските податоци на колективниот односно самостојниот постапувач во однос на остварените приходи и расходи којашто се прави согласно со прописите за финансиска ревизија од страна на овластен ревизор. (2) Ревизијата на материјалните податоци ги опфаќа евидентираните количини на отпад што се управуваат од страна на колективниот осносно самостојниот постапувач, а особено на количината на отпадот што е собран, преработен и рециклиран заради постигнување на националните цели, веродостојноста на формуларите за следење на движењето на отпадот (прием и предавање на отпад), како и на доставените квартални извештаи, којашто се прави согласно со прописите за управување со отпад од страна на управител на отпад. VI. УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД Член 38 Плаќање на надоместокот на колективниот постапувач (1) Договорниот производител е должен на сметка на колективниот постапувач, со кој има склучено договор за преземање на обврска за управување со посебен тек на отпад заради спроведување на проширената одговорност во негово име и негова сметка, да му плати надоместок за извршена услуга за проширена одговорност најмалку еднаш на три месеци во висина и на начин како што е предвидено во договорот. (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член не може да биде помал од 30% од висината на надоместокот за тој тек и посебен вид на отпад кој е утврден во соодветниот пропис за посебниот тек на отпад, освен во случаите определени од членот 68 од овој закон. (3) Договорниот производител е должен надоместокот од ставот (1) на овој член, да го уплати врз основа на издадена фактура од колективниот постапувач, во рок не подолг од 60 дена од денот на издавањето на фактурата, согласно со кварталниот извештај на договорниот производител за количините на производите што ги пуштил на пазарот за определениот квартален период. (4) Договорниот производител не смее да го избегне плаќањето на надоместокот од ставот (1) на овој член, особено не смее да си обезбеди за себе или за други предност на пазарот заради неплаќање на надоместокот и со тоа создаде услови за нарушување на конкурентноста на пазарот. (5) Доколку договорниот производител се доведе во состојба на финансиска неликвидност или е започната постапка за стечај или ликвидација должен е веднаш да го извести колективниот постапувач, како и да достави докази за настанатата состојба. (6) Во случаите од ставот (5) на овој член, колективниот постапувач ќе продолжи да ги спроведува обврските од договорот за договорниот производител се до крајот на фискалната година по што го раскинува договорот за што го известува и стручниот орган. (7) Колективниот постапувач е должен најдоцна до 31 јули во тековната година и со годишниот извештај од членот 36 од овој закон да достави известување до стручниот орган за износот и називот на договорен производител кој не го платил надоместокот од ставот (1) на овој член најмалку за три месеци. (8) Колективниот постапувач е должен да го раскине договорот со договорниот производител доколку истиот не платил надоместок за најмалку шест месеци, освен во случаите од ставот (5) на овој член. (9) Во случаите од ставот (8) на овој член, колективниот постапувач е должен веднаш да го извести стручниот орган, како и веднаш да го објави на својата веб-страница називот и седиштето на договорниот производител на кој му го раскинал договорот. (10) Производителот на кој му е раскинат договорот со колективниот постапувач согласно со ставот (8) на овој член, не смее да склучи договор со друг колективен постапувач во дадената фискална година за остварување на проширена одговорност за истиот тек на отпад. (11) Во случаите од ставот (8) на овој член, производителот е должен да го плати надоместокот за управување со посебните текови на отпад утврден со прописите за посебните текови на отпад сразмерно на количината на производите што ги пуштил на пазарот, а за кои не го платил надоместокот од ставот (2) на овој член на колективниот постапувач. (12) Колективниот постапувач е должен да ја издаде фактурата од ставот (3) на овој член најдоцна во рок од 30 дена од денот на добивањето на кварталниот извештај од договорниот производител. (13) Колективниот постапувач не смее да си обезбеди поповолна положба на пазарот во однос на друг колективен постапувач на начин со кој ќе спроведува полесна наплата на надоместокот од ставот (2) на овој член, како и не смее за други да создава предност на пазарот заради ненавремено наплаќање на надоместокот и со тоа создаде услови за нарушување на конкурентноста на пазарот. (14) Колективниот постапувач, договорот за управување со посебен тек на отпад заради спроведување на проширената одговорност не смее да го склучи за период помал од една фискална година, освен во случаите кога договорниот производител е основан истата година кога се склучува договорот или пак истата година започнал да пушта производи на пазарот поради што станал производител во смисла на членот 5 точка 5 од овој закон, ниту пак смее да склучи договор со договорниот производител на кој му бил раскинат договорот и бил објавен на веб-страницата на друг колективен постапувач согласно со ставот (9) на овој член. Член 39 Финансирање на работата на колективниот постапувач и самостојниот постапувач (1) Колективниот постапувач својата работа ја финансира со надоместокот од членот 38 од овој закон кој го плаќаат договорните производители. Колективниот постапувач е должен, заедно со условите за склучување на договори со производителите, да ја објави висината на надоместокот на својата веб-страница, на лесно видливо место, како и секоја година најдоцна до 15 ноември во тековната година да ја објави висината на надоместокот за наредната фискална година. (2) Колективниот постапувач е должен при промена на висината на надоместокот, како и условите за склучување на договор, редовно да ги ажурира на својата веб-страница, најдоцна во рок од десет дена од денот на настанување на промената. (3) Надоместокот од членот 38 од овој закон, што договорниот производител го плаќа на колективниот постапувач за еден вид на посебен тек на отпад, е еднаков за секој производител кој е член на истиот колективен постапувач. (4) По исклучок од ставот (3) на овој член, колективниот постапувач може да даде попуст на договорни производители кои имаат удел поголем од 20% во количината на тек на отпад со која постапува колективниот постапувач, како и на основачите на колективниот постапувач, при што надоместокот со пресметан попуст не смее да го надмине износот од 30% од висината на надоместокот утврден во прописот за посебниот тек на отпад согласно со членот 38 став (2) од овој закон. (5) Висината на надоместокот што производителите му го плаќаат на колективниот постапувач треба да обезбеди целосна покриеност на трошоците за исполнување на обврските за управување со текот на отпад, и тоа најмалку за: трошоци за собирање, преработка и рециклирање на отпад според тек и вид, вклучувајќи го и трошокот за отстранување на отпадот, доколку е потребно, трошоци за оперативно функционирање и работење на колективниот постапувач, трошоци за јавна комуникација и активности за подигнување на свеста, трошоци за финансиска и материјална ревизија, трошоци за создавање инфраструктура (контејнери, возила, собирни центри и слично) за собирање на отпад, со цел да се овозможи одделување на секој посебен тек и вид на отпад за кој колективниот постапувач поседува дозвола и трошоци за едукација на вработените во колективниот постапувач кој не може да биде поголем од две просечни плати од соодветната стопанска гранка по вработен. (6) Производителот кој својата обврска за проширена одговорност ја остварува како самостоен постапувач е должен, со сопствени финансиски средства, да обезбеди целосна покриеност на трошоците за исполнување на обврските за управување со текот на отпад и тоа најмалку за: трошоците за собирање, преработка и рециклирање на отпад според вид, вклучувајќи го и трошокот за отстранување на отпадот, доколку е потребно, трошоците за оперативно функционирање и работењето на самостојниот постапувач, трошоците за јавна комуникација и активности за подигнување на свеста, трошоци за финансиска и материјална ревизија трошоците за инвестирање во инфраструктура за собирање на текот на отпад и трошоци за едукација на вработените во самостојниот постапувач. (7) Од средствата собрани од надоместокот од членот 38 од овој закон колективниот постапувач е должен најмалку 65% да ги потроши за инвестирање во инфраструктура, како и за собирање, транспорт, преработка, рециклирање и отстранување на отпадни производи и/или посебен тек на отпад со кој управува. (8) Самостојниот постапувач е должен најмалку 65% од висината на надоместокот што би го платил за претходната година согласно со прописите за посебните текови на отпад да ги потроши за инвестирање во инфраструктура, како и за собирање, транспорт, преработка, рециклирање и отстранување на отпадни производи и/или посебен тек на отпад со кој управува. (9) Во соработка со колективните односно самостојните постапувачи, министерот донесува упатство за тоа што ќе се смета како инфраструктура за собирање на отпадни производи и/или посебен тек на отпад за која може да се користат средствата на колективниот односно самостојниот постапувач и истото го објавува на веб-страницата на органот за животна средина. Член 40 Максимален удел на пазарот на Колективниот постапувач (1) Колективниот постапувач ги презема обврските за управување со посебен тек на отпад на производителите кои заедно пуштаат на пазарот не повеќе од 49% од вкупната количина производи пуштени на пазарот во Република Северна Македонија, сметано во однос на вкупната количина на производи пуштени на пазарот од претходната година. (2) Уделот на пазарот на колективниот постапувач во Република Северна Македонија од ставот (1) на овој член се пресметува врз основа на вкупното количество производи во даден тек на отпад што сите регистрирани производители согласно со овој закон ги пуштиле на пазарот во Република Северна Македонија за претходната година утврдено согласно со членот 13 став (3) од овој закон. (3) Уделот на пазарот на колективниот постапувач во Република Северна Македонија од ставот (1) на овој член се утврдува на годишна основа сметано од моментот кога е издадена дозволата за тек на отпад од членот 23 од овој закон. (4) Стручниот орган најдоцна до 30 јуни во тековната година на својата веб-страница го објавува вкупното количество производи на даден тек на отпад што се пуштени на пазар за претходната година. (5) Уделот на пазарот на колективниот постапувач од ставот (1) на овој член, на годишна основа го утврдува стручниот орган врз основа на податoците од доставениот годишен извештај согласно со членот 36 од овој закон и истиот се објавува на веб-страницата на стручниот орган. Член 41 Обврска за подигање на јавната свест на Колективниот односно самостојниот постапувач (1) Колективниот постапувач со цел информирање на јавноста и подигање на јавната свест за управување со посебните текови на отпад, должен е најмногу 10% од вкупно остварениот приход од претходната година да потроши на активности за информирање на јавноста и подигање на јавната свеста за да го поттикне интересот за управување со отпад, одделното собирање и рециклирање на посебните текови на отпад со цел да се постигнат повисоки стапки на исполнување на националните цели. (2) Самостојниот постапувач за активностите од ставот (1) на овој член е должен да потроши најмногу 10% од вкупниот износ на надоместокот што би го платил во претходната година, кој е утврден во прописот за посебниот тек на отпад, сразмерно на количината на тек на отпад со кој управува. (3) Активностите за информирање и подигнување на јавната свест не смеат да се употребуваат како реклами за колективниот постапувач со цел придобивање на дополнителни договорни производители, ниту како реклама за самостојниот постапувач. (4) Колективниот односно самостојниот постапувач во остварување на обврската од ставот (1) на овој член може да соработува со други колективни односно самостојни постапувачи, производители, трговци и други правни лица, при тоа не смее да се надмине утврдениот лимит во ставот (1) односно ставот (2) на овој член за секој од колективните односно самостојните постапувачи поединечно. (5) Колективниот односно самостојниот постапувач можат да го стават своето лого и/или знак само на активностите за информирање на јавноста и подигање на јавната свест кои тие ги спроведуваат и/или финансираат. (6) Видот на активностите за информирање на јавноста и подигање на јавната свест за управување со посебните текови на отпад, кои можат да бидат спроведени од колективниот односно самостојниот постапувач од ставот (1) односно ставот (2) на овој член и кои можат да бидат прикажани како трошок во годишниот извештај од членот 36 од овој закон со упатство ги пропишува министерот, кое се објавува на веб-страницата на органот за животна средина. Член 42 Обврска за воспоставување собирни центри и друга инфраструктура за посебните текови на отпад во единиците на локална самоуправа (1) Градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје е одговорен и должен да преземе мерки со цел исполнување на националните цели сразмерно на уделот на количината и видот на отпад што се создава од подрачјето на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје (во натамошниот текст: единици на локална самоуправа). (2) Во исполнување на обврските од ставот (1) на овој член, а согласно со овој закон и прописите за посебните текови на отпад, колективниот и самостојниот постапувач се должни да преземат мерки за поддршка на единиците за локална самоуправа за воспоставување на собирни центри и друга инфраструктура за одделно собирање на отпадни производи и посебни текови на отпад каде што крајните корисници можат бесплатно да ги остават отпадните производи и посебните видови на отпад. (3) Во исполнување на обврската од ставот (1) на овој член, колективниот, односно самостојниот постапувач може да учествува со целосно или делумно финансирање на собирниот центар односно инфраструктурата, како и да соработува со друг колективен односно самостоен постапувач, како и да соработува со давателот на услуга кое согласно со Законот за управување со отпадот е овластено за давање на јавна услуга за собирање на отпадот од домаќинства на подрачјето на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, или на подрачјето на одделен регион. (4) Градоначалникот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје е должен да склучи договор со колективните односно самостојните постапувачи што се регистрирани во Република Северна Македонија за воспоставување на собирни центри и друга инфраструктура за одделно собирање и селектирање на посебни текови на отпад, при што е должен на секој колективен односно самостоен постапувач да му даде исти услови односно не може да даде предност ниту пак да ја отежнува положбата на друг колективен односно самостоен постапувач. (5) Колективниот односно самостојниот постапувач, имајќи ја во предвид големината и структурата на населението на општината односно општината во градот Скопје и градот Скопје, не смее да бара услови за склучување на договор од ставот (3) на овој член од една општина кои не се сразмерно еднакви со условите за склучување со друга општина, при што договорот не ги одразува интересите на единиците на локална самоуправа. (6) Во договорот од ставот (4) на овој член задолжително се уредуваат текот на отпад, местата каде ќе бидат поставени собирните центри и другата инфраструктура, целите кои треба да се постигнат, најмалку во однос на количината на собрани отпадни производи и тек на отпад, а кога е можно и цели за преработка и рециклирање, начинот на евидентирање на количините и известување, како и утврдување на меѓусебните обврски за исполнување на целите. (7) Градоначалникот може да побара два или повеќе колективни односно самостојни постапувачи да соработуваат и заеднички да спроведат активности или да постават собирни центри и друга инфраструктура за одделно собирање на посебни текови на отпад, како и заеднички да ги утврдат целите кои треба да се постигнат во однос на количините на собрани отпадни производи и тек на отпад односно количините на преработен или рециклиран тек на отпад. (8) Колективните односно самостојните постапувачи кои заеднички постапуваат во воспоставување на собирни центри и/или друга инфраструктура од ставот (7) на овој член се должни самостојно да си ги регулираат меѓусебните односи со договор, особено за покривањето на трошоците за собирање и транспортирање на отпадот што ќе биде оставен во собирните центри односно инфраструктура. (9) Доколку не е поинаку уредено во договорот од ставот (8) на овој член, собраната количина на отпад од заедничките собирни центри, односно инфраструктура се распоредува и евидентира согласно со уделот на пазар за секој колективен, односно самостоен постапувач во тековната година. (10) Градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје е должен договорот од ставот (4) на овој член да го направи достапен до јавноста преку објавување на истиот на веб-страницата на општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје. (11) Градоначалникот е должен најдоцна до 31 март во тековната година да достави до стручниот орган извештај за тоа колку се постигнати целите утврдени во договорот од ставот (4) на овој член. (12) Министерот ја пропишува формата и содржината на извештајот од ставот (11) на овој член. Член 43 Електронски систем на база на податоци на колективниот односно самостојниот постапувач (1) За извршување на обврските за проширена одговорност, колективниот односно самостојниот постапувач согласно со одредбите на овој закон е должен да воспостави и да одржува електронски систем на база на податоци со кој ќе се овозможи обработка, чување и доставување на податоците за постапување со посебните текови на отпад и за неговото работење. (2) Колективниот односно самостојниот постапувач е должен на стручниот орган да му овозможи пристап до електронскиот систем заради проверка на исполнетоста на обврските за управување со посебните текови на отпад, а за колективниот постапувач и по договорен производител, особено заради проверка на исполнувањето на обврските за доставување на извештаи од членот 36 од овој закон и плаќање на надоместокот од членот 38 од овој закон. Стручниот орган може да презема во печатена форма податоци за количините на собиран, преработен и рециклиран посебен тек на отпад од електронската евиденција на колективниот односно самостојниот постапувач. (3) Колективниот односно самостојниот постапувач е должен да се грижи за електронскиот систем да е функционален, безбеден и заштитен. (4) Доколку постојат проблеми во функционирањето на електронскиот систем, колективниот односно самостојниот постапувач е должен во рок од три дена за тоа да го извести стручниот орган, како и за временскиот период во кој недостатокот ќе биде отстранет. (5) Колективниот односно самостојниот постапувач е должен податоците од електронскиот систем да ги чува најмалку за последните седум години. (6) Во соработка со колективните односно самостојните постапувачи, министерот донесува упатство за содржината на базата на податоци, начинот на формирање, евидентирање, обработка, чување и доставување податоците за постапување со посебните текови на отпад и работење на базата на податоци од овој член, кое се објавува на веб страницата на органот за животна средина. Член 44 Регистар на колективни и самостојни постапувачи (1) Стручниот орган води Регистар на колективни и самостојни постапувачи кој е дел од регистарот за отпад пропишан со Законот за управување со отпадот. (2) Регистарот на колективни и самостојни постапувачи содржи податоци за: Колективниот односно самостојниот постапувач и тоа: назив, седиште, тек на отпад за кој управува согласно дозволата за тек на отпад на колективниот односно самостојниот постапувач, степенот на остварување на националните цели за секој колективен и самостоен постапувач, остварување на националните цели за секој посебен тек на отпад согласно со законите за посебните текови на отпад, одобрени или одбиени годишни извештаи, број и датум на издавање на дозволата за тек на отпад и други податоци утврдени во прописите за посебните текови на отпад. (3) Регистарот од ставот (1) на овој член е достапен на веб-страницата на стручниот орган. (4) Стручниот орган е одговорен за одржување и ажурирање на Регистарот од ставот (1) на овој член. Член 45 Одземање на дозволата за тек на отпад и бришење од Регистарот на колективни и самостојни постапувачи (1) Стручниот орган со решение ќе ја одземе дозволата за тек на отпад на колективен, односно самостоен постапувач, доколку: не достави годишен извештај согласно со членот 36 од овој закон, не ги исполни националните цели согласно начинот утврден во членот 31 од овој закон, како и согласно со законите за посебните текови на отпад; со извештај од спроведен увид се констатира дека не обезбедуваат постапување со отпадот во согласност со овој закон или прописите за управување со посебните текови на отпад, со извештај од спроведен увид се констатира дека како основачи во колективниот постапувач се јавуваат правни лица кои не се производители и во други случаи кои се предвидени во прописите за посебните текови на отпад. (2) Против решението од ставот (1) на овој член, колективниот односно самостојниот постапувач има право да изјави жалба согласно со прописите за управна постапка. (3) По правосилноста на решението од ставот (2) на овој член стручниот орган го брише колективниот односно самостојниот постапувач од Регистарот на колективни и самостојни постапувачи. (4) Со денот на издавањето на решението за одземање на дозволата за тек на отпад, колективниот односно самостојниот постапувач не смее да склучува нови договори во врска со својата активност за управување со посебниот тек на отпад. (5) Колективниот постапувач по правосилноста на решението за одземање на дозволата за тек на отпад е должен веднаш да ги извести договорните производители дека му е одземена дозволата за тек на отпад и дека престанува со работа. Член 46 База на податоци и информативен систем за остварување на проширената одговорност на производителите (1) Органот за животна средина е должен да воспостави и води база на податоци за остварување на проширената одговорност на производителите за секој посебен тек на отпад што настанува со пуштање на производи на пазарот во Република Северна Македонија. (2) Базата од ставoт (1) на овој член се води врз основа на податоците од годишните извештаи доставени во согласност со членот 36 од овој закон и особено ги содржи следниве податоци: 1) за количината и видот на производи што се пуштаат на пазар во Република Северна Македонија од кои по употребата се создава отпад кој припаѓа на еден од посебните текови на отпад утврдени со прописите за посебен тек на отпад; 2) количината и по вид на тек на отпад што се создава од производите по нивната употреба; 3) вкупната количина на собран отпад по вид и тек; 4) вкупна количина на повторно употребени отпадни производи; 5) вкупната количина на отпад кој е преработен по вид и тек, согласно со прописите за посебните текови на отпад; 6) за својствата на отпадот по вид и тек (опасност и штетност); 7) за производителите и други субјекти кои имаат обврски за известување согласно со овој закон и прописите за посебните текови на отпад; 8) други податоци за производите и тековите на отпад што се од значење за следење на состојбата за постигнување на целите за управување со посебните текови на отпад утврдени во прописите за посебните текови на отпад. (3) Податоците во базата се обработуваат и валидизираат како дел од Информативниот систем за отпад, кој е составен дел на Информативниот систем за животна средина. (4) Начинот на водење, формата и содржината на базата на податоци од ставoт (2) на овој член ги пропишува министерот. (5) Базата на податоци претставува дел од базата на податоци за управување со отпад што е утврдена во Законот за управување со отпадот. Член 47 Користење на надоместокот и Годишна програма за финансирање (1) Средствата собрани од надоместокот од членот 18 став (1) алинеја 1 од овој закон, уплатени согласно со прописите за посебните текови на отпад, како и средствата од членот 28 став (9) од овој закон и надоместокот од членот 31 став (8) од овој закон се користат за поттикнување на активности за постигнување на националните цели за посебните текови на отпад утврдени во прописите за посебните текови на отпад. (2) Финансирањето и реализацијата на активностите од ставот (1) на овој член се врши врз основа на Годишна програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад што министерот ја предлага врз основа на програмата од членот 48 на овој закон. (3) Годишната програма за финансирање од ставот (2) на овој член на предлог на министерот за наредната година ја донесува Владата на Република Северна Македонија најдоцна во месец декември во тековната година. (4) Доделувањето на средствата од програмата од ставот (2) на овој член се врши по пат на јавен конкурс којшто го објавува и спроведува стручниот орган. (5) По исклучок од ставот (2) на овој член средствата од програмата од ставот (3) на овој член може да се доделат и со одлука на Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот, доколку се наменети за: изградба на инфраструктурни објекти за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпад од поширок јавен интерес во Република Северна Македонија, исполнување на обврски кои се утврдени во доброволните договори од членот 35 од овој закон, спроведување на програмата од членот 48 од овој закон и колективни или самостојни постапувачи, кога постојат нарушувања на пазарот или економски кризи, заради делумно покривање на трошоци на правните лица кои вршат собирање и преработка на отпадот. Член 48 Програма за управување со посебни текови на отпад (1) За постигнување на националните цели за управување со посебните текови на отпад утврдени во прописите за посебните текови на отпад, на предлог на стручниот орган, министерот донесува Програма за управување со посебните текови на отпад (во натамошниот текст: Програма за текови на отпад). (2) Програмата се донесува за секој посебен тек на отпад кој е утврден со прописите за посебните текови на отпад и особено содржи: опис и оцена на постојната состојба во управувањето со посебните текови на отпад, податоци за производителите, колективните и самостојните постапувачи кои учествуваат во управувањето со посебните текови на отпад, количина по посебен тек и вид на отпад што се создава во Република Северна Македонија, како и идни предвидувања и тренд на развој во наредниот петгодишен период, мерки за превенција на создавањето на отпад од посебните текови и мерки за поттикнување на собирањето, селектирањето, повторната употреба, рециклирањето и други форми на обновување, преработка и отстранување на отпадот, мерки за подобрување на состојбата на пазарот за обновување, преработка и рециклирање на отпадот од посебните текови, економски мерки, мерки за информирање, едукација и спроведување на кампања за подигање на јавната свест за постапување со посебните текови на отпад, преглед на законската регулатива за управување со отпадот и посебните текови на отпадот и мерки за нејзино подобрување; насоки за идниот развој на управувањето со посебните текови на отпад, планирани цели на посебните текови на отпад што треба да се постигнат во наредниот период, како и постигнување на цели кои се во согласност со законодавството и политиките на Европската Унија во областа на управувањето на отпадот и други прашања кои се од значење за управувањето со посебните текови на отпадот. (3) Програмата од ставот (1) на овој член се донесува за временскиот период за кој се донесува Националниот план за управување со отпад согласно Законот за управување со отпадот. Член 49 Јавен конкурс (1) Средствата од програмата кои се доделуваат по пат на јавен конкурс од членот 47 став (4) од овој закон се наменуваат за финансирање и реализација на: проекти за набавка на опрема за собирање, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад, проекти за исполнување на обврски кои произлегуваат за производителите согласно со овој закон, како и прописите за посебните текови на отпад, проекти за воведување на нови технологии во постапувањето со посебните текови на отпад кои придонесуваат кон постигнувањето на националните цели за посебните текови на отпад, проекти за едукација и подигнување на јавната свест на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад, проекти за спречување и превенција на создавање на отпад од употреба на производите, учество во проекти кои се финансираат од страна на фондовите на Европската Унија или друг донатор, проекти за подобрување на состојбата на пазарот за преработка и рециклирање на отпадот и други проекти кои директно придонесуваат кон реализацијата на националните цели. (2) Во програмата од членот 47 од овој закон, средствата се распоредуваат за секој тек на отпад одделно сразмерно на приходот кој настанал од плаќање на надоместокот утврден во прописите за посебните текови на отпад, освен кога се поддржуваат активности што се заеднички за сите или повеќе текови на отпад. (3) Јавниот конкурс од членот 47 став (4) од овој закон го спроведува комисија формирана од министерот. (4) Комисијата од ставот (3) на овој член е составена од пет члена од кои: еден претставник од стручниот орган, два претставника од комора-здруженија која ги претставува колективните постапувачи кои управуваат со два различни текови на отпад, еден претставник од органот за животна средина и еден претставник од комората на правните лица кои вршат преработка на отпадот. (5) Јавниот конкурс од членот 47 став (4) на овој закон се објавува најдоцна во месец февруари во тековната година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во најмалку два дневни весници кои излегуваат на целата територија на Република Северна Македонија, со рок за аплицирање во траење од 30 дена. (6) Комисијата од ставот (3) на овој член, врз основа на критериумите за доделување на средствата содржани во јавниот конкурс, утврдува предлог за распоредување на средствата во рок од 30 дена од денот на истекувањето на рокот од ставот (5) на овој член и го доставува до министерот. (7) Врз основа на предлогот од ставот (6) на овој член министерот донесува одлука за распоредување на средствата од јавниот конкурс од ставот (5) на овој член. (8) Одлуката од ставот (7) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“. VII. НАДЗОР Член 50 Надзорни органи (1) Надзор над примената на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши органот за животната средина. (2) Инспекциски надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Државниот инспекторат за животна средина. (3) Надзор над потврдите издадени согласно со членот 18 став (4) од овој закон и извештаите утврдени согласно со членовите 31 и 36 од овој закон врши стручниот орган. Член 51 Делокруг на надзор на државниот инспектор за животна средина (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг државниот инспектор за животна средина (во натамошниот текст: инспекторот за животна средина) врши увид и контрола: дали правно лице кое пласира производи на пазарот на Република Северна Македонија и да утврди дали истото е производител согласно со членот 5 точка 5 од овој закон, дали производителот е регистриран во Регистарот на производители (членови 14 и 15 од овој закон), дали производителот обврските за проширена одговорност ги остварува согласно со членот 18 ставови (1), (2) и (3) од овој закон, дали колективниот постапувач ги евидентира и чува потврдите од членот 18 од овој закон, дали производителот самостојно воспоставил систем за управување со посебен тек на отпад заради исполнување на обврските за проширена одговорност на производителот, или се здружил со други производители во систем на колективен постапувач или го платил надоместокот за управување со посебен тек на отпад (член 20 од овој закон), дали колективниот односно самостојниот постапувач е носител на друга дозвола што произлегува од прописите за управување со отпад (член 21 став (5) од овој закон), дали колективниот односно самостојниот постапувач исполнувањето на обврските за управување со посебните текови на отпад за кој е одговорен ги врши со други правни лица кои поседуваат важечки дозволи за постапување со отпад и со кој има склучено договор согласно со членот 21 став (7) од овој закон, дали колективниот односно самостојниот постапувач има изработено Програма за остварување на проширена одговорност на производителот (член 22 став (3) точка 6) и член 30 од овој закон), дали колективниот односно самостојниот постапувач поседува дозвола за тек на отпад (член 23 од овој закон), дали колективниот односно самостојниот постапувач има доставено изјава и програма до стручниот орган согласно со членот 23 став (6) од овој закон, дали колективниот постапувач постапил спротивно на членот 24 ставови (7) и (8) од овој закон, дали самостојниот постапувач презел обврски за управување со отпад од друг производител или за друг тек на отпад од оној што е наведен во Дозволата за тек на отпад (член 26 став (2) од овој закон), дали правното лице што врши складирање на отпад постапува согласно со членот 29 од овој закон, дали правните лица што вршат собирање, транспортирање и складирање на отпад доставуваат копија од транспортните и идентификационите формулари за пренос на отпад (член 29 став (7) од овој закон), дали колективниот односно самостојниот постапувач изборот на физичкото или правното лице со кое склучило договор за собирање, транпортирање, складирање, рециклирање на отпад физичкото го извршил на транспарентен начин, почитувајќи ги правилата на конкурентност и заштита на пазарот (член 29 став (13) од овој закон), дали на веб-страницата на колективниот, односно самостојниот постапувач се објавени начинот и постапката на избор на физичко или правно лице за склучување на договор за собирање, транпортирање, складирање, рециклирање на отпад (член 29 став (13) од овој закон), дали производителот или колективниот постапувач ги доставил до стручниот орган кварталните извештаи од членот 31 став (3) од овој закон, дали колективниот односно самостојниот постапувач го доставил годишниот извештај за својата работа (член 31 став (4) од овој закон), дали самостојниот постапувач ги доставил кварталните извештаи согласно со членот 34 од овој закон, дали колективните постапувачи ги исполниле своите обврски утврдени во доброволниот договор од членот 35 од овој закон, дали колективниот, односно самостојниот постапувач доставил годишниот извештај од членот 36 од овој закон, дали колективниот, односно самостојниот постапувач ги чува годишните извештаи со податоците најмалку за последните седум години (член 36 став (8) од овој закон), врши увид и контрола и да утврди дали договорниот производител му исплатил на Колективниот постапувал надоместок за извршена услуга за проширена одговорност (член 38 ставови (1), (3) и (4) од овој закон), дали надоместокот на колективниот постапувач е во согласност со членот 38 став (2) од овој закон, дали колективниот постапувач доставил до стручниот орган известување согласно со членот 38 став (7) од овој закон, дали колективниот постапувач го раскинал договорот со договорниот производител доколку не го плати надоместокот (член 38 став (8) од овој закон), дали колективниот постапувач постапил согласно со членот 38 став (9) од овој закон, дали производителот постапил спротивно на членот 38 став (10) од овој закон, дали договорниот производител го платил надоместокот согласно со членот 38 став (11) од овој закон, дали колективниот постапувач ги издава фактурите согласно со членот 38 став (12) од овој закон, дали колективниот постапувач овозможил полесна наплата на надоместокот од страна на договорниот постапувач или создал предност на пазарот овозможувајќи ненавремено наплаќање на надоместокот, без притоа да презел мерки за истото (член 38 став (13) од овој закон), дали колективниот постапувач на својата веб-страница ги објавува потребните информации согласно со членот 39 став (1) од овој закон, дали колективниот постапувач надоместокот го определува согласно со членот 39 ставови (3), (4) и (5) од овој закон, дали колективниот, односно самостојниот постапувач имаат потрошено најмалку 65% на инвестирање во инфраструктура, како и за собирање, транспорт, преработка, рециклирање и отстранување на отпадни производи и/или посебен тек на отпад (член 39 ставови (7) и (8) од овој закон), дали колективниот постапувач постапува согласно со членот 40 од овој закон, дали колективниот, односно самостојниот постапувач ги спроведуваат обврските за подигнување на јавната свест согласно со членот 41 од овој закон, дали колективниот, односно самостојниот постапувач го воспоставува и одржува електронскиот систем на база на податоци за постапување со посебните текови на отпад и за своето работење согласно со членот 43 од овој закон, како и ги чува податоците за истиот, дали колективниот постапувач склучил нови договори во врска со својата активности по донесувањето на решението за одземање на дозволата за тек на отпад (член 45 став (4) од овој закон), (2) Во случаите кога инспекторот за животна средина со извршениот увид и контрола ќе утврди дека се исполнети еден од условите уврдени во овој закон за одземање на дозволата за тек на отпад е должен во рок од 15 дена од денот кога е извршен увидот да поднесе до стручниот орган иницијатива за одземање на дозволата, при што го доставува записникот од извршениот увид. (3) На барање на инспекторот за животна средина, овластено лице на органот надлежен за внатрешните работи е должно да учествува во извршувањето на работите од ставот (1) на овој член. (4) На барање на инспектор за животна средина, службено лице од стручниот орган може да учествува во извршувањето на работите од ставот (1) на овој член. (5) На барање на службено лице од стручниот орган инспекторот за животна средина е должен да изврши инспекциски надзор. Член 52 Донесување на решенија на инспекторот за животна средина (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот за животна средина со решение може да ја ограничи или забрани работата на субјектот на надзорот или да го задолжи субјектот на надзорот и тоа: да го задолжи правното лице во рок од 15 дена да се регистрира во Регистарот на производители од членот 14 од овој закон; да го задолжи правното лице во рок од 30 дена да ги достави на увид сите податоци од материјалната евиденција, како и да направи пресметка преку овластен сметководител на вкупната количина на производи што се пуштени на пазарот, како и преглед на платениот и/или неплатениот надоместок за управување со тек на отпад кој требал да го плати согласно со прописите за посебните текови на отпад, односно да го плати на колективниот постапувач, да го задолжи самостојниот производител во рок од 15 дена да ја достави потврдата од членот 18 став (4) од овој закон до стручниот орган, да го задолжи производителот да ја достави потврдата од членот 18 став (4) од овој закон до колективниот постапувач, да ја ограничи или забрани во траење од најмногу 90 дена работата на производителот кој не воспоставил самостоен систем за управување со посебен тек на отпад, или не се вклучил во колективен постапувач (член 20) во кој рок ќе го задолжи производителот да воспостави самостоен систем за управување со посебен тек на отпад преку обезбедување на дозвола за самостоен постапувач, или да се вклучи во колективен постапувач, да ја ограничи или забрани најмногу во траење од 90 дена работата на самостоен односно колективен постапувач доколку утврди дека е носител на друга дозвола што произлегува од прописите за управување со отпад (член 21 од овој закон), да го задолжи колективниот односно самостојниот постапувач во рок не подолг од 90 дена да изработи Програма за остварување на проширена одговорност на производителот (член 30 од овој закон), да ја ограничи или забрани работата најмалку за 30 дена, а најмногу за 120 дена, на правно лице кое се преставува и/или врши работи како колективен односно самостоен постапувач без да поседува валидна дозвола за тек на отпад (член 23 од овој закон), да ја ограничи или забрани работата најмногу за 30 дена на колективен односно самостоен постапувач кој нема постапено согласно со членот 23 став (7) од овој закон, да го задолжи самостојниот постапувач во рок од најмногу 30 дена да ги раскине сите договорни обврски со кои постапил спротивно на членот 26 од овој закон, да ја ограничи или забрани работата на самостојниот постапувач во рок од најмногу 60 дена доколку увиди дека самостојниот постапувач презел обврски за управување со отпад од друг производител или за друг тек на отпад од оној што е наведен во неговата дозвола за тек на отпад (член 26 став (2) од овој закон), да ја ограничи или забрани работата на правното лице што врши складирање на отпад во рок од најмалку 30 дена а најмногу 90 дена доколку утврди дека правното лице не постапува согласно член 29 од овој закон, во кој рок правното лице кое врши складирање на отпад треба да ги острани утврдените недостатоци и да го достави бараните извештаи и формулари за транспорт за отпад, да ја ограничи или забрани работата на колективниот односно самостојниот постапувач во рок од најмногу 60 дена доколку утврди дека не се доставени кварталните извештаи до стручниот орган согласно со членот 31 односно членот 33 од овој закон, да ја ограничи или забрани работата на колективниот односно самостојниот постапувач во рок од најмногу 90 дена доколку утврди дека не е доставен Годишниот извештај за својата работа (член 32 став (4) од овој закон), да го задолжи колективниот постапувач во рок од најмногу 90 дена да исполни една или повеќе обврски утврдени во доброволните договори (член 35 од овој закон), да ја ограничи или забрани работата на колективниот односно самостојниот постапувач во рок од најмалку 30, а најмногу 90 дена доколку утврди дека годишниот извештај не е доставен (член 36 од овој закон), да ја ограничи или забрани работата на колективниот односно самостојниот постапувач во рок од најмалку 30, а најмногу 90 дена доколку утврди дека годишните извешати со податоците не се чуваат за последните седум години (член 36 став (8) од овој закон), да ја ограничи или забрани работата на договорниот производител во рок од најмногу 15 дена во кој рок производителот ќе го задолжи да го исплати надоместокот за извршена услуга за проширена одговорност на колективниот постапувач (член 38 од овој закон), да ја ограничи или забрани работата на колективниот постапувач во рок од најмалку 15 а најмногу 30 дена во кој рок ќе го задолжи да го усогласи надоместокот согласно со членот 38 став (2) од овој закон, ќе го задолжи колективниот постапувач во рок од седум дена да достави известување до стручниот орган за износот и називот на договорниот производител кој не го платил надоместокот за најмалку три месеци (член 38 став (7) од овој закон), да го задолжи колективниот постапувач во рок од седум дена да го раскине договорот со договорниот производител кој не го платил надоместокот за најмалку шест месеци (член 38 став (8) од овој закон), да го задолжи колективниот постапувач во рок од седум дена да го достави известувањето до стручниот орган, како и да го објави на својата веб-страница називот и седиштето на договорниот производител на кој му го раскинал договорот (член 38 став (9) од овој закон), да го задолжи во рок од 15 дена договорниот производител да го плати надоместокот согласно со членот 38 став (11) од овој закон, да ја ограничи или забрани работата на колективниот постапувач во рок од најмалку 15 а најмногу 30 дена во кој рок колективниот постапувач ќе го задолжи да ги издаде фактурите согласно со членот 38 став (12) од овој закон, да ја ограничи или забрани работата на колективниот постапувач во рок од најмалку 15, а најмногу 30 дена во кој рок колективниот постапувач ќе го задолжи на својата веб страница да ги објавува потребните информации согласно со членот 39 став (1) од овој закон, да ја ограничи или забрани работата на колективниот постапувач во рок од најмалку 30 а најмногу 90 дена во кој рок колективниот постапувач ќе го задолжи да го усогласи надоместокот согласно со членот 39 ставовите (3), (4) и (5) од овој закон, да ја ограничи или забрани работата на колективниот или самостојниот постапувач во рок од најмалку 30, а најмногу 90 дена, доколку утврдни дека колективниот, односно самостојниот постапувач немаат потрошено за инфраструктура како што е определено во членот 39 став (7) од овој закон во кој рок колективниот постапувач ќе ги задолжи да ги остранат неправилностите, да го задолжи колективниот постапувач да постапи согласно со членот 40 став (1) од овој закон, да ја ограничи или забрани работата на колективниот односно самостојниот постапувач во рок од најмалку 30, а најмногу 90 дена доколку утврди дека не ги спроведуваат обврските за подигнување на јавната свест согласно со членот 41 од овој закон, да ја ограничи или забрани работата на колективниот односно самостојниот постапувач во рок од најмалку 30, а најмногу 90 дена во кој рок ќе го задолжи да го воспостави, односно ажурираат електронскиот систем на база на податоци (член 43 од овој закон), да ја ограничи или забрани работата на колективниот односно самостојниот постапувач во рок од најмалку 15, а најмногу 30 дена во кој рок ќе го задолжи да ги раскине договорите што ги склучил по донесувањет на решението за одземање на Дозволата за тек на отпад (член 45 од овој закон) и да го задолжи производителот односно колективниот или самостојниот постапувач да преземе одредени активности односно да ја ограничи или забрани нивната работа доколку постапат спротивно на одредбите од овој закон. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за животна средина утврди дека субјектите на надзор не се придржуваат кон барањата од овој закон, со записник ќе ги констатира утврдените неправилности и во решение ќе ги определи соодветните мерки и активности кои треба да ги превземат за надминување на настанатата ситуација, како и со решение ќе определи рок кој не може да биде подолг од 90 дена за да ги остранат причините за настанатата состојба. (3) Доколку субјектите од ставовите (1) и (2) на овој член не постапат согласно со решението на инспекторот за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, инспекторот за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по прекршоци во областа на животната средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, односно надлежниот суд. (4) Против решението од ставот (1) и (2) на овој член незадоволната страна има право да изјави жалба согласно прописите за инспекциски надзор. (5) Жалбата против решението од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето на решението. (6) Во вршењето на работите од ставот (1) на овој член инспекторот за животна средина има право на преземање и на други мерки утврдени со Законот за животната средина, со прописите за управување со отпад, како и со прописите за посебните текови на отпад. Член 53 Делокруг на надзор на службените лица од стручниот орган (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг службеното лице во стручниот орган, врши увид и контрола: дали податоците и документите кои се основа за доставување на кварталниот извештај од членот 31 став (3) од овој закон, дали податоците и документите кои се основа за доставување на Годишниот извештај (членови 18 и 36 од овој закон), дали податоците и документите, како и на други материјали кои се користени во активностите за подигнување на јавната свест, вклучително и во финансиските документи кои содржат податоци за исплатени средства за спроведување на активности за подигнување на јавната свест согласно со членот 41 од овој закон, дали функционирањето и начинот на собирање на податоците во електронскиот систем на базата на податоци согласно со членот 43 од овој закон. (2) За спроведениот надзор и контрола службеното лице на стручниот орган составува записник кој го доставува на субјектот на надзорот. (3) Во случај кога со записникот се констатира дека субјектот на надзорот ги прекршил одредбите на овој закон или на прописите за посебните текови на отпад и со тоа сторил прекршок е должен да поведе прекршочна постапка согласно Законот за прекршоците. Член 54 Примена на одредби од други закони во инспекцискиот надзор Државниот инспектор за животна средина инспекцискиот надзор го спроведува во согласност со одредбите на овој закон, Законот за инспекцискиот надзор, Законот за управување со отпадот, Законот за животната средина и прописите за посебните текови на отпад. Член 55 Одговорност на службените лица во стручниот орган (1) Службените лица во органот за животна средина, вклучувајќи ги и органите во состав, се должни, како одговорни лица, навремено и ефикасно да ги преземаат сите неопходни мерки и постапки за спроведување на овој закон. (2) Доколку при спроведувањето на мерките и постапките утврдени во овој закон, се утврдат прекршувања од страна на правно или физичко лице направени со дејствие или несторувања или пропуштање на должен надзор над друго лице кое било овластено да постапува во името на правното лице, како и изнесување на неточни и лажни податоци и документи, службените лица се должни да покренат иницијатива или барање за покренување на прекршочна постапка согласно со одредбите од овој закон. (3) Правните и физичките лица за кои се предвидени права и обврски утврдени со овој закон, доколку утврдат постоење на прекршување или пречекорување на овластувањата од страна на службените лица од ставот (1) на овој член, направени со дејствија или несторувања, се должни за тоа да го известат министерот. (4) Во случај на утврдување на прекршувања на надлежностите на службените лица од ставот (1) на овој член министерот е должен да покрене постапка за утврдување на одговорноста на службеното лице согласно со овој или друг закон. Член 56 Опомена (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот за животна средина утврди дека е сторена неправилност од член 51 став (1) алинеи 2, 3, 5, и 17 од овој закон за прв пат, со записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност и со решение ќе изрече опомена и ќе определи рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги острани неправилностите утврдени со записник. (2) Државниот инспекторат за животна средина води единствена евиденција за изречени опомени. (3) Формата и содржината на евиденцијата на изречените опомени ја пропишува министерот. Член 57 Надзор на законитоста на работата на органите на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје (1) Надзорот над законитоста на работата на органите на општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје се заснова на начелото на законитост, одговорност и самостојност во остварувањето на нивните надлежности. (2) Надзорот од ставот (1) на овој член го врши органот за животната средина. (3) При вршењето на надзорот на работата органите на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, органот за животната средина, ги врши следниве работи: оценува дали градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје склучил договор со колективни, односно самостојни постапувачи за воспоставување на собирни центри и друга инфраструктура за одделно собирање и селектирање на посебни тековина отпад, оценува дали градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје има дадено предност или ја отежнува положбата на еден колективен, односно самостоен постапувач наспроти друг постапувач, оценува дали градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје поставува услови кои го прават склучувањето на договор со колективен, односно самостоен постапувач невозможно, оценува дали градоначалникот доставил извештај до стручниот орган за тоа колку се постигнати целите утврдени во договорите со колективните и самостојните постапувачи, укажува на органите на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје на пречекорувања на нивните надлежности утврдени со овој закон и предлагаат соодветни мерки за надминување на таа состојба, укажува на определени материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, со кои би можеле да го оневозможат остварувањето на обврските на колективните, односно самостојните постапувачи, односно кои можат да бидат пречка во постаигнувањето на националните цели утврдени со прописите за посебните текови на отпад, дава препораки за доследно спроведување на надлежностите на општината и градот Скопје за работи кои треба да ги вршат согласно со овој закон, на барање на органите на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, поднесува иницијативи и предлози да органите на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, доколку констатираат неспроведување на овој закон, како резултат на судир на надлежностите меѓу нив, колективните и самостојните постапувачи или други субјекти кои постапуваат со отпад. Член 58 Одземање на извршување на надлежности (1) Доколку и покрај укажувањата и преземените мерки и активности, органите на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје не го обезбедат извршувањето на работите за кои тие се надлежни согласно со овој закон, им се одзема надлежноста за извршување на тие работи. (2) Вршењето на работите од ставот (1) на овој член, ги презема органот за животната средина, најмногу до една година од денот на нивното преземање, во име и за сметка на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје. (3) За преземање на работите од ставот (1) на овој член, се известува органот на државната управа надлежен за работите од областа на локалната самоуправа и органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите. VIII. ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ Член 59 Прекршочни санкции од прва категорија (1) Глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 53.000 до 59.000 во денарска противвредност за средни трговци и од 88.000 до 98.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку: 1) не извршил регистрација односно не поднел барање за бришење од Регистарот на производители со проширена одговорност (членови 14 и 15 од овој закон); 2) не ја доставил потврдата од член 18 став (7) од овој закон до производителот; 3) не поседува потврда од член 18 од овој закон; 4) не воспоставил самостоен систем за управување со посебен тек на отпад односно не се вклучил во колективен постапувач; 5) не ги доставил кварталните извештаи до стручниот орган (член 31 став (3) и член 34 од овој закон); 6) не ги чува Годишните извештаи со податоците најмалку за последните седум години (член 36 став (8) од овој закон); 7) не му го платил на Колективниот постапувач надоместокот за извршена услуга за проширена одговорност (член 38 ставови (1), (3) и (4) од овој закон); 8) колективниот постапувач не го раскинал договорот со договорниот производител кој не му го платил надоместокот најмалку шест месеци (член 38 став (8) од овој закон); 9) колективниот постапувач не доставил известување до стручниот орган и/или не го објавил на својата веб-страница називот и седиштето на договорниот производител на кој му го раскинал договорот (член 38 став (9) од овој закон); 10) склучил договор со нов колективен постапувач во иста фискална година за остварување на проширена одговорност за ист тек на отпад (член 38 став (10) од овој закон); 11) колективниот постапувач склучи договор со производител на кој од страна на друг колективен постапувач му бил раскинат договорот во иста фискална година (член 38 ставови (9) и (14) од овој закон) и за тоа бил објавен на веб-страницата на колективен постапувач; 12) колективниот постапувач не издал фактура во рок од 30 дена од денот на добивањето на кварталниот извештај од договорниот производител (член 38 став (12) од овој закон); 13) колективниот постапувач не објавил на својата веб-страница податоци за висината на надоместокот за услугата што ја врши за управување со посебен тек на отпад заради спроведување на обврската на проширена одговорност на производителот (член 39 од овој закон); 14) колективен односно самостоен постапувач на службено лице од стручниот орган не дозволил пристап до електронскиот систем (член 43 став (2) од овој закон); 15) колективен односно самостоен постапувач не доставил известување во рок од три дена до стручниот орган дека постојат проблеми со функционирање на електронскиот систем (член 43 став (4) од овој закон); (2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност кај микро трговци, 1.000 евра во денарска противвредност кај мали трговци, 3.000 евра во денарска противвредност кај средни трговци и 5.000 евра во денарска противвредност кај големи трговци ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) точка 4) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. 5) На одговорното лице од ставот (2) на овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (6) Надлежен орган за изрекување на прекршочни санкции од овој член е надлежниот суд. Член 60 Прекршок од втора категорија (1) Глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 25.000 до 28.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра во денарска противвредност за големи трговци, ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку: 1) утврди дека колективен односно самостоен постапувач е носител на друга дозвола што произлегува од прописите за управување со отпад (член 21 од овој закон ); 2) утврди дека колективниот, односно самостојниот постапувач на својата веб страница не ги објавил начинот и постапката за избор на физичко или правно лице за склучување на договор за собирање, транпортирање, складирање, рециклирање на отпад (член 29 став (13) од овој закон); 3) колективниот односно самостојниот постапувач нема изработено Програма за остварување на проширена одговорност на производителот (член 30 од овој закон); 4) колективниот односно самостојниот постапувач ги нема доставено податоците што се потребни за продолжување на Дозволата за тек на отпад (член 23 став 7 од овој закон); 5) колективнот постапувач не го доставил Годишниот извештај за својата работа (член 31 став (4) од овој закон); 6) колективниот односно самостојниот постапувач не постапил согласно со членот 29 од овој закон; 7) надоместокот на колективниот постапувач е помал од 30% од висината на надоместокот за тој тек и посебен вид на отпад утврден во соодветниот пропис за посебниот тек на отпад (член 38 став (2) од овој закон); 8) колективниот постапувач не доставил известување до стручниот орган за износот и називот на договорен производител кој не го платил надоместокот на колективниот постапувач најмалку за три месеци (член 38 став (7) од овој закон); 9) не го платил надоместокот за управување со посебните текови на отпад кој е сразмерен на количината на производите што ги пуштил на пазар, а за кој не платил надоместок на колективниот постапувач, во случај кога колективниот постапувач му го раскинал договорот (член 38 став (11) од овој закон); 10) колективнот постапувач овозможил плаќање на надоместок кој не еднаков за секој договорен производител и/или даден е попуст поголем од 30% и/или попустот од најмногу 30% е даден на договорен производител кој нема удел поголем од 20% во количината на тек на отпад со која постапува колективниот постапувач или попустот е даден на договорен производител кој не основач на колективниот постапувач (член 39 ставови (3) и (4) од овој закон); 11) колективниот постапувач постапил спротивно на членот 40 став (1) од овој закон; 12) колективниот постапувач не презел мерки за определување на надоместок кој обезбедува целосна покриеност на трошоците за исполнување на обврските за управување со тек на отпад (член 39 став (5) од овој закон); 13) колективниот постапувач 65% од надоместокот не го потрошил на создавање на инфраструктура за собирање на отпадни производи и/или посебен тек на отпад со кои управува (член 39 став (7) од овој закон); 14) самостојниот постапувач 65% од висината на надоместокот што би го платил за претходната година согласно со прописите за посебните текови на отпад не ги потрошил на создавање на инфраструктура за собирање на отпадни производи и/или посебен тек на отпад со кои управува (член 39 став (8) од овој закон); 15) колективниот постапувач ги презема обврските за управување со посебен тек на отпад на производителите кои заедно пуштаат на пазарот повеќе од 49% од вкупната количина на производи пуштени на пазарот во Република Северна Македонија сметано во однос на вкупната количина на производи пуштени на пазарот за претходната година (член 40 став (1) од овој закон); 16) колективниот односно самостојниот постапувач не воспоставил и не одржува соодветен електронски систем на база на податоци, односно податоците од електронскиот систем не ги чува најмалку за последните седум години (член 43 ставови (1) и (5) од овој закон); 17) колективниот односно самостојниот постапувач склучил нов договор во врска со својата активност за управување со посебениот тек на отпад по донесувањето на решението за одземање на Дозволата за тек на отпад односно по правосилноста на истото (член 45 став (4) од овој закон); 18) колективниот постапувач не ги известил дговорните производители дека му е одземена Дозволата за тек на отпад и дека престанува со работа (член 45 став (5) од овој закон); (2) Глоба во износ до 700 евра во денарска противвредност кај микро трговци, 1.500 евра во денарска противвредност кај мали трговци, 4.000 евра во денарска противвредност кај средни трговци и 7.000 евра во денарска противвредност кај големи трговци ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност. (4) На одговорното лице од ставот (2) на овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (5) Надлежен орган за изрекување на прекршочни санкции од овој член е надлежниот суд. Член 61 Прекршоци од трета категорија (1) Глоба во износ 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за микро трговци, од 36.000 до 40.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, од 110.000 до 120.000 евра во денарска противвредност за средни трговци и од 180.000 до 200.000 евра во денарска противвредност за големи трговци, ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку: 1) се претставува и/или врши работи како колективен односно самостоен постапувач без да поседува валидна Дозвола за тек на отпад (член 23 од овој закон); 2) колективниот постапувач гарантирал и/или презел обврски за намирување на долг или исполнување на обврски на производител или трето лице (член 24 став (6) од овој закон); 3) колективниот постапувач се стекнал со сопственост над отпад со кој постапува (член 24 став (7) од овој закон); 4) договорниот производител, иако знаел или требал да знае, не презел должна грижа за да се информира за работата на колективниот постапувач, ниту презел мерки за известување до колективниот постапувач, стручниот органи или надлежните органи за работата на колективниот постапувач за кој е утврдено со одлука на надлежен орган дека не ги исполнува своите обврски (член 25 ставови (3) и (4) од овој закон); 5) самостојниот постапувач презел обврски за управување со отпад од друг производител (член 26 став (2) од овој закон); 6) самостојниот постапувач добивката остварена со постапувањето со посебниот тек на отпад ја распределил како сопствен приход односно како приход на производителот основач (член 26 став (4) од овој закон); 7) производителот, иако знаел или требал да знае, не презел должна грижа за да се информира за работата на самостојниот постапувач, ниту презел мерки за известување до самостојниот постапувач, стручниот органи или надлежните органи за работата на самостојниот постапувач за кој е утврдено со одлука на надлежен орган дека не ги исполнува своите обврски (член 27 ставови (3) и (4) од овој закон); 8) колективниот, односно самостојниот постапувач склучил договор со физичко или правно лице за собирање, транпортирање, складирање, рециклирање на отпад спротивно на начинот и постапката што ги објавил на својата веб-страница, односно склучил договор на нетранспарентен начин односно ја нарушил конкрентноста на пазарот (член 29 став (13) од овој закон); 9) колективниот постапувач создал поповолна состојба на пазарот со овозможување полесна наплата на надоместокот од страна на договорниот постапувач и/или создал предност на пазарот овозможувајќи ненавремено наплаќање на надоместокот без притоа да презел мерки за обезбедување на плаќањето (член 38 став (13) од овој закон); 10) колективниот постапувач не воспоставил инфраструктура за собирање на отпадни производи и/или посебен тек на отпад во висина од најмалку 65% од средствата собрани од надоместокот од членот 37 од овој закон (член 39 став (7) од овој закон); 11) самостојниот постапувач не воспоставил инфраструктура за собирање на отпадни производи и/или посебен тек на отпад во висина од најмалку 65% од надоместокот што би го платил за тековната година согласно со прописите за посебните текови на отпад; 12) колективниот постапувач спровел активности за информирање на јавноста и подигање на јавната свест за управување со посебните текови на отпад помалку од 10% односно повеќе од 10% од вкупно остварениот приход од претходната година (член 41 став (1) од овој закон); 13) самостојниот постапувач спровел активности за информирање на јавноста и подигање на јавната свест за управување со посебните текови на отпад повеќе од 10% од вкупниот износ на надоместокот што би го платил во претходната година (член 41 став (2) од овој закон); 14) колективниот постапувач спровел реклама со цел придобивање на дополнителни договорни производители и истите ги претставил како дел од активности за информирање и подигнување на јавната свест (член 41 став (3) од овој закон); 15) колективниот, односно самостојниот постапувач спровел активност за информирање на јавноста и подигање на јавната свест што не е во согласност со прописот од член 41 став (6) од овој закон). (2) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност кај микро трговци, 2.000 евра во денарска противвредност кај мали трговци, 6.000 евра во денарска противвредност кај средни трговци и 10.000 евра во денарска противвредност кај големи трговци ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, прекршочниот орган може да му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејност. (4) На одговорното лице од ставот (3) на овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (5) Надлежен орган за изрекување на прекршочни санкции од овој член е надлежниот суд. Член 62 Прекршочни санкции за службени лица (1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на градоначалникот доколку: не склучи договор со колективен односно самостоен постапувач во случај кога условите што ги нудат колективниот односно самостојниот постапувач се вообичаени и сразмерни на условите што се нудат на други општини, општини во градот Скопје и/или градот Скопје (член 42 став (3) од овој закон), поставува различни услови за склучување на договор со што дава предност односно ја отежнува положбата на еден колективен и/или самостоен постапувач наспрема друг колективен и/или самостоен постапувач (член 42 став (2) од овој закон), не го направи достапен на јавноста односно не го објави договорот што го склучил со колективниот и самостојниот постапувач на веб-страницата на општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје (член 42 став (8) од овој закон), не достави извештај согласно со членот 42 став (11) од овој закон. (2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на службеното лице доколку: 1) во рок од 30 дена од денот на комплетирањето на барањето не ја изготви Дозволата за управување со тек на отпад (член 23 став (1) од овој закон); 2) во Дозволата за тек на отпад не се содржани потребни податоци (член 23 ставови (2) и (3) од овој закон); 3) доколку прими Годишен извештај за работа на колективен односно самостоен постапувач без да има во прилог финансиска гаранција во определениот износ согласно со членот 28 од овој закон и не преземе мерки за нејзино обезбедување; 4) не преземе мерки односно не донесе решение за активирање и реализирање на финансиската гаранција доколку Колективниот односно самостојниот постапувач за најмалку 5% или повеќе не ги исполни националните цели утврдени во прописите за посебните текови на отпад (член 28 став (8) од овој закон); 5) не преземе мерки односно не донесе решение за пресметан надоместок што треба да го плати колективниот односно самостојниот постапувач во случаите од член 30 ставови (6) и (7) од овој закон (член 31 став (9) од овој закон); 6) не започне постапка за донесување на решение за одземање на Дозволата за тек на отпад (член 31 став (10) од овој закон); 7) спроведе дејствија односно донесе решение за одобрување на Годишниот извештај од член 36 од овој закон кога не се исполнети условите за тоа; 8) во предвидениот рок од 60 дена не донесе решение со кое го одобрува или го одбива Годишниот извештај од член 36 од овој закон (член 36 став (4) од овој закон); 9) не спроведе дејствија за утврдување и објавување на вкупното количество производи во даден тек на отпад што се пуштени на пазарот (член 40 став (4) од овој закон); 10) не спроведува дејствија за водење на Регистарот на Колективни и самостојни постапувачи (член 42 ставови (1) и (4) од овој закон); 11) не започне постапка за одземање на Дозволата за тек на отпад кога се исполнети условите од членот 45 став (1) од овој закон; 12) не спроведува дејствија за воспоставување и водење на базата на податоци и информативниот систем од членот 46 од овој закон; 13) не спроведува дејствија за изработка на Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад (член 47 став (2) од овој закон); 14) не спроведува дејствија за подготвување и објавување на Јавниот конкурс од член 49 од овој закон. (3) Надлежен орган за изрекување на прекршочни санкции од ставовите (1) и (2) на овој член е надлежниот суд. Член 63 Постапка за порамнување и спогодување (1) За прекршоците утврдени во членот 59 од овој закон, инспекторот за животна средина е должен на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. (2) За прекршоците утврдени во членовите 60 и 61 од овој закон, инспекторот за животна средина е должен на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за спогодување пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка. (3) Министерот ја пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог. Член 64 Водење на прекршочната постапка Прекршочната постапка се води согласно со Законот за прекршоците и Законот за животната средина. IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 65 Преодни одредби (1) Колективните и самостојните постапувачи кои вршат дејност согласно со прописите за управување со отпад до денот на влегувањето во сила на овој закон, треба да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон најдоцна до 31 март 2022 година. (2) Електронскиот Регистар на производители од членот 14 од овој закон стручниот орган ќе го воспостави најдоцна до 30 јуни 2022 година, а до воспоставувањето на електронскиот регистар регистрацијата на производители ќе се врши по писмен пат. (3) Регистарот на колективни и самостојни постапувачи од членот 44 од овој закон стручниот орган ќе го воспостави најдоцна до 30 јуни 2022 година. (4) Колективните односно самостојните постапувачи се должни од 1 јануари 2022 година да започнат да ја водат евиденцијата за својата работа согласно со одредбите од овој закон. (5) Производителите треба да се регистрираат согласно со членот 14 од овој закон најдоцна до 31 март 2022 година. Член 66 Преодни одредби за постојните дозволи за постапување со посебните текови на отпад (1) Дозволите за постапување со посебните текови на отпад издадени согласно со Законот за управување со пакување и отпад од пакување („Службен весник на Република Македонија“ број 161/2009, 17/11, 47/11, 136/11, 6/12, 39/12, 163/13, 146/15 и 39/16), Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 47/11, 148/11, 39/12, 163/13, 146/15 и 39/16) и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен весник на Република Македонија“ број 6/12, 163/13, 146/15 и 39/16) ќе продолжат да важат до истекот на нивната важност, но не подолго од 31 март 2022 година. (2) Дозволите од ставот (1) на овој член чија важност истекува во периодот од влегувањето во сила на овој закон до 31 март 2022 година, ќе продолжат да важат под истите услови под кои биле издадени, но не подолго од 31 март 2022 година. (3) Колективните односно самостојните постапувачи кои поседуваат дозволи од ставовите (1) и (2) на овој член, заради продолжување на важноста на истите, се должни најдоцна до 31 декември 2021 година до стручниот орган да ги достават податоците од членот 23 став (6) од овој закон, како и податоците од членот 22 став (2) точка 4) и став (3) точки 4), 6) 8) и 9) од овој закон, како и дополнително само за колективните постапувачи и податоците од членот 22 став (3) точки 7), 8) и 10) од овој закон. (4) Во случаите од ставот (3) на овој член, доколу колективниот односно самостојниот постапувач ги исполнува условите за добивање на дозвола од членовите 22 и 23 од овој закон, стручниот орган може наместо да ја продолжи важноста на постојните дозволи да издаде дозвола за тек на отпад согласно со одредбите од овој закон. Член 67 Преодни одредби за извештаите за пуштени производи на пазар и постигнување на националните цели и минималниот удел (1) Колективните, односно самостојните постапувачи се должни извештаите за пуштени производи на пазар и за постигнувањето на националните цели за 2021 година да ги достават до стручниот орган, согласно со Законот за управување со пакување и отпад од пакување („Службен весник на Република Македонија“ број 161/2009, 17/11, 47/11, 136/11, 6/12, 39/12, 163/13, 146/15 и 39/16), Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 47/11, 148/11, 39/12, 163/13, 146/15 и 39/16) и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен весник на Република Македонија“ број 6/12, 163/13, 146/15 и 39/16) врз основа на евиденцијата што ја водат. (2) Податоците од извештаите од ставот (1) на овој член, стручниот орган ќе ги земе како основа за пресметување на вкупната количина на производи што се пуштени на пазарот на Република Северна Македонија согласно со членот 13 од овој закон, при што истите ќе бидат предмет на проверка, но не и на одобрување од страна на стручниот орган. (3) Првиот Годишен извештај од членот 36 од овој закон колективниот односно самостојниот постапувач е должен да го достави до стручниот орган најдоцна до 31 март 2023 година во кој ќе бидат содржани податоците за 2022 година. (4) Вкупната количина на производи што се пуштени на пазарот на Република Северна Македонија од членот 13 од овој закон за 2022 година ќе биде објавена најдоцна до 31 декември 2021 година од страна на стручниот орган. Член 68 Усогласување на надоместокот за колективните постапувачи (1) Колективниот постапувач може да определи надоместокот кој го плаќаат договорните производители од членот 38 од овој закон, за 2022 година да биде помал од 20% од надоместокот за тој тек и посебен вид на отпад кој е утврден во соодветниот пропис за посебниот тек на отпад. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член, колективниот постапувач е должен да го зголемува надоместокот најмалку за 2,5% за секоја година при што надоместокот за 2026 година не смее да биде помал од 30% од надоместокот за тој тек и посебен вид на отпад кој е утврден во соодветниот пропис за посебниот тек на отпад. Член 69 Донесување на поблиските прописи (1) Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До донесување на подзаконските прописи од ставот (1) на овој член, ќе се применуваат постојните подзаконски прописи кои се однесуваат на водењето на евиденцијата и доставувањето на извештаите за пуштените производи на пазарот и постигнувањето на националните целидонесени врз основа на Законот за управување со пакување и отпад од пакување („Службен весник на Република Македонија“ број 161/2009, 17/11, 47/11, 136/11, 6/12, 39/12, 163/13, 146/15 и 39/16), Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 47/11, 148/11, 39/12, 163/13, 146/15 и 39/16) и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен весник на Република Македонија“ број 6/12, 163/13, 146/15 и 39/16). Член 70 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Law on extended liability of the manufacturer for management of special waste flows · Nelum