Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on batteries and accumulators and waste batteries and accumulators (2021)

Made 2021-07-29 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Waste and hazardous substances
Keywords
hazardous waste, processing/handling, protection of environment, public health, recycling/reuse, data collection/reporting, waste management

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Стр. 6 - Бр. 176 3 август 2021 З А К О Н ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ И АКУМУЛАТО РИ И ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ (*) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на уредување Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето што треба да се исполнат при производство и пуштање на пазар на батерии и акумулатори, како и при постапување со от падните батерии и акумулатори, кои се однесуваат на обврските на економските оператори и другите субјек ти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на батерии и акумулатори, посебни те барања за собирање, преработка и рециклирање, ка ко и другите услови за постапување со отпадни бате рии и акумулатори, известување за постигнување на целите за собирање, преработка и рециклирање на от падните батерии и акумулатори и економските инстру менти. Член 2 Супсидијарна примена на други закони (1) На прашањата кои се поврзани со одредбите за начинот на управување со опасен отпад, соодветно ќе се применуваат одредбите од Законот за управување со отпадот, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (2) За регулирање на прашањата во врска со прис тап до информации кои се однесуваат на животната средина, учеството на јавноста во донесување на од луки, оцена на влијанието од определени стратегии, планови и програми врз животната средина, оцена на влијанието на определени проекти врз животната сре дина, соодветно се применуваат одредбите од Законот за животната средина, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (3) За регулирање на прашањата за организирање на производителите во колективни и самостојни системи за спроведување на проширената одговорност на про изводителот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, соодветно се приме нуваат одредбите од Законот за проширена одговор ност на производителот за управување со посебните те кови на отпад. (4) На постапките утврдени со овој закон, соодвет но се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е уредено. * Со овој закон се врши усогласување со Директивата на Европ скиот Парламент и на Советот од 6 септември 2006 година (2006/66/ЕЗ) за батерии и акумулатори и отпадни батерии и аку мулатори и за укинување на Директивата 91/157/ЕЕЗ, (CELEX бр. 32006L0066), Директива 2008/12/ЕЗ на Европскиот Парламент и на Советот од 11 март 2008 година за изменување на Директивата 2006/66/ЕЗ за батерии и акумулатори и искористени батерии и акумулатори во однос на овластувањата за спроведување доделе ни на Комисијата (CELEX бр. 32008L0012), Директива (ЕЗ) 2008/103/ЕЗ на Европскиот Парламент и на Советот од 19 ноем ври 2008 година за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори во однос на пласирање на батерии и акумулатори на пазарот (CELEX бр. 32008L0103), Директива 2013/56/ЕЗ на Ев ропскиот Парламент и на Советот од 20 ноември 2013 година за изменување на Директивата 2006/66/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот за батерии и акумулатори и за отпадни батерии и акумулатори во однос на пласирањето на пазарот на преносливи батерии и акумулатори кои содржат кадмиум и се наменети за употреба во безжични електрични алати, како и батерии во форма на копче со ниска содржина на жива и за укинување на Одлуката 2009/603/ЕЗ на Комисијата (CELEX бр. 32013L0056) (5) Примената на одредбите од овој закон не ја ис клучува примената на прописите за безбедност, здравје, хигиена, санитарна заштита како и прописите од областа на управување со отпадот. Член 3 Цели на Законот (1) Основни цели на овој закон се: намалување до најмало можно ниво на негативно то влијание на батериите и акумулаторите и отпадните батерии и акумулатори врз животната средина и здрав јето на луѓето и унапредување на стандардите за заштита на жи вотната средина од страна на економските оператори вклучени во текот на животниот циклус на батерии и акумулатори, особено вклучените во процесот на трет ман и рециклирање на отпадните батерии и акумула тори. (2) Покрај основните цели од ставот (1) од овој член, во согласност со начелата од член 4 на овој за кон, треба да се постигнат и следните цели: да се спречи создавањето на отпадни батерии и акумулатори, да се намали количеството на опасни супстанции во батериите и акумулаторите, и со тоа да се намали токсичноста на отпадот од батерии и акумулатори, да се постигне високо ниво на рециклирање и дру ги видови на преработка на отпадните батерии и аку мулатори, како и намалување на депонирањето на от падните батерии и акумулатори, обезбедување на сеопфатен систем за управување со отпадни батерии и акумулатори (враќање, собирање, третман и рециклирање на отпадните батерии и акуму латори), зголемување до најголема можна мера на одделно то собирање на отпадните батерии и акумулатори и спречување на отстранувањето на отпадните батерии и акумулатори како дел од комуналниот отпад, со цел да се постигне висок степен на нивна преработка, обезбедување на услови за развој на пазарот за ре циклирање и други начини на преработка на отпадни батерии и акумулатори, обезбедување на еднаква положба на пазарот за домашните и странските правни и физички лица, како и избегнување на трговски бариери кои можат да ја на рушат конкуренцијата и поттикнување на користењето на најдобрите дос тапни техники и технологии за преработка и рецикли рање на отпадните батерии и акумулатори. Член 4 Начела (1) Во согласност со целите за долгорочна заштита на животната средина и постигнување на циркуларна економија, управувањето со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори се заснова на: 1) „начелото на одговорност на производителот”, според кое производителот на батерии и акумулатори кој при вршење на својата дејност создава или придо несува кон создавање на отпадни батерии и акумула тори, е одговорен за преземање на мерки за управува ње со отпадните батерии и акумулатори, со цел да се елиминира или намали до крајна можна мера негатив ното влијание врз животната средина кое настанува ка ко резултат на отпадните батерии и акумулатори созда дени од неговата дејност, вклучувајќи создавање на ус лови за остварување на висок степен на одделно соби рање, рециклирање и друг начин на преработка на от падните батерии и акумулатори и 3 август 2021 Бр. 176 - Стр. 7 2) „начелото на процена на животниот циклус на производот”, според кое производителот на батерии и акумулатори е должен да изврши процена на животни от циклус на батериите и акумулаторите на начин со кој ќе се подобрат еколошките перформанси на батери ите и акумулаторите, ќе се исклучи или намали присус твото на опасни супстанции во нив согласно со научно техничките достигнувања, како и дизајнирање на бате риите и акумулаторите на таков начин што ќе придоне се кон намалување на вкупниот обем на отпадни бате рии и акумулатори, со цел за да се спречат негативните влијанија врз животната средина. (2) Во управувањето со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, покрај начелата од ставот (1) на овој член, соодветно ќе се применуваат и начелата утврдени во Законот за животната средина, Законот за управување со отпадот и Законот за проши рена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Член 5 Примена на Законот (1) Одредбите од овој закон се применуваат на сите видови батерии и акумулатори, без разлика на нивната форма, зафатнина, тежина, материјалот од кој се соста вени или намената за користење, како и независно дали истите се или не се вградени во уред или возило. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, одредби те на овој закон не се применуваат на батериите и аку мулаторите кои се користат во: опрема која е наменета за користење во одбраната, оружјето, муницијата и воениот материјал, со исклучок на производите кои не се наменети за конкретни воени цели и опрема наменета за испраќање во вселената. (3) Во постапувањето со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, покрај одредбите на овој закон соодветно ќе се применуваат и одредбите на прописите кои го уредуваат управувањето со искорис тени возила и прописите за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и елек тронска опрема. (4) Сите мерки, стандарди и цели кои се утврдени со овој закон се применуваат како минимални барања коишто треба да се исполнат при управувањето со ба териите и акумулаторите и отпадни батерии и акумула тори. (5) Доколку со друг закон се утврдени построги мерки и стандарди за животната средина, при управу вањето со батериите и акумулаторите се применуваат построгите мерки и стандарди со цел заштита на жи вотната средина и постигнување на целите на животна та средина. Член 6 Дефиниции (1) Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1) „Батерија или акумулатор” е секој извор на електрична енергија создадена со директно претворање на хемиската енергија, кој содржи една или повеќе примарни батериски ќелии (кои не можат повторно да се полнат), или содржи една или повеќе секундарни ба териски ќелии (кои можат повторно да се полнат); 2) „Батериско пакување” е секој комплет батерии или акумулатори кои се меѓусебно поврзани и/или зат ворени во вид на капсула во надворешна обвивка сочи нувајќи целосна единица која не е наменета за разделу вање или за отворање од страна на крајниот корисник; 3) „Преносна батерија или акумулатор” е секоја батерија, батерија во форма на копче, батериско паку вање или акумулатор кои: а) се запечатени; б) можат да се носат во рака и в) не се индустриски батерии, ниту индустриски акумулатори ниту пак, автомобилски батерии или аку мулатори; 4) „Батерија во форма на копче” е секоја мала кружна преносна батерија или акумулатор, чиј пречник е поголем од нејзината висина и која се користи за по себни намени како на пример: за апарати за слушање, часовници, мала пренослива опрема и за резервна енер гија; 5) „Автомобилска батерија или акумулатор” е секоја батерија или акумулатор која се користи како уред за стартување, осветлување или моќност за пале ње на автомобилот; 6) „Индустриска батерија или индустриски аку мулатор” е секоја батерија или акумулатор исклучи телно наменет за индустриско или зa професионално користење или се користи во кој било вид на електрич но возило; 7) „Отпадна батерија или акумулатор” е секоја батерија или акумулатор коja се смета за отпад соглас но со дефиницијата за отпад пропишана со Законот за управување со отпадот; 8) „Уред” е која било електрична или електронска опрема дефинирана согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрич на и електронска опрема, која целосно или делумно се напојува со батерии или акумулатори, или е конструи рана да може да се напојува; 9) „Пуштање на пазар” е снабдување или ставање на располагање батерии и акумулатори, било со плаќа ње или бесплатно, на трето лице во Република Северна Македонија, вклучувајќи го и увозот на батерии и аку мулатори на територијата на Република Северна Маке донија; 10) „Економски оператори” се правните или фи зичките лица кои при вршењето на својата дејност за управување со батерии и акумулатори и отпадни бате рии и акумулатори, спаѓаат во категориите на произво дители, трговци, поседувачи, собирачи или субјекти кои вршат рециклирање или преработка на отпадни ба терии и акумулатори и тоа: а) „производител“ е правно или физичко лице, кое за прв пат пушта на пазар во Република Северна Маке донија батерии и акумулатори, вклучувајќи и такви кои се вградени во уреди или возила, како своја дејност, без оглед на продажната техника која се користи, вклу чувајќи ја и продажбата со далечинско комуницирање. Во смисла на овој закон, како производител се смета и правно или физичко лице кое увезува батерии и акуму латори за своја потреба без посредник; б) „трговец” е правно или физичко лице кое на про фесионална основа обезбедува снабдување на батерии и акумулатори за крајните корисници; в) „поседувач” е правно или физичко лице кое со вршењето на својата дејност постојано или привремено создава и/или поседува отпадни батерии и акумулатори (како на пример трговец, сервиси, сервиси за возила, механичарски работилници, сервиси на електрична и електронска опрема и слично). Како поседувач, во смисла на овој закон не се сметаат граѓаните или дома ќинствата; г) „краен корисник” е потрошувач кој како правно или физичко лице, поради крајна употреба или корис тење на друг производ, при вршењето на својата деј ност, користи батерии и акумулатори и по нивното ис трошување создава отпадни батерии и акумулатори во своите простории и/или во уредите кои тој ги има во владение. Како краен корисник ќе се смета поседува чот или трговецот кој заради свои потреби увезол бате рии и акумулатори без посредник и Стр. 8 - Бр. 176 3 август 2021 д) „мал производител” е правно или физичко лице кое пушта на пазар во Република Северна Македонија, батерии и акумулатори во количини не поголеми од ут врдените во членот 24 од овој закон; 11) „Национална цел за собирање” е процент во дадена календарска година, кој се добива со делење на тежината на отпадните преносни батерии и акумулато ри собрани во согласност со овој закон или Законот за управување со електрична и електронска опрема и от падна електрична и електронска опрема во таа кален дарска година, со просечната тежина на преносните ба терии и акумулатори, кои производителот директно им ги продава на крајните корисници и/или ги испорачува на трети лица, кои ги продаваат на крајните корисници во тековната календарска година. Просечната тежина се пресметува како просек од тековната и претходните две календарски години; 12) „Посебна цел за собирање” e процент во даде на календарска година која треба да ја постигнат про изводителите преку колективните односно самостојни те постапувачи заради исполнување на својот удел во постигнувањето на националните цели за собирање на Република Северна Македонија; 13) „Орган за животна средина” е органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно Министерство то за животна средина и просторно планирање; 14) „Стручен орган” е Управата за животна сре дина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање формиран согласно со Законот за животната средина, и 15) „Доброволен договор” е формален договор кој има извршни клаузули склучен меѓу организациите кои застапуваат одредени интереси на економски опе ратори и групи на економски оператори опфатени со овој закон од една страна, и органот за животна среди на или Владата на Република Северна Македонија од друга страна, со цел да се постигнат повисоки цели од целите пропишани во овој закон, кој е отворен за прис тапување за сите правни и физички лица кои сакаат да ги исполнат условите утврдени во договорот. (2) За потребите на овој закон, соодветно ќе се при менуваат дефинициите од Законот за управување со от падот за изразите употребени во овој закон, а кои се однесуваат на отпад, управување со отпад, собирање, одделно собирање, спречување, повторна употреба, преработка, обновување, рециклирање, отстранување и увоз на отпад. (3) За потребите на овој закон, соодветно ќе се при менуваат дефинициите од Законот за проширена одго ворност на производителот за управување со посебните текови на отпад, а кои се однесуваат на изразите за проширена одговорност на производителот, колекти вен постапувач и самостоен постапувач. Член 7 Пуштање на пазар на батерии и акумулатори (1) Батерии или акумулатори може да се пуштат на пазар на територијата на Република Северна Македо нија ако истите ги исполнуваат основните барања ут врдени со овој закон. (2) Со примената на овој закон, не може да се на метне забрана или ограничување за пуштање на пазар во Република Северна Македонија на батерии и акуму латори кои ги исполнуваат барањата од ставот (1) на овој член. II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 8 Забрана за предавање на отпадни батерии и акуму латори како несортиран отпад Забрането е отпадните батерии и акумулатори да се оставаат или предаваат на места означени за собирање на комунален отпад како несортиран комунален отпад од домаќинствата. Член 9 Забрана за присуство на тешки метали во батериите и акумулаторите (1) Во Република Северна Македонија се забранува пуштање на пазар на: а) сите батерии или акумулатори, без оглед на тоа дали се вградени во уреди, кои содржат повеќе од 0,0005 % жива од тежината и б) преносни батерии или акумулатори, вклучувајќи ги и оние кои се вградени во уреди, кои содржат пове ќе од 0,002 % кадмиум од тежината. (2) Забраната од ставот (1) точка б) на овој член не се применува на преносните батерии и акумулатори на менети за употреба во: а) системи за итни случаи и системи за тревожење, вклучувајќи и осветлување во итни случаи и б) медицинската опрема. Член 10 Забрана за депонирање и горење на отпадни батерии и акумулатори (1) Се забранува отстранување на отпадните индус триски и автомобилски батерии и акумулатори преку депонирање. (2) Се забранува секакво горење на отпадни индус триски и автомобилски батерии и акумулатори. (3) Остатоците од кои било батерии и акумулатори, кои поминале низ операции на преработка и рецикли рање согласно овој закон и прописите за управување со отпадот, може да се отстранат со депонирање или со постапка за горење согласно со прописите за управува ње со отпадот. III. ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ Член 11 Регистрација на производители (1) Производителите кои за прв пат пуштаат на па зар или увезуваат како крајни корисници батерии и акумулатори во Република Северна Македонија, се об врзани да се регистрираат кај стручниот орган, во сог ласност со начинот и постапката утврдени во прописи те за проширена одговорност на производителот за уп равување со посебните текови на отпад. (2) Производителот кој не е регистриран во Репуб лика Северна Македонија, а кој пушта на пазарот во Република Северна Македонија батерии и акумулатори преку комуникација од далечина (е-трговија), об врските кои произлегуваат од овој закон ги извршува преку назначување на овластен застапник, согласно прописите за проширена одговорност на производите лот за управување со посебните текови на отпад. Член 12 Водење евиденција и известување (1) Производителот е должен да води евиденција по категории во килограми за количеството на батерии и акумулатори, коишто за прв пат ги пуштил на пазар во Република Северна Македонија во пишана и електрон ска форма. 3 август 2021 Бр. 176 - Стр. 9 (2) Производителот до стручниот орган, најдоцна до 31 март во тековната година, доставува годишен из вештај за видот и количината на батерии и акумулато ри што ги пуштил на пазарот во Република Северна Македонија во претходната година, на образец за годи шен извештај за батерии и акумулатори и отпадни ба терии и акумулатори во пишана и електронска форма. (3) Производителот за секој вид на батерија и аку мулатор што ги пушта на пазар изготвува производ ствена спецификација која содржи информација за те жината на батеријата и акумулаторот. (4) Производителот врз основа на производствената спецификација од ставот (3) на овој член, води месечна и годишна евиденција за вкупното количество на бате рии и акумулатори кои ги пуштил на пазарот во Репуб лика Северна Македонија. (5) Производителот води и евиденција за количини те на отпадни батерии и акумулатори кои се примени назад со повратен прием согласно член 17 од овој за кон, по категорија, во дадена година и со идентифика циони и транспортни формулари за предадените отпад ни батерии и акумулатори на собирачи или рецикла тори, согласно со прописите за управување со отпад. (6) Податоците од евиденцијата од ставот (1) на овој член, производителот е должен да ги чува седум години сметано од крајот на календарската година за која се однесуваат. (7) Производителот кој има склучен договор со ко лективен постапувач согласно прописите за проширена одговорност на производителот за управување со по себните текови на отпад, обврската од овој член ја реа лизира преку колективниот постапувач. Член 13 Означување на батерии и акумулатори (1) Производителот е должен сите батерии и акуму латори, како и батериските пакувања кои ги пушта на пазарот во Република Северна Македонија, соодветно да ги означува со посебен симбол кој прикажува об врска за одделно собирање на отпадните батерии и аку мулатори, на видлив, читлив и на неизбришлив начин. (2) Преносните и автомобилските батерии и акуму латори, производителот е должен да ги означи на вид лив, читлив и на неизбришлив начин, наведувајќи и по датоци за капацитетот на истите. (3) Производителот е должен, батериите, акумула торите и батериите во форма на копче кои содржат по веќе од 0,0005% жива, повеќе од 0,002% кадмиум или повеќе од 0,004% олово, да ги означи и со хемискиот симбол на односниот метал: Hg, Cd или Pb. Симболот кој ја покажува содржината на тешки метали се печати под симболот определен во став (1) од овој член, и пок рива површина од најмалку четвртина од големината на симболот. (4) Начинот на означување на батериите и акумула торите и на батериските пакувања, формата и содржи ната на симболите од ставовите (1) и (3) на овој член, како и начинот на утврдување на капацитетот од ста вот (2) на овој член, ги пропишува министерот кој ра ководи со органот за животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на економијата. (5) Доколку ознаката од ставот (1) на овој член не може да биде втисната на самата батерија, заради голе мината или нејзината специфична употреба, истата се става на пакувањето или во упатството за употреба на производот. (6) Министерот кој раководи со органот за живот ната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на економијата, врз основа на посебно барање од производителот, може да одобри исклучоци од означувањето на батериите и акумулато рите од став (3) на овој член, доколку од технички при чини не е можно да се отпечати на истите или во случај кога батериите и акумулаторите се пуштаат на пазар за единствена намена и за чие отстранување важат посеб ни барања за отстранување кои се поврзани со наме ната. Член 14 Подобрени еколошки перформанси (1) Во Република Северна Македонија треба да се пуштат на пазар батерии и акумулатори со добри сев купни еколошки перформанси во севкупниот животен циклус на производот. (2) За потребите од ставот (1) на овој член, произво дителите треба постојано да истражуваат и да се гри жат за подобрување на еколошките перформанси на ба териите и акумулаторите кои ги произведуваат и пуш тат на пазар, се со цел намалување на количествата на опасни супстанции при производството на батерии и акумулатори, како и намалување на содржината на за гадувачките супстанции, а особено замена на живата, кадмиумот и оловото. Член 15 Обврски за олеснето отстранување (1) Производителите на уреди, кои работат на бате рии или акумулатори, се должни да ги дизајнираат уре дите, на начин на кој крајниот корисник ќе може лесно да ги отстрани отпадните батерии и акумулатори од уредот. (2) Доколку не е предвидено отпадните батерии и акумулатори од ставот (1) на овој член, да се отстранат од страна на крајниот корисник, производителот на уреди кои работат на батерии или акумулатори, треба да ги дизајнира уредите на начин со кој ќе се овозможи отпадните батерии и акумулатори да може лесно да се отстранат од страна на квалификувани лица кои не се претставници на производителот. (3) За уредите во кои се вградени батерии и акуму латори, производителот задолжително приложува упатство, во кое се прикажува начинот на безбедно от странување на отпадните батерии и акумулатори и до колку е потребно, го информира крајниот корисник за видот на вградени батерии и акумулатори. (4) Одредбите од ставовите (1), (2) и (3) од овој член, не се применуваат доколку поради безбедносни, оперативни или медицински причини или интегритет на податоците е потребно постојана поврзаност на уре дот со батеријата или акумулаторот заради негово по стојано снабдување со енергија. Член 16 Увоз на батерии и акумулатори (1) Царинскиот орган нема да дозволи увоз на бате рии и акумулатори без производителот да достави пот врда за регистрација и регистрациски број добиени сог ласно Законот за проширена одговорност на произво дителот за управување со посебните текови на отпад. (2) Царинскиот орган ќе го забрани увозот на бате рии и акумулатори доколку батериите и акумулаторите не ги исполнуваат барањата утврдени во член 9 на овој закон. (3) Доколку производителот увезува употребени ба терии и акумулатори во Република Северна Македо нија, на увозот на истите ќе се применуваат одредбите од овој закон како да станува збор за увоз на нови про изводи. Стр. 10 - Бр. 176 3 август 2021 Член 17 Обврска на производителот за повратен прием (1) Производителот при продажба на батерии и аку мулатори, е должен бесплатно да ги преземе отпадните батерии и акумулатори од крајниот корисник и тргове цот (обврска за повратен прием на батерии и акумула тори). (2) Производителот треба да ги прими преносните отпадни батерии и акумулатори од крајните корис ници, и притоа не смее за возврат да бара купување на нови батерии и/или акумулатори или да побара надо мест за повратниот прием. (3) Производителот на индустриски и автомобилски батерии и акумулатори, како и трети лица кои дејству ваат во негово име, бесплатно треба да ги прими отпад ните индустриски и автомобилски батерии и акумула тори од крајните корисници, независно од нивниот хе миски состав и потекло. Обврската за повратен прием на производителот не подразбира обврска за крајниот корисник да купи нова батерија или акумулатор. (4) По исклучок на ставот (3) од овој член, со дого ворот за купопродажба склучен помеѓу производите лот и/или трговецот и крајниот корисник може да се воспостави друг начин за враќање на индустриските и автомобилските батерии и акумулатори, само доколку, истиот не е во спротивност со одредбите на овој закон. (5) Производителот не мора да поседува дозвола за управување со отпад за локациите за повратен прием или за собраните батерии и акумулатори во своите простории, но е должен да ги исполни барањата за чување на отпадни батерии и акумулатори согласно овој закон. (6) Производителот е должен да ги предаде отпад ните батерии и акумулатори без да ги модифицира ис тите, на овластен собирач или правно лице кое поседу ва соодветна дозвола за рециклирање кој претставува дел од самостоен или колективен систем за постапува ње со батерии и акумулатори воспоставен согласно прописите за проширена одговорност на производите лот за управување со посебните текови на отпад. (7) Отпадните батерии и акумулатори преземени од производителот преку обврската за повратен прием, се пресметуваат во националните цели за собирање од членот 18 од овој закон. (8) Производителот може да презема активности со кои ќе ги поттикне крајните корисници да ги враќаат отпадните батерии и акумулатори, како што се нудење попусти при купување на нови производи, или друг вид поттикнувачки мерки, со цел зголемено собирање на отпадните батерии и акумулатори. (9) Обврската за повратен прием не може да биде пренесена од производителот на друго правно лице, ос вен на овластениот застапник на производителот од членот 11 став (2) од овој закон. Член 18 Национални цели за собирање (1) На територијата на Република Северна Македо нија, до 31 декември 2025 година, треба да се пости гнат следните национални цели за собирање: a) годишно да се соберат минимум 45% од тежина та на преносните батерии и акумулатори што се пуште ни на пазарот на територијата на Република Северна Македонија и б) годишно да се соберат минимум 85% од тежина та на автомобилски и индустриски батерии и акумула тори што се пуштени на пазарот на територијата на Ре публика Северна Македонија. (2) Заради постепено постигнување на целите од ставот (1) на овој член, министерот кој раководи со ор ганот за животна средина утврдува годишни цели за собирање во согласност со планските документи усвое ни врз основа на прописите за управување со отпад, најдоцна до 15 декември во тековната година. (3) Годишните цели од ставот (2) на овој член, се однесуваат на просечното количество на батерии и аку мулатори што се пуштени на пазар во тековната кален дарска година и во претходните две календарски годи ни од страна на сите производители. (4) Просечното количество на батерии и акумулато ри од ставот (3) на овој член се утврдува од страна на стручниот орган согласно со прописите за проширена одговорност на производителот за управување со по себните текови на отпад. (5) Секој производител е должен да учествува во постигнувањето на националните цели за собирање во тековната година со количина која е најмалку еднаква на односот на неговиот удел во вкупната просечна ко личина на батерии и акумулатори што се пуштени на пазарот во Република Северна Македонија во тековна та календарска година и во претходните две календар ски години. (6) Извезените количества на преносни батерии и акумулатори од територијата на Република Северна Македонија нема да се пресметуваат во целите за соби рање од ставот (1) на овој член. (7) Производителот е должен секоја година до 31 ја нуари да ги утврди своите годишни цели за собирање во килограми за претходната година. (8) Стручниот орган ја следи реализацијата на стап ките на собирање на годишно ниво врз основа на пода тоците добиени од производителите. (9) Министерот кој раководи со органот за живот ната средина го пропишува начинот на следење и пресметка на реализацијата на стапките за собирање на отпадни батерии и акумулатори, формата и содржината на образецот за следење и пресметка како и методоло гијата за пресметка на годишните количини продадени батерии и акумулатори. Член 19 Обврска за третман на производителот (1) Производителот е должен да обезбеди третман и рециклирање на собраните отпадни батерии и акумула тори. (2) Третманот на отпадните батерии и акумулатори најмалку треба да ги исполнува следните барања: 1) третманот на собраните отпадни батерии и аку мулатори најмалку да опфаќа отстранување на сите течности и киселини и 2) третманот како и складирањето, вклучувајќи го и временото складирање во инсталациите за третман мо же да се врши исклучиво на места со непропустливи површини и соодветна водотпорна покривка или во со одветни садови. (3) Доколку батериите или акумулаторите се соби раат заедно со отпадот од електрична и електронска опрема, отпадните батерии и акумулатори треба да се одвојуваат од собраниот отпад од електрична и елек тронска опрема. (4) Рециклирањето на отпадните батерии и акуму латори треба да се направи на таков начин со кој ќе се постигне: 1) рециклирање на 65% од просечната тежина на оловно-киселинските батерии и акумулатори, вклучу вајќи и рециклирање на содржината на олово до најви сок технички можен степен, притоа одбегнувајќи пре кумерни трошоци; 2) рециклирање на 75% од просечната тежина на никел-кадмиумски батерии и акумулатори, вклучувај ќи и рециклирање на содржината на кадмиум до најви сок технички можен степен, притоа одбегнувајќи пре кумерни трошоци и 3 август 2021 Бр. 176 - Стр. 11 3) рециклирање на 50% од просечната тежина на другите батерии и акумулатори. (5) Производителот е должен во рамки на годишни от извештај од член 12 од овој член, да известува за степенот на ефикасноста на рециклирањето од ставот (4) на овој член за секоја календарска година. (6) Министерот кој раководи со органот за животна средина, ги пропишува посебните барања во однос на пресметување на ефикасноста на рециклирањето од ставот (4) на овој член. (7) Во случај на извоз на отпадни батерии и акуму латори кои не можат да се преработат или рециклираат во Република Северна Македонија, производителот е должен да ги почитува прописите за извоз на опасен отпад. (8) Во случаите од ставот (7) на овој член произво дителот е обврзан да докаже дека преработката и ре циклирањето на отпадните батерии и акумулатори во друга држава е извршена на начин кој е во согласност со ставовите (2), (3), (4) и (5) на овој член со заверени обрасци за прекуграничниот промет со отпад согласно со прописите за увоз и извоз на отпад и за тоа да дос тави извозна царинска декларација. (9) При изборот на инсталацијата во која ќе се врши третман, треба да се даде приоритет на инсталација ко ја е вклучена во сертифицирани системи за управување со животната средина и ревизија. Член 20 Обврска за финансирање за производителот (1) Производителот на батерии и акумулатори што пушта на пазарот во Република Северна Македонија, должен е да обезбеди финансирање на трошоците за преземање на следните активности: повратен прием на отпадните батерии и акумула тори согласно членовите 17 и 26 од овој закон, одделно собирање, времено складирање на отпад ни батерии и акумулатори, транспортот, преработката односно рециклирање и отстранување на остатокот од преработката на отпад ните батерии и акумулатори, трошоците за комуникација со јавноста, вклучу вајќи ги и трошоците поврзани со споделување на ин формации за крајните корисници, трошоците поврзани со финансиската гаранција, трошоците за инвестирање во инфраструктура за собирање на отпадни батерии и акумулатори, редовно преземање на отпадните батерии и акуму латори од трговецот и крајниот корисник согласно со членот 17 од овој закон и исполнување на други обврски што се утврдени за производителот во одредбите од овој закон. (2) Трошоците од ставот (1) на овој член произво дителот на батерии и акумулатори не смее да ги прика жува одделно при продажбата на батерии и акумула тори. (3) Исклучок од ставот (1) на овој член е малиот производител од членот 24 од овој закон кој е должен на посебна сметка на органот за животната средина да уплати паушален надоместок во износ од 6.000 денари на годишно ниво најдоцна до 15 февруари во тековната година. (4) Првиот надоместок од ставот (3) од овој член, малиот производител го плаќа при регистрацијата од членот 11 од овој закон. (5) Трошоците за собирање, третман и рециклирање што ги сноси производителот од ставот (1) на овој член не смеат да се дуплираат во однос на истите трошоци што се прават при постапување со искористени возила и отпадна електронска и електрична опрема. Член 21 Финансиска гаранција (1) Производителот е должен да обезбеди финан сиска гаранција за спроведување на обврските кои про излегуваат од овој закон, а кои се однесуваат на соби рање, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори. (2) Финансиската гаранција се обезбедува за секоја календарска година, согласно со прописите за проши рена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Член 22 Информации за крајните корисници (1) Производителот е должен на соодветен начин да ги информира трговецот и крајниот корисник за битните својства на батериите и акумулаторите во пог лед на опасните и штетните материи и супстанции кои тие ги содржат и за начинот на постапувањето со нив кога тие ќе станат отпад. (2) Производителот е должен да организира кам пањи за информирање на крајните корисници и подига ње на јавната свест за: забраната за оставање на отпадните батерии и аку мулатори како несортиран комунален отпад и об врската на крајниот корисник за одделно собирање на отпадни батерии и акумулатори, воспоставените системи за повратен прием, соби рање и преработка на отпадни батерии и акумулатори кои им се на располагање, нивната улога и придонес за рециклирање и други начини на преработка на отпадните батерии и акумула тори, можните негативни влијанија и последици врз здравјето на луѓето и животната средина како резултат на присуството на опасни супстанции во отпадните ба терии и акумулатори и значењето на симболот од член 13 од овој закон со кој се означени батериите и акумулаторите и симболи те за хемиските елементи Hg, Cd и Pb. (3) Информациите од ставот (1) на овој член се вклучуваат или приложуваат кон упатството за употре ба на батериите и акумулаторите кога се испорачуваат на крајниот корисник. (4) Информациите од ставот (1) на овој член треба да се достапни и на веб страницата на производителот, на печатените или онлајн рекламни материјали, билте ни или на веб страниците за онлајн продажба кои ги користи производителот, на видлив и лесно достапен начин. Член 23 Преземање на обврските на производителот (1) Производителот е должен на свој трошок да обезбеди исполнување на обврските и целите на овој закон, преку враќање, собирање, преработка и рецик лирање на отпадот од батерии и акумулатори кој е соз даден од пуштањето на пазар на батерии и акумулато ри во Република Северна Македонија. (2) За исполнување на обврската од ставот (1) од овој член, производителот треба да воспостави или да се приклучи кон систем, кој ќе обезбеди: редовно преземање и собирање на отпадните бате рии и акумулатори од крајниот корисник и од дома ќинствата со цел да се обезбеди соодветно управување со истите во системот за управување со отпадни бате рии и акумулатори и преработка вклучувајќи и рециклирање на бате риите и акумулаторите и/или собраните отпадни бате рии и акумулатори. Стр. 12 - Бр. 176 3 август 2021 (3) Обврските од ставовите (1) и (2) на овој член, производителот ги остварува самостојно, со добивање на дозвола за самостоен постапувач согласно со пропи сите за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад или со склу чување на договор со колективен постапувач со отпад ни батерии и акумулатори за преземање на обврските за постапување со отпадни батерии и акумулатори, кој е основан и поседува дозвола согласно прописите за проширена одговорност на производителот за управу вање со посебните текови на отпад. Член 24 Обврски за мал производител (1) Мал производител е производителот кој на паза рот во Република Северна Македонија, годишно пушта или увезува батерии и акумулатори во количини исти или помали од: 0,5 кг преносни батерии, 0,5 кг батерии во форма на копче, 100 кг автомобилски акумулатори или едно парче индустриски батерии или акумулатор. (2) Производителот од ставот (1) на овој член е дол жен да се регистрира во согласност со членот 11 од овој закон, како и да води евиденција и да доставува извештај согласно член 12 од овој закон. (3) Производителот од ставот (1) од овој член до 15 јануари секоја година, поднесува барање до стручниот орган за добивање на решение за мал производител во кое се наведува и количеството на производи кои про изводителот има намера да ги пушти на пазарот во Ре публика Северна Македонија во тековната година. (4) Стручниот орган во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (3) на овој член, утврдува дали производителот ги исполнува условите за мал производител за тековната година и му издава решение за мал производител. (5) Стручниот орган во регистарот согласно пропи сите за проширена одговорност на производителот од делно води евиденција за производителите на батерии те и акумулаторите за кои издал решение за мал произ водител. (6) Малиот производител од ставот (1) на овој член, не е должен да обезбеди управување со отпадните ба терии и акумулатори доколку количината на батериите и акумулаторите пуштени на пазарот во Република Се верна Македонија или увезени не ги надминува коли чините на годишно ниво утврдени во ставот (1) на овој член, но е должен да го плати годишниот паушален на доместок од членот 20 став (3) од овој закон. Член 25 Примена на барањата за увоз на користени батерии и акумулатори (1) Доколку производителот увезува во Република Северна Македонија користени батерии и акумулатори како одделен производ или како дел од уред, за увозот на користените производи се применуваат одредбите од овој закон кои се однесуваат на увозот на нови про изводи. (2) Производителот за увезените користени батерии и акумулатори во Република Северна Македонија дос тавува писмена гаранција дека ќе бидат во функција најмалку две години. IV. ОБВРСКИ НА ТРГОВЕЦОТ Член 26 Обврски на трговецот за повратен прием на от падни батерии и акумулатори (1) За повратен прием на отпадни батерии и акуму латори трговецот ги има истите обврски како и произ водителот согласно членот 17 од овој закон. (2) Трговецот кој има малопродажна продавница е должен да обезбеди простор или садови за собирање и чување на отпадни батерии и акумулатори без притоа за возврат од крајниот корисник да бара купување на батерии и акумулатори. Просторот предвиден за бес платен повратен прием мора да биде лесно достапен до јавноста и истиот да биде означен со јасно видливи знаци за неговата местоположба. (3) Трговецот нема обврска да поседува дозвола за управување со отпад за просториите за повратен прием или за местата за преземање на отпадни батерии и аку мулатори. (4) Трговецот е должен собраните отпадни батерии и акумулатори, без да ги модифицира, да ги предаде на собирач или инсталација/оператор за управување со от пад која поседува соодветна дозвола и кој претставува дел од самостоен или колективен постапувач. Предава њето задолжително се врши со транспортен и иденти фикационен формулар согласно прописите за управу вање со отпад. (5) Трговецот за исполнување на обврските од ста вовите (1) и (2) од овој член, склучува договор со ко лективен постапувач за времетраење од најмалку една календарска година, во кој се уредуваат меѓусебните права и обврски за предавање на отпадните батерии и акумулатори преземени или создадени во своите прос тории. (6) Отпадните батерии и акумулатори кои биле пре земени преку повратен прием или создадени од тргове цот се пресметуваат во националните цели за собирање на отпадни батерии и акумулатори од членот 18 од овој закон. (7) Обврската за повратен прием на трговецот не смее да се пренесува на друг субјект. (8) Трговецот самостојно или во договор со произ водителот, може да преземе активности со кои ќе ги поттикне крајните корисници да ги враќаат отпадните батерии и акумулатори со цел зголемување на поврат ниот прием преку најразлични понуди за попусти при купување нови батерии и акумулатори или други про изводи или со други поттикнувачки мерки. Член 27 Евиденција и известување како обврска на трговецот (1) Трговецот е должен да води евиденција за коли чините на преземени отпадни батерии и акумулатори, на посебен образец согласно ставот ( 5) од овој член. (2) Евиденцијата од ставот (1) на овој член, треба да биде достапна во просторијата на трговецот каде се врши трговијата и во секое време да биде достапна на надлежните органи од членот 40 од овој закон. (3) Трговецот е одговорен за сеопфатноста и точ носта на податоците во евиденцијата од ставот (1) на овој член. (4) Трговецот, од производителот од кој ги набаву ва производите е должен да обезбеди потврда за испол нување на проширената одговорност за управување со батерии и акумулатори во согласност со прописите за проширена одговорност на производителот за управу вање со посебните текови на отпад, односно потврда дека производителот го платил надоместокот од член 35 од овој закон. (5) Министерот кој раководи со органот за животна средина, ја пропишува формата и содржината на обра зецот за водење на евиденцијата од ставот (1) на овој член. 3 август 2021 Бр. 176 - Стр. 13 Член 28 Преземање на отпадни батерии и акумулатори (1) Трговецот во договор со производителот, може да овозможи повратен прием на отпадни батерии и акумулатори на локации каде преземањето е овозможе но од производителот. (2) Приемот на отпадни батерии и акумулатори на начинот утврден во ставот (1) на овој член не влијае врз обврските на трговецот од членот 26 од овој закон. (3) Како место за преземање на отпадните ба терии и акумулатори согласно со ставот (1) на овој член се смета сад или садови за отпадни батерии и аку мулатори, поставени на место определено за таа наме на во покриен простор, кои имаат доволна големина за отпадните батерии и акумулатори да може да се чуваат уредно, а просторните услови да овозможуваат повра тен прием на отпадните батерии и акумулатори без ни какви ограничувања. (4) Производителот е должен без надоместок да ги преземе отпадните батерии и акумулатори од тргове цот, а трговецот не смее да бара надомест за преземање на отпадните батерии и акумулатори од производите лот. Член 29 Информирање на крајните корисници од страна на трговецот (1) Трговецот, е должен да ги информира крајните корисници на батерии и акумулатори за: забраната за оставање на отпадни батерии и аку мулатори како несортиран комунален отпад и об врската за одделно собирање на отпадните батерии и акумулатори, воспоставените системи за преземање на отпадни те батерии и акумулатори и нивен третман и отстрану вање и можноста за предавање на отпадните батерии и акумулатори на продажните места на истите. (2) Трговецот, информациите од ставот (1) на овој член треба да ги постави на неговата веб-страницата, на печатени или онлајн рекламни материјали, билтени или на веб страната за онлајн продажба што ја користи трговецот, на видлив и лесно достапен начин. (3) Трговецот, обврската за информирање на крај ните корисници не смее да ја пренесе на друг субјект. V. ОБВРСКИ НА ДРУГИТЕ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ Член 30 Услови за приклучување кон систем на колективен или самостоен постапувач (1) Правните и физичките лица кои како резултат на вршење на нивната дејност поседуваат отпадни ба терии и акумулатори, може да се приклучат кон систе мот на колективен или самостоен постапувач со отпад ни батерии и акумулатори преку спроведување на мер ки и активности кои се однесуваат на: обезбедување на простор и соодветни контеј нери/садови за собирање на отпадни батерии и акуму латори и поставување на известувања и информации за крајните корисници согласно со членот 22 од овој за кон. (2) Субјектите од ставот (1) на овој член не се об врзани да поседуваат дозвола за управување со отпад согласно со прописите за управување со отпадот за ак тивностите од ставот (1) од овој член. (3) Субјектите од ставот (1) на овој член, се должни собраните отпадни батерии и акумулатори без да ги модифицираат, да ги предадат на собирач или инстала ција/оператор за управување со отпадни батерии и аку мулатори кој поседува соодветна дозвола и кој прет ставува дел од колективен или самостоен постапувач со отпадни батерии и акумулатори. Предавањето на от падните батерии и акумулатори се врши со транспор тен и идентификационен формулар на начин пропишан согласно прописите за управување со отпад. (4) Колективните постапувачи, односно самостојни те постапувачи и субјектите од ставот (1) на овој член, меѓусебните права и обврски како и начинот на презе мање и предавање на отпадните батерии и акумулатори ги уредуваат со склучување на договор за приклучува ње кон системот на самостоен или колективен постапу вач со отпадни батерии и акумулатори, со заемна сог ласност. Член 31 Обврски на економските оператори (1) Економските оператори во своите деловни прос тории или во нивна непосредна близина се должни да постават соодветни садови за собирање на преносни отпадни батерии и акумулатори, односно индустриски или автомобилски батерии и акумулатори, кои се ко ристат за вршење на својата деловна активност или ис тите се користат од клиенти чиишто батерии и акуму латори се отфрлаат. (2) Големината и површината на садовите за соби рање од ставот (1) на овој член, треба да биде сразмер на со просечната количина на батерии и акумулатори кои се продаваат на годишна основа во Република Се верна Македонија. Член 32 Обврска за крајните корисници (1) Крајниот корисник е должен отпадните батерии и акумулатори да ги собира, чува и предаде на произ водителот, трговецот или овластениот собирач, кој е дел од колективен или самостоен постапувач, како од делно собрана фракција на комунален отпад или да ги предаде во собирен центар или собирно место опреде лено за таа намена. (2) Крајниот корисник пред да ги предаде отпадни те батерии и акумулатори, должен е да ги собере или чува одвоено, за да не се мешаат со друг вид отпад, да не се ситнат или на друг начин уништуваат, или зага дуваат со опасни или други супстанции, со што би се оневозможило нивното рециклирање. (3) Крајниот корисник е должен отпадните автомо билски батерии и акумулатори кои ги создава да ги предаде на трговецот од кој ги набавил или на правни лица кои поседуваат соодветна дозвола за управување со отпад, согласно прописите за управување со отпа дот. (4) Крајниот корисник е должен отпадните индус триски батерии и акумулатори кои ги создава да ги предаде на производителот од кој ги набавил или на правни лица кои поседуваат соодветна дозвола за упра вување со отпад согласно прописите за управување со отпадот. (5) Преносните отпадни батерии и акумулатори се отстрануваат и собираат одделно од другите видови на отпадни батерии и акумулатори во посебно означени садови за собирање. Стр. 14 - Бр. 176 3 август 2021 Член 33 Обврски на градоначалникот (1) Градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје е должен: да го организира одделното собирање на отпадни те батерии и акумулатори од домаќинствата, да организира собирање на отпадните батерии и акумулатори од страна на овластениот давател на услу ги за собирање на комунален отпад, како одделна соб рана фракција на комунален отпад, да определи и организира собирни пунктови за од делно собирање на отпадни батерии и акумулатори од домаќинствата, во собирни центри или други времено определени места за таа намена на целата територија на општината, општината во градот Скопје и Градот Скопје, каде крајните корисници ќе можат бесплатно да ги остават отпадните батерии и акумулатори од до маќинствата и да соработува со колективните и самостојните по стапувачи за управување со отпадни батерии и акуму латори, согласно овој закон и прописите за проширена та одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. (2) При определување на местата и локациите на собирните центри треба да се земе предвид бројот на жителите во населеното место, при што треба да се обезбеди најмалку по еден собирен центар на ниво на општина, односно најмалку по еден собирен центар за 30.000 жители. (3) Собирните центри од ставот (2) на овој член ги вклучуваат и постојните места и локации за прием на одделно собрани фракции на комунален отпад, доколку овие места ги исполнуваат условите утврдени со овој или друг закон. (4) Собраните отпадни батерии и акумулатори во собирните центри од ставот (2) на овој член се предава ат на колективен или самостоен постапувач за постапу вање со батерии и акумулатори бесплатно врз основа на склучен договор со општината, општината во градот Скопје и градот Скопје односно организационата еди ница за регионално управување со отпад, преку Цента рот за развој на соодветниот плански регион. (5) Со договорот од ставот (4) на овој член се уре дуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни, начинот на редовно преземање на отпадните батерии и акумулатори, начинот на информирање на јавноста за собирните центри и други локации за презе мање на отпадните батерии и акумулатори, начинот на покривање на трошоците настанати од работењето, ка ко и други прашања од заеднички интерес. Договорот се склучува за период од најмалку една календарска го дина. (6) Собирните центри кои се наоѓаат во основните и средните училишта се исклучиво наменети за собира ње на преносни батерии. Член 34 База на податоци и информативен систем Органот за животна средина е должен да воспос тави и води електронска база на податоци за батерии и акумулатори кои се пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија и за податоците за управување со отпадни батерии и акумулатори согласно прописите за проширена одговорност на производителот за управу вање со посебните текови на отпад. Член 35 Надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори (1) Производителот и производителот кој како кра ен корисник увезува во Република Северна Македонија батерии и акумулатори од кои при користење се созда ва отпадни батерии и акумулатори, е должен да плати надоместок за управување со отпадни батерии и акуму латори (во натамошниот текст: надоместок). (2) Надоместокот од ставот (1) на овој член, изне сува: - 450 денари/кг за преносни батерии, 2,25 денари/кг за оловни автомобилски и индус триски батерии и акумулатори и 25 денари/кг за други неоловни автомобилски и индустриски батерии и акумулатори. (3) Надоместокот се пресметува врз основа на нето тежината на батериите и на акумулаторите кои се пуш таат на пазарот, изразена во килограми, пресметано врз основа на тежината за секој вид на батерии и акумула тори кои се пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија за тековната година и се изработува квартална пресметка на посебен образец, дури и кога производителот не пуштил производи на пазарот во те кот на тој квартал. (4) Обврската за пресметување на надоместокот за производителот од ставот (1) на овој член настанува во моментот кога батериите и акумулаторите за прв пат се пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија. (5) Обврската за пресметување на надоместокот за производителот кој како краен корисник увезува во Ре публика Северна Македонија батерии и акумулатори од ставот (1) на овој член, настанува во моментот кога батериите и акумулаторите за прв пат се пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија. (6) Производителот и производителот кој како кра ен корисник увезува во Република Северна Македонија батерии и акумулатори од ставот (1) на овој член е дол жен да го плати утврдениот надоместок секој 15 ден од тековниот квартал на годината за сите пресметани на доместоци за претходниот квартал. (7) Средствата од надоместокот од ставот (2) на овој член се приход на органот за животна средина и се уплатуваат на посебна уплатна сметка. (8) Надоместокот не се плаќа доколку батериите и акумулаторите се извезуваат или уништуваат во теков ната година, за што производителот треба да достави соодветен доказ. (9) Во случајот од ставот (8) на овој член, произво дителот и производителот кој како краен корисник уве зува во Република Северна Македонија батерии и аку мулатори од ставот (1) на овој член е должен да обез беди извозна електронска царинска декларација соглас но прописите за царинско работење како доказ дека за количините на батерии и акумулатори за кои не е пресметан надоместок, истите се извезени надвор од Република Северна Македонија или да обезбеди доку мент од кој е видливо дека батериите и акумулаторите кои биле пуштени на пазарот во Република Северна Македонија не биле ставени во употреба, се повлечени од пазарот и се уништени. (10) Во случаите кога за извоз или уништување на батериите и акумулаторите е платен надоместокот, производителот и производителот кој како краен ко рисник увезува во Република Северна Македонија ба терии и акумулатори од ставот (1) на овој член, има право на поврат на платениот надоместок за извезената или уништената количина на батерии и акумулатори од ставот (9) од овој член во рок од пет години од плаќа њето на надоместокот. (11) За поврат на надоместокот од ставот (10) на овој член, производителот односно производителот кој како краен корисник увезува во Република Северна 3 август 2021 Бр. 176 - Стр. 15 Македонија батерии и акумулатори од ставот (1) на овој член, до стручниот орган на посебен образец под несува барање за поврат на надоместокот заедно со кварталната пресметка од ставот (3) на овој член за на редниот квартал, во кој ќе се наведат причините за пов рат на надоместокот. (12) Поврат на надоместокот од ставот (10) од овој член се врши со решение на стручниот орган по испи тување на доставената документација и проверка дали се исполнети условите за поврат на исплатениот надо месток согласно со ставот (11) на овој член. (13) Решението на стручниот орган од ставот (12) на овој член се донесува во рок од 60 дена по приемот на бара њето за поврат на надоместок од ставот (11) на овој член. (14) Против решението на стручниот орган од ста вот (12) на овој член може да се поднесе жалба соглас но со прописите за општа управна постапка. (15) По правосилноста на решението на стручниот орган од ставот (12) на овој член, органот за животната средина врши поврат на надоместокот. (16) Министерот кој раководи со органот за живот на средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на финансиите, ја пропишува формата и содржината на образецот од ставот (3) на овој член, начинот и потребната документација за пов рат на надоместокот, како и формата и содржината на образецот од ставот (11) на овој член. Член 36 Пресметување, уплатување и водење на евиденција за пресметаниот и уплатениот надоместок (1) Производителот и производителот кој како кра ен корисник увезува во Република Северна Македонија батерии и акумулатори (во натамошниот текст: обврз никот) е должен надоместокот од членот 35 став (2) од овој закон навремено и правилно да го пресметува и уплатува како и да води, одржува и чува уредна и точ на евиденција за пресметаниот и уплатениот надомес ток. (2) Врз основа на евиденцијата од ставот (1) на овој член, обврзникот составува и на секои три месеци дос тавува до стручниот орган пресметка за уплатениот на доместок на посебен образец, дури и доколку произво дителот не пуштил на пазарот производи во текот на тој квартал. (3) Стручниот орган, пресметките за уплатениот на доместок од ставот (2) на овој член ги проверува и до колку утврди несоодветно плаќање на надоместокот, со решение ја утврдува точната количини за кои треба да се плаќа надоместок. (4) Против решението од ставот (3) на овој член, обврзникот може да изјави жалба согласно прописите за општа управна постапка. (5) Министерот кој раководи со органот за животна средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на финансиите го пропишува на чинот за водење, одржување и чување на евиденцијата од ставот (1) на овој член, како и формата и содржина та на образецот од ставот (2) на овој член. Член 37 Ослободување од плаќање на надоместокот Од плаќање на надоместокот од членот 35 став (2) од овој закон се ослободени следниве субјекти: 1) производителот и производителот кој како кра ен корисник увезува во Република Северна Македонија батерии и акумулатори, доколку имаат склучено дого вор за преземање на обврски за постапување со отпад ни батерии и акумулатори со колективен постапувач кој поседува дозвола согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управувањето со по себните текови на отпад; 2) производителот и производителот кој како краен корисник увезува во Република Северна Македонија батерии и акумулатори, на кој му е издадена дозвола како самостоен постапувач со отпадни батерии и аку мулатори согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управувањето со посебните теко ви на отпад и 3) производителот определен како мал производи тел согласно со членот 24 од овој закон. Член 38 Користење на надоместокот Средствата собрани од надоместокот од членот 35 став (2) од овој закон се користат за финансирање и спроведување на мерки и активности за управување со отпад од планските и стратешките документи утврдени со прописите од областа на отпадот, а кои се насочени кон постигнување на целите на овој закон на начин и постапка пропишана согласно прописите за проширена одговорност на производителот за управување со по себните текови на отпад. Член 39 Доброволно договарање Организациите кои застапуваат посебни интереси на економските оператори и групите на економски опе ратори опфатени со овој закон, можат да пристапат кон склучување на доброволен договор со органот за жи вотна средина или Владата на Република Северна Ма кедонија преку кој ќе ги регулираат меѓусебните права и обврски за да се постигнат повисоки национални це ли за собирање од член 18 од овој закон, како и пови сок степен на рециклирање, преработка и обработка и за воведување на сертифицирани системи за управува ње со животната средина на начин како што е утврдено во прописите за проширена одговорност на производи телот за управување со посебните текови на отпад. VI. НАДЗОР И НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ Член 40 Надлежни органи (1) Надзор над примената на овој закон и прописи те донесени врз основа на овој закон врши органот за животна средина. (2) Инспекцискиот надзор над примената на овој закон и на прописите донесени врз основа на овој за кон го врши Државниот инспекторат за животна сре дина, преку државните инспектори за животна сре дина. (3) Надзор над евиденцијата и известувањето сог ласно членот 12 од овој закон, врши стручниот орган. (4) Инспекциски надзор над примената и спроведу вањето на овој закон во поглед на обврските од овој за кон од страна на трговците вршат овластените инспек тори за животна средина на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. (5) Инспекциски надзор над примената и спроведу вањето на овој закон во однос на означувањето на бате риите и акумулаторите, пуштањето на пазар на батери ите и акумулаторите согласно барањата на овој закон, како и во однос на известување на потрошувачите врши Државниот пазарен инспекторат. (6) Инспекцискиот надзор над примената и спрове дувањето на овој закон во однос на оставање или пре давање на отпадни батерии и акумулатори како дел од комунален отпад, вршат комуналните инспектори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Стр. 16 - Бр. 176 3 август 2021 Член 41 Делокруг на надзор на државниот инспектор за животна средина (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг, државниот инспектор за животна средина, врши увид и контрола: 1) дали се произведува и/или пушта на пазар бате рии и акумулатори кои ги исполнуваат барањата ут врдени со овој закон (член 7 став (1) од овој закон); 2) дали производителот е регистриран кај стручни от орган (член 11 од овој закон); 3) дали производителот кој не е регистриран во Ре публика Северна Македонија и пушта производи на па зар преку комуникација од далечина (е-трговија) има назначен овластен застапник (член 11 став (2) од овој закон); 4) дали обврските за евиденција и годишни извеш таи се исполнуваат согласно со членот 12 од овој за кон; 5) дали батериите и акумулаторите се пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија спротивно на барањата од членот 14 став (1) од овој закон; 6) дали производителот организира повратен при ем на отпадните батерии и акумулатори (член 17 од овој закон); 7) дали се обезбедува реализација на национални те цели за собирање (член 18 од овој закон); 8) дали производителот ги утврдува своите годиш ни цели за собирање во определениот рок (член 18 став (7) од овој закон); 9) дали производителот обезбедува третман и ре циклирање на собраните отпадни батерии и акумулато ри (член 19 од овој закон); 10) дали производителот обезбедува финансирање на трошоците за постапување со отпадни батерии и акумулатори (член 20 од овој закон); 11) дали малиот производител плаќа паушален на доместок (член 20 став (3) од овој закон); 12) дали се обезбедува финансиска гаранција за спроведување на обврските за собирање, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори (член 21 од овој закон); 13) дали производителот обезбедува исполнување на обврските и целите на овој закон преку враќање, со бирање, преработка и рециклирање на свој трошок (член 23 ставови (1) и (2) од овој закон); 14) дали производителот има склучен договор за преземање на обврските за постапување со отпадни ба терии и акумулатори со колективен постапувач однос но дали има воспоставен самостоен систем (член 23 став (3) од овој закон); 15) дали субјектот е регистриран како мал произво дител и дали води евиденција и доставува извештаи (член 24 став (2) од овој закон); 16) дали субјектот доставува точни податоци при утврдување како мал производител (член 24 став (3) од овој закон); 17) дали производителот согласно овој закон е об врзан да плаќа надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори, и дали го плаќа надоместокот за управување со отпадни батерии и акумулатори (член 35 од овој закон) и 18) врши и други работи во негова надлежност ут врдени во овој закон. (2) На барање на државниот инспектор за животна средина во вршењето на инспекцискиот надзор може да учествува и надлежен државен службеник вработен во стручниот орган. (3) Државниот инспектор за животна средина е должен да изврши инспекциски надзор, кога тоа ќе го побара стручниот орган без одлагање. Член 42 Донесување на решенија на државниот инспектор за животна средина (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, држав ниот инспектор за животна средина со решение: 1) ќе ги задолжи производителите да ги повлечат од пазар батериите и акумулаторите кои не ги исполну ваат барањата утврдени со овој закон (член 7 став (1) од овој закон); 2) ќе ги задолжи производителите да се регистри раат (член 11 од овој закон); 3) ќе ги задолжи производителите да постапат сог ласно член 12 од овој закон; 4) ќе ги задолжи производителите батериите и аку мулаторите да ги отстранат од продажба доколку не се согласно со член 14 став (1) од овој закон; 5) ќе ги задолжи производителите да ги преземаат бесплатно отпадните батерии и акумулатори од крајни от корисник и трговецот (член 17 од овој закон); 6) ќе ги задолжи производителите да обезбедуваат реализација на национални цели за собирање (член 18 од овој закон); 7) ќе ги задолжи производителите да ги утврдува ат годишните цели за собирање во определен рок (член 18 став (7) од овој закон); 8) ќе ги задолжи производителите да обезбедуваат третман и рециклирање на собраните отпадни батерии и акумулатори (член 19 од овој закон); 9) ќе ги задолжи производителите да обезбедуваат финансирање на трошоците за постапување со отпадни батерии и акумулатори (член 20 од овој закон); 10) ќе ги задолжи малите производители да упла ќaат паушален надоместок (член 20 став (3) од овој за кон); 11) ќе ги задолжи производителите да обезбедуваат финансиска гаранција (член 21 од овој закон); 12) ќе ги задолжи производителите да обезбедуваат исполнување на обврските и целите на свој трошок преку враќање, собирање, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори кој е создаден од пуштањето на пазар батерии и акумулатори (член 23 ставови (1) и (2) од овој закон); 13) ќе ги задолжи производителите да склучат до говор за преземање на обврските за постапување со от падни батерии и акумулатори со колективен постапу вач, односно да воспостават самостоен систем согласно со членот 25 став (3) од овој закон доколку не уплатиле и немаат намера да плаќаат надоместокот за управува ње со отпадни батерии и акумулатори (член 23 став (3) од овој закон); 14) ќе ги задолжи малите производители да поста пат согласно со членот 24 став (3) од овој закон и 15) ќе го задолжи производителот кој е обврзан да го плаќа надоместокот за управување со отпадни бате рии и акумулатори од членот 35 од овој закон, да го пресметува и плаќа надоместокот во определен рок (член 35 од овој закон). (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за животна средина утврди дека субјектите на надзор не се придржуваат кон барањата од овој закон, со записник ќе ги констатира утврдените неправилности и во решение ќе ги определи соодвет ните мерки и активности кои треба да ги презема за надминување на настанатата ситуација како и ќе опре дели рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстрани причините за настанатата состојба. (3) При вршењето на инспекцискиот надзор, држав ниот инспектор за животна средина на субјектите на надзорот ќе им одреди привремена забрана за вршење на дејност која не може да биде подолг од 15 дена, за неправилностите утврдени од ставот (1) точки 1), 3), 7), 9), 10), 11) и 15) на овој член. 3 август 2021 Бр. 176 - Стр. 17 (4) Против решението на државниот инспектор за животна средина може да се изјави жалба согласно прописите за инспекциски надзор. (5) Доколку субјектите од ставот (1) од овој член не постапат согласно со решението на државниот инспек тор за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, државни от инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен прекршочен орган или надлежен суд. (6) Во случај кога ќе се утврди постоење на непос редна опасност по животот и здравјето на луѓето, инспекторот ќе издаде усна наредба за итно и неодлож но отстранување на утврдените неисправности и неп равилности кои во записник ги констатира во соработ ка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и ќе ги извести и другите надлежни инспектори или други државни органи за утврдените неправилнос ти и ќе побара нивна интервенција. (7) Ако констатираните неисправности и неправил ности од ставот (6) од овој член, претставуваат опас ност за загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, инспекторот веднаш ќе ја забрани работата на инсталацијата, објектот, постројката, уре дот, како и употреба на средствата и опремата за врше ње на дејноста. (8) Во случаите од ставот (6) од овој член, инспек торот донесува писмено решение во рок од 48 часа од издавањето на усната наредба. (9) При вршењето на надзорот од ставот (1) од овој член државниот инспектор за животна средина има право за преземање и на други мерки утврдени со про писите за животната средина и прописите за инспек циски надзор. Член 43 Делокруг на надзор на овластените инспектори за животна средина на општините, општините во гра дот Скопје и градот Скопје и комуналните инспек тори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје (1) Во вршењето на надзорот од својот делокруг ов ластениoт инспектор за животна средина на општи ните, општините во градот Скопје и градот Скопје, врши увид и контрола: 1) дали со отпадните батерии и акумулатори се по стапува спротивно на член 10 од овој закон; 2) дали трговецот со отпадните батерии и акумула тори постапува согласно со членот 26 од овој закон; 3) дали трговецот води евиденција за количините на преземените отпадни батерии и акумулатори (член 27 од овој закон); 4) дали трговецот за батериите и акумулаторите што ги продава има обезбедено потврда од производи телот за постапување со отпадните батерии и акумула тори (член 27 став (4) од овој закон); 5) дали отпадните батерии и акумулатори се презе маат во согласност со членот 28 став (4) од овој закон; (2) Во вршењето на надзорот од својот делокруг ко муналниoт инспектор на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, врши увид и контрола: 1) дали отпадните батерии и акумулатори се остава ат или предаваат на места означени за собирање на ко мунален отпад како несортиран комунален отпад од домаќинства (член 8 од овој закон); 2) дали со отпадните батерии и акумулатори се по стапува спротивно на членот 10 од овој закон и 3) дали крајниот корисник со отпадните батерии и акумулатори постапува во согласност со членот 32 од овој закон. Член 44 Донесување на решенија од овластениот инспектор за животна средина на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и комуналните инспектори на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, овлас тениот инспектор за животна средина на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со реше ние: 1) ќе ги задолжи субјектите при постапувањето со отпадните батерии и акумулатори да ги исполнат бара њата од член 10 од овој закон; 2) ќе ги задолжи трговецот со отпадните батерии и акумулатори да постапува согласно член 26 од овој за кон; 3) ќе ги задолжи трговците да водат евиденција за количините на преземените отпадни батерии и акуму латори (член 27 од овој закон); 4) ќе ги задолжи трговците да побараат и да обезбе дуваат потврда од производителот за постапување со отпадните батерии и акумулатори (член 27 став (4) од овој закон) и 5) ќе ги задолжи трговците и производителите пре земањето на отпадните батерии и акумулатори да се направи согласно со начинот од членот 28 став (4) од овој закон. (2) При вршењето на инспекцискиот надзор, кому налните инспектори на општините, општините во гра дот Скопје и градот Скопје со решение: 1) ќе ги задолжи субјектите да ги собираат отпад ните батерии и акумулатори кои се оставени или пре дадени како несортиран комунален отпад на местата означени за собирање на комунален отпад (член 8 од овој закон); 2) врши увид и контрола дали со отпадните батерии и акумулатори се постапува спротивно на член 10 од овој закон и 3) ќе ги задолжи крајните корисници со отпадните батерии и акумулатори да постапуваат во согласност со членот 32 од овој закон. (3) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторите од ставовите (1) и (2) на овој член ут врдуваат дека субјектите на надзор не се придржуваат кон барањата од овој закон, со записник ќе ги конста тира утврдените неправилности и во решение ќе ги оп редели соодветните мерки и активности кои треба да ги презема за надминување на настанатата ситуација како и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстрани причините за настанатата состојба. (4) Против решението на надлежниот инспектор може да се изјави жалба согласно со прописите за инспекциски надзор. (5) При вршењето на надзорот од ставот (1) од овој член инспекторите имаaт право за преземање и на дру ги мерки утврдени со прописите за животната средина и прописите за инспекциски надзор, односно прописи те за комунални дејности во ситуациите од ставот (2) на овој член. Член 45 Делокруг на надзор на стручниот орган (1) При вршењето на надзор согласно членот 12 од овој закон, стручниот орган врши увид и контрола на податоците и документите кои се основа за водење на евиденцијата и подготовка на извештаите. (2) При вршењето на надзорот над пресметаниот и уплатен надоместок од членот 35 од овој закон, струч ниот орган врши увид и контрола: Стр. 18 - Бр. 176 3 август 2021 1) дали производителот кој е обврзан да плаќа надо месток за управување со отпадни батерии и акумула тори, го пресметува и плаќа надоместокот во определе ниот рок, како и дали ги исполнува условите за поврат на платениот надоместок (член 35 од овој закон); 2) дали надоместокот за управување со отпадни ба терии и акумулатори се пресметува и уплатува навре мено и правилно и дали ја одржува и чува уредна и точна евиденцијата за пресметаниот и уплатениот на доместок (член 36 од овој закон); 3) дали производителите ги исполнуваат условите за ослободување од плаќањето на надоместок од член 37 од овој закон. (3) За спроведениот надзор и контрола од ставовите (1) и (2) на овој член, службеното лице на стручниот орган составува записник кој го доставува до субјектот на надзорот. (4) Ако при вршењето на надзорот, органот од ста вовите (1) и (2) од овој член утврди дека субјектите на надзор не се придржуваат кон барањата од овој закон, со решение ќе ги определи соодветните мерки и актив ности кои треба да ги преземат за надминување на нас танатата ситуација како и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги отстранат причините за настанатата состојба. (5) Против решението од ставот (4) од овој член мо же да се изјави жалба согласно прописите за општа уп равна постапка. (6) Доколку субјектите од ставовите (1) и (2) на овој член, не постапат согласно со решението на стручниот орган и не ги отстранат причините за настанатата сос тојба утврдени со решението, стручниот орган ќе под несе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот прекршочен орган. Член 46 Делокруг на надзор на државниот пазарен инспектор Во вршењето на надзорот од својот делокруг, државниот пазарен инспектор врши увид и контрола: 1) дали се произведуваат и/или пуштаат на пазар батерии и акумулатори кои имаат присуство на тешки метали (член 9 од овој закон); 2) дали батериите и акумулаторите кои се пуштат на пазар се означени согласно со членот 13 од овој за кон; 3) дали уредите кои работат на батерии или акуму латори се дизајнирани согласно со членот 15 ставови (1) и (2) од овој закон; 4) дали се приложува упатство во кое се покажува начинот на безбедно отстранување на отпадните бате рии и акумулатори и се постапува согласно со членот 15 став (3) од овој закон; 5) дали производителот ги информира крајните ко рисници и трговците (член 22 од овој закон); 6) дали трговецот ги информира крајните корисни ци (член 29 од овој закон); 7) дали собраните отпадни батерии и акумулатори се предаваат согласно со членот 30 став (3) на овој член и 8) дали економските оператори постапуваат сог ласно со членот 31 од овој закон. Член 47 Донесување на решенија на државниот пазарен инспектор (1) При вршење на инспекцискиот надзор, државни от пазарен инспектор со решение: 1) ќе ги задолжи производителите во рок не подолг од 30 дена да ги повлечат од пазар батериите и акуму латорите кои не ги исполнуваат барањата од членот 9 од овој закон; 2) ќе ги задолжи производителите батериите и аку мулатори како и батериските пакувања кои не се озна чени во согласност со членот 13 од овој закон да ги повлечат од пазар во рок не подолг од 30 дена; 3) ќе ги задолжи производителите уредите кои ра ботат на батерии или акумулатори да ги дизајнираат согласно со членот 15 ставови (1) и (2) од овој закон; 4) ќе ги задолжи производителите да приложат упатство во кое се покажува начинот на безбедно от странување на отпадните батерии и акумулатори сог ласно со членот 15 став (3) од овој закон; 5) ќе ги задолжи производителите да ги информира ат крајните корисници и трговци на начин утврден во членот 22 од овој закон; 6) ќе ги задолжи трговците да ги информираат крај ните корисници на начин утврден во членот 29 од овој закон; 7) ќе ги задолжи субјектите на надзор со собраните отпадни батерии и акумулатори да постапат согласно со членот 30 став (3) од овој закон и 8) ќе ги задолжи економските оператори да поста пуваат согласно со членот 31 од овој закон. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор државниот пазарен инспектор утврди дека субјектите на надзор не се придржуваат кон барањата од овој за кон, со записник ќе ги констатира утврдените непра вилности и во решение ќе ги определи соодветните мерки и активности кои треба да ги презема за надми нување на настанатата ситуација како и ќе определи рок кој не може да биде подолг од 30 дена за да ги от страни причините за настанатата состојба. (3) При вршењето на инспекцискиот надзор, држав ниот пазарен инспектор на субјектите на надзорот ќе им одреди привремена забрана за вршење на дејност која не може да биде подолга од 15 дена, за неправил ностите утврдени од ставот (1) точките 1), 2) и 3) на овој член. (4) Против решението на државниот пазарен инспектор може да се изјави жалба согласно со пропи сите за инспекциски надзор. (5) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член државниот пазарен инспектор има право за презе мање и на други мерки утврдени со прописите за држа вен пазарен инспекторат и прописите за инспекциски надзор. Член 48 Опомена (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот над зор државниот инспектор за животна средина односно државниот пазарен инспектор утврди дека е сторена неправилност од членот 50 став (1) точки 6), 12) и 13) и член 51 став (1) точка 16) на овој закон за прв пат, со записник ќе ги констатира утврдените неправилности и со решение ќе изрече опомена и ќе определи рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги от страни неправилностите утврдени со записник. (2) Државниот инспекторат за животна средина во ди единствена евиденција за изречените опомени од ставот (1) на овој член од негова надлежност. (3) Државниот пазарен инспекторат води единстве на евиденција за изречените опомени од ставот (1) на овој член од негова надлежност. (4) Формата и содржината на евиденцијата на изре чените опомени од ставот (2) на овој член ја утврдува министерот кој раководи со органот за животната сре дина. (5) Формата и содржината на евиденцијата на изре чените опомени од ставот (3) на овој член ја утврдува министерот кој раководи со органот за државната упра ва надлежен за вршење на работите од областа на еко номијата. 3 август 2021 Бр. 176 - Стр. 19 Член 49 Примена на одредби од други закони во инспекцискиот надзор Во постапката при вршење на инспекциски надзор која се спроведува во согласност со овој закон, соод ветно се применуваат одредбите на прописите за инспекциски надзор, прописите за животна средина, прописите за управување со отпад и прописите за про ширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад, доколку со овој закон пои наку не е уредено. VII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 50 Прекршочни санкции од прва категорија (1) Глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра во денар ска противвредност за микро трговци, од 18.000 до 20.000 евра во денарска противвредност за мали тр говци, од 53.000 до 59.000 евра во денарска про тиввредност за средни трговци и од 89.000 до 98.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку: 1) отпадните батерии и акумулатори ги оставаат или предаваат на места означени за собирање на кому нален отпад како несортиран комунален отпад од дома ќинствата (член 8 од овој закон); 2) уредите кои работат на батерии или акумулатори не се дизајнирани согласно член 15 ставови (1) и (2) од овој закон; 3) не приложува упатство во кое се покажува начи нот на безбедно отстранување на отпадните батерии и акумулатори и не постапува согласно член 15 став (3) од овој закон; 4) не обезбедува повратен прием на отпадните бате рии и акумулатори (член 17 од овој закон); 5) не уплаќа паушален надоместок за мал произво дител (член 20 став (3) од овој закон); 6) не ги информира на соодветен начин трговците и крајните корисници (член 22 од овој закон); 7) не организира повратен прием на отпадни бате рии и акумулатори (член 26 од овој закон); 8) не води евиденција за количините на преземени отпадни батерии и акумулатори според вид и категори ја и не ја прави достапна на надлежните инспекциски органи во секое време (член 27 од овој закон); 9) увезува и претставува неточни податоци во еви денцијата за количините на преземени отпадни батерии и акумулатори (член 27 став (3) од овој закон); 10) не обезбеди потврда од производителот дека е дел од колективен систем за управување со батерии и акумулатори или дел од самостоен систем, односно потврда дека производителот го платил надоместокот (член 27 став (4) од овој закон); 11) преземањето на отпадните батерии и акумулато ри се врши спротивно на член 28 став (4) од овој закон; 12) крајните корисници не ги информира на соодве тен начин за забраната за оставање на отпадни батерии и акумулатори како несортиран комунален отпад, за воспоставените системи за преземање и нивен третман и отстранување и за можноста за предавање на отпад ните батерии и акумулатори на продажни места (член 29 од овој закон); 13) обврската за информирање на крајните корисни ци го пренесува на друг субјект (член 29 став (3) од овој закон); 14) не ги предава собраните отпадни батерии и аку мулатори на начин утврден во член 30 став (3) од овој закон; 15) не воспоставува соодветни садови за собирање на преносни отпадни батерии и акумулатори односно индустриски или автомобилски батерии и акумулатори (член 31 став (1) од овој закон); 16) отпадните батерии и акумулатори не ги собира, складира и предава во согласност со член 32 од овој за кон и 17) не доставува до стручниот орган во определен рок пресметка за уплатениот надоместок на посебен образец (член 36 став (2) од овој закон). (2) На одговорното лице во правното лице за деј ствијата од ставот (1) од овој член ќе му се изрече гло ба во износ до 500 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.000 евра во денарска противвред ност за мал трговец, од 3.000 евра во денарска про тиввредност за среден трговец и од 5.000 евра во де нарска противвредност за голем трговец. (3) Глоба во износ од 250 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече на физичкото лице за деј ствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, прекршочниот орган, може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. (5) На одговорното лице од ставот (2) на овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (6) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од ставовите (1) и (2) на овој член е надлежниот суд, а надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од ставот (3) на овој член е прекршочниот орган формиран согласно Законот за животна средина. Член 51 Прекршочни санкции од втора категорија (1) Глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра во де нарска противвредност за микро трговци, од 25.000 до 28.000 евра во денарска противвредност за мали тр говци, од 76.000 до 84.000 евра во денарска про тиввредност за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку: 1) произведува и/или пушта на пазар батерии и аку мулатори кои не ги исполнуваат барањата од овој за кон (член 7 став (1) од овој закон); 2) отстранува батериите и акумулаторите преку депонирање и гори отпадни индустриски и автомобил ски батерии и акумулатори спротивно член 10 од овој закон; 3) не води евиденција во пишана и електронска форма по категории во килограми за количеството на батерии и акумулатори пуштени на пазарот и не ги чу ва податоците на евиденцијата до определениот рок (член 12 ставови (1) и (6) од овој закон); 4) не доставува годишен извештај до стручниот ор ган во определен рок за видот и количината на батерии и акумулатори што ги пуштил на пазар (член 12 став (2) од овој закон); 5) не изготви производствена спецификација со информации за тежината на батеријата и акумулаторот (член 12 став (3) од овој закон); 6) не води месечна и годишна евиденција врз ос нова на производствената спецификација за вкупното количество на батерии и акумулатори кои ги пуштил на пазар (член 12 став (4) од овој закон); 7) не води евиденција за количините на отпадни ба терии и акумулатори кој е примен назад, според кате горија, во дадена година и за доказот на предадените отпадни батерии и акумулатори на собирачи или ре циклатори (член 12 став (5) од овој закон); Стр. 20 - Бр. 176 3 август 2021 8) батериите и акумулатори, како и батериските па кувања кои ги пушта на пазарот, не ги означува соглас но член 13 од овој закон; 9) батериите и акумулаторите се произведуваат и пуштат на пазар спротивно на член 14 став (1) од овој закон; 10) не ги утврдува годишните цели за собирање според категорија на отпад во килограми за тековната година во определен рок согласно член 18 став (7) од овој закон; 11) не обезбедува третман и рециклирање според категорија на производи (член 19 од овој закон); 12) не обезбедува финансирање на трошоците за постапување со отпадни батерии и акумулатори (член 20 од овој закон); 13) не обезбедува финансиска гаранција за спрове дување на обврските за собирање, преработка и рецик лирање на отпадните батерии и акумулатори (член 21 од овој закон); 14) не обезбедуваат исполнување на обврските и целите на овој закон преку враќање, собирање, прера ботка и рециклирање на свој трошок (член 23 ставови (1) и (2) од овој закон); 15) не склучил договор за преземање на обврски за постапување со отпадни батерии и акумулатори или не е дел од самостоен систем за постапување со отпад од пакување (член 23 став (3) од овој закон); 16) не се регистрира како мал производител, не во ди евиденција и не доставува извештаи (член 24 став (2) од овој закон); 17) намерно доставува неточни податоци при ут врдување како мал производител (член 24 став (3) од овој закон); 18) намерно прикажува неточни податоци заради ослободување од плаќање на надоместокот од член 37 од овој закон или поврат на платениот надоместок за отпадни батерии и акумулатори од член 35 став (10) и (11) од овој закон и 19) надоместокот за управување со батерии и аку мулатори не го пресметува и уплатува навремено и правилно и не ја води, одржува и чува уредна и точна евиденција за пресметаниот и уплатениот надоместок (член 36 став (1) од овој закон). (2) На одговорното лице во правното лице за деј ствијата од ставот (1) од овој член ќе му се изрече гло ба во износ до 700 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.500 евра во денарска противвред ност за мал трговец, од 4.000 евра во денарска про тиввредност за среден трговец и од 7.000 евра во де нарска противвредност за голем трговец. (3) Глоба во износ од 400 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече на физичкото лице за деј ствијата од ставот (1) на овој член. (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. (5) На одговорното лице од ставот (2) од овој член, прекршочниот орган може да му изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста. (6) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од овој член е надлежниот суд. Член 52 Прекршочни санкции од трета категорија (1) Глоба во износ 18.000 од 20.000 евра во денар ска противвредност за микро трговци, од 36.000 до 40.000 евра во денарска противвредност за мали тр говци, од 110.000 до 120.000 евра во денарска про тиввредност за средни трговци и од 180.000 до 200.000 евра во денарска противвредност за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку: 1) произведува и/или пушта на пазар батерии и аку мулатори кои содржат тешки метали (член 9 од овој за кон); 2) не обезбедува реализација на националните цели за собирање (член 18 став (1) од овој закон) и 3) не плаќа надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори во определен рок (член 35 ста вови (1) и (6) од овој закон). (4) На сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член, прекршочен орган може да му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста. (5) На одговорното лице од ставот (2) од овој член, прекршочен орган може да му изрече прекршочна сан кција забрана за вршење на должноста. (6) Надлежен прекршочен орган за изрекување на прекршочните санкции од овој член е надлежниот суд. Член 53 Постапка за порамнување и спогодување (1) За прекршоците утврдени во член 50 од овој за кон, надлежните инспектори овластени со овој закон се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог пред да поднесат барање за прекршочна постапка. (2) За прекршоците утврдени во членовите 51 и 52 од овој закон, надлежните инспектори овластени со овој закон се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за спогодување пред да подне сат барање за поведување на прекршочна постапка. (3) Постапката на спогодување од ставот (2) на овој член се води согласно со Законот за животната средина и Законот за прекршоците. (4) Министерот кој раководи со органот за животна средина ја пропишува формата и содржината на прекр шочниот платен налог. Член 54 Водење на прекршочната постапка Прекршочната постапка се води согласно со Зако нот за прекршоците и Законот за животната средина. VIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 55 Рокови за спроведување (1) Батериите и акумулаторите кои не ги исполну ваат барањата од членот 9 од овој закон, а кои биле пуштени на пазарот во Република Северна Македонија пред влегувањето во сила на овој закон, можат да се продаваат до завршувањето на залихата. (2) Производителите кои за прв пат пуштаат на па зарот или увезуваат како крајни корисници батерии и акумулатори во Република Северна Македонија, се должни да се регистрираат согласно со членот 11 од овој закон најдоцна до 31 март 2022 година. (3) Производителот евиденцијата од членот 12 став (1) од овој закон е должен да започне да ја води од 1 ја нуари 2022 година. (4) Првиот годишен извештај за видот и количината на батерии и акумулатори што ги пуштил на пазарот во Република Северна Македонија од членот 12 став (2) од овој закон, производителот е должен да го достави најдоцна до 31 март 2023 година за 2022 година. (5) При пресметување на третманот на отпад на ба терии и акумулатори од членот 19 став (2) од овој за кон, нема да бидат земени предвид количините на от падни батерии и акумулатори кои повторно се употре бувале како цел уред, пред 31 декември 2020 година. 3 август 2021 Бр. 176 - Стр. 21 Член 56 Донесување на подзаконски прописи (1) Подзаконските прописи предвидени со овој за кон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До денот на влегувањето во сила на подзакон ските прописи од ставот (1) на овој член ќе се приме нуваат постојните подзаконски прописи. Член 57 Одложена примена Одредбите од членот 35 од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2022 година. Член 58 Престанување на важење Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Службен весник на Република Македонија” брoj 140/10, 47/11, 148/11, 39/12, 163/13 , 146/15 и 39/16). Член 59 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Север на Македонија“. L I GJ I MENAXHIMIT TË BATERIVE DHE TË AKUMULATORËVE DHE TË BATERIVE DHE TË AKUMULATORËVE JASHTË PËRDORIMIT (*) I. DISPOZITA TË PËRGJITHSHME Neni 1 Lënda e rregullimit Me këtë ligj rregullohen kërkesat për mbrojtjen e mjedisit jetësor dhe të shëndetit të njerëzve që duhet të përmbushen gjatë prodhimit dhe lëshimit në treg të baterive dhe të akumulatorëve, si dhe gjatë veprimit me bateritë dhe akumulatorët jashtë përdorimit, të cilat u referohen detyrimeve të operatorëve ekonomikë dhe të subjekteve të tjerë që marrin pjesë në procesin e prodhimit dhe të lëshimit në treg të baterive dhe të akumulatorëve, kërkesat e veçanta për grumbullimin, përpunimin dhe riciklimin, si dhe kushte të tjera për trajtimin e baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit, raportimin për arritjen e objektivave të grumbullimit, përpunimin dhe riciklimin e baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit dhe instrumenteve ekonomike. * Me këtë ligj bëhet harmonizimi me Direktivën e Parlamentit Europian dhe të Këshillit, datë 6 shtator 2006 (2006/66 / BE), për bateritë dhe akumulatorët dhe bateritë dhe akumulatorët jashtë përdorimit dhe për shfuqizimin e Direktivës 91/157 / BEE (CELEX nr. 32006L0066), Direktiva 2008/12/EC e Parlamentit Evropian dhe e Këshillit të 11 Marsit 2008 për ndryshimin e Direktivës 2006/66 / EC për bateritë dhe akumulatorët dhe bateritë dhe akumulatorët e përdorur në lidhje me kompetencat zbatuese të dhëna Komisionit (CELEX Nr. 32008L0012), Direktiva (BE) 2008/103 / BE e Parlamentit Europian dhe e Këshillit, datë 19 nëntor 2008, për bateritë dhe akumulatorët dhe bateritë dhe akumulatorët jashtë përdorimit në lidhje me lëshimin në treg të baterive dhe të akumulatorëve (CELEX Nr. 32008L0103), Direktiva 2013/56 / BE e Parlamentit Europian dhe e Këshillit, datë 20 nëntorit 2013, për ndryshimin e Direktivës 2006/66 / BE të Parlamentit Europian dhe të Këshillit, për bateri dhe akumulatorë dhe bateri dhe akumulatorë jashtë përdorimit në lidhje me lëshimin në treg të baterive të bartshme dhe baterive që përmbajnë kadmium dhe janë të paracaktuara për përdorim në mjetet elektrike pa tel, si dhe bateri në formë butoni me përmbajtje të ulët të merkurit dhe shfuqizimin e vendimit të Komisionit 2009/603 / BE (CELEX Nr. 32013L0056), Neni 2 Zbatimi subsidiar i ligjeve të tjera (1) Për çështjet në lidhje me dispozitat e mënyrës së menaxhimit të mbeturinave të rrezikshme, në mënyrë përkatëse do të zbatohen dispozitat e Ligjit të Menaxhimit të Mbeturinave, përderisa me këtë ligj nuk përcaktohet ndryshe. (2) Për rregullimin e çështjeve që kanë të bëjnë me qasjen deri te informacionet lidhur me mjedisin jetësor, pjesëmarrjen e publikut në marrjen e vendimeve, vlerësimin e ndikimit të strategjive, të planeve dhe të programeve të përcaktuara, vlerësimin e ndikimit të projekteve të caktuara në mjedisin jetësor, në mënyrë përkatëse zbatohen dispozitat e Ligjit të Mjedisit Jetësor, nëse me këtë ligj nuk është përcaktuar ndryshe. (3) Për rregullimin e çështjeve për organizimin e prodhuesve në sisteme kolektive dhe të pavarura për zbatimin e përgjegjësisë së zgjeruar të prodhuesit për menaxhimin e baterive dhe të akumulatorëve si dhe të baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit, në mënyrë përkatëse zbatohen dispozitat e Ligjit të Përgjegjësisë së Zgjeruar të Prodhuesit në Menaxhimin e Rrjedhave të Veçanta të Mbeturinave. (4) Në dispozitat e përcaktuara me këtë ligj, në mënyrë përkatëse zbatohen dispozitat e Ligjit të Procedurës së Përgjithshme Administrative, nëse me këtë ligj nuk është përcaktuar ndryshe. (5) Zbatimi i dispozitave të këtij ligji nuk e përjashton zbatimin e rregullave për sigurinë, shëndetin, higjienën, mbrojtjen sanitare si dhe rregulloret në fushën e menaxhimit të mbeturinave. Neni 3 Qëllime të ligjit (1) Qëllimet themelore të këtij ligji janë: zvogëlimi në nivelin më të ulët të mundshëm të ndikimit negativ të baterive dhe të akumulatorëve si dhe të baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit mbi mjedisin jetësor dhe shëndetin e njerëzve, dhe avancimi i standardeve të mbrojtjes së mjedisit jetësor nga ana e operatorëve ekonomikë të përfshirë në ciklin jetësor të baterive dhe të akumulatorëve, veçanërisht ata të përfshirë në procesin e trajtimit dhe të riciklimit të baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit. (2) krahas qëllimeve themelore të paragrafit (1) të këtij neni, në përputhje me parimet e nenit 4 të këtij ligji, duhet të arrihen edhe qëllimet e mëposhtme: të parandalohet krijimi i baterive dhe i akumulatorëve jashtë përdorimit; të zvogëlohet sasia e substancave të rrezikshme në bateri dhe akumulatorë dhe me këtë të zvogëlohet toksiciteti i mbeturinave nga bateritë dhe akumulatorët; të arrihet nivel i lartë i riciklimit dhe i llojeve të tjera të riciklimit të baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit, si dhe zvogëlim i deponimit të baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit; sigurimi i sistemit gjithëpërfshirës për menaxhimin e baterive dhe të akumulatorëve (kthimi, grumbullimi, trajtimi dhe riciklimi i baterive dhe i akumulatorëve); rritje sa më shumë që të jetë e mundur e grumbullimit të veçantë të baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit dhe parandalimi i largimit të baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit si pjesë e mbeturinave komunale, në mënyrë që të arrihet një shkallë e lartë e përpunimit të tyre; sigurimi i kushteve për zhvillimin e tregut të riciklimit dhe mënyra të tjera të përpunimit të baterive dhe të akumulatorëve jashtë përdorimit; sigurimi i pozitës së barabartë në treg për personat juridikë dhe fizikë vendas dhe të huaj, si dhe shmangia e pengesave tregtare që mund ta prishin konkurrencën; dhe

Law on batteries and accumulators and waste batteries and accumulators (2021) · Nelum