Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law on advisory system for agriculture and rural development

Made 2023-12-11 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Agricultural and rural development, Livestock, Environment, Food and nutrition
Keywords
agricultural development, agricultural extension, biodiversity, capacity building, data collection/reporting, family farming, farming, financing, good practices, innovation, monitoring, offences/penalties, registration, rural development, rural employment, sustainable development, sustainable use, business/industry/corporations, cooperative/producer organization, labour
Categories
*

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 20232634555 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОДАВЕН СИСТЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ (*) Се прогласува Законот за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 11 декември 2023 година. Бр. 08-6410/1 Претседател на Република 11 декември 2023 година Северна Македонија, Скопје Стево Пендаровски, с.р. Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, м-р Talat Xhaferi, с.р. ЗАКОН ЗА СОВЕТОДАВЕН СИСТЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ (*) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Предмет на законот Член 1 Со овој закон се уредува воспоставувањето, организацијата и управувањето со Советодавниот систем за земјоделство и рурален развој, начинот на обезбедување советодавни услуги, условите за регистрација на советници, условите за регистрација и лиценцирање на давателите на советодавни услуги, водењето регистри на даватели на советодавни услуги и на советници, како и други прашања за спроведувањето на Советодавниот систем за земјоделството и руралниот развој. Цел на законот Член 2 Советодавниот систем за земјоделството и руралниот развој се воспоставува со цел да се подигнат и подобрат нивото на знаење, вештините и капацитетот на земјоделските () Со овој закон се врши усогласување со Регулативата (ЕУ) бр. 1306/2013 на Европскиот парламент и на Советот од 17 декември 2013 година за финансирањето, управувањето и следењето на заедничката земјоделска политика и за укинување на Регулативите (ЕЕЗ) бр. 352/78, (ЕЗ) бр. 165/94, (ЕЗ) бр. 2799/88, (ЕЗ) бр. 814/2000, (ЕЗ) бр. 1290/2005 и (ЕЗ) бр. 485/2008 на Советот, CELEX бр. 02013R1306 Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 2 од 14 стопанства и другите физички и правни лица кои се занимаваат со земјоделско производство и преработка на земјоделски производи преку обезбедување совети за имплементирање на добрите земјоделски и еколошки практики и одржлив земјоделски развој, подобрување на конкурентноста во земјоделството, користење иновации во развојот на земјоделско-прехранбените пазари, примена на нови технологии за прецизно земјоделство и информатичка технологија во земјоделското производство, промовирање на развојот на претприемништвото и руралните бизниси, ублажување и адаптација на климатските промени, водење грижа за биодиверзитетот и животната средина, јавното здравје, здравјето и благосостојбата на животните, како и за мерките и активностите утврдени во годишните програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија. Дефиниции Член 3 Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1) „Совет“ е услуга за обезбедување техничко стручно мислење и/или препорака на одредена тема (на фарма, земјоделско стопанство или други локации) за поддршка на земјоделците, вклучувајќи одгледувачи на добиток, земјоделско-прехранбените претпријатија и руралните земјоделски стопанства во донесувањето одлуки од областа на земјоделството и руралниот развој (за производи, процеси, перформанси); 2) „Советник“ е физичко лице кое може да биде индивидуален давател на советодавни услуги или вработено кај јавен или приватен давател на советодавни услуги, кое има соодветно образование од областите за кои е обучено и запишано во Регистарот на советници и има вештини и компетенции за давање советодавни услуги; 3) „Советодавни услуги“ се услуги што ги даваат лиценцирани даватели на советодавни услуги на земјоделци, рурални земјоделски стопанства и неземјоделски претпријатија кои ги вршат своите дејности во руралните средини, кои услуги можат да го опфаќаат секој технички, финансиски, економски, еколошки, правен и социјален аспект што му е потребен на корисникот на таквата услуга; 4) „Даватели на советодавни услуги“ се физички и правни лица (јавни и приватни), кои се лиценцирани и регистрирани за давање советодавни услуги и кои ги имаат потребниот капацитет, ресурси и експертиза за давање советодавни услуги во областа за која се регистрирани и лиценцирани; 5) „Јавни даватели на советодавни услуги“ се сите државни органи и правни лица со јавни овластувања утврдени со закон кои вршат советодавни, стручно-технички, научни, истражувачки и образовни активности од областа на земјоделството и руралниот развој; 6) „Советодавен систем за земјоделството и руралниот развој“ е систем кој ги опфаќа субјектите вклучени во процесите на нудење советодавни услуги и давање совет, како и државните органи надлежни за организација, операционализација и контрола над механизмите и постапките за ефикасно и ефективно спроведување на одредбите од овој закон; 7) „Систем на знаење и иновации во земјоделството“ е мрежа на субјекти која преку поврзување и соработка овозможува проток на знаење и пренесување информации помеѓу поединци, организации и институции кои користат, споделуваат и развиваат знаења и вештини од областа на земјоделството, шумарството, руралниот развој и други сродни области; Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 3 од 14 8) „Регистар“ е систем за евиденција кој содржи податоци за сите лиценцирани даватели на советодавни услуги и регистрирани советници; 9) „Лиценца за даватели на советодавни услуги“ е документ издаден од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на јавен или приватен давател на советодавни услуги за вршење советодавни услуги; 10) „Обука“ е стекнување знаења, вештини и компетенции за давање советодавни услуги во областа на земјоделството и руралниот развој преку специјално развиени програми за стручно образование во согласност со прописите од областа на образованието на возрасните; 11) „Информатички систем за управување и следење на Советодавниот систем за земјоделството и руралниот развој“ е веб-базиран систем со екстензија во форма на повеќефункционална мобилна апликација, развиен со цел да го поддржи управувањето, спроведувањето и надзорот над Советодавниот систем за земјоделството и руралниот развој и за споделување информации со земјоделците, руралните земјоделски стопанства и неземјоделските претпријатија кои својата дејност ја вршат во рурални средини. II. ОРГАНИЗИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО СОВЕТОДАВНИОТ СИСТЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Организирање и управување со Советодавниот систем за земјоделството и руралниот развој Член 4 (1) Организирањето и управувањето со Советодавниот систем за земјоделството и руралниот развој (во натамошниот текст: АСАРД) гo врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Министерството). (2) Координацијата на Системот на знаење и иновации во земјоделството (во натамошниот текст: АКИС) ја врши Министерството. (3) Министерството обезбедува административна, техничка и финансиска поддршка за работењето на АСАРД и АКИС и работата на Советот за мониторинг и координација на АСАРД и АКИС. Совет за мониторинг и координација на АСАРД и АКИС Член 5 (1) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: министерот) формира Совет за мониторинг и координација на АСАРД и АКИС (во натамошниот текст: Советот), како стручно советодавно тело. (2) Советот е составен од претседател и членови и тоа од: 1) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – два члена; 2) Министерството за образование и наука – еден член; 3) Министерството за економија – еден член; 4) Министерството за животна средина и просторно планирање – еден член; 5) Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – еден член; 6) Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството – еден член; 7) Агенцијата за храна и ветеринарство – еден член; Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 4 од 14 8) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Државниот инспекторат за земјоделство – еден член; 9) Фондот за иновации и технолошки развој – еден член; 10) Центарот за образование на возрасни – еден член; 11) Центарот за стручно образование и обука – еден член; 12) Факултетот за земјоделски науки и храна „Ѓорѓи Филиповски“ – Скопје – еден член; 13) Земјоделскиот факултет – Штип – еден член; 14) Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ – Скопје – еден член; 15) Земјоделскиот институт – Скопје – еден член; 16) Институтот за сточарство – Скопје – еден член; 17) Институтот за тутун - Прилеп – еден член; 18) Технолошко - металуршкиот факултет Скопје – еден член; 19) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје – еден член; 20) Факултет за ветеринарна медицина – Скопје – еден член и 21) Природно - математичкиот факултет - Скопје – еден член. (3) Освен членовите од ставот (2) на овој член, во Советот членуваат и по еден претставник од трите најголеми национални здруженија на земјоделски производители по број на членови, кои се евидентирани во Евиденцијата на социјални и економски партнери на Министерството и по еден претставник од стопанските комори од областа на земјоделската дејност и преработка на земјоделски производи. (4) Членовите на Советот ги предлагаат институциите и субјектите од ставовите (2) и (3) на овој член, а ги назначува министерот со решение за период од четири години, со можност за повторно назначување. (5) Претседател на Советот е раководниот службеник на организациската единица за рурален развој во Министерството. (6) Советот работи на седници и се состанува по потреба, најмалку двапати годишно. На седниците на Советот може да учествуваат и претставници од граѓанските организации од областа на земјоделството, шумарството и руралниот развој, на покана од страна на претседателот на Советот или со одлука на Советот. (7) Начинот на работа на Советот се уредува со Деловник за работа, кој го донесува Советот, по претходно одобрување од министерот. (8) За својата работа Советот донесува заклучоци и препораки, кои ги доставува до Министерството во рок од 15 работни дена по одржување на седницата на Советот. Задачи на Советот Член 6 Советот ги врши следниве задачи: 1) дава препораки и предлози до министерот за развој, управување, координација и надзор над АСАРД и АКИС; 2) дава препораки до министерот за планирање и финансирање на АСАРД и АКИС; 3) ги разгледува извештаите од мониторингот и евалуацијата за проценка на напредокот во спроведувањето на стратегиите, програмите и работните планови на Министерството во однос на управувањето на АСАРД и спроведувањето на АКИС; 4) дава предлози и препораки до министерот за нацрт-прописи, меѓународни договори и други акти поврзани со АСАРД и АКИС; Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 5 од 14 5) дава препораки за развој на наставни програми за стручно образование и обуки за советници; 6) дава препораки за развој на програми за обука наменети за земјоделските стопанства и другите физички и правни лица кои се занимаваат со земјоделско производство и преработка на земјоделски производи и неземјоделските претпријатија кои ги вршат своите дејности во руралните средини и 7) врши и други задачи и активности за подобрување на управувањето, координацијата и спроведувањето на АСАРД и АКИС, по барање на министерот. Работи на Министерството Член 7 (1) За извршување на надлежностите за организирање и управување на АСАРД и координација на АКИС, Министерството ги врши следниве работи: 1) дава техничка поддршка за воспоставување и олеснување на меѓуинституционалната соработка со и меѓу други надворешни заинтересирани страни за изготвување препораки за развој на АКИС, вклучувајќи дефинирање приоритети и предлози за развој на програми за поддршка, кои придонесуваат за подобро спроведување на политиките за земјоделство и рурален развој; 2) изработува стратегија, програма и работни планови за управувањето и спроведувањето на АСАРД и АКИС; 3) изготвува извештаи за мониторинг и евалуација на спроведувањето на стратегиите, програмите и работните планови за управувањето и спроведувањето на АСАРД и АКИС и ги доставува до Советот; 4) дава поддршка за воспоставување на соработката помеѓу правните лица и институциите вклучени во истражувањето, советувањето, образованието и иновациите преку координација и вмрежување; 5) ги информира давателите на советодавни услуги и советниците за постапката и начинот на регистрација и лиценцирање; 6) врши промовирање и поттикнување за пристапот на АКИС меѓу корисниците и учесниците во АСАРД и информирање за придобивките од понудените советодавни услуги, достапната поддршка и начините за пристап до неа; 7) врши проверка и контрола на поднесените барања за запишување во Регистарот на советници; 8) врши проверка и контрола на поднесените барања за регистрација и издавање лиценци за даватели на советодавни услуги; 9) ги води и одржува Регистарот на лиценцирани даватели на советодавни услуги и Регистарот на советници; 10) го следи спроведувањето на АСАРД преку проверки и проценки на лиценцираните даватели на советодавни услуги и советниците преку организациската единица за рурален развој во Министерството и Државниот инспекторат за земјоделство; 11) ги информира советниците и давателите на советодавни услуги за достапноста на стручните програми за обука, одобрени од Центарот за образование на возрасните и 12) врши анализа на годишните извештаи за работа изготвени од давателите на советодавни услуги и извештаите за спроведените стручни обуки за советници. (2) Министерството го одржува Информатичкиот систем за управување и следење на АСАРД и презема активности за негово соодветно користење од страна на сите лиценцирани даватели на советодавни услуги и советници. Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 6 од 14 (3) Заради правилно функционирање и соодветно одржување на Информатичкиот систем за управување и следење на АСАРД, Министерството разменува податоци и информации со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и органите во состав на Министерството меѓу овој систем и Интегрираниот систем за администрација и контрола, воспоставен во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој. III. СОВЕТОДАВНИ УСЛУГИ И НИВНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА Советодавни услуги Член 8 (1) Советодавните услуги се обезбедуваат со цел зголемување на знаењето за поддршка на конкурентноста и модернизацијата на земјоделското и шумарското производство, зголемување на профитабилноста на производството и стандардите на производите и квалитетот, производство на безбедна храна, поттикнување за формирање групи на земјоделски производители, развој на преработката и маркетингот на земјоделско прехранбените производи во согласност со барањата на пазарот и потрошувачите, интеграција на иновативни практики и информатичка и дигитална технологија, отпорност кон климатските промени, зачувување на природните ресурси, благосостојба на животните, заштита на животната средина, социјална поддршка и развој на руралниот бизнис. (2) Корисници на советодавните услуги се земјоделците, земјоделските работници, групите производители, корисници и сопственици на земјоделско земјиште, одгледувачите на добиток, сопствениците на шуми, малите и средните рурални бизниси во руралните средини и други потенцијални корисници на советодавни услуги. (3) Советодавните услуги можат да бидат: 1) персонализирани (целни, индивидуални) услуги за обезбедување конкретни решенија; 2) групни услуги, кои ги покриваат заедничките потреби или интереси за мала група корисници на совети или 3) опсежни советодавни услуги, чија цел е подигнување на свеста кај поголеми групи корисници на услугата. (4) Советодавните услуги ги даваат лиценцирани даватели на советодавни услуги, во согласност со овој закон. (5) Давањето на советодавните услуги мора да биде непристрасно, а промовирањето или рекламирањето брендови, производи, даватели на советодавни услуги или добавувачи е забрането. (6) Давателите на советодавни услуги се должни редовно да водат евиденција за советодавните услуги што ги нудат и ги даваат и, по барање на Министерството, да ја достават својата евиденција за дадените советодавни услуги. Опсег на советодавните услуги Член 9 Советодавните услуги во земјоделството и руралниот развој се однесуваат на давање совети за: Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 7 од 14 1) насоки и објаснување на услови, критериуми и обврски на земјоделците и другите корисници кои ќе произлезат од мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој; 2) подготовка на барањата за поддршка за финансиска помош или пристап до кредити за земјоделците и претпријатијата кои работат во руралните области; 3) усогласеност со законските барања за управување со земјоделското стопанство, добрите земјоделски и еколошки услови; 4) примена на добри и одржливи земјоделски практики; 5) ефикасно спречување и управување со ризик, вклучувајќи го и ублажувањето и приспособување на климатските промени; 6) правилна примена на стандардите за преработка и маркетинг на земјоделски производи и барањата за искористување на локалните и меѓународните пазари; 7) креирање нови рурални бизниси и иницијативи за развој на руралната заедница преку земјоделство, диверзификација и развој на бизниси поврзани со земјоделството; 8) формирање организации на производители и други форми на групи на производители; 9) примена и користење дигитални технологии и иновативни решенија во земјоделските и руралните области; 10) правилно спроведување и извршување на законските и другите прописи од областа на земјоделството и руралниот развој и 11) спроведување на постапката за вработување, обврските на работодавачите, здравје и безбедност при работа и социјална поддршка во земјоделските заедници. Советници Член 10 (1) Советници можат да бидат физички лица кои ги исполнуваат следниве услови: 1) поседуваат диплома за завршено високо образование VII/1 степен или стекнати 240 кредити според ЕКТС, издадена од високообразовна установа; 2) немаат конфликт на интереси помеѓу извршување на комерцијални активности и извршување на советодавните услуги, односно помеѓу давателот на советодавни услуги и корисниците на советодавни услуги, за што даваат изјава заверена на нотар и 3) не им е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност или должност. (2) Поврзаноста на советниците со правни лица – даватели на советодавни услуги може да биде следнава: 1) советниците кои се вработени кај јавниот давател на советодавни услуги не можат да бидат ангажирани од давател на советодавни услуги кој е приватно лице; 2) советниците кои се ангажирани кај приватни лица даватели на советодавни услуги можат истовремено да бидат ангажирани и од страна на јавен давател на советодавни услуги. (3) Областите и видот на квалификации кои треба да ги поседуваат советниците во согласност со опсегот на советодавни услуги од членот 9 од овој закон ги пропишува министерот. Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 8 од 14 Запишување во Регистарот на советници Член 11 (1) Министерството води Регистар на советници и на својата веб-страница објавува ажурирана листа на сите регистрирани советници. (2) За запишување во Регистарот на советници лицето поднесува барање со потребната документација за исполнетост на условите од членот 10 од овој закон до Министерството. (3) Министерството донесува решение за запишување во Регистарот на советници, односно решение за одбивање на барање за запишување во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. (4) Против решението на Министерството за одбивање на барањето за запишување од ставот (3) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (5) Формата и содржината на барањето за запишување во Регистарот на советници, потребната документација, формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на советници, како и начинот на запишување и бришење на советниците во Регистарот, ги пропишува министерот. Бришење од Регистарот на советници Член 12 (1) Министерот со решение ги брише советниците запишани во Регистарот на советници, доколку: 1) престанат да ги исполнуваат условите од членот 10 од овој закон; 2) не посетуваат редовно стручни обуки во согласност со членот 13 од овој закон; 3) се утврди дека советодавната улога ја вршат непрофесионално и постапуваат спротивно на закон; 4) се утврди дека дале лажни информации или податоци за запишување во Регистарот на советници. (2) Против решението од ставот (1) на овој член советникот може во рок од 15 дена од денот на приемот на решението да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка за вработување од втор степен. Обука на советници Член 13 (1) Советниците запишани во Регистарот на советници се должни редовно да посетуваат стручни обуки според програми кои се одобрени од Центарот за образование за возрасните. (2) Министерството на својата веб-страница ги објавува информациите за достапните програми за обука и термините за обука на советници. (3) Програмите за обука на советниците треба да бидат одобрени од страна на Центарот за образование на возрасните. (4) При изработка на програмите за обука треба да бидат земени предвид препораките дадени од Советот, во согласност со членот 6 точка 5) од овој закон. Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 9 од 14 (5) Установите кои ги спроведуваат стручните програми за обука се должни до 31 јануари до Министерството да достават годишен извештај за спроведените стручни обуки на советници во претходната година. Даватели на советодавни услуги Член 14 (1) Даватели на советодавни услуги можат да бидат физички и правни лица (јавни или приватни), кои се лиценцирани и регистрирани за давање советодавни услуги. (2) Давател на советодавни услуги – физичко лице, може да биде секој советник запишан во Регистарот на советници, кој нуди советодавни услуги исклучиво за опсегот на советодавни услуги за кој е запишан во Регистарот на советници. (3) Давател на советодавни услуги - правно лице, може да биде државен орган основан во согласност со закон или правно лице со јавни овластувања утврдени со закон, кои вршат советодавни, стручно-технички, научни, истражувачки и образовни активности од областа на земјоделството и руралниот развој (јавен давател на советодавни услуги), или трговско друштво кое е регистрирано за вршење дејност во областа на советодавни, консултативни и информативни услуги во земјоделството и храната, ветеринарното здравје, шумарството, економски, сметководствени и правни услуги (приватен давател на советодавни услуги). (4) Приватните даватели на советодавни услуги треба да имаат најмалку еден вработен советник кој е запишан во Регистарот на советници. (5) Јавните даватели на советодавни услуги задолжително ги запишуваат во Регистарот на советници сите вработени лица кои ги исполнуваат условите од членот 10 од овој закон. (6) Јавните даватели на советодавни услуги се должни да ги нудат најмалку услугите од членот 9 точки 1), 3), 4), 10) и 11) од овој закон. (7) Доколку давателот на советодавни услуги ангажира меѓународни експерти за одредени советодавни услуги, истите треба да ги исполнуваат условите од членот 10 став (1) точки 1) и 2) од овој закон. Регистрација и лиценцирање на даватели на советодавни услуги Член 15 (1) Министерството води Регистар на даватели на советодавни услуги и на својата веб страница објавува ажурирана листа на даватели на советодавни услуги. (2) Министерството издава лиценца на давателите на советодавни услуги кои се запишани во Регистарот од ставот (1) на овој член. (3) Лиценцата од ставот (2) на овој член се издава на физички и правни лица кои ги исполнуваат следниве услови: 1) за правни лица: имаат регистрирана дејност или јавни овластувања утврдени со закон од областа на советодавни, консултативни и информативни услуги во земјоделството и храната, ветеринарното здравје и шумарството, поседуваат соодветни простории и опрема за организирање и вршење на советодавните услуги, имаат најмалку еден вработен советник запишан во Регистарот на советници и Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 10 од 14 немаат конфликт на интерес помеѓу извршување комерцијални активности и извршување на советодавните услуги. 2) за физички лица: се регистрирани како советници во Регистарот на советници и не се професионално ангажирани или редовно вработени во друго правно лице кое поседува лиценца согласно со ставот (2) на овој член. (4) За издавање лиценца за даватели на советодавни услуги лицето поднесува барање со потребната документација за исполнетост на условите од ставот (3) на овој член до Министерството. (5) Министерството донесува решение за издавање лиценца за даватели на советодавни услуги, односно решение за одбивање на барањето од ставот (4) на овој член, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. (6) Против решението на Министерството за одбивање на барањето за издавање лиценца од ставот (5) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (7) Приватните даватели на советодавни услуги можат да бидат лиценцирани за извршување на една или повеќе советодавни услуги од членот 9 од овој закон. (8) Лиценцата од ставот (2) на овој член се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а доколку барателот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, во тој случај лиценцата се издава и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо. (9) Лиценцата од ставот (2) на овој член се издава со рок на траење до 31 јануари наредната година сметано од денот на издавање во тековната година. (10) Лиценцата од ставот (2) на овој член се обновува секоја година со доставување годишен извештај за работа од страна на лиценцираниот давател на советодавни услуги до Министерството, најдоцна до 31 јануари за претходната година. (11) Образецот на годишниот извештај за работа на давателите на советодавни услуги се објавува на веб-страницата на Министерството. (12) Формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на даватели на советодавни услуги ги пропишува министерот. (13) Формата и содржината на лиценцата за даватели на советодавни услуги, како и формата и содржината на образецот на годишниот извештај за работата на давателите на советодавни услуги, ги пропишува министерот. Бришење од Регистарот на лиценцирани даватели на советодавни услуги и одземање на лиценцата Член 16 (1) Министерот со решение ја одзема лиценцата и ги брише давателите на советодавни услуги од Регистарот на лиценцирани даватели на советодавни услуги, доколку: 1) престанат да ги исполнуваат условите од членот 15 став (3) од овој закон; 2) дојде до промени во структурата на правното лице, а во рок од 30 дена од денот на промената не го известат Министерството за промените; 3) се утврди дека советодавната услуга ја вршат непрофесионално и постапуваат спротивно на закон; 4) над правното лице - давател на советодавни услуги е отворена стечајна постапка; Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 11 од 14 5) делегираат работа или ангажираат други даватели на советодавни услуги за вршење на работата за која се лиценцирани и регистрирани; 6) престанат да работат како даватели на советодавни услуги; 7) не ги исполнуваат обврските за следење, известување и евалуација на процесите што ги спроведува Министерството; 8) не достават годишен извештај за работа до Министерството во согласност со членот 15 став (10) од овој закон; 9) се утврди дека дале лажни информации и податоци релевантни за добивање и задржување на лиценцата. (2) Против решението од ставот (1) на овој член давателот на советодавни услуги може во рок од 15 дена од денот на приемот на решението да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка за вработување од втор степен. (3) Давателите на советодавни услуги се должни да водат евиденција за обезбедените советодавни услуги и да изготвуваат годишен извештај, согласно со членот 15 став (10) од овој закон. Доверливост и споделување на информации Член 17 (1) Податоците со кои располагаат давателите на советодавни услуги се јавни, освен податоците кои се сметаат за лични податоци и податоците кои се сметаат за класифицирани информации во согласност со прописите од областа на заштитата на личните податоци и од областа на класифицираните информации. (2) Податоците од ставот (1) на овој член се доставуваат до Министерството по негово барање, во согласност со прописите од областа на заштитата на личните податоци и од областа на класифицираните информации. (3) Податоците од ставот (2) на овој член можат да се користат само за целта за која се обезбедени и не можат да се менуваат или да им се даваат на други лица. (4) Сите податоци во Информатичкиот систем за управување и следење на АСАРД треба да се обработуваат во согласност со прописите од областа на заштитата на личните податоци и од областа на класифицираните информации. IV. ФИНАНСИРАЊЕ Извори на средства Член 18 (1) Советодавните услуги кои се обезбедуваат во согласност со овој закон можат да бидат целосно финансирани или кофинансирани од јавни извори на финансирање. (2) Јавните извори на финансирање од ставот (1) на овој член ги опфаќаат средствата кои се обезбедени од програмите во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој, буџетот на јавните даватели на советодавни услуги, средства од инструментот за претпристапна помош за развој на земјоделството и руралниот развој од Европската Унија, донации и други извори во согласност со овој закон. (3) При кофинансирање на советодавните услуги, средствата од приватни извори на финансирање може да се обезбедат од корисниците на советодавни услуги или од други правни лица кои имаат правен интерес. Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 12 од 14 (4) Советодавните услуги не можат двојно да се финансираат од јавните извори на финансирање од ставот (2) на овој член. (5) Финансирањето на советодавните услуги се обезбедува за: 1) основање и работа на новоформираните даватели на советодавни услуги; 2) организација и испорака на совети на корисниците на овие услуги; 3) стручна обука на советници; 4) работа на АКИС. V. НАДЗОР Надзор над законитоста и инспекциски надзор Член 19 (1) Надзорот над спроведувањето на одредбите од овој закон и на прописите донесени врз основа на овој закон, го врши Министерството. (2) Инспекциски надзор над работењето на давателите на советодавни услуги согласно со овој закон, врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство. (3) Давателите на советодавни услуги се должни да им овозможат на државните инспектори за земјоделство непречено вршење на инспекцискиот надзор. (4) Давателите на советодавни услуги не можат да вршат контрола и инспекциски надзор. (5) Инспектор вработен во инспекциска служба не може да дава советодавни услуги, ниту да биде ангажиран во правно лице - давател на советодавни услуги, најмалку една година по престанокот на работниот однос како инспектор. Овластувања на државниот инспектор за земјоделство Член 20 Државниот инспектор за земјоделство, покрај овластувањата кои му се утврдени со Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, ги има и следниве овластувања: 1) по барање на Министерството ја проверува точноста на секоја информација обезбедена за целите на запишување на советник во Регистарот на советници и регистрација и лиценцирање на даватели на советодавни услуги; 2) ја проверува работата на давателите на советодавни услуги или регистрираните советници; 3) проверува дали давателите на советодавни услуги водат соодветна евиденција во согласност со овој закон; 4) ја проверува секоја пријава или претставка за потенцијален прекршок сторен од страна на давателите на советодавни услуги или регистрираните советници, доставени до Министерството. VI. ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ Член 21 (1) Глоба во износ од 90 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на давателот на советодавна услуга - физичко лице и глоба во износ од 450 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на давателот на советодавна услуга правно лице, доколку: Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 13 од 14 1) за целите на регистрација и лиценцирање наведени во членот 15 став (3) од овој закон биле дадени лажни информации; 2) за целта на обновување на лиценцата во годишниот извештај за работа биле дадени лажни информации (член 15 став (10) од овој закон). (2) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице кај давателот на советодавната услуга за сторен прекршок од ставот (1) на овој член. (3) Покрај глобата од ставот (1) на овој член, на давателот на советодавни услуги правно лице ќе му се изрече и прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност. (4) Покрај глобата од ставот (1) на овој член, за давателот на советодавни услуги правно лице, на одговорното лице во тоа правно лице може да му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност. (5) За прекршоците утврдени во овој член овластеното службено лице е должно да му предложи на сторителот на прекршокот постапка за порамнување пред да поднесе барање за поведување прекршочна постапка. (6) Пред да поднесе барање за поведување прекршочна постапка, овластеното службено лице на сторителот на прекршокот е должно да му издаде прекршочен платен налог. Член 22 (1) Прекршочната постапка за прекршоците предвидени со овој закон ја води и прекршочните санкции ги изрекува прекршочна комисија, формирана од овластени службени лица во Министерството. (2) Прекршочната комисија ја води прекршочната постапка во согласност со одредбите од Законот за прекршоците. VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 23 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од два месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 24 Советот за земјоделство и рурален развој ќе се формира во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 25 Установите кои во согласност овој закон се должни да спроведуваат стручни програми за обука најдоцна во рок од три месеци од денот на започнувањето на примената на овој закон треба да организираат стручни обуки на советници. Член 26 Регистарот на советници и Регистарот на лиценцирани даватели на советодавни услуги ќе се воспостават во рок од три месеци од денот на започнувањето на примената на овој закон. Член 27 (1) Постојните даватели на советодавни услуги кои до денот на започнувањето на примената на овој закон вршеле дејност на давање советодавни услуги, се должни да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон, најдоцна во рок од 12 месеци од денот на започнувањето на примената на овој закон. Службен весник на РСМ, бр. 263 од 12.12.2023 година 14 од 14 (2) Вработените лица кај јавните даватели на советодавни услуги во согласност овој закон, кои се распоредени на работни места за давање советодавни услуги од членот 9 од овој закон, се должни да поднесат барање за запишување во Регистарот на советници, најдоцна во рок од 12 месеци од денот на започнувањето на примената на овој закон. Член 28 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Law on advisory system for agriculture and rural development · Nelum