Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law establishing the agricultural holding accounting data network

Made 2007 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за воспоставување мрежа на сметководствени податоци од земјоделски стопанства.
Language
Macedonian
Kind
Act
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Agricultural and rural development
Keywords
agricultural development, data collection/reporting, legal proceedings/administrative proceedings

Where to read it

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. ЗАКОН ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ МРЕЖА ЗА ПРИБИРАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОДАТОЦИ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 110/07 и 55/11) . ОПШТИ ОДРЕДБИ Содржина на Законот Член 1 Со овој закон се уредуваат воспоставувањето на мрежата за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства и начинот на прибирање, обработка и користење на сметководствените податоци од земјоделски стопанства. Значење на поимите Член 2 Поимите употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Сметководствени податоци се одредени технички, финансиски или економски податоци од земјоделско стопанство, добиени од сметководствената евиденција на земјоделското стопанство, водена редовно и систематски во текот на сметководствената година; 2. Земјоделско стопанство е економска единица под единствено управување (од едно или повеќе лица без оглед на сопственоста, правната форма, големина или локација) на чиј земјоделски имот (кој го поседува и/или располага) се врши земјоделска дејност, за кое се води евиденција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Земјоделското стопанство опфаќа една или повеќе производни единици. Земјоделско стопанство може да биде правно организирано како трговско друштво или друго правно лице утврдено со закон или семејно земјоделско стопанство; 5. Семејно земјоделско стопанство е самостојна стопанска и социјална единица која се заснова на комбинација од управување и сопственост и/или користење на земјоделски имот од членовите на семејството; 4. Сметководствено стопанство е земјоделско стопанство кое ги исполнува условите утврдени во членот 10 став 3 на овој закон и од кое се прибираат сметководствени податоци за потребите на мрежата за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства; 5. Носител на семејно земјоделско стопанство е полнолетно лице кое е одговорно за управување со земјоделското стопанство и кое истапува во име и за сметка на семејното земјоделско стопанство и како такво е запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Носител на земјоделско стопанство кое е правно организирано како трговско друштво или друго правно лице утврдено со закон е самото правно лице, а одговорното лице на правното лице истапува во име и за сметка на тоа земјоделско стопанство; 6. Регион во однос на изборот на сметководствени стопанства е целата територија на Република Македонија според Номенклатурата на територијалните единици за статистика (НТЕС) во Република Македонија (НТЕС ниво 1 и НТЕС ниво 2); 7. Сметководствена година значи календарска година или друг период од 12 последователни месеци; 8. Полето на истражување ги опфаќа сите земјоделски стопанства со одредена економска големина, без оглед на тоа дали носителот на земјоделското стопанство е ангажиран во активности надвор од земјоделското стопанствои 9. Стандард аутпут претставува стандардна вредност на бруто производството. 1. ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА МРЕЖАТА ЗА ПРИБИРАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОДАТОЦИ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА Цели Член 5 Мрежата за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (во натамошниот текст: мрежата) е наменета за: идентификација на годишен доход на земјоделско стопанство и економска анализа на земјоделски стопанства и процена на состојбата во земјоделството и пазарите со земјоделски производи. Носители на мрежата Член 4 Во мрежата се вклучени следниве субјекти и институции: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Министерството), Националниот комитет за мрежата за сметководствени податоци од земјоделско стопанство (во натамошниот текст: Комитетот), Одделението за сметководствени податоци за земјоделски стопанства во рамки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како Канцеларија за врски (во натамошниот текст: Канцеларија за врски), Државен завод за статистика (во натамошниот текст: Заводот), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со седиште во Битола (во натамошниот текст: Агенцијата), во својство на тело за прибирањето на сметководствени податоци на ниво на земјоделски стопанстваи земјоделските стопанства. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Член 5 Министерството е единствен државен орган кој има надлежност за воспоставување и реализација на мрежата и е основен корисник на податоците од истата, во функција на реализацијата на целите од членот 3 на овој закон. Во рамките на мрежата, Министерството од ставот 1 на овој член: го одобрува планот за избор на репрезентативни земјоделски стопанства со цел за прибирање на сметководствени податоци, врз основа на мислењето на Комитетот од членот 6 став 5 алинеја 1 на овој закон, го одобрува списокот на репрезентативни земјоделски стопанства, врз основа на мислењето на Комитетот од членот 6 став 3 алинеја 2 на овој закон, го одобрува договорот за прибирање на податоци од репрезентативни земјоделски стопанства врз основа на мислењето на Комитетот од членот 6 став 3 алинеја 3 на овој закони ги усвојува обработените збирни сметководствени податоци пред нивното објавување. Национален комитет Член 6 Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: министерот), формира Национален комитет за мрежата за сметководствени податоци од земјоделско стопанство. Комитетот од ставот 1 на овој член е советодавно тело кое дава мислења на министерот во однос на прибирањето, обработката и користењето на сметководствени податоци од земјоделски стопанства. Комитетот од ставот 1 на овој член ги врши следниве задачи: дава мислење за планот за избор на репрезентативни земјоделски стопанства со цел за прибирање на сметководствени податоци, дава мислење за извештајот за изборот на репрезентативни земјоделски стопанства со цел за прибирање на сметководствени податоции дава мислење за договорот подготвен од Канцеларијата за врски согласно со членот 12 став 2 на овој закон и доставен до Комитетот согласно член 7 став 2 алинеја 7 на овој закон. Комитетот од ставот 1 на овој член е составен од десет члена, и тоа: два члена назначени од министерот, два члена назначени од министерот за финансии, еден член од Факултетот за земјоделски науки и храна - Катедра за економика и организација на земјоделството, еден член од Канцеларијата за врски од членот 7 на овој закон, еден член од Заводот од членот 8 на овој закон, еден член од Агенцијата од членот 9 на овој закон, еден член претставник на здруженијата од областа на земјоделството и еден член претставник на стопанските комори. На конститутивната седница Комитетот од ставот 1 на овој член донесува Деловник за работа со кој се уредува начинот на работа на Комитетот и избира претседател на Комитетот и негов заменик од редот на членовите од ставот 4 на овој член. Мислењата од ставот 5 на овој член се донесуваат по пат на едногласно усвоено решение. Доколку Комитетот не успее да донесе мислење согласно со ставот 6 на овој член во рок од еден месец од приемот на потребата за консултација поврзана со задачите од ставот 3 на овој член, ќе одлучи министерот. Општите и административни услуги поврзани со работата на комитетот ќе бидат обезбедени од страна на Министерството. Канцеларија за врски Член 7 За потребите на овој закон, Одделението за сметководствени податоци од земјоделски стопанства во рамките на Министерството, како Канцеларијата за врски, ги врши следниве задачи: утврдува регион за потребите на мрежата и пресметката на стандард аутпут коефициентите од ставот 2 алинеја 2 на овој член, подготвува стандард аутпут коефициенти и ги доставува до Заводот од членот 8 на овој закон за потребите за воспоставување типологија на земјоделски стопанства согласно со членот 8 став 1 на овој закон, го одобрува доставениот табеларен приказ на план за избор на репрезентативни земјоделски стопанства подготвен од Заводот од членот 8 на овој закон со цел за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства, го подготвува планот за избор на репрезентативни земјоделски стопанства согласно со членот 15 став 4 на овој закон и го доставува до Комитетот од членот 6 на овој закон на мислење, го подготвува извештајот за реализација на планот за избор на репрезентативни земјоделски стопанства и го доставува до Комитетот од членот 6 на овој закон на мислење, го одобрува доставениот список на репрезентативни земјоделски стопанства од Агенцијата од членот 9 на овој закон, го информира Комитетот од членот 6 на овој закон за напредокот на работата поврзана со прибирање и користење на сметководствени податоци од земјоделски стопанства за потребите на мрежата, секоја година на мислење до Комитетот поднесува договор склучен со Агенцијата, согласно со членот 12 став 2 на овој закон, ги верификува сметководствените податоци претставени во Единствениот образец за определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на деловното работење на земјоделските стопанства од членот 11 став 1 на овој закон, доставени од Агенцијата од членот 9 на овојзакони ги подготвува и објавува обработените збирни сметководствени податоци во свои публикации. На барање на Канцеларијата за врски, Комитетот, Агенцијата и Заводот од членот 4 на овој закон се должни да ги достават сите информации и податоци до Канцеларијата за врски, во врска со задачите од членовите 6, Ви 9 на овој закон. На барање на Европската комисија, доставувањето на стандард аутпутите, како и сите податоци и информации од мрежата го врши Канцеларијата за врски. Методологијата за пресметка на стандард аутпут коефициентите од ставот 1 алинеја 2 на овој член, како и начинот за прибирање на податоците и информациите од мрежата ги пропишува министерот. Државен завод за статистика Член 8 За потребите на мрежата, а врз основа на доставените Стандард Аутпут коефициенти од членот 7 на овој закон и податоците од структурните истражувања на земјоделските стопанства, Канцеларијата за врски и Заводот се надлежни за воспоставување на типологија на земјоделските стопанства. Типологијата од ставот 1 на овој член е единствена класификација на земјоделските стопанства според нивниот тип на земјоделско производство и економска големина, како и значењето на другите профитабилни активности кои се директно поврзани со земјоделското стопанство. Заводот по барање од Канцеларијата за врски, подготвува табеларен приказ на план за избор на репрезентативни земјоделски стопанства за прибирање на сметководствени податоци за потребите на мрежата и го доставува до Канцеларијата за врски. Министерот ја пропишува методологијата за утврдување на типологија на земјоделски стопанства од ставот 1 на овој член, класификацијата на земјоделски стопанства по тип на земјоделско производство и класите на економска големина на земјоделските стопанства. Тело за прибирање на сметководствени податоци Член 9 За потребите на овој закон, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе има улога на тело за прибирање на сметководствени податоци на ниво на земјоделски стопанства. Агенцијата од ставот 1 на овој член ги врши следниве задачи: склучува договори со носителите на земјоделските стопанства од кои ќе се прибираат сметководствени податоци, им помага на носителите на земјоделските стопанства во подготовката на сметководствените податоци, ГИ собира и внесува во електронска форма сметководствените податоци од сметководствените стопанства и ги доставува до Канцеларијата за врски од членот 7 на овој закон сметководствените податоци во обем и форма согласно со членот 11 од овој закон. Земјоделско стопанство Член 10 Полето на истражување на мрежата за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства ги опфаќа земјоделските стопанства кои имаат економска големина која е еднаква, или поголема од утврден праг. Прагот од ставот 1 на овој член одговара со еден од најниските лимити на класите на економска големина на земјоделски стопанства утврдени според типологијата на земјоделските стопанства од членот 8 став 1 на овој закон и се изразува во евра. Земјоделско стопанство се определува како сметководствено стопанство, доколку ги исполнува следниве услови: да е пазарно ориентирано и да има минимална економска големина утврдена согласно со ставот 1 на овој член, да претставува репрезентативен примерок на ниво на регионот во рамките на полето на истражување и носителот на земјоделското стопанство да води сметководствена евиденција или да е подготвен да започне да води сметководствена евиденција и да е согласен на сметководствените податоци од земјоделското стопанство да ги направи достапни за потребите на мрежата. Министерот го утврдува максималниот број на сметководствени стопанства, како и минималната економска големина на сметководствените стопанства од ставот 2 на овој член. ШП. ПРИБИРАЊЕ, ПРЕСМЕТКА И КОРИСТЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОДАТОЦИ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА Сметководствени податоци Член 1 Сметководствените податоци обезбедени преку мрежата неопходни за годишно определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на нивното деловно работење, се претставуваат во Единствен образец за утврдување на доходот и анализа на деловното работење на земјоделските стопанства кој ги вклучува најмалку следниве податоци: општи информации за земјоделското стопанство, особено број на земјоделското стопанство доделен за целта на прибирање на сметководствени податоци, опис на локација на земјоделско стопанство, тип на земјоделско производство и класа на економска големина, површина на земјоделското земјиште на земјоделското стопанство во согласност сопственичката структура, расположливи човечки ресурси (сопствена и ангажирана работна сила), број и вредност на добитокот на почетокот и на крајот на сметководствената година, по видови и категории на добиток, набавка и продажба на добиток во сметководствената година, по видови на добиток; трошоци во врска со земјоделското производство, основни и обртни средства со кои располага земјоделското стопанство во сметководствената година, долгови, данок на додадена вредност (ДДВ), грантови, субвенции и директни исплати, обем на производство на производи од растително и животинско потекло Во сметководствената годинаи дополнителни сметководствени податоци потребни за остварување на целите од членот 3 на овој закон. Сметководствените податоци од ставот 1 на овој член се обезбедуваат за секое сметководствено стопанство кое е дел од мрежата согласно со Законот за заштита на личните податоци. Сметководствените податоци од ставот 1 на овој член се претставуваат во форма и содржина која овозможува: класификација на земјоделското стопанство по тип на земјоделско производство и економска големина на земјоделското стопанство, процена на доход на земјоделското стопанство во сите форми И проверка на веродостојноста на дадените податоци по пат на контрола на местото на производство. Формата и содржината на Единствениот образец за определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на деловното работење на земјоделските стопанства од ставот 1 на овој член, ги пропишува министерот. Прибирање на податоците Член 12 Сметководствените податоци од членот 11 на овој закон ги прибира Канцеларијата за врски со посредство на агенцијата. Канцеларијата за врски ќе склучи годишни договори со агенцијата за прибирање на сметководствени податоци од репрезентативни земјоделски стопанства пропишани во списокот на репрезентативни земјоделски стопанства од членот 15 став 1 на овој закон. Договорот од ставот 2 на овој член особено содржи: обемот и формата на сметководствените податоци од членот 11 став 1 на овој закон кои треба да се соберат, бројот на земјоделски стопанства кои ќе обезбедат пристап до нивните сметководствени податоци, крајни рокови и начинот на испорака на сметководствени податоци од сметководствената година, условите на плаќање на Агенцијата, формата на заштита на сметководствените податоци, формата на заштита на личните податоци на носителите на земјоделските стопанства, согласно со прописите за заштита на личните податоции казнени одредби за неисполнување на договорот. Согласност за прибирање на податоци Член 15 Сметководствените податоци се собираат од земјоделските стопанства чии носители се согласни за прибирање на сметководствени податоци во одредена сметководствена година и за тоа потпишале договор со Агенцијата. Договорот од ставот 1 на овој член го содржи најмалку следново: сметководствени податоци кои се предмет на прибирање во согласност со содржината од членот 11 на овој закон и крајните рокови на испорака на податоците, формата на заштита на сметководствените податоци и формата на заштита на личните податоци на носителите на земјоделските стопанства согласно со прописите за заштита на личните податоци. Користење на податоците Член 14 Сметководствените податоци собрани од земјоделските стопанства можат да се користат единствено за целите од членот 5 на овој закон. Сметководствените податоци не можат да бидат употребувани за оданочување. Личните податоци на носителите на земјоделските стопанства се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Избор на земјоделски стопанства Член 15 Врз основа на одобрениот план за избор од членот 6 став 2 алинеја 1, Агенцијата од членот 9 на овој закон, на барање на Канцеларијата за врски ќе подготви список на репрезентативни земјоделски стопанства, со цел за прибирање на сметководствени податоци и истиот ќе го достави до Канцеларијата за врски. Списокот содржи: број на земјоделско стопанство, име, презиме и адреса на носителот на земјоделско стопанство и тип на земјоделско производство и класа на економска големина на земјоделското стопанство. Планот за избор на репрезентативни земјоделски стопанства мора да обезбеди целосна репрезентативност на земјоделските стопанства од кои се прибираат сметководствени податоци за потребите на мрежата. Планот од ставот 5 на овој член, особено содржи: 1) податоци и процедури на кои е заснован планот: а) податоци за статистичките извори; б) процедури за стратификација на полето на истражување во согласност со утврдениот регион од членот 7 став 2 алинеја 1 на овој закон и типовите на земјоделско производство и класите на економска големина на земјоделски стопанства утврдени согласно со типологијата на земјоделските стопанства од членот 8 став 1 на овој закон; в) процедури за определување на процентот на избор, избран за секој стратум и г) процедури за избор на сметководствени стопанства; 2) преглед на земјоделските стопанства во полето на истражување по типови на земјоделско производство и класи на економска големина дефинирани во типологијата на земјоделски стопанства, кој кореспондира најмалку со основните типови земјоделски стопанства; 5) број на сметководствени стопанства кои треба да се селектираат за секој стратум; 4) потреба за подготовка на нов плани 5) рокови за подготовка на планот. Финансирање на мрежата Член 16 Средствата за финансирање на мрежата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија преку посебна буџетска програма во буџетот на Министерството. Следниве трошоци се прифатливи за финансирање од средствата наведени во ставот 1 на овој член: материјалните трошоци за работа на Комитетот од членот 6 на овој закон, трошоци на мрежата кои се однесуваат на Канцеларијата за врски, за реализација на задачите од членот 7 став 2 на овој закон, трошоци на мрежата кои се однесуваат на Агенцијата, за реализација на задачите од член 9 став 2 на овој закони трошоци за надоместок на земјоделските стопанства кои партиципираат во мрежата. МУ. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Донесување на подзаконските акти Член 17 Министерот ќе ги донесе подзаконските прописи за спроведување на овој закон во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. Основање на Национален комитет Член 18 Комитетот од членот 6 на овој закон се формира најдоцна во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Влегување во сила Член 19 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија", а ќе почне да се применува од 1 јануари 2008 година. ВАЖЕЧКИ ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ ОД НОВЕЛИТЕ НА ЗАКОНОТ . „Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/11 Член 15 Одредбите на членовите 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9,10, 11,12 и 15 од овој закон ќе се применуваат до пристапувањето на Република Македонија во Европската унија.

Law establishing the agricultural holding accounting data network · Nelum