Law amending the Law on water economies
Made 2011-12-27 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Законот за изменување и дополнување Закон за водостопанствата.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Water
- Keywords
- water supply, local government
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 1 од 3.1.2012 година 20120010004 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОДОСТОПАНСТВАТА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за водостопанствата, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 27 декември 2011 година. Бр. 07- 5401/1 27 декември 2011 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОДОСТОПАНСТВАТА Член 1 Во Законот за водостопанствата (“Службен весник на Република Македонија“ број 85/2003, 95/2005 и 103/2008), членот 23 се менува и гласи: “Водостопанството има Одбор на корисници на вода составен од шест до 13 члена. Одборот е составен од членови избрани од: претставници од водните заедници од подрачјето на дејствувањето на водостопанството, претставници од комуналните претпријатија за водоснабдување од подрачјето на дејствувањето на водостопанството, претставници од корисниците на вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајки го и производството на електрична енергија, претставници од корисниците на услугите за одводнување од подрачјето на дејствување на водостопанството, претставници на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од редот на државните службеници и стручни лица од областа на управување и користење на водите со соодветни познавања за хидроградежни работи и претставници предложени од Сојузот на земјоделци на Македонија со место на живеење од регионот во кој дејствува соодветното водостопанство.“ 1 од 2 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 1 од 3.1.2012 година Член 2 Членот 24 се менува и гласи: „Во водостопанството кое стопанисува со систем за одводнување каде што одводнувањето е приоритетна дејност и кое не испорачува вода, одборот е составен од седум до 13 члена избрани од: претставници на лицата сопственици на земјоделско и друго земјиште во рамките на подрачјето на дејствувањето на водостопанството, претставници на лицата корисници на земјоделско земјиште и друго земјиште во државна сопственост во рамките на подрачјето на дејствувањето на водостопанството, претставници на единиците на локалната самоуправа, претставници на државните субјекти кои се сопственици или користат земјиште, или објекти кои имаат потреба од одводнување и припаѓаат во системот за одводнување, претставници на водните заедници од подрачјето на дејствување на водостопанството, претставници на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од редот на државните службеници и претставници предложени од Сојузот на земјоделци на Македонија.“ Член 3 Водостопанствата во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе ги усогласат своите статути со одредбите на овој закон. Член 4 Со денот на влегувањето во сила на овој закон одборите на корисници на вода продолжуваат со работа до основањето на новите одбори на корисници на вода согласно со одредбите на овој закон. Одборите на корисници на вода ќе се основаат во рок од најмалку 60 дена од денот на донесувањето на статутите. Член 5 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. 2 од 2 www.pravdiko.com