Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on water economies

Made 2008-08-01 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

research.laws.repealedOn

About this law

Original title
Законот за изменување и дополнување Закон за водостопанствата.
Language
Macedonian
Kind
Act
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Water
Keywords
water supply, financing, legal proceedings/administrative proceedings, offences/penalties, fees/royalties

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 103 од 19.08.2008 година 20081031955 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 75 ставови 1, 2 и 3 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОДОСТОПАНСТВАТА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за водостопанствата, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 1 август 2008 година. Бр. 07-3371/1 1 август 2008 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОДОСТОПАНСТВАТА Член 1 Во Законот за водостопанствата ("Службен весник на Република Македонија” број 85/2003 и 95/2005), во членот 11 во воведната реченица по зборот “дејствувањето” запирката и зборовите: “може да” се бришат. Член 2 Во членот 12 по зборот “водостопанството” зборовите: “може да” се бришат. Член 3 Во членот 23 по алинејата 3 се додава нова алинеја 4, која гласи: “- корисниците на услугите за одводнување од подрачјето на дејствување на водостопанството.” Член 4 Во членот 24 по алинејата 4 се додава нова алинеја 5, која гласи: ” - водните заедници од подрачјето на дејствување на водостопанството.” Член 5 Во членот 42 став 1 по зборот “одделно” се додаваат зборовите: “врз основа на член 43 алинеја 4 од овој закон”. 1 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 103 од 19.08.2008 година Член 6 По членот 42 се додава нов член 42-а, кој гласи: “Член 42-а Доколку корисникот на услугите на одводнувањето од членот 82 на овој закон не го плати надоместокот утврден со решението од членoт 42 на овој закон, наплатата за сметка на водостопанството ја врши органот на општината надлежен за наплата на даноците и другите јавни давачки, а според подрачјето на општината на кое се наоѓа земјиштето или другата недвижност за која се врши одводнувањето.” Член 7 Во членот 56 алинејата 1 се брише. Член 8 Членот 57 се менува и гласи: “Директорот има право и обврска да присуствува и да учествува во работата на седниците на одборот без право на глас во одлучувањето.” Член 9 Во членот 63 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: ”Работите на одводнувањето од членот 7 на овој закон водостопанството со корисниците ги уредува со договор.” Член 10 Во членот 78 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “Доколку корисникот не го плати годишниот надоместок од ставот 1 на овој член утврден во конечното решение на директорот на водостопанство, наплатата за сметка на водостопанството ја врши органот на општината надлежен за наплата на даноците и другите јавни давачки, според подрачјето на општината на која се наоѓа земјоделското земјиште на кое се врши наводнување.” Член 11 Во членот 85 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство предлогот за основање водостопанство од ставот 1 на овој член може да го поднесе до Владата на Република Македонија доколку иницијативата и интересот за основање на водостопанство се покрене од единицата на локалната самоуправа или од корисници на вода од определено подрачје на коешто постои хидромелиоративен систем за наводнување и/или одводнување и ако нема основано водостопанство за тоа подрачје, а иницијативата да ги содржи елементите предвидени со членот 87 од овој закон.” Член 12 Во членот 86 алинејата 1 се менува и гласи: “- постојаните водостопански претпријатија се во постапка за ликвидирање или се ликвидирани;“. Член 13 Во членот 94 став 1 алинејата 5 се менува и гласи: “- го определува пренесувањето на хидромелиоративниот систем и другите придружни водостопански објекти, постројки и недвижности, опрема, резервни делови и други основни средства и инвентар за стопанисување на водостопанствата”. 2 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 103 од 19.08.2008 година Член 14 Членот 97 се брише. Член 15 Членот 98 се менува и гласи: “Врз основа на одлука на Владата на Република Македонија од членот 93 на овој закон, а по стекнување на водостопанството со својство на правно лице, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство склучува договор со водостопанството за пренесување на стопанисување, користење и одржување на средствата од членот 94 став 1 алинеја 5 на овој закон . Договорот се склучува за период што не може да биде пократок од десет години ниту подолг од 30 години.” Член 16 Во членот 105 се додава нов став 1, кој гласи: “Надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на него врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Ставот 1 станува став 2. Член 17 Во членот 117 на крајот точката се брише и се додаваат зборовите: ”и Законот за стечај”. Член 18 Во членот 118 бројот “97” се заменува со зборовите: “94 став 1 алинеја 5”. Член 19 Насловот на Главата “Х КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ” се менува и гласи: “Х ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ”. Член 20 Во членот 119 став 1 воведната реченица се менува и гласи: ”Глоба во износ од 1.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:” По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: ”Глоба во износ од 100 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот 1 на овој член и на одговорното лице во правното лице.” Член 21 Во членот 120 став 1 воведната реченица се менува и гласи: "Глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице корисник на вода, кое:". Ставот 2 се менува и гласи: "Глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на член на одборот што нема да пријави конфликт на интереси од членот 37 на овој закон и ќе учествува во расправата и донесувањето на одлуката." Ставот 3 се менува и гласи: "Глоба во износ од 300 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на секој од членовите на одборот кога одборот нема да постапи по барањето од членот 107 на овој закон." 3 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 103 од 19.08.2008 година Член 22 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. 4 од 4 www.pravdiko.com

Law amending the Law on water economies · Nelum