Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on the quality of agricultural products

Made 2011-04-11 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за изменување и дополнување на законот за квалитетот на земјоделските производи.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Food and nutrition
Keywords
food safety and quality, inspection, institution, legal proceedings/administrative proceedings, governance

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 1 од 9 20110531491 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделски производи, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 април 2011 година. Бр. 07-2019/1 Претседател 11 април 2011 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ Член 1 Во Законот за квалитет на земјоделски производи („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10), во членот 15 по ставот (2) се додаваат 18 нови става (3), (4) , (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19) и (20), кои гласат: “(3) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на овластување од членот 14 на овој закон, донесува решение со кое одлучува по барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 14 на овој закон. (4) Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение за овластување од членот 14 на овој закон, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за донесување на решение по поднесеното барање. (5) Формата и содржината на барањето од ставовите (2) и (4) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Кон барањето за донесување на решението за овластувањето од членот 14 на овој закон, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (3) на овој член. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 2 од 9 (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 14 на овој закон е уважено или одбиено. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените активности. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9) и (10) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден со Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (15) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 3 од 9 (16) Во случајот од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (19) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рок од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (20) По објавувањето на подзаконските акти од ставот (5) на овој член во „Службен весник на Република Македонија“, истите се објавуваат на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (21) и (22). Во ставот (5) кој станува став (23) зборовите: “Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и ветеринарството на Владата на Република Македонија“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 2 Во членот 33 по ставот (2) се додаваат 18 нови става (3), (4) , (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19) и (20), кои гласат: “(3) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на овластување од членот 32 на овој закон, донесува решение со кое одлучува по барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 32 на овој закон. (4) Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение за овластување од членот 32 на овој закон, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за донесување на решение по поднесеното барање. (5) Формата и содржината на барањето од ставовите (2) и (4) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Кон барањето за донесување на решението за овластувањето од членот 32 на овој закон, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (2) на овој член . (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 32 на овој закон е уважено или одбиено. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во Министерството за Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 4 од 9 земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените активности. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9) и (10) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (15) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член Директорот на државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 5 од 9 (19) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рок од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (20) По објавувањето на подзаконските акти од ставот (5) на овој член во „Службен весник на Република Македонија“ истите се објавуваат на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (21) и (22). Во ставот (5) кој станува став (23) зборовите: “ Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и ветеринарството на Владата на Република Македонија“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 3 Во членот 122 по ставот (2) се додаваат 18 нови става (3), (4) , (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19) и (20), кои гласат: “(3) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на овластување од членот 121 на овој закон, донесува решение со кое одлучува по барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 121 на овој закон. (4) Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение за овластување од членот 121 на овој закон, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за донесување на решение по поднесеното барање. (5) Формата и содржината на барањето од ставовите (2) и (4) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Кон барањето за донесување на решението за овластувањето од членот 121 на овој закон, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (2) на овој член . (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен најдоцна во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 121 на овој закон е уважено или одбиено. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на прием на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор го информира подносителот на барањето за преземените активности. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 6 од 9 (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9) и (10) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (15) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (19) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рок од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (20) Во објавувањето на подзаконските акти од ставот (5) на овој член во „Службен весник на Република Македонија“ истите се објавуваат на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (21) и (22). Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 7 од 9 Во ставот (5) кој станува став (23) зборовите: “Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и ветеринарството на Владата на Република Македонија“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 4 Во членот 139 по ставот (2) се додаваат 18 нови става (3), (4) , (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19) и (20), кои гласат: “(3) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на овластување од членот 138 на овој закон, донесува решение, со кое одлучува по барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 138 на овој закон. (4) Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение за овластување од членот 138 на овој закон, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за донесување на решение по поднесеното барање. (5) Формата и содржината на барањето од ставовите (2) и (4) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Кон барањето за донесување на решението за овластувањето од членот 11 на овој закон, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (2) на овој член . (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 138 на овој закон е уважено или одбиено. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето за преземените активности. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 8 од 9 (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените активности. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9) и (10) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден со Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (15) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (19) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (20) По објавувањето на подзаконските акти од ставот (5) на овој член во „Службен весник на Република Македонија“ истите се објавуваат на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (21) и (22). Во ставот (5) кој станува став (23) зборовите: “Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на земјоделството, шумарството, водостопанството и ветеринарството на Владата на Република Македонија“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Член 5 Подзаконските акти предвидени од овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 9 од 9 Член 6 Одредбите од членовите 1 став (24), 2 став (24) и 3 став (24) на овој закон ќе започнат да се применуваат со започнување на примената на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 7 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Law amending the Law on the quality of agricultural products · Nelum