Law amending the Law on product safety
Made 2007-05-16 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment
- Keywords
- data collection/reporting, offences/penalties
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
„Службен весник на РМ“ бр. 63 од 22.05.2007 година Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на производите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 16 мај 2007 година. Бр. 07-2220/1 16 мај 2007 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Љубиша Георгиевски, с.р. Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ Член 1 Во Законот за безбедност на производите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 33/2006), членот 32 се менува и гласи: “Постапката за известување на Европската комисија за донесување на технички и нехармонизирани прописи, технички спецификации и стандарди, поблиску ќе ја пропише Владата на Република Македонија. Контактна точка за известување на Европската комисија за донесување на техничките и нехармонизираните прописи е Министерството за економија. Контактна точка за известување на Европската комисија за донесување на стандардите и техничките спецификации е Институтот за стандардизација.” Член 2 Насловот на ПЕТТИОТ ДЕЛ “КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ” се менува и гласи: “ПЕТТИ ДЕЛ ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ”, а пред членот 42 се додава нов член 41-а, кој гласи: “Член 41-а За прекршоците од членот 43-а на овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува органот на државната управа - Државниот пазарен инспекторат (во натамошниот текст: прекршочен орган). Прекршочната постапка од ставот 1 на овој член пред прекршочниот орган ја води комисија за одлучување по прекршок (во натамошниот текст: прекршочна комисија) формирана од страна на министерот за економија. Против решенијата на Комисијата, со кои се изрекува прекршочна санкција согласно со одредбите од овој закон, може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд.” 1 од 3 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 63 од 22.05.2007 година Член 3 Во членот 42 став 1 воведната реченица се менува и гласи: “Глоба во износ од 3.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:”. Точките 6, 7 и 8 се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: “Глоба во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член.” Ставот 3 се менува и гласи: “Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на службеното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член.” По ставот 3 се додаваат четири нови става 4, 5, 6 и 7, кои гласат: “Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставот 1 точка 2 на овој член. Кога прекршокот од ставот 1 на овој член е сторен со цел сторителот за себе или за друго лице да прибави имотна корист или прекршокот е сторен од организирана група на лица или во текот на календарската година сторителот го повтори прекршокот од ставот 1 на овој член, надлежниот суд може да изрече глоба во висина од 15.000 евра во денарска противвредност. Доколку постои опасност правното лице за дејствијата од ставот 1 точки 1, 2 и 4 на овој член да изврши повторен прекршок може да му се изрече санкција привремена забрана на вршење одделна дејност во траење од три до пет години. За прекршокот од ставот 1 точка 1 на овој член ќе се одземе и имотната корист која е остварена со сторување на прекршокот.” Член 4 Во членот 43 став 1 воведната реченица се менува и гласи: “Глоба во износ од 3.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:”. Ставот 2 се менува и гласи: “Глоба во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член.” Ставот 3 се менува и гласи: “Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на службеното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член.” По ставот 3 се додаваат четири нови става 4, 5, 6 и 7, кои гласат: “Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставот 1 точка 2 на овој член. Кога прекршокот од ставот 1 на овој член е сторен со цел сторителот за себе или за друго лице да прибави имотна корист или прекршокот е сторен од организирана група на лица или во текот на календарската година сторителот го повтори прекршокот од ставот 1 на овој член, надлежниот суд може да изрече глоба во висина од 15.000 евра во денарска противвредност. Доколку постои опасност правното лице за дејствијата од ставот 1 точки 1, 2 и 4 на овој член да изврши повторен прекршок може да му се изрече санкција привремена забрана на вршење одделна дејност во траење од три до пет години. За прекршокот од ставот 1 точка 1 на овој член ќе се одземе и имотната корист која е остварена со сторување на прекршокот.” 2 од 3 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 63 од 22.05.2007 година Член 5 По членот 43 се додаваат три нови члена 43-а, 43-б и 43-в, кои гласат: “Член 43-а Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: не го извести Државниот пазарен инспекторат, односно не ги наведе деталите за преземените дејствија со цел да се заштитат потрошувачите од опасностите (член 15 став (1)) и не соработуваат со надлежните инспекциски органи (член 16). Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член. Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на службеното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член. Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставот 1 на овој член. Државниот пазарен инспектор може за прекршоците од овој член да му изрече на правното лице мандатна казна на самото место во износ од 500 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице во правното лице во износ од 200 евра во денарска противвредност, како и на физичкото лице во износ од 100 евра во денарска противвредност. Член 43-б За прекршоците утврдени во членовите 42 и 43 од овој закон државниот пазарен инспектор е должен на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување пред да поднесе барање за прекршочната постапка. Постапката од ставот 1 на овој член се води согласно со Законот за прекршоците и Законот за Државен пазарен инспекторат. Државниот пазарен инспектор во постапката за порамнување за прекршоците од членовите 42 и 43 на овој закон може на правното лице да му изрече глоба и да му издаде платен налог. Член 43-в За прекршоците од членот 43-а на овој закон државниот пазарен инспектор може на сторителот на прекршокот да му понуди постапка за посредување и постигнување согласност со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата, другите давачки или да ги отстрани последиците од прекршокот. Постапката од ставот 1 на овој член се води согласно со Законот за прекршоците.” Член 6 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. 3 од 3 www.pravdiko.com