Law amending the Law on pastures
Made 2013-11-21 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Законот за изменување и дополнување на Законот за пасишта.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- grazing, legal proceedings/administrative proceedings, offences/penalties, pastoralism, animal production
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година 20131643979 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАСИШТАТА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 21 ноември 2013 година. Бр. 07- 4599/1 Претседател 21 ноември 2013 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАСИШТАТА Член 1 Во Законот за пасиштата (“Службен весник на Република Македонија“ број 3/98, 101/2000, 89/2008, 154/2009, 42/10 и 116/10), членот 7 се менува и гласи: “Јавното претпријатие за пасишта ги дава пасиштата на користење на правни и физички лица (во натамошниот текст: корисници на пасиштата) по пат на јавен оглас во зависност од капацитетот на пасиштата.“ Член 2 По членот 7 се додават четири нови члена 7-а , 7-б , 7-в и 7-г, кои гласат: „Член 7-а Директорот на Јавното претпријатие за пасишта донесува одлука за распишување на јавен оглас за давање на користење на пасиштата во државна сопственост, со претходно одобрение од Владата на Република Македонија. Одлуката особено ги содржи следниве податоци: име, вид и намена на пасиштето што се дава на користење, капацитет на пасиштето што се дава на користење, податоци за местоположбата на пасиштето, времетраење за кое се дава пасиштето на користење, рок за поднесување на понуди, вкупна површина во хектари што се дава на користење, 1 од 3 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година висина на надоместокот согласно со важечката тарифа на Јавното претпријатие за пасишта и други податоци потребни за спроведување на постапката за доделување на користење на пасиштата. Постапката за издавање на користење на пасиштата во државна сопственост ја спроведува Комисија формирана од Владата на Република Македонија, a составена од седум члена од редот на државните службеници од органите на државната управа. По потреба може да се формираат повеќе комисии за спроведување на поединечни огласи. Владата на Република Македонија го објавува јавниот оглас во најмалку два дневни весници во Република Македонија од кои еден од весниците што се издава е на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. Јавниот оглас особено ги содржи следниве податоци: име, вид и намена на пасиштето што се дава на користење, капацитет на пасиштето што се дава на користење, податоци за местоположбата на пасиштето, времетраењето за кое се дава пасиштето на користење, вкупна површина во хектари што се дава на користење, рок за поднесување на понуди, висина на надоместокот согласно со важечката тарифа на Јавно претпријатие за пасишта и други податоци потребни за спроведување на постапката за доделување на користење на пасиштата. Рокот за поднесување на понуди е 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас. Понудите кои не ги исполнуваат условите од овој закон, како и некомплетните и ненавремено доставените понуди на јавниот оглас Комисијата нема да ги разгледува. Член 7-б Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Лицата од ставот 1 на овој член треба да се регистрирани во единствен регистар на земјоделски стопанства и да располагаат со добиток. Странските правни лица од ставот 1 на овој член имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. Право на учество на јавниот оглас немаат правни и физички лица кои ги немаат платено даноците и други јавни давачки и кои ги немаат намирено обврските по основ на претходно склучени договори за користење на пасишта во државна сопственост. Право на учество немаат правни лица за кои е отворена стечајна или ликвидациона постапка. Член 7-в Комисијата врши рангирање на најповолни понудувачи според највисок процент на пополнување на капацитет на огласеното пасиште. Во случај на пополнување на еднаков процент од двајца или повеќе понудувачи, критериумот за избор на најповолен понудувач е според местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на огласеното пасиште. Кога двајца или повеќе понудувачи ги исполнуваат критериумите наведени во ставовите 1 и 2 на овој член за најдобар понудувач се избира прво поднесената понуда. 2 од 3 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година Член 7-г Комисијата за спроведувањето на постапката води записник за отворање на понудите, изготвува извештај за евалуација на понудите и е должна во рок од 15 дена по завршувањето на јавниот оглас да достави предлог за избор на најповолен понудувач до Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија врз основа на доставениот предлог од ставот 1 на овој член донесува одлука за избор на најповолен понудувач. По донесувањето на одлуката од ставот 2 на овој член, во рок од 15 дена, Јавното претпријатие за пасишта ги известува учесниците по писмен пат за извршениот избор. Понудувачот кој не е задоволен од извршениот избор по јавниот оглас, во рок од 30 дена од приемот на одлуката, може да покрене тужба пред надлежниот Управен суд.“ Член 3 Во членот 8 став 2 бројот “5“ се менува со бројот “10“. Член 4 По членот 8 се додава нов член 8-а, кој гласи: „Член 8-а Јавното претпријатие за пасишта изготвува и води регистар на пасишта во државна сопственост. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата, содржината и начинот на водење на регистарот на ставот 1 на овој член.“ Член 5 По членот 9 се додава нов член 9-а, кој гласи: „Член 9-а Се забранува разорување и узурпација на пасиштата како добро од општ интерес за Републиката.“ Член 6 Во членот 15 став 1 по точката 3 се додава нова точка 4, која гласи: “4) презема дејствија спротивно на членот 9-а од овој закон.“ Член 7 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на законот. Член 8 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. 3 од 3