Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on inland waterways

Made 2013-11-21 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Water
Keywords
inland waters, inspection, navigation, education

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 163 од 26.11.2013 година 20131633879 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 21 ноември 2013 година. Бр. 07-4604/1 21 ноември 2013 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија“ број 55/2007, 26/2009, 22/10, 23/11, 53/11, 155/12, 15/13 и 137/13), по членот 70-в се додаваат осум нови члена 70-г, 70-д, 70-ѓ, 70-е, 70-ж, 70-з, 70-ѕ и 70-и, кои гласат: „Член 70-г Испитот од членот 70 од овој закон се состои од два дела, и тоа: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и втор дел (практичен пример), со кој се проверува практичната способност на кандидатите. Испитот се полага според Програма во која се содржани градивото, прописите и литературата која ја донесува министерот за транспорт и врски. Стручните и административните работи за потребите на испитот од ставот 1 на овој член ги врши Министерството за транспорт и врски, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар избрано од министерот за транспорт и врски. Член 70-д Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. 1 од 8 Службен весник на РМ, бр. 163 од 26.11.2013 година Кандидатите се информираат за датумот и времето на полагањето на испитот најмалку три дена пред одржувањето на испитот. Правното лице од членот 70-г став 3 од овој закон е должно полагањето на испит да го снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски. Критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на стручен испит ги пропишува министерот за транспорт и врски. Во просторијата за полагање на испитот, за време на полагање на испитот се присутни членовите на Комисијата од членот 70 став (4) од овој закон. Член 70-ѓ Пред почетокот на полагањето на стручниот испит Комисијата го утврдува идентитетот на кандидатот со увид во лична карта. На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со членовите на Комисијата, во случај доколку има технички проблем со компјутерот. Ако техничките проблеми со компјутерот ќе бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати што го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. Доколку кандидатот при полагањето на првиот дел од испитот постапува спротивно од ставовите 2 и 3 на овој член нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин. Во случаите од ставот 6 на овој член се смета дека кандидатот не го положил стручниот испит и истото се констатира во записникот за полагање на испитот. Членовите на Комисијата од членот 70 став 4 од овој закон за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути. Член 70-е Комисијата од членот 70 став 4 од овој закон за полагање на првиот дел од испитот подготвува најмалку 300 испитни прашања и десет практични задачи за вториот дел (практичен пример). Испитот започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел), а потоа на вториот дел (практичен пример). Вториот дел, односно практичниот дел од испитот се полага веднаш по успешното завршување на првиот дел. Министерот за транспорт и врски го пропишува начинот на бодирање на првиот дел од испитот. 2 од 8 Службен весник на РМ, бр. 163 од 26.11.2013 година Член 70-ж Полагањето на првиот дел од испитот се врши со одговарање на определен број на прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. Прашањата од тестот од ставот 1 на овој член се вреднуваат со поени определени во тестот. Доколку кандидатот не го положи првиот дел од испитот ќе се смета дека испитот не го положил односно не може да го полага вториот дел од испитот. Полагањето на вториот дел од испитот се врши со изведување на практична задача. Член 70-з На денот на полагањето на првиот дел од испитот Комисијата му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем за полагање на испитот. По одобрувањето на пристапот кандидатот добива електронски тест за првиот дел од испитот чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем за полагање на испитот. Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот во еден термин за повеќе од еден кандидат. Член 70-ѕ Во случај на спреченост на спроведување на првиот дел од испитот поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем полагањето на испитот се прекинува. Доколку причините од ставот 1 на овој член се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот истиот продолжува веднаш по нивното отстранување. Доколку причините од ставот 1 на овој член не се отстранат во рокот од ставот 2 на овој член испитот се презакажува за друг термин. Член 70-и Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 60 минути. Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Вториот дел од испитот не се бодира туку Комисијата во зависност од успешноста, односно правилното изведување на практичниот пример утврдува дали кандидатот го положил, односно не го положил вториот дел од испитот. Доколку кандидатот не го положи вториот дел од испитот може во рок од еден месец повторно да го полага само вториот дел од испитот, а во спротивно го полага и првиот и вториот дел од испотот.“ Член 2 По членот 74-а се додаваат девет нови члена 74-б, 74-в, 74-г, 74-д, 74-ѓ, 74-е, 74-ж, 74-з и 74 s, кои гласат: „Член 74-б Испитот од членот 74-а од овој закон се состои од два дела, и тоа: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и втор дел (практичен пример), со кој се проверува практичната способност на кандидатите. 3 од 8 Службен весник на РМ, бр. 163 од 26.11.2013 година Испитот се полага според Програма во која се содржани градивото, прописите и литературата која ја донесува министерот за транспорт и врски. Стручните и административните работи за потребите на испитот од ставот 1 на овој член ги врши Министерството за транспорт и врски, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар избрано од министерот за транспорт и врски. Член 74-в Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. Кандидатите се информираат за датумот и времето на полагањето на испитот најмалку три дена пред одржувањето на испитот. Правното лице од членот 74-б став 3 од овој закон е должно полагањето на испит да го снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски. Критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на стручен испит ги пропишува министерот за транспорт и врски. Во просторијата за полагање на испитот, за време на полагање на испитот се присутни членовите на Комисијата од членот 74-а став 3 од овој закон. Член 74-г Пред почетокот на полагањето на стручниот испит Комисијата го утврдува идентитетот на кандидатот со увид во лична карта. На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, освен со членовите на Комисијата во случај доколку има технички проблем со компјутерот. Ако техничките проблеми со компјутерот ќе бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати што го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. Доколку кандидатот при полагањето на првиот дел од испитот постапува спротивно од ставовите 2 и 3 на овој член нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин. Во случаите од ставот 6 на овој член, се смета дека кандидатот не го положил стручниот испит и истото се констатира во записникот за полагање на испитот. Членовите на Комисијата од членот 74-а став 3 од овој закон за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути. 4 од 8 Службен весник на РМ, бр. 163 од 26.11.2013 година Член 74-д Комисијата од членот 74-а став 3 од овој закон за полагање на првиот дел од испитот подготвува најмалку 300 испитни прашања и десет практични задачи за вториот дел (практичен пример). Испитот започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел), а потоа на вториот дел (практичен пример). Вториот дел односно практичниот дел од испитот се полага веднаш по успешното завршување на првиот дел. Министерот за транспорт и врски го пропишува начинот на бодирање на првиот дел од испитот. Член 74-ѓ Полагањето на првиот дел од испитот се врши со одговарање на определен број на прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. Прашањата од тестот од ставот 1 на овој член се вреднуваат со поени определени во тестот. Доколку кандидатот не го положи првиот дел од испитот ќе се смета дека испитот не го положил, односно не може да го полага вториот дел од испитот. Полагањето на вториот дел од испитот се врши со изведување на практична задача. Член 74-е На денот на полагањето на првиот дел од испитот Комисијата му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем за полагање на испитот. По одобрувањето на пристапот кандидатот добива електронски тест за првиот дел од испитот чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем за полагање на испитот. Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот во еден термин за повеќе од еден кандидат. Член 74-ж Во случај на спреченост на спроведување на првиот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем полагањето на испитот се прекинува. Доколку причините од ставот 1 на овој член се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот истиот продолжува веднаш по нивното отстранување. Доколку причините од ставот 1 на овој член не се отстранат во рокот од ставот 2 на овој член испитот се презакажува за друг термин. Член 74-з Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 60 минути. Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Вториот дел од испитот не се бодира туку Комисијата во зависност од успешноста, односно правилното изведување на практичниот пример утврдува дали кандидатот го положил, односно не го положил вториот дел од испитот. 5 од 8 Службен весник на РМ, бр. 163 од 26.11.2013 година Доколку кандидатот не го положи вториот дел од испитот може во рок од еден месец повторно да го полага само вториот дел од испитот, а во спротивно го полага и првиот и вториот дел од испитот. Член 74-ѕ Материјалите од одржаните испити од членовите 70 и 74-а од овој закон, особено хартиените верзии од тестовите од првиот дел на испитот, како и снимките од одржаните испити се чуваат во Министерството за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врски формира Комисија за ревизија на одржаните испити од членовите 70 и 74-а од овој закон, која во својата работа ги користи материјалите од ставот 1 на овој член и во која покрај претставници од Министерството за транспорт и врски учествува и информатичар од Министерството за информатичко општетство и администрација определен од Владата на Република Македонија. Комисијата од ставот 2 на овој член се состанува најмалку еднаш годишно и врши ревизија на начинот на спроведување на најмалку два испита одржани во тековната година. Доколку Комисијата утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот од страна на поединци во смисла на членовите 70-ѓ и 74-г од овој закон предлага одземање на уверението за оспособеност за управување со чамец од членот 70 став 6 од овој закон и одземање на потврдата за положен испит за соодветно звање за член на екипаж на брод од членот 74-а од овој закон. Министерот за транспорт и врски донесува решение за одземање на уверението за оспособеност за управување со чамец од членот 70 став 6 од овој закон и одземање на потврдата за положен испит за соодветно звање за член на екипаж на брод од членот 74-а од овој закон, врз основа на предлогот на Комисијата против кое може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.“ Член 3 Членот 291 се менува и гласи: „Инспектор за безбедност во внатрешната пловидба може да биде лице кое: е државјанин на Република Македонија, е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на машинството, поморството насока наутика, сообраќајот, градежништвото насока хидро, електротехниката насока телекомуникаци, што се докажува со уверение, има пет години работно искуство во соодветната област, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење, и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications - положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, има добиено позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет, согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.“ 6 од 8 Службен весник на РМ, бр. 163 од 26.11.2013 година Член 4 Членот 291-а се менува и гласи: „За работата на инспекциската служба за внатрешна пловидба министерот за транспорт и врски изготвува предлог годишна програма и истата ја доставува до Инспекцискиот совет најдоцна до 30 септември во тековната година за наредната година. Министерот ја донесува годишната програма за работа на инспекциската служба во рок од седум дена од денот на приемот на согласноста од Инспекцискиот совет, односно најдоцна до 10 декември во тековната година доколку Инспекцискиот совет не ја разгледа и не достави согласност, односно забелешки во рокот предвиден утврден со закон. Врз основа на донесената годишна програма за работа на инспекциската служба, министерот за транспорт и врски подготвува квартални планови за работа на секој инспектор, кои збирно ги доставува на разгледување до Инспекцискиот совет најдоцна две недели пред почетокот на наредниот календарски квартал и тоа до 15 декември за првиот квартал од наредната година, до 15 март за вториот квартал, до 15 јуни за третиот квартал, односно до 15 септември за четвртиот квартал во тековната година. Во кварталните планови за работата на инспекциската служба, министерот за транспорт и врски задолжително го внесува бројот на планирани надзори во наредните три месеци, како и степенот на сложеност на секој од надзорите. Врз основа на кварталните планови за работата на инспекциската служба, министерот за транспорт и врски подготвува месечен план за работа, кој содржи и распоред на надзори по датуми и по субјекти на надзор. Министерот за транспорт и врски, најдоцна две недели од почетокот на тековниот календарски квартал за претходниот, до Инспекцискиот совет доставува збирни квартални извештаи за работата на инспекциската служба и тоа до 15 јануари за четвртиот квартал од претходната година, до 15 април за првиот квартал, до 15 јули за вториот квартал, односно до 15 октомври за третиот квартал во тековната година. Министерот за транспорт и врски, најдоцна до 1 март во тековната година, до Инспекцискиот совет доставува годишен извештај за работата на инспекциската служба за претходната година.“ Член 5 Членот 299-а се менува и гласи: „Против решението на инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението. По жалбата против решението на инспекторот од ставот 1 на овој член одлучува Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата од ставот 1 на овој член не го одлага извршувањето на решението.“ Член 6 Членот 299-б се брише. Член 7 Во членот 301-а став 1 по алинејата 12 се додаваат две нови алинеи 13 и 14, кои гласат: “ не постапува согласно со членот 70-д став 3 од овој закон, не постапува согласно со членот 74-в став 3 од овој закон,“. 7 од 8 Службен весник на РМ, бр. 163 од 26.11.2013 година Член 8 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 9 Лицата кои до денот на започнувањето на примена на овој закон имаат започнато со полагање на испитот од членовите 70 и 74-а, испитот ќе го полагаат според прописите што важеле до денот на започнувањето на примена на овој закон. Член 10 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", членовите 1 и 2 од овој закон ќе започнат да се применуваат по една година по влегувањето во сила на овој закон, а членовите 3, 4 и 5 од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 мај 2014 година. 8 од 8

Law amending the Law on inland waterways · Nelum