Law amending the Law on identification and registration of animals
Made 2015-08-26 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за изменување и дополнување на законот за идентификација и регистрација на животните.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- marking/identification, offences/penalties, animal production
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година 1 од 3 20151494214 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 26 август 2015 година. Бр. 08-3888/1 Претседател 26 август 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ Член 1 Во Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на Република Македонија“ број 95/12 и 27/14), членот 33 се менува и гласи: „Жалба Против решението на официјалниот ветеринар може да се изјави жалба во рок од осум дена од приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.“ Член 2 Во членот 35 став (2) зборовите: „од 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Во ставот (5) бројот “500” се заменува со зборовите: “300 до 450”. Член 3 Во членот 36 став (2) зборовите: „во износ од 300 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Во ставот (3) бројот “80” се заменува со зборовите: “100 до 150”. Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година 2 од 3 Член 4 Во членот 37 став (1) зборовите: „на самото место“ се бришат. Во ставот (2) зборовите: „во износ од 100 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“ и зборовите: „на самото место“ се бришат. Во ставот (3) бројот “30” се заменува со зборовите: “30 до 45” и зборовите: „на самото место“ се бришат . По ставот (3) се додаваат шест нови става (4), (5), (6), (7), (8) и (9), кои гласат: „(4) За прекршоците од ставот (1) на овој член официјалниот ветеринар поведува мандатна постапка со издавање на мандатен платен налог. (5) Доколку мандатниот платен налог не се плати истиот станува извршна исправа и официјалниот ветеринар ќе го достави до органот надлежен за присилно извршување за негово извршување. (6) Официјалниот ветеринар е должен да води евиденција за издадените мандатни платни налози и за нивниот исход. (7) Во евиденцијата од ставот (6) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следниве податоци име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (8) Личните податоци од ставот (7) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (9) Формата и содржината на мандатниот платен налог ја пропишува директорот.“ Член 5 Во членот 38 став (9) зборовите: „тужба за поведување на управен спор пред надлежниот суд“ се заменуваат со зборовите: „жалба во рок од осум дена од денот на приемот на одлуката преку прекршочниот орган до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Член 6 Членот 40 се менува и гласи: “Постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог. (1) За прекршоците од членовите 35 и 36 од овој закон, официјалниот ветеринар може на сторителот на прекршокот да му издаде прекршочен платен налог, пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. (2) Доколку сторителот го прими прекршочниот платен налог, истиот треба да го потпише. Примањето на прекршочниот платен налог од сторителот на прекршокот се забележува во записникот. (3) Во записникот се утврдува начинот на кој ќе се отстранат штетните последици од прекршокот, како и начинот на надминување на последиците од сторениот прекршок. (4) Кога како сторител на прекршок се јавува правно лице, записникот и прекршочниот платен налог го потпишува службено, односно одговорното лице кое се нашло на самото место при инспекцискиот надзор или друго службено или одговорно лице кое изјавило дека има право да го потпише записникот и да го прими прекршочниот платен налог. (5) Изјавата од ставот (4) на овој член се забележува во записникот. (6) Официјалниот ветеринар е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за нивниот исход. Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година 3 од 3 (7) Во евиденцијата од ставот (6) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следниве податоци име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот/прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (8) Личните податоци од ставот (7) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (9) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува директорот.” Член 7 По членот 140 се додава нов член 140-а, кој гласи: „Член 140-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно со Законот за прекршоците.“ Член 8 Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 9 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за безбедност на храната. Член 10 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.