Law amending the Law on forests
Made 2015-08-21 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за изменување и дополнување на Закон за шумите.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Forestry
- Keywords
- forest management/forest conservation, offences/penalties
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 147 од 27.08.2015 година 20151474155 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 21 август 2015 година. Бр. 08-3675/1 21 август 2015 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Член 1 Во Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија” брoj 64/2009, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 и 44/15), во членот 99-а ставот (3) се брише. Член 2 Во членот 101 став (1) во воведната реченица зборовите: „25.000 до“ се бришат. Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правно лице за прекршокците од ставот (1) на овој член “. Во ставот (3) зборовите: „износ од 8.000 до 12.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „ двоен износ на глобата од ставот (1) на овој член“. Ставот (4) се менува и гласи: „Покрај изречената глоба на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење на должност во траење до 30 дена“ Член 3 Во член 102 став (1)во воведната реченица зборовите :“15000 до“ се бришат. Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правно лице за прекршокците од ставот (1) на овој член“. Во ставот (3) зборовите: „износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „двоен износ на глобата од ставот (1) на овој член“. Ставот (4) се менува и гласи: 1 од 2 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 147 од 27.08.2015 година „Покрај изречената глоба на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење на должност во траење до 30 дена“. Член 4 Во член 103 во ставот (1)во воведната реченица зборовите: „12.000 до“ се бришат. Ставот (2) се менува и гласи: „Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правно лице за прекршокците од ставот (1) на овој член“. Во ставот (3) зборовите: „износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „двоен износ на глобата од ставот (1) на овој член“. Ставот (4) се менува и гласи: „Покрај изречената глоба на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење на должност во траење до 30 дена“. Член 5 По членот 106 се додава нов член 106-а кој гласи: “Член 106-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице за прекршоците предвидени од овој закон се врши согласно Законот за прекршоците“. Член 6 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. 2 од 2 www.pravdiko.mk