Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on forests

Made 2014-02-25 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за изменување и дополнување на Закон за шумите.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Forestry
Keywords
forest service, education, classification/declassification, legal proceedings/administrative proceedings, forest management/forest conservation

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година 20140431250 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 25 февруари 2014 година. Бр. 07-1217/1 Претседател 25 февруари 2014 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Член 1 Во Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ број 64/2009, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13 и 147/13), насловот на Главата VII се менува и гласи: „ЧУВАЊЕ НА ШУМИТЕ И ШУМСКА ПОЛИЦИЈА“. Член 2 По членот 82 се додаваат 22 нови члена 82-a, 82-б, 82-в, 82-г, 82-д, 82-ѓ, 82-е, 82-ж, 82-з, 82-ѕ, 82-и, 82-ј, 82-к, 82-л, 82-љ, 82-м, 82-н, 82-њ, 82-о, 82-п, 82-р и 82-с кои гласат: “Организација Член 82-а Шумската полиција е организирана на Централна организациона единица, сместена во Скопје и 30 шумско-полициски станици низ целата територија на Република Македонија. Статус, посебни должности и овластувања на работниците во шумската полиција Член 82-б (1) Шумската полиција работите од својата надлежност ги извршува преку шумски полицајци. 1 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година (2) Во шумската полиција вработените имаат статус на: овластени службени лица, согласно со овој закон и Законот за вработените во јавниот сектор и административни службеници, согласно со Законот за административните службеници. Посебни должности и овластувања Член 82-в (1) Вработените во шумската полиција со статус на овластени службени лица имаат посебни должности и овластувања, утврдени со овој и друг закон, поради видот, сложеноста и тежината на работата, како и условите и начинот на нејзиното вршење. (2) Вработените во шумската полиција со статус на административни службеници, применуваат овластувања и постапуваат под услови утврдени со овој закон, Законот за административните службеници и други прописи. Службена легитимација и значка Член 82-г (1) На вработените во шумската полиција со статус на овластени службени лица, органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството им издава службени легитимации и значки. (2) Во случај на откажување на договорот за вработување, односно отстранување од работа, работникот е должен да ја врати легитимацијата . (3) Доколку во случај на отстранување од работа не биде утврдена дисциплинска одговорност, работникот повторно се задолжува со легитимацијата. (4) Формата и содржината на легитимациите и значките и начинот на нивно издавање ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на шумарството. Внатрешна контрола Член 82-д (1) Контролата на вршењето на работите на шумската полиција се остварува како внатрешна контрола. (2) Внатрешната контрола ја остварува посебна организациска единица за потребите на шумската полиција која спроведува постапки за оценување на законитоста на постапувањето на работник на шумската полиција. (3) Заради заштита и остварување на своите права и кога смета дека со постапувањето на работникот во шумската полиција се повредени неговите слободи и права, граѓанинот има право да поднесе претставка до министерството надлежно за работите од областа на шумарството. (4) Министерството надлежно за работите од областа на шумарството е должно да изврши проверка на наводите во претставката од ставот (3) на овој член и во рок не подолг од 30 дена од приемот на претставката, во писмена форма да го извести подносителот за утврдената состојба и преземените мерки. Класификација на работните места во шумската полиција Член 82-ѓ (1) Класификацијата на работните места на работниците во шумската полиција се врши согласно со: 2 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година одговорноста, целите, видот и сложеноста на работите и работните задачи на работното место и потребните стручни квалификации, работното искуство и други критериуми од значење за работното место. (2) Согласно со критериумите од ставот (1) на овој член работните места на работниците во шумската полиција се класифицираат во две категории, и тоа: категорија А - раководни работници и категорија Б - стручни работници. Нивоа на работни места од категоријата А - раководни Член 82-е (1) Во рамките на категоријата А раководни работници се утврдуваат четири нивоа на работни места: ниво А1 раководител на шумска полиција, ниво А2 помошник раководител на шумска полиција, ниво А3 командир и ниво А4 заменик командир. (2) Раководниот работник од категоријата А за сите нивоа треба да ги исполни следниве услови за вработување: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да е физички и психички способен за вршење на работите на шумската полиција, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има ниво на квалификации VI А според Националната рамка на високообразовните квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование, да има најмалку пет години работно искуство, да познава компјутерски програми за канцелариско работење, да е соодветен за работното место што се докажува со потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет, да е подобен за носење оружје согласно со прописите за поседување и носење оружје и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место. Нивоа на работни места од категоријата Б - стручни Член 82-ж (1) Во рамките на категоријата Б стручни работници се утврдува едно ниво на работно место и тоа ниво Б1 патролни шумски полицајци. (2) Стручниот работник од категоријата Б треба да ги исполни следниве услови за вработување: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да е физички и психички способен за вршење на работите на шумската полиција, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, 3 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година да има ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Националната рамка на високообразовните квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку средно образование, со или без работно искуство, да е соодветен за работното место што се докажува со потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет, да е подобен за носење оружје согласно со прописите за поседување и носење оружје и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место. Прописи со кои се уредени правата и обврските од работен однос на работниците на шумската полиција Член 82-з Правата и обврските од работниот однос, работниците во шумската полиција ги остваруваат согласно со одредбите од овој закон, Законот за вработените во јавниот сектор, прописите за работните односи и Колективниот договор на министерството надлежно за работите од областа на шумарството. Безбедносна проверка Член 82-ѕ (1) Министерството надлежно за работите од областа на шумарството во соработка со Министерството за внатрешни работи врши безбедносна проверка на лице пред засновање на работен однос во шумската полиција, заради утврдување на безбедносен ризик. (2) Безбедносната проверка од ставот (1) на овој член се врши врз основа на претходна писмена согласност на лицето. (3) За лицето кое ја одбива безбедносната проверка се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во шумската полиција. Засновање на работен однос Член 82-и (1) Работен однос во шумската полиција се заснова врз основа на јавен оглас. (2) Јавниот оглас за засновање на работен однос во шумската полиција се објавува на интернет страницата на министерството надлежно за работите од областа на шумарството, како и во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. (3) Во јавниот оглас се назначува работното место и услови за вработување. (4) Рокот за пријавување на јавниот оглас од ставот (1) на овој член не може да биде пократок од 15 дена, односно подолг од 20 дена од денот на неговото објавување во дневните печатени медиуми. (5) Формата, содржината и начинот на пополнување на пријавата ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на шумарството. Постапка за селекција за засновање на работен однос Член 82-ј (1) Постапката за селекција за засновање на работен однос во шумската полиција опфаќа три фази, и тоа: 4 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година административна селекција; писмено тестирање (Закон за општата управна постапка, Закон за прекршоците, Закон за кривичната постапка, Закон за внатрешните работи, посебни постапки од областа на Законот за шумите и други области) и интервју. (2) Начинот на спроведување на селекцијата на кандидатите за вработување го пропишува министерот надлежен за работите од областа на шумарството. Комисија за селекција Член 82-к (1) За спроведување на процесот на селекција при засновање на работен однос во шумската полиција, министерот формира комисија за селекција. (2) Комисијата од ставот (1) на овој член е состaвена од претседател, најмалку четири члена и нивни заменици. Изјава Член 82-л (1) Лицата кои склучуваат договор за вработување на работни места согласно со овој закон, се должни при вработување во шумската полиција да потпишат изјава со следниов текст: “Се обврзувам дека во својата работа ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Македонија и дека совесно и уредно ќе ги вршам работите на шумската полиција и ќе ги почитувам основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори“. (2) Потпишаната изјава од ставот (1) на овој член се чува во персоналното досие на работникот на шумската полиција. (3) Ако работникот на шумската полиција одбие да ја потпише изјавата од ставот (1) на овој член, ќе се смета дека договорот за вработување не е склучен. Обврска за обука Член 82-љ (1) Работник на шумската полиција има право и обврска во текот на годината, да се обучува во согласност со потребите на шумската полиција, а врз основа на план за обуки, кој го донесува министерот надлежен за работите од областа на шумарството. (2) Обука во шумската полиција се спроведува во следниве случаи: кога определено лице за прв пат заснова работен однос и заради континуирана обука на работник. (3) По завршување на обуката, работникот е должен да го пренесе стекнатото знаење на другите работници. (4) Во случаите од ставот (2) на овој член работникот по истекот на обуката полага посебен испит. (5) Начинот на полагање на испитот го пропишува министерот надлежен за работите од областа на шумарството. Унапредување на работниците Член 82-м (1) Постапката на унапредување на работно место во повисоко ниво има за цел да им овозможи на работниците во шумската полиција кариерно напредување, односно преминување од пониски на повисоки работни места. 5 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година (2) Унапредувањето се врши во транспарентна постапка, со објавување на интерен оглас, врз основа на професионалните квалитети и квалификации на работникот, неговите работни способности, завршените обуки во текот на работниот однос и начинот на извршување на работните обврски, независно од полот, расата, бојата на кожата, политичкото и верското уверување. (3) Работник може да биде унапреден доколку ги исполнува следниве услови: работното место на кое се унапредува е слободно, во целост ги исполнува условите утврдени во актот за систематизација на работните места за работното место на кое се врши унапредувањето, бил оценет со оцеки “особено се истакнува“ или “се истакнува“ под услови утврдени со овој закон, е распореден на работно место непосредно пониско од работното место на кое се унапредува, поминала најмалку една година од неговото последно унапредување и во последната година не бил казнуван поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон, Колективен договор на Министерството и договор за вработување. Селекција во постапката за распоредување, односно унапредување Член 82-н Составот на комисијата за унапредување и начинот на спроведување на селекцијата за унапредување ја пропишува министерот надлежен за работите од областа на шумарството. Управување со ефектот и оценување Член 82-њ (1) Раководниот работник е должен континуирано да го следи ефектот на работниците со кои раководи, во текот на целата календарска година и по потреба да предлага мерки за подобрување на нивната работа. (2) Најдоцна до 31 декември, раководниот работник со оценки 1, 2, 3, 4 или 5 врши оценување на вработените врз основа на критериумите што се однесуваат на резултатите од неговата работа, како и личните квалитети што тој ги покажал во текот на работењето, и тоа: стручност, обем на работа (колку работа завршил), правовременост (кога ги завршил работите), самостојност, доверливост, соработка, организирање на работата, комуникација и други способности поврзани со работата. (3) По завршувањето на оценувањето копија од образецот за оценување се доставува и до работникот. (4) Оценката од ставот (2) на овој член е основ за: зголемување или намалување на платата на вработениот, утврдување на парична или друг вид на материјална или нематеријална награда, унапредување или распоредување на работно место на пониско ниво, или прекинување на работниот однос. (5) Раководниот работник кој го врши оценувањето е должен да подготви и најдоцна до 31 декември до министерството надлежно за работите од областа на шумарството да достави извештај со ранг-листа на годишни оценки на сите работници, како и примерок од образецот за извршено оценување. (6) Работник кој отсуствал од работа подолго од шест месеци во текот на една календарска година (боледување, неплатено отсуство и слично), како и работник во шумската полиција кој за првпат засновал работен однос во шумската полиција во годината за која се врши оценувањето и работел пократко од шест месеца нема да биде оценуван. 6 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година (7) Начинот на управување со ефектот, како и формата и содржината на образецот за оценување ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на шумарството. Право на приговор Член 82-о (1) Работникот кој не е задоволен од оценката, може во рок од осум дена од денот на известувањето за извршеното оценување, да поднесе приговор до комисиите за преиспитување на оценката што ги формира министерот. (2) Комисиите од ставот (1) на овој член се составени од претседател, двајца членови и нивни заменици. Плата и надоместок на плата Член 82-п Основната плата и на додатоците на плата на работниците во шумската полиција се утврдуваат со закон и колективен договор. Право на штрајк Член 82-р (1) Работниците во шумската полиција правото на штрајк можат да го остваруваат на начин и под услов битно да не се нарушува редовното извршување на работите на шумската полиција. (2) Заради спречување на евентуални штетни последици од неизвршување на работите од шумската полиција за време на штрајкот, министерот или од него овластен работник е должен да обезбеди потребно функционирање на организациските единици во процесот на работата. (3) Во случајот од ставот (2) на овој член работниците се должни да постапуваат по соодветните наредби. (4) Доколку работниците не постапат согласно со ставот (3) на овој член, министерот, односно од него овластен работник е должен да го обезбеди остварувањето на работниот процес со заменување со соодветни работници. (5) Организаторот на штрајкот е должен да го најави штрајкот на министерот и да ја достави одлуката за стапување во штрајк, како и програмата за начинот и обемот на вршење на работите и задачите кои е неопходно да се извршуваат за времето на штрајкот, најдоцна седум дена пред почетокот на штрајкот. Дисциплинска и материјална одговорност Член 82-с (1) За кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, работникот на шумската полиција одговара дисциплински. (2) За конечната одлука донесена по спроведна дисциплинска постапка се известува подносителот на иницијативата од ставот (1) на овој член. (3) Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок не ја исклучува дисциплинската одговорност на работникот на шумската полиција. (4) Работник кој ќе предизвика штета на шумската полиција во работата, односно во врска со работата е должен да ја надомести.“ 7 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година Член 3 Насловот пред членот 83 и членот 83 се менуваат и гласат: „Видови на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски Член 83 (1) Работник во шумската полиција одговара дисциплински за полесни и потешки случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски. (2) Работникот врши полесно кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон, колективен договор, правила и прописи на шумската полиција и договор за вработување, доколку: 1) не го почитува работниот ред и дисциплина; 2) не се придржува на утврденото работно време, распоредот и користењето на работното време; 3) не побара отсуство или навремено писмено не го извести претпоставениот работник за отсуството од работа; 4) поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа писмено не го извести претпоставениот работник за отсуството од работа; 5) со средствата за работа не постапува совесно или во согласност со техничките упатства за работа; 6) настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не го извести претпоставениот работник за отсуството од работа; 7) не ги одржува средствата и опремата за заштита при работа согласно со прописите за заштита при работа; 8) незаконски или неовластено ги користи средствата на шумската полиција; 9) не укажува правна и друга помош во рамките на своите овластувања на странката во остварување на нејзините законски права и правни интереси и 10) избегнува обука. (3) Работникот врши потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, утврдени со закон, колективен договор, правила и прописи на шумската полиција и договор за вработување, доколку: 1) неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година; 2) го злоупотреби боледувањето; 3) не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски; 4) не се придржува кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место; 5) не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната средина; 6) внесе, употреби или е под дејство на алкохол и наркотични средства; 7) стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на Министерството; 8) изврши злоупотреба на лични податоци; 9) постапува спротивно на правилата и прописите на шумската полиција; 10) го злоупотреби или пречекори даденото овластување; 11) избегнува лекарски преглед заради утврдување на работната способност; 12) предизвикува неред и насилнички се однесува за време на работата; 8 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година 13) непристојно се однесува спрема странки; 14) противправно прибавува лична корист во врска со вршењето на работите и задачите; 15) изврши послуга или овозможување на послуга на друго лице со пари или со други работи од вредност кои на работникот му се доверени во вршењето на работите и задачите; 16) врши определени работи, самостојна или дополнителна стопанска или професионална дејност под услови спротивно на закон; 17) не дава податоци или дава неточни податоци што според прописите им се даваат на овластените органи или граѓани и 18) изврши дејствие што претставува кривично дело или изврши дејствие кое претставува прекршок против јавниот ред и мир.“ Член 4 По членот 83 се додаваат седум нови члена 83-а, 83-б, 83-в, 83-г, 83-д, 83-ѓ и 83-е, кои гласат: “Видови дисциплински мерки Член 83-а (1) За полесните случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски се изрекуваат следниве дисциплински мерки: писмено предупредување и парична казна во висина од 15% од последната исплатена месечна нето плата на работникот, во траење најмногу до три месеци. (2) За потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски се изрекуваат следниве дисциплински мерки: парична казна во висина од 30% од последната исплатена месечна нето плата на работникот, во траење најмногу до три месеци, распоредување на работно место непосредно пониско од работното место на кое дотогаш работел, согласно со Класификацијата на работните места и откажување на договорот за вработување. Отстранување на работникот од работното место Член 83-б (1) До донесување на решение во дисциплинска постапка што се води против одреден работник, работникот со решение се отстранува од работното место и од Министерството во случаите утврдени со прописите за работните односи, ако настане една од следниве ситуации: непосредно се загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност, присуството на работа и натамошната работа во Министерството штетно ќе се одрази врз работењето на Министерството, се осуетува или оневозможува утврдувањето на одговорноста за повреда на работните обврски и кога против работникот е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или во врска со работата. (2) За време на отстранувањето од работното место и од Министерството, на работникот му се утврдува и исплатува надоместок во висина од 50% од износот на платата што работникот ја остварил во месецот пред отстранувањето од работното место. 9 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година (3) Решението од ставот (1) на овој член, го донесува министерот или од него овластено лице. (4) Работникот има право на приговор против решението од ставот (1) на овој член до посебна комисија, во рок од осум дена од денот на доставувањето на решението. (5) Комисијата од ставот (4) на овој член ја формира министерот и е составена од претседател и двајца членови и нивни заменици. (6) Приговорот против решението од ставот (3) на овој член, не го одложува извршувањето на решението. Решение за изрекување на дисциплинска мерка Член 83-в (1) Решение за изрекување на дисциплинска мерка донесува министерот на предлог на комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност која ја формира министерот и е составена од претседател, два члена и нивни заменици. (2) Решението за изрекување на дисциплинска мерка содржи и образложение за основот и причините за изрекување на дисциплинската мерка. (3) Решението за изрекување на дисциплинска мерка на работникот, министерот е должен да го донесе во рок од шест месеци од денот на пријавувањето на повредата на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, а најдоцна во рок од 12 месеци од денот кога е сторена повредата. (4) Како ден на пријавување се смета денот на поднесување на предлогот за покренување постапка за утврдување на дисциплинската одговорност од овластен подносител. Приговор против решението за изрекување на дисциплинска мерка Член 83-г (1) Против решението за изрекување на дисциплинска мерка, работникот има право на приговор во рок од осум дена од денот на приемот на решението. Приговорот се поднесува преку Министерството до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (2) Приговорот против решението од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето. Надоместок за причинета штета Член 83-д (1) Работникот, кој на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност ќе предизвика штета, е одговорен за настанатата штета и е должен да ја надомести. (2) Министерот со решение формира Комисија за утврдување на материјална одговорност на работниците која е составена од три члена и нивни заменици. (3) Комисијата од ставот (2) на овој член ја утврдува материјалната одговорност за постоење на сторена материјална штета, нејзината висина и начинот на сторување, кој ја предизвикал штетата и кој ќе ја надомести. (4) Комисијата од ставот (2) на овој член, за утврдената фактичка состојба поднесува извештај врз основа на кој министерот донесува одлука за надоместок на штета. (5) Против одлуката од ставот (4) на овој член, незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. 10 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година Надомест за претрпена штета Член 83-ѓ (1) Ако работникот претрпи штета на работа или во врска со работата, Министерството е должно да му ја надомести штетата согласно со одредбите од Законот за облигационите односи. (2) Министерството е должно да ја надомести материјалната штета што вработениот во вршењето на работите и работните задачи ја предизвикал кон трети лица. Престанок на работен однос Член 83-е (1) На вработениот му престанува работниот однос: со спогодба, по негово барање, по сила на закон и во други случаи утврдени со овој и друг закон и колективен договор. (2) На вработениот му престанува работниот однос со спогодба, кога со министерот, ќе склучи писмена спогодба за престанок на работниот однос. (3) На вработениот му престанува работниот однос во Министерството, ако поднесе писмено барање за престанок на работниот однос. (4) Во случај на престанок на работниот однос по барање на вработениот, отказниот рок трае 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за престанок на работниот однос. (5) На вработениот му престанува работниот однос по сила на закон, ако: ја загуби работната способност со денот на доставувањето на правосилното решение за утврдување на загубената работна способност, му престане државјанството на Република Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанство на Република Македонија, биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата, му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, со денот на правосилноста на пресудата, поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци со денот на започнувањето на издржување на казната, наврши 64 години старост, неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец, се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос на општите и посебните услови за вработување, органот на државната управа, надлежен за инспекциски надзор, во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на одредбите од овој закон и други услови согласно со овој закон и посебните закони. (6) Решението за престанок на работниот однос на вработениот го донесува министерот. (7) Решението за престанок на работниот однос се врачува лично на вработениот, по правило на работното место, односно на адреса на неговото живеалиште, односно престојувалиште. (8) Ако вработениот не може да се пронајде на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето или ако го одбие врачувањето, решението се прикачува на огласната табла на министерството и по изминувањето на осум дена од денот на огласувањето се смета дека врачувањето е извршено. 11 од 12 Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година (9) Против решението од ставот (6) на овој член вработениот има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.“ Член 5 Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 6 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува со денот на започнувањето на примената на Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14). 12 од 12

Law amending the Law on forests · Nelum