Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on forests

Made 2014-10-29 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за изменување и дополнување на Закон за шумите.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Forestry
Keywords
forest management/forest conservation, timber, timber extraction/logging, forest service, legal proceedings/administrative proceedings, data collection/reporting, monitoring, marking/identification, authorization/permit

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година 20141605004 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 29 октомври 2014 година. Бр. 07-4076/1 Претседател 29 октомври 2014 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Член 1 Во Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ брoj 64/2009, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13 и 43/14) во член 12 ставот (1) точката 14 се менува и гласи: “Шумскокултурни работи се сите активности во шума кои се изведуваат со цел за подобрување на состојбите при одгледувањето, заштитата, користењето и планирањето во шумарството, како и шумарските техники и операции кои се неопходни за постигнување на овие цели.” Член 2 Во членот 39 став (2) зборовите: „и лиценцираните субјекти од член 97 на овој закон” се бришат. Член 3 Во членот 63 ставот (3) се менува и гласи: “Ознака за сеча (стеблимична, групимично пребирна и површинска-чиста сеча), како и ознака на ретки видови на дрвја, на поединечни или група на шумски дрвја на површини надвор од шума во приватна сопственост, вршат Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја.” Ставот (4) се менува и гласи: 1 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година “Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ за шумите со стопанска намена и приватните шуми, другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја за шумите во заштитените подрачја и приватните шуми и наставно-научните установи од шумарска струка изработуваат шумски жиг за ознака за сеча и шумски жиг за жигосување на дрво и дрвни сортименти, како и правните лица кои вршат увоз и продажба на дрво и дрвни сортименти изработуваат шумски жиг за жигосување на увезеното дрво и истите ги доставуваат на увид и заверка во органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ за шумите со стопанска намена и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја за шумите во заштитените подрачја за обележување на дрвната маса од настаната шумска штета изработуваат шумски жиг и истото го доставуваат на увид и заверка во органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.” Ставот (6) се менува и гласи: “За заверените шумски жигови за ознака за сеча, шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти и шумски жигови за жигосување на увезено дрво од ставот (4) на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството води евиденција во Регистар на заверени шумски жигови за ознака за сеча и шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти.” Ставот (7) се менува и гласи: “Формата и содржината на регистарот на заверени шумски жигови за ознака за сеча, шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти, шумски жигови за жигосување на увезено дрво и шумски жигови за обележување на дрвна маса од настаната шумска штета како и начинот на неговото водење го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Член 4 По членот 65 се додаваат четри нови наслови и четри нови члена 65-а, 65-б, 65-в и 65-г кои гласат: “Вршење на шумскокултурни работи за активности на сеча и дотур Член 65-а Шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур за шумите со стопанска намена во државна сопственост гo вршат Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ преку редовно и сезонско вработени лица и други правни субјекти кои поседуваат лиценца за извршување на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур кои ги ангажира Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и други субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја преку јавна набавка за вршење на услуги од шумскокултурните работи за активности на сеча и дотур. Лиценца за извршување на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур Член 65-б (1) Шумскокултурните работи за активностите на сеча и дотур во шумите со стопанска намена во државна сопственост може да ги врши правно лице кое поседува лиценца за вршење на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур. (2) Лиценца за вршење на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур ја издава органот на државната управа надлежен за работи од областа на шумарството. 2 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година (3) Правното лице за да добие лиценца за извршување на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур треба да ги исполнува следните услови: да е регистрирано во трговскиот регистар при Централен регистар на Република Македонија за вршење на шумскокултурни работи од областа на шумарството, да има вработено најмалку едно стручно лице од областа на шумарството дипломиран шумарски инженер - насока шумарство, со или без работно искуство или лице со завршена средна стручна спрема од шумарска струка - шумарски техничар со минимум две години работно искуство, да не е правосилно осудуван за кривично дело безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на шумскокултурни работи на активност сеча и дотур, потврда за платени даноци издадено од Управата за јавни приходи на Република Македонија, Извештај од биланс на состојба и податоци од биланс на успех издадено од Централен регистар на Република Македонија и да поседува минимални технички средства и човечки ресурси за извршување на шумскокултурни работи за активноста на сеча и дотур. (4) Минимални-технички средства и човечки ресурси кои треба да ги исполнува правното лице за извршување шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (5) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството по службена должност ќе ги обезбеди потребните документи од надлежните државни институции. (6) Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Управата за јавни приходи и Пазарниот инспекторат ќе вршат вонтеренска контрола со вкрстување на податоците од нарачателот и извршителот на шумскокултурните работите за активностите на сеча и дотур. Начин на издавање на лиценца Член 65-в (1) Лиценца за вршење на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур во шумите со стопанска намена во државна сопственост се издава врз основа на поднесено барање до органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член правното лице поднесува: документ дека е регистриран во трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Македонија за изведување стручни работи од областа на шумарството, документ дека има вработено најмалку едно стручно лице од областа на шумарството дипломиран шумарски инженер - насока шумарство, со или без работно искуство или лице со завршена средна стручна спрема од шумарска струка - шумарски техничар со минимум две години работно искуство, документ дека не е правосилно осуден за кривично дело безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на шумскокуллтурни работи сеча, да поседува минимални технички средства и човечки ресурси за извршување на овие работи кои ги докажува со соодветен документ од надлежна институција и потврда за платен надоместок за барањето за лиценца. 3 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година (3) Постапката за издавање на лиценци од членот 65-а на овој закон ја спроведува Комисија за издавање на лиценци (во натамошниот текст: Комисијата) која ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (4) Комисијата се состои од пет члена. (5) Членови на Комисијата се докажани шумарски стручњаци во одделни области во шумарската практика со најмалку пет години практично работно искуство и најмалку високо образование од областа на шумарството - шумарска насока, од редот на вработените во органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (6) По доставеното барање и приложените документи Комисијата ја проверува комплетноста на барањето и доставената документација и во рок од 30 дена од денот на доставувањето изготвува предлог за издавање на лиценца за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур. (7) Доколку Комисијата утврди дека барањето за издавање на лиценца за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур е некомплетно за тоа писмено го известува барателот, кој во рок од седум дена од денот на добивањето на известувањето треба да го комплетира барањето, а во спротивно барањето се одбива. (8) Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение за издавање на лиценца за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур од став (6) од овој член односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за донесување на решение по поднесеното барање. (9) Формата и содржината на барањето од ставот (7) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (10) Кон барањето за донесување на решението за одобрување на лиценцата за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (6) на овој член. (11) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (8) на овој член до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за одобрување на лиценца за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур е уважено или одбиено. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (13) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (12) на овој член да изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето. (14) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. 4 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година (15) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (14) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето. (17) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (14) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (18) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (17) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (13) и (14) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (15) и (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (19) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (18) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (20) Во случајот од ставот (19) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (21) Во случаите од ставот (20) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето. (22) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (18) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (23) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (16) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (24) Постапката пред Управниот суд е итна. (25) Подзаконскиот акт од ставот (9) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (26) По донесувањето на подзаконскиот акт од истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството на земјоделство, шумарство и водостопанство. (27) Формата и содржината на барањето и формата и содржината на одобрението и видот на производите од дрво за извоз ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. 5 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година Издавање и одземање на лиценца Член 65-г (1) Врз основа на предлогот на Комисијата, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството донесува решение за издавање на лиценца за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур, односно решение врз основа на кое барањето се одбива. (2) Против решението со кое се одбива барањето за издавање на лиценца за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур може да се изјави жалба во рок од осум дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (3) За добивање на лиценцата од членот 65-а на овој закон правните лица плаќаат надоместок во висина на реално направените трошоци потребни за издавање на лиценцата. (4) Висината на надоместокот од ставот (3) на овој член ја утврдува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (5) Лиценците од членот 65-а на овој закон не смеат да се пренесуваат на друго правно лице. (6) Лиценцата за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур е со важност од пет години. (7) Правното лице кој има лиценца за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур е должно за секоја промена на седиштето или дејноста да го извести органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството во рок од 30 дена од денот на настанатата промена. (8) Лиценцата за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур се одзема доколку се утврди дека правното лице: се откаже од правото на вршење на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур, трајно ја загуби способноста за вршење на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур, биде лишен од деловна способност за вршење на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур, правосилно е осуден за кривично дело безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или ако му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур и за секоја настаната промена на седиштето и дејноста не достави известување. (9) Правното лице на кое му е одземена лиценцата за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур нема право во рок од пет години да поднесе барање за издавање на нова лиценца. (10) За издадените и одземените лиценци за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, води Регистар на лиценци за вршење на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур. (11) Формата, содржината образецот на лиценцата, формата и содржината на барањето и начинот на водење на регистарот за издадени лиценци за шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Член 5 Во членот 66 ставот (6) се менува и гласи: 6 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година “За исечената дрвна маса од ставот (2) на овој член Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја се должни да водат Регистар на податоци за евиденција на исечена дрвна маса во државна нискостеблена шума од страна на физички лица за сопствени потреби.” По ставот (6) се додаваат шест нови става (7), (8), (9), (10), (11) и (12) кои гласат: “(7) Евиденцијата на исечената дрвна маса во државна нискостеблена шума од страна на физички лица за сопствени потреби се води во електронска и хартиена форма. (8) Податоците од евиденцијата за исечената дрвна маса во државна нискостеблена шума од страна на физички лица за сопствени потреби, Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми” и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја се должни да доставуваат извештаи еднаш месечно до Државниот инспекторат за шумарство и ловство и органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, најкасно до петти во тековниот за претходниот месец,. (9) Податоците за евиденција од ставот (7) на овој член, се чуваат 10 години од денот на нивното внесување во евиденцијата. (10) Пристап до податоците од образецот за евиденција имаат, Органот на државна управа надлежен за работите од областа на шумарството, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција, Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и други државни органи согласно закон. (11) Жигосување на дрвната маса посечена од страна на физички лица од ставот (2) на овој член, Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми” и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја, ќе го вршат со шумски жиг - означувач различен по форма, содржина, и боја од шумскиот жиг кој се користи за жигосување на дрвните сортименти кои потекнуваат од државни шуми, а се наменети за продажба од регистрирани складови. (12) Испратницата за исечената дрвна маса за физички лица жители на рурални подрачја, се издава за секое превозно, односно преносно средство на местото на утовар и важи за денот и часот за кој е издадена и неможе да се отстапува на друго лице.” Ставот (7) станува став (13). Ставот (8) кој станува став (14) се менува и гласи: “Начинот на обезбедување на сопствени потреби со огревно дрво на физички лица од државна шума, формата и содржината на шумскиот жиг-означувач за жигосување на дрвната маса посечена од страна на физички лица и бојата која ќе се користи при втиснување на шумскиот жиг, како и формата и содржината на Регистарот на податоци за евиденција на исечена дрвна маса во државна нискостеблена шума од страна на физички лица за сопствени потреби и начинот на водење на евиденцијата ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.” Член 6 Член 69 се менува и гласи: “(1) Исеченото дрво во шума како и надвор од шума (освен дрво од овошни стебла на земјоделско земјиште), без оглед во чија сопственост е, мора да е жигосано со втиснување на јасно видлив шумски жиг и снабдено со испратница за исечено дрво и дрвни сортименти кога се превезува од местото на утовар или пренесува од место до место, која се издава во електронска и хартиена форма. (2) Производи од дрво (дрвен јаглен, рачки, прачки, колци, дрвен чипс, пелети, брикети и друго) не можат да се пренесуваат или превезуваат, ако не се снабдени со испратница на местото на утовар. 7 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година (3) Испратницата од ставот (1) на овој член за шумите во приватна сопственост ја издаваат лицата од членот 97 став (1) на овој закон и се издава за секое превозно, односно преносно средство на местото на утовар и важи за денот и часот за кој е издадена и не може да се отстапува на друго лице. (4) Испратниците за исечено дрво и дрвни сортименти се издаваат на следниот начин: испратниците за исечено дрво во шума во државна сопственост за превоз од место на утовар до склад на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја, испратниците за продажба на исеченото дрво од склад во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја до крајните потрошувачи, испратниците за продажба на исеченото дрво од склад во сопственост на правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти, регистрирани во Регистарот на правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти во органот органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, до крајните потрошувачи, испратниците за превоз на дрво и дрвни сортименти исечено во државна нискостеблена шума од страна на физички лица кои се со постојано место на живеење во руралните подрачја заради обезбедување на сопствени потреби до местото на живеење и испратниците шумски отпад/отпад после сеча ги издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството и испратниците за исечено дрво во шума во приватна сопственост, на лицата од член 97 став (1) ги издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (5) Правните лица кои врши промет на дрво и дрвни сортименти во складовите во нивна сопственост како и пиланите должни се за дрвото и дрвните сортименти да имаат испратници од правните субјекти од каде потекнуваат дрвото и дрвните сортименти. (6) За издадените и заверени испратници од став (4) алинеја 1 и 2 на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството води евиденција во регистар на издадени и заверени испратници. (7) Жигосувањето на исеченото дрво и дрвни сортименти од шума во државна сопственост го врши стручно лице со високо образование дипломиран шумарски инженер насока шумарство со или без работно искуство, или стручно лице со средна стручна подготовка шумарски техничар-насока шумарство, со минимум две години работно исукуство во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја. (8) Испратницата од ставот (1) на овој член при превезувањето, односно пренесувањето на дрвото превозникот, односно преносникот е должен да ја носи со себе. (9) Жигосување и издавање на испратница се врши само за дрво исечено според одредбите на овој закон. (10) Исеченото дрво ако се превезува или пренесува без испратница и не е жигосано се смета за бесправно исечено во шума. (11) Складирано дрво и производи од дрво кое не се жигосани и немаат испратница согласно со ставовите (1), (2), (3) и (4) од овој член се смета за бесправно исечено во шума. (12) За издадените испратници, Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја и складовите во сопственост на правни лица плаќаат надоместок во висина од стварно направените трошоци потребни за нивно издавање. (13) Видот и начинот на жигосување, видот на шумскиот жиг за жигосување за исечено дрво и дрвни сортименти, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечено дрво, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, 8 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот за издадени испратница ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.” Член 7 По членот 69 се додава нов наслов и нов член 69-а кои гласат: “Електронски систем за следење на дрвната маса Член 69-а (1) За надзор и контрола на движење на дрвната маса од: ознака за сеча; фаза сеча; фаза дотур; фаза превоз од шума до склад на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја; од склад на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја до склад на правни лица регистрирани за промет на дрво и дрвни сортименти; и од склад на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја и правни лица регистрирани за промет на дрво и дрвни сортименти до крајниот купувач; како и од шума или склад од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја и правни лица регистрирани за промет на дрво и дрвни сортименти до пилана се воведува електронски систем за следење на дрвната маса. Електронскиот систем за следење на дрвната маса се воспоставува и води во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми”, а останатите субјекти ќе бидат корисници на овој систем. (2) Минималните технички стандарди и услови во поглед на опремата (хардверот), функционалноста на софтверот за електронскиот систем за надзор и контрола на движење на дрвната маса од ознака за сеча, фаза сеча, фаза дотур и фаза превоз од шума до склад и од склад до крајниот купувач, како и од шума или склад до пилана, начинот на воведување, користење, одржување и надградба ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.” Член 8 Во членот 70 во ставот (7) зборовите: “регистрирани складишта во нивна сопственост” се заменуваат со зборовите: “времени шумски складови и постојни регистрирани складови во урбана/населена средина.” По ставот (7) се додаваат пет нови става (8), (9), (10), (11) и (12) кои гласат: “(8) Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, прометот на дрво и дрвни сортименти на времени шумски складови во рамките на шумскостопанските единици ќе го вршат на големо со јавна и транспарентна постапка, а на постојаните складови во урбана/населена средина ќе вршат промет на големо и мало. (9) Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја можат да склучат долгорочни договори (на 10 и повеќе години) за снабдување со суровина со субјектите кои ќе произведуваат енергија од обновливи извори (зелена енергија). 9 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година (10) Дрвната маса за суровина за зелена енергија предмет на долгорочните договори треба да биде од дрво за хемиска преработка, отпад после сеча, како и натрули и трули стебла, пенушки, корења, гранки, прозуктна дрвната маса од прореди на вештачки подигнати насади, врвни делови од четинари и друга дрвна маса од која не можат да се произведат стандарни сортименти. (11) Дрвото и дрвните сортименти на времените шумски складови и складовите мора да бидат издвоени по дрвни видови, дрвни сортименти (техничко или огревно дрво) и наредени во фигури по класи и квалитет на сортиментите. (12) Класирањето на дрвото и дрвните сортименти на складовите (времени и постојани) ги врши стручни лица од областа на шумарството - дипломиран шумарски инженер од насока шумарство со работно искуство од најмалку две години.” Во ставот (8) кој станува став (13), точката од крајот на реченицата се брише и се додаваат зборовите: “суви стебла настанати како резултат на влијанието на биотски, абиотски и антропогени фактори, како и да можат да вршат продажба на дрво на корен и на правни лица доколку дрвната резерва на зрелите насади предвидени за сеча е под 50 м3/ха (неочувани нискостеблени насади).” Ставовите (9), (10), (11) и (12) стануваат ставови (14), (15), (16) и (17). Член 9 Во членот 70-а ставот (1) се менува и гласи: “Промет на дрво и дрвни сортименти може да врши правно лице кое е регистрирано согласно одредбите од Законот за трговски друштва и исполнува минимално технички услови за вршење на трговија на големо и мало, да има вработено најмалку едно стручно лице од областа на шумарството - дипломиран шумарски инженер насока шумарство со или без работно искуство или лице со завршено средна стручна спрема од шумарска струка - шумарски техничар со минимум две години работно искуство, да е во урбана/населена средина со пристапен пат согласно урбанистичката планска документација, приклучок на електрична, водоводна и канализациска мрежа (потврда од соодветните институции), да има административен простор со минимална површина од 10м2 и простор за складирање на дрво и дрвни сортименти со минимална површина од 1.000м2, да е регистрирано во Регистарот на правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти кој се води во органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.” Ставот (3) се менува и гласи: “Органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството на правното лице од ставот (2) на овој член откако ќе утврди на лице место дека правното лице ги исполнува условите од ставот (1) на овој член му издава решение за промет на дрво и дрвни сортименти.” Ставот (7) се менува и гласи: “Формата и содржината на барањето од ставот (2) на овој член, формата и содржината на решението од ставот (3) на овој член, формата и содржината на известувањето од ставот (6) на овој член како и формата, содржината и начинот на водење на Регистар на правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти како и потребната документација ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.” Член 10 По член 71 се додава нов наслов и нов член 71-а кои гласат: 10 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година “Увоз на дрво и дрвни сортименти 71-а (1) Увозникот на дрвото и дрвните сортименти истите може да ги пушти во промет само на регистриран склад согласно член 70-а од овој закон. (2) При влезот на дрвото и дрвните сортименти во Република Македонија на склад од увозникот, односно пред да се пушти во промет за истото се врши евиденција за влез во склад, жигосување со жиг за увезена дрвна маса, а за промет се издава испратница. (3) Жигосувањето на увезеното дрво и дрвни сортименти го врши стручно лице во редовен работен однос кај правниот субјект кој врши увоз на дрво и дрвни сортименти со жиг кој го изработува правниот субјект и го регистрира во Регистарот на заверени жигови за увоз во органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.” Член 11 Насловот пред членот 81 и членот 81 се менуваат и гласат: “Шумска полиција и Шумочуварска служба Член 81 (1) Чувањето на шумите во државна и во приватна сопственост се врши двостепено и тоа контролно-патролно и реонско. (2) Контролно-патролното чување го врши шумска полиција во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Реонското чување го врши шумочуварска служба во состав на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја без оглед на нивната намена. (4) Контролно-патролното чување на шумите се врши од страна на шумскополициските станици кои ги определува органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството на цела територија на Република Македонија. (5) Реонското чување се врши во шумочуварски реони кои ги определува Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја без оглед на нивната намена. (6) Средствата за финансирање на шумската полиција се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.“ (7) Средствата за финансирање на шумочуварската служба се обезбедуваат од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја без оглед на нивната намена. (8) Одземеното бесправно посечено дрво и дрвни сортименти од страна шумската полиција со записник се предаваат во складовите на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми. (9) Одземеното бесправно исечено дрво и дрвни сортименти од страна на шумската полиција Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ е должно веднаш да го подигне и да го транспортира до сопствениот склад.” Член 12 По членот 81 се додаваат пет нови наслови и пет нови члена 81-а, 81-б, 81-в, 81-г и 81-д кои гласат: 11 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година “Овластувања на шумочуварската служба Член 81-а (1) Припадниците на шумочуварската служба во шумочуварските реони особено се овластени да: 1) го чуваат шумочуварскиот реон од бесправни сечи и шумски кражби; 2) вршат преглед на сите средства со кои се превезува или пренесува дрво, дрвни сортименти и други шумски производи во шумочуварскиот реон и на контролни рампи на шумските патишта во шумочуварскиот реон без оглед на сопственоста; 3) ги легитимираат сите лица затечени во шума, а против лицата затечени во вршење на бесправни активности казниви по овој закон поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен орган. Барање за поведување на прекршочна постапка се поднесува исклучиво на познат сторител; 4) ги обновува и чува граничните знаци од шумскостопанските единици, одделите и другите трајни белези во шумочуварскиот реон од уништување и бесправно користење, за што го известува правниот субјект кој стопанисува со шумите и шумското земјиште; 5) известуваат за појавени шумските пожари, растителните болести, шумските штетници, како и други непогоди во шумочуварскиот реон, за што ги известуваат надлежните органи во правните субјекти за стопанисување со шумите и шумското земјиште; 6) ги известуваат надлежните органи во правните субјекти за стопанисување со шумите за противправното присвојување на шуми и шумско земјиште во шумочуварскиот реон, а против прекршителите поднесуваат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен орган; 7) за кривични дела извршени на територијата на шумочуварскиот реон поднесува пријава до надлежен орган и 8) вршат привремено одземање на предмети и средства со кои е извршено кривично дело или прекршок и предметите што настанале или се присвоени со извршување на такво дело во шумочуварскиот реон. За привремено одземените предмети и средства издава потврда за привремено одземени предмети и средства како и приемница за сеча за исеченото дрво и дрвни сортименти. (2) Припадниците на шумочуварската служба за својата работа водат службена книга за бесправните дејствија и за утврдување на фактичката состојба во шумочуварскиот реон. (3) Правилата за вршење на работите на шумочуварската служба и формата и содржината на службена книга за бесправните дејствија и за утврдување на фактичката состојба во шумочуварскиот реон ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешни работи. Услови за работа на шумочуварската служба Член 81-б (1) За вршење на работите од шумочуварската служба може да биде вработено лице кое покрај општите услови за основање на работен однос, треба да ги исполнува и следниве услови: 1) да е физички и психички способен за вршење на работите на шумочуварската служба; 2) да има најмалку средно образование од областа на шумарството-шумарска насока или мнинимум две години работно искуство како шумочувар во досегашната шумочуварската служба и 12 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година 3) да е подобен за носење оружје согласно со прописите за поседување и носење оружје. Употреба на оружје од страна на шумочуварската служба Член 81-в При извршување на овластувањата и должностите од членот 81 на овој закон припадниците на шумочуварската служба можат да употребат огнено оружје во случај да одбијат од себе непосреден напад со кој се загрозува нивниот живот. Одговорност на шумочуварската служба Член 81-г Ако огненото оружје се употреби во границите на овластувањата, исклучена е одговорноста на припадникот на шумочуварската служба. Униформа, оружје и легитимација на шумочуварската служба Член 81-д (1) Припадниците на шумочуварската служба носат службена униформа и легитимација и вооружени се со службено оружје согласно овој закон. (2) Службената униформа, легитимацијата, видот на службеното вооружување што го носат припадниците на шумочуварската служба и начинот на користење на службеното оружје го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешни работи.” Член 13 Во членот 82-е ставот (2) алинеа 10 сврзникот “и” се брише и се додава нова алинеа 11 која гласи: “- да има уверение за положен испит за шумски полицаец и”. Алинеата 11 станува алинеа 12. Член 14 Во членот 82-ж ставот (2) алинеа 9 сврзникот “и” се брише и се додава нова алинеа 10 која гласи: “- да има уверение за положен испит за шумски полицаец и”. Алинеата 10 станува алинеа 11. Член 15 Членот 82-љ се менува и гласи: „(1) Работник на шумската полиција има право и обврска, во текот на годината, да се обучува во согласност со потребите на шумската полиција, а врз основа на план за обуки, кој го донесува министерот надлежен за работите од областа на шумарството. (2) Обука во шумската полиција се спроведува во следниве случаи: кога определено лице за прв пат заснова работен однос и заради континуирана обука на работник. (3) Обуката за засновање на работен однос се состои од два дела и тоа: стручна и тактичко техничка обука. 13 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година (4) Стручна обука од став (3) на овој член ќе се оддржува во средното шумарско училиште или шумарски факултет, додека тактичко техничката обука ќе се оддржува во центрите за обука на кадри од областа на безбедноста . (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството ќе определи институција каде што ќе се одржи стручната и тактичко техничката обука. (6) По завршената обука за основање на работен однос, работникот полага испит од двата дела и добива Уверение за шумски полицаец. (7) Секој работник кој посетува обука за засновање на работен однос испитот за шумски полицаец може да полага до три пати во годината. (8) Испитот за шумски полцицаец го организира и спроведува органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството во соработка средното шумарско училиште, шумарскиот факултет и центрите за обука на кадри од областа на безбедноста. (9) Испитот за шумски полицаец од овој закон се полага пред стручна комисија што ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (10) Испитот за шумски полицаец се полага заради проверка на потребното стручно знаење од областа на шумарството. (11) Стручниот дел на испитот за шумски полицаец се полага писмено по електронски пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (12) Областите кои ќе бидат опфатени за стручниот дел и за тактичко-техничкиот дел од испитот за шумски полицаец ќе бидат дефинирани од институцијата која ќе ја определи министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (13) Испитот за шумски полицаец се полага според програма во која се содржани градивото и прописите. (14) Програмата за полагање на испитот за шумски полицаец ја донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (15) Прашањата од стручниот дел и тактичко-техничкиот дел од испитот ги верификува Комисија составена од пет претставници од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (16) Комисијата од ставот (15) на овој член врши ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на студии на случај најмалку еднаш годишно. (17) При ревизијата Комисијата особено ги има во предвид промените на правните прописи на кои е засновано прашањето односно случајот, бројот на кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на испитот за шумски полицаец. (18) Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања Комисијата одлучува прашањата да бидат изменети или целосно отстранети од испитот за шумски полицаец. (19) Членовите на Комисијата од ставовите (15) и (16) на овој член имаат право на паричен надомест што го определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (20) Износот на паричниот надомест од ставот (19) на овој член се определува врз основа на бројот на изготвени прашања како и сложеноста на материјата. (21) Годишниот износ на паричниот надоместок од ставот (20) се плаќа во износ од една месечна просечна нето плата во Републиката исплатена за предходната година. 14 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година (22) Стручните и административните работи за потребите на спроведување на испитот за шумски полицаец ги врши органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар избрано од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (23) Испитот за шумски полицаец се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. (24) Кандидатите се информираат за датумот и времето на полагањето на испитот најмалку три дена пред одржувањето на испитот за шумски полицаец. (25) Полагањето на испитот за шумски полицаец се снима и во живо се емитува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (26) Правното лице кое го спроведува испитот треба да ги исполнува критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот за шумски полицаец кои услови поблиску ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (27) Во просторијата за полагање на испитот за шумски полицаец, за време на полагање на испитот се присутни двајца претставници од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, еден претставник од Владата на Република Македонија на предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата и еден претставник на Министерството за информатичко општество и администрација (информатичар). (28) Пред почетокот на полагањето на испитот за шумски полицаец, претставникот од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството го утврдува идентитетот на кандидатот со увид на лична карта. (29) На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. (30) На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со информатичарот од став (27) на овој член, во случај доколку има технички проблем со компјутерот. (31) Ако техничките проблеми со компјутерот ќе бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. (32) Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати што го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. (33) Доколку кандидатот при полагањето стручниот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (29) и (30) на овој член, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија. (34) Во случаите од ставот (33) на овој член, се смета дека кандидатот не го положил испитот за шумски полицаец и истото се констатира во записникот за полагање на испитот. 15 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година (35) Овластените претставници од став (27) на овој член, за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути. (36) Ако во текот на полагањето на испитот настанат оправдани причини поради кои кандидатот не може да го продолжи полагањето на испитот (болест, породилно отсуство, школување во странство и слично), ќе се прекине испитот за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци. (37) Решение за продолжување на испитот донесува Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството по молба на кандидатот. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци. (38) Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот определен во ставот (37) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. (39) Против решението на Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството од ставот (37) на овој член кандидатот може да се поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението. (40) Испитот за шумски полицаец започнува со полагање на првиот дел (стручниот дел), а по положен прв дел кандидатот се стекнува со право за полагање на вториот дел (тактичко-техничкиот дел). (41) Вториот дел се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел. (42) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството со Правилник го пропишува начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот. (43) Првиот дел од испитот се полага за секоја соодветна област и содржи најмалку 10 прашања со пет опции за заокружување од кој едната е точна, две се слични, едната е неточна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една е неточна во голем обем (на неа се губат поголем број поени). (44) Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно став (43) на овој член, ќе се смета дeка испитот не го положил. (45) Полагањето на првиот дел од испитот за шумски полицаец се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (46) Прашањата од тестот зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во тестот. (47) Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на испитот за шусмки полицаец и нивните одговори се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на ловечки испит. (48) Електронскиот систем од став (47) на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 100 прашања од секоја област. (49) Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и стручната литература во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот. (50) Бројот на прашања во базите од став (48) на овој член се зголемува за 10 % годишно, почнувајќи од 2015 година. (51) Резултатите од полагањето на првиот дел од испитот му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување. (52) На денот на полагањето на првиот дел од испитот, претставникот на органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството на кандидатот му дава пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем. 16 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година (53) По одобрувањето на пристапот, кандидатот за првиот дел од испитот добива компјутерски генериран електронски тест, чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем од ставот (52) на овој член. (54) Првиот дел од испитот, содржи упатство за начинот на решавање на истиот, за кое претставникот на органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството дава појаснување, пред да започне полагањето на испитот. (55) Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот. (56) Во случај на спреченост на спроведување на првиот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем, полагањето на испитот се прекинува. (57) Доколку причините од ставот (56) на овој член се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот, истиот се продолжува веднаш по нивното отстранување. (58) Доколку причините од ставот (56) на овој член нема да се отстранат во рокот од ставот (57) на овој член, испитот се презакажува за друг термин. (59) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 120 минути. (60) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 60% од вкупниот број предвидени позитивни поени. (61)На барање на кандидатот, органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството го информира за направените грешки во тестот за полагање на испитот за шусмки полицаец, со овозможување непосреден увид во тестот. (62) Тестовите се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на испитот за шумски полицаец. (63) Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и практичните примери за полагање на испитот за шумаски полицаец и специмените за проверка на точноста на одговорите на тестот, како и снимките од одржаните испити се чуваат во органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (64) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството формира Комисија за ревизија на одржаните испити, која во својата работа ги користи материјалите од став (63) на овој член и во која, покрај другите членови членуваат и претставник од Владата на Република Македонија и информатичар од Министерството за информатичко општество и администрација определен од Владата на Република Македонија. (65) Комисијата од став (64) на овој член се состанува најмалку еднаш годишно и врши ревизија на начинот на спроведување на најмалку две сесии одржани во тековната година. (66) Комисијата има право да изврши ревизија и на начинот на спроведување на испитите одржани во последните пет години до денот на одржувањето на состанокот на комисијата, но не порано од денот на отпочнување на примената на овој закон. (67) На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение во рок од 15 дена од денот на завршување на испитот. (68) Формата и содржината на уверението од ставот (претходнен) на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. (69) Уверението за шумски полицаец има важност од пет години, со обврска по истекот на важноста во рок од две години повторно да го обнови. (70) Секоја година, работниците во шумската полиција спроведуваат обука и настава. (71) По завршување на обуката, работникот е должен да го пренесе стекнатото знаење на другите работници.“ 17 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година Член 16 Во членот 87 ставот (2) се брише. Ставот (3) станува став (2) Член 17 По членот 87 се додава нов член 87-а кој гласи: “Член 87-а (1) Со одземената дрвна маса која е предмет на кривична или прекршочна постапка, освен средствата и предметите со кои е извршено кривичното дело или прекршокот управува Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“. (2) Одземената дрвна маса од став (1) на овој член Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ е должно да ја превземе веднаш по известувањето од страна на органот кој известува. (3) За одземената дрвна маса од став (1) на овој член се составува записник кој содржи податоци за дрвниот вид, дрвниот сортимент, количината, класата и локацијата (место викано/катастарска парцела) од каде потекнува и каде се одзема. (4) Одземената дрвна маса Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ ја продава согласно со ценовникот на главни производи и најмалку 30 % од одземеното дрво и дрвни сортименти ги преодстапува на државни органи, дирекции, јавни установи и други институции основани од државата, како и единици на локалната самоуправа за што Одлука донесува Владата на Република Македонија. Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ од останатите 70% од вредноста на продадената дрвна маса должно е 20% да уплати на буџетот на Република Македонија додека 80% ќе ги користи за сопствени потреби. (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството ги пропишува формата и содржината записникот од став (3) на овој член. (6) Доколку биде донесена правосилна одлука за враќање на одземената дрвната маса од ставот 1 на овој член, Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ е должно да врати ист вид, количина и класа на дрвна маса согласно правосилната одлука. (7) Доколу Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ не располага со ист вид, количина и класа од одземената дрвна маса за истата ќе плати паричен надомест во висина на вредноста на дрвната маса.” Член 18 Во член 92 ставот (1) се менува и гласи: “Стопанисувањето со приватните шуми го вршат сопствениците а услуги за извршување на стручни работи од областа на шумарството им даваат Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми” и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја.” Ставот (6) се менува и гласи: “Спроведувањето на донесените плански документи за стопанисување со приватните шуми го вршат сопствениците преку ангажирање на стручно лице од областа на шумарството дипломиран шумарски инженер - насока шумарство, со или без работно искуство или лице со завршена средна стручна спрема од шумарска струка - шумарски техничар со минимум две години работно искуство или Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми” и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја.” 18 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година Член 19 Насловот пред членот 97 и членот 97 се менуваат и гласат “Извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост Член 97 Стручните работи на шуми во приватна сопственост го вршат Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми” и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја.” Член 20 Насловот пред членот 97-а и членот 97-а се бришат. Член 21 Насловот пред членот 97-б и членот 97-б се бришат. Член 22 Во членот 100 став (1) точка 3 се менува и гласи: “врши увид во работењето и документацијата на правните лица кои имаат лиценца за извршување на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур.” Ставот (7) се менува и гласи: “Жалбата против решението од ставот (2) на овој член може да се изјави до Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.” Член 23 Главата XI-a “Казнени одредби” и членот 100-а се бришат. Член 24 Во член 101 став (1) во точката 18 по зборовите: “ставови (1) и (2)” се заменува со зборовите :“ставови (1), (2) и (3).” Во член 101 став (1) во точката 24 точката и запирката се заменува со сврзникот “и”. Точката 25 се брише. Точката 26 станува точка 25. Член 25 Во член 104 став (1) во точката 15 точката и запирката се заменува со сврзникот “и”. Точката 16 се брише Точката 17 станува точка 16. Член 26 (1) Правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти должни се да се усогласат со одредбите од овој закон во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Доколку правните лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти не постапат согласно со одредбите од став (1) на овој член, се бришат од Регистарот на правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти во органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. 19 од 20 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 160 од 31.10.2014 година Член 27 (1) Електронскиот систем за следење на дрвната маса ќе се воспостави во рок од осум месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Со денот на воспоставување на електроснкиот систем за следење на дрвната маса престануваат да важат одредбите на член 69 ставови (4) и (12) од овој закон. Член 28 Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 29 (1) Испитот за шумски полицаец од член 82-љ ќе стане посебен услов за вработување за една година од денот на велгувањето во сила на овој закон. (2) Шумските полицајци коиј засновале работен однос во Шумската полиција од категоријата А и Б, најдоцна во рок од две години од денот со отпочнување на примена на овој закон до органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството треба да достават Уверение за шумски полицаец, во спротивно им престанува работниот однос. Член 30 Со денот на влегување во сила на овој закон престануваат да важат издадените лиценци за вршење на стручни работи на шуми во приватна сопственост, а издадените шумски жигови за ознака и жигосување заверени во Регистарот на заверени шумски жигови за ознака за сеча и шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти кој се води во органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството пред денот на влегување во сила на овој закон ќе престанат да се користат. Член 31 Со денот на влегувањето во сила на овој закон започнатите работи од правните и физичките лица кои поседувале лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост ќе продолжи да ги врши Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми” и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја. Член 32 Одредбата на член 21 од овој закон со која се менува членот 100 став (7) ќе отпочне да се применува со денот на отпочнувањето на примената на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Член 33 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за шумите. Член 34 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. 20 од 20 www.pravdiko.mk

Law amending the Law on forests · Nelum