Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on forests

Made 2013-10-21 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за изменување и дополнување на Закон за шумите.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Forestry
Keywords
forest management/forest conservation, policy/planning, internal trade

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 147 од 28.10.2013 година 20131473516 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 21 октомври 2013 година. Бр. 07 - 490/1 Претседател 21 октомври 2013 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ Член 1 Во Законот за шумите (“Службен весник на Република Македонија“ број 64/2009, 24/11, 53/11, 25/13 и 79/13), во членот 31 ставот (6) се менува и гласи: “Годишниот план за стопанисување со шуми содржи планови за заштита на шумите, одгледување, расадничко производство, користење на други шумски производи, користење на шумски отпад/отпад после сеча, користење и изградба на инфраструктурни објекти во функција на стопанисување со шумите, како и планиран обем на средства за извршување на овој план.“ Член 2 Во членот 63 ставот (6) се менува и гласи: “За заверените шумски жигови за ознака за сеча и шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти од ставот (4) на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството води евиденција во регистар на заверени шумски жигови за ознака за сеча и шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти.“ Член 3 Во членот 66 ставот (2) се менува и гласи: “По исклучок на ставот (1) на овој член е дозволена сеча во државна нискостеблена шума само за физички лица кои се со постојано место на живеење во руралните подрачја заради обезбедување на сопствени потреби.“ 1 од 3 Службен весник на РМ, бр. 147 од 28.10.2013 година Член 4 Во членот 69 ставот (4) се менува и гласи: “Испратниците за исечено дрво и дрвни сортименти се издаваат на следниов начин: испратниците за исечено дрво во шума во државна сопственост за превоз од место на утовар до склад на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја ги издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, испратниците за продажба на исеченото дрво од склад во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја до крајните потрошувачи и правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти ги издаваат Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја во чија сопственост е складот, и истите треба да бидат заверени од Државниот инспекторат за шумарство и ловство во Регистарот за заверени испратници, испратниците за продажба на исеченото дрво од склад во сопственост на правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти до крајните потрошувачи ги издаваат правните лица со нивно лого и печат и истите треба да бидат заверени од Државниот инспекторат за шумарство и ловство во Регистарот за заверени испратници, испратниците за превоз на дрво и дрвни сортименти исечено во државна нискостеблена шума од страна на физички лица кои се со постојано место на живеење во руралните подрачја, заради обезбедување на сопствени потреби до местото на живеење и за шумски отпад/отпад после сеча ги издаваат Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја и истите треба да бидат заверени од Државниот инспекторат за шумарство и ловство во Регистарот за заверени испратници и испратниците за исечено дрво во шума во приватна сопственост, на лицата од членот 97 став (1) од овој закон ги издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.“ Ставот (5) се менува и гласи: “Правните лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти во складовите во нивна сопственост се должни за дрвото и дрвните сортименти да имаат испратници од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја или од сопствениците на шуми во приватна сопственост од каде што потекнуваат дрвото и дрвните сортименти.“ Ставот (12) се менува и гласи: “Складирано дрво кое не е жигосано и за кое нема испратница согласно со ставовите (1), (4) и (5) на овој член се смета за бесправно исечено во шума.“ Во ставот (14) по зборовите: “заверени испратници“ се додаваат зборовите: “формата и содржината на регистарот за заверени испратници од Државниот инспекторат за шумарство и ловство“. Член 5 Во членот 70 по ставот (7) се додава нов став (8), кој гласи: “(8) По исклучок од ставот (7) на овој член, Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја можат да вршат продажба на дрво и дрвни сортименти на корен и собирање на шумски отпад/отпад после сеча со издадено решение од Државниот инспекторат за шумарство и ловство при вонредни сечи на опожарени површини, површини зафатени со ветроломи, ветроизвали, снеголоми и снегоизвали, прореди на 2 од 3 Службен весник на РМ, бр. 147 од 28.10.2013 година култури, прочистување на траси на проектирани шумски патишта, осветлување на шумски патишта, противпожарни просеки, прочистување на граничен појас, прочистување на траси за изградба на далеководи, чистење на пренаменети површини за користење (експлоатација) на минерални суровини, чистење на шумската вегетација во акумулациониот простор од хидроенергетските системи, како и за собирање на шумски отпад/отпад после сеча од делови од стабла кои остануваат во шумата по редовни или вонредни сечи.“ Ставовите (8), (9) и (10) стануваат ставови (9), (10) и (11). Член 6 Во членот 72 ставот (2) се менува и гласи: “Користењето, односно собирањето на други шумски производи во шума и на шумско земјиште може да се врши само ако тоа е предвидено со посебниот план и годишните планови за стопанисување со шумите.“ Ставот (6) се менува и гласи: “Користењето, односно собирањето на други шумски производи во шума и на шумско земјиште се врши на начин со кој нема да дојде до истребување на одделни растителни видови или нема да се нанесе штета на шумата и на шумското земјиште.“ Член 7 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. 3 од 3

Law amending the Law on forests · Nelum