Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on food safety

Made 2015-07-30 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Food and nutrition
Keywords
food safety and quality, procedural matters, legal proceedings/administrative proceedings, offences/penalties

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година 1 од 3 20151293776 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА Се прогласува Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 30 јули 2015 година. Бр. 08-3416/1 Претседател 30 јули 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА Член 1 Во Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14 и 72/15), членот 130 се менува и гласи: “Постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог (1) За прекршоците утврдени во овој закон, инспекторот може на сторителот на прекршокот да му издаде прекршочен платен налог, пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. (2) Доколку сторителот го прими прекршочниот платен налог, истиот треба да го потпише. Примањето на прекршочниот платен налог од сторителот на прекршокот се забележува во записникот. (3) Во записникот се утврдува начинот на кој ќе се отстранат штетните последици од прекршокот, како и начинот на надминување на последиците од сторениот прекршок. (4) Кога како сторител на прекршок се јавува правно лице, записникот и прекршочниот платен налог го потпишува службено, односно одговорното лице кое се нашло на лице место при инспекцискиот надзор или друго службено или одговорно лице кое изјавило дека има право да го потпише записникот и да го прими прекршочниот платен налог. (5) Изјавата од ставот (4) на овој член се забележува во записникот. (6) Инспекторот е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за нивниот исход. Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година 2 од 3 (7) Во евиденцијата од ставот (6) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот/прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. (8)Личните податоци од ставот (7) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.“ (9) Директорот ја пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог.” Член 2 Во членот 131 став (2) зборовите „во износ од 300 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) од овој член“. Во ставот (3) бројот “200” се заменува со зборовите “од 60 до 90”. Член 3 Во членот 132 став (2) зборовите „во износ од 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) од овој член“. Во ставот (3) бројот “500” се заменува со зборовите “од 300 до 450”. Член 4 Во членот 133 став (2) зборовите „во износ од 1.500 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) од овој член“. Во ставот (3) бројот “ 1.000” се заменува со зборовите “од 500 до 750”. Член 5 Во членот 134 став (2) зборовите „во износ од 4.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) од овој член“. Во ставот (3) бројот “ 2.000” се заменува со зборовите “1000 до 1500”. Член 6 Во членот 135 став (5) зборовите „тужба за поведување на управен спор пред надлежниот суд“ се заменуваат со зборовите „жалба во рок од осум дена од денот на приемот на одлуката преку прекршочниот орган до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. По ставот (5) се додаваат два нови става (6) и (7) кои гласат: „(6) Трошоците на постапката од ставот (1) на овој член ги плаќа сторителот на прекршокот, на кој му е изречена прекршочна санкција. (7) Ако за утврдување на трошоците од ставот (6) на овој член нема доволно податоци, за трошоците на постапката ќе се донесе посебно решение. Ставот (6) станува став (8). Член 7 Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно Законот за прекршоците. Член 8 Подзаконскиот акт утврден со овој закон ке се донесе најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година 3 од 3 Член 9 Се овластува Законодавно - правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за безбедност на храната. Член 10 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Law amending the Law on food safety · Nelum