Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on food safety

Made 2013-11-21 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за дополнување на законот за безбедност на храната.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock, Food and nutrition
Keywords
animal feed/feedstuffs, inspection, food safety and quality

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година 1 од 3 20131643978 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 21 ноември 2013 година. Бр. 07- 4598/1 Претседател 21 ноември 2013 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА Член 1 Во Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија “ број 157/10, 53/11 и 1/12), по членот 3 се додава нов член 3-а, кој гласи: “Член 3-а Супсидијарна примена на законот (1) Во постапката за издавање на решенија ќе се применува Законот за општа управна постапка доколку со овој закон поинаку не е уредено. (2) Во постапката за вршење на инспекциски надзор ќе се применува Законот за инспекциски надзор доколку со овој закон поинаку не е уредено.“ Член 2 Во членот 118 ставот (3) се менува и гласи: „Државен инспектор за храна може да биде лице кое: е државјанин на Република Македонија, е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година 2 од 3 има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на медицината, ветеринарната медицина, земјоделските науки, биологијата, технологијата на храна и биотехнологија, што се докажува со уверение, има пет години работно искуство во соодветната област, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење, и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications - положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, има добиено позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет, согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.“ Член 3 По членот 118 се додава нов член 118-а, кој гласи: „Член 118-а Годишна програма за работа на инспекциските служби (1) Директорот изготвува предлог на годишна програма за работа на инспекциската служба и истата ја доставува до Инспекцискиот совет, најдоцна до 31 октомври во тековната година за следната година. (2) Директорот ја донесува годишната програма за работа на инспекциската служба во рок од седум дена од денот на приемот на мислењето дадено од страна на Инспекцискиот совет, односно најдоцна до 10 декември во тековната година доколку Инспекцискиот совет не ја разгледа и не достави мислење до 30 ноември во тековната година. (3) Врз основа на донесената годишна програма за работа на инспекциската служба директорот подготвува квартални планови за работа за секој инспектор кои збирно ги доставува на разгледување до Инспекцискиот совет најдоцна две недели пред почетокот на нареден календарски квартал и тоа до 15 декември за првиот квартал од следната година, до 15 март за вториот, до 15 јуни за третиот, односно до 15 септември за четвртиот квартал во тековната година. (4) Во кварталните планови за работа за секој инспектор директорот задолжително го внесува бројот на планирани надзори во следните три месеци, како и степенот на сложеност на секој од надзорите. (5) Врз основа на кварталните планови за секој инспектор директорот подготвува месечен план за работа, кој план содржи и распоред на надзори по датуми и по субјекти на надзор. (6) Директорот најдоцна две недели од почетокот на тековниот календарски квартал за претходниот до Инспекцискиот совет збирно доставува квартални извештаи за работата на секој инспектор и тоа до 15 јануари за четвртиот квартал од претходната година, до 15 април за првиот квартал, до 15 јули за вториот, односно до 15 октомври за третиот квартал во тековната година. (7) Директорот најдоцна до 1 март во тековната година, до Инспекцискиот совет доставува годишен извештај за работата на инспекциската служба за претходната.“ Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година 3 од 3 Член 4 Во членот 127 ставот 2 се менува и гласи: „Против решението на инспекторот од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во рок од осум дена од денот на приемот на решението.“ Член 5 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува од 1 мај 2014 година.

Law amending the Law on food safety · Nelum