Law amending the Law on fisheries and aquaculture
Made 2011-04 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Fisheries and aquaculture
- Keywords
- fishery management and conservation, inland fisheries, fishing authorization, freshwater fishes, aquaculture, aquatic animals, non-commercial fishing, protection of species, authorization/permit, biodiversity
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА Сл. Весник на Р. Македонија, бр.47 од 08.04.2011 година Член 1 Во Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија” број 7/2008 и 67/10), во членот 2 точката 53 се менува и гласи: „Риболовно здружение е облик на слободно здружување на граѓаните заради остварување и усогласување на своите интереси при вршење и организирање на рекреативен риболов.” Член 2 Членот 41 се менува и гласи: „Рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони може да организираат риболовни здруженија и правни лица од членот 27 на овој закон.“ Член 3 Во членот 43 ставот 2 се брише. Член 4 Во членот 88 ставот 3 се менува и гласи: „Во водите и природниот слив на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро и во водите кои припаѓаат на териториите на националните паркови не смее да се внесуваат алохтони видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби.” Член 5 Во членот 102-б став 1 алинеја 5 по зборот “вработените” запирката се заменува со точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат. По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: „Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се субјекти регистрирани за дејност аквакултура.” Ставот 2 станува став 3. Член 6 Во членот 102-г ставот 2 се менува и гласи: „Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се вршители на аквакултура запишани во регистарот на одгледувачи на риби.” Член 7 Во членот 102-д став 1 алинеја 3 сврзникот “или” се заменува со сврзникот ”и”. Член 8 Во членот 106 став 2 алинеја 2 запирката на крајот од реченицата се заменува со точка. Во ставот 5 зборовите: “или дозволата за аквакултура престанала да важи или истата е одземена” се бришат. Член 9 По членот 108 се додаваат два нови члена 108-а и 108-б, кои гласат: превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 „Член 108-а (Постапка за едукација) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор надлежниот инспектор при Државниот инспекторат за земјоделство утврди дека е сторена по прв пат неправилност од членовите 111-б и 113-б на овој закон е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за земјоделство, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. Доколку надлежниот инспектор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекцискиот надзор. Доколку надлежниот инспектор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд. Државниот инспекторат за земјоделство води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 108-б Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државниот инспекторат за земјоделство за извршените контроли изготвува квартални извештаи и ги објавува на веб страницата на Министерството на унифициран квартален преглед." Член 10 Членот 110 се менува и гласи: „Глоба во износ од 2500 до 5000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) врши стопански риболов надвор од објектот Далјан - Струга (член 24 став 2); 2) врши стопански риболов спротивно на риболовната оснoва, одобрениот годишен план и склучениот договор за концесија (член 25 став 2); 3) не плаќа надоместок за стопански риболов и рекреативен риболов (членови 25 став 3 и 46 став 1); 4) не ги спроведува мерките предвидени со риболовната основа и годишниот план (членови 31 став 1 и 47 став1); 5) пловните објекти не се регистрирани и видливо обележани и рибарскиот алат не е пломбиран и евидентиран (член 38 став 1); 6) издава легитимации со повисок надоместок од предвидениот (член 49 став 3); превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 7) врши стопански риболов на води од подрачјата на националните паркови (член 59 став 2); 8) врши аквакултура, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риба (член 61); 9) лови риба и врши други активности во обележаниот појас околу кафезот (член 68 став 1); 10) врши промет на риба од недозволени места (член 70 став 1); 11) врши промет на риба без соодветен документ како доказ за потеклото на рибата (член 70 став 2); 12) не користи пункт за организирање на стопански риболов на риболовните подрачја и риболовните зони (член 72 став 1); 13) не издава придружни документи (член 73 став1); 14) врши транспорт на риба без соодветна документација (член 73 став 2); 15) врши риболов на риболовни води забранети за вршење риболов (член 85 став 1); 16) внесувa нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби без одобрение (член 88 став 1); 17) внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби во водите и природниот слив на риболовното подрачје на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро и во водите на териториите кои припаѓаат на Националните паркови (член 88 став 3); 18) врши аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа без претходно добиено позитивно мислење (член 88 став 4); 19) става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба наменет за порибување на риболовни води без одобрение (член 89); 20) врши риболов во природни плодишта (член 91 став 2); 21) стопанисува со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисува без одобрение на годишниот план, лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој, лови риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, лови риби под одредена големина и над дозволената количина, ја загадува риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, лови риби со преградување, исцрпување или пренасочување на риболовната вода, лови риби во променет режим и квалитет на водите, лови ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води и се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93); 22) поседува , набавува или врши продажба на мрежи, а не е концесионер на риби (член 94 ставови 1, 2 и 3); 23) врши риболов спротивно на ограничувањата (член 95) и 24) врши промет на порибителен материјал без поседување дозвола (член 106 став 1). Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. На правното лице покрај глобата од ставот 1 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност во траење од шест месеци до една година. На одговорното лице во правното лице покрај глобата од ставот 2 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење професија или должност во траење од една до пет години од ставот 1 на овој член.” превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 4 Член 11 Членот 111 се менува и гласи: „Глоба во износ од 1.250 до 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) во определениот рок не поднесе годишен план за стопанисување со рибите и годишен извештај за реализација на годишниот план (членови 17 став 4 и 18 став 1); 2) врши стопански риболов спротивно на членот 36 став 1 од овој закон; 3) не ја врати легитимацијата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во предвидениот рок (член 36 став 6); 4) го наменува приходот спротивно на членот 49 став 4 од овој закон; 5) издава дозволи за рекреативен риболов на лице кое не поседува легитимација за рекреативен риболов (член 50 став 3); 6) издава дозволи за рекреативен риболов на риболовни води за кои нема концесија (член 52 став 4); 7) не води и не доставува евиденција за бројот на издадени дозволи и евиденција за уловената риба (член 52 став 5); 8) врши мелиоративен и селективен риболов без одобрение (член 57 став 1); 9) не плати надоместок во висина од 20% од уловената риба (член 57 став 5); 10) врши риболов за научноистражувачки цели без одобрение (член 58 став 1); 11) не поднесе извештај за извршениот риболов (член 58 став 6); 12) одгледува риби кои не се впишани во изводот и дозволата (членови 62 став 4 и 67); 13) изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место (член 66 став 1); 14) не го обележи појасот околу кафезот (член 68 став 2); 15) става риба во промет која не исполнува услови по однос на квалитет , големина и тежина (член 70 став 3); 16) нема издадено легитимација за рибочувар (член 86 став 3); 17) не ја врати легитимацијата за рибочувар во предвидениот рок (член 86 став 8); 18) внесува одобрени нови видови риби без соодветен документ (член 88 став 2); 19) врши стопански риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2); 20) врши порибување без соодветен документ и без присуство на надлежни органи (член 104 ставови 1 и 2); 21) формира матично јато без одобрение (член 105 став 4) и 22) не издава документ како доказ за потекло на порибителен материјал (член 106 став 7). Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член.” Член 12 Членот 111-а се менува и гласи: „Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во првното лице за прекршок на самото место, ако: 1) во определениот рок не поднесе годишен план за стопанисување со рибите и годишен извештај за реализација на годишниот план (членови 17 став 4 и 18 став 1); 2) не ги спроведува мерките предвидени со риболовната основа и годишниот план (членови 31 став 1 и 47 став 1); 3) го наменува приходот спротивно на членот 49 став 4 од овој закон; превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 5 4) издава дозвола за рекреативен риболов на лице кое не поседува легитимација (член 50 став 4); 5) не води и не доставува евиденција за бројот на издадени дозволи и евиденција за уловената риба (член 50 став 7); 6) не пријави промена во предвидениот рок (член 62 став 4); 7) става риба во промет која не исполнува услови по однос на квалитетот, големината и тежината ( член 70 став 3); 8) не користи пункт за организирање на стопански риболов на риболовните подрачја и риболовните зони (член 72 став 1); 9) става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба без одобрение (член 89) и 10) врши стопански риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа ( член 92 став 2).” Член 13 По членот 111-a се додава нов член 111-б, коj гласи: „Член 111-б Глоба во износ од 800 од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) не плаќа надоместок во предвидениот рок утврден во договорот за концесија (член 31 став 1); 2) не води евиденција и не доставува податоци во предвидениот рок (член 33 ставови 1 и 3); 3) не определи и видливо обележи места на кои ќе се издаваат дозволите (член 52 став 6); 4) издава дозволи за рекреативен риболов надвор од обележаните места (член 52 став 7); 5) организира натпревари во спортски риболов на патеки кои не се определени од концесионериот и спротивно на правилата (член 54 ставови 2 и 3); 6) издава дозволи на лица под 15 години (член 55 став 1); 7) не поднесе извештај за извршениот риболов во рокот утврден во одобрението (член 57 став 4); 8) не води и доставува евиденција во предвидениот рок (член 66 став 2); 9) го обележи појасот околу кафезот спротивно од предвиденото (член 68 ставови 2 и 3); 10) не врши заштита на рибите (член 86 став 2) и 11) не ги извршува работите и не доставува извештај за извршувањето на работите во предвидениот рок (член 82 став 2).” Член 14 Членот 112 се менува и гласи: „Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: 1) врши стопански риболов, а не поседува легитимација за стопански риболов (член 36 став 1); 2) врши стопански риболов спротивно на членот 37 од овој закон; 3) врши рекреативен и спортски риболов заради стекнување на приходи (член 48); 4) врши аквакултура, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риба (член 61); 5) лови риба и врши други активности во обележаниот појас околу кафезот (член 68 став 1); 6) лови риба без одобрение на сопственикот (член 69); 7) врши промет на риба од недозволени места (член 70 став 1); превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 6 8) врши промет на риба без соодветен документ како доказ за потекло на рибата (член 70 став 2) 9) не издава придружни документи (член 73 став1); 10) врши транспорт на риба без соодветна документација (член 73 став 2); 11) врши риболов на риболовни води забранети за вршење риболов (член 85 став 1); 12) внесувa нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби без одобрение (член 88 став 1); 13) внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби во водите и природниот слив на риболовното подрачје на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро и во водите на териториите кои припаѓаат на Националните паркови (член 88 став 3); 14) врши аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа без претходно добиено позитивно мислење (член 88 став 4); 15) става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба наменет за порибување на риболовни води без одобрение (член 89); 16) врши риболов во природни плодишта (член 91 став 2); 17) стопанисува со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисува без одобрение на годишниот план, лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој, лови риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, лови риби под одредена големина и над дозволена количина, ја загадува на риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, лови риби со преградување, исцрпување или пренасочување на риболовната вода, лови риби во променет режим и квалитет на водите, лови ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води и се движи или задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93); 18) поседува, набавува или врши продажба на мрежи, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риби (член 94 ставови 1, 2 и 3); 19) врши риболов спротивно на ограничувањата од членот 95 на овој закон; 20) одбие да се легитимира и да покаже дозвола пред овластените органи (членови 87 став 1 и 109) и 21) врши промет на порибителен материјал без поседување дозвола (член 106 став 1).” Член 15 Членот 113 се менува и гласи: “Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице , ако: 1) не ја врати легитимацијата по престанување на работниот однос (член 36 став 6); 2) врши рекреативен риболов надвор од риболовните ревири и определени рекреативни зони (член 40 став 1); 3) врши рекреативен риболов без легитимација и дозвола (членови 49 став 1 и 50 став 1); 4) врши рекреативен риболов, а не носи легитимација и дозвола за рекреативен риболов (член 50 став 5); 5) не води евиденција за уловената риба и не ја доставува до концесионерот (член 50 став 5); 6) врши рекреативен и спортски риболов вон определените рекреативни зони на водите од подрачјата на националните паркови (член 59 став 3); превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 7 7) одгледува риби кои не се впишани во изводот и дозволата (членови 62 став 4 и 67); 8) изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место (член 66 став 1); 9) не води и доставува евиденција (член 66 став 2); 10) не го обележи појасот околу кафезот (член 68 став 2); 11) става риба во промет која не исполнува услови по квалитет, големина и тежина (член 70 став 3); 12) се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со рибарски прибор, а не поседува дозвола за рекреативен риболов (член 93) и 13) не издава соодветен документ како доказ за потекло (член 106 став 7).“ Член 16 Членот 113-a се менува и гласи: “Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самото место за прекршок на физичко лице, ако: 1) врши рекреативен риболов, а не носи легитимација и дозвола за рекреативен риболов (член 50 став 5); 2) не води евиденција за уловената риба и не ја доставува до концесионерот (член 50 став 5); 3) изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место и не води евиденција ( член 66 ставови 1 и 2) и 4) се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со рибарски прибор, а не поседува дозвола за рекреативен риболов (член 93).“ Член 17 По членот 113-a се додава нов член 113-б, коj гласи: “Член 113-б Глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице, ако: 1) не носи легитимација за стопански риболов (член 36 став 4) ; 2) не пријави промена во предвидениот рок (член 62 став 4); 3) не ја доставува евиденцијата во предвидерниот рок (член 66 став 3); 4) го обележи појасот околу кафезот спротивно од предвиденото (член 68 ставови 2 и 3); 5) не ја врати легитимацијата за рибочувар во предвидениот рок (член 86 став 8) и 6) врши рекреативен риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2).“ Член 18 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 19 Се овластува Законодаво-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за рибарство и аквакултура. Член 20 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.