Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on fisheries and aquaculture

Made 2011-04 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Fisheries and aquaculture
Keywords
aquaculture, authorization/permit

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.04.2011 година Член 1 Во Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ број 7/2008,67/10 и 47/11), во членот 63 по ставот 2 се додаваат 20 нови става (3), (4) , (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20), (21) и (22), кои гласат: „(3) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на дозвола за аквакултура донесува решение, со кое одлучува по барањето за издавање на дозвола за аквакултура. (4) Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не издаде дозвола за аквакултура, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за донесување на решение по поднесеното барање, односно да издаде дозвола за аквакултура. (5) Формата и содржината на барањето од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Кон барањето за издавање на дозвола за аквакултура подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (3) на овој член . (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение со кое барањето за издавање на дозвола за аквакултура е уважено или одбиено. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (6) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен испекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Инспекторот од Државниот управен испекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести испекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, испекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести испекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (10) на овој член, испекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9) и (10) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за испекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој испекторот ќе изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку испекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен испекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против испекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член, директорот на Државниот управен испекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг испектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен испекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежтниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (19) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рок од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (20) Постапката пред Управниот суд е итна. (21) Подзаконскиот акт од ставот (5) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (22) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (5) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството на земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Ставот (3) станува став (23). Член 2 Во членовите 65 став (3), 75 став (2), 105 став (5) и 106 став (6) зборовите: “Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на земјоделството шумарството водостопанството и ветеринарството“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 Член 3 Одредбите од членот 2 на овој закон со кој се менуваат членовите 65 став (3), 75 став (2), 105 став (5) и 106 став (6) ќе започнат да се применуваат со започнување на примената на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 4 Подзаконскиот акт предвиден со овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 5 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Law amending the Law on fisheries and aquaculture · Nelum