Law amending the Law on firefighting
Made 2013-04-10 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Законот за изменување и дополнување Законa за пожарникарството.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Forestry
- Keywords
- fire management, education, legal proceedings/administrative proceedings, hazards
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 55 од 16.04.2013 година 20130551234 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВОТО Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 10 април 2013 година. Бр. 07 - 1520/1 Претседател 10 април 2013 година на Република Македонија, Скопје орге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВОТО Член 1 Во Законот за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ број 67/2004 и 81/2007), во членот 5 по ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5), кои гласат: „(4) Противпожарните единици од ставот (3) на овој член ќe ги покриваат следните општини: Битола за општините Новаци и Могила; Велес за општините Градско и Чашка; Гевгелија за општините Богданци и Дојран; Гостивар за општините Врапчиште, Боговиње и делот Маврово од општината Маврово - Ростуше; Кочани за општините Зрновци и Чешиново; Кумaново за општината Липково; Охрид за општината Дебарца; Прилеп за општините Долнени и Кривогаштани; Струмица за општините Босилово, Василево и Ново Село; Тетово за општините Брвеница, Јегуновце и Теарце; Штип за општината Карбинци; Кавадарци за општината Росоман; Дебар за општината Центар Жупа и делот Ростуше од општината Маврово - Ростуше; Берово за општината Пехчево; Делчево за општината Македонска Каменица; Крива Паланка за општината Ранковце; општината Струга за општината Вевчани; Кичево за општините Вранешница, Другово, Зајас и Осломеј; општината Македонски Брод за општината Пласница; општината Радовиш за општината Конче; општината Свети Николе за општината Лозово, општината Неготино за општината Демир Капија и градот Скопје за општините Петровец, Илинден, Арачиново, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани и Зелениково. (5) За формирање на противпожарните единици од ставовите (3) и (4) на овој член, советите на општините и Советот на градот Скопје донесуваат одлука.“ 1 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 55 од 16.04.2013 година Ставот (4) станува став (6). По ставот (5) кој станува став (7) се додава нов став (8), кој гласи: „(8) Противпожарните единици од ставот (4) на овој член, покривањето ќе го вршат се до донесувањето и влегувањето во сила на одлуката од ставот (5) на овој член.“ Член 2 Членот 6 се менува и гласи: “(1) Минималниот број на професионални пожарникари во противпожарните единици од членот 5 ставови (3) и (4) од овој закон, треба да изнесува: во општините до 10.000 жители - девет професионални пожарникари, во општините од 10.000 до 15.000 жители - 13 професионални пожарникари, во општините од 15.000 до 24.000 жители - 17 професионални пожарникари и во општините со над 24 000 жители - еден професионален пожарникар на 1.500 жители. (2) Покрај критериумите од ставот (1) на овој член, бројот на професионални пожарникари зависи и од големината на подрачјето кое го покрива противпожарната единица, степенот на загрозеноста од пожари, видот на објектите што се заштитуваат, бројот и големината на противпожарните единици во правните лица и бројот и големината на доброволните противпожарни единици. (3) Утврдениот број на професионални пожарникари на противпожарните единици според критериумите од ставот (1) на овој член, а кои покрај својата општина ги покриваат и соседните општини кои не формирале противпожарни единици, се зголемува соодветно на бројот на нивните жители. (4) Општината која согласно со овој закон нема формирано противпожарна единица, задолжително учествува во финансирањето на противпожарната единица која го покрива нејзиното подрачје. (5) За висината на учеството од ставот (4) на овој член општините склучуваат меѓусебен договор, а износот не може да биде помал од финансиските трошоци за зголемениот број на пожарникари утврден согласно со ставот (3) на овој член. (6) За секое ангажирање на дополнителен број на професионални пожарникари над постојниот, по денот на влегувањето во сила на овој закон, општините се должни да обезбедат средства од сопствениот буџет.“ Член 3 Во членот 7 по ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи: „(5) Обуката на сезонските пожарникари ја спроведува Центарот за обука на Дирекцијата.“ Ставот (5) станува став (6). Член 4 Во членот 8 став (2) по зборот „службата“ се додаваат зборовите: „начинот на изведување на настава и обука, преглед и одржување на техничката опрема“. Член 5 Во членот 11 став (2) алинеја 2 зборовите: „или средно образование од друга насока и образование за противпожарен техничар“ се бришат. Ставот (3) се менува и гласи: „Психофизичката и здравствената способност од ставот (2) алинеја 1 на овој член ја утврдува овластена здравствена установа согласно со закон.“ 2 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 55 од 16.04.2013 година Член 6 По членот 11 се додаваат 11 нови члена 11-а, 11-б, 11-в, 11-г, 11-д, 11-ѓ, 11-е, 11-ж, 11 з, 11-ѕ и 11-и, кои гласат: „Член 11-а Професионалните пожарникари се службени лица на кои поради работа на особено тешки и по здравјето штетни работни места согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, така што секои 12 месеци ефективна работа се сметаат како 15 месеци стаж на осигурување. Член 11- б (1) Работниците на противпожарните единици се стекнуваат со звања врз основа на видот на образованието, работниот стаж и работното место. (2) За пожарникарите се утврдуваат следниве звања: 1) командант на бригада; 2) заменик командант на бригада; 3) помошник командант на бригада; 4) командир на територијална противпожарна единица; 5) заменик командир на територијална противпожарна единица; 6) командир на чета; 7) заменик командир на чета; 8) командир на вод (потцентар); 9) командир на Командно оперативен центар; 10) командир на одделение; 11) водич на група; 12) водич на група возачи; 13) пожарникар спасител; 14) пожарникар спасител возач на специјално возило; 15) пожарникар - раководител на противпожарен сервис и 16) пожарникар - раководител на механичка работилница. (3) Звањата од ставот (2) на овој член истовремено се чинови на работниците на противпожарните единици. Член 11-в За приправниците за професионални пожарникари се применуваат прописите за работните односи и колективниот договор. Член 11-г (1) Професионалниот пожарникар е должен по наредба на непосредно претпоставениот, работите и задачите да ги извршува и подолго од полното работно време, ако е тоа нужно заради нивно успешно и навремено извршување. (2) На професионалниот пожарникар за работата подолга од полното работно време му припаѓа паричен надоместок или слободни денови, согласно со прописите за работни однос и колективните договори. Член 11-д Професионалниот пожарникар за кој со одлука на здравствената комисија ќе се утврди дека е неспособен за вршење на работите заради нарушена психофизичка или општа здравствена способност која настапила како последица од повреда при работа или професионална болест, се распоредува на работно место кое одговара на видот и степенот на неговото образование и здравствената состојба. 3 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 55 од 16.04.2013 година Член 11-ѓ (1) Пожарникарот кој ќе го загуби животот при вршењето или во врска со вршењето на работата ќе се погребе на трошок на општината во чија противпожарна единица бил ангажиран. (2) На семејството на пожарникарот од ставот (1) на овој член му припаѓа еднократен надоместок во висина на вкупниот износ од остварените плати во последните 12 месеци. Член 11-е (1) Пожарникарот може да се упати на работа во странство за извршување на оперативна работна задача врз основа на меѓународните договори за соработка ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија. 2) Во согласност со меѓународните договoри за соработка ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија пожарникарот може да биде упатен во странство на обука или да учествува во меѓународни активности за гаснење на пожар, врз основа на одлука на Владата на Република Македонија. Член 11-ж Во случај професионалниот пожарникар вон работното време да се затекне на место каде што има пожар, е должен да ги преземе неопходните мерки според околностите на пожарот, заради заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните. Член 11-з Ако против пожарникарот се води кривична, прекршочна или друга постапка заради употреба на присилба или заради други интервенции во врска со вршење на службата, како и заради учество во сообраќајна незгода со моторно возило или незгода причинета со друг вид на средство при вршење на службата, по негово барање општината му обезбедува бесплатна правна помош во врска со водењето на постапката. Член 11-ѕ (1) Професионалниот пожарникар не смее да носи или да истакнува партиски симболи во просториите и службените возила, партиски да се организира или да дејствува во единицата. (2) Професионалниот пожарникар не смее во униформа на единицата да присуствува на партиски активности и манифестации, освен ако е на извршување на службена задача. Член 11-и Пред донесувањето на прописите кои согласно со овој закон ги донесува директорот на Дирекцијата, а се однесуваат на правата и обврските на пожарникарите и на работата на територијалните противпожарни единци задолжително се консултира Заедницата на единиците на локалната самоуправа.“ Член 7 Во членот 12 ставот (1) се менува и гласи: „Стручното оспособување за пожарникари од членовите 5 и 14 од овој закон се врши во Центарот за обука на Дирекцијата според Програма за стручно оспособување на пожарникари.“ По ставот (1) се додаваат три нови става (2), (3) и (4), кои гласат: „(2) По завршувањето на обуката од ставот (1) на овој член, учесниците полагаат стручен испит пред комисија формирана од директорот на Дирекцијата, составена од три члена, со високо образование од областа на тематските содржини од програмата за обука. 4 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 55 од 16.04.2013 година (3) На учесниците кои успешно го завршиле стручното оспособување од ставот (1) на овој член, Дирекцијата им издава уверение. (4) Директорот на Дирекцијата ја донесува програмата од ставот (1) на овој член и ги пропишува формата и содржината на образецот на уверението од ставот (3) на овој член.“ Ставовите (2) и (3) стануваат ставови (5) и (6). Член 8 Во членот 14 ставот (1) се менува и гласи: „Противпожарни единици за сопствени или заеднички потреби формираат правните лица кои произведуваат: а) смоли и експлозиви, складираат, произведуваат и манипулираат со запални течности и гасови и б) имаат над 500 вработени во: хемиската индустрија, црната и белата металургија, металопреработувачката индустрија, производството на пластични маси и предива, текстилната индустрија, дрвно-преработувачката индустрија, индустријата за хартија и индустриите со зголемена опасност од појава на пожари, експлозии или други техничко-технолошки несреќи.“ Член 9 Во членот 16 став (1) зборовите: „или средно образование од друга насока и образование за противпожарен техничар“ се бришат. Во ставот (2) алинејата 2 се менува и гласи: „- да има завршено средно образование - техничка насока IV степен и“. По алинејата 2 се додава нова алинеја 3, која гласи: „- да има уверение за стручно оспособување за пожарникар.“ Член 10 Во членот 18 зборовите: „еднаш годишно“ се заменуваат со зборовите: „на секои поминати 18 месеци на работа“. Член 11 Во членот 33 ставот (1) се менува и гласи: „Кога во гаснењето на пожарот учествуваат две или повеќе противпожарни единици, со гаснењето на пожарот раководи одговорното лице со највисок чин.“ По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Кога во гаснењето на пожарот учествуваат две или повеќе противпожарни единици, а одговорните лица се со ист чин, со гаснењето на пожарот раководи одговорното лице на противпожарната единица која прва почнала да го гасне пожарот.“ Ставовите (2) и (3) стануваат ставови (3) и (4). Член 12 Во членот 34 став (2) зборовите: „одговорното лице во тоа правно лице, согласно со неговиот план за заштита од пожари“ се заменуваат со зборовите: „одговорното лице на противпожарната единица во соработка со одговорното лицето од правното лице“. 5 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 55 од 16.04.2013 година Член 13 Во членот 43 став (1) зборовите: „за тоа“ се заменуваат со зборовите: „во рок од десет дена писмено“. Член 14 Во членот 45 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: “(3) Правното лице ги покрива трошоците за добивање на овластувањето во износ од 100 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија, на денот на уплатата, кои се уплаќаат на сметката на Буџетот на Република Македонија.“ Ставовите (3), (4) и (5) стануваат ставови (4), (5) и (6). Во ставот (6) кој станува став (7) по зборот „член“ се додаваат зборовите: „времено за шест месеци или трајно“. По ставот (7) кој станува став (8) се додаваат четири нови става (9), (10), (11) и (12), кои гласат: „ (9) Времено одземање на овластувањето на правното лице се врши во следниве случаи, ако: не ја извести Дирекцијата во рок од десет дена за настанатата промена на исполнетоста на условите и критериумите врз основа на кои го има добиено овластувањето, во текот на работата настанале промени поради кои повеќе не ги исполнува условите и критериумите потребни за добивање на овластувањето или работите за кои го има овластувањето ги врши спротивно на ставот (3) на овој член. (10) Трајно одземање на овластувањето на правното лице се врши ако и по истекот на временото одземање на овластувањето, правното лице не ги отстрани недостатоците констатирани со решението за времено одземање на овластувањето. Правното лице на кое трајно му е одземено овластувањето нема право да се регистрира за вршење на дејност од ставот (1) на овој член. (11) Директорот на Дирекцијата на предлог на инспекторот за заштита и спасување донесува решение за одземање на овластувањето од ставот (2) на овој член. (12) Инспекторите за заштита и спасување најмалку еднаш годишно вршат инспекциски надзор над работата на правните субјекти кои имаат добиено овластување за вршење на работи од став (1) на овој член.“ Член 15 Во членот 48 став (1) се додава нова реченица која гласи: „Проверката ја врши комисија од три члена која ја формира градоначалникот на општината, составена од еден претставник од општината и двајца претставници од противпожарната единица.“ Во ставот (2) точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите: „како и начинот на работата на комисијата од ставот (1) на овој член.“ Член 16 Во членот 50 став (2) точката се брише и се додаваат зборовите: „и за потребите на авионите за гаснење на пожари на Дирекцијата (сервисирање, годишен преглед, осигурување, набавка на резервни делови, гориво и други потреби), чија висина не надминува 60% од вкупниот износ на наплатени средства, а останатите 40% за набавка на противпожарна опрема и средста за гаснење на пожарите за потребите на територијалните противпожарни единици.“ Член 17 Во членот 51 во воведната реченица зборот „обезбедуваат“ се заменува со зборот „наменети“. 6 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 55 од 16.04.2013 година Член 18 Во членот 52 по ставот (1) се додаваат два нови става (2) и (3), кои гласат: „(2) Противпожарниот сојуз на Република Македонија е должен да издвои најмалку 60% од финансиските средства од ставот (1) на овој член за финансирање на работата на противпожарните сојузи на општините и за опремување на доброволните противпожарни друштва и доброволните противпожарни единици. (3) Противпожарниот сојуз на Република Македонија средствата од ставот (2) на овој член ги уплатува на сметка на противпожарните сојузи на општините најдоцна седум дена од пристигнатата уплата на неговата сметка, во процент сразмерно на бројот на противпожарните сојузи на општините.“ Член 19 Членот 53 се менува и гласи: „(1) Надзорот над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Дирекцијата.“ (2) Инспекцискиот надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го вршат инспектори за заштита и спасување. (3) Надзорот и инспекцискиот надзор се врши согласно со Законот за заштита и спасување и Законот за инспекциски надзор.“ Член 20 Во членот 54 став (1) по алинејата 6 се додаваат четири нови алинеи 7, 8, 9 и 10, кои гласат: „- не формира противпожарна единица согласно со членот 14 став (1) од овој закон, не постапи согласно со членот 49 став (1) алинеи 3 и 4 од овој закон, не постапи согласно со членот 51 став (1) алинеја 3 од овој закон и не постапи согласно со членот 52 ставови (2) и (3) од овој закон.“ Член 21 Во членот 55 став (1) по алинеjата 7 се додаваат осум нови алинеи 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14 и 15, кои гласат: „ - не постапи согласно со членот 7 став (1) од овој закон, не постапи согласно со членот 17 од овој закон, користи уреди, опрема и средства за гасење на пожари спротивно на членот 44 став (2) од овој закон, не постапи согласно со членот 45 став (4) од овој закон, не постапи согласно со членот 45 став (5) од овој закон, не ги исполнува условите согласно со членот 46 став (3) од овој закон, нема овластување согласно со членот 46 став (4) од овој закон и нема положено стручен испит согласно со членот 46 став (6) од овој закон.“ Член 22 Во членот 56 по ставот (4) се дoдаваат два нови става (5) и (6), кои гласат: „(5) Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице на единицата на локалната самоуправа ако постапи спротивно на членот 11 ставови (1) и (2) од овој закон. (6) Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во правното лице ако постапи спротивно на членот 27 од овој закон.“ 7 од 8 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 55 од 16.04.2013 година Член 23 По членот 57 се додава нов член 57-а, кој гласи: „Член 57-а (1) За прекршоците утврдени во членовите 54, 55, 56 и 57 од овој закон прекршочната постапка се води согласно со Законот за заштита и спасување. (2) Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците предвидени со овој закон, се врши порамнување согласно со Законот за прекршоците.“ Преoдни и завршни одредби Член 24 Работниците на противпожарните единици кои засновале работен однос до денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да работат на работните места во звањата на кои се распоредени пред денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 25 До започнувањето на примената на одредбите од членот 5 став 1 со кој се менува членот 11 став (2) алинеја 2 и одредбата од членот 9 став 2 со кој се менува членот 16 став (2) алинеја 2, како пожарникар може да се вработи лице кое има завршено средно образование и има уверение за завршено стручно оспособување за пожарникар согласно со членот 7 од овој закон. Лицето од ставот 1 на овој член е должен да се стекне со соодветно образование најдоцна две години од денот на започнувањето на примената на одредбата од членот 5 став 1 со кој се менува членот 11 став (2) алинеја 2 и одредбата од членот 9 став 2 со кој се менува членот 16 став (2) алинеја 2, во спротивно му престанува работниот однос. Член 26 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесaт во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон. Член 27 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за пожарникарството. Член 28 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, освен одредбата од членот 5 став 1 со кој се менува членот 11 став (2) алинеја 2 и одредбата од членот 9 став 2 со кој се менува членот 16 став 2 алинеја 2, кои ќе започнат да се применуваат од 1 септември 2017 година, а одредбата од членот 8 со кој се менува членот 14 став (1) ќе започне да се применува од 1 јануари 2017 година. 8 од 8 www.pravdiko.com