Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on environment

Made 2013-07-01 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Environment
Keywords
environmental audit, environmental fees/charges, inspection, liability/compensation

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 93 од 3.7.2013 година 20130932230 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 1 јули 2013 година. Бр. 07-2645/1 1 јули 2013 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Во Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11 и 123/12), во членот 92 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Трошоците од ставот (1) на овој член се уплаќaат на посебна сметка на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 2 Во членот 130 ставовите (3) и (4) се менуваат и гласат: „(3) Генералната еколошка ревизија можат да ја вршат правни и физички лица согласно со условите предвидени во Законот за процена. (4) Генералната еколошка ревизија се изведува според меѓународни унифицирани стандарди и општоприфатени методологии и принципи согласно со прописите за процена.“ Член 3 Членот 131 се брише. Член 4 Членот 132 се брише. 1 од 5 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 93 од 3.7.2013 година Член 5 Членот 133 се брише Член 6 Во членот 162 став (4) запирката пред бројот „183“ и бројот „183“ се бришат. Член 7 Во членот 163 точка 2 точката и запирката после зборот „деривати“ се заменуваат со сврзникот „и“, а зборовите: „со производство или увоз на тутунски производи и“ се бришат. Член 8 Во членот 164 став (2) на крајот од алинејата 2 запирката се заменува со сврзникот „и“, а алинејата 3 се брише. Член 9 Членот 165 се менува и гласи: „(1) Од плаќање на надоместокот од членот 182 од овој закон се ослободуваат правните и физички лица кои создаваат индустриски неопасен отпад, во висина на надоместокот за количината и видот на отпадот кој е предаден на, односно преработен од правни и физички лица кои поседуваат дозвола за преработка на отпад. (2) Од плаќање на надоместокот од членот 182 од овој закон се ослободуваат правните и физичките лица кои извршиле извоз на отпад, отпадоци и остатоци од Република Македонија, во висина на надоместокот што би се платил за количината и видот на извезениот отпад, отпадоци и остатоци за кои се плаќа надоместок. (3) Обврзникот за плаќање на надоместокот од членот 184 став (2) од овој закон може до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина да поднесе барање за враќање на надоместокот за количината која е извезена. (4) Во случајот од ставот (1) на овој член обврзникот за плаќање на надоместокот од членот 182 од овој закон може до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина да поднесе барање за ослободување од обврската за плаќање на надоместокот за количината на отпадот која ја предале. (5) Во случаите од ставот (2) на овој член обврзникот за плаќање на надоместокот од членовите 179 став (5) и 182 од овој закон може до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, да поднесе барање за враќање на надоместокот за количината која е извезена, односно за количината на отпад која е извезена заради преработка или рециклирање на отпадот. (6) Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите, ги пропишува начинот, постапката и потребната документација за ослободување од плаќање и враќање на надоместокот од ставовите (3), (4) и (5) на овој член. (7) Кон барањето од ставовите (3), (4) и (5) на овој член се приложува образложение на барањето и дополнителна документација определена со прописот од ставот (6) на овој член. (8) За барањето од ставовите (3), (4) и (5) на овој член одлучува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (9) Условите што треба да ги испoлнуваат обврзниците за ослободување на обврската за плаќање на надоместоците од членот 182 од овој закон во случаите од ставот (5) на овој 2 од 5 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 93 од 3.7.2013 година член ги прoпишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите.“ Член 10 Во членот 166 став (2) зборовите: „Законот за утврдување и наплата на јавните приходи“ се заменуваат со зборовите: „Законот за даночна постапка“. Член 11 Членот 183 се брише. Член 12 По членот 188 се додава нов член 188-а, кој гласи: „Член 188-а Национален систем за инвентаризација на емисиите на стакленички гасови (1) Заради управување со податоците за антропогените емисии на стакленички гасови по извори и понори во атмосферата на територијата на Република Македонија, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина воспоставува, развива, води и координира Национален систем за инвентаризација на емисии на стакленички гасови (во натамошниот текст: Системот за инвентаризација). (2) Системот за инвентаризација се воспоставува, развива, води и се координира, на начин што обезбедува база на релевантни податоци заради подготовка на инвентар на стакленички гасови, како и за следење на имплементацијата на планските документи за климатски промени. (3) Системот за инвентаризација опфаќа собирање, обработка, систематизирање, процена, верификација и обезбедување на квалитет и управување со несигурност на податоци, како и чување, искористување, дистрибуција и презентирање на податоци и информации добиени субјекти кои поседуваат податоци за антропогени емисии по извори и понори на стакленички гасови во атмосферата во согласност со ставот (4) на овој член. (4) Владата на Република Македонија, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, утврдува листа на субјекти кои поседуваат податоци за антропогените емисии на стакленички гасови во атмосферата по извори и понори. (5) Врз основа на Листата од ставот (4) на овој член министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина со решение ги определува податоците за емисии на стакленички гасови кои субјектите од ставот (4) на овој член се должни да ги доставуваат до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (6) Субјектите од ставот (4) на овој член се должни да определат овластено лице кое ќе биде одговорно за внесување, проверка и доставување на податоците. (7) Субјектите од ставот (4) на овој член се должни бараните податоци за емисии на стакленички гасови да ги достават или да ги направат достапни во форма, содржина, образец и во рок определен во обрасците за доставување на податоците до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (8) Формата, содржината, начинот на водење и одржување на системот за инвентаризација на стакленичките гасови, како и методологијата за нивна пресметка и формата и содржината на обрасците и роковите во кои субјектите од ставот (5) на овој член ќе вршат доставување на податоците за емисиите на стакленички гасови во атмосферата по извори и понори до органот на државната управа надлежен за работите од 3 од 5 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 93 од 3.7.2013 година областа на животната средина, како и начинот на водење и управување со тие податоци, ги пропишува Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (9) Субјектите од ставот (5) на овој член кои поседуваат податоци за антропогените емисии на стакленички гасови во атмосферата, вклучувајќи и статистички податоци потребни за изработка на Инвентарот за стакленички гасови од членот 188 од овој закон се должни истите, без надоместок, да ги направат достапни на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина согласно со ставот (8) на овој член. (10) Субјектите од ставот (4) на овој член можат: во согласност со својата надлежност, да учествуваат во утврдување на специфичните емисиони фактори или други индикатори релевантни за определување на емисиите на стакленички гасови и да даваат предлози за подобрување на постапката за инвентаризација на стакленичките гасови.“ Член 13 Во членот 196 став (1) по зборот „хортикултура“ се става запирка и се додаваат зборовите: „дипломиран криминалист“. По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Едно лице може да ги врши работите на државен инспектор за животна средина и на водостопански инспектор, доколку ги исполнува условите пропишани за водостопански инспектор утврдени со Законот за водите, врз основа на решение донесено од страна на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Ставот (4) станува став (5). Член 14 Во членот 200 став (1) точката 9 се менува и гласи: „9) ќе ги задолжи правните и физички лица да изработат елаборат за влијанијата на проектот врз животната средина и истиот да го достават на одобрување до надлежниот орган во рок од најмногу 90 дена од денот кога е констатирано дека немаат изработено елаборат, односно од денот кога го примиле решението.“ Член 15 Во членот 201 став (1) точка 1 броевите „(4) и (5)“ се заменуваат со броевите „(5) и (6)“. Член 16 Во членот 206 став (2) по алинејата 7 се додава нова алинеја 8, која гласи: „- да побара да се изврши мерење, испитување и анализа на емисии од релевантна лабораторија,“. Во ставот (3) зборовите: „алинеи 2 и 3“ се заменуваат со зборовите: „алинеи 2, 3 и 7“. Член 17 Во членот 208-а по ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи: „(7) Државниот инспектор за животна средина во случаите од ставовите (5) и (6) на овој член поднесува пријава до Државниот управен инспекторат.“ Ставовите (7) и (8) стануваат ставови (8) и (9). 4 од 5 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 93 од 3.7.2013 година Член 18 Во членот 212-б ставот 9 се брише. Член 19 Одредбите од членовите 6, 7, 8, 9 и 11 од овој закон ќе започнат да се применуваат од денот на започнувањето со примена на членот 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите („Службен весник на Република Македонија“ број 82/13). Член 20 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за животната средина. Член 21 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 5 од 5 www.pravdiko.com

Law amending the Law on environment · Nelum