Law amending the Law on environment
Made 2013-12-27 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment
- Keywords
- environmental planning, education, offences/penalties, policy/planning
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година 20131874617 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 27 декември 2013 година. Бр. 07-5102/1 Претседател 27 декември 2013 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Во Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11,123/12 и 93/13), членот 68 се менува и гласи: „Експерт за стратегиска оцена на животната средина може да биде физичко лице кое има положено стручен испит за оцена на плански документ врз животната средина и кое е ставен на Листата на експерти за стратегиска оцена на животната средина согласн со членот 85 од овој закон.“ Член 2 Насловот на членот 85 и членот 85 се менуваат и гласат: „Член 85 Листа на експерти за оцена на влијание на проекти врз животната средина и Листа на експерти за стратегиска оцена на животната средина (1) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина установува и води Листа на експерти за оцена на влијание на проекти врз животната средина и Листа на експерти за стратегиска оцена на животната средина. (2) Експерт за оцена на влијание на проектот врз животната средина и експерт за стратегиска оцена на животната средина може да биде секое физичко лице кое има положено стручен испит за оцена на влијание на проект, односно стручен испит за оцена на плански документ врз животната средина (во натамошниот текст: стручен испит). 1 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година (3) Листите од ставот (1) на овој член се објавуваат на веб страницата и на огласната табла на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Формата и содржината на листите и начинот на нивното водење ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 3 По членот 85 се додаваат 24 нови члена 85-а, 85-б, 85-в, 85-г, 85-д, 85-ѓ, 85-е, 85-ж, 85 з, 85-ѕ, 85-и, 85-ј, 85-к, 85-л, 85-љ, 85-м, 85-н, 85-њ, 85-о, 85-п, 85-р, 85-с, 85-т и 85-ќ, кои гласат: „Член 85-а Стручен испит може да полага лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Македонија, да има живеалиште во Република Македонија, да има високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС)), со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето во областа на заштитата на животната средина за која е поднесено барањето за полагање на стручен испит. Член 85-б (1) Стручниот испит се состои од два дела, и тоа: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и втор дел (практичен пример), со кој се проверува практичната способност на кандидатите. (2) Првиот дел од стручниот испит од ставот (1) на овој член се полага писмено по електронски пат со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (3) Вториот дел на стручниот испит се состои од: практичен пример и прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализата на практичниот пример. Член 85-в (1) Стручниот испитот се полага според програма во која се содржани градивото, прописите и литературата. (2) Програмата за полагање на испитот од соодветната област ја донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 85-г (1) Базите на прашања за првиот и базите на практични примери за вториот дел на стручниот испит од членот 85-м од овој закон ги изготвуваат стручни лица и професори од соодветната област кои имаат најмалку десет години работно искуство во областа на заштитата на животната средина, определени од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. 2 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година (2) Прашањата од првиот дел од стручниот испит и прашањата и практичните примери од вториот дел од испитот ги верификува Комисија составена од: двајца претставници и нивни заменици од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, назначени од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, двајца претставници и нивни заменици од органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството и еден претставник и негов заменик од редот на стручни лица и професори од соодветната област кои имаат најмалку десет години работно искуство во областа на заштитата на животната средина. (3) Комисијата од ставот (2) на овој член врши и ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на практични примери од членот 85-м од овој закон најмалку еднаш годишно. (4) При ревизијата Комисијата особено ги има предвид измените на прописите на кои е засновано прашањето, односно практичниот пример, бројот на кандидати кои ги одговарале, успешноста во одговарањето на истите, како и други критериуми кои можат да влијаат врз подобрувањето на квалитетот на базите од членот 85-м од овој закон. (5) Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на практични примери Комисијата одлучува прашањата и практичните примери да бидат изменети или целосно отстранети од базите од членот 85-м од овој закон. (6) Стручните лица, професорите и лицата од ставот (1) на овој член и членовите на Комисијата за верификација од ставот (2) на овој член имаат право на паричен надоместок што го определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (7) Износот на паричниот надоместок од ставот (6) на овој член се определува врз основа на бројот на изготвени прашања и практични примери, како и сложеноста на материјата. (8) Годишниот паричен надоместок не го надминува износот од три просечни плати исплатени во Република Македонија за претходната година објавени од Државниот завод за статистика. Член 85-д Стручните и административните работи за потребите на спроведување на стручниот испит ги врши органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина кој технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија избрано од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 85-ѓ Стручниот испит се спроведува најмалку еднаш годишно. Член 85-е (1) Барањето за полагање на стручниот испит кандидатот го поднесува до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Со барањето за полагање на испитот кандидатот е должен да поднесе докази за исполнување на условите за полагање на стручниот испит, пропишани со овој закон. Член 85-ж (1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, или од него овластено лице, утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот. 3 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година (2) Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. Член 85-з (1) На кандидатот на кој му е одобрено барањето за полагање на стручниот испит му се определува времето и местото за полагање на испитот, а кандидатот се известува најдоцна во рок од осум дена пред полагањето на испитот. (2) На кандидатот му се овозможува да започне да го полага испитот во првиот нареден термин од денот на одобреното барање за полагање на испитот. Член 85-ѕ (1) Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. (2) Јавноста се информира за датумот и времето на полагањето на испитот најмалку три дена пред одржувањето на испитот. (3) Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Правното лице кое го спроведува стручниот испит треба да ги исполнува просторните услови, материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на стручен испит кои услови поблиску ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (5) Во просторијата за полагање на испитот за време на полагање на испитот се присутни двајца претставници од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и еден претставник од Министерството за информатичко општество и администрација ( информатичар). Член 85-и (1) Пред почетокот на полагањето на стручниот испит претставник од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го утврдува идентитетот на кандидатот со увид во лична карта. (2) На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. (3) На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот. (4) На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, освен со информатичарите од членот 85-ѕ став (5) од овој закон во случај доколку има технички проблем со компјутерот. (5) Ако техничките проблеми со компјутерот ќе бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. 4 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година (6) Ако има проблеми со повеќе од пет компјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати кои го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. (7) Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (2), (3) и (4) на овој член нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин. (8) Во случаите од ставот (7) на овој член се смета дека кандидатот не го положил стручниот испит и истото се констатира во записникот за полагање на стручниот испит. (9) Овластените претставници од членот 85-ѕ став (5) од овој закон за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути. Член 85-ј (1) Ако во текот на полагањето на стручниот испит настанат оправдани причини поради кои кандидатот не може да го продолжи полагањето на испитот (болест, породилно отсуство и слично), ќе се прекине испитот за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци. (2) Решение за продолжување на испитот донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци. (3) Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. (4) Против решението на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина од ставот (2) на овој член кандидатот може да поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението. (5) Во продолжувањето на испитот кандидатот не го полага оној дел од испитот што претходно веќе го има полагано. Член 85-к (1) Стручниот испит започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел), а потоа на вториот дел (практичен пример). (2) Вториот дел се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина со Правилник го пропишува начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот. Член 85-л (1) Првиот дел од испитот се полага за секоја соодветна област и содржи најмалку 50 прашања со пет опции за заокружување од кои една е точна, две се слични, една не е точна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една не е точна во голем обем (на неа се губат поголем број поени). (2) Услов за полагање на вториот дел од испитот е кандидатот да го положи првиот дел од испитот. (3) Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно со ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. 5 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година Член 85-љ (1) Вториот дел од стручниот испит се состои од практичен пример. (2) Прашањата кои се составен дел од практичниот пример се од соодветната област и имаат десет можни опции на одговори од кои една е точна, пет се слични и четири се различни. (3) Доколку кандидатот не го положил вториот дел од испитот ќе се смета дeка испитот не го положил. Член 85-м (1) Полагањето на првиот дел од стручниот испит се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (2) Прашањата од тестот, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во тестот. (3) Полагањето на вториот дел од стручниот испит се врши со проучување на практичниот пример и одговарање на определен број прашања кои произлегуваат од практичниот пример во вид на електронско софтверско решение (во натамошниот текст: електронски практичен пример). (4) Прашањата од практичниот пример, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во практичниот пример. (5) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го воспоставува единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит. (6) Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на стручниот испит и нивните одговори, како и практичниот пример и прашањата кои произлегуваат од практичните примери и нивните одговори се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит. (7) Електронскиот систем од ставот (5) на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 250 прашања за секоја област, како и јавно достапна база од најмалку 20 практични примери за секоја област за потребите на вториот дел од испитот. (8) Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот и прописите за вториот дел од испитот. (9) Бројот на прашања и практични примери во базите од ставот (6) на овој член се зголемува за 10% годишно, почнувајќи од 2015 година. (10) Резултатите од полагањето на првиот и вториот дел од испитот му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување. Член 85-н (1) На денот на полагањето на првиот, односно вториот дел од испитот, претставник на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем од членот 85-м од овој закон. (2) По одобрувањето на пристапот кандидатот добива електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронски практичен пример за вториот дел од испитот, компјутерски генерирани, чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем на базите од членот 85-м став (7) од овој закон. (3) Првиот и вториот дел од испитот содржат упатство за начинот на решавање на истиот за кое претставник на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дава појаснување пред да започне полагањето на испитот. 6 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година (4) Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронски практичен пример за вториот дел од испитот во еден термин за повеќе од еден кандидат. Член 85-њ (1) Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем од членот 85-м од овој закон, полагањето на испитот се прекинува. (2) Доколку причините од ставот (1) на овој член се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот истиот продолжува веднаш по нивното отстранување. (3) Доколку причините од ставот (1) на овој член не се отстранат во рокот од ставот (2) на овој член испитот се презакажува за друг термин. Член 85-о (1) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 120 минути. (2) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Член 85-п (1) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од практичниот пример од вториот дел изнесува 120 минути. (2) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од практичниот пример постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Член 85-р (1) На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение во рок од 15 дена од денот на завршувањето на испитот. (2) Формата и содржината на уверението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 85-с На барање на кандидатот органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го информира за направените грешки во тестот за полагање на стручниот испит со овозможување непосреден увид во тестот. Член 85-т (1) Тестовите и практичните примери се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на стручниот испит. (2) Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и практичните примери за полагање на стручниот испит и специмените за проверка на точноста на одговорите на тестот и практичниот пример, како и снимките од одржаните испити се чуваат во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина формира Комисија за ревизија на одржаните испити која во својата работа ги користи материјалите од ставот (2) на овој член и во која, покрај 7 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година претставник од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, членуваат и претставник од Владата на Република Македонија и информатичар од Министерството за информатичко општество и администрација определен од Владата на Република Македонија. (4) Комисијата од ставот (3) на овој член се состанува најмалку еднаш годишно и врши ревизија на начинот на спроведување на најмалку два испита одржани во тековната година. (5) Комисијата има право да изврши ревизија и на начинот на спроведување на испитите одржани во последните пет години до денот на одржувањето на состанокот на Комисијата, но не порано од денот на примената на овој закон. (6) Доколку Комисијата утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот од страна на поединци во смисла на членот 85-и од овој закон, предлага одземање на уверението од членот 85-р од овој закон. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина донесува решение за одземање на уверението врз основа на предлогот на Комисијата во рок од три дена од приемот на предлогот. (8) Против решението од ставот (7) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. Член 85-ќ (1) Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот доколку институцијата каде што е вработен не ги плати. (2) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член ја определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот, неопходни за спроведување на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базите на прашања, спроведувањето на електронскиот тест, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија. (3) Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Ако трошоците не се уплатени на соодветна сметка на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, најдоцна 15 дена пред денот определен за спроведување на испитот, на кандидатот не му се дозволува полагање на испитот. (5) Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на средствата не го полага испитот, уплатените средства се враќаат согласно со закон.“ Член 4 Во членот 165 став (5) зборовите: „членовите 179 став (5) и 182“ се заменуваат со зборовите: „член 182“. Член 5 Членот 180 се менува и гласи: „(1) Висината на надоместокот што се плаќа за домашни правни и физички лица што ја загадуваат животната средина со користење на моторни возила за период од една година го определува Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член се определува во зависност од категоријата на возилото, годината на производство на возилото, носивоста и/или зафатнината и јачината на моторот, како и видот на погонот на возилото. 8 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година (3) При определувањето на висината на надоместокот од ставот (1) на овој член ќе се земе предвид негативното влијание што го предизвикува возилото врз животната средина во однос на видот на горивото што се користи во возилото и староста на истото. (4) Висината на надоместокот што се плаќа за домашни правни и физички лица што ја загадуваат животната средина со користење на пловни објекти при регистрација на пловни објекти за период од една година изнесува 3% од основното осигурување. (5) Обврзникот за плаќање на надоместокот од ставовите (1) и (4) на овој член е домашно правно или физичко лице на чие име е регистрирано моторното возило или пловниот објект. (6) Од плаќање на надоместокот од ставовите (1) и (4) на овој член е ослободено домашното правно или физичко лице на чие име е регистрирано моторното возило или пловниот објект, доколку моторното возило или пловниот објект работи на електричен погон. (7) Надоместокот од ставовите (1) и (4) на овој член сопственикот на моторно возило или пловен објект го уплаќа на сметката на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина при регистрација на возилото или пловниот објект. (8) Начинот на плаќање на надоместокот го утврдува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 6 Членот 180-а се брише. Член 7 Во членот 194 по ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи: “(7) Државниот инспекторат за животна средина има својство на правно лице, со сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно со закон и одлучува за правата и обврските од работен однос.” Член 8 Во членот 196 ставот (1) се менува и гласи: “Државен инспектор за животна средина во Државниот инспекторат за животна средина, може да биде лице кое: е државјанин на Република Македонија, е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на природно-математичките науки (биологија, физика, геофизика, географија, геологија, минерологија, хемија и биохемија), техничко-технолошките науки (архитектура, урбанизам и планирање, електротехника, електромашинство, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, индустриско инженерство и менаџмент, контрола на квалитет, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, регулација и управување со технолошки процеси, рударство, животна средина), медицинските науки (фундаментални медицински науки и медицинска технологија), биотехничките науки (наука за земјиштето и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, овоштарство, лозарство, 9 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година ветеринарна медицина, добиточно производство (сточарство), рибарство, шумарство и хортикултура, преработка на дрво, биотехнологија и прехранбена технологија) и општествени науки (безбедност), што се докажува со уверение, има пет години работно искуство во областа на животната средина, ги исполнува и другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење, и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications - положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен. има добиено позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет, согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.“ Член 9 Во членот 198-а ставот (1) се менува и гласи: „Надзор над пресметаниот и уплатениот надоместок од членот 180 од овој закон врши Државниот инспекторат за животна средина преку државните инспектори за животна средина.“ Ставот (3) се брише. Во ставот (4) кој станува став (3) зборовите: „решенијата од ставовите (2) и (3)“ се заменуваат со зборовите: “решението од ставот (2)“. Член 10 По членот 207 се додава нов член 207-а, кој гласи: „Член 207-а Програма за работа на инспекциските служби (1) Директорот на Државниот инспекторат за животна средина (во натамошниот текст: директорот) изготвува предлог на годишна програма за работа на инспекторатот и истата ја доставува заради добивање на согласност до Инспекцискиот совет, најдоцна до 31 октомври во тековната година за следната година. (2) Директорот ја донесува годишната програма за работа на инспекторатот во рок од седум дена од денот на приемот на согласноста од ставот (1) на овој член, односно најдоцна до 10 декември во тековната година доколку Инспекцискиот совет не ја разгледа и не достави согласност, односно забелешки во рокот утврден во Законот за инспекциски надзор. (3) Врз основа на донесената годишна програма директорот подготвува квартални планови за работа на секој инспектор кои збирно ги доставува на разгледување до Инспекцискиот совет најдоцна две недели пред почетокот на следниот календарски квартал и тоа до 15 декември за првиот квартал од следната година, до 15 март за вториот, до 15 јуни за третиот, односно до 15 септември за четвртиот квартал во тековната година. (4) Во кварталните планови за работа за секој инспектор директорот задолжително го внесува бројот на планирани надзори во следните три месеци, како и степенот на сложеност на секој од надзорите. (5) Врз основа на кварталните планови за секој инспектор директорот подготвува месечен план за работа, кој план содржи и распоред на надзори по датуми и по субјекти на надзор. 10 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година (6) Директорот најдоцна две недели од почетокот на тековниот календарски квартал за претходниот до Инспекцискиот совет збирно доставува квартални извештаи за работата на секој инспектор и тоа до 15 јануари за четвртиот квартал од претходната година, до 15 април за првиот квартал, до 15 јули за вториот, односно до 15 октомври за третиот квартал во тековната година. (7) Директорот најдоцна до 1 март во тековната година до Инспекцискиот совет доставува годишен извештај за работата на инспекторатот за претходната година.“ Член 11 Во членот 208 ставовите (1), (2), (3) и (4) се бришат. Ставовите (5), (6), (7), (8), (9), (10) и (11) стануваат ставови (1), (2), (3), (4), (5), (6) и (7). Во ставот (12) кој станува став (8) зборовите: “Комисија за решавање во втор степен по жалби на решенија издадени од Државниот инспекторат за животна средина составена од три члена именувани од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина“ се заменуваат со зборовите: „Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“. Ставовите (13) и (14) се бришат. Ставот (15) кој станува став (9) се менува и гласи: „(9) По жалба против одлуките на овластениот инспектор одлучува Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.“ Ставовите (16) и (17) се бришат. Во ставот (18) кој станува став (10) бројот „(12)“ се заменува со броевите „(8) и (9)“. Член 12 Во членот 212-ѓ по ставот (5) се додаваат четири нови става (6), (7), (8) и (9), кои гласат: „(6) Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ако не го донесе решението во рокот утврден во членот 85 т став (7) од овој закон. (7) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува стручниот испитот доколку не го снима, не го емитува во живо на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и доколку не ја постави снимката од целиот испит на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина согласно со членот 85-ѕ став (3) од овој закон. (8) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластениот претставник од членот 85-ѕ став (5) од овој закон, доколку постапи спротивно на членот 85-и став (9) од овој закон. (9) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое го спроведува стручниот испит, доколку не го прекине испитот согласно со членот 85-и ставови (5) и (6) од овој закон.“ Во ставот (6) кој станува став (10) бројот „(5)“ се менува со бројот „(9)“. Ставовите (7), (8), (9) и (10) стануваат ставови (11), (12), (13) и (14). Во ставот (11) кој станува став (15) бројот „(10)“ се заменува со бројот „(14)“. Член 13 Во членот 212-е став (1) точката 22 се менува и гласи: „не го пресметува и уплатува надоместокот согласно со членот 180 од овој закон.“ 11 од 12 Службен весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година Член 14 Членот 36 од Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 123/12) се брише. Член 15 Прописите утврдени во овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 16 Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе ги воспостави листите на експерти од членот 2 од овој закон. Електронски систем за полагање на стручниот испит ќе се воспостави во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 17 Започнатите постапки за полагање на стручен испит за стекнување на професионално знаење за оцена на влијанието на проектите врз животната средина до денот на примената на овој закон ќе завршат според одредбите на прописите по кои започнале. Член 18 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за животната средина. Член 19 Членовите 1, 2 и 3 од овој закон ќе започнат да се применуваат по една година од влегувањето во сила на овој закон. Членовите 5 и 9 од овој закон ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примена на прописот донесен согласно со членот 5 став 1 од овој закон. Членовите 7, 8, 10 и 11 од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 мај 2014 година. Член 20 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 12 од 12