Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on environment

Made 2012-09-25 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Environment
Keywords
hazardous substances, inspection, internal trade, international trade, environmental impact assessment (EIA), data collection/reporting, ozone layer
Categories
*

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година 20121233012 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 25 септември 2012 година. Бр. 07- 4045/1 25 септември 2012 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Во Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10 и 51/11), во членот 22 став (1) запирката по зборот „ограничува“ се заменува со сврзникот „или“, а зборовите: „или строго контролира“ се бришат. По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го следи увозот и извозот на одредени опасни супстанции, штетни материи и производи во/од/низ Република Македонија согласно со прописите за распоредување на стоките на форми на извоз и увоз.“ Ставот (2) станува став (3). Член 2 Членот 22-а се менува и гласи: “(1) Правното или физичкото лице кое врши увоз и/или извоз на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или на производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка треба да поседува дозвола за увоз и/или извоз на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или на производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка, која ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. 1 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка и/или производите кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка. (3) Правното и физичкото лице од ставот (1) на овој член еднаш годишно, најдоцна до 1 март во тековната година, доставува извештај за претходната година за увезените и/или извезените супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или производи кои содржат супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува формата, содржината и начинот на доставување на извештајот од ставот (3) на овој член за увезени и/или извезени супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка и/или за производите кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка.“ Член 3 По членот 22-а се додава нов член 22-б, кој гласи: „Член 22-б Постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка, како и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка (1) Постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка се врши на начин со кој се спречува ослободување на супстанциите во животната средина и се обезбедува нивно редовно зафаќање и спречување на истекувањата. (2) Правното лице кое постапува со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка е должно до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, најдоцна до 1 март во тековната година, да доставува извештај за претходната година за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните супстанции со кои постапувал, како и со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува формата, содржината и начинот на доставување на извештајот од ставот (2) на овој. (4) Правното лице кое постапува со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка треба да поседува лиценца за собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (во натамошниот текст: лиценца). (5) Лиценцата од ставот (4) на овој член ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за временски период од пет години. (6) Правното лице од ставот (2) на овој член може да добие лиценца доколку ги исполнува следниве услови: има простор и опрема за постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка, има вработено најмалку едно лице кое има уверение за завршена обука за постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и 2 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година има изготвено програма за постапување со отпадот кој содржи супстанциии што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка. (7) Уверение за завршена обука за постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка од ставот (6) на овој член издава правното лице кое е овластено согласно со ставот (9) на овој член. (8) Формата и содржината на уверението од ставот (7) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (9) Обука за постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка може да врши правното лице кое е овластено од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и кое ги исполнува следниве услови: поседува опрема за практична обука, има програма за обука за правилно ракување, сервисирање, собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка која е одобрена од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и има вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на техничките науки кое има најмалку една година искуство во областа на заштита на озонската обвивка. (10) Формата и содржината на програма за обука за правилно ракување, сервисирање, собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, поблиските услови што треба да ги исполнуваат правните лица од ставот (9) на овој член, како и начинот и постапката за овластување за вршење на обука од ставот (9) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (11) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина води евиденција на правните лица кои вршат обука за постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка во Република Македонија и лицата кои добиле уверение за завршена обука за постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обививка. (12) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го пропишува начинот на собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка.“ Член 4 Во членот 24 ставот (3) се менува и гласи: „Формата и содржината на елаборатот согласно со видовите на дејностите или активностите за кои се изработува елаборат, како и согласно со вршителите на дејноста и обемот на дејностите и активностите кои ги вршат правните и физичките лица, постапката за нивно одобрување, како и начинот на водење на Регистарот за одобрени елаборати ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Согласно со обемот, дејностите и активностите се определуваат како дејности и активности од поголем и помал обем, при што дејности или активности од помал обем се определуваат согласно со прописите за вршење на трговска, занаетчиска и зeмјоделска дејност.“ По ставот (43) се додава нов став (44), кој гласи: „(44) Спроведувањето на постапката за издавање на елаборати за заштита на животната средина, како и водењето на Регистарот може да се врши и на електронски начин.“ 3 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година Член 5 Во членот 67 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Доколку согласно со прописите за донесување на одреден плански документ се бара тој да се носи во две фази и тоа како нацрт и предлог на план, извештајот за стратегиската оцена на животната средина за планскиот документ се подготвува пред утврдувањето на нацрт на планскиот документ и истиот е составен дел на предложениот нацрт на плански документ.“ Ставовите (2), (3), (4), (5), (6), (7), (8) и (9) стануваат ставови (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9) и (10). По ставот (10) кој станува став (11) се додаваат два нови става (12) и (13), кои гласат: „(12) Доколку се работи за спроведување на постапка за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина во рамките на проекти за кои се обезбедени средства од Европската Унија или друг странски донатор, извештајот за животна средина може да го изработи и странски експерт ангажиран во рамките на проектот, кој не е вклучен на Листата на експерти за стратегиска оцена од членот 68 од овој закон. (13) Во случаите од ставот (12) на овој член лицето кое е ангажирано во рамките на проектот е должно кон извештајот за стратегиска оцена да достави доказ дека е ангажиран како експерт за изработка на извештај за животна средина за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина во рамките на проект финансиран од средства на Европската унија или друг странски донатор.“ Член 6 Во членот 72 по ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи: „(5) Оцената на соодветност на извештајот за животна средина од ставот (2) на овој член органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ја објавува на својата веб страница во рок од пет дена од денот на донесувањето на оцената.“ Член 7 Во членот 81 став (2) запирката по зборовите: „врз животната средина“ се заменува со точка, а зборовите: „како и формата и содржината на образецот за утврдување на потребата од оцена на влијанието врз животната средина“ се бришат. Член 8 Во членот 85 по ставот (7) се додаваат два нови става (8) и (9), кои гласат: „(8) Доколку се работи за спроведување на постапка за оцена на влијанието на проектот врз животната средина во рамките на проекти за кои се обезбедени средства од Европската унија или друг странски донатор, студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина од членот 82 од овој закон може да ја изработи и странски експерт ангажиран во рамките на проектот, кој не е вклучен на Листата на експерти за оцена на влијанието врз животната средина од членот 85 од овој закон. (9) Во случаите од ставот (8) на овој член лицето кое е ангажирано во рамките на проектот е должно кон студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина да достави доказ дека е ангажиран како експерт за изработка на студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина во рамките на проект финансиран од средства на Европската унија или друг странски донатор.“ Член 9 Во членот 95 став (2) по зборовите: „градот Скопје“ се додаваат зборовите: „или органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина кога се работи за инсталација која се наоѓа во заштитено подрачје“. 4 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година Член 10 Во членот 103 став (1) по зборот „писмена“ се додаваат зборовите: „или електронска“. Член 11 Во членот 107 став (13) по втората реченица се додава нова реченица која гласи: „На барање на јавноста, операторот е должен да организира јавна расправа за Нацрт А интегрираната еколошка дозвола.“ Член 12 Членот 126 се менува и гласи: „(1) Ако надлежниот орган од членот 123 став (1) од овој закон, врз основа на целосното барање, утврди дека влијанието на инсталацијата врз животната средина е во рамките на пропишаните граници и вредности, тој е должен да донесе решение со кое се издава Б-интегрираната еколошка дозвола, во рок од 60 дена од денот на приемот на барањето. (2) Против решението на градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје од ставот (1) на овој член, операторот на инсталација има право да поднесе жалба до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 15 дена од денот на донесувањето на решението. (3) Против решението на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина од ставот (1) на овој член, операторот на инсталација има право да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на донесувањето на решението. (4) Жалба против решението од ставовите (2) и (3) на овој член можат да поднесат засегнати правни и физички лица, како и здруженија на граѓани основани заради унапредување и заштита на животната средина, до органите наведени во ставовите (2) и (3) на овој член. (5) Градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје се должни да водат општински, односно градски регистар на Б-интегрирани еколошки дозволи за своето подрачје, како и да достават копија до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (6) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина води и одржува регистар на издадени Б-интегрирани еколошки дозволи. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува формата, содржината и начинот на водењето на регистарот од ставовите (5) и (6) на овој член, како и начинот на доставување на податоците за упис во регистарот. (8) Кога покрај Б-интегрирана еколошка дозвола за инсталацијата се потребни добивање на други дозволи поврзани со користење и експлоатација на природни богатства или дозволи за испуштања во животната средина, органот надлежен за издавање на Б итегрираната дозвола од членот 123 став (1) од овој закон нема да ја издаде дозволата доколку инвеститорот не ги обезбеди потребните дозволи. Условите и мерките утврдени во другите дозволи соодветно се вградуваат во Б-интегрираната еколошка дозвола. (9) Органот кој ја издал Б-интегрираната еколошка дозвола е должен на секои седум години да ги проверува условите утврдени со дозволата и доколку настанале измени во прописите за заштита на животната средина кои можат да влијаат врз работењето на инсталацијата е должен да покрене постапка за измена на Б-интегрираната еколошка дозвола. (10) Спроведувањето на постапката за издавање на Б-интегрираната еколошка дозвола, како и водењето на регистарот може да се врши и на електронски начин. 5 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година (11) Доколку органот од членот 124 став (1) од овој закон не донесе решение со кое се издава Б - интегрирана еколошка дозвола, односно не донесе решение со кое се одбива барањето за издавање на Б - интегрирана еколошка дозвола, во рокот пропишан во ставот (1) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена по истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно до писарницата на градоначалникот на општината и на градот Скопје за донесување на решение со кое ќе констатира дека барањето од членот 124 став (1) од овој закон е уважено. Доколку министерот, односно градоначалникот нема писарница барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно до седиштето на општината и на градот Скопје. (12) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (11) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (13) Кон барањето од ставот (11) на овој член подносителот на барањето поднесува копија од барањето од членот 124 став (1) од овој закон. (14) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје, е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (11) на овој член до писарницата да донесе решение за издавање или одбивање на издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола. (15) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје не го донесе решението од ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (16) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (15) на овој член да изврши надзор кај надлежниот орган за издавање на Б - интегрирана еколошка дозвола дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (17) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање од ставот (11) на овој член, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање за преземените мерки. (18) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје не одлучи во рокот од ставот (17) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот, односно градоначалникот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (19) Доколку министерот, односно градоначалникот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (18) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. 6 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година (20) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (15) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (21) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (20) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето согласно со ставовите (16) и (17) на овој член и/или не поднесол пријава согласно со ставовите (18) и (19) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно во општината и градот Скопје дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (22) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (20) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (23) Во случаите од ставот (22) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (24) Во случаите од ставот (21) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (25) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (20) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (26) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината и на градот Скопје не одлучи во рокот од ставот (20) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (27) Постапката пред Управниот суд е итна. (28) Подзаконскиот акт од ставот (12) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на донесувањето на овој закон. (29) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (12) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 13 Во членот 135 ставот (2) се менува и гласи: „Барањето од ставот (1) на овој член особено содржи: 1) податоци за операторот и финансиски показатели за неговото работење; 2) опис на инсталацијата, нејзините технички делови и директно поврзаните активности; 3) податоци за начинот на управување и контрола на инсталацијата; 4) податоци за суровините и помошните материјали, други супстанции и енергии употребени или произведени во инсталацијата; 5) ракување со материјалите; 7 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година 6) емисии (приказ на емисиите во сите медиуми и области на животната средина); 7) состојби на локацијата и влијанието на активноста; 8) опис на технологиите и другите техники за спречување или, доколку тоа не е можно, намалување на емисиите на загадувачките материи; 9) места на мониторинг и земање примероци; 10) еколошки аспекти и најдобри достапни техники; 11) оперативен план; 12) опис на други планирани превентивни мерки; 13) ремедијација, престанок со работа, повторно започнување со работа и грижа по престанок на активностите и 14) нетехничко резиме на барањето.“ Ставот (3) се брише. Ставовите (4), (5) и (6) стануваат ставови (3), (4) и (5). Член 14 Во членот 136 став (1) по зборот „Македонија“ се додаваат зборовите: „и на нивните веб страници.“ Во ставовите (2) и (3) зборот „барањето“ се заменува со зборовите: „комплетното барање“. Член 15 Во членот 138 став (5) зборовите: „шест месеца“ се заменува со зборовите: „30 дена“. Член 16 Во членот 142 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) По исклучок од ставот (2) на овој член, доколку причина за измена на дозволата е измена на граничните вредности утврдени во законите и другите прописи, дозволите за усогласување со оперативен план се менуваат по службена должност од страна на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно општините или градот Скопје со донесување на решение за изменување на дозволата за усогласување со оперативен план без спроведување на постапката за измена на дозволата.“ Член 17 Во членот 142-а став (1) алинеја 3 по запирката се додаваат зборовите: „освен во случаите од членот 142 став (3) од овој закон“. Член 18 Во членот 145 став (1) воведната реченица се менува и гласи: „Секое правно или физичко лице, кое е сопственик или врши дејност во производствен, транспортен или во систем за складирање (во натамошниот текст: систем) во кој се присутни опасни супстанции во количества поголеми или еднакви на пропишаните гранични вредности (прагови) определени со прописот од ставот (2) на овој член (во натамошниот текст: оператор), е должно:“. Ставот (2) се менува и гласи: „Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува видовите на опасните супстанции и количините за присуство на истите од ставот (1) на овој член.“ По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: 8 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година „(3) Со прописот од ставот (2) на овој член, согласно со видовите на опасните супстанци и нивните количини, се определува и начинот на постапувањето на операторите согласно со членовите 147-а и 148 од овој закон. Член 19 Во членот 146 став (1) алинеја 4 сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со запирка. Алинејата 5 се менува и гласи: „ - експлоатација (истражување, екстракција и преработка) на минерални суровини во рудници, каменоломи, со помош на бушотини, со исклучок на хемиските и термичките процеси и складирањето кое се однесува на операции каде што се присутни опасни супстанции согласно со членот 145 став (2) од овој закон,“. По алинејата 5 се додаваат две нови алинеи 6 и 7, кои гласат: „- крајбрежното проучување и експлоатација на минерали, вклучувајќи ги јаглеродите и депониите за отпад, вклучувајќи ги и подземните складови за отпад, со исклучок на објектите за отстранувањето на остатоци од руда каде што се присутни опасни супстанции во количини еднакви или поголеми од количините определени со прописот од членот 145 став (2) од овој закон.“ Член 20 Во членот 146-а став (2) бројот „11“ се заменува со бројот „9“, а зборовите: „органот на државната управа надлежен за работите од областа на транспортот и врските“ и зборовите: „органот на државната управа надлежен за работите од областа на одбраната“ се бришат. Член 21 Во членот 147 став (1) зборот „работите“ се заменува со зборовите: „вршење на стручни работи“. Во ставот (2) точката 4 се менува и гласи: „активноста што се врши или се предвидува да се врши во системот односно инсталацијата или во складот и“. Во точката 5 точката на крајот од реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: „вклучувајќи детали на елементите во соседството, како и локациите кои може да го зголемат ризикот од хаварија или од кумулативен ефект“. Во ставот (3) по зборот „системот“ се додаваат зборовите: „или каква било промена на процесот за обработка на истата и/или промени на системот или инсталацијата кои би можеле да имаат значителни влијанија врз опасноста од големи несреќи“, а зборот „работите“ се заменува со зборовите: „вршење на стручни работи“. Член 22 По членот 147 се додава нов член 147-а, кој гласи: „Член 147-а План за спречување на хаварии (1) За системите во кои опасните супстанции се присутни во количини определени со прописот од членот 145 став (2) од овој закон, операторот е должен да изготви и достави план за спречување на хаварии до органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина. Планот за спречување на хаварии треба да биде во пишана форма и да гарантира висок степен на заштита на луѓето и животната средина вклучувајќи ги целокупните цели и принципи на дејствување на операторот заради управување со ризикот од хаварија. 9 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година (2) Содржината на планот за спречување на хаварии ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (3) Операторот е должен планот за спречување на хаварии од ставот (1) на овој член да го достави до органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина, и тоа: 1) во рок од шест месеци пред започнувањето со градба или пред започнувањето на новите системи со работа и 2) во рок од една година од денот на започнувањето на примената на одредбите од оваа глава за постоечките системи. (4) Операторот е должен да го анализира и ажурира планот за спречување на хаварии најмалку на секои пет години. Ажурираниот план за спречување на хаварии се доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина. (5) Органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина го одобрува планот за спречување на хаварии, во рок од шест месеци од доставувањето на истиот. (6) Операторите кои се должни да подготвуваат извештај за мерките за безбедност согласно со членот 148 од овој закон, планот за спречување на хаварии задолжително треба да го вклучат како составен дел на извештајот.“ Член 23 Во членот 148 став (1) зборовите: „пропишаните количества“ се заменуваат со зборовите: „количините определени со прописот од членот 145 став (2) од овој закон“, а зборот „работите“ се заменува со зборовите: „вршење на стручни работи“. Точката 1 се менува и гласи: „планот за спречување на хаварии и системот за управување со безбедност се подготвени;“. По точката 4 се додава нова точка 5, која гласи: „5) се обезбедени доволни информации до надлежните органи од ставот (4) на овој член со цел да се овозможи донесување на одлуки со кои ќе се дефинираат новите активности и/или настани во блиската околина на постоечките системи.“ Во ставот (3) зборот „работите“ се заменува со зборовите: „вршење на стручни работи“. По точката 2 се додава нова точка 3, која гласи: „3) веднаш во случај на ставање на увид на друг извештај согласно со ставот (6) на овој член,“. Ставот (4) се менува и гласи: „Органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина по претходно добиено мислење од органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштита и спасување, органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството, органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот, органот на државната управа надлежен за работите од областа на економијата и органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи во рок од осум месеци од приемот на извештајот за мерките за безбедност: му ги испраќа заклучоците од своето испитување на извештајот за мерките за безбедност на операторот или го забранува воведувањето во употреба или продолжувањето со употреба на системот во согласност со членот 152 од овој закон.“ 10 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година Член 24 Членот 149 се менува и гласи: „Во случај на промена во инсталацијата, системот, процесот на производство или на видот или количината на опасни супстанции, што би имале значително влијание врз можноста за хаварија, операторот е должен да изврши анализа и ревизија на планот за спречување на хаварии, односно извештајот за мерките за безбедноста и за тоа да го извести органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина во рок од шест месеци пред да ја направи промената.“ Член 25 Во членот 151 по ставот (4) се додаваат два нови става (5) и (6), кој гласи: „(5) Дали одредена несреќа е хаварија се утврдува врз основа на видот и количината на опасните супстанции кои ја предизвикале несреќата, бројот на повредени лица, штетата настаната врз имотот, непосредната опасност за животната средина, како и влијанието на несреќата надвор од територијата на Република Македонија. (6) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина поблиску ги пропишува критериумите од ставот (5) на овој член врз основа на кои се определува во кои случаи се смета дека одредена несреќа е хаварија.“ Член 26 Во членот 152 ставовите (1) и (2) се менуваат и гласат: „(1) Органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина воспоставува и одржува Регистар за системите во кои се присутни опасни супстанции и во кои се случиле хаварии на територијата на Република Македонија, со цел да се овозможи: а) брза дистрибуција на информациите до надлежните органи и субјекти во Република Македонија и до органите на соседните држави кога се потребни; б) дистрибуција на информациите до надлежните органи за анализа на причините за хаварии и искуствата научени од истите; в) доставување на информации до надлежните органи за превентивни мерки и г) обезбедување на информации за организации што се во можност да обезбедат совети или релевантни информации за појавувањето, спречувањето и олеснувањето на хаварии.“ Ставот (2) се менува и гласи: “Регистарот од ставот (1) на овој член содржи, најмалку: а) информации доставени од надлежните органи или од соседните држави; б) анализа на причините за хаварии; в) искуства научени од хаварии; г) превентивни мерки потребни за да се спречи повторно појавување на хаваријата и д) информации за случените хаварии.“ По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) Согласно со членот 55 од овој закон регистарот од ставот (1) на овој член треба да е достапен на органите на државната управа, органите на општините, на градот Скопје и општините во градот Скопје, трговски здруженија, синдикати, невладини организации од областа на заштитата на животната средина и други меѓународни организации или организации за истражување кои работат на тоа поле.“ Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (4) и (5). Во ставот (5) кој станува став (6) броевите “(2) и (3)“ се заменуваат со броевите “(4) и (5)“. Ставот (6) станува став (7). 11 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година Член 27 Членот 156 се менува и гласи: “(1) Во случај на хаварија на систем што се наоѓа на територијата на Република Македонија што предизвикува или може да предизвика прекугранични ефекти органот на државната управа надлежен за работите од областа на управување со кризи без одложување ги известува засегнатите држави на соодветни нивоа, преку системите за известување за индустриски несреќи. (2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, а по претходно мислење од органот на државната управа надлежен за работите од областа на управување со кризи и органот на државната управа надлежен за работите од областа на заштита и спасување, донесува стандардни оперативни процедури за рано предупредување, известување за прекугранични последици од индустриски несреќи и заемна помош согласно со Конвенцијата за прекугранични последици од индустриски несреќи. (3) Во случај на хаварија органот на државната управа надлежен за работите од областа на управување со кризи може да се обрати за помош до другите држави при што го наведува обемот и видот на помошта што се бара.“ Член 28 Во членот 157 став (2) алинејата 2 се менува и гласи: „- непосредна закана од штета врз заштитени видови и природни живеалишта или штета врз заштитени видови и природни живеалишта, која настанала како последица на вршење на професионалните активности кои не се определени со прописот од ставот (3) на овој член, доколку штетата е настаната по вина или од небрежност на операторот,“. Член 29 Во членот 180 ставот (5) се менува и гласи: „Надоместокот од ставовите (1) и (2) на овој член за домашно, правно или физичко лице се наплатува при регистрација на моторни возила или пловниот објект, а го пресметува и наплатува овластеното правно лице за вршење на технички преглед во постапката на регистрација на возилото или лицето задолжено за регистрација на пловниот објект, односно при продолжување на важноста на регистрацијата и го уплатува еднаш месечно на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка.“ Член 30 По членот 180 се додава нов член 180-а, кој гласи: „Член 180-а Обврска за начинот на пресметување, уплатување, како и за водење на евиденција на пресметаниот и уплатениот надоместок (1) Овластеното правно лице за вршење на технички преглед во постапката на регистрација на возило, односно правното лице надлежно за регистрација на пловниот објект од членот 180 став (5) од овој закон е должно навремено и правилно да го пресметува и уплатува, како и да води, одржува и чува уредна и точна евиденција за пресметаниот и уплатен надоместок согласно со членот 166 став (4) од овој закон. (2) Врз основа на евиденцијата од ставот (1) на овој член правните лица од ставот (1) на овој член, најдоцна до 15 во тековниот месец, доставуваат извештај за уплатениот надоместок за претходните три месеци до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. 12 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува начинот и постапката за доставување на извештајот како и формата и содржината на образецот на извештајот од ставот (2) на овој член. (4) Доколку правните лица од ставот (1) на овој член не постапуваат согласно со ставовите (1) и (2) на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен да побара од надлежниот орган одземање на решението за вршење на технички преглед согласно со Законот за возила, односно ќе побара од надлежниот орган да преземе мерки за правното лице надлежно за регистрација на пловни објекти.“ Член 31 По членот 198 се додава нов член 198-а, кој гласи: „Член 198-а Надзор над уплатен и пресметан надоместок за регистрација на моторни возила или пловни објекти (1) Надзор над пресметаниот и уплатениот надоместок од членот 180 од овој закон, како и почитување на роковите за уплатување на надоместоците и за доставување на извештајот согласно со членот 180-а од овој закон врши Државниот инспекторат за животна средина преку државните инспектори за животна средина. (2) За извршениот надзор од ставот (1) на овој член, кога ќе се утврди дека надоместокот од членот 180 од овој закон не е уплатен во целост или делумно, државниот инспектор за животна средина донесува решение со кој го зaдолжува oвластеното правно лице за вршење на технички преглед во постапката на регистрација на возило, односно правното лице надлежно за регистрација на пловниот објект да го уплати надоместокот. (3) Во случај кога oвластеното правно лице за вршење на технички преглед во постапката на регистрација на возило, односно правното лице надлежно за регистрација на пловниот објект не го достави извештајот од членот 180-а од овој закон, директорот на Државниот инспекторат за животна средина донесува решение со кое го задолжува oвластеното правно лице за вршење на технички преглед во постапката на регистрација на возило, односно правното лице надлежно за регистрација на пловниот објект да го плати надоместокот за реализираните регистрации на моторни возила или пловни објекти во износ на просечна вредност од уплатени надоместоци од обврзник од истото подрачје. (4) Против решенијата од ставовите (2) и (3) на овој член може да се изјави жалба до Комисијата за решавање во втор степен по жалби од членот 208 од овој закон.“ Член 32 Во членот 208 став (13) зборовите: „Државниот инспекторат за животна средина“ се заменуваат со зборовите: „органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина“. Член 33 Во членот 212-в став (6) зборот „можат“ се заменува со зборовите: „се должни“. Член 34 Во членот 212-е став (1) по точката 21 се додава нова точка 22, која гласи: „22) не го пресметува и уплатува надоместокот и/или не доставува извештај за уплатениот и пресметаниот надоместок согласно со членовите 180 и 180-а од овој закон.“ 13 од 14 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 123 од 2.10.2012 година Во ставот (11) по бројот „17“ сврзникот „и“ се заменува со запирка, а по бројот „18“ се додава бројот „и 22“. Член 35 Во членот 212-ж став (1) точка 5 зборовите: „не е добиена А или Б интегрирана еколошка дозвола согласно со закон и/или“ се бришат. Во ставот (6) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „во времетраење од 30 дена.“ Член 36 Овластеното правно лице за вршење на технички преглед во постапката на регистрација на возило, односно правното лице надлежно за регистрација на пловниот објект од членот 180-а од овој закон во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон се должни да го подготват првиот извештај за уплатениот надоместок за претходните три месеци и истиот да го достават до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 37 Подзаконските прописи чие донесување е утврдено со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 38 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за животната средина. Член 39 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 14 од 14 www.pravdiko.com

Law amending the Law on environment · Nelum