Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on environment

Made 2010-09-14 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.
Language
Macedonian
Kind
Act
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Environment
Keywords
ozone layer, hazardous substances, education

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 124 од 20.09.2010 година 20101242439 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 14 септември 2010 година. Бр. 07-3764/1 14 септември 2010 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Во Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија" број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009 и 48/10), по членот 22 се додава нов член 22 а, кој гласи: „Член 22-а Постапување со супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка „(1) Правното или физичкото лице кое врши увоз и/или извоз на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или на производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка треба да поседува дозвола за увоз и/или извоз на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или на производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка, која ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (2) Постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка како и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка се врши на начин со кој се спречува ослободување на супстанциите во животната средина и се обезбедува нивно редовно зафаќање и спречување на истекувањата. (3) Постапувањето од ставот (2) на овој член може да го врши правно или физичко лице кое има обезбедено простор и опрема за постапување со супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка и има вработено најмалку едно лице кое има уверение за завршена обука за постапување со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка. 1 од 3 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 124 од 20.09.2010 година (4) Правните или физичките лица кои постапуваат со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка се должни да водат евиденција и да доставуваат извештаи за постапувањето до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина согласно со прописот донесен врз основа на ставот (5) од овој член. (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го пропишува начинот на постапување со супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка кој содржи правила за собирање, обновување и рециклирање на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, правила за постапување со производите што содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка во количина поголема од 3 кг, како и начинот, роковите и постапката за доставување извештаи и евиденција за постапувањето." Член 2 Во членот 196 став (1) зборот „една" се заменува со зборот „три", а по зборовите: „дипломиран биотехнолог" се додаваат зборовите: „дипломиран биолог". Во ставот (4) зборот „една" се заменува со зборот „три". Член 3 По членот 204 се додава нов член 204-а, кој гласи: „Член 204-а Постапка за едукација (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за животна средина, односно другиот орган кој го извршил инспекцискиот надзор, утврди дека е сторена неправилност од членовите 212-ѓ став (1) точки 1, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 12 и 212-е став (1) точки 1, 8, 9 и 10 на овој закон, е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во определен рок и со истовремено врачување на поканата за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор овластениот инспектор утврди дека е сторена неправилност од членот 212-ѓ став (1) точки 1, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 12 на овој закон, е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во определен рок и со истовремено врачување на поканата за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (3) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (4) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за животна средина, овластениот инспектор, односно другиот орган на државната управа кој го извршил инспекцискиот надзор, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (5) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или повеќе субјекти. (6) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена. 2 од 3 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 124 од 20.09.2010 година (7) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (8) Доколку државниот инспектор, овластениот инспектор, односно другиот орган на државната управа кој го извршил инспекцискиот надзор при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставовите (1) и (2) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекцискиот надзор. (9) Доколку државниот инспектор, овластениот инспектор, односно другиот орган на државната управа кој го извршил инспекцискиот надзор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставовите (1) и (2) на овој член поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред Прекршочната комисија. (10) Државниот инспекторат за животна средина, овластениот инспектор, односно другиот орган на државната управа кој го извршил инспекцискиот надзор води единствена евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина." Член 4 Во членот 209 став (1) точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите: „за кои изготвува квартален извештај и истиот го објавува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно на веб страницата на општината, односно градот Скопје, односно на веб страницата на другиот орган на државната управа кој го извршил инспекцискиот надзор." Член 5 Во членот 212-е став (1) по точката 3 се додава нова точка 4, која гласи: „4) постапува со супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка како и/или со производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка спротивно на членот 22 од овој закон;". Точките 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19 и 20 стануваат точки 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21. Во ставот (7) бројот „(7)" се заменува со бројот „(6)". Член 6 Одредбите од членот 1 на овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јуни 2011 година. Член 7 Поблиските прописи од членот 3 на овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 8 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". 3 од 3 www.pravdiko.com

Law amending the Law on environment · Nelum